36
План за час по англиски јазик Одделение седмо одделение Наставна тема Тема бр.- Да се потсетиме! Наставна единица 1. Запознавање на учениците со наставната програма за 7 то одд. Датум 02.09.2011 Цели на часот Ученикот да може: да се запознае со наставната програма за 7 то одделение Фази на часот Активности Воведен дел (10 мин) Наставникот ги поздравува учениците и ги прашува како го поминаа летниот распуст. Тој ги прашува каде прошетале за време на распустот, што им било најинтересно и сл. Главен дел (20 мин) Наставникот ги запознава учениците со наставната програма за седмо одделение. Тој им ги кажува содржините кои ќе бидат изучувани во текот на оваа учебна година. Потоа ги запознава со начинот на оценување на успехот на учениците во седмо одделение во текот на целата учебна година. Завршен дел (10мин) Наставникот одговара на прашања кои ги поставуваат учениците, а кои се поврзани со наставната програма и со оценувањето во текот на оваа учебна година. Наставни средства и помагала Наставна програма за 7 то одд., табла, креда, и сл. Наставни методи и форми на работа комуникативен метод, фронтална работа, работа во заедница Корелација со други наставни предмети со македонски јазик Додатна активност Наставникот запишува еден збор на таблата и од учениците бара да напишат зборови кои ги асоцираат на зборчето лето (summer). Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Dnevni Podgotovki VII Odd.- Tema Let's Remember!

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Dnevni Podgotovki VII Odd.- Tema Let's Remember!

План за час по англиски јазик

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.- Да се потсетиме!Наставна единица 1. Запознавање на учениците со наставната програма за 7то одд.Датум 02.09.2011Цели на часот Ученикот да може:

да се запознае со наставната програма за 7то одделение

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ги поздравува учениците и ги прашува како го поминаа

летниот распуст. Тој ги прашува каде прошетале за време на распустот, што им било најинтересно и сл.

Главен дел (20 мин) Наставникот ги запознава учениците со наставната програма за седмо одделение. Тој им ги кажува содржините кои ќе бидат изучувани во текот на оваа учебна година.Потоа ги запознава со начинот на оценување на успехот на учениците во седмо одделение во текот на целата учебна година.

Завршен дел (10мин) Наставникот одговара на прашања кои ги поставуваат учениците, а кои се поврзани со наставната програма и со оценувањето во текот на оваа учебна година.

Наставни средства и помагала

Наставна програма за 7то одд., табла, креда, и сл.

Наставни методи и форми на работа

комуникативен метод, фронтална работа, работа во заедница

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик

Додатна активност Наставникот запишува еден збор на таблата и од учениците бара да напишат зборови кои ги асоцираат на зборчето лето (summer).

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

усни одговори на прашања од наставникот и сл.

Очекуван исход Учениците се запознаа со наставната програма за 7то одд. и со начинот на оценување во текот на учебната година.

Рефлексија на часот Целите на часот беа постигнати. Учениците се запознаа со наставната програма за седмо одделение и со начинот на оценување во текот на учебната година. Учениците слободно разговараа и ги споделија своите спомени од летниот распуст.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 2: Dnevni Podgotovki VII Odd.- Tema Let's Remember!

План за час по англиски јазик

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.- Да се потсетиме!Наставна единица 2. Потсетување на формите на глаголот во Present Continuous Tense-

потврдна и одречна формаДатум 05.09.2011Цели на часот Ученикот да може:

да се потсети на потврдната и одречната форма на глаголот во Present Continuous Tense

да ја увежба употребата на Present Continuous Tense

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ги прашува учениците дали се сеќаваат кои граматички

времиња беа изучувани во текот на предходната учебна година. Тој ги прашува дали се сеќаваат на потврдната и одречната форма од глаголот во Present Continuous Tense. Наставникот бара учениците да му кажат две реченици со глагол во потврдна форма и две реченици со глагол во одречна форма во Present Continuous Tense. Ученици-доброволци ги запишуваат речениците на таблата.

Главен дел (20 мин) Наставникот го запишува на таблата правилото за формата на глаголот (потврдна и одречна) во Present Continuous Tense, а учениците го запишуваат во нивните тетратки. Наставникот ги потсетува учениците на употребата на ова време.Наставникот дава реченици како пример во кои глаголот е во Present Continuous Tense (Spase is sitting at the back of the class. Vasko is looking out of the window. Ilinka isn’t reading the example.) и истите ги запишува на таблата. Тој бара од учениците да напишат уште три вистинити реченици, но да употребат глагол во Present Continuous Tense. Ученици доброволци ги запишуваат нивните реченици на таблата и го подвлекуваат глаголот во реченицата.

Завршен дел (10мин) Наставникот запишува неколку реченици со глагол во потврдна форма во Present Continuous Tense и од учениците бара да ги напишат истите реченици со глагол во одречна форма во истото граматичко време. Учениците ги проверуваат нивните одговори со партнерот.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници,тетратки, училишен прибор, табла, креда, и сл.

Наставни методи и форми на работа

комуникативен метод, метод на практична работа, фронтална работа, работа во заедница, работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (сегашно трајно време)

Додатна активност Наставникот запишува неколку реченици со глагол во одречна форма и бара од учениците да ги напишат речениците со глагол во потврдна форма.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 3: Dnevni Podgotovki VII Odd.- Tema Let's Remember!

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (вежби), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација и сл.

Очекуван исход Учениците пишуваат реченици со глагол во потврдна и одречна форма во Present Continuous Tense.

Рефлексија на часот Учениците се потсетија на формите на глаголот во Present Continuous Tense-потврдна и одречна форма и нивната употреба. Тие практично ги увежбаа потврдната и одречната форма на глаголот во Present Continuous Tense преку составување и трансформирање на едноставни реченици. Во текот на часот имаше потреба од помош кај двајца ученици, а кај останатите ученици не беа забележани потешкотии. Најинтересна активност им беше составувањето на вистинити реченици во Present Continuous Tense. Кога повторно би го одржала истиот час би применила наставно ливче или интерактивна вежба од Интернет.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 4: Dnevni Podgotovki VII Odd.- Tema Let's Remember!

План за час по англиски јазик

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.- Да се потсетиме!Наставна единица 3. Потсетување на формите на глаголот во Present Continuous Tense-

прашална формаДатум 07.09.2011Цели на часот Ученикот да може:

да се потсети на прашалната форма на глаголот во Present Continuous Tense

да ја увежба употребата на Present Continuous Tense

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот.Наставникот запишува реченица во потврдна форма и реченица во одречна форма во Present Continuous Tense.Потоа, од учениците бара да го подвлечат глаголот во овие две реченици.

Главен дел (20 мин) Наставникот го насочува вниманието на сликата од вежба бр.2 во учебникот и го поставува прашањето “What’s she doing?”, а учениците со кревање рака го одговараат прашањето. Потоа, учениците ја решаваат вежбата и ги проверуваат нивните одговори со партнерот. Потоа, ученици доброволци ги читаат нивните одговори за останатите во одделението.Наставникот запишува неколку потврдни реченици и од учениците бара да ги трансформираат истите во прашални реченици. Ученици-доброволци ги запишуваат нивните одговори на таблата.

Завршен дел (10мин) Наставникот запишува неколку реченици во прашална форма кои се однесуваат на учениците во одделението (на пр. Is Hristijan sleeping? Are Ace and Zoran talking about the exercises?), а учениците со кратки одговори одговараат на истите запишувајќи ги одговорите во нивните тетратки.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници,тетратки, училишен прибор, табла, креда, и сл.

Наставни методи и форми на работа

комуникативен метод, метод на практична работа, фронтална работа, работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (сегашно трајно време)

Додатна активност Наставникот запишува зборови на таблата. Учениците треба точно да ги подредат зборовите за да добијат реченици. Нивните одговори ги запишуваат во тетратките, а неколку ученици ги запишуваат истите на таблата.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 5: Dnevni Podgotovki VII Odd.- Tema Let's Remember!

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (вежби), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација и сл.

Очекуван исход Учениците пишуваат прашални реченици со глагол во Present Continuous Tense и даваат кратки одговори на истите.

Рефлексија на часот Целите на часот беа постигнати- учениците се потсетија на прашалната форма во Present Continuous Tense. Не беа забележани потешкотии во текот на часот освен кај двајца ученици на кои им беше потребна помош. Најинтересна активност на учениците им беше одговарањето на прашањата кои се однесуваат на нив самите. Кога би го одржала истиот час повторно, би можела да применам наставно ливче.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 6: Dnevni Podgotovki VII Odd.- Tema Let's Remember!

План за час по англиски јазик

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.- Да се потсетиме!Наставна единица 4. Потсетување на правилата за пишување на “-ing” формитеДатум 09.09.2011Цели на часот Ученикот да може:

да се потсети на правилата за пишување на “-ing” формите да ја увежба употребата на Present Continuous Tense

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот.Наставникот ги прашува учениците која наставка се додава на основната форма на глаголот во Present Continuous Tense (“-ing”). Тој ги потсетува дека кај некои глаголи има мали измени при пишувањето на нивните форми во Present Continuous Tense.

Главен дел (20 мин) Вежба бр.3/стр.4. Наставникот го насочува вниманието на вежбата и од учениците бара да ги пронајдат основните форми на глаголите и нивните форми со наставката “-ing”. Учениците ги запишуваат глаголите во табела составена од две колони. Неколку ученици ги запишуваат нивните одговори на таблата.Наставникот ги потсетува учениците на правилата за пишување на глаголот + “-ing”. Потоа, ги запишува глаголите run, work и take на таблата и бара од учениците да ги запишат истите со наставката “-ing”.Вежба бр.4. Наставникот го чита дадениот пример и дава објаснување за начинот на решавање на вежбата. Потоа, учениците ја решаваат вежбата самостојно. Неколку ученици ги запишуваат нивните одговори на таблата.Наставникот ги потсетува учениците на употребата на Present Continuous Tense.

Завршен дел (10мин) Наставникот ги потсетува учениците на употребата на Present Continuous Tense. Потоа, учениците ја решаваат вежба бр.5/стр5. Неколку ученици ги читаат нивните одговори за останатите од одделението.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници,тетратки, училишен прибор, табла, креда, и сл.

Наставни методи и форми на работа

комуникативен метод, метод на практична работа, фронтална работа, работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (сегашно трајно време)

Додатна активност Вежба бр.6/стр5. Во парови, учениците прашуваат и одговараат за идни дејствија употребувајќи Present Continuous Tense.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 7: Dnevni Podgotovki VII Odd.- Tema Let's Remember!

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (вежби), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација и сл.

Очекуван исход Учениците правилно ги пишуваат формите на глаголот со наставката “-ing” во Present Continuous Tense.

Рефлексија на часот Учениците се потсетија на правилата за пишување на глаголот +“-ing” наставката. Тие ги решаваа предвидените вежби и сите учествуваа во предвидените активности, иако на неколку ученици им беше потребна мала помош и потсетување на правилата. Не беа забележани некои потешкотии во текот на овој час. Сите активности им беа подеднакво интересни на учениците, а кога би го повторила истиот час би можела да применам некоја игра или квиз.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 8: Dnevni Podgotovki VII Odd.- Tema Let's Remember!

План за час по англиски јазик

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.- Да се потсетиме!Наставна единица 5. Потсетување на вокабуларот за облека и за атмосферски приликиДатум 12.09.2011Цели на часот Ученикот да може:

да се потсети на зборовите со кои се именува облека да се потсети на зборовите со кои се именуваат атмосферски

прилики

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот.Наставникот го насочува вниманието на сликата од вежба бр.1/стр.8 во учебникот и ги прашува учениците на пр. “What’s next to the jacket? What’s between the jeans and the gloves?” со цел да ги потсети и на предлозите за место.

Главен дел (20 мин) Учениците ги именуваат деловите од облеката кои ги гледаат на сликата и ги запишуваат во нивните тетратки. Потоа преку интерактивна игра ги увежбуваат истите (http://learnenglishkids.britishcouncil.org/en/%252Flanguage-games/hangman/clothes ) или http://www.englishmaven.org/Articulate/Intermediate %20Matching %20by% 20Definition%20-%20Clothing%20-%20Quizmaker%20output/quiz.html.Вежба бр.2. Учениците го читаат текстот и ги обележуваат деловите од облеката. Неколку ученици ги читаат нивните одговори.Во парови, учениците ја опишуваат облеката на нивниот партнер.

Завршен дел (10мин) Вежба бр.4. Наставникот бара од учениците да го прочитаат текстот и сликите да ги заменат со соодветните зборови со кои се именуваат атмосферски прилики. Неколку ученици го читаат текстот за останатите од одделението.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници,тетратки, училишен прибор, табла, креда, флеш карти, компјутери, Интернет и сл.

Наставни методи и форми на работа

комуникативен метод, метод на практична работа, фронтална работа, работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите) со географија (атмосферски прилики)

Додатна активност Учениците пишуваат разгледница од познато туристичко место и даваат краток опис на времето таму.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на

Постојано следење на активноста на ученикот (вежби), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација и сл.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 9: Dnevni Podgotovki VII Odd.- Tema Let's Remember!

работата на учениците

Очекуван исход Учениците именуваат делови од облека и искажуваат атмосферски прилики.

Рефлексија на часот Учениците се потсетија на вокабуларот со кој се именуваат делови од облека и атмосферски прилики. На дел од учениците овие зборови им беа подзаборавени, па се потсетија во текот на овој час. Сите ученици учествуваа во предвидените активности, но кај тројца ученици беа забележани потешкотии при работата со компјутер. Сепак, оваа активност им беше најинтересна на учениците. Кога би го повторила овој час не би променила ништо.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 10: Dnevni Podgotovki VII Odd.- Tema Let's Remember!

План за час по англиски јазик

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.- Да се потсетиме!Наставна единица 6. Потсетување на формата “going to” за искажување на идни

планови и намериДатум 14.09.2011Цели на часот Ученикот да може:

да се потсети на употребата на формата “going to” за искажување на идни планови и намери

да се потсети на употребата на Present Simple Tense и Present Continuous Tense

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот.Наставникот ги потсетува учениците на формите на глаголот во Present Simple Tense и Present Continuous Tense. Тој ги потсетува и на употребата на овие две граматички времиња.

Главен дел (20 мин) Вежба бр.7/стр.5. Учениците ги разгледуваат дадените реченици и ги запишуваат соодветните форми на глаголот, во Present Simple Tense или Present Continuous Tense. Неколку ученици ги читаат нивните одговори за останатите од одделението. Наставникот ги потсетува учениците и на прилозите за зачестеност кои се веќе познати.Наставникот ги прашува учениците со која глаголска форма (going to) се искажуваа идни планови, намери и предвидувања. Потоа, учениците го разгледуваат дадениот пример од вежба бр.1/стр.6 и ги запишуваат прашањата и одговорите во нивните тетратки. Неколку ученици ги запишуваат нивните одговори на таблата.

Завршен дел (10мин) Наставникот дистрибуира наставно ливче со формите на глаголот во Present Simple Tense и Present Continuous Tense. Учениците самостојно ја решаваат вежбата и ги враќаат ливчињата кај наставникот за тој да ги провери нивните одговори.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници,тетратки, училишен прибор, табла, креда, наставно ливче и сл.

Наставни методи и форми на работа

Демонстративен метод, комуникативен метод, метод на практична работа, фронтална работа, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (идно време)

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 11: Dnevni Podgotovki VII Odd.- Tema Let's Remember!

Додатна активност Учениците искажуваат предвидувања според дадени слики употребувајќи ја глаголската форма going to.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (вежби), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, наставно ливче, писмена повратна информација и сл.

Очекуван исход Учениците искажуваат идни планови, намери и предвидувања со глаголската форма going to и правилно ги применуваат формите на глаголот во Present Simple Tense и Present Continuous Tense.

Рефлексија на часот Целите на часот беа постигнати- учениците се потсетија на употребата на Present Simple Tense и Present Continuous Tense, иако кај некои ученици беше забележано дека недоволно ја разбрале употребата на овие граматички времиња. Додека пак, правилно ја употребуваа глаголската форма going to искажувајќи идни планови, намери и предвидувања. Најинтересна активност им беше искажувањето на предвидувања според дадени слики. Кога повторно би го одржала истиот час би можела да применам игра за да го поттикнам натпреварувачкиот дух кај учениците.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 12: Dnevni Podgotovki VII Odd.- Tema Let's Remember!

План за час по англиски јазик

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.- Да се потсетиме!Наставна единица 7. Потсетување на Past Simple Tense од глаголот “сум“Датум 16.09.2011Цели на часот Ученикот да може:

да се потсети на формите на глаголот “сум“ во Past Simple Tense

да ја увежба употребата на глаголот “сум“ во Past Simple Tense

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот.Наставникот ги потсетува учениците на формите на глаголот “сум“ во Past Simple Tense преку неколку практични примери. Тој бара од учениците да осмислат две реченици во кои ќе биде употребен овој глагол во Past Simple Tense.

Главен дел (20 мин) Вежба бр.3/стр.6. Наставникот го насочува вниманието на табелата од оваа вежба и бара од учениците да ја пополнат со соодветните форми на глаголот “сум“ во Past Simple Tense. Додека тие работат наставникот се движи низ училницата проверувајќи ги нивните одговори.Вежба бр.4. Наставникот запишува на таблата две реченици кои се однесуваат на него (на пр. At 7 o’clock this morning I wasn’t at school. I was at home.). Потоа, бара од учениците да напишат вистинити реченици за нив самите, за нивните пријатели или за членовите од нивните семејства. Неколку ученици ги читаат нивните реченици за останатите од одделението и ги запишуваат истите на таблата.

Завршен дел (10мин) Наставникот ги потсетува учениците на прашалната форма со глаголот “сум“ во Past Simple Tense и го чита дадениот пример од вежба бр.5. Потоа учениците ги составуваат речениците со дадените зборови и во парови ги презентираат нивните одговори.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници,тетратки, училишен прибор, табла, креда, и сл.

Наставни методи и форми на работа

Демонстративен метод, комуникативен метод, метод на практична работа, фронтална работа, работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (минато свршено време)

Додатна активност Наставникот бара од учениците да ги отворат следните линкови и да ги решат дадените вежби (http://a4esl.org/q/f/z/zz17mdf.htm и http://www.eflnet.com/grammar/yesnopast.php )

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 13: Dnevni Podgotovki VII Odd.- Tema Let's Remember!

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (вежби), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, и сл.

Очекуван исход Учениците искажуваат минато свршено време употребувајќи го глаголот “сум“ во Past Simple Tense.

Рефлексија на часот Учениците се потсетија на формите на глаголот “сум“ во Past Simple Tense и на нивната практична примена во реченици со кои се искажува минато свршено време. Не беа забележани некои потешкотии во текот на овој час, со исклучок на двајца ученици кои имаа потешкотии да ги решаваат вежбите и им беше потребна помош. Сите ученици учествуваа во предвидените активности, а најинтересна активност им беше решавањето на вежбите од Интернет. Кога би го одржала повторно истиот час би можела да посветам повеќе внимание на пишувањето на реченици од дадени зборови со измешан редослед.

План за час по англиски јазикНаставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 14: Dnevni Podgotovki VII Odd.- Tema Let's Remember!

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.- Да се потсетиме!Наставна единица 8. Past Simple Tense кај правилните глаголиДатум 19.09.2011Цели на часот Ученикот да може:

да се потсети на формите на правилните глаголи во Past Simple Tense

да ја увежба употребата на правилните глаголи во Past Simple Tense за искажување на минати свршени дејства

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот.Наставникот запишува неколку реченици на таблата во кои се дадени глаголи во Past Simple Tense. Тој бара од учениците да ги пронајдат и да ги заокружат глаголите во овие реченици. Тие ги проверуваат нивните одговори со партнер.

Главен дел (20 мин) Вежба бр.6/стр.7. Во парови, учениците ги разгледуваат дадените примери и ги дополнуваат речениците со точните форми на глаголот во Past Simple Tense, а кој е даден во неговата основна форма. Наставникот ги запишува точните одговори на таблата за учениците да ги проверат своите одговори во нивните тетратки.Вежба бр.7. Наставникот ги потсетува учениците на правилата на спелување на глаголите во Past Simple Tense. Потоа, учениците ја пополнуваат табелата во нивните тетратки, а неколку ученици ги запишуваат нивните одговори и на таблата.Наставникот бара од учениците да се потсетат и на други глаголи и да ги запишат истите во табелата.

Завршен дел (10мин) Наставникот запишува неколку реченици во сегашно време и од учениците бара да ги запишат истите во минато време со глаголи во Past Simple Tense. Неколку ученици ги запишуваат нивните одговори на таблата. Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници,тетратки, училишен прибор, табла, креда, и сл.

Наставни методи и форми на работа

Демонстративен метод, комуникативен метод, метод на практична работа, фронтална работа, работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (минато свршено време)

Додатна активност Вежба бр.8./стр.7.Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (вежби), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, и сл.

Очекуван исход Учениците искажуваат минато свршено време употребувајќи правилни глаголи во Past Simple Tense.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 15: Dnevni Podgotovki VII Odd.- Tema Let's Remember!

Рефлексија на часот Целите на часот беа постигнати- учениците се потсетија на формите на правилните глаголи во Past Simple Tense и ги увежбаа истите преку практични вежби. Мал дел од учениците имаа потреба од мала помош при решавањето на вежбите бидејќи ги имаа заборавено формите на правилните глаголи во Past Simple Tense. Сите активности им беа подеднакво интересни на учениците, а кога би го повторила истиот час би можела да применам наставно ливче или интерактивна вежба од Интернет.

План за час по англиски јазик

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 16: Dnevni Podgotovki VII Odd.- Tema Let's Remember!

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.- Да се потсетиме!Наставна единица 9. Вежби- Past Simple Tense кај правилните глаголиДатум 21.09.2011Цели на часот Ученикот да може:

да ги увежба формите на правилните глаголи во Past Simple Tense

да ја увежба употребата на правилните глаголи во Past Simple Tense за искажување на минати свршени дејства

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот.Наставникот запишува неколку глаголи на таблата во нивната основна форма (инфинитив) и од учениците бара истите да ги запишат во Past Simple Tense.

Главен дел (20 мин) Вежба бр.8/стр.7. Наставникот го насочува вниманието на сликата од вежба бр.8 и ги прашува учениците неколку прашања поврзани со сликата (на пр. Where is the story set? What are people doing? ) Наставникот им објаснува на учениците дека ќе слушнат аудиозапис за една девојка Christine и дека треба да го дополнат текстот со глаголите во Past Simple Tense. Тие го пишуваат текстот во нивните тетратки и ги проверуваат нивните одговори со партнер. Наставникот поставува неколку прашања поврзани со текстот (Who did Christine want to dance with? What happened at midnight? и сл.).Вежба бр.9. Наставникот го насочува вниманието на дадениот пример и од учениците бара да состават прашања кои се однесуваат на текстот и да ги одговорат истите.

Завршен дел (10мин) Во парови, учениците ги презентираат нивните прашања и одговори, а неколку ученици ги запишуваат истите и на таблата. Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници,тетратки, училишен прибор, табла, креда,касета, касетофон и сл.

Наставни методи и форми на работа

Метод на работа со текст, комуникативен метод, аудио-визуелен метод, метод на практична работа, работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (минато свршено време)

Додатна активност Во парови, учениците прашуваат и одговараат на прашања за она што го правеле во текот на изминатата вечер. (What did you do last night? I played computer games.)

Методи, форми и инструменти за

Постојано следење на активноста на ученикот (вежби), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација,

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 17: Dnevni Podgotovki VII Odd.- Tema Let's Remember!

оценување и вреднување на работата на учениците

сооценување на учениците во парови и сл.

Очекуван исход Учениците искажуваат минато свршено време употребувајќи правилни глаголи во Past Simple Tense.

Рефлексија на часот Учениците ги увежбаа формите на правилните глаголи во Past Simple Tense решавајќи ги предвидените вежби за овој час. Беа забележани потешкотии во решавањето на вежбите кај послабите ученици и на истите им беше потребна помош. Сите ученици учествуваа во решавањето на вежбите, а најинтересна им беше активноста во парови кога искажуваа што правеле претходната вечер. Кога би го одржала истиот час уште еднаш би можела да применам наставно ливче со правилните глаголи во Past Simple Tense.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 18: Dnevni Podgotovki VII Odd.- Tema Let's Remember!

План за час по англиски јазик

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.- Да се потсетиме!Наставна единица 10. Потсетување на вокабуларот- домови и музички инструментиДатум 23.09.2011Цели на часот Ученикот да може:

да се потсети на зборовите со кои се именуваат некои видови домови и просториите во нив

да се потсети на зборовите со кои се именуваат музички инструменти.

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот.Наставникот го насочува вниманието на постер на кој се прикажани просториите во домот и од учениците бара да се потсетат на истите и да ги именуваат.

Главен дел (20 мин) Вежба бр.6/стр.9. Наставникот го насочува вниманието на сликата од вежба бр.6 и ги прашува учениците неколку прашања поврзани со сликата (на пр. Why is the owner selling the house? Would you like to live there? Why? ) Наставникот бара од учениците да го прочитаат дијалогот и да ги дополнат зборовите со буквите кои им недостасуваат. Потоа, во парови учениците ги проверуваат нивните одговори, а во групи од тројца го читаат дијалогот. Наставникот го пушта аудиозаписот за учениците да го слушнат и да ги проверат нивните одговори. Вежба бр.7. Наставникот го насочува вниманието на сликите од вежбата и на дадениот пример. Учениците ги пишуваат зборовите со кои се именуваат музички инструменти соодветно на дадените слики. Наставникот поставува неколку прашања на кои учениците одговараат за нив самите (Which is your favourite instrument? Which instruments you can play on? Which instruments can you hear in classical music?).

Завршен дел (10мин) Вежба бр.8. Во парови, учениците одбираат која е нивната омилена песна и кои инструменти се слушаат во истата. Наставникот пушта кратки видеа од три песни кои се најомилени меѓу учениците во одделението. Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници,тетратки, училишен прибор, табла, креда, компјутер, Интернет, проектор, екран и сл.

Наставни методи и форми на работа

комуникативен метод, аудио-визуелен метод, метод на практична работа, работа во парови, работа во групи, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите) со музичко образование (музички инструменти)

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 19: Dnevni Podgotovki VII Odd.- Tema Let's Remember!

Додатна активност Учениците, поделени во групи, ја играат играта “Hangman” користејќи ги зборовите со кои се именуваат простории во домот и музички инструменти.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (вежби, усвоеност на вокабуларот), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, и сл.

Очекуван исход Учениците именуваат видови домови и просториите во нив и музички инструменти.

Рефлексија на часот Целите на часот беа постигнати- учениците се потсетија и ги именуваа просториите во домот и музичките инструмети кои им се веќе познати. Не беа забележани некои потешкотии во текот на часот и сите ученици учествуваа во предвидените активности за овој час. Најинтересна активност на учениците им беше вежба бр. 8 кога одбираа најомилени песни и се забележуваше несогласување во изборот на нивните топ три песни. Кога би го одржала повторно истиот час би можела да применам online квиз или игра.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 20: Dnevni Podgotovki VII Odd.- Tema Let's Remember!

План за час по англиски јазик

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.- Да се потсетиме!Наставна единица 11. Вештини: читање, слушање со разбирање и конверзација на тема

“Passport to English!”Датум 26.09.2011Цели на часот Ученикот да може:

да ги развива јазичните вештини-читање, слушање со разбирање и разговор на дадена тема

да може да се претстави самиот себе и да ги искаже неговите хоби и интереси.

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот.Наставникот го насочува вниманието на сликите на страница бр.10 и од учениците бара да му кажат што можат да заклучат од она што го гледаат. Потоа бара од учениците брзо да ги погледнат текстовите А и Б и да ја откријат националноста на ликовите дадени на сликите.

Главен дел (20 мин) Вежба бр.1/стр.10. Наставникот го пушта аудиозаписот за учениците да го слушнат и да го прочитаат. Потоа, бара од учениците да ги прочитаат индивидуално уште еднаш. Наставникот бара да ги затворат учебниците и да одговорат на прашањата од оваа вежба кои тој им ги поставува. Учениците ги одговараат прашањата, а како последно прашање наставникот ги прашува учениците што им е заедничко на овие тинејџери (сакаат да учат англиски јазик).Вежба бр.2. Наставникот го пушта аудиозаписот за учениците да го слушнат и да го дополнат текстот со зборовите кои недостасуваат. Наставникот ги прашува учениците кои зборови недостасуваа во текстот и истите ги запишува на таблата.Ученици доброволци ги читаат дадените текстови за останатите од одделението и ги преведуваат истите.

Завршен дел (10мин) Вежба бр.3. Во парови, учениците прашуваат и одговараат на прашањето зошто го учат англискиот јазик. Тие можат да одберат од понудените одговори или да дадат свој одговор на ова прашање. Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници,тетратки, училишен прибор, табла, креда, касета, касетофон и сл.

Наставни методи и форми на работа

комуникативен метод, аудио-визуелен метод, метод на работа со текст, работа во заедница, работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите)

Додатна активност Учениците пишуваат повеќе прашања за Sofia, Janusz и Lucio, а потоа во парови прашуваат и одговараат на истите прашања.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 21: Dnevni Podgotovki VII Odd.- Tema Let's Remember!

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (вежби, читање, слушање со разбирање, превод, учество во дијалози), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, и сл.

Очекуван исход Учениците читаат даден текст, разбираат слушнат исказ и одговараат на поставени прашања.

Рефлексија на часот Учениците ги разбраа слушнатите аудиозаписи бидејќи истите содржеа познат вокабулар. Тие ги читаа текстовите и во парови одговараа на прашања за текстовите и за самите нив. На прашањето зошто го учат англискиот јазик имаше неколку интересни одговори. Сите ученици учествуваа во активностите за овој час, а потешкотии беа забележани кај двајца ученици кои се со послаб успех и на кои им беше потребна помош. Најинтересна активност им беше вежба бр.3, а кога би го одржала истиот час уште еднаш би можела да направам игра од овие прашања која би го поттикнала натпреварувачкиот дух кај учениците.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 22: Dnevni Podgotovki VII Odd.- Tema Let's Remember!

План за час по англиски јазик

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.- Да се потсетиме!Наставна единица 12. Вештини: пишување на краток состав на тема “Passport to

English!”Датум 28.09.2011Цели на часот Ученикот да може:

да ги развива јазичните вештини-пишување на дадена тема да може да се претстави самиот себе и да ги искаже неговите

хоби и интереси преку пишување на краток составФази на часот АктивностиВоведен дел (8 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот.Наставникот го насочува вниманието на текстовите од стр.10 бара од тројца ученици да ги прочитаат истите. Потоа, го насочува вниманието на вежба бр.4/стр.11 и го чита моделот за пишување на краток состав.

Главен дел (30 мин) Наставникот ги потсетува учениците за критериумите на оценување на краток состав и им укажува на што треба да внимаваат при пишувањето. Учениците пишуваат краток состав на тема “Passport to English!” следејќи ги дадените инструкции од наставникот. Наставникот се движи низ училницата додека учениците пишуваат и им помага со вокабуларот доколку има потреба од тоа.

Завршен дел (2мин) Учениците ги доставуваат напишаните состави до наставниот за тој да ги провери и да ги оцени напишаните текстови. Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници,тетратки, училишен прибор, табла, креда, хартија, боички и сл.

Наставни методи и форми на работа

комуникативен метод, метод на практична работа, работа во заедница, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (пишување на краток состав)

Додатна активност Учениците ги читаат напишаните кратки состави на тема “Passport to English!”

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (читање, пишување на краток состав), писмена повратна информација, и сл.

Очекуван исход Учениците пишуваат карток состав на дадена тема по даден модел.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 23: Dnevni Podgotovki VII Odd.- Tema Let's Remember!

Рефлексија на часот Учениците пишуваа краток состав за нив самите искажувајќи ги нивните омилени наставни предмети , нивното хоби и интереси, зошто го изучуваат англискиот јазик и сл. Од направената проверка на кратките состави може да се заклучи дека поголемиот дел од учениците имаа напишано доста добри состави и дека ги имаат следено дадените инструкции од наставникот. Составите беа оценувани според дадените критериуми.

План за час по англиски јазикНаставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 24: Dnevni Podgotovki VII Odd.- Tema Let's Remember!

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.- Да се потсетиме!Наставна единица 13. Обработка на песна “So young!”Датум 03.10.2011Цели на часот Ученикот да може:

да го изучува јазикот преку песна да може да го искаже сопственото мислење околу

содржината на песнатаФази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот.Наставникот го насочува вниманието на сликата од вежба бр.1/стр.11 и ги прашува учениците на што ги асоцира дадената слика. Тој бара од учениците да запишат по три збора кои ги асоцираат на сликата, а наставникот ги запишува нивните зборови на таблата.

Главен дел (20 мин) Наставникот бара од учениците да ги погледнат и да ги преведат зборовите дадени во квадратот над текстот на песната. Потоа, наставникот ја пушта песната за учениците да ја слушнат. Наставникот им објаснува дека треба да ги вметнат дадените зборови во текстот од песната и повторно ја пушта за учениците да ја слушнат и да го дополнат текстот. Неколку ученици ги читаат нивните одговори за останатите од одделението. Наставникот ја пушта песничката повеќе пати за учениците да ја слушнат и да се обидат да ја пеат. Наставникот го насочува вниманието на вежба бр.2 и од учениците бара да ги преведат дадените фрази на македонски јазик. Наставникот бара од учениците да го преведат текстот на песната.

Завршен дел (10мин) Вежба бр.3. Наставникот ги прашува учениците дали знаат некои други песни на следниве теми: млади луѓе, лето, сни, среќни луѓе. Учениците ги искажуваат нивните одговори, а потоа одговараат на прашањата од наставникот поврзани со текстот на песната. Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници,тетратки, училишен прибор, табла, креда, касета, касетофон, и сл.

Наставни методи и форми на работа

Метод на песна, комуникативен метод, аудио-лингвален метод, природен метод, работа во заедница, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите) со музичко образование (песна)

Додатна активност Наставникот бара од учениците да ги пронајдат глаголите дадени во текстот на песната и да му кажат во кое граматичко време се употребени.

Методи, форми и инструменти за

Постојано следење на активноста на ученикот (читање, слушање со разбирање,вежби ), усни одговори на прашања од наставникот, усна

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 25: Dnevni Podgotovki VII Odd.- Tema Let's Remember!

оценување и вреднување на работата на учениците

повратна информација, и сл.

Очекуван исход Учениците даваат мислење за текстот на самата песна.

Рефлексија на часот Учениците ја слушаа песничката и го дополнуваа текстот на истата уживајќи во музиката која ја слушаа. Учениците искажуваа свое мислење за текстот и за самата песна. Не беа забележани некои потешкотии во текот на часот и најинтересна активност им беше слушањето на самата песна. Кога повторно би го одржала истиот час би можела да применам и некоја друга песна која е актуелна во моментот, а која е доста популарна кај тинејџерите.

План за час по англиски јазикНаставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 26: Dnevni Podgotovki VII Odd.- Tema Let's Remember!

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.- Да се потсетиме!Наставна единица 14. Потсетување на содржините од оваа темаДатум 05.10.2011Цели на часот Ученикот да може:

да се потсети на граматичките структури кои беа увежбувани во склоп на оваа целина

да може да го утврди своето познавање на употребата на Present Simple и Present Continuous Tense

Фази на часот АктивностиВоведен дел (8 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот.Наставникот во кратки црти ги потсетува учениците на формите на глаголот во Present Simple и Present Continuous Tense и на нивната употреба.

Главен дел (30 мин) Наставникот дистрибуира тест со вежби поврзани со овие две граматички времиња и го објаснува критериумот на оценување на истите. Учениците ги разгледуваат вежбите и доколку имаат некои прашања поврзани со вежбите, наставникот одговара на истите.Учениците ги решаваат вежбите.

Завршен дел (2мин) Тестовите со решените вежби учениците ги враќаат кај наставникот за тој да ги провери нивните одговори и да ги оцени истите.

Наставни средства и помагала

Учебници,тетратки, училишен прибор, табла, креда, тест и сл.

Наставни методи и форми на работа

Метод на тест, комуникативен метод, работа во заедница, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите, граматика)

Додатна активност Поправка на вежбите од тестот.Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот, тест, бодовна скала, писмена повратна информација и сл.

Очекуван исход Учениците правилно ги применуваат граматичките времиња Present Simple и Present Continuous Tense.

Рефлексија на часот Учениците ги решаваа вежбите од тестот и од добиените резултати може да се заклучи дека средниот успех е добар, а кај мал дел на ученици беа добиени негативни оцени. Во иднина би требало да се увежбаат овие граматички структури со послабите ученици.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 27: Dnevni Podgotovki VII Odd.- Tema Let's Remember!

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово