2
Љубовта луѓето ги прави среќни или ги фрла во очај Секој човек, додека е жив, се стреми да ја предаде својата љубов на колку што е можно повеќе битија, а воедно и возвратно да апсорбира љубов т.е да сака и да биде сакан. Покрај оние основни потреби за храна, вода и воздух, јас би ја сместила потребата за љубов меѓу првите, затоа што сведоци сме како пред моќта на ова „свето“ чувство потклекнале и најтврдокорните срца, а како пак отсуството на љубов знае да си поигра со сама психата и душа на човекот. Но колку и да сме вознесени од љубовта и се она што таа може да направи, морално е секој од нас да си го постави прашањето: Дали љубовта треба да биде неизмерна, неспречена, возвишена до небесни граници или сепак подобро е да се заузда, да и се поткастрат крилјата, за доброто и на оној кој што љуби, и на оној кој што е љубен. Иако сум едно неискусно човечко суштество, сум развила свои мислења од романи, безброј филмови, а можеби пак и едноставно набљудувањето на светот околу мене ми помогна да сфатам дека во се мора да постои една одредена граница. За љубовта, токму таа граница одредува дали љубовта ќе не направи среќни или ќе не фрли во очај. Не секој човек разбира дека постои една таква тенка граница која толку лесно се преминува и со најмалото невнимание, неразмислување...Затоа што, сите, кога сме среќни, кога љубиме, сакаме тоа колку што е можно повеќе да го покажиме и докажиме, за очите на лакомата јавност,а можеби од чиста желба да ги задоволиме нашите сакани. Но зар не е токму тоа она што не уништува? Она што скршило безброј срца, она што расплакало, повредило, па и убило неброени души?

Љубовта Луѓето Ги Прави Среќни Или Ги Фрла Во Очај

Embed Size (px)

DESCRIPTION

ЧИЧКО ГОРИО

Citation preview

Page 1: Љубовта Луѓето Ги Прави Среќни Или Ги Фрла Во Очај

Љубовта луѓето ги прави среќни или ги фрла во очај

Секој човек, додека е жив, се стреми да ја предаде својата љубов на колку што е

можно повеќе битија, а воедно и возвратно да апсорбира љубов т.е да сака и да биде

сакан. Покрај оние основни потреби за храна, вода и воздух, јас би ја сместила

потребата за љубов меѓу првите, затоа што сведоци сме како пред моќта на ова „свето“

чувство потклекнале и најтврдокорните срца, а како пак отсуството на љубов знае да

си поигра со сама психата и душа на човекот. Но колку и да сме вознесени од љубовта

и се она што таа може да направи, морално е секој од нас да си го постави прашањето:

Дали љубовта треба да биде неизмерна, неспречена, возвишена до небесни граници

или сепак подобро е да се заузда, да и се поткастрат крилјата, за доброто и на оној кој

што љуби, и на оној кој што е љубен.

Иако сум едно неискусно човечко суштество, сум развила свои мислења од

романи, безброј филмови, а можеби пак и едноставно набљудувањето на светот околу

мене ми помогна да сфатам дека во се мора да постои една одредена граница. За

љубовта, токму таа граница одредува дали љубовта ќе не направи среќни или ќе не

фрли во очај. Не секој човек разбира дека постои една таква тенка граница која толку

лесно се преминува и со најмалото невнимание, неразмислување...Затоа што, сите, кога

сме среќни, кога љубиме, сакаме тоа колку што е можно повеќе да го покажиме и

докажиме, за очите на лакомата јавност,а можеби од чиста желба да ги задоволиме

нашите сакани. Но зар не е токму тоа она што не уништува? Она што скршило безброј

срца, она што расплакало, повредило, па и убило неброени души?

Токму Балзак во „Чичко Горио“ се бори со овие прашања и не наведува нас да

си ги преиспитаме своите убедувања. Се запознаваме со ликот на чичко Горио, кој

заслепен од својата пожртвуваност и огромна љубов не бил свесен дека од своите

ќерки направил бесчувствителни и користољубиви суштества. Неговата безрезервна

љубов го уништила неговото семејство. Сакајќи да им удоволи на ќерките, тој од нив

направил монструми, нечуствителни, себични и неблагодарни изроди, поведен од

општо прифатениот критериум дека парите се она волшебното стапче во кое е

содржана полнотијата на живеењето.

Page 2: Љубовта Луѓето Ги Прави Среќни Или Ги Фрла Во Очај

Книгата би ја сместила меѓу една од најдобрите што сум ги прочитала, токму

заради моќната порака која ја содржи во себе, а таа е дека иако парите се основна

движечка сила во секое општество, љубовта со пари не се купува. Јас цврсто верувам

во оваа идеологија, особено во тоа дека треба да ја спознаваме онаа граница на

љубовта која ја спомнав погоре. Да,љубовта е незаменливо чувтсво, но зар треба да не

направи слепи, да ни ги заматка очите и да не фрли во бездната на очајот? Зошто не би

и дозволиле да не направи среќни, но и да си дозволиме таа среќа да ни потрае, со тоа

што нема да ги вмешуваме парите, едно такво зло, во чисто и божентсвено чувство

како што е љубовта и среќата што истата ја носи.