88

GODI{EN IZVE{TAJGODI{EN IZVE{TAJ ZA AKTIVNOSTITE NA DIREKCIJATA ZA SPRE^UVAWE NA PEREWE PARI (1 januari 2007 god. - 31 dekemvri 2007 god.) mart, 2008 godina Skopje Republika Makedonija

  • Upload
    others

  • View
    2

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

GODI{EN IZVE{TAJ

ZA

AKTIVNOSTITE NA DIREKCIJATA ZA SPRE^UVAWE NA PEREWE PARI

(1 januari 2007 god. - 31 dekemvri 2007 god.)

mart, 2008 godinaSkopje

Republika MakedonijaMinisterstvo za finansii

Uprava za spre~uvawe na perewe pari i finansirawe na terorizam

С О Д Р Ж И Н А

ВОВЕД.........................................................................................................3

I. ОРГАНИЗАЦИСКА ПОСТАВЕНОСТ..........................................................5

II. ОРГАНИЗАЦИСКИ РАЗВОЈ.....................................................................10 2.1 Одделение за аналитика …………………………………………........10 2.2 Одделение за спречување на перење пари ...………………….........18 2.3 Одделение за ИТ и администрирање …………………………….......23 2.4 Одделение за меѓународна соработка и развој на системот.............27 2.5 Одделение за спречување на финансирање на тероризам…. .........28 2.6 Одделение за инспекциски надзор ……………………………….......29 III. ИЗВЕШТАИ ЗА ДОСТАВЕНИ И ОБРАБОТЕНИ ПРЕДМЕТИ................30 3.1 Статистика........................................................................................30 3.2 Опис на предмети.............................................................................35 IV. ПОДГОТОВКА НА НОВ ЗАКОН...............................................................63

V. ПОДГОТОВКА НА НОВА ОРГАНИЗАЦИОНА СТРУКТУРА..................64 5.1 Правилници и процедури за работа...................................................65 5.2 Управување, чување и обработка на класифицирани информации...66 5.3 Безбедност на податоците......................................................................66 5.4 Стандардизирање....................................................................................67

VI. МЕЃУИНСТИТУЦИОНАЛНА СОРАБОТКА............................................69

VII. МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА ...............................................................72 VIII. ЕВАЛУАЦИЈА .........................................................................................73

IX. ПРОФЕСИОНАЛНО УСОВРШУВАЊЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ..................75

X. ПРОЕКТИ....................................................................... ..........................77 10.1 ЕАР-Твининг Проект..............................................................................77 10.2 ГТЗ-Германско друштво за техничка помош.......................................77

XI. ПРОМОВИРАЊЕ .....................................................................................79

ВОВЕД

Прашање бр 1: Кој е мотивот еден човек да одлучи да се занимава со криминал?

Лесна заработувачка на пари, многу пари.....

Прашање бр 2: Како да се легализираат сите тие пари стекнати на криминален начин?

Второто прашање ги измачува сите криминалци во светот, додека нашиот предизвик е: Како да го усовршиме системот до оној степен, што во најрана фаза, преку различни механизми, ќе ги лоцира парите стекнати од криминал и со тоа ќе успее да ги детектира и открие мрежите на организираниот криминал?

Криминалците располагаат со голема финансиска моќ, со која во голем број слу-чаи се во предност пред институциите на системот.

За перењето на валканите пари посебно се погодени економиите во развој, кои сеуште имаат недоволно развиени институции, но истовремено се привлечни за странски инвестиции. Поради тоа, од витален интерес е за овие земји да создадат систем способен за навремена детекција, превенција, спречување и контрола на перењето пари.

Во ниту една земја на светот не постои систем кој може да гарантира дека може целосно да се спречи перењето пари. Имајќи ги во предвид околностите дека се работи за проблематика и материја во која секојдневно се користат нови техники на перење на парите, развиените земји постојано работат на развивање и усовр-шување на системот.

Република Македонија, до првата половина од 2006 година, на владино ниво, ос-вен декларативните заложби за градење и зајакнување на системот, цели четири години, потроши на црпење идеи од светот кои никогаш не беа имплементирани во пракса.

Поради немањето интерес за оваа проблематика, како и свесната пасивност во пе-риодот од 2002 до 2006 година, состојбата на системот за спречување на перење пари во Република Македонија беше на незавидно ниво.

Свесни за наследената состојба, на крајот на 2006 година беа направени длабински анализи и лоцирање на најголемите недостатоци на системот, споредба со ис-куствата од земјите во регионот и пошироко, со цел да се подготви програма со конкретни чекори за зајакнување на институцијата.

Оваа 2007 година беше една од најреформаторските години откако постои оваа

институција и клучна за подобрување на системот за спречување на перење пари.

Можеби овој извештај изгледа преобемен, со оглед на големината на нашата ин-ституција, но претставува реална слика за сето она што го остваривме во текот на 2007 година.На крајот од овој вовед, би сакал да изразиме голема благодарност до Владата на Република Македонија, а особено до Министерството за финансии, кои изразија цврста воља и заложба за подигање на системот за спречување на перење пари и во текот на 2007 година дадоа целосна поддршка на сите наши активности и напори за зајакнување на капацитетите на Дирекцијата за спречување на перење пари1, со што се создадоа услови оваа институција да биде надлежна за зајакнување на целиот систем за спречување на перење пари.

Со почит, Ване Цветанов, Директор на ДСПП

1 Дирекцијата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам согласно новиот закон за спречување на перење пари и други приноси од казниво дело и финансирање на тероризам од 18 јануари 2008 година се преименува во Управа за спречување на перење пари и финансирање на тероризам

I. ORGANIZACISKA POSTAVENOST 9

I. ОРГАНИЗАЦИСКА ПОСТАВЕНОСТ

Дирекцијата за спречување на перење пари функционира како администра-тивен модел на единица за финансиско разузнавање (FIU)2. Oвој тип на FIU’s делуваат како посредник меѓу приватниот сектор од една страна и органите на прогон од друга страна, односно функционираат како орган кој ја докажува довербата врз основа на која задолжените субјекти доставуваат податоци кои претставуваат нивна деловна тајна.

ДО ЈУНИ ДИРЕКЦИЈАТА БЕШЕ ОРГАНИЗИРАНА НА СЛЕДНИОВ НАЧИН:

- одделение за аналитика, - одделение за сомнителни трансакции и - одделение за развој на системот и меѓународна соработка.

советник советник советник

Одделение за меѓународна

соработка и

развој на системот

Одделение

за аналитика

Одделение за сомнителни трансакции

соработка и

Раководител наодделение

Раководител на одделение

Раководител на одделение

виш соработник соработник советник

самостоен референт

Директор

Органограм на Дирекцијата за спречување на перење пари до јуни 2007 година

2 FIU – Financial intelligence unit (единица за финансиско разузнавање)

GODI{EN IZVE{TAJ ZA AKTIVNOSTITE NA DIREKCIJATA ZA SPRE^UVAWE NA PEREWE PARI (1 januari 2007 god. - 31 dekemvri 2007 god.)10

OДДЕЛЕНИЕ ЗА АНАЛИТИКА Ги примаше, анализираше и обработуваше, аналитички ги следеше и ги про-учуваше извештаите за готовинските трансакции, вршеше анализи, изготвуваше информации и извештаи од аналитичката обработка на добиените податоци. Постапувавме по извештаите за готовински трансакции во износ од 15. 000 евра или повеќе и неколку поврзани готовински трансакции во износ од 15. 000 евра или повеќе, кои согласно законските обврски, субјектите ги доставуваат до Дирек-цијата, и извештаите за внесување и изнесување на готови пари или хартии од вредност во износ од над 10. 000 евра преку царинската линија на Република Македонија.

OДДЕЛЕНИЕ ЗА СОМНИТЕЛНИ ТРАНСАКЦИИ Постапуваше по извештаите за сомнителни трансакции, прибираше дополни-телни податоци и информации, вршеше анализа на сомнителните трансакции за кои постои сомневање дека се поврзани со перење пари, соработуваше со над-лежните државни органи (МВР, Јавно Обвинителство и Финансиска Полиција), из-готвуваше информации и извештаи од спроведените анализи и др.

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА РАЗВОЈ НА СИСТЕМОТ И МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

Ги следеше и проучуваше законските и подзаконските акти во врска со спречување на перење пари и даваше предлози за доградување на системот за спречување на перење пари, прибираше дополнителни информации и податоци, ја следеше меѓународната регулатива во врска со спречувањето на перење пари, соработуваше и разменуваше податоци со меѓународните органи и органите на други земји во врска со откривањето на случаи за перење пари и изготвуваше ин-формации и извештаи и др.

I. ORGANIZACISKA POSTAVENOST 11

ЈУНИ 2007 ГОДИНА - НОВА СИСТЕМАТИЗАЦИЈА

Проценивме дека овие три одделенија и бројот на вработени ни од далеку не се доволни за целосно спроведување на законските надлежности на нашата инсти-туција. Со цел поефикасно исполнување на законските обврски и зголемување на контролата на финансискиот систем изработивме нова организациона структура со 6 одделенија и тоа:

- одделение за развој на системот и меѓународна соработка, - одделение за аналитика, - одделение за спречување на перење пари, - одделение за спречување на финансирање на тероризам, - одделение за инспекциски надзор - одделение за ИТ и администрирање.

Одделение за IT

и

администрација

советник советник советник советник советник виш соработник

Одделениеза меѓународна соработка и

Одделениеза аналитика

Одделение

за спречување

на перење пари

Одделение за

инспекциски

надзор

Одделение за

спречување на

финансирање

тероризам Раководител на

одделение

Раководител на одделение

системот

Раководител на одделение

Раководител на одделение

Раководител на

одделение

Раководител на

одделение

соработник виш соработник

соработник советник советник

самостоен референт

развој на системот

Директор

Органограм на Дирекцијата за спречување на перење пари од јуни 2007 година

GODI{EN IZVE{TAJ ZA AKTIVNOSTITE NA DIREKCIJATA ZA SPRE^UVAWE NA PEREWE PARI (1 januari 2007 god. - 31 dekemvri 2007 god.)12

ОСНОВНИ ЗАДАЧИ НА НОВИТЕ ОДДЕЛЕНИЈА:

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ИНФОРМАТИЧКА ТЕХНОЛОГИЈА И АДМИНИСТРАЦИЈА

Ова одделение е надлежно за одржување и надградба на софтверскиот и хардверскиот систем со кој располага Дирекцијата, со цел : - ставање на расположливите ресурси на системот во целосна функција на користење на вработените; - континуирана подршка за корисниците на системот и извршува хардверски и софтверски интервенции; - го следи функционирањето на системот и на сите негови ресурси и предлага мерки за негово проширување и усовршување. - управува со базата на податоци и се грижи за комплетната обработка на податоците. - врши администрирање на сите типови на софтвер; - врши мрежни поврзувања и одржувања во и надвор од институцијата; - врши обуки на вработените - ја aжурира Web страната на Дирекцијата;

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР:

Ги врши работите што се однесуваат на : - следење на примената на Законот од страна на задолжените субјекти; - вршење надзор над примената на мерките за спречување на перење пари; - изготвување на извештај за извршениот надзор; - предлагање и изрекување на прекршочни санкции; - спроведување на постапка за посредување и порамнување; - утврдување на слабостите на системот; - соработка со органите задолжени да вршат надзор според законот; - учество во изготвувањето на годишниот извештај за активностите на Дирекцијата;

Дирекцијата се здоби со можност директно и навремено да врши контрола на суб-јектите, во ситуации кога се потребни итни контроли и можност одблизу и директно да ја следи и контролира работата на субјектите од аспект – исполнувањето на нивните законски обврски. Законските обврски на институциите кои според нашиот закон се задолжени да вршат инспекциски надзор остануваат да важат.

I. ORGANIZACISKA POSTAVENOST 13

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ

Постапуваме по извештаи за сомнителни трансакции за кои постои сомневање дека се поврзани со финансирање на тероризам, а кои се доставени од страна на субјектите и од страна на надлежните државни органи. Негови надлежности се :

- отварање на предмети за доставени извештаи за сомнителни трансакции и спроведување на анализа; - поднесување на иницијатива до надлежниот јавен обвинител со предлог за определување привремени мерки за запирање на трансакцијата и привремена заплена на парите и имотот; - при постоење на основ за сомневање на сторено кривично дело финансирање на тероризам, изготвува и поднесува извештај со мислење до надлежните државни органи како: МВР, Финансова Полиција или Јавно Обвинителство; - спроведување на обврските по Законот за меѓународни рестриктивни мерки; - прием, обработка и достава до задолжените субјекти на листи на терористи и терористички организации, изготвени од страна на релевантни меѓународни организации; - изготвување на типологија на методи кои најчесто се користат за финансирање на тероризам; - учество во изготвување на листи на индикатори за препознавање на трансакции поврзани со финансирање на тероризам;

II. ORGANIZACISKI RAZVOJ 15

II. ОРГАНИЗАЦИСКИ РАЗВОЈ активности во текот на 2007 година за секое одделение поодделно

2.1. ОДДЕЛЕНИЕ ЗА АНАЛИТИКА

За прв пат во текот на 2007 година одделението воспостави целосна електрон-ска комуникација со сите банки и извештаите за трансакциите се доставуваат по електронски пат. Овие податоци стигаат во ХМL формат, односно во обработлива форма за понатамошни анализи.

- воведовме правилници за при доставувањето на податоците целосно да се почитуваат сите стандарди, за да се зачува доверливиот карактер, како од страна на субјектите, така и од страна на Дирекцијата; - извршивме ажурирање на интерните листите на индикатори за препознавање на сомнителните трансакции; - утврдивме и пропишавме стандарди и методологија за препознавање на сомнителни трансакции од нашата база; - отпочнавме со профилирање на ризични групи на физички и правни лица, според степенот на ризичност по скала од 1 до 5; - инициравме отворање на предмети за одредени сомнителни трансакции врз основа на извештаите за готовински трансакции добиени од субјектите; - барањата до сите банки и добиените податоци отпочнавме да ги разменуваме во криптирана електронска форма; - воведовме електронско водење на статистички прегледи за бројот на доставени извештаи за готовински трансакции на месечна основа; - учествувавме во изготвување на прирачници, брошури и друга литература од областа на спречување на перење пари или финасирање на тероризам; - го зајакнавме системот за идентификување на сомнителни, нелогични и невообичаени готовински трансакции доставени од страна на субјектите.

ПЛАН ЗА РАБОТА НА СЛУЧАИ Се наметна потребата од изготвување на точно утврден терк по кој ќе се обработуваат добиените податоци со детален опис на целата постапка за приби-рање и анализа на дополнителни податоци, до комплетирањето на извештајот и негово доставување до истражните органи. Во 2007 година се ја активиравме новата апликација која е креирана од ИТ експерти, и целосно е усогласена според пропишаниот план за обработка на случаи. Правилата за работа преку овој план допринесоа за зголемување на квалите-тот на анализите и поголема прегледност на сработеното.Секој предмет се презентира на Комисија составена од пет вработени во Дирекци-јата, и истата одлучува дали има основи за сомневање за изготвување на конечен извештај.

GODI{EN IZVE{TAJ ZA AKTIVNOSTITE NA DIREKCIJATA ZA SPRE^UVAWE NA PEREWE PARI (1 januari 2007 god. - 31 dekemvri 2007 god.)16

СОФТВЕРСКА АПЛИКАЦИЈА

Инсталиравме апликативен софтвер, кој е од особена важност за одделението за аналитика.

Ќе прикажеме дел од можностите на новата апликација - ICM3.

Слика 1.

Слика 1 - влезната порта на апликацијата

- содржи кориснички код и лозинка. Секој вработен има сопствено корисничко име и лозинка, така што постои точна евиденција за тоа кој вработен ја користел апли-кацијата и со кои податоци оперирал, на тој начин се оневозможува злоупотреба со личните податоци на граѓаните.

3 ICM - Investigate Case Management, софтвер за оперативна аналитичка обработка на предметите

II. ORGANIZACISKI RAZVOJ 17

Слика 2.

Слика 2 - главно мени на програмот

Содржи две менија, модули на случај и административно мени. На десната страна се наоѓа дневната курсна листа, која секојдневно се презема од официјалната курсна листа на Народната банка на РМ.Ова мени е на располагање на одделенијата за аналитика и за спречување на пе-рење пари

Слика 3. Слика 3 -менаџирање на извештаи за готовински (cash) трансакции

Одделението ги добива сите готовински трансакции над 15 000 евра во елек-тронска форма на дневна основа, (300-400 трансакции дневно).Ова мени нуди повеке можности за анализи на извештаите за готовински транс-акции, извештаите за внесување и изнесување на готови пари или хартии од вред-ност преку царинската линија на Р. Македонија.

GODI{EN IZVE{TAJ ZA AKTIVNOSTITE NA DIREKCIJATA ZA SPRE^UVAWE NA PEREWE PARI (1 januari 2007 god. - 31 dekemvri 2007 god.)18

пребарувања во базата на податоци

Слика 4.

Слика 4 - можности за пребарување на податоци во базата

Во текот на анализите секојдневно се појавуваат потреби од пребарување, и анализирање на податоци за лица кои веке се наоѓаат во базата. Можностите за пребарување се различни, а најчесто се користат овие критери-уми:

- датум; - ЕМБГ и ЕДБ; - име, презиме и адреса; - лице во чие име се врши и за кого е наменета трансакцијата; - вид, износ и валута на трансакцијата;

По завршување на пребарувањето се добиваат дополнителни информации за одреден извештај (слика 5.), како на пример, целосна слика за извршената трансакција, сите податоци за клиентот, цел на трансакцијата, дата и час на извршу-вање, износ. Пребарувањето се врши многу побрзо и се добиваат прецизни и точни информации. Предноста на оваа опција е тоа што се добиваат подетални податоци за секоја поединечно извршена трансакција.

II. ORGANIZACISKI RAZVOJ 19

Слика 5.

Слика 5 - селектирање на потребни податоци, нивно снимање и префрлање во веќе постоечки случај.

Аналитичарот може да изврши селектирање на конкретни трансакции, нивно снимање и префрлање во веќе постоечки случај со цел нивна употреба во конкретен предмет.

Слика 6. Слика 6-менаџирање со групи на ЦТР

GODI{EN IZVE{TAJ ZA AKTIVNOSTITE NA DIREKCIJATA ZA SPRE^UVAWE NA PEREWE PARI (1 januari 2007 god. - 31 dekemvri 2007 god.)20

Новитет во работата претставува можноста за целосен преглед на листите на пос-тоечки групи на ЦТР.Пример, доколку едно физичко лице месечно врши повеке готовински трансакции, за негово полесно следење, сите трансакции извршени во сите банки може да се селектираат и сублимираат во посебна листа.

Слика 7.

Слика 8.

Слика 7 и 8 - контролни листи

Овие листи даваат можност за поставување на филтри по различни параметри и критериуми. На пример, доколку се постават филтри за сите трансакции над 50 000 евра, или ако одредено лице извршило неколку трансакции, системот автоматски ќе ги издвои сите трансакции над тој износ, и сите трансакции извршени од едно лице ќе бидат јавени. Листиве имаат клучна улога при внесување на извештаи од субјектите во базата со тоа што системот автоматски сигнализира и го известува аналитичарот ако лицата кои извршиле трансакции се наоѓаат и во овие листи. Оваа опција овозможува спојување на конкретни податоци од базата во менито за водење на конкретни предмети.

II. ORGANIZACISKI RAZVOJ 21

ПРОФИЛИРАЊЕ НА РИЗИЧНИ ГРУПИ

Отпочнавме со профилирање на ризични групи на физички и правни лица (слика 9.) според степен на ризичност од 1 до 5. Изготвивме и критериуми за оценување на ризичност за секоја група и истите секојдневно се ажурираат.

Слика 9.

Имајки во предвид дека добиваме голем број на податоци за трансакции кои во најголемиот дел се легални произлезе потребата од градење на систем кој што ќе ги издвојува сомнителните од легалните. Во овие трансакции влегуваат уплати и исплати на штедни влогови, уплати на дневен промет, позајмици и многу други основи за трансакции. Со профилирањето имаме можност да вршиме селекција и профилирање на ризични трансакции и клиенти во зависност од пропишаните критериуми.

GODI{EN IZVE{TAJ ZA AKTIVNOSTITE NA DIREKCIJATA ZA SPRE^UVAWE NA PEREWE PARI (1 januari 2007 god. - 31 dekemvri 2007 god.)22

ИНИЦИРАЊЕ НА СЛУЧАЈ

Кога аналитичарот се здобил со доволно информации за отварање на случај, предвидовме мени каде се внесуваат сите податоци за конкретниот случај.

Слика 10.

Слика 10– информации за случајот

Во идентификација на случај се внесуваат следните информации: - Генералии - општите податоци кои што се однесуваат на лицето кое се внесува во програмата; - Типологии - според светски стандарди најчесто употребувани кривични дела од кои се стекнуваат парите; - Претходно криминално дело; - Краток опис за сомневањето; - Лица инволвирани во случај; - Поврзаност на клиент со некој друг случаи; - Пристигната документација; - Финансиско истражувачка анализа; - Најважниот дел од програмата е делот оперативни дејствија. (За принципот на функционирање на овој дел од програмот ке бидете детално запознаени во описот на работа на одделението за перење пари). Соработка со другите одделенија Воведен е правилник за електронска размена на податоци помеѓу одделе-нијата, каде детално се пропишани процедурите кои се усогласени со Законот за заштита на лични податоци, Законот за класифицирани иформации и со стан-дардот ISO 27001.Соработка со задолжените субјекти Одделението за аналитика во текот на 2007-ма соработуваше и им помагаше на задолжените субјекти во исполнувањето на нивните законски обврски кои се поврзани со доставување на податоци до Дирекцијата, како и при изготвување и спроведување на програмите за спречување на перење пари.

II. ORGANIZACISKI RAZVOJ 23

2.2 ОДДЕЛЕНИЕ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ

За прв пат од март 2007 година беше овозможено податоците и информациите кои се доставени во извештаите да се внесуваат во ICM -апликативна програма. Благодарение на ваквите можности одделението електронски ги води случаите со цел доследна и целосна обработка на податоците со кои располагаме. Оваа апликација во текот на оваа година заживеа и вработените во целост ги користат нејзините функционални можности, при што беше спроведена акција на внесување на сите тековни и завршени предмети работени во Дирекцијата. Како два најзначајни основни модули за случај се: СТР4 менаџмент и мена-џирање со случаи.

Слика 11.

Слика 11 – менаџирање извештаи за сомнителни трансакции

Дава можност за електронско внесување на извештаите за сомнителни трансакции добиени од страна на субјектите и надлежните органи, со цел истите да бидат обработливи и да се пребаруваат.

4 СТР – сомнителни трансакции

GODI{EN IZVE{TAJ ZA AKTIVNOSTITE NA DIREKCIJATA ZA SPRE^UVAWE NA PEREWE PARI (1 januari 2007 god. - 31 dekemvri 2007 god.)24

Слика 12.

Слика 12 – податоци за субјектот или институцијата кој го поднесува извештајот Се внесуваат сите податоци кои се потребни, и тоа - информации за клиентите и другите учесници кои ги вршат трансакциите, со сите потребни податоци за нив-на идентификација, во чие има и за чија сметка ја врши трансакцијата како и ин-формации за самата трансакција.

II. ORGANIZACISKI RAZVOJ 25

Слика 13.

Слика 13 – можности за пребарување по документите за сомнителни трансакции Пребарување по повеќе критериуми: по клиенти (ЕМБГ, име, презиме, ад-реса и др), по трансакција (вид на трансакција, износ, датум) и др. Со ова се даде можност за целосно искористување на податоците кои ги до-бива Дирекцијата и можност за нивно меѓусебно поврзување.

GODI{EN IZVE{TAJ ZA AKTIVNOSTITE NA DIREKCIJATA ZA SPRE^UVAWE NA PEREWE PARI (1 januari 2007 god. - 31 dekemvri 2007 god.)26

Слика 14.Слика 14 - менаџирање со случаи

Полето идентификација на случај дава јасна слика за податоците со кои рас-полагаме, и можност за нивно меѓусебно поврзување и обработување. Достап до податоците има само назначениот вработен, со што се гарантира доверливоста на податоците.

Важни полиња кои назначеното вработено лице ги пополнува се :

типологија која била користена за реализирање на сомнителните трансакции (нерезидентни сметки, уплата-исплата на готовина, дробење на уплатите, користење на фиктивни фактури),

предикативно кривично дело – делото од кое се стекнати парите, (даночно затајување, злоупотреба на службената положба, измама, трговија со дрога и др.).

краток опис на сомневањата, податоци за субјектот или институцијата која го поднела извештајот, податоци за клиентите кои ги реализираат трансакциите, податоци за лицата инволвирани во случајот, податоци за имотот на физичките и правните лица поврзани со случајот, и тоа банкарски сметки, недвижен имот, подвижен имот, хартии од вредност, сеф, кредити.

II. ORGANIZACISKI RAZVOJ 27

Слика 15.

Слика 15 - оперативни дејствија

- во ова мени описно се наведува поодделно од кои институции и субјекти се барани дополнителни податоци и потоа во полето пристигната документација описно се наведува од кои институции и кои податоци се добиени. Врз основа на добиените податоци се врши анализа, и резултатите од из-вршената анализа описно се наведуваат во полето финансиско-разузнавачка ана-лиза, врз основа на што се дава предлог решение за понатамошно постапување по случајот. Софтверските можности со кои располага одделението овозможуваат да се изготви комплетен извештај за сомнителни трансакции, кој ги содржи сите ре-левантни податоци како: основи за сомневање, предикативно кривично дело, ли-ца на кои се однесува сомнителниот извештај, анализа на случајот, причини за сомневање за перење пари, кој со целата пропратна доказна документација се доставува до надлежните органи на нивно понатамошно постапување. Во текот на 2007 година за прв пат беа формирани заеднички тимови на претставници од повеќе институции, координирани од јавен обвинител за превзе-мање на заеднички активности по однос на конкретни случаи.

GODI{EN IZVE{TAJ ZA AKTIVNOSTITE NA DIREKCIJATA ZA SPRE^UVAWE NA PEREWE PARI (1 januari 2007 god. - 31 dekemvri 2007 god.)28

На иницијатива на одделението до Министерството за финансии беше до-ставен предлог за определување на офицери за врска во рамките на органите во состав на министерството (ДСПП, Царинска Управа, Управа за јавни приходи и Управа за финансиска полиција), кои би се состанувале најмалку еднаш неделно за работа на конкретни случаи кои се од заеднички интерес. Целта на оваа иницијатива беше во насока на превземање на координирани активности во борбата против организираниот криминал.

2.3 ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ИТ И АДМИНИСТРИРАЊЕ

На информатички план во Дирекцијата се направија многу значајни и важни чекори во текот на 2007 год. Во февруари се пристапи кон комплетно инсталирање и имплементирање на опремата за да се стави во функција. Целосно се постави хардверската опрема и се инсталираа различни видови на софтвер. Беа спроведени многубројни обуки за вработените.Со овој проект инсталирани се и повеќе видови на софтвер, меѓу кои најзначајни се:

Слика 16. Слика

16- Suscriptor, служи за комплетно архивско работење

II. ORGANIZACISKI RAZVOJ 29

Секој добиен и доставен документ, се скенира, се внесува директно во базата и станува обработлив и достапен за сите останати апликации кои се користат при обработка на случаите кои ги води Дирекцијата. Сите добиени податоци се чуваат најмалку 10 години од нивниот прием.

Слика 17-логирање на корисници.

Слика 18.

GODI{EN IZVE{TAJ ZA AKTIVNOSTITE NA DIREKCIJATA ZA SPRE^UVAWE NA PEREWE PARI (1 januari 2007 god. - 31 dekemvri 2007 god.)30

Слика 18- DocuShare, електронско управување со сите документи и информации

Во овој програм се води евиденција околу календарот за сите состаноци за-кажани од страна на вработените, сите извештаи од нивните состаноци и службени патувања, цела законска регулатива поврзана со спречување на перење пари како и задавање на работни задачи на вработените.

Во програмата исто така се внесуваат извештаи за работните активности на вработените во секое одделение на неделно ниво.

Слика 19

Слика 19- DocuShare, главно мени

- статистичка обработка на податоци - SPSS (април 2007-мај)Овозможува да се добијат директно од база статистички податоци за бројот на предмети кои се работат, и да сумираат извештаи по многу основи.

II. ORGANIZACISKI RAZVOJ 31

Oдделенија

Frequency Percent Valid Per-cent

Cumula-tive Per-cent

Valid Одбери ... 1 .7 .7 .7

Оддел за аналитика 61 42.4 42.4 43.1

Оддел за меѓународна соработка

24 16.7 16.7 59.7

Оддел за сомнителни трансакции

58 40.3 40.3 100.0

Total 144 100.0 100.0 Bussines Intellegence – креирање на извештаи - мај 2007 Овој софтвер се користи за повеќе видови на извештаи во зависност од по-требите на вработените. I2 - истражувачка анализа, односно за конструирање на шематски приказ на случај, - јуни 2007 Од податоците во базата, на експедитивен начин се креираат детални I2 шеми за хронолошкиот тек на активности за конкретниот случај и за текот на сомнителните пари. Дирекцијата е меѓу ретките институции во Р.М. која може за многу краток временски период да изврши детална и целосна анализа и да добие комплетна слика на конкретниот случај и за финансискиот тек на пари-те. ICM – апликација за обработка на предмети – усовршувана во текот на цела година. Детално се објаснети во извештаите на одделенијата за аналитика, и спре-чување на перње пари.

Меѓуинституционална ИТ поврзаност

Освен xml за секојдневните трансакции беа финализирани и изработени XML и XSD шеми за дополнителни барања до сите банки. Доставивме барања до сите банки за генерирање на овие шеми во нивните системи.

Институции со кои електронски се поврзавме се:

Централениот регистар на Р.Македонија -директен веб пристап до нивната база на податоци. Управа за јавни приходи - веб пристап до базата на податоци. Министерството за Внатрешни Работи - систем за безбедносна електронска размена на податоци,по највисоки безбедносни меѓународни стандарди. Царинската Управа - проект за дирекна размена на податоци и информации, имаме директен увид на целиот влез и излез на готовина преку граничните премини и останати информации. Македонска берза – добиваме податоци на дневно ниво за сите трансакции што се извршиле тој ден.

GODI{EN IZVE{TAJ ZA AKTIVNOSTITE NA DIREKCIJATA ZA SPRE^UVAWE NA PEREWE PARI (1 januari 2007 god. - 31 dekemvri 2007 god.)32

Меѓународна ИТ комуникација Дирекцијата изврши миграција на својот дотогашен систем за размена на податоци со странски ФИУ во понов, пософистициран и посигурен систем за раз-мена на информации по меѓународни стандарди.

ВЕБ странаИзработивме своја Web страна со адреса (www.dspp.gov.mk).

2.4. ОДДЕЛЕНИЕ ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА И РАЗВОЈ НА СИСТЕМОТ

Меѓународната соработка помеѓу ФИУ’с продолжи да се интензивира и во 2007, каде се забележува значителен напредок . Одделението активно учествуваше на полето на меѓународна соработка преку континуирана размена на податоци и информации со земјите членки на ЕГМОНТ групата во која членува и Р.Македонија. Во тој контекст треба да се напомене активното учество на Дирецијата на пленарните состаноци на Moneyval5 Комитетот на експерти на Советот на Европа за евалуација на мерките за спречување на перење пари што се одржуваат во Стразбур. Во тековната 2007 година, Дирекцијата има доставено 50 барања за дополнителни податоци до странски единици за финасиско разузнавање и има добиено 25 барања за податоци од други држави на кои навремено има од-говорено. До оформувањето на одделението за спречување на финасирање на теро-ризам во април 2007год, ова одделение активно постапуваше по листите на терористи и терористички организации доставени од страна на релевантните ме-ѓународни организации. Одделението за меѓународна соработка иницираше предмет кој успешно заврши во една наша соседна замја. За таа цел погледни во типологијата на пред-мети број 17 (стр. 61)

5 Moneyval- Комитет за експерти за евалуација на мерките за спречување на перење пари при совет на Европа

II. ORGANIZACISKI RAZVOJ 33

2.5 ОДДЕЛЕНИЕ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ

Формирањето на ова одделение произлезе како определба на Дирекцијата за зајакнување на борбата против финансирањето на тероризам и усогласување со меѓународните акти и стандарди кои ја уредуваат оваа област. Тука пред се би ги навеле ревидираниот текст на Стразбуршката-Варшавска Конвенција, потпишана од страна на Република Македонија, 9-те специјални препораки на ФАТФ за спречување на финансирање на тероризам, како и прет-ходно донесените меѓународни акти кои ја регулираат оваа област, и кои се инкор-порирани во нашето позитивно законодавство.

Од формирањето на одделението, спроведени се повеќе активности:

– изготвување на процедури за непречено функционирање на одделението; – тековна работа по предмети и извештаи добиени од страна на субјекти должни да ги спроведуваат мерките и дејствијата определени со Законот, како и државни органи кои согласно своите законски надлежности се директно инволвирани во борбата против тероризмот и финансирањето на тероризам, и кои имаат доставено до Дирекцијата одредени барања-известувања; – потпишување на протоколи за соработка со надлежни оддели од Министерството за внатрешни работи, со кои Дирекцијата соработува – доставување на листи на терористи до надлежни субјекти за превземање на мерки и дејствија согласно Законот; – раководење и координација по Поглавје 3.04 - Слободно движење на капитал, за изготвување на ревизијата на НПАА; – доставување на барања и нивно спроведување до надлежни субјекти, согласно одредбите од Законот за меѓународни рестриктивни мерки.

Од формирањето ова одделение активно се вклучи во борбата против финанси-рање на тероризмот, со интензивна соработка со останатите институции од земјава кои се инволвирани во борбата против тероризмот.

Во борбата за спречување на финансирање на тероризмот, Дирекцијата има за цел постојано да ги зајакнува капацитетите на одделението, како со човечки фактор, така и во ИТ технологијата и надоградба на постоечкиот софтвер со кој располагаме.

GODI{EN IZVE{TAJ ZA AKTIVNOSTITE NA DIREKCIJATA ZA SPRE^UVAWE NA PEREWE PARI (1 januari 2007 god. - 31 dekemvri 2007 god.)34

2.6 ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР

Ова одделение беше формирано во јуни 2007 година, а отпочна да функцио-нира со донесувањето на новиот Закон за спречување на перење пари и други приноси од казниво дело и финансирање на тероризам. Одделението има надлежност самостојно или во соработка со другите над-зорни органи да врши надзор над субјектите за примена на мерките и дејствијата определни со законот. Ваквата надлежност овозможува за краток временки пе-риод да се изврши директен увид во работењето на субјектите во сличаи кога Ди-рекцијата има потреба од конкретни проверки. За таа цел одделението тесно соработува со останатите одделенија во Дирекцијата од каде добива насоки за спроведување на контролите. Во тек е изработка на план за спороведување на надзор над субјектите со конкретно утвр-дени насоки и сугестии за примена на мерките за спречување на перење пари и финансирање на тероризам. Планираме на почетокот контролите да ги спроведуваме заедно со надзор-ните органи со цел да се обучат вработените за самостојно вршење на надзорот. Исто така планирани се обуки за одделението и размена на искуства со другите ФИУ кои имаат ваква надлежност. Во изминатиов период направивме подготовки за целосно функционирање на одделението во однос на прибирање на правилници и процедури кои се одне-суваат на спроведување на контролата по кои постапуваат ваквите оддели во ФИУ-та од регионот. Одделението ги прегледува, корегира и комплетира програмите за спрове-дување на мерките и дејствијата кои субјектите се обрзани да ги доставуваат до Дирекцијата.

III. IZVE{TAI ZA DOSTAVENI I OBRABOTENI PREDMETI 35

III. ИЗВЕШТАИ ЗА ДОСТАВЕНИ И ОБРАБОТЕНИ ПРЕДМЕТИ

3.1 СТАТИСТИКА

Во периодот од 01 јануари 2007 до 31 декември 2007 година, до Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам се доставени вкупно 94. 357 извештаи, и тоа:

- 57.566 извештаи од банките за готовински трансакции; - 34.648 извештаи од банките за поврзани готовински трансакции; - 6 извештаи од штедилници; - 46 извештаи од нотари; - 1 извештај од адвокати; - 1 извештај од менувачница; - 2034 извештаи од Царинската управа; и - 55 извештаи за сомнителни трансакции, од кои: 23 од банки, 4 од нотари, 6 од Царинска управа и 22 од други надлежни државни органи и институции.

Доставени извештаи до Дирекцијата

редовни сомнителни вкупно

Банки 92.214 23 92.237

Штедилници 6 0 6

Брокерски куќи 0 0 0

Берза 0 0 0

Осигурителни компании

0 0 0

Менувачници 1 0 1

Нотари 46 4 50

Адвокати 1 0 1

Царинска Управа 2034 6 2040

Надлежни државни органи

0 22 22

Вкупно 94.302 55 94.357

GODI{EN IZVE{TAJ ZA AKTIVNOSTITE NA DIREKCIJATA ZA SPRE^UVAWE NA PEREWE PARI (1 januari 2007 god. - 31 dekemvri 2007 god.)36

Извештаите за редовни трансакции доставени од обврзаните субјекти за-должени со законот да превземаат мерки и дејствија за спречување на перење пари и финансирање на тероризам беа анализирани и внесени во база од страна на Дирекцијата.

ДОСТАВЕНИ ИЗВЕШТАИ ЗА ГОТОВИНСКИ ТРАНСАКЦИИ ОД БАНКИТЕ ЗА 2007 ГОДИНА

БА

НК

И

ЈАН

УА

РИ

ФЕВ

РУА

РИ

МА

РТ

АП

РИЛ

МА

Ј

ЈУН

И

ЈУЛ

И

АВ

ГУС

Т

СЕП

ТЕМ

ВРИ

ОК

ТОМ

ВРИ

НО

ЕМВ

РИ

ДЕК

ЕМВ

РИ

ВК

УП

НО

АЛФА БАНКА - СКОПЈЕ 336 261 356 237 290 316 399 310 353 404 347 494 4103

УНИ БАНКА - СКОПЈЕ 135 149 209 134 149 111 94 105 137 107 104 104 1538

ЕУРОСТАНДАРД БАНКА - СКОПЈЕ

19 17 21 11 19 20 28 11 20 26 24 14 230

ИНТЕРНАЦИОНАЛНА ПРИВАТНА БАНКА - СКОПЈЕ

2 2 0 0 0 0 0 0 0 1 2 1 8

ИНВЕСТ БАНКА - СКОПЈЕ 40 42 44 36 41 42 38 33 33 33 39 21 442

ИЗВОЗНА И КРЕДИТНА БАНКА - СКОПЈЕ

127 184 142 121 110 103 80 122 157 112 121 55 1434

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА - СКОПЈЕ

1561 1409 2133 1903 1717 1525 1840 1800 1757 1785 1416 1765 20611

КОМЕРЦИЈАЛНА ИНВЕСТИЦИОНА БАНКА - КУМАНОВО

63 50 46 23 27 23 28 28 27 35 42 64 456

МАКЕДОНСКАБАНКА - СКОПЈЕ

58 63 126 120 120 77 46 71 58 36 0 0 775

ОХРИДСКА БАНКА - ОХРИД

460 302 211 216 354 320 485 481 410 395 364 442 4440

ПОШТЕНСКА БАНКА - СКОПЈЕ

2 3 1 3 4 3 3 3 4 4 1 0 31

СИЛЕКС БАНКА - СКОПЈЕ 13 26 54 16 13 8 9 7 12 23 19 13 213

СТОПАНСКА БАНКА - БИТОЛА

60 55 59 50 67 77 92 117 232 150 125 97 1181

СТОПАНСКА БАНКА - СКОПЈЕ

224 230 360 312 297 308 353 347 388 351 306 312 3788

НЛБ ТУТУНСКА БАНКА - СКОПЈЕ

1809 1334 1378 764 777 832 873 918 888 996 1000 1045 12614

Т.Џ. ЗИРААТ БАНКАСИ ПОДРУЖНИЦИ - СКОПЈЕ

61 42 43 54 45 50 57 49 45 56 60 48 610

ПРО-КРЕДИТ БАНКА - СКОПЈЕ

256 207 202 188 191 151 207 213 180 218 190 202 2405

ТТК БАНКА - СКОПЈЕ 254 171 376 245 161 212 185 244 236 224 182 197 2687

ВКУПНО 5480 4547 5761 4433 4382 4178 4817 4859 4937 4956 4342 4874 57566

Табела 2. Табеларен приказ на доставените редовни извештаи од Банките

III. IZVE{TAI ZA DOSTAVENI I OBRABOTENI PREDMETI 37

доставени извештаи за готовински трансакции од банките за 2007 година

0

5000

10000

15000

20000

25000

AL

FA

BA

NK

A -

SK

OP

JE

UN

I B

AN

KA

-S

KO

PJE

EU

RO

ST

AN

DA

RD

BA

NK

A - S

KO

PJE

IN

TE

RN

AC

IO

NA

LN

AP

RI

VA

TN

A B

AN

KA

-S

KO

PJE

IN

VE

ST

BA

NK

A -

SK

OP

JE

IZ

VO

ZN

A I

KR

ED

IT

NA

BA

NK

A -

SK

OP

JE

KO

ME

RC

IJA

LN

AB

AN

KA

- SK

OP

JE

KO

ME

RC

IJA

LN

AI

NV

ES

TI

CI

ON

AB

AN

KA

- KU

MA

NO

VO

MA

KE

DO

NS

KA

BA

NK

A- S

KO

PJE

OH

RI

DS

KA

BA

NK

A -

OH

RI

D

PO

[T

EN

SK

A B

AN

KA

- SK

OP

JE

SI

LE

KS

BA

NK

A -

SK

OP

JE

ST

OP

AN

SK

A B

AN

KA

- BI

TO

LA

ST

OP

AN

SK

A B

AN

KA

- SK

OP

JE

NL

B T

UT

UN

SK

AB

AN

KA

- SK

OP

JE

T.X

. ZI

RA

AT

BA

NK

AS

IP

OD

RU

@N

IC

I -

PR

O-K

RE

DI

T B

AN

KA

- SK

OP

JE

TT

K B

AN

KA

-S

KO

PJE

Слика 1. графички приказ на табела 2.

доставени извештаи за готовински трансакции од банките по месеци за 2007 година

0

1000

2000

3000

4000

5000

6000

7000

JAN

UA

RI

FE

VR

UA

RI

MA

RT

AP

RI

L

MA

J

JUN

I

JUL

I

AV

GUS

T

SE

PT

EM

VR

I

OK

TO

MV

RI

NO

EM

VR

I

DE

KE

MV

RI

Слика 2. графички приказ на табела 2.

GODI{EN IZVE{TAJ ZA AKTIVNOSTITE NA DIREKCIJATA ZA SPRE^UVAWE NA PEREWE PARI (1 januari 2007 god. - 31 dekemvri 2007 god.)38

При доставувањето на податоците беа запазени сите стандарди, со цел зачувување на нивниот доверлив карактер како од страна на субјектите така и од страна на Управата.

ДОСТАВЕНИ ИЗВЕШТАИ ЗА ПОВРЗАНИ ГОТОВИНСКИ ТРАНСАКЦИИ ОД БАНКИТЕ ЗА 2007 ГОДИНА

БА

НК

И

ЈАН

УА

РИ

ФЕВ

РУА

РИ

МА

РТ

АП

РИЛ

МА

Ј

ЈУН

И

ЈУЛ

И

АВ

ГУС

Т

СЕП

ТЕМ

ВРИ

ОК

ТОМ

ВРИ

НО

ЕМВ

РИ

ДЕК

ЕМВ

РИ

ВК

УП

НО

АЛФА БАНКА - СКОПЈЕ 34 45 22 29 38 134 175 166 144 281 190 174 1,432

УНИ БАНКА - СКОПЈЕ 68 83 78 161 103 105 117 137 91 106 92 128 1,269

ЕУРОСТАНДАРД БАНКА - СКОПЈЕ

24 12 20 23 17 19 21 12 21 29 30 53 281

ИНТЕРНАЦИОНАЛНА ПРИВАТНА БАНКА - СКОПЈЕ

0 0 0 0 0 0 0 0 3 3 0 0 6

ИНВЕСТ БАНКА - СКОПЈЕ 38 59 72 90 45 47 64 76 91 84 80 120 866

ИЗВОЗНА И КРЕДИТНА БАНКА - СКОПЈЕ

0 0 0 0 0 0 0 0 0 1 1 1 3

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА - СКОПЈЕ

363 394 386 412 411 415 456 473 413 475 455 597 5,250

КОМЕРЦИЈАЛНА ИНВЕСТИЦИОНА БАНКА - КУМАНОВО

0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0

МАКЕДОНСКАБАНКА - СКОПЈЕ

0 1 2 10 79 60 81 130 81 47 0 0 491

ОХРИДСКА БАНКА - ОХРИД

0 0 44 212 256 243 476 519 277 334 295 234 2,890

ПОШТЕНСКА БАНКА - СКОПЈЕ

0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0

СИЛЕКС БАНКА - СКОПЈЕ 11 15 90 70 67 62 88 58 87 75 57 38 718

СТОПАНСКА БАНКА - БИТОЛА

12 23 28 28 53 46 53 52 47 43 51 42 478

СТОПАНСКА БАНКА - СКОПЈЕ

413 430 488 534 535 493 650 603 722 733 739 683 7,023

НЛБ ТУТУНСКА БАНКА - СКОПЈЕ

363 384 608 961 1,095 1,048 1,197 1,161 1,070 1,156 1,111 1,217 11,371

Т.Џ. ЗИРААТ БАНКАСИ ПОДРУЖНИЦИ - СКОПЈЕ

4 4 8 1 2 1 3 2 7 0 1 1 34

ПРО-КРЕДИТ БАНКА - СКОПЈЕ

128 120 127 101 160 141 165 191 154 187 167 187 1,828

ТТК БАНКА - СКОПЈЕ 32 14 39 41 30 30 46 30 76 85 115 170 708

ВКУПНО 1,490 1,584 2,012 2,673 2,891 2,844 3,592 3,610 3,284 3,639 3,384 3,645 34,648

Табела 3. Табеларен приказ на доставените извештаи за поврзаните готовински трансакции од Банките

III. IZVE{TAI ZA DOSTAVENI I OBRABOTENI PREDMETI 39

Пријавувањето и анализирањето на поврзаните трансакции се врши со цел да се откријат одредени сомнителни трансакции кои што се поврзани со перење пари или финансирање тероризам, и врз основа на кои Управата иницијализира случај. На овој начин на Дирекцијата неможе да и помине ниту една сомнителна трансакција без да биде анализирана и проследена до надлежните органи на прогонот.

доставени извештаи за поврзани готовински трансакции од банките за 2007 година

0

2,000

4,000

6,000

8,000

10,000

12,000

AL

FA

BA

NK

A -

SK

OP

JE

UN

I B

AN

KA

-S

KO

PJE

EU

RO

ST

AN

DA

RD

BA

NK

A - S

KO

PJE

IN

TE

RN

AC

IO

NA

LN

AP

RI

VA

TN

A B

AN

KA

-S

KO

PJE

IN

VE

ST

BA

NK

A -

SK

OP

JE

IZ

VO

ZN

A I

KR

ED

IT

NA

BA

NK

A -

SK

OP

JE

KO

ME

RC

IJA

LN

AB

AN

KA

- SK

OP

JE

KO

ME

RC

IJA

LN

AI

NV

ES

TI

CI

ON

AB

AN

KA

- KU

MA

NO

VO

MA

KE

DO

NS

KA

BA

NK

A- S

KO

PJE

OH

RI

DS

KA

BA

NK

A -

OH

RI

D

PO

[T

EN

SK

A B

AN

KA

- SK

OP

JE

SI

LE

KS

BA

NK

A -

SK

OP

JE

ST

OP

AN

SK

A B

AN

KA

- BI

TO

LA

ST

OP

AN

SK

A B

AN

KA

- SK

OP

JE

NL

B T

UT

UN

SK

AB

AN

KA

- SK

OP

JE

T.X

. ZI

RA

AT

BA

NK

AS

IP

OD

RU

@N

IC

I -

PR

O-K

RE

DI

T B

AN

KA

- SK

OP

JE

TT

K B

AN

KA

-S

KO

PJE

Слика3. графички приказ на табела 3.

доставени извештаи за поврзани готовински трансакции од банките по месеци за 2007 година

0

500

1,000

1,500

2,000

2,500

3,000

3,500

4,000

JAN

UA

RI

FE

VR

UA

RI

MA

RT

AP

RI

L

MA

J

JUN

I

JUL

I

AV

GUS

T

SE

PT

EM

VR

I

OK

TO

MV

RI

NO

EM

VR

I

DE

KE

MV

RI

Слика 4. графички приказ на табела 3.

GODI{EN IZVE{TAJ ZA AKTIVNOSTITE NA DIREKCIJATA ZA SPRE^UVAWE NA PEREWE PARI (1 januari 2007 god. - 31 dekemvri 2007 god.)40

3.2. ОПИС НА ПРЕДМЕТИ

Во периодот што е предмет на овој извештај Дирекцијата достави 19 из-вештаи за сомнителни трансакции до надлежните органи, 29 известувања до над-лежните органи за други кривични дела, 2 известувања доставени до странски ФИУ-а.

Во 2007 година донесени се две пресуди за перење пари. На иницијатива на Дирекцијата, блокирани се 750.000 ЕВРА и истите со пресуда се конфискувани. До-несени беа и привремени мерки од страна на истражниот судија кои се состојат во запирање на трансакција и привремена заплена на парите во вкупен износ од 3.989.826 ЕВРА (245.377.951, 00 денари).

Во продолжение ќе презентираме краток опис на предмети за кои Дирекцијата има доставено извештаи до надлежните државни органи, со забелешка дека според член 21 од Законот, не смееме да го откриваме вистинскиот идентитет на физичките и правните лица кои беа предмет на обработка. (Поради тоа, иници-јалите и кратенките во презентираните примери се измислени.)

III. IZVE{TAI ZA DOSTAVENI I OBRABOTENI PREDMETI 41

Случај бр.1

Врз основа на член 28 од Законот за спречување на перење пари и други приноси од казниво дело, Дирекцијата за спречување на перење пари достави извештај до ЈО за сомнителни трансакции, перење пари и злоупотреба на служ-бена должност, како и дополнителни податоци до Управата за безбедност и кон-траразузнавање во МВР.

Лицето ММ како управител на фирмата А склучил договор за купородажба на движен имот, кој претходно бил заложен заради обезбедување на побарување од страна на државна институција. Движниот имот понатаму се препродава на фир-ми во странство при што е оштетена државата за околу 500.000 ЕУР. Побарани се информации во врска со продадениот имот и инволвираните физички и правни лица од две странски финансиски разузнавачки единици.

Како индикатори за сомневање за перење пари се јавуваат: плаќања на ви-соки износи на фирмата А самата на себе по основ компензации, евидентирани го-товински подигања на голем износ на средства за службени патувања, конфликт на интереси на управителот на фирмата А и фирмата на која е продаден движниот имот и меѓусебна семејна поврзаност, препродажба на движниот имот, кој претход-но е заложен во државна институција и истиот не смеел да биде оттуѓуван, со цел незаконско присвојување на имотот, сомнително потекло на парите, постоење на повеќе правни лица со седиште на иста адреса, регистрирани за иста дејност. Предметот е работен во координација со МВР.

Индикатори за перење пари: - плаќања со компензации фирмата А на фирмата А; - високи износи за средства подигнати за службени патувања; основање на фирми во странство за трансферирање на движен имот, претходно заложен во државен орган;

Побарани податоци: - странски ФИУ на две држави; - банки за иматели на сметки на инволвираните правни и физички лица во случајот; - Централен регистар за тековната состојба на правните субјекти, инволвирани во случајот; - податоци за правните лица од УЈП ; - Централниот депозитар на хартии од вредност за правното лице;

Предметот е доставен до: - Јавно обвинителство на РМ-Одделение за гонење на сторители на кривични дела од областа на организираниот криминал;

GODI{EN IZVE{TAJ ZA AKTIVNOSTITE NA DIREKCIJATA ZA SPRE^UVAWE NA PEREWE PARI (1 januari 2007 god. - 31 dekemvri 2007 god.)42

I2 шема за случај 1

III. IZVE{TAI ZA DOSTAVENI I OBRABOTENI PREDMETI 43

Случај бр. 2.

Следејќи ги извештаите што Дирекцијата ги добива од финансиските институ-ции, евидентирано е лицето М кое се јавува како овластено лице во повеќе правни лица и потписник на сметката преку која се реализирани финансиски трансакции кои го надминуваат лимитот за пријавување во Дирекцијата.

По одпочнатата анализа на лицето М, случајот добива пошироки размери. Беа утврдени причини за сомнителна приватизација на АД со влез на странски ди-ректни инвестиции. Потоа АД се јавува како сосопственик на правно лице Ф, кое пак се јавува како сосопственик на друго правно лице Н. Како овластено лице на правните лица Ф и Н се јавува лицето М

Следниот индикатор - незаконско префрлање на непаричниот и паричниот влог од правното лице Ф во правното лице Н, а со претходно разработена стра-тегија да се префрли целиот капитал во лицето Н како би се избегнала обврската за плаќање на данок од страна на лицето Ф.

За целиот период во работењето на правните лица, физичкото лице М се јавува како овластено лице.За жал, во овој случај има инволвирано лица - странски државјани, кои имаат инвес-тирано во Република Македонија но нивните инвестиции содржат индикатори за сомнителни трансакции, со оглед на тоа што овие инвестиции не се евидентирани во министерството за економија, како директни странски инвестиции, и за истите не може да се утврди нивното потекло.

Како следно се јавуваат нерезидентни правни лица кои се регистрирани во ист ден, месец и година во of shore земји, без податоци за сопственост, деловна банкарска сметка и др., а се јавуваат како сопственици или основачи на правно лице регистрирано во Р. Македонија.

Овие нерезидентни правни лица како сопственици на домашното правно лице Ф и Н, во кое се појавуваат и физички лица-резиденти, а во својство на опол-номоштени лица-адвокати, изнаоѓаат повеќе начини како да го изнесат и сокријат сомнително стекнатиот финансиски капитал, при што постои основано сомнение за сторено кривично дело перење пари.

Тука се јавуваат физички лица (брачни другари) резиденти, кои ги застапуваат странските правни лица, вршат повеќе меѓусебни финансиски трансакции, позај-мици и сл.

Откако го префрлаат целиот капитал од правното лице Ф во правното лице Н, се појавуваат странски физички лица во својство на овластени лица во фирмите Ф и Н. Овие лица се акционери во познати странски правни лица преку кои се ре-ализирани финансиски трансакции во повеќе странски земји, при што се врши влез на непаричен влог во правното лице Н од странство.

GODI{EN IZVE{TAJ ZA AKTIVNOSTITE NA DIREKCIJATA ZA SPRE^UVAWE NA PEREWE PARI (1 januari 2007 god. - 31 dekemvri 2007 god.)44

Поради обемноста на случајот, Дирекцијата има побарано информации од следни-те институции и државни органи:

- сите банките; - Централен депозитар за хартии од вредност; - Министерство за економија - регистар за странски директни инвестиции; - Регистар за недвижнини ( Централен Регистар); - Државен завод за геодетски работи; - Основни судови; - Врховен суд на РМ; - Апелационен суд на РМ; - Државен девизен инспекторат; - Царинска управа; - УЈП; - МВР; - ФИУ на др. држава;

Имајќи го во предвид сето ова погоре наведено, Дирекцијата смета дека постојат доволно основи за сомневање за сторено кривично дело перење пари, при што е оштетен дел од државниот имот. Изготвен е и проследен Извештај до ЈО на РМ за конкретниов случај, заедно со I2 шема.

I2 шема за случај 2

III. IZVE{TAI ZA DOSTAVENI I OBRABOTENI PREDMETI 45

Случај бр. 3.

Случајот е инициран од страна на Дирекцијата. Лицето СС се јавува како сопственик на 3080 обични акции на правното лице ЕЕ додека останатиот дел од акциите, односно 5040 акции ги поседува правното лице ММ, чиј сопственик е странско правно лице, и 880 акции во сопственост на трето правно лице ТТ. Со Решение на Основниот Суд Скопје 2 Скопје, по предлог на лицето СС из-дадена е времена мерка за блокирање на 3000 акции во сопственост на правното лице ММ, со што истите немаат можност да одлучуваат и да гласаат во собранието на акционери на друштвото. Ваквата ситуација лицето СС ја користи и од сметката на правното лице ЕЕ префрла големи износи на средства на сметки на фирми во негова и во сопственост на неговиот брат КК. Од тука дел од средствата се префрлаат спрема трети правни лица за отплата на долгови, кои немаат никаква деловна поврзаност со правното лице ЕЕ, а дел се подигнати во готово.Исто така, од сметката на правното лице ЕЕ голем дел од средствата се повлекуваат во готово на име материјални трошоци а дел се префрлаат на лични сметки на физички лица. Воедно при анализата на податоците констатирано е дека физичките лица СС и КК преку договори за комисион (договор за кредит) повлекуваат големи суми на средства во готово, истите тие средства потекнуваат од фирми каде што тие се јавуваат како сопственици. Воедно лицето СС со дадено полномоштво се стекнува со значителен износ на средства, уплатени од страна на физички лица по основ на продажба на три исти стана, кои воедно се ставени под хипотека за обезбедување на кредит. Преку овие реализирани трансакции лицата СС и КК по пат на сторено предикативно кривично дело измама, измама на доверители и злоупотреба, средствата во сопственост на правното лице ЕЕ ги имаат префрлено на сопствени сметки и на сметки на сопствени фирми, и потоа подигнато во готово, средствата одобрени од наменски кредити за кои имаат заложено недвижен имот, којне е целосно во нивна сопственост и акциите на правното лице ЕЕ, ги имаат иско-ристено за сопствени цели. Врз основа на гореизнесеното постои сомневање дека на наведените начини е сторено кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело. Од собраната документација добиени се податоци за регистрирани кредитни ли-нии помеѓу домашно правно лице (фирма 1) и странска банка 3. Првата кредитна линија е регистрирана за кредит каде како обезбедување е ставена хипотека од прв ред врз недвижен имот во сопственост на правното лице (фирма 1) кое го зема кредитот. Додека втората кредитна линија е за помал износ на кредит ка-де како обезбедување на кредитот е ставена хипотека од втор ред врз истиот не-движен имот. Кредитот не е вратен на странската банка 3. Како сопственици на фирмата 1 се лицата СС , КК и лицето Х. Недвижниот имот кој е ставен како залог за наведените кредити претходно бил во сопственост на лицето Х, меѓутоа поради финансиски проблеми имотот бил ставен на про-дажба. За таа цел е основана фирмата 1 од страна на веќеспоменатите лица, која се јавува како купувач на имотот. Притоа паричните средства со кои се купува имотот на сметката на фирмата 1 се уплатени по основ на позајмица од страна

GODI{EN IZVE{TAJ ZA AKTIVNOSTITE NA DIREKCIJATA ZA SPRE^UVAWE NA PEREWE PARI (1 januari 2007 god. - 31 dekemvri 2007 god.)46

на фирмата 13. Позајмицата е вратена од паричните средства кои потекнуваат од кредитот уплатен од страна на странската банка 3. Исто така, со фалсификуван документ на странската банка 3 избришана е хипо-теката на недвижниот имот, при што потоа со чист имотен лист е земен кредит од домашна банка 1 каде како обезбедување е ставен истиот имот кој претходно со измама и фалсификат е ослободен од хипотеката. Во врска со гореспоменатото се води спор пред надлежен орган за решавање на прашањето со бришењето и заведувањето на новата хипотека. Воедно истиот имот односно еден дел од него, е ставен под хипотека од втор ред со која се обезбедува заемот кој правното лице (фирма 6) го има дадено на сосема друго правно лице (фирма 16). Паричните средства од кредитот од домашната банка 1 се префрлени на сметката на правното лице ( фирма 1), од каде најголем дел од средствата се пре-фрлени на банката 2 по договор за комисионо работење, врз основ на кој банката 2 склучила договор за комисионо работење со лицето СС по што паричните средства се префрлени на сметката на лицето СС. Од неговата сметка средствата во најголем дел се извлечени во готово, додека останатите се префрлени на сметки на други физички лица. Воедно со дел од тие парични средства лицето СС купува акции од правното лице (фирмата ЕЕ). Врз основа на договори за комисион лицата СС и КК имаат извлечено многу голем износ на парични средства од сметките на фирми каде тие или нивни блиски роднини се јавуваат како сопственици или овластени лица. Лицето ММ за купување на акции од втора емисија уплатил парични средства на сметката на правното лице ЕЕ од кои парични средства дел се подигнати во го-тово, додека другиот дел се префрлени на правното лице (фирма 1) по основ на позајмица. Во рамките на обезбедената документација од страна на Дирекцијата, дој-дено е до сознание за постоење на Договор за пристапување кон долгот каде странската Банката 3 се јавува како доверител, додека лицето СС се јавува како пристапувач кон долг. Со овој Договор двете страни ги регулираат меѓусебните односи во врска со обврската на пристапувачот кон долг да ги исполни во целост побарувањата кои доверителот ги има спрема правното лице (фирма 16) и прав-ното лице ( фирма 1 ) и тоа по основ на Договори за кредит склучени помеѓу странската банка 3 и правното лице ( фирма 1), како врз основа на Договори за откуп на побарувањата склучени помеѓу странската банка 3 и правното лице (фирма 16). Меѓу другото за обезбедување на побарувањето лицето СС ги има за-ложено своите акции кои ги поседува во правното лице ЕЕ.На сметката на правното лице ЕЕ евидентиран е прилив од страна на правното лице (фирма 14), на која и е ветено градежно земјиште за изградба на бензиска пумпа. Притоа сите средства кои се уплатени од страна на фирмата 14, од сметката на правното лице ЕЕ се подигнати во готово по разни основи, додека дел е префрлен на сметка на физичкото лице В.

Лицето 6 му има дадено полномошно на лицето СС со кое го овластува да во негово име и за негова сметка да најде купувачи на становите кои ги поседува. Исто така лицето 6 му има уплатено значителен износ на сметката на лицето СС по основ на договор, кои парични средства се подигнати во готово.Нашите сознанија се дека и на лицето 6 му е ветено истото земјиште кое веќе го

III. IZVE{TAI ZA DOSTAVENI I OBRABOTENI PREDMETI 47

споменавме. Лицето СС извршил продажба на становите и тоа прво ги продал на лицето 5 кое средствата ги уплатило на сметка на лицето СС, кои потоа се по-дигнати во готово. Исто така за разлика од мал временски период лицето СС ги продава становите и на друго лице 4 за дупло поголем износ, при што исто така средствата се уплатени на сметка на лицето СС кои парични средства ги подига во готово. Воедно истите станови се ставени под хипотека како обезбедување на кре-дитот кој правното лице (фирма 10) го подигнала од банката 1. Истите парични средства од сметката на фирмата 10 се префрлени на сметка на фирмата 9, од каде пак понатаму се префрлени на сметка фирмата 12. Фирмата 12 склучува договор за комисион со банката 2, врз основа на кој повеќе од половина од средствата се ставени на депозит на банката 2, која пак од друга страна има склучено договор за кредит во комисион со со лицето СС. Паричните средства врз основа на договорот за комисион се префрлени на сметката на лицето СС од кои парични средства ли-цето СС половина повлекува во готово, додека половина ги префрла на лицето 3 кое воедно е и сопственик на фирмата 10. Лицето 3 префрлените средства на негова сметка од страна на лицето СС ги повлекол во готово.

Во текот на анализата и обработката на предметот и пристигнатат документација, добиени се податоци за евидентирана кредитна линија помеѓу правното лице Фирмата 2 и странската фирма 11, при што кредитот треба да се исплати ви три наврати. Досега исплатен е само првиот дел. Исто така и овде имаме сознанија дека се работи за ветување на веќеспоменатото земјиште. Притоа во Договорот за заемот стои дека средствата треба да се исплатат во период од 3 месеци и вкупниот износ да се врати за еден месец од исплатата на последната транша, меѓутоа на сметка на лицето 11 во друга странска држава а не во таа од каде е приливот на средствата. Воедно лицето 11 се јавува како сопственик на правното лице (Фирма 2 ) заедно со лицето КК. Распределбата на паричните средства при-стигнати од лицето 11 е следна имено, помали износи се уплатени н фирмата 8 по основ на позајмица, на фирмата 5 по основ на цесија, значителен износ е префрлен на фирмата 6 по основ на цесија (се претпоставува дека цесијата е со фирмата 16), исто така на фирмата 10 префрлени се парични средства по основ на ф-ра со кои средства фирмата 10 го враќа претходно земениот кредит од банката 1. Голем дел лицето СС ги повлекол во готово по основ на материјални трошоци, додека најголем дел се префрлени на сопствената сметка која ја фирмата 2 ја има отворено во банката 2. Фирмата 2 склучува договор за комисион со банката 2, која пак од друга страна склучува договор за кредит во комисион со лицето КК. Врз основа на споменатиот кредит на сметката на лицето КК му се префрла го-лем износ на парични средства, од кои понатаму најголем дел се исплатени во готово, додека еден помал дел се уплатени на сметка на лицето 2.

Врз основа на член 27 од Законот, побаравме дополнителни податоци од следните финансиски институции, државни органи и останати субјекти - сите банки во Р. Македонија; - централен регистар на Р. Македонија; - Државниот завод за геодетски работи – катастар Скопје и Катастар Струга - Второстепена комисија при владата на Р. Македонија

GODI{EN IZVE{TAJ ZA AKTIVNOSTITE NA DIREKCIJATA ZA SPRE^UVAWE NA PEREWE PARI (1 januari 2007 god. - 31 dekemvri 2007 god.)48

- Заложниот регистар при Централниот регистар на РМ - Народна банка на Р.Македонија - Централниот депозитар за хартии од вредност - Адвокати - Нотари

Индикатори за сомневање за перење пари:

- фалсификат на документ и искористување на истиот за прикажување на лажна состојба, врз основа на која одредени физички лица се стекнуваат со материјална корист; - злоупотреба на службена должност; - измама, оштета на доверители; - приливи на средства од сомнително потекло како и одлив на истите кон сметки на правни и физички лица, каде како сопственици или овластени лица кај фирмите кон кои се одливаат средствата, се јавуваат истите физички лица кои вршат повлекување на големи износи на парични средства по основ на материјални трошоци и слично или пак тоа се лица кои се во роднинска поврзаност; - уплати на големи износи на средства кои потоа се повлекуваат во готово или пак се префрлаат на сметки на други физички лица; - продажба на еден ист имот на неколку физички лица, при што средствата кои се уплатени за тој имот се повлекуваат во готово; - ветување на една иста недвижност на неколку различни физички и правни лица, врз основ на кое се стекнуваат со материјална корист;

Извештајот за сомнителни трансакции е проследен до Јавното Обвинителство до МВР и до Управата за финансиска полиција заедно со целокупниот пропратен материјал кој е собран во текот на анализата на предметот. Воедно до јавното Об-винителство и до Министерството за внатрешни работи доставено е и дополнување на претходниот извештај заедно со дополнително прибраната документација.

III. IZVE{TAI ZA DOSTAVENI I OBRABOTENI PREDMETI 49

I2 шема за случај 3

GODI{EN IZVE{TAJ ZA AKTIVNOSTITE NA DIREKCIJATA ZA SPRE^UVAWE NA PEREWE PARI (1 januari 2007 god. - 31 dekemvri 2007 god.)50

Случај бр. 4

Причината поради која почнавме со собирање на податоци од нашата база, за фирмата Х беа големите износи на готовински уплати на жиро сметките како дневен пазар, зголемување на оснивачки влог и продажба на девизи. Извештајот за сомнителни трансакции се однесува на 5 физички и едно правно лице. Според трансакциите на тековната евро - сметка на правното лице Х се забележува дека девизните приливи на фирмата во целост се од компанијата Т од соседна др-жава. Сите приливи од странство кои во најголем дел се реализирани од продажба на железо се конвертираат за денари и се трансферираат на жиро сметка. Девиз-ните одливи се значително помали од приливите (за период од 21.12.2005 до 08.06.2007 година, реализирани се дознаки во странство во износ од 516.041,00 ев-ра, од нив кон компанијата Т 165.861,48 евра). Ова е сомнително имајќи предвид дека фирмата Х има карактеристики на извозно, а не на увозно оријентирана. Најголемите денарски трансфери фирмата Х ги прави кон резидентната ком-панија АБ, која е главен добавувач на фирмата Х, а која е 75% во сопственост на компанијата Т од соседна држава. Плаќањата од жиро сметка на фирмата Х во најголем дел се кон компанијата АБ (околу 40%), но исто така добар дел од плаќањата се однесуваат кон физички лица по основ на откуп на железо. Сомнително при трансферите со физичките лица е тоа што најчесто средствата кои фирмата Х ги уплаќа на нивните сметки се повлекуваат од сметка истиот ден и во одредени случаи, веднаш по исплатата истиот износ или дел повторно се де-понира на сметка на фирмата Х. Врз основа на член 27 од Законот, побаравме дополнителни податоци од следните финансиски институции, државни органи и странски единици за финан-сиско разузнавање: - сите банки во Р. Македонија; - централен регистар на Р. Македонија; - управа за јавни приходи; - МВР; - странски ФИУ

Во период од 24.07.2006 до 01.06.2007 година, фирмата Х има извршено трансакции во вкупен износ од 5.128.800.00 ЕВРА со компанијата Т од соседна др-жава преку својата девизна сметка број 000000000, отворена во ПП банка. Во период од 10.03.2006 до 15.06.2007 година, фирмата Х преку својата де-нарска сметка број 0000000 во ПП банка има реализирано трансакции-исплати, поголеми од 500.000,00 МКД, во вкупен износ од 891.294.327,00 МКД. Во периодот од 10.03.2007 до 15.06.2007 година, фирмата Х преку својата де-нарска сметка број 00000000 во ПП банка има реализирано трансакции-прилив, поголеми од 500.000,00 МКД, во вкупен износ од 1.010.819.657,00 МКД.

III. IZVE{TAI ZA DOSTAVENI I OBRABOTENI PREDMETI 51

Индикатори за сомневање за перење пари:

- трансферите кои ги врши фирмата Х со физички лица, истиот ден тие ги повлекува-ат од своите сметки и речиси истите износи се уплаќаат на сметка на фирмата Х на име дневен пазар;- уплати и исплати во ист ден на поголеми износи на денарски и девизни сметки на лицата: А.А, Б.Б и В.В;- прикажана добивка за финансиската година 2006 во износ од 3.330.890,00, што не соодветствува со остварените деловни трансакции и промет;- платен данок и придонеси од добивката за 2006 година во износ од 0 МКД;- големи износи на повраток на ДДВ, како на пример на 03.04.2007 година, износ од 1.880.572,00 МКД на сметка на фирмата Х во Ф банка и на 17.04.2007 година, износ од 30.396.855,00 МКД на сметка на фирмата Х во М банка;- големи, невообичаени, чести и во краток период реализирани износи на средства за зголемување на основачкиот влог во парични средства и земјиште во периодот од 01.01.2006, заклучно со 31.12.2007 година во вкупен износ од 57.972.300,00 МКД или 945.037,22 ЕУР; Врз основа на горенаведените сомневања Дирекцијата изготви Извештај за сомнителни трансакции, каде како предикативно кривично дело е утврдено да-ночно затајување и основи за сомневање за сторено кривично дело перење пари, и истиот е проследен до ЈО и МВР.

I2 шема за случај 4

GODI{EN IZVE{TAJ ZA AKTIVNOSTITE NA DIREKCIJATA ZA SPRE^UVAWE NA PEREWE PARI (1 januari 2007 god. - 31 dekemvri 2007 god.)52

Случај бр. 5

Случајот е поднесен од МВР каде Дирекцијата пристапи кон прибирање на дополнителни податоци и дојде до следниве констатации: Сомневањата се однесуваат на тоа дека дел од физичките и правните лица вклучени во случајот, со злоупотреба на својата положба бесправно се стекнале со материјална корист. Имено, во меѓусебните договори, договорено е плаќањето да се изврши на две различни сметки од каде за одливот на паричните средства од едната сметка немаме сознание каде завршува. Од податоците до кои дојде Дирекцијата, може да се види дека се реализи-рани одливи на позначителни износи, по различни основи од едни сметки кон други сметки. Воедно, утврдени се готовински уплати на поголеми износи на сред-ства од страна на лица, а во корист на други лица, при што немаме сознание за по-теклото на парите на истите. Исто така, утврдени се значителни готовински уплати од страна на лицата на сопствени сметки при што исто така немаме сознание за потеклото на парите. Едно исто лице се јавува како во повеќе фирми кои меѓу се-бе се поврзани во обавувањето на деловните активности. Забележани се големи износи на позајмици помеѓу нив. Едно исто лице доминира во неколку фирми, воедно забележани се позначителни приливи на парични средства на сметките од странство. Врз основа на член 27 од Законот, побаравме дополнителни податоци за движењето на сметките на лицата кои се предмет на анализа во предметот од си-те банки во Р. Македонија.

Индикатори за сомневање за перење пари:

- уплата на големи готовински износи по основ на позајмици; - повлекување на големи износи на парични средства од сметките на правните лица по разни основи; - ситнење на уплати и набргу после уплатата средствата од сметките се подигаат во готово без сознанија за понатамошниот тек на парите; - готовински уплати на повеќе различни сметки; - сомнително потекло на парите;

Извештајот за сомнителни трансакции е доставен до Министерството за внатрешни работи заедно со целокупната документација прибрана во текот на анализата на предметот.

Случај бр. 6.

Согласно чл. 37 од Законот, како и релевантните меѓународни регулативи кои ја уредуваат областа на размена на податоци помеѓу надлежни институции за овој тип на криминал, Дирекцијата доби барање од странско FIU за проверка на физичко лице (македонски државјанин). Од страна на колегите од странство, укажано е дека лицето кое е македонски државјанин има отворено сметка во банка кај нив на која има добиено поголем

III. IZVE{TAI ZA DOSTAVENI I OBRABOTENI PREDMETI 53

прилив во одреден период, а истото нема пријавено никаква стопанска дејност во таа држава. По одреден период тој ја затвара сметката повлекувајќи ги сите средства од нејзе и ги трансферира во трета странска земја.Од наша страна беше извршена проверка при што е утврдено дека лицето за кое е отворен предмет, е на висока менаџерска позиција во еден деловен субјект во Р.Македонија, при што постои основано сомнение за сторено предикативно кривично дело злоупотреба на службена положба согласно чл. 353 од КЗ на РМ. Со помош на ЈО и МВР направени се дополнителни испитувања, при што преку дополнителни контакти со колегите од странското ФИУ добиени се и копии од сметката и копија од патна исправа на лицето заради утврдување на вистинскиот идентитет.По завршување на целокупната анализа, од страна на Дирекцијата доставен е извештај до ЈО со образложение за сите основи по кои постои сомневање за кривичното дело перење пари, како и за сторени предикативни кривични дела, при што за целиот предмет сме известени дека се собираат дополнителни докази преку ЈО пред да биде поднесен обвинителниот акт.

Индикатори за сомневање за перење пари:

1. Големи износи на дознаки на сметка на физичко лице отворена во странска банка; 2. Лицето нерезидент нема пријавено никаква стопанска дејност во државата во кое ја отвара сметката и на истата има големи приливи; 3. Со само една трансакција лицето го повлекува целиот износ и ја затвара сметката, и сите средства ги трансферира во трета земја, а не во домицилната; 4. Лицето извршува висока менаџерска функција во Р. Македонија, при што е можно да е подложен на коруптивни дејанија и да ја злоупотреби службената положба; 5. Првичните трансфери доаѓаат од земја која има воспоставено деловен однос со субјектот каде што лицето е менаџер.

Случај бр. 7

Според добиена информација за сомнителни трансакции од државна институција во РМ, правното лице Х кое се занимава со претежна дејност производство на друга горна облека, добива фактури од странски фирми од off shore земја за исплата на големи износи кои не соодветствуваат со основната дејност за кое е регистрирана фирмата. Фактурираните износи во вкупен износ од 2.000.000,00 ЕУР доставени од странските фирми се однесуваат на провизија за посредувачки услуги, набавка на софтвер, одржување на компјутери.

Индикатори за сомневање за перење пари: - во краток временски период се фактурираат големи износи на девизи и се врши одлив спрема странски фирми од off shore земја ; - зголемување на основачкиот влог во фирмите во значителни износи за

GODI{EN IZVE{TAJ ZA AKTIVNOSTITE NA DIREKCIJATA ZA SPRE^UVAWE NA PEREWE PARI (1 januari 2007 god. - 31 dekemvri 2007 god.)54

кои не се знае потеклото на парите; - разлики помеѓу прокнижени побарувања и исплатени износи; Побарани податоци: - од сите банки податоци за состојбите на сметките на физичките и правните лица инволвирани во случајот; - добиен историјат со промени од Централниот регистар и УЈП за тековната состојба на субјектите; - од странски ФИУ на две држави за правното лице и за физичките лица инволвирани во случајот;

Предметот е доставен до: - Јавното обвинителство на РМ;

Случај бр. 8.

Овој случај е доставен од Министерството за внатрешни работи. Имено лицето НН, како генерален директор на фирмата А која е во стечај со државен и акционерски капитал врши продажба на стечајниот недвижен имот на фирмата Б во сопственост на неговата сопруга, а каде што како управител се јавува повторно лицето НН. Поврзано со претходниот случај, фирмата В во стечај врши продажба на стечаен недвижен имот, повторно на фирмата Б, чија квадратура фактички е по-голема од продадената, а за која претходно е воспоставена хипотека во една од деловните банки во Р.Македонија. Продажбата на побарувањето кое РМ го има кај должникот фирмата В е наплатено за одреден помал износ, иако претходно постоела понуда на повисок износ, а за која понуда постоела можност да се пре-говара. Сомневањето се однесува на потеклото на парите на фирмата Б за купување на имот во повеќе фирми во стечај и судир на интереси, каде што генералниот директор на фирмата А во стечај продава имот на фирмата Б во сопственост на неговата сопруга.

Индикатори за сомневање за перење пари: - потекло на парите на фирмата А за откуп на побарувања и имот на повеќе фирми во стечај во позначителен износ;Побарани податоци: - од сите банки за состојбите на сметките на физичките и правните лица инволвирани во случајот; - добиен Историјат со промени од Централниот регистар на РМ и УЈП за тековната состојба на субјектите; - податоци од Секторот за управување со капитал при Министерството за финансии;Предметот е доставен до: - МВР

III. IZVE{TAI ZA DOSTAVENI I OBRABOTENI PREDMETI 55

Случај бр. 9.

Овој извештај за сомнителни трансакции е доставен од банка, како сомнителна уплата на голем износ на готовински средства од страна на физичко лице А на правно лице Б по основ на позајмица, што претставува еден од индикаторите за сомнителни трансакции, при што не се знае потеклото на парите.

Врз основа на овие податоци Дирекцијата отвори случај и отпочна со при-бирање на дополнителни податоци и информации, и тоа дополнителни податоци од: - сите банки, - Централен Регистар, - Државен завод за геодетски работи, - Управа за јавни приходи, - Министерство за внатрешни работи, - Централен депозитар за хартии од вредност, - странско ФИУ; Од добиените дополните податоци беше направена анализа, при што беа констати-рани следниве сомневања. Лицето А се јавува како домнинатен акционер на акционерското друштво Б, при што акциите се купени во готово по многу ниска цена. Откако станало до-минантен акционер лицето А уплатило три готовински трансакции на сметката на правното лице Б, при што како гаранција била заложена целокупната опрема на правното лице Б проценета на сума четири пати поголема од износот на позајми-цата, при што во договорот е наведено дека доколку позајмицата небиде вратена лицето А станува сопственик на опремата. Исто така во тој период продадени се акциите издедени од акционерско друштво В кои биле во сопственост на прав-ното лице Б, при што значителен износ на средства се префрлени на сметка на правното лице Б. За овие средства се откупени девизи и истите се искористени за плаќање наводно на увоз на стока од странство, кој увоз според податоците со кои располага Дирекцијата не е реализиран. Од овие податоци мо`е да се утвр-ди дека целта на лицето А била обезвреднување на имотот на акционерското друш-тво Б, негово купување за многу мал износ и одлевање на парите на сметки во странство.

Дирекцијата побара дополнителни податоци и за лица блиски до лицето А, како и за нивните фирми. Лицето А и негови блиски лица имаат реализирано зна-чителен износ на готовински уплати за купување на акции издадени од повеќе правни лица исто така по многу ниска цена, при што стануваат доминантни соп-ственици. Она што е сомнително е потеклото на овие готовински уплати, за кои Дирекцијата смета дека се сомнителни. Извештајот за сомнителни трансакции Дирекцијата го има доставено до МВР и до Јавното Обвинителство-одделение за гонење на сторители од областа на организираниот криминал и корупција, и моментално се доработува во соработка со повеќе институции инволвирани во борбата против организираниот криминал.

GODI{EN IZVE{TAJ ZA AKTIVNOSTITE NA DIREKCIJATA ZA SPRE^UVAWE NA PEREWE PARI (1 januari 2007 god. - 31 dekemvri 2007 god.)56

Случај бр. 10.

Овој извештај за сомнителни трансакции за кои постои сомневање дека се поврзани со перење пари е добиен од банка, како сомнителен прилив на средства на нерезидентна сметка на правно лице од земја позната по регистрирање на оф шор фирми, каде како овлстено лице се јавува македонски државјанин, по што парите се префрлаат на сметка на друго странско правно лице по сомнителен основ. Врз основа на овие податоци Дирекцијата отпочна со прибирање на дополнителни податоци и информации, и тоа барани се податоци од: - сите банки, - Централен регистар, - Министерство за внатрешни работи, - странски ФИУ

Од податоците кои ги добивме беше утврдено дека, физичкото лице А се јавува како директор и овластен потписник на нерезидентната сметка на правното лице Б, отворена во македонска банка. На оваа сметка реализирани се неколку приливи од странска земја, по основ на плаќања за сомнителен увоз, во вкупен износ од 892.478,00 УСД. Понатака средствата од оваа сметка се трансферирани сметка на странска фирма за увоз на стоки. Од нерезидентната сметка на правното лице Б исто така трансферирани се 519.400,00 УСД на сметка на друга фирма од оф шор земја, врз основ на фак-тури.

Причини за сомневање: - реализирано е плаќање за сомнителен увоз на стоки; - трансакциите се реализираат преку нерезидентна сметка отворена во Македонија, на фирма од која потекнува од оф шор земја, земја позната по постоење на оф шор фирми; - увозот и извозот на стоки не соодветствува со природата на работата на правното лице Б нерезидент; - големи износи на средства кои се трансферираат од странска земја, на нерезидентна сметка и повторно се трансферираат на сметка во странство.

Дирекцијата за овој случај има доставено извештај за сомнителни трансакции до МВР и истиот заедно се работи.

Случај бр. 11..

Овој извештај за сомнителни трансакции кој беше доставен до Дирекцијата се однесува на невообичаено тргување со акции издадени од правното лице А.Имено, преку брокерска куќа реализирана е блок трансакција на акции издадени од правното лице ДД по цена од 1000 денари. Како продавач на овие акции се јавуваат правното лице СС, како и физичкото лице ВВ, а како купувач се јавува лицето ММ. Како сопственик на правното лице СС се јавува лицето ММ, а како

III. IZVE{TAI ZA DOSTAVENI I OBRABOTENI PREDMETI 57

управител лицето ОО. Продажбата на овие акции е извешена врз основа на одлука донесена од страна на основачот на правното лице СС, физичкото лице ММ. Преку Банка, оддел за работа со хартии од вредност, истргувани се акции од прав-ното лице ДД, по цена од 2 500 денари по акција каде како продавачи на овие акции се јавуваат две физички лица, а како купувач се јавува правното лице ТТ. Во однос на претходната постигната цена утврден е пораст на цената за околу 170%. Како сопственик на правното лице ТТ се јавува лицето ЕЕ.По два дена преку Банка, оддел за работа со хартии од вредност, истргувани се акции од правното лице ДД по цена која е за околу 300% поголема во однос на претходно постигнатата цена. Како продавачи на овие акции се јавуваат лицата СС и ЈЈ, а како купувач се јавува ТТ. Со оваа блок трансакција извршен е пренос на околу 50% од акциите на правното лице ДД.

За еден месец преку Банка, оддел за работа со хартии од вредност, истргувани се акции издадени од правното лице ДД, по цена многу помала од претходно пос-тигнатите, при што како продавач се јавува лицето ЕЕ, а како купувач се јавува правното лице ФФ. Како сопственик на правното лице ФФ се јавува странското правно лице ЗЗ, а како овластено лице се јавува лицето ИИ кое е во роднинска врска со лицето ЕЕ. Од податоците кои ги добивме од Централниот Регистар може да се види дека како член на управниот одбор на странското правно лице ЗЗ, кое е регистрирано како акционерско друштво се јавува лицето ЕЕ.По еден месец преку брокерско друштво реализирана е продажба на акции издадени од правното лице ДД, по истата цена, каде како продавач се јавува правното лице ТТ, а како купувач правното лице ФФ. Со трансакцијата извршен е пренос на акции од правното лице СС на не-говиот оснивач ММ, за подоцна тој да ги продаде стекнатите акции по значително повисока цена од околу 300%. Може да се заклучи дека лицето ММ по продажбата на истите акции по цена поголема за околу 300% по акција, има остварено многу голема капитална добивка. Во овој случај оневозможено е капиталната добивка да ја оствари правното лице СС, при што добивката од продажбата на акциите лично ја добива неговиот сопственик лицето ММ, при што сметаме дека постои сомневање за сторено кривично дело даночно затајување, како предикативно де-ло. Она што е сомнително е и купувањето на акциите од страна на правното лице ТТ и физичкото лице ЕЕ по многу повисока цена и продажбата на истите за кратко време по многу пониска цена, и тоа на фирми во кои се јавува лицето ЕЕ. За купување на вкупниот број акции, од правното лице ДД, лицето ЕЕ и правното лице ТТ имаат дадено голем износ на парични средства, за потоа акциите да ги продадат за многу помал износ на парични средства. Врз основа на горенаведеното, Дирекцијата смета дека нелогично реали-зираните трансакции извршени со продажбата и купувањето на акциите на прав-ното лице ДД, се со намера да се сокрие потеклото на претходно нелегално стек-нати пари (купување на акции по повисока цена и продажба на истите акции по многу пониска цена), при што постои сомневање за сторено кривично дело пе-рење пари. Овој извештај за сомнителни трансакции е доставен до Управата за Финансиска Полиција.

GODI{EN IZVE{TAJ ZA AKTIVNOSTITE NA DIREKCIJATA ZA SPRE^UVAWE NA PEREWE PARI (1 januari 2007 god. - 31 dekemvri 2007 god.)58

Случај бр. 12.

Овој извештај за сомнителни трансакции е доставен од страна на банка и се однесува на физичко лице А кое по пат на сторено кривично дело злоупотреба на службена положба има трансферирано значителен износ на пари на сметка на странско правно лице, по основ на лажно отворени акредитиви, по што средствата од странското правно лице се подигнати во готово, дел е земена провизија, а по-големиот дел завршуваат на сметка на сопругот на физичкото лице А. Физичкото лице МА, инаку вработена во Банка, преку која реализирана е трансак-ција со изготвена SWIFT порака, со што е ефектуиран трансфер на средства во полза на странска фирма THN.

Со оваа трансакција физичкото лице МА направила злоупотреба на службе-ната положба, бидејќи како одговорна на рефератот за отворање на акредитиви во Банка 1, во чија надлежност била и контролата на изготвените SWIFT пораки за плаќања во странство, ја изготвила спорната SWIFT порака, исконструирала референца, на износ од 375,000,00 евра, дати и налогодавец и ја доставила истата до SWIFT одделот кој понатака преку својот пристап до SWIFT системот технички ги издиктирале податоците од пораката спрема странската банка. МА со исконструи-рање на референци, износи и дати, како и земање на податоци на клиент на бан-ката како налогодавец, без постоење на писмен налог од домашната фирма за отварање на акредитив, образец 1451, отворила конфирмиран акредитив и дала налог на странската банка да ги пренесат средствата од контото на домашната Банка во полза на странската фирмата ДИН. Од сметката на странската фирма ТН, средствата се подигнати, од страна на нејзиниот сопственик кој е македонски државјанин ПД, задржувајќи одреден процент за себе, а поголемиот дел од парите ги дал на лицето РА, сопруг на МА. Сопругот на лицето МА, РА и нејзината сестра РП се јавуваат како сопственици на фирма која е off shore регистрирана во странска земја, на која се префрлани средства кои потекнуваат од продажба на станови кои се во градба, на повеќе лица. Од оваа сметка на сметка на физичкото лице РА реализиран е прилив од 100,000 евра кои лицето ги има подигнато во готово.

Дирекцијата врз основа на своите надлежности се обрати до единицата за финансиско разузнавање на Р. Словенија (ФИУ Словенија) во врска со сметката на фирмата ДИН, од каде добивме значајни информации и податоци во врска со реализираните трансакции и конкретниот случај. Дирекцијата во врска со овој слу-чај побара дополнителни податоци и информации од сите банки, од Централен регистар, од ФИУ Кипар и ФИУ Словенија.

По извршената анализа на реализираните трансакции Дирекцијата има сознанија дека се реализирани сомнителни трансакции за кои постојат основи за сомневање за сторено кривично дело перење пари од следните причини:

1. Потребната документација налог за плаќање во странство - образец 1450 од налогодавецот нотиран во SWIFT пораката не постои;2. Поради тоа нема рефлектирање на состојбата на девизната сметка на

III. IZVE{TAI ZA DOSTAVENI I OBRABOTENI PREDMETI 59

налогодавецот;3. Бидејќи нема налог за плаќање не е обезбедено покривање на средствата, со што постои само задолжение на сметката на Банка 1 во странската банка од каде се одобрени средствата на крајниот корисник; 4. Прекршени се процедурите за книжење согласно Упатствата за платен промет со странство;5. Преку злоупотреба на службената положба МА на нелегален начин се стекнала со голем износ на средства кои ги искористила за лични цели, префрлајќи ги на сметки на нерезидентни фирми, со што постојат основи за сомневање за сторено кривично дело перење пари.

Врз основа на горенаведеното Дирекцијата достави извештај за сомнителни трансакции до Министерството за внатрешни работи. За овој случај судот во 2007 година донесе пресуда со која беа осудени три лица за сторено кривично дело перење пари и злоупотреба на службена положба како предикативно кривично дело.

Случај бр. 13

Овој случај е инициран по одредени сомневања укажани од страна на Јавното обвинителство, по што Дирекцијата отпочна со прибирање на дополнителни податоци и информации.

Дирекцијата побара дополнителни податоци и информации во врска со неколку правни и физички лица од: - Централен Регистар, - сите банки - Министерство за внатрешни работи.

Oд анализата на добиените податоци беше утвредено следното. Се работи за физичко лице А кое се јавува како сопственик и овластено лице на две правни лица Б и В. Како претежна дејност на правното лице Б е трговија на мало во продавници со мешовита стока. Истото има отворено жиро сметка Банка, на која се реализирани поголем број на приливи од страна на иста фирма Ј, чија претежна дејност е трговија на мало со метална стока, градежен материјал, бои и стакло. Во период од 01.01.2006 година до 31.05.2007 година на оваа сметка реализиран е вкупно прилив од 8.270.400,00 ден. од сметката на фирмата Ј по основ на плаќање по фактура. Средствата пристигнати на сметката на правното лице Б истиот ден се подигаат во готово по основ откуп на земјоделски производи, при што во овој период подигнати се вкупно 8.957.400,00 денари, при што нема други основи на трансфер на пари од оваа сметка. Од сметката на правното лице В отворена во Банка може да се види позначителен прилив на средства од сметка на правното лице К кои средства истиот ден се подигаат во готово од страна на сопственикот А, повторно по основ на откуп на земјоделски производи. Во период од 01.01.2006 до 31.05.2007 година реализиран е вкупен прилив на средства во износ од 39.343.877,00 денари, по

GODI{EN IZVE{TAJ ZA AKTIVNOSTITE NA DIREKCIJATA ZA SPRE^UVAWE NA PEREWE PARI (1 januari 2007 god. - 31 dekemvri 2007 god.)60

основ плаќање по фактура, од сметката на К на сметката на В, и подигнати се вкупно 40.562.390,00 денари по основ на откуп на земјоделски производи, при што не се реализирани други трансакции на оваа сметка. Она што е сомнително е пре-тежната дејност на фирмите Б и В, трговија на мало во продавници со мешовита стока и трговија на мало со метална стока, градежен материјал, бои и стакло, а единствените трансакции на нивните сметки се по основ на откуп на земјоделски производи. Нашите сомневања се однесуваат на сторено предикативно кривично дело даночно затајување, при што се реализирани нелогични трансакции врз ос-нова на фиктивни фактури кои се користат за извлекување на парите во готово и нивно повторно враќање во финансиските текови, при што постои основано сом-нение за сторено кривично дело перење пари. Лицето А заедно со друго физичко лице М, се јавува и како сопственик на правното лице Е, со седиште на иста адреса како и претходните две фирми Б и В,. На сметката на Е во период од 01.01.2006 година до 31.05.2007 година реализирани се поголем број на уплати по основ на позајмица, кои средства ги уплаќа лицето М, во вкупен износ од 38.692.207,00 денари. Од податоците добиени од Министерството за внатрешни работи, А било осудувано со пресуда, со казна затвор од шест месеци, условно за една година, поради сторено кривично дело донесена е пресуда за казна затвор во траење од една година и шест месеци за сторено кривично дело. Овој извештај за сомнителни трансакции Дирекцијата го достави до Управата за финансиска полиција,

Случај бр. 14.

Случајот е инициран од Јавно Обвинителство. Физичките лица вклучени во случајов по пат на измама и фалсификување на полно-мошна се стекнале со акции од АД и по пат на продажба на истите бесправно се стекнале со материјална корист, при што постојат основи на сомневање за сторено кривично дело перење пари.Имено дел од тие пари се блокирани меѓутоа има дел од средствата кои по-текнуваат од продажбата на акциите кои не се блокирани и кои подоцна се по-влечени од сметката на физичките лица, при што лицето КК има реализирано неколку уплати на сметки на неговата сопруга и децата, при што дел од парите понатака се подигнати во готово, за кој дел е поднесен обвинителен акт против лицето КК за перење пари. Од податоците кои се анализираа се дојде до констатација дека лицето ББ има земено кредит во голем износ од Банка 1 при што како обезбедување на кредитот се употребени парични средства на правното лице РРХ, врз основа на Договор за наменски депозит, потпишан од страна на лицето КК како директор на правното лице РРХ. Воедно постои потпишана изјава од страна на лицето ЈЈ со која потврдува дека е извршената уплата од значителен износ на средства преку Банка 2 со цел затварање на кредитот кој лицето ББ го има подигнато од Банка 1. Исто така од Банка 3 добивме потврда за продавање на одреден износ на УСД, во име на лицето ББ при што во консултација со надлежен орган утврдивме

III. IZVE{TAI ZA DOSTAVENI I OBRABOTENI PREDMETI 61

дека на налогот за менување на девизите не е потпишан лицето ББ, туку налогот е потпишан од страна на лицето ПП кој во разговор со лице од надлежен орган потврдил дека потписот на налогот е негов. Истиот ден лицето ПП во име и за сметка на лицето ББ купил акции од правното лице КК. Врз основа на член 27 од Законот, побаравме дополнителни податоци од следните финансиски институции, државни органи и останати субјекти: - сите банки во Р. Македонија; - централен регистар на Р. Македонија; - Централен Депозитар за хартии од вредност;

Индикатори за сомневање за перење пари:

- злоупотреба на службена должност и искористување на информации за стекнување со бесправна материјална корист; - фалсификат на полномошна; - измама и оштета на доверители; - повлекување на голем износ на средства во готово кои потоа за кратко време се уплатени на неколку други сметки, чии сопственици на сметките се лица во роднинска поврзаност со лицето кое претходно ја прави злоупотребата како и повлекувањето на паричните средствата;

Врз основа на добиените податоци добиени од горенаведените субјекти, бе-ше изработен Извештај за сомнителни трансакции кој беше доставен до Јавното Обвинителство. Дирекцијата достави налог за привремено задржување на парите на сметките на неколку физички лица неколку банки и поднесе иницијатива за определување на привремени мерки-привремена заплена на парите, по што беа определени мерки запирање на трансакции и привремена заплена на парите.

Случај бр. 15 Овој извештај за сомнителна трансакција е доставен од МВР, кој се однесува на сомневање за сторено кривично дело перење пари и стекнување со приноси од казниво дело. Имено лицето А, злоупотребувајки ја службената положба, се стекнува со про-тивправна материјална корист, злоутотребувајки ја незавидната материјална сос-тојба на лицето Б, од кое наплатува значителни суми од камати, кои произлегуваат од претходно дадени позајмици, а истото не е овластено и регистрирано за вршење на таква дејност. Овие средства не се евидентирани ниту оданочени, и истите ли-цето А ги користи за купување на недвижен имот на атрактивни локации. Врз основа на овие податоци Дирекцијата отпочна со прибирање на до-полнителни податоци и информации, за лицето А од повеке субјекти и државни органи. Од извршената анализа на добиените податоци утврдено е дека, од пре-гледот на приливите и одливите на сметката на лицето А, може да се види

GODI{EN IZVE{TAJ ZA AKTIVNOSTITE NA DIREKCIJATA ZA SPRE^UVAWE NA PEREWE PARI (1 januari 2007 god. - 31 dekemvri 2007 god.)62

дека истото нема толку додбивка пријавено на крајот на тековната година а ис-товремено се стекнало со повекекратна имотна корист. Во изјавата на лицето А, се наведени изворите на стекнатиот имот, за кои Дирекцијата побара дополнителни информации од компетентните институции од кои беше утврдено лицето нема дадено точни податоци за стекнатиот имот, со што се потврдија нашите сомневања за сторено кривично дело перење пари.

Досега Дирекцијата има побарано информации од следните институции: - Сите банки - МВР - Централен Регистар - Централен Депозитар за хартии од вредност - Управа за јавни приходи - Управа за геодетски работи, катастар - Нотар, Врз основа на добиените информации, Дирекцијата изврши анализа и об-работка и изготви комплетен Извештај со сите релевантни податоци за лицата А и Б, кој е доставен до ЈО на РМ.

Случај бр. 16

Согласно член 22 од Законот за спречување на перење пари и други приноси од казниво дело, од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата беше доставен до Дирекцијата Прилог 1- Извештај за трансакции за кои постои сомневање дека се поврзани со перење пари. Помеѓу правните лица А и Б склучен е договор за купопродажба на деловен простор на атрактивна локација. По тој основ фирмата А и уплаќа дел од паричните средства на фирмата Б, меѓутоа поради тоа што фирмата Б нема имотен лист кој гласи на нејзино име договорот се раскинува. Откако фирмата Б ги средила про-блемите околу имотниот лист, договорот за купопродажба се обновува за истиот деловен простор, меѓутоа овој пат помеѓу сопругите на управителите на фирмата А кои се јавуваат како купувачи и фирмата Б како продавач на имотот. Износот кој претходно го има уплатено фирмата А во корист на фирмата Б се префрла на сопругите врз основ на договор кој го имаат склучено сопругите со фир-мата А за издавање на деловниот простор под кирија. Имено, откако сопругите на управителите на фирмата А ќе станат сопственички на деловниот простор, тие ќе го издадат под кирија на фирмата А во временски период од 6 години за износот кој претходно фирмата А го има уплатено на фирмата Б. Остатокот на износот од купопродажната цена сопругите на управителите на фирмата А го имаат уплатено преку сметка на нотар. Уплатата била во период пред да стапи на сила законот за спречување на перење пари од 2004 година, кога уплатата се уште можела да се изврши на тој начин. Фирмата Б која се јавува како продавач на деловниот простор, во моментот на продажбата имала големи финансиски потешкотии, поради што од нејзина гледна точка биле важни само паричните средства уплатени врз основа на договорот за купопродажба. Од друга страна многу сомнителен е податокот дека договорот за

III. IZVE{TAI ZA DOSTAVENI I OBRABOTENI PREDMETI 63

купопродажба склучен помеѓу фирмата Б и сопругите на управителите е со датум од последниот ден во годината.Врз основа на анализата на сметките на сопругите на управителите, која дирекцијата ја направи, се утврдија големи приливи на нивните сметки, уплатени од страна на фирмата А по основ на договор за купопродажба. По дополнителното прибирање на податоци дојдовме до податок дека за многу кратко време истиот деловен простор е предмет на продажба, каде овој пат како купувач се јавува фирмата А додека како продавачи се јавуваат сопругите на управителите на фирмата А. Врз основа на член 27 од Законот, побаравме дополнителни податоци од следните финансиски институции, државни органи и останати- сите банки во Р. Македонија;- централен регистар на Р. Македонија;- управа за јавни приходи;- МВР;Индикатори за сомневање за перење пари:

- Искористување на службената положба за придобивка на материјална корист- Уплата на парични средства за кои немаме сознание за потеклото на средствата- Препродажба на истиот деловен објект за многу кратко време

Извештајот е проследен до МВР со сите добиени податоци во текот на анализата.

Случај бр. 17

Од извештајот кој е доставен од деловна банка во Република Македонија, Дирекцијата заклучи дека се работи за две странски физички лица кои имаат отворено нерезидентни сметки во деловната банка во Македонија. Од банката беа побарани сите документи за регистрација на компанијата, сите трансфери, по-датоци за отварање на сметката и нејзини потписници, како и за тоа дали истите лица се појавуваат како основачи и нерезиденти во други правни лица.Од добиените податоци согледано е дека овие две лица (странски државјани), се јавуваат како потписници уште во други две компании кои се регистрирани во една off shore земја. Индикативно е и тоа што на нивните сметки беа забележани енормно големи трансакции. Дирекцијата по извршената детална анализа согласно чл.37 од Законот, како и релевантните меѓународни регулативи кои ја уредуваат областа на размена на податоци помеѓу надлежни институции за овој тип на криминал, побара детална информација за овие двајца странски државјани од нивната матична држава, ка-ко и од државата каде беа регистрирани компаниите (off shore). Од ФИУ-то каде беа регистрирани компаниите добивме повратен одговор, каде беа наведени информации од нивниот регистар на компании, со што го утврдивме идентитетот на лицата и дел од нивните активности, додека од матичната држава на физичките лица добивме одговор со кој истовремено беше доставено и барање за добивање на сите релевантни податоци со кои располагавме во тој момент, по-

GODI{EN IZVE{TAJ ZA AKTIVNOSTITE NA DIREKCIJATA ZA SPRE^UVAWE NA PEREWE PARI (1 januari 2007 god. - 31 dekemvri 2007 god.)64

ради тоа што за овие две лица била отворена истрага за затајување на данок и перење пари во нивната матична држава. Во тек на целата размена на податоци кои ги обезбеди Дирекцијата, кои беа од големо значење за определување на мерка притвор за овие две лица, ис-трагата во странската држава е проширена што доведе до акција на апсење на околу 15 учесници поврзани во оваа мрежа. Од страна на обвинителството на странската држава поведена е постапка за барање на меѓународна правна помош од релевантните институции, како би можеле со обезбедување на оригинал или заверени докази да настапат пред над-лежниот суд во државата. По укажување на колегите од државата чии државјани се уапсени, се очекува во текот на 2008 година, да се донесе пресуда по основ на перење пари, која не би била можна без меѓународната соработка која ја остваривме преку размена на информации по електронски пат, како и со една директна средба со надлежните институции на прогонот од странската држава и нашите надлежни институции за прогон на овој вид на кривични дела.

Индикатори за сомневање за перење пари:

1. Големи износи на дознаки од странство во краток временски период и нивно брзо трансферирање на други дестинации.2. Лицата се јавуваат како нерезиденти и потписници на сметките на повеќе правни лица во банка во РМ.3. Државата каде се регистрирани компаниите е позната како off shore дестинација, и често била користена за прикривање на нелегални приходи.4. Укажување на колегите од странство за нагло збогатување на физичките лица и купување на луксузни возила и недвижен имот во матичната држава.

IV. PODGOTOVKA NA NOV ZAKON 65

IV. ПОДГОТОВКА НА НОВ ЗАКОН

Согласно препораките од ЕУ за усогласување на домашното законодавство со европското, изготвивме нов Закон за спречување на перење пари и други при-носи од казниво дело и финансирање на тероризам.

Законот кој беше усвоен од страна на Собранието на Р. Македонија на 4 ја-нуари, 2008 година, а стапи на сила на 18 јануари, е хармонизиран со Варшавската Конвенција, Третата Директивата на ЕУ, 40-те препораките на ФАТФ и 9-те спе-цијални препораки на ФАТФ за спречување на финансирање на тероризам. Потребата за донесување на овој закон е предвидена и утврдена во Акци-ониот план за европско партнерство. Со овој Закон, Дирекцијата за спречување на перење пари се преименува во Управа за спречување на перење пари и финансирање на тероризам. Добивме статус на орган во состав на Министерството за финансии со својство на посебно правно лице. Од аспект на надлежностите на Управата се воведува надзорната функција која по потреба самостојно или во рамките на контролата која ја вршат веќе утвр-дените надзорни органи, ќе се врши над определените субјекти. За усогласување со одредбите на Третата Директива на ЕУ определивме построги и посеопфатни мерки кои треба да ги превземаат задолжените субјекти. Мерките се однесуваат на процедурите на анализи насочени кон подобро запознавање на својот клиент. Во контекст на ова за поквалитетни анализи на ризик во законот предвидовме формирање на посебни оддели во рамките на банките за анализа на сомнителните трансакции и ги задолживме да обезбедат софтвер за препознавање на трансакциите. Мерките на засилена анализа се применуваат во три ситуации и тоа:

- кога клиентот не е физички присутен за целите на идентификација; - кога банките воспоставуваат коресподентски банкарски односи; - кога субјектите стапуваат во деловен однос со политички експонирани личности.

Мерките кои задолжените субјекти ги применуваат за спречување на перење пари, со новиот Закон стануваат задолжителни за примена и за спречување на финансирање на тероризам. Имајќи го во предвид растечкиот тренд на инвестирање и тргување на пазарот на капитал и подложноста на овој сектор за целите на перење пари, вове-довме обврска сите брокерски куќи и банките со дозвола за работа со хартии од вредност да го пријавуваат на Дирекцијата тргувањето со хартии од вредност чиј износ ја надминува сумата од 15.000 евра. Заради доследна примена на одредбите од меѓународните конвенции се прецизира применaта на две привремени мерки: запирање на трансакцијата, ка-ко и привремената заплена на парите или имотот што се нејзин предмет.

GODI{EN IZVE{TAJ ZA AKTIVNOSTITE NA DIREKCIJATA ZA SPRE^UVAWE NA PEREWE PARI (1 januari 2007 god. - 31 dekemvri 2007 god.)66

V. PODGOTOVKA NA NOVA ORGANIZACIONA STRUKTURA 67

V. ПОДГОТОВКА НА НОВА ОРГАНИЗАЦИОНА СТРУКТУРА

Со цел зајакнување на капацитетите за спречување на перење пари, како и во соглсност со надлежностите на Управата предвидени со новиот закон во текот на 2007-ма активно отпочнавме со подготовки за новата организациона по-ставеност. Подготвивме нова систематизација за организацијата на работата по сек-тори и одделенија, и ситематизација по работни места. Систематизацијата која е одобрена од страна на министерот за финансии и Агенцијата за државни службе-ници, Управата ќе биде организирана во два сектора и осум одделенија, и тоа: - сектор за регулатива и развој на системот и - сектор за спречување на перење пари и инспекциски надзор. Во рамките на секторот за регулатива и развој на системот постојат: - Одделение за правни и административни работи; - Одделение за меѓународна соработка и развој на системот; - Одделение за ИТ; - Одделение за спречување на финансирање тероризам.

Вториот сектор за спречување на перење пари и инспекциски надзор има: - Одделение за инспекциски надзор; - Одделение за аналитика; и - Одделение за спречување на перење пари.

Одделението за човечки ресурси функсионира одделно од секторите и одго-вара директно на директорот.

GODI{EN IZVE{TAJ ZA AKTIVNOSTITE NA DIREKCIJATA ZA SPRE^UVAWE NA PEREWE PARI (1 januari 2007 god. - 31 dekemvri 2007 god.)68

Нова организациона поставеност на Управата за спречување на перење пари и финансирање тероризам

V. PODGOTOVKA NA NOVA ORGANIZACIONA STRUKTURA 69

ПРАВИЛНИЦИ И ПРОЦЕДУРИ ЗА РАБОТА

Дирекцијата во декември 2007 изготви повеќе правилници и процедури, и тоа:

- Упатство за работно време; - Правила и процедури за работно време; - Кодекс за облекување и однесување; - Интерна процедура за примање и испраќање на пошта; - Правила и процедури за работа во одделение за аналитика; - Правила и процедури за работа во одделение за аналитика; - Правила и процедури за работа во ИТ одделението; - Правила и процедури за работа во одделение за Финасирање на тероризам; - Протокол за закажување и одржување на состаноци; - Правила и процедури за меѓународна соработка со странски ФИУ.

5.2 УПРАВУВАЊЕ, ЧУВАЊЕ И ОБРАБОТКА НА КЛАСИФИЦИРАНИ ИНФОРМАЦИИ Усогласување со законот за пристап до класифицирани информации

Дирекцијата пристапи кон заштита на информативните ресурси како и заш-тита на личните податоци од можни злоупотреби, намерни или ненамерни без разлика дали се предизвикани од внатрешни или надворешни фактори.

Безбедноста на информативните ресурси со кои располага Дирекцијата или добиени од надворешни извори, е во целосна согласност со Законот за заштита на лични податоци и Законот за заштита на класифицирани информации.

На почетокот на годината поднесовме барање и обезбедивме од Дирекци-јата за заштита на класифицирани податоци безбедносни сертификати за сите вра-ботени во Дирекцијата, во зависност од степенот на доверливост на податоците со кои располага секој вработен. Согласно обврските за исполнување на Законот за класифицирани пода-тоци реализиравме состаноци и консултации со Дирекцијата за заштита на класифицирани податоци, во врска со просторната организираност, обемот и протокот на класифицирани податоци и степенот на нивната заштита. Врз основа на ова во декември 2007 година изработивме план за просторно организирање на Дирекцијата. Новиот план предвидува просторно организирање во два работни дела и тоа административен и оперативен дел. Во консултација со Дирекцијата за безбедност на информации и Министерство за внатрешни работи - Сектор за НАТО стандарди, во врска со податоците што ги имаме и безбедноста на вработените, изготвени се проценки или елаборати за работа, примање, чување и пренос на информации.

GODI{EN IZVE{TAJ ZA AKTIVNOSTITE NA DIREKCIJATA ZA SPRE^UVAWE NA PEREWE PARI (1 januari 2007 god. - 31 dekemvri 2007 god.)70

5.3. БЕЗБЕДНОСТ НА ПОДАТОЦИТЕ Усогласување со Законот за заштита на лични податоци

Согласно Законот за заштита на лични податоци превземени се следниве чекори:- хармонизиран е Законот за спречување на перење пари и други приноси од казни-во дело и финансирање тероризам со Законот за заштита на лични податоци во член 10 и 11.

Со цел усогласување со Законот за заштита на лични податоци изготвивме Правила и процедури за работа во сите одделенија во Дирекцијата. Во тек е изготвување на Прирачник за управување на Дирекцијата согласно со Законот заштина на лични податоци и ISO 27001 стандардот и беа изготвени:

1. Правила и процедури за административна, физичка и информатичка безбедност; 2. Правила и процедури за размена на податоци со МВР, УЈП, Државен завод за геодетски работи, УФП; 3. Правила и процедури за допис со банки; 4. Начела на однесување врз работењето со безбедносни информации; 5. Процедура за backup на информации; 6. Правилник за отстранување на стара опрема; 7. Процедури за заштита и управување на корисничкиот пристап;

5.4. СТАНДАРДИЗИРАЊЕ Усогласување со Стандардот ISO 27001

Воведување на систем за управување со безбедноста на информации во Дирекцијата.

Дирекцијата поради природата на работењето, се залага за безбедноста, сигурнос-та на информациите со кои работи. Поради тоа, уште во 2006 се започна со иниција-тива за воведување на систем за управување со безбедност на информации според меѓународниот стандард ISO 27001. ISO 27001 е меѓународен стандард кој ги дефинира барањата за системи за управување со безбедност на информации. Издаден во 2005 година, истиот претставува продолжување на дотогаш мошне успешниот и познат британски стандард BS7799-2:2002.

Целта на системите за управување со безбедноста на информациите е:

• Доверливост - Обезбедување дека информациите се достапни само за оние кои се овластени да имаат пристап до нив

V. PODGOTOVKA NA NOVA ORGANIZACIONA STRUKTURA 71

• Интегритет - Осигурување на точноста и комплетноста на информациите и на методите за нивна обработка • Достапност - Обезбедување дека овластените корисници ќе имаат пристап до конкретните информации секогаш кога тоа им е потребно

Системот обезбедува повеќе придобивки меѓу кои и:

• Раководството превзема одговорност за безбедноста на информациите • Зголема свесност за безбедност на информациите кај вработените • Развиен механизам за мерење на успешноста

Со документирањето на системот за безбедност на информации, Дирекцијата ги обезбеди соодветните ресурси за негово успешно имплементирање во секојдневните активности.

Конкретно, вклучени аспекти во системот за управување со безбедност на информации и управување со ИТ услуги се: политика за безбедност на информа-ции, организациска безбедност, управување со информациски средства, безбед-ност на човекови ресурси, управување со физичка безбедност, управување со комуникации и операции, поддршка на ИТ сервисите, реализација на ИТ сер-висите, контрола на пристап до информации, управување со развојот на ИТ систе-мот, управување со безбедносни инциденти, управување со континуитетот на ра-ботењето, придржување до законските и статуторните барања.

GODI{EN IZVE{TAJ ZA AKTIVNOSTITE NA DIREKCIJATA ZA SPRE^UVAWE NA PEREWE PARI (1 januari 2007 god. - 31 dekemvri 2007 god.)72

VI. ME|UINSTITUCIONALNA SORABOTKA 73

VI. МЕЃУИНСТИТУЦИОНАЛНА СОРАБОТКА

Потпишани меморандуми во 2007 година: Меморандум за соработка со МВР-Биро за јавна безбедност. Целта на меморандумот е регулирање на соработката помеѓу Дирекцијата и Бирото за јавна безбедност во спречувањето и борбата против организираниот криминал. Со-работката се состои и во координирана, заедничка истрага и работа на конкретни случаи со Одделот за организиран криминал.Меморандум за соработка со МВР-Управата за безбедност и контраразузнавање. Целта на меморандумот помеѓу Дирекцијата и Управата за безбедност и контра-разузнавање е регулирање на соработката во спречувањето и борбата против организираниот криминал. Меморандум за соработка со Државната комисија за спречување на корупцијата. Се регулира начинот на соработка, координација и водењето заеднички активности меѓу институциите, со цел поефикасна детекција, превенција и репресија на коруп-цијата и спречување на судир на интереси.

Зајакнување на соработката: Согледувајќи ги потребите за подобрување на соработката и размената на податоци помеѓу институциите, во 2007 превзедовме значителни иницијативи на полето на меѓуинституционалната соработка.

НБРМ Разменувавме податоци за конкретни случаи, и имавме директна соработка на полето на контрола и супервизија над субјектите кои ги контролира НБРМ. Во тек се интензивни преговори за добивање на податоците по електронски пат.

Управата за јавни приходи Оваа институција е еден од клучните соработници на Дирекцијата. Направени се многу чекори во подобрувањето на соработката, која до 2006 година била ми-нимална, и во моментов можеме да се пофалиме со конкретни реализирани ак-тивности: Во февруари 2007 година на трошок на УЈП беше спроведена практична де-сетдневна обука во Република Бугарија, каде 6 инспектори беа конкретно обучени за контроли од аспект перење пари, со особен акцент на казината.Овие обуки вродија со конкретни контроли над казината, и зајакнување на сис-темот за спречување на перење пари.

Во месец март 2007 за прв пат воспоставивме веб пристап до базата на по-датоци во Управата за јавни приходи, од каде може да се пронајде информација за структурата на сопственоста на правното лице, и писмено разменувавме пода-тоци за даночниот статус на правните лица, податоци за тоа дали физичките и правните лица имаат поднесено годишна даночна пријава, податоци за извршен инспекциски надзор врз работењето на правното лице, како и барање за спро-ведување на инспекциски надзор над некое правно лице.

GODI{EN IZVE{TAJ ZA AKTIVNOSTITE NA DIREKCIJATA ZA SPRE^UVAWE NA PEREWE PARI (1 januari 2007 god. - 31 dekemvri 2007 god.)74

Централениот регистар на Република Македонија Нај кооперативната институција со која секојдневно комуницираме.На 19.02.2007 година, воспоставивме директен пристап до нивната база на подато-ци, од каде може да се добијат информации за тековната состојба, историјат со промени на сопственичката структура на правното лице, податоци за лицата управители на правното лице како и преглед на годишните сметки. Во рамките на Централниот Регистар е и Заложниот регистар од каде добиваме податоци за заложениот недвижен имот.

Царинската Управа Во текот на 2007 година значително ја интензивиравме соработката со повеќе активности. Воспоставивме дирекно електронско поврзување со базата на податоци на Царина, што е од особена важност за навремено добивање на податоци за реализиран внес и изнес на готови пари преку царинската линија, податоци за царинските декларации и др. податоци. Разменувавме информации кои беа значајни за исходот на одредени предмети.

Финансиска полиција Во текот на годината поднесовме повеќе иницијативи за зголемување и конкретизирање на соработката, која вроди со заеднички постапувања по кон-кретни предмети.

Државен завод за геодетски работи Разменувавме податоци за целокупното движење на недвижен имот , по-датоци за тоа дали одреден имот е ставен под хипотека и др. Податоците кои се добиени од Катастар во хартиена форма, се внесеуваат во нашата базата на по-датоци, со цел истите потоа да можат да се пребаруваат и обработуваат.

Централен депозитар за хартиии од вредност Разменувавме податоци за сопственичката акционерска структура на некое друштво, движењето на сите трговски и нетрговски приноси на одредена сметка, дали некое лице се јавува како акционер во некое друштво, податоци за цената по која се продадени одредени акции, кој е продавач а кој купувач, преку која брокерска куќа е реализирана трансакцијата и др.

Комисијата за хартии од вредност Разменувавме информации и податоци за сите сомнителни берзански тран-сакции, соработувавме во спроведувањето на контролите за спроведување на мерките за спречување на перење пари од страна на субјектите над кои врши надзор КХВ и др. Изготвен е проект за изработка на ново софтверско решение за следење на состојбата и промените на берзата и на сопственичките удели на ком-паниите, од причини што актуелно е вложувањето на големи средства за купување на хартии од вредност за кои не се знае потеклото.

Министерство за економија Добивавме податоци за целокупната проблематика околу незаконската и нетранспарентна трансформација на општествениот во приватен капитал,

VI. ME|UINSTITUCIONALNA SORABOTKA 75

незаконските тендери за доделување на концесии при што се врши оштетување на општествениот капитал, стечајните постапки и ликвидации на акционерските друштва.

Министерство за правда Во вториот квартал на годината, согледувајќи ги слабостите во одредбите на Кривичниот Закон кои ги опфаќаат кривичните дела поврзани со тероризам и финансирање на тероризам, во соработка со министерството извршивме реви-дирање на постоечките одредби и изготвивме амандмани за поднесување на Предлог на закон за измена и дополнување на Кривичниот Закон. Измените и дополнувањата на Кривичниот закон беа усвоени од страна на Парламентот и се објавени во Сл. Весник на Република Македонија под бр.7/08.

Адвокатска и Нотарска Комора По извршените обуки од страна на вработените во Дирекцијата во послед-нава година, нивото на соработка е значително подобрена во областа на сора-ботката во насока на разнема на податоци и пријавувањето на сомнителни транс-акции.Останати субјекти со кои Дирекцијата соработуваше и добиваше податоци се: Трговските регистри при основните судови во Републиката, Стечајната Комора, непрофитни организации, Хуманитарни организации, Здруженија на граѓани и фондации, Единиците на локалната самоуправа и др.

GODI{EN IZVE{TAJ ZA AKTIVNOSTITE NA DIREKCIJATA ZA SPRE^UVAWE NA PEREWE PARI (1 januari 2007 god. - 31 dekemvri 2007 god.)76

VII. ME|UNARODNA SORABOTKA 77

VII. МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

Имајќи предвид дека овој тип на криминал има транснационален карак-тер, големо внимание посветивме на воспоставувањето и развивањето на реги-оналната и меѓународната соработка, како и воспоставувањето на линкови по-меѓу надлежните институции за борба против перење пари и финансирање на тероризам.

На полето на меѓународната соработка Дирекцијата активно учевствува и дава свој придонес во работењето на ЕГМОНТ групата - организација на ФИУ (Finan-cial Intelligence Units), преку секојдневната комуникација и размена на податоци која е воспоставена преку ESW (Egmond Secyre Web Site), и комитетот на експерти за евалуација на мерките за спречување на перење пари (Moneyval) при Советот на Европа.

Ја претставувавме Република Македонија на четирите пленарни состаноци на Moneyval Комитетот што се одржаа во Стразбур. Во текот на периодот од 1 јануари 2007 до 31 декември 2007 година, Дирекцијата побарала од надлежните странски институции (ФИУ), 50 информации поврзани со сомнение за делото перење пари и финансирање на тероризам, а од Дирекци-јата странските надлежни институции побарале 25 такви информации, и тоа од следниве земји и еден протекторат: УНМИК (Косово), Бугарија, Албанија, Унгарија, Боливија, Белгија, Србија, Босна и Херцеговина, Венецуела, Англија, Хрватска, Словенија, Украина, Романија, Белгија и Кипар, при што е одговорено на сите во 2007 година. За целите за зајакнуввање на регионалната соработка беа реализирани посети од страна на ФИУ Косово,ФИУ Буграија и ФИУ Босна и Херцеговина како и наши посети на ФИУ Косово со цел продлабочување на ме-ѓусебната соработка во врска со конкретни заеденички предмети и размена на искуства.

Дирекцијата е непосредно вклучена во борбата против меѓународниот теро-ризам преку контролата врз финансиските фондови на осомничените терористи и организации на меѓународен план. Секој месец Дирекцијата ги разгледува листите на терористи кој ги изготвуваат Обединетите Нации, и воедно до Дирекцијата се доставуваат листи на осомничени терористи и организации изготвени од страна на ММФ и Амбасадата на САД, при што се врши детална контрола на можноста за нивна вклученост во нашиот финансиски систем.

Дирекцијата во рамките на својата меѓународна соработка иницираше предмет кој успешно заврши во една сосебна замја.

GODI{EN IZVE{TAJ ZA AKTIVNOSTITE NA DIREKCIJATA ZA SPRE^UVAWE NA PEREWE PARI (1 januari 2007 god. - 31 dekemvri 2007 god.)78

VIII. EVALUACIJA 79

VIII. ЕВАЛУАЦИЈА

Република Македонија како членка на Moneyval комитетот од 26-31 март 2007 година, беше евалуирана од страна на тим на евалуатори кои го отценуваа напредокот на системот за борба против перење пари и финансирање на теро-ризам.

подготовки за евалуацијата:

одговори на деталниот прашалник изготвен според методологија на Светска банка, ММФ, ФАТФ и Moneyval Коми-тетот.Прашањата во доставениот прашалник се однесуваат на целокупниот систем, прег-лед на финансискиот сектор и одредени нефинансиски бизниси и професии, преглед на стратегијата за спречување на перење пари и финансирање на тероризмот, институционална рамка за борба против перењето пари и финансирање на те-роризмот, прогрес од последната евалуација од 2004год., статистички податоци за оценка на ефикасноста во примената на мерките согласно препораките за спре-чување на перењето пари и финансирање на тероризмот.

координација на надлежните институции за целосни и точни одговори, со цел евалуаторите да можат да имаат прелими-нарна оценка на ефикасноста на имплементирањето на меѓународните стандар-ди. Дирекцијата како координатор на активностите, ги известуваше сите надлеж-ни институции, го достави прашалникот до сите институции и органи, кои беа задол-жени да дадат детални одговори - секој за својот дел, координираше формирање работни групи кои работеа на одговарање на прашањата и именуваа лица кои учествуваа на состаноците со евалуаторите.

обезбедување на целокупните законски, подзаконски и други правни акти кои го регулираа спречувањето на перење пари и финансирање на тероризмот во Р.Македонија, како и релевантните законски и подзаконски акти со кои се регулираа надлежностите на институциите кои беа вклучени во процесот на ева-луацијата.

доставување на прашалникот до Секретаријатот на Moneyval Комитетот,

евалуација:

Посетата од страна на пет евалуатори - финансиски, правни и од областа на спро-ведувањето на законот. Состаноците траеа 6 дена каде претставници од сите ин-волвирани институции и претставници од задолжените субјекти (банки, казина, менувачници, осигурителни куќи, штедилници и др.) учествуваа на дирекни пре-говори со евалуаторите објаснувајќи го системот за спречување на перење пари во рамките на нивните надлежности. Со подршка на Министерството за Финансии беа обезбедени сите неопходни услови за спроведување на евалуацијата.

GODI{EN IZVE{TAJ ZA AKTIVNOSTITE NA DIREKCIJATA ZA SPRE^UVAWE NA PEREWE PARI (1 januari 2007 god. - 31 dekemvri 2007 god.)80

активности по спроведувањето на евалуацијата:

првични препораки – дадени од експертите се однесуваа на клучните забелешки, слабости на системот.

лоцирање на недостатоците на системот Врз основа на препораките и нашите согледувања во текот на подготовките и од самата евалуација, како и од досегашната работа и искуство, Дирекцијата ги лоцираше и потенцираше недостатоците на системот.

изготвување на акционен план со конкретни насоки и активности кои треба да се превземаат за исполнување на препораките дадени од страна на евалуаторите. За таа цел, реализирани се и состаноци со сите институции кои беа опфатени со процесот на евалуацијата и констатирани се активностите кои треба да бидат превземени од страна на секоја институција.

резултати од евалуацијата:

Oфицијалниот Извештај за состојбата, врз основа на резултатите од евалу-ацијата, ќе ги содржи согледувањата на евалуаторите за системот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам во Р. Македонија, со конкретни препораки за недостатоците и слабостите на нашиот систем. Од овој извештај ќе зависи и рангирањето на Репубика Македонија на листата на кооперативни земји и земји со усогласена меѓународна законска регулатива, што претставува значаен чекор за Република Македонија во сузбивањето на фи-нансискиот криминал и јакнењето на меѓународната соработка во оваа област, како и нејзино приближување до членството на Европската Унија.

IX. PROFESIONALNO USOVR{UVAWE NA VRABOTENITE 81

IX. ПРОФЕСИОНАЛНО УСОВРШУВАЊЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ

Според модерните процеси на управување предвидивме одделение за човечки ресурси

Главни цели на одделението се: - Интерперсонални комуникациски вештини; - Обука на вработените со цел подобрување на системот; - Супервизија; - Евалуација; надлежности: - Изготвува програми за обука и надградба на вработените и следење на напредокот. - Дава стручна помош при оценување, спроведува ДИСК тестови, како и спроведување на дисциплински мерки. - Спроведува самостојно оценување мултиратинг 360 за вработените - Подготвува и координира професионално усовршување на одговорните лица во субјектите што се инволвирани во борбата против перењето пари.

Во рамките на професионалното усовршување на вработените земавме учество на следните конференции, семинари, обуки, работилници:

1. “AML/CFT workshop on information technologs for FIU’s”, International Monetars Found, Joint Vienna Institute, Vienna 2. “Corruption 1”-Twinning project Fight against organized crime and corruption, Unit Public Prosecutor’s Office, Skopje 3. “Organized Crime”- Twinning project Fight against organized crime and corruption, Unit Public Prosecutor’s Office, Skopje 4. Improvement of the Qualits of Data Exchange between Financial Intelligence Units in South Eastern European, GTZ, Skopje 5. Во рамките на 6. типологија на перење пари, се одржа семинар во Бечичи, Црна Гора на 30. и 31.10.2007 година во организација на Советот на Европа. 6. Обука за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, во мај 2007 година во организација на Британската амбасада во Скопје. 7. Од 21 до 22 Ноември 2007 година во Бечичи, Црна Гора во организација на ЕБРД- Европската банка за Обнова и Развој, се одржа Регионален семинар за земјите од Балканот на тема спречување на перење пари. 8. Во месец септември и октомври во Полициската Академија секој четврток се организираше тркалезна маса на тема соработка на УЈП со другите институции. 9. Семинар во Охрид посветен на проблематиката на стечајните постапки, имплементацијата на измените во Законот за стечај, формирањето на Комората за стечајни управници, нејзиното функционирање и др. 10. Работна посета на Република Германија во Висбаден и Франкфурт на

GODI{EN IZVE{TAJ ZA AKTIVNOSTITE NA DIREKCIJATA ZA SPRE^UVAWE NA PEREWE PARI (1 januari 2007 god. - 31 dekemvri 2007 god.)82

Мајна, во месец мај/јуни 2007 година; 11. Учество на Регионална Конференција на тема “Спречување на перење пари и финансирање тероризам во меѓународни рамки”, во Дебе, Република Полска во месец ноември 2007 година,

Учествувавме со свои презентации на два семинара и тоа:

1. Во Битола во месец мај 2007 год., на тема “Обврските на нотарите согласно Законот за СПП и други приноси од казниво дело и новиот Закон за нотаријат”; и

2. Во Охрид во месец декември 2007 година, со излагање на тема “Обврски на адвокатите согласно ЗСПП и меѓународните стандарди”

X. PROEKTI 83

X. ПРОЕКТИ

10.1 ЕАР - ТВИНИНГ ПРОЕКТ

Во септември 2007 година во рамките на CARDS програмата за 2005 започна TWINNING проектот-Зајакнување на капацитетите за спречување на перење па-ри, каде како земји партнери се Република Македонија, преку Дирекцијата и Крал-ството Шпанија, преку Институтот за фискални студии во Мадрид. Овој проект е финансиран од страна на Европската Агенција за Реконструкција. Цел на проектот е да се воспостави целосно функционален систем во согласност со стандардите на ЕУ. Планирани се 73 активности во рамките на 2 компоненти:

• зајакнување на капацитетите на Дирекцијата и на другите институции вклучени во системот за спречување на перење пари; • зајакнување на меѓуинституционалната и меѓународната соработка. Согласно утврдениот работен план во рамките на проектот ќе бидат опфатени следните области: • превенција на перење пари и финансирање на тероризам; • материјално и процесно кривично право; • IT и заштита на податоци според меѓународните стандарди; • пренесување на искуството од западноевропските држави.

Активностите во 2007 година беа насочени кон давање на почетен импулс за поуспешно имплементирање на проектот. Овие активности беа од организациона природа и поврзани со презентација на проектот, запознавање на постојаниот тви-нинг консултант и обезбедување и запознавање на експертите со законската рамка за спречување на перење пари во Република Македонија, функционирањето на институциите, како и со соработниците кои во одредени фази ќе земат учество во проектот, изработување на сеопфатна рамка на активности со оглед на спе-цифичните потреби на проектот;Проектот е во времетраење од 21 месец.

10.2 ГТЗ (ГЕРМАНСКО ДРУШТВО ЗА ТЕХНИЧКА СОРАБОТКА)– ПРОЕКТИ ВО 2007 ГОДИНА

За голем дел од напредкот на институцијата и системот одговорни се и ГТЗ

- ангажираа домашни експерти кои значително помогнаа во изработката на новиот закон подготвуван од вработените во Дирекцијата. Експертите придонесоа за усогласувањето на законот со ЕУ регулативите.

- во месец мај/јуни 2007 година беше организирана и финансирана работна посета на повеќе институции во Република Германија. Дел од искуствата од посетата беа применети во организирањето

GODI{EN IZVE{TAJ ZA AKTIVNOSTITE NA DIREKCIJATA ZA SPRE^UVAWE NA PEREWE PARI (1 januari 2007 god. - 31 dekemvri 2007 god.)84

на институцијата и беа имлементирани во законот;

- во декември беше организирана Конференција на единиците за финансиско разузнавање од земјите од југоисточна Европа, на која што се оствари средба со претставниците на ФИУ: Србија, Црна Гора, Словенија, Унгарија, Косово и Романија. Темата на конференцијата беше: “Важноста на квалитетот за соработка при размена на информации помеѓу (FIU), во Југоисточна Европа.

- За целите на подигање на јавната свест за неопходноста за превземање на мерките за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, во соработка со Германското друштво за техничка соработка (ГТЗ) во декември 2007 година, Дирекцијата издаде “Брошура за внатрешната организациона структура на Дирекцијата за спречување на перење пари”, која беше доставена до сите субјекти обврзани со законот.

- Во 2007 година Дирекцијата имаше голема помош од GTZ во поглед на преведување на материјали.

X. PROMOVIRAWE 85

XI. ПРОМОВИРАЊЕ

Лоцирани недостатоци

Перење пари како нова појава е често употребуван термин во нашето општество. Јавноста е недоволно информирана за оваа проблематика, и како ре-зултат на тоа перењето пари се употребува во различен контекст што воопшто не соодветствува со овој вид на криминал.

До 2007 година Дирекцијата не посветуваше доволно внимание за инфор-мирање на јавноста во врска со перењето пари, при што за активностите и над-лежностите на Дирекцијата не беше запозната пошироката јавност. Исто така, Ди-рекцијата од своето постоење воопшто не го презентирала своето работење и постигнатите резултати.

Во поглед на комуникацијата со медиумите Дирекцијата беше целосно затворена за соработка и новинарите недоволно беа запознаени со проблема-тиката.

Превземени чекори

Како резултат на претходно наведените недостатоци Дирекцијата во 2007 година превзеде конкретни чекори со цел запознавање на пошироката јавност со нејзините надлежности и активности, и тоа организиравме јавна трибина, интер-вјуа, прес конференции, медиумски настапи. Основната цел на медиумските настапи е да се подигне јавната свест на гра-ѓаните за значењето и важноста на борбата против криминалот. Претставувањето на Дирекцијата е од суштинско значење за запознавањето на граѓаните со нејзината работа и треба да придонесе кон добивање на широка јавна подршка за борбата против организираниот криминал, корупцијата и перењето пари. Дирекцијата е отворена за соработка со електронските и печатените медиуми. Јавна трибина

За таа цел на 14.06.2007, Дирекцијата организираше јавна трибина. Во рамките на Јавната трибина за подигање на јавната свест за неопходноста од превземање на мерките за спречување на перење пари и финасирање тероризам пред медиумите беше презентирана 5 годишната активност и идните планови на Дирекцијата. За прв пат јавноста имаше можност одблизу да се запознае со ор-ганизираноста, надлежностите, законските обврски и постигнатите резултати на институцијата. Во рамките на медуимското презентирање на Дирекцијата, значајна улога има и Веб страницата на која се публикуваат годишните извештаи на Дирекцијата, соопштенијата за јавноста, целата меѓународна и домашна законска регулатива

GODI{EN IZVE{TAJ ZA AKTIVNOSTITE NA DIREKCIJATA ZA SPRE^UVAWE NA PEREWE PARI (1 januari 2007 god. - 31 dekemvri 2007 god.)86

поврзана со перењето пари, со што истите да бидат лесно достапни до пошироката јавност. Дирекцијата изработи и го презентираше логото кое претставува симбол за препознавање пред пошироката домашна и меѓународна јавност .

Со цел брендирање на Дирекцијата изработивме меморандум за коренс-поденцијата со другите институции, кој претставува знак за препознавање.Организираниот криминал е меѓународен проблем, и во борбата против него има-ме помош и безрезервна подршка од претставниците на меѓународниот фактор во Република Македонија. Промовирањето на оваа подршка има за цел недвосмислено покажување на подготвеноста за бескомпромисно расчистување со организираниот криминал. На 5-11-2007 г. во просториите на Дирекцијата се одржа средба со неговата Екселенција, амбасадорот на ЕУ во Р.Македонија г-дин Ерван Фуере, кој ја пофали до сегашната работа на Дирекцијата и воедно средбата со новинарите се искористи да се претстават резултатите од досегашното работење.

Дирекцијата е отворена за соработка со електронските и печатените медиуми.