43
1. Што е правото според нормативистичкото сваќање на правото (нормативистите) Нормативистичкото сфаќање е дека правото се состои од правила, норми кои гипропишува државата, односно ги санкционира државата. Под право се подразбираатсамо правните норми, а не и однесувањето на луѓето според тие норми. 2. Според фактицистичкото односно социологистичкото сваќање на правото? Фактицистичкото-социологистичкото сфаќање ги става во втор план нормите направото и правото го сфаќа не како поредок од норми, туку како систем наопштествени односи, значи не нормираното поведение туку фактичкото однесувањена луѓето. 3. Како се дефинира правото според стеван габер? Стеван Габер дава поделба на правните науки на три делови и тоа на позитивно-правни, историско-правни и општо-воведни и теоретски научни дисциплини. 4. Што го сочинуваат нормативниот елемент на правниот поредок? Норамтивниот елемент на правниот поредок го сочинуваат правните норми иправните акти. Всушност, правните норми ги наоѓаме единствено во правните акти,кои се различни по степен на општост и конкретност, почнувајќи од уставните,законските, подзаконските и завршувајќи со поединечните правни норми. 5. Што го сочинуваат фактичкиот елемент на правниот поредок?Фактичкиот елемент на правниот поредок го сочинуваат однесувањата на луѓетоспоред правните норми,односно човечките телесни дејствија со кои овие норми се применуваат 6. Што е норма? Под поимот норма се подразбира правило кое го регулира однесувањето на луѓето вонивните меѓусебни односи. 7. Која е потрeбата од постоење на нормата? Потребата од постоење на норми за регулирање на меѓусебните односи

ВВП Материјал

  • Upload
    martin

  • View
    252

  • Download
    3

Embed Size (px)

DESCRIPTION

ввп материјал

Citation preview

Page 1: ВВП Материјал

1. Што е правото според нормативистичкото сваќање на правото (нормативистите) Нормативистичкото сфаќање е дека правото се состои од правила, норми кои гипропишува државата, односно ги санкционира државата. Под право се подразбираатсамо правните норми, а не и однесувањето на луѓето според тие норми. 

2. Според фактицистичкото односно социологистичкото сваќање на правото? Фактицистичкото-социологистичкото сфаќање ги става во втор план нормите направото и правото го сфаќа не како поредок од норми, туку како систем наопштествени односи, значи не нормираното поведение туку фактичкото однесувањена луѓето. 3. Како се дефинира правото според стеван габер? Стеван Габер дава поделба на правните науки на три делови и тоа на позитивно-правни, историско-правни и општо-воведни и теоретски научни дисциплини. 

4. Што го сочинуваат нормативниот елемент на правниот поредок? Норамтивниот елемент на правниот поредок го сочинуваат правните норми иправните акти. Всушност, правните норми ги наоѓаме единствено во правните акти,кои се различни по степен на општост и конкретност, почнувајќи од уставните,законските, подзаконските и завршувајќи со поединечните правни норми.

5. Што го сочинуваат фактичкиот елемент на правниот поредок?Фактичкиот елемент на правниот поредок го сочинуваат однесувањата на луѓетоспоред правните норми,односно човечките телесни дејствија со кои овие норми се применуваат

6. Што е норма? Под поимот норма се подразбира правило кое го регулира однесувањето на луѓето вонивните меѓусебни односи.

7. Која е потрeбата од постоење на нормата? Потребата од постоење на норми за регулирање на меѓусебните односи на луѓето еелементарен предуслов за поврзување и здружување на човекот во општествената заедница.

8. Кои биле главен регулатор на општествениот живот во родовско племенската заедница? Општествените норми

9. Која е разликата меѓу природните закони и општествените норми? Постои суштинска разлика меѓу општествените норми како чисто човечки производ и природнитезакони, според кои неминовно се одвиваат сите појави во природата

10. Како дејствуваат природните закони? Природните закони дејствуваат независно од човековата свест и волја и нивното дејствување не е предизвикано од човечкиот фактор.

Page 2: ВВП Материјал

11. Кој е создавачот на природните закони? Природните закони немаат создавач и тие се резултат на бесконечното дејствие на природните сили. Нивното постоење инастанување човекот само може да го констатира

12. Каква е силата со која дејствуваат природните закони? Силата со која дејствуваат природните закони зависи од нивната причинско-последична врска, со правнанеминовност и без оглед дали тоа дејствие е барано или не од луѓето. На пример, акочовек гладува, искрвави или е удрен од гром може да очекува само најлошо односно дека ќе го изгуби животот, додека може да краде, убие или фалсификува и при тоадури и да не биде откриен

13. Која е целта на дејствувањето на природните правила? Подлогата на која дејствуваат природните закони е непосредно материјата како таква, без оглед дали човекот какоживо суштество со својата свест и волја се спротиставува на тоа. Целта претставува суштинска разлика во дејствувањето на овие два вида правила на однесување. При дејствување на природните закони бесмислено е прашањето за целта, односно тие немаат цел барем не од аспект на човечкото вреднување

14. Која е целта на дејствувањето на општествените правила? Целта кај општественитенорми секогаш е определена вредност, за чие остварување општествената норма ја има само улогата на средство. На пример, нормата која ја забранува кражбата или убивањето поединецот ќе ја почитува само ако некрадењето и неубивањетопретставуваат вредност за него

15. Што е општествена норма? Општествените норми во потесна смисла на зборот сенорми, со кои се пропишува начинот на однесувањето на човекот кон останатитечленови на општествената заедница.

16. Како се делат нормите во општеството според средствата? според средствата седелат на две групи:- Технички норми и- Општествени норми во потесна смисла на зборот

17. Што се технички норми и каква е нивната санкција? Техничките норми во основа сеопштествени норми. Тие изразуваат определени нужности во областа наостварувањето на дејствието на природните закони во општествениот живот налуѓето. Со нив главно се пропишува начинот на однесување на човекот конприродата. На пример, вакцинирањето на луѓето во одбрана од некоја заразна болести др.Техничките норми немаат никаква санкција, односно дали некој ќе ги почитува илине оставено е на поединците и нивната волја. Притоа и за општеството и запоединецот од несомнен интерес е целосно почитување на техничките норми, тука непостои судир на интереси меѓу поединецот и општеството. Затоа техничките нормисе нарекуваат и упатства до поединецот за тоа како треба да се однесува и да си го олесни животот.

Page 3: ВВП Материјал

18. Според создавачот на нормата кои видови општествени науки ги разликуваме ?Според создавачот на нормата разликуваме два вида општествени норми: оние кои сетворба на општеството како целина и други создадени од бројни општественизаедници, потесни или пошироки од глобалната општествена или државна заедница

19. Какви се нормите според начинот на создавањето? Според начинот на создавањетопостојат норми кои се создаваат спонтано, (стихијно) и свесно.

20. Што е обичај? Обичајот е правило за поведение кое се создава во општеството, по патна повеќекратно повторување со што соодветното спонтано повторувано поведениестанува навика, која се зацврстува во сознанието и се пренесува од поколение напоколение

21. Во какви услови се создаваат обичајните норми? Обичајните норми се создаваат воуслови на стабилни и сразмерно непроменливи општествени односи, кои речисиспонтано се повторуваат и кои во свеста не предизвикуваат никаква потреба од нивно критичко преиспитување.

22. Кои се к-ките на обичајот? Карактеристики на обичајот се еднаквост на правата иобврските на сите припадници на заедницата, отсуство на нивна прецизнарегулираност, искажување интерес на сите членови на заедницата, остварувањеодносно применување со силата на општественото мислење, потпирање врз бројнирелигиозни сфаќања и предубедувања.

23. Кои биле главен регулатор на односите во родовско племенската заедница? Обичаитебиле главен регулатор на односите во родовско-племенската заедница

24. Кои се санкциите на обичајот? Санкции за прекршување на обичајните норми сепрезир, бојкот, потсмев и сл

25. Што е обичајно право? Кога државата ќе преземе одредени обичајни норми и иститеги санкционира, тие добиваат карактер на општозадолжителни норми и сенарекуваат обичајно право.

26. Што се морални норми? Може да се каже дека моралната норма е чисто автономенпроизвод на самиот човек

27. Кои се санкциите на моралните норми? Внатрешни:каење, гризење на совест, па одидури и до себеповредување и одземање на сопствениот живот.Надворешни санкции кај моралот се морален презир, морално гнасење конпрекршителот на правната норма, што го чувствува дури и самиот прекршител.

Page 4: ВВП Материјал

28. Кои се сличности меѓу моралот и превото? Се истакнуваат сличности меѓу моралот иправото во смисла на тоа дека и двата облика се појавуваат во општественатанадградба, искажуваат определена нормативна содржина, се појавуваат какорегулатори на општествени односи, се засноваат врз истоветноста на социјално-економските интереси во парцијална општествена заедница, во поголем број доброволно се реализираат, а внатрешна гаранција за нивна реализација е совеста на човекот.

29. Кои се разлики меѓу моралот и правото? Како разлики меѓу нив се истакнуваатследниве: правото настанува заедно со државата, а моралот во првобитнатазаедница, правото е создадено од систематизирани норми за поведение на луѓето, аморалот има посложена структура, правото се карактеризира со конкретност,определеност, содржина и норми што на луѓето им се однапред познати, додекаморалот има многу поширока содржина, зад правото има можност за примена надржавна принуда, кај правото постојат однапред предвидени санкции и постоиоднапред пропишана процедура за постапување на надлежниот орган.

30. Што се подразбира под поимот право?- Правото претставува нормативна творба, која е резултат пред сè на постоење наедна цврста организација која се грижи за остварувањето и применувањето на правото – таа организација е државата.

31. Кои се причини за настанување на правото? Причините за настанување на правото сенаоѓаат во материјалната способност на производството, во карактерот наекономскиот развиток на општеството, неговата култура, историската традиција нанародот и др. Потценувањето на оваа состојба доведува до тоа единственодржавната дејност да се смета како единствен и определувачки извор на правото и со тоа единствено на државата да I се признава создавањето на правото.

32. Што се подразбира под поимот право во потесна смисла на зборот? Под поимот правово потесна смисла на зборот се подразбира идеална појава, односно збир на норми одопределен вид (species), или оние кои се санкционирани со државна принуда. Вопоширока смисла под право значајно е да се определи неговата материјална, но ипсихичка, општествена, политичка страна

33. Што се подразбира под поимот право во поширока смисла? Терминот право потекнуваод зборовите правилно и справедливо. За правниците терминот право означуваправна норма, како дел од општествената стварност. Притоа, за едни правото ереална општествена појава од посебна материјално-психичка природа, просторно-временски или само временски определена. За други е идеална појава без просторно-временска димензија. За трети е чисто психичка појава, која се случува и трае вовремето како чисто внатрешна, психичка појава која единствено се случува вочовекот. За четврти, правото е чисто општествена (нормативна) појава, којасоциолошки гледано претставува посебен збир од општествени процеси поврзани сосоодветни норми.

Page 5: ВВП Материјал

34. Кој го создава правото и кој го обезбедува остварувањето на правото? По правило,него го создава или формулира државата

35. Дали преку правото се искажуваат интересите на доминантните општествени групит.е политички сили? Да преку правото се искажуваат интересите на доминантнитеопштествени групи, односно политички сили.

36. Кои се к-ките на правото? Карактеристики на правото се формалната определеност,нормативност, систематичност, динамизам, безличност, општозадолжителенкарактер.

37. Што претставува правниот поредок? Правниот поредок се дефинира какоорганизиран ред на општествени односи, регулирани со правни норми. Исто така седефинира и како општествен нормативен поредок, преку кој се искажува единствотона правните норми и човечкото однесување според тие норми во историскио пределено време

38. Што претставува општествениот поредок? Општествениот поредок е збир од ситеопштествени односи, односно збир на сите меѓусебни односи на луѓето и ги опфаќа исите општествени норми, и правните норми и стварното однесување на луѓето споредтие норми и во врска со нив.

39. Општествениот поредок покрај правниот поредок ги опфаќа и кои други?Општествениот поредок покрај правниот поредок ги опфаќа и моралниот,економскиот, државниот и политичкиот поредок

40. Што претставува законитост?Законитост е односот меѓу елементите на правниот поредок, однос во кој ситепониски елементи треба да бидат во согласност со повисоките елементи,материјалните акти со правните акти, поединечните акти, односно норми со општитеакти/норми, пониските со повисоките општи акти/норми, а сите овие елементи со уставот

41. Што претставува правната норма?Правната норма или правното правило е задолжително општествено правило заоднесување на луѓето, донесено или санкционирано од државата и заштитено содржавниот апарат за принуда.

42. Што е нормативниот исказ?Нормативниот исказ на правната норма односно нејзината јазична компонента гопретставува нејзиниот јазичен облик, јазичен израз на нејзината содржина, која требада се разликува од нејзиниот нормативен став.48. Што е нормативниот став на правната норма?Правната норма како нормативен став претставува мисла за она што треба да биде(de lege ferenda) на пример, не убивај, не кради и др

43. Кои се основни елементи на правната норма?Секоја правна норма е составена од два елемента – дипозиција и санкција. И дватаелемента претставуваат правила за поведението на луѓето, кои ги среќаваме и кајдругите видови општествени норми

Page 6: ВВП Материјал

44. Што е хипотеза (претпоставка) на диспозицијата?Хипотезата, претпоставката односно условот е оној елемент од правната норма со којсе предвидува определена фактичка состојба или се претпоставуваат определенифакти кои задолжително треба да настапат за да може диспозицијата да бидеприменета. На пример, уставната норма дека секој граѓанин стекнува избирачкоправо со наполнување на 18 години. Со исполнување на условот одредено лицестекнува активно избирачко право.

45. Што е диспозиција?Диспозицијата на правната норма, како суштински елемент на правната норма, енасочена кон оние што треба да ја применат кон субјектите на правната норма.Таапретставува заповед за поведението на луѓето, заповед на една волја, волја навласта, односно на државата упатена кон друга волја, кон оние кои треба да ја применат.

46. Која е наредувачка диспозиција?Наредувачка е онаа диспозиција која од правниот адресат бара нешто да стори (даплати данок, да врати долг и др.)

47. Која е забранувачка диспозиција? Наведи примерЗабранувачка диспозиција наметнува определена обврска на субјектот на правотонешто да не стори (да не убива, да не краде и др)

48. Која е овластувачка диспозиција? Наведи примерОвластувачка е онаа диспозиција која на субјектот на правото му дозволува нешто даправи, да бара (да користи право на жалба, да избира, да биде избран и др.

49. Што е правниот стандард?Правниот стандард е еден од видовите диспозиции (најмалку неопределени) во коисе употребуваат недоволно определени поими. На пример, родителите имаат право идолжност да ги издржуваат своите малолетни деца, согласно Законот за семејство.

50. Кои се алтернативни диспозиции? Наведи примерАлтернативните диспозиции се оние диспозиции кои за предмет на регулирање имаат две или повеќе дејствија на правниот адресат, од кои тој избира само едно. Во овојслучај кога субјектот ќе изврши една од предвидените и правно регулиранидиспозиции ќе се смета дека ја исполнил правната норма, односно диспозиција.Пример за алтернативна диспозиција би била законската одредба за изборот на семејно име, според која брачните другари можат да го задржат своето семејно име,на своето семејно име можат да го додадат семејното името на брачниот другар, какозаедничко семејно име двајцата можат да го земат семејното име на идниот сопруг,како заедничко семејно име да послужи семејното име на идната сопруга.

51. Диспозициите кои даваат дискрециона власт се однесуват на:Диспозициите кои даваат дискрециона власт се однесуваат на доносителите направните норми, односно на органите на државната власт да можат да избираат еднаили повеќе алтернативи што им се ставени на располагање.

Page 7: ВВП Материјал

52. Која е суштинската разлика меѓу алтернативните диспозиции и оние содискрециона власт?Суштинската разлика меѓу алтернативните диспозиции и диспозициите содискрециона власт е тоа што кај првите изборот на однесување го извршува субјектотна обврската (правниот адресат), а кај вторите тој избор го извршува државниоторган надлежен за примена на дискреционата диспозиција.

53. Кои се нарекуваат императивни правни норми?Правните норми чија примена не зависи од правните адресати се нарекуваатимперативни правни норми (jus cogens)

54. Која е основната разлика меѓу императивните и диспозитивните норми? Основната разлика меѓу императивните и диспозитивните правни норми е во тоа што кај последните постои можност диспозицијата дадена во правната норма со слободноизјавена волја на правните адресати да биде заменета со нова диспозиција. Кај диспозитивните (заменливи) диспозиции има најмала поврзаност на субјектите за диспозицијата во правната норма. Примената на заменливата диспозиција зависи од волјата на страните во правниот однос, а не од волјата на доносителот на диспозитивната правна норма. На пример, во законите за облигации често се среќаваат вакви норми, позајмен подвижен предмет, ако странките поинаку не се договориле, се враќа во рок од една година. Според тоа првиот и наједноставенначин е употребата на зборот ако, кој по правило е присутен кај овие диспозиции

55. Како настанува деликтно поведение?Во случај кога имаме прекршување на диспозицијата на правната норма настануваделиктно поведение

56. Што е деликт?Деликтот е човечко дејствие, волева и свесна активност спротивна на она однесувањешто го предвидува диспозицијата на правната норма.

57. Со што може да биде сторен деликтот?Деликтот може да биде сторен со дејствување (убиство, крадење, проневера и др.) исо недејствување (невраќање на долг, неплаќање данок и др.)

58. Во зависност од тоа во која гранка на правото припаѓаат како можат да се поделат деликтите?Деликтите можат да се поделат на казнено-правни деликти, граѓанско-правниделикти, трговско-правни деликти, дисциплински повреди и прекршоци.

59. Дефинирај санкција? Sankcija e onoj del od pravnata norma koja gi sodrzi pravniteposledici(kaznite) vo slucaj na prekrsuvanje na na dispozicijata na pravnata norma

60. Во поширока смисла на зборот што регулира санкцијата?Во поширока смисла на зборот санкцијата го регулира однесувањето напрекршителот на диспозицијата на правната норма и на државниот орган, кој заделиквентот треба да

Page 8: ВВП Материјал

примени соодветна правна норма. Во оваа смисла и санкцијатасе нарекува секундарно правило за однесување.

61. Што е санкцијата во потесна смисла на зборот?Санкцијата во потесна смисла се изедначува со принудната мерка на државниоторган изречена против прекршителот на правната норма. Значи, во овој случај санкцијата не претставува дел од правна норма или правило на однесување. На пример, кога државниот орган ќе уапси сторител на казнено дело и др.

62. Што претставува легалитетот? Поради големата важност на санкциите во правниот поредок тие однапред сеопределуваат, а ова правило се нарекува принцип на законитост. Овој принцип се состои во тоа што се бара деликтот и санкцијата, кои задолжително треба да бидатоднапред определени, односно пропишани пред настанување на деликтот, значи дапостои легалитет.

63. Какви видови санкции постојат?Четири видови санкции и тоа: казнено - правни (казни и мерки за безбедност),граѓанско - правни (наплата на штета), дисциплинско - правни (дисциплински казни)и административно - правни (слични казни на казнено – правните, но поблаги)

64. Цел на Казнено – правните санкции?Казнено-правните санкции имаат за цел, преку еден вид одмазда на општеството консторителот на прекршокот да се предупредат сите идни потенцијални сторители наказненоправни деликти тоа да не го прават.

65. Цел на Граѓанско – правните санкции?Граѓанско-правните санкции имаат за цел надоместување на штетата, односно restitutio in integrum, поврат на претходната имотна состојба на оштетениот. Главнатаразлика меѓу овие два вида санкции се состои во нивната различна цел, односноцелта кај првите е одмаздата (ретрибутивни санкции) на прекршителот ипредупредување на другите да не го сторат истото, а кај вторите надополнување наштетата (реститутивни санкции).

66. Од што се состојат дисциплинските санкции?Дисциплинските санкции се состојат во одземање на извесни права што потекнуваатод работен однос, односно извршување на јавната служба. Административнитесанкции се слични на казненоправните, но се значително поблаги затоа што не сесметаат за повреда на некоја позначителна општествена цел.

67. Кон кого можат да бидат применети санкциите во правото?Санкциите во правото можат да бидат применети кон физичките и кон правните лица,како субјекти на правото,кои ја прекршиле диспозицијата на правната норма и спремаправните акти

68. Во случај кога станува збор за незаконски правни акти, кои два вида на санкцииможе да се применети?Во случај кога станува збор за незаконски правни акти, можат да бидат применетидва вида санкции и тоа: ништавност

Page 9: ВВП Материјал

(поништување) и рушливост (укинување) направниот акт. Доколку станува збор за незаконски материјални акти (дејствија) санкцијата се применува на лицата што истите ги сториле.

69. Кои се условни правни норми?Условни се оние правни норми за чие настанување е потребно да настане одреденуслов. Тој услов се наоѓа во хипотезата на диспозицијата и може да биде од различнаприрода. Условните правни норми се донесуваат за состојби кои се уште ненастанале, но кои се очекува да настанат. По правило такви се оние правни нормисодржани во општите правни акти.

70. Кои се општите правни норми?Општите правни норми се однесуваат на идентични случаи, односно на неопределенброј случаи. На пример, животот на човекот е неограничен.

71. Кои се конкретни правни норми?Конкретни се оние правни норми што се однесуваат на определен случај или настан.На пример, на лицето Н.Н. му се наложува да плати .... денари за сторениот прекршок.

72. На кого се однесуваат посебните норми?Посебните норми се однесуваат на определени категории на лица. На пример,кодексот на адвокатите, јавните службеници и др; студентите со остварен просеченуспех над 9 во тековната година се ослободени од плаќање партиципација застудирањето.

73. На кого се однесува поединечната норма?Поединечната норма се однесува само на еден адресат, односно правен субјект

74. Дефинирај што претставува правен акт?Правниот акт се определува како средство за создавање и применување на правото.

75. Кои се к-чни својства на правниот акт?Има две карактеристични својства. Тој е внатрешен акт и е краткотраен акт

76. Зошто правниот акт првично е внатрешен акт?Зошто е создаден во човечката психа и како таков во моментот на создавањето енепознат за другите луѓе.

77. Зошто внатрешниот акт е краткотраен? Тој е краткотраен бидејќи психичките доживувања се краткотрајни и променливи,настануваат едни по други и брзо се менуваат

78. Кој е надворешниот елемент на правниот акт?Надворешниот елемент на правниот акт, односно материјализираниот правен акт еоној акт со кој секојдневно се среќаваме во животот, кој навистина дејствува воправото

79. Што е заблудата (eror)?Заблудата (eror) е погрешна претстава за нешто или некој, за лице или предмет.

Page 10: ВВП Материјал

80. Што е измамата (dolus)?Измамата (dolus) е свесно, намерно доведување на некое лице во заблуда. На пр.продавач на коњ тврди дека станува збор дека е првокласен коњот, а тој не е

81. Што е принуда (metus) или само закана? Принуда (metus), или само закана дека ќе биде применета, постои тогаш кога софизички или психички средства на насилство се дејствува врз определен субјект дадонесе акт, односно да докаже волја каква што не сака. На пример, со физичка илипсихички закана се изнудува некое лице да ја продаде својата куќа.

82. Во случај кога постојат причини за непоклопување на внатрешната воља инадворшниот облик на актот тогаш како се смета истиот?Во случај кога постојат надворешните причини за непоклопување на внатрешнатаволја и надоврешниот облик на актот, правните акти не се сметаат за полноважниакти и не се признаваат нивните последици. Всушност, тие не се сметаат задонесени, туку како непостоечки и се ништовни.

83. Кои се елементите на правниот акт?Правниот акт се одликува со тоа што се донесува во определен облик (форма) и шторегулира соодветна содржина (материја)

84. Што претставува обликот на правниот акт?Обликот (формата) на правниот акт е начинот на кој се создава и се покажува актот ивоедно, збир на материјални средства со чија помош тој се остварува

85. Кога постои стварна надлежност?Стварна надлежност постои кога на определени органи и други субјекти им се даваправото да донесуваат соодветни акти во врска со определен вид премети, односноправни дела.

86. Кога постои месна односно територијална надлежност?Кога станува збор за надлежност на државните и другите органи на определенатериторија станува збор за месна односно територијална надлежност

87. Што е матерјализација на правниот акт?Материјализацијата на правниот акт е надворешно, материјално, телесно дејствие сокое материјалниот акт надворешно се изразува како и материјално средство со коеевентуално на актот му се обезбедува подолго траење.

88. Што претставуваат материјалните извори на правото?Во материјална смисла под извори на правото се подразбираат оние општественифакти или факт од кои настанува правото, односно онаа причина која се смета декаго предизвикува настанувањето на правото.

89. Што претставуваат формалните извори на правото?Во формална смисла се подразбира општ правен акт или акти што значи средство сочија помош се изразува материјалниот извор на правото. Формалните извори направото, кои уште се

Page 11: ВВП Материјал

сметаат за секундарен извор на правото ги дели правните актина општи и поединечни правни акти.

90. Какви видови правни акти постојат?Два вида Општи правни акти Поединечни правни акти

91. Што поставуваат општите правни акти?Општите правни акти поставуваат правило кое се однесува за сите (неопределен бројна лица) и преставува основа од која произлегуваат поединечните акти (пр: кривичензакон).

92. Дефинирај што претставува уставот?Уставот е врхониот и најзначајниот општ правен акт во државата

93. Што е уставот во формална смисла?Во формална смисла уставот е акт со највисока правна сила, кој го донесувауставотворен орган или претставнички орган според уставотворна постапка, илизаконодавен орган, според посебна постапка и во пишан облик.

94. Во материјална смисла содржи општи начела (принципи) и норми чија содржина,односно општествените односи што се со него регулирани се сосема прецизно дадениво однос на законот во материјална смисла.

95. Закон во материјална смисла се подразбира оној правен акт што содржи општиправни норми, не и поединечни, односно секој општ правен акт, без оглед нанеговиот облик, што значи и кога не е донесен во определен облик (форма) на закон,туку во кој било облик на подзаконски општ правен акт. Во таа смисла под закон воматеријална смисла се подразбираат и уредбата и правилникот и сл.

96. Може да се издвојат неколку фази или етапи, кои треба да се поминат придонесување на законите (донесени во редовна постапка), а тоа се: иницијатива,поднесување на предлози, претрес, гласање, санкција (потврдување), промулгација,објавување и стапување во сила.

97. Иницијатива за донесување на закон може да поднесат различни органи, самитепратеници, односно законодавното тело и самите граѓани. При поднесувањето наиницијативата се поднесува и предлогот на закон. Најчесто предлог законот сеподготвува во определени стручни тела, најчесто тоа се извршните и управнитеоргани во зависност од нивниот делокруг на работа

98. Претресот по предлогот може да биде различен и сложен, и тој се извршува воразните тела на законодавниот орган, во комисии и сл., како и на пленарна седницана законодавниот орган. Инаку, претресот се извршува во начело и по секој член поединечно, по што се пристапува кон гласање.

99. Гласањето по однос на текстот на предлог-законот може да биде различно,односно може да се бара различни видови мнозинство. Така, доколку се

Page 12: ВВП Материјал

гласа задонесување на основни или системски закони може да се бара поголем број гласови,па дури и квалифицирано мнозинство

100. Потврдувањето, односно санкционирањето на законот се состои од прифаќањена законот од страна на претседателот на државата. Притоа тој може да го искористиправото на вето и зависно од карактерот на ветото (апсолутно или суспензивно) да гооспори донесувањето на законот

101. Промулгацијата или обнародувањето на законот е потврдување дека истиот едонесен на начин и согласно постапка предвидена со уставот и дека треба тој да сеприменува. Промулгацијата ја извршува претседателот на државата со указ, какоспецифичен општ правен акт исклучиво во негова надлежност.

102. Објавувањето односно публикувањето на законот се извршува на различниначини во современи услови на живеење при постоење на различни средства закомуникација (радио, печат, телевизија и др.). Во Република Македонија законите исите други подзаконски правни акти задолжително се објавуваат во Службен весникна Република Македонија. Притоа само текстот на така објавениот закон вослужбените гласила се смета за вистински, автентичен текст.

103. Со обичниот закон непосредно се разработуваат уставните начела, или рамковнодадените норми во уставот на државата и тие се должни да се придржуваат конопределениот правец,кој го определува уставотворецот со таквите норми.

104. Уставниот закон го дополнува постојниот устав, односно тој се смета за неговсоставен дел и неговите норми имаат подеднаква важност како и оние во важечкиот устав.

105. Под системски закони се сметаат оние кои разработуваат особено значајниопштествени прашања и тоа во комплексна смисла, односно регулираат односи воцели општествени области, поради што за нивно донесување се бара значителнопоголемо мнозинство гласови во претставничкото тело. За разлика од нив обичнитезакони се донесуваат со обично мнозинство, апсолутно или релативно.

106. Латентни закони, кои се применуваат вонредно. Овие закони се составен дел напозитивното право на една држава, но не се применуваат секојдневно, туку кога ќенастанат определени околности нужни за нивна примена. Пример за овие закони бибиле Законот за елементарни непогоди, Законот за заштита од заразни болести и др.

107. Уредбата за извршување на закон или обичната уредба има за цел единственоспроведување на законот. Основа за донесување е т.н. извршна клаузула според којазаконодавното тело ја овластува владата дури и изрично и наложува да

Page 13: ВВП Материјал

донесеуредба со која ќе го определи начинот и ќе ги обезбеди механизмите за остварувањена некој закон

108. За разлика од неа уредба со законска сила Владата може да донесе или врзоснова на уставно овластување или врз основа на одлука на претставничко тело со која без уставно овластување за такво постапување се пренесува на извршната властеден дел од законската регулатива.

109. Наредбата како акт од општ карактер се донесува од ресорните министерства исо нив обично се наредува или забранува одредено поведение

110. Упатства можат да донесуваат министерствата и другите државни органи, но неи најниските бидејќи под нив нема друг орган кој би требало да постапува по тиеупатства.

111. Во рамки на функционирањето на локалната самоуправа значајно е да сеспомене донесувањето на статутот како општ и најзначаен акт

112. Договорот е двостран или повеќестран правен акт, кој настанува со согласностна волјата на две или повеќе страни и со кој се засновуваат, се менуваат илипрестануваат правните односи

113. Елементи се хипотеза (претпоставка) на диспозицијата и хипотеза(претпоставка) на санкцијата. Споредните елементи на правната норма се само описна една фактичка состојба до која доколку дојде (хипотеза на диспозицијата) или аковеќе настапила (хипотеза на санкцијата) нужно треба да биде остварено едно оддвете нормативни правила за поведение

114. Поединечните и конкретните правни норми, се донесуваат врз основа наопштите и тие имаат помала правна сила, така што е нужно да се во согласност соопштата норма. Но, не може да се каже ниту дека сите општи правни норми имаатист степен на општост, односно постојат повисоки и пониски правни норми, при штомеѓу нив се воспоставува однос на хиерархија.

115. Уставните норми, кои најчесто се дадени како основни начела, односно принципиврз кои се темели целокупниот правен поредок имаат поголема правна сила одзаконските норми, кои својот извор го наоѓаат во уставот

116. Судскиот акт е актот кој го донесува судот решавајќи прашања од својанадлежност. Судскиот акт во формална смисла е оној акт донесен од судот споредопредлена судска постапка. Во различни системи постојат различни видови судови итоа судови од општа надлежност, специјализирани судови, воени судови и др. Примерза специјализиран суд во Република Македонија е Управниот суд. Судскиот акт по правило се изразува во писмена форма и најчесто се јавува како пресуда, но може икако одлука, решение и др. Во материјална смисла судскиот акт содржи поединечнаправна норма, која може да има различна содржина со

Page 14: ВВП Материјал

оглед на тоа што судотрегулира различни видови односи (граѓанскоправни, казненоправни и сл.). Поправило судскиот акт е нецелосен правен акт, бидејќи ја нема диспозицијата каконормативен елемент, туку единствено ја содржи санкцијата. Постои исклучок кога ќесе содржи и диспозицијата и санкцијата кога на пример судот ќе го определи иоднесување на казнетото лице (да ја врати позајмицата или долгот на оштетенотолице)

117. Правните дела се изјава на волја на еден или повеќе субјекти во правото со целда предизвикаат правно допуштени ефекти (правни последици). Во формална смисланего го создаваат недржавни субјекти (организации или приватни лица) споредопределена постапка. Правните дела можат да бидат изразени во писмен облик, номоже да бидат заклучени и со израз на лицето, гест дури и молчеливо дејствување.Правното дело во материјална смисла содржи поединечни правни норми. Тие можатда регулираат различни општествени односи (семејни, имотни, стопански и др.),можат да бидат целосни (да содржат и диспозиција и санкција) и можат да сесоздаваат од различни субјекти.

118. Човечкото општество е севкупност од односи (економски, политички, правни,морални, културни и др.) кои се резултат на меѓусебното дејствување на луѓето

119. Поимот однос означува заемно содејствие на луѓето кои располагаат сосоодветна свест и волја и кои на тој начин остваруваат определени цели. Своите дејствија субјектите подобни за стапување во соодветен општествен однос ги потчинуваат во правец кон остварување определен резултат или определена цел

120. Општествените односи се појавуваат како односи создадени од самите луѓе вопроцесот на нивната активност и затоа тие не можат ни да постојат ни да сепроменат независно од човековата волја. Според обликот можат да се разликуваат различни видови општествени односи, меѓу кои се и правните односи како еден видопштествени односи. Притоа на преден план доаѓаат до израз следните вредности:предвидливост на резултатот од содејствувањето, прогнозирање на поведението настранките во конкретниот однос, еднаквост на странките во содејствието. Когастанува збор за правните односи треба да се истакне дека тие се нужен составен делна правниот поредок и неопходна алка на патот за практично остварување направните норми.

121. Поимот правен однос може да се употребува во две значења. Едното значење еза правниот однос општо, на пример односите на родителите и децата, брачнитедругари, купувачот и продавачот и др. Второто значење се однесува на конкретенправен однос, кој вистински настанал во животот. На пример лицето Н.Н. стапило вооднос со лицето П.П. продавајќи го станот, автомобилот, купувајќи земја и др. Во таасмисла се прави разлика меѓу апстрактен правен однос и конкретен правен однос.

Page 15: ВВП Материјал

122. Апстрактниот правен однос се однесува на сите оние општествени односи кои соопшти правни правила (правни норми) ги регулира државната власт. Правните односирегулирани со овие правни норми имаат апстрактен карактер и тие самите по себеимаат апстрактен карактер, бидејќи самите по себе претставуваатопштозадолжителни правила за поведение и со нив државната власт со различенинтензитет ги регулира општествените односи.

123. Конкретниот правен однос е однос кој фактички настанува во општествениот живот меѓу конкретни правни субјекти. Тој е индивидуално-конкретен однос којнастанува во облик на заемна врска на конкретни лица односно субјекти

124. Правниот однос се карактеризира со следните карактеристики:настанува само врз основа на норми на правото; ја искажува волјата на јавната власт,однoсно автономната волја на учесниците во граѓанско-правните односи и државнатапринуда е гаранција за неговото остварување

125. Најсуштинската разлика на правниот однос во споредба со другите општествени односи се однесува на тоа што државата со својот принуден апарат ќеинтервенира во сите оние случаи кога субјектите во правниот однос не ги извршуваатсвоите обврски. Поради тоа правниот однос се дефинира како општествен односрегулиран со правото

126. правниот однос има само два чисто правни елемента: правно овластување(субјективно право и надлежност) и правно задолжение.

127. Правното овластување е можност за определено однесување на субјектот направото, заштитено со правото. Притоа никој не смее да го попречува правото, а воспротивно тоа ќе се смета за прекршок. Овластувањето во некои случаи значи деканекој друг субјект, кој е носител на правно задолжение во правниот однос, ќе бидедолжен да се однесува на начин определен од субјектот на правното овластување.Правното овластување, како елемент на правниот однос, е заеднички поим заостварување на свој сопствен, но и туѓ интерес. Во случаи кога преку правнотоовластување се остварува сопствен интерес тогаш станува збор за субјективно право,а кога се остварува туѓ интерес станува збор за надлежност

128. Под субјективно право се подразбира овластување на субјектот на правото,засновано врз објективното право, со цел да го заштити својот сопствен интерес. Така врз основа на општата правна норма на субјектот на овластувањето му се дозволуванешто да прави или нешто да поседува во своја сопственост. Притоа субјектот направното властување целосно е слободен да се однесува како што сака, а што е неговинтерес и дали ќе сака истиот да го заштити ќе зависи единствено од него.

129. Надлежноста е правно овластување на субјектот на правото со која се штити туѓ,а не свој интерес. Тој туѓ интерес е субјективно право на некој друг правен субјект, вочие име и интерес субјектот на надлежноста дејствува во правото.Во

Page 16: ВВП Материјал

однос на правното овластување постои суштинска разлика меѓу субјектот насубјективното право и субјектот на надлежноста. Притоа првиот е неспоредливопослободен во однос на вториот. Субјектот на субјективното право врз основа наобјективното/позитивно право може да прави што сака, додека субјектот нанадлежност е обврзан да дејствува онака како што тоа би го правел оној чиј интересго остварува кога би бил во состојба рационално да дејствува или кога би бил восостојба тоа да го прави. Поради тоа надлежноста не е чисто правно овластување,туку е и правно задолжение. Притоа субјектот на надлежноста врз субјектот насубјективното право се појавува како субјект на обврска, субјект на правнозадолжение. Субјектот на надлежност своите овластувања треба секогаш рационалнода ги извршува, за разлика од субјектот на субјективното право кој не е обврзан натоа. Тоа е така, бидејќи лицето чии интереси субјектот на надлежност треба да гиштити и да ги остварува или нема психичка волја или самото не е во состојба да гиискаже (поради болест или слично). Така додека субјектот на субјективното правоможе на пример, да му го прости долгот на својот должник, субјектот на надлежностатоа не смее да го направи. Исто така доверената надлежност не може да ја пренесепо своја волја на друг што не е случај со субјектот на субјективното право

130. Правото на тужба е правно средство кое можеме да го користиме доколкусметаме дека нашите права се доведени во прашање. Се поаѓа од тоа дека правното овластување на субјектот на правото му дава можност за определено дејствување воправото, во правниот поредок кое е заштитено со можност од примена на државнапринуда. Тоа значи дека државата ќе интервенира со примена на сила во сите ониеслучаи кога правното овластување е загрозено на некој начин. За да може тоа да сеоствари на субјектот на правното овластување, на располагање треба да му стоиправно средство со кое кај државниот орган (судот) ќе бара заштита. Тоа правно средство се нарекува право на тужба

140. Злоупотреба на правното овластување (abusus) може да настане на начин што сонеговото извршување може на друг субјект во правото да му биде оневозможено даго оствари своето сопствено овластување. Во таа смисла зборуваме за два вида назлоупотреби на правното овластување злоупотреба на субјективното право излоупотреба на надлежноста

141. Кога се зборува за злоупотребата на правото во општа смисла се мисли на тоашто при користењето на своето субјективно право се доаѓа до состојба на целосноили делумно оневозможување на друг субјект во користењето на неговотосубјективно право

142. Според субјективната теорија злоупотреба на правото постои, ако се констатирадека постои намера кај субјектот во извршувањето на своето субјективно право да мупопречува на друг субјект во остварувањето на неговото право или со тоа да мунанесе штета на друг

Page 17: ВВП Материјал

143. Според објективната теорија злоупотреба на правото постои во секој случај безоглед дали постоела намера или не, доволно е да се констатира дека извршувањетона едно субјективно право го попречува извршувањето на субјективното право надруг субјект

144. Злоупотреба на надлежноста - Надлежноста во себе содржи и овластување иобврска или должност и во таа смисла може да биде злоупотребена единствено когасе јавува како овластување. Злоупотреба на надлежноста постои кога субјектот нанадлежноста со користење на своето овластување целосно или делумно гооневозможува остварувањето на субјективното право на некој друг субјект

145. Правното задолжение е таква состојба во која на определен субјект врз основа направните прописи е задолжен нешто да трпи, да даде или нешто да направи воинтерес на друг правен субјект. Во спротивно неговото однесување ќе се смета запрекршување на правото и ќе биде санкционирано.

146. Правна состојба е збир од правни овластувања и правни задолженија со кои какоцелина, во дадено време располага и е товарен субјектот на правниот однос.Правните односи се крајно динамична категорија, тие непрекинато настануваат, семенуваат и исчезнуваат менувајќи ги постојано и овластувањата и задолженијата насубјектите во правото, а со тоа и нивната статусна положба

147. Настанување на правниот однос имаме во оној момент кога една правна норма гизадолжува субјектите на правото на определено поведение, односно наместослободно или фактички да се однесуваат нормативно. И спротивно на ова правниотоднос престанува во оној момент кога за субјектите на правото престанува дадејствува таквата правна обврска. Правниот однос се менува тогаш кога постојнатаобврска не престанува, туку се трансформира во друга. На пример, со склучување набрак настанува правен однос меѓу сопружниците, а со разводот престанувапретходно воспоставениот правен однос

148. Правни факти се разни ситуации, природни настани, човечки дејства и слично, воживотот на луѓето кои се предвидени со објективното право и под чие непосреднодејствие настануваат, престануваат или се менуваат постојните правни односи. Од правните факти зависи дали ќе настане или исчезне еден правен однос.

149. Правните факти се класифицираат според различни критериуми. Наједноставнаподелба е онаа што разликува два вида правни факти: обични факти, односно фактикои не се правни појави и правни факти кои исклучително се определени во правото ипретставуваат специфични правни појави. На пример, обични факти се раѓањето,смртта, пожарот, поплавата и др. додека правни се правната, деловната способност,деликтното поведение, умислата, небрежноста и др.

150. Природните настани се такви околности во природата кои настануваат независноод човековата свест и волја, односно тие се неминовни и независни од

Page 18: ВВП Материјал

волјата исвеста на човекот. Такви се: раѓање, смрт, душевна или телесна болест, земјотрес

151. Под човечки дејствија се подразбираат телесни или психички дејствијапредизвикани од човек врз основа на здрава свест и зрела волја. Такви се на примеризградбата на куќата, копање бунар, донесување општ правен акт или склучувањедоговор за купопродажба, како и други психички дејствија на човекот мислење,чувствување и др.

152. Како правно релевантен факт дали се смета и протокот на време? - Како правно релевантен факт се смета и протокот на време. На пример,законот по правило стапува во сила откако претходно во определен временскипериод граѓаните ќе се запознаат со него и дури потоа предизвикува правнипоследици.

153. Што е застареност ?Застареноста е протек на време, како резултат на што се губат извесни правниовластувања, односно извесни правни односи престануваат да постојат. На пример,согласно законската регулатива е предвидено дека наплатата на потрошенаелектрична енергија може да биде извршена најдоцна за определен временскипериод од три години. За да настапи застареност потребно е да се констатира декасубјектот бил во можност непречено да го остварува тоа свое право и дека свесно него правел тоа.

154. Што е оддржување ?- Одржување е стекнување на извесни правни овластувања, односно настанување новправен однос како резултат на проток на определено време. Всушност, тука станувазбор за оригинерен начин на стекнување сопственост. Имено, доколку несопственикпоседува определен предмет врз која нема право на сопственост, со протек наопределено време, врз основа на институтот одржување, станува негов сопственик, адотогашниот сопственик врз основа на институтот застареност го губи правото насопственост

155. Во каков облик се појавува самозаштитата ?- Самозаштитата како мерка на заштита во правото се појавува во облик насамопомош, нужна одбрана, крајна нужда, лична пленидба и посебна арбитража.

156. Што е нужна одбрана ?- Нужната одбрана е неопходна во случаите кога е потребно субјектот од себе илидруг да отстрани противправен напад.

157. Што е крајна нужда ?- Крајна нужда е дејствие што го презема определен субјект од себе или другблаговремено да отстрани неприкриена опасност, која на друга начин не би можелада биде отстранета. Притоа настанатото зло не треба да биде поголемо одзаканувачкото. Тука станува збор за настанување на штета, за да се спречинастанување на поголема штета. На пример, за да се спречи поголем пожар насилносе влегува во куќата.

158. Што е лична пленидба ?- На лична пленидба е упатен сопственикот на посев на кој туѓа стока мупредизвикала штета. Оштетениот има право на запленување на

Page 19: ВВП Материјал

толку грла стокаколку што е потребно за надоместување на штетата. Сепак, по истекот на определеновреме должен е да се спогоди со сопственикот на стоката или да поднесе тужба донадлежниот суд за надомест на штетата, во спротивно е должен да ја врати запленетата стока.

159. Што се подразбира под посебна арбитража ?- Под посебна арбитража се подразбира правото на странките во спор, а во врскасо нивните заемни правни овластувања и правни задолженија од определен правеноднос, самите да го изберат надлежниот суд.

160. Што има за цел жалбата ?- Жалбата или инстанционен пат има за цел да ја обезбеди сигурноста воостварувањето на правичноста, а со тоа и сигурноста во остварувањето назаконитоста, односно што подобро и поефикасно да биде остварувањето на правниот поредок

161. До кој орган се вложува жалбата ?- Жалбата се вложува до органот кој во прв степен ја донел одлуката, за да ја проследи до надлежниот орган од инстанционо повисок степен. Притоапрвостепениот орган може самиот да ја поништи сопствената одлука и да донесенова, а може и да ја достави до второстепениот орган за да одлучува по жалбата.

162. Кога настапувала формалната правосилност ? - Во непосредна врска со заштитата на правните односи е правосилноста науправните и судските акти. Имено во определен момент потребно е управниот илисудскиот акт да станат конечни, односно странките повеќе да не можат да гинапаѓаат. Со тоа настапува формалната правосилност.

163. Кои се ништовите акти ?- Ништовните акти се акти кои нарушуваат вредности од поголем општественинтерес.

164. Како е дејствието на актот ex tunc ?- Тие се ништат ex tunc оттогаш, односно од моментот на стапувањето во сила напротивправниот акт! *Со тоа актот се отстранува од правниот поредок и сепоништуваат сите правни последици кои во меѓувреме тој акт ги предизвикал.Барањето за поништување на правните акти не застарува.*

165. Кои се соборливи (рушливи акти ) ? - Други причини поради кои е дозволено напаѓање на правните акти е когастанува збор за соборливи (рушливи) акти односно кога актот засега помалиопштествени вредности поради што и постапката за соборување на таквиотпротивправен акт е препуштена на заинтересираните странки.

166. Какво е дејствието на актот ex nunc ?- Дејствието на таквиот акт е ex nunc, односно од моментот на констатирањето напротивправноста на стариот правен акт. Тоа значи дека од моментот надонесувањето на новиот правен акт престанува да важи стариот правен акт

Page 20: ВВП Материјал

167. Што преставуваат вондредни правни средства или правни лекови (дефиниција).- Правните средства со кои странката или јавниот обвинител ја започнувапостапката за ништење, соборување или за промена на формално правосилен акт сеименуваат како вонредни правни средства или правни лекови.

168. Наброј ги правните лекови :- Тука спаѓаат обнова на постапката, жалба за поништување на пресудата,инстанционен надзор

169. Која е целта на правните лекови ?- Нивната цел е враќање во поранешна состојба (restitutio in integrum).

170. Што представува извршноста ? - Кога станува збор за заштитата на правните односи голема улога имаизвршноста, со која на присилен начин и со посредување на соодветен надлеженорган (орган на принуда) се остваруваат правата создадени и предвидени со правните односи

171. Дефинирај што представува обијект на правниот однос ? Под објект на правен однос се подразбира предмет што е дел од надворешниотматеријален свет со кој човекот може да господари, или човечко дејствие, човечкиквалитет, во врска со што се засновува правниот однос

172. Кои се 5-те видови обијекти што можат да се јават во правниот однос ?- Се јавуваат повеќе видови објекти на правниот однос: 1.физички предмет 2.човечко дејствие 3.човечко бездејствие 4.човечка добродетел 5.специфични човечки субјективни својства

173. Дефинирај го физичкиот предмет како обијект на правниот однос ?- Физички предмет, се материјални предмети како дел од човековата околина коиму служат на човекот за неговите потреби

174. Кои се предмети во јавниот сектор ? Предмети во јавниот промет се оние кои сопственикот или плодоуживателот гикористи за себе или му ги препушта или продава на друг и кои не се изземени одправниот промет

175. Кои се предмети во јавна употреба ? Предметите во јавна употреба се изземени од правниот промет, на примерсообраќајници, плоштади, паркови, канализација и др

176. Која е основна поделба на физичките предмети ?- Како основна поделба на физичките предмети е на недвижни и подвижни

177. Дефинирај го човечкото дејствие како објект на правниот однос ? -Човечко дејствие претпоставува извесна човечка активност (дејствие), работа којаво врска со нешто едната страна ја (се) бара, а другата за определен надомест јадава. На пример, договарање за изградба на куќа,за предмет ја нема куќата тукуработата за изградба на куќата.

Page 21: ВВП Материјал

178. Дефинирај го човечкото бездејствие како објект на правниот однос .- Човечко бездејствие има кога се инсистира субјектот да се откаже или да севоздржи од дејствување или извршување на нешто што поинаку во нормални условитој редовно го остварува

179. Дефинирај го човечки добродетел како објект на правниот однос .- Човечка добродетел преставуваат особини врзани за човекот како на пример:честа, угледот, достоинството, изгледот итн. е современа придобивка која ја следихуманизацијата и сèПоголемата еманципација на човекот. Пример би биле барањатаза компензација за нарушена чест и углед на поединци од јавниот и уметничкиотживот.

180. Дефинирај ги специфични човечки субјективни својства како објект на правниотоднос . - Специфични човечки субјективни својства опфаќаат специфични интелектуални итворечки човекови способност искажани преку заштитата на авторското, патентнотои лиценцното право. Тоа значи дека секој автор кој ќе создаде нешто ново што екорист за човештвото или неговиот напредок има право на заштита на својатаумствена творба.

181. Што е правен модалитет ?- Правен модалитет е споредна одредба во поединечниот правен акт од чиеостварување или неостварување зависи судбината на тој акт

182. Што е услов ?- Условот претставува споредна правна одредба која означува идна, неизвесна, нопретпоставена состојба, настан, барање на која инсистира една од договорнитестрани со што и го условува остварувањето на правниот акт. На пример, лицето Н.Н.купувач ја прифаќа цената на продавачот на возилото доколку со него помине 10.000км без никаков дефект. Или одредено лице ќе ја купи куќата значи и ќе ја платидоговорената цена доколку од нејзината источна страна не е предвидена градба наповеќекатна станбена зграда

183. Што представува одложниот услов ?- Се истакнува постоење на два вида услови одложен и раскинлив услов. Кајодложниот услов конечноста на постигнатиот договор за купопродажба на половнотомоторно возило се одложува,сè додека не биде потврдено кога ќе помине 10.000 кмсо возилото без никаков дефект.

184. Што представува раскинлив услов ?- Вториот пример упатува на раскинлив услов затоа што како купувач лицето можеза кусо време, но не и бесконечно да го провери постојниот урбанистички план и да јаконстатира реалната состојба.

185. Што е рок ?-. Рокот претставува споредна одредба што е поврзана со проток на точно определеновреме како резултат на што се извршува или раскинува правниот акт

Page 22: ВВП Материјал

186. Кои се видови на рокови ?- И рокот може да се појави како одложен и раскинлив

187. Што е налог ?- Налогот е специфичен правен модалитет кој се сфаќа како пренесување напосебни правни овластувања од еден на друг правен субјект како резултат на тоа штоналогопримачот прифатил, во корист или по желба на налогодавачот, во еден иденвременски период да ја оствари неговата желба или интерес. Пример за тоапретставува договорот за доживотно издржување.

188. Што е субјект на правото ?- на правото е лице индивидуално или колективно опредлено што врз основа напрописите на позитивното (објективното) право стапува во правен однос со друголице во рамките на своите правни овластувања и правни задолженија.

189. Кои видови субјекти на правото постојат ?- физичко и правно лице

190. Што представува физичкото лице?- Физичко лице е секое човечко суштество на кое правото му признава можност дабиде носител на правни овластувања и правни задолженија

191. Кои два услови треба да постојат за да постои физичко лице ? Физичко лице е секое човечко суштество на кое правото му признава можност дабиде носител на правни овластувања и правни задолженија.

192. Што представува правна способност ? - Правната способност е способност на физичкото лице како субјект на правото дабиде носител на правни овластувања.

193. Што представува деловната способност ?- Деловната способност е способност на физичкото лице како субјект на правото даможе самостојно со свои лични дејствија активно да учествува во правниот сообраќај,да создава, да менува или укинува правни односи.

194. Што представува политичката дејност ? Политичката способност ја предвидува уставното право и претставува способностна лицето да учествува во државната власт, односно да ги избира државните органи(активно избирачко право) и да биде избирано во државните органи (пасивноизбирачко право).195. Што представува деловната способност ? Деловната способност е способност на физичкото лице како субјект на правото даможе самостојно со свои лични дејствија активно да учествува во правниот сообраќај,да создава, да менува или укинува правни односи

196. Што представува деликатна граѓанска способност ?- Деликтната способност е способност за преземање, извршување на противправнидела односно способност за правна одговорност за сторени прекршоци, деликти

Page 23: ВВП Материјал

197. Што представува процесно правната способност ?- Процесноправната способност е способност да се биде странка во парницаодносно да се има легитимација на странка во евентуален спор

198. Што представува правно лице ?- Правно лице е збир на повеќе физички лица кои се здужиле, врз основа направните прописи, да остварат некаква заедничка цел.

199. Што е правна фикција ? - Со правната фикција се смета дека некој факт е точен, вистинит иако сосигурност се знае дека тоа не така. Пример е во случај на зачнато дете, ако тоа е воинтерес на уште нероденото дете. Значи кај фикцијата се замислува нешто неточно,невистинито, нешто што не постои, а кај претпоставката нешто се насетува, сепретпоставува дека нешто постои како точно, па се дозволува или не се дозволувадокажување на спротивното.

200. Што е еманципација ?- Еманципацијата е стекнување деловна способност на физичкото лице и преднавршувањето на законски предвидениот минимум на старосна возраст застекнување деловна способност. Пример за тоа е стапување во брак на малолетнолице. Можностa за стекнување ограничена деловна способност различно естепенувана. Така неа ниту во ограничен облик не може да ја имаат лицата коинемаат навршено 10 години. Имено, лицата од 10 до 14 години правото ги третиракако деца, од 14 до 16 како помлади малолетници, а од 16 до 18 години како постарималолетници.

201. Што представува непознавање на правото ? - За да може правната норма да биде почитувана таа претходно треба да допре досвеста на субјектите. Со цел правилно да се формира правната свест државатапрезема активности во насока на објавување на правните норми, или службенопубликување на сите општи правни и позначајни поединечни правни акти и давањесоодветни објаснувања или толкувања на правните норми

202. Дали непознавањето на правото може да доведе до ублажување на казната ?- Сепак, постојат инструменти преку кои се ублажува строгоста на ова правноначело. На пример, можноста за поблаго казнување на прекршителот на правнатанорма има кога судијата ќе се увери дека во конкретниот случај навистина постоинепознавање на правото од објективни причини (на пример тешка болест, отсутност идр.), при што може да доведе до ублажување на казната, но не и отстранување наодговорноста

203. Дали непознавањето на правото може да доведе до отсранување наодговорносра ?И покрај тоа што и по преземањето на ваквите активности тоа не значи дека сителуѓе се запознаени со содржината на нормите, сепак се применува принципот деканепознавањето на правните норми никого не го ослободува од евентуалната обврска,односно одговорност што му ја наметнува нормата

Page 24: ВВП Материјал

204. Што се подразбира под применување на правото ?- Под применување на правото подразбираме однесување на луѓето, субјектите направото според правните норми, односно според правилата содржани во нив

205 Што се доказиСо цел да се утврди постоењето на фактите, од што зависи ипримената на нормата, односно правно-релевантни факти потребно е да се применатсоодветни средства т.е. докази

206. За што се применуваат доказите? Со цел да се утврди постоењето на фактите

207. Какви можат да бидат доказите? Доказите можат да бидат или материјалнисредства или човечки дејствија.

208. Кои се непосредни докази? Непосредни докази се оние што на непосреден,директен начин го утврдуваат постоењето на фактите поврзани со примената направните норми. Така до нив се доаѓа преку увид на лице место, на пример насообраќајна несреќа, сторено злосторство и др.

209. Кои се посредни докази? Посредните докази се такви средства на докажувањепреку кои на посреден (индиректен) начин се утврдува фактот (фактите) што епредмет на докажување. Такви докази би биле наодите на вештите лица,сослушување на сведоци и др

210. Што претставуваат правни претпоставки? Правната претпоставка е правен пропис,кој пропишува извесен правно-релевантен факт да се смета за точен иако не едокажан, односно да се смета за точен и без потреба да биде докажуван.

211. Какви можат да бидат правните претпоставки? Претпоставките можат да бидатразлични зависно од предметот на изучување. Се смета за најзначајна поделбата напретпоставките на соборливи и несоборливи.

212. Кои се соборливи претпоставки? Соборливи се оние претпоставки што можат да седокажуваат. Се поаѓа од тоа дека извесни претпоставки се точни затоа што воживотот тоа се нормални факти и кои веројатно се точни, поради што субјектот што јаоспорува нивната точност треба тоа да го докажува за да ја собори нивната точност. Таква претпоставка во правото би била дека обвинетиот е невин се додека не седокаже спротивното, мажот на жената е татко на нејзините деца и др

213. Кои се несоборливи претпоставки? Несоборливи претпоставки се оние за кои не е дозволено докажување на точноста, односно неточноста на фактите на коипретпоставката се однесува. На пример, некои правни системи и денес недозволуваат соборување на претпоставката на татковство

214. Што претставува правна фикција? Наведи пример. Правната фикција треба да серазликува од правната претпоставка. Имено, кај фикцијата се смета дека некој

Page 25: ВВП Материјал

факт еточен, вистинит иако со сигурност се знае дека тоа не така. Поради ова таа начелномаксимално се избегнува во правниот поредок. Имено, кон неа се посегнува само вослучаи кога треба со нејзина помош да се оствари исклучително значајна цел. Примере во случај на зачнато дете ако тоа е во интерес на уште нероденото дете. Значи, кајфикцијата се замислува нешто неточно, невистинито, нешто што не постои, а кајпретпоставката нешто се насетува, се претпоставува дека нешто постои какоточно,па се дозволува или не се дозволува докажување на спротивното.

215. Што претставува територијално важење на правните норми? Според начелото на територијалност секој поединец има право и должност да го применува правото насвојата држава без оглед на тоа каде се наоѓа, дали во својата или во туѓа држава.Денес, иако се поаѓа од територијалниот принцип сепак во извесни случаи сеприменува и персоналниот принцип. На пример, се смета дека дипломатските претставништва се наоѓаат на територијата на својата држава. Имено, врз странските дипломатски претставници и врз членовите на нивните семејства, како и во простороти објектите на претставништвата не се применуваат прописите на државата на чијатериторија се наоѓаат, туку правото на нивната држава. Меѓутоа, ако овие лица гопрекршат правото на државата во која престојуваат или ако работат противинтересите на таа држава можат да бидат прогласени за непожелни личности(persona non grata), кога им се остава рок во кој треба да ја напуштат државата во која се наоѓаат.

216. Што претставува начелото на територијалнот? Според начелото на територијалност секој поединец има право и должност да го применува правото насвојата држава без оглед на тоа каде се наоѓа, дали во својата или во туѓа држава

217.Што претставува персоналниот принцип? Наведи пример. Денес, иако се поаѓа одтериторијалниот принцип сепак во извесни случаи се применува и персоналниотпринцип. На пример, се смета дека дипломатските претставништва се наоѓаат натериторијата на својата држава. Имено, врз странските дипломатски претставници иврз членовите на нивните семејства, како и во просторот и објектите напретставништвата не се применуваат прописите на државата на чија територија сенаоѓаат, туку правото на нивната држава. Меѓутоа, ако овие лица го прекршатправото на државата во која престојуваат или ако работат против интересите на таадржава можат да бидат прогласени за непожелни личности (persona non grata), когаим се остава рок во кој треба да ја напуштат државата во која се наоѓаат.

218.Пто претставува временското важење на правните норми?Во принцип една правна норма важи сè додека постои определениот општествен однос што со неа серегулира. Со престанувањето на регулираниот општествен однос со нормата престанува и важењето на нормата. Но, може да се случи еден општествен однос кој определено време имал потреба од правно регулирање понатаму да нема таквапотреба иако не згаснал.

Page 26: ВВП Материјал

219. Што претставува vacation legis? Во поглед на стапувањето во сила на општитеправни акти почетокот е определен така што се остава определено време оддонесувањето и објавувањето на општиот правен акт до неговото стапување во силаи неговото важење. Овој временски период се нарекува закон на почек (vacatio legis)

220. Што претставува стапувањето на сила на општата правна норма? Во поглед настапувањето во сила на општите правни акти почетокот е определен така што сеостава определено време од донесувањето и објавувањето на општиот правен акт донеговото стапување во сила и неговото важење

221. Што претставува престанувањето на важењето на општата правна норма? За разлика од стапувањето во сила, определувањето на времето за престанување наважноста на општите правни норми (акти) е потешко точно да се определи со огледна тоа што не е прецизно определено како во случајот со стапувањето во сила. Сопрестанувањето на важноста на општите правни норми субјектите на правото не седолжни да се однесуваат според нив

222. Кои се двата начини на престанување на важењето на општата правна норма?постојат два начина на престанување на важењето на општите правни норми:изрично укинување (аброгација) и премолчено укинување (дерогација).

223.Што претставува дерогацијата? Дерогацијата, односно премолчно укинување направната норма има кога содржината на ново донесениот општ правен акт е вонепосредна спротивност со некој постоен акт. Во овој случај ништо конкретно не секажува за судбината на претходната норма односно акт.

224. Што претставува ретроактивна сила на правната норма? Правото, како збир направни норми што задолжуваат и овластуваат определени субјекти дејствува воиднина (pro futuro). Но, иако ретко, се случува во практиката на одделни држави да сесретне ситуација кога правните норми имаат повратна, односно ретроактивна сила. Тоа значи дека се применуваат на односи и сoстојби кои настанале преддонесувањето на општата правна норма (акт). Значи, тука правната норма немалаvacatio legis ниту нејзиното важење се поклопува со денот на донесувањето на актот(нормата), туку со неа се регулира нешто што настанало порано од нејзинотодонесување. Притоа ретроактивно дејствие може да се даде само на онаа општаправна норма по која за предметната материја претходно не е донесен правосилен поединечен правен акт.

225. Дали во правниот поредок на Р.М ретроактивноста е забранета?во правниот поредок на Република Македонија ретроактивноста во принцип е забранета.

226. Во кои случаи имаме исклучок од забраната на повратна сила на правната норма? Ислучок од забраната на примена на повратната сила на правнатанорма има во случај:а) ако е донесен нов казнен закон, според кој

Page 27: ВВП Материјал

поранешното казниво дело е укинатоили за сторителите на таквите дела предвидува поблаги санкции,б) ако постапката водена според постариот казнен закон правосилно сèуште не езавршена. Притоа во казненото право повратната сила на правната норма е поврзанасо принципот на хуманизацијата на казната и превоспитување на деликвентите.

227. Што претставува толкувањето? Толкувањето на правото претставува утврдување на точното, вистинското значење направните норми

228. кое е значењето на толкувањето? Значењето на толкувањето на правото еголемо, бидејќи не е можна ефикасна и правилна примена на правото без доброизвршено толкување на правните норми

229. Што е предмет на толкување? Предмет на толкување на правото сеправните  норми содржани во правните акти, што всушност го претставува и толкувањето во потесна смисла

230. Која е разликата помеѓу државните и недржавните толкувања?Прифатено есфаќањето дека правото го толкуваат државните органи, но и недржавните субјекти,општествени организации и луѓето како поединци. Разликата меѓу нив се состои воправната сила на одделните видови толкувања, односно дали и до кој степенизвршеното толкување е задолжително за заинтересираните субјекти. На пример,толкувањето на државните органи е задолжително за правните адресати возависност од хиерархиското место на органот во државната структура ќе има помалаили поголема задолжителна правна сила. Толкувањето, пак, на недржавните субјектие задолжително само за нив, а не и за другите субјекти

231. Што е автентично толкување? автентично толкување би било секое толкување,кое го извршува самиот создавач на нормата, кога тој самиот ја толкува сопственатанорма, па дури и без оглед на тоа дали станува збор за државен орган или независноод тоа кој вид државен орган е во прашање. Кога законодавецот автентично толкуваопределен свој закон односно негова правна норма за која во практиката постојатповеќе интерпретации со различно значење, тој всушност создава нова норма, која есоставен дел од законот, односно составен дел на нормата, која автентично сетолкува и таа станува составен дел од тој закон.

231. Кои се средства за толкување на правните норми? Логично толкувањеАналогијаИсториско толкување Јазично толкување на нормата

232. Што е аналогија? Аналогијата како посебно логичко средство за пополнување направни празнини се состои во барање сличности на постојна и нерешена правнасостојба со веќе решен односно правно регулиран случај

Page 28: ВВП Материјал

233. Што претставува законска аналогија? Законска аналогија (analogia iuris) ерешавање на правно нерешен случај според случај што претходно е решен и е сличенна нерешениот случај.

234. Што пртставува правна аналогија? Правната аналогија е исто така решавање на правно нерешен случај, со тоа што тука не се служиме со сличноста на нерешениотслучај со некоја постојна правна норма, туку нерешениот случај настојуваме да горешиме со логичко толкување на општите начела врз кои почива целиот правенпоредок на една земја. Додека аналогијата може да биде применета во граѓанското,семејното, трудовото, управното и некои други права, не може да биде примената воказненото право

235. Што претставува историско толкување? Преку историјата се согледува правнатанорма во нејзината историска условеност, односно се утврдува историјатот илиразвитокот на нормата. Имено, секоја норма има своја причина за настанување,односно во тој момент нужно требало да постојат определени услови,исто такапотребни за нејзино натамошно развивање како и услови за нејзино исчезнување. Зада биде добро протолкувана една правна норма треба добро да се познаваат тиеуслови.

236. Што претставува јазично толкување? Досега веќе беше споменато дека јазикот еглавно средство при толкувањето, односно при утврдувањето на вистинскотозначење на правната норма. Јазичното значење добиено со јазично толкување воправото само по исклучок е целосно јасно и определено, така што нема потреба однатамошно разјаснување и определување со други средства

237. Што е безмислена норма? Бесмислена норма е онаа правна норма која неманикакво значење и со неа не може да се открие никаква содржина на волја искажанаод адресантот на нормата. Во практиката ретки се случаите на постоење на ваквинорми сами по себе, односно најчесто бесмисленоста на нормата се согледува кога сегледа поврзана со другите норми од ист систем на правото. Имено, нормата имасмисла, само ако биде поврзана со другите правни норми од ист систем, инаку јапокажува својата бесмисленост. Доколку дојде до судир на значењата на две илиповеќе норми од ист систем, тие стануваат бесмислени, бидејќи си противречат еднана друга и воедно го губат своето значење. Кога има случај да не може да бидеотстранета бесмисленоста на определена правна норма тогаш се смета дека постоиправна празнина

238. Што е правна празнина? Правната празнина како вид нејасност на нормата сетакви општествени состојби, кои претходно со општа правна норма не се решенипоради што се пополнуваат со поединечни правни норми.

239. Кога постои слободно толкување? Слободно толкување постои кога толкувачотне е врзан за ниедно јазично толкување и тој е слободен на нормата даíдаде онаквозначење какво што смета дека е потребно, без оглед на фактот што тоа јазично не еможно. Всушност, ова толкување се оправдува со големата динамика

Page 29: ВВП Материјал

наопштествениот живот и честите промени кои настануваат во општествените односимеѓу луѓето

240. Што претставува системот на правото?Систем на правото претставува збир од општи правни норми средени споредопределени правила во соодветни помали или поголеми групи, целини, така што тиепретставуваат единствена и непротивречна целина

241. Со што се занимава догматскиот метод при толкување на правото? Догматскиот метод во проучувањето на правниот поредокодносно при толкување на правото се занимава со утврдување на точното значење направните норми, за да се определи точното поведение кое правото на луѓето им гонаметнува односно дозволува

242. Со што се занимава нормативниот метод при толкување на правото? Нормативниот метод, пак, се занимава со правото како целосеннормативен систем со точно определена функција во општеството.Значи, со него само се утврдува нормативниот состав (карактерот и видот направните норми и тоа општите), се конституираат составните делови, односноелементите на тој систем и се утврдуваат нивните врски и односи.

243. Кои се елементи на правниот систем?Cе разликуваат три елементи (делови) на системот на правото:• правна установа;• правна гранка и• правна област.

244.Што претставува правна установа? Правна установа (правна институција,институт) е збир од повеќе истородни правни норми кои што регулираат еден истопштествен однос или помал негов дел, а се засновани врз исти начела

245. Што претставува правна гранка? Правна гранка е збир од повеќе истородниправни установи кои регулираат ист вид општествени односи

246. Формална дефинија за кривичното право. Го определува како збир на правни прописи закривичните дела и кривичните санкции

247. Според материјалната дефиниција што претставува кривичното право? Според материјалната дефиниција кривичното право е инструмент на државата за заштитана основните вредности на човекот и на општествената заедница од криминалитетот.

248. Што претставува правна област? Правна област е најширок елемент на правниотсистем, составен од поголем број правни гранки кои припаѓаат на иста областопштествени односи. Всушност, таа претставува збир од повеќе истородни правниинституции кои врз основа на исти начела регулираат цели области од истиопштествени односи

Page 30: ВВП Материјал

249. која е најзначајната поделба на правните области? Покрајповеќето различни критериуми за класификација на правните области се истакнуваподелбата на внатрешно и меѓународно право, материјално и формално или процесноправо, јавно и приватно право

250. Кои правни гранки спаѓаат во јавното право? Имајќи го предвид претходното во јавното право спаѓале уставното, управното, казненото, судското право

251. Кои правни гранки спаѓаат во приватното право? Бо приватното право граѓанското,семејното, трговското право и др.