2
КомпјутерсКо снимање на абдомен специјална болница Тел: +389 2 3091- 484 www.filipvtori.com РМ 12.3.33

Компјутерско снимање на абдомен

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Компјутерското снимање на абдоменот претставува своевремена дијагностичка процедура со КТ скенер која ги открива заболувањата на стомачните органи. Прочитајте ја нашата брошура и информирајте се многу повеќе на оваа тема

Citation preview

Page 1: Компјутерско снимање на абдомен

КомпјутерсКо снимање на абдомен

специјална болница

Тел: +389 2 3091- 484 www.filipvtori.com

РМ 12.3.33

Page 2: Компјутерско снимање на абдомен

Компјутерското снимање на абдоменот претставува современа дијагностичка процедура со КТ скенер која ги открива заболувањата на стомачните органи.

Информации за текот на прегледот:• 1 час пред прегледот ќе добиете вода или

контрастно средство во количина од 1,5 до 2 литри, кое треба бавно да се испие;

• РТГ техничар ве поставува на апаратот во потребната лежечка положба;

• медицинска сестра ви поставува венска линија и ве приклучува на автоматски инјектор, преку кој добивате јодно контрастно средство, кое тече за времетраењето на прегледот;

• во тек на прегледот може да почувствувате локална болка, лесна топлина, слабост, потење, метален вкус во устата (како резултат на добиеното контрастно средство), но тоа брзо минува;

• во тек на прегледот ќе ви биде кажано да го задржите воздухот и да не дишете на кратко;

• целата процедура (подготовоката за преглед и снимање) трае од 10 до 20 минути;

• доколку пријавите дека имате алергија на храна, лекови или јодно контрастно средство кое се користи за оваа метода, ќе добиете соодветна премедикација или ќе биде побарано од вас да направите алерго тест на контрастното средство,

• по направениот преглед лекар - радиолог ги обработува податоците од снимената регија, за што добивате писмен резултат;

• по прегледот, доколку се утврди заболување на крвните садови, ќе бидете насочени за понатамошен третман;

• доколку имате заболување на срце, бубрези, астма, шеќерна болест и проблеми со штитната жлезда, ќе ви биде објаснето кои дополнителни испитувања се потребни, пред самиот преглед;

• од добиеното контрастно средство може да се јават реакции на преосетливост, со различна манифестација и различен интензитет, и тоа:

- Срцево-васкуларни промени: болка во градите, аритмија, забрзана или позабавена срцева работа...

- Респираторни промени: кивање, кашлање, отежнато дишење, едем на ларингс...

- Промени од дигестивниот систем: гадење, повраќање, отежнато голтање.....

- Кожни манифестации: осип, чешање, црвенило....

- Појава на најтежок облик на реакција на преосетливост – анафилакса

Забелешка: Ризикот за појава на претходно опишаните промени е поголем, кај пациенти со веќе постоечка алергија на јодни контрастни средства, и истите добиваат посебен третман со соодветна премедикација, или се упатуваат на друга дијагностичка метода. Претходно опишаните манифестации од контрастното средство се ретки, но доколку се појават, тим од доктори ги превзема сите соодветните мерки.

Пoдготовка на пациентот пред да дојде на закажаниот преглед:

Драг пациенту, Пред да дојдете на закажаниот термин за компјутерско снимање потребно е да:

• претходниот ден бидете на лесна течна храна• 3-4 часа пред прегледот не јадете, внес на течности е дозволен (вода, чај…)• дојдете 1 час пред прегледот (оралното контрастно средство се пие 1 час)• бидете удобно и лесно облечени;• ги оставите сите метални предмети (накит, наочари,

мобилни забни протези, мобилен телефон итн.);• не ја прекинувате секојдневната терапија ;• да пријавите клаустрофобија (доколку ја имате);• да пријавете алергии (особено на контрастно средство, кое се користи за овој вид преглед);• го известите докторот доколку имате заболување на срце, бубрези,

астма, шеќерна болест и проблеми со штитната жлезда;• носите со себе медицинска документација од претходни испитувања;• жените да пријават бременост;