70
РАЗВОЈНО- ПРОЦЕСНО ПЛАНИРАЊЕ Одделение: VIII - час 1 Датум: Предмет: Македонски јазик Наставна тема: 3-ноември Наставна единица: Обгрлена рима: „Езеро“- М.Матевски Тип на часот: Нова наставна содржина Цели на часот: Учениците да ја препознаваат обгрлената рима, да ги откриваат видовите рими според акцентот и местото во стиховите. Поими: Обгрлена рима. Форми,методи и наставни средства: индивидуална (пишување споствени примери), дијалошка, учебник, тетратка, поетски творби (за видови рими), објаснување, читање. Активности: Кратко повторување за рима и видови рими; Наставникот на табла пишува стихови од кои учениците ќе ги откриваат видовите рими; Потоа ја читаат песната „Езеро“ од М.Матевски и откриваат Мотив, поетски слики, вид стих (строфа), изразни средства и видови рими. На табла се запишуваат зборови кои се римуваат, а учениците пишуваат строфа од четири стиха за да обликуваат обгрлена рима (по сопствен избор), ги читаат напишаните строфи. Учениците доаѓаат до заклучоци дека: Обгрлена рима (гушната) е онаа кога се римува првиот и четвртио стих, вториот и третиот стих. Очекувани исходи: Да ја препознаваат обгрлената рима од другите видови рими. Проверка и примена на знаењата од наставната содржина:

Dnevni Podgotovki Za 8

Embed Size (px)

Citation preview

РАЗВОЈНО- ПРОЦЕСНО ПЛАНИРАЊЕ

Одделение: VIII - час 1

Датум:

Предмет: Македонски јазик

Наставна тема: 3-ноември

Наставна единица: Обгрлена рима: „Езеро“- М.Матевски

Тип на часот: Нова наставна содржина

Цели на часот: Учениците да ја препознаваат обгрлената рима, да ги откриваат видовите рими според акцентот и местото во стиховите.

Поими: Обгрлена рима.

Форми,методи и наставни средства: индивидуална (пишување споствени примери), дијалошка, учебник, тетратка, поетски творби (за видови рими), објаснување, читање.

Активности:

Кратко повторување за рима и видови рими; Наставникот на табла пишува стихови од кои учениците ќе ги откриваат видовите

рими; Потоа ја читаат песната „Езеро“ од М.Матевски и откриваат Мотив, поетски слики,

вид стих (строфа), изразни средства и видови рими. На табла се запишуваат зборови кои се римуваат, а учениците пишуваат строфа од

четири стиха за да обликуваат обгрлена рима (по сопствен избор), ги читаат напишаните строфи.

Учениците доаѓаат до заклучоци дека: Обгрлена рима (гушната) е онаа кога се римува првиот и четвртио стих, вториот и третиот стих.

Очекувани исходи:

Да ја препознаваат обгрлената рима од другите видови рими.

Проверка и примена на знаењата од наставната содржина:

Творење сопствена поетска творба со употреба на обгрлената рима.

Оценување и вреднување на знаењата на учениците:

Се следи активноста на час.

Подготовка за нареден час:

Да ја прочитаат песната „Дениција“ и „Татковина“ и да ги подготват за анализа.

Констатација од реализираниот час:

РАЗВОЈНО- ПРОЦЕСНО ПЛАНИРАЊЕ

Датум: - час 2

Предмет: Македонски јазик Одделение: VIII

Наставна тема: 3- ноември

Наставна единица: „Дениција“- П.М. Андреевски и „Татковина“-

Тип на часот: Вежби- анализа за рима (примена на стекнатите знаења)

Цели на часот: Да умеат самостојно да анализираат лирска песна.

Поими: --------

Форми, методи и наставни средства: Индивидуална, дијалошка, читање, пишување, работа со текст, тетратки, учебник, табла со план.

Активности:

Повторување за рима и видови рима; Наставникот ги дели учениците во две групи (Првата група ќе ја анализира песната

„Дениција“, а втората група песната „Татковина“ од Г.Тодоровски на даден план кој наставникт го пишува на табла, а учениците во своите тетратки:1. Мотив во песната;2. Лирското Јас во неа;3. Откривање на поетските слики (давајќи им кус наслов);4. Цитирање стих за кој сметаш дека е најблизок до мотивот;5. Наброј две чувства кои во тебе ги поттикна песната;6. Објасни ги видовите на строфите и стиховите;7. Стилски фигури во песната;8. Видови рими според акцентот и според местото во стиховите;

Учениците ги анализираат творбите, потоа читаат, дискутираат.

Очекувани исходи: Да умеат да прават самостојна анализа на лирска песна.

Проверка и примена на знаењата од наставната содржина: Преку анализа на песна по сопствен избор

Оценување и вреднување на знаењата на учениците: Формативно преку активностите на часот и од нивните презентации.

За наредниот час: Да повторат за прости и сложени глаголски форми.

Kонстатација од реализираниот час:

РАЗВОЈНО- ПРОЦЕСНО ПЛАНИРАЊЕ

- час 3

Одделение: VIII одд.

Датум:

Претмед: Македонски јазик

Насавна тема: 3- ноември

Наставна единица: Идно време

Тип на часот: Усвојување нова наставна содржина од подрачјето јазик

Цели на часот: Да ги прошират знаењата за сложени глаголски форми т.е за идно време

Поими: Идно време

Форми, методи и наставни средства: фронтална, дијалошка, предавање, објаснување, работа со учебник, решавање задачи.

Активности:

Наставникот ја контролира домашната работа, а потоа врши повторување за прости и сложени глаголски форми, за свршени и несвршени глаголи и за сегашно време.

Ја запишува новата наставна единица на табла и преку примери објаснува за идно време. Потоа прави план за содржината на табла а учениците во своите тетратки.

Што се искажува со идното време? Како се образува? Зошто е сложена глаголска форма? Од кои глаголи се образува? Како се образуваат одделните форми? Учениците самостојно менуваат глаголи од ситеглаголски групи во идно време. Доколку остане време пишуваат реченици во кои ќе го употребат идното време.

Очекувани исходи: Да го осознаат значењето на идното време како се образува и правилно да го употребуваат во писменото и усно изразување.

Проверка и примена на знаењата од наставната содржина: Преку препознавање на формите за идно време во даден текст, менување на глаголи од сите глаголски форми во идно време.

Оценување и вреднување на знаењата на учениците: Формативно оценување преку изработените вежби.

Подготовка за нареден час: Да ги донесат напишаните есеи за песната „Тешкото“ Б. Конески

Констатација од реализираниот час:

РАЗВОЈНО-ПРОЦЕСНО ПЛАНИРЊЕ

Датум: - час 4

Предмет: Македонски јазик Одделение: VIII

Наставна тема: 3-ноември

Наставна единица: Анализа на песната „Тешкото“- Б.Конески: (есеј) анализа за песната (содржинска)

Тип на часот: Проверување и оценување на знаењата

Цели на часот: Да умеат да ги применуваат стекнатите знаења анализирајќи песни во форма на есеј.

Поими: Есеј.

Форми, методи и наставни средства: Индивидуална, дијалошка, читање, работа со текст, разговор, есеј (пишување).

Активности:

Учениците ги подговиле своите есеи; Вршат свои презентации, другите ученици водат белешки за дискусијата за есеите; Наставникот го следи презентирањето, ги поттикнува учениците на дискусија, дава

оценка за изработените есеи кои ќе бидат прочитани, ги собира есеите за преглед и оценување кои ќе бидат дел за сумативното оценување (најдорбиот дел од портфолијата).

Очекувани исходи: Да научат да создаваат есеи, селектираат податоци, јасност, точност и прецизност во пишување, правилно изразување и примена на македонскиот литературен јазик.

Проверка и примена на знаењата од наставната содржина: Преку напишаните есеи ќе се согледа совладаноста на наставните содржини.

Оценување и вреднување на знаењата на учениците: Од изработените есеи.

За наредниот час: Да ја пронајдат песната „Везилка“ од Б.Конески. Во групи да ја научат напамет и да се подготват за структурна анализа на истата.

Kонстатација од реализираниот час:

РАЗВОЈНО- ПРОЦЕСНО ПЛАНИРАЊЕ

час 5

Датум:

Предмет: Македонски јазик Одделение: VIII

Наставна тема: 3-ноември

Наставна единица: Рецитирање и анализа на содржината на песната „Везилка“.

Тип на часот: Нова наставна содржина од подрачјето Литература

Цели на часот: Да знаат изразно да рецитираат и содржински да анализираат лирска песна.

Поими: Техника Квадрант.

Форми, методи и наставни средства: Дијалошка, индивидуална, техника квадрант, читање, учебник, тетратка, работа со текст, пишување, објаснување, цртање.

Активности:

Наставникот ги ангажира учениците за рецитирање и анализа на песната „Везилка“.

Учениците во себе ја читаат песната, потоа дел по дел ја читаат со рецитирање, се води дискусија за рецитирањето (изразно, со паузи, правилна дискусија, доживеано рецитирање),

Наставникот на табла пишува неколку прашања на кои учениците размислуваат за нив и даваат одговор.Прашања:

Со кого поетот води разговор „ноќен“? Зошто поетот е растревожен? Што го советува везилката? Што претставува црната и белата боја? Што ја советува поетот везилката? Зошто е поетот загрижен?

Наставникот црта шема на табла за техниката Квадрант и дава појаснување како да ја применат учениците. Учениците работат самостојно а наставникот ги следи и им укажува помош.

Очекувани исходи:

Да научат содржински да навлегуваат во анализата на литературните творби

Проверка и примена на знаењата од наставната содржина: Од извршените анализи на песната „Везилка“.

Оценување и вреднување на знаењата на учениците: Формативно оценување на мисловниот процес и активноста на учениците во процесот на анализа на творба.

За наредниот час: Да се подготват за структурно, стилско-јазична анализа на песната „Везилка“- Б.Конески.

Констатација од реализираниот час:

РАЗВОЈНО- ПРОЦЕСНО ПЛАНИРАЊЕ

- час 6

Датум:

Предмет: Македонски јазик Одделение: VIII

Наставна тема: 3- ноември

Наставна единица: Структурна, стилско-јазична анализа на песната „Везилка“ од Б.Конески

Тип на часот: Повторување, вежбање на стекнати знаења

Цели на часот: Да знаат да применат знаења во структурната и стилско-јазична анализа на есна која претходно била содржински анализирана, применувајќи ги знаењата и поврзувајќи ги со изразното средство симбол.

Поими: Стилска фигура Симбол.

Форми, методи и наставни средства: Дијалошка, работа во парови (двојки), работа со текст, читање, објаснување, пишување, демонстрација на знаења и вештини, учебник, тетратки, табла.

Активности:

Проверка на домашната работа, презентирање на техниката Квадрант. Потоа наставникот пеку прашања ја продолжува анализата на песната: Колку песни

содржи „Везилка“, колку строфи, видот на строфите и стиховите, постоење на дијалог во песната, аудитивните и визуелните елементи, видови рима, современоста на литературниот јазик кој го користи поетот, изразните средства- ако ги користел.

Се истакнува симболиката на зборовите везилка, црвена и црна боја, срна, темница, вкрвавена зора (се објаснува стилската фигура симбол),

низ вежби (во парови) учениците смислуваат предмети или поими кои можат да претставуваат симболи.

На табла се прави заеднички план- што е работено на часот.а) Видови строфи, стихови и рими

б) Изразни средства

в) Стилот и јазикот

г) Симбол

Очекувани исходи: Да знае да примени знаења во структурна и стилско-јазична анализа на песна.

Проверка и примена на знаењата од наставната содржина: Преку извршената стилско-јазична и структурна анализа на песната „Везилка“.

Оценување и вреднување на знаењата на учениците: Формативно оценување од активностите на часот.

За наредниот час: Да ги изработат задачите од учебникот за групна работа (преку песната „Тешкото“). Се делат во три групи и ја работат задачата заеднички. Наредниот час ги предаваат на наставникот со потпис од сите членови на групата.

Констатација од реализираниот час:

РАЗВОЈНО- ПРОЦЕСНО ПЛАНИРАЊЕ

- час 7

Датум: .

Предмет: Македонски јазик Одделение: VIII

Наставна тема: 3- ноември

Наставна единица: Презентација на анализа на песна по групи („Тешкото“)

Тип на часот: Проверување и оценување на знаењата

Цели на часот: Да умеат да соработуваат меѓусебе во групи анализирајќи творба, користејќи ги стекнатите знаења за постигнување подобри резултати.

Поими: -------

Форми, методи и наставни средства: Групна форма, анализа, демонстрирање на анализи, работа со текст, презентирање.

Активности:

Наставникот ги насочува учениците, се грижи за работната атмосфера, ги координира групите, ги следи нивните презентации и оценува.

Групите се подготвиле, се договориле како и кој ќе презентира, дискутираат за чуеното.

Очекувани исходи: Да соработуваат меѓу себе, да разменуваат мислења и завземаат ставови, правилен пристап кон анализата на даден текст.

Проверка и примена на знаењата од наставната содржина: Преку извршените анализи и активности на часот.

Оценување и вреднување на знаењата на учениците: Се врши формативно оценување со повратна усна информација.

За наредниот час: Да напишат поетска творба на мотив „Љубов во срцето мое“. Изработките треба да бидат на лист и да користат стилски фигури и рими (може компјутерски или во ракопис).

Констатација од реализираниот час:

РАЗВОЈНО- ПРОЦЕСНО ПЛАНИРАЊЕ

- час 8

Датум:

Предмет: Македонски јазик Одделение: VIII

Наставна тема: 3- ноември

Наставна единица: Глаголски конструкции со сум и има/нема

Тип на часот: Усвојување нова наставна содржина

Цели на часот: Проширување на знаењата за сложени глаголски конструкции со има и сум.

Поими: Глаголски конструкции со сум и има/нема

Форми, методи и наставни средства: Фронтална, дијалошко- монолошка, предавање, објаснување, учебник, тетратка, табла.

Активности:

Проширување на знаењата за прости и сложени глаголски форми, форми на помошниот глагол сум во сегашно време и минато и за глаголскат придавка.

Наставникот им дава можност 10 минути учениците да ја читаат наставната содржина (т.е спроведува активно учење)

Потоа низ прашања се изведуваат заклучоци кои се запишуваат во план: Образување на глаголската конструкција со сум? Примери со сум конструкција:1. Образување на глаголската има конструкција2. Примери со има- конструкција

Учениците се активни учесници при изведувањето на заклучоците.

Очекувани исходи: Да стекнат знаење за сложените глаголски форми конкретно за глаголските конструкции со има/сум.

Проверка и примена на знаењата од наставната содржина: Усно се изработува втората вежба во учебникот.

Оценување и вреднување на знаењата на учениците: Се согледуваат можностите на учениците за самостојно учење и учење со анализа, со расчленување на содржината, лесно се совладува

За наредниот час: Подготовка за писмена работа на тема „Љубов во срцето мое“, но ќе творат во проза.

Констатација од реализираниот час:

РАЗВОЈНО- ПРОЦЕСНО ПЛАМИРАЊЕ

- час 9

Датум:

Предмет: Македонски јазик Одделение:VIII

Наставна тема: 3- ноември

Наставна единица: Писмено творење на тема: „Љубов во срцето мое“ – лирска песна

Тип на часот: Проверување и оценување на знаењата и нивно применување

Цели на часот: Да умее да ги применува знаењата за писмено творење на лирска песна

Поими: /

Форми, методи и наставни средства: индивидуална, дијалошка, работа со текст, рецитирање, листови со творби.

Активности:

Наставникот претходно им кажал на учениците да подготват за ововј час творба на тема: „Љубов во срцето мое“

На овој час наставникот врши проверка на редовноста во носењето на домашна задача, учениците ги рецитираат своите творби.

По секое презентирање учениците кажуваат свои забелешки (примена на укажаните елементи – начин на претставување и рецитирање)

Наставникот ги собира изработените творби, а откако ќе ги прегледа, на некој од наредните часови им ги соопштува оценките.

Учениците активно учествуваат во дискусиите.

Очекувани исходи: Да научат да творат лирски песни и да ги запазат стилските изразни средства.

Проверка и примена на знаењата од наставната содржина: Од изработените домашни задачи и активноста на час.

Оценување и вреднување на знаењата на учениците: Оценките и листовите со творбите ќе бидат дел од формативното оценување, а потоа дел од ученичкото портфолио.

За нареден час: се потготвуваат за прва писмена работа; темата е иста но ќе творат во проза.

Констатација од реализираниот час:

РАЗВОЈНО- ПРОЦЕСНО ПЛАНИРАЊЕ

- час 10

Датум:

Предмет: Македонски јазик Одделение:VIII

Наставна тема: 3- ноември

Наставна единица: Писмено творење на дадена тема

Тип на часот: Проверување и оценување на знаењата и нивно применување

Цели на часот: Да ги применат стекнатите знаења во писменото творење

Поими: /

Форми, методи и наставни средства: фронтална, индивидуална, пишување, вежбанки за писмена работа, пенкало

Активности:

Наставникот дал упатства, се грижи за работната атмосфера, ги следи активностите; ги собира писмените работи, ги вреднува, односно ги оценува пишувајќи објаснување за добиената оценка.

Учениците се подготвиле за писменита;ги пишуваат составите почитувајќи го редот и редоследот на часот, применувајќи ги сите правописни, стилски и јазични норми на македнскиот литературен јазик. На крајот од часот ги предаваат вежбанките.

Очекувани исходи: Правилно да се насочат кон поставената тема и да внимаваат на правописните, јазичните и стилските норми на македонскиот литературен јазик.

Проверка и примена на знаењата од наставната содржина: Преку изработени писмени работи.

Оценување и вреднување на знаењата на учениците: Сумативно од изработената писмена работа со повратна усна и писмена информација за сработеното.

За нареден час: Да повторат за филм од претходните одделенија.

Констатација од реализираниот час:

РАЗВОЈНО- ПРОЦЕСНО ПЛАНИРАЊЕ

- час 11

Датум:

Предмет: Македонски јазик Одделение: VIII

Наставна тема: 3- ноември

Наставна единица: Глума- изразно средство на филмот.

Тип на часот: Нова наставна содржина

Цели на часот: Да ги прошират и продлабочат знаењата за филмот како уметност

Поими: Глума

Форми, методи и наставни средства: Предавање, објаснување, читање, пишување, учебник, тетратки, фронтална, дијалошка, Интернет.

Активности:

Кратко повторување за филм и изучените елементи на филмот; Наставникот ја објаснува содржината, се чита содржината дел по дел, а учениците

даваат свое видување за секој дел; Во тетратките учениците пишуваат кус состав следејќи го планот:

а) Кој актер ти е омилен и зошто ти е омилен?

б) Наведи ги неговите (нејзините) физички карактеристики.

в) Во кои филмови си го гледал, каква улога толкувал и што ти се допаѓа во неговата глума.

На крајот учениците ги читаат составитеОчекувани исходи: Да научат за глумата- како изразно средство во филмот (да ги препознаваат главните актери)

Проверка и примена на знаењата од наставната содржина: Од повторувањето на наставната содржина.

Оценување и вреднување на знаењата на учениците: Формативно оценување од активностите на час.

За наредниот час: Да опишат некој актер од гледан филм и да повторат од граматика за глаголи

Констатација од реализираниот час:

РАЗВОЈНО- ПРОЦЕСНО ПЛАНИРАЊЕ

- час 12

Датум:

Предмет: Македонски јазик Одделение: VIII

Наставна тема: 3- ноември

Наставна единица: Поправка (содржинска анализа на писмената работа)

Тип на часот: Утврдување на знаењата (вежби за корекција - содржинска)

Цели на часот: Да ги воочат позитивните и негативните елементи на писмените работи.

Поими: /

Форми, методи и наставни средства: фронтална, индивидуална, објаснување, дијалошка,читање

Активности:

Наставникот ги дели тетратките за писмена работа учениците ги разгедуваат и се прави содржинска поправка; читаат од составит

(разлицно оценети) и се прави коентар за нив Наставникот дава општ осврт за содржината на писмените

Очекувани исходи: Да ги воочат стилските грешки во писмените работи и во иднина да ги отфрлат направените грешки

Проверка и примена на знаењата од наставната содржина: преку писмено изразување

Оценување и вреднување на знаењата на учениците: Формативно оценување и давање на усна повратна информација

За наредниот час: Да ги носат тетратките за писмена работа бидејќи ќе прават стилска, јазична и правописна поправка на истите.

Констатација од реализираниот час:

ДНЕВНА ПОДГОТОВКА ЗА ЧАС

Датум: 23.11.2010 год.

Предмет: Македонски јазик Одделение: VIII

Наставна тема: Изразување и творење

Наставна единица: Стилско, јазична и правописна поправка на писмените работи

Тип на часот: Вежби за корекција на писмените состави (стилски, јазични, правописни)

Цели на часот: Да согледа презентирање на соученици за да споредува и да прави корекции на сопствените пропусти

Поими: /

Форми, методи и наставни средства: индивидуална, дијалошка, тетратките за писмена работа, црвено пенкало

Активности:

Вториот час се истакнуваат забелешките на наставникот и на учениците (во однос на стилската обоеност на речениците, на јазичните и правописни неточности); се запишуваат на табла а учениците во своите тетратки па со помош на наставникот се прават корекции

Очекувани исходи: Да ги согледаат стилските, јазичните и правописните грешки, да ги корегираат и да дадат свое објаснување

Проверка и примена на знаењата од наставната содржина: Од изработените писмени работи

Оценување и вреднување на знаењата на учениците: формативно и сумативно и со објаснување за добиената оценка, запишана во вежбанките за писмена работа

За наредниот час: Да повторат за учените содржини за глаголски конструкции со сум/има

Констатација од реализираниот час:

ДНЕВНА ПОДГОТОВКА ЗА ЧАС

Датум: 25.11.2010 год.

Предмет: Македонски јазик Одделение: VIII

Наставна тема: Јазик

Наставна единица: Можен начин

Тип на часот: Нова наставна содржина

Цели на часот: Да го препознава можниот начин и правилно да го применува, да ги прошират знаењата за сложените глаголски форми

Поими: можен начин

Форми, методи и наставни средства: фронтална, индивидуална, предавање, објаснување, работа со учебник, пишување, тетратки, табли, учебник, наставни листови

Активности:

Наставникот преку содржините за категории начин кај глаголите врши повторување за заповеден начин (менување глаголи по лице)

Наставникот преку содржината во учебникот дава објаснување за можниотначин; менуваат глаголи (по лица) во можен начин

Вршат трансформирање на можниот начин во заповеден и обратно Применуваат знаења во вежбите од учебникот Изработуваат веби (индивидуално) во наставно ливче и во работните листови Наставникот ги контролира и дава потребна поош, ја проверува точноста на

одговорите.

Очекувани исходи: Да научат што е можен начин и правилно да го применуваат во усното и писмено изразување.

Проверка и примена на знаењата од наставната содржина: Преку повторување на наставната содржина и изработка на вежби на часот

Оценување и вреднување на знаењата на учениците: Формативно од активностие на часот;интерес за согледување и заклучоци за наставната содржина, примена на знаењата во вежбите и проверка на точноста

За наредниот час: Да повторат за сложени глаголски форми

Констатација од реализираниот час

ДНЕВНА ПОДГОТОВКА ЗА ЧАС

Датум: 26.11.2010 год.

Предмет: Македонски јазик Одделение: VIII

Наставна тема: Јазик

Наставна единица: Контролна задача (сложени глаголски форми)

Тип на часот: Проверување и оценување на усвоеноста на знаењата

Цели на часот: Да ги примени знаењата во контролната задача за проверување и оценување на усвоеноста

Поими: /

Форми, методи и наставни средства: индивидуална, контролни листови, пишување, примена на знаења

Активности:

Наставникот ги дели наставните листови, се грижи за работната атмосфера при спроведувањето на контролната задача, ги собира листовите, ги оценува и ги распоредува по портфолиата

Учениците ги решаваат задачите (индивидуално), на крајот на часот ги предаваат на наставникот, кој ќе ги прегледа и ќе им ги соопшти оцените.

Очекувани исходи: Правилно да го изработат тестот и да ги применат стекнатите знаења.

Проверка и примена на знаењата од наставната содржина: Преку изработените контролни задачи

Оценување и вреднување на знаењата на учениците: Сумативно одсработените вежби, точност во одговорите. Им се дава усна конкретна повратна информација за сработеното и сопственото учење (да биде информиран што треба да направи за понатаму)

За наредниот час: Да ја подготват лектирата „Раскази“ Н.Хајтов

Констатација од реализираниот час:

ДНЕВНА ПОДГОТОВКА ЗА ЧАС

Датум: 29.11.2010 год.

Предмет: Македонски јазик Одделение: VIII

Наставна тема: Литература

Наставна единица: Лектира „Раскази“ Н. Хајтов

Тип на часот: Обработка на дело од задолжителна лектира

Цели на часот: Да уее да интерпретира прочитано лектирно дело

Поими: /

Форми, методи и наставни средства: индивидуана, дијалошка, читање, работа со книга и текст, лектирни тетратки, книга „Раскази“ Н. Хајтов

Активности:

Наставникот врши проверка на редовноста од извршената задача во лектирните тетратки

Наставникотодредува еден до два ученика кои ќе читаат од своите лектирни тетратк

Учениците и наставникот дискутираат за прочитаните анализи и даваат оценка Наставникот иницира разговор на трита теми дадени во лектирните тетратки на

тема – Екологија (поврзаноста на луѓето со природата, споредба меѓу животот во градот и селото, уништување на шумите. Теми најчесто разработени од бугарскиот писател Н. Хајтов

Може да се прочитаат делови од книгата во кои се говори за еколошките проблеми кои гиноси модернизацијата.

Очекувани исходи: Сите да ја прочитале книгата и знаат да го интерпретираат прочитаното.

Проверка и примена на знаењата од наставната содржина:Од прочитаноста на делото

Оценување и вреднување на знаењата на учениците: Формативно на прочитаните анализи

За наредниот час: Да повторат за социјални песни од VIII одделение и за симбол

Констатација од реализираниот час:

ДНЕВНА ПОДГОТОВКА ЗА ЧАС

Одделение: VIII одд.

Датум: 30.11.2010 год.

Претмед: Македонски јазик

Насавна тема: Литература

Наставна единица: Самостојна анализа на песните „Копачите“ од К. Рацин и „Црвена“ К. Абаџиев

Тип на часот: Проверување и оценување на знаењата

Цели на часот: Да знае самстојно да анализира поетска творба по даден план

Поими: /

Форми, методи и наставни средства: индивидуална, дијалошка, ќитање, работа со текст, пишување, учебник, тетратки, табла, техника петоред.

Активности:

Учениците се поделени во две групи, едната група ја анализира песната „Копачите“, а другата група песната „Црвена“ според планот што го истакнал наставникот на табла.

1. Објасни го мотивот во песната

2. Зборови со кои сесоздаваат аудитивна и визуелна претстава

3. Посочи кои видови рими (според акцентот и според местото во стиховите) ги препознаваш

4. Специфичност во видот на стихот

5. Да изработат техника Петоред според барањата

Наслов (мотив – пишуваш една именка)

Опис (пишуваш две придавки)

Дејство (три глаголи)

Чувство (кое ти е предизвикано)

6. Учениците читаат од анализите и одговараат на дополнителни прашања.

Очекувани исходи: Да знаат самостојно да анализираат поетска творба

Проверка и примена на знаењата од наставната содржина: Преку анализа на поетски творби се воочуваат стекнатите знаења на учениците

Оценување и вреднување на знаењата на учениците: Формативно оценување од активностите на часот, работата во групи, презентации им се дава потврдна усна информација за сработеното.

Подготовка за нареден час: Да размислат за песни од филмови (играни, анимирани) кои станале хитови (евергрини)

Констатација од реализираниот час:

ДНЕВНА ПОДГОТОВКА ЗА ЧАС

Одделение: VIII одд.

Датум: 02.12.2010 год.

Претмед: Македонски јазик

Насавна тема: Медиумска култура

Наставна единица: Музиката како изразно средство во филмот

Тип на часот: Усвојување нова наставна содржина од Медиумска култура

Цели на часот: Самостојно да усвои нова наставна содржина и да состави прашања за неа очекувајќи одговор од соучениците

Поими: /

Форми, методи и наставни средства: индивидуална, дијалошка, постави прашања, работа со текст, читање, тетратки, пишување, табла,учебник, интернет

Активности:

Наставникот проверува дали учениците пронашле песни од филмови кои станале хитови (евергрини)

Секој ученик ја чита и учи содржината од учебникот

Составуваат седум прашања со кои сметаат дека ќе биде опфатена содржината

Ги читаат своите прашања и бараат одговори од учениците, ги дополнуваат одговорите кои не се целосни.

Се води разговор за музиката, односно песни – евергрини кои ги нашле од гледани филмови (песна од филмот „Титаник“, „Амадеус“ и др.) , „Малата принцеза Сирена“ светски хит за љубовна песна.

Очекувани исходи: Да научат за значењето на музиката во филмот (изразно средство); да наоѓаат филмови со музика

Проверка и примена на знаењата од наставната содржина: Од наставната содржина и од донесените домашни задачи

Оценување и вреднување на знаењата на учениците: Учениците кои ќе ги претстават своите прашања ќе бидат формативно оценети.

Подготовка за нареден час: Даповторат за видови зборови и зборовни групи

Констатација од реализираниот час:

ДНЕВНА ПОДГОТОВКА ЗА ЧАС

Одделение: VIII одд.

Датум: 03.12.2010 год.

Претмед: Македонски јазик

Насавна тема: Јазик

Наставна единица: Честички

Тип на часот: Усвојување нова наставна содржина од Јазик

Цели на часот: Да ги прошират знаењата од морфологија т.е да ги препознаваат честичките и нивното значење во реченицата

Поими: честички

Форми, методи и наставни средства: предавање, објаснување, пишување, работа со учебник, тетратка, табла, креда во боја, фломастери, боички, фронтална, дијалошка.

Активности:

Вршиме повторување за видови зборови, менливи, неменливи зборови, можен начин, степенување на описните придавки, идно време за да се согледаат значењата (функциите) на честичките.

Низ примери на табла и од учебникот учениците доаѓаат до заклучок за функцијата на честичките, за што служат, зошто честичките спаѓаат во неменливи зборови? И запишуваат во своите тетратки

1. Зборовите кои служат за образување глаголски форми и за степенување на описните придавки се викаат честички

2. Тие го истакнуваат значењето на другите зборови во реченицата

3. Тие се неменливи зборови.

Доколку има време на учениците им давам текст во кој ќе ги пронајдат (препознаат) честичките

Очекувани исходи: да ги прошират знаењата за видовите зборови т.е да научат што се честички, да ги препознаваат во дадени реченици и да го сфатат нивното значење.

Проверка и примена на знаењата од наставната содржина: Преку изработените домашни задачи од учебникот.

Оценување и вреднување на знаењата на учениците: Од изработените задачи се добиваат сознанија за усвоеноста на знаењата за честичките – формативно оценување

Подготовка за нареден час: Да повторат за учените стилски фигури.

Констатација од реализираниот час:

ДНЕВНА ПОДГОТОВКА ЗА ЧАС

Одделение: VIII одд.

Датум: 06.12.2010 год.

Претмед: Македонски јазик

Насавна тема: Литература

Наставна единица: Иронија:„Момче невеста фалеше“ и „Ерген шета“ народни песни, анализа

Тип на часот: Усвојување нова наставна содржина од подрачјето Литература

Цели на часот: Да се прошират знаењата од литературата, да стекнат знаења за иронихата како стилско изразно средство, да се препознава во дадени текстови

Поими: Иронија (стилско изразно средство)

Форми, методи и наставни средства: фронтална, дијалошка, постави прашања, работа во парови, читање, објаснување, тетратки, пишување, наставни ливчиња,учебник, истражување.

Активности:

Се врши повторување за учените стилски фигури (метафора, апострофа, рефрен, градација, алегорија, симбол епитет)

Учениците се поделени во групи, едната ја анализира првата песна, а втората – втората песна (мотив, стилски фигури) потоа дел по дел ги читаат песните на глас

Вршат анализа на содржината, структурата на стихот, стилските фигури се посочуваат и цитираат

Се откриваат зборови со практично значење кај одредени зборови, спротивно од она што навистина значат, со цел да се извлече дефиниција за иронијата како изразно средство.

На учениците им с поделени наставни ливчиња со делови од творби во кои има иронија. Тие ја пронаоѓаат и доаѓаат до заклучок што е иронија. Дефиницијата ја запишуваат на табла и во своите тетратки „Кога на зборовите им се дава прекршено, спротивно значење од она што навистина тие значат се вика иронија“

Очекувани исходи: Да ја препознава стилската фигура иронија и да умее да ја објаснува

Проверка и примена на знаењата од наставната содржина: На табла запишуваме зборови со вистинско и потсмешливо значење

Пр. работна – мрзлива храбар – плашлив сака - мрази

Оценување и вреднување на знаењата на учениците: Формативно од активноста на учениците на часот

Подготовка за нареден час: Да се подготват за вежби со иронија од примери од учебникот и др. што ги носи наставникот

Констатација од реализираниот час:

ДНЕВНА ПОДГОТОВКА ЗА ЧАС

Одделение: VIII одд.

Датум: 07.12.2010 год.

Претмед: Македонски јазик

Насавна тема: Литература

Наставна единица: Анализа на песните „Ерген оди, ерген шета“ и “Ерген одев сто години“

Тип на часот: Проверување и оценување на знаењата

Цели на часот: Да знае да ги примени знаењата во истражувачката работа

Поими: /

Форми, методи и наставни средства: индивидуална, Венов дијаграм, објаснување, пишување, работа со учебни – текстови.

Активности:

Учениците ги читаат песните, размислуваат на прашањата дадени на табла, презентираат усно, го изработуваат Веновиот дијаграм, го презентираат; им се кажува дека ќе бидат оценувани.

Поставени прашања за анализа на песната:1. Што се опишува во песните?2. Кој е изложен на исмејување и зошто?

Ја согледуваат структурата на песните (строфи или не, видот на стиховите, директен – индиректен говор, стилски фигури)

Го цртаат Веновиот дијаграм (споредба како се испеани, во строфи или не, видот на стихот, се исмејува иста особина, но има разлика во согледувањата за таа особина, едната има дијалог, другата само монолог, присуство на иронија.

Очекувани исходи: Да можат да ги применат стекнатите знаења од литература.

Проверка и примена на знаењата од наставната содржина: Преку анализите што ги работат на часот ќе се согледа колку учениците научиле и можат да ги применат своите стекнати знаења.

Оценување и вреднување на знаењата на учениците: Формативно оценување за презентациите на учениците. Давање повратна усна информација за сработеното.

Подготовка за нареден час: Да се подготват за говорна вежба според задачата во учебникот за темата „Дарежливост“

Констатација од реализираниот час:

ДНЕВНА ПОДГОТОВКА ЗА ЧАС

Одделение: VIII одд.

Датум: 09.12.2010 год.

Претмед: Македонски јазик

Насавна тема: Изразување и творење

Наставна единица: „Дарежливост“ – усно изразување по дадена задача

Тип на часот: Проверување и оценување на знањата и умеењата

Цели на часот: Да умеат усно да се претставуваат на одредена тема, со сите потребни елементи на усно изразување

Поими: /

Форми, методи и наставни средства: индивидуална, демонстрирање домашна подготовка, усна презентација, компјутер.

Активности:

Наставникот ја проверува редовноста во извршувањето на домашната задача, и ги собира листовите со подготоки, го следи истражувањето на учениците и ги оценува.

Учениците се подготвиле; индивидуално ги презентираат подготовките, се води дискусија за искажувањето и се врши вреднување на истите.

Наставникот ги оценува презентирањата, а останатите подготовки ги собира за да ги прегледа и оцени; подоцна ги информира учениците за оценките.

Очекувани исходи: Да умеат усно да се претстават на дадена тема

Проверка и примена на знаењата од наставната содржина: Од усните презентации и домашните подготовки

Оценување и вреднување на знаењата на учениците: Формативно оценување на презентациите и подготовките. Со давање повратна информација за сработените подготовки.

Подготовка за нареден час: Да повторат за видови зборови, зборовни групи.

Констатација од реализираниот час:

ДНЕВНА ПОДГОТОВКА ЗА ЧАС

Одделение: VIII одд.

Датум: 10.12.2010 год.

Претмед: Македонски јазик

Насавна тема: Јазик

Наставна единица: Извици

Тип на часот: Обработка на нова наставна содржина од подрачјето јазик

Цели на часот: Да ги прошират знаењата од Јазик

Поими: Извици

Форми, методи и наставни средства: фронтална, дијалошка, читање, пишување, објаснување, работа со текст, учебник, тетратки

Активности:

Повторување завидови зборови (зборовни групи) Наставникот пишува на табла текст во кој учениците ги пронаоѓаат зборовите со

кои се искажува некоја возбуда, обрнувањ вниманија, довикување. Заедно со учениците се прави план кој го запишуваме на табла а учениците во

своите тетраткиа) Извиците се неменливи зборовиб) Со нив се изразува: чувство, да се обрне внимание, да се имитираат звуцив) Се изговараат со повисок тонг) Ист извик може да се користи со различнод) Може да се употребуваат самостојноѓ) И други зборови може да имаат служба на извицие) Извиците може да се удвојуваат

Доколку има време ги изработуваме вежбите од учебникот, а исто така им се даваат вежби за дома

Очекувани исходи: Да научат што се извици и да ги препознаваат во аден текст, реченица и правилно да ги употребуваат во писменото и усното изразување

Проверка и примена на знаењата од наставната содржина: Преку вежби кои ги изработуваат учениците

Оценување и вреднување на знаењата на учениците: Формативно оценување преку изработените вежби.

Подготовка за нареден час: Да ги пронајдат извиците и да се определи нивното значење во даде текст, да напишат пет реченици во кои ќе употребат некој од извиците.

Констатација од реализираниот час:

ДНЕВНА ПОДГОТОВКА ЗА ЧАС

Одделение: VIII одд.

Датум: 13.12.2010 год.

Претмед: Македонски јазик

Насавна тема: Литература

Наставна единица: Интерпретација на песната „Ропство“ К. Неделковски поим за словенска антитеза

Тип на часот: Обработка на нова наставна содржина од подрачјето Литература

Цели на часот: Да ја препознава словенската антитеза и да ја толкува

Поими: Словенска антитеза

Форми, методи и наставни средства: работа со текстови, анализа, пишување, објаснување, учебник, извадоци од песни со словенска антитеза, тетратки, фронтална, дијалошка

Активности:

Учениците ја читаат во себе песната, размислуваат за поставените прашања по неа, читат со рецитирање и одговараат за прашањата.

Заеднички прават план; мотив во песната, дијалошка форма, видот на строфите и стиховите, аудитивни елементи, стилски фигури со нагласување на словенската антитеза.

Наставникот со прашања ги насочува кон тезата, негирање и антитеза за да ги воочат елементите на словенската антитеза.

Потоа наставникот им дели наставни ливчиња со извадоци од песни во кои ја има словенската антитеза. Учениците ја откриваат оваа стилска фигура.

Очекувани исходи: Да научат што е словенска антитеза од кои елементи се состои и како најлесно да ја препознаат во поетските творби.

Проверка и примена на знаењата од наставната содржина: Од вежбите во работните листови и пронаоѓање песни од учебникот во кои ја има словенската антитеза.

Оценување и вреднување на знаењата на учениците: Формативно оценување од активностите на часот.

Подготовка за нареден час: Да пронајдат една народна или уметничка песна или да создадат сами во која ќе ја има словенската антитеза.

Констатација од реализираниот час:

ДНЕВНА ПОДГОТОВКА ЗА ЧАС

Одделение: VIII одд.

Датум: 14.12.2010 год.

Претмед: Македонски јазик

Насавна тема: Литература

Наставна единица: Анализа на народната песна,, Разболе се девојка’’ по даден план

Тип на часот: Вежбање и проверување на знаењата

Цели на часот: Да знаат да ги применат знаењата за анализа на песна по даден план

Поими: /

Форми, методи и наставни средства: Индивидуална, дијалошка, анализа,презентирање

Активности:

Учениците ја читаат во себе песната, размислуваат ,ги објаснуваат непознатите зборови.

Наставникот им дава план на учениците на табла а тии индивидуално пишуваатанализа на листои кои им ги дава наставникот,кои ги потпишуваат и кои ќе бидат дел од нивните портфолија; им укажува на уредноста,ракописот,полни и прецизни одговори.

Додека творат наставникот ја следи работата,се грижи за работната атмосвера, потоа ги собира листовите, определува ученици кои ќе го читаат сработеното.

Прочитаните анализи, низ дискусија од учениците и наставникот ќе бидат оценети,а останатите листови наставникот ќе ги прегледа и на некој нареден час ќе им ги соопшти оценките, тие стануваат дел од секое портфолио на секој ученик.

Очекувани исходи: Правилно да пристапат кон анализа на поетска творба и да ги применат стекнатите знаења од литература.

Проверка и примена на знаењата од наставната содржина: Од извршените анализи на поетските творби и примена на стекнатите знаења од литература.

Оценување и вреднување на знаењата на учениците: Формативно оценување од активностите на часот,изработките кои ќе бидат сумативно оценети а исто ќе им се даде и повратна усна информација за сработеното.

Подготовка за нареден час: Да го повторат изучениот материјал затоа што ќе имаат вежби од учебникот – Постави прашања.

Констатација од реализираниот час:

ДНЕВНА ПОДГОТОВКА ЗА ЧАС

Одделение: VIII одд.

Датум: 16.12.2010 год.

Претмед: Македонски јазик

Насавна тема: Литература и јазик

Наставна единица:Реализација на вежбата наречена- Постави прашања.

Тип на часот: Вежбање со проверка на знаењата.

Цели на часот: Да знае точно,јасно и стилски издржано да формулира прашања.

Поими: /

Форми, методи и наставни средства: индивидуална, дијалошка, работа со учебник,пишување,читање, објаснување,учебник, тетратки,одговори на поставени прашања.

Активности:

Наставникот ги дели учениците на групи и секоја група има за задача да состави по десет прашања, потоа ги читаат прашањата а другите групи одговараат.

Наставникот ја следи работата ги координира активностите, ги стимулира и нуди идеи кои ќе ги активира сите ученици и ќе им помогне при одговарањто на прашањата.

Учениците активно учествуваат во формулирањето на прашањата и одговарање на истите ,дополнување на нецелосните одговори.

Наставникот ја оценува успешноста на составување прашања со објаснување.

Очекувани исходи: Да знае правилно да издвои и формулира прашања од учени содржини, да понуди одговори, да одговара точно ,јасно и правилноч,да побара помош за нејасните прашања.

Проверка и примена на знаењата од наставната содржина: од активностите на часот.

Оценување и вреднување на знаењата на учениците: Формативно оценување .

Подготовка за нареден час: Да пронајдат една народна или уметничка песна или да создадат сами во која ќе ја има словенската антитеза.

Констатација од реализираниот час

ДНЕВНА ПОДГОТОВКА ЗА ЧАС

Одделение: VIII одд.

Датум: 17.12.2010 год.

Претмед: Македонски јазик

Насавна тема: Литература

Наставна единица: Анализа на домашни задачи

Тип на часот: Проверување и оценување на знаењата и умеења

Цели на часот: Да ги примени знаењата за анализа на песни и да умее да истражува

Поими: /

Форми, методи и наставни средства: индивидуална, дијалошка,читање, работа со текст, изработени домашни задачи,табла ( за пишување белешки).

Активности:

Наставникот врши провека во редовноста на носење на домашни задачи. Учениците ги читаат домашнте задачи, по секое презентирање учениците

дискутираат за чуеното и оценуваат ,а истото го прави и наставникот. Учениците активно учествуваат во сите активности на часот. Потоа наставникот им дели наставни ливчиња со извадоци од песни во кои ја има

словенската антитеза. Учениците ја откриваат оваа стилска фигура.

Очекувани исходи: Да умее да ги примени стекнатите знаења во изработка на домашните задачи, да истражува во пронаоѓање соодветна творба со посочените стилски изразни средства

Проверка и примена на знаењата од наставната содржина: Преку изработените домашни задачи.

Оценување и вреднување на знаењата на учениците: Формативно оценување од активностите на часот и домашните изработки,а подоцна и од микросумативното и сумативното оценување.

Подготовка за нареден час: Да ги повторат учените содржини од ова полугодие зашто на нареден час ќе имаме повторување т.е. ќе имаат подготовка за плугодишен тест.

Констатација од реализираниот час

ДНЕВНА ПОДГОТОВКА ЗА ЧАС

Одделение: VIII одд.

Датум: 20.12.2010 год.

Претмед: Македонски јазик

Насавна тема: Литература, јазик,медиумска култура

Наставна единица: Вежби за подготовка наполугодишен тест

Тип на часот: Вежбање и проверка на знаењата од првото полугодие

Цели на часот: Да ги согледа стекнатите знаења од првото полугодие и да ги примени истите на тестот

Поими: /

Форми, методи и наставни средства: дијалошка, индивидуална, читање, размислување, објаснување, тест, наставно ливче, учебник, работа во парови.

Активности:

Наставникот подготвува за овој час наставни ливчиња, може краток тест или вежби од учебникот .Дава појаснување за важноста на оваа подготовка, следи одговори, укажува на грешките кои би ги направиле во одгорите,објаснува помалку јасни прашања.

Учениците ги повториле учените содржини од ова полугодие,работат во парови, размислуваат за одговорите на прашањата во вежбите, ги даваат одговорите усно,а следат внимателно на точните одговори.

Наставникот ги поделува наставните ливчиња за работа во парови. Доколку некои одговори не се јасни или има некој друг проблем се појаснуваат

одговорите.

Очекувани исходи: Се очкува точнос во одговорите

Проверка и примена на знаењата од наставната содржина: од дадените точни одговори ќе се види подготвеноста на учениците за решавање на поставената задача.

Оценување и вреднување на знаењата на учениците: Нема да се оценуваат(вреднуваат) знаењата со оценка, туку со укажување заради подобра подготвеност за тестот.

Подготовка за нареден час: Да повторат за извици

Констатација од реализираниот час:

ДНЕВНА ПОДГОТОВКА ЗА ЧАС

Одделение: VIII одд.

Датум: 21.12.2010 год.

Претмед: Македонски јазик

Насавна тема: Јазик

Наставна единица: Модални зборови

Тип на часот: Усвојување на нова наставна содржина од подрачкето јазик

Цели на часот: Да ги препознава и правилно да ги користи модалните зборови

Поими: модални зборови

Форми, методи и наставни средства: фронтална, дијалошко – монолошка, објаснување, разговор, работа со текст, пишување, учебник, тетратка

Активности:

Наставникот ги упатува да го прочитаат учебничкиот состав од вежбите за час и да размислат за зборови во него кои изразуваатличен однос на автороткон она што е кажано во речениците; дообјаснува дека и без зборови речениците би биле сосма јасни, но тие ја моделираат реченицата

Низ прашањата наставникот ги насочува кон заклучоции правење заеднички план?1. Изразуваат личен став кон кажаното2. Изразуваат увереност,претпоставка и тврдење3. Модални зборови и модални изрази4. Вежби

По прашањата од учениците за евентуални нејаснотии во содржината наставникот ги упатува кон задачите за час (во учебникот); ги одговараат и ги читаат одговорите.

Очекувани исходи: Да ја осознаат улогата на модалните зборови во речениците и текстовите и да ги препознаваат од другите видови зборови.

Проверка и примена на знаењата од наставната содржина: Преку вежбите што ќе ги работар на часот ќе се согледа колку ја совладале наставната содржина

Оценување и вреднување на знаењата на учениците: формативно оценување преку активностите од часот

Подготовка за нареден час: Да повторат од азик, за што ќе работат морфолошка анализа на реченици (со акцент на класификација на зборовите во видови и во зборовни групи).

Констатација од реализираниот час:

ДНЕВНА ПОДГОТОВКА ЗА ЧАС

Одделение: VIII одд.

Датум: 23.12.2010 год.

Претмед: Македонски јазик

Насавна тема: Јазик

Наставна единица: Морфолошка анализа на реченици

Тип на часот: Повторување и вежби на учени содржини од подрачјето јазик

Цели на часот: Да ги препознава видовите зборови во дадени реченици и текстови

Поими: /

Форми, методи и наставни средства: работа во парови (двојки), практична работа, решавање задачо, пишување, работа со текст, реченици напишани на табла, тетратки и др.

Активности:

Наставникот укажува на активностите за овој час, посочувајќи ги барањата при морфолошката анализа на реченици; на табла напишал три –пет реченици за кои ќе ја вршат анализата

Учениците во парови ја вршат анализата во тетратките; потоа се врши проверка, односно учениците ги соопштуваат одговорите, ги корегираат грешките во тетратките.

Наставникот ја следи работата, помага, укажува.

Очекувани исходи: Да умее да прави морфолошка анализа на реченици, да ги препознава видовите зборови и зборовни групи вокои се вбројуваат и нивните граматички категории.

Проверка и примена на знаењата од наставната содржина: Од извршените анализи на дадените реченици или дел од некој текст.

Оценување и вреднување на знаењата на учениците: формативно оценување од изработените вежби

Подготовка за нареден час: Да се подготват за изработка на полугодишниот тест.

Констатација од реализираниот час:

ДНЕВНА ПОДГОТОВКА ЗА ЧАС

Одделение: VIII одд.

Датум: 24.12.2010 год.

Претмед: Македонски јазик

Насавна тема: Литература, јазик,медиумска култура

Наставна единица: Вежби за подготовка наполугодишен тест

Тип на часот: Вежбање и проверка на знаењата од првото полугодие

Цели на часот: Да ги согледа стекнатите знаења од првото полугодие и да ги примени истите на тестот

Поими: /

Форми, методи и наставни средства: дијалошка, индивидуална, читање, размислување, објаснување, тест, наставно ливче, учебник, работа во парови.

Активности:

Наставникот подготвува за овој час наставни ливчиња, може краток тест или вежби од учебникот .Дава појаснување за важноста на оваа подготовка, следи одговори, укажува на грешките кои би ги направиле во одгорите,објаснува помалку јасни прашања.

Учениците ги повториле учените содржини од ова полугодие,работат во парови, размислуваат за одговорите на прашањата во вежбите, ги даваат одговорите усно,а следат внимателно на точните одговори.

Наставникот ги поделува наставните ливчиња за работа во парови. Доколку некои одговори не се јасни или има некој друг проблем се појаснуваат

одговорите.

Очекувани исходи: Се очкува точнос во одговорите

Проверка и примена на знаењата од наставната содржина: од дадените точни одговори ќе се види подготвеноста на учениците за решавање на поставената задача.

Оценување и вреднување на знаењата на учениците: Нема да се оценуваат(вреднуваат) знаењата со оценка, туку со укажување заради подобра подготвеност за тестот.

Подготовка за нареден час: Да повторат за извици

Констатација од реализираниот час:

ДНЕВНА ПОДГОТОВКА ЗА ЧАС

Одделение: VIII одд.

Датум: 27.12.2010 год.

Претмед: Македонски јазик

Насавна тема: Литература, јазик,медиумска култура

Наставна единица: Полугодишен тест

Тип на часот: Проверка на стекнатите знаења во првото полугодие

Цели на часот: Да ги согледа стекнатите знаења од првото полугодие и да ги примени истите на тестот

Поими: /

Форми, методи и наставни средства: индивидуална, читање, размислување, тест, одговори.

Активности:

За овој час наставникот подготвува тест со прашања, на кои секој ученик одговара индивидуално.

Наставникот ја следи работата на учениците, дава соодветни појаснувања за изработка на тестот и на крајот од часот ги собира тестовите за сумативно оценување.

Очекувани исходи: Се очкува точност во одговорите

Проверка и примена на знаењата од наставната содржина: од дадените точни одговори ќе се види подготвеноста на учениците за решавање на поставената задача.

Оценување и вреднување на знаењата на учениците: Ќе се оценува сумативно со повратна писмена информација.

Подготовка за нареден час: Ќе се прави осврт на полугодишниот тест и утврдување на оценките за полугодие.

Констатација од реализираниот час:

ДНЕВНА ПОДГОТОВКА

Одделение: VIIIодд

Датум:28.12.2010 год

Предмет: Македонски јазик

Наставна тема: Литературa

Наставна единица: Интерпетација на текстот ,,Без срце’’поим за алегорија

Тип на часот: Нова наставна единица

Цели на часот: Да ги прошират знаењата од литрература т.е даја согледа и препознае алегоријат како стилска фигура, нејзините елементи и намената.

Поими: Алегорија

Форми, методи и наставни средства: работа во парови, работа со текст, наставни ливчиња, учебник, читање, пишување, комуникација

Активности:

Наставникот им кажува на учениците да ги отворат учебниците кај песната Без срце.Потоа ги дели учениците во парови, им кажува да јапрочитаат песната и да размислат за одговорите што треба да ги дадат во наставното ливче кое ќе им го подели. Потоа следува презентација и дискусија(објаснување) за одговорите, проверување на решението со примери од секојдневието.Наставникот го запишува проблемот на табла (Со пари можеш да купиш се ), потоа учениците од двојките ги кажуваат одговорите на прашањата и ги објаснуваат зошто е тој одговор избран, зошто мислат така , а може да има и различни избори. Од одговорите се доаѓа до заклучок дека со пари не се купува: здравје, другарство, љубов, почит и сл.Ова исто така учениите го запишуваат во тетратките.

Од сето ова учениците согледуваат дека прикриеното прикажување на човечките особини е алегорија.

Очекувани исходи: Да научат што е алегорија , да ја пепознават во поетските творби и во секојдневниот говор , да ја осознаат нејзината улога и намена.

Проверка и примена на знаењата од наставната содржина: Преку вежби т.е пронаоѓање текстови од учебници во кои е застапена алегоријата.

Оценување вреднување на знаењата на учениците: Формативно оценување

Подготовка за нареден час: Да се подготват за разгледување на тестовите и самооценуање на истите .

Констатација од реализираниот час:

ДНЕВНА ПОДГОТОВКА ЗА ЧАС

Одделение: VIII одд.

Датум: 30.12.2010 год.

Претмед: Македонски јазик

Насавна тема: Литература, јазик,медиумска култура

Наставна единица: Осврт на полугодишниот тест и утврдување на оценките за полугодие

Тип на часот: Утврдување

Цели на часот: Самопроверка на изработени тестови од содржини изучувани во текот на првото полугодие; санопроценка и согледување на резултатите кои ги постигнале и поправка на грешките.

Поими: /

Форми, методи и наставни средства: дијалошка, фронтална, изработените, прегледани иоценети полугодишни тестови.

Активности:

Наставникот ги координира активностите на учениците,дава појаснување за изработените тестови, забелешки при одговарање на прашањата.

Наставникот прави општ осврт на постигнатиот успех на тестовите, изнасува свои забелешки, согледувања и сугестии за во иднина.

Учениците ги добиваат оценетите тестови, наставникот им дава објаснување за начинот на оценување и бодирање за да можат да прашаат за нејасности.

Наставникот ги бележи добиените оценки во досијата кои ги води. Учениците ги читаат одговорите, ги пораваат грешките, поставуваат прашања и сл.

Очекувани исходи: Позитивно изработен тест

Проверка и примена на знаењата од наставната содржина: Преку изработените тестови

Оценување и вреднување на знаењата на учениците: Сумативно од дадените одговори на тестот со повратна писмена информација.

Подготовка за нареден час: Да го повторат уште еднаш материјалот од првто полугодие и да ги согледаат нејасностите од наставните содржини.

Констатација од реализираниот час:

ДНЕВНА ПОДГОТОВКА

Одделение: VIIIодд.

Датум:31.12.2010 год.

Предмет: Макeдонски јазик

Наставна тема: Литература, јазик, медиумска култура, изразување и творење

Наставна единица: Осврт на успехот постигнат во првото полугодие

Тип на часот: Анализа на постигнатиот успех.

Цели на часот: Да се согледаат постигањата на учениците, пропустите и можностите за подобрување на успехот.

Поими: /

Форми, методи и наставни средства: Дијалошка, анализа, самокритичност

Активности:

Наставникот ги соопштува конечните полугодишни оценки им дава можност на учениците самостојно да го искажатсвојот став и мислење за добиената оценка. Учениците активто учествуваат во дискусијата , критички се осврнуваат кон постигнатиот успех .Сметаат дека треба да бидат самокритични бидејќи вината за слабите резултати не кај наставникот туку кај самите нив затоа што небиле редовни во учењето и извршувањето на домашните задачи.

Очекувани исходи: Правилно да ги согледаат своите грешки и да превземат соодветни активности.

Проверка и примена на знаењата од наставната содржина: активности на час, контролни вежби, писмени вежби, писмени работи, наставни ливчиња, тестови, домашни задачи, говорни вежби и др.

Оценување и вреднување на знаењата на учениците.Сумативно

Подготовка за нареден час: Да го повторат изучениот материјл

Констатација од реализираниот час:

ПОДГОТОВКА ЗА НАСТАВЕН ЧАС

I ИДЕНТИФИКАЦИОНИ ПОДАТОЦИ

Дата: 24.01.2010 год.1. Одделение VIII2. Предмет Македонски јазик3. Наставна единица Анализа на басни со акцент на алегорија4. Тематска единица Литература5. Тип на час Вежбање и утврдување на знаењата

II Цели - Утврдување на знаењата за басни- Да знаат да истражуваат по дадена

задача и да презентираат заклучоциIII Наставни методи: Работа со текст, демонстрирање, заклучоци,

истражувањеIV Форми на наставната работа Индивидуална, дијалошкаV Наставни средства и помагала Состави, текстови, тетратки, учебник,

интернетVI Литература - „Виножито„ – Н. Николовски и В.

Велјановски - Учебник за VIII одд. енциклопедии,

басни – од познати авториVII Корелација Ликовно, литературна секција, драмска

секцијаVIII ТЕК НА ЧАСОТ (дидактичка артикулација)

1. Воведен дел на часот- прегледување на домашните изработки- Читање на подготовките што ги донеле учениците т.е ги презентираат басните кои ги пронашле со објаснување за алегоријата во нив.- Наставникот им чита една мисла од „Арач“ од И. Можуровиќ и ја запишува на табла „Место јагне – темен волк тој згоди“- Наставникот дава објаснување за оваа песна и ги прашува учениците за кои животни станува збор во стигот (вистински јагне и волк или не) . на што мисли поетот?

2. Главен дел на часот- Учениците ги читаат и другите басни од учебникоот- Се води дискусија и се открива алегоријата (едно се зборови а друго се мисли)- Изведување заклучоци: Кога поетот кажува јагне не мисли на вистинско јагне туку на поробениот беспомошен народ, а „темен волк“ мисли на турските крвници кои поробувале, пљачкале, убивале,се однесувале како ѕверови, волци.- Зборовите јагне и волк се употребени со преносно значење- Се поведува разговор за басните од учебникот во кои има легорија како што е „Волкот влакното го менува, но умот му е ист“ – волкот е крволочно животноМагарето – како глупо животно кое не размислува многу - Учениците кажуваат и други соодветни примери од прочитани, слушнати од некого или пронајдени на интернет.

1. Завршен дел на часот- Се врши поврторување што е басна, што претставува алегоријата

- За домашна работа да повторат за структура на сложена реченица.Забелешка Исчажувањата на учениците ќе бидат формативно оценувани, како говорна вежба.

ДНЕВНА ПОДГОТОВКА

Одделение: VIIIодд.

Датум:25.01.2011 год.

Предмет: Макeдонски јазик

Наставна тема: Јазик

Наставна единица: Повторување за сложена реченица

Тип на часот: Повторување

Цели на часот: Утврдување на знаењата за сложена реченица, нејзината структура

Поими: /

Форми, методи и наставни средства: Дијалошка, работа со текст, тетратки, учебник, граматика на македонскиот литературен јазик, наставно ливче

Активности:

Вршиме кратко повторување за структурата на сложената реченица од 7одделение преку соодветни примери

Учениците активно учествуваат ги претставуваат своите знаења преку анализа на речениците на табла и го изложуваат планот за структураа на сложени реченици.

План

а) Сложената реченица е составена најмалку од два прирока – значи најмалку две прости реченици

б) Може да имаат ист подмет, но и различен предмет

в) Дел – реченици

Учениците потоа работат вежба: Од даден текст од учебникот ги селектираат сложените реченици и ги определуваат дел - речениците

Очекувани исходи: Стекнатите знаења за сложена реченица практично да ја применат во дадени текстови

Проверка и примена на знаењата од наставната содржина: Преку вежбите што ги работат на час и домашнита работа

Оценување и вреднување на знаењата на учениците.Од изработените вежби и активностите на час ќе се согледаат стекнатите знаења од синтакса, а може и дијагностичко да се оценат

Подготовка за нареден час: Да напишат домашна задача која ќе се состои во претставување на прочитан роман со техника Скалест приказ

Констатација од реализираниот час:

ДНЕВНА ПОДГОТОВКА

Одделение: VIIIодд.

Датум:27.01.2011 год.

Предмет: Макeдонски јазик

Наставна тема: Литература

Наставна единица: Анализа на домашни задачи Скалест приказ – од роман

Тип на часот: Проверување на знаењата

Цели на часот: Да умее да анализира прочитано дело користејќи техника скалест приказ

Поими: скалест приказ

Форми, методи и наставни средства: индивидуална, дијалошка, работа со текст, објаснување, читање

Активности:

Вршиме проверка на домашните задачи

Учениците добиваат задача да ги претстават своите скалести прикази за роман кој го прочитале, да објаснат зошто ги дале тие одговори

Приказот им беше претходно посочен и тој ги содржи следниве елементи

а) Реченица ( објаснување за што се раскажува во делото)

б) Фраза (со која се искажува нешто важно во романот)

в) Симбол или слика (да го нацртаат она што ќе ја претстави содржината)

г) Боја (да одберат боја која би ја обоила своите чувства за делото)

д) Најдобра работа ( која е мислата за идејата која ќе ја согледаод творбата)

Очекувани исходи: Да умее да анализира прочитано дело, љубов кон книгата

Проверка и примена на знаењата од наставната содржина: Од изработка на скалестиот приказ на прочитан роман

Оценување и вреднување на знаењата на учениците.Прочитаните домашни задачи ќе бидат формативно оценети

Подготовка за нареден час: Да најдат објаснување на зборови синхронизација да гледаат филм и да ги забележат различните звуци во него, да повторат што е говор и музиа во

филмот и да пронајдат што значат зборовите кинематографија и илустрирање (звучно и видео ) и ефект.

Констатација од реализираниот час:

ДНЕВНА ПОДГОТОВКА

Одделение: VIIIодд.

Датум:28.01.2011 год.

Предмет: Макeдонски јазик

Наставна тема: Медиумска култура

Наставна единица: Звучни ефекти во филмот

Тип на часот: Обработка на нова наставна содржина

Цели на часот: да ги збогатат знаењата за елементите на филмската уметност и да бидат потикнати да го согледаат значењето на звуците во филмот

Поими: звучни ефекти

Форми, методи и наставни средства: фронтална, дијалошка, истражувачка, учебник, тетратка, компјутер, објаснување

Активности:

Проверка на извршените домашни активности

Повторување за говор и музика во филмот

Се потикнува разговор за гледан филм со откривање на звуците во филмот и кои биле составен дел од дејство кое се одвивало во филмот

Ја запишуваме новата единица „Звучни ефективо филмот“ а учениците во своите тетратки

Го објаснуваме поимот звучни ефекти и значењето на зборовите: синхронизација, кинематографија, ефекти, илустрирање (тонско и видео)

Учениците ги разгледуваат и двете слики во учебникот и откриваат какви звуци препознаваат.

Очекувани исходи: Да научат што се звучни ефекти и нивното значење во филмот

Проверка и примена на знаењата од наставната содржина: преку гледање филм и согледување на звучните ефекти

Оценување и вреднување на знаењата на учениците.Се вреднува подготвеноста за час (повторување и истражувањето) и активностите на час – формативно оценување

Подготовка за нареден час: Да ја подготват лектирата „Црни овци“

Констатација од реализираниот час:

ДНЕВНА ПОДГОТОВКА

Одделение: VIIIодд.

Датум:31.01.2011 год.

Предмет: Макeдонски јазик

Наставна тема: Литература (лектира)

Наставна единица: Интерпретација на лектирнататворба „Црни овци“ (раскази од познати европски и американски познати раскажувачи)

Тип на часот: Обработка на прочитаната книга од задолжителна лектира

Цели на часот: Да умее да чите книга внимателно за да умее да го интерпретира текстот

Поими: расказ

Форми, методи и наставни средства: Индивидуална, дијалошка, работа со книга, читање, објаснување

Активности:

Ја проверувам прочитаноста на книгата

Учениците читаат од анализите во тетратките, другте ученици слушаат внимателно, водат белешки по кои ќе дискутираат истакнувајќи ги своите забелешки

Наставникот ги следи им помага во работата и ги насочува во дискусиите

Учениците се подготвиле за час, дискутраат за успешноста на прочитаното дело, изнесуваат свое размислување за постапките на ликовите, за идејноста и сл.

Очекувани исходи: Да умее да чита внимателно за да знае текстот и да го интерпретира и да размисли за битни елементи вонего

Проверка и примена на знаењата од наставната содржина: Од прочитаноста на книгата се согледуваат активностите на учениците

Оценување и вреднување на знаењата на учениците.Форматинооценување од активноста на часот

Подготовка за нареден час: Да повторат од 7 одделение за зависни и независни сложени реченици и видови независни реченици.

Констатација од реализираниот час: