11
Универзитет ”Гоце Делчев” – Штип Предучилишно воспитание Семинарска работа Тема: Медиумите за децата од предучилишна возраст Ментор : Изработилa: Проф.Др: Кирил Барбареев Број на индекс: Февруари 2015 год.

Mediumi Za Koristenje Kaj Decata Od Preducilisna Vozrast

  • View
    50

  • Download
    9

Embed Size (px)

DESCRIPTION

mediumi

Citation preview

Универзитет ”Гоце Делчев” – Штип

Предучилишно воспитание

Семинарска работа Тема: Медиумите за децата од предучилишна возраст

Ментор : Изработилa:Проф.Др: Кирил Барбареев

Број на индекс:

Февруари 2015 год.

Вовед

 

Развојот на техниката и технологијата влијае на промените на начинот на работата во предучилишните

институции, на воспитно-образовните содржини и на односот воспитувач-дете. Значајно место во образовните

техники и технологии, како извори на знаење, во градинките му припаѓа на компјутерот. Со помош на својот

специфичен интерфејс претставува врска меѓу физичкото искуство кое детето го стекнува во интеракцијата со

околината и резултатите на преработката на тоа искуство во имагинарниот свет на компјутерот. На детето му

овозможува учење по пат на истражување и откривање, развива: систематичност, самостојност, креативност

прецизност, стрпливост и влијае на обогатување на социјалната интерактивност.

 

Информационо-комуникациски технологии за децата од предучилишната возраст

Во услови кога децата се секојдневно бомбардирани со информации и слики од разновидни

и многубројни медиуми многу е важно да знаеме што децата прават со медиумите. За таа цел со анкетирање на

намерен примерок од родители на деца на возраст од три до седум години го истражував пристапот на малите

деца до медиумската технологија во домот, фреквенцијата и времето на изложеност и навиките за користење на

електронските медиуми.

Резултатите потврдија дека децата на возраст од три до седум години се длабоко навлезени во светот на

електронските медиуми. Оваа генерација деца расте во медиумски заситено опкружување, а домовите во кои

живеат се богато опремени со медиумска технологија. Речиси сите деца од примерокот (99.5%) живеат во дом во

кој има барем еден телевизиски приемник, скоро сите деца (89.6%) имаат компјутер во домот, 94% имаат видео

или ДВД, а една третина имаат уред за видео игри или плејстејшн (33.5%). Три од четири деца (76.4%) имаат

пристап до Интернет во домот.

Имајќи ја предвид сеприсутноста на медиумите во животот и домот на децата, веројатно не е изненадувачки што

84.4% од децата на возраст од две до шест години секој ден гледаат телевизија, 27.9% гледаат видео или ДВД,

19.4% играат видео или компјутерски игри, а 19% користат компјутер за други цели секој ден.

Влијанието на телевизијата врз децата

Предучилишните установи се места каде што стручни лица го организираат целокупниот живот на децата од 9

месеци до 6 годишна возраст. Воспитувачот како професионалец во областа на растот и развојот на

предучилишните деца е тој што е најдиректно е одговорен за присуството и кавалитетот на телевизијата во

неговата воспитна група, пред се користењето на телевизијата како дидактичко аудио-визиелно средство. Се

разбира примената на телевизијата претставува добро нагледно средство но само кога се користи одмерено,

целно, со добро одбрана програма и звук, со можност за интерпретација и надополнување на впечатоците и

знаењата на децата. Телевизијата само по себе не претставува ништо доколку не се направи соодветен избор на

она :што ќе се гледа, кога ќе се гледа, зошто ќе се гледа, како ќе се гледа и со која цел.

Телевизијата треба да се искористи како средство за збогатување на детскиот говор. Телевизијата може да биде

средство за приближување на доживувањата и сознанијата од животинското и растителното царство, запознавање

со специфични животни средини. Посебно влијание средствата за масовна комуникација имаат врз младите кои се

наоѓаат во процес на развој и свое созревање. Тие им ги прошируваат видиците и нивните знаења и вештини, ги

пробудиваат интересите на младите за усвојување научни и културни придобивки, ги збогатуваатсоцијалните и

моралните димензии и ги развиваат нивните творечки способности во сите области

Насилството во телевизиските програми и неговото влијание врз децата

 

Потребно е да се врши контрола врз тоа што на децата им се дозволува да гледаат. Да им се прикажуваат

детски филмови прилагодени за нивна возраст. Она што го гледаат го сфаќаат како реалност. Децата од 2, 3 и 4

год. веруваат дека ликовите од телевизијата може да стапат во интеракција со нив, веруваат дека луѓето од

телевизорот живеат во него, внатре во кутијата. Мошне значајно е да се определи што е добро за децата да

гледаат. Не ретко се случува на ТВ програмите да се прикажуваат содржини кои повеќе им штетат, отколку што

им користат на децата, особено оние со насилни содржини.

Највлијателните програми кои ги вознемируваат децата и кај нив се појавуваат негативни емоции се ТВ вестите

и цртаните филмови. ТВ вестите се наменети за возрасни, но бидејќи се прикажуват во време кога сите се во

дневната соба, ги гледаат и децата, ги гледаат сцените од крвавите немири во светот, гладни деца,

бомбардирања, коментари за меѓународна омраза.

Втор вид на програми со потикнувачко негативно влијание се цртаните филмови каде ликовите се тепаат,

покажуваат насилство.

Постојаната изложеност на насилство преку филмовите или на друг начин на телевизијата е причина за

зголемување на агресивното однесување кај гледачите. Резултатот од гледањето филмови или други ТВ емисии

со насилничко однесување доведува до истоветно однесување кај гледачите. Најголемиот број проучувања на

оваа релација покажуваат дека изложеноста на насилство преку телевизијата може да биде фактор кој

придонесува за повисок степен на насилство.

Четири процеси се вклучени при изложеноста на насилство, која поттикнува агресивност. Тоа се:

1. При изложеност на насилство преку телевизијата слабее отпорноста на гледачот за вклучување во слично

однесување;

2. Се учат нови техники за напад врз други, што биле непознати порано;

3. Гледањето други агресивни акти многу влијае врз гледачот да добие дополнителни агресивни идеи и мисли;

4. Постојаната изложеност на насилство преку екранот може да ја намали емоционалната сензитивност на

насилството и на трагичните последици на агресијата и тоа го олеснува вклучувањето на посматрачот во

агресивни акти против други.

Особено карактеристично денес е гледањето телевизија, посебно кога сите простории за станбено живеење се

опремени со телевизор. Родителите треба да бидат свесни за фактот дека во домовите каде што е постојано

присутна телевизијата има доцнење со говорните и другите спознајни способности и контрола на емоциите кај

децата.

Електронски медиуми кои ги користат дома

Колку децата се изложени на електронски медиуми

Колку време дневно ги користат електронските медиуми децата од

предучилишна возраст

Влијанието на медиумите врз децата

 

Дали родителите треба да бидат загрижени заради прекумерното користење на медиумите, земајќи ги

предвид многубројните негативни ефекти што се евидентирани како подоцнежен послаб успех кога ќе тргнат

на училиште, зголемена агресивност или зголемена гојазност, зависи од начинот на кој децата ги користат

медиумите и содржината што ја следат. Најголемиот дел од изложеноста на малите деца на медиумите се

состои од таканаречената телевизија во позадина.

Конечно, медиумите сами по себе не се ниту добри, ниту лоши за децата. Нивното влијание зависи пред сé

од тоа колку често, колку време и на кој начин се користат од страна на децата. Меѓутоа потребно е да се

развие повисока свест на медиумите за програмата што ја прикажуваат, за важноста од постоењето на

специјална едукативна програма наменета за деца на предучилишна возраст, но и да се поттикне развојот

на медиумската писменост кај родителите, а со тоа посредно и кај децата уште од најмали нозе.

Заклучок

 

 

Многубројните истражувања покажале слични резултати. Информационите технологии постанаа дел од

детското секојдневие. Тоа доведе до намалување на квалитетот на воспитната улога на фамилијата и

образовно-воспитниот систем. Наша задача е да ги мотивираме децата од предучилишната возраст да ги

користат информационо-комуникациските технологии, но истовремено да дејствуваме превентивно против

нејзината неадекватна употреба, односно да ги користиме само нејзините позитивни влијанија во сите области

од детскиот развој. Авторите на мултимедискиот прирачник „Препознавање на облици“ се надеваат дека тој ќе

биде еден мал поттик за креирање на образовни софтверски алатки за образовно-воспитниот развој на

предучилишниоте деца.

БЛАГОДАРАМ НА ВНИМАНИЕТО