1
ВоВед : Науката за потрошувачка на храна (НПХ) е научна дисциплина во надоаѓање. Желбата да се дознае за навиките и ставовите на потрошувачите на храна во Европа и импликациите што тие навики ги имаат врз другите сфери на општеството, пред се здравјето и економијата, ги прават оправдани истражувањата кои се занимаваат со тоа. Проектот „Фокус-Балкан“ ја иницира потребата од таков вид на знаења во земијте на Западен Балкан. Партнер во проектот од Македонија е Институтот за јавно здравје на Република Македонија. Цел : Во рамките на теорискиот пристап, методите на истражување и достапната литература за НПХ во РМ, направивме пресек на досега објавените студии во земјата со цел да се согледа ситуацијата и да се евидентираат евентуалните недостатоци во поглед на знаењата за НПХ во РМ, како и можните потреби од дополнителни истражувања и стекнувања на знаења. Преглед на методи и резултати: Публикациите, присутни во македонската научна литература, кои ги прегледавме и истраживме, покажуваат дека нивната содржина во најголем дел е фокусирана на влијанието на исхраната врз јавното здравје, односно на здравјето на различни популациони групи кои биле предмет на истражувањето. Многу малку публикации се однесуваат на економските аспекти при изборот на потрошувачите и тие во најголем дел не се поврзани со потрошувачката на храна туку ги одразуваат ставовите на потрошувачите при купување на различни видови на производи. Најголем број на истражувањата користеле прашалници, како основен инструмент на истражувањата или комбинација на прашалници и истражувања на терен. Методите на структурирани прашалници и објективни мерења се методи кои се најчесто користени и произведуваат највредни податоци. Листа на извори на публикации во земјата кои се најблиску поврзани со потрошувачки и пазарни студии од економски и здравствен аспект: Статистички преглед: приходи, потрошувачка и цени; Здравјето и здравствената заштита на населението во РМ (Годишен извештај на ИЈЗ на РМ ); Годишник на Економскиот факултет; Македонски медицински преглед; Економски развој. заклучок : Од прегледот на литературата поврзана со НПХ во РМ кој го направивме, може да се заклучи дека постои голема празнина во научната мисла што го покрива ова подрачје. Имено, многу малку истражувања се направени во државата. Имаме многу мала покриеност на економските аспекти на потрошувачката на храна кои зависат од изборот на потрошувачите од една страна, како и движечките сили за избор на различни видови на храна кои ги прават потрошувачите, од друга. Достапните национални или меѓународни истражувања со учество на наши истражувачи не ги задоволија критериумите ни за квантитет ни за квалитет. Малкуте истражувања кои ги пронајдовме се повеќе ориентирани на теоретски пристап на потрошувачката, однесувањето на потрошувачите и апроксимацијата на националното законодавство со она на ЕУ во таа област. Дополнително прашање е фактот на малкуте трудови кои се меѓународно објавени, на јазик различен од македонскиот, иако тоа може да се должи и на фактот што НПХ е сеуште во развој во Европа, но секако е знак дека треба многу повеќе да се работи во на ова поле за да се добијат податоци кои ќе бидат маѓународно споредливи. Многу малку е направено во истражувањето на различните аспекти на потрошувачка на определени групи на прехранбени производи. Истражувањата се фокусирани на општи и просечни навики на купувачите. Би требало да се направат повеќе истражувања на посебни видови прехранбени продукти, а „Фокус-Балкан“ во своите работни пекти го прави токму тоа преку 4 истражувачки студии (традиционални производи, органски производи, производи со здравствена декларација, овошје). Владимир кендровски*, игор Спироски* *Институт за јавно здравје на Република Македонија Контакт: [email protected], [email protected] ПРЕГЛЕД НА ТЕОРЕТСКИОТ ПРИСТАП, МЕТОДИТЕ И ЛИТЕРАТУРАТА ПОВРЗАНИ СО НАУКАТА ЗА ПОТРОШУВАЧКА НА ХРАНА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Табела 1. Податоци за публикациите инСтитут за јаВно здраВје на реПублика македонија Вкупен број на публикации % на публикации објавени на македонски јазик Време на објавување на публикациите 11 91 2000-2009 Извори на публикациите Место на објавување Видови на користени податоци Видови на користени методи Сметајќи ја целата популација како потенцијални потрошувачи, во многу нешта при истражувањето се потпревме на податоци кои нашата институција, Институтот за јавно здравје на РМ, ги има, за да можеме да креираме првична слика за исхраната и навиките во исхраната на популациони групи од интерес во РМ. Свесни сме за фактот дека таквиот пристап веројатно не е најдобар за преглед на литература од областа на НПХ, но поради постоењето на премалку трудови од оваа област и таквиот пристап може да е иницијација за согледување на состојбата и понатамошни истражувања. Како финален заклучок, постои голема празнина во Македонија во ова научно поле и тоа треба да биде искористено како стимулација за развој и спроведување на истражувања со кои ќе се стекнат знаења за НПХ во земјата.

ПРЕГЛЕД НА ТЕОРЕТСКИОТ ПРИСТАП, МЕТОДИТЕ И … 1OS... · ВоВед: Науката за потрошувачка на храна (НПХ) е научна

Embed Size (px)

Citation preview

ВоВед: Науката за потрошувачка на храна (НПХ) е научна дисциплина во надоаѓање. Желбата да се дознае за навиките и ставовите на потрошувачите на храна во Европа и импликациите што тие навики ги имаат врз другите сфери на општеството, пред се здравјето и економијата, ги прават оправдани истражувањата кои се занимаваат со тоа. Проектот „Фокус-Балкан“ ја иницира потребата од таков вид на знаења во земијте на Западен Балкан. Партнер во проектот од Македонија е Институтот за јавно здравје на Република Македонија.

Цел: Во рамките на теорискиот пристап, методите на истражување и достапната литература за НПХ во РМ, направивме пресек на досега објавените студии во земјата со цел да се согледа ситуацијата и да се евидентираат евентуалните недостатоци во поглед на знаењата за НПХ во РМ, како и можните потреби од дополнителни истражувања и стекнувања на знаења.

Преглед на методи и резултати: Публикациите, присутни во македонската научна литература, кои ги прегледавме и истраживме, покажуваат дека нивната содржина во најголем дел е фокусирана на влијанието на исхраната врз јавното здравје, односно на здравјето на различни популациони групи кои биле предмет на истражувањето. Многу малку публикации се однесуваат на економските аспекти при изборот на потрошувачите и тие во најголем дел не се поврзани со потрошувачката на храна туку ги одразуваат ставовите на потрошувачите при купување на различни видови на производи.

Најголем број на истражувањата користеле прашалници, како основен инструмент на истражувањата или комбинација на прашалници и истражувања на терен. Методите на структурирани прашалници и објективни мерења се методи кои се најчесто користени и произведуваат највредни податоци.

Листа на извори на публикации во земјата кои се најблиску поврзани со потрошувачки и пазарни студии од економски и здравствен аспект:

Статистички преглед: приходи, потрошувачка и цени; Здравјето и здравствената заштита на населението во РМ (Годишен извештај на ИЈЗ на РМ ); Годишник на Економскиот факултет; Македонски медицински преглед; Економски развој.

заклучок: Од прегледот на литературата поврзана со НПХ во РМ кој го направивме, може да се заклучи дека постои голема празнина во научната мисла што го покрива ова подрачје. Имено, многу малку истражувања се направени во државата. Имаме многу мала покриеност на економските аспекти на потрошувачката на храна кои зависат од изборот на потрошувачите од една страна, како и движечките сили за избор на различни видови на храна кои ги прават потрошувачите, од друга. Достапните национални или меѓународни истражувања со учество на наши истражувачи не ги задоволија критериумите ни за квантитет ни за квалитет. Малкуте истражувања кои ги пронајдовме се повеќе ориентирани на теоретски пристап на потрошувачката, однесувањето на потрошувачите и апроксимацијата на националното законодавство со она на ЕУ во таа област.

Дополнително прашање е фактот на малкуте трудови кои се меѓународно објавени, на јазик различен од македонскиот, иако тоа може да се должи и на фактот што НПХ е сеуште во развој во Европа, но секако е знак дека треба многу повеќе да се работи во на ова поле за да се добијат податоци кои ќе бидат маѓународно споредливи.

Многу малку е направено во истражувањето на различните аспекти на потрошувачка на определени групи на прехранбени производи. Истражувањата се фокусирани на општи и просечни навики на купувачите. Би требало да се направат повеќе истражувања на посебни видови прехранбени продукти, а „Фокус-Балкан“ во своите работни пекти го прави токму тоа преку 4 истражувачки студии (традиционални производи, органски производи, производи со здравствена декларација, овошје).

Владимир кендровски*, игор Спироски**Институт за јавно здравје на Република МакедонијаКонтакт: [email protected], [email protected]

ПРЕГЛЕД НА ТЕОРЕТСКИОТ ПРИСТАП, МЕТОДИТЕ И ЛИТЕРАТУРАТА ПОВРЗАНИ СО НАУКАТА ЗА ПОТРОШУВАЧКА НА ХРАНА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Табела 1. Податоци за публикациите

инСтитут за јаВно здраВје на реПублика македонија

Вкупен број на публикации

% на публикации објавени на

македонски јазик

Време на објавување на публикациите

11 91 2000-2009

Извори на публикациите

Место на објавување

Видови на користени податоци

Видови на користени методи

Сметајќи ја целата популација како потенцијални потрошувачи, во многу нешта при истражувањето се потпревме на податоци кои нашата институција, Институтот за јавно здравје на РМ, ги има, за да можеме да креираме првична слика за исхраната и навиките во исхраната на популациони групи од интерес во РМ. Свесни сме за фактот дека таквиот пристап веројатно не е најдобар за преглед на литература од областа на НПХ, но поради постоењето на премалку трудови од оваа област и таквиот пристап може да е иницијација за согледување на состојбата и понатамошни истражувања.

Како финален заклучок, постои голема празнина во Македонија во ова научно поле и тоа треба да биде искористено како стимулација за развој и спроведување на истражувања со кои ќе се стекнат знаења за НПХ во земјата.