72
Вера Ќосевска, лауреат на наградата „Андреја Дамјанов“ за 2014: Томе Тимов: Создавање на функционални и естетски проекти на ниво на времето во кое живееме Мишел Роjкинд: Ова е одлично време да не се губи време НОЕМВРИ 2014 226 ГРАДЕЖНИШТВО ПОРТА АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА 90 ДЕНАРИ

226issuu

  • Upload
    porta3

  • View
    231

  • Download
    0

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Spisanie za gradeznistvo, arhitektura, ekologija, enterieri, energetska efikasnost

Citation preview

Page 1: 226issuu

Вера Ќосевска, лауреат на наградата „Андреја Дамјанов“ за 2014:

Томе Тимов: Создавање на функционални и естетски проекти на ниво на времето во кое живееме

Мишел Роjкинд: Ова е одлично време да не се губи време

НОЕМВРИ 2014

226

ГРАДЕЖНИШТВО

ПОРТААРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

90 ДЕНАРИ

Page 2: 226issuu
Page 3: 226issuu

БРОЈ 226 ПЕТОК 28.11.2014 ГОДИНА X

Редакција:

главен и одговорен уредник:Дејан БУЃЕВАЦ

новинари:Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА

надворешни соработници:Ангел СИТНОВСКИАлександар ПЕТРОВ (ИТАЛИЈА)Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИАлександра ШЕКУТКОВСКААнастасија НИКОЛОВСКААндреа ЈАМАКОСКА Билјана САВИЌБиљана СТОЈАНОВИЌВладимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија)Даниела МЛАДЕНОВСКАДраган РИСТОВДрагица ФАРРЕН (В.Британија)Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА)Ивана ГРУПЧЕКате АНТЕВСКАМихаил ТОКАРЕВСандра ДОНЧЕВА ТЕОХАРОВАСашо КУЗМАНОВСКИТрајче СТОЈАНОВФилип ФИЛИПОСКИФранческо ЧИТРО (ИТАЛИЈА)

графички уредник: Дејан ДАВИТКОВ

фоторепортер: Кире ПОПОВ

лектор: Костадинка СОЛЕВА

Издавачки совет:Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претседателпроф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА,дипл.град.инж.Вања ДОНЧЕВА РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх.Александра ПЕТРОВСКАдипл.инж.арх.проф. д-р Катерина ДОНЕВСКАдипл.град.инж.

Издавач: „Биропрес“ ДОО СкопјеУл. ВаСил Ѓоргов број 21,влез 2, локал 7, 1000 Скопје

Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924e-mail: [email protected]

Печати:

Маркетинг:

[email protected]@porta3.com.mkТел: 3243 790; 3243 797Fax: 3243 796Моб: 072 248 796

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.000 ден.жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД СкопјеЕДБ: 4030004528485

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година

Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.

Архитектката Вера Ќосевска е годинашен добитник на наградата „Андреја Дамјанов“. Таа е 25-иот лауреат на оваа награда. Во пригодното интервју по тој повод, Ќосевска за „Порта 3“ вели: „Архитектонските промашувања кај нас сакам да останат како еден лош сон во кошмарна ноќ“. Таа повеќе сака да зборува за иднината, а за иднината на нашата архитектура нагласува: „Останувам оптимист бидејќи верувам во иднината на архитектонската наука и во напредните сфаќања на најголем број од нашите, сега активни архитекти-проектанти и во новите генерации кои допрва доаѓаат“. И додека Ќосевска е оптимист за иднината на нашата архитектура, архитектот Томе Тимов за нејзиниот денешен миг нагласува „Архитектурата отсекогаш била показател на нивото на општествената свест и развој. Денешната македонска архитектура е најочигледен пример за тоа. Живееме и твориме во време кога единствено е важно запазувањето на формалната страна на работите, додека суштината воопшто не е предмет на интерес. Свеста за почитување и одржување на веќе изграденото, воопшто не може да се препознае“. И во такви околности херојот на неговото време е „оној што успева да остане Човек и е спремен безрезервно да дава, не

калкулирајќи што ќе добие за возврат“. Оваа година, Белградската недела на дизајнот за првпат угости архитект од Мексико. Мишел Ројкинд (Michel Rojkind) е најзвучното архитектонско име на таа земја. Некогаш музичка ѕвезда во студентските денови, а денес големо име во современата архитектура, Ројкинд екслузивно за „Порта 3“ раскажува како одлучил да стане архитект, зошто смета дека е важно да се преиспита проектната задача, со кого води најинтерсни разговори и дали е можно да се гради само со мислите... Куќа со отсечен двор. Тетовското село Порој во својот архитектонски опус ја вбројува и куќата која е дело на архитектите Виолета Бакалчев, Минас Бакалчев и Никола Стрезоски. Таа е доказ за нивната неисцрпна креативност. „Сакавме да испроектираме објект кој се развива со времето и светлината, кој создава моментален впечаток, импресија и континуирана промена, како што се менува и сликата на светот“, вели архитектот Френк Гери, потписник на една од најпознатите, најреволуционерни згради, објектот на Фондацијата Луј Витон, промовирана неодамна, кој стои како стаклен облак над Булоњската шума.

ОД РЕДАКЦИЈАТА

ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ,

Насловна страница:ONE CENTRAL PARK, СИДНЕЈ, АВСТРАЛИЈА

26 32

Xxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxx

XxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxXxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxx

Xxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxx

НОЕМВРИ 2014

226

ГРАДЕЖНИШТВО

ПОРТААРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

90 ДЕНАРИ

08 20

Автор: ЖАН НУВЕЛ

54

ИНТЕРВЈУ 08ВЕРА ЌОСЕВСКА, ЛАУРЕАТ НА НАГРАДАТА

„АНДРЕЈА ДАМЈАНОВ“ ЗА 2014:ВЕРУВАМ ВО ИДНИНАТА НА НАШАТА

АРХИТЕКТОНСКА НАУКА

СОВРЕМЕНИ МАКЕДОНСКИ ГРАДИТЕЛИ 20

ТОМЕ ТИМОВ, АРХИТЕКТ

ИНТЕРВЈУ 26МИШЕЛ РОJКИНД: ОВА Е ОДЛИЧНО

ВРЕМЕ ДА НЕ СЕ ГУБИ ВРЕМЕ

АРХИТЕКТУРА 32ОБЛАЦИ ОД СТАКЛО

ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ 54ЦВЕТ ЗА СЕКОЈ СТАНАР, БУКЕТ ЗА ГРАДОТ

Инвестирајте во „енергетска ефикасност“

Рубриката „енергетска ефикасност“ е иницирана од ПроКредит Банка во партнерство со Порта3.Со Еко Кредитите од ПроКредит Банка по повластени услови можете да ги реализирате сите Ваши проекти кои заштедуваат енергија и имаат помала емисија на CO2 во атмосферата.

Page 4: 226issuu

28 ноември 20144

4

ПОРТА

градежништво

- ВОДОВОДНИ СИСТЕМИ

- ГАСОВОДНИ СИСТЕМИ

- KAНАЛИЗАЦИСKИ СИСТЕМИ

ИНОВАТИВНА ТЕХНОЛОГИЈА ПО СИТЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ СТАНДАРДИ

ПОЛИЕТИЛЕНСКИ И ПОЛИПРОПИЛЕНСКИ

Tel:00 389 034 212 06400 389 034 211 75700 389 034 215 22500 389 034 215 226

Fax:00 389 034 211 964

e-mail: [email protected]: [email protected] bb 1480 GevgelijaMACEDONIA

Page 5: 226issuu

5

5

ПОРТА28 ноември 2014

градежништво

- ВОДОВОДНИ СИСТЕМИ

- ГАСОВОДНИ СИСТЕМИ

- KAНАЛИЗАЦИСKИ СИСТЕМИ

ИНОВАТИВНА ТЕХНОЛОГИЈА ПО СИТЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ СТАНДАРДИ

ПОЛИЕТИЛЕНСКИ И ПОЛИПРОПИЛЕНСКИ

Tel:00 389 034 212 06400 389 034 211 75700 389 034 215 22500 389 034 215 226

Fax:00 389 034 211 964

e-mail: [email protected]: [email protected] bb 1480 GevgelijaMACEDONIA

- KAНАЛИЗАЦИСKИ СИСТЕМИ

Page 6: 226issuu

28 ноември 20146

6

ПОРТА

инфо ВЕРА ЌОСЕВСКА ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА „АНДРЕЈА ДАМЈАНОВ“ ЗА 2014 ГОДИНА

Носител на современата архитектура во МакедонијаТворештвото на архитект Вера Ќосевска е учебник за архитектонско проектирање, тоа е архитектура ослободена од вишок, од сензација која создава пријатно чувство и спокој

Архитектот во пензија Вера Ќосевска е дваесет и петтиот лауреат на наградата „Андреја Дамјанов“, која ја доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Наградата и беше врачена за животно дело, особени достигнувања и личен придонес во развојот

на архитектурата и градителството во Македонија. Свеченоста на доделување на наградата се одржа во црквата „Рожденство на Пресвета Богородица“ во Скопје на 25 ноември. Пред многубројните гости за творештвото на Ќосевска говореше претседателката на ААМ Сања Раѓеновиќ-Јовановиќ која истакна: „Творештвото на Вера Ќосевска е собрано на едно место и претставува учебник за архитектонско проектирање, тоа е архитектура ослободена од вишок, од сензација која создава пријатно чувство и спокој“. Според Раѓеновиќ-Јовановиќ творештвото на архитект Вера Ќосевска е бескомпромисно, без манипулации, дилеми, недоречености, творештво без интрига. „Ни покажа како се создава архитектура, како таа се следи и негува. Ни покажа како архитектот мора да е постојано присутен во создавањето на објектот, од раѓањето на идејата па се до крајниот производ-реализиран објект. Не учи како се останува доследен до крај“, нагласи Раѓеновиќ-Јовановиќ, додавајќи дека Ќосевска остави современа архитектура која денес е сведоштво на едно прогресивно време, одраз на моментот кога е создавана во чекор со современиот свет. Образложувајќи ја одлуката на Комисијата за доделување на наградата, нејзиниот претседател архитект Ѓорѓи Константиновски ги нагласи сите дела зад кои стои потписот на Вера Ќосевска. „Како на филмска лента со нескриена возбуда и целосна почит пред нас се исправија над 150 проекти од кои две третини ја виделе светлината да бидат изградени, а другите да останат во сеќавање на авторот. Од тој богат творечки опус несопирливо блика богатство на идеите на модерната архитектура преку т.н. интернационален стил, кој всушност беше толку еластичен што на секој творец му овозможуваше индивидуални толкувања и истовремено овозможуваше да го поттикне општиот развој. Вера Ќосевска е еден од носителите на современата архитектура во Македонија“, нагласи Константиновски. Тој додаде и дека од целиот творечки опус на Вера Ќосевска скоро 80 отсто е во делот на станбената изградба, што ја прави хумана архитектура која заслужува посебно место во таа област. Заблагодарувајќи се на наградата Вера Ќосевска изјави: „Секоја добиена награда е резултат на некоја успешно завршена работа, но оваа награда за мене има посебно значење затоа што е за целата моја работа, таа е признание за животно дело“. Ќосевска рече дека архитекурата секогаш бара целосна посветеност и вложеност, познавање на минатото, но и следење на новите текови. К.С.Т.

Page 7: 226issuu

7

7

ПОРТА28 ноември 2014

инфо24. СРЕДБА НА ЕВРОПСКИ СТУДЕНТИ ПО АРХИТЕКТУРА ВО БЕРЛИН

Глобални теми од архитектонската мисла

Берлин го карактеризира контрадикција која потекнува од целата историска тежина со која се носи градот. Денес, иако сè уште распнат помеѓу две

спротивности, неретко се споменува во различна алтернативна и прогресивна мисла. Градот е едно од ретките места во кое луѓето што се занимаваат со каква било крeативна дејност се пронаоѓаат и никогаш повеќе не сакаат да го напуштат. Од крајно затворен град со демографски пад, денес е интернационален центар кој брои 3,4 милиони жители, што го прави втор по големина во Европа. Германија е една од технолошки најразвиените земји, а доживувањето во нејзиниот главен град има сè, освен типичен германски дух кој не асоцира на совршен ред. Во таа симбиоза на секојдневни случувања од светот на уметноста, во

периодот од 23 октомври до 2 ноември се одржа 24. средба на европски студенти по архитектура - INCM14 (International National Contact Meeting). На средбата активно учествуваа и македонските претставници Анастасија Спасовска и Наталија Зафироска, студенти во петта година при државниот факултет. Целта на оваа средба, на која беа повеќе од стотина учесници, покрај дискутирањето на глобални теми од архитектонската мисла и современото

творештво, беше изборот на местото каде ќе се одржува наредната EASA (European Assembly for Students of Architecture). Во битката вообичаено учествуваат две земји кои излагаат со свои предлози за тоа како планираат да го организираат двонеделниот камп и како би ги спровеле архитектонските работилници на него. Преку долга неколкудневна дискусија, по пат на консензус, конечно се прогласи победничкиот тим на Литванија, која ќе биде домаќин на EASA 2016.

Наталија ЗАФИРОСКА

Page 8: 226issuu

28 ноември 20148

8

ПОРТА

интервју ВЕРА ЌОСЕВСКА, ГОДИНАШЕН ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА „АНДРЕЈА ДАМЈАНОВ“

Верувам во иднината на нашата архитектонска наука

За иднината на нашата архитектонска наука и практика, останувам оптимист бидејќи верувам во иднината на архитектонската наука и во напредните сфаќања на најголем број од нашите сега активни архитекти-проектанти и во новите генерации кои допрва доаѓаат

Наградата „Андреја Дамјанов“ ја добивте за Вашиот придонес во современата архитектура. Ова ли е полето во кое се пронајдовте? Зошто баш современото Ви беше предизвик? За архитектура и градителство слушав многу, уште во моето најрано детство. Имав член во најтесното семејство (вујко), кој беше архитект и имаше своја фирма во Загреб, но градеше неколку значајни објекти во мојот и неговиот роден град Осијек. Неговите објекти се разликуваа од дотогашната архитектура во градот која датираше од минатите векови, меѓу кои е и Окружен завод за здравство, кој беше проектиран и изграден со чиста и искрена архитектура, без додатни украси, а како таков постои и денес без никакви промени.Подоцна, за време на студиите во Белград, имав многу добри професори со современи

погледи и сфаќања во доменот на мојата идна професија. По предметот Историја на архитектура се запознав со сите историски стилови во градителството од минатите векови. Кај мене немаше дилема дека секој стил му припаѓа на одреден временски период, кој во мојот живот ќе претставува само убаво но минато време.

Ваши дела се некои од највисоките објекти во државата кои датираат уште од 60-тите години. Но, грабењето по поголеми височини стагнираше сè до изградбата на турските облакодери во Аеродром. Дали времето на облакодерите е поминато или очекувате допрва да земе замав? После скопскиот земјотрес се наѕираше можност во нашата република да се градат современи градови како во светот. Во урбанистичките планови се поставени

објекти како акценти на позначајни места во градот и со зададени висински услови. На тој начин, како урбанистички услов, проектирав неколку за тоа време високи објекти. Од нив, три се станбени солитери со различен број на катови, од П+М+11, П+М+14 и П+М+16 ката над теренот, а четвртиот објект беше проектиран за деловно-административни потреби со катност од П+М+30 ката над теренот. Тој објект беше поставен во урбанистичкиот план како акцент на потегот од новата железничка станица кон центарот на градот. Тој проект, за жал, не е реализиран.Во поглед на користење на теренските можности, мислам дека иднината ќе бара искористување на воздушниот простор со високи градби во корист на теренот. Но, тука веднаш морам да го искажам моето лично и стручно мислење.

Катерина СПАСОВСКА ТРПКОВСКА

Page 9: 226issuu

9

9

ПОРТА28 ноември 2014

интервју

Високите градби се погодни за деловни и административни намени, бидејќи во нив не се престојува целодневно во целосно климатизирани простории. Но што се однесува до височините за станбеното живеење, убедена сум дека е поприфатлива опцијата за пониски живеалишта. Во моите изградени станбени кули проектирав и се изведоа заеднички простори на секое трето ниво за игра на децата и пријатни дружења на нивните родители. Но сепак, и покрај така уредени цветни и зелени оази во висококатниците, живеењето во пониските градби е поудобно.

Порано градевте цели населби, сега веќе не се прави тоа. Еден плац со 14 маркички прво се продаваше како целина, потоа како две половини по седум, но се продаде дури откако сите се понудија

поединечно. На запад, особено во САД, сè уште се градат цели населби, зошто кај нас исчезна таквата практика? Архитектурата е сведок на одредени прилики во државите и идеологија во општествените системи. Во педесеттите години од минатиот век, мислата за рационалност се совпаѓа со тогашните скромни општествено-економски услови во нашата, тогаш уште релативно млада држава. Се бараше брза изградба на производствени и станбени објекти. Секоја нова фабрика или установа градеше паралелно и станбени згради за своите вработени од сите категории на образование (на пример, скопска Железарница, Стакларница, Цементарница). Тој тренд на градби за своите вработени се задржа до осумдесеттите години на минатиот век, но со нешто променети

економски услови за вработените. Становите се доделуваа по приоритетни листи на вработените. Се градеа цели населби и комплекси, кои ги откупуваа фабриките, претпријатијата и установите за своите вработени со помали економски можности. Тие објекти се нарекуваа Солидарни или Работнички станови, а се градеа низ целата наша држава. Со промената на општествениот систем, се промени и станбената политика.

Што најмногу Ве воодушевило од светската архитектура во изминативе десетина години, а што од македонската? Да се споредуваме со постигнатото во светската архитектура, за сега не е можно. Ќе кажам што ме одушевува во светското градителство, а од што сум задоволна во нашата архитектура

Хотел Панорама - Радовиш 1978

Театар на народностите - Скопје 1968-70

Полициска станица Гази Баба - Скопје 1985 Педагошка академија - Штип 1966

Здравствен дом - Валандово 1982

Хотел Југо - Гевгелија 1977-78

Page 10: 226issuu

28 ноември 201410

10

ПОРТА

интервју

во изминатите десет години.Технологијата на градбите во светската архитектура оди со големи чекори напред. Ме одушевува технологија на градење каде за една катна висина во традиционални услови се гради шест недели, а со динамична технологија за истиот кат се потребни само шест дена, а притоа тие се и ротациони. Нашето градителство, засега, е многу далеку од таквите технологии.Во наши услови, за последните десет години се изградени повеќе објекти со напредни сфаќања за архитектурата во 21 век. Меѓу нив, ќе го наведам како успешно изграден и добро вклопен објект во своето опкружување, Спомен-домот на Тоше Проески во Крушево.

Од сите типови проекти што сте ги работеле (болници, административни објекти, фабрики, населби итн.) кои Ви беа најголем предизвик и како тип и како поединечни проекти? Во мојата творечка работа никогаш не сум го делела пристапот кон новиот

проект. Секој проект ми претставуваше нов предизвик, без оглед дали се работеше за голем или мал објект, бидејќи и двата се дел од нашето окружување и двата ја сочинуваат сликата на градот или местото каде ќе биде изграден. Впрочем, и големиот и малиот објект од сите архитектонски области, му служи на човекот како негов краен корисник.

Постои ли дело кое е Ваше милениче и зошто? Што е тоа што го издвојува од другите? На ова прашање навистина не е лесно да одговорам. Секој објект е дел од мојот професионален живот, јас всушност живеев со секој објект додека го проектирав. Од бела празна хартија до изграден објект, тоа е како создавање на еден нов живот. Но сепак, ме обзема некоја мала тага при помислата на неколку нереализирани проекти, неизградени од разни причини. Ќе споменам еден од проектираните и изградени објекти во кои сакав да ги имплементирам на одреден начин елементите од традиционалната македонска архитектура во објект со

современа архитектура. Ги применив еркерните и кровните елементи од традиционалната архитектура вклопени во современ хотелски објект, кој и со своите волумени не се наметнува на околниот пејзаж. Косините на кровните површини ги следат истите косини од околните ритчиња. Тој објект е хотелот „Панорама“ во Радовиш, на кој, за жал, сега после 35 години од неговата изградба и користење, е присутна недоволната грижа за него.

Творевте, главно, во времиња во кои функцијата на градбите имаше апсолутна предност пред нивната форма, односно од функцијата произлегуваше формата. Колку од тој принцип е задржан денес и дали имате впечаток дека функционалноста почесто се жртвува на сметка на формата? Непочитувањето на три основни услови при проектирањето на кој и да било објект, а се однесуваат на просторот во кој ќе се гради објектот, на неговата форма односно неговиот изглед и на неговата функционалност, е многу опасно за добар

Судска зграда - Охрид 1960-61

Кула Куманово 1975-76

Г.Т.Ц. Солун - Гевгелија 1979-80

Page 11: 226issuu

11

11

ПОРТА28 ноември 2014

интервју

Високите градби се погодни

за деловни и административни

намени, бидејќи во нив не се

престојува целодневно во целосно

климатизирани простории. Но, што се

однесува до височините

за станбеното живеење, убедена

сум дека е поприфатлива

опцијата за пониски

живеалиштакраен исход на проектот. Архитектонското проектирање е многу убава, но одговорна работа. Работа на секој нов проект е и нов предизвик. Почетното согледување, кое архитект-проектант мора добро да го совлада, е анализа на просторот во кој ќе опстојува идниот објект. Во врска со просторот е габаритот и изгледот на идниот објект, кој мора да е вклопен и усогласен со дадениот простор (локацијата). Многу битна е правилната и добра функција на секој објект.Архитект кој не ги почитува овие основни правила при проектирањето, не може да изгради добар објект. Објектот можеби ќе биде убав на изглед, но не и вклопен во просторот, или ќе биде и вклопен, но нефункционален (и обратно). Само ако се исполнети овие три правила, може да се каже дека објектот е успешно проектиран.

Каде оди архитектурата денес, која е нејзината иднина кај нас и во светот? За иднината на светската архитектура, воопшто не се сомневам дека би можела да тргне во назаден и погрешен правец од

оној што веќе е постигнат. Големите светски архитекти, покрај својата стручност, ги почитуваат правилата во проектирањето и со голема помош на врвната технологија на градбите, ќе постигнуваат сè поголеми успеси во создавањето на современа архитектура во времето што следи.Што се однесува до иднината на нашата архитектонска наука и практика, останувам оптимист бидејќи верувам во иднината на архитектонската наука и во напредните сфаќања на најголем број од нашите сега активни архитекти-проектанти и во новите генерации кои допрва доаѓаат. Убедена сум дека некои видни промашувања ќе останат само како еден лош сон во кошмарна ноќ, кој нема да се одрази или да има влианије на убавиот нов, нареден ден.

Значи ли наградата „Андреја Дамјанов“ заокружување на Вашата професионална ориентација или и понатаму ќе продолжите да работите? Веќе долги години сум надвор од активна проектантска работа, но тоа не

значи дека сум и одвоена од мојата убава професија. Ги следам сите актуелни настани во струката, дискутирам со колегите и ги објаснувам моите ставови.Наградата „Андреја Дамјанов“ ми значи многу, бидејќи ја заокружува мојата севкупна дејност. Тоа е награда за животно дело, доделена од највисокото архитектонско тело, од Асоцијација на архитекти на Македонија.Но, со доделувањето на таа престижна награда, јас не станав нов член на Архитектонска академија, како што е тоа установено со правилникот, бидејќи бев избрана уште во 2008 година за редовен член на Академијата по истиот правилник, усогласен со членот 6. Потоа, во 2010 година бев избрана за член на претседателството на Архитектонската академија, каде што сум член и сега.Сето ова покажува дека не сум одвоена од струката, но активната проектантска работа треба да се остави да ја извршуваат сегашните и идните архитектонски генерации од способни проектанти.

Блокови Градски ѕид - Скопје 1968

Кула 11 Октомври - Скопје 1965-66

Комплекс Москва - Скопје 1969 Комплекс Москва - Скопје 1969

Page 12: 226issuu

28 ноември 201412

12

ПОРТА

градежништво

Средното музичко училиште од Битола е сместено во објектот на Средното општинско училиште „Таки Даскало“, кое беше поранешен средношколски

училишен дом. Објектот е изграден во 1948 година, и се состои од подрум, приземје и три ката. Конструктивниот систем е со масивни ѕидови од полна тула со дебелина од 55 см на приземјето и 42 см на катовите. Меѓусебното поврзување е изведено со хоризонтални и вертикални серклажи и ситно-ребрасти армирано-бетонски меѓукатни конструкции.

Во 2014 година, поради оштетувања на фасадата и поради големите топлински загуби, започната е санација на објектот. Прво се заменија постоечките дрвени прозорци, а потоа почна поставување на надворешна топлинска изолација. Постоечките дрвени прозорци беа монтирани во средината, од ширината на ѕидот во оформен заб од тула. Шпалетните долж обемот на прозорците (со ширина од 18 см спрема фасадата) претставуваа геометрски топлински мостови. При поставувањето на новите ПВЦ прoзорци не се почитувани насоките за изведување од прирачникот Композитни

системи за надворешна термичка изолација (КСИНТИ), издаден од Комора на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија во март 2011 година. Во него стои дека сите прозорци, врати и елементи на застаклување треба да се постават во рамнина со постоечката фасада или во рамнина со завршната фасада, но во случајов тие се поставени на местото на дрвените прозорци (во истиот оформен заб од тула), така што топлинските мостови долж обемот на прозорците останаа, само сега тие се со поголем интензитет поради изолацијата на фасадата.

ТЕРМОГРАФСКА АНАЛИЗА НА ОБЈЕКТОТ НА СРЕДНОТО МУЗИЧКО УЧИЛИШТЕ ВО БИТОЛА

Добра топлинска изолација - многу придобивкиДобро пресметаната и правилно изведената топлинска изолација ги намалува топлинските загуби во зимскиот период и зголеменото загревање на просториите во лето, ја заштитува конструкцијата на објектот од надворешните влијанија, спречува појава на влага и мувла...

Јован ИВАНОВСКИ, дипл. град. инг.Томе ИВАНОВСКИ, дипл. ел. инг. за енергетика и енергетски контролор

Александар ИВАНОВСКИ, ел. инг. за автоматика и роботика и термографист

Сл.1 Топлинска слика – северна фасада пред изолација Сл.2 Топлинска слика – северна фасада пред изолација

Page 13: 226issuu

13

13

ПОРТА28 ноември 2014

градежништво

Топлинските слики 1 и 2 прикажуваат делови од фасадата, пред поставување на изолацијата, каде што се гледаат топлинските мостови (деловите со посветли бои и повисока температура). Овде може да се забележат топлинските мостови: на шпалетните, на вертикалните серклажи, на меѓукатните конструкции и на деловите каде што меѓукатните конструкции и надпрозорниците се изведени заедно. На слика 1 може да се забележи и веќе монтираното скеле за поставување на надворешната изолација, што значи дека новите ПВЦ прозорци веќе се поставени. На слика 2 се гледа отпаднатиот и одлепениот фасаден малтер на некои делови од фасадата.

На северната фасада има една површина, со димензии 65 x 65 см, која е без изолација, бидејќи тука има елементи за приклучок на енергетскиот

кабел од училишната амбуланта.Преку оваа површина и преку еден отворен прозорец на фасадата со помош на термографска камера ќе ги

провериме температурите на изолираните и неизолираните делови од фасадата и температурите во внатрешниот простор во неколку точки и два температурни профили.

На топлинската слика 3 се гледаат топлинските мостови на шпалетните долж обемот на прозорците. Вкупната површина на северната фасада изнесува околу 980 до 1000 м², и на неа има 43 прозорци со површина од 300 м², а вкупната површина на шпалетните (со ширина од 18 см.), кои се без надворешна топлинска изолација, долж обемот на сите прозорците изнесува 60 м². После поставувањето на новите ПВЦ прозорци се пристапи кон поставување на надворешната топлинска изолација од стиропор со дебелина од 8,0 см на фасадата и 5,0 см на цоклето кое е со висина од 1,5 м. Изолацијата на фасадата е вовлечена за 4 до 5 см во однос на изолацијата на цоклето и на местото на поврзувањето нема континуитет на завршната обработка на фасадта, а нема ни лимена окапница што се практикува во вакви случаи за да се спречи продорот на вода зад изолацијата. (сл.4)

Сл.5 Северна фасада – дел без надворешна топлинска изолација Сл.6 Северна фасада – топлинска слика со обележени точки каде што е мерена температурата

Сл. 4 Поставување изолација на фасадата и изолација на цоклето

Сл.3 Топлинска слика – северна фасада после поставување на

стиропорот

Page 14: 226issuu

28 ноември 201414

14

ПОРТА

градежништво

Табела со температури на обележаните точки

Сл.7 Температурен профил – Р1

Сл.8 Северна фасада со отворен прозорец Сл.9 Северна фасада - топлинска слика со обележен температурен профил

Точката М-1 ја покажува температурата на површината од неизолираниот дел од фасадата.Точките М-2, М-3 и М-4 ја покажуваат температурата на површината од изолираниот дел од фасадата.Точката М-5 ја покажува температурата на површината од топлинскиот мост на прозорската шпалетна.Точката М-6 ја покажува температурата на површината од топлинскиот мост на шпалетната на вратата од амбулантата.Точката М-7 ја покажува температурата на површината од топлинскиот мост на настрешницата над влезот во амбулантата.Точката М-8 ја покажува температурата на површината од изолираниот дел од фасадата која е малку повисока од температурите во точките М-2, М-3 и М-4 бидејќи на температурата на точката М-8 има влијание близината на топлинските мостови.

На сликата 7 прикажан е температурниот профил со минималната и максималната температура на профилот, кој поминува низ изолиран и неизолиран дел од фасадата и овде можеме да ја видиме разликата на површинските температури. Ова покажува дека топлинската изолација добро ја извршува функцијата за која е наменета.

Page 15: 226issuu

15

15

ПОРТА28 ноември 2014

градежништво

Б

На сликата 10 прикажан е температурен профил кој поминува низ топлинската изолација и низ отворениот прозорец. На профилот може да се види температурата на изолираната фасадна површина над прозорецот и под прозорецот, температурата на толинскиот мост на горната шпалетна од прозорецот, температурата на стаклото на затворениот прозорец, температурата во внатрешниот простор којашто е највисока најгоре на таванот (21,5°С), а како оди надолу таа се намалува (до 16,5°С) и температурите на рамките од прозорецот.На крај, од термографската анализа можеме да заклучиме дека:Добро пресметаната и правилно изведената топлинска изолација ги намалува топлинските загуби во зимскиот период и зголеменото загревање на просториите во лето, ја заштитува конструкцијата на објектот од надворешните влијанија, спречува појава на влага и мувла, обезбедува пријатен топлотен комфор во просторот, ги намалува трошоците за греење во зимскиот и за ладење во летниот период, и на тој начин ги враќа вложените средства.

Page 16: 226issuu

28 ноември 201416

16

ПОРТА

урбанизам АГЛИ НА ПЕРЦЕПЦИЈА (3)

Организација на рурална средина проф. д-р Мирче КОКАЛЕВСКИ, дипл.инж.арх.

Организацијата на руралната средина во Македонија се развива со различен интензитет во време и простор. Резиме на развојот низ времето: различни тенденции во развојот на

селските населени места; развој на традиционално земјоделство и сточарство; депопулација на руралните подрачја и развој на градовите; фрагментарен континуитет на традиционалната архитектура; недоволна инфраструктурна опременост на селата; период на транзиција;

изработка на урбанистичка документација за селата; зголемување на потребата за порамномерен развој на просторот со развој на руралната средина; нагласување во квалитетите на селото, а живеење во градовите; дистанциран однос кон селото. Се презентираат некои аспекти на руралниот простор.

ТРАНСФОРМАЦИЈА НА РУРАЛНАТА СРЕДИНАТрадицијата на човековите живеалишта се поврзува со руралната средина. Работата и живеењето биле во хармонија со природата. Природните ресурси биле базични за развој на населените места. Развојот на индустријата ја мотивира потребата за поголема концентрација на работници на едно место и овозможи забрзан развој на урбаната средина. Во услови на неможност за ефикасна контрола на приливот на население во градовите, се предизвика дисбаланс во просторот и концентрирање на население во градовите, особено во главниот град Скопје, со напуштање на селските огништа и празнење на селата. Во такви услови брзо се развива урбаната средина и се деградира руралната средина со напуштање на обработката на земјиштето и на селскиот станбен фонд. Особено тоа е изразено во ридско-планинските населени места.

РАЗВОЈ И ДЕГРАДАЦИЈА КАКО ПАРАЛЕЛНИ ПРОЦЕСИПроцесот на просторната мобилност

на населението во шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век во Македонија беше мошне бурен, особено со иселување на селата и миграција кон градовите. Со помал или поголем интензитет со овој вид миграции се зафатени сите општини во Македонија, а особено недоволно развиените општини и ридско-планиските подрачја, при што селата ги напуштиле околу 300.000 лица во периодот 1961 - 1981 година. По 1981 година напуштањето на селата продолжува, но со значително намален интензитет, бидејќи дел од селските населби се веќе испразнети

(Просторен план на РМ -ППРМ, 2004, стр.50). Според пописот од 1981 година во Македонија се регистрирани 1.750 населени места од кои 1.721 се селски населени места (29 градски населени места). Од нив 86 населби се раселени (5%) и 377 населби (26,6%) се со помалку од 100 жители, кои се непосредно загрозени и кои имаат опасност од раселување (од нив 50 села се до 10 жители). 740 села имаат до 200 жители, а 981 село имаат над 200 жители. Според пописите од 1994 и 2002 година, во Република Македонија евидентна е следната големина на селските населби според бројот на жители:

Извор. Јакимовски, Јорде (2004): Општествена структура на селото, Скопје, стр.11

Селски населби 1994 (број на села и во %) 2002 (број на села и во %)

Потполно иселени села 121 (7,1%) 145 (8,5%)

Села до 100 жители 573 (33,5%) 630 (36,7%)

Села од 101 до 300 жители 387 (22,6%) 323 (18,8%)

Села од 301 до 800 жители 332 (19,3%) 318 (18,6%)

Села над 801 жители 302 (17,5%) 299 (17,4%)

Вкупно 1.715 (100 %) 1.715 (100 %)

Лазарополе

Page 17: 226issuu

17

17

ПОРТА28 ноември 2014

урбанизам

Посебен проблем претставуваат селата до 50 жители, а такви се 451 или 71,6 % од вкупниот број села до 100 жители или 26,3% односно над ¼ од вкупниот број на села во Македонија. Посебно за одбележување се селата до 10 жители, а такви се 157 села кои може да се очекува сосема да се раселат. (Јакимовски. Ј. (2004), стр. 12)

ПРОСТОРНА ДИСПОЗИЦИЈА НА СЕЛАСо оглед на динамичната силуета на релјефот на тлото на Република Македонија и согледувајќи го мозаикот на населби, со акцент на лоцирањето на

селата и конфигурацијата на теренот, се констатира дека населбите се лоцирани во основа на кос терен, на преодот кон рамниот терен и делумно на рамен терен, во низинските подрачја. Минималното ангажирање на обработливото земјиште за лоцирање населби е традиција која има влијание во правилното користење на плодното земјиште за производство на храна, како елементарна човекова потреба, а развојот на населбите се одвивал на неплодни коси терени. Лоцирани како гнезда по динамичните линии на релјефот на македонските планини (како и низ Балканот), се добива јасна порака од минатото за природен однос

кон околината и лоцирање на населби на природен терен, што како искуство треба да се практикува. Во зависност од теренските услови на локалитетите и од потребите за организирање на населбите, се лоцираат во основа збиени типови на селски населби, а во одделни делови и дисперзирани типови на населби. Позитивна традиција и недоволна поука од минатото во услови на некритичко зафаќање на плодното земјиште за неземјоделски намени, особено за домување, со едновремено напуштање на постојниот станбен фонд во селата на кос терен. Искуства кои не се применуваат во практиката.

ИЗЕДНАЧЕНО МЕРИЛО НА КУЌИТЕПри организирање на населбите во традиционалната средина, со оглед на тоа што се работи за доминантна намена –домување, во основа се применува еден тип на објекти - станбена куќа со двор, со изедначено мерило на објектите кои се лоцираат по косината на теренот.

Бидејќи се работи за изедначен волумен во просторот, објектите се надоврзуваат и создаваат целина-групација со изедначено мерило со висина од две катни висини (П+1), што има поволен аспект во однос на мерилото на населбите во целина. Искуство на традицијата и квалитет на руралната средина кој треба да се промовира.

ОПРЕМЕНОСТ СО ОБЈЕКТИ ОД ОПШТЕСТВЕН СТАНДАРДВо средината на осумдесеттите години се изработи сеопфатна анализа во Републичкиот комитет за урбанзам и заштита на човековата околина, за согледување на состојбата за секое село одделно со опременост со објекти од

Населби на кос терен

ГаличникЉубанци

Љубанци

Page 18: 226issuu

28 ноември 201418

18

ПОРТА

урбанизам

општествен карактер, и за таа цел беа анализирани 23 податоци за опременоста на секое село во опшптните. Врз основа на анализата се констатира дека: 60,5% од селата имаат основно училиште; 61% имаат продавница; 79,6% се поврзани со автомобилски пат; 84,7% села имаат електрична енергија; 31,4% села имаат селски водовод; 11,8% имаат содржини од културата; 16% имаат содржина за здравствена заштита и многу други податоци. Ивршена е посебна анализа за опременоста на селата што имаат поволни услови за развој, односно центрите на заедници на села (согласно Просторниот план од 1982 година се предвидени 111 селски населени места како центри на заедници на села), а тие села се и центри на новите општини со новата територијална поделба од 1996 година. Состојбата е многу подобра со опременоста на тие центри на заедници на села во однос на другите селски населби. Имено, 98,2% од селата имаат основно училиште; 94,6% имаат продавница; 95,5% се поврзани со автомобилски пат; 95,5% имаат електрична енергија; 63,1% имаат селски водовод; 47,7% имаат содржини од културата; 82% села имаат содржина за здравствена заштита и многу други податоци (Кокалевски, Мирче (1986) Опременост на селски населби во Македонија со објекти од општествен стандард, САЈ, стр.295-302). Секако дека е добро да се направи паралела на тогашната состојба со состојбата денес, и со тоа ќе се добијат релевантни податоци за нивото на опременост со содржини кои го сочинуваат соодветното ниво на квалитет и соодветниот стандард на живеењето на село.

АСПЕКТИ НА КВАЛИТЕТОТ НА СЕЛСКИТЕ НАСЕЛБИПосебни истражувања во таа област се направени преку разработка на систем на валоризација на хумано-еколошкиот квалитет на просторот на населените места, објавени во книгата „Квалитет на рурална и урбана средина“ од авторот Кокалевски Мирче (НИО Студентски збор, Скопје, 1989). Се разработува систем на вреднување сочинет од 15 критериуми, а секој критериум има по три индиктори, значи 45 иникатори. Секој индикатор има пет степени на квалитет, односно максималното ниво на квалитет за некое населено место може да се вреднува со 225 степени на квалитет. Во книгата е елабориран систем на вреднување на примерот на Башино Село. Натаму, се разработуваат сегменти за трансформација на руралната средина со мерки за зголемување на квалитетот и задржување на руралните вредности. Иако се работи

за систематизиран пристап, во практиката нема примери на постојано следење на квалитетот на населените маста, и покрај тоа што тоа треба да биде постојана активност на ниво на општина. Со тоа ќе се промовираат вистинските вредности и квалитетот на просторот, и има потреба од поактивен однос на општините во насока на примена на соодветни вреднувања на кавлитетот на селските населени маста.

КАРАКТЕРИСТИКИ НА СЕЛСКИТЕ НАСЕЛБИПосебен прилог во проучување на феноменологијата на селата од аспект на руралната географија, презентира проф д-р Митко Панов во истражувањето Селата во Република Македонија, Книга 1 и 2 (НИО Студентски збор, Скопје 1993). Во делот Просторни и популациски

– аграрни обележја, се презентираат соодветни податоци за популациско-аграрни обележја и проблеми за секоја селска населба во Македонија и во руралните подрачја, што претставува огромно ангажирање и добиени се вредни податоци за тематиката на руралната средина. Во делот Трансформација на мрежата на селските населби и функционална класификација на руралните подрачја и населбите, авторот Панов врз основа на опстојните анализи и сознанија дава конретни предлози, мислање и решенија за согледување за трансформацијата на мрежата на селските населби, како и функционална класификација на секое рурално подрачје и функционална намена на секоја селска населба. Тоа е значајно со оглед на тоа што процесите на депопулација

Галичник

Гари

Page 19: 226issuu

19

19

ПОРТА28 ноември 2014

урбанизам

и деаграризација се усложнуваат. Се презентира согледување на три категории на села: села кои имаат итен приоритет за развој, села кои треба да се одржат и села кои треба да се раселат. Предложениот сооднос е следен: села кои имаат приоритет за развој – 566 (со 509.800 жители) , села кои треба да се одржат – 726 (со 149.500 жители) и села кои треба да се раселат – 261 (со 44.900 жители). (Книга 1, стр.63). Од особено значење е поставката за формирање на рурални центри како основни носители на натамошниот развиток на руралните подрачја. Во истражувањето се презентирани прегледи за секоја општина, што претставува соодветен придонес во тематиката на руралната средина.

УРБАНИСТИЧКА ДОКУМЕНТАЦИЈА И РУРАЛНАТА СРЕДИНАСогласно законските одредби за развојот на селата се предвидува изработување и донесување на соодветна урбанистичка документација за просторен развој на селото. Приказ на видови на урбанистичка документација за село во законските решенија во текот на времето.

Динамиката на изработување на урбанистичките планови за села е во зависност од интересот за развој на селата во конкретна општина. Состојбите со урбанистичката документација укажуваат дека приортет во делот на урбанистичка документација се даваше на градовите, а помалку внимание се насочува кон плановите за село. Во основа се изработувале планови за селата што се развивале, а тоа биле селата блиску до градовите и во рамнинските делови, а многу помалку ридско-планинските села. Според Информацијата на Републичкиот комитет за градежништво, урбанизам и заштита на човековата околина од јануари 1988 година (стр.2), се согледува дека состојбата со потребната урбанистичка документација за селата не задоволува. Од вкупно 1.751 селски населени места, за 143 села (8,1%) се донесени детални урбанистички планови; за 52 села (2,9%) се донесени урбанистички планови за помали населени места и за 225 села (12,8%) се донесени општи акти со кои се регулираат условите за градба, односно вкупно за 420 села (23,8%) е донесена

соодветна урбанистичка документација. Според Информацијата на Министерсвото за урбанизам, градежништво и заштита на животната средина од септември 1995 година, се согледува дека од вкупно 1.672 селски населени места, за 677 (40,5%) не постои никаква техничка документција, за 31 село има донесен основен урбанистички план, за 91 село има донесено детален урбанистички план, а за 799 села е донесена основна урбанистичка документација или одлука за граници на опфат со пропишани услови и режим за градба. Од табеларниот преглед 4. се согледува дека селата што имаат урбанистичка документација се 677 села со над 1.000 жители и 318 села под илјада жители, односно вкупно за 995 села (59,5%) има донесено одредена урбанистичка документација.

Активности за зголемување на квалитетот на руралната средина: - промовирање на развој на одржливо

земјоделство и индустрија поврзани со квалитетни земјоделски производи и производство на здрава храна како перспективен ресурс;

- за поефикасна изработка на урбанистичка документација на села да се регулира поедноставен начин на изработување и донесување на документација за села;

- селективен развој на одделни селски населби со одреден тип на сезонско живеење во малите села, со развој на летен рурален туризам и опфат и згрижување на стари и изнемоштени лица од малите села, особено во зимскиот период;

- промовирање содржини од јавен карактер со користење на мобилен пристап на база на мобилни екипи и периодични посети во малите села (здравство, култура, социјални грижи);

- примена на далечинско учење, со цел полесен пристап на образованието на село, за да можат децата да останат во местото на живеење;

- при изработка на урбанистичка документација, треба да се согледуваат повеќе сценарија на планирање, со примена на принципите на одржлив развој;

- да се зачуваат и примовираат традиционалните вредности на руралната средина како квалитет при организирањето на селските населби;

- изработка на архитектонски проекти во селата, со зачувување и истакнување на квалитетите на традиционалната архитектура, со промовирање на еколошките принципи и почитување на руралната традиција.

(Продолжува)

Закон Видови на урб. документација за села

Закон за просторно и урбанистичко планирање (Сл. весник на СРМ, бр. 15/1973)

-УП за населено место (член 9)-Општи акти за села (регулирање режим и услови за градење во села, член 36)

Закон за системот на просторното и урбанистичкото планирање (Сл. весник на СРМ, бр. 38/1985)

-УП за помало населено место (член 13)-Општи акти за села до 500 жители (член 20)

Закон за просторно и урбанистичко планирање (Сл. весник на РМ, бр. 4/1996)

-Урбанистичка документација за населено место во општината (член 7)-Општи акти за села (член 25)

Закон за просторно и урбанистичко планирање (Сл. весник на РМ, бр. 51/2005)

-УП за село (член 7)-УП вон населено место (член 7)-Општи акти за села (член 78)

Брест, Македонски брод

Page 20: 226issuu

28 ноември 201420

20

ПОРТА

Живееме и твориме во време кога единствено е важно запазувањето на формалната страна на работите, додека суштината воопшто не е предмет на интерес. Свеста за почитување и одржување на веќе изграденото, воопшто не може да се препознае.

Куќа 2 во Струмица

Куќа 2 во Струмица, ентериер

современи македонски градители ТОМЕ ТИМОВ, АРХИТЕКТ

Архитектурата - показател на нивото на општествената свест

Дејан БУЃЕВАЦ

Page 21: 226issuu

21

21

ПОРТА28 ноември 2014

современи македонски градители

Архитектурата - показател на нивото на општествената свест

Томе Тимов е роден во 1958 година во Скопје. Дипломирал на Архитектонскиот факултет во Скопје во 1983 година. Живее и

работи во Струмица. Од 1983 до 1990 година работи во проектантската фирма „Проектант“, во 1990 год. формира сопствена проектантска фирма „Вектор 90“, која 24 години работи во областа проектирање и урбанистичко планирање. Во досегашната работа има проектирано

голем број објекти од најразлични категории и намени. За изработените проекти и архитектонски реализации, добитник е на повеќе признанија и награди од страна на Асоцијацијата на архитекти на Македонија.

- 1995 - Признание на БИМАС 95 за придонес во областа на архитектурата и негување на современтата архитектонска форма.

- 1997 - Признание на БИМАС 97 за објект Крстилница во Струмица

- 2000 - Признание на БИМАС 2000 за успешна реконструкција на сакрален објект

- 2002 - Признание на БИМАС 2002 за проект на управна зграда на СО Босилово

- 2003 - Годишна награда на ААМ за реализиран објект на управна зграда на СО Босилово

- 2004 - Гран при на БИМАС 2004 за реализиран објект

- 2007 - Втора награда за идеен проект за доградба, надградба и адаптација на Собрание на Република Македонија.

Објект за продажба на мебел

Дом за свештеници на Источно-католичка црква во СтрумицаИсточно-католичка црква во Струмица

Page 22: 226issuu

28 ноември 201422

22

ПОРТА

современи македонски градители

Што претставува архитектурата во светот? Архитектурата во развиениот свет е во тек со современата мисла, технолошкиот развој и поприма сè повеќе мултидисцилинарна улога. Во такви околности, постојат примери на врвна архитектура со префинето чувство за амбиентот и просторот што се создава.Од друга страна, постојат и многу примери кај кои се гледа дека акцент

се става само на формата, оставајќи ја во втор план функцијата.И архитектите во светот не се имуни на комерцијализацијата. Меѓутоа, очигледно е дека постои посветеност и студиозност во практикувањето на архитектонската дејност, како и урбанистичка регулатива која поставува простудирани и јасни принципи за креирање на просторот.

Каков е односот на младите кон архитектурата? Интересот на младите кон архитектурата расте во последните години. Отвореноста на светот и Интернетот го прават своето. Природно е кај нив да постои интерес и желба за следење и вклучување во светските архитектонски текови. Прашање е само колку тие се реално

Кој е Вашиот херој? Мој Херој во ова време на тотално изместени вредности, е оној што успева да остане Човек и е спремен безрезервно да дава, не калкулирајќи што ќе добие за возврат.

Ваше мислење за македонската архитектура денес? Архитектурата отсекогаш била показател на нивото на општествената свест и развој. Денешната македонска архитектура е најочигледен пример за тоа. Живееме и твориме во време кога единствено е важно

запазувањето на формалната страна на работите, додека суштината воопшто не е предмет на интерес. Свеста за почитување и одржување на веќе изграденото, воопшто не може да се препознае.Во такви околности, постојат урбанистички планови кои се сведуваат на пресликување на регулатива, и во практика имаат само ограничувачка, наместо развојна компонента. За она што би значело креирање, зачувување на амбиентот и обликување на просторот, не станува збор. Во такви услови (за жал) во голем процент се продуцира архитектура со непростливо

ниска вредност за која најчест изговор е удоволувањето на желбите на Инвеститорот.

Набројте три објекти кои се најзначајни за Вас? Градскиот трговски центар во Скопје.-Прекрасен пример на функционалност и вклопеност во изградена средина.Студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје - функционален и маркантен објект, со трајна архитектонска вредност.Објектот на Македонска опера и балет - современа архитектура која е многу понапред од времето кога е создадена.

Летниковец и базен во куќа во Бардовци - Скопје

Куќа1 во Струмица Деловен објект Василево-Струмица

Page 23: 226issuu

23

23

ПОРТА28 ноември 2014

современи македонски градители

подготвени за тоа и дали и каков пример за нив сме ние со нашето практикување на професијата.

Што не се гледа на фотографија, а е интересно за вашите објекти? Не постојат услови за нивна доградба и надградба. Најинтересен е делот дали и колку Инвеститорот се идентификувал со објектот.

На кој проект работите во моментов? Вообичаено работиме паралелно на повеќе проекти. Во моментов завршуваме проект за Дом за стари лица во Кочани. Активно сме ангажирани со надзор над изградбата на Спортскиот центар „Пандев“ во Струмица, за кој го имаме изработено и Основниот проект.

Ваши идни архитектонски планови? Идните планови се врзани за секојдневниот опстанок во професијата во услови кога не постојат нормативи за нејзино реално вреднување. Целта е да се создаваат проекти со функционален и естетски квалитет на ниво на времето во кое живееме.

Деловен објект во Неготино

Деловно-станбен објект во

Струмица

Библиотека во Берово Магацин со деловни простории во Василево,

Струмица

Куќа во Неготино

Collider activity centre – Софија (конкурсен труд)

Page 24: 226issuu

28 ноември 201424

24

ПОРТА

8 Mарт, бр. 2, 1000 СкопјеТел.: +389 2 3110 624

+389 2 3110 901Факс: +389 2 3110 546

[email protected]

DVORNIKЛична заштитна опрема

од 1990Lexan* поликарбонатни плочи и системи;Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА;Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;

Архитектонска подготовка и изведба

+389 2 3114 360

www.liting.mk

MAJSTOR KOMPANIBOSILOVO

070-214-396 [email protected]

градежништво

Page 25: 226issuu

25

25

ПОРТА28 ноември 2014

8 Mарт, бр. 2, 1000 СкопјеТел.: +389 2 3110 624

+389 2 3110 901Факс: +389 2 3110 546

[email protected]

DVORNIKЛична заштитна опрема

од 1990Lexan* поликарбонатни плочи и системи;Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА;Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;

Архитектонска подготовка и изведба

+389 2 3114 360

www.liting.mk

MAJSTOR KOMPANIBOSILOVO

070-214-396 [email protected]

Page 26: 226issuu

28 ноември 201426

26

ПОРТА

интервју МИШЕЛ РОJКИНД

Ова е одлично време да не се губи времеОваа година, Белградската недела на дизајнот за првпат угости архитект од Мексико. Мишел Ројкинд (Michel Rojkind) е најзвучното архитектонско име на таа земја. Некогаш музичка ѕвезда во студентските денови, а денес големо име во современата архитектура, Ројкинд раскажува како одлучил да стане архитект, зошто смета дека е важно да се преиспита проектната задача, со кого води најинтерсни разговори и дали е можно да се гради само со мислите...м-р Ѓорѓе ЈОКИЌ, дипл.инж.арх. (Србија)

Page 27: 226issuu

27

27

ПОРТА28 ноември 2014

интервју

На што моментално работи Вашето студио? Моментално работиме заедно со Владата на проектот Minimal Housing. Тоа е проект на социјално домување. Порано тоа не можевме да го покренеме, но сега има интересни луѓе во управата кои соработуваат со нас и со другите архитекти. Работиме на станбени објекти, а почнавме да работиме и на проекти надвор од Мексико. Повеќето од нашите проекти се во Мексико, работевме меѓународни конкурси на кои не победивме, но делата им се допаднаа на одредени клиенти. Очекуваме да започнеме проект за дом на стари лица, како и одредени урбанистички планови. Цело време работиме проекти на приватни куќи. Јас на тие проекти се радувам бидејќи тоа е еден многу интимен однос, а тоа во последно време многу ми недостасуваше. Ние сме студио кое има околу 25 луѓе, не се шириме, тоа е права величина за нас. Секогаш правиме тимови, од графички дизајнери, индустриски дизајнери и луѓе од финансии, социолози и секако од инженери. Сместени сме во Мексико Сити. Многу сме ориентирани кон процесот, во нашето студио не се битни завршените макети, туку многуте недовршени макети на различни фази. Тоа го сакаат клиентите

кај нас, тие доаѓаат заради идеи, а кај нас секогаш се случува производство на идеи.

Каква е архитектонската сцена во Мексико? Има многу познати архитекти од претходниот период, од модернизмот, како што е Марио Пани. Денес има нова генерација која работи одлични нешта, би ги издвоил студијата ММХ, „Продуктор“ и „Амброси“. Денес Мексико е многу добра архитектонска средина. Мора да разберете дека Мексико е посебно место. Денес често го слушаме зборот криза, но ние не сме исплашени затоа што отсекогаш сме биле во криза, навикнавме да се снаоѓаме. Денес луѓето инвестираат во Мексико бидејќи не можат во своите земји, па доаѓаат во голем број; тоа е интересно зашто секогаш се гради, секогаш некој капитал се движи, нема застој. Мексико Сити има 22 милиони жители, тоа е лудило, парите што циркулираат не се исти за сите, но секогаш постои шанса да се работи, дури и за малите студија.

Каков е Вашиот архитектонски пристап? Би го дефинирал со ставот да поставуваме прашања, секогаш се обидуваме да се концентрираме во

редефинирање на зададената програма, задача. Дали клиенот навистина го разбира проблемот или не? Мојот драг пријател Алехандро Аравена многу добро објасни што е тоа што го дефинира проектот: ако немате добри информации во старт, кои одредуваат што му е потребно на проектот, резултатот нема да биде добар. Многу е важно, на основа на упатствата, да седнете со клиетот и да ги испитате тие упатства. Тоа не е заради суетата на архитектот, ги испитувате условите бидејќи седите покрај стручњак, како социолог или економист, и морате да ја разберете ситуацијата дека клиентот може да биде информиран само од својата фокусна група. Јас знам дека клиентот сака да заработи, но јас ќе му овозможам да заработи исто толку со подобри резултати ако седнеме и ако ги испитаме уловите. Тоа не наш стил, туку тоа е нашиот пристап. Секој проект мора да биде различен бидејќи се различни непознатите во таа равенка.

Во Вашите проекти забележав дека многу работите на фасади, на покриви? Луѓето понекогаш мислат дека она што го работиме е површно, но сè што работиме е испитување, кои се условите и

Page 28: 226issuu

28 ноември 201428

28

ПОРТА

архитектура

Page 29: 226issuu

29

29

ПОРТА28 ноември 2014

архитектура

Page 30: 226issuu

28 ноември 201430

30

ПОРТА

интервју

Page 31: 226issuu

31

31

ПОРТА28 ноември 2014

интервју

како да ги направиме работите поинакви. Ние, секако, мораме да работиме нешта кои функционираат, но истовремено јас верувам во убавината и добриот дизајн. Ја сакам дигиталната технологија, новите материјали и работата со раце. Сакам занаетчиски работи, ако дигиталниот дизајн ви е средство за локално производство, мислам дека можете да имате извонредни резултати. Особено во земји како Мексико, каде можете да најдете одлични занаетчии, а нема големи производствени компании. Тие луѓе се многу добри во тоа што го работат, тие со години работат како занаетчии, тие можат да ви го објаснат процесот за да разберете како настануваат делата.

Што е архитектура? Архитектурата е капацитет да се подобри животот, макар малку, не само затоа што правите засолништа, бидејќи архитектурата е во тоа да создавате нешто. Почнав да студирам архитектура додека бев тапанар во бендот и со тоа се занимавав професионално. Најдобрата работа што ми се случи додека бев со бендот е тоа што имав можност да патувам во странски држави, а најдобрата страна во тоа беше што можев да седам по страна и да го набљудувам животот. Додека седев и ги гледав зградите како сведоци на секојдневниот живот, сфатив дека сакам да бидам архитект. Не е работата во зградите, ме заинтересира она што се случува околу мене, дали зградите ја имаат таа можност да ги подобрат нештата, како добар плоштад или друг јавен простор, што и да било. Тоа е прекрасно, архитектура не се само изолирани објекти.

Дали архитектурата се менува и каде оди? Порано архитектурата беше битна заради себе, но денес тоа веќе не е така и тоа е добро. Битно е што работи архитектурата, дали создава нешто и дали го поврзува општеството, дали им служи на луѓето со кои има интеракција или е егоцентрична и фокусирана на клиенти или на архитектура. Мислам дека е добро прашањето, како можеме да направиме простор во кој ќе се случуваат работите? Верувам дека архитектурата е многу невротична како професија, ние сакаме да проектираме сè, а има многу работи за кои е подобро да не се проектираат, но многу е тешко да се убедат клиентите со зборови. Ние ќе проектираме 80% згради, а 20% оставаме да видиме како луѓето ќе ги користат. Добро е да се види како се одвиваат работите, би можеле да се изненадите што можете да научите кога оставате опција нешто само да се случи.

Кога и како одлучивте да бидете архитект?

Не бев баш сигурен што сакам да бидам, јас сакам графички дизајн, сакам и индустриски дизајн. Мојот постар брат ме натера на тоа, ми рече зошто не би бил архитект? Архитектот може да се занимава и со графички дизајн, може и намештај да прави. Тоа беше време кога многу патував, бев во различни хотели, во ноќни клубови, аеродроми, и тоа искуство ми пробуди интерес за сè што нè опкружува.

Каков студент бевте? Бев просечен студент. Пред сè, јас свирев додека студирав, веќе имав издадено албуми и спотови на МТВ, па професорите ми велеа да го напуштам факултетот бидејќи го трошам нивното време и дека нема да бидам архитект. Јас им велев дека треба да судат по мојата работа а не по тоа што мислат за мене.

Имавте ли шанса да разговарате со нив после тоа? Да, кога држев предавања на својот факултет, ми приоѓаа и ми зборуваа дека знаеле дека ќе бидам добар архитект.

Кога не сте архитект, кога сте само Мишел Ројкинд, со што се занимавате? Водам неверојатни разговори со мојата ќерка. Таа има девет години, и кога разговараме за нешто интересно јас и велам да ме предупреди ако станам досаден, бидејќи тоа значи дека сум остарел, а јас тоа не го сакам. Не сакам да го изгубам начинот на кој го набљудувам животот, а тоа е поставување прашања, исто како што прават и децата.

Дали имате некој совет за младите архитекти и студенти? Секако, не совет како некој што дели совети, но давам сугестија која студентите би требало да ја знаат, а тоа е дека архитектурата е изградена од мисли, градбата не е само со цигли, градбата е секојдневна работа, градите дијалог, градите начин на размислување. Многу зборуваат „кога ќе имам клиент ќе градам ...“, па изгради сега, напиши блог, биди критичар, можеш да пишуваш и денес тоа е помоќно оружје од кога и да било. Порано, ако не познававте некој што сака да ви објави нешто, не можевте ништо. Денес постои можност тоа да се стави на Интернет и со еден клик може да станете најголем идиот на светот или некој што создава дијалог. Тоа им се случило на многумина, не само во архитектурата, луѓе кои избрале компании на основа на тоа што објавиле, уметници кои снимиле свои песни на компјутер и ги

објавиле, а сега имаат албум на годината. Ова е одлично време да не се губи време. Наместо да седите и размислувате дали постои некој што ќе ве вработи, работете на работи кои можете да ги работите и кога не сте вработени бидејќи тоа ќе ви биде работата. Дури и размислувањето што имате да работите како архитект е градба. Можете да бидете изненадени што ќе смислите, вашата глава размислува, вашата глава вежба да создава работи, а не да се жалите за она што го немате.

Што е MXDF? MXDF е компанија која ја создадов со двајца архитекти. Ние размислувавме за многу работи, но пред сè за образованието. Не сакавме да учиме утописки работи, туку реални. Mислевме дека е добро луѓето да доаѓаат и да зборуваат за своите проблеми, а потоа на студентите да им го дадеме тоа како права работа. Друга работа, јас имам проблем кога сакам да најдам нешто што некој архитект направил во Мексико, бидејќи тоа не можам да го најдам. Морам да барам во неговото студио, на факултет или во архивата. Истражувањето за Мексико треба да биде на едно место, затоа што ако сакам да работам проект за автопат, морам да ги видам претходните педесетина предлози кои биле во текот на четириесет години, за да разберам што се случувало порано и да продолжам со истражување. Во спротивно, ние секогаш се вртиме во круг. Се обидовме како невладина организација да најдеме средства за таа работа.

Page 32: 226issuu

28 ноември 201432

32

ПОРТА

убави градови...

Облаци од стакло

„Сакавме да испроектираме објект кој се развива со времето и светлината, кој создава моментален впечаток, импресија и континуирана промена, како што се менува и сликата на светот“, вели архитектот Френк Гери, потписник на една од најпознатите, најреволуционерни згради, футуристичката едрилица или "iceberg", објект на Фондацијата Луј Витон, која стои како стаклен облак над Булоњската шума. Дело на неговиот живот.

Инаугурацијата на фамозниот проект Облаци од стакло (Nuages de verre) на Фондацијата Луј Витон беше официјално

реализирана на 20 октомври 2014 година, во присуство на претседателот на Република Франција Франсоа Оланд, претседателот на LVMH Бернард Арно и архитектот Френк Гери, творец на едно од најинтересните архитектонски дела во последните децении во Франција, пред бројни познати личности од културната, политичката, економската сфера на земјата, „кремот“ на француската и европската култура. Во колективната меморија за проектот, дефиниран како културна институција, ќе остане запаметено дека реализацијата на ваков комплексен проект е можна само со потполна согласност на клучните луѓе во овој „challenge“. Дуото Гери – Арно овозможи атерирање на овој „iceberg“ во зеленилото на „Jardin d’Aclimatation“, овозможувајќи од терасата панорамски поглед на Париз и на новиот модерен дел наречен Дефанс (La Defense). Тоа е подарокот од седумгодишната

Љупка ДУКОВСКА, дипл.инж.арх.

Page 33: 226issuu

33

33

ПОРТА28 ноември 2014

...иновативни објекти

напорна работа на едно градилиште со преку 1.000 вработени, и букет на различно специјализирани претпријатија.

КОЈА Е ФОНДАЦИЈАТА СО АМБЛЕМ LV?Компанијата „Луј Витон“ е основана во 1854 година, со седиште во Париз, а нејзин основач е Луј Витон. Во негова чест синот Жорж Витон го патентирал денес иконскиот монограм LV, според неговите иницијали. Од тогаш компанијата поминала низ повеќе трансформации, но амблемот LV ги преживеал сите премрежја, како симбол за она што е еден од најпрепознатливите светски брендови. Во 1987 година се спојува со групата Moët Henessy. Денес, LVMH (Louis Vuitton Moët Henessy) е една од најголемите модни куќи во светот. Лидер на пазарот на продажба на луксузна роба (14 отсто

од светскиот обем на продажба, во 2006 година). Според истражувањата, во 2010 година се наоѓа на 29. место на листата на највредни брендови. Проценетата вредност на брендот е 19,781 милјарда американски долари. Претседател и сопственик на „Луј Витон“ е Бернард Арно (Bernard Arnault). Фондацијата со амблем LV е приватна. Сите нивни инвестиции се од приватен капитал. Француската држава нема ништо вложено во овој проект. Концесијата на теренот е продадена на 55 години, период после кој државата станува сопственик на фондацијата. Изборот на локацијата, во срцето на Булоњската шума, и темите што ги сугерира се комплетен погодок во амбициите на Фондацијата Луј Витон. Глорификација на едно фамилијарно претпријатие кое со труд и упорност, прерасна во светски лидер на модната индустрија на сите континенти.

ТАНДЕМ АРНО - ГЕРИ. НАТПРЕВАР НА ЕДНАКВИТЕ?

По разгледувањето на музејот Гугенхајм во Билбао, Шпанија, во 2001 година Бернард Арно го ангажирал 85-годишниот американско-канадски архитект Френк Гери, кој се смета за еден од најголемите. Добитник на наградата Прицкер, универзално познат по својот Гугенхајм, љубител на уметноста, творец кој предизвикува страсти и контроверзии. Неговата извонредна архитектура е поблиску до скулптурата. Избегнува прави линии, практикува растреперени волумени и револуционерен начин на градба. Тој за моќниот претседател на LVMH, Бернард Арно, создаде ремек-дело на технички подвиг без преседан. Доказ дека духот, креативноста, иновативноста на една личност не е поврзана со возраста.

Page 34: 226issuu

28 ноември 201434

34

ПОРТА

убави градови...

Изборот Френк Гери да направи нов амблем на Париз, е извонреден чин. Целосниот успех на овој проект би бил невозможен без соработката на тандемот Арно – Гери. Ангажманот и поддршката на инвеститорот, е голема. Тој успешно се справува со сите административни, правни и технички пречки. Даде реалност на облакот од стакло. Реалност на една скица исцртана на парче хартија. Денес, Фондацијата Витон е еден вид на сведоштво за тоа. Иднината ќе ги запамети имињата на дуото што ја одреди судбината на оваа „санта мраз“ заглавена во зеленилото на Булоњската шума. Настан одбележан од целиот свет. Настан кој ја возбуди културната јавност и имаше извонреден одзив во сите медиуми во светот кои многу детално информираа за сè.

ДИЗАЈННова јавна монументална архитектура која не е направена до сега. Величествена зграда која плови кон музејот Гугенхајм и концертната сала Волт Дизни, како најимпресивни дела на архитектот што твори речиси шест децении. „Бернард Арно беше шокиран кога го посети Гугенхајм во Билбао, во 2001 година. Ме покани во Париз да ја видам локацијата. Бев обземен од емоции. Го замислував Марсел Пруст и неговото шетање во зоолошката градина во деветнаесеттиот век. И не размислував за ништо друго освен за стакло, како Гран Пале (Grand Palais) во Париз“, вели архитектот Гери. Зградата требало да биде различна од сè што е досега видено или направено. Со огромно лого на Луј Витон на предната фасада. На локацијата до зоолошката градина, детскиот парк од

19 век и романтично убавата Булоњска шума, требало да се создаде нешто што се вклопува во градината и во традицијата на користење стакло. „Облаците од стакло одговараат на геометријата на природата, на англиски уредениот парк“, вели тој, игнорирајќи ја геометриската традиција на Француската градина. Стаклената структура има свое место во долгата традиција на Париз. Готската катедрала Сент Шапел (Sainte-Chapelle на Ile de la Cite), со високи ѕидови од обоено стакло датира од 13 век, а изложбената сала Гран Пале е од 19 век. Френк Гери во Париз ja продолжи традицијата. Создаде нова покомплексна структура со стакло, наместо со титаниум, материјал кој го употреби за музејот во Билбао. Двокатната структура на објектот има 11 галерии со различни размери кои ги дочекуваат делата на модерната и современата уметност на повремени и постојани изложби, аудиториум од 400 места и тераса на кровот за настани и уметнички инсталации. Главниот хол е во единствена зграда со површина на под од 4.500 м², со 11.700 м² слободна површина и висина од 50 м. Бочните фасади и покривот се од стаклени панели. Со дупла кривина на тие што се на кровот. 12 огромни стаклени воали, повеќе лавиринти, ескалатори кои водат до надворешните излези, галерии со убави прозорци, со маестрални пропорции. Посетителите влегуваат во висока сала од која аголни скали и извртени, спирални, меандрирани патишта водат кон галериите и кон отворените тераси на кровот, оградени со стаклени едра. Објектот изгледа како брод со едра, како кит или како кристална

палата во средина на експлозија. Помеѓу „iceberg“ и едрилицата, просториите се прошируваат наизменично, интимно во она што Гери го нарекува „хаотичен танц“. Брилијантен дизајн. Отворен кон небото.

РЕАЛИЗАЦИЈА НА ОБЈЕКТОТИзведбата на објектот е од страна на француската градежна компанија „Венси“ (Vinci) која е основана со фузија на две најстари градежни претпријатија од 19 век. Според приходот таа е најголема градежна компанија во светот. Во неа работат повеќе од 179.000 луѓе од целиот свет. „Венси“, заедно со нејзините партнери, е избрана да го води проектот и да ја изгради Фондацијата Луј Витон. Проектот е класифициран како проект со ултрависока комплексност. Најсложен објект што досега го направиле. Комплексноста на проектот и на изведбата се илустрира преку неколку точки:

- Невиден технолошки предизвик;- Макета претставена од архитектот,

од дрво и хартија, која пркоси на правилата за градба, со големината на својата фантазија, смелоста на својата суперпозиција и комбинацијата на елементи и материјали;

- Френк Гери, без планови, само со скици и макети, и постојана координација помеѓу учесниците во проектот, додека се кристализирала дигиталната форма на моделот и 3Д моделирањето.

Изведувачите имале договор со архитектот, да се потпираат на макети и 3Д модели. Прв пат за овој дигитален проект, архитектите и инженерите соработуваат со секторот за аеронаутика, за информатичкото моделирање.

Page 35: 226issuu

35

35

ПОРТА28 ноември 2014

...иновативни објекти

Резултатот на овој технички подвиг е неверојатниот футуристички брод од дванаесет стаклени воали. На самото место повеќе од 1.000 работници, околу 200 инженери... експлозија од стакло, замрсеност од бетон и од завртки. На едрата е развиена стаклена површина од 13.500 м², со 3.600 стаклени панели на криви и контра криви стакла Сент Гобен (Saint-Gobain), произведени во посебни печки во Италија. Огромни столбови од ариш, бел бетон, нежен како кожата на млада девојка и компјутери за да се добијат совршени криви. Стаклото е материјал кој Гери го користи на извонреден начин, амбициозно и рафинирано. Гредите се од ариш (силно и тешко дрво од фамилијата на борови), произведени со користење на техника на лепење. За овој објект, кој е добитник на неколку инженерски награди доделени во Франција и САД, поднесени се барања за триесет патенти. „Цртежите беа возбудливи, но немавме технологија да се изгради таков објект. Мораше сето тоа да се измисли. Потрошени се 1,5 милиони часови за студии на покриената и затворената структура на објектот. Ваков иновативен проект не може да се води со конвенционална организација“, велат изведувачите. - Структурата е неразбирлива за инженерско око. Во секој случај атипична и вон познати статички системи. Единствено преку анализа со „finite elements (FE)“ може приближно да се пријде, - вели Константин Барутчиски, градежен инженер кој целиот свој работен век го помина во Париз, каде што живее и денес, работејќи на проектирање на најсложени инженерски проекти низ светот. „Сакавме да испроектираме објект кој се развива со времето и светлината, кој создава моментален впечаток, импресија и континуирана промена, како што постојано се менува и сликата на светот“, вели архитектот Френк Гери, потписник на една од најпознатите, најреволуционерни згради, футуристичката едрилица или „iceberg“ со 12 стаклени воали која стои како стаклен облак над Булоњската шума. Дело на неговиот живот. Од инаугурацијата на Центарот Помпиду, во 1977 година, зградата на архитектите Ренцо Пиано (Renzo Piano) и Ричард Роџерс (Richard Rogers), која предизвика голема полемика во тоа време, Париз нема објект со толку спектакуларни архитектонски иновации. Во исто време со инаугурацијата на објектот на Фондацијата Луј Витон, во Центарот Помпиду е отворена ретроспективна изложба посветена на творештвото на архитектот Френк Гери.

Page 36: 226issuu

28 ноември 201436

36

ПОРТА

македонски домови

Куќа со отсечен двор

Тетовското село Порој во својот архитектонски опус ја вбројува и куќата која е дело на архитектите Виолета Бакалчев, Минас Бакалчев

и Никола Стрезоски. Таа е доказ за нивната неисцрпна креативност. „Најпрвин, куќата на семејството Халили беше предвидено да се гради во селото Порој на падините на Шар Планина. Но подоцна, нејзино место стана подножјето на планината во продолжение на комерцијалната лента под селото Порој, долж сообраќајницата Тетово-Јажинце. Па така, наместо на падината се најде во рамнината, во зона на постепена агрегација на едносемејни куќи, помеѓу моќната планина и питомото поле и фрагментите од новосоздадениот изграден пејзаж. Движејќи се меѓу традиционалните куќи во селото и новосоздадените куќи во рамнината, овој проект ја истражува трансформацијата на традиционалната куќа, онака како што е дефинирана во специфичниот контекст на селото Порој - Компактна форма за еден компактен

основа на приземје

основа на кат

пресек 1-1

Куќа со отсечен двор

Тетовското село Порој во својот архитектонски опус ја вбројува и куќата која е дело на архитектите Виолета Бакалчев, Минас Бакалчев и Никола Стрезовски истата е доказ за нивната неисцрпна креативност.

„Најпрвин куќата на семејството Халили беше наменета за селото Порој на падините на Шар Планина. Но подоцна нејзиното место стана подножјето на планината во продолжение на комерцијалната лента под селото Порој, долж сообраќајницата Тетово-Јажинце. Така од падината се најде во рамнината, во зона на постепена агрегација на едносемејни куќи, помеѓу моќната планина и питомото поле и фрагментите од новосоздадениот изграден пејсаж. Движејќи се помеѓу традиционалните примери на куќите во селото и новосоздадените куќи во рамнината овој проект ја истражува трансформацијата на традиционалната куќа онака како што е дефинирана во специфичниот контекст на селото Порој - Компактна форма за еден компактен патријархален модел. Како да остане старата претстава за куќата, а да добие современа динамика на функционалната и социјалната организација? Како да се направи куќа за едно современо семејство, а да не се напуштат традиционалните претходници?“, поставувајќи ги како прашања овие тези започнува Виолета да го објаснува концептот.

Ова е куќа за едно современо семејство, татко, мајка и две деца, кои потекнуват од оваа околина но и ги делат вредностите на новиот социјален, културен и економски контекст.

основа на приземје

основа на кат

пресек 1-1

Куќа со отсечен двор

Тетовското село Порој во својот архитектонски опус ја вбројува и куќата која е дело на архитектите Виолета Бакалчев, Минас Бакалчев и Никола Стрезовски истата е доказ за нивната неисцрпна креативност.

„Најпрвин куќата на семејството Халили беше наменета за селото Порој на падините на Шар Планина. Но подоцна нејзиното место стана подножјето на планината во продолжение на комерцијалната лента под селото Порој, долж сообраќајницата Тетово-Јажинце. Така од падината се најде во рамнината, во зона на постепена агрегација на едносемејни куќи, помеѓу моќната планина и питомото поле и фрагментите од новосоздадениот изграден пејсаж. Движејќи се помеѓу традиционалните примери на куќите во селото и новосоздадените куќи во рамнината овој проект ја истражува трансформацијата на традиционалната куќа онака како што е дефинирана во специфичниот контекст на селото Порој - Компактна форма за еден компактен патријархален модел. Како да остане старата претстава за куќата, а да добие современа динамика на функционалната и социјалната организација? Како да се направи куќа за едно современо семејство, а да не се напуштат традиционалните претходници?“, поставувајќи ги како прашања овие тези започнува Виолета да го објаснува концептот.

Ова е куќа за едно современо семејство, татко, мајка и две деца, кои потекнуват од оваа околина но и ги делат вредностите на новиот социјален, културен и економски контекст.

Енис ХОЏА, дипл.инж. арх.

основа на приземје

основа на кат

пресек 1-1

Куќа со отсечен двор

Тетовското село Порој во својот архитектонски опус ја вбројува и куќата која е дело на архитектите Виолета Бакалчев, Минас Бакалчев и Никола Стрезовски истата е доказ за нивната неисцрпна креативност.

„Најпрвин куќата на семејството Халили беше наменета за селото Порој на падините на Шар Планина. Но подоцна нејзиното место стана подножјето на планината во продолжение на комерцијалната лента под селото Порој, долж сообраќајницата Тетово-Јажинце. Така од падината се најде во рамнината, во зона на постепена агрегација на едносемејни куќи, помеѓу моќната планина и питомото поле и фрагментите од новосоздадениот изграден пејсаж. Движејќи се помеѓу традиционалните примери на куќите во селото и новосоздадените куќи во рамнината овој проект ја истражува трансформацијата на традиционалната куќа онака како што е дефинирана во специфичниот контекст на селото Порој - Компактна форма за еден компактен патријархален модел. Како да остане старата претстава за куќата, а да добие современа динамика на функционалната и социјалната организација? Како да се направи куќа за едно современо семејство, а да не се напуштат традиционалните претходници?“, поставувајќи ги како прашања овие тези започнува Виолета да го објаснува концептот.

Ова е куќа за едно современо семејство, татко, мајка и две деца, кои потекнуват од оваа околина но и ги делат вредностите на новиот социјален, културен и економски контекст.

Page 37: 226issuu

37

37

ПОРТА28 ноември 2014

македонски домови

патријархален модел. Како да остане старата претстава за куќата, а да се добие современа динамика на функционалната и социјалната организација? Како да се направи куќа за едно современо семејство, а да не се напуштат традиционалните претходници?“, поставувајќи ги како прашања овие тези, Виолета Бакалчев почнува да го објаснува концептот за куќата.Ова е куќа за едно современо семејство, татко, мајка и две деца, кои потекнуваат од оваа околина, но и ги делат вредностите на новиот социјален, културен и економски контекст.„Просторната структура на куќата произлегува од локалната типологија. Го повторуваме просторниот модел на традиционалната куќа од селото: архетипска слика на куќа со елементарен волумен и четириводен покрив. Но таквиот општ тип е трансформиран/преработен, од интегралниот волумен на куќата е отсечен југозападниот фрагмент. На тој начин, инертната внатрешност на традиционалниот волумен на куќата, преку постапката на отсекување (cut-out) станува активен, како во однос на надворешноста така и во однос на внатрешноста и нејзината согледливост, интензивирана е дистрибуција на внатрешната програма и нејзина интеракција со надворешноста. Преку композиционата постапка на отсекување, вкупниот волумен на куќата се состои од внатрешен дел 2/3 и надворешен дел 1/3 од волуменот. Традиционалниот тип на куќата се видоизменува и доживува

основа на приземје

основа на кат

пресек 1-1

Куќа со отсечен двор

Тетовското село Порој во својот архитектонски опус ја вбројува и куќата која е дело на архитектите Виолета Бакалчев, Минас Бакалчев и Никола Стрезовски истата е доказ за нивната неисцрпна креативност.

„Најпрвин куќата на семејството Халили беше наменета за селото Порој на падините на Шар Планина. Но подоцна нејзиното место стана подножјето на планината во продолжение на комерцијалната лента под селото Порој, долж сообраќајницата Тетово-Јажинце. Така од падината се најде во рамнината, во зона на постепена агрегација на едносемејни куќи, помеѓу моќната планина и питомото поле и фрагментите од новосоздадениот изграден пејсаж. Движејќи се помеѓу традиционалните примери на куќите во селото и новосоздадените куќи во рамнината овој проект ја истражува трансформацијата на традиционалната куќа онака како што е дефинирана во специфичниот контекст на селото Порој - Компактна форма за еден компактен патријархален модел. Како да остане старата претстава за куќата, а да добие современа динамика на функционалната и социјалната организација? Како да се направи куќа за едно современо семејство, а да не се напуштат традиционалните претходници?“, поставувајќи ги како прашања овие тези започнува Виолета да го објаснува концептот.

Ова е куќа за едно современо семејство, татко, мајка и две деца, кои потекнуват од оваа околина но и ги делат вредностите на новиот социјален, културен и економски контекст.

Општи карактеристики:

Локација: село Порој, Тетово, МакедонијаДело: 2011 / 2013Личности: маж, жена, ќерка и синАрхитекти: Минас Бакалчев, Виолета Бакалчев и Никола Стрезовски, (МЕТАПРОЕКТ АРХИТЕКТИ)Ентериер: Афродита Луараси Абдиу и Бурим Абдиу, (LD СТУДИО)Структура: Армирано-бетонска конструкција, финална облога бел мермер (сивец- Прилеп)Површина на локација: 550 м2

Градежна површина: 150 м2

Изградена површина: 260 м2

Нивоа: визба, приземје, кат

Page 38: 226issuu

28 ноември 201438

38

ПОРТАТОНДАХ Македонија АД | MK - 2310 Виница | Тел.:+389(0)33/361332

Факс: +389(0)33/361780 | offi [email protected] | www.tondach.com.mk

Покрив на столетиетоВАШИОТ TOХДАХ®-ПАРТНЕР ГО ИМА:

Секогаш НАЈДОБРОТО

РЕШЕНИЕ за Вашиот покрив!

амбивалентно, од надвор се покажува слика на компактна куќа, од внатре на куќа со двор во П-форма. Таквата амбиваленција на волуменот ја следи дистрибуцијата на програмата и материјализацијата на куќата. Гледајќи ја куќата од рамнината кон планината, нејзината материјализација во бел мермер ја чини како дел од силуетата на планината, како фрагмент од снежните остатоци на Шар Планина. На тој начин куќата е во континуирано содејство со планината во различните сезони како дел од планината или нејзин стилизиран модел“, дообјаснува Виолета Бакалчев за „Порта 3“. Основата на оваа куќа во приземјето се одликува со отворен и проточен простор во кој се сместени пространата дневна соба, трпезаријата и кујната. Сиот овој простор е отворен кон внатрешното двориште со големи застаклени отвори преку кои границата е тенка помеѓу внатрешноста и надворешноста. Поради продирањето на двориштето „длабоко“ во структурата на куќата, таа е интровертна, свртена самата кон себе, кон тоа двориште. Во внатрешноста на куќата преовладува топлина поради големата употреба на махагони, што дава пријатна атмосфера надополнета со присуство на каминот, покрај кој може да се седи и покрај кој има простран прозорец кој дава прекрасен поглед кон големото двориште. На приземјето е сместена и гостинската соба со сопствена бања, како и мал тоалет за дневни потреби. Над трпезаријата се наоѓа галерија која волуменски го спојува приземјето со катот. На катот се сместени три спални соби и поголема

македонски домови

Page 39: 226issuu

39

39

ПОРТА28 ноември 2014ТОНДАХ Македонија АД | MK - 2310 Виница | Тел.:+389(0)33/361332

Факс: +389(0)33/361780 | offi [email protected] | www.tondach.com.mk

Покрив на столетиетоВАШИОТ TOХДАХ®-ПАРТНЕР ГО ИМА:

Секогаш НАЈДОБРОТО

РЕШЕНИЕ за Вашиот покрив!

заедничка бања, а интересен детаљ е тоа што сите преградни ѕидови се со височина од 210 сантиметри, а до кровот преградите се оформени со стакло, па така од секоја страна може да се види кровната површина.

Во ентериерот, кој е дело на архитектите од LD Studio, Афродита Луараси Абдиу и Бурим Абдиу, преовладуваат материјалите махагони и стакло, додека надворешната материјализација е

целосно изведена во бел мермер. Овој објект во целина претставува едно врвно дело на македонската архитектура кое е спој на традиционалната и модерната архитектура.

македонски домови

Page 40: 226issuu

28 ноември 201440

40

ПОРТА

македонски домови

Page 41: 226issuu

41

41

ПОРТА28 ноември 2014

архитектура инфо55.ОКТОМВРИСКИ САЛОН ВО БЕЛГРАД

Архитектура во исчезнувањеНаспроти уверувањето дека глобализацијата од светот ќе направи еден хомоген и генеричен простор со кој ќе управуваат интересите на пазарот, градските средини ширум светот сè повеќе се разликуваат и приспособуваат на локалните наличја

Како е возможно да се зачува архитектурата што настанала во претходната историска епоха, во нови политички околности? Дали е возможно да се одвои архитектонската вредност

од идеологијата на времето во коешто настанува? Архитектонскиот семинар „Архитектура која исчезнува“, во рамките на 55. Октомврски салон во Белград, обедини архитектонски истражувачи, урбанисти и архитекти кои преку стручни разгледи на градот, работилници и предавања ги споделија своите теоретски ставови и искуства од државите на бивша Југославија, Обединетото Кралство, Бразил, Германија, Австрија

и Калифорнија. Основниот фокус на истражување се однесуваше на модерната архитектура и нејзината „креативна ре-апропријација“, прашањата за неформална урбанизација во рамките на глобалниот пазар, современите уметнички текови, антифашистичките споменици изработени во социјализмот и преиспитување на темата идеологија и естетика. Сандра Ѓукиќ (Лондон), која истовремено учествуваше и како уметник на изложбата во рамките на Октомврискиот салон со сопствено видео, изјави дека искуството на семинарот, како локален граѓанин на Белград со академска заднина во архитектурата, ѝ дало можност да учи преку историско и социјално водство,

кои се всушност и условите што го моделирале Белград онаков каков што е денес. Таа дополни и дека семинарот на Октомврискиот салон претставува возбудлива креативна платформа за актуелни теми, кој преку сеопфатна организација, разгледи на архитектура со водич, работилници и предавања овозможи мини увид во историскиот (дис)континуитет и создавањето на (фиксирани) идентитети. Ѓукиќ учествуваше на работилницата што ги промовираше регресивните трендови на архитектурата во светски рамки, не само во осиромашените туку и териториите во развој, користејќи го Музејот на современа уметност во Белград, кој последните 10 години е во реконструкција, како своевиден знак за надеж. Во програмата беше одржано и предавање/работилница од страна на Роџер Бундшух (Париз), основачот на Бундшух архитекти во Берлин, на тема „Скопје е насекаде“. Врз основа на детална анализа која вклучуваше примери од целиот Балкан, истовремено со упадливи градски објекти во поголемите градови на Западна Европа, дискусијата создаде детален претрес и критички осврт на моменталната судбина на модернизмот, брутализмот и социјалистичката архитектура. Тој изјави дека цела Европа се соочува со феноменот на исчезнување на архитектонски стилови и урбани композиции. Дури и пошироко признаените примероци на модернизмот се рушат за да може да се направи место за

Александра ШЕКУТКОВСКА, дипл.инж.арх.фото: Сара БРКИЧ и Душко ЈЕЛЕН

Page 42: 226issuu

28 ноември 201442

42

ПОРТА

архитектура инфо

неоисториски зданија. Функционални блокови брутално се уништуваат заради „згуснување“ и „реконтекстуализација“. Бундшух го постави прашањето: „Дали овие нови трендови се нешто повеќе од реакционерната политика пренесена во сферата на градежништвото, манифестација на национализмот и ревизионизмот, или се нужни нуспродукти на општеството што минува низ процес на редефинирање на сопствената улога во светски рамки којашто динамично се променува?“ Предавањето на архитектонската истражувачка Дубравка Секулиќ, предизвика

опширни дискусии и спротивставени ставови. Во своето истражување „Држејќи се за минатото за да се заплаши иднината“, таа го постави прашањето: Зошто е потребно да се претвори модернизмот во егзотичното друго? Таа зборуваше за антифашистичките споменици коишто се постојан извор на инспирација за уметниците или како фотографски елементи, тема за реинтерпретација или како ready made. Додатно, српско-хрватскиот и македонскиот збор за споменик започна да се користи на англиски како еден вид на readymade и ги сместува југословенските модернистички споменици во посебна категорија. Овен Хатерли (Саутхемптон) кој работи како независен автор пишувајќи за архитектурата и културната политика (редовен соработник на Architеcture Journal), зборуваше за тоа, како се

уништува модернизмот за да биде зачуван. На прв поглед, модерната архитектура во Обединетото Кралство доживеала неверојатна преродба, после прекинувањето на текот во којшто е означена како исклучително грда, „тоталитарна“ и некако специфично не со англиска насока. Почетоците на рехабилитацијата на луксузниот модернизам, карактеристичен за почетоците на 30-тите години на минатиот век, брутализмот на шеестеттите повторно е влезен во мода. Становите во порано непопуларните населби и кулите, како на пример Keeling House, Trellick Tower и Brunswick Centre, сега се продаваат за висока сума пари, а карактеристичните населби во Шефилд и други се просто „регенерирани“. Креативната адаптација (од модернизмот, кој од скоро е повторно во мода) на стилот создаден во 30-тите години е создадена преку одделување на таквата архитектура од контекстот на социјалната политика, животот на работничката класа и изменување

Page 43: 226issuu

43

43

ПОРТА28 ноември 2014

архитектура инфо

на нејзината историја во блед, бесмислен „утопизам“. Рајнер Хел се осврна на Тропикалистичката архитектура, урбанистичкото планирање во Бразил - како модернизмот креира идентитети. Во своето предавање тој зборуваше за Манифестот на Антропологијата, манифест со кој се означува почетокот на модернизмот во Бразил. Преку урбанистичкото планирање на Бразилија, тој ја објасни националната интеграција и развојот, користењето на урбанистичкото планирање не само во рамките на десно или лево политичка ориентираност, туку на ниво на планирање на животен стил за жителите на една држава. Рајнер се осврна на владиниот проект „Моја куќа, мој живот“ - проект за модел на населба составена од префабрикувани куќи, која се повторува во вид на сателитски населби низ Бразил. Како надворешен консултат за овој проект, тој истакна дека населбите се изработуваат без претходна стручна анализа и испитување на прототип, и дека во самиот тим на одлучувачи не се вклучени архитекти и урбанисти. По завршувањето на семинарот, Октомврискиот салон претрпе нова ре-организација и негова трансформација во настан којшто ќе се одржува биенално наспорти досегашната традиција да се одржува секоја година. Семинарот отвори простор за размислување на процесите на глобализација и локалните територии. Наспроти уверувањето дека глобализацијата од светот ќе направи еден хомоген и генеричен простор со кој ќе управуваат интересите на пазарот, градските средини ширум светот сè повеќе се разликуваат и приспособуваат на локалните наличја. Под владеачкото глобално економско потекло, развој на урбанистичките области се повеќе постигнуваат народните маси и процесите што се надвор од (централизирана) контрола.

Page 44: 226issuu

28 ноември 201444

44

ПОРТА

архитектура

Der Himmel uber Hamburg(Небото над Хамбург)

..

подготви: Наталија ЗАФИРОСКА

ТАНЦУВАЧКИТЕ КУЛИ ВО ХАМБУРГ - СИМБОЛ НА СМЕЛOСТ И ДИНАМИКА

(Небото над Хамбург)

Возбудливост и современост се зборовите со кои се дефинира силуетата во најпознатиот дистрикт во Хамбург. Благодарение на вистинска смелост искомбинирана со беспрекорноста што неминовно се врзува со германскиот дух, Tango-Türme се едни од највпечатливите објекти во ова високо равиено ткиво.

фото:

Page 45: 226issuu

45

45

ПОРТА28 ноември 2014

архитектура

У рбаната атракција која ги пресретнува посетителите на самиот влез во познатиот

хамбуршки дистрикт St. Pauli, едноставно не може да остане незабележана. Во исклучително живо опкружување, се лоцирани две кули кои се издвојуваат со нивната впечатлива појава благодарение на висината како и невообичаениот формален израз. Историјата на проектот почнува во 2003 година, кога предлог-решението од фирмата BRT под имињата на архитектите Bothe, Richter и Teherani победило на конкурсот за предвидениот просторен развој. Проектот бил завршен дури во 2012 година од страна на Hadi Teherani. Лоцирани на најпознатата улица во Хамбург, карактеристичната силуета на пар кој танцува претставува симбол на виталност на самиот дистрикт но и во целиот град.

Аналогијата на архитектонски објект со човеково тело е неретка тема на формален исказ во современата архитектура. Она што постојано воодушевува е начинот на претставување на треперливо движење замрзнато во даден миг, кое секогаш одново ги фасцинира оние што го доживуваат. Имено, станува збор за две кули со висина од 75 и 85 метри кои истовремено се спојуваат и оддалечуваат една од друга на различна висина. Фасадната конструкција е изведена од челик и стакло и таа ги затвора канцелриите со прекршена обвивка низ сите (24) катови. Стаклата се протегаат по целата висина на катот, така што се создава одлично поврзување на внатрешноста со надворешното опкружување, а истовремено се овозможува продир на светлина која е повеќе од доволна. Отвореноста и затвореноста создаваат возбудлива внатрешна структура на просториите и истовремено обезбедуваат

мирен амбиент кој е неопходен за време на работното време. Закосените столбови и ѕидови се оние што го даваат шармот во ентериерот, при што истовремено прикажуваат сосем нов пристап кон внатрешното уредување. Виталниот концепт на стакло и бетон наложува да се обработи добро акустично решение. Како одговор на звучната изолација во внатрешноста се јавуваат CAS теписите, кои го претвораат подот во акустичен спроводник со што се добива извонредна просторна удобност. Теписите 300 (Carptet300) со сива и бледа беж боја, истовремено го нагласуваат ефектот на модерната архитектура и пријатниот внатрешен дизајн. Светлите нијанси одговараат со носачите што се протегаат низ зградата. Тешко носечките тафтувани подни облоги изгледаат нежно и природно, така што ги хармонизираат просториите. Примарната фасада, која

Page 46: 226issuu

28 ноември 201446

46

ПОРТА

Панорама на улицата Репербан за време на Reeperbahn Festival 2014

дознај повеќе

НОВА ЕНЕРГИЈА ЗА ВАШИОТ ДОМКРЕДИТ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ pcb.com.mk/ekokredit

Дознајте повеќе на:

е главен виновник за динамичниот танцувачки изглед на зградата, има повеќе од 7 степени наклон и е со големина од 19.000 метри квадратни. Но, тука не се работи само за задоволување на естетиката кај објектот туку и за спроведување на одлична заштита од временски услови, ветер, сонце и звучна заштита, а како посебно внимание се посветува на оптималниот поглед кон градот. Стандардните фасадни единици се со димензија од 2,80 на 3,45 метри секоја со тежина од околу 700 килограми. Најголемите елементи се сместени на најгорниот сервисен кат на јужната страна и се со димензија од 2,80 на 5,40 метри и со тежина околу 1.350 килограми. Напредниот геометриски дизајн на двојната фасадна обвивка е многу софистициран, така што поединечните единици се наклонети едни кон други под различен агол од внатрешната фасада, при што се добива впечаток на танцувачки перформанс кој го изведуваат кулите. Двете згради со околу 80 и 90 метри висина, на места се доближени и се потпираат една со друга, за потоа на одредено ниво да се отклонат, со што се добива впечаток на движење. Токму поради овој формален гест кај

конструкцијата на фасадата биле констатирани 16 различни наклони кои се клучни за постигнување на саканиот ефект. Алуминиумските паспартуа и надворешните стаклени панели се фиксни и завртени кон внатрешната фасада. Паспартуата се мали отворени фасадни компоненти кои носат мал стаклен надворешен панел. Овие надворешни панели ги покриваат рамките на прозорците, така што обезбедуваат одредена заштита од дожд во внатрешноста. Без разлика што имаат одередена косина, корисниците сепак можат да ги отворат прозорците. Пристапната опрема за чистење и одржување на зградата е сместена долж страните на паспартуата, кои исто така содржат и системи за заштита од ветер и сонце кои се содржани во алуминиумски ламели сместени во предниот дел на внатрешната фасада. За разлика од останатите конвенционални методи на градење, фасадата на Tanzende Türme е изградена од надворешноста кон внатрешноста. Почетокот на проектот бил со дизајнирање на 3D модел на обвивката на објектот, кој сакал да ги прикаже комплексните геометрии на различните агли на фасадата.

дознај повеќе

НОВА ЕНЕРГИЈА ЗА ВАШИОТ ДОМКРЕДИТ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ pcb.com.mk/ekokredit

Дознајте повеќе на:

Page 47: 226issuu

47

47

ПОРТА28 ноември 2014

архитектура

дознај повеќе

НОВА ЕНЕРГИЈА ЗА ВАШИОТ ДОМКРЕДИТ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ pcb.com.mk/ekokredit

Дознајте повеќе на:

дознај повеќе

НОВА ЕНЕРГИЈА ЗА ВАШИОТ ДОМКРЕДИТ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ pcb.com.mk/ekokredit

Дознајте повеќе на:

Page 48: 226issuu

28 ноември 201448

48

ПОРТА

експерт ОТВОРАЊЕ НА ПОТЕНЦИЈАЛИТЕ НА ДИГИТАЛНАТА ТЕХНОЛОГИЈА

Првата „тридимензионално отпечатена“ куќа во светот!Британските аналитичари во овој прототип гледаат современ пристап кон традиционалните префабрикувани станбени објекти, што можеби ќе биде одговор на станбената криза со која земјата се соочува денес

Во рамките на овогодишниот Лондонски фестивал на дизајнот, кој се одржа од 15 до 26 септември, на плоштадот пред објектот на Градежниот центар што се

наоѓа веднаш до прочуената лондонска трговска улица Tottenham Court Road, беше изградена првата „отпечатена“ куќа во светот. Станува збор за проектот WikiHouse 4.0 за непрофитен прототип кој ќе го донесе дизајнот „open-source“ во сферата на изградената средина. Така, Градежниот центар во соработка со своите партнери Architecture Zero Zero и инженерите на ARUP, ја изградија првата во светот ниско-енергетска двокатна куќа, за која проектот може кој и да било во светот да го симне од Интернет, да го „отпечати“ и да го состави самиот објект во рок од неколку дена и тоа без никакви посебни градежни вештини. Вредноста на градежните материјали потребни да се изгради ваквиот објект во Лондон се проценува на околу 60 илјади евра, што е исклучително мала во британски контекст.

Изградениот објект е двокатна куќа со две спални соби, со носечка рамковна конструкција од дрво и со површина од 68 метри квадратни. Плановите за објектот можат без надомест да се симнат од веб страницата, а потоа, со помош на технологијата „open-source“, елементите на куќата можат дигитално да се исечат и произведат со примена на технологија наменета за тридимензионално печатење. Објектот е испроектиран со програма за КАД (CAD) проектирање, додека градежните елементи се произведени со примена на 3Д (3D) печатари и ЦНЦ (CNC) машини за обработка на дрво. Во рамките на оваа манифестација, мала група волонтери без градежно искуство го имаат составено објектот во рок од само осум дена. Според ко-проектантот на овој објект, господинот Алистер Парвин (Alastair Parvin), од почетокот на индустриската револуција па до сега, во рамките на градежната индустрија преовладувала идејата, дека доколку сакаме да градиме домови, тие треба да бидат изградени од навистина големи организации кои ќе го сторат тоа

за нас. Според него, овој традиционален пристап сега е изложен на предизвик кој произлегува од моќта на Интернетот и моќта на дигиталното производство, како и новите технологии кои не само што имаат потенцијал да го променат начинот на кој градиме, туку и да го сменат тој што ги гради објектите. За господинот Парвин, со оваа инсталација се сака да се поттикне имагинацијата на луѓето за тоа, како новата технологија сега ќе овозможи, речиси секое лице да може да си дозволи своја куќа која ќе биде изградена според неговите желби, но без потреба од традиционалните градителски вештини. WikiHouse 4.0 не е единствениот проект за „тридимензионално отпечатена“ куќа во светот. Претходно, оваа година во Амстердам отпочнал проектот 3D Print Canal House којшто се состои од изложба, истражување и градежна парцела за 3Д Печатена архитектура (3D Printed Architecture). Станува збор за иновативен проект кој се очекува да трае три години и каде интернационален тим соработува во програма на „истражување

Page 49: 226issuu

49

49

ПОРТА28 ноември 2014

експерт

Првата „тридимензионално отпечатена“ куќа во светот!

и изработка“ која ја поврзува науката, проектирањето, изградбата и заедницата, и од кој проект се очекува да резултира во печатење на 3Д куќа на канал на експо (изложбена) локација во центарот на Амстердам (3dprintcanalhouse.com). Од друга страна, во Кина, шангајската компанија „WinSun Decoration Design Engineering“ оваа година изградила комплекс од десет куќи комплетно 3Д отпечатени од рециклиран материјал за помалку од 24 часа, користејќи огромен 3Д печатар кој е 150 метри долг, 10 метри широк и 6,6 метри висок. На неговиот развој се работело цели 12 години, а неговата вредност изнесува 3,2 милиони долари. Секоја од овие куќи се со површина од 200 метри квадратни и биле отпечатени со „мастило“ кое претставува мешавина од градежен и индустриски отпад направен од комбинација на цемент и стаклени влакна. Околу 4.800 американски долари чинела изградбата на секоја од овие куќи, и тоа со учество на многу мала работна сила за самата изградбата, како резултат на што се очекува дека во иднина, откога овој вид

на објекти ќе стане општоприфатен, ќе се овозможи задоволување на потребите за домување на бездомните и лицата со ниски примања преку 3Д печатењето на вакви зелени и економични за градба објекти. И покрај сличностите со примерите од Холандија и Кина, се смета дека постои суштинска разлика помеѓу нив и WikiHouse 4.0. За првите се смета дека се обиди преку поединечни проекти да се прикажат на пошироката јавност можностите што произлегуваат од новите технолошки достигнувања. За разлика од нив, се очекува дека технологијата WikiHouse ќе придонесе за создавање мрежа од електронски фајлови за градежни компоненти кои ќе можат да се отпечатат, а преку кои би отпочнала станбена „револуција“ преку која илјадници луѓе ширум светот можеби наскоро ќе бидат во можност да купат мала градежна парцела на која ќе можат да изградат финансиски достапен функционален дом без надворешна помош и во рок кој би се мерел во денови. Според најавите, проектите за куќата WikiHouse 4.0 ќе станат достапни без

надомест на веб страницата (www.wikihouse.cc) до крајот на оваа година, што ќе им овозможи на заинтересираните лица да заштедат и време и пари. За идните британски корисници на овој пристап, се очекува дека заштедите ќе бидат значителни, со оглед на тоа што вообичаено градењето на просечна куќа со две спални соби трае околу два месеци и чини околу 117 илјади евра, што е скоро дупло повеќе во однос на чинењето на прототипот WikiHouse во Лондон. За Колин Твиди (Colin Tweedy), главниот извршител на Градежниот центар, овој прототип на дом ги отвора потенцијалите на дигиталната технологија за да го смени начинот на којшто ние ќе ги проектираме, произведуваме и градиме зградите. Од друга страна, британските аналитичари во овој прототип гледаат современ пристап кон традиционалните префабрикувани станбени објекти, што можеби ќе биде одговор на станбената криза со која земјата се соочува денес.

д-р Владимир Б. ЛАДИНСКИ, дипл.инж.арх. (Велика Британија)

Alastair Parvin

Page 50: 226issuu

28 ноември 201450

50

ПОРТА

in memoriam

Page 51: 226issuu

51

51

ПОРТА28 ноември 2014

дрвна архитектура

Спој на источна филозофија и западен дизајн

Познатиот јапонски архитект Шигеру Бан, за кого магазинот „Тајм“ пишува дека е еден од најголемите иноватори во 21 век во полето на архитектурата и дизајнот, уште еднаш го докажа својот иновативен дух и

своето неприкосновено чувство за поврзување на дизајнот, естетиката и архитектурата. Швајцарската медиумска куќа Tamedia, за својот нов објект го повика токму Бан за проектот, кој и во овој објект ја употреби едноставноста на јапонската традиционална архитектура како основа на Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ, инженер по дрвна индустрија

Медиумската куќа Tamedia, своето ново седиште го смести во срцето на Цирих, на илјада метри квадратни во продолжение на веќе постоечки урбан блок. Архитектот Шигеру Бан и во овој објект ја употреби едноставноста на

јапонската традиционална архитектура како основа на целиот концепт.

Page 52: 226issuu

28 ноември 201452

52

ПОРТА

дрвна архитектура

новиот концепт. Тој успева да ја долови хармонијата помеѓу источните и западните стилови и методи на проектирање. Новиот објект е изграден главно со употреба на дрво како конструктивен материјал и стакло како заштита на конструкцијата, и претставува одлично работно место за близу 480 медиумски работници.

Медиумската куќа Tamedia, своето ново седиште го смести во срцето на Цирих, на 1.000 м2 во продолжение на веќе постоечки урбан блок. Оваа компанија зазема неколку објекти од кои, новата зграда се издвојува не само по својот архитектонски карактер туку и по специфичната конструкција. Локацијата

е позиционирана кон источната страна на блокот со приближно 50 метри линеарна фасада која се протега долж каналот Sihl. Новиот објект е изграден на местото на стара демолирана зграда, но и покрај тоа создава континуитет со фасадата на стариот прилепен објект и максимално ги искористува дозволените димензии,

Page 53: 226issuu

53

53

ПОРТА28 ноември 2014

дрвна архитектура

со цел да се добие најмногу употреблив канцелариски простор. Главниот влез е позициониран на крстопатот помеѓу улиците Werdstrasse и Stauffacherquai, кој истовремено функционира и како главен влез во целиот комплекс објекти. Објектот содржи приземје со седум ката и со два подземни ката, кои создаваат вкупна нето површина од 8.602 м2. Дополнителен простор може да се обезбеди со двокатен проект кој во иднина би можел да се подигне на соседниот објект. Од архитектонска гледна точка, една од главните карактеристики на објектот е неговата конструкција која е целосно изработена од дрвниот вид смрча, која покрај нејзиниот иновативен карактер во однос на технички и еколошки гледни точки, ѝ дава на зградата уникатен изглед како од надвор така и во ентериерот. Со цел да се изрази и потенцира оваа идеја, фасадата на објектот е комплетно изработена од проѕирно стакло. Посебен акцент е посветен на достигнување на енергетските стандарди, кои се многу строго ограничени во швајцарските закони. За достигнување на овие стандарди, секако помага и машинскиот дел на објектот кој е

проектиран за да ги задоволи највисоките стандарди за енергетска ефикасност. Во внатрешноста на објектот е осмислен и средишен простор преку целата висина на зградата во близина на источната фасада. Овој простор служи како „термален мост“ во рамките на генералната стратегија за искористување на енергијата. Покрај ова, просторот создава уникатни делови за корисниците на објектот, каде се обмислени ресторански делови и вертикални конекции помеѓу катовите. Овие „балкони“ може да се употребат, исто така, и за неформални состаноци и места за одмор. Подвижните прозорски системи овозможуваат овие простори да се трансформираат во отворени тераси за уживање во пријатното време и погледот на Цирих. Овие детали ја збогатуваат врската помеѓу ентериерот и околниот пејзаж. Дрвениот конструктивен систем на објектот, заедно со сите дрвени конструктивни врски се најголемата иновативност во проектот. Од техничка и еколошка гледна точка, овој конструктивен систем е во потполна согласност со околната градежна типилогија. Фактот што конструктивните елементи се

видливи е највпечатлив, а искреноста и едноставноста во изразот на убавината на дрвото, дава посебен карактер на просторот и ја подобрува работната атмосфера. Комплетната обработка и префабрикувањето на сите конструктивни елементи во контролирани фабрички услови, овозможило брзо и квалитетно градење на објектот на градежната локација. Еден од најважните концепти на јапонската архитектура е употреба на што помалку метални конектори во своите конструктивни врски, па така и тука, архитектот Шегеру Бан во своите конструктивни врски употребува метални конектори само таму каде што се неопходни. Одржлива архитектура е основниот принцип врз кој е креиран овој раскошен проект. Заради овој принцип на одржлива архитектура, токму дрвото е избрано како главен конструктивен материјал, главно заради тоа што дрвото е единствен потполно обновлив конструктивен материјал, кој може да се искористи во проекти со овој обем и при изградба на објектот најмалку ја загадува животната средина со јаглерод диоксид и други штетни гасови.

Page 54: 226issuu

28 ноември 201454

54

ПОРТА

енергетска ефикасност

Цвет за секој станар, букет за градот

One Central Park е иновативен и амбициозен проект во рамките на обновата на Carlton & United Brewery, поранешна пиварница во Сиднеј.

Добитник на наградата за најдобра висококатница во 2014-та, со буџет од 600 милиони австралиски долари, тој е дел од проектот за развој на 250.000 м² земјиште во центарот на градот, составен од неколку објекти, урбан парк и реупотреба на повеќе

од 32 структури од културното наследство, кои се наоѓаат на локацијата. Останатите проекти вклучуваат комерцијален објект од 15 етажи на Foster+Partners како и подземен паркинг. Тој е фокусната точка на планот за обнова и активирање

Еколошки и енергетски

свесен објект, кој создава вертикални градини за

живеење

Анастасија СПАСОВСКА

Page 55: 226issuu

55

55

ПОРТА28 ноември 2014

енергетска ефикасностенергетска ефикасност

на ова подрачје, и како таква воедно е и манифестација на мастер планот кој посочува најдобрите вертикални живеалишта да се дислоцираат во близина на поголемите внатрешни сообраќајни јазли во градот. Како централно дело, објектот се издигнува на височина од 116 метри, со која и претставува највисока вертикална градина во светот. Проектиран од истакнатиот француски архитект Жан Нувел, објектот е составен од две кули со 16 и 33 нивоа кои се издигнуваат над четири-етажен комерцијален подиум. Овој проект со хибридна програма, создаден во соработка со локалното студио PTW architects, му нуди на Сиднеј 563 нови станбени единици за комфорно и квалитетно живеење во самиот центар, распространет над повеќе етажното рекреативно и комерцијално плато. Жан Нувел е познат по неговите проекти кои се тестамент на човековиот дух. Неговиот пристап е од трансдисциплинарен карактер - спојувајќи ја архитектурата, дизајнот на светло и уметноста на животната средина, создава извонредни објекти од светско значење и монументални размери. ОCP е досега негов најхрабар подвиг во областа на домувањето. Со комплексната комбинација на технологија, естетика и вегетација, објектот станува препознатлива светска знаменитост. Двете дефинирачки карактеристики на објектот се хелиостатот и хидропониката, кои и го етаблираат објектот како архитектонски триумф. Хелиостатот, огромна конзолна платформа која се издига од дваесет и осмиот кат, дава една драматична димензија на силуетата на објектот и ги дефинира горните луксузни апартмани. „Лебдечкиот“ хелиостат вклучува иновативен систем од фиксни и моторизирани огледални панели, дизајнирани да ја привлечат сончевата светлина и да ја насочат кон атриумот на долните нивоа и врз пејзажните тераси. Навечер, хелиостатот се трансформира во светлечка инсталација дизајнирана од уметникот Јан Керсале. Опишан како лустер за градот, тој театрално ги осветлува кулите, оживувајќи ја зградата и во вечерните часови. Надвиснат над скапи паркинзи, хелиостатот претставува и платформа за кровната градина, која воедно е најголемата конзола изведена на резиденцијален објект во Австралија. Со неговите експанзивни погледи кон пристаништето, кровната градина ќе стане едно од најпосакуваните места за забава во градот, ексклузивна, достапна само на станарите и нивните гости. Фасадното решение е особено карактеристично за објектот, за кое Нувел соработува со францускиот уметник и ботаничар Патрик Бланк. Жардиниери и вертикални зазеленети површини, како дел од лоџите, ќе го обвијат објектот со растителен свет, буквално продолжувајќи го

Жан Нувел

Page 56: 226issuu

28 ноември 201456

56

ПОРТА

енергетска ефикасност

Page 57: 226issuu

57

57

ПОРТА28 ноември 2014

енергетска ефикасност

околниот парк нагоре по вертикална оска. Ова е овозможено преку користење на хидропоника како метод на одгледување растенија во вода, без земја со употреба на минерални хранливи раствори. На фотографиите, дузината зелени градини личат хаотично, дури неуредно, како растителниот свет да ја надвладеал самата конструкција, давајќи аспект на слободен крај на самата структура. Она што произлегува од концептот на подигнување на изградената маса од површината на земјата е слободен простор за нов урбан парк. Првиот проектантски предизвик бил да се создаде вистинско присуство на овој значаен нов парк во урбанистички рамки. Бидејќи самата структура е висококатница, постои можност да се донесе паркот кон небто, тој да се содржи во фасадите и да биде видлив во градот и од големи далечини. На јужната страна паркот се издигнува во секвенци од позеленети платоа кои се дисперзно поставени како парчиња сложувалка, без некој особен ред, но истовремено водејќи сметка секој од апартманите да добие свој балкон и свое парче парк. Во индивидуална димензија, оваа диспозиција создава пријатни приватни градини, додека од колективен аспект нивното мноштво претставува една зелена урбана скулптура. На овој начин објектот нуди цвет за секој

станар, а претставува букет за градот. На северната, источната и западната страна зеленилото е континуирано и поставувано во ленти, вертикални зелени ѕидови од ползечка вегетација. Paстенијата ја пренесуваат пораката на одржлив урбан развој и поради сенката што ја пружаат ја намалуваат потрошувачката на електрична енергија за ладење, додека нивните листови заробуваат јаглерод диоксид. Вториот проектантски предизвик е избегнувањето на големи сенки од северната страна врз паркот. Оттука одлуката за делба на структурата во два волумени со различни височини, каде на кровната партија на помалата кула се појавуваат 42 хелиостати кои ја насочуваат сончевата светлина кон 320 рефлектори од големата конзола на повисоката кула, за на крај да стигнат до зони кои инаку би биле во целосен мрак. Системот се адаптира на секој час, како и сезонски, зависно од потребата за светлина и топлина, правејќи егзактно програмирана кореографија на движење на светлата рефлектирани на површината. Во конципирањето на објектот, аплицирани се четири стратегии за подобрување на енергетската ефикасност, како и за подобрување на јаглерод диоксидната стапка на градот. Усовршени се најчесто слабите енергетски

перформанси на резиденцијалните висококатници, со што проектот добива највисока оцена по австралиските зелени стандарди и постигнува 25% редукција на потрошувачката на енергија во споредба со просечната. Со системот од 5 км долги, линеарни позеленети површини кои функционираат како перманентни штитници од сонце, го намалува термалното влијание во становите до 30%. Објектот содржи и систем од соларни панели за производство на соларна енергија и како крајна ставка која има позитивни реперкусии на градскиот живот, понудени се живеалишта онаму каде тие се навистина потребни, во близина на градската бизнис зона. Со овој објект, Жан Нувел доловува атмосфери несвојствени за денешното урбано живеење и поставува нови стандарди за одржливост и еколошка свесност во доменот на домување во високи станбени структури. Тој живее според максимата дека вегетацијата е дел од вокабуларот на архитектурата, па така овој објект ја манифестира неговата филозофија преку живите ѕидови кои го носат кодот на парк во секое ќоше од неговата присутност. Резултатот е жив организам кој дише и докажува дека опкружувајќи се со природа, дури и на кота како оваа, човекот се чувствува живо.

ПОЧИТУВАНИ ПРИЈАТЕЛИ на „Порта3“Идниот месец ќе се навршат 10 години од излегувањето на „Порта 3“, првото списание на нашите простори посветено на градежништвото, архитектурата и екологијата. Пред десет години малку кој веруваше дека ќе опстанеме толку долго на немирното медиумско море во Македонија. Но благодарение на нашите спонзори и рекламодавачи, а посебно на поддршката од АДИНГ и печатницата „Европа 92“, еве дојдовме и до јубилејот што ќе го одбележиме на крајот на декември. По тој повод, јубилејното издание на „Порта 3“ ќе има 100 страници со содржини пригодни за таков јубилеј. Со цел да ви овозможиме и Вам да учествувате во содржините на тој број, со ваши реклами, ПР и промотивни текстови, одлучивме да ви понудиме специјални цени за нив. За оние наши пријатели, пак, кои ќе сакаат да имаат подолготрајна соработка со нас, во поглед на рекламирањето, им нудиме договори со намалена цена од 10 проценти, и тоа за сите оние што ќе склучат договор до крајот на декември годинава. Со вашите одлуки за рекламирање во „Порта 3“ по специјални и намалени цени не само што ќе потврдите дека местото на Вашите компании е на страниците на списанието, туку истовремено ќе овозможите „Порта 3“ да зачекори во втората десетка свесно дека зад него стојат сите оние што значат нешто во градежништвото, архитектурата и екологијата во државата.

ГРАДЕЖНИШТВО

ПОРТААРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

Page 58: 226issuu

28 ноември 201458

58

ПОРТА

екологија СЕ ПОДГОТВУВА ЗЕЛЕНА ЛИСТА НА ЗАШТИТЕНИ ПОДРАЧЈА

Зеленилото е новото злато

Првите заштитени подрачја што ќе се најдат на оваа листа беа претставени на Светскиот конгрес за паркови, што деновиве се одржа во Сиднеј, а на кој официјални претставници на држави, членови на меѓународни организации, ренџери и бизнисмени разговараа за позитивните примери во менаџирањето на областите што се од исклучително значење за планетата

Првите заштитени подрачја што ќе се најдат на оваа листа беа претставени на Светскиот конгрес за паркови, што деновиве се одржа во Сиднеј, а на кој официјални претставници на држави, членови на меѓународни организации, ренџери и бизнисмени разговараа за позитивните примери во менаџирањето на областите што се од исклучително значење за планетата

Дваесет и три заштитени подрачја од Австралија, Јужна Кореја, Кина, Италија, Франција, Шпанија, Кенија и Колумбија ќе бидат првите

што ќе се запишат во новата Зелена листа на заштитени подрачја на Меѓународната унија за конзервација на природата (IUCN), која деновиве се составува во IUCN. Листата беше претставена на Светскиот конгрес за паркови кој се одржуваше во Сиднеј, Австралија, од 12 до 19 ноември. Зелената листа на заштитени подрачја на Меѓународната унија за конзервација на природата е единствениот светски стандард за добри практики во заштитените подрачја. Нејзината цел е да препознае и промовира успешно менаџирање на највредните природни области на планетата. Првите 23 подрачја, што ќе станат дел од оваа листа, биле избрани меѓу 50 кандидати кои ги предложиле осумте земји, како дел од првата фаза

на зелената листа, јавуваат од IUCN. „Зелената листа на Меѓународната унија за конзервација на природата ги препознава оние подрачја кои успешно одговараат на предизвиците на 21 век и придонесуваат за доброто на луѓето и на природата“, ја пренесуваат од IUCN изјавата на Џулија Мартон-Лефевр, генералната директорка на Унијата. Избраните подрачја треба да исполнуваат строги критериуми, додаваат од IUCN, како на пример, квалитетот на заштитата на природните вредности, ефикасниот менаџмент и долгорочните резултати во заштитата. Критеиумите се разработени според предизвиците и можностите со кои се соочува секоја земја посебно. Меѓу успешните на оваа листа се најде Заштитеното подрачје Кејп Бајрон Стејт - Националниот парк Араквал во Австралија, и тоа заради врската со локалната заедница. Националниот парк е прогласен во 2001 година, а во неговото управување учествува локалната абориџинска

заедница. Повеќе од 65 локални волонтери се грижат посетителите на паркот да се информираат за природните и за културните вредности кои се од исклучително значење за областа, велат од IUCN. Во кенискиот резерват Ол Пејета, пак, е дозволено чувањето стока во заштитената зона. Менаџментот на ова подрачје раководи со локална програма за одгледување крупен добиток и овозможува мониторинг, заштита и ветеринарни услуги. Со тоа се обезбедува заштита и на дивиот свет и на добитокот, како и засолниште и богати пасишта за локалните сточари. Од IUCN понатаму додаваат дека во Франција, природниот морски резерват Сербер-Бањул е пример за успешно заздравување на морскиот екосистем и морските видови уште од своето основање, во 1974 година. Локалната заедница исто така е вклучена во работењето на областа и активно го поддржува рибарството и туризмот. На посетителите особено им се препорачува едукативното подводно

Сашо КУЗМАНОВСКИ

Page 59: 226issuu

59

59

ПОРТА28 ноември 2014

екологија

сафари со водич на овој потег од Кот Вермеј, во подножјето на Пиринеите. Во Кина, шест заштитени области ги исполниле условите на Зелената листа. Влегуваат планината Хуангшан, област од Светското наследство, Националниот природен резерват Тангџиа, домот на загрозената популација на џиновски панди, како и Националниот природен резерват Источно Донгтинг Езеро. Во Шпанија, менаџментот на националниот парк Сиера Невада успешно балансира меѓу заштитата на кревкиот планински екосистем и богатото културно наследство и динамичниот и

развиен туризам. Националниот парк Доњана е одличен во менаџирањето на мочуриштата и културните вредности, а запишувањето на Зелената листа ќе биде завршено на почетокот на 2015 година. Стандардите на Зелената листа на заштитени подрачја на Меѓународната унија за конзервација на природата се очекува да придонесат за поголемо меѓународно признавање на запишаните заштитени подрачја со што ќе се зголеми политичката поддршка. Проектот ќе помогне да се зголеми и туристичката посета. Стандардот ќе се надградува и ќе држи чекор со глобалните практики и новите предизвици

со кои се соочуваат заштитените подрачја. За запишување во Зелената листа на IUCN наредни чекаат подрачја од Мексико, Хрватска и неколку земји во Северна Африка.

ПАРКОВИ, ЛУЃЕ, ПЛАНЕТАДа се зачуваат највредните природни области на планетата и да се промовираат решенија за глобалните предизвици, беше фокусот на Светскиот конгрес за паркови 2014, кој се одржа во Сиднеј. Повеќе од 5.000 учесници, шефови на држави, министри, членови на меѓународни организации, ренџери, бизнисмени и членови на загрозени заедници од 160 земји дискутираа за иднината на заштитените подрачја. Овој конгрес се одржува еднаш на десет години за да се разговара за националните паркови, морските резервати и другите заштитени подрачја.Во светот денес постојат 200.000 заштитени подрачја кои покриваат повеќе од 14 проценти од копното и околу три проценти од океаните, велат од IUCN. Тие се чувари на дивиот свет и на уникатниот начин на живот, поддржуваат бројни домаќинства и се основа на зелената економија. Обезбедуваат вода за пиење на некои од најголемите градови во светот, ги контролираат климатските промени впивајќи огромни количества јаглерод, го одржуваат туризмот, ги штитат заедниците од природни катастрофи, ни го чуваат здравјето...Темата на конгресот оваа година беше „Паркови, луѓе, планета - решенија кои инспирираат“, а го организираа IUCN и Владата на Австралија.

Page 60: 226issuu

28 ноември 201460

60

ПОРТА

хортикултура

Зеленилото - заштита од поплави во урбаните средини

Филип ФИЛИПОСКИ, дипл.шум.инж.

Page 61: 226issuu

61

61

ПОРТА28 ноември 2014

хортикултура

Зеленилото, односно зелената инфраструктура претставува најголемиот филтер во градовите која помага во намалување на загадувањето на површинската вода.

Заедно со тревните површини значително го намалува отекувањето на површинската вода, со што се намалува ризикот од поплави и појава на ерозија на земјиштето. Запечатените површини како што се патиштата, плоштадите, зградите во урбаните средини ја зголемуваат количината и брзината со која тече површинската вода по обилните врнежи. Таа вода најчесто завршува во атмосферската канализација, која не секогаш е во состојба да ја прими целата количина, со што доаѓа до поплавување на околното подрачје. За таа цел, сè повеќе метрополи користат одржливи системи за одводнување, вклучувајќи ги зелените површини како најдобро решение во справување со оваа проблематика. Врнежите што паѓаат директно на дрвјата испаруваат повторно во атмосферата или паѓаат под крошните на дрвјата каде што повторно ја искористуваат преку коренот. Според едно истражување направено од страна на Армсон, Стрингер и Енос во Манчестер, Велика Британија, истражувачите ја испитувале улогата на дрвјата и тревните површини во намалување на течењето на површинската вода во урбаните средини, мерејќи ја количината на врнежи која навлегува во атмосферската канализација. За добивање на пореални резултати, направени се испитувања на пет мерни површини на различни локации во Манчестер каде што подлогата била во пад, со специфична покривка, односно под асфалт, под тревна површина, и една пошумена со Acer Campestre. Истражувањето се одвивало во периодот од јануари до септември 2011 година. Како што се очекувало, најголемо отекување на површинската вода се јавила кај парцелата со асфалт во просек од 62% од вкупните зимски врнежи и 53% од летените врнежи е оттечена во канализација. Испарувањето на водата е поголемо во летните денови поради повисоката температура на асфалтот. Кај површините под дрвја во просек истекувала 26% од вкупните врнежи во текот на зимата и 20% од вкупните врнежи во текот на летото, што укажува дека овие површини во голема мера ја растоваруваат атмосферската канализација. Затревената површина апсорбира најмногу од врнежите со просечно 1% оттечена вода во атмосферската канализација. Ова истражување јасно дава до знаење дека со правилно подигнување на зелените површини во урбаните средини би се намалил во голема мера ризикот од поплави и ерозија на почвата на критични места.

Со правилно подигнување на зелените површини во урбаните средини би се намалил во голема мера ризикот од поплави и ерозија на почвата на критични места

Page 62: 226issuu

28 ноември 201462

62

ПОРТА

совети

Нашиот проблем е долгиот ходник кој води до бањата, но истовремено и до кујната и спалните соби. Како би можеле да го поправиме ваквиот долг и монотон изглед поради кој, веднаш на влезот, целиот стан изгледа одбивно?

Семејство Најдовски, Скопје

Ходник во два дела

Постојат главно две решенија за вашиот проблем. Ходникот, ако е можно, да се елиминира и да влезе во состав на собите или визуелно да се подобри постоечкиот изглед.

Поедноставно е второто решение. Монотонијата на ходникот ќе ја разбиете ако го поделите на два различни простори. Првиот дел од ходникот, долж преградниот ѕид меѓу него и кујната, може визуелно да се прошири така што ѕидот ќе биде транспарентен. Тој, ако е стаклена

преграда, ќе овозможи делумно осветлување на ходникот преку кујната, но и визуелно ќе ги направи пошироки и ходникот и кујната. Вториот дел од ходникот, што води кон поинтимните делови на станот, може да се обликува поинаку од првиот. Таваницата нека биде спуштена и засведена со гипс картон плочи, а мекиот теписон на подот може да се вметне во подот од црн мермер со кој е покриен целиот ходник. Таваницата и гипсаните ѕидови се бојосани бело. Дополнителна динамика и ритам на просторот му даваат продорите на светлина од отворените врати на собите.

Билјана СТЕВКОВСКА-САВИЌ, дипл.инж.арх.

[email protected]

Page 63: 226issuu

63

63

ПОРТА28 ноември 2014

ентериер

Криволиниска експресија

Работилницата во Истанбул го привлекува вниманието на пошироката јавност со неговата исклучителна функционалност и внесување на иновативност во

работните процеси. Криволиниските линии во неговата внатрешност даваат една флуидност и магична експресивност во доживувањето, која понатаму се претвора

во инспирација за понатамошно творење и создавање.

Овој интересен и иновативен ентериер е дело на архитектонското студио Zemberek Design (Земберек Дизајн) од Турција. Тој е креиран да ги исполни

комплексните барања на истражувачкиот центар на текстилната индустрија за тексас и деним во Истанбул. Основна цел и намера на дизајнот е да воспостави непосредна физичка врска помеѓу персоналот во работилницата, продуктите

и материјалите коишто дневно се користат. Набљудувајќи ги традиционалните дизајни на овој тип простории, било забележано дека дури и наједоставните активности како седење, одење, работење и евалуирање на продуктите, дури и на најниско ниво, го лимитираат функционирањето на работилницата. За новиот дизајн, се јавила потреба да се овозможи флексибилност, за едно динамично работење, со пристап до целот волумен, наспроти користење

на мал ограничен простор. Првичниот идеен концепт е базиран на создавање на една континуирана платформа чиишто можности можат да се менуваат и прошируваат, наспроти користење на традиционална маса којашто го лимитира просторот и можностите. „Ние имавме за цел да ги ослободиме варијантите за седење, да овозможиме работа во движење, потпирање, среќавање, лесна комуникација со хангарите, набљудување на материјалите

РАБОТИЛНИЦА ЗА ФАРМЕРКИ ВО ИСТАНБУЛ

Драгица ФАРРЕН, дип.инж.арх.

Page 64: 226issuu

28 ноември 201464

64

ПОРТА

ентериер

(деним, различни материјали и украсни елементи) од различни далечини и овозможување поглед на сите заедно, за разлика од традиционалното дефинирање на поединечни места за поединечно дејствување“, објааснуваат

од студиото „Земберек Дизајн“. Во оваа насока се создадени различни елевации до 80 см, одделувајќи ги просторите со различни интензитети и истовремено поврзувајќи ги во мултифункционални платформи.

Овие елевации се искористени и за вметнување на вградени плакари коишто овозможуваат чисто и минималистичко презентирање на просторот. Додека криволиниската форма во подот и плафонот ја поддржуват насоката на едно

Page 65: 226issuu

65

65

ПОРТА28 ноември 2014

ентериер

динамично и флексибилно работење. „Нашата цел беше да овозможиме полесно фокусирање на одредени продукти со визуелно изложување на помала селекција на материјали. Исто така, креиравме различни висини на

нивоа со интересно, природно и вештачко осветлување, кое би го насочило вниманието точно на продуктите“, велат од студиото. Работилницата во Истанбул го привлекува вниманието на пошироката јавност со неговата исклучителна функционалност и

внесување на иновативност во работните процеси. Криволиниските линии во неговата внатрешност даваат една флуидност и магична експресивност во доживувањето, која понатаму се претвора во инспирација за понатамошно творење и создавање.

Page 66: 226issuu

28 ноември 201466

66

ПОРТА

арт

Археолошки музеј - сугестивен водич низ македонското минатоПоставката на новиот Археолошки музеј во центарот на Скопје, која брои илјадници артефакти од цела територија на земјата, за прв пат ги претставува бронзениот штит со симболите на македонското кралство од Старо Бонче и луксузната стаклена чаша (дијатрета) од римско време најдена близу Дебар, кои се раритетни археолошки примероци во светската археологија Кате АНТЕВСКА, историчар на уметноста

Page 67: 226issuu

67

67

ПОРТА28 ноември 2014

арт

Археолошкиот музеј на Македонија, кој неодамна се отвори во центарот на Скопје, е пресек на исклучително вредни археолошки пронајдоци

од целата територија на земјата, некои за прв пат изложени тука, кои навистина вредат да се видат. На површина од шест илјади метри квадратни, распоредени во три ката, се претставени неколку илјадници експонати, кои, слободно може да се каже, се есенција на тоа што се вели археологија во Македонија. Изложбената поставка е замислена на начин што на посетителот му овозможува да се движи низ изминатите векови, почнувајќи од праисторија па до среден век, додека

амбиентот е впечатлив и сугестивен. На приземјето се наоѓаат одделенијата за нумизматика, антропологија и лапидариумот, потоа како се качувате во погорните катови ги гледате материјалните остатоци од палеолитот, неолитот, енеолитот, бронзеното време, архајскиот, класичниот, македонско-хеленистичкиот и римскиот период, за на крај да се заврши со доцна антика и средниот век. Некои експонати ја имаат својата промоција токму тука. Еден од многуте репрезентативни примероци на новиот музеј е бронзениот штит од 3 век пр. н.е. откриен на локалитетот Старо Бонче во близина на Прилеп, кој првпат се изложува пред македонската и светската јавност. Во централниот простор на штитот е претставена 12-крака ѕвезда, во еписема, а околу неа се чита натписот на крал Деметриј. Кружното поле на бронзената плоча завршува со седум српести полиња во чија средина се изведени 8-краки ѕвезди. Штитовите припаѓале на војници од гардата на македонскиот владетел Деметриј II Полиоркет. Во Македонија се откриени уште два вакви штитови со симболите на македонското кралство, кои наскоро ќе бидат и презентирани. Според домашните научници, ова се ретки наоди во науката, слични примери има само уште во соседна Грција. Луксузната стаклената чаша од 4 век, т.н. дијатрета, најдена на локалитетот Таранеш близу Дебар, исто така има своја промоција во музејот. Чашата што била

во римски гроб има основа на пехар, изработена е од белузлаво стакло, а околу основата пак има мрежест дел направен од малахитно-зелено стакло. Станува збор за вреден примерок, бидејќи во светот се познати околу десетина слични примероци. Ваквите чаши биле скапи и можеле да си ги дозволат само богати луѓе. Меѓу експонатите големо внимание привлекува реконструкцијата на т.н. „гроб на пајонската свештеничка“, најден во железнодопската некропола Лисичин Дол на локалитетот Исар Марвинци во Валандово. Во гробот се ставени култни бронзи, накитот и другите предмети кои биле најдени за време на ископувањата. Од Исар Марвинци е изложен и бронзениот појас пронајден

Бронзен штит од 3 век пр. н.е., Старо Бонче

Стаклена чаша од 4 век, Таранеш

Page 68: 226issuu

28 ноември 201468

68

ПОРТА

Dekada na uspe[no rabotewe

арт

Бронзен појас од железно време,

Исар Марвинци

Тетовска Менада

Page 69: 226issuu

69

69

ПОРТА28 ноември 2014

арт

во некрополата Лисичин Дол, кој е единствен ваков пронајдок кај нас. Појасот е богато декориран со розети и бил гробен прилог. Поголема група на теракотни фигури од римско време од истиот локалитет се дел од големата поставка. Меѓу нив е т.н. танчерка. Навистина е преголем бројот на артефакти изложени во Археолошкиот музеј, затоа е и тешко да се издвојат

предмети по вредност, бидејќи сите се од големо значење за периодот што го застапуваат. Во нумизматичкиот оддел на пример, вредно е да се спомене депото на монети од времето на Александар III Македонски од Прилепец, Прилепско, како и сребрените монети од 13 век најдени на Скопско Кале. Во лапидариумот е изложена познатата Венера Пудика од Скупи, а во

музејот свое место најдоа и тетовската Менада, златниот накит и златните гулабици од Охридскиот регион од раната антика и од македонско-хеленистичкиот период, како и колекцијата на теракотните икони од Виничко Кале. Новиот Археолошки музеј на Македонија е капитален проект на Владата на Република Македонија и на Министерството за култура.

Гробот на т.н. пајонска

свештеничка, Исар Марвинци

Танчерка, теракотна фигура од Исар Марвинци

Page 70: 226issuu

28 ноември 201470

70

ПОРТА

инфо

ПРОТИВПОЖАРНИ МАТЕРИЈАЛИ

Собрание на Р.Македонија - Скопје Спортски центар „Јане Сандански“ - Скопје Проект „100 спортски сали“

ПРОТИВПОЖАРНИ МАТЕРИЈАЛИ

BAU 2015 - МИНХЕН

Најголем настан во градежниот сектор

Од 19 до 24 јануари идната година, саемот во Минхен ги отвора портите за светскиот водечки настан од архитектурата, материјалите и системите,

Саемот BAU 2015, најголемиот и најважниот настан во градежниот сектор. Последниот саем се одржа пред две години. На него учествуваа над 2.000 изложувачи од повеќе од 40 земји од целиот свет, а го посетија над 235.000 посетители. На изложбениот простор на BAU од 180.000 м2 - површина од 25 фудбалски игралишта, секогаш резервиран до последен сантиметар, ќе се сретнат архитектонски решенија, материјали и системи за комерцијални и резиденцијални објекти, за внатрешно уредување, како на новоградби,

така и за реновирање и модернизација. BAU е, исто така, најголем светски саем за архитекти и градежни инженери, привлекувајќи повеќе од 60.000 дизајнери и професионалци. Планирањето и градењето стануваат сè покомплексни и побарани. Глобализација, дигитализација, демографски промени, урбанизација, намалување на ресурсите, чиста енергија и потреба да се сочуваат енергијата и ресурсите, се предизвиците со кои се соочува градежниот сектор, а тие се толку различни што може да се победат само преку соработка помеѓу оние што се инволвирани и преку употребата на нови материјали и технологии. Како изгледа иднината на градењето? Како архитектите и планерите ги решаваат овие проблеми? Какви иновативни производи,

системи и методи на производство постојат? Кој, во денешно време, има визија за тоа како ќе изгледа реалноста во градежништвото во иднина? Одговори на овие прашања ќе може да се добијат за време на форумите што се организираат во рамки на саемот. Експерти од целиот свет ќе одговараат на прашања на Bau 2015. Тие ќе споделуваат идеи и искуства од нивната работа и нивните проекти. Целни групи на посетители се: планери, архитекти, дизајнери за внатрешна архитектура, инженери, надлежни лица од локалната и централната самоуправа, консултанти од енергенскиот сектор. Инвеститори, градежни фирми, градежна трговија, занаетчиски фирми. Истражување и образование.

Page 71: 226issuu

71

71

рубрика

ПОРТА28 ноември 2014

ПРОТИВПОЖАРНИ МАТЕРИЈАЛИ

Собрание на Р.Македонија - Скопје Спортски центар „Јане Сандански“ - Скопје Проект „100 спортски сали“

ПРОТИВПОЖАРНИ МАТЕРИЈАЛИ

Page 72: 226issuu

НАЈПОВОЛНО СТАНБЕНО КРЕДИТИРАЊЕ

+389 2 5 215 215, 072 204 024, 075 240 200078 240 467, 078 240 354,

070 365 738 075 244 244 - Охрид

6 (ШЕСТ)ПАТИ ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ГРЕЕЊЕ ОД ПОРАНО

Скопје - Аеродром

ПРВА КОМПАНИЈА СО „ЕНЕРГЕТСКИ ПАСОШ“

А - КЛАСА ВО МАКЕДОНИЈА

Интернационална награда за европски квалитет Париз - Франција 2014

100% МАКЕДОНСКА КВАЛИТЕТНА ГРАДБА

[email protected]/adora.inzeneringwww.instagram/adora_inzenering

Ново Лисиче - Аеродром - Скопје

Охрид - Билјанини Извори

Скопје - Аеродром Скопје - Под Водно

СО КУПЕН СТАН ДО АВТОМОБИЛ ПОЛОУШТЕ 1 МЕСЕЦ! ПОБРЗАЈТЕ!