32
УЧЕСТВО НА АРМИЈАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО СПРАВУВАЊЕ СО ШУМСКИ ПОЖАРИ ВО 2007 ГОДИНА Автор Фарук Хасиќ Скопје, 15 Јуни 2015 година

Armija na Republika Makedonija vo sprav so pozari vo 2007

  • Upload
    zambak

  • View
    256

  • Download
    6

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Во трудот се објаснети поимите кои се однесуваат на пожарите, видови на пожари и видови на шумските пожари. При изработка на овој труд користени се податоци од сите достапни извештаи и документи на Владата на Република Македонија, Центарот за управување со кризи и Армијата на Република Македонија кои се однесуваат на шумските пожари во 2007 година. Овој документ ја објаснува улогата на Армијата на Република Македонија во гасење на шумските пожари во 2007 година и укажува на потребата од континуирана обука и опремување на силите за заштита и спасување со квалитетна противпожарна опрема и средства со цел да се подобри нивната ефикасност при гасење на шумските пожари.

Citation preview

Page 1: Armija na Republika Makedonija vo sprav so pozari vo 2007

УЧЕСТВО НА АРМИЈАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО СПРАВУВАЊЕ СО ШУМСКИ

ПОЖАРИ ВО 2007 ГОДИНА

Автор Фарук Хасиќ

Скопје, 15 Јуни 2015 година

Page 2: Armija na Republika Makedonija vo sprav so pozari vo 2007

2

С О Д Р Ж И Н А

Краток извадок / Abstract...................................................................................... 3

Вовед...................................................................................................................... 4

1. ПОИМ И ДЕФИНИРАЊЕ НА ТЕРМИНОТ ПОЖАР НА ОТВОРЕН

ПРОСТОР СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ШУМСКИТЕ ПОЖАРИ....................... 5

1.1. Поим и дефинирање на терминот пожар................................................ 5

1.2. Шумски пожари во Република Македонија.............................................. 9

2. ШУМСКИ ПОЖАРИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО 2007 ГОДИНА...... 14

2.1. Причини за настанување на шумските пожари во 2007 година............. 14

2.2. Распространетост на шумските пожари во 2007 година........................ 16

3. СПРАВУВАЊЕ СО ШУМСКИ ПОЖАРИ ВО 2007 ГОДИНА........................... 20

3.1. Прогласување на кризна состојба и преземање на мерки за

справување со шумските пожари во 2007 година................................... 20

3.2. Ангажирање на расположливите ресурси на Република Македонија

при справување со шумските пожари во 2007 година............................ 21

3.3. Ангажирање на сили и средства на Армијата на Република

Македонија при справување со шумските пожари во 2007 година....... 25

Заклучок................................................................................................................. 29

Користена литература.......................................................................................... 30

Page 3: Armija na Republika Makedonija vo sprav so pozari vo 2007

3

Краток извадок

Во трудот се објаснети поимите кои се однесуваат на пожарите, видови

на пожари и видови на шумските пожари.

При изработка на овој труд користени се податоци од сите достапни

извештаи и документи на Владата на Република Македонија, Центарот за

управување со кризи и Армијата на Република Македонија кои се однесуваат

на шумските пожари во 2007 година.

Овој документ ја објаснува улогата на Армијата на Република

Македонија во гасење на шумските пожари во 2007 година и укажува на

потребата од континуирана обука и опремување на силите за заштита и

спасување со квалитетна противпожарна опрема и средства со цел да се

подобри нивната ефикасност при гасење на шумските пожари.

Целата работа се заснова на широк спектар на библиографски единици

кои ја обработуваат оваа област.

Клучни зборови: пожар, шумски пожар, армија, кризна состојба

PARTICIPATION OF THE ARMY OF REPUBLIC OF MACEDONIA IN

EXTINGUISHING FOREST FIRES IN 2007

Abstract

The concepts of fires, types of fires and forest fires are described in this

document.

Data from all available reports and documents from the Government of

Republic of Macedonia, Department for crisis management and the Army of Republic

of Macedonia considering forest fires in 2007, were used in the process of the

making of this document.

It explains the role of the Army of Republic of Macedonia in extinguishing

forest fires in the year of 2007 and it points out the need for continuous training of

the forces and arming them with quality firefighting equipment and recourses to

increase their efficiency in dealing with forest fires.

Overall this document is based on a wide specter of bibliographical units

focused on this domain.

Key words: fire, forest fire, army, crisis

Page 4: Armija na Republika Makedonija vo sprav so pozari vo 2007

4

ВОВЕД

Ангажирањето на Армијата на Република Македонија (АРМ) на задачите

кои се однесуваат на справување со природни непогоди и други несреќи е

регулирано со Законот за управување со кризи1. АРМ од своето постоење до

денес секогаш земаше активно учество во справување со природните непогоди

во Република Македонија, а особено беше ангажирана на гасење на шумски

пожари.

Во првиот дел на овој труд објаснети се поимот на терминот пожар на

отворен простор со посебен осврт на шумските пожари.

Во вториот дел се обработени шумските пожари во Република

Македонија во 2007 година, причини за нивното настанување и

распространетост.

Во третиот дел се обработени прашањата кои се однесуваат на

справување со шумски пожари во 2007 година со тежиште на ангажирањето на

силите и средствата на АРМ при справување со шумските пожари во 2007

година.

На крајот од трудот во заклучокот се дадени предлози за подобрување

на капацитетите на силите и средствата на Република Македонија кои во

иднина би биле ангажирани на гасење на шумските пожари.

1.Закон за управување со кризи. Службен весник на Република Македонија бр.29/2005 и

бр.36/2011.

Page 5: Armija na Republika Makedonija vo sprav so pozari vo 2007

5

1. ПОИМ И ДЕФИНИРАЊЕ НА ТЕРМИНОТ ПОЖАР НА ОТВОРЕН

ПРОСТОР СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ШУМСКИТЕ ПОЖАРИ

1.1. Поим и дефинирање на терминот пожар

Историски гледано, пожарите отсекогаш се сметале за голема опасност

за луѓето. Денес, покрај тоа што постојат модерни методи, технологии и

средства за гасење на пожар, пожарите се уште претставуваат голема

опасност како за населението така и за нивните имоти.

Пожар претставува процес на неконтролирано согорување на материја,

кој доведува до загрозување на животите на луѓето и предизвикува

материјални загуби.

При процесот на согорување се јавуваат следните ефекти:

ослободување на температура;

ослободување на продукти кои можат да имаат токсични

карактеристики и

појава на чад.

Чадот кој настанува при согорување го отежнува движењето и

ориентацијата на луѓето.

За да дојде до горење потребно е присуство на следните основни

елементи:

материјал кој може да гори;

соодветна температура за да го запали материјалот кој може

да гори, и

воздух (односно присуство на кислород).

Пожарите се разликуваат во однос на местото на нивното настанување,

видот на материјал кој гори, обемот, фазите на развој итн.

Според местото на нивното настанување, пожарите се делат на:

внатрешни пожари и

надворешни пожари.

Според видот на материјата која гори, според европската

класификација2, пожарите се групираат во пет класи: A, B, V, D и F3.

2 ISO 3941:2007.

3 Види Слика 1.

Page 6: Armija na Republika Makedonija vo sprav so pozari vo 2007

6

Слика 1. Класификација на пожари според видот на материјата која гори

(ISO 3941:2007).

Во класата „A” спаѓаат пожари на цврсти материјали кои согоруваат со

пламен и жар, како што се на пример: дрво, хартија и слични материјали. Овие

пожари најчесто се гасат со вода.

Во класата „B” спаѓаат пожари на запаливи течности кои не се мешаат со

вода, како што се на пример: нафтените деривати, растворувачи, бои, лакови,

масти итн. Овие пожари се гасат со користење на прав, CO2 или пена.

Во класата „C” спаѓаат пожари на запаливи гасови, како што се на

пример: метан, пропан, бутан, ацетилен итн. Овие пожари се гасат со

користење на прав.

Во класата „D” спаѓаат пожари на запаливи лесни метали, како што се на

пример: алуминиум, магнезиум и нивните легури. Овие пожари се гасат со

користење на суви средства (прав, сув кварцен песок, струготини од сивиот

лив).

Во класата „F” спаѓаат пожари на растителни и животински масла. Овие

пожари се гасат како и пожарите од класата „B”.

Според европската норма „EN2”, порано постоеше и класата „Е” која се

однесуваше на пожари на електричната инсталација со напон до 1.000V (се

однесува на инсталација со слаба струја). Оваа норма е отфрлена, бидејќи

постоечките ППА4 се наменети за гасење на пожари на електричните

инсталации со слаба струја (напон до 1.000V) при тоа мора да се почитува5

пропишано сигурносно растојание наведено на ППА6.

4.ППА – противпожарни апарати.

5.Правилник за мерките за заштита од пожари, експлозии и опасни материи. Службен весник на

Република Македонија бр.32/2011. 6.ISO 3941:2007.

Page 7: Armija na Republika Makedonija vo sprav so pozari vo 2007

7

Според причинителот, пожарите можат да се поделат на две групи на

пожари, односно: пожари предизвикани од човекот и неговите активности. како

и пожари предизвикани од природни сили и појави.

Пожарите во однос на причината на нивното настанување се делат на

пожари предизвикани од:

човекот7;

отворен пламен и искри;

електрична енергија;

статички електрицитет;

хемиски реакции;

самозапалување;

пушење;

неред и нечистотија;

природните појави8.

Човекот како причинител за настанување на пожар. Човекот од

незнаење, негрижа и невнимание е еден од најважните причини за

настанување на пожари. Затоа е потребно редовно запознавање на граѓаните

со опасностите од пожарот кои се присутни во местото на живеење и на

работа. Намерните пожари предизвикани со свесна човечка активност се

нарекуваат палежи.

Отворен пламен и искри. Секој отворен пламен доколку не е под

контрола може да предизвика палење на запалива материја. Отворениот

пламен може да предизвика палење на експлозивни смеси. Затоа во средината

каде што е можно присуство на запаливи гасови и пареи на запаливи течности,

забрането е палење на отворен пламен. Слично е и со искрење. Секое

искрење во одредени средини може да предизвика пожар (брусење,

заварување итн.).

Електрична енергија. Поради неисправни електрични уреди,

инсталации и опрема доаѓа до настанување на голем број на пожари. Во овие

случаи, пожарите настануваат поради:

7.Центар за управување со кризи. (2008, април 2). Информација за шумски пожари и штети во

2007 година. Скопје. 8.Радовановић, М. & Gomes, J.F.P. (2008). Сунчева активност и шумски пожари. Српска

академија наука и уметности, Географски институт „Јован Цвијић“, Посебна издања, Књига 71, Београд: монографија ISBN 978-86-80029-40-5.

Page 8: Armija na Republika Makedonija vo sprav so pozari vo 2007

8

преоптовареност на електричните инсталации со приклучени уреди;

несоодветно поврзување, премостување на осигурачите;

краток спој и дефекти во електричната инсталација;

дефекти во електричните уреди9.

Статички електрицитет. Статичкиот електрицитет настанува со

триење на две површини: текстил на валјаци, течност низ цевки итн. Основна

опасност е можноста за појава на искра односно електрично празнење со искра

која се јавува при допир на наелектризирани тела. Опасност постои во

индустријата за производство на хартија, текстил, пластика, гума, експлозиви

итн.

Хемиски реакции. Егзотермни хемиски реакции при кои доаѓа до

ослободување на топлина поради која може да се запали една од

компонентите која учествува во хемиската реакција или да запали некоја

хемиска материја. На пример10: азотна киселина може да запали слама,

негасена вар може да ги запали вреќите доколку е во нив складирана итн.

Самозапалување. Одреден број материи (пред се од органско потекло)

можат при одредени услови постепено да се загреат и да се запалат. При оваа

појава т.н. самозапалување може да дојде без присуство на надворешни

извори. Во оваа група на материи спаѓаат: памук натопен со масни материи,

сено, слама итн. Самозагревањето и самозапалувањето се последица на

физички, хемиски и биолошки промени. Кај сеното до самозагревање и

самозапалување доаѓа поради присуство на микроорганизми кои ослободуваат

енергија која се складира во самото сено која по одреден период може да

доведе до самозапалување на сеното. Потребно е редовно контролирање на

температурата во складираниот материјал.

Пушење. Фрлање на неизгасната цигара или догорче можат да запалат

разни запаливи материи. Температурата на отпушокот е 350-650оС и истиот

претставува опасност од 6-12 минути.

Неред и нечистотија. Запаливите материјали: крпи, хартија, треба да

се отстрануваат од работните простории . Околу објектите треба редовно да се

отстранува сувата трева, сувите лисја и друг отпаден материјал.

9,Солунчевски, М. & Ѓоревски, И. (2012). Ресурси и мерки за снабдување во кризни услови и

заштита и спасување. Универзитет „Гоце Делчев“ Штип, Воена Академија „Генерал Михаило Апостолски“ Скопје - придружна членка. Скопје: интерна скрипта. 10

Исто.

Page 9: Armija na Republika Makedonija vo sprav so pozari vo 2007

9

Природни појави. Најчести причини се сончевата топлина и громот11. Во

одредени случаи под силно сонце и одреден агол некој материјал стакло итн.,

можат да доведат до запалување на горлива материја. Громот е електрично

празнење кое погодува високи објекти или дрва и кое ослободува енергија и

може да предизвика пожар.

Постојат и други причини за појава на пожар но овие се најистакнати.

Врз основа на напред наведеното може да се заклучи дека пожарите

претставуваат процес на неконтролирано согорување на материи, кој ги

загрозува животите на луѓето и предизвикува голема материјална штета, па

според тоа може да се изведе дефиниција за пожар, т.е.

Пожар претставува неконтролирано горење на материи кое

намерно или од невнимание го предизвикал човекот или е резултат на

природни, биолошки, физички или хемиски процеси.

1.2. Шумски пожари во Република Македонија

Шумските пожари претставуваат неконтролирано и стихиско движење на

огнот по шумската површина12.

Како појава, шумските пожари спаѓаат во природни катастрофи. Тие се

разликуваат по вид, начинот на настанување и предизвиканата штета.

За појава на пожар потребна е определена температура, воздух

(кислород) и горлив материјал. Ако еден од овие предизвикувачи се отстрани,

пожарот престанува. Летниот период е критичен за појава на пожари. Со

настапувањето на сушен период, високи температури на воздухот и на

површината на земјата, релативно ниската влажност на воздухот, како и

масовното зреење и сушење на тревната вегетација, наглото зголемување на

бројот на луѓе (евентуални предизвикувачи на пожари), кои ја посетуваат

шумата, создадени се услови за зголемена појава на шумски пожари.

Постојат четири вида на шумски пожари13:

11

.Радовановић, М. & Gomes, J.F.P. (2008). Сунчева активност и шумски пожари. Српска академија наука и уметности, Географски институт „Јован Цвијић“, Посебна издања, Књига 71, Београд: монографија ISBN 978-86-80029-40-5. 12

.Центар за управување со кризи. (2008, април 2). Информација за шумски пожари и штети во 2007 година. Скопје. 13

.Јавно претпријатие „Македонски шуми“. (2007, септември). Борба со огнената стихија. Скопје, списание „Наши шуми“ бр.36.

Page 10: Armija na Republika Makedonija vo sprav so pozari vo 2007

10

(1) Приземниот пожар настанува кога ќе се запали површинска

покривка на почвата, хумус, лисја, мов, сува трева, суво дрво, пенушки. Ова е

најчест вид на шумски пожар, брзо се шири со обилни пламени јазици и висока

температура.

(2) Пожарот на крошните на дрвото се развива од приземниот

пожар, доколку ги зафати гранките на стеблото и младите состоини. Настанува

во сушни периоди во годината, најчесто горат игличките на крошната. За да

може да се прошири треба да има приземен пожар и поволен ветер. Овој вид

на пожар е најопасен и најтешко се сузбива. Виорите на ветрот можат да го

пренесат и десетици метри подалеку, оставајќи зад себе и поголеми

неизгорени површини.

(3) Подземни пожари или пожар на тлото, настанува при палење на

стрништа или подземни слоеви на тресет. Таквиот оган напредува полека и

тлее, причинува најмалку штети и најлесно се гаси.

(4) Пожарот на поединечни стебла настанува од удар на молња, чест

е во прашумски предели и на места каде има многу суви гранки.

Потенцијално гориво за шумските пожари е: живо стебло, постоечко

трње, површински покривачи на тлото, трева, мов, суви стебла и дрвни

отпадоци.

Борбата против шумските пожари пред сè треба да биде превентивното

делување, навремено откривање, дојава и брза интервенција.

Штетите од пожарите се фатални и тешко надоместливи. Пред сè, во

пожарите страда човекот, се уништува дрвната маса, настанува ерозија на

почвата во шумите, се оштетуваат физичките својства на подлогата, се

намалува количината на хумус, а со тоа и производните вредности на почвата,

се нарушува естетската вредност на животната средина, угинуваат животните,

горат објекти во шумата итн14.

Штетите од шумските пожари најчесто се високи, од причина што покрај

непосредната загуба на шумски комплекси, неповратно се уништуваат и многу

други добра од општествен и индивидуален карактер (населби, шумски куќи за

различна намена, туристички, излетнички и др. центри, инфраструктура и др.).

Шумските пожари, често се проследени и со изгубени човечки животи.

14

.Исто.

Page 11: Armija na Republika Makedonija vo sprav so pozari vo 2007

11

Во основа на настанатите штети од шумските пожари, тие можат да се

поделат во две основни категории:

штети од непосредна природа-штети врз шумите (непосредна

економска природа) и

штети на еколошките-општокорисните функции на шумите

(посредна економска природа).

За релевантно утврдување на висината на штетите од шумските пожари,

секоја корисна функција на шумите треба да биде точно дефинирана15 и за

секоја треба да се утврди и вреднува висината на штетата16.

Шумските пожари според бројот, обемот на штетата искажана преку

опожарена површина и дрвна маса, се анализирани за период од 1998-2007

година17. Анализираните податоци се однесуваат на шумските пожари на

подрачјето од 30 подружници на Јавното претпријатие „Македонски шуми”.

Табела 1. Податоци за шумски пожари во Република Македонија

во период од 1998 до 2007 година18.

Година Број на шумски

пожари Опожарена

површина (ha) Опожарена

дрвна маса (m3)

1998 151 2859 26104

1999 90 1465 5687

2000 398 32939 562303

2001 255 7312 84451

2002 121 1726 9145

2003 193 2282 15328

2004 161 2034 15130

2005 260 3361 7313

2006 185 3065 23517

2007 620 39162 392914

Вкупно: 2434 96204 1141892

15

.Методологија за содржината и начинот на проценување на опасностите и планирање на заштитата и спасувањето. Службен весник на Република Македонија бр.76/2006. 16

.Види: Македонски информативен систем за шумски пожари МKFFIS v.2 - Public (EFFIS): http://mkffis.cuk.gov.mk. 17

.Државен инспекторат за шумарство и ловство во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија. (2007, ноември 22). Информација за причинети штети од шумски пожари во 2007 година. Скопје, бр.14-16792/2. 18

Центар за управување со кризи. (2008, април 2). Информација за шумски пожари и штети во 2007 година. Скопје. Податоците наведени во табелата се добиени од ЈП „Македонски шуми“, а претходно се контролирани од Државниот инспекторат за шумарство и ловство.

Page 12: Armija na Republika Makedonija vo sprav so pozari vo 2007

12

Во период од 1998 до 2007 година се јавиле вкупно 2434 шумски пожари,

при тоа била опожарена вкупна површина од 96.204ha и опожарена (оштетена)

дрвна маса од 1.141.892m3.

Што се однесува до динамиката на бројот на шумските пожари во период

од 1998 до 2007 година, најголем број на шумски пожари се регистрирани во

2007-та и тоа 620 шумски пожари и во 2000-та година 398 шумски пожари.

Обемот на опожарената површина на шуми бил најголем во 2007-та

година и тоа 39.162ha и во 2000 година со 32.939ha.

Најголем обем на опожарена, односно оштетена дрвна маса е

забележан во 2000-та година кога изнесува 562.303m3, а потоа следи 2007

година со вкупно 392.914m3.

Може да се констатира дека 2000-та и 2007-та година, според бројот на

шумските пожари и според обемот на штетите (опожарена површина и дрвна

маса), се екстремни и претставуваат национална катастрофа19.

Од сите причинители на штети на шумите, најопасни за шумите се

шумските пожари. Поради големината на штетите кои ги предизвикуваат и

опасностите кои ги носат со себе, шумските пожари претставуваат национална

катастрофа и спаѓаат во категоријата на кризна состојба.

Последици врз околината од шумските пожари се20:

Кога се уништува шумата се намалува производството на кислород и

апсорпцијата на јаглерод диоксид од дрвата. Дополнително, за време на

пожарот се ослободуваат огромни количини на CO2. Зголемувањето на CO2

значи зголемување на глобалното затоплување;

Почвата и лисјата во шумите апсорбираат до 50% од дождовите. После

пожар, водата нема можност да биде задржана и настануваат поплави;

Почвата не е повеќе заштитена од дождот, па се појавува ерозија;

Подземните води и изворите не се обновуваат повеќе со свежа вода и се

намалува нивниот капацитет, како и квалитетот на водата за пиење;

Кога една шума постојано претрпува пожари таа станува неплодна и

каменеста;

19

.Јавно претпријатие „Македонски шуми“. (2008). ЈП МАКЕДОНСКИ ШУМИ 1998-2008. Скопје: монографија. 20

Исто.

Page 13: Armija na Republika Makedonija vo sprav so pozari vo 2007

13

Се намалува животниот простор на дивите животни, со што се намалува и

нивниот број;

Се уништуваат шумските производи, како што се дрво за граѓа, шумските

плодови и природните лекови;

Во просек обновата на изгорениот шумски појас трае и до 50 години;

Водите во околината се загадени од огромните количини на пепел што се

разнесува после пожарот, што директно влијае на рибите и растенијата;

Се зголемува интензитетот на ветровите, се менува микроклимата (на

пример: во околината на Битола после големите шумски пожари во 2007

година изгореа околу 6.000ha борова шума, а наредните години летата во

Битола станаа значително потопли21);

Се отвора простор за населување на штетници нетипични за дадениот

регион, кои дополнително може да ја уништат шумата.

Според информациите од надлежните лица и институции, најголем дел

од шумските пожари, се намерно предизвикани од човекот. Во Република

Македонија, примарна и најчесто, единствена причина за појава на шумските

пожари е човекот. Предизвикувачите на шумските пожари, односно

потпалувачите на шумите како и палењето на стрништа, меѓи, пасишта и други

објекти и имот, треба да бидат благовремено откриени, изведени пред суд и

соодветно санкционирани.

Потребни се посебни анализи за да се утврдат реалните причини и

фактори кои ги предизвикале ваквите екстремни и катастрофални појави22.

Шумските пожари како едно од најголемите зла на човештвото, за миг

уништуваат огромно природно и материјално богатство, а процесот на

подигнување и повторно обновување на шумските екосистеми е долг,

макотрпен, комплексен и скап процес. Затоа, превентивата за заштита на

шумите од шумски пожари, треба да има доминантно место и улога во

стратегијата за заштита од шумски пожари23.

21

.www.meteo.gov.mk. 22

.Процена на загрозеност на Република Македонија од природни и други несреќи. Службен весник на Република Македонија бр.117/2010. 23

.Јавно претпријатие „Македонски шуми“. (2007, септември). Борба со огнената стихија. Скопје, списание „Наши шуми“ бр.36.

Page 14: Armija na Republika Makedonija vo sprav so pozari vo 2007

14

2. ШУМСКИ ПОЖАРИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО 2007 ГОДИНА

2.1. Причини за настанување на шумските пожари во 2007 година

Шумите претставуваат заедници24 кои се состојат од жива природа

(растенија, животни, микроорганизми и други) и мртва природа (почва,

геолошка подлога, вода, разна инфраструктура и друго)25.

Живите растенија во нормални еколошки услови, односно кога се

поволни климатските услови, во себе содржат доволно количество на вода,

која значително ја намалува опасноста од појава на шумски пожари26.

Во шумите, во зависност од нејзините карактеристики и влијанија на

разни фактори (географска положба, возраст, состав, структура, склоп, обраст,

покровноста и др.), присутно е помало или поголемо количество на лесно

запаливи (горливи) материи (сува трева, сув листинец, суви гранки, суви

изумрени паднати и стоечки стебла од дрвја и грмушки).

Во време на високи температури и подолготрајни суши, лесно запаливи

материи во шумите се иницијална база за појава и развој на шумските пожари.

Количината на овој запалив материјал е правопропорционална на опасноста од

појава на пожар.

Долготрајните суши и екстремно високите температури на воздухот се

честа појава не само во Република Македонија туку и пошироко на Балканот и

Медитеранот27. Во такви неповолни еколошки услови брзо се намалува

количеството на активна вода во растенијата, со што се зголемува опасноста

од појава и брзо ширење на пожарите28.

Шумските пожари се предизвикуваат на повеќе начини и тоа:

природно (од појава на громови и сл.);

намерно (дејности на човекот - човечка природа);

невнимание (негрижа на излетници, кампери, ловци и сл.) и

24

.Биоценоза (grč. βiοs - bios = живот + κοινός - koinós = заедница) претставува збир на исти или различни видови на организми на одреден простор (biotop) во определено време. 25

.Škrijelj, R. & Đug, S. (2009). Uvod u ekologiju životinja. Prirodno-matematički fakultet Sarajevo, Bosna i Hercegovina: knjiga ISBN 978 9958-592-03-4. 26

.Mučibabić, S. (1960). Osnovi ekologije. Univerzitet u Sarajevu, Sarajevo, Bosna i Hercegovina: knjiga. 27

.www.meteo.gov.mk. 28

.Јавно претпријатие „Македонски шуми“. (2007, септември). Борба со огнената стихија. Скопје, списание „Наши шуми“ бр.36.

Page 15: Armija na Republika Makedonija vo sprav so pozari vo 2007

15

неутврдено.

Во зависност од начинот и причината за настанување на шумските

пожари во Република Македонија, официјалните податоци се следните29:

65% пожари се предизвикани како последица на невнимание;

10% пожари се намерно предизвикани,

2% пожари се настанати од природни фактори,

а за вкупно 23% (скоро 1/4) од пожарите не е утврден начинот и

причината за нивното настанување.

Овие процентуални податоци за начинот и причината за настанување на

шумските пожари во Република Македонија се слични со другите земји во

Европа и светот30.

Во Република Македонија, истражувањата покажаа дека примарна и

најчесто единствена причина за појава на шумските пожари е човекот. Голем

број на шумски пожари се случиле како последица на палење стрништа, меѓи и

закоровени пасишта. Иако истото со Закон за шумите31 е забрането

(пустошење на шума, предизвикување шумски пожари, палење на стрништа),

тоа и понатаму се случува редовно, а во мал број на случаи оваа појава е

санкционирана од надлежните органи32.

Со сигурност може да се каже, дека голем дел од пожарите во Република

Македонија како и соседните држави (според информации од надлежните лица

и институции), се намерно предизвикани. Мотивите се од различна природа:

незадоволство од односот на институциите на системот;

остварување на лична корист;

социјално-економската состојба на населението;

проширување на граници на ниви, ливади или пасишта;

уништување на корови-плевели (палење на стрништа);

чистење на пасишта од смрека и други грмушки и корови;

политичка природа;

29

.Центар за управување со кризи. (2008, април 2). Информација за шумски пожари и штети во 2007 година. Скопје. 30

.Радовановић, М. & Gomes, J.F.P. (2008). Сунчева активност и шумски пожари. Српска академија наука и уметности, Географски институт „Јован Цвијић“, Посебна издања, Књига 71, Београд: монографија ISBN 978-86-80029-40-5. 31

.Закон за шумите. Службен весник на Република Македонија бр.47/1997, бр.7/2000, бр.89/2004 и бр.54/2007, членови 25, 45, 50, 74, 76, 77 и 79. 32

.Центар за управување со кризи. (2008, април 2). Информација за шумски пожари и штети во 2007 година. Скопје.

Page 16: Armija na Republika Makedonija vo sprav so pozari vo 2007

16

пренамена на земјиштето за урбани и други цели;

уништување на одредени туристички центри и други објекти и

капацитети (современ облик на тероризам) и др.

2.2. Распространетост на шумските пожари во 2007 година

Во летниот период во 2007 година на територијата на Република

Македонија се случија голем број на шумски пожари кои беа распространети на

целокупната територија на државата. Овие шумски пожари се разликуваа по

нивното времетраење и големината на зафатената површина33.

Според првичните податоци на Центарот за управување со кризи за

настанатата штета во Република Македонија во 2007 година имаше вкупно 43

шумски пожари и беше изгорена шума со вкупна површина од 8.819ha34.

Слика 2. Податоци за шумските пожари и опожарените површини на териториите на Главните центри за управување со кризи (ГЦУК)

во Република Македонија во период од 18.07.-05.08.2007 година35.

33

Види слика 2. 34

Види табела 2. 35

.Државен инспекторат за шумарство и ловство во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија. (2007, ноември 22). Информација за причинети штети од шумски пожари во 2007 година. Скопје, бр.14-16792/2. Ова се првични податоци, без извршена категоризација на опожарените површини и без целосна проценка на штетите кои

Page 17: Armija na Republika Makedonija vo sprav so pozari vo 2007

17

Табела 2. Преглед на податоци за пожарите на териториите на ГЦУК во Република Македонија во период од 18.07.-05.08.2007 година36.

РБ ГЦУК

Вид на пожарот

Вкуп

но

по

жа

ри

по

ре

гио

ни

Површина зафатена со пожар

во хектари (ha)

Вкуп

но

во

хе

кта

ри

(h

a)

Шу

ма

Зе

мјо

де

лс

ки

ку

лту

ри

Др

уго

Шу

ма

Зе

мјо

де

лс

ки

ку

лту

ри

Др

уго

1 Битола 6 0 22 28 2994 30 759 3783

2 Велес 1 1 15 17 20 0 105 125

3 Куманово 5 1 12 18 1562 0 708 2270

4 Охрид 1 0 20 21 20 0 430 450

5 Скопје 6 0 16 22 375 0 5 380

6 Струмица 11 0 5 16 2560 0 3 2563

7 Тетово 7 0 25 32 636 0 174 810

8 Штип 6 1 13 20 652 0 125 777

ВКУПНО 43 3 128 174 8819 30 2309 11158

Доколку се изврши анализа на податоците за пожарите по денови се

добива податок дека вкупниот бројот на пожари изнесува 51237. Овој податок

ни кажува дека одредени шумски пожари биле активни повеќе денови и дека

нивниот интензитет бил значително поголем.

Бројот на шумските пожари по денови и нивната распространетост на

територијата на Република Македонија во летниот период во 2007 година,

поради ограничени ресурси, негативно влијаеше на целокупниот процес на

гасење на шумските пожари.

Ваквата состојба со пожарите наметна потреба од прогласување на

кризна состојба. Целта на прогласување на кризната состојба беше да се

овозможи ангажирање на сите расположливи сили и средства на Република

Македонија.

дополнително се изготвени од страна на меѓуресорска работна група формирана од страна на Владата на Република Македонија. 36

.Исто. 37

Види табела 3.

Page 18: Armija na Republika Makedonija vo sprav so pozari vo 2007

18

Табела 3. Интензитет на пожарите во Република Македонија во период од 18.07.-05.08.2007 година38.

Според податоците на ЈП „Македонски шуми” изработени врз база на

теренски анализи и контрола на истите од страна на Државниот инспекторат за

шумарство и ловство39, вкупниот број на шумски пожари во 2007 година

изнесува 620, при што е опожарена површина од вкупно 39.162ha и е

опожарена дрвна маса од вкупно 392.914m3.

Табела 4. Збирни податоци за шумските пожари во Република Македонија во 2007 година40.

Година Број на шумски пожари

Опожарена површина

(ha)

Опожарена дрвна маса

(m3)

2007 620 39162 392914

38

.Исто. 39

Види табела 4 (Извод од анализата на шумските пожари во Република Македонија за период од 1998 до 2007 година). 40

Центар за управување со кризи. (2008, април 2). Информација за шумски пожари и штети во 2007 година. Скопје. Податоците наведени во табелата се добиени од ЈП „Македонски шуми“, а претходно се контролирани од Државниот инспекторат за шумарство и ловство.

Page 19: Armija na Republika Makedonija vo sprav so pozari vo 2007

19

Овие податоци се разликуваат од податоците во претходните табели од

причина што истите се однесуваат на вкупниот број на шумски пожари во 2007

година, а не само на периодот од 18.07.-05.08.2007 година.

Доколку се направи пресметка на причинетата штета на опожарената

дрвна маса во 2007 година според средната пазарна цена на 1m3 дрва за

огрев која изнесува ≈35€ ќе добиеме износ од 13.751.990€, од што може да се

заклучи дека се работи за голем износ на причинета штета на опожарената

дрвна маса.

Вкупната материјална штета од шумските пожари е значително поголема

од причина што покрај опожарената дрвна маса треба да се земат во предвид

и останатите трошоци како што се:

- потрошени ресурси кои биле ангажирани на гасење пожар од страна

на сите органи на управата, министерствата, единиците на локална

самоуправа, институциите, претпријатијата и др.;

- финансиски средства за санирање на последиците настанати од

шумски пожари (пошумување и др. мерки);

- финансиски средства за набавка на потрошените ресурси за гасење

на пожарите итн.

Од напред наведеното може да се заклучи дека проблемот со пожарите

е комплексен и тоа почнувајќи од фазата на справување со пожар заклучно со

отстранување на последиците од пожар.

Page 20: Armija na Republika Makedonija vo sprav so pozari vo 2007

20

3. СПРАВУВАЊЕ СО ШУМСКИ ПОЖАРИ ВО 2007 ГОДИНА

3.1. Прогласување на кризна состојба и преземање на мерки за

справување со шумските пожари во 2007 година

За првпат по осамостојувањето на Република Македонија, донесувањето

на Законот за управување со кризи41 и формирањето на Центарот за

управување со кризи, Владата во 2007 година прогласи кризна состојба.

Центарот за управување со кризи во континуитет ја следел состојбата

со појавата на високите температури, посебно во втората половина на месец

јули 2007 година и зачестените пожари на отворен простор на целата

територија на Република Македонија. Врз основа на извршените проценки во

Центарот, анализите на информациите кои се добивале од соодветните

служби и фактичката состојба на теренот, каде температурите енормно

растеле, а пожарите на отворен простор земале се поголем замав, Директорот

на Центарот, во својство на раководител на Групата за процена и член на

Управувачкиот комитет, доставил барање за свикување на седница на

Управувачкиот комитет на која се разгледала состојбата со пожарите на

територијата на Република Македонија и се донеле одлуки за преземање на

соодветни мерки и активности.

Управувачкиот комитет доставил предлог до Владата на Република

Македонија за прогласување на кризна состојба и предвидување на посебни

мерки и активности за справување со масовните пожари на отворен простор,

на целата територија на Републиката. Од страна на Владата бил прифатен

предлогот на Управувачкиот комитет да се донесе Одлука42 за прогласување

на кризна состојба на целата територија на Република Македонија во траење

од 14 дена почнувајќи од 18.07.2007 година.

Со Одлуката за прогласување на кризна состојба се активирал Главниот

штаб43 при Центарот за управување со кризи, кој од страна на Владата на

Република Македонија бил задолжен да раководи со целокупните активности

41

.Закон за управување со кризи. Службен весник на Република Македонија бр.29/2005 и бр.36/2011. 42

.Одлука на Влада на Република Македонија за постоење на кризна состојба заради пожарите од пошироки размери. Службен весник на Република Македонија бр.90/2007. 43

Извадок од Нацрт-записник од 53 седница на Владата на Република Македонија.

Page 21: Armija na Republika Makedonija vo sprav so pozari vo 2007

21

за превенција и справување со актуелната кризна состојба44. Покрај Главниот

штаб, заради целосно остварување на функциите и справување со кризната

состојба на локално ниво, од страна на Директорот на Центарот со посебни

одлуки биле активирани и Регионалните штабови во сите 35 Регионални

центри за управување со кризи.

3.2. Ангажирање на расположливите ресурси на Република

Македонија при справување со шумските пожари во 2007 година

Заради справување со големиот број активни пожари, биле ангажирани

ресурси во сопственост на сите релевантни институции во Република

Македонија. Просечното дневно ангажирање на ресурси се движело на околу

30 пожари од поголем размер на отворен простор, а кулминацијата на бројот

на пожарите се случила на 25.07.2007 година кога ресурсите истовремено се

ангажирале на 67 локации45.

Справувањето со пожарите, во почетокот се потпирало на ресурсите

(човечки и материјални) на локално ниво, но заради високите температури,

големината на опожарените површини и динамиката на активните пожари во

ист период, неопходно било преземање на активности од страна на Главниот

штаб во насока на употребата на националните ресурси, согласно Законот за

управување со кризи46 и заклучоците на Владата на Република Македонија.

За целиот овој период Центарот воспоставил и водел работна карта за

следење на состојбата со пожарите на територијата на Република Македонија

и преглед на сите расположливи национални ресурси, од што произлегувале

конкретни предлози до Главниот штаб за спроведување на целокупната

пропорционална (според природата и интензитетот на кризната состојба),

разумна (според карактерот на кризната состојба) и сериозна (според јачината

и обемот) координација за употребата на ресурси.

Непосредно и на терен во гасењето на пожарите биле ангажирани

човечките ресурси на ТППЕ, шумските стопанства, ЈП, месното население,

44

.Закон за управување со кризи. Службен весник на Република Македонија бр.29/2005 и бр.36/2011. Член 24. 45

Види табела 3. 46

.Закон за управување со кризи. Службен весник на Република Македонија бр.29/2005 и бр.36/2011.

Page 22: Armija na Republika Makedonija vo sprav so pozari vo 2007

22

припадниците на Дирекцијата за заштита и спасување и припадниците на

АРМ47.

Табела 5. Ангажирани човечки ресурси на гасење пожари на територијата на Република Македонија од 18.07.-05.08.2007 година.

Дата ДЗС АРМ ПП

служба ЈП

Шумско стопанство

Месно население

Вкупно

18.07 50 30 46 0 62 73 261

19.07 0 0 69 0 154 37 260

20.07 0 32 144 5 142 197 520

21.07 21 236 80 24 131 131 623

22.07 55 376 171 31 154 336 1.123

23.07 25 400 174 176 400 511 1.686

24.07 88648 380 238 92 582 930 3.108

25.07 749 296 178 129 428 660 2.440

26.07 672 147 148 81 390 621 2.059

27.07 455 88 93 65 446 579 1.726

28.07 132 237 103 21 151 264 908

29.07 183 301 32 9 101 245 871

30.07 117 298 47 84 138 86 770

31.07 237 208 35 51 127 132 790

01.08 155 217 11 47 65 18 513

02.08 70 120 27 65 5 10 297

03.08 43 180 144 77 0 17 461

04.08 50 180 24 59 28 53 394

05.08 0 0 0 18 0 0 18

Вкупно човек/денови

3.900 3.726 1.764 1.034 3.504 4.90049 18.82850

За справувањето со пожарите за време на кризната состојба, биле

ангажирани човечки ресурси од следните субјекти51:

- сите вработени во Центарот за управување со кризи,

- професионалните територијални против пожарни единици (ТППЕ),

- вработените во ЈП за стопанисување со шуми,

- вработените во националните паркови,

- вработените во Јавни претпријатија (комунални и други),

47

Види табела 5. 48

.На 24.07.2007 година извршена е прва мобилизација на Силите за заштита и спасување. 49

.Месното население беше ангажирано од страна на Единиците на локалната самоуправа. 50

.Детален прегледи за вкупно ангажираните човечки ресурси по наведените субјекти (ДЗС, АРМ, ПП служби, Шумски стопанства и месно население) по денови и локации на ангажирање. 51

Види табела 5.

Page 23: Armija na Republika Makedonija vo sprav so pozari vo 2007

23

- месно население,

- резервни сили на Дирекцијата за заштита и спасување,

- припадници на АРМ,

- човечки ресурси за поддршка од воздух (АРМ, МВР, ДООЕЛ „Бони Ер“

и странски пилоти),

- екипи на итната медицинска помош,

- екипи на Црвениот крст на РМ,

- припадници на шумската полиција зајакнати со припадници од МВР.

Во активностите за превенција и справување со пожарите беа користени

материјалните ресурси на: ТППЕ, ЈП, ДЗС, АРМ и трговски друштва52.

Активностите за справување со кризната состојба кои се спроведувале

на теренот, биле поддржани од воздух од домашни и странски воздухоплови.

Ангажирањето на домашните воздухоплови било следното53:

- два хеликоптери на МВР за извидување,

- еден извидувачки авион на АРМ,

- два хеликоптери за гасење на пожар на АРМ (носивост 2,5t вода),

- три авиони за гасење на пожар на приватното претпријатие „БОНИ

ЕР“ (носивост 1,5t вода).

Владата на Република Македонија, на предлог на ЦУК, упати апел за

меѓународна помош за справување со пожарите. На апелот на Владата на

Република Македонија, со воздухоплови одговориле следните држави54:

- 1 авион „Canadair CL415“ од Република Хрватска (носивост 6t вода),

- 1 авион „Canadair CL415“ од Република Турција (носивост 6t вода),

- 1 хеликоптер од Република Турција (носивост 3,5t вода),

- 1 хеликоптер од Република Словенија (носивост 1t вода),

- 1 хеликоптери од Сојузна Република Германија (носивост 1t вода).

Различен вид на средства и опрема за гасење на пожар донираа

следните држави: Норвешка, Шведска, Данска, СР Германија, Австрија, Велика

Британија, Чешка Република, Полска, Литванија, Франција и Израел. Опремата

беше распределена после 05.08.2007 година.

52

Види табела 6. 53

Исто. 54

Исто.

Page 24: Armija na Republika Makedonija vo sprav so pozari vo 2007

24

Табела 6. Ангажирани материјални ресурси на гасење пожари на територијата на Република Македонија од 18.07.-05.08.2007 година.

Дата ПП

возила Теренски возила

Машини Цистерни

Број на летови на ангажирани авиони и хеликоптери

Ангажирани на гасење пожар Ангажирани на

извидување

Can

ad

air

CL

415

(Тур

ци

ја)

Can

ad

air

CL

415

(Хр

ватска)

Bell 4

12

(Сл

ов

ен

ија

)

Ka-3

2

(Тур

ци

ја)

UH

-1D

(Гер

ма

ни

ја)

Ав

ио

н н

а

ДО

ОЕ

Л

„Б

он

и Е

р“

Хел

ико

птер

на А

РМ

(Ми

-17)

Ав

ио

н н

а

АР

М

(Zlin

242 L

)

Хел

ико

птер

на М

ВР

(Bell)

18.07 18 15 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0

19.07 21 19 2 0 0 0 0 0 0 29 0 0 0

20.07 34 27 0 0 0 0 0 0 0 28 0 0 0

21.07 21 31 2 3 0 0 0 0 0 32 0 0 1

22.07 44 40 3 0 0 0 0 0 0 43 0 0 0

23.07 32 85 7 0 0 0 0 0 0 0 цел ден 0 1

24.07 55 65 9 4 0 1 0 0 0 28 цел ден 0 1

25.07 49 76 14 5 1 1 1 1 0 17 цел ден 1 1

26.07 37 61 13 2 1 1 1 1 2 25 цел ден 1 0

27.07 29 48 16 1 1 1 1 1 2 21 цел ден 1 0

28.07 18 21 6 0 1 0 1 1 2 13 цел ден 0 0

29.07 9 14 2 0 0 0 1 1 2 6 цел ден 1 1

30.07 12 40 3 1 0 0 1 1 2 0 цел ден 0 1

31.07 6 39 13 1 0 0 0 0 2 0 0 1 0

01.08 1 0 2 0 0 0 0 0 0 0 цел ден 1 0

02.08 4 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0

03.08 1 0 2 1 0 0 0 0 0 0 0 0 0

04.08 6 0 0 0 0 0 0 0 0 0 цел ден 0 0

05.08 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 1 0

Вкупно 397 581 94 18 4 4 6 6 12 242 130 7 6

Page 25: Armija na Republika Makedonija vo sprav so pozari vo 2007

25

3.3. Ангажирање на сили и средства на Армијата на Република

Македонија при справување со шумските пожари во 2007 година

Армијата на Република Македонија (АРМ) беше вклучена во гасење на

шумските пожари во период од 12.07.-05.08.2007 година55.

Првиот пожар во кој директно беше вклучена АРМ беше во околината на

село Осломеј на ден 12.07.2007 година.

После прогласување на кризна состојба на ден 18.07.2007 година, АРМ

поинтензивно беше вклучена во гасење на шумските пожари на целокупната

територија на Република Македонија.

Целокупниот персонал на АРМ кој беше ангажиран во гасење на

пожарите искажа висока мотивираност, максимално залагање и висока

одговорност во текот на извршувањето на задачите во услови на високи

дневни температури и општа опасност од задушување и опожарување. Во

гасење на пожарите покрај професионалниот состав на АРМ (старешини и

професионални војници) беа вклучени и 100 војници на доброволно служење

на воениот рок.

Во период од 12.07.-05.08.2007 година АРМ ангажираше56 персонал,

моторни возила, воздухоплови и инженериски машини според следното:

- вкупно 6378 лица односно во просек по 256 лица дневно57,

- 3 хеликоптери Ми-8/1758,

- 1 хеликоптер УХ-1Х,

- 1 авион ЗЛИН 242Л,

- вкупно 487 моторни возила (товарни и теренски) односно во просек

по 20 моторни возила дневно,

- 2 инженериски машини59.

Покрај наведеното АРМ вршеше и логистичка поддршка на странските

воздухоплови кои беа ангажирани на гасење на пожарите.

55

.Генералштаб на АРМ. (2007, ноември 27). Анализа на ангажирањето на сили и средства на Армијата на Република Македонија за време на пожарите во 2007 година. Скопје, бр.18-38/6. 56

Исто.

57 Види табела 7.

58.Само два хеликоптери Ми-7/18 беа ангажирани на гасење на пожари, а третиот беше во

готовност од причина што АРМ поседуваше само два комплета на опрема за гасење на пожари со хеликоптери. 59

.Податоците се однесуваат на период од 12.07.-05.08.2007 година и истите не се поклопуваат со податоците во табела 5 од причина што во неа се наведени податоци за период од 18.07.-05.08.2015 година.

Page 26: Armija na Republika Makedonija vo sprav so pozari vo 2007

26

Табела 7. Ангажиран персонал на АРМ на гасење пожари на територијата на Република Македонија од 12.07.-05.08.2007 година.

Дата Број на ангажирани припадници на АРМ

12.07. 79

13.07. 31

14.07. 0

15.07. 22

16.07. 66

17.07. 40

18.07. 0

19.07. 0

20.07. 30

21.07. 286

22.07. 299

23.07. 446

24.07. 600

25.07. 769

26.07. 680

27.07. 574

28.07. 556

29.07. 362

30.07. 286

31.07. 334

01.08. 247

02.08. 194

03.08. 184

04.08. 181

05.08. 121

Вкупно човек/денови

6378

За време на пожарите АРМ ангажираше три хеликоптери Ми-8/17 кои

остварија вкупно 130 лета, еден хеликоптер УХ-1Х кој оствари 14 лета и еден

авион ЗЛИН 242Л кој оствари вкупно 7 извидувачки лета60.

Кога би сакале да ги анализираме материјалните ресурси кои ги

користеше АРМ во текот на гасење на пожарите може да се заклучи дека

нејзините единици не беа пополнети со потребни количини на ПП опрема и ПП

возила61.

60

Податоците се поклопуваат со податоците наведени во табела 5. 61

Види табела 8.

Page 27: Armija na Republika Makedonija vo sprav so pozari vo 2007

27

Табела 8. Ангажирани материјални ресурси на АРМ на гасење пожари на територијата на Република Македонија од 12.07.-05.08.2007 година

Дата Моторни возила

Инженериски машини

12.07. 10 1

13.07. 5 0

14.07. 0 0

15.07. 1 0

16.07. 5 1

17.07. 3 0

18.07. 0 0

19.07. 0 0

20.07. 3 0

21.07. 27 0

22.07. 0 0

23.07. 18 0

24.07. 14 0

25.07. 18 0

26.07. 47 0

27.07. 63 0

28.07. 57 0

29.07. 42 2

30.07. 27 0

31.07. 40 1

01.08. 37 1

02.08. 25 1

03.08. 16 1

04.08. 23 0

05.08. 16 0

Вкупно 487 8

Табела 9. Финансиски трошоци на АРМ за гасење пожари на територијата на Република Македонија од 12.07.-05.08.2007 година.

Назив Во денари

(МКД) Во евра

(€)

Трошоци за прекувремено ангажирање и исхрана на персоналот

10195044 165773

Горива и мазива за моторни возила 614515 9992

Горива и мазива за домашни воздухоплови 2598104 42246

Горива и мазива за странски воздухоплови 4119230 66979

Изгубена и оштетена опрема и ТМС 35000062 5691

Вкупно 17876893 290681

62

.Наведениот износ е приближна вредност на изгубената и оштетена опрема и ТМС која е определена врз база на започнатите постапки за причинета штета/кусок.

Page 28: Armija na Republika Makedonija vo sprav so pozari vo 2007

28

Вкупните финансиските трошоци на Министерството за одбрана поради

ангажирањето на странските воздухоплови и силите и средствата на АРМ на

гасење на пожарите во период од 12.07. до 05.08.2007 година изнесуваат

17.876.893 денари или 290.681 €63. Ако од овие трошоци ги одземеме

потрошените горива и мазива за странските воздухоплови во износ од

4.119.230 денари односно 66.979 €, тогаш ќе ги добиеме финансиските

трошоци на АРМ кои изнесуваат 13.757.663 денари или 223.702 €.

Овој износ не е целосно точен од причина што во истиот не е

пресметана амортизацијата на моторните возила, инженериските машини,

воздухопловите и на останатите ТМС и опрема на АРМ кои беа употребувани

во гасење на пожарите64.

Напред наведените податоци за финансиски трошоци се разликуваат во

однос на конечните податоци од причина што целосната пресметка на

финансиските трошоци беше извршена дополнително откако беше извршена

целосна проценка од меѓуресорска работна група формирана од страна на

Владата на Република Македонија. Според овие податоци вкупните

финансиски трошоци (во кои се вкалкулирани сите трошоци и настанати штети)

62.427.065 денари или 1.015.074 €65 од кои само на АРМ изнесуваат 21.532.200

денари или 350.017 € (околу 35%).

Ако овој податок го споредиме со трошоците за горива и мазива за

странските воздухоплови кои изнесуваат 4.119.230 денари односно 66.979 €,

можеме да заклучиме дека тие учествуваат со повеќе од 1/6 во вкупните

трошоци.

63

Види табела 9. 64

Генералштаб на АРМ. (2007, ноември 27). Анализа на ангажирањето на сили и средства на Армијата на Република Македонија за време на пожарите во 2007 година. Скопје, бр.18-38/6. 65

.Во пресметката не се сметани трошоците на МВР како и трошоците за ангажирање на авионите на ДООЕЛ „Бони Ер“.

Page 29: Armija na Republika Makedonija vo sprav so pozari vo 2007

29

ЗАКЛУЧОК

Во летниот период во 2007 година Република Македонија имаше обемни

шумски пожари кои зафатија површина од скоро 40.000ha при што вкупната

штета заедно со трошоците за гасење на овие пожари изнесува скоро

15.000.000 €. Еден од факторите за појава но овие пожари беа климатските

услови, односно топлотниот бран и екстремно високите температури на

воздухот, придружени со продолжен сушен период.

Целта на овој труд беше да се истражи учеството на АРМ во гасење на

шумски пожари во 2007 година и во склоп на истото да се изведат одредени

заклучоци кои би послужиле како научена лекција за нејзиното натамошно

ангажирање на ваков тип на задачи.

Во однос на сите субјекти кои со своите ресурси учествуваа во гасење

на пожарите во 2007 година, АРМ учествуваше со 35%. Имајќи го во предвид

овој факт, потребно е и буџетските средства на Република Македонија

планирани за опремување на силите за заштита и спасување да бидат

пропорционално распоредени на сите субјекти согласно нивниот обем на

ангажирање.

За да можат во иднина единиците на АРМ успешно да бидат ангажирани

на гасење на пожари, потребно е да се изврши нејзино опремување со

потребен број на ПП возила (по едно во секоја касарна) и да се изврши

опремување на дел од единиците на АРМ со одредени количини на лична и

заедничка ПП опрема и ПП материјални средства.

Page 30: Armija na Republika Makedonija vo sprav so pozari vo 2007

30

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

1. Димитров, Б. (1999). Економска оцена (вреднување) на шумите и

шумските ресурси. Скопје: книга.

2. Škrijelj, R. & Đug, S. (2009). Uvod u ekologiju životinja. Prirodno-matematički

fakultet, Sarajevo, Bosna i Hercegovina: knjiga ISBN 978 9958-592-03-4.

3. Mučibabić, S. (1960). Osnovi ekologije. Univerzitet u Sarajevu, Sarajevo, Bosna i

Hercegovina: knjiga.

4. Радовановић, М. & Gomes, J.F.P. (2008). Сунчева активност и шумски

пожари. Српска академија наука и уметности, Географски институт

„Јован Цвијић“, Посебна издања, Књига 71, Београд: монографија ISBN

978-86-80029-40-5.

5. Јавно претпријатие „Македонски шуми“. (2007, септември). Борба со

огнената стихија. Скопје, списание „Наши шуми“ бр.36.

6. Јавно претпријатие „Македонски шуми“. (2007, јуни 19). Информација за

состојбата со бесправните сечи во Република Македонија. Скопје, бр.14-

377/1.

7. Јавно претпријатие „Македонски шуми“. (2008). ЈП МАКЕДОНСКИ ШУМИ

1998-2008. Скопје: монографија.

8. Државен инспекторат за шумарство и ловство во Министерство за

земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија.

(2007, ноември 22). Информација за причинети штети од шумски пожари во

2007 година. Скопје, бр.14-16792/2.

9. Центар за управување со кризи. (2008, април 2). Информација за шумски

пожари и штети во 2007 година. Скопје.

10. Генералштаб на АРМ. (2007, ноември 27). Анализа на ангажирањето на

сили и средства на Армијата на Република Македонија за време на

пожарите во 2007 година. Скопје, бр.18-38/6.

11. Солунчевски, М. & Ѓоревски, И. (2012). Ресурси и мерки за снабдување во

кризни услови и заштита и спасување. Универзитет „Гоце Делчев“ Штип,

Воена Академија „Генерал Михаило Апостолски“ Скопје - придружна членка.

Скопје: интерна скрипта.

Page 31: Armija na Republika Makedonija vo sprav so pozari vo 2007

31

12. Петрески, Д., Солунчевски, М. & Главинов, А. (2012). Концепт и стратегија

за заштита и спасување и управување со кризи. Универзитет „Гоце

Делчев“ Штип, Воена Академија „Генерал Михаило Апостолски“ Скопје -

придружна членка. Скопје: книга.

13. Солунчевски, М. & Рамадани, М. (2011). Системи за управување со кризи и

заштита и спасување. Универзитет „Гоце Делчев“ Штип, Воена Академија

„Генерал Михаило Апостолски“ Скопје - придружна членка. Скопје: книга.

14. Одлука на Влада на Република Македонија за постоење на кризна состојба

заради пожарите од пошироки размери. Службен весник на Република

Македонија бр.90/2007.

15. Национална стратегија за заштита и спасување на Република Македонија

за период 2009-2013. Службен весник на Република Македонија бр.23/2009.

16. Методологија за содржината и начинот на проценување на опасностите и

планирање на заштитата и спасувањето. Службен весник на Република

Македонија бр.76/2006.

17. Процена на загрозеност на Република Македонија од природни и други

несреќи. Службен весник на Република Македонија бр.117/2010.

18. Закон за шумите. Службен весник на Република Македонија бр.47/1997,

бр.7/2000, бр.89/2004 и бр.54/2007.

19. Закон за заштита и спасување. Службен весник на Република Македонија

бр.36/2004, бр.49/2004, бр.86/2008, бр.124/2010, бр.18/2011, бр.93/2012 и

бр.41/2014.

20. Закон за пожарникарство. Службен весник на Република Македонија

бр.67/2004 и бр.81/2007.

21. Закон за управување со кризи. Службен весник на Република Македонија

бр.29/2005 и бр.36/2011.

22. Правилник за мерките за заштита од пожари, експлозии и опасни материи.

Службен весник на Република Македонија бр.32/2011.

23. Уредба за спроведување на заштитата и спасувањето од пожари. Службен

весник на Република Македонија бр.98/2005.

24. Уредба за начинот на работа на комисиите за процена и утврдување на

висината на штета настаната од природни непогоди, епидемии, епизоотии,

епифитотии и други несреќи. Службен весник на Република Македонија

бр.98/2005.

Page 32: Armija na Republika Makedonija vo sprav so pozari vo 2007

32

25. Уредба за видот, големината и организирањето на силите за заштита и

спасување. Службен весник на Република Македонија бр.12/2006.

26. Упатство за содржината на правилникот за заштита од пожари и експлозии

на државните органи, органите на државната управа, единиците на локална

самоуправа, јавните претпријатија, јавните установи, трговските друштва,

трговците поединци и другите правни лица. Службен весник на Република

Македонија бр.80/2011.

27. Упатство за содржината на елаборатот за заштита од пожари, експлозии и

опасни материи. Службен весник на Република Македонија бр.139/2010.

28. Упатство за содржината на проектот за заштита од пожари. Службен весник

на Република Македонија бр.60/2006.

29. Упатство за начинот на работа и одлучување на Главниот штаб за заштита

и спасување. Службен весник на Република Македонија бр.19/2006.

30. Упатство за начинот на работа и одлучување на регионалните штабови за

заштита и спасување. Службен весник на Република Македонија

бр.19/2006.

31. Дирекција за заштита и спасување. (2010, јули 22). Стандардно оперативна

процедура за спроведување на мерката заштита и спасување од пожари,

експлозии и опасни материи. Скопје, бр.01-2969/1.

32. Šamić, M. (2003). Kako nastaje naučno djelo. IX izdanje, IP „Svjetlost“ –

Sarajevo, Bosna i Hercegovina: knjiga.

33. Стојчев, В. (2004). Методологија на воените науки. Воена академија

„Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје: книга.

34. Ţugaj, M. (1979, oktobar 1). Metode analize i sinteze. „Fakultet organizacije i

informatike“ – Varaždin, Hrvatska, zbornik radova: stručni rad UDK 3:16:658.5,

113-139.

35. Šešić, B. (1974). Osnovi metodologije društvenih nauka. Naučna knjiga,

Beograd, Srbija: knjiga, 70.

36. http://www.mkdsumi.com.mk.

37. http://www.cuk.gov.mk.

38. http://www.dzs.gov.mk.

39. www.meteo.gov.mk.

40. http://www.slvesnik.com.mk

41. http://www.translate.google.com.