2
1 ЕТИЧКИ КОДЕКС ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА ПОСТИГАЊАТА НА УЧЕНИЦИТЕ во ООУ „Манчу Матак” - Кривогаштани Кодексот за етичко однесување се однесува на сите субјекти во училиштето кои, директно или индиректно се вклучени во изведувањето на процесот на интерното оценување на постигањата на учениците или се надлежни за прибирање, обработка, чување и користење на податоците и на резултатите од него: - директорите и стручните работници во училиштата; - наставниците кои ги оценуваат постигањата на учениците; - родителите на учениците; - учениците, чии постигања се оценуваат. Директорот и стручните соработници во училиштето прифаќаат: (Усвоено на Наставнички совет 26.10.2009) - да создаваат култура на правично и фер оценување во училиштето; - да ги заштитуваат правата на приватност во оценувањето на учениците; - да спречат евентуална злоупотреба на резултатите од оценувањето во училиштето; - да обезбедат праведен процес на жалби во врска со оценувањето. Наставниците во училиштето прифаќаат: (Усвоено на Наставнички совет 26.10.2009) - да бидат непристрасни, објективни, позитивни, отворени и подготвени да им дадат поддршка и помош на учениците во процесот на оценувањето; - со своето однесување во процесот на оценувањето да промовираат високи морални вредности и да бидат пример за учениците; - да ја избегнуваат секоја ситуација што може да претставува конфликт на интереси, непристрасно и непринципиелно однесување во процесот на оценувањето; - да одбијат секаков вид на интервенција или поткуп понуден со цел да дадат оценка различна од заслужената; - да се спротивстават на неетичко однесување на други субјекти во оценувањето (ученици, родители, колеги); - во процесот на оценувањето да ја почитуваат личноста на ученикот и на неговите родители; - да водат грижа за приватноста на ученикот и сознанијата за неговото учење да не ги споделуваат со лица кои не се дел од процесот на наставата; - да соработуваат со колегите со цел да се подобри оценувањето; - при оценувањето да не прават дискриминација на учениците по која било основа (национална, верска, полова, расна, социјална состојба и сл.).

eticki_kodeks_ocenuvanje

Embed Size (px)

DESCRIPTION

eticki kodeks za ocenuvanje na ucenicite

Citation preview

Page 1: eticki_kodeks_ocenuvanje

1

ЕТИЧКИ КОДЕКС ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА ПОСТИГАЊАТА НА УЧЕНИЦИТЕ

во ООУ „Манчу Матак” - Кривогаштани

Кодексот за етичко однесување се однесува на сите субјекти во училиштето кои, директно или индиректно се вклучени во изведувањето на процесот на интерното оценување на постигањата на учениците или се надлежни за прибирање, обработка, чување и користење на податоците и на резултатите од него: - директорите и стручните работници во училиштата; - наставниците кои ги оценуваат постигањата на учениците; - родителите на учениците; - учениците, чии постигања се оценуваат.

Директорот и стручните соработници во училиштето прифаќаат: (Усвоено на Наставнички совет 26.10.2009)

- да создаваат култура на правично и фер оценување во училиштето; - да ги заштитуваат правата на приватност во оценувањето на учениците; - да спречат евентуална злоупотреба на резултатите од оценувањето во училиштето; - да обезбедат праведен процес на жалби во врска со оценувањето.

Наставниците во училиштето прифаќаат: (Усвоено на

Наставнички совет 26.10.2009) - да бидат непристрасни, објективни, позитивни, отворени и подготвени да им дадат поддршка и помош на учениците во процесот на оценувањето; - со своето однесување во процесот на оценувањето да промовираат високи морални вредности и да бидат пример за учениците; - да ја избегнуваат секоја ситуација што може да претставува конфликт на интереси, непристрасно и непринципиелно однесување во процесот на оценувањето; - да одбијат секаков вид на интервенција или поткуп понуден со цел да дадат оценка различна од заслужената; - да се спротивстават на неетичко однесување на други субјекти во оценувањето (ученици, родители, колеги); - во процесот на оценувањето да ја почитуваат личноста на ученикот и на неговите родители; - да водат грижа за приватноста на ученикот и сознанијата за неговото учење да не ги споделуваат со лица кои не се дел од процесот на наставата; - да соработуваат со колегите со цел да се подобри оценувањето; - при оценувањето да не прават дискриминација на учениците по која било основа (национална, верска, полова, расна, социјална состојба и сл.).

Page 2: eticki_kodeks_ocenuvanje

2

Родителите прифаќаат: (Усвоено на состанок на Советот на родители

на 16.10.2009)

- да го поддржуваат учењето на своите деца преку залагање за фер оценување; - да се воздржат од активности кои неоправдано би ги довеле нивните деца во повластена положба во оценувањето во однос на другите деца; - да ги почитуваат професионалните одлуки и совети на наставниците во врска со оценувањето на нивните деца; - кај своите деца - ученици да поттикнуваат чесен и фер однос и со своето однесување во врска со оценувањето на постигањата да им бидат пример за тоа; - кај своите деца да ги препознаваат и попречуваат евентуалните обиди со недозволени постапки да добијат поповолна оценка од објективно утврдената.

Учениците во училиштето пирифаќаат: (Усвоено на состанок на

Заедницата на ученици на 9.11.2009)

- да се залагаат за праведно и фер оценување на сите ученици и да се спротивстават на појави кои доведуваат до неправично оценување; - да ги почитуваат барањата и договорените процедури во врска со оценувањето и да се информираат за последиците од непочитување на правилата; - да не поставуваат неприфатливи барања во врска со оценувањето на нивните постигања; - да ги почитуваат советите на наставниците поврзани со оценувањето и учењето; - да не се служат со недозволени постапки во текот на презентирањето на бараните знаења и вештини и да одбегнуваат да вршат какво било влијание (непосредно или посредно), со цел некој ученик да се здобие со повисока оценка од реално заслужената. Директор: Светлана Костадиноска