44
Методи на криминалистичката психологија

Metodi Na Krim Psihologija

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Metodi na kriminalisticka psihologija

Citation preview

Page 1: Metodi Na Krim Psihologija

Методи на

криминалистичката

психологија

Page 2: Metodi Na Krim Psihologija

Криминалистичката психологија во својата пракса користи голем број посебни, специјализирани методи и техники, кои што произлегуваат од општите и може да се применуваат, на пример една посебна техника може да се користи и при опсервација и при експеримент.

Или, доколку се користи проективна техника, тогаш се бара од испитаникот да даде интроспективно доживување за моментот на извршување на делото, или ако се работи за жртвата се применува интроспекција, со цел да се присети на околностите во кои била нападната.

Page 3: Metodi Na Krim Psihologija

Криминалистичката психологија се карактеризира со методолошки пристап кој пред се се фокусира на индивидуалната манифестација на криминалитетот врзана за личноста на извршителот, но и на личноста на жртвата, како и другите актери и целата ситуација на извршеното кривично дело.

Една солидна криминогенеза не може да се замисли без постоење на психолошки наод и психолошка експертиза. Постои поврза-ност помеѓу општите концепции и општите методи на кримина-листичката психологија и посебните истражувачки методи.

Оваа условеност и поврзаност е детерминирана особено кога станува збор за примена на специфични истражувачки техники и инструменти кои имаат научна димензија и стандардизи психометриски принципи на оценување и толкување.

Page 4: Metodi Na Krim Psihologija

Метод на индивидуални случаи (МИС)

Методата на индивидуални случаи го проучува криминогеното однесување ограничувајќи се на помал број случаи кои мораат да бидат типични по својот карактер и својата појавност.

Оваа метода е аналитичка и индуктивна бидејќи поаѓа од конкретна активност на криминогеното однесување. Во америанската литература се сретнува како "case method" или "life history method".

Проучувањето co помош на оваа метода се врши тимски во соработка на повеќе лица, стручњаци за различни аспекти на човековата личност.

Page 5: Metodi Na Krim Psihologija

Во основа на МИС - методата с проучување на личноста на криминалецот со опфат на генетските карактеристики, објективните и субјективните околности кои ги предизвикале деликвентните постапки или "ситуациите" на делото на деликвентот.

Поединецот се подвргнува на сестрано испитување и проучување кое се однесува како на процесот на развој на личноста, така и на времето на извршување на делото.

Откако ќе се дознаат значајните елементи за етиологијата и времето на извршување на делото, деликвентот се подвргнува на вкрстена анализа - cross sectional.

Page 6: Metodi Na Krim Psihologija

Тоа испитување треба да придонесе за добивање на

основните податоци за староста, полот, занимање, место

на раѓање, место на живеење, семејна состојба и односите

во семејството, материјална состојба, општествен статус,

степен на образование, поранешни престапи и казнувања.

Другиот дел се однесува на психолошкиот профил на

личноста на деликвентот, одредување на цртите на

личноста, интелигенцијата, емоционалната стабилност и

зрелост, фрустрационата издржли-ост, како и неговата

волева и мотивациска структура.

Page 7: Metodi Na Krim Psihologija

Посебен дел на испитувањето опфаќа проучувањето на мотивите за извршуање на конкретното криминално дело.

После тоа се разработуваат ситуационите елементи на извршеното кривично дело, како што се: условите кои предходеле и го условиле делото, условите под кои е извршено делото (отежнителни и олесниелни), податоци за жртвата и сите криминолошки релевантни елементи.

Оваа метода овозможува изучување на индивидуалните аспекти и разновидност, а собирањето на податоците се овозможува со примена на интервју (како на извршителот, така и на жртвата како и на другите индивидуи поврзани со случајот).

Page 8: Metodi Na Krim Psihologija

Потоа, се прави анализа на содржината на судските и криминолошките досиеја. Следува подвргнување на психолошко тестирање со примена на соодветни техники и инструменти.

Врз основа на сето тоа се оформува психолошко досие - case record, кое го користи крим - полицијата и обвинителството.

Во досието постои целосен психолошки наод за деликвентот, општа слика за неговиот живот, се изнесуваат одредени влијанија врз неговото оформување како криминогена личност, се одредуваат условите кои погодувале на неговото криминогено однесување, се дава структурата на неговата личност, како и заклучок и предлог за понатамошно делување.

Page 9: Metodi Na Krim Psihologija

Методата на индивидуални случаи може да се врши и со користење иа лична биографија - life records, особено кога

осомничениот е во бегство, или сеуште не се знае кој е извршител на кривичното дело (W. Healy, A. Bronner, R. E. Park, J. L Gillin).

Bo врска co воспоставувањето и примената на МИС -методата, особен придонес му се припишува на американскиот психолог и криминолог Хејли (W. Healy). Тој спроведувал психолошки истражувања на голем број, индивидуални случаи и тоа го пренел во криминологијата, (W. Healy, The Individual delinquent, Boston, 1917).

Page 10: Metodi Na Krim Psihologija

Оваа метода ce фокусира на поедиечните форми и елементи на криминогениот чин. Кон тоа води секоја индивидуална анализа на длабинско проникнување на проблемот и прикажување на неговата суштина. Тоа е првата фаза.

Другата фаза е синтетичка, а деликвентот го прикажува целосно со сите негови карактеристики, односи во средината воо која живее и работи, како и неговото манифестно однесување.

Page 11: Metodi Na Krim Psihologija

МИС - методата може да се применува за проучување на помали и поголеми групи на деликвенти, чии што примерок може да биде одреден намерно или случајно.

Групното испитување се состои во проучување на поединечни случаи од одредена група (како репрезенти), со тоа што во резултатите од испитувањето се даваат податоци за целата проучувана група (студиите за одредени банди, мафијашки формации и слично, студиите на Thracher, Е. Babardus, W. Whyte и др.).

Овој вид на групни проучувања се спроведуваат најчесто во затвори, казнено поправни и воспитни установи, во кои се извршуваат кривичннтс санкции од инсти^ционален карактер.

Page 12: Metodi Na Krim Psihologija

Методата на индивидуален случај е особено значајна за правилно спроведување на принципот на индивидуализација на кривичната санкција, како во фазата на нејзиното изрекуван така и при одредување на најефикасен третман во процесот на реадаптација и ресоцијализација на осудените лица.

Имајќи го тоа во вид надлежните органи кои решаваат конкретни кривични дела во различни степени на кривичната процедура, како и установите во кои се извршуваат кривичните санкции би требал претходно да имаат целосно психолошко досие за деликвентот и неговата личност.

Page 13: Metodi Na Krim Psihologija

Оваа метода e една од основните посебни методи во Криминалистичката психологија, при што треба да iv нагласи двка со нејзина помош се откриваат само непосрсдни чинители на деликвентното однесување, но не и причините за криминалитетот како општествена појава во дадена социјално-културна средина.

До такви сознанија се доаѓа со изучување на криминалитетот како масовна појава со други методи и техники. Меѓутоа, мора да се знае дека изучувањето на индивидуалните случаи е прва и нужна фаза, после која следи другата фаза -изучување на криминалитетот како посебен феномен во светлината на неговите економски, класни и други структурални интерпретации," (М. Милутиновиќ, 1976).

Page 14: Metodi Na Krim Psihologija

Клиничка метода

Клиничката метода претставува посебна форма на методата на индивидуални случаи, a се разликува според тоа што се спроведува во услови кои се аналогни на клиничките.

Оваа метода се нарекува уште и антрополошка, односно антроподинамичка, бидејќи поаѓа од стојалиштето дека криминогеното однесување извира од човековата личност и е производ на неговата конституција, (М. Pelaez).

Page 15: Metodi Na Krim Psihologija

Изразот "клиничка", не треба да се поистоветува со медицинска клиника, туку со посебни услови и институции каде се даваат индивидуални дијагнози со цел да се отстранат некои психофизички нарушувања, (во некои земји постојат т.н.р. "правни клиники", во рамките на правните факултети, каде студентите работаат практични вежби, (М. Аќимовиќ, 1988).

Page 16: Metodi Na Krim Psihologija

Клиничката метода е продлабочено проучување на индивидуалниот случај и се спроведува во шест фази:

Медицинско, психолошко и социјално испитување;

Утврдување на криминолошка дијагноза;

Социјална прогноза;

Примена на соодветен третман;

Социјално рекласирање; и

Интер-претација и воопштување врз основа на добиените податоци доби-ени со ова индивидуално испитување, (М. Милутиновиќ, 1976).

Page 17: Metodi Na Krim Psihologija

Во првата фаза се вршат низа испитувања за да се добие целосна слика за психофизичката состојба на деликвентот.

Целта е да се проникне во личноста на деликвентот и да се постигне уживување со неговата ситуација, а на тој начин да се сфати неговото криминогено однесување.

Се користат многу техники: интервју, се бележат автобиографските податоци, се собираат различни изјави и белешки од сослушувања и слично.

После тоа,деликвентот се подвргнува на психолошко тестирање со соод-ветни психодијагностички инструменти, лабораториски испитувања, фонографско испитување и т.н.

Page 18: Metodi Na Krim Psihologija

Во втората фаза се поставува дијагноза, со која треба да се утврди дали кај испитаникот (деликвентот), постои состојба на опасност.

При тоа, треба да се разграничи таа состојба на опасност, дали е предизвикана од внатрешни фактори (психопато-лошко нарушување), или од надворешни фактори, кои делувале во континуитет и се појавиле случајно.

Степенот на опасност ќе биде поголем доколку се доминантни ендогените фактори, (Di Tullio, 1967), при што психичката состојба може да биде нарушена до степен на загрозеност на јавниот ред и сигурноста на луѓето.

Page 19: Metodi Na Krim Psihologija

Тоа се утврдува со проценување на криминалниот капацитет и можноста од социјална адаптација. Состојбата на опасност се манифестира низ две форми: како хронично опасна состојба и како заканувачко опасна состојба, (М. Аќимовиќ, 1988).

Во третата фаза се дава прогноза, односно се предвидува идното однесување на деликвентот. За да се постигне тоа, треба да се знаат (предвидат) идните ситуации и услови во кои ќе се наоѓа деликвентот. Може да се применат повеќе техники: интуитивна прогноза, прогностички табели, MMPI (Minnesota Multiphasio Personality Inventory), Кварцеусова прогностичка скала и т.н.

Page 20: Metodi Na Krim Psihologija

Bo четвртата фаза се изготвува програма на постапување со деликвентот, односно се зацртува конкретен третман. Бидејќи најчесто се работи за осудено лице на кое му е изречена одредена кривична санкција, третманот мора да се усогласи со третманот на судската одлука.

Во оваа фаза клиничката метода преоѓа во областа на пенологија и затоа треба да се има во вид реедука-тивната програма за осудениците, така што и едниот и другиот третман треба да функционираат како една целина.

Третманот опфаќа перманентна опсервација на осуденикот и примена на психотерапевтски техники, групно или индивидуално. Тоа зависи од претходната проценка на типот на личноста на кој припаѓаат затворениците: случајни деликвенти, конституционални или душевно болни.

Page 21: Metodi Na Krim Psihologija

Петтата фаза означува повторно вклучување на осуде-никот во општеството, или социјално рекласирање (постпенална помош).

Оваа фаза опфаќа советодавен дел и материјално -социјален дел (обезбедување на вработување, привремено сместување, решавање на семејните пробдеми и сл.).

Шестата фаза значи заокружување на индивидуалниот случај со давање соодветна интерпретација, воопштување и носење заклучоци за целата постапка.

Page 22: Metodi Na Krim Psihologija

Метода на проучување на документацијата

Co оваа метода се спроведува анализа на содржината на целата документација. Оваа метода секогаш е дел на претходно елаборираните методи, но може да се користи одделно за специфични цели.

Документите се однесуваат на процесот на едукација на испитуваното лице, здравствена документација, психолошка документација, документација за неговата професио-нална ангажираност, друга лична документација и т.н.

Page 23: Metodi Na Krim Psihologija

Целта на проучување на документацијата се состои во стекнување целосна слика за психолошките компоненти на настанот за кој се товари лицето против кое е покрената истрага.

Документите како што се: дневник, писма, стручни трудови, белешки од лична природа и слично, често пати нивната психо-лошка анализа може да даде значаен одговор за мотивацијата на извршеното дело.

Се анализира како манифестната содржина. така и латентната содржина на документацијата, што може да I даде значајни аргументи за тоа дека се работи за убиство, а не за самоубиство, на пример.

Page 24: Metodi Na Krim Psihologija

Се разбира дека примената на оваа метода бара висока стручност на психологот, кој треба да поседува специјализирани знаења од оваа област за да изврши психолошка анализа на деталите од расположливата документацнја за деликвентот или за жртвата.

Page 25: Metodi Na Krim Psihologija

Метода на психолошко толкупање на

исказот

Методата на психолошко толкување на исказот ги користи сите расположливи податоци од процесот на сослушување како на оној што се терети за извршсно кривично дело, така и на жртвата и на свсдоците кои се повикани.

Самото сослушување претставува специфична психолошка констелација, на тензија, испомешани перцептивни доживувања, многу емоции, а сето тоа преточено преку вербални и невербални пораки, кои психологот треба да знае да ги толкува на високостручно ниво.

Се разбира, тие толкувања во форма на психолошки наод сослушувањето, се тоа каде се даваат од дел од судската документација исказите.

Page 26: Metodi Na Krim Psihologija

Психолошкото толкување на исказот укажува на поврзаноста или неповрзаноста на вербалниот дел (искажаните зборови) и невербалниот дел (фацијална експресија, мимика, пантомимика

Се дава психолошко толкување на реакциите на лицата кои се повикани на сослушување, детално се анализираат движењата на лицето (очите, устата, изгледот на челото, веѓите, трепкањето. насоченоста на погледот, ноздрвите и т.н.).

Освен тоа, се анализираат движењата на телото и екстремитетите, од што може да се заклучи за искреноста и скриените емоции на дадениот вербален исказ.

Page 27: Metodi Na Krim Psihologija

Нервозното преместување на нозете упатува на обид да се пригуши вистинската емоционална состојба.

Треба да се напомне дека ваквата опсервација треба да се огради кога се во прашање рецидивни случаи, ментално ретардирани и лица со тешки психопатолошки нарушувања.

Page 28: Metodi Na Krim Psihologija

Метода на реконструкција на настанот

Методата на реконструкција на настанот се спроведува тимски (форензичари судски патолог, судски психијатар. форензички психолог, полициски психолог), а основната цел е репродукција на случувања кои предизвикале кривично дело и да се потврди или да се отфрли верзијата која ја дава осомничениот или сведоците.

Реконструкцијата се одвива во две фази: мисловна или хипотетичка и реконструкција на местото на извршување на кривичното дело.

Page 29: Metodi Na Krim Psihologija

Мисловната реконструкција се одвива преку формирање хипотетички судови за настанот, а врз основа на собраните докази (оружје, траги од крв, отисоци на прсти, делови од облека, разни други прсдмети и т.н.), во комбиација со исказите на сослушаните лица.

Се зема во вид психолошката состојба на учесниците, степенот на страв, a се прави и проценка на мотивациската констелација со примена на соодветни психо-дијагностички техники и инструменти.

Page 30: Metodi Na Krim Psihologija

Реконструкција на местото на извршување на кривичното дело со сите учесници на настанот и доказните средства, се презема кога со мисловната реконструкција не се обезбедува валидно решение, кога исказите на сведоците се контрадикторни, кога постои сомневање во веродостојноста на исказите на обвинетиот, а не постојат други докази за потврдување, (Р. Миловановиќ, 1995).

Page 31: Metodi Na Krim Psihologija

Метода на контролни прашања

Методата на контролни прашања - CQT (Control Questionary Test), се користи при сослушување на обвинетиот или сведоците во рамките на истрагата на кривичното дело.

Многу често оваа метода се користи при подвргнување на осомничениот на тест за откривање на лагата - полиграф ("lie detector"), за чија примена подетално ќе се елаборира во другите содржински целини.

Оваа метода се реализира со помош на прашалник кој содржи директни и контролни прашања. Контролните прашања се така составени што се очекува дека испитаникот ќе даде лажен одговор

Page 32: Metodi Na Krim Psihologija

Методата на контролни прашања има за цел да ја открие вистината со помош на неколку прашања кои се наоѓаат помеѓу ирелевантните прашања за кои веќе вистината е евидентна (име и презиме на испитуваниот, датум и место на раѓање, работно место и т.н.).

Контролните прашања, се всушност релевантните прашања и тие можат да бидат прашања на комплексот од вината. Прашањата се поставуваат по одреден редослед, на пример од 1 до 10

Page 33: Metodi Na Krim Psihologija

Се започнува и се завршува со ирелевантни прашања кои не го поттикнуваат испитаникот на размислување, а на секое прашање треба да одговори со "да", бидејќи одговорите се неоспорена вистина. "Но, прашањата 3 и 5 се релевантни, тие се однесуваат на убството и се предмет на главниот интерес од испитувањето.

Сите останати прашања, внесувајќи ги тука и контролните и коплексот на вината, служат за главната цел, т.е. утврдување

Page 34: Metodi Na Krim Psihologija

Називот полиграф е скратеница од ознаките за основнитр психофизиолошки промени на организмот кои со нсговата примена се предизвикуваат: pneumo-cardio-sphygmo-galvanograf,(L. Tent, Psychohgische Tatbestands diagnostik).

Дали испитуваната личност ја зборува вистината на прашањата под број 3 и 5?

Доколку не ја зборува вистината, се забележува возбудување и промени во реакциите. Прашањето број 7 e контролно и мора да се однесува на некое друго кривично дело, a не е предмет од главен интерес на испитувачот.

Page 35: Metodi Na Krim Psihologija

Тоа прашање треба да биде конструирано за да го смета за важно и на него за-должително да одговори со "не", и тоа одговорот да биде лажен". (Д. Јосифоски, 1995). Во продолжение е даден претпоставен пример за составување прашања според CQT - методата, преземен од разработката на Душан Јосифоски

Page 36: Metodi Na Krim Psihologija

Дали се викате Бранко Горѓиевски?

Дали сте роден 1958 ?

Дали знаете кој го убил Ристо Ристевски ?

Дали живеете во Скопје ?

Дали вие го убивте Ристо Ристевски ?

Дали понекогаш се возите со автобусите на градскиот сообраќај?

Дали било кога нешто во животот сте украле ?

Дали по професија сте водоинсталетер ?

Дали синоќа го убивте работоводителот Стеван Стеваноски?

Дали сте завршиле основно училиште ?

(Извор : Пошироко од Д. Јосифоски, Криминалистичка психологија,Скопје, 1995)

Page 37: Metodi Na Krim Psihologija

Постои и дополнително контролно прашање кое се нарекува "комплекс на вината"

Извршеното кривично дело за кое се прашува е измислено, такашто испитаникот стекнува впечаток дека навистина е извршено и дека и тоа му се става на товар. "Ова дело по начинот по начинот наизвршување треба да биде полесно од главното кривично дело кое што е предмет на обработка, но треба да се однесува на слична интерпретација со вистински стореното кривично дело." (Д. Јосифоски, 1995)

Page 38: Metodi Na Krim Psihologija

Метода на нагласен (совладувачки)

притисок

Методата на нагласен притисок POT (Overwhelming Pressure Test) - за прв пат била применета од страна на Келер (1931), кога воспоставил програма за систематско испитување на банкарските службеници во Чикаго, со цел да се процени нивната склоност кон кражби и проневери.

Оваа метода се применува кога податоците за кривичното дело сеуште не и се познати на јавноста, бидејќи основната цел е откривање на затаени деликти (3. Росо,1987).

Page 39: Metodi Na Krim Psihologija

Начинот на проценување со методата на нагласен притисок (POT), се спроведува со помош на однапред составен прашалник кој е составен од десет прашања, од кои само едно прашање се поврзува со деликтот, а останатите прашања, иако се слични немаат врска со деликтот и со сторителот.

Содржината на прашањата се осмислува поаѓајќи од факти за постоење кривично дело, како и од претпоставки за одредени факти за кои се смета дека се прикриваат.

Редоследот на прашањата, како и нивната содржина треба да има психолошка, логичка и криминолошка основа и затоа составувањето на прашањата бара големо стручно знаење и искуство (Д. Јосифоски, 1995).

Page 40: Metodi Na Krim Psihologija

Како и методата на контролни прашања (CQT), и оваа метода се применува при испитување со полиграф, но може да се примени и одделно во контекст на конкретна цел.

За да биде успешна примената на оваа метода важен услов е тајноста на деталите од увидот за кривичното дело.

Сите прашања се поставуваат одвоено со иста интонација на гласот, едно по друго. за да се избегнат случајните реагирања и за да бидат добиеннте резултати поверодостојни. Во пракса, секогаш се подготвуваат повеќе прашалници заради обезбедување сигурност.

Page 41: Metodi Na Krim Psihologija

Индиректната метода на наглассн притисок помага да се дознае што се случило, кога и кадс, со помош на кои средства е извршено делото, кој е извршитсл и т.н.

Постојат поголем број тестови кои се користат при нејзината примена:

Тест за видот на кривичното дело;

Тест за предметот со кој е извршено кривичното дело;

Тест за висината на сумата (на украдени пари);

Тест за времето (на извршување на кривичното дело);

Тест за староста (за идснтификација на лица со лажни документи);

Page 42: Metodi Na Krim Psihologija

Тест за имињата (каква с реакцијата на името па жртвата);

Тест за начинот на извршувње на делото;

Локационен тест (утврдување) локација каде е извршено кривичното дело);

Идентификационен тест (кога треба да се идентификува сторителот, помагачот или жртвата);

Генерален тест (ориентација, селекција и насочување кон сомнителното лице);

Page 43: Metodi Na Krim Psihologija

Тест за проверка на изјавата од кривичната пријава (кога оштетениот поднесува пријава која не е убедлива);

Тест за проверка на сведочењето (кога изјавите на сведокот се спротивни на фактите за кривичното дело);

Тест на асоцијации (кој се применува за подлабински психолошки промени, особено за мотивацијата).

Page 44: Metodi Na Krim Psihologija

Постои и Визуелна метода на нагласен притисок, а истата се практицира на тој начин што на испитаникот (сторителот. сведокот или жртвата), му се прикажуваат предметите или лицата во врска со кривичното дело и тоа во живо, на фотографии или видео снимки.