151
Новите трендови во банкарското работење 1 СОДРЖИНА ERROR! BOOKMARK NOT DEFINED. 1.ВОВЕД 4 2. ПОИМ И ЗНАЧЕЊЕ НА БАНКАРСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ 8 2.1 Функции на банкарските институции 12 2.2 Услуги што ги нудат банките – најзначајни банкарски работи 16 2.2.1 Активни банкарски работи 16 2.2.2 Пасивни банкарски работи 16 2.2.3.Неутрални банкарски работи 20 2.2.4.Сопствени банкарски работи 20 2.3 Принципи на банкарско работење 21 2.3.1 Принципот на ликвидност 21 2.3.2 Принцип на сигурност и ефикасност 24 2.3.3 Принцип на рентабилноста 26 2.3.4 Принцип на транспаретност 26 3. КРЕДИТИРАЊЕТО НА БАНКАРСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ, КАКО НАЈЗНАЧАЈНА БАНКАРСКА ФУНКЦИЈА 27 3.1 Поим и значење на кредитите и кредитирањето 27 3.1.1 Цена на кредитите - камата 29 3.2 Видови кредитирања што ги вршат банките 30 3.2.1 Kредитирање на деловните субјекти 31 3.2.1.1 Кредити за обртни средства 31 3.2.1.2 Кредити за основни средства 32 3.2.1.3 Проектно финансирање 33 3.2.1.4 Кредити за мали и средни деловни субјекти 33 3.2.1.5 Краткорочни и долгорочни кредити 34 3.2.1.6 Денарски и девизни кредитирања 40 3.2.1.7 Останати видови кредитирања на компаниите 41 3.2.2 Кредитирање на населението 42 3.2.2.1 Наменски кредити 42 3.2.2.1.1 Станбени кредити 42 3.2.2.1.2 Автомобилски кредити 44 3.2.2.1.3 Наменски потрошувачки кредити 44 3.2.2.1.4 Студенски кредити 45 3.2.2.1.5 Други видови наменски кредити 45 3.2.3 Ненаменски кредити 46 3.2.2.1 Хипотекарски кредити 46 3.2.2.2 Други видови ненаменски кредити 47

Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

  • Upload
    others

  • View
    24

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

1

СОДРЖИНА ERROR! BOOKMARK NOT DEFINED.

1.ВОВЕД 4

2. ПОИМ И ЗНАЧЕЊЕ НА БАНКАРСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ 8

2.1 Функции на банкарските институции 12

2.2 Услуги што ги нудат банките – најзначајни банкарски работи 16 2.2.1 Активни банкарски работи 16

2.2.2 Пасивни банкарски работи 16

2.2.3.Неутрални банкарски работи 20

2.2.4.Сопствени банкарски работи 20

2.3 Принципи на банкарско работење 21 2.3.1 Принципот на ликвидност 21

2.3.2 Принцип на сигурност и ефикасност 24

2.3.3 Принцип на рентабилноста 26

2.3.4 Принцип на транспаретност 26

3. КРЕДИТИРАЊЕТО НА БАНКАРСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ, КАКО

НАЈЗНАЧАЈНА БАНКАРСКА ФУНКЦИЈА 27

3.1 Поим и значење на кредитите и кредитирањето 27 3.1.1 Цена на кредитите - камата 29

3.2 Видови кредитирања што ги вршат банките 30 3.2.1 Kредитирање на деловните субјекти 31

3.2.1.1 Кредити за обртни средства 31

3.2.1.2 Кредити за основни средства 32

3.2.1.3 Проектно финансирање 33

3.2.1.4 Кредити за мали и средни деловни субјекти 33

3.2.1.5 Краткорочни и долгорочни кредити 34

3.2.1.6 Денарски и девизни кредитирања 40

3.2.1.7 Останати видови кредитирања на компаниите 41

3.2.2 Кредитирање на населението 42

3.2.2.1 Наменски кредити 42

3.2.2.1.1 Станбени кредити 42

3.2.2.1.2 Автомобилски кредити 44

3.2.2.1.3 Наменски потрошувачки кредити 44

3.2.2.1.4 Студенски кредити 45

3.2.2.1.5 Други видови наменски кредити 45

3.2.3 Ненаменски кредити 46

3.2.2.1 Хипотекарски кредити 46

3.2.2.2 Други видови ненаменски кредити 47

Page 2: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

2

4. НОВИ ВИДОВИ ФИНАНСИРАЊЕ 48

4.1 Нови извори на кредитирање 48

4.2 Лизингот, како нов банкарски производ 48 4.2.1 Поимни определби и значење на лизингот 48

4.2.2 Видови лизинг 51

4.2.2.1 Меѓународен финансиски лизинг 51

4.2.2.2 Оперативен лизинг 53

4.2.2.3 Финансиски лизинг 53

4.2.3 Вреднување на лизинг аранжманите 55

4.2.4 Сметководствени и даночни аспекти на лизинг аранжманите 57

4.2.5 Ризици на лизинг аранжманите 59

4.2.6 Договор за лизинг 60

4.2.7 Предности и недостатоци на лизингот 62

4.3 Факторингот како нов банкарски производ 65 4.3.1 Поим и дефиниција за факторингот 65

4.3.2 Договор за факторинг 70

4.3.3 Видови факторинг 72

4.3.4 Функции на факторингот 74

4.3.5 Предности на факторингот и проблемите поврзани со него 75

4.4 Форфетингот, како форма на финансирање на извозот 76 4.4.1 Поим за форфетинг 76

4.4.2 Општи аспекти на форфетингот 78

4.4.3 Технички аспекти на форфетингот 79

4.4.4 Форфетирањето, како инвестиција 81

4.4.5 Договор за форфетинг 82

4.4.6 Предности на форфетингот 84

4.5 Промени во банкарското окружување Error! Bookmark not defined.

4.5.1 Конкуренција меѓу банкарските институции Error! Bookmark not

defined. 4.5.2 Дерегулација и регулација Error! Bookmark not defined.

4.5.3 Финансиски иновации( кредитни картички, секјуритизација) Error!

Bookmark not defined. 4.5.4 Глобализација Error! Bookmark not defined.

4.6 Секјуритизација – нов извор на финансирање Error! Bookmark not

defined.

4.6.1 Поим и суштина на секјуритизацијата Error! Bookmark not defined.

4.6.1 Процес на секјуритизација Error! Bookmark not defined.

4.6.3 Придобивки и ризици од секјуритизацијата Error! Bookmark not

defined.

4.7 Кредитни картички Error! Bookmark not defined.

4.7.1 Технолошки иновации (електронско банкарство и нови финансиски

производи и услуги) Error! Bookmark not defined.

4.7.1.1 Карактеристики на кредитните картички Error! Bookmark not defined.

Page 3: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

3

4.7.1.2 Значење и суштина на кредитните картички Error! Bookmark not

defined. 4.7.1.3 Видови кредитни картички (дебитни и кредитни) Error! Bookmark not

defined.

5. AНАЛИЗА НА БАНКАРСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО РЕПУБЛИКА

МАКЕДОНИЈА И НИВНИТЕ АЛТЕРНАТИВНИ ИЗВОРИ ЗА КРЕДИТИРАЊЕ

ERROR! BOOKMARK NOT DEFINED.

5.1 Банкарските институции во Р.Македонија Error! Bookmark not defined.

5.1.1Алтернативни извори за кредитирање на банкарските институции во

Р.Македонија Error! Bookmark not defined.

5.1.2 Лизингот во Р.Македонија и перспективите за негов развој Error!

Bookmark not defined. 5.1.4 Факторингот и форфетингот во Р.Македонија Error! Bookmark not

defined. 5.1.5 Секјутиризација во Р.Македонија Error! Bookmark not defined.

5.1.6 Картичното работење во Р.Македонија Error! Bookmark not defined.

5.2 Споредба на банкарските институции и алтернативните извори за

кредитирање во Р.Македонија и земјите во транзиција (Р.Србија, Хрватска и др.)

и банкарски институции во развиените земји Error! Bookmark not defined.

6. ЗАКЛУЧОК ERROR! BOOKMARK NOT DEFINED.

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА ERROR! BOOKMARK NOT DEFINED.

КРАТЕНКИ ERROR! BOOKMARK NOT DEFINED.

Page 4: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

4

1.Вовед

Комерцијалните банки претставуваат најстари финансиски посредници меѓу

суфицитарните и дефицитарните субјекти. Тие се најзначајните и најголемите

финансиски посредници и заземаат централно место на финансискиот пазар. Денес

активностите на современите банки не се ограничени само на традиционалните

банкарски работи (прибирање депозити и одобрување кредити), туку тие нудат и голем

број небанкарски услуги (брокерски услуги, инвестициско банкарство, управување со

инвестициските фондови, управување со имотите, финансиско советување итн),

претворајќи се на тој начин во универзални финансиски институции. Достигнувањата

во компјутерската и телекомуникациската технологија, коишто со драстичното

намалување на трошоците за процесирање на финансиските трансакции, условија

појава на нови финансиски производи и услуги што и се нудат на пазарот. Тоа се

должи на огромните промени што се случија во финансискиот сектор (дерегулација,

глобализација, секјуритизација, технолошки промени итн.). Под влијание на тие

процеси комерцијалните банки драстично ја менуваат природата на своето

функционирање.

Улогата на банките во современите услови е под директно влијание на

промените во банкарското окружување. Во процесот на прилагодување кон

променливото банкарското окружување не смее да се запостави фактот дека станува

збор за институции што спаѓаат во најрегулираните, а според тоа и најсигурните и

најконзервативни институции во своето работење.

Кредитирањето на банкарските институции е една од најзначајните нејзини

функции. Заедно со прибирањето депозити, кредитирањето претставува основна

економска функција на банките, како финансиски посредници. Банките одобруваат

различни видови кредити на различни корисници.

Page 5: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

5

Можностите за проширување на банкарските услуги се остваруваат и со

афирмација на финансирањето преку лизинг аранжманит.е. Нови видови на

финансирање, во однос на класичното банкарско работење, се и форфетингот и

факторингот. Тие, како едни од можните форми за финансирање на извозот на

капитални добра, денес се наметнуваат како потенцијален начин и извор за

финансирање на стопанските активности.

Со воведувањето на пазарното стопанство, во Република Македонија, се

појавија и лизинг аранжманите, факторинг и форфетинг работите. Секјуритизацијата

на кредитните портфолија во Република Македонија во иднина може да биде

интересен инструмент со којшто може да се стимулира хипотекарското кредитирање за

станови и куќи, според примерот на секјуритизацијата на резиденцијални хипотекарни

кредити во САД.

Банкарската индустрија ја зафатија нови трендови, што воопшто не биле

присутни во минатото. Како последица на тоа, пак, банките се соочуваат со сериозни

предизвици, коишто во наредниот период ќе имаат пресудно влијание врз нивниот

опстанок и развој. Каква ќе биде судбината на банките, во голема мера, зависи од

нивната флексибилност, т.е. од нивната способност да се приспособат на промените на

начинот што ќе им обезбедува конкуретска предност, во споредба со другите

финансиски институции.

Врз основа на претходното образложение, слободно може да се констатира дека

предмет на истражување во овој магистерски труд се банките, т.е. банкарското

работење. Основната цел на истражувањето е анализа на новите трендови во

банкарското работење во развиените пазарни економии, како и состојбите со

банкарските институции во Република Македонија во поглед на застапеноста на

современите банкарски производи.

Концепциски трудот е поделен на четири дела.

Од тие причини, во првиот дел од овој магистерски труд вниманието е

фокусирано на значењето на банкарските институции, како и нивната улога во

финансискиот систем и функциите што тие ги извршуваат. Имено, ќе бидат

елаборирани активните (кредитни), пасивните, неутралните и сопствените банкарски

работи. Бидејќи банките се институции од јавен интерес посебно ќе бидат обработени

принципите што треба да ги почитуваат, и тоа: принципот на ликвидност, сигурност и

ефикасност, рентабилност и транспаретност.

Page 6: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

6

Во вториот дел од трудот е елаборан процесот на кредитирање како една од

најзначајните функции на банкарските институции. Преку кредитирањето банките

стануваат регулатори на стопанските движења. Тие им одобруваат кредити на

деловните субјекти, институциите и населението. Оттука се обработени

специфичностите на кредитите за обртни и основни средства, кредити, долгорочните и

краткорочните кредити, денарските и девизните кредитирања, односно кредитите што

му се одобруваат на населението (наменски и ненамески кредити). При креирањето и

реализацијата на кредитната политика банките мора да бидат внимателни и

рационални, односно да ги предвидат движењата на пазарот, да ја оценат реалната

состојба и способност на кредитобарателот, главно, во поглед на враќањето на

кредитот.

Во третиот дел е направена анализа на окружувањето во последнава деценија

што се одрази врз работењето на банките. Имeно, главните трендови што влијаат врз

перфомансите на банките во последнава деценија се одразуваат преку промени во

капиталните барања, зголемена консолидација и конкуренција, како и проширување на

дијапазонот на услугите и производите што се нудат. Во основа, промените се

манифестираат во воведувањето нови производи и услуги, како испојувањето и

консолидирањето во многу покомплексни бизниси, коишто не се карактеризираат само

со типични банкарски работи, туку и со имплементацијата на нови технологии. Сето

тоа им овозможува на банките да понудат производи и услуги што ги надминуваат

рамките на традиционалното банкарско работење и се фокусираат кон комплексно

банкарско работење, односно се јавуваат новите извори на кредитирање.

Еден од новите видови на финансирање е лизингот, како нов банкарски

производ, којшто претставува посебен вид финансирање на деловните субјекти, при

што наместо купување на одделна потребна опрема се склучува договор за лизинг

аранжман за користење на опремата до определен временски период. Во овој дел од

трудот се елаборирани факторингот и форфетингот коишто имаат голем број

предности во меѓународните финансиски трансакции. Во рамките на овој дел се

елаборирани токму предностите и недостатоците на секјуритизацијата.

Во рамките на последниот, четвртиот дел, е направено квантитативно

истражување на комерцијалните банки во Р.Македонија, односно како тие се

прилагодуваат на промените што се случуваат во банкарското окружувања во

последниве децении. Најнапред, е дадена ретроперспектива за развојот на банкарските

Page 7: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

7

институции во Р.Македонија, потоа и кои алтернативни извори на кредитирање тие ги

користат. Натаму, врз основа на истражувањето се елаборира застапеноста на

лизингот во Р.Македонија, лизинг компаниите што функционираат и кои се

активностите што тие ги опфаќаат во нивното работење. Врз основа на истражувањето

се образложува состојбата со факторингот и форфетингот, т.е. секјутиризацијата во

државата, како и факторите што ја детерминираат нивната застапеност.

Во последниот дел од трудот врз основа на извршените анализи на

истражуваната проблематика, се презентирани определени релеватни заклучоци, како

и сугестии и мислења што можат да претставуваат добра подлога за натамошни

истражувања од оваа област, односно имплементирање на дел од резултатите од ова

истражување во реалното работење на банкарските институции.

Page 8: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

8

2. Поим и значење на банкарските институции

анките заземаат централно место во рамките на секој економски систем.

Тие се најзначајни и најголеми финанасиски институции на финанскиот

сектор. Активностите на современите банки не се ограничени само на

традиционалните банкарски работи (прибирање депозити и одобрување кредити), туку

тие нудат и голем број небанкарски услуги. На пример, современите банки се присутни

на пазарот на капитал, каде што ја извршуваат функцијата на посредници во

издавањето хартии, а истовремено се и активни во трговијата со хартиите од вредност.

Покрај тоа, банките работат како дилери и брокери и на другите финансиски пазари (на

пример, на пазарот на пари и девизниот пазар). Исто така, непосредно или преку

своите подружници, тие управуваат со пензиските фондови, навлегуваат во дејноста на

осигурувањето, чуваат различни финансиски и нефинансиски имоти и со нив

управуваат, дејствуваат на пазарот на недвижности, се занимаваат со финансиско

советување итн. Според тоа, современото банкарство е многу сложено и динамично, а

тоа се однесува и на целокупното окружување во коешто работат банките

(конкуренцијата од другите финансиски посредници, конкуренцијата од странство,

промените во регулативата и техниките на банкарското работење итн.). Измените што

се случуваат денес во банкарското работење имаат огромно значење. Имено, банките

стануваат мултифункционални или тие, на некој начин, се вистински стоковни куќи на

модерното време.

Притоа не смее да се запостави фактот дека станува збор за институции што

спаѓаат во најрегулираните, а според тоа и во најсигурните и најконзервативните во

своето работење.

Обемната регулатива во банкарската индустрија, што доминираше во минатото,

се рефлектира во најразлични форми, вклучувајќи максимални каматни стапки на

кредитите и депозитите, минимални соодноси меѓу капитaлот и средствата, минамални

задолжителни резерви, како и рестрикции во однос на видот на производите и услугите

Б

Page 9: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

9

што се нудат од страна на комерцијалните банки.1 Традиционалната улога на банките

(слика 1) е значително изменета, така што тие извршуваат голем број и

нетрадиционални банкарски работи (хартии од вредност, гаранции, хипотекарски

услуги и др.) Исто така, тие се насочуваат кон е-банкарството, што значи се губат

просторните и временските граници на географските подрачја на коишто можат да се

нудат банкарски услуги. Појавата и интезивното користење на интернетот и

електронското банкарство комплетно ги избришаа географските граници на работење.

депозити краткорочни

кредити

Ш

каматна каматна

стапка стапка

Слика 1- Традиционална улога на банките

Во текот на долг временски период банките се занимавале со неколку класични

работи: посредувале во плаќањата, прибирање депозити од населението и правните

лица, при што одобрувале ( краткорочни ) кредити. Имено, банката е деловен субјект

што како главна активност спроведува примање и давање парични средства, т.е.

посредува во областа на кредитите.2 Меѓутоа денешните банки им нудат на своите

клиенти голем број услуги, така што агресивно навлегуваат во одредени небанкарски

подрачја и, на тој начин, се претвораат во универзални финансиски институции.

Постојат повеќе фактори што влијаат врз развојот на современото банкарство, меѓу

коишто најзначани се следниве:

дерегулацијата. Банките убедливо се најрегулираните институции во

економијата. Основни причини порадишто кои регулаторските тела во

секоја земја постојано настојуваат да ги регулираат банкарските

структури и банкарската активност придонесуваат да се заштитат

средствата на јавноста и да се обезбеди системска стабилност на

банкарскиот систем во секоја земја;

1 http://books.google.com/books?id=_pCuPhzzZuUC&printsec=frontcover#v=onepage&q&f=true, page 16

2 Vuckovic, d-r Milos,,Kreditno bankovnog sistem“, Ekonomski fakultet, , Skopje, 1968, str.65 i 66

Штедачи

Фирми

Банки

Page 10: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

10

конкуренција. Конкуренцијата, како дел од структурните промени во

банкарската индустрија, е резултат на консолидацијата и здружувањата

што создадоа зголемена конкуренција во областа на банкарските

производи и цени. Зголемената конкуренција, што произлегува од

секојдневната борба за поуспешно и попрофитабилно работење на

банките, исто така, претставува важен фактор за националното и

светското стопанство во обликувањето на банкарската индустрија.

Трката за подобра конкуретска позиција на финансискиот пазар е

насочена кон: обезбедување финансиски услуги според пониски трошоци

и создавање диференцирани производи и услуги со кои ги надминуваат

конкуретските банки. Во современите услови на значително изменети

регулативни правила, комерцијалните банки имаат поголема слобода и

тоа во утврдувањето на цените на своите производи и услуги, а и во

однос на видот на производите и услугите што им ги нудат на клиентите.

Ваквата слобода директно влијае на зголемување и засилување на

конкуренцијата којашто, во последнава деценија, особено се рефлектира

во определени области од работењето на комерцијалните банки, и тоа:

конкуренцијата на депозитите, конкуренцијата за кредити,

конкуренцијата за услуги од областа на плаќањето, како и

конкуренцијата на други банкарски услуги;

финансиските иновации. Во последниве години банките користат

повеќе нови инструменти за редуцирање на нивната изложеност на

ризик, но и за изнаоѓање нови извори на средства за финансирање на

нивните активности и остварување поголеми приходи. Токму за

остварување на оваа цел банките, денес, сé повеќе ги користат следниве

инструменти: финансиски деривати, секјуритизација, продавање

кредити, гаранции - ѕwap, кредитни деривати, електронско банкарство и

различни нови инструменти во работењето со хартиите од вредност;

технолошките фактори. Информациската и комуникациската

технологија имаат големи влијанија врз банкарската сфера. Дури и

одделни традиционални банкарски работи денес не можат да се

извршуваат без информациската технологија. Информациската и

комуникациската технологија имаат значително влијание и врз

Page 11: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

11

банкарското работење. Банкарските активности сé повеќе се

автоматизираат, па така се искористува економијата од обемот, се

намалуваат трошоците за плати и се зголемува дијапазонот за нудење на

нивните услуги во пошироки размери. Меѓутоа, технолошките фактори

имаат и свои недостатоци;

глобализацијата. Глобализацијата претставува постапна еволуција на

пазарите и институциите на начин на којшто географските граници не

претставуваат бариера или ограничување при финансиските трансакции.

Со глобализацијата исчезнуваат националните граници во користењето

на банкарските производи и услуги, а во истовреме се намалуваат

трошоците, како резултат на подобрената економија на обем, се

остварува поголема ефикасност во работењето, се користат иновации во

процесите и производите;

консолидацијата. Банките во последниве неколку децении се изложени

на голема конкуренција. Овој тренд повеќе е поттикнат од

дерегулацијата или либерализацијата на финансиските пазари, но и на

технолошкиот развој. Имено, банките реагираат на конкурентскиот

притисок на повеќе начини, т.е.: ги прошируваат услугите преку

зголемување на обемот на работење преку географската експанзија

односно преминувањето на националните граници. Тоа води кон

консолидација на банкарскиот сектор, т.е. процесот на оформување на

банките, што се одвива преку два основни начина: спојување на банките

(банка со небанкарска институција ) што формираат ново правно лице; и

преземање, при што одделна банка купува мнозински пакет акции од

други банки или небанкарски институции, што постојат како посебни

правни лица. Консолидацијата претставува единствен начин банките да

се соочат со зголемената конкуренција, да воведуваат нови производи, да

ги намалат трошоците на работењето и да ги следат новите трендови и

движења во банкарската индустрија.

Дерегулацијата, технолошкиот напредок и зголемувањето на конкурентското

ривалство влијае врз големината на заедницата на банкарскиот сектор и квалитетот,

Page 12: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

12

т.е. достапноста на банкарските производи и услуги3. Емпириските истражувања

покажуваат дека регулаторните и технолошките промени на коишто се изложени

банките во овој сектор ја интензивираат конкуренцијата, од една страна, но од друга

страна, постојат банки со потенцијална злоупотреба на стратегиската позиција во

индустријата. Напредокот во информациската технологија, новите финансиски

инструменти, иновациите во производствените процеси во банката, дерегулацијата и

зголемената конкуренција создадоа атмосфера за развој на банкарскиот сектор. Бројот

на банки, денес, се намалува во повеќето земји (на пример, бројот на конзорциумите од

банките во САД е преполовен од 1980 година, па наваму);

капиталните барања. Капиталните барања имаат големо влијание врз

новонастанатите промени во банкарската индустрија. Со нивното поставување

во банкарската регулатива тие имаат големо влијание врз успешното и

профитабилно работење на комерцијалните банки. Од нивното прилагодување,

согласно промените во однос на капиталот, зависат и показателите за

профитабилноста и успешното работење на банката. Минималните капитални

барања, всушност, е најмалиот износ на капитал што банките треба да го

задржат во нивното работење, а се дефинира во банкарската регулатива;

секјуритизацијата. Променливото банкарско окружување ја наметна потребата

банките и натаму да истражуваат и применуваат нови извори за финансирање и

управување со ризиците за успешно работење. Меѓу клучните алатки кои се

предмет на истражување, се сметаат и оние на секјуритизацијата.

Секјуритизацијата на кредитите и другите средства од билансот на состојба

подразбира процес на прибирање нов капитал и намалување на изложеноста на

ризик за банката.

2.1 Функции на банкарските институции

Со новата законска поставеност за деловното банкарство, всушност, банките,

како пазарни субјекти, веќе не можат да бидат само пасивни набљудувачи во пазарните

односи. Тие стануваат активни учесници во целокупната општествена репродукција, а

особено во вршењето на функцијата за прибирање на слободните финансиски средства

и нивна правилна алокација. Банкарските институции ги извршуваат следниве

3 http://papers.ssrn.com/sol3/papers.cfm?abstract_id=446961 стр.1,2 и 3

Page 13: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

13

функции: 1)депозитна; 2)кредитна; 3)платно-прометна; 4)финансиска и советодавна и

5) надворешнотрговска.

Поточно, банките вршат финасиско посредување, така што тие ги прибираат

депозитите од населението и институциите, па од тие средства одобруваат кредити,

што значи вршат депозитна и кредитна функција.

Депозитната функција се однесува на акумулацијата на депозитите по

видување, орочените депозити и штедните депозити. Мотивите за држењето

депозити кај банките, според небанкарскиот сектор, се различни: вршење тековни

трансакции, обезбедување резерви, кумулација на депозити финансирање планирани

инвестиции, држење депозити како подлога за добивање кредити од банките,

обезбедување одделни каматни приноси и сл. Наведените видови депозити имаат

свои специфични карактеристики во однос на трендовскиот раст, начинот на

користење, влијанието на формирање на кредитниот потенцијал, издвојувањето

резерви и каматоносноста. Познато е дека постои генерална законитост дека

фондовите за формирање депозити се под силно влијание на цикличните,

сезонските и инфлаторните фактори, но влијанието на факторите прилично се

разликува за различните видови на депозитите.

Кредитната функција на банките се исцрпува во одобрувањето на различни

видови кредити на кредитобарателите, водејќи сметка за кредитните капацитети и

кредитната способност на дебиторит.е. Кредитите можат да се групирааат во

различни групации, но најдобрата нивна систематизација се врши според

критериумите за роковит.е. Овие критериуми укажуваат на различните извори за

одобрување кредити, намената на кредитите, а се погодни и за истражување на

врамнотежените односи во кредитното стопанство. Од статистички аспект,

вкупните кредити мора да бидат секогаш помали од износот на депозитите на

одделна банка. На сите видови кредити се пресметува определен каматен износ, а

височината на каматната стапка, главно, зависи од видот и методите за одобрување на

кредити, кредитната способност на кредитобарателите, рокот на втасување на

кредитите и понудата, т.е. побарувачката на кредити.

Една од најважните функции на банките е посредувањето во плаќањето меѓу

населението, деловните субјекти и државните институции. Банките, притоа, се

јавуваат како носители на платниот промет, којшто ги опфаќа методите и

инструментите преку коишто се извршуваат плаќањата, односно преносот на

Page 14: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

14

паричните средства. Трансмисијата на паричните средства на банките се врши

главно врз основа на современите безготовински инструменти за плаќање и, на тој

начин дневно се трансформираат огромни износи на пари меѓу соодветните сметки

на комитентит.е. Оваа значајна општествена платно прометна функција на банките

често се врши со минимални стапки на провизија за да се влијае атрактивно при

привлекувањето на дополнителни депозити.

Финансиска и советодавна функција. Во рамките на процесот на

универзализација на банките значајно се проширени нивните функции, особено во

сегментот на давање различни видови финасиски и останати услуги, односно совети на

комитентит.е. Основна идеја за универзализација на банките е зголемувањето на

степенот на ефикасност во конкуретското работење. Најзначајни услуги во овој

контекст се следниве: гаранциите, факторинг услугите, лизинг услугите, брокерските и

девизните работи, информациите, истражувањето на пазарот, сметководствените

операции за кредитниот ризик, анализите и оценките на инвестициските програми и

сл.

Надворешнотрговска функција. Во поново време, кога извозните активности на

земјите добиваат приоритетно значење, се издвојува и развива едно особено важна

дејност на банките во секторот на надворешнотрговското финасирање. Најголемите

банки се во состојба успешно да ги вршат овие активности, при што се поврзуваат со

големите банки во странство и, на тој начин, развиваат кореспондентски односи во

однос на олеснетото плаќање, одржувањето девизна ликвидност, финансирањето на

извозните кредити, апсорбирањето на евентуалните девизни загуби итн. Посебен

облик за формирање крупни институции за финансирање на масовните извозни

работи се банкарските меѓународни конзорциуми и мултинационалните банки, при што

на меѓународен план се обезбедува финансирање на огромни инвестициски или извозни

програми.

Променетиот модалитет на организираност, слободното дејствување на

пазарните принципи на стопанисување, зголемената конкуренција, заситеноста на

финансискиот пазар и сл., се факторите што дејствуваат, односно иницираат потреби за

осовременување и развој на нови функции во банкараското работење. Современите

банки, во сферата на интерната модерназација, извршуваат и голем број други

современи функции, и тоа: а) посредување; б) осигурување; в) информативно-

Page 15: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

15

документациона функција; г) услуги поврзани со работењето со хартиите од вредност;

д) иноваторство и ѓ) некои други услуги.

а) Посредувањето се манифестира во односите меѓу банката и нејзините

клиенти. Така, банките се подготвени за сметка и во име на своите клиенти да вршат

најразлични, почесто и небанкарски работи.

б) Осигурувањето е понова функција што банките сé повеќе ја применуваат во

последно време. Оттука, во повеќето земји во светот беа отстранети законските

бариери меѓу двете моќни финансиски индустрии: банкарството и осигурувањето. На

тој начин банките, всушност, вршат и осигурителни услуги. Имено, банката за својот

комитент врши осигурување од ризик за настаната штета на движен и недвижен имот,

осигурување на лица од различни повреди или болест, осигурување на хартии од

вредност и други видови ризици. Притоа, за извршеното осигурување, банките

наплаќаат определена премија за осигурување.

в) Информациско-документациската функција игра многу важна улога во

банкарското работење во последниве години. Таа зема сé пошироки размери и

нејзината улога се огледа, пред сé, во систематизирањето и аутпутирањето на

информациите кон вистинскиот корисник.

г) Услуги поврзани со хартиите од вредност. Банките активно учествуваат

на финансискиот пазар, односно самојстојно нудат брокерски услуги, работат како

дилери и се занимаваат со инвестициско банкарство, т.е. посредуваат во издавањето

хартии од вредност.

д) Иноваторството, како функција во банкарското работење, опфаќа два

аспекта: интерен и екстрен. Интерното иноваторство се гледа во: воведувањето на

автоматски благајни (самопослужно банкарство); воведувањето на тн. домашно

банкарство; развивањето на тн. плаќања преку телефон или други современи функции

(вршење различни услуги за населението, плаќање сметки и сл.). Екстерното

иноваторство има широк дијапозони опфаќа: воведување дебитни и кредитни

картички; вршење определени финансиски трансакции поврзани со трендот на

секјуритизација (емитирањето и трговијата со хартии од вредност); издавање

современи специфични гаранциски права (тоа се кредитни линии за поддршка, чија

карактеристика е да ја зголемуваат ликвидноста на комитентите, така што ќе им

овозможуваат директно кредитирање); конверзија на одделни банкарски кредити во

хартии од вредност и нивна продажба на финансиските пазари; продажба на банкарски

Page 16: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

16

кредити (продажба на кредити пласирани во успешни деловни субјекти, но коишто

немаат соодветно место на пазарот на хартиите од вредност); претворање на долговите

на комитентите во акционерски капитал (конвертирање на конвертабилниот долг на

субјектите во деномирани акции во домашна валута на странските доверители);

предвремена отплата на долгот на домашните субјекти и натамошно проширување на

заедничкиот телекомуникациски систем SWIFT (Society for Worldwide interbank

Telecommunication).

ѓ) Други услуги. Банките нудат услуги во различни области, и тоа:

маркетинг во банкарството, консалтинг и инженеринг услуги, термински банкарски

работи, чување вредни предмети во сефови, издавање акредативи и други инструменти

во меѓународниот платен промет и др.

2.2 Услуги што ги нудат банките – најзначајни

банкарски работи

Постојат голем број услуги што денес ги извршуваат банкит.е. Постојаното

зголемување на нови банкарски активности и функции, честопати иницира потребата

да се раздвојат и анализираат. Во таа смисла се разликуваат две посебни сфери на

банкарски работи, и тоа: краткорочни (обртни) и долгорочни (инвестициски)

банкарски работи. Секоја од овие две сфери се дели на следниве групи: активни

банкарски работи, пасивни банкарски работи, неутрални и сопствени банкарски

работи.

2.2.1 Активни банкарски работи

Активните банкарски работи ги опфаќаат сите оние активности кај коишто

банката се јавува во улога на доверител или кредитор, а притоа средствата што ги

собира (мобилизира) со мобилизаторските банкарски работи ги пласира во вид на

кредити. Како кредитна банкарска работа се смета онаа кога банката на својот

комитент му дава на кредит определена сума пари, а комитентот се обврзува таа

сума да ја врати во договорениот рок и да и плати на банката определен надоместок

во вид на камата. Пред да го одобрат кредитот банките вообичаено ја испитуваат

кредитната способност на барателот на кредитот, а често бараат и гаранција од трети

лица за обврските на должникот по дадениот кредит.

Page 17: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

17

2.2.2 Пасивни банкарски работи

Пасивните (мобилизаторски) банкарски работи се оние банкарски работи во

коишто банката се јавува во улога на должник (има обврска) кон сопствениците на

депонираните парични средства. Со овие банкарски работи се прибираат и

концентрираат парични средства. Во зависност од тоа какви резултати постигнува

банката на планот на мобилизирањето на паричните средства, зависи и нејзината

активност на кредитната страна, односно на страната на банкарските пласмани. Тие

даваат финансиски потенцијал и овозможуваат подобро работење. Во билансот на

банката овие средства се јавуваат на страната на пасивата.

А) Краткорочни пасивни банкарски работи

Краткорочни пасивни банкарски работи се следниве:

а) емисија на пари;

б) мобилизирање на парични депозити;

в) емисија на благајнички записи; и

г) меѓубанкарски пасивни работи.

а) Емисија на пари

Емисијата на пари, како пасивна банкарска работа настанува уште во

еволуцијата на златниот стандард, кога емисиската банка и други привилегирани

банки издаваат белешка за определена количина злато што се депонира во

банката.4 Имателот на овие банкоти имал право на побарување од банката за

определена количина злато во вредност а на којашто гласела белешката, додека во

меѓувреме банката била негов должник. Со постепено намалување на златната

подлога, односно со издавањето поголема номинална вредност на парите од

вредноста на златото на којашто гласела банкнотата и сé поголемото влијание на

државата во емисијата на парите потребни за платниот промет, всушност, се

менува и сфаќањето за вредноста на парите, и со тоа банкотите стануваат законско

задолжително средство за плаќање на подрачјето на одредена држава и со тоа

добива ново економско значење и улога во платниот промет. Банкнотите

преминуваат од сурогати (за меници) на парите во "вистински" пари. Во вакви

4 Katunaric, рrof. dr Ante Banka, Principi i praksa bankovnog poslovanja, 3 izdanje, informator Zagreb, 1981, str.

215

Page 18: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

18

односи емисијата на книжни и ковани пари претставува специфична банкарска

работа во секоја земја чија улога и е доверена на централната банка.

Бидејќи емисијата на пари не била ограничена со количеството злато што

било депонирано во банката, се јавила реална опасност од прекумерна емисија на

пари, што можела многу негативно да влијае врз стопанството, особено врз порастот

на инфлацијата во земјата. Затоа, емисијата на пари е под контрола на државата,

најчесто на централната банка. Таа ја одржува вредноста на парите и е задолжена за

регулирање на количината пари во прометот и нејзиното одржување на потребното

ниво.

б) Мобилизирање на парични депозити. Примањето вредности на чување кај

банката, од самиот почеток на банкарското работење, претставува една од првите

класични банкарски работи од коишто е развиено современото банкарство. Во

зависност од видовите вредности што се депонираат во банката и начинот на

располагање со нив од страна на сопственикот, депозитите се делат на прави депозити

и неправи депозити.

Овој вид депозитни работи претставуваат основни пасивни банкарски работи, од

којашто зависи работењето на одделна банка, а особено нејзиниот кредитен

потенцијал и одобрувањето краткорочни кредити.

в) Емисија на благајнички записи

Благајничките записи се краткорочни хартии од вредност со коишто издавачот

се обврзува дека на имателот на записите ќе му ја исплати номиналната вредност на

која тие гласат и каматата, во рокот на втасување. Благајничките записи претставуваат

инструмент за монетарно регулирање. Во суштина, тие се висококвалитетни хартии од

вредност со коишто имателите можат да тргуваат на пазарот на хартии од вредност.

Имено, доколку имателот на благајнички записи се има недостиг на ликвидни средства

во определен момент, а во своето портфолио располага со благајнички записи, тој

може нив да ги понуди за продажба на пазарот на други заинтересирани лица. На тој

начин, тој лесно доаѓа до потребните ликвидни средства за извршување на својата

активност. Доколку, пак, смета дека станува збор за привремен недостиг на

ликвидност, наместо да ги продаде благајничките записи, имателот може да побара

кредит на пазарот на пари, а како обезбедување (залог) може да ги понуди

благајничките записи.

г) Меѓубанкарски пасивни работи

Page 19: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

19

Во пасивни банкарски работи посебно место заземаат работите што банката

ги остварува преку задолжување кај други банки. На тој начин банката доаѓа до

средства, а во истовреме се јавува во улога на должник кон позајмувачот на тие

средства.

Меѓу покарактеристичните краткорочни меѓубанкарски работи спаѓаат:

реесконтот. Реесконт е пасивна банкарска работа според којашто одделна

банка мениците ги есконтира (т.е.. ги продава) на некоја друга банка (централната

или друга комерцијална банка)5. Меницата еднаш е есконтирана кога ремитентот ја

отстапил на банката и со тоа подигнал кредит којшто во рокот на втасувањето на

меницата треба да го врати. Банката наместо меницата да ја држи кај себе до рокот

на втасувањето, таа пред тој рок повторно ја есконтира, значи ја реесконтира кај

некоја друга банка (најчесто кај централната банка). Кога ќе стигне рокот на

втасување на меницата, должникот ја подмирува својата менична обврска кај банката

што ја примила меницата на реесконтирање;

реломбардот. Реломбардот е многу слична банкарска работа на реесконтот

само што овде не се предмет на отстапување меници, туку други хартии од вредност.

Ако на одделна банка и требаат и парични средства, а има хартии од вредност што

кај неа се заложени (ломбардирани), таа повторно ќе ги заложи (ќе ги реломбардира)

кај централната или кај некоја друга банка и на таков начин ќе дојде до ликвидни

средства. Накратко, ломбардот и реломбардот се состојат од давање во залог на

хартии од вредност и подигање заем што изнесува извесен процент од вредноста на

тие хартии;

револвинг (поштенски) кредити. Чести се случаите кога одделна банка не може

да изврши определен налог, бидејќи нема доволно средства за негово покритие, па во

такви случаи таа се договара со други банки да ја кредитираат, додека покритието не

стигне. Тие кредити се нарекуваат револвинг кредити.

Б) Долгорочни пасивни банкарски работи

Долгорочните банкарски работи претставуваат облик на мобилизација и

концентрација на долгорочни средства што банката ги користи за кредитирање на

развојот на индустријата и прометот.6 Банките се заинтересирани да прибираат и

концентрираат средства што се орочени на подолг временски период.

5Трпески, Љупчо, “Банкарско работење”, Скопје, 1985г., стр.58 и 59 6 Katunaric, prof. dr Ante ,“Banka', Principi i praksa bankovnog poslovanja, op.cit., str.223

Page 20: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

20

Меѓу најважните долгорочни пасивни банкарски работи спаѓаат:

a) орочување депозити;

б) издавање вредносни хартии;

в) добивање долгорочни кредити од странство.

2.2.3. Неутрални банкарски работи

Ако се анализираат банкарските работи од аспект на нивната важност, тогаш

активните и пасивните банкарски работи претставуваат нејзини главни работи,

додека неутралните се споредни.7 Неутрални банкарски работи се нарекуваат така

бидејќи банката не се јавува ниту во улога на должник, ниту во улога на доверител.

Токму, овие активности уште се нарекуваат и посреднички, односно комисиони банкарски

работи. За извршените услуги банката не наплатува камата, туку провизија.

Меѓу позначајните посреднички работи спаѓаат следниве видови:

а). чување и управување со вредности или депо-работи. Банките се знимаваат и со

чување и ракување на одделни вредности на своите комитенти.8 Тие најчесто имаат

посебно изградени простории за таа намена-трезори (сефови).

Правните лица, во банка најчесто депонираат различни вредносни хартии, на пример,

меници, обврзници и слично. Физичките лица (граѓаните), пак, најчесто депонираат

злато и накит;

б). купување и продавање вредносни хартии, девизи, валути и скапоцени метали за туѓа

сметка. Овие банкарски работи многу се присутни во развиените земји каде што

постои развиен пазар на вредносни хартии. Имено, банките, за сметка на своите

комитенти, вршат купопродажба на вредносни хартии или на берзите вршат

купопродажба на девизи и валути, како и на благородни метали. Тие, притоа, имаат

неколку предности: стануваат ликвидни, не ангажираат сопствени средства,

донесуваат висока провизија, овозможена е заработувачка преку разликите во

курсевите и др.;

в). преземање емство и давање гаранции. Издавањето гаранции од страна на банките

на своите комитенти претставува особено важна банкарска работа, како и издавањето

кредити, и тоа како за комитентите на банката, така и за самата банка. Со оглед на

7Vuckovic, Dr Milos, “Organizacija I poslovanja kreditnih preduzeca”, Bankarske poslovanje, 1948, str.115 I 116

8Трпески, Љупчо, “Банкарско работење”, Скопје, 1991, стр.54

Page 21: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

21

ризичноста на оваа банкарска активност, супервизорските органи и придаваат ист

третман при своите контроли, како и на кредитната активност на банките.

2.2.4. Сопствени банкарски работи

Во поширока смисла на зборот активности на одделна банка се нејзини

сопствени работи, бидејќи таа ги врши во свое име и за своја сметка.9 Меѓутоа, во

потесна смисла, вообичаено е под сопствени работи да се подразбираат оние работи

што банката сама ги иницира за стекнување заработувачка којашто не е ниту камата,

ниту провизија, туку посебна деловна добивка. Банката ги врши овие работи со

единствена цел да оствари што поголема заработувачка. Меѓу покарактеристичните

банкарски работи од овој вид се арбитражните работи, берзанските шпекулации,

конверзијата и свопот.

2.3 Принципи на банкарското работење

Постојат повеќе основни принципи во банкарското работење, и тоа: принципот

на ликвидност, принципот на сигурност и ефикасност, принципот на рентабилност и

принципот на транспаретност.

2.3.1 Принципот на ликвидност

Ликвидноста претставува клучен елемент што влијае врз здравото и успешно

работење на комерцијалните банки. Адекватната ликвидност е неопходна за нормално

функционирање на банката и за задоволување на потребите на нејзините клиенти.

Бидејќи банките, по правило, работат со туѓи парични средства, тие се обврзани на

сопствениците (според договор) да им ги врати тие средства, или, доколку се депозити

по видување, да биде способна да им ги врати во секој миг.

Ликвидноста е суштинска способност на банката навреме и во краток рок да ги

исполнува пристигнатите обврски, без да ги користи средствата од задолжителната

резерва. Банката ќе може во секој момент да одговори на своите обврски само ако

постојано ги анализира, следи и усогласува изворите на средствата со пласманит.е.

Класично правило е од краткорочните депозити да се даваат краткорочни кредити, а од

долгорочните депозити - долгорочни кредити. Меѓутоа, во современото банкарство

9Ашталковски, Саво и Превала Шабан, “Банкарство”, Скопје, Графотрејд, 2005, стр. 189 и 190

Page 22: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

22

свесно се отстапува од ова класично правило и се врши рочна трансформација во

структурата на средствата и пласманите .10

Оттука, зависност од условите и времето потребно за претворање на побарувањата на

банката во готовина или парични средства, тие се групираат во три категории на

ликвидност, односно:

а) примарна ликвидност во којашто спаѓаат: готовите средства во благајната и

вишокот ликвидни средства на банката на жиро-сметката кај Народна банка над

резервата за ликвидност. Примарната ликвидност и овозможува на банката уредно да

ги извршува налозите на своите комитенти, навреме да ги плаќа втасаните обврски и

непречено да ја извршува кредитната активност. Ваквата ликвидност ги отстранува

привремените, т.е. дневните осцилации во приливот и одливот на парични средства и

успешно ги амортизира. Стапката на примарна ликвидност не е утврдена со пробни

прописи и не е дефинирана, туку емпириски е определена и утврдена, и тоа различно за

секоја банка;

б) секундарна ликвидност. Покрај средствата за обезбедување примарна ликвидност

овде влегуваат и оние извори на ликвидност што можат лесно и брзо да се претворат во

ликвидни парични средства, односно во примарна ликвидност. Оттука овде спаѓаат

средствата од резервниот фонд на банката, мениците и други вредносни хартии што

банката може лесно да ги есконтира на централната банка, пришто постои и можноста

за користење краткорочен кредит за ликвидност од Народната банка.

в)терцијарна ликвидност, што ја сочинуваат оние делови од активата или оние

побарувања на банката коишто таа многу потешко може да ги претвори во готови

парични средства или во парични средства што ги држи кај Народната банка.

Проблемот со ликвидноста на одделна банка е проблем на односот меѓу

нејзините обврски и нејзините пласмани, за што треба да постои усогласеност и на

роковите.

Ликвидноста е важна секојдневна обврска на секоја банка. Управувањето со

ликвидноста е една од најважните задачи на банката. Управувањето со ликвидноста

може да ја намали веројатноста за настанување сериозни проблеми во работењето на

банката. Токму заради тоа треба да се почитуваат неколку принципи, односно11

:

- секоја банка треба да има утврдено стратегија за секојдневно управување со

10Трпески, Љупчо,,,Банкарско работење”, Скопје, 1985., 47-48стр. 11Стаменковски, Aлекса,Банкарски менаџмент”, Скопје, 2006г., 135стр.

Page 23: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

23

ликвидноста;

- мора да постојат утврдени политики за управување со ликвидноста;

- треба да се преземаат неопходни чекори за следење и контролирање на ризикот

поврзан со ликвидноста;

- бордот на директори мора да биде редовно информиран за состојбата на

ликвидноста на банката и промените на моменталната и можната позиција на

ликвидноста;

- создавање ефективна стратегија за ликвидноста;

- поседување информациски систем за мерење, следење и контролирање на

ризикот сврзан со ликвидноста;

- следење и мерење на потребите на финансиски средства;

- разгледување на претпоставките што се користат за управување со ликвидноста;

- разгледување на сопствените активности со коишто се воспоставуваат односи

меѓу сопствениците на финансиски средства;

- правење план за одржување на ликвидноста во случај на неочекувани настани;

- поседување систем за мерење, следење и контрола на сопствената позиција на

ликвидноста со валутите со коишто банката работи;

- поседување систем за интерна контрола на процесот на управување со ризикот

на ликвидноста;

- супервизорите треба да вршат оценка на стратегиите, политиките, процедурите

и практиките на банката што се однесуваат на управувањето со ликвидноста;

- располагање со механизам што овозможува обезбедување соодветни

информации во врска со јавното мислење за банката и нејзината репутација.

Неопходен предуслов за целосно управување со ликвидноста на банката е таа да

има соодветен информациски систем. Информацискиот систем ги детализира:

потребите за одржување на ликвидноста и изворите на средствата кои се потренби за

задоволување на обврските во различно време и услови, да изготвува листа како се

обезбедуваат средствата потребни на банката, да врши проценка на добивката,

трошоците на пасивата, оцена на движењата на каматните стапки, информациите за

соодветноста на инструментите за контрола и обезбедување, информациите за

програми за обезбедување средства од субјекти со кои не се изградени односи и кои би

предизвикале поголеми трошоци и сл.

Page 24: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

24

Изворите за одржување на ликвидноста од коишто банката може да да го финансира

своето работење се: преку продажба на средства, зголемување краткорочното и

долгорочното позајмување, привлекување на краткорочни обврски и зголемување на

капиталните фондови. Кој од овие извори ќе ги избере банката зависи од нејзината

севкупна финансиска состојба и кредитоспособност. Идеални средства за надминување

на неочекуваните ликвидни потреби на банката се оние што можат да се продадат за

кратко време и без поголеми загуби. Таков е случајот со хартиите од вредност. Покрај

со овие средства банките ги задоволуваат потребите за ликвидност и преку

депозитните обврски. Тие се еден од најзначајните извори за одржување на

ликвидноста. Банките привлекуваат клиенти да депонираат кај нив со повисоки

каматни стапки. Користењето на депозитните обврски како извор за покривање на

потребите од ликвидност, се врши до моментот до кога банката ќе биде подготвена да

ја плати цената за користење на тие извори.

Постои и тн. надворешна ликвидност, односно ликвидност на банките при

плаќањата со странство, а тоа подразбира обезбедување потребни девизни средства и

одржување соодветна рочна структура на пласманит.е. Притоа, како оптимална

стратегија се наметнува стратегијата на пласирање што е можно повеќе средства на

што пократки рокови за да се обезбеди доволна ликвидност и способност за плаќање

за било какви ненадајни и итни потреби. Ваквите потреби се задоволуваат преку тн.

управување со ликвидноста, при што таа се определува како способност во најкраток

рок од девизните резерви да се обезбедат доволни количини странски девизни

ликвидни средства.

2.3.2 Принцип на сигурност и ефикасност

Еден од основните принципи во банкарското работење е и принципот на

сигурност во извршувањето на определена активност онака како што биладоговорена.

Принципот на сигурност претставува апсолутна платежна способност што се

постигнува на тој начин што расположливите ликвидни средства значително ги

надминуваат втасаните обврски. Придржувајќи се на овој принцип, банката се

осигурува дека нејзиниот комитент кој добил од неа кредит, навреме и во целост ќе го

врати. За да не дојде во ситуација банката да не може да ги наплати своите побарувања

во својата деловна политика, водејќи се од принципот на сигурност, презема мерки и

активности со коишто ги обезбедува сопствените кредитни пласмани. Токму затоа

Page 25: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

25

банката ја оценува имотната состојба на кредито-барателот и неговото деловно

работење, при што се обезбедува и со кредитно покритие дека кредитот ќе биде

вратен. Испитувањето на материјалната (проверката на деловната способност на

комитентот) и формалната (проверката на правната способност на комитентот)

кредитна способност е основна обврска на стручните кадри во банката, банкарските

раководители/менаџерите и кредитните одбори.

Степенот на сигурност се зголемува со воведувањето на кредитно портфолио

што игра голема улога во современите пазарни економии особено при договарањето за

пласман накредити. Сигурноста, исто така, е важна за акционерите, бидејќи загубите

на банката (доколку се од посериозни размери) можат да предизвикаат загуби кај

нивните влогови.

Ризикот на сигурноста за банката може да се јави во повеќе форми, и тоа како:

- поединечен ризик на сигурност што се поврзува со еден комитент и еден

кредитен договор, а се појавува поради променетата деловна и финансиска

ситуација на комитентите до којашто доаѓа под влијание на одделни

субјективни или објективни фактори;

- професионален ризик на сигурност, што се појавува во однос на еден или

повеќе комитенти, особено кога доаѓа до брзо опаѓање на конјуктурата, цените,

растот на залихите, техничкиот прогрес и сл., што значително ја менува

структурата на производството; и

- општиот ризик на сигурност, што се јавува поради виша сила, под влијание на

природни катастрофи, војни, политички промени или други причини кои ги

менуваат претходно утврдените договорни услови за наплата.

Со овој принцип е поврзан и принципот на солветност, што претставува

способност на банката навреме и на подолг рок да ги извршува обврските, задржувајќи

ја притоа способноста за нормално работење.

Принципот на ефикасност подразбира банката да може да ги насочува своите

пласмани кон оние субјекти коишто ќе постигнат најдобри резултати, рентабилност и

продуктивност. Овој принцип подразбира остварување профитабилни економски

резултати во банкарското работење од пласманите на капиталот. Одделни теоретичари

го нарекуваат ,,реформаторски” принцип, поради што слабата ефикасност од

пласираниот капитал е причина за реформски зафати во деловното банкарство.

Ефикасното вложување средства подразбира постигнување успешни економски

Page 26: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

26

резултати на банкарската активност особено во областа на нејзините пласмани.

Ефикасноста на вложувањата може да се цени од аспект на поединечните кредитни

операции на банката, а може и од гледиште на деловниот субјект, како корисник на

кредитот или од аспект на банката, како целина. Политиката на пласмани на банката е

најсложен и најодговорен дел на нејзината деловна политика. Доколку банкарскиот

кредит добро е одмерен и насочен кон вистинскиот корисник и за економски оправдана

намена, тогаш влијае како активен фактор на ликвидноста, континуитетот и

стабилноста на производството, го поттикнува и забрзува стопанскиот развој и

технолошкиот процес, временски ги намалува циклусите и го забрзува процесот на

општествена репродукција.

Отука, ако банката не ги почитува овие принципи во своето работење, тогаш таа

може да западне во неликвидна состојба.

2.3.3 Принцип на рентабилноста

Принципот на рентабилност претставува индикатор на деловниот успех на

банката, односно гаранција запостигнување што поголеми економски ефекти со

вложените средства. Остварувањето што поголем профит е основен мотив на секој

стопански субјект, па и на банките, притоа водејќи сметка за одржувањето на

ликвидноста. Доколку тоа не се почитува, банкротството е неизбежно. Затоа, банките

треба да се ориентираат кон стабилни и сигурни профити со коишто нема да се

доведува во прашање принципот на ликвидност.

Принципот на рентабилност во себе ги инкорпорира сите деловни резултати на

банката, односно претставува сублимат на сите досега наброени принципи

(ликвидност, сигурност и ефикасност).

2.3.4 Принцип на транспаретност

Почитувањето на принципот на транспаретност, како важен принцип во

банкарското работење, всушност, претставува обезбедување доволно податоци на

јавноста за нејзиното работење. Притоа, треба да се води сметка за навременото

објавување на податоците за нејзиното коорпорациско управување, точноста и

достапноста за сите субјекти на кои им се потребни податоцит.е. Важно е да се знае

кои се акционери на банката, составот на раководниот тим на банката, локацијата и

видот на финансиските активности што таа ги извршува и билансот на успех и состојба

Page 27: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

27

на банката. Овластени ревизорски куќи, најчесто на крајот на календарската година,

најмалку еднаш во годината, треба да ги проверат и ревидираат финансиските

извештаи на банката, т.е. да го дадат нивното мислење за реалноста на искажаниот

финансиски резултат и другите показатели. Ревизорското мислење се објавува во

најмалку еден од дневните весници.

3. Кредитирањето на банкарските институции, како

најзначајна банкарска функција

3.1 Поим и значење на кредитите и кредитирањето

ктивни банкарски работи се нарекуваат сите оние со коишто банката,

мобилизираните финансиски средства ги пласира во вид на кредити. Кај

овие работи банката се јавува во улога на доверител.

Основната карактеристика на кредитот е неговото враќање. Банката на

определен комитент му дава на кредит определена сума пари, а корисникот е должен

да го врати кредитот во договорениот рок и да ѝ плати на банката одреден

надоместок во вид на камата.

Од особена важност за секоја банка е да ѝ се враќаат кредитите во

договорените рокови. При одобрувањето на кредитите и вршењето други пласмани

банките секогаш треба да ја имаат предвид потребата од одржување на неопходната

ликвидност, пред сé, заради задоволување на нивните секојдневните финансиски

активности (плаќање на обврските за задолжителна резерва кај централната банка).

Дел од активата на банката треба да има карактеристика на висока ликвидност,

односно да може брзо да се наплати и претвори во примарна ликвидност, дури и ако

таквите пласмани носат помал приход за банките, отколку другите нивни пласмани.

Ова е неопходно затоа што трошоците на банкат,а што можат да настанат во случај

на појава на нејзина неликвидност можат да бидат далеку поголеми, па дури и

катастрофални за неа, зашто може дури и да банкротира, за разлика од

опортунитните трошоци на банката за држење нископрофитни пласмани во нејзиното

портфолио.

А

Page 28: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

28

Кредитирањето, како однос, се заснова врз основа на определени услови што

треба кредиторот (банката) и кредитираниот да ги исполнат или да ги прифатат, а

тие можат да бидат од најразлична природа. Процесот на кредитирањето започнува

со поднесувањето на барање од страна на барателот за одобрување кредит. Притоа,

кредитниот службеник треба да има сознанија за финансиската состојба,

карактерот, чесноста на клиентот и други фактори што имаат значење при

пресудувањето за одобрување кредит. Често се бараат и гаранции од трети лица за

обврските на должникот по одобрениот кредит. За долгорочните кредити е потребно

доставување инвестициска програма, копии од решението за регистрација на

друштвото со сите прилози, картон за депонирани потписи, заверени од матичната

банка и известување за главната дејност на друштвото, финансиски извештаи за

последните две години, список на целокупниот имот со којшто располага барателот

на кредитот, имотниот лист и прометот во денарски и девизни средства на сметките

на комитентот во други банки. Исто така, треба да се обработи кредитното барање,

да се направи кредитна анализа, па потоа следува донесувањето одлука за

одобрување кредит, а на крај се склучува договор. Со договорот се регулираат

најважните прашања: видот, намената и износот на кредитот, каматната стапка,

провизиите и другите трошоци, рокот и начинот на отплата, начинот на користење

итн. Во фазата на извршувањето на кредитот, банката му ги префрла паричните

средства на должникот. Отплатата на кредитот се врши во повеќе рати (ануитети)

според направен план на амортизација. Се до конечното враќање на кредитот,

планот треба да се следи. Одобрувањето кредити има карактеристики на обемност и

сложеност. Оттаму произлегува потребата банките да вршат внимателни кредитни

анализи и соодветно структуирање на видовите кредити што ги одобруваат, но се

разбира притоа имајќи гопредвид остварувањето на основната цел на банката:

максимализирање на нејзината добивка.

Банките, во поглед на пласманите, се лимитирани од вкупните банкарски

ресурси со коишто располагаат. Но, сепак, тие можат да пласираат онолку кредити

колку што имаат банкарски средства. За банките кредитите претставуваат најзначајна

група средства во билансот на состојба (со учество од 50% од вкупните средства).

Истовремено, кредитите се основен извор на приходи за банките, бидејќи нето-

каматните приходи учествуваат со 50%-60% во вкупните редовни приходи.

Финансиските пласмани на банката секогаш се еднакви на финансиските потенцијали

Page 29: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

29

на банката. Притоа, за да одржат структурна билансна рамнотежа меѓу агрегатите во

кредитниот потенцијал и кредитните пласмани на банката, тие го почитуваат

принципот што овозможува, врз основа на краткорочните потенцијали да се даваат

краткорочни кредити, а врз основа на долгорочните потенцијали, да се даваат

долгорочни кредити .

Од друга страна, кредитирањето се јавува како основен извор на ризици во

банките. Искуството покажува дека банките, најчесто, банкротираат поради лошиот

квалитет на кредитите што, пак, може да биде последица на повеќе фактори: отсуство

на здрави кредитни политики и процедури, лошо управување со кредитниот ризик и

др.

3.1.1 Цена на кредитите - камата

Најтешка задача со којашто се соочува секоја банка при одобрувањето кредити на

компаниите и другите комитенти- позајмувачи е донесувањето одлука како да се

формира цената на кредитит.е. Банката нормално е секогаш да сака да наплати доволна

висока каматна стапка, со што би се осигурала дека со неа ќе го надомести ризикот што

во себе го носи одобрувањето кредит и трошоците што таа ги прави за реализирање на

определен кредит. Меѓутоа, овде треба да се има предвид и тоа што кредитот треба да

биде атрактивен и за самите клиенти, односно каматната стапка треба да биде доволно

ниска за да може комитентот успешно да го врати и да се определи да земе кредит од

избраната банка, а не од некоја друга. Големо влијание врз каматната стапка има и

конкуренцијата.

Имено, за да може банката однапред да ја утврди височината на каматната стапка

на кредитите, таа треба да земе предвид повеќе фактори: а)основната каматна стапка;

б)провизиите што се поврзани со одбрувањето кредит; в)премијата на кредитниот ризик,

г) обезбедувањето на кредитот; и д)другите некаматни услови. Каматната стапка се

утврдува како збир од основната кредитна каматна стапка и премијата за кредитниот

ризик или маржата.

За определување на кредитната каматна стапка, најпрвин, треба да се утврди

основната каматна стапка, а потоа составните компоненти на маржата, што се додава на

основната каматна стапка. Таа е просек на капиталните трошоци за собирање средства од

коишто се одобруваат заемите. Меѓутоа, банките како основна каматна стапка, најчесто,

користат некоја реперна стапка, што се формира на пазарот на пари, на пример, стапката

Page 30: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

30

на комерцијалните хартии од вредност, есконтната стапка на централната банка итн.

Основната каматна стапка се зголемува за износот на различните провизии што ги

наплатува банката. За да се компенизираат поголемите трошоци за администрирање и

следење на кредитите, провизиите се поголеми за помалите кредити. Тие, исто така,

можат да бидат поголеми за поризничните кредити, отколку за помалкуризичните

кредити. Постојат неколку видови каматни стапки, и тоа:

- номинална каматна стапка. Тоа е онаа каматна стапка по којашто се

заклучува договорот за кредитирање и според којашто се врши

пресметување на каматата при нејзината исплата, односно враќањето на

кредитот. Таа може да биде: фиксна (непроменлива – стабилна камата на

финансискиот пазар) и варијабилна (променлива, во зависност од

состојбата на финансискиот пазар, просечната цена на капиталот и

состојбата и промената на инфлацијата);

- стварната каматна стапка е поголема од номиналната и тоа во случај кога

таа се плаќа антиципативно и кога кредиторот бара од корисникот тој да

орочи определен износ на средства;

- реалната позитивна каматна стапка е онаа кога стварната каматна стапка

е поголема од стапката на инфлација. Со реалната позитивна каматна

стапка, во услови на инфлацијата, деловните субјекти се поттикнуваат да

не земаат кредити, бидејќи ќе плаќаат поголема камата од инфлацијата и на

тој начин позитивно ќе се влијае врз намалувањето на инфлацијата;

- реалната негативна каматна стапка се користи кога каматната стапка е

пониска од стапката на инфлацијата. Оваа стапка влијае негативно бидејќи

ги стимулира должниците да земаат кредити и на тој начин инфлаторно да

дејствуваат;

- релативната каматна стапка е процентуален дел од годишната каматна

стапка што се пресметува за период помал од 1 год;

- конформната каматна стапка е дисконтирана годишна каматна стапка на

пресметковен период помал од 1год;

- либор е меѓубанкарска каматна стапка на пазарот во Лондон, што најчесто

се применува при користење странски кредити.

3.2 Видови кредитирања што ги вршат банките

Page 31: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

31

Одобрувањето кредити го претставува најзначајниот дел од активностите на

банкарската институција. За поголем број банки кредитите претставуваат повеќе од

половината од нивната актива и две третини од нивните вкупни приходи.

Постојат поголем број поделби на кредитите, меѓу кои е и поделбата според

корисниците, и тоа: кредитирање на деловните субјекти, кредитирање на населението

и ненаменски кредити.

3.2.1 Kредитирање на деловните субјекти

Поделбата на кредитите на правните лица може да се изврши според различни

критериуми, односно според намената, големината на субјектите, должината на траење

на кредитот, валутата итн. При кредитирањето на деловните субјекти најчесто се

сретнуваат следниве видови кредитирања: кредити за обртни средства, кредити за

основни средства, проектно финансирање, кредити за мали и средни деловните

субјекти, краткорочни и долгорочни кредити и денарски и девизни кредитирања.

3.2.1.1 Кредити за обртни средства

Според намената за којашто се даваат овие кредити, тие се делат на кредити за

обртни средства и кредити за основни средства. Бидејќи тие се со долгорочен карактер,

уште се нарекуваат и инвестициски кредити.

Кредитното барање за одобрување кредит за трајни обртни средства до

банката се доставува со:

- одлуката за задолжување од надлежен орган на правното лице-

кредитобарател;

- преглед на сметководствената состојба од каде што може да се утврди

состојбата на залихите, побарувањата и сл.;

- финансиски извештаи за последните две години; и

- состојбата со трајните обртни средства, според последната пресметка.

Стручните служби на банката, откако ќе го обработат кредитното барање,

составуваат реферат со предлог-одлука и го доставуваат до кредитниот одбор на

банката што треба да донесе конечна одлука. Доколку одлуката е позитивна, тогаш

корисникот на одобрениот кредит заклучува договор со банката.

Page 32: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

32

Кредитите за сезонски залихи се едни од најчестите што банките им ги

одобруваат на деловните субјекти за финансирање на сезонскиот раст на залихит.е.

Тие се краткорочни кредити и се отплаќаат веднаш, но не се необезбедени, а се

одобруваат за набавка на материјали или трговски стоки, па кога подоцна производите

или стоките ќе бидат продадени и наплатени, кредитите се враќаат.

Кредитните линии (рамковни кредити). Кредитите за обртни средства,

најчесто, се јавуваат во вид на кредитни линии што се нарекуваат и како рамковни

кредити. Кредитната линија претставува договор за кредитирање со којшто банката му

става на располагање на клиентот одреден износ, којшто може да се искористи во

определен временски период. Доколку не се обнови кредитната линија, таа се користи

во период од шест месеци до една година. Кредитната линија е погодна за деловните

субјекти коишто имаат потреба од финансирање. Значи, кредитната линија е популарна

форма на финансирање на краткорочните финансиски потреби на деловните

субјектикоишто, на овој начин, ги финансираат сезонските промени на обртните

средства, без притоа банките да им бараат некакво покритие на комитентит.е.

Предностите на кредитната линија се состојат во следново:

- комитентот не е должен за секоја потреба да поднесува барање до банката за

одобрување кредит;

- комитентот е слободен во склучувањето договори со деловните партнери и

- комитентот кредитот го користи тогаш кога му е потребен.

Многу слични на кредитните линии се и обновливите кредити, што

претставуваат преодна форма од краткорочните и долгорочните кредити, затоа што

покриваат период од две до пет години. И во овој случај банката и клиентот се

договараат за износот на кредитот што може да се искористи во определен временски

период.

Кредитите за залог на обртни средства се краткорочни кредити што банките

ги одобруваат врз основа на заложување залиха на материјали или готови производи,

или побарувања од купувачит.е. Тие се одобруваат до определенн процент од

книговодствената вредност на обезбедувањето, т.е. 40%-60% од вредноста на залихите

и 70%-80% од вредноста на побарувањата на купувачит.е.

3.2.1.2 Кредити за основни средства

Page 33: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

33

Кредитите за основни средства се наменети за финансирање на среднорочни и

долгорочни деловни инвестиции на деловните субјекти. Рокот на враќање на тие

кредити е повеќе од една година. Одобрениот кредит компанијата го искористува во

целост/одеднаш или во некој разумно краток период, најчесто до 60 дена. Компанијата

го отплаќа кредитот на рати (месечни, тримесечни или шестмесечни). За неговата

отплата компанијата го користи текот на идните заработувачки од коишто се врши

отплата на амортизацијата и самиот кредит. Правното лице кое бара кредит за основни

средства, најпрвин, треба да изработи инвестициски елаборат.

Во елаборатот се објаснуваат технолошкиот процес на инвестицискиот проект,

се определува времето на неговото траење, се оценуваат потребите од таквиот проект,

се презентираат анализи за извршените истражувања на пазарот, особено од аспект на

пласманот на производите, потоа набавката на суровините и репроматеријалите и, на

крај, се дава оценка за оправданоста на проектот низ призмата на рентабилноста,

економичноста и продуктивноста.

Така изработениот инвестициски елаборат од страна на кредитобарателот се

доставува до банката на разгледување.

3.2.1.3 Проектно финансирање

Банките можат да одобруваат кредити за финансирање изградба на трајни

основни средства, наменети за генерирање приходи во иднина (термоцентрали,

рафинерии, рудници итн.), односно кредити за посебни проекти12. Овие кредити се

едни од најризичните кредити. Тоа е така, бидејќи тие кредити гласат на многу големи

износи, каматните стапки можат да се изменат и да влијаат врз износот на кредитот,

реализацијата на финансискиот проект да биде одложена или да промена на законите

да дојде до негативна конотација врз проектот. Кредитите за одделни проекти можат да

добијат двојна форма, односно тие можат да бидат одобрени со клаузула на

засолнижчка основа на банките.

3.2.1.4 Кредити за мали и средни деловни субјекти

Кредитите за мали деловни субјекти се наменски денарски кредити или

денарски кредити со девизна клаузула, наменти за правните лица што остваруваат

12Неновски, д-р Томе ,,Формирање цени на производите и услугите на корпоративните банки”, Нам прес,

Скопје, 2005, стр.233-234.

Page 34: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

34

годишен приход до 2.000.000,00 евра (во денарска противвредност) и имаат 50

вработени. Овие кредити се наменети за финансирање набавка на постојани или

обртни средства, и тоа најчесто за:

- финансирање обртни средства (суровини, репроматеријали, трговска стока и сл.);

-финансирање основни средства (набавка на опрема, машини, алати, инсталации,

земјиште, реновирање и модернизација).

Кредитите за средни деловни субјекти се наменски денарски кредити или

денарски кредити со девизна клаузула, наменети за правните лица што остваруваат

годишен приход до 10.000.000,00 евра (во денарска противвредност), и имаат во просек

до 250 вработени, а просечната вредност на активата во билансот на состојба да биде

помала од 11.000.000,00 евра (во денарска противвредност). Максималниот износ на

кредит е 100.000,00 евра (во денарска противвредност). Намената на овие кредити

може да биде за:

- одржување тековна ликвидност или за обртни средства;

- трајни обртни средства, основни средства или зд 108 месеци за купување,

адаптирање и опремување на деловен простор;

Обезбедувањето на кредитите за средни деловни субјекти е со:

- меница со гаранти (бланко или со нотарски акт);

- хипотека на недвижен имот;

- залог на движни предмети и права;

- гаранција од домашна или странска банка;

- залог на хартии од вредност/акции од МБИ 10;

- залог на обврзници;

- други инструменти за обезбедување, прифатливи за банката

на клиентот.

3.2.1.5 Краткорочни и долгорочни кредити

Во зависност од рокот на враќање, кредитите се делат на: краткорочни и

долгорочни кредити. Банките, по правило, од краткорочните извори на средства

одобруваат краткорочни кредити, а од орочените депозити - долгорочни кредити.

а) Краткорочни кредити

Page 35: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

35

Краткорочните кредити имаат рок на враќање до една година. Банките

одобруваат краткорочни кредити, најчесто, за задоволување на привремените и

сезонските потреби на корисницит.е. Барателот на кредитот, во своето кредитно барање

до банката, треба да образложи дека кредитот ќе го користи за покривање на

потребите од обртни средства.

Постојат повеќе видови краткорочни кредити, и тоа:

- есконтен кредит;

- конто-корентни кредити (кредити на тековни сметки);

- ломбарден кредит;

- акцептен кредит;

- рамбурстен кредит;

- авален кредит;

- винкулациски кредит и

- кредитна линија.

Постапката за одобрување краткорочни кредити започнува со доставувањето

барање за кредит од деловниот субјект.13

Барањето се доставува со пополнет

формулар што содржи: појавената потреба од краткорочен кредит, видот на

кредитот, начинот на користење, рокот и динамиката на враќање итн. При

обработката се утврдуваат: височината на краткорочниот кредити, рокот и

динамиката на враќање, каматната стапка, начинот на користење на средствата од

кредитот, средствата за обезбедување и др. Во случај на позитивна оценка, пак, се

склучува договор во којшто е наведен износот на кредитот, условите на кредитот

итн.

1) Есконтен кредит

,,Есконтниот или дисконтниот кредит се одобрува врз основа на некое

побарување, и тоа врз основа на менично покритие и стоковни меници што

потекнуваат од производството или прометот. Имено, банките прибираат побарување

пред рокот на нивното втасување и врз таа основа одобруваат краткорочен кредит.

Тој се одобрува со рок на отплата од три месеца, односно до рокот на втасување на

меницата” 14

13

Види поопширно: Професија банкар, јануари 1996., бр.5, стр.29 и 30 14

Професија банкар, декември 2001., бр.76, стр.11

Page 36: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

36

Есконтниот кредит има неколку карактеристики според коишто се

разликуваат од другите краткорочни кредити, и тоа:

-поголема сигурност во наплатувањето. Имено, наплатувањето на кредитот се

заснова на тн. кумулативна гаранција. За него не гарантира само главниот должник,

туку и сите жиранти потпишани на меницата. Банката има право да избере жирант, кој

кредитно е најспособен и од него да бара наплатување на кредитот;

-брзината на наплатувањето;

-меницата, покрај што има кредитна функција, има и платежна функција. Преку

индосирање на меницата (пренесување на побарувањето по меницата на друго лице) се

врши плаќање, исто онака како што се врши со ликвидните парични средства;

-банката што дава есконтен кредит, своето менично побарување може

релативно брзо и лесно да го претвори во готови пари.

Овој кредит е еден од најстарите и најраспространети краткорочни кредити.

2) Конто-корентни кредити (кредит на тековни сметки)

,,Конто-корентните кредити се краткорочни кредити коишто банката на

своите клиенти им ги одобрува на тековна сметка на којашто комитентот е должен

да го води целокупното свое финансиско работење со сите наплати и исплати.”15

Суштината е во тоа што граѓаните кои имаат тековни сметки можат, по претходно

склучен договор со банката, да влегуваат во тн. минусно салдо до определен износ,

односно да вршат плаќање, иако на својата тековна сметка немаат средства. На тој

начин, тие се кредитирани од банката. Предности на овој вид кредитирање се што:

комитентот не мора да држи парични средства во вид на резерви; на позитивното салдо

на комитентот банката му исплаќа активна камата по видување; и комитентот не мора да

користи повеќе кредити отколку што му се потребни.

Деловните субјекти што имаат тековна сметка во банката, пак, сите свои

финансиски трансакции ги вршат преку неа.

Во случај кога тековната сметка е пасивна, тогаш друштвото се кредитира од

страна на банката. Она што е специфично и што го прави овој кредит да се разликува

од другите е тоа што средствата од кредитот на комитентот не му се ставаат веднаш на

располагање, во целиот износ.

15Трајковски, проф. д-р Бранко ,, Деловни финансии со финансиски менаџмент”, Економски факултет,

Прилеп, 2002, стр.269

Page 37: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

37

Комитентот според потребите искористува дел по дел од кредитот, а плаќа

камата само на искористениот дел од кредитот.

3) Ломбарден кредит

Ломбардниот кредит е краткорочен банкарски кредит што се одобрува врз

основа на заложени реални подвижни добра. Ломбардниот кредит е покриен кредит,

затоа што пред да го одобри банката, заради сигурност во наплатата, бара да се

депонира определен залог (накит, уметнички слики и скапоцени метали, најчесто

злато). Ломбардниот кредит редовно се користи за осигурување на потребните

парични средства на тековното производство и промет.16

Стопанските субјекти што се јавуваат како кредитобаратели заложуваат во

банката или вредносни хартии, или некои други подвижни реални добра. Кредитот,

по правило, се дава во височина од 60% до 75% од вредноста на залогот.

За банката овој кредит е многу поповолен, затоа што таа не само што

наплатува камата, туку е и сигурна дека комитентот ќе го врати кредитот, бидејќи

има дадено залог. Овој вид кредит е раширен во надворешната трговија, особено меѓу

земјите во коишто е развиена трговијата со хартии од вредност, зашто му овозможува

на сопственикот на хартиите, со заложување кај банките, да дојде лесно и брзо до

ликвидни средства, и тоа со умерена камата.

4) Акцептен кредит

Акцептниот кредит е специфичен банкарски краткорочен кредит затоа што

банката не му одобрува на комитентот парични средства, туку му ја акцептира

меницата и со тоа таастанува главен меничен должник. Комитентот на банката,

трасантот, издава меница за плаќање на своите обврски, меѓутоа таквата меница треба да

биде акцептирана од некоја банка, што се нарекува трасат, а којашто се обврзува дека,

доколку должникот не го исплати долгот, таа ќе ги подмири обврскит.е. Со

акцептирањето на меницата банката го подигнува угледот и кредитната способност на

издавачот на меницата. Добиената акцептирана меница деловниот субјект може да ја

користи како: инструмент за плаќање купена стока или услуга, како и за добивање

есконтен кредит во друга банка.

Секако дека банката, пред да одобри акцептен кредит, склучува договор со

својот комитент. Во договорот се именува височината на сумата, покритието на

кредитот што го нуди комитентот, рокот на траењето, провизијата и слично.

16

Katunarič, prof. dr Ante, ,,Banka, рrincipi i praksa bankovnog poslovanja”, op.cit., str.235

Page 38: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

38

5) Рамбурсен кредит. Рамбурсниот кредит се применува исклучиво во

меѓународниот стоковен промет, особено во прекуморската трговија. Рамбурсниот

кредит се јавува во две варијанти: директен и индиректен. Индиректниот рамбурсен

кредит се карактезира со тоа што меницата е акцептирана не во банката на увозникот,

туку во некоја трета банка, што се нарекува рамбурсна банка. Во оваа банкарска

активност, по правило, се вклучени пет субјекти, и тоа: 1) увозникот; 2) банката на

увозникот; 3) рамбурсната банка; 4) извозникот и 5) банката на извозникот17

.

Од оваа банкарска активност сите учесници имаат определени корисности, и тоа:

купувачот (увозникот) на овој начин се осигурува дека стоката што ја купил сигурно

ќе му биде доставена; продавачот (извозникот) на овој начин брзо ја наплатува

продадената стока. Тој ја има меницата, додека стоката е на пат; а банките, секако, за

својот удел во оваа активност, наплатуваат провизија. Кај директниот рамбурсен

кредит нема посредничка банка, туку банката на увозникот, истовремено е и

рамбурсна банка.

6) Авален кредит

Авалниот или гаранцискиот кредит е специфичен кредит, што е сличен со

акцептниот и функционира така што банката на својот клиент, со ставање потпис на

неговата меница, гарантира дека, доколку главниот должник не го плати долгот, таа ќе

го направи тоа. Комитентот, врз основа на така авалираната меница, може многу

полесно да добие стоков или есконтен кредит. Банката, при одобрувањето авален

кредит, не ангажира свои средства, но во исклучителни случаи, кога нејзиниот

комитент не може да ја плати втасаната меница, банката, како авалист, ја плаќа

меницата.

7) Винкулациски кредит

Винкулацискиот кредит е таков кредит што му се дава на купувачот за плаќање

одделна стока. Тој е сличен со рамбурсниот, но со таа разлика што стоката патува по

сувоземен пат. Овој кредит, главно, се користи кај од страна на земјоделските

производители.

б) ДОЛГОРОЧНИ БАНКАРСКИ КРЕДИТИ

17

Katunarič,prof. dr Ante,,Banka, рrincipi i praksa bankovnog poslovanja”, op.cit., str.237

Page 39: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

39

Долгорочните кредити, по правило, се одобруваат за финансирање на потребите

од проширената репродукција (развој на бизнисот), со рок на враќање од неколку

години, при што рокот на втасувањето на отплата треба да биде усогласен со векот на

користење на средството што се финансира.

Меѓутоа, банките треба да бидат многу повнимателни при одобрувањето

долгорочните кредити, затоа што ризикот да не можат да ги вратат средствата е многу

поголем, во споредба со краткорочните кредити. Токму заради поголемиот ризик,

вообичаено е овие кредити да имаат повисока каматна стапка, во однос на кредитите со

пократок рок на втасување. Најпознати долгорочни кредити се:

- инвестициски кредити;

- хипотекарските кредити и

- конзорциските кредити.

Инвестициските кредити се долгорочни кредити, наменети за финансирање на

долгорочни инвестициски проекти, како што се: рудници, рафинерии, нафтоводи,

електрични централи, пристаништа итн. Инвестициските кредити (project loans) се

даваат, најчесто, за купување опрема (машини и различни други апарати),

проширување на капацитетите или нивна реконструкција и модернизација.

При одобрувањето на инвестициските кредити банката мора многу внимателно и

стручно да го испита кредитното барање. Заради тоа, кредитите вообичаено се

одобруваат од страна на синдикат или конзорциум на банки (каде што секоја банка

учествува со еден дел од кредитот). Банката, покрај тоа што треба да ја утврди

кредитната способност на барателот на кредитот, исто така, треба да направи стручна

анализа на инвестицискиот елаборат за да ја утврди рентабилноста на инвестицијата.

Хипотекарските кредити ги одобруваат банките врз основа на заложување

(хипотека) на некој недвижен имот (земја, згради и сл.) од страна на барателот на

кредитот. Овие кредити спаѓаат во групата реални кредити, а тоа значи дека тие не се

одобруваат врз основа на кредитната способност на барателот на кредитот, туку врз

основа на недвижниот имот што се заложува. Вообичаено е кредитот да се одобрува во

височина од 50% до 60% од вредноста на заложениот имот. Притоа, за целото време,

додека не се врати кредитот, сопственикот на имотот не смее да презема никакви

дејства со кои би се намалила вредноста на имотот. Во тоа и се состои и недостатокот

на овој кредит, а тој има фиксна каматна стапка во целиот период сé до неговата

отплата.

Page 40: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

40

Освен традиционални хипотекарскиот кредит банките одобруваат и:

- конвертабилен хипотекарски кредит, што има променлива каматна стапка и

постои можност должникот да го конвертира кредитот со друг со фиксна

каматна стапка;

- хипотекарски кредит со променлива каматна стапка. Овде каматната стапка е

зависна од друга каматна стапка, што е чувствителна на тековните промени

на понудата и побарувачката на финансискиот пазар;

- хипотекарски кредит со растечка отплата;

- канадски хипотекарски кредит. Тој има пократки рокови на втасување од

традиционалниот;

- хипотекарски кредит со одложено плаќање на каматната стапка и

- хипотекарски кредит со флексибилно плаќање - 6 месеци се плаќа само

каматата, а потоа и главнината.”18

Засилената глобализација во 80. и 90. години на 20 век предизвика силно

зголемување на кредитирањето за финансирање на спојувањата и здружувањата на

компаниит.е. Во случаите кога се работи за некои поголеми износи на кредити што не

може една банка да ги одобри, најчесто, се здружуваат повеќе банки, формираат

банкарски конзорциум и одобруваат заеднички кредит. Во тој случај тие се договараат

која банка колкав удел ќе има во одобрувањето на кредитот. Притоа, банките го

распоредуваат и ризикот во случај на неможност да се врати кредитот.

Кај конзорцискиот кредит ризикот е далеку помал, во споредба со оној кога

една банка сама доделува кредит, во поголем износ.

Имено, конзорциските кредити се доделуваат кога се во прашање некои

поголеми инвестициски зафати или кога е во прашање вложување со повисок степен

на ризичност. Како гаранција за враќање на овие кредити, најчесто, се користи реалниот

имот на компанијата. Одобрувањето на овие кредити е со поголем ризик од стандардното

инвестициско кредитирање на компаниите, па затоа поради што банките при

одобрувањето на овие кредити мора да бидат многу внимателни.

3.2.1.6 Денарски и девизни кредитирања

Износот на денарските кредити зависи од потребите, кредитоспособноста,

бонитетот на клиентот, како и од типот, т.е. и вредноста на понуденото обезбедување.

18

,,Професија банкар”, декември, 2001, бр.76, стр.12

Page 41: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

41

Девизните кредити за финансирање на подготовка на производството се наменети за

производите за извоз. Намената на кредитите е за набавка на репроматеријали и

резервни делови потребни за производство, наменето исклучиво за извоз.

Одобрувањето на кредитите е условено со склучени договори за извоз, а користењето

на одобрените средства се врши со презентирање на документацијата за плаќање во

корист на добавувачите.

3.2.1.7 Останати видови кредитирања на компаниите

Покрај гореспоменатите кредити, во практиката постојат и други видови

кредити.

Имено, според видот на покритието на кредитот, тие се делат на лични и

покриени кредити. Кај личните, односно персоналните кредити банката се потпира

исклучиво на довербата што ја има во корисникот на кредитот смета дека тој ќе го

врати кредитот. Кај покриените кредити, пак, корисникот на кредитот, пред да го

добие кредитот, мора да заложи определено подвижно или неподвижно добро,

штослужи како покритие дека тој ќе го врати кредитот.

Обновливите кредити се многу слични со кредитните линии, а разликата е во тоа

што претставуваат една преодна форма меѓу краткорочните и долгорочните кредити,

затоа што покриваат период од две до пет години. Обновливите кредити се многу

флексибилна форма за кредитирање, затоа што деловните субјекти имаат слобода не

само при нивното користење, туку и при отплатата.

Кредитирање на дилерите на хартии од вредност. Во земјите со развиени

финансиски пазари вообичаено е дилерите да го финасираат купувањето на хартиите од

вредност преку банкарски кредити. Овие кредити се одликуваат со низок ризик, зошто

најчесто се обезбедени со првокласни хартии од вредност, коишто се многу ликвидни.

Поради присутниот ризик од промена на пазарната цена на хартиите од вредност,

кредитите се одобруваат само до определен процент од вредноста на залогот, најчесто до

50%. Тие се карактеризираат со многу кратки рокови на достасување, при што поголем

дел се одобруваат од денес до утре или со рок за враќање од неколку денови.

Финансискиот лизинг е форма на долгорочно финансирање и се применува при

набавката на опрема но за разлика од кредитот, овде банката се јавува како сопственик на

предметот и го предава на користење на субјектот.

Page 42: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

42

Факторингот е сличен на кредитите со залог на обртни средства, но за разлика

од нив, овде банката го откупува побарувањето од купувачите, т.е. таа станува

сопственик на побарувањата и должниците се известуваат дека своите обврски треба да ѝ

ги плаќаат на банката. Истовремено, банката ги презема сите активности за

администрирање и наплата на преземените побарувања и го поднесува ризикот од

неплаќање. Токму заради тоа банката одржува определена резерва, како заштита од

можноста дека некои од доверителите ќе ги оспорат барањата.

3.2.2 Кредитирање на население

Современиот стоковен промет речиси е незамислив без кредитирање на

населението. Со кредитирањето на населението се поттикнува личната потрошувачка,

а преку личната потрошувачка и производството на определени производи/услуги. Во

последниве три-четири години кредитирањето на населението доживува вистински

подем а банките, во рамките на својата деловна политика, особено внимание

посветуваат токму на ова кредитирање на населението. При кредитирањето на

населението постои силна конкуренција меѓу банките, коишто секојдневно

внесуваат нови кредитни производи/услуги, за различните потреби на

потрошувачите.

Кредитите што банките им ги одобруваат на населението се делат на:

- наменски; и

- ненаменски кредити.

3.2.2.1 Наменски кредити

Банките, преку одобрувањето наменски кредити, имаат можност да остварат

повисоки профитни маржи, главно поради каматната несензитивност на

потрошувачите. Наменските кредити можат да бидат: станбени, автомобилски,

наменскипотрошувачки кредити, студентски и други видови кредити.

3.2.2.1.1 Станбени кредити

Во развиените пазарни економии кредитното финансирање за станбена

изградба станува правило19. Банките одобруваат станбени кредити за: купување стан

или куќа, реновирање стан или куќа, градба, доградба и надградба на куќа, потоа за 19

,,Професија банкар”, октомври, 2001, бр.74, стр 21

Page 43: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

43

адаптација и уредување на стан или куќа, како и за рефинансирање на станбен кредит

земен од друга банка.

Во барањето што потрошувачот го поднесува до банката треба да ги наведе

следниве податоци: износот на кредитот, рокот на отплата, докази за кредитната

способност и слично.

Заедно со барањето се поднесуваат и соодветни документи. Видот и бројот на

документите зависи од тоа дали се купува стан или се гради куќа, односно или се

доградува, адаптира и слично.

Кредитните референти, откако ќе го примат кредитното барање го

евидентираат во посебен регистар, при што го разгледуваат барањето и од формален

и од суштински аспект, односно дали се приложени сите потребни документи и дали

тие документи се исправни. Натаму тие ја утврдуваат кредитната способност на

барателот на кредитот и, на крај, составуваат предлог-одлука за одобрување или

одбивање на кредитното барање. Тој предлог се доставува до кредитниот одбор што

донесува конечна одлука. Откако кредитниот одбор ќе донесе одлука, по писмен пат

се известува барателот на кредитот. Доколку одлуката е позитивна, барателот на

кредитот до банката треба да ги поднесе следниве инструменти за обезбедување на

наплатата на кредитот:

- бланко акцептирана меница, потпишана од двајца кредитноспособни жиранти;

- изјава дадена во надлежен суд со којашто корисникот на кредитот дава

согласност банката да го прокнижи во интабулациската книга заложеното право,

во своја корист;

- полиса за осигурување што е винкулирана во корист на банката, а со којашто на

банката ѝ се пренесува правото на побарување што произлегува од договорот за

осигурување;

- договор за залог на паричен депозит (алтернативно) и договор за залог на

државни обврзници (алтернативно).

Сепак, при одобрување станбени кредити, поради строгата намена на овие

средства, се јавува и посебна клаузула во договорот според којашто средствата се

пренесуваат во банката, на посебно означена сметка на корисникот на тие средства

(продавач на стан, градежна фирма и слично).

Овие кредити се одликуваат со:

- износот е многу поголем од сите други кредити;

Page 44: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

44

- со многу долги рокови на достасување, дури и до 30 години;

- многу се ризични, зашто може да дојде до смрт на корисникот, отпуштање

од работа, зголемување на пазарните каматни стапки и сл.;

- постои посебна постапка за проценка на вредноста на обезбедувањето од

страна на стручни лица- овластени проценители;

- тие со висока каматна еластичност.

3.2.2.1.2 Автомобилски кредити

Банките одобруваат кредити за набавка на автомобили кое секогаш се со

валутна клаузула, а се враќаат во денари, во еднакви месечни ануитети и се

обезбедени, бидејќи се става под залог возилото што се набавува. Како инструменти

за обезбедување служат и: меницата, административната забрана, еден или двајца

жиранти, хипотека на недвижен имот итн. Банките им наплаќаат променливи каматни

стапки, што зависат од учеството, валутата на кредитот и видот на обезбедувањето.

3.2.2.1.3 Наменски потрошувачки кредити

Банките одобруваат различни видови кредити, коишто им служат на

поединците и домаќинствата за финансирање на тековната потрошувачка и за

купување трајни потрошни добра. Овие кредити се познати како потрошувачки

кредити. Потрошувачките кредити имаат значајно место во стоковниот промет20. Тие

овозможуваат поголема потрошувачка на стоки од страна на потрошувачите.

Потрошувачките кредити се одобруваат на населението, најчесто, за купување

трајни потрошни добра (апарати за домаќинство), а се одобруваат преку деловните

субјекти коишто имаат склучено договор со банкит.е. Корисникот не ги добива парите туку

кредитот се одобрува со самото префрлање на сметката на друштовото-продавач. Рокот на

втасување се движи од 6 месеци до една година.

Кредитирањето на индивидуалниот потршувачи се спроведува на два начина:

со продажба на производи на отплата (потрошувачот го кредитира продавачот) и со

20

Katunarič, Prof.dr Ante, ,,Banka, principi i praksa bankovnog poslovanja”, op.cit., str.242

Page 45: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

45

одобрување парични средства од страна на банката за купување производи за широка

потрошувачка.

Банката, пред одобрувањето на ваквите кредити, ја испитува кредитната

способност на кредитобарателот. Кредитната способност се утврдува на тој начин

што се пресметува 30-35% од месечните редовни примања (во зависност од кредитната

политика на банката). На тој начин се добива најголемиот износ од којшто може да се

задржува за отплата на кредитот. Ако и со тоа сé е во ред, тогаш ликвидаторот го

предава барањето на комисијата за одобрување на потрошувачки кредити која треба да

донесе конечна одлука. Комисијата или кредитниот одбор откако ќе утврди дека се

исполнети сите предуслови за доделување кредит, го одобрува барањето, го одредува

бројот на партијата на потрошувачки кредит на којшто ќе се уплатуваат месечните

рати, го определува делот којшто треба да се уплати во готово, го дефинира вкупното

задолжување и износот на месечната отплата (амортизациски план) и, на крај, го

потпишува барањето.

Како посебен потрошувачки кредит се смета и дозволеното пречекорување на

тековна сметка, чијашто височина, според актите и политиката на банката, се

одобрува вообичаено комисиски. Овие ненаменски, краткорочни и брзи пласмани,

најчесто, се обезбедуваат според редовната месечна плата и меница со двајца жиранти.

3.2.2.1.4 Студентски кредити

Студентските кредити спаѓаат во групата наменски кредити. Банките им

одобруваат кредити на студентите, со можност за нудење финансиски средства за

плаќање уписнина на факултет или продолжување на нивното образование, купување

компјутер или други помагала за образованието на студентит.е. Овој вид кредит е

ретко застапен во македонската практика.

3.2.2.1.5 Други видови наменски кредити

Секоја банка има своја листа на кредити што им ги нудат на потрошувачите,

така што нивната намена е различна.

Такви кредити, вообичаено, се следниве:

- туристичките кредити. Овие кредити се одобруваат за плаќање на трошоците

за туристички патувања во земјата и странство. Кредитобарател може да биде

кредитоспособно физичко лице во редовен работен однос или пензионер кој ја

Page 46: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

46

прима пензијата на трансакциска сметка во банката. Обезбедувањето на

туристичките кредити е со: административна забрана од платата/пензијата и со

сопствена меница и менична изјава;

- кредит за школување. Овие кредити служат за плаќање на трошоци за

школување во земјата или странство. Кредитобарател може да биде

кредитоспособно физичко лице во редовен работен однос или пензионер кој ја

прима пензијата на трансакциска сметка во банката. Кредитот за школување

може да го користи кредитобарателот или кој било член од неговото потесно

семејство;

- еко кредит. Овој кредит служи за финансирање проекти за подобрување на

животните услови преку промена на топлинска изолација, врати и прозорци,

нови системи за греење, т.е. замена на стари бојлери, соларно-термички системи

за топла вода, спроведување топлина преку нови електрични пумпи на

системите за греење, внатрешен и надворешен систем за осветлување,

поставување на соларни панели, како и конверзија на природен гас и други

обновливите извори за користење енергија;

- земјоделски кредит. Овој кредит е наменски, а се одобрува за примарното

земјоделско производство. Кај овие кредити за земјоделството, целна група се

лица и индивидуални земјоделци кои се занимаваат со раноградинарство,

градинарство, житарици, овоштарство, лозарство, живинарство, краварство,

овчарство, свињарство, полјоделство, сточарство и за преработка и трговија со

примарни земјоделски производи итн.

3.2.3 Ненаменски кредити

Банките одобруваат потрошувачки кредити коишто немаат однапред

определена намена. Овие кредити се исплаќаат во готово или банката ги префрла

парите на сметката на клиентот, кој потоа може да ги употреби за друга намена.

Постојат различни ненаменски потрошувачки кредити, и тоа во зависност од

височината на кредитот, роковите на втасување и некои други услови. Рокот на

втасување на овие кредити достигнува до 5 или 7 години, со отплата на исти месечни

рати. Наплатата на кредитот е обезбедена со административна забрана на плата и со

жиранти.

Page 47: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

47

3.2.2.1 Хипотекарски кредити

Покрај претходно споменатиот хипотекарски кредит, постои и хипотекарски

кредит чија намена не е позната. Овој кредит е наменет за вработените во институциите,

јавните деловни субјекти и бонитетните трговски друштва, прифатливи за банката.

Износот на кредитот е до 100.000 евра, а рокот на отплата е до 18 години.

Обезбедувањето може да биде со: хипотека на недвижен имот, кокредитобаратели,

административни забрани, меница и менична изјава и осигурување на имотот.

3.2.2.2 Други видови ненаменски кредити

Постојат многу други видови ненаменски кредити, и тоа: кредити врз основа на

залог на депозит, кредити врз основа на меница без жиранти, кредити врз основа на

залог на државни обврзници и др.

Page 48: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

48

4. Нови видови финансирање

4.1 Нови извори на кредитирање

анките во значително изострени конкурентски услови постојано

воведуваат нови производи и услуги што им ги пласираат на своите

клиенти. Меѓу овие производи најзначајни се: лизингот и факторингот,

форфетингот како форма на финансирање на извозот, секјуритизацијата, кредитните

картички.

4.2 Лизингот како нов банкарски производ

Во меѓународната стоковна трговија во последниве неколку години високо

се котирани активностите поврзани со лизинг аранжманите, како современ облик

на финасирање на деловните субјекти.

4.2.1 Поимни определби и значење на лизингот

Лизингот (закуп) претставува деловна можност за работа, пришто да се

користат средства без еднократно ангажирање сопствени извори. Тоа е начин на

кредитно задолжување, т.е. облик на долг но и начин за полесна и побрза алокација на

средствата. Ануитетите, всушност, се претоварат во лизинг рати. Суштината на

лизингот се темели на тоа дека основната и најважна категорија во современото

стопанство не е правната сопственост на средствата, туку тоа е можност за непречено

користење во согласност со нивната намена и интерес на корисникот на лизингот.

Од теоретски и практичен аспект, пак, побудуваат интерес причините за

користење лизинг аранжмани наспроти банкарските кредити.21

21 Поповска, Анита, Економија и бизнис, Лизигот во современата теорија и практика, год.VII, бр.75, март

2004, стр. 27

Б

Page 49: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

49

За лизинг За кредит

Плаќање за лизинг Износ на кредитот

Осигурување Плаќање каматна стапка

Транспорт Данок на недвижен имот

Цена на чинење на опремата што

треба да се надомести

Осигурување

Транспорт

Плаќања на трошоци, ако има Царински трошоци, ако има

Други трошоци и расходи Плаќање гаранции

Други трошоци, ако има

Табела 1

Позначајните придобивки што ги обезбедува лизингот се следниве:

1.даночни погодности, заштеди од данокот од приход. Лизинг

аранжаманот се третира како одбивна ставка при утврдувањето на даночната основа;

2.набавка на опрема со поедноставни гаранциски аранжмани. При

склучувањето на лизинг аранжманите не е потребно никакво дополнително

обезбедување;

3.наменско користење на средствата;

4.достапност. Лизинг аранжманите се подостапни од другите видови

финансирања, главно, заради поприфатливата процедура како во документацијата,

така и во анализата на кредитната способност на кредитобарателот;

5.сопствено учество од страна на корисникот на лизинг не е потребно;

6.Се избегнува ризикот од технолошка застареност на опремата;

7.флексибилен ризик. Плаќањата на корисникот на лизинг се вршат

според неговите можности;

8.пониски административни и трансакциски трошоци со употреба на

едноставни стандардни договори.

Современиот лизинг не значи само финансирање со давање опрема под закуп,

туку и некои други придобивки, како што се:

- обука на кадрите кои треба да ја користат таа опрема;

- сервисирање, одржување и замена на дотраените делови;

Page 50: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

50

- пренесување на корисникот на лизингот знаење и искуство од областа на

техниката, технологијата и техничката документација што е поврзана со опремата

којашто е предмет на договорот на лизинг.

Лизинг, всушност, претставува: договор меѓу две страни, при што едната страна

(давателот на лизинг) ѝ обезбедува средство за користење на другата страна

(корисникот на лизинг) на определен период, и тоа на време за определен

надоместок.

Лизинг аранжманите заземаат значајно место во структурата на изворите на

финансирање на компаниите како во развиените, така и во земјите во транзиција.

Лизинг аранжманите најрано се јавиле во САД, и тоа во 50. години од минатиот век, а во

Европа во почетокот на 60. години и за кратко време достигнале значителни размери.

Брзиот расг на лизинг аранжманиге се должи на големата потреба на деловните субјекти од

инвестициски добра, коишто не е можно секогаш да се финансираат со користење сопствени

или туѓи извори на финансирање (кредити или слично).

Во реализацијата на лизинг аранжманите учествуваат:

- деловниот субјект што сака да реализира инвестиција, финансирана преку лизинг;

- лизинг-друштвото, што е регистрирано како финансиска институција и ја финансира

активноста;

- снабдувачот на доброто што директно му продава на лизинг-друштвото, а затоа добива

исплата на надоместок од лизинг-друштвото.

Обврските на давателите на лизинг се: 22

- да го предаде на корисникот на лизингот средството или предметите предвидени со

договорот за лизинг;

- да го отстапи на користење средството;

- уредно да го одржува средството, односно да го замени со ново посовремено;

- да му ја предаде на корисникот на лизингот потребната документација, што

овозможува неспречено користење на средството;

- да го заштитува корисникот на лизингот од правно вознемирување од страна на трети

лица;

- по истекот на договорниот рок, да го пренесе правото на сопственост на средството

(ако така е предвидено во договорот) на корисникот.

22

Арсовски, д-р Драгољуб, Лизингот како нов банкарски производ, март 2001, год. XXV, бр.3, Стопанска

банка/7

Page 51: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

51

Обврски на корисникот на лизинг се:

- уредно да ја плаќа закупнината за користење на средството;

-да го користи средството според договорениот начин, т.е. со внимание на добар

стопанственик;

-да му овозможи на давателот на лизингот да врши контрола на начинот на

користење на средството;

-по истекот на договорниот рок да го врати средството на давателот на

лизингот, освен ако поинаку не е определено со договорот”.

Договорот за лизинг е скапа форма за набавување инвестициска опрема (особено

електронска опрема) и е скапа форма на финансирање, па заради тоа преку лизингот мора

да се реализира висока употребливост на набавената опрема за да се оствари

предвидената профитабилност. Меѓутоа, и покрај тоа што лизингот е скап начин на

обезбедување средства, тој им овозможува и на помалите деловни субјекти да дојдат до

најсовремена опрема и да можат да ја заменуваат постојната опрема со нова

посовремена.

4.2.2 Видови лизинг

Лизинг аранжманите можат да се јават во следниве облици: меѓународен

финансиски лизинг, оперативен и финансиски лизинг.

4.2.2.1 Меѓународен финансиски лизинг

Меѓународниот лизинг претставува таков аранжман во којшто корисникот се наоѓа

во една, а лизинг институцијата во друга земја. Според UNIDROIT-конвенцијата за

меѓународниот финансиски лизинг, лизингот претставува трансакција во којашто

едната страна (давателот на лизингот) склучува два договора:23

1. договор со трета страна (испорачател) за набавка (купување) на опрема,

постројки или други материјали под услови кои ги одбрал примачот на лизингот во

согласност со своите интереси; и

2) договор за лизинг со корисникот на лизинг се стекнува со право да ја

користи опремата во замена за плаќање надоместок.

23Види поопширно: Гребеньков, Андрей и Машева, Миряна, Выпускники, Московского университета

«Туро», стр.42-43

Page 52: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

52

До примена на UNIDROIT-конвенцијата за меѓународен финансиски лизинг

доаѓа кога примачот и давателот имаат деловни седишта во различни држави и кога

притоа овие држави и државата во којашто продавачот (испорачателот) има деловно

седиште се држави-договорачи или кога на двата договора (договорот за лизинг и

договорот за продажба) се применуваат правилата на земјата-договорничка

(испорачател). Конвенцијата UNIDROIT за меѓународен финансиски лизинг го

регулира само тространиот финансиски лизинг. Оваа Конвенција може да се

применува само на оние лизинг-трансакции што ги имаат следниве карактеристики: а)

примачот на лизингот дава спецификација на опремата и го избира испорачателот, не

потпирајќи се на стручноста на давателот на лизингот; б) давателот на лизингот ја

набавува опремата во согласност со лизинг-договорот, што е склучен или ќе биде

склучен меѓу давателот и примачот на лизингот со знаење на продавачот

(испорачателот); в) лизинг-надоместокот, што се плаќа во согласност со договорот за

лизинг се пресметува така што се зема предвид особено амортизацијата на целата или

на еден дел од целината на опремата.

Постојат неколку модели во рамките на двата основни вида меѓународен лизинг,

и тоа според два критериума24

:

1) локацијата на лизинг-компанијата и корисникот:

- извозно-увозен или cross-border leasing (учесниците се во различни земји);

- увозен или indirect leasing (учесниците се резиденти во иста земја),

2) моделите на меѓународниот лизинг во деловната практика:

- лизинг-компанијата и корисникот на лизингот се во земјата-увозничка, а

производителот на опремата е во земјата-извозничка;

- во двете земји постојат лизинг- деловни субјекти, а производителот на опремата и

корисникот се наоѓаат во различни земји;

- лизинг- деловните субјекти и производителот на опремата се во земјата

извозничка, а корисникот е во земјата-увозничка;

- мултинационални лизинг работи или глобални лизинг операции.

Најмалку распространетиот модел на меѓународен лизинг е тн. мултинационален

лизинг. Ваквите работи можат да ги вршат само лизинг деловните субјекти од неколку

24 Професија банкар, Лизинг- форма на долгорочна деловна соработка-, Скопје, септември 1992,

бр.25,стр.46

Page 53: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

53

земји (Велика Британија и Швајцарија), што не е последица на неразвиеноста, туку е во

прашање на регулативата што се однесува на лизинг-работењето.”

Објекти на меѓународниот лизинг обично се средства/предмети со голема вредност, како

што се, на пример, бродови, патнички и товарни авиони, современа опрема и слично.

Меѓународните лизинг аранжмани влијаат врз платниот бнланс на земјата чии

стопански субјекти ги користат средствата, бидејќи со плаќањата на закупнината на странските

лизинг институции се зголемува одливот на средства, додека пак купувањето на

инвестициски добра по истекот на договорот, претставува увозна трансакција.

Меѓународните лизинг аранжмани се оправдани од аспект на економскиот развој,

бидејќи се работи за преместување и користење на современте технички достигнувања од

развиените земји во неразвиените или средно развиените земји.

4.2.2.2 Оперативен лизинг

Во оперативниот лизинг се инволвирани две страни, и тоа: давателот на

лизингот и корисникот на лизингот. Отплатите што произлегуваат од договорот за

лизинг не се доволни да ги покријат трошоците на изнајмената опрема, па затоа

договорот за лизинг се склучува на пократко време, отколку што е очекуваниот век на

траење на опремата, што значи дека дадениот предмет под лизинг не се амортизира во

целост во периодот на траење на лизинг аранжманот. Тоа значи дека надоместокот на

лизинг не ги покрива вкупните трошоци на средството. Од друга страна, корисникот на

услугите на лизингот со договорот за лизинг се осигурува од евентуални ризици, на

пример во случај на намалување на обемот на работа тој може да го отповика лизингот

и да ја врати опремата пред истекот на договорениот рок. Со ставање клаузула за

отповикување во договорот за лизинг, корисникот на лизингот стекнува можност

опремата да ја врати, ако нејзината технологија застарела или, пак, ако таа едноставно

повеќе не му треба. Како даватели на лизинг, најчесто, се јавуваат фирми коишто

произведуваат опрема, електронски, делови, различни машини, автомобили и др.

Плаќањата врз основа на лизинг (кога банката се јавува како корисник на

оперативниот лизинг) се признаваат како трошок во билансот на успех на банката во

текот на временскиот период за којшто е склучен договорот за оперативен лизинг.

4.2.2.3 Финансиски лизинг

Page 54: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

54

Финансискиот лизинг претставува договорен однос со којшто едната страна

(лизор) се обврзува дека на другата страна (примачот на лизингот) ќе и ја финансира

набавката на опремата на тој начин што, откако примачот ќе ја избере да ја купи или ќе

ја даде на изработка кај трето лице (производител или трговец), или ќе ја осигура ја

препушта во употреба кај примачот на определено подолго време. Едната страна

(корисник на лизингот) склучува договор (договор за испорака) со трета страна

(испорачател) врз основа на којшто таа набавила опрема под услови кои ги определил

корисникот, пришто склучува договор и со корисникот, пренесувајќи го врз него правото да

ја користи опремата, во замена за плаќање надоместок. Примачот, пак, се обврзува да

плати определен надоместок на рати, штој треба да ги покрие инвестициските трошоци

на лизорот во целост или во најголем дел, преку камати или остварена добивка така

што по истекот на рокот примачот може да ја откупи опремата, да ја врати или да

продолжи со нејзината употреба и користење. Значи, во основа, се работи за

специфичен облик на кредитирање, со тоа што одобрувачот на кредитот има

сопственост врз предметите што се набавени по желба на корисникот на лизингот. Кај

финансискиот лизинг, примачот има и определени права во однос на давателот на

лизингот, и тоа ако опремата не е испорачана или ако е испорачана со задоцнување,

односно не е соодветна според договорот. Релациите меѓу корисникот на лизингот,

давателот на лизингот и снабдувачот се прикажани со следниот шематски приказ:

Кај финансискиот лизинг основниот рок за испорака е еднаков на рокот на

целосната амортизација на опремата. Во тој период средството треба во целост да биде

амортизирано со што, всушност, се надминува вредноста на набавната цена на

опремата. Во текот на тој рок договорот не може да биде раскинат. Кај овој вид лизинг

ризикот од застареност на опремата, како и трошоците за осигурување, одржување и

поправки ги поднесува примачот на лизинг, бидејќи давателот овде игра улога на

финансиер.

Давател на лизинг

Корисник лизинг

Снабдувач дувач

Снабдувач

Page 55: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

55

Тројниот договор за финансиски лизинг го има следниов облик:25

договор за продавање

давател на лизинг испорачувач на опрема

договор за продавање

корисник на лизинг

Финансискиот лизинг, најчесто, ги има следниве карактеристики: се пренесува

сопственост на крајот од периодот на лизинг, постои опција за купување со попуст,

сегашната вредност на минималните плаќања на закупот е поголема или значително

еднаква на првичната вредност на средството.

Банката, како корисник на финансиски лизинг, треба во својот биланс на

состојба да ги признае средствата (земени за финансиски лизинг) како средства и

обврски. Вредноста според којашто треба да се евидентираат средствата земени на

лизинг и обврските врз основа на финансискиот лизинг е договорената вредност на

средството утврдена во договорот за финансиски лизинг.

Иако правната форма на договорот за финансиски лизинг не предвидува пренос

на сопственоста врз средството што е предмет на финансиски лизинг во моментот на

склучување на договорот, сепак, содржината и финансиската реалност е дека банката,

како корисник на финансиски лизинг, се стекнува со целокупната економска

корисност, но и се соочува и со сите ризици што произлегуваат од користењето на

средството, во најголемиот дел за време на неговиот економски корисен период, во

замена за склучување договор од кој произлегува обврска за плаќање на правото за

користење на средството во износ кој е приближно еднаков на неговата вредност и со

него поврзаните финансиски трошоци.

4.2.3 Вреднување на лизинг аранжманите

25

Професија банкар, Скопје,септември 2000, бр.61, Меѓународен финансиски лизинг, стр.31

Page 56: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

56

Вреднувањето на лизинг аранжманите започнува со определувањето на

вкупната вредност на плаќањата на лизингот, односно со утврдувањето на износите за

периодичните плаќања врз основа на лизингот. Пресметката, притоа, се врши од страна

на лизинг компанијата. Постојат повеќе методи за пресметка на износот на

плаќањата врз основа на лизингот, и тоа:

1)методот на компоненти. Износот на плаќањата врз основа на лизингот

според овој метод е претставен се како збир на износот на компензацијата на вредноста

на средството (во форма на депрецијација) и провизијата на неплатениот дел на

вредноста на средството што е предмет на аранжманот. Пресметката на плаќањата врз

основа на лизингот се врши на слениов начин:

Ri = Ai +Bi i=1,N

каде износот на компензацијата на вредноста на средството е констатен за сите

периоди и вредноста на средството во целост е компезирана во лизинг периодот;

Ri =плаќање за лизинг за период i;

Ai= провизија за лизинг за период i;

Bi = компензација за вредноста на средството за период i;

N=број на плаќања за лизинг

Ai=Ui*β i=1,N

Ui=резидуална вредност на средството за период i;

β =зголемување на провизијата за лизингот на лизинг компанијата

Bi=C/N=B

С= вк.вредност на средството; N=број на плаќања за лизингот

Ui+1= Ui- Bi i=1, (N-1), Ui=C

Ui+1=резидуална вредност на средството за нареден период;

2)метод на коефициенти. Според овој метод износот на плаќањата на лизингот

се заснова на теоријата на рента и опфаќа паритетот меѓу сегашната вредност на

плаќањата за лизингот и вредноста на средството што е предмет на лизинг аранжманот

вклучувајќи ги и сите дополнителни трошоци за набавка на средството. Износот на

плаќањето за лизингот е поделен на поединечните плаќања врз основа на провизијата и

износот на компензацијата на вредноста на средството, а се пресметува како:

Page 57: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

57

β

R=C * ------------- = C * an,β

1-1/(1+β)n

каде

C=вредност на средството, вклучувајќи ги и сите дополнителни трошоци;

β =зголемување на провизијата на лизинг-компанијата;

N=број на плаќања за лизинг;

an,β=коефициент на отплата.

Пресметката на плаќањата по лизингот со помош на прикажаната формула се

извршува под претпоставка дека плаќањата ќе се извршуваат на крајот од секој период

и дека средството целосно ќе се амортизира во текот на лизинг периодот;26

3)метод на готовински текови. Со употребата на овој метод на лизинг

компаниите им се намалуваат дополнителните пресметки за утврдување на

готовинските текови од плаќањата за лизингот, за што се доволни да ги покријат

расходите на лизинг компанијата. Овој метод се препорачува кај компании што се

финансираат со туѓи средства, односно првичната набавка на средствата им е со

користење банкарски кредит. Овој метод се заснова врз актуелните текови на

паричните средства на компанијата. Така извршените плаќања врз основа на кредити

се основни компоненти инкорпорирани во износот на плаќањето на кредитот. При

употребата на методот на готовински текови плаќањата за лизингот се структурирани

на начин што овозможува покривање на сите расходи на лизинг компанијата за секој

период во којшто се врши плаќањето по лизингот.

Пред склучувањето на лизинг аранжманите, корисникот треба да изврши

анализа дали конкретниот лизинг аранжман економски е оправдан. Употребата на нето

сегашната вредност за вреднување на лизинг аранжманите на корисникот му

овозможува донесување правилна одлука за оправданоста на склучениот аранжман.

При оценката на прифатливоста на лизинг аранжманот се пресметува ефектот од

потпишувањето на договорот врз готовинските текови на компанијата.27

4.2.4 Сметководствени и даночни аспекти на лизинг аранжманите

26

Види подетално: Твртковиќ,М-р Саша, Лизинг аранжмани и финансирање на деловните субјекти,

Економски билтен бр.5/6, 2001, ТД за даночен и сметководсвтен консталтинг, стр.25-33 27

Исто, стр.39-41

Page 58: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

58

Сметководствените реперкусии се различни во врска со тоа дали станува збор за

финансиски или оперативен лизинг.

- Сметководство на финансиски(капитален) лизинг аранжман

Сметководствениот третман на финансиските лизинг аранжмани бара корисникот

набавената опрема на лизинг да ја искаже како средство и во своите деловни книги да ја

искаже релеватната обврска за лизинг аранжманот, додека лизинг компанијата за истата

вредност треба да ја задолжи сметката-побарувања од лизингот. Во годините на лизинг,

додека трае аранжманот, лизинг компанијата ќе ги евидентира28

:

- примањата на годишните плаќања за лизингот;

- приходите од провизијата за лизинг аранжманот.

Од друга страна, корисникот, паралелно, ќе спроведува евиденција за:

- годишните исплати за лизингот;

- расходите од провизијата за лизинг аранжманот.

- Сметководствен третман на оперативен лизинг аранжман

Оперативните лизинг аранжмани се карактеризираат според тоа што не се врши

трансфер на сопственичките права, ризици и награди поврзани со средствата на лизинг

компанијата од корисникот. Сметководството на оперативните лизинг аранжмани е

многу поедноставно од сметководството на финансискиот лизинг. Лизинг компанијата

годишните плаќања за лизингот ги евидентира како приход од рента, додека средствата

што се предмет на лизинг договорот остануваат евидентирани во деловните книги на

лизинг компанијата и се депрецираат во текот на целиот животен век, независно на

должината на лизинг периодот. Плаќањата за лизингот корисникот на средствата ги

евидентира расходи за рента, така што тие средства би требало да се искажат во

вонбиласната евиденција.

Лизинг аранжманите од даночен аспект ги имаат следниве карактеристики:

данок на добивка. Амортизацијата на предметот на лизинг претставува

даночно признат расход кај корисникот на лизингот29

. Каматата за

лизинг аранжманот е даночно признат расход, само доколку набавеното

средство на лизинг е за потребите за вршење на дејноста на корисникот

на лизингот;

28

Види поопширно: Твртковиќ, м-р Саша, Лизинг аранжмани и финнасирање на деловните субјекти,

оп.цит., стр.49-52 29

Види поопширно: Михалјовски, Жарко, Финансиски лизинг, Репрезент, бр.6, год. ХI, јуни 2008, стр.216

Page 59: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

59

данок на имот. Учесникот во лизинг аранжманот што го евидентира

средството во билансот на состојбата, го плаќа данокот на имот за

средството што е предмет на лизинг аранжманот. Така, доколку во

билансот на состојба корисникот на средството го евидентира

средството, тогаш тој е даночен обврзник врз основа на данок на имот,

при што се зголемува неговото даночно оптоварување.

4.2.5 Ризици на лизинг аранжманите

Постојат голем број ризици поврзани со лизинг аранжманите, што можат да се

групираат како: општи и специфични ризици. Имено:

1. општите ризици ги опфаќаат политичките, макроекономските, правните и

даночните ризици.

- политички ризици.Поради сé почестите политички и социјални промени постои

можност да се изгуби дел од приходот или имотот;

- макроекономските ризици тесно се поврзани со креирањето на

макроекономската политика на националната економија. Нејзината стабилност

може да биде нарушена од безбедносната ситуација во националната економија,

како и од одделни економски проблеми;

- правни ризици, најчесто, се предизвикани од промените во правниот систем на

националната економија, како и од неажурирањето при спроведувањето на

судските одлуки;

- даночните ризици, најчесто, се предизвикани од законските прописи што го

регулираат даночниот систем во националната економија. Деловните субјекти

често се соочуваат со различно толкување на даночните прописи од страна на

органите на даночната управа;

2. специфичните ризици. пак, се резултат на специфичната природа и

карактеристиките на определени лизинг аранжмани,и тоа:

- ризици на проектот. Лизинг трансакцијата е сложен механизам и произлегува од

неговата природа. Оттука, лизинг аранжманот може да има карактер на

инвестициски проект за набавка на капитални средства, а кога лизинг аранжман

се набљудува оној инвестициски проект, кога основните ризици се поврзани со

проектните ризици;

Page 60: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

60

- ризиците поврзани со средствата што се предмет на лизинг аранжманите се:

ризици кога корисникот, по истекот на лизинг периодот, одбива да го врати

средството што е предмет на лизинг аранжманот; ризици кога средството што е

предмет на лизинг аранжманот биде физички загубено; и ризици кога лизинг

компанијата нема да биде во можност да ја продаде употребуваната опрема,

односно средството што е предмет на лизинг аранжманот;

- финансиските ризици можат да произлегуваат од:

каматните стапки, односно од промената на каматните стапки кај

банкарските кредити. Во случај одделен кредитот да биде одобрен со

променлива каматна стапка, а провизијата на лизинг аранжманот да биде

заснована врз фиксна каматна стапка, постои опасност од зголемување на

каматната стапка на користениот кредит, односно од зголемување на неговите

трошоци, што може да резултира со искажување загуба на лизинг

компанијата;

валутен ризик .Овој ризик произлегува од промените на реалната вредност и

при отплатата на средството што е предмет на лизинг аранжманите. Со

ваков вид ризик се соочуваат компаниите коишто за набавка на средството

користат кредити во странска валуга, а отплатата за набавеното средство се

пресметува и отплатува во домашна валута;

ризикот од нередовно извршување на плаќањата за лизингот е еден од

најсериозните ризици со коишто се соочува лизинг компанијата.

Ненавременото извршување на плаќањата за лизинг од страна на корисниците

можат да ја загрозат солвентноста на лизинг компанијата. Во интерес на

лизинг компанијата е да го максимизира профитот,но и да му обезбеди на

корисникот на лизингот што е можно поповолни услови за плаќање. Тоа се

воедно и противречностите со коишто се соочува лизинг компанијата, од

една страна, за да обезбеди континуиран прилив на парични средства, а од друга

страна,да ги детерминира плаќањата во корист на корисникот. Доколку

компанијата не успее да ги усогласи противречностисте во своја корист,

како и во корист на кориснинокот, тогаш постои опасност тој да го откаже

лизинг аранжманот, а компанијата да загуби дел од својот профит.

4.2.6 Договор за лизинг

Page 61: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

61

Во лизинг-договорите учествуваат голем број организации, а учесниците можат

коишто можат да се поделат во две групи, и тоа:

1) деловни субјекти што имаат потреба од инвестициски вложувања, односно

набавка на машини, опрема, транспортни средства;

2) деловните субјекти, што произведуваат инвестициски средства и кај коишто

лизингот отвора можности за експанзија на продажбата.

Се смета дека за развој на лизинг-аранжманите најмногу придонесуваат

специјализираните лизинг- деловни субјекти, коишто се вешти и успешни во поврзувањето

на интересите на двете групи.

Договорот за лизинг треба да ги содржи следниве елементи: опис на предметот,

вкупната вредност на предметот, износот на аконтацијата, временскиот период за

којшто е склучен договорот, вкупниот износ на надоместокот што го плаќа корисникот

на лизинг, бројот и износот на одделните плаќања и рокот на нивното втасување.

Договорот за лизинг може да се јави во различни видови,и тоа30

.

- според објектот на лизингот, се разликуваат: лизинг на потрошни добра;

инвестициски лизинг; лизинг на недвижни предмети, лизинг на движни

предмети и лизинг за употреба на предмети.

- според траењето на договорот за лизинг постојат: краткорочен и долгорочен

лизинг.

- според положбата во којашто се наоѓа давателот на лизингот се среќаваат:

лизинг преку лизинг друштва, концерн лизинг, производствено-финанасиски

лизинг.

Договорот за лизинг, по правило, се склучува врз основа на општите услови на

работење на давателот на лизинг31.Токму затоа овие лизинг договори често се

нарекуваат формуларни договори. Како договорни страни кај овој вид договор се

јавуваат: давателот на лизинг и корисникот на лизинг. Меѓутоа, во правните

односи, на определен начин, можат како страни да се јават и производителот на

предметот за лизинг, и страната што ја финансира работата. Страните во договорот се

давателот на лизинг и корисникот на лизингот. Во улога на давател на лизинг се

јавуваат специјализирани фирми - деловните субјекти, што отстапуваат определени

30 Види поопширно: Николовски, д-р Александар и Плавшиќ, д-р Снежана, Право на меѓународната

трговија, оп.цит, стр.287-288 31 Види поопширно: Плавшиќ, д-р Снежана и Рафалјовска, дипл.ек Вера., Економско правен советник 3/93,

Лизингот како посебен облик на финансирање на стопанските субјекти, стр.36-38

Page 62: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

62

предмети на користење за соодветен надоместок. Како корисник на лизингот,пак,може

да се јави секое правно и физичко лице.

Производител на предметот на лизингот може да биде и давателот на лизинг кај

тн. „директен лизинг", но може да биде и лице кое посредно учествува во договорот за

лизинг. Страната што ја финансира лизинг работата е финансиска институција - банка,

што ги купува побарувањата, коишто производителот ги има кон корисникот на

лизингот врз основа на плаќање на втасаниот надоместок за користење на предметот на

лизинг. Предмет на договорот за лизинг претставува определено отстапување средства

на користење што можат да бидат подвижни или недвижни.

Договорот за лизинг содржи два битни елемента,и тоа: отстапување одделни

средства на користење и цената на користењето,т.е. надоместокот.

Отстапувањето определено средство на користење е битен елемент на којшто се

однесува и самата обврска на давателот на лизингот.

Цената на користење-надоместокот, како битен елемент,ја плаќа корисникот на

лизингот. Таа се определува спогодбено, но во праксата тоа го прави давателот на

лизингот. Овие два елемента на договорот за лизинг мораат да постојат во секој

договор за лизинг, без разлика на видот на договорот. Договорот за лизинг содржи и

многу други елементи, и тоа: рок на траење на договорот, време и начин на плаќање на

цената, техничка документација, време и начин на стапување на договорот во сила и

слично. Рокот на траење на овој договор,обично,изнесува од 3 до 5 години, а најдолго

се склучува за 10 години.

4.2.7 Предности и недостатоци на лизингот

Во развиените пазарни економии лизингот веќе е афирмиран како погоден

начин за задоволување на инвестициската побарувачка којшто, од друга страна,пак, им

помага на производителите на инвестициската опрема и други производствени добра во

решавањето на проблемите за широкиот пласман на производите (компјутери, одделни

сообраќајни средства, како и производни линии кај коишто процесот на застарување е

забрзан).

Постојат неколку предности на лизингот,тие се:

1)симплифицирана постапка. Поедноставно е да се набави опрема со

склучување лизинг аранжмани, отколку да се добие кредит од одделна финансиска

институција за иста намена. Постапката за добивање кредит е посложена,

Page 63: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

63

подразбира доставување огромна документација и детални анализи на

кредитобарателот. Освен тоа, корисникот на лизинг не плаќа високи износи од

сопствени средства или од кредит за набавка на опрема, а тоа особено е важно во

услови на рестрикција на банкарските кредити,па така кредитноспособните

деловни субјекти можат своите слободни парични средства да ги користат за обртни

цели;

2)надоместокот за користење на лизинг.Услугите се плаќаат динамички

(сукцесивно во рати), и тоа од приходот што се остварува со користсњето на средствата

што се земени на лизинг;

3)корисникот на лизинг е ослободен од проблемите што се јавуваат како

последица на забрзаното стареење (заради брзиот технички прогрес), бидејќи со

договорот за лизинг дел од ваквиот ризик се пренесува на лизинг-институцијата;

4)лизингот нуди предности во обновувањето на проектите (инвестициски

проекти - ангажирање опрема и механизација);

5)во случаите со сезонски карактер, пак, при потребата за одделна опрема

(недоволната искористеност или повремената употреба) лизингот е поприфатлив од

купувањето (што е нерационално и нерентабилно);

6)лизинг аранжманите овозможуваат брза реакција на компаниите во согласност

со новите технолошки можности, и тоа со минимална документација;

7)при набавка на опрема, преку склучени лизинг аранжмани, сопственото

учество на корисникот во почетокот на лизинг периодот не е неопходно;

8)постои флексибилност на лизинг аранжманите, што е двостран интерес во

однос на: одложените плаќања во почетните периоди, сезонските плаќања во зависност

од приходите, плаќања со тенденција на зголемување и намалување на плаќањето и сл.;

9) лизинг опремата може да обезбеди избегнување загуби поради инфлација,

бидејќи со инфлацијата се зголемуваат оперативните трошоци и продажните цени, а со

тоа и цената на средството ќе се зголемува;

10) можностите за проширување на банкарските услуги особено се прошируваат

со афирмацијата на финансирањето преку лизинг аранжмани. Лизингот е нов

банкарски производ. Ова го потврдува фактот што голем број банки имаат формирано

специјализирани институции за вршење услуги преку лизинг аранжмани;

11) благодарение на сопствената специјализација банките, со широката мрежа

на филијали, се во состојба да ја “скенираат” продажбата и цената на домашниот и

Page 64: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

64

светскиот пазар, а со помош на добиените сознанија им овозможуваат на своите

клиенти пласман на оние пазари кадешто условите за нив се најоптимални.

Основни предности на лизинг араижмапите (за корисниците на лизингот) се:

- овој начин на финансирање подразбира можност за користење на најновата

висока технологија (што инаку е недостапна заради високите цени, а честопати не може да

се набави ниту по пат на кредити);

- корисникот на лизингот не мора веднаш да ангажира финансиски средства;

- лизинг-надоместокот се отплатува од приходите што се реализирани со

употребата на предмстот на лизингот;

- лизинг-ратите исклучиво се материјални трошоци (одбитна ставка од данокот);

- опцијата за лизинг овозможува купување инвестициски добра според поповолни

услови (и пониска цена за неамортизираниот дел).

Основни недостатоци па лизинг аранжманот се:

- скап начин на финансирање. Лизингот е поскап од набавката на основни средства од

сопствени извори, бидејќи вклучува и трошоци за инвестициско одржување, премии и

др.;

- фиксните трошоци понекогаш можат да бидат поголеми од тековните приливи, заради

отежната продажба;

- давателот на лизинг не може повторно да ја даде опремата под лизинг или(ако сака да

ја продаде)да не успее да ја добие соодветната цена;

- ако надоместокот за лизинг се плаќа однапред,во период подолг од 12 месеци,тогаш

има значење на инвестициски вложувања;

- доаѓа до нерамноправност на странките (економска доминација на давачот);

- тој може да биде неповолен заради даночните и другите фискални причини, што зависи

од даночната политика и рестриктивните законски прописи.

Page 65: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

65

4.3 Факторингот како нов банкарски производ

4.3.1 Поим и дефиниција за факторингот

инансирањето преку факторинг се јавува во посебни услови, има свои

специфичности и спаѓа во групата некласични банкарски производи.

Факторингот, всушност, претставува продажба на побарувањата со определен дисконт

со што деловниот субјект обезбедува ликвидни парични средства пред, рокот на

втасување на побарувањата, а воедно се ослободува од ризикот за наплата на

побарувањата. Факторинг банката се обврзува дека со преземањето на ненаплатените

побарувања на клиентот, одвојува надоместок за своја сметка (што обично се движи

меѓу 2% до 10% вредносна заработувачка) ќе му ја исплати на клиентот вредноста на

побарувањата веднаш во готово, намалена за износот што ѝ следува на банката, а

клиентот го пренесува побарувањето на банката, гарантирајќи негова вистинитост.

Значи,факторингот претставува откуп на извозните побарувања на добавувачот од

страна на специјализирана компанија (фактор) и наплата на побарувањата на увозникот

со соодветна провизија.32

Факторингот, во својата најчиста форма,претставува откуп на

извозните фактури од страна на факторот, при што не доаѓа до создавање идна обврска

за извозникот. Откупените фактури стануваат сопственост на факторот и тој ги

презема сите ризици околу нивната наплата од увозникот. Со купувањето на

побарувањата факторот го презема врз себе целосниот ризик околу наплатата на

побарувањето. Факторингот, како извор на парични средства, е многу сличен со

кредитот, бидејќи фирмата доаѓа до готови парични средства со коишто ќе може да

располага многу порано, пред втасувањето на побарувањата за наплата. Овие односи се

прикажани на следнава слика 3:

32

Internal Revenue Service, Factoring of Receivables, Audit Technique Guide (ATG), Department of the Treasury

International Revenue Service, June 2006, page 1

Ф

Page 66: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

66

Слика 3

каде

производ/услуга продадена на должникот33;

фактура издадена од заемопримачот;

однапред платено од факторот;

фактура платена од должникот и

биланс на фактура, платен на клиентот.

Оттука може да се заклучи дека во факторингот се вклучени следниве учесници:

продавачот кој ги продава побарувањата, должникот (сметката на должникот, или

клиентот на продавачот) и факторингот34. Побарувањата,во суштина, се финансиски

средства поврзани со одговорноста на должникот да ги плати парите коишто ги должи

продавачот (обично за извршената работа или продадените предмети). Притоа

продавачот продава една или повеќе од своите фактури (побарувањата) со намалување

на трети лица, специјализирани финансиски организации (на факторот),т.е. однапред

факторинг, да добијат готовина. Со продажбата на побарувањата вообичаено се

префрла сопственоста на факторот, што укажува дека тој ги стекнува сите права

33 http://www.faktoring.pl/eng/index.php?page=4&s=5 34

http://en.wikipedia.org/wiki/Factoring_%28finance%29

ДОЛЖНИК КЛИЕНТ

ФАКТОРИНГ

1

4

1

4

5

2

3

3

Page 67: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

67

поврзани со тие побарувања. Според тоа, факторингот стекнува право да добива

исплати на должникот за износот на фактурата.

Во практиката факторингот би можел да се сретне и во поинаков аранжман.

Имено наместо цесија на побарувањето, фирмата своето побарување би можела да го

пренесе на специјализирана организација исклучиво заради негова наплата. Доколку

побаруваниот износ факторот ѝ го плати на фирмата пред наплатата на побарувањето

од должникот, тој се здобива со право на дисконт, како и со провизија за извршената

услуга.

Денес факторинг фирмите толку се развиени што често се поврзуваат меѓу себе,

прераснуваат во мултинационални компании, при што се вклучени и банкит.е.

Комерцијалната активност на факторингот во моментов е присутна во повеќе од 60

земји во светот, а најголеми финансиски институции (како што се, на пример, General

Motors, Fuji bank, Hong Kong Corporation) се сопственици на повеќе од 1500 факторинг

компании. Просечниот раст на факторинг аранжманите се движи од 15%-20%

годишно. Заради илустрација може да се напомене дека во 2003 г. вкупниот износ на

факторинг финансирањето во светски рамки достигна грандиозни 760 милијарди евра.

Неговиот промет на глобално ниво во 1999 г. изнесувал околу 557 милијарди евра, а

минатата година дури и 17 милијарди евра (графикон 2). Од сите земји најголем раст

на факторингот има Велика Британија со 237 милијарди обрт во 2005 г., додека според

континенти, најголем обрт има во Европа од 715,5 милијарди евра(графикон 1). Денес

вкупниот светски факторинг волумен е над 450 билиони американски долари, што

претставува зголемување во текот на изминатите 5 години од 90%. Една од причините за

растот на факторинг е тоа што, како глобалната конкуренција расте, бизнисите сé

помалку се способни да бараат исплата на денот на или во пократок рок на испораките.

Page 68: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

68

Графикон 135

Графикон 2

Застапеноста на факторинг пазарот според одделни земји, во светската листа на

земји, изразени во милијарди евра(од 0 до 250,00), во 2009, 2010 и 2011 година е

прикажана со следниов графикон:

35

http://www.vteamsystem.com.cn/en/infor.html

Page 69: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

69

Графикон 3

Првите договори за факторинг финансирање се јавиле во почетокот на 20.век во

САД и тоа во агенциите како посредници на продажбата на стоките што ја вршеле

британските фирми. Подоцна тие се јавуваат во Европа и многу брзо се прифаќаат.

Услугите од факторинг фирмите можат да ги користат и малите и средните

деловни субјекти, така што меѓу компаниите и факторинг фирмата се потпишува

договор. Меѓу комитентот и факторинг фирмата договорот се склучува во писмена

форма и во него се наведува дека факторинг фирмата ќе прифати цесија, односно дека

ќе врши наплата во свое име или во име на комитентот36

. Покрај ова, меѓу факторинг

фирмата и комитентот може да се потпише и таков договор во којшто се наведува дека

факторинг фирмата ќе го води книговодството на клиентот и ќе врши маркетинг

истражувања или некои други активности за комитентот.

Модерниот факторинг се заснова на откупување на побарувањата и на тој начин

се осигурува исплатата на побарувањето во моментот на договарањето, а не дури во

моментот на плаќањето од страна на крајниот купувач на стоката. Во одделни гранки

на индустријата дури 95% од прометот се одвива токму преку овој начин на современ

факторинг (на пример прометот со текстил во САД).

Откако се создале факторинг односите,тие и натаму се усовршуваат, бидејќи

другите постојни правни институти повеќе не можат да одговарат на потребите на

36

Trade finance guide, Chapter 9, Export Factoring, U.S. Department of Commerce, International Trade

Administration, page 1

Page 70: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

70

практиката. Многу од тие институти се слични со факторингот, но во многу сегменти,

сепак,се разликуваат. Според В. Горенц, факторингот треба да се разграничува од:

- цесесискиот кредит;

- дисконтот;

- форфетот; и

- акредитивот.

Факторингот и цесесискиот кредит имаат само слична функција на

финансирање, но финансиските ефекти кај факторингот се поголеми, отколку кај

цесесискиот кредит. Вистинскиот факторинг и цесесискиот кредит, во основа, се

разликуваат според тоа што кај правиот факторинг се работи за купување невтасани

побарувања, а кај цесесискиот кредит се работи за заем остварен преку фидуцијарна

цесија,пред сé заради осигурување. Кај невистинскиот факторинг, пак, факторот ги

наплатува купените побарувања откога втасале, а кај цесесискиот кредит дури ако

заемопримачот не го враќа кредитот. Цесесискиот кредит секогаш е нејавен, додека

факторингот, во поголем број случаи, е јавен. Што се однесува до споредбата на

договорот за форфетинг и факторингот според нивната правна природа тие се договори

за купување. И кај форфетниот договор, и кај договорот за факторинг се работи за

продажба на парични побарувања, при што кај форфетингот, во потесна смисла, се

работи за продажба на менични побарувања, и тоа на сопствени меници. Форфетингот

е споредлив само со вистинскиот факторинг. Форфетерот и факторот преземаат

ризикот за наплата, т.е. отпаѓа правото на регрес ако форфетерот,односно факторот не

го наплати побарувањето од должникот. Иако правно двата инструмента се многу

блиски,сепак,постојат околности според коишто во практиката тие лесно се

распознаваат. Тие разлики се видливи, и тоа: кај факторингот предмет на договорот за

продажба се невстасани парични побарувања, а кај форфетингот редовно се работи за

невстасани менични побарувања. На факторот, по правило,мора да му се понудат сите

идни невстасани побарувања за откуп (глобална цесија), а на форфетерот можат да му

се понудат и поединечни побарувања. Со договорот за факторинг се купуваат

побарувањата чија втасаност е ограничена на пократок рок, додека предмет на

форфетинг договорот се побарувањата со среднорочна(1-5г.), односно долгорочна

втасаност. Факторот ги купува побарувањата од испораката на стоката (главно

потрошна), услуги и договор за дело, додека форфетерот се занимава со купување на

побарувањата што се однесуваат на инвестициска опрема.

Page 71: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

71

4.3.2 Договор за факторинг

Во факторинг односите се сретнуваат следниве правни инструменти: цесија

(остапување на побарување), преддоговор (што ги обврзува страните да ги склучат

главните договори) и главен договор (главни елементи од договорот за продажба се

предметите). 37

Имено, факторингот не е договор за пренос на конкретни побарувања

од клиентот на факторот, туку претставува преддоговор врз основа на когошто

настанува обврска за склучување главни договори што се самостојни, а за нивното

склучување е потребна посебна изјава на волја. Оправдано е да се склучат главните

договори дури откако ќе се испитаат платежните способности на должникот. Значи,

најнапред, се склучува договор за факторинг којшто, според својата природа, е

преддоговор, а потоа се склучуваат поединечни договори. Содржината на главните

договори се идните побарувања на клиентите.38

Главниот договор претставува

купување на побарувањата со обврска на факторот да ја плати цената, а пренесувањето

на побарувањето претставува исполнување на договорот за продажба. Договорот за

факторинг во себе секогаш го содржи правниот инструмент на цесијата, и тоа само

договорната цесија каде што можат да се цедираат побарувањата настанати од кој било

договор. Сепак, кај овој договор се зема предвид отстапувањето на побарувањата од

испораката на стоките и услугите, односно оние побарувања што произлегуваат од

стопанската дејност на клиентот. Кај факторингот во основа секогаш се цедираат сите

побарувања на клиентот и тоа е тн. глобална цесија. Во формуларните договори за

факторинг главните договори се нарекуваат договори за купување. Доколку факторот

не го презема ризикот за платежната слособност на должникот,тогаш клиентот му

гарантира на факторот за наплатата. Во случај ако должникот на клиентот е

несолвентен,тогаш факторот може да бара враќање на платените средства.

Притоа договорни страни се39

:

37

Максимовска, Александра, Факторинг, бр.30, февруари 1998, стр.18

38

Николовски, д-р Александар и Плавшиќ, д-р Снежана, Право на меѓународната трговија, опц.цит., стр

332

39

Види поопширно: http://www.scribd.com/doc/48291721/faktoring-i-forfeting

Page 72: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

72

- Клиентот, т.е. лицето, најчесто, регистрирано правно лице кое работи врз

профитна основа,и коешто со намалување ги пренесува на факторот своите

невтасани договорни краткорочни парични побарувања;

- фактор е субјект којшто со намалување купува долг (парично побарување) што

се должи на друг за да се заработи преку наплатата на тој долг. Како фактори,

најчесто, се јавуваат банките или специјализирани факторинг куќи.

Факторот се обврзува за клиентот да изврши најмалку две од наведените функции:

да обезбеди финансиски средствa за клиентот преку авансни уплати;

да води евиденција (книги) за побарувањата;

да изврши наплата на побарувањата;

да преземе соодветни мерки при доцнењето со уплатите од должниците на

клиентот. По правило, факторот нема право на регрес од клиентот во врска со

ненаплатливоста на побарувањата;

- должник на клиентот е субјект кој треба да ја изврши исплатата на паричните

побарувања врз основната правна работа, т.е. договорите за продажбата на

производи и услуги со клиентот.

4.3.3 Видови факторинг

Во деловната практика се сретнуваат повеќе видови договори за факторинг, и

тоа:

1. прав (вистински) факторинг. Овој факторинг нуди три основни функции: del

credere (осигурување на наплатите), финансирање и управување со побарувањата.Особено е

нагласена del credere функцијата кога факторот презема (со наплатата ризик на платежната

неспособност на должникот и вообичаено е да го тој извести должникот (нотификација) за

преносот на побарувањата од клиентот на факторот;

2. неправ(невистински) факторинг (Non-Notification factoring). Кај овој факторинг отпаѓа

една од неговите битни функции, т.е. del credere функцијата што го третира ризикот на

факторот за наплата. Преземањето на del credere ризикот значи преземање одговорност

за наплатата. Кај нереалниот факторинг нe се презема del credere ризикот, па не само што

отпаѓа одговорноста на факторот за ненаплатата на побарувањето од должникот, туку

клиентот е одговорен за факторот, ако тој не може да го наплати своето побарување од

должникот;

Page 73: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

73

3. факторинг платлив по втасаноста (maturity factoring) се користи само при увозно-

извозниот факторинг. Кај овој вид,пак, факторот ги купува побарувањата на клиентот со

денот на втасаноста. Значи, овде факторот ги нуди истите услуги како и кај реалниот

факторинг, освен услугите на финансирање што однапред се исклучени. Куповната цена

се плаќа на денот на втасаноста. Факторот со купувањето на побарувањата го презема

ризикот за наплата и управува со побарувањето како и кај нотифицираниот факторинг;

4.меѓународен (извозно-увозен) факторинг. Бидејќи факторот може да ги откупува

своите побарувања во својата земја или странство, се разликуваат домашен и

меѓународен факторинг;

5.во практиката уште постојат и отворен и затворен или скриен факторинг.40

Суштината на отворениот факторинг е во тоа што комитентот врши цесија на

своето побарување во корист на факторинг фирмата и, на тој начин, побарувањето, што

ќе втаса во наредниот период ѝ го продава на факторинг фирмата којашто веднаш му го

исплатува, и со тоа одбивање провизија или есконтна камата. На ваков начин ризикот за

наплата го презема факторинг фирмата. Бидејќи факторинг фирмата го презема ризикот

таа не мора да ги прифати сите побарувања од комитентите, туку само побарувањата од

оние комитенти што се ликвидни и кредитоспособни. Покрај оваа варијанта, во

отворениот факторинг комитентот не мора своето побарување да го отстапи на

факторинг фирмата, туку може неа да ја овласти (во негово име и за негова сметка)да

врши наплата на тие побарувања. Притоа, факторинг фирмата му дава краткорочен

кредит на комитентот со определена камата, што тој треба да го врати по наплатата на

побарувањето.

За разлика од отворениот, затворениот или скриениот факторинг функционира

на тој начин што извозникот ја продава стоката на факторинг фирмата, а таа му ја

плаќа на комитентот вредноста на стоката од средствата позајмени од некоја банка,а

наменети за кредитирање на извозот. Стоката се препродава на надворешен купувач на

кредит, при што извозникот врши продажба во име и за сметка на факторинг фирмата.

Факторинг фирмата ја наплатува извозената стока од страна на купувачот и го враќа

кредитот на банката. На ваков начин факторинг фирмата остварува разлика во цени;

6.комплетен факторинг41

. Овој факторинг подразбира преземање на сите

извозни побарувања на клиентот извозник од страна на факторинг компанијата за

40

Јовановски, д-р Панче,Финансиски менаџмент, оп.цит.,стр.286 и 287

Page 74: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

74

соодветен надоместок, односно провизија. Со овој договор извозникот е ослободен од

обврската за сметководствено евидентирање на настанатите побарувања и нивната

наплата од увозникот;

7.факторинг што создава идна обврска за извозникот. Извозникот во овој случај

не е заштитен од кредитниот ризик, што би настанал како резултат на лоши пласмани.

Факторот има право на наплата на своето побарување од извозникот, доколку од кои

било причини изостане исплатата на обврската од страна на увозникот. Но доколку во

определениот рок од денот на втасување на извозната фактура увозникот не

плати,тогаш факторот му го враќа откупеното побарување на извозникот според цената

што факторот ја платил при откупот, зголемена за височината на неговите трошоци;

8.сопствен факторинг. Кај овој вид договор факторот не презема обврска за

администратирање и наплата на извозните побарувања и тие можат да значат создавање

идна обврска за извозникот;

9.дисконтирање фактури. Дисконтирањето фактури се врши кога извозникот

сака да му одобри извозен аранжман на увозникот, но не може да врши

администрирање на кредитот, ниту пак постои соодветно обезбедување. Со тоа се

ослободува извозникот од обврската да го извести увозникот дека треба да му плати на

факторот, но се создава идна обврска за истиот извозник;

11.скриен факторинг. Во овој случај факторот го заштитува извозникот до

определен износ (80% од износот на извозната фактура). Извозникот врши

администратирање и наплатата на побарувањето. Ако увозникот не плати, тогаш

извозникот го наплатува побарувањето од факторот.

4.3.4 Функции на факторингот

Факторингот,по правило,извршува три функции42;и тоа:

најзначајна е функцијата на финансирање. Факторот може да го

финансира клиентот со тоа што овој му ги продава побарувањата во

готово. Факторот кон клиентот, начелно, нема барања и заради тоа

клиентот не прима никаков кредит. Кај договорот за факторинг постојат

два начина за финансирање, односно со аванс и дисконт. Кај авансот

клиентот мора да докаже дека стоката му ја испратил на купувачот. По

41 Трајковски, м-р Гоце, Стопанска банка, бр. 9-10, XXIX, Факторингот како трговска трансакција,

Економски поимник, септември 2005, стр.26 42 Види поопширно: http://www.fcfactoring.com/of/function/

Page 75: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

75

доставувањето на копијата на сметката и другите испратни документи

постои доказ дека клиентот ја упатил стоката на должникот (купувач). Кај

дисконтната постапка нема аванс, туку факторот ја плаќа веднаш целата

цена на побарувањето, но истовремено ги одбива паушалните такси,

трошоци, еконтни камати итн.).

осигурување на наплатата- del credere е втората функција на факторингот.

Во факторинг односот осигурувањето на ризиците (del credere) значи

преземање на одговорноста за наплата на побарувањата од должникот.

Факторот честопати презема врз себе ризик за платежната способност на

должниког (реален факторинг). Но, ако самиот клиент го поднесува del

credere ризикот, тоа е тн. факторинг. Во договорите за факторинг тоа

најчесто се прецизира;

управување со побарувањата (давање услуги) е третата функција на

факторингот. Типични услуги што факторот му ги дава на клиентот во

врска со понудените побарувања се: испитување на кредитната

способност на должникот, водење сметководство, пресметување данок,

пресметување провизија, водење статистика, опомени на должниците,

наплатување, поднесување тужби за долгови и сл.

4.3.5 Предности на факторингот и проблемите поврзани со него

Постојат повеќе причини за финансирањето преку факторинг,и тоа43

:

- се подобрува ликвидноста со откупувањето на побарувањето на клиентот од

страна на факторот пред втасаноста, односно предвреме се обезбедува со

ликвидни средства;

- се намалува ризикот на клиентот, бидејќи факторот го презема ризикот за

наплата на побарувањата кај нотифицираниот факторинг. Со тоа факторот ја

испитува кредитната способност на должникот и се осигурува дека тој ќе биде

платежно способен да ги наплати побарувањата со што факторот добива поточна

и пообјективна слика за состојбата на должникот;

- на факторот му се овозможува рентабилно да ги врши услугите на своите

клиенти. Факторот врши компјутерска обработка на податоците, пресметка на

43 Trade finance guide, Chapter 9, Export Factoring, U.S. Department of Commerce, International Trade Administration,

page 1

Page 76: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

76

провизијата, данокот и сл. и ги ослободува клиентите од непотребните трошоци

коишто во спротивно ќе треба самите да ги подмират;

- со факторинг договорот клиентот добива предвремена наплата на побарувањата,

па со тие средства ги подмирува обврските кон добавувачите;

Но постојат и одделни проблеми поврзани со факторинг аранжманите. 44

Тоа е

скап метод на краткорочни позајмици. Побарувањата на должниците се јавуваат како

проблем,кога е неопходно тие да се проверат, а станува збор за многу субјекти. Таа

проверка е неизводлива и од технички,и од економски аспект па затоа факторот се

определува за купување и испитување на побарувањата од оние должници од коишто

ќе има комерцијален ефект, што би значело купувачи што почесто се јавуваат,и чиишто

бонитети се проверени. Затоа купувачите што ретко и нередовно се јавуваат не треба да

бидат проучувани, бидејќи трошоците за таквите испитувања нема да бидат

ефектуирани. Исто така и долгорочните побарувања се проблем, бидејќи кредитната

способност на клиентите брзо се менува, така што добиените сознанија од

истражувањето се валидни само во релативно краток временски период. Имено,постои

оптимална временска граница на втасаност до којашто факторот сака да купи одделни

побарувања. Обемот на работење на клиентот често се јавува како ограничувачки

фактор,пред сé,од аспект на рентабилноста при соработката меѓу клиентот и факторот.

Меѓутоа, и покрај овие ограничувачки фактори,сепак,предностите на факторинг

аранжманите се несомнено големи и затоа тие имаат огромна примена.

4.4 Форфетингот, како форма на финансирање на

извозот

4.4.1 Поим за форфетинг

ако резултат на зајакнатата потреба за финансирање и употребувањето

на извозната опрема и индустриски постројки од развиените во

неразвиените и земјите во развој, од една, но и постоењето на слободни парични

средства за коишто се бара можност за што подобар пласман, од друга страна, во Европа

по Втората светска војна се јавува, т.е. развива и дополнува палетата на банкарски

44 Види поопширно: Schwizer,Paola, Managing factoring in banking groups, University of Parma( Gianluca Mattarocci)and

University of Rome(Tor Vergata), April 2006, page:5-7

К

Page 77: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

77

работи со форфетингот. Голем број од комерцијалните банки во Цирих, што имале

многу богато искуство во финансирањето на меѓународната трговија, започнале да го

користат овој метод, за да го финансираат купувањето жито во Западна Европа и

Соединетите Американски Држави45

.

Форфетингот подразбира купување обврски што втасуваат во наредниот

период а потекнуваат од испорака на производи и услути, главно, од извоз, без право на

регрес на кој било поранешен сопственик на побарувањето. Форфетингот, значи, е откуп

на долгорочните парични побарувања (од извозникот) од страна на банката на комитентот,

со определен дисконт што паѓа на товар на клиентот,и тоа без право на регрес од таквото

побарување кон продавачот, ако тоа остане ненаплатено од страна на трети лица. Ваквите

побарувања се проследени со кредитни инструменти како што се: акредативот,

меницата и банкарската гаранција, со рок на втасување од 180 денови до 5 години, без

право на регрес.

Во 1999 г. било основано здружението што се занимавало со форфетингот-

,,International forfeting asociation“, коешто имало 140 членови од цел свет. Форфетингот

сé уште се наѓа на почетокот од неговиот развој, но постои огромен потенцијал за

негов натамошен развој.

Форфертинг финансирањето, за разлика од факторинг аранжманите, се јавува кај

големите проекти, при испорака на опрема или изградба на објекти според системот

"клуч на рака", односно подразбира купување обврски што втасуваат во наредниот

период,а потекнуваат од испораката на производите и услугите – главно,во извозот, без

право на регрес на кој било поранешен сопственик на побарувањето. Всушност, овде се

работи за продажба на опрема или изградба на објекти врз основа на комерцијални или

стоковни кредити. Форфертинг фирмата, најчесто банкарска организација, му исплатува

на коминтентот определена сума намалена за провизијата и есконтната камата, а таа

подоцна го наплаќа своето побарување од корисникот на опремата или градежниот

објект. На ваков начин продавачот на опремата или изведувачот на градежните работи,

всушност, побарувањата и го продаваат на банката и на тој начин брзо доаѓаат до

готови средства во помал износ, но со можност да започнаваат нови деловни

аранжмани, а банката подоцна врши наплата на побарувањето.

Пред да се заклучи форфертинг аранжманот треба да постои целосна

соработка меѓу коминтентот, банката и корисникот на опремата или инвестициската

45

Види поопширно: http://add.coolreferat.com/docs/index-295.html

Page 78: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

78

изградба. Во деловната практика, најчесто се врши форфетирање на увозот, односно

извозот на следниве производи и услуги:46

производи (нафта, јаглен, ориз итн. Кај коишто

рокот на форфетирање е од 90 денови до 18 месеци); услуги (технички услуги,

одржување, рок на форфетирање од 190 денови до 3 години); технологија (софтвер,

хардверот, со рок од 180 денови до 5 години); капитална опрема ( машини, трактори, со

рок на форфетирање од 2 до 7 години); постројки (електрични постројки, со рок од 3 до 7

години) и градежништво /проекти (болници, фабрики, аеродроми, со рок на

форфетирањето од 3 до 7 години).

Постојат поголем број ризици коишто се јавуваат при финансирање со форфетинг,

и тоа:47

- политички ризик. Тој настанува со воведување вонредни мерки на државата

или политички инциденти, на пример, војни или цивилни немири;

- ризик на трансфер, што произлегува од неможноста или одбивањето државата

или другите официјални институции да извршат плаќање во договорената валута или

пак, прогласуваат мораториум;

- валутен ризик. Ова е еден од најважните ризици што се јавува со променливиот

курс на домашната валута, бидејќи може да има ефект врз промената на вредноста

на договорот и тоа за позначителен износ особено кога се конвертира во домашната

валута на извозникот, така што и може да доведе до загуби за сопственикот на

побарувањето;

- комерцијален ризик, што значи неспособност или неподготвеност на должникот,

или гарантот да платат.

Основна цел за појавата на форфетингот и договорот за негово пренесување,

пред сé, била комерцијалната стимулација и финансирањето на извозот преку

активирање на паричните средства за работење, што се изразуваат во вид на посебно

побарување. Не помалку важна функција на форфетингот е и обезбедувањето од

ризиците особено во земјите каде што државата, преку своите инструменти, директно

или индиректно, не ги штити своите извозници од комерцијални или

некомерцијални ризици.

4.4.2 Општи аспекти на форфетингот

46Види поопширно: Трајановски, м-р Гоце, Форфетинг, Економски поимник, Стопанска банка, год. XXIX,

бр.7-8, јули/август 2005 47Јовановски, д-р Панче, Финансиски менаџмент, Скопје 2005, стр.288-289

Page 79: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

79

Поголемиот дел од многуте форфетинг обврски имаат форма на promissory note,

што ја издава должникот во корист на кредиторот или меница којашто корисникот ја

влечел на должникот и што тој ја акцептирал.

Promissory note-сите и акцептните мениците за форфетирање речиси секогаш се со

банкарско осигурување во форма на гаранција или авал.

Гарантот, обично, е меѓународно активна банка што му е позната на форфетерот,

т.е.домашна банка во земјата на увозникот, што е во состојба од оддеднаш да ја потврди

кредитната способност на увозникот. Ветувањетото има форма на посебен документ

што го потпишува гарантот и во него во целост се изнесуваат условите што се

однесуваат на трансакцијата. Важно е не само да се наведе вкупниот износ, туку и секој

датум на втасување со соодветната отплата, бидејќи дисконтната вредност се пресметува

непосредно врз основа на тие податоци. Исто така, гаранцијата мора да биде во целост

пренослива.

Авалот е неотповиклива и безусловна гаранција којашто ја издава банката на

увозникот или, пак, владина организација во неговата земја. Банката којашто дава

авал мора добро да ја познава кредитната способност на увозникот и во секое време

да му биде на располагање на форфетерот. Авалот има предност над гаранцијата,

затоа што е процедурата поедноставна.

Многу поголемо значење за откупувањето на меницитс и за вистинските

испораки има времето што ќе помине меѓу договорите, заради што финансиските

аранжмани се склучуваат порано од испораката на стоката. Овој период е познат како

commitent период и може да трае 6 месеци или подолго. Форфетерот е обврзан да ги

форфетира побарувањата според фиксната стапка до фиксниот датум, додека извозникот

е обврзан да ги врачи договорените документи.

4.4.3 Технички аспекти на форфетингот

Трошоците на форфетингот можат да бидат следниве:

- трошоци на форфетингот за покривање на политичкиот и трансферниот ризик;

- покривање на комерцијалниот ризик, (увозникот ги покрива трошоците за

добивање на банкарскиот авал и гаранција). Оттука, извозникот нема трошоци,

освен во случај ако увозникот не сака да обезбеди гаранција;

Page 80: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

80

- трошоци за користењето на парите и покривање на ризикот на каматната стапка.

Тие трошоци се однесуваат за наплата на курсниот и каматниот ризик врз основа на

трошоците на евровалутниот пазар.

Покрај овие трошоци, постојат и други што се однесуваат на опцискиот период

и commitment периодот. Сommitment период е долг период и тој може да трае 6

месеци или подолго. Тоа е, всушност, времето што поминува од откупувањето на

мениците и вистинските испораки. Тие договори се склучуваат многу порано, пред

испораката на стоката. Во тој период форфетерот е обврзан од неговата понуда да ги

форфетира побарувањата според фиксната стапка до фиксниот датум, додека

извозникот е обврзан да ги врачи договорените документи. Извозникот може да излезе

од договорот за форфетирање само ако и двете страни се согласат и откако ќе ги плати

трошоците што ги имал форфетерот.

Провизијата за ангажирање -commitment fee, во подоцна доставените документи,

се пресметува од датумот кога форфетерот ја презел обврската до датумот на

дисконтирање по ¾ до 1,2% на финансираниот износ.

Провизиите за ангажирање и повисоките дисконтните стапки се оправдуваат со

тоа што форфетерот, во времето на склучување на договорот, мора да изврши

рефинансирање и покритие на курсниот, т.е. каматниот ризик. Исто така, тој мора да

резервира (за идно користење), дел од своите кредитни линии.

Понекогаш, пак, во договорот за форфетирањс се вклучува и раскинувачка

клаузула за да се покрие можноста извозникот да не ја врачи хартијата, според којашто

казнената провизија автоматски втасува за плаќање или се плаќа опциска провизија во

почетокот на обврската на форфетерот, што му дава можност на извозникот да одлучи

дали ќе ги достави документите или не. За наплатување на пеналите или опциските

провизии состојбата е слична со провизијата за ангажирање.

Кога се зборува за техничките аспекти на форфетингот, всушност, треба

потребно да се разгледаат почетните услови. Имено, пред давањето цврста понуда

форфетерот ги бара следниве информации: валутата, износот и рокот на финансирање,

земјата на извозот, името на увозникот и земјата на увозот, името на гарантот и земјата

на гарантот, формата на долгот што се форфетира, формата на осигурување (авал или

гаранција), динамиката на отплатата (износите и втасувања на мениците), видот на

стоката што се извезува, датумот на испорака на стоката, датумот на врачување на

Page 81: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

81

документите, неопходните овластувања и согласности (увозни дозволи, овластувања за

трансфер итн.), местото на плаќање според promissory notes или меницит.е.

Наредна фаза од техничките аспекти на форфетингот, што истовремено е и

една од најтешките фази за форфетерот, е внимателниот преглед на сите документи што

му се доставуваат. Кога документите ќе бидат испорачани и прифатени односно кога ќе

бидат исполнети сите предвидени предуслови (потпис, овластувања, увозни

лиценци, дозволи за девизниот режим, уплатени такси итн), тогаш следува

извршување на исплатата..

Последната фаза е пресметка на каматата и дисконтот.

Пример за форфетна трансакција е прикажан на следнава слика 4:

Слика 4

Каде

комерцијалниот договор;

испораката на стоката;

доставување на меницата;

Извозник Увозник

Банка

авалист

Форфетер

2 2

3

3

7 7

8

6

5

4

7

8

1 2

Page 82: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

82

форфетен договор;

доставување на меницата;

исплата на номиналниот износ, намален за дисконтот;

поднесување на меницата за наплата при втасување;

плаќање по доставената меница.

4.4.4 Форфетирањето како инвестиција

Инвестирањето на форфетниот пазар не може да се поистовети со едноставното

купување хартии од вредност на пазарот на хартии од вредност. Според обемот на

работење, форфетниот пазар е релативно мал и е достапен на само мал број

професионални форфетери. Инвестирањето во овие хартии се врши за тие да се задржат

во портфолиото до втасувањето на обврските и тој дозволува, ако е неопходно,

инвеститорите да учествуваат во нив.

Причините за инвестирање капитал во форфетирани хартии се: приносот на тие

хартии го надминува приносот на хартиите од вредност со фиксна стапка, при исти

рокови и валути; покритието на ризикот преку гаранција на првокласните банки е

поповолно од она што го прифаќаат инвеститорит.е.

4.4.5 Договор за форфетинг

Договорот за форфетинг е двостран и товарен договор со којшто извозникот -

форфетист - ѝ продава на одделна банка или друга специјализирана финансиска

институција –форфетер - надворешнотрговско идно (невтасано) побарување, што не е

оптоварено со можност за регресни побарувања од страна на трети лица спрема

купувачот на побарувањето (форфетерот) и што е обезбедено со некое од средствата за

обезбедување, а фортфетерот ќе ја плати цената на побаруањето и дека нема правно да

го вознемирува форфетистот со регресно барање, било самиот него или неговите

наследници.

Страни кај договорот за форфетинг се48

:

48Види поопширно: http://bankir.ru/tehnologii/s/forfeiting-novie-rybeji-v-ysloviyah-krizisa-opit-yaponskogo-

banka-v-rossii-2184200/

Page 83: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

83

а) форфетер (forfaiter) е лице, кое без право на регрес, купува идно побарување.

По правило, како форфетери се јавуваат меѓународно познати банки, или

специјализирани финанснски институици или друштва за финансирање, бидејќи

форфетните работи се сметаат за финансиски кредити, а како форфетери можат да се

јават само правни лица што се овластени да се занимаваат со финансиско-кредитни

работи со странство;

б)форфетист (exporter) е продавачот на идното побарување. Форфетистот,

всушност, е продавачот-извозникот за извоз на опрема и индустриски постројки во

меѓународната купопродажба во почеток ( како кредит). Врз основа на продажбата на

кредит на увозникот, извозникот се стекнува со право на наплата на кредитниот износ

со предвидениот рок, а токму ова идно побарување е предмет на купопродажба кај

договорот за форфетинг. Овде важно е да се потенцира дека иако форфетингот како

правна работа произлегува од основната купопродажба на опрема и индустриски

постројки, сепак, се работи за сосема одвоени и самостојни правни работи;

в) отстапен должник е субјектот чиј долг се продава со договорот за

форфетинг. Овој основен долг станува апстрактен и погоден за да се одвои од

основната работа и да стане предмет на продажба преку форфетингот, дури во

моментот кога ќе се договори некој инструмент за обезбедување, на пример: меница,

банкарска гаранција, неотповиклив документиран акредитив со одложено плаќање,

гарантно кредитно писмо и др.;

г) останати лица кај договорот за форфетинг. Во зависност од инструментот

што е договорен како начин за обезбедување на пабарувањето од основниот

купопродажен договор, во договорот за форфетинг можат да се јават и други

учесници, како што се, на пример: авалист, гарант, акредитивна банка, потврдувачка

банка и др.

Битни елементи на договорот за форфетинг се:

а) идно побарување, што се продава, односно:

- побарувањето што е предмет на договорот за форфетингот мора да има странски

елемент, т.е. мора да се работи за извозно побарување;

- надворешнотрговското побарување мора да биде долгорочно за да може да се

продаде преку договорот за форфетинг;

Page 84: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

84

- побарувањето мора да биде ослободено од правото на трети лица за евикција

(правни недостатоци), како и за неговите физички недостатоци;

- кај договорот за форфетинг секогаш се работи за парично побарување, врз кое

соодветна примена имаат правните одредби, карактеристични за паричните

побарувања;

б) плаќањето на договорениот надоместок е карактеристично за договорот за

форфетинг. Имено, кај форфетингот постои типичен паушален надоместок - фиксен

надоместок. Тој се пресметува така што на номиналниот износ на побарувањето се

додава евентуалната камата (ако таа однапред не е пресметана во номиналниог износ),

минус есконтната стапка во проценти од денот на извршениот пренос т.е. од денот на

пресметката до денот на втасаноста на побарувањето;

в) откажувањето на форфетерот од правото за поставување регресно барање

спрема продавачот на побарувањето (форфетистот) е еден од најважните

квалификаторни слементи на договорот за форфетинг. Во овој случај форфетерот се

обврзува дека нема да поставува регресно барање спрема форфетистот.

г) битни елементи на договорот за форфетинг се и својствата на договорните

страни.

Договорот за форфетинг е двострано обврзувачки договор, т.е.она што е право

за едната страна, всушност, претставува обврска за другата, и обратно. Основна

обврска на форфетистот е да му го "предале" идното побарување на форфетерот, и со

тоа сите негови квалификаторски елементи, а основна обврска на форфетерот е да го

исплати договорениот надоместок.

Договорите за форфетинг можат да се поделат според следниве критериуми:

- специфичноста на објектот за чиј промет се работи (инвестициска опрема,

индустриски објекти итн);

- примарноста на определената стопанска функција (форфетинг од финансиска

природа, форфетинг од услужен карактер) и

- својството на договорените средства за обезбедување (договори за форфстинг

со меница и др.).

Престанокот на договорот за форфетинг е идентичен со начините за престанок

на облигациските договори (исполнување, компензација, виша сила и др.).

Page 85: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

85

4.4.6 Предности на форфетингот

Форфетингот ги содржи следниве предности49

:50

- ја подобрува ликвидноста на продавачот и тоа доаѓа до готовина пред истекот

на рокот, а се ослободува од различните финансиски ризици што би се јавиле;

- заштедува време и ја намалува документација, ја зголемува брзината и

едноставноста на трансакциите, а документацијата обично е концизна и јасна и

нема ограничувања за потеклото на извозот;

- целосно го елиминира ризикот за трансферната компанија. Бидејќи нерегресна

трансакција, тој го остранува ризикот на должникот, а исто така, каматниот

ризик и политичкиот ризик се елиминирани;

- документите речиси секогаш се меници или promissory note што, во случај на

извоз, мора да бидат загарантирани од првокласни банки;

- обезбедува финансирање за 100% од вредноста на договорот;

- ја подобрува конкурентскатапредност;

- им помага на продавачите да прават бизниси во земји каде што ризикот од не

плаќање е премногу висок;

- го подобрува готовинскиот тек, односно форфетингот овозможува продавачите

да добијат плаќање во готово, додека им нуди услови за кредитирање на своите

клиенти;

- ги отстранува сметките побарувања, банкарски заеми или потенцијалните

обврски од билансот на состојба.

Придобивки за извозникот51

, пак се:

- обезбедување форфетинг услуги врз основа на фиксна стапка;

- финансирање од форфетерот, без прибегнување кон извозникот;

- отсуство на ризик ( валутниот ризик, каматниот ризик);

- лесно и брзо обработлива документација и за сметка на должничките

инструменти;

- доверлива природа на операциите;

49

Види поопширно: http://www.catalunyacaixa.com/Portal/en/Empresas/Producto+Forfaiting 50

http://www.forfaiters.org/forfaiting/benefits 51

Види поопширно: http://add.coolreferat.com/docs/index-295.html

Page 86: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

86

- способност за брза потврда дека форфетерот е подготвен да го финансира

договорот односно брзо да се договорат за условите на трансакцијата;

- постои опција за форфетерот порано да ја финансира трансакцијата според

фиксна стапка, што му овозможува на извозникот однапред да ги пресмета

неговите трошоци и вклучени во договорот, а да ја пресмета и цената и другите

износи.

Недостатоци за извозникот се:

- неопходност за подготовка на одделнидокументи;

- потреба да се знаат законите на земјата-увозничка што ја определува формата на

мениците, гаранциите и авалот;

- повисока маржа на форфетерот за каматата.

Придобивки за увозникот се:

- брза и лесно подготвена документација;

- можност за одобрен кредит со фиксна каматна стапка;

- можност за користење кредитна линија во избраната банка.

Недостатоци за увозникот, пак, се:

- му се намалува можноста за заем од одделна банка за користење на банкарска

гаранција;

- на треба да плати такса за гаранција;

- повисока маржа за форфетерот;

- постои можност на појава на проблеми при плаќањето на сметките, како

апстрактна обврска во случај на испорака супстандардна.

Придобивки за форфетерот се едноставноста и брзината на обработката на

документација и поголемата маржа од кредитните операции.

Недостатоци за форфетерот се тоа што нема регрес во случај на не плаќање на

долгот; треба да се познаваат законите и сметките на земјата-увозничка; одговорен е за

проверка на кредитоспособноста на гарантот; можност да се сноси каматен ризик по

истекот на сметките, неможноста да се изврши плаќање пред терминот итн.

Меѓу факторинг и форфертинг финансирањето постојат и одделни сличности.

Имено, продавачот и во едниот, и во другиот случај брзо доаѓа до готови средства, не

чекајќи го рокот да ги наплати своите побарувања.

Разликите, пак, се во тоа што:

Page 87: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

87

- форфертинг аранжманите ги вршат исклучиво банки, а факторингот подразбира

финансирање што, во најголем дел, го извршуваат факторинг фирмите, а во

помал дел банките;

- кај форфертинг финансирањето банката го презема ризикот за наплата. Кај

факторинг аранжманите таа не мора да го презема ризикот, доколку врши

наплата во име и за сметка на комитентот;

- кај форфертинг аранжманите, пак, договорите се прават за секој деловен

аранжман, додека кај факторинг аранжманите може да се договара глобална

цесија или начелно за период од една година;

- кај факторинг аранжманите секогаш се работи за краткорочни побарувања, што

немаат рок подолг од 6 месеци. Кај форфертинг аранжманите се работи за

побарувања на подолг рок, во принцип, и по неколку години;

- кај факторинг аранжманите каматната стапка секогаш е пониска, односно таа е

онаа што владее на пазарот на пари. Кај форфертинг активностите каматната

стапка е повисока и речиси е изедначена со каматната стапка што владее на

пазарот на капитал.

Компаративните карактеристики на факторингот и форфетингот се прикажани

во следнава табела52

:

Карактеристики Факторинг Форфетинг

Побарувања според коишто

се купуваат стоките

Побарувања при доставување

на потребните стоки

Побарувања при доставување

стоки со производствено

предзначење

Рок Краткорочен Среднорочен

Видови ризици

Трговски и фирмен

Сите ризици + валутни,

политички, социјални и

законодавни

Можност за регрес на

ризикот

Со регрес Можност правата да се

пренесуваат конечно

Територијална опфатеност

на аранжманот

На територијата на страната ``извозниот`` факторинг има

меѓународен карактер

Неопходност од гаранција Не се задолжителни задолжителни се (авални,

гаранции од друга банка)

52

http://download.pomagalo.com/843753/faktoring+i+forfeting/?search=

Page 88: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

88

Особености на процесот

Пренесување на правата од

побарување – цесија

Инкасирање на побарувањата

–есконтирање

Пренесување на правата

одпобарувањето-есконтирање

Инкасирање на побарувањата-

реесконтирање

Формирање на цената

Камата+такси за обележување

на кредитот+комисион за

преземање на ризикот

Камата+такси за обележување

на кредитот+комисион за

преземање на ризикот, што е

многу повисока

Размер на кредитот Мали кредити до 1% од

сопствениот капитал

Големи кредити до 5% од

сопствениот капитал

Табела 2

4.5 Промени во банкарското окружување

о втората половина на 20. век, традиционалното банкарство доживува

драстични промени, a банките се претвораат во универзални финансиски

институции. Ефикасното функционирање на банките зависи од нивната

флексибилност, т.е. способностa да се прилагодуваат на промените со што би

обезбедиле конкуретска предност, во споредба со другите финансиски институции.

4.5.1 Конкуренција меѓу банкарските институции

Еден од најважните фундаментални фактори во трансформацијата на

традиционалните комерцијални банки во современи универзални институции е

конкуренцијата. Конкуренцијата претставува движечки фактор на растечките трендови

В

Page 89: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

89

во светската економија. Зголемената конкуренција ги принудувабанките да преземаат

поризични активностои за да остварат соодветни прифатливи профити53

.

Зголеменото ривалство меѓу банкарските институции се манифестира во два

облика54

:

ценовнате конкуренција предизвикува поповолни каматни стапки за

комитентите на банките; и

производствена конкуренција предизвикува проширување на банкарските

производи и услуги за задоволување на потребите на клиентите на банкит.е.

Под притисок на конкуренцијата банките создаваат нови и поквалитетни

услуги.

Во услови на зголемена конкуренција, пак, комерцијалните банки преземаат

повеќе чекори, и тоа55

:

вршат поголемо користење на секјуритазацијата на кредитите;

даваат гаранции, поддршка на ликвидноста на останатите институции, кредитни

зајакнувања и поддржуваат голем број различни инструменти на финансискиот

пазар; и

ја зајакнуваат активноста на пазарот во хартии од вредност, преку нивна

емисија, брокерство и активности на заедничките фондови.

Зголемената конкуренција е една од фундаменталните фактори на промени во

комерцијалното банкaрство. За банките за да се соочат со конкуренцијата мора да се

прилагодуваат на новонастанатото окружување, но и да изнаоѓаат нови

производи/услуги. Сето тоа влијае врз зголемувањето на конкуренцијата, и тоа во

различни сфери: конкуренција за депозити, конкуренција за кредити, конкуренција за

услуги од областа на плаќањето и конкуренција за други банкарски услуги. Сите овие

видови конкуренција накратко се објаснети натаму во текстот.

Конкуренција за депозити. Овој вид конкуренција има широк обем. Имено,

прво, комерцијалните банки можат, под различни услови (во зависност од доспеаноста,

каматните стапки и износот на вложувањата) да нудат различни производи/услуги.

Конкуренција за кредити56. Покрај конкуренцијата за депозити, во последно време е

53 Стопанска банка/мај/јуни/2003, бр.5-6,год. XXVII , стр.16 54

Неновски, д-р Томе, Формирање цени на производи и услуги на корпоративните банки,

НАМ Прес, Скопје 2005, стр 132-133 55 Д-р Климентина Поповска, Комерцијално банкарство, оп.цит., стр.272

56Hakenes, Hendrik and Schnabel,Isabel ,Credit Risk Transfer and Bank Competition, University of Hannover and

MPI Bonn and University of Mainz, CEPR, and MPI Bonn, October 2009,page1-3

Page 90: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

90

зголемена и конкуренцијата за кредити. За тоа придонесува развојот на junk

bonds(обврзниците со сомнителен квалитет или лошите обврзници). Овие обврзници

претставуваат успешна супституција за кредитите. Поточно, да бараат кредити од

банките, деловните субјекти (со понизок рејтинг) пристапуваа кон прибирање

дополнителни средства преку издавање Junk bonds. Исто така, издавањето на хартии

од вредност, продажбата на различни видови осигурување и нудењето други производи

од коишто не се наследува кредитен ризик, значително влијаеја врз диверзификацијата

на средствата на банката и намалување на ризикот. Сите овие активности придонесоа

банките да се насочат кон конкуренцијата во областа на кредитните активности. На

конкуренцијата во областа на кредитите, големо влијание имаа и новите капитални

барања. Конкуренцијата за кредити се зголеми и со одобрувањето на хипотекарски

кредити од страна на одделни компании, при што учеството на банките во таа област

се намалува. Истото тоа се случуваше и со автомобилските кредити. Имено, одделни

автомобилски компании нудеа автомобилски кредити, се со цел зголемување на

продажбата, а со тоа доаѓа до намалување на учеството на банките во тие активности.

Конкуренција за платни услуги. Со појавата на електронските платни системи и

картички се зголеми конкуренцијата меѓу банкарските институции и во платните

услуги.

4.5.2 Дерегулација и регулација

Со дерегулацијата се создадоа услови за позасилен конкурентски натпревар

меѓу банките и другите финансиски услуги. Процесите на дерегулација и регулација во

банкарската индустрија, во последнава деценија, претставуваат фундаментални

промени во банкарската индустрија и значително влијаат врз начинот на работењето на

банките, така што, наметнуваат потребата за постојано прилагодување, пред сé, заради

нивно успешно функционирање57. Традиционално банките се изложени на обемна

регулација од страна на државата којашто, преку голем број закони и други правни

прописи, поставува различни ограничувања во работењето на банките, се со цел да се

заштитат паричните средства на јавноста. Оттука, банките убедливо се

најрегулираните институции во економијата.

57Петрески, Горан, Управување со банките, Економски факултет, Скопје, 2008, стр.27

Page 91: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

91

Кон крајот на 20. век започна процес отна дерегулација, така што се отстранија и

географските ограничувања за дејствување, како и рестрикциите во врска со видот на

производите и услугите што ги нудат банките во своето работење. На банките им се

овозможува да извршуваат небанкарски активности, на пример, брокерски услуги и

инвестициско банкарство, што претходно им беа забранети.

Процесот на дерегулација и либерализација, главно, се однесува на постепеното

укинување на лимитирањето на каматните стапки, што беше карактеристично за

одделни земји во светот и насочувањето на банкарските пласмани во определени

намени. Тој процес овозможува укинување на ограничувањата во поглед на потесната

специјализација на банките, така што се создадени институционални услови за

сопственичко и деловно преструктуирање на банките, во согласност со оптималното

вклопување на секоја поединечна банка во финансискиот пазар. Всушност,

дерегулацијата условува проширување на обемот на трансакциите на меѓубанкарскиот

пазар, без задолжително користење на класичните инструменти за обезбедување и со

користење на сé поголем број нови и флексибилни инструменти и други видови

вонбилансни производи. Процесите на дерегулација доведоа до значајни промени во

местото и улогата на комерцијалните банки во банкарското окружување, и тоа со

огромни последеци врз постојното и идното функционирање на банките.

4.5.3 Финансиски иновации( кредитни картички, секјуритизација)

Целта на секoja банка е да биде лидер во извршувањето на активностит.е.

Потребите на клиентите, новите технологии, стручноста и идеите е она што ја

придвижува иновацијата. Потребата од постојани иновации во текот на процесот и

крајниот производ е од огромна важност за задоволување на барањата на клиентит.е.

Како позначајни иновации кај банките се: кредитните и дебитните картички,

секјуритизацијата, интернет-банкарството, електронските чекови итн.

Информациската технологија изврши големо влијание врз работењето на

банките58. Развојот на информациската технологија првенствено го менува начинот на

испорака на производите и услугите во насока на сé поголемо потпирање на

електронскиот начин за испорака. Во таа смисла, банките ги заменија филијалите со

58

Види детално: Heffernan, Shelagh, Professor of Banking and Finance Cass Business School, City University,

London,2005, page: 98-99

Page 92: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

92

банкомати и интернет банкарства. Информациската технологија го менува начинот на

користење на банкарските производи и услуги од страна на корисницит.е. Поголемата

информираност им овозможува на клиентите да имаат поголем избор и да купуваат

поконкурентни производи, како и да ги менуваат банките што нудат електронски

начин за отворање сметки и користење услуги. Технолошките иновации овозможуваат

давање стандардизирани и погодни банкарски производи што се нудат преку

стандардна пошта, електронска пошта, интернет и слично, а се многу поевтини од

стандардниот начин на продажба. Користењето на банкоматите претставува средство

на банките во конкурентската борба на пазарот за привлекување нови клиенти и

обезбедување брзи и квалитетни услуги. На тој начин се менуваат модалитетот со

којшто управуваат банките. Он-лајн банкарството претставува комбинација на

програмите за лични финансии и електронско плаќање.59

Природен наследник на on-line банкарството е интернет банкарството. Платните

системи и трансакциските механизми денес, едноставно, не можат да го заобиколат

интернетот. Интернет банкарството претставува многу ефикасен и евтин

диструбициски канал, а се употребува од многу интересен сегмент на пазарот. Меѓу

новите инструменти и трансакциски механизми на интернет три особено се интересни;

и тоа: интелегентитните смарт картички, дигиталните пари и микротрансакциите.

4.5.4 Глобализација

Последниот, четврт фактор, што се смета за еден од фундаменталните фактори

за промена во банкарското окружување во последнава деценија, е глобализацијата.

Глобализација (globalization) означува поврзување на одделни национални пазари во

единствен меѓународен пазар. Таа е постапна еволуција на пазарите и институциите на

начин на којшто географските граници не претставуваат бариера и ограничување на

финансиските трансакции. Процесот на глобализација, во голема мера, е овозможен од

брзиот развој на информациската и комуникациската технологија, што обезбедува

финанските услуги да станат достапни на светскиот пазар за многу кратко време и со

многу ниски трошоци. Исто така, глобализацијата е предизвикана и од дејството на

одделни други фактори, како што се: либерализацијата на финансиските пазари,

регионалните економски интеграции (на пример, Европската унија) техничко-

технолошкиот напредок(електронски пари, електронски финансии, електронското

59

Професија Банкар, март 2001, бр.67, стр.16-17

Page 93: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

93

банкарство) и сл. Со глобализацијата исчезнуваат националните граници, па така

домашните банки стануваат сопственици на странските, и обратно, странските банки

стануваат сопственици на домашните банки. Притоа, електронските пари ги

заменуваат сите други облици на пари, времето потребно за реализирање на масовните

банкарски операции се мери со секунди и сл.

Глобализацијата и нејзиното евидентно влијание врз меѓународниот

финансиски пазар се манифестира преку60

:

- учество на многу голем број банки од индустриски развиените земји;

- обемот на финансиските трансакции сé повеќе го надминува обемот на

меѓународните трговски трансакции;

- при вршењето на меѓународните финансиски трансакции се позначајно место

има секјуритазицијата, односно директното финансиско поврзување меѓу

крајните сопственици и корисниците на средствата;

- намалување на трансакциските трошоци;

- стандардизација и униформираност на обрасците и финансиските извештаи на

банките;

- апитална и финансиска поврзаност меѓу банките од различни земји, при што се

формираат се поголеми интербанкарски депозити и врз основа на тоа се

остваруваат заеднички кредитни пласмани;

- компјутерско (мрежно) поврзување на банките и другите финансиски

институции;

- ширење на мултинационалното банкарство, како значаен облик на

меѓународното работење на банките.

Но, глобализацијата има и негативни страни61, односно ги наметнува обичаите

на развиените земји и ги потиснува домашните традиционални вредности; доведува до

нерамномерна вработеност; финансиска доминација на развиените земји итн.

4.6 Секјуритизација – нов извор на финансирање

4.6.1 Поим и суштина на секјуритизацијата

60 Витанова,проф. д-р Гордана, Финансиски пазари и институции, оп.цит, стр.31-32 61

http://papers.ssrn.com/sol3/papers.cfm?abstract_id=923261&CFID=16333536&CFTOKEN=64968438 стр.2,3

и 4

Page 94: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

94

о изнаоѓањето нови извори на средства за финансирање на

активностите банките го користат и инструментот секјуритизација.

Секјуритизацијата (securisatation) е процес на конвертирање на дел од активата

(најчесто, со намалена пазарна вредност) на банките во одделни форми (хартии од

вредност) што се прифатливи (високопазарни) за инвеститорите на секундарниот

пазар. Поточно секјуритизацијата, како модалитет, означува процес со којшто

кредитите се претвораат во ликвидни средства, така што се издаваат хартии од

вредност врз основа на претходно одобрените кредити. Основата на секјуритизацијата

е содржана во трансформирањето на дел од банкарските кредити во хартии од

вредност, најчесто, во обврзници. Таа е инструмент со којшто банките ја регулираат

својата ликвидност.

Секјуритизацискиот кредит претставува хибридна форма што го комбинира

класичниот банкарски кредит со карактеристиките на корпорациските обврзници62.

Секјуритизацијата им овозможува на банките да го опслужуваат пазарот на

кредити на сосема поинаков начин од традиционалното банкарско

интермедијаторство63. Концептот на секјуритизација е особено значаен во услови кога

банките работат во окружување во коешто каматните стапки пазарно се формираат,

односно тие континуирано се изложени на каматен ризик, имајќи притоа предвид дека

банките најголем дел од кредитите ги пласираат со фиксни каматни стапки, а најголем

дел од изворите на средства се каматно чувствителни на промените на пазарните

каматни стапки.

Секјуритизацијата за првпат се појавила во САД, во 1970 година, кога една

државна агенција, задолжена за поттикнување на домувањето (Владиното национално

хипотекарско здружение) извршила секјуритизација на станбените хипотекарни

кредити, одобрени од страна на банкит.е. Оттогаш, пак, секјуритизацијата постојано

бележи голем раст и ги опфаќа другите видови кредити. Така, во `80. год. На 20. век се

јавила секјуритизацијата на потрошувачките кредити. Имено, во 1985 година банките

62 Јованоски, проф, д-р Тихомир, Економија и биснис, Иновации и односи во современото комерцијално

банкарство во услови на глобализација и секјуритизација, декември 2004, год VII, бр.84, стр.10

63 Види поопширно: Heffernan,Shelagh, Modern banking, City university London,2005, page 67

В

Page 95: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

95

започнале да спроведуваат секјуритизација на автомобилските кредити, а следната

година и на кредитните картички. Конечно, во 1998 година американските банки

започнале да вршат секјуритизација на кредитите одобрени на големите деловни

субјекти.

Во Европа, пак, секјуритизацијата претставува понова појава, така што за

првпат, се јавила во 1996 година и се однесувала на кредитите одобрени на деловните

субјекти. Според European Securitisation Forum, во најголем процент денес таа е

застапена во Шпанија и Холандија со 27%, па потоа во Италија- 22%, Германија

11%64(графикон 4).

Графикон 4

Денес во развиените земји секјуритизацијата претставува редовна појава, а таа особено

се однесува на станбените кредити. Овој процес е најразвиен во САД, каде што околу 40%

од потрошувачките и 80% од станбените кредити, вклучувајќи ги и оние со послаб

квалитет, се опфатени со секјуритизацијата.

4.6.1 Процес на секјуритизација

Банката што иницијално ги одобрила кредитите, и натаму врши нивно

сервисирање. Банката што ги одобрила кредитите се нарекува поттикнувач, додека

институцијата што ја презема (купува) групата кредити се јавува како издавач на

64

Види поопширно: Altunbas, Yener and Gambacorta ,Leonardo and Margues, Dejvid, Securitisation and the

bank channel, Working paper series, No 838/ Decembar 2007,page 28

Page 96: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

96

хартиите од вредност. Всушност, банката што ги одобрила кредитите може самата да ги

групира и, врз основа на нив, да издаде хартии од вредност или, пак, тоа да го наприви

посредно. Вториот начин се применува почесто и притоа банката основа посебна

институција, којашто претставува самостојно правно лице. што постои независно од

банката којашто го основала. Оваа институција ги купува кредитите од банката и, врз

основа на нив, издава хартии од вредност што им ги продава на инвеститорите (други

банки, државни агенции и институционални инвеститори). Притоа, со парите добиени

од продажбата на хартиите од вредност или од средството за посебна намена и ги плаќа

кредитите на банката-поттикнувач. Сите наплатени средства од тие кредити банката

е должна да ги пренесе на доверелителот, кој е уште еден учесник во процесот на

секјуритизација. Доверелителот се назначува поради здобивање сигурност дека

издавачот на хартиите од вредност ќе ги исполни преземените обврски кон

инвеститорит.е. Тој ги собира сите генерирани приливи од наплатата на кредитите и

им ги распределува на инвеститорит.е. Исто така, доверителот има обврска да го

инвестира секој привремен вишок на готовина, за да ги заштити финансиските

интереси на инвеститорите. Од графиконот 4 може да се заклучи дека целокупниот

процес е гарантиран преку кредитните зајакнувања со коишто се гарантира дел или

целокупниот кредитен ризик на кредитот, како и од страна на рејтинг агенциите што

вршат рангирање на хартиите од вредност. Кога банката ги продава кредитите, има

право да ги отстрани средствата од билансот на состојбата. На тој начин таа не

одвојува резерва, а ги намалува капиталните барања. Банката добива улога на

инвестициска банка, го елиминира каматниот ризик и создава провизија од

сервисирањето на кредитите, без дополнителен кредитен ризик. Special Purpose

Vehicle е корпоративна компанија формирана да купува кредити од банка а се

финансира преку издавање хартии од вредност на инвеститорите. Илустративно тоа

е прикажано на слика 5:

Банка (издава и

сервисира

кредити)

Special Purpose Vehicle

Инвеститори

1

1

1

Рејтинг агенции

6 4

Page 97: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

97

Слика 5

каде

Принос;

Продажба на имот;

Поддржани со средства хартии од вредност;

Рејтирање на хартиите од вредност;

Гарантен договор, што гарантира дел или цел кредитен ризик;

Сервисирање на договорот.

Технологијата на секјуритизираниот банкарски заем ги опфаќа следниве

фази:65

- иницијална фаза;

- структуирање;

- одобрување на кредитите;

- промет на секјуритизираниот кредит и

- сервисирање на кредитот.

Во иницијалната фаза банката одобрува кредит исто како да се работи за

класичен заем. Притоа, таа ги респектира и цени сите квалитети на заемопримачот, а

адекватно на тоа го проценува колатералот. За оценка на кредитната способност на

должникот, на банката и стојат на располагање традиционалните методи, што се

засноваат врз проценка на кредитниот ризик на должникот, односно неговиот

карактер, капацитетот на задолжувањето, проценката на нето имотот на должникот

за оценка на економските состојби и потреби за капитал, односно оценка на

кредитната способност на должникот. Банката што одобрила кредит на

финансискиот пазар може да најде институција што, врз основа на таквиот кредит

(или пул на кредити) ќе емитува должнички хартии од вредност (хипотекарски

заложници или обврзници), но и натаму ќе остане во игра како сервисер на заемот. За 65Види поопширно: Професија банкар, Секјуритизација на кредитите- тренд на XXI век, јули/август 1998,

бр. 35/36, стр.98-101

2

3

Трета страна - Издавач на

кредит(предвидена финансиска

гаранција)

5

Page 98: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

98

да можат банките определен квантум на кредити да го трансформираат во обврзници е

неопходно да се обезбеди финансиски аранжман според којшто некоја друга

финансиска институција ќе прифати да изврши емисија на хартии од вредност врз

основа на формиран пул на кредити, пласиран од една банка или од конзорциумот од

банки. Пуловите на банките се формираат од кредити одобрени од страна на повеќе

банки коишто, за таа цел, формираат конзорциум од банки за да можат да извршат

трансформација на блокот кредити во хартии од вредност.

Структуирањето на хартиите од вредност претставува клучна фаза на

секјуритизацијата.66

Притоа, емитентот, односно банкарскиот конзорциум ја

структуира зајмовната актива со карактеристиките на хартиите шго ќе се емитуваат

поради рефинансирање на кредитот во поглед на рокот на втасување, каматните

стапки и слично, и тоа во согласност со постојните преференции. Секако дека при

креирањето на пулот можат да се опфатат само заеми што, како средства за

обезбедување имаат сличен колатерал. Со овие операции ризикот од банката, што го

одобрила кредитот се пренесува на инвеститорите во хартии од вредност.

Прометот на секјуритизираниот кредит е наредната фаза на овој циклус. Во

неа се настојува новоемитираните хартии од вредност да се продадат на примарниот

пазар и тоа, по можност, на институционални инвеститори коишто, подоцна, ќе ги

задржат во своите портфолија. Но, истовремено, внимателно се следи "судбината" на

хартиите од вредност на секундарниот пазар, бидејќи успехот на емисијата зависи токму

од него.

Сервисирањето на кредитот опфаќа следење на отплатата, пренесувањето на

втасаните отплати на инвеститорите во хартии од вредност, како и реализацијата на

колатералот во случај на доцнење на должникот при отплатата на кредитот.

4.6.3 Придобивки и ризици од секјуритизацијата

Придобивките од секјуритизацијата се следниве:

а) групирањето на заемите и издавање обврзници врз нивна основа, при што на

банките им се обезбедува ликвидност потребна за нови инвестиции.

Секјуритизацијата, им овозможува на банките одобрените кредити да ги држат во

66Види поопширно: Професија банкар, Секјуритизација на кредитите како финансиска основа, јуни

1999,бр.46,стр.19

Page 99: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

99

своите портфолија се до денот на нивното втасување и имаат можност да се

ослободат од нив во моменти што најмногу им одговараат;

б) секјуритизацијата им помага на банките подобро да управуват со

каматниот ризик. На пример, ако станува збор за долгорочни кредити со фиксна

каматна стапка, што не се секјуритизирани, евентуалната промена на пазарните

каматни стапки може да предизвика големи загуби за банката. Каматниот ризик при

секјуритизацијата, го презема издавачот на обврзниците;

в) се намалува кредитниот ризик на банките. Тоа доаѓа оттаму што внесува

различност во кредитната изложеност на банката. Со ставањето на кредитите, па и на

оние за коишто се смета дека се или можат да станат високоризични, во пакетот

(пулот) што ќе служи како основа за секјуритизација, банката се ослободува од

товарот на ризикот од евентуална неможност да ги наплати таквите кредити. Воедно,

со секјуритазицијата на кредитните портфолија банките можат да ги намалат

концентарациите (доколку ги имаат) во однос на определен регион, сектор или

дејност, односно да извршат диверзификација на своето портфолио;

г) ја зголемува профитабилноста на банката и тоа на неколку начини: банката

врши сервисирање (наплата и слични услуги) на кредитите што се секјуритизирани,

а за тие услуги таа наплаќа соодветна провизија од инвеститорите во чие име и за

чија сметка ги врши тие услуги;

д) банката обезбедува дополнителни приходи со давање советодавни услуги на

институцијатата што вршат секјуритизација за тоа како да го извршат тој процес,

главно, со обезбедување дополнителна ликвидност на таа институција, ако со случи

таа да нема доволно средства за намирување на своите обврски кон инвеститорите

по издадените обврзници; натаму со продажба на гаранции (кредитни подобрувања)

заради заштита на имателите на обврниците, издадени врз основа на пакетот

кредити;

ѓ) секјуритизацијата, со добиените средства од продадените обврзници прави

нови профитабилни пласмани врз основа на истиот квантум на капитал, а со што ги

задоволува и критериумите за адекватност на капиталот, и потребите за

зголемување на стапката на принос на акционерскиот капитал;

е) процесот на секјуритизација банките го користат и за прибирање нови

финансиски средства. За таа цел тие издаваат сопствени обврзници што се покриени

со кредити коишто претходно ги одобриле. Имено, банките формираат пакет од

Page 100: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

100

сопствените кредити, издаваат обврзници и, како колатерал за тие обврзници, го

користат пакетот на кредити. Во тој случај, пак, обврзниците стануваат дел од

билансот на банката и се водат како нејзини обврски;

ж) секјуритизацијата доведува до создавање огромен пазар на хартии од

вредност, што се одликуваат со низок ризик, бидејќи се гарантирани од државата.

Ваквите хартии од вредност се многу привлечни за инвеститорите (банки, пензиски

фондови, осигурителни друштва, инвестециски фондови);

з) секјуритазицијата овозможува потенцијалните кредитобаратели да обезбедат

средства по пониски каматни стапки, бидејќи должничките хартии од вредност

често имаат пониски трансакциски трошоци од кредитите;

ѕ) секјуритизацијата придонесува и за развој на финансиските пазари67

.

Негативните страни на секјуритизацијата се:

- банките мора да ги држат кредитите во својот биланс сè до рокот на

нивното втасување, што условува тие да мора да имаат соодветен износ на капитал за

нивното покривање. Бидејќи, пак, износот на кредитите мора да биде поголем од

износот на обврзниците, банката мора да ја надополни разликата со прибирање

дополнителни депозити или со заеми на пазарот на пари. Тоа, повратно, води кон

зголемување на обврската за издвојување задолжителна резерва, а со тоа и

зголемување на вкупните трошоци на банката. Според тоа при користењето на

секјуритизацијата банките мора да бидат многу претпазливи и да ја применуваат само

ако пресметките покажат дека корисноста е поголема од трошоците за таа

трансакција;

- иницијалните должници на кредитите често не знаат дека нивните кредити се

секјуритизирани. Токму овде се крие една од слабостите на секјуритизацијата,

затоа што повеќето кредитокорисници не се многу задоволни од фактот што

податоците, (коишто банките ги имаат за нивното работење) ќе бидат презентирани

и на други субјекти, при евентуален процес на секјуритизирање на нивните кредити;

- можноста за секјуритизација е ограничена само на големите банки. Оттука,

пак, за помалите банки останува можноста да купуваат вакви хартии од вредност

само на секундарниот пазар;

67За ова види поопширно: Делова Јолевска, д-р Евица, Секјуритизација на кредити, Стопанска банка, бр.1-

2, јануари/февруари 2004, год. XXXIII

Page 101: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

101

- ссекјуритизацијата на кредитите ја намалува клучната улога на комерцијалните

банки, како финансиски посредници68. Поточно, се намалува цврстата врска меѓу

комерцијалните банки со централната монетарна институција. Тоа не може, а да не

влијае врз конципирањето и остварувањето на кредитната политика на

комерцијалните банки и монетарната политика на централната банка.

4.7 Кредитни картички

4.7.1 Технолошки иновации (електронско банкарство и нови финансиски

производи и услуги)

одерната информациско-комуникациска технологија предизвика

технолошка револуција кај банките. Тие, со помош на електронските

средства воспоставија интеракциска врска со комитентите и со тоа ги намалија

трошоците за своите трансакции. Електронското банкарство(e-banking) означува

техника на извршување на банкарските работи, односно начин на испорака на

банкарските производи/услуги. Платните инструменти, засновани на хартија, сè повеќе

се намалуваат а соодветно на тоа се зголемува користењето на платните инструменти

засновани на електрониката69. Електронските трансакции се извршуваат со многу

поголема брзина во однос на користењето на поранешните методи, при што се

намалени и цените на банкарските услуги, а со тоа се зголемува профитабилноста на

банката. Банките стануваат поблиски со клиентите, зашто ја елиминираат потребата од

физичко присуство на банката, како и на филијалите во извршувањето на големиот

број трансакции.

68

Јовановски, проф. д-р Тихомир,Иновации и односи во современото комерцијално банкарство во

услови на глобализација и секјуритазиција, Економија и бизнис, декември 2004, бр.84, год.VII, стр.11 69Види поопширно: Јаневска, д-р Маргарита, ,,Менаџмент информациски системи”, Прилеп, 2004,стр.130-

135

М

Page 102: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

102

Интерактциските врски со комитентите се евидентни со воведувањето

автомати што претставуваат еден вид банкарски филијали. За најголем број од

населението електронското банкарство се сведува на повлекување готови пари од

банкоматит.е. Покрај подигањето готовина, банкоматите овозможуваат и депонирање,

трансфер на средства на други сметки, плаќање од други сметки и сл. Банкоматите

најчесто, се поставуваат на места што се одликуваат со голема фреквенција и

раздвиженост, односно каде што има: продавници, трговски центри, бензиски пумпи,

факултети, болници, аедроми, автобуски станици итн. Со нивна примена банките ги

намалуваат трошоците (ангажирање работна сила), а ги зголемуват приходите , но

доколку се користи банкомат од друга банка, тогаш се наплаќа провизија.

Со воведувањето на електронските системи за плаќање на купената стока во

продавниците, пак, се олеснува и забрзува трговската размена. Со користењето на

електронските картички, преку терминалите што се лоцирани во продавниците, се

издава електронски налог на компјутерскиот центар на банката за трансферирање на

парите од сметката на купувачот - на сметката на продавницата.

Како придобивка од информациско-комуникациската технологија се разви и

домашното банкарство, така што дојде до компјутерско или телефонско поврзување

на комитентите на банките преку персоналниот компјутер заради вршење соодветни

трансакции. Следниот значаен чекор во развојот на електронското банкарство е

направен со промоцијата на он-лајн банкарството. Он-лајн (домашното) банкарство

претставува комбинација од програмитe за лични финансии и за електронско плаќање.

Интернет банкарството се поистоветува со електронското банкарство, иако е

дел од него. Имено, интернет банкарството означува пристап до банкарските услуги

преку интернет, при што секој клиент има сопствено корисничко име (user ID) и

лозинка (password), што му обезбедуваат приватност во користењето на услугите и

заштита од злоупотреби.

Со интранетот се воспоставува директна on line комуникациска врска меѓу

персоналниот компјутер на комитентот и компјутерскиот центар на банката, преку

користење модем.

Во низата иновации што го условија развојот на електронското банкарство,

особено значајно место зазема софтверот на лични инвестиции (Personal finance softwear).

Тоа e софтвeр што на луѓето им овозможува (со помош на компјутерите) да водат грижа за

движењето на своите пари. Стандардните можности за овие програми опфаќаат:

Page 103: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

103

потсетник за неподмирените обврски, интелегентен регистратор на сметките, плаќање на

сметки, пополнување и печатење чекови, програмирање на идните исплати, калкулатор за

финансиско планирање, креирање план за отплата на долговите, инвестирање, преглед на

портфолио инвестициите, следење на берзанските индекси, он-лајн банкарство,

креирање различни видови финансиски извештаи, финансиски адресар и сл

Привлечноста на електронското банкарство, пред сè, се гледа во следново: тоа

им обезбедува пристап до банкарските услуги од секое место, 24 часа во денот, 7 дена

во неделата и 365 денас во годината, при што се намалуваат трошоците за одење до

банка, трансакциите се извршуваат побрзо и полесно70. Притоа, кај банката се

намалуваат трошоците, се намалува потребата од изнајмување простории, вработување

банкарски службеници, се одржува конкуретската предност, глобалната присутност,

интеграцијата на деловните процеси и унапредувањето на работењето.

4.7.1.1 Карактеристики на кредитните картички

Кредитните картички стапија на сцена во `60. години на 20. век во САД.

Платните картички се најраспространета форма на електронското банкарство. Тие се

средства што содржат информации за паричните средства на имателот на картичката,

или се поврзани со компјутерскиот центар на банката. Кредитните картички се

прифатени од околу 4 милиони локации во САД и околу 14 милиони ширум светот.

Издавањето картички е многу привлечна активност на секоја банка, и тоа

поради две причини: прво, преку нив банките привлекуваат клиенти, коишто потоа

користат и други банкарски производи; и второ, картичките претставуваат значаен

извор на приходи. Банките им наплаќаат на трговците определен процент од вредноста

на прометот, направен со употреба на картичките. Како приход во овој случај се јавува

и провизијата што банката ја наплаќа при повлекувањето готови пари од банкоматите,

каматата на искористените кредити врз основа на картичките, како и казнената камата

за задоцнето плаќање на долгот или за пробивање на дозволениот кредитен износ.

Секоја картичка, заради заштита до злоупотреба од други лица, содржи ПИН. Пинот е

личен идентификациски број на корисникот на картичката што служи како код за

идентификација при користење на банкоматот или ПОС уредит.е. Меѓутоа, денес и тој

не претставува сигурна заштита од злоупотреба.

70Петрески, Горан,Управување со банките, Економски факултет-Скопје,2008, стр.458-459

Page 104: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

104

4.7.1.2 Значење и суштина на кредитните картички

Кредитните и дебитните картички добиваат сé поголемо значење како метод за

плаќањата на мало, пред сé, при купување определени производи или услуги.

Број на кредитни картички (милиони)

Вкупно потрошено за кредитни картички (билиони)

Слика 671

На слика 6 се прикажани парите потрошени за кредитни картички во споредба

со бројот на картичките во употреба. Очигледно е дека потрошувачите драстично ги

зголемиле нивните навики за трошење во изминатата деценија, иако бројот на

картичките во употреба е намален. Картичките се помалку достапни сега, отколку кога

било досега.

Процедурата за добивање кредитна картичка е едноставна и се извршува за краток

временски период. Потребните документи, што се поднесуваат за добивање кредитна

картичка, се: барање определелен вид кредитна картичка, фотокопија од лична карта,

потврда за редовно вработување и фотокопија од последната платена сметка за електрична

енергија, телефон или вода.

Кредитните картички можат да бидат со фиксни и променливи каматни стапки.

Кредитните картички со ниски каматни стапки се подобри отколку кредититните картички

71 Извор: http://www.comparecards.com/blog/articles/why-do-we-use-credit-cards/

Page 105: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

105

со ниски променливи стапки на каматата. Кај кредититните картички со променлива

каматна стапка банките можат да ја менуваат стапката во секое време без претходно

предупредување на корисникот. Каматата што се пресметува е заснована на годишната

процентуална стапка и таа е променлива, а тоа значи плаќање помалку или повеќе од

сопствениот буџет. Колку е пониска каматната стапка, толку се заштедува на финансиските

трошоци.

Друго значајно прашање при определувањето дали да се отвори и користи

кредититна картичка е: дали ќе се отплаќа сметката секој месец или само еден дел?

Притоа, многу е важна платежната моќ. Ако се отплаќа само дел, тогаш останува неплатено

салдо. Токму затоа е важно да се знае колкава е каматната стапка што се пресметува на

остатокот на неплатеното салдо и, на тој начин, да се определи колку е потребно да се

отплаќа за да може редовно да се одржува работењето со кредититните картички.

Компаниите, што издаваат кредититни картички, им наплаќаат различни провизии на

своите корисници, на пример провизија за задоцнето плаќање или за пречекорување на

дозволениот лимит.

4.7.1.3 Видови кредитни картички (дебитни и кредитни)

Меѓу новите инструменти и трансакциски механизми на интернет три особено се

интересни: интелигентните картички, дигиталните пари и микротрансакциит.е.

Интелигентната картичка има вграден микрочип којшто и овозможува вршење на

низа различни функции. Денес на располагање се бројни апликации за интелигетните

картички, па така секоја интелигентна картичка може да служи како кредитна

картичка, дебитна картичка, паричник за складирање електронски пари, лична карта,

возачка дозвола, здравствена книшка. Во поново време, одделни банки започнаа да

нудат картички со вграден микрочип, во којшто се сочувани сите информации за

состојбата и промените на сметката. Банките се најголеми издавачи на платежни

картички, иако нив ги издаваат и самостојни оператори, како и голем број

нефинансиски трговски друштва.

Дебитните картички им овозможуваат на сопствениците да вршат плаќање

само ако имаат доволно пари на банкарските сметки. Сепак, одделни банки даваат

можност за определено пречекорување на сметката, односно им овозможуваат на

сопствениците на овие картички да плаќаат, иако немаат пари на сметката.

Page 106: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

106

Кредитните картички нудат можност за плаќање во иднина. Тие се средство за

плаќање со чисто кредитни карактеристики, зашто тие не се поврзани со тековните

сметки на луѓето, туку со нивната употреба сопствениците веднаш користат кредит од

банката. Користењето на кредитот се врши на два начина: со нив се повлекува

готовина на благајните или од банкоматите и со нив се плаќа за купените производи во

трговските дуќани.

Еднократни картички се оние кредитни картички што се користат за една

употреба, односно еднократно. Такви се, на пример картички за подарок за свадби, матурски

прослави, дипломирање или, пак, ненаменски. Притоа, се искористува само износот штој е

на картичката и потоа повеќе таа не се користи.

Картичките со претплата (prepayment cards) и паметните картички (smart

cards), на пример, со при-пејд им овозможуваат на вработените без банкарска сметка,

да ги добиваат своите плати во форма на исплата на картичката, наместо на чек.

Припејд картички припаѓаат во "плати однапред" категоријата на картички. Тие бараат

средства депонирани однапред за подоцнежна употреба кај трговцит.е. Овие картички

широко се распространети и во нив спаѓаат: телефонските картички, или оние со

вграден микрочип што овозможува зачувување низа финансиски информации за

сопственоста на картичката.

Смарт картичката е друг пример за картичка со складирана вредност72

.

Клиентите со неа можат да симнат готовина од нивните сметки за да можат да ја

користат, така што тие се многу посигурни од готовинското плаќање, бидејќи во чипот

се внесени лични податоци, така што картичката може да ја користи само нејзиниот

сопственик.

Во ѕmart картичката е вграден микрокомпјутерски чип што и дава

интелигенција и капацитет на меморијата којашто далеку го надминува капацитетот на

постојните картички со магнегна лента.

Постојат три вида ѕmart картичка: 1) контакт картичка, 2) картичка без контакт

и 3) супер ѕmart картичка. Контакт ѕmart картичката има вградена микроелектроника

во внатрешноста што е поврзана со метални места на површината на картичката и тие

служат за контакт. Контактите овозможуваат врска единиците за читање, пишување и

микрокомпјутерот од картичката и на тој начин комуницираат, но исто така тие

претставуваат код за полнење на микроелектрониката со информации. Од друга

72Хефернан, Шила, Современо банкарство, Академски печат, Скопје, 2005, стр. 94

Page 107: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

107

страна, пак, технологијата без контакти претставува средство за пренос на

податоци меѓу ѕmart картичката и единиците за читање и пишување, пришто не се

користат екстремни контакти, бидејќи картичката е во состојба да функционира на

мало растојание од површината на единицата за читање и пишување. Супер ѕmart

картичката е трета категорија што радикално се разликува од другите две, бидејќи

содржи тастатура и дисплеј од течен кристал, а функционира како самостоен

терминал на којшто не му е потребна единица за читање и пишување.

5. Aнализа на банкарските институции во Република Македонија и нивните

алтернативни извори за кредитирање

5.1 Банкарските институции во Р.Македонија

Реформите во македонскиот банкарски систем се дел од вкупните реформи што

се презедоа во Р.Македонија. Во транзицискиот период во банкарскиот систем се

случија повеќе радикални промени. Имено, во 1994 година се изврши санација на

банкарскиот систем со која се банките се ослободија од лошите пласмани. Натаму

следеше период во којшто влезе странски капитал, а тоа помогна македонскиот

банкарски сектор да се преструктуира според меѓународните банкарски стандарди. Со

преструктуирањето на банкарскиот систем целокупниот платен промет се пресели кај

банките. Во текот на овој период најзначајна беше реформата што се одвиваше во

сегментот на контролата и супервизијата, со цел банкарското работење да биде што

поблиску до работењето на современите европски банки.

Во 2011 година банкарскиот сектор во Република Македонија беше стабилен,

без поголеми потреси, високоликвиден, но и помалку профитабилен во однос на

претходната година. Според Народната банка на РМ, стабилноста и релативно

високото ниво на ликвидност на банкарскиот систем се должат на високиот степен на

стабилност на депозитната база на банкит.е. Македонскиот банкарски сектор се

карактеризира со задоволително ниво на солвентност и доволно капитал за покривање

на преземените ризици. Банкарскиот систем ја задржа стабилната позиција, главно,

поради неговата затвореност кон меѓународните финансиски пазари, не постоењето на

изложеност кон тн. „токсични производи“, неговата релативно силна капитална

Page 108: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

108

ликвидносна позиција, претпазливоста при преземањето ризици, како и преземените

мерки од страна на Централната банка.

Заклучно со септември 2011 година беше остварен пораст на активата на

секторот од 5% (15,9 млрд МКД), главно, преку растот на депозитите од 6% (12,6 млрд.

МКД) и преку зголемувањето на капиталот за 11%(3,4 млрд. МКД), со реинвестирање

на добивките од 2010 година и со извршените докапитализации на две банки. Вкупната

кредитна активност во тој период беше зголемена за 6%(10,2 млрд. МКД), додека

вишокот на ликвидни средства беше пренасочен во хартии од вредност и во записи за

шестмесечен депозит кај централната банка.

Забавената кредитна активност, растот на нефункционалните пласмани (НПЛ

9,9%), промените во управувањето со структурната ликвидност во текот на годината,

при високи каматни стапки на штедењето и зголемените оперативни трошоци на

банките, доведува до намалување на профитабилноста на секторот којшто во првите

девет месеци оствари бруто добивка од само 257 мил73. Профитабилноста и

оперативната ефикасност на банките бележат влошување. Добивката на банкарскиот

систем од 2011 година е преполовена во однос на претходната година, а бројот на

банките коишто прикажаа загуба се зголеми на шест, на крајот од 2011 година (со

пазарно учество во активата од 12,6%) од четири, на крајот од 2010 година (со пазарно

учество во активата од 5,6%). Капитализираноста на банките, коишто во 2011 година

прикажаа загуба, не е доведена во прашање.

Во Р.Македонија, банките се изложени на мала конкуренција од страна на

другите финансиски посредници во коишто спаѓаат и осигурителните друштва,

пензиските фондови, инвестициските фондови, брокерските куќи, друштвата за лизинг,

штедилниците и некои други организации, коишто се организирани како здруженија

или имаат некој нерегулиран статус. Банките убедливо се најголемата група

финансиски посредници во Р.Македонија, со учество од 90% во вкупните средства на

финансиските институции.

И покрај доминацијата на банките на финансискиот пазар, сепак, останува

фактот дека банкарскиот сектор во Р.Македонија е мал според обемот, во споредба со

ваквите сектори во развиените земји.

Банките во Република Македонија имаат универзален карактер, така што тие

можат да се јават како учесници на сите сегменти на финансиските пазари, и тоа:

73

Извор: Годишен извештај 2011 на НЛБ Тутунска банка АД Скопје

Page 109: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

109

пазарот на пари, пазарот на капитал и девизниот пазар. Меѓутоа, најголем дел од

активностите на банките се сведуваат на пазарот на пари. Приоритетни дејности на

банките претставуваат депозитната и комерцијално-инвестициската функција, односно

тие се јавуваат како интермедијатори меѓу депонентите и барателите на кредити, за

остварување на профит. Покрај оваа основна дејност, банките извршуваат и други

банкарски работи и услуги. Така, освен класичните функции, банките имаат можност

да учествуваат на пазарот на капитал преку емисија на сопствени долгорочни хартии

од вредност и преку посредување во прометот со хартии од вредност на други

субјекти.

5.1.1Алтернативни извори за кредитирање на банкарските институции во

Р.Македонија

редитите, како финансиски инструмент, се значаен инструмент преку кој

банките ги задоволуваат финансиските потреби на нивните комитенти.

До 2000 год. во Р.Македонија се спроведуваше рестриктивна монетарна

политика и постоеше административно ограничување на кредитниот раст од страна на

Централната банка. Потоа, во 2003год. дојде до пораст на кредити за стопанство за

16%. Во периодот 2002-2007 настанува трикратен растеж на кредитит.е. Побрз раст на

кредитите на населението се забележува во периодот од 2003 до 2007 г., и тоа за 53%,

со повисоки камати, при што се јавува диверзификација на ризикот. Во 2011г.

кредитната активност на банките како на квартална, така и на годишна основа,

продолжува да расте, но со побавна динамика, во споредба со тн. “златни времиња“. Сè

уште присутната воздржаност на банките за кредитирање, главно во втората половина

од 2011 година, тесно е поврзана со должничката криза во еврозоната и неизвесноста

во однос на закрепнувањето на домашната економска активност. Значајна

детерминанта на идната кредитна активност, во услови на стабилни домашни извори за

финансирање на банките, е квалитетот на проектите за коишто се бара кредитна

поддршка.

При анализата на банките во Р.Македонија се користени податоци на годишно

ниво за 2012 година, а се правени споредби во однос на 2011 година.

К

Page 110: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

110

Оттука се забележува дека кредитната активност кај банките во Р.Македонија

расте со побавна динамика. Како фактор со најсилно влијание за затегнување на

кредитирањето на фирмите, пред сé, е зголемениот ризик за наплата. Токму оттука

произлегуваат и ризиците коишто потекнуваат од реалниот сектор и промените во

домашната и глобалната економија.

Исто така и годишната стапка на раст на кредитирањето, значително забавува

(намалување за 0,8 процентни поени во споредба со претходниот квартал), а

забавувањето продолжува и во октомври 2012 година, кога оваа стапка се намали на

6,5%.

Неликвидноста на компаниите, како и намалениот обем на работа им создаваат

проблеми на бизнисмените и тие не можат навреме да ги враќаат кредитите во

банкит.е. Бизнис-секторот е доминантен во проблематичното кредитно портфолио, и

тоа со над 280 милиони евра. Анализата на одделните индустриски сектори покажува

дека најпроблематични должници се: трговските компании, фирмите од

прехранбената и металската индустрија коишто всушност, најсилно ги чувствуваат

негативните ефекти од еврокризата.

Според податоците на НБРМ ,застапеноста на кредитите дадени од банките во

Р.Македонија за изминатата 2012 година е следнава:

Кредитите со валутна компонента (девизните кредити и кредитите во денари

со девизна клаузула) заземаат околу 55,7%, со што и натаму се најзастапени во

структурата на вкупните кредити.

Според секторската структура, и кај деловните субјекти, и кај домаќинствата се

зголемува значењето на денарското кредитирање, при што ова зголемување повеќе е

изразено кај деловните субјекти. Забавениот квартален пораст на денарските кредити

немаше голем одраз врз нивната годишна динамика. Тие продолжија засилено да

растат на годишно ниво, наспроти надолното движење на девизните кредити коешто

продолжи и во третиот квартал од 2012 година, со изразено негативна квартална стапка

на промена и значително забавен годишен раст. Во октомври 2012 година, забави

растот на денарските кредити, но исто така забави и намалувањето на девизните

кредити. За разлика од претходните квартали од 2012 година, кога придонесот на

денарските кредити во кредитниот раст постепено се приближуваше до придонесот на

кредитите со валутна компонента, на 30.9.2012 денарските кредити речиси во целост

(93,8%) го условија вкупниот годишен раст на кредитит.е. Забрзаниот раст на

Page 111: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

111

денарските кредити придонесе за зголемување на нивното учество во валутната

структура на кредитите (44,3%);

од аспект на рочноста на вкупните кредити, пак, се забележува дека

долгорочните кредити и натаму се најзастапени со учество од околу 69%, за

сметка на намаленото учество на краткорочните кредити. Тие бележат

негативен придонес во кварталниот раст на кредитите на нефинансиските

субјекти, а со тоа и намалено учество во структурата на кредитит.е. Значи,

краткорочните кредити продолжија да растат позабрзано.

Под влијание на побрзиот раст на нефункционалните кредити, наспроти

забавената кредитна активност на банките во третиот квартал од оваа година, стапката

на нефункционалните кредити (за нефинансиските субјекти) се зголеми. Таа на

30.9.2012 година достигна ниво од 10,9%. Нејзиното движење е определено од

нагорното движење на нефункционалните кредити на деловните субјекти, при

истовремено надолно движење на овие кредити кај домаќинствата;

според бројот на примени кредитни барања за производите наменети за

физичките лица, најголема заинтересираност постои за потрошувачките

кредити, а по нив следуваат кредитните картички.

Македонските граѓани најмногу се задолжуваат врз основа на потрошувачките

кредити, така што тие се најкористениот кредитен производ кај физичките лица. Секој

граѓанин во земјава должи во банките просечно по 650 евра, шторечиси е еднакво на

нивото од минатата година, поради забавениот кредитен раст и заострената кредитна

политика на банкарите во време на криза

Домашните банки нудат потрошувачки кредити за различни намени, од

купување мебел, подршка на (студии, кредит без намена, кредити за пензионери, па сè

до туристички патувања). Бидејќи овие кредити најлесно се одобруваат, некои и без

поголема процедура и обезбедувања, значи дека тие имаат и повисоки камати. Тие, на

квартална основа, забележаа највисок апсолутен и релативен раст, односно имаа

најголем придонес за вкупниот пораст на кредитната изложеност кон физички лица.

Ваквата динамика на овие кредити се поврзува со зголеменото трошење трајни добра,

како и зголеменото тековно трошење, што кореспондира со кварталниот реален раст на

личната потрошувачка од 5,9%, регистриран во вториот квартал од годината.

Page 112: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

112

Графикон 5. Кредити на домаќинствата според намената (придонесот во кварталната

промена на вкупните кредити на домаќинствата, во %)74

Во Р.Македонија долго време по монетарното осамостојување, станбените

кредити воопшто не постоеја, но во последниве години тие бележат значителен раст.

Тие содржат валутна клаузула, па заради нивниот долгорочен карактер и изложеноста

на девизен ризик, тие секогаш се обезбедени со хипотека на недвижен имот. Овие

кредити имаат убедливо најдолг рок на втасување, од 5 до 30 години. Во Р.Македонија

станбените кредити се вториот кредитен производ според височината на кварталниот

апсолутен и релативен раст и според придонесот за вкупниот раст на кредитната

изложеност кон физички лица. Стабените кредити во Р.Македонија достигнуваат

камати до 9,7% со што се и најскапи во Европа.

Одамна започна да се користи кредитната линија за земјоделските

деловните субјекти, обезбедена со докапитализацијата на Македонската банка за

поддршка на развојот (МБПР). Средствата се реализираат под исклучително поволни

услови, а ги користат деловните субјекти коишто вршат откуп, преработка и извоз на

земјоделски производи, пред сé, грозје, пченица и зеленчук. Целта е да им се помогне

на фирмите што ги откупуваат земјоделските производи и истовремено ги извезуваат

или ги преработуваат и извезуваат, да ја пребродат временската рамка во тој дел, да ги

извезат земјоделските производи, да ги наплатат и потоа да ги исплатат земјоделците.

Меѓу поголемите банки кои нудат земјоделски кредити во најголем процент се

74

Извор: Квартален извештај, октомври, 2012, Народна банка на Република Македонија

Page 113: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

113

Шпаркасе банка АД Македонија и Прокредит банка. Интересот за земјоделските

кредити е голем и постои голема побарувачка.

Автомобилските кредити, пак, имаат негативен тренд. Тие се наменски, т.е.

се одобруваат за купување на возило. Од анализата се забележува уште дека граѓаните

најмногу се задолжувале преку потрошувачки текредити и кредитните картички,

додека кај другите видови кредити се забележува негативна стапка на раст.

За да се испита состојбата со побарувачката и користењето на кредитите беше

изготвен анкетен прашалник на банките во Р. Македонија за тоа кој кредити најмногу

се барани и одобрени. Македонските банки нудат широк спектар на кредити.

Македонските банки за кредитирање на граѓанитеНајголем процент ги нудат:

станбените кредити, наменските потрошувачките кредити и хипотекарските кредити.

Имено, нив ги нудат 10 банки од вкупно анализираните 14. Во помал процент се еко

кредитите, другите ненаменски кредити, земјоделските кредити, студенските кредити и

револвинг кредитите. Дозволеното пречекорување, кредитот за школување и

кредитите обезбедени со депозит се на последното место од ранг листата на кредити

што им стојат на располагање на македонските граѓани (графикон 6).

Графикон 6. Понудени кредити за физички лица

Page 114: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

114

Врз основа на анализата и анкетниот прашалник со којшто беа опфатени 14 банки во

РМ, беа добиени следниве податоци за понудени кредити на правните субјекти:

вкупно 8 банки од анализираните 14 ги нудат долгорочните инвестициски кредити.

потоа следуваат кредитите за обртни средства, понудени од 7 банки;

низата продолжува со кредити за основни средства, кредитни линии;

најмалку понудени се: конто-корентните кредити, рамковниот револвинг кредит и

хипотекарските кредити. Есконтниот, акцептниот, рамбурсниот, винкулацискиот и

конзорцискиот кредит речиси и не се употребуваат (графикон 7).

Графикон 7. Понудени кредити за правните лица

Анализата на одговорите од извршеното анкетирање на 9 банки во Битола, што

се однесуваше на испитувањето на состојбата со бараните кредити од правни и

физички субјекти, резултираше со утврдување на квантитативно место штој се движи

од најмногу одобруван кредит “1” до најмалку одобрувани ”8”. Во тој контекст беа

добиени следниве податоци:

- најмногу барања се однесуваат на кредитите за обртни средства што 6 банки ги

ставаат на прво место, како кредити коишто им се најмногу одобрувани на

Page 115: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

115

правните лица. Потоа следуваат кредитите за основни средства, кредитната

линија, хипотекарскиот кредит, денарските и девизните кредитирања кај пет

различни банки, одделно;

- во втората редица се внесени кредитите за основни средства. Пад на кредитите

што ги одобруваат банките е забележан кај: винкулацискиот кредит и

останатите видови кредитирања на деловните субјекти. Сублимираната листа на

одобрени кредити за правни лица е претставена во табела 3:

мес

то Видови кредити за правни лица

1

кредити за

обр.средс. Х 6

кредити за

осн.средс.

кредитна

линија

хипотекарски

кр. Х2

ден. и дев.

кредити

2

кредити за

осн.средс. Х 3 есконтен кредит

инвестициски

кр.

Др.вид кред.

дел.субјекти

кр. за мали и

ср.

дел.субјекти

3 конзорц.кредити

кр. за мали и

средни

дел.субјекти Х 3

кредити за

осн.средс.

кр. за мали и

средни

дел.субјекти

4

проектно

финансир. рамбурсен кредит

долгорочни

кр.

инвестициски

кр.

5 ломбарден кр.

конто-корентни

кр. Х 2

6

кр. за мали и

средни

дел.субјекти. акцептен кредит

др.вид кред.

дел.субјекти

хипотекарски

кр.

7

проектно

финансир. авален кредит

ден. и дев.

кредитирања

8

др.вид кред.

Дел.субјекти винкулациски кр.

Табела 3

Споредбениот приказ кај кредитирањата за физички лица, покажува дека три

банки ги ставиле другите видови ненаменски кредити на прво место; потоа

четири банки ги ставиле наменските потрошувачки кредити на прво место од

листата најмногу одобрени кредити на физички лица;

2. додека една банка се изјаснила за кредитот за школување, бидејќи во

нејзиното работење бил најмногу употребуван;

Page 116: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

116

3. другите две банки ги ставиле хипотекарските кредити на прво место. Следни

по доминацијата на ранг листата се: станбените кредити, хипотекарските

кредити, туристичките и студенските кредити. Од испитувањето се

забележува дека најмалку одобрувани кредити за физички лица се:

земјоделскиот кредит, другите видови ненаменски кредити, туристичките

кредити и автомобилските кредити.

Мес

то Видови кредити за физички лица

1

наменски

потрош.кр. Х 4

др.вида ненам.кр.

Х 3

хипотекарски

кр. Х2

кр. за

школување

станбени

кр.

2

хипотекарски кр.

Х2 станбени кр. Х3

др.вида

ненаменски кр.

туристички

кредити

студенски

кр.

3

земјоделски

кредити Х2 станбени кр. Х 2

др.вида

наменски кр.

кр. за

уживање

нам.

потрош.кр

Х2

4

автомобилски

кредити Х 3 еко кредит

туристички

кредити Х2

инвестициски

кр.

нам.

потрош.кр

5 нам. потрош.кр станбени кр. Х2

земјоделски

кредити

хипотекарски

кр.

6

земјоделски

кредити

7

др.вида ненаменски

кр.

8

автомобилски

кредити

туристички

кредити

Табела 4

Оттука, може да се заклучи дека кредитирањето што е на прво место според

најмногу одобруваните кредити за одделни банки, за други е на 6. или 8. место.

5.1.2 Лизингот во Р.Македонија и перспективите за негов развој

Република Македонија спаѓа во редот на оние земји што договорот за лизинг го

предвидува во своето законодавство. Според законот за лизинг под лизинг се

подразбира договор во писмена или електронска форма, склучен меѓу давателот и

корисникот со којшто давателот го дава предметот на користење на корисникот, под

услови наведени во договорот, за определен временски период. Финансискиот лизинг е

вид на финансирање што подразбира постоење на три учесника: корисник на лизинг,

Page 117: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

117

давател на лизинг и испорачател. Тоа претставува модерен начин на финансирање и

првенствено е наменет за клиентите коишто, по истекот на договорот, сакаат да го

задржат предметот, најчесто возилото.

Давателот на лизинг задолжително треба да добие дозвола за вршење на оваа

дејност, а дозволата се издава од Министерството за Финансии на Р.Македонија, со

законска обврска таа да се објави во Сл.весник на РМ, во рок од две недели од

издавањето. За добивање лиценца за закуповачот, пак, почетниот капитал не треба да

изнесува помалку од 100.000 евра.

Министерството за финансии е должно да го извести Централниот Регистар,

(каде што се води посебен регистар за лизинг), за сите издадени и сите одземени

дозволи на лизинг компаниит.е. Но, постои и задолжителна правна норма за давателот

на лизингот, кој е должен да го регистрира предметот за лизинг во посебен регистар на

Централниот регистар, во рок од 5 работни дена од денот на склучувањето на лизинг

договорот.

Практиката покажува дека во Р.Македонија постои незначителна примена

на лизинг договорит.е. Лизинг аранжманите се присутни само во автомобиската

трговија, додека пак лизингот за опрема незначително е застапен. Во Република

Македонија сé уште не заживеал лизингот како финансиска дејност на банките, т.е. Не

може да се сретне банка како трет субјект – инвеститор или како кредитор во

договорот за кредит, поврзан со договорот за лизинг. При законската

имплементацијата и практичната примена се јавуваат повеќе проблеми и

недоследности што се поврзуваат со секојдневната примена на лизингот, а тие се

однесуваат главно на следниве примери:

оперативниот лизинг воопшто не е прецизиран и разграничен како посебен вид

лизинг, особено ако се има предвид дека со Законот се извршени многу оделби

според најразлични критериуми за одделни видови лизинг;

во Законот не се споменува една од основните карактеристики на лизингот и

како економски, и како правен институт, а тоа е можноста да се предвиди

изборот за една од трите алтернативи по истекот на договорот: да се врати

предметот, да продолжи да се користи под поповолни услови или, пак, да

премине во сосптвеност на корисникот на лизингот;

високата такса за регистрирање на предметот на лизинг во посебниот Централен

регистар;

Page 118: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

118

враќањето во владение на предметот на лизинг, кај давателот на лизинг во

случај на неисполнување на обврските од договорот од страна на корисникот на

лизингот. Исто така, завршната постапка е долготрајна и неефикасна, без

никакво законско ограничување за рокот, во функција на итност;

двојното оданочување на предметот за лизинг. Имено, тоа се јавува кога

станува збор за станбен и деловен простор со данокот на промет на

недвижности, и тоа еднаш при стекнувањето на сопственоста на давателот

на лизинг (при купување) и вторпат при пренесување на сопственоста на

корисникот на лизингот.

Во споредба со земјите од регионот, а и со некои земји од Европската унија, може

да се види дека секторот ,,лизинг” во Р.Македонија сé уште многу слабо е развиен. Во

2009 г. овој сектор е на последното место, во споредба со другите земји, а во проценти

изнесува 0,7%. (графикон 8).

Графикон 8. Учество на вредноста на новосклучените договори за лизинг во БДП75

Пред четири години лизингот бил апсолутно непознат во Р.Македонија и

луѓето немале доверба во него, но со тек на време преку едукација и успешното

функционирање на лизинг куќата, бројот на корисници постојано расте. Во почетокот

лизингот се користел при преземање возила, а подоцна овој облик на финансирање

75 Извор: интернет страницата на Федерацијата на националните асоцијации за лизинг во Европа,

интернет страница на ММФ и ,,Структурни показатели за банкарскиот систем на Европската унија” ,публикуван во

јануари 2010 г. Податоците за Македонија се однесуваат на 2009 г.

Page 119: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

119

станува интересн и за купување опрема, на пример, тешки камиони-шлепери, автобуси,

млинови итн.

Промената на законската регулатива и зголемувањето на старосната граница за

увоз на половни возила имаа огромно влијание врз работењето на лизинг компаниите

како во европски рамки, така и во земјава, бидејќи најголем дел од пласманите на

лизинг компаниите се однесуваат на возилата, и тоа со над 60 проценти.

Во моментов е актуелен нов тренд за формирање на лизинг компании од страна

на продавачите на возила или нивните сопственици, и тоа со цел стимулирање на

продажбата.

Од извршеното анкетирање на 9 банки во општина Битола, може дасе види

дека на прашањето дали нивната институција работи со лизинг аранжмани сите

категорично одговорија негативно. Исто така, пак на прашањето колку лизинг

аранжманите се застапени во нашата држава сите одговориле ,,малку“. За тоа дали

познаваат некоја институција што работи со лизинг аранжмани само три банки

одговорија дека НЛБ лизинг работи со овој тип аранжмани, додека две банки

одговорија дека постои С-лизинг Шпаркасе.

Пазарот на финансиски лизинг, иако претставува мал сегмент од финансискиот

систем на Република Македонија, сепак, и како таков постигнува задоволителни

резултати и континуирано го продолжува својот развоен тренд. Со состојба на

31.12.2011 година на пазарот активно работеле 11 (единаесет) лизинг друштва, и тоа:

2. НЛБ лизинг Дооел Скопје;

3. Друштво за лизинг Еуролизинг Дооел Скопје;

4. Друштво за оперативен лизинг МАКЛЕАСЕ Дооел Скопје;

5. Друштво за финансиски лизинг Хипо Алпе-Адриа-Лизинг Дооел Скопје;

6. Друштво за лизинг Порше лизинг Дооел Скопје;

7. Друштво за лизинг ТОТО лизинг Доо Скопје;

8. Друштво за финансиски лизинг ЕВРОЛИЗ АУТО Дооел Скопје;

9. Друштво за финансиски улуги ЛИЗИНГ 1 Доо увоз-извоз Скопје;

10. Друштво за лизинг С-лизинг Доо Скопје;

11. Друштво за финансиски услуги МАСТЕР ЛИЗИНГ Дооел Скопје;

12. Друштво за трговија и услуги ВБИ БУС МАКЕДОНИЈА Дооел Скопје.

Акционерското друштво за финансиски лизинг ЕВРОЛИЗ АУТО ДООЕЛ

Скопје е компанија што е специјализирана за финансиски лизинг на патнички и

Page 120: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

120

комерцијални возила. Таа е основана во Скопје во мај 2008 година, како ќерка фирма

на Еврохолд АД Софија.

Друштвото за лизинг С-ЛИЗИНГ ДОО Скопје е основано во март 2009 година.

Тоа работи посебно од Шпаркасе банка Македонија. Групацијата С-ЛИЗИНГ успешно

работи со години наназад во Австрија, Словачка, Чешка, Унгарија, Романија,

Словенија, Хрватска, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, а сега и во

Р.Македонија , така што функционира како независно правно лице. С-ЛИЗИНГ ДОО

финансира;

главно, машини или опрема што се неопходни за раст и развој на работењето,

како и за унапредување на призводната и услужната дејност, и тоа се

комерцијални возила од сите категории. С-ЛИЗИНГ ги финансира сите

видови патнички возила, независно од марката и производителот на возилото,

т.е. независно дали се работи за набавка на ново или половно возило или дали

се работи за цела флота на возила.

Компанијата Porsche Bank AG на 21.11.2007 година ја основа фирмата ПОРШЕ

ЛИЗИНГ ДООЕЛ, со седиште во Скопје, а таа нуди најповолни решенија за набавка

на автомобили преку лизинг, и тоа не само на марката Porsche, туку и на дел од VW

групата, на пример, Volkswagen, Audi и Škoda.

Хипо лизинг групацијата е интернационална финансиска институција со

седиште во Клагенфурт, Австрија. Групацијата е присутна во 12 европски земји,

односно Австрија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Германија,

Италија, Црна Гора, Унгарија, Бугарија, Македонија и Украина, а во тие земји во кои

има над 70.000 клиенти и бизнис партнери. Групацијата се вбројува во една од

најуспешните во регионот. Хипо Алпе-Адриа-лизинг ДООЕЛ Скопје е основано на 26

октомври 2006 година, како единаесетто по ред претставништво на Хипо Груп-Алпе-

Адриа. Неговата цел е да го зајакне присуството на рупацијата во регионот,

овозможувајќи универзални финансиски услуги. По само една оперативна година на

финансискиот пазар во Македонија, Хипо Алпе-Адриа-Лизинг Скопје ја зазеде

лидерската позиција, па оттогаш наваму успева да ја задржи, нудејќи првокласни

услуги, флексибилни производи, брзина и ефикасност.

Хипо Aлпе-Aдриа-лизинг Скопје нуди финансиски и оперативен лизинг на

сите видови: мотори, потоа набавка на бродови, јахти или скутери и други видови

возила.

Page 121: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

121

НЛБ ЛИЗИНГ е основана во 2000 година како Друштво за финансиски услуги

ЛБИС дооел Скопје и е членка на групацијата НЛБ (Нова Љубљанска банка). НЛБ

ЛИЗИНГ е прва лизинг компанија во Р.Македонија со издадена лиценца од

Министерството за финансии. Финансискиот лизинг е најчест облик на лизинг и е

наменет како за физичките така и за правните лица

Постојат повеќе фактори што ограничувачки дејствуваат на лизингот во

македонскиот банкарски систем, пред сė, потребата од слободни сопствени средства со

коишто треба да располагаат банките за да купат одделно средство и да го дадат на

лизинг.

5.1.4 Факторингот и форфетингот во Р.Македонија

Факторингот, всушност, е современа форма на финансирање на малите и средни

деловни субјекти и корпорациите, најчесто, наменета за краткорочен обртен капитал,

но и за инвестиции. Факторингот може да помогне да се надмине проблемот со

приливот на домашните инвестиции. Тоа е облик на финансирање базиран врз

вредноста на активата на фирмата што позајмува средства. За разлика од класичниот

пристап на кредитирање во кој кредитот се одобрува врз основа на проценката за

кредитната способност на кредитобарателот, кај факторингот кредитот е поврзан со

формула со којашто се пресметува износот на вкупните средства на оној субјект што

има потреба од финансирање. Оваа експлицитна поврзаност постојано, се одржува така

што вредноста на средствата (активата) на кредитобарателот е повисока од износот на

кредитот. Но, олеснувањето е во тоа што активата што се бара да ја поседува

кредитобарателот се неговите вкупни идни приливи - средствата што тој треба да ги

добие од своите партнери преку продажба на неговите производи или услуги.

Суштината на факторингот се состои во тоа што позајмувачот (т.н. Фактор), всушност,

ги откупува авансно со соодветен дисконт тие идните приливи од фирмата којашто има

потреба од средства, наместо да бара колатерал (како во класичниот кредитен однос).

Според тоа, сопственоста и правото на идните приливи преминуваат кај факторот, а

фирмата добива кредит за тоа.

Разликите и предностите на овој систем за финансирање, во однос на

класичниот кредит и другите форми на финансирање, се состојат во следново:

Page 122: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

122

прво, факторингот може да биде многу корисен за земји ккаква што е

Р.Македонија каде што има слаби системи и инструменти за обезбедување на

наплатата, неефикасна наплата на побарувањата и сл.;

второ, при факторингот кредитниот однос се заснова врз квалитетот на

побарувањата, а не врз проценетата кредитоспособност на конкретната фирма;

трето, тој може да биде многу корисен во земјите каде што банките тешко да

им одобрат кредит на новоформираните приватни мали фирми за коишто

немаат доволно информации и кредитна историја.

Р.Македонија е единствената земја во регионот, освен Албанија, во којашто сė

уште не постојат факторинг компании, чија дејност е откуп и наплата на долговите. Во

сите соседни земји оваа финансиска услуга постои и функционира како профитабилен

бизнис, што придонесува за раздвижување на финансискиот пазар.

Клучните причини поради коишто Р.Македонија нема факторинг компании се

не постоењето на посебен закон за небанкарски финансиски институции што треба да

ја детерминира оваа дејност, како и не постоењето кредитни бироа што ќе содржат

информации за должницит.е. Единствениот кредитен регистар во Р.Македонија, што

содржи информации за кредитната задолженост на физичките и правни лица, се наоѓа

во Народната банка, а тие информации им се достапни само на банкит.е.

Покрај тоа, Р.Македонија ја нема ратификувано ниту Конвенцијата на ООН за

примена на факторинг услугите, усвоена од земјите членки во 1978 година.

За функционирање на овој тип финансиска услуга, е неопходно знаење, капитал

и финансиски информации за компаниите што ќе бидат поврзани во посебни

информациски системи, односно постоење институција-кредитно биро. Првите

факторинг компаниите во одделна земја се јавуваат како посебни операции на

бизнисот на постоечките банки. Таков е примерот со соседна Србија, каде што првата

факторинг компанија е дел од групацијата Нова Љубљанска банка (НЛБ).

Факторингот, како посебна финансиска услуга го зголемува процентот на

наплата, а со тоа се подобрува протекот на пари кај клиентите на факторот, односно се

зголемува ликвидноста на компаниите. Функционирањето на факторинг компаниите и

банките го зголемуваат бројот на клиенти и нивното кредитно портфолио, а на

финансискиот пазар се постигнува поголема профитабилност. Постоењето на

факторинг компании во Р.Македонија, што би имале свои кредитни бироа, ќе го

направи полесен и влезот на странските инвеститори на домашниот пазар.

Page 123: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

123

Информациите што тие ќе можат да ги добијат од кредитните бироа на факторинг

компаниите ќе им овозможат да го оценат квалитетот на фирмата што ја купува

опремата, или на деловните партнери со коишто ќе треба да соработуваат, доколку се

одлучат на за сопствена инвестиција во определена дејност.

Од извршената анкета на 9. македонски банк се покажа дека само две банки, на

прашањето дали познаваат некоја финансиска институција што врши факторинг и

форфетинг финансирање одговорија дека тоа е МБПР. Додека на прашањето колку се

застапени факторинг и форфетинг финансирањето во Македонија половината од

анкетираните одговорија ,,малку“, а другата половина дека такви ,,не постојат во

државата“.

Финансиски друштва што работат со факторинг се: Faktor Trust и Finance

factoring компанијата.

Faktor Trust е финансиско друштво за факторинг, лиценцирано од страна

на Министерството за финансии на Република Македонија. Ова друштво обезбедува

cash flow решенија за растечките македонски компании. Нивна цел е да понудат

поддршка на развојот на компаниите што функционираат во македонската економија, и

тоа преку обезбедување на неопходната ликвидност, овозможувајќи им континуиран

раст и непрекинат оперативен циклус. Faktor Trust е основано на 07.05.2010 г., а

основна дејност на друштвото е обезбедување краткорочно финансирање (факторинг и

кредити, како и консултантски услуги поврзани со нив). Друштвото е лиценцирано од

страна на Министерството за финансии на Република Македонија во согласност со

Законот за финансиски друштва.

Тие функционираат така што вршат проценка на кредитната способност на

должниците пред да одобрат револвинг лимит, врз чија основа ќе можат да ги продадат

нивните побарувањата во рамките на одобрениот лимит. Максимална рочност на

фактурите што се прифаќаат е 180 дена одложено плаќање. За секоја фактура што се

продава, се исплаќаат помеѓу 80%-95% од нејзиниот износ, намалено за провизијата за

обработка. Парите се плаќаат директно на сметката на продавачот. Останатиот дел од

износот влегува во таканаречениот резервен фонд и се враќа назад по извршената

уплата од страна на крајниот должник, намален за каматата.

Ова друштво ги нуди следниве видови факторинг:

- домашниот факторинг е производ наменет за откуп на краткорочни побарувања

од домашни должници, во рамките на Република Македонија. Кај овој тип

Page 124: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

124

факторинг тие се во постојан контакт со клиентите за да овозможат

контиунирано менаџирање на побарувањата на нивните клиентите и

ликвидност;

- извозниот факторинг е најпогоден за македонските производители што се

пробиваат на странски пазари, а коишто имаат потреба од ликвидни средства за

да понудат одложено плаќање, но и да го зголемат производството;

- увозниот факторинг е наменет за странските компании коишто ги извезуваат

своите производи во Р.Македонија. Овој тип факторинг можат да го нудат и

македонските компании што соработуваат со странските компании за да добијат

подобри услови при отплатата, додека истовремено им нудат гарантирано

плаќање на своите странски партнери;

- револвинг факторингот е производ заснован врз револвинг принципот, при што

се склучува договор за револвинг лимит, што овозможува редовен откуп на

побарувањата на клиентите од одделни должници, а притоа претходно е

одобрен кредитен лимит. Овој тип факторинг се комбинира со еден од

останатите факторинг производи и се препорачува, доколку постојат должници

со коишто редовно се соработува и ако тие ги почитуваат договорените рокови

за плаќање.

Бугарската компанија Finance info assistens од Софија отвори фирма за

факторинг во Р.Македонија. Според информацијата на Централниот регистар,

софиската компанија основала фирма во Скопје со назив Finance factoring факторинг

компанија. Главната дејност на компанијата е други финансиски-услужни дејности,

освен осигурувањето и инвестирањето во пензиските фондови што не се споменати на

друго место.

Услугата факторинг во Р.Македонија не е многу користена од страна на

банките. Единствено Македонската банка за поддршка и развој планира од следната

година да им помага на компаниите преку инструментот факторинг.

Македонска банка за поддршка на развојот АД Скопје е единствената развојна

банка во Република Македонија, основана со посебен закон, на 21 мај 1998

година. МБПР е развојна и извозна банка чијашто стратегиските цели е да го

поддржува и поттикнува развојот на македонското стопанство преку

кредитирање на мали и средни деловни субјекти и извозни компании. Банката

работи во согласност со стратегиските политики, цели и приоритети на РМ под

Page 125: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

125

надзор на Министерството за финансии и во согласност со банкарската

регулатива под супервизија на Народната банка на РМ. Единствено оваа

банка го нуди инструментот форфетинг, во Р.Македонија. Со форфетингот

банката, всушност, им овозможува на компаниите да извезуваат на одложено

плаќање, што е 100% финансирано од банката, така што таа го откупува

побарувањето со извесен дисконт. На овој начин производот на компанијата

станува поконкурентен на светскиот пазар, а таа добива прилив на пари за

континуирано производство, пришто не се загрозува ликвидноста.

Македонска банка за подршка и развој (МБПР) работи и со факторинг и

форфетинг за сметка на клиенти. Таа ги нуди следниве производи: кредитирање,

кредитно осигурување и факторинг.

Факторингот - е најнов производ што е единствен на финансискиот пазар во

РМ. Тој е услуга што овозможува продажба на производи и услуги на одложено

плаќање, при што дел од средствата (наведени во фактурата) се добиваат веднаш. Тој е

обезбеден со авансно плаќање што се нуди со каматна стапка којашто се пресметува до

моментот на плаќање на фактурата од страна на купувачот. Како гаранција, пак, служи

фактурата за реализираната продажба на производите или услуги меѓу пртеодавачот и

купувачот, осигурувањето на побарувањето и меницата. Секоја фактура што е

доставена за исплата врз основа на факторинг, претходно мора да биде задолжително

осигурана од комерцијален ризик во МБПР.

Придобивки од факторинг, главно се:

подобрување на готовинскиот тек и ликвидноста;

различни опции за инвестирање на расположливата готовина;

финансирање на обртниот капитал, без хипотека како гаранција;

можност за зголемување на рокот за одложено плаќање и освојување на нови

клиенти врз таа основа;

подобро раководење со сомнителните и спорни побарувања;

повисок квалитет на финансиските информации за подобро управување со

компанијата.

За да се користи факторинг услугата треба да се пополни прашалник и

апликација за лимит за странски купувач и да се достави заедно со бараната

документација во МБПР. Доколку биде одобрена апликацијата за факторинг, тогаш

се потпишува и заверува договор за факторинг (со нотарска заверка).

Page 126: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

126

Секоја фактура се пријавува во МБПР, а врз таа основа се исплаќаат средствата

(авансот од 80% од износот на фактурата) на сметка на клиентот/извозникот.

Корисници на факторингот можат да бидат трговски друштва регистрирани во РМ,

што вршат продажба на производи и услуги во странство на одложено плаќање, до 180

дена. Доколку во рок од 180 дена од денот на втасување на фактурата нема плаќање од

страна на странскиот купувач, тогаш се активирањето регресното право (МБПР го

враќа побарувањето на клиентот). За овие 180 дена се пресметува редовна камата од

8% годишно, додека по активирање на регресот се пресметува законска затезна камата.

Корисник на услугата факторинг може да биде:

2. домашен стопански субјект што врши извоз на производи и услуги со рок на

плаќање до 180 дена;

3. домашниот деловен субјект мора да биде во приватна сопственост;

4. да постои барем една година, т.е.. да има финансиски извештаи за една година;

5. да има валидна полиса за осигурување на побарувањата и валиден лимит за

конкретниот купувач за којшто ќе се врши факторингот.

Постапката за користење факторинг подразбира:

1. клиентот доставува до МБПР прашалник за факторинг и поединечни апликации за

секој купувач за којшто сака да врши факторинг. Вообичаено е лимитот, којшто е

одобрен за осигурување да биде ист како и лимитот за факторинг (не е

задолжително лимитите да бидат исти);

2. МБПР врши анализа на купувачите и клиентот од каде што се утврдува вкупниот

лимит и поединечните лимити за секој купувач;

3. се изготвува договор за рамковен револвинг лимит, што се заверува на нотар

(извршна клаузула) и се потпишуваат 3 меници. Цената на факторингот се

пресметува врз основа на исплатениот аванс од 80% од износот на фактурата, а се

состои од:

- каматна стапка што изнесува 8% на годишно ниво (каматата се пресметува на

исплатениот аванс од 80% од износот на фактурата на реален број денови)

- провизија за управување, што изнесува 0,33% еднократно (провизијата се

пресметува на целокупниот износ на фактурата).

Македонската банка за подршка и развој (МБПР) е единствената банка што работи

со форфетинг за сметка на клиенти.

Page 127: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

127

5.1.5 Секјутиризација во Р.Македонија

Секјуритизацијата на кредитните портфолија на банките е сложена и

комплексна финансиска операција што бара постоење определни предуслови за

кредитните портфолија во коишто има голем обем хомогени кредити кои можат да

бидат предмет на секјуритизација; здрави и бонитетни финансиски институции, што

можат да се јават како кредитни и ликвидни зајакнувачи, како и институционални

инвеститори што ќе бидат заинтересирани да вложуваат во колатерализирани хартии

од вредност. Денес, во Република Македонија, најголем дел од претходно наведените

предуслови делумно постојат или воопшто не постојат. Секјуритизацијата на

кредитните портфолија во иднина може да биде интересен инструмент со којшто може

да се стимулира хипотекаркото кредитирање за станови или куќи, и тоа според

примерот на секјуритизацијата на резиденцијалните хипотекарски кредити во САД,

каде што се вклучени три државни или парадржавни агенции, преку емисија на

колатерализирани хартии од вредност со резиденцијални хипотеки. Работата на овие

агенции се спроведува со помош на неколку функции:

прво, тие спонзорираат програми во коишто се врши емисија на

колатерализиранете хартии од вредност, врз основа на станбените кредити,

одобрени од банки или други кредитни институции;

второ, извршуваат функција на гарант за инвеститорите во колатерализирани

хартии од вредност, односно обезбедуваат определена форма на кредитно

зајакнување со што се обезбедува овозможува исплата на каматите и главнините

што втасуваат по емитуваните колатерализирани хартии од вредност;

трето, емитуваат колатерализирани хартии од вредност со резиденцијални

хипотеки преку купување пулови за станбени кредити обезбедени со хипотеки

што биле купени од страна на банките или други кредитни институции, а

купувањето го финансираат со продажба на колатерализираните хартии од

вредност, емитувани врз основа на овие резиденцијални хипотеки, главно, од

институционалните инвеститори како што се осигурителните компании и

пензиските фондови.

За да се извршуваат овие функции во Република Македонија е потребно да се

оформи државна агенција што ќе ги реализира претходно наведените три функции.

Потребниот обем на резиденцијални кредити, што треба да бидат предмет на

секјуритизација, може да се обезбеди со формирање на банкарски конзорциум од

Page 128: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

128

страна на заинтересираните банки, бидејќи, поединечно, банките немаат доволно

финансиски потенцијал сами да одобрат квантум на кредити што ќе биде рентабилен

да се секјуритизира. Како инвеститори во овие колатералирани хартии од вредност

можат да се јават сите субјекти (правни и физички лица) што имаат слободни средства.

Овде, пред сė, се мисли на осигурителните компании, државните и приватните

пензиски фондови, фондот за осигурување на депозити, бонитетните стопански

субјекти коишто се заинтересирани за долгорочни сигурни инвестиции за кои

гарантира државата и физичките лица кои располагаат со значајни финансиски

средства, а за коишто ваквата инвестиција ќе биде една алтернативна форма на

штедење.

Но, неопходно е банките во Р.Македонија да го започнат процесот на

секјуритизација.

5.1.6 Картичното работење во Р.Македонија

Во Р.Македонија примената на картичното работење се зголеми во последните

години. Картичките во Р.Македонија се широкораспространети и, најчесто, се користат

за повлекување готовина од банкоматите и шалтерите на банките, а во помал обем за

плаќање во трговијата. Позастапени се картичките што содржат магнетна лента и при

извршувањето на плаќањето информациите директно се пренесуваат од уредот за

читање до компјутерскиот центар на банката, така што веднаш се намалува состојбата

на сметката.

Оттука, евидентно е дека расте задолженоста на граѓаните на кредитни

картички. Најновите податоци на Народната банка (НБМ) покажуваат дека долгот на

кредитни картички изнесува 192 милиона евра или просечно по 670 евра на една

картичка. Анализирајќи ја структурата на кредитните пласмани, може да се види дека

кредитните картички, се едни од најомилените видови кредити, веднаш по

потрошувачкит.е. Долговите на граѓаните од кредитните картички заклучно со април

2011 г. достигнале речиси 200 милиони евра, додека, пак, минусите на тековните

сметки изнесуваат 75 милиони евра. Поради важењето на оваа мерка, растот на овој

вид кредитирање беше минимален.

Според податоците на Народна банка на Р.Македонија, за изминатата 2012

година во Р.Македонија, вкупниот број картички во циркулација изнесува 1.507.142, од

Page 129: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

129

кои со кеш функција биле 54.765, со дебитна функција 1.156.562 и со кредитна

функција 295.815. Бројот на остварени трансакции изнесувал 3.611.16.

Оттука, очигледно е дека најраспространети се дебитните картички коишто на

своите сопственици им овозможуваат да вршат плаќање само ако имаат доволно пари

на банкарските сметки. Сепак, повеќето банки даваат можност за дозволено

пречекорување на сметката, односно им овозможуваат на сопствениците на овие

картички да плаќаат иако немаат пари на сметката, а со тоа всушност користат кредит

од банката.

Во Р.Македонија, се присутни и други видови картички, на пример: картички

со претплата и паметни (smart) картички. Од анализите се гледа дека повеќе се

распространети картичките што содржат магнетна лента, за што при извршување на

плаќањето информациите директно се пренесуваат од уредот за читање до

компјутерскиот центар на банката, па така (како што веќе беше нагласено), веднаш се

намалува состојбата на сметката. Сепак, во поново време, банките започнаа да нудат

картички со вграден микрочип, а во него се зачувани сите информации за состојбата и

промените на сметката на корисникот.

Во Р.Македонија најприсутни се картичките за физички лица, и тоа Visa

кредитните и дебитните картички. Имено, 10 банки (од вкупно 14 банки), им нудат

Visa кредитните картички, а исто така 10 банки ги нудат Visa дебитните картички.

Покрај нас, присутни се и MacterCard кредитните и дебитните картички и Маеstro

дебитната картичка.

Од платежните картички за правни лица, пак, се застапени MacterCard кредитните

картички, што ги нудат 7 банки, а по нив се: Visa дебитните и кредитните картички

што ги нудат вкупно 6 банки.

5.2 Споредба меѓу банкарските институции и алтернативните извори за

кредитирање во Р.Македонија и земјите во транзиција (Р.Србија, Хрватска и др.)

и банкарските институции во развиените земји

Во изминатите неколку години, развојот на банкарскиот систем во

Р.Македонија забележа значителен напредок. Сепак, нивото на развој, мерено преку

степенот на финансиско посредување, е пониско во споредба со останатите земји во

Page 130: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

130

транзиција и значително заостанува зад земјите од ЕУ. Споредбата на банкарскиот

систем со земјите во транзиција укажува на сė уште недоволниот степен на

консолидација на банките. Така, во групата 16 земји во транзиција, Р.Македонија се

наоѓа на второто место, според бројот на банки на милион жители. Ваквата неповолна

структура во банкарскиот сектор ја намалува конкуренцијата на банките, а тоа

негативно се одразува и врз нивната ефикасност.

Релативната споредба на банките според нивната големина, видот на

сопственоста, годината на основањето и слично, исто така, има големо влијание врз

одговорот на прашањата што се поставуваат во врска со успешноста и

профитабилноста на комерцијалните банки во транзициските екокомии.

Поголемиот број истражувања укажуваат дека странските банки се поуспешни

од домашните, потоа новите банки се попродуктивни од старите и дека малите

банки се поефикасни во однос на поголемите. Тоа се должи на фактот што новите

сопственици воведуваат нови банкарски производи/услуги и обезбедуваат

оптимализација на инпутите, а со тоа се зголемува ефикасноста на работењето и се

создаваат пониски капитални маргини.

Во првите години од осамостојувањето или од промената на системот речиси

во сите земји се воведе либерален пристап за основање банки со минимален

капитал, како цензус за нивно основање банки. Тоа беше грешка што отпосле се

согледа, зашто се дозволи да навлезе во банките и шпекулативен капитал. Тоа, пак,

доведе до низа банкротства и системски кризи во голем број земји, зашто

шпекулативниот капитал најчесто онака како што лесно доаѓа, лесно и си

оди. Натаму, речиси скоро во сите земји се доцнеше со формирањето и екипирањето

на супервизијата. Тоа доведе до појава, речиси во сите земји, до пирамидално

штедење. Пирамидалните штедилници не ја одминаа ниту Република Македонија,

иако во споредба со другите земји во помали размери. Клучен параметар за да се

види дали се реструктуирале и банките, и стопанството е споредбата на процентот

на лошите пласмани на банките според земји.

Имено, македонските граѓани плаќаат повисоки камати за кредитите што им

ги даваат домашните банки, отколку жителите на поголем дел од регионот. За

височината на каматните стапки, големо влијание има конкуренцијата, која кај нас

се уште е сиромашна.

Page 131: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

131

Од земјите во транзиција, на пример, Чешка според коефициентот на

финансиската интермедијација, се гледа дека таа се приближува до земјите со

најнизок праг од Европската унија, а потоа следуваат Словачка и Словенија. Овој

висок коефициент на адекватност на капиталот на банките во Република

Македонија е еден од основните фактори, покрај конзервативната деловна политика

на банките, зошто Републиката е една од ретките земји во транзиција што ја

избегна системската банкарска криза. Искуството од Чешка, Унгарија и Словенија

ни покажува дека посериозни чекори во структурните реформи и во стопанството, и

во банките се направени со помош на странскиот капитал - влезен претежно како

странски директни инвестиции.

Хрватските банки нудат големи варијации кај исти кредити, како и многу

различни кредити, па граѓаните можат да избираат. Добра понуда имаат и

странските банки. Кај нас, пак, граѓаните немаат многу голем избор. Колку е

конкуренцијата поголема, толку е поголема и иновативноста. Македонските банки,

ако ги споредуваат производите што ги нудат, личат едни на други.

За разлика од граѓаните од Р.Македонија, пак, Србите најмногу се

задолжуваат во банките за да купуваат станови. Половина од кредитното портфолио

во српскиот банкарски сектор е од станбени кредити. Кај нас кредитната

задолженост со станбени кредити изнесува околу 300 милиони евра. За купување

нови автомобили пак, граѓаните (заклучно со април 2012 г.) позајмиле од банките

само 40 милиони евра. Во Србија граѓаните им должат на банките просечно по 900

евра, Црногорците двојно повеќе или 1.800 евра, во Хрватска граѓаните должат

просечно по 2.300 евра, додека пак, просечната задолженост на Чесите до крајот на

2012 година достигна 3.800 евра. Но, и таму банкарите не се загрижени, бидејќи

најголем дел од граѓаните на Чешка земале кредити за да купуваат станови, што се

смета за “паметен долг”. Сепак, ,,најпотонати“ во долгови во Европа се жителите на

Ирска, Португалија, Холандија и Данска. Од земјите во регионов, високи каматни

стапки на станбените кредити имаат и Босна и Херцеговина и Македонија, каде што

каматите за овој вид кредити се движат околу 9,7 отсто.

Слична е ситуацијата и со готовинските кредити, чија просечна каматна

стапка во Црна Гора изнесува 13,4 отсто, што е исто колку и во Србија, додека кај

останатите држави од регионот каматите на овие кредити значително се пониски.

Page 132: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

132

Црногорските граѓани плаќаат и многу високи камати на кредитите за купување

автомобили, што изнесуваат околу 13,4 отсто.

Што се однесува до лизинг аранжманите, може да се забележи дека во соседна

Србија, во текот на 2012 година, за речиси 20 проценти се намалени лизинг

договорите, а истовремено е намален и бројот на корисниците на лизинг договорите

коишто (од јануари до ноември во текот на 2012 година) достигнал бројка од 11.316

корисници што, пак, претставува 18,7 процентно намалување.

Page 133: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

133

6. Заклучок

Според извршените анализи на истражуваната проблематика, сами по себе, се

наметнаа одделни релеватни зкалучоци, односно се дефинираа постојните состојби и

произлегоа нови констатации коишто, кaко сугестии и мислења, можат да бидат добра

подлога за натамошни истражувања од оваа област, односно имплементирање на дел

од резултатите од ова истражување во работењето на банкарските институции. Во

продолжение се изнесени најрелеватните сознанија, заклучни опсервации и препораки

за унапредување на работењето на овој сегмент.

1. Банките се најзначајните и најголемите финанасиски институции според

нивното учество во вкупните средства на финанскиот сектор. Имено, банките, како

финансисики посредници, ги поврзувааат економските субјекти (луѓето и деловните

субјекти), коишто се наоѓаат во различна финансиска положба. Тие вршат

депозитна и кредитна функција, односно финансиска и советодавна функција и

надворешнотрговска функција. Активностите на современите банки воопшто не се

ограничени на традиционалните банкарски работи (прибирање депозити и одобрување

кредити), туку тие нудат и голем број небанкарски услуги. Имено, нивната улога

значително е изменета, бидејќи тие извршуваат и голем број нетрадиционални

банкарски работи (работење со хартии од вредност, гаранции, хипотекарски услуги и

др.) Истовремено преку имплементацијата на интернет банкарството се губат

границите на географските подрачја на коишто можат да се нудат банкарски услуги.

2. Голем број фактори влијаат врз развојот на современото банкарство, а меѓу

нив најзначани се следниве: дерегулацијата, конкуренцијата во областа на банкарските

производи и цени, финансиските иновации, технолошките фактори, капиталните

барања, консолидацијата и глобализацијата.

Современите банки, во доменот на интерната модерназација, извршуваат и низа

други современи функции, покрај традиционалните функции. Во оваа група функции

се издвојуваат: а) посредништвото; б) осигурувањето; в) информативно-

документационата функција; г) услугите поврзани со хартии од вредност; д)

иноваторството и ѓ) други услуги.

3. Вообичаeно, банкарските работи се делат на следниве групи: активни

банкарски работи, пасивни банкарски работи, неутрални и сопствени банкарски

работи. Активни банкарски работи се сите оние работи со коишто банката се јавува во

Page 134: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

134

улога на доверител или кредитор, а притоа средствата што ги собира (мобилизира) со

мобилизаторските банкарски работи ги пласира во вид на кредити. Пасивните

(мобилизаторски) банкарски работи се оние активности во коишто банката се јавува

во улога на должник кон сопствениците на депонираните парични средства. При

извршување на неутралните банкарски работи бтаа не се појавува ниту во улога на

должник, ниту во улога на доверител. Сопствените банкарски работи се нејзини

сопствени работи бидејќи таа ги врши во свое име и за своја сметка.

4. При извршувањето на своите функции банкарските институции е

неопходно да ги почитуваат следниве принципи: принципот на ликвидност, принципот

на сигурнoст, принципот на рентабилност и принципот на транспарентност. Имено, за

да не се најдат во ситуација да не можат да ги наплати своите побарувања,

банкарските институции во своите деловни политики, водејќи се од принципот на

сигурност, преземаат мерки и активности со коишто ги обезбедува своите кредитни

пласмани. Принципот на рентабилност во себе ги инкорпорира сите деловни резултати

на банката, односно претставува сублимат на сите досега наброени принципи (за

ликвидност, сигурност и ефикасност). Почитувањето на принципот на транспаретност,

како важен принцип во банкарското работење, всушност претставува обезбедување

доволно податоци за јавноста околу работењето на банката.

5. Една од најзначајните активности на банкарските институции е

кредитирањето, затоа што кредитите претставуваат најзначајни средства во билансот

на состојба и тие учествуваат 50%-60 % во вкупните средства, од една страна, а од

друга страна кредитниот ризик исто така е најзначаен. Токму поради тоа,

одобрувањето кредити на заинтересираните кредитобаратели е процес што опфаќа

повеќе фази. Имено, банката најнапред ја оценува кредитната способност на

кредитобарателот преку евалуцијата на неговите карактеристики, т.е. капацитетот,

нивото на капиталот со којшто располага, конјунктурата и колатералот.

Проценката на кредитното барање ја врши со финансиска анализа на основните

финансиски извештаи, и тоа преку анализа на голем број показатели, односно :

показател за ликвидноста, задолженоста и рентабилноста на кредитобарателот,

главно, преку утврдување на кредитниот рејтинг со помош на кредит скоринг

моделот, логит и пробит анализата. Следењето на работењето на кредитобарателот

не завршува со одобрувањето на кредитот, ами напротив тоа продолжува сė до

Page 135: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

135

неговото целосно враќање. Сите овие анализи се прават за да се избере оптимална

стратегија меѓу максимизација на профитот и минимизација на кредитниот ризик.

Бнкарските институции, најчесто, ги одобруваат следниве кредити на деловните

субјекти: кредити за обртни средства, кредити за основни средства, проектно

финансирање, кредити за мали и средни деловни субјекти, краткорочни и долгорочни

кредити, денарски и девизни, наменски и ненаменски кредити.

Современиот стоковен промет речиси е незамислив без кредитирање на

населението. Во последниве три-четири години кредитирањето на населението

доживува вистински подем, при што дава најголем придонес во високите стапки на

раст на вкупната кредитна активност на банкит.е.

6. Во развиените пазарни економии во 20. век лизинг аранжманите

заземаат значајно место во структурата на изворите за финансирање на компаниит.е.

Лизингот е договор меѓу две страни, при што едната страна (давателот на лизинг)

обезбедува средство за користење за друга страна (примателот на лизинг) на

определен период за определено договорено плаќање. Во операцијата за лизинг

учествуваат тројца учесници , и тоа: деловниот субјект, што сака да реализира инвестиција

финансирана преку лизинг; лизинг-друштвото, што е регистрирано како финансиска

институција; и давателот на лизинг на средството што директно му продава на лизинг-

друштвото, а за тоа добива исплата од него. Лизинг аранжманите се делат на:

меѓународен финансиски лизинг, оперативен и финансиски лизинг. Меѓународен лизинг

е лизинг аранжман во којшто корисникот се наоѓа во една, а лизинг институцијата во

друга земја. Финансискиот лизинг претставува договорен однос со кој една странка

(лизорот) се обврзува дека на другата страна (примачот на лизингот) ќе ја финансира

набавката на онаа опрема на тој начин што опремата која примачот ќе ја избере има

можност да ја купи или ќе ја даде на изработка кај трето лице (производител или

трговец), т.е. да ја осигура во сопствен погон, а потоа да ја препушти на употреба кај

примачот на определено подолго време. Финансискиот лизинг аранжман се дифенцира

во неколку подвида. Како прв е директниот лизинг што се јавува во случај кога лизинг

компанијата ја финансира набавката за опремата на корисникот. Левериџ лизингот е

посебен вид финансиски лизинг и тој е прилично атрактивен за лизинг компаниите,

главно, поради даночните олеснувања кои ги овозможува. Доколку условите на лизинг

аранжманот обезбедуваат остварување дополнителна добивка (покрај обезбеденото

Page 136: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

136

финансирање на набавката) од трансферот на опремата на корисникот, тогаш, таквиот

аранжман, од аспект на лизинг компанијата, е класифициран како продажен лизинг.

7. Факторингот, како нов производ што го нудат банкарските

институции, пак, претставува продажба на побарувањата, а со определен дисконт со

што деловниот субјект обезбедува ликвидни парични средства, пред рокот на

втасување на побарувањата а воедно се ослобудува од ризикот за наплата на

побарувањата. Притоа се вклучени се следниве страни: оној кој ги продава

побарувањата, должникот (на сметката должникот или клиентот на продавачот) и

факторот. Денес факторинг фирмите многу се развиени и често се поврзуваат меѓу

себе, прераснувавајќи во мултинационални компании, каде што се вклучени и банките.

Во деловната практика се сретнуваат повеќе видови договори за факторинг, и тоа:

неправ факторинг, факторинг платив по втасаноста, меѓународен (извозно-увозен)

факторинг, отворен факторинг, затворен или скриен факторинг, комплетен факторинг,

сопствен факторинг и скриен факторинг.

8. Форфетингот подразбира купување обврски што втасуваат во

наредниот период а потекнуваат од испорака на стоки и услути, главно, во извозот, без

право на регрес на кој било поранешен сопственик на побарувањето. Форфертинг

аранжманите, најчесто, се применуваат кај извозните работи, и тоа при извоз на

опрема, изведба на инвестицински работи во странство и слично, но тоа не значи дека

овој систем на финансирање не може да се применува и во границите на одделна земја.

Договорот за форфетинг е самостоен, двостран и товарен договор со којшто извозникот

(форфетист) й продава на одделна банка или друга специјализирана финансиска

институција (форфетер) надворешнотрговско идно (невтасано) побарување, кое не е

оптоварено со можност за регресни побарувања од страна на трети лица спрема

купувачот на побарувањето (форфетерот), т.е. е обезбедено со некое од средствата за

обезбедување, а фортфетерот ја плаќа цената на побарувањето и нема правно да го

вознемирува форфетистот со регресно барање, (било него или неговите наследници).

9. Едни од најважните фактори коишто ги условуваат иновациите и се

предуслови за развојот на современото банкарство се: конкуренцијата, дерегулацијата

и регулацијата, финансиските иновации (кредитни картички, секјуритизација) и

глобализацијата. Овие иновации во банкарството имаат дисперзирачко дејство врз сите

банки во светот. Некои од овие фактори претставуваат и причина плус за појава на

нови производи и засилена меѓународна конкуренција во финансискиот сектор.

Page 137: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

137

Процесите на дерегулација и регулација во банкарската индустрија во

последнава деценија претставуваат фундаментални промени во банкарската индустрија

и значително влијаат врз начинот на работење на банките, така што ја наметнуваат

потребата за постојано прилагодување, пред сé заради нивно поуспешно

функционирање. Потребата од постојани иновации во текот на процесот и крајниот

производ е од огромна важност за задоволување на барањата на клиентите. Како

позначајни иновации се: опциите на берзата, каматните свопови, опциите на каматните

свопови, кредитните и дебитните картички, секјуритизацијата, интернет банкарството,

евродоларите, сертификатот за депозит, електронските чекови итн.

10. Секјуритизацијата претставува процес на конвертирање на дел од активата

(најчесто, со намалена пазарна вредност) на банките во форма (на хартии од

вредност) што е прифатлива (високопазарна) за инвеститорите на секундарниот

пазар. Поточно, секјуритизацијата, како модалитет, означува процес со којшто кредитите

се претвораат во ликвидни средства на тој начин што се издаваат хартии од вредност врз

основа на претходно одобрените кредити. Технологијата на секјуритизираниот

банкарски заем ги опфаќа следниве фази: иницијална фаза, структурирање,

одобрување на кредитите, промет на секјуритизираниот кредит и сервисирање на

кредитот.

11. Со развојот на технологијата, всушност, се развиваат и новите банкарски

производи и услуги. Имено финансиските плаќања и трансакции се извршуваат преку

новите форми, а меѓу нив платежните картички се најраспространета форма на

електронското банкарство. Издавањето картички е многу привлечна активност за

секоја банка, пред се затоа што: преку нив таа привлекува клиенти кои, потоа, користат

и други банкарски производи, па затоа картичките претставуваат значаен извор на

приходи. Постојат неколку видови платежни картички, и тоа: картички со складирана

вредност на магнетна лента, картички со складирана вредност на микрочип, дебитните

картички, еднократни картички, картичките со претплата и смарт картичката.

12. Македонскиот банкарски сектор се карактеризира со задоволително ниво на

солвентност и доволно капитал за покривање на преземените ризици. Банкарскиот

систем ја задржа стабилната позиција, главно, поради неговата затвореност кон

меѓународните финансиски пазари, не постоењето изложеност кон тн. „токсични

продукти“, неговата релативно силна капитална ликвидносна позиција, претпазливоста

при преземањето ризици, како и преземените мерки од страна на централната банка.

Page 138: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

138

Банките убедливо се најголемите финансиски посредници во Р.Македонија, а нивното

учество изнесува дури 90% во вкупните средства на финансиските институции.

12. Според секторската структура, може да се забележи дека и кај деловните

субјекти и кај населението кредитирањето се зголемува. Од аспект на рочноста на

вкупните кредити, всушност, се гледа дека долгорочните кредити и натаму се

најзастапени (со учество од околу 69%) за сметка на намаленото учество на

краткорочните кредити. Најголем дел од кредитите што им се одобрени на деловните

субјекти се однесуваат на кредитите за основни средства, хипотекарскиот кредит и

кредитите за обртни средства, а кај населението најприсутни се потрошувачките

кредити.

13. Истражувањата покажуваат дека во Република Македонија многу мало е

присуството на лизинг аранжманит.е. Имено, може да се каже дека во Република

Македонија сé уште не заживеал лизингот како финансиска дејност на банките, т.е. Не

може да се сретне банка како трет субјект – инвеститор или како кредитор во

договорот за кредит поврзан со договор за лизинг. Според податоците од 31.12.2011

година, на пазарот активно работат 11 (единаесет) лизинг друштва.

14. Факторингот може да биде многу корисен за банкарското работење во

Република Македонија, бидејќи постои неефикасна наплата на побарувањата и има

неадекватни системи и инструменти за обезбедување на наплатата. Кај нас

функционираат денес две финансиски друштва коишто работат со факторинг, и тоа:

Faktor Trust и Finance factoring компанијата. Единствена банка којашто работи со

факторинг и форфетинг за сметка на клиенти е Македонската банка за поддршка и

развој (МБПР). Според сознанијата дека форфетингот е симулација на вонграничниот

факторинг, со сигурност може да се потенцира дека и двата аранжмана, тендерираат

кон безресурсното и предвремено (однапред) плаќање на побарувањата. Импликациите

од овие договори отвораат широки можности за банкарското работење, зашто

придонесуваат за елиминирање на ризиците (политичкиот, комерцијалниот и

трансферскиот ризик); конвертирање на небалансираните побарувања во кеш

(готовина); балансирање на финансискиот левериџ и сл., а со тоа обезбедуваат чисти

корисности како за банките, така и за деловните субјекти, бидејќи придонесуваат за

зголемување на профитите.

Page 139: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

139

15. Во Република Македонија интернет банкарството сé уште не е многу

застапено во вкупните финансиски трансакции, а најраспространети се дебитните

картички.

Page 140: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

140

Користена литература:

А) Книги и трудови:

4. Abdulkerm Kadic, Novac, kredit i banke, Banja Luka, Glas, 1983

5. Ahmed Riahi–Belkaoui, ,,Long-term leasing accounting,evaluation , consequeneces”,

Quorum books, Westport, Connecticut , London, 1998

6. Altunbas, Yener and Gambacorta, Leonardo and Margues, Dejvid, Securitisation and the

bank channel, Working paper series, No 838/ Decembar 2007

7. Амлон Жан-Луј, ``Финансиско управување“, Логос, Скопје,, 2006

8. Ammer Christine, Deams Ammer, ``Dictionary of business and economics, revised and

expanded edition``, Free press, adivision of macmilan, inc. N.Y., collier macmilan

publisher, London, 1986

9. Арсовски, д-р Драгољуб, ``Ризици во банкарското работење``, Economy press,

Скопје, 1988

10. Ашталковски Саво, Превала Шабан, ``Банкарство``, Скопје, Графотрејд, 2005

11. Basel Committee on Banking Supervision, ,,Changes to the Securitisation Framework”,

Bank of international settlements, 30 January 2004

12. Berger, Allen N. and Klappe, Leora F.and Rima Turk-Ariss, ,,Bank Competition and

Financial Stability”, The World Bank, Development Research Group, Finance and Private

Sector Team, August, 2008

13. Bishev Gligor, The Central Bank and its functions, Bank Review 2/1993, Bulgarian

National Bank

14. Бишев д-р Глигор и м-р Томе Неновски, ``Паричен поредок и банки``,``НАП`` д.о.о.

, Скопје, 1995

15. Bonaccorsi di Patti , Emilia and Dell` Arricia, Giovani, Internacionaly monetary fond,

IMF working paper, Bank competation and firm creation, February 2001

16. Бојаџиев Марјан, Маркетинг управување во банкарството и осигурувањето,

докторска дисертација, Економски институт, Скопје, (б.г)

17. Brkaniċ Vlado, Priraċnik o amortizaciju и lizingu, Zagreb>saver racunovostvenih I

financijskih radnika Hrvatske, 1990

18. Bugarski Vladimir, ``Kreditiranje spoljne trgovine``- skripta, Ekonomski fakultet,

Skopje, 1963

Page 141: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

141

19. C. Bertaut Carol and Haliassos Michael, ,,Credit cards: Facts and theories”, april 2005

20. Comptroller of the Currency Administrator of National Banks, ,,Lease Financing” ,

Comptroller’s Handbook , January, 1998

21. Contino, Richard M., ,,The Complete Equipment-Leasing Handbook”, A Deal Maker’s

Guide with Forms, Checklists, and Worksheets, AMACOM, American Management

Association, New York, Atlanta , Brussels, Buenos Aires, Chicago, London, Mexico

City, San Francisco, Shanghai, Tokyo, Toronto, Washington, 2002

22. Davis, George B. and Benisch, Michael and Kathleen M. Carley, and Norman M. Sadeh,

,,Factoring Games to Isolate Strategic Interactions”, Carnegie Mellon University,

Pittsburgh, January, 2007

23. Фити д-р Таки, ``Вовед во современата макроекономија``, Економски факултет,

Скопје, 2002

24. Hakenes, Hendrik and Schnabel, Isabel, Credit Risk Transfer and Bank Competition,

University of Hannover and MPI Bonn and University of Mainz, CEPR, and MPI Bonn,

October 2009

25. Хефернал Шила, ,,Современо банкарство”, Академски печат, Скопје, 2009

26. Хефернан, Шила, Современо банкарство, Академски печат, Скопје, 2005

27. Heffernan, Shelagh, Professor of Banking and Finance Cass Business School, ,,Modern

banking”, City University, London, 2005

28. Hendrik Hakenes-Max Planck Institute, Bonn, Isabel Schnabel-Max Planck Institute,

Bonn, and CEPR, Bank Competition and Capital Regulation, February 26, 2007

29. Internal Revenue Service, Factoring of Receivables, Audit Technique Guide (ATG),

Department of the Treasury International Revenue Service, June 2006

30. Јанеска д-р Маргарита, ,,Менаџмент информациони системи”, Економски

факултет, Прилеп, 2004

31. Јовановски д-р Тихомир, ``Монетарна економија``, Мисла, Скопје, 1995 и 2005

32. Јованоски д-р Панче, ``Финансиски пазари и институции``, Скопје, 2006

33. Јованоски Д-р Тихомир,`` Девизна економија``, Мисла, Скопје, 1995

34. Justin G. Longnecker, ``Small business Management an enterpreneurial emphasis``,

publisher>Thomson southwestern, 2003

35. Katunariċ рrof. d-r Ante, ``Banka``, principi i praksa bankovnog poslovanja, treċe

izdanje, informator, Zagreb 1981

Page 142: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

142

36. Komarov Vladimir Vederovic, Arenda, lizing, firmennyi servis, Novosibirs>navka,

sibirskoe otdelenie, 1990

37. Merritt R. Blakeslee, ``The language of trade, a glossary of international trade terms``,

written for the U.S. department of state by and Carlos A. Garcia

38. Мајхнер д-р Вјекослав, ``Кредит``, Култура, Скопје,1960

39. Мандевска дипл.ек. Мирка, ``Збирка на прописи за банките и штедилниците``,

Скопје, јуни 1996

40. Министерство за финансии, ``Финансиски систем на Република Македонија``,

Скопје, септември, 2003

41. Наумовски Петар, ``Банките и нивната одговорност: правните аспекти на

одговорноста за обврските на банките во правниот промет``, Мисла, Скопје, 1997

42. Неновски д-р Томе, ``Формирање цени на производите и на услугите на

коорпоративните банки``, Нам прес, Скопје, 2005

43. Неновски д-р Томе, ,,Збирка на прописи од банките”, Скопје, Македонија биро,

1996

44. Николовски проф. д-р Александар, ``Меѓународно стопанско право``, второ

дополнително и изменето издание, Самоуправна практика, Скопје, 1986

45. Николовски д-р Александар, д-р Снежана Плавшиќ, Меѓународно стопанско

право, Економски центар, Скопје, 1994

46. Николовски Д-р Александар, Плавшиќ Д-р Снежана, “Право на меѓународната

трговија”, ,,Гоце Делчев“ А.Д. Скопје,1998

47. Office of international information programs U.S department of state, ,,Outline of the

U.S. Economy”

48. Пазарот на капитал и берзата на долгорочни хартии од вредност во Р.Македонија,

Министерство за финансии

49. Paviceviċ Bożidar, Ugovor o lizingu, ugovor o franśizingu, ugovor o factoringu, ugovor o

forfetingu, Beograd, Savremena administracija, 1992

50. Петрески Горан, `` Управување со банките``, Економски факултет, Скопје, 2008

51. Печијарески Љупчо и Славица Роческа, ``Транзицијата во Македонија, меѓу

теорија и пракса“, НИП``Метафора``, Прилеп, 1998

52. Поповска Клементина, ``Комерцијално банкарство``, Економски институт,Скопје,

2008

Page 143: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

143

53. Rose Peter S., Kolari James M., Financial institutions, understanding and managing

financial services, 1993, Homwood, Boston

54. Роческа, Славица, ``Меѓународна трговија``, Економски факултет-Прилеп, Прилеп,

2003

55. Спасов d-р Синиша, ``Финансиски менаџмент``, Унија, Скопје, 1997

56. Спиркоски Благоја, ``Вовед во современата економија``, книга прва, Прилеп, 2002

57. Стаменковски Алекса, ``Банкарски менаџмент``, Eвропски универзитет, Скопје,

2006

58. Schwizer Paola, ,,Managing factoring in banking groups”, University of Parma and

Gianluca Mattarocci, April 2006

59. Sienkiewicz Stan, ,,Credit cards and payment efficiency”, Federal reserve bank of

Philadelphia, August 2001

60. Stanley D. Block, Geoffrey A. Hirt, ``Foundations of financial management``, 6 edition

61. Tian, Yi Fan, ,,Leasing”, B.Sc., McMaster University, The University of British

Columbia, Canada, April, 2004

62. Trade finance guide, Chapter 9, Export Factoring, U.S. Department of Commerce,

International Trade Administration

63. Trifunovic Predrag, Factoring I forfeting, prirucnik, Ljubjana centar za megunarodno

sovetodavanje in razvoj, 1988

64. Трајковски Бранко и Гордана Трајкоска, ``Управување со обтрните средства,

оптимализација- фактори и мерки состојби во Р.Македонија“, Економски факултет,

Прилеп, 1999

65. Трајкоска д-р Гордана, ``Финансиската структура и профитабилноста на

претпријатијата``, Економски факултет, Прилеп, 1998

66. Трајкоски проф. д-р Бранко, ``Деловни финансии со финансиски менаџмент``,

Економски факултет, Прилеп, 2002

67. Трифуновиќ Предраг, ``Факторинг и форфетинг``, Прирачник, 1985

68. Трпески Љубе, ``Банкарско работење``, Просветно дело, Економска струка, Скопје,

1985

69. Трпески проф. д-р Љупчо, ``Пари и банкарство``, Еconomy Press,Скај агенција,

Скопје, 1995 и 2003

70. Витанова проф. д-р Гордана, ``Финансиски пазари и институции``, Економски

факултет-Прилеп, Прилеп, 2003

Page 144: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

144

71. Vucković D-r Miloś, ``Kreditno-bankarski sistem``, skripta, Ekonomski fakultet, Skopje

,1968

72. Yoshiaki, Ogura, ,,Lending Competition, Relationship Banking, and Credit Availability

for Entrepreneurs*”, Institute of Economic Research, Hitotsubashi University, Tokyo,

Japan, May, 2007

73. Young, Robert De (Federal Reserve Bank of Chicago), Hunter, William C.,(University of

Connecticut), Udell, Gregory F., (Indiana University), ,,The Past, Present, and Probable

Future for Community Banks”, 2004

Б) Зборници, симпозиумски реферати и годишници

- V седница на собранието на акционерите на Стопанска банка А.Д. Битола,

Стопанска банка А.Д. Битола, Битола, Април, 1997

- Годишен извештај 2012 на НЛБ Тутунска банка АД Скопје

- Годишен извештај 2012 на Стопанска банка АД Скопје

- Годишен извештај 2012 на Еуростандард банка- АД Скопје, Алфа банка АД

Скопје, Кредитна банка –АД Скопје, ТТК банка АД Скопје, Шпаркасе банка

Македонија АД Скопје, Капитал банка АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје,

НЛБ Тутунска банка АД Скопје, Охридска банка АД Охрид, Прокредит АД банка

Скопје, Стопанска банка АД Битола,

- Годишник на Економски факултет- Скопје, (Финансискиот лизинг во светската и во

македонската легислатива, Плавшиќ Снежана), том 38, 2003

- Годишник на Економски факултет- Скопје, том 41, 2006, Предности на факторинг

односите во трговското работење, Плавшиќ Снежана

- Годишник на Економски факултет-Скопје, том 38, Скопје, 2003

- Годишен економски извештај 2012, Министерство за финансии на Р.Македонија,

декември 2012

- Извештај за финансиската стабилност во Р.Македонија за 2011 година, НБРМ,

октомври 2012

- Извештај за финансиската стабилност во Р.Македонија за 2012 година

- Извештај за банкарскиот систем на Р.Македонија во 2012 година

- Измама со кредитните картички, криминал во пораст, Мојсовска Снежана;

- Квартален извештај на НБРМ, јануари 2012 година

Page 145: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

145

- Квартален извештај на НБРМ, јануари 2013 година

- Сојуз на економисти на Р.Македонија

В) Списанија

6. Economy press:, бр.260 /1август 2004; бр.3/ 25 јули 1996; бр.215/10 јули 2001;

бр.147/ 25 март 1998; бр.259/јули 2004

7. Деловно право, часопис за теорија и практика на правото:, год.3, бр.7, јуни 2002;

год.1, бр.2, ноември 2000

8. ,,Време”, дневен весник, 8 април 2010

9. ,,Нова Македонија”, дневен весник, 18 април 1991, год.47, бр.15888

10. Евроинтеграција, (Нормативното уредување на лизингот и договорот за лизинг во

правото на РМ, Коевски Горан, Анастасовска Јадранка), Правен факултет, Скопјe,

Јустијан први, 2002, зборник на трудови

11. Економија и бизнис:, бр.83, год.7, ноември 2004; год.7, бр.75 (март 2004) и бр.76

(април 2004); бр.83, год.7, ноември 2004

12. Економија, Економско правно биро- БС, 1999 година, број 9

13. Економика, (Искажување на финансискиот лизинг во даночниот биланс, Петкович

Славица), год.7, бр.1, 2005

14. Економски билтен бр.5/6, М-р Саша Твртковиќ, Трговско друштво за даночен и

сметководствен консталтинг, 2001

15. Економско правен советник: бр.5-6 /1991; бр.2. год. 7/ 1997; бр.2, 1995год.; бр.3/

1993; бр.5/1992

16. Капитал, магазин за бизнис и политика, 24 декември 2008; 5 декември 2008

17. Оданочување со ДДВ на лизингот, Николовски Трајан, год.8, февруари 2005

18. Проагенс

19. Професија банкар:, Скопје,: јуни 1999/ бр.46; јануари 1996/ бр.5; декември 2001/

број 76; септември 2000 год./број 61; октомври 2001 год.,/број 74; бр.64/ декември

2000; бр.74/октомври 2001; февруари 1998 год./ број 30; април 1999 год./ број 44;

април 2000 год./број 56; декември 1999 год./број 52; јули-август 1997 год./број

23/24; јули-август 1998 год.,/број 35/36; јули-август 1998 год./ број 35/36; јуни 1996

год./ број 10; мај 2000 год./број 57; мај 2001 год./број 69; март 1997 год./број 19;

март 2001 год./број 67; септември 1992 год./број 25;

Page 146: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

146

февруари 1998/бр.30;

20. Репрезент:, год.7, бр.7/8. јули/август 2004; год.11, бр.6, јуни 2008; год.8, бр.2,

февруари 2005

21. Сметководствено финансиска ревија, списание за теоретски и практични прашања

од областа на сметководството, финансиите и ревизијата, Сојуз на СФР, бр.4, април

1992, год. XXV ; бр.2, февруари 1992

22. Современо претпријатие, списание за економски, организациони и книговодствени

проблеми на стопанските организации, бр.6 ноемв./дек.,1973

23. Списание на Стопанска банка А.Д Скопје:, година XXVII, број 5-6, мај/јуни 2003;

година XXXIX, број 7-8, јули/август 2005;март, 2001, год XXV, бр.3; јан./февр.

2004, год. XXXIII, бр.1-2; март/април, 2003, год. XXVII, бр.3-4; декември, 2003, год.

XXVII, бр.11-12;септ./окт 2005, год.XXIX, бр.9-10

Г) Законски прописи

- Directive 2006/48/EC and 2006/49/EC of the Europian parlament and of the Counsil of

14 juni 2006

- Закон за банки

- Закон за лизинг

- Закон за Народна банка на Р.Македонија

Д) Интернет адреси

www.finance.gov.mk

www.nbrm.gov.mk

www.mse.org.mk

www.mchamber.org.mk

www.proagens.com

www.lizing.com.mk

www.invoicefinancier.com

http://fin-result.ru/

www.midlandbank.com.

www.forfaiters.org.

www.baft.org.

Page 147: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

147

www.msn.com.

www.mandtbank.com.

www.hsbc.com.

www.key.com./index.htm

http://fin-result.ru/rynok-kreditov12.html

http://add.coolreferat.com/docs/index-295.html

http://pdfdatabase.com/factoring-tutorial.html

http://www.referati.org/faktoring-i-forfeting/63767/ref/p2

http://www.encyclopediaofcredit.com/Forfeiting

http://www.forfaiters.org/forfaiting/benefits

www.nlbskupina.si/cgi-bin/nlbweb.

www.nlbskupina.si/cgi-bin/nlbweb.

www.nlb.si/cgi-bin/nlbweb.exe?doc

www.nlbleasing.co.yu/sr/lizing_vozila

www.nlbleasing.com.

www.factoring.org.

www.hipo-alpi-adria-lizing.bg.

www.lizing.co.yu

www.s-leasing.hr

www.lizing.sk

www.aleksgroup.uz/eng/lizing/contacts

www.mlrc.org.mk/ZAKONI/z2002020.htm

www.finance.gov.mk/mk/zakoni/zakon_za_lizing

www.pl.wikipedia.org/wiki/Faktoring

www.grupafinansowa.pl

www.faktoring.pbz.hr/kontakt_eng.htm

www.cfaktoring.com.tr/en/sss.asp

www.limun.hr/main.aspx?id

www.economy.co.yu/diskusije/viewtopic.php?id

www.premiumsoft.co.yu/?opt=dictionary&id

www.scindeks.nbs.bg.ac.yu/clanak.php?issn

www.emagazin.co.yu/clanak.asp?id

www.nbrm.gov.mk

Page 148: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

148

www.nbs.yu

www.hnb.hr

www.bsi.si

www.balkanbiznisklub.com

www.portalino.it/banks/_mk.htm

www.kb.com.mk

www.stb.com.mk

www.tb.com.mk

www.ikbanka.com.mk

www.finance.gov.mk

www.bnb.bg

http://www.kapital.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=125&EditionID

=604&ArticleID=13943

http://www.economist.com/fin

http://www.riskglossary.com/link/securitization.htmance/displaystory.cfm?story_id=1

3278750

www.investicii.com.mk

http://www.scribd.com/doc/8959467/-

http://www.ek-inst.ukim.edu.mk/finansiskiinstitucii.aspx

http://www.24x7.co.yu/default.aspx?cid=400&fid=300&pid=SEKJURITIZACIJA

http://www.forfaiters.org/

www.crnarupa.singidunum.ac.yu/Master/Master%20studije/Master%20predav%2020

06%20

%20Ciklus%203%20Stakic.ppt -

http://www2.biznisnovine.com/cms/item/stories/sr.html?view=story&id=12961&secti

onId=12

http://www.naslovi.net/2008-06-17/biznis-novine/forfeting-od-veresije-

gotovina/711343

http://www.economist.com/fin

http://www.riskglossary.com/link/securitization.htmance/displaystory.cfm?story_id=1

3278750

http://www.mikroleasing.com/index.php?p=32&l=1

http://papers.ssrn.com/sol3/papers.cfm?abstract_id=446961

Page 149: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

149

http://www.faktoring.pl/eng/index.php?page=4&s=5

http://en.wikipedia.org/wiki/Factoring_%28finance%29

http://www.vteamsystem.com.cn/en/infor.html

http://www.scribd.com/doc/48291721/faktoring-i-forfeting

http://www.fcfactoring.com/of/function/

http://add.coolreferat.com/docs/index-295.html

http://add.coolreferat.com/docs/index-295.html

http://www.catalunyacaixa.com/Portal/en/Empresas/Producto+Forfaiting

http://www.forfaiters.org/forfaiting/benefits

http://add.coolreferat.com/docs/index-295.html

http://money.mnogoo.mk/mk/articles/Banki/nashite-banki-pobezbedni-od-evropskite

http://money.mnogoo.mk/mk/articles/Osiguruvanje/lizingot-bez-uspeh-kaj-nas

http://bankir.ru/tehnologii/s/forfeiting-novie-rybeji-v-ysloviyah-krizisa-opit-

yaponskogo-banka-v-rossii-2184200/

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=D9E2A9A2BB18B240A75E4EEB93

A8C43E

интернет страницата на Федерацијата на националните асоцијации за лизинг во

Европа, интернет страница на ММФ и ,,Структурни показатели за банкарскиот

систем на Европската унија” публикуван во јануари 2010 г.

Page 150: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

150

Кратенки

GDP Gross Domestic Product

SWIFT Society for Worldwide interbank Telecommunication

UNIDROIT International Institute for the Unification of Private Law

USAID United States Agency for International Development

А.Д Акционерско друштво

ДДВ Данок на додадена вредност

ЕУ Европска унија

МБПР Македонска банка за поддршка на развојот

НБРМ Народна банка на Република Македонија

НЛБ Нова Љубљанска банка

ПИН Personal Identification Number

ПОС Point of sale

РМ Република Македонија

САД Соединетите Американски Држави

СЕВ Светски економски форум

СФРЈ Социјалистистичка Федеративна Република Југославија

Page 151: Новите трендови во банкарското работењеeccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Josevska_Magdalena.pdf · специфичностите на

Новите трендови во банкарското работење

151

Лектура,

Овластен лектор,

Анкица Стојаноска