29
НВО ИНФОЦЕНТАР MАКЕДОНСКИ ЦЕНТАР ЗА ЕВРОПСКО ОБРАЗОВАНИЕ СКОПЈЕ, октомври 2010 Мониторинг на медиуми јули август 2010 година

Мониторинг на медиуми - nvoinfocentar.mknvoinfocentar.mk/wp-content/uploads/2014/10/mediumsk-ogledalo-oktomvri... · НВО ИНФОЦЕНТАР mАКЕДОНСКИ

  • Upload
    others

  • View
    15

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Мониторинг на медиуми - nvoinfocentar.mknvoinfocentar.mk/wp-content/uploads/2014/10/mediumsk-ogledalo-oktomvri... · НВО ИНФОЦЕНТАР mАКЕДОНСКИ

НВО ИНФОЦЕНТАР MАКЕДОНСКИ ЦЕНТАР ЗА ЕВРОПСКО ОБРАЗОВАНИЕ

СКОПЈЕ, октомври 2010

Мониторинг на медиуми јули – август 2010 година

Page 2: Мониторинг на медиуми - nvoinfocentar.mknvoinfocentar.mk/wp-content/uploads/2014/10/mediumsk-ogledalo-oktomvri... · НВО ИНФОЦЕНТАР mАКЕДОНСКИ

2

СОДРЖИНА

ВОВЕД 3 I КВАНТИТАТИВЕН ПРЕСЕК 3 II КВАЛИТАТИВНА АНАЛИЗА 4 

1.ИНЦИДЕНТОТ ВО СОБРАНИЕТО И ПОЛИТИЧКИОТ ДИЈАЛОГ 4 2. АФЕРАТА СО КАНАБИСОТ И БИТОЛСКИОТ ФАРМЕР ДУШКО ИЛИЕВСКИ 8 3. РАБОТАТА НА ДРЖАВНАТА КОМИСИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ КОРУПЦИЈА 12 4. СОВЕТОТ ЗА СТАБИЛИЗАЦИЈА И АСОЦИЈАЦИЈА НА ЕУ 16 5. СЛУЧАЈОТ СО ОТПУШТЕНИТЕ НОВИНАРИ ВО КАНАЛ 5 18 6. КОНТРАВЕРЗНИТЕ ИЗЈАВИ НА АМБАСАДОРОТ ВО НАТО, МАРТИН ТРЕНЕВСКИ 21 7. РАБОТАТА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЛУСТРАЦИЈА 24 8. ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА – 2 АВГУСТ 26 

III ЗАКЛУЧОЦИ 28 

Page 3: Мониторинг на медиуми - nvoinfocentar.mknvoinfocentar.mk/wp-content/uploads/2014/10/mediumsk-ogledalo-oktomvri... · НВО ИНФОЦЕНТАР mАКЕДОНСКИ

3

ВОВЕД НВО Инфоцентарот, во соработка со Македонскиот центар за европско образование

(МЦЕО), a со финансиска поддршка на Фондацијата Институт отворено општество Македонија (ФИООМ), и во 2010 година, спроведува континуиран мониторинг на квалитетот на информациите објавени во медиумите, во контекст на евроинтеграциите на Македонија.

Овој извештај се однесува на периодот 1 јули – 31 август 2010 година и содржи анализа на квалитетот на информациите за неколку значајни теми поврзани со евроинтегративните процеси: инцидентот во Собранието на Република Македонија и функционирањето на политичкиот дијалог; аферата со канабисот и битолскиот фармер Душко Илиевски; работата на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК); случајот со отпуштените новинари во ТВ Канал 5; обраќањата на државниот врв по повод Денот на Републиката – 2 Август; работата на Комисијата за лустрација; препораките до Македонија од Советот за стабилизација и асоцијација на ЕУ и контраверзните изјави на амбасадорот во НАТО, Мартин Треневски.

Во мониторингот беа вклучени осум дневни весници („Утрински весник“; „Дневник“; „Вест“; „Вечер“; „Време“; „Нова Македонија“„Шпиц“ и „Коха“) и централните информативни емисии на седум телевизии со национална и сателитска концесија („А1“; „Канал 5“; „Сител“; „Телма“; „МТВ1“; „Алфа“ и „Алсат“). Потребно е да се напомене дека од технички причини, во периодот од 15 јули до 1 август 2010 година, не бевме во можност да го набљудуваме весникот „Коха“.

Во рамките на мониторингот предмет на анализа беа следните форми на новинарски прилози: вести, изјави, извештаи, коментаторски извештаи, коментари, анализи, интервјуа, фотовести, а беа анализирани и колумните во дневните весници кои се однесуваа на темите вклучени во мониторингот.

I КВАНТИТАТИВЕН ПРЕСЕК Во периодот 1 јули – 31 август 2010 година, беа анализирани вкупно 952 прилози, од

кои поголемиот број 497 (52%) беа објавени во телевизиите, а останатите 455 (48%) прилози беа објавени во дневните весници.

Квантитативниот пресек на објавени прилози во електронските медиуми изгледа вака:

- „А1“ - 92 (10%) - „МТВ 1“ - 85 (9%) - „Телма“ - 72 (8%) - „Алфа“ - 70 (7%) - „Сител“ - 67 (7%) - „Канал 5“ - 62 (7%) - „Алсат М“ - 49 (5%)

Квантитативниот пресек на објавени прилози во печатените медиуми изгледа вака:

- „Утрински весник“ - 98 (10%) - „Време“ - 77 (8%) - „Шпиц“ - 67 (7%) - „Дневник“ - 67 (7%) - „Нова Македонија“ - 52 (5%) - „Вест“ - 42 (4%) - „Вечер“ - 40 (4%) - „Коха“ - 12 (1%)

Page 4: Мониторинг на медиуми - nvoinfocentar.mknvoinfocentar.mk/wp-content/uploads/2014/10/mediumsk-ogledalo-oktomvri... · НВО ИНФОЦЕНТАР mАКЕДОНСКИ

4

Според жанровите добиени се следниве податоци:

- извештаи - 799 (84%); - изјава - 39 (4%) - коментари - 35 (4%); - колумна - 20 (2%); - вести - 19 (2%); - коментаторски извештај - 18 (2 %) - интервју - 15 (1%); - анализа - 5 (0.5%). - фотовест - 2 (0.5%)

Во однос на темите анализирани во мониторингот добиени се следниве податоци:

- Инцидентот во Собранието на РМ - 401 (42 %) - Аферата со канабисот и битолскиот фармер Душко Илиевски - 185 (19 %) - Работата на ДКСК - 126 (13 %) - Случајот со отпуштените новинари во ТВ Канал 5 - 65 (7 %) - Денот на републиката - 53 (6 %) - Контраверзните изјави на амбасадорот во НАТО Мартин Треневски - 51 (5%) - Работата на Комисијата за лустрација - 40 (4 %) - Советот за стабилизација и асоцијација на ЕУ - 31 (3%)

II КВАЛИТАТИВНА АНАЛИЗА

1.ИНЦИДЕНТОТ ВО СОБРАНИЕТО И ПОЛИТИЧКИОТ ДИЈАЛОГ Во периодот на спроведување на мониторингот, апсолутна доминација во медиумското

покривање доживеа инцидентот во Собранието на Република Македонија, со вкупно 401 прилози односно 42% од вкупниот број анализирани новинарски текстови. Заради комплексноста на самиот случај и големиот број прилози, оваа тема е обработена и претставена различно од другите теми опфатени со овој мониторинг.

Медиумите почнаа интензивно да известуваат за случувањата во Собранието веднаш откако инцидентот се случи, на 1 јули 2010 година, односно во моментот кога парламентарното мнозинство не му даде поддршка на Предлог-законот за стечајните работници. Медиумите информираа дека кога претставниците на опозицијата1 излегле да го известат Здружението на стечајни работници „Унит“, од Куманово за исходот од гласањето во Парламентот, забележале дека непознато лице ја снима нивната средба. Започнал вербален, но и физички судир меѓу вклучените страни, а за да се избегне поголем инцидент интервенирало обезбедувањето на Собранието.

Анализата на објавените информации покажува дека до овој момент македонската јавност знае што се случи во Парламентот, но потоа случајот почнува да се замрсува, се отвораат многу прашања кои добиваат контрадикторни толкувања, во зависност од тоа кој дава изјава - дали владејачката коалиција или опозицијата. Медиумите беа преполни со изјави, информации, анализи, колумни, и на прв поглед, се чини дека јавноста беше детално и навремено информирана за случувањата во Парламентот. Сепак, крајниот ефект од ова обилно информирање за собраниските настани е тоа што јавноста наместо да биде добро, јасно и квалитетно информирана остана збунета и со многу неодоговорени прашања за тоа што навистина се случи во Собранието и кој ќе ја понесе одговорноста за инцидентот.

1 Изјавите на Весна Бендевска, Владо Бучковски, Цветанка Иванова, Горан Мисовски, Томе Чинговски и Јани Макрадули ги пренесоа речиси сите медиуми.

Page 5: Мониторинг на медиуми - nvoinfocentar.mknvoinfocentar.mk/wp-content/uploads/2014/10/mediumsk-ogledalo-oktomvri... · НВО ИНФОЦЕНТАР mАКЕДОНСКИ

5

Медиумите ги пренесоа изјавите на претставниците на опозицијата кои тврдеа дека се случи „силување на демократијата“ и дека припадници на единицата Алфи им го ограничиле движењето во просториите на Собранието. Министерството за внатрешни работи истакна дека нејзиниот припадник бил спречен да ја извршува својата должност во Собранието и негираше дека имало присуство на Алфи. Според опозицијата, демократијата е загрозена затоа што Полицијата имала пристап не само во зградата на Собранието, туку и до видеонадзорот инсталиран во Собранието, а според МВР демократијата е загрозена од „срамниот вандализам2“ и од насилничкото однесување на некои пратеници. Опозицијата, како што пренесоа медиумите тврдеше дека бил прекршен членот 43 од Законот за Собрание, а Министерката за внатрешни работи упатуваше на Законот за внатрешни работи. Едновремено опозицијата го обвини и спикерот Вељановски затоа што и дозволи на извршната власт да завладее со Собранието, додека Министерката Јанкуловска, изјави дека инцидентот е сценарио за да и се наштети на државата во нејзините евро-атлантски аспирации.

Медиумите информираа за писмото на министерката Јанкуловска, што беше директен повод за нејзина интерпелација, како и за писмата на генералните секретари на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со кои се интензивираа меѓусебните обвинувања на двете партии. Карактеристично за овој период е што покрај многуте изјави во медиумите политичарите отвораа прашања преку своите колумни во печатените медиуми.3

Медиумите известија и за поканите за информативен разговор до пратениците Владо Бучковски и Весна Бендевска. Изјавата на генералниот секретар на Собранието, Жарко Денкоски4, каде што, меѓу другото, тој ветува дека ќе поведе внатрешна контрола за да се утврди како настанале корекциите во дневникот на архивата беше пренесена од речиси сите медиуми. Некои печатени медиуми детално ги објаснија процедурите и условите кога Собраниската комисија за мандатно-имунитетни прашања може да дејствува. Медиумите шпекулираа дека поканите за информативен разговор биле повлечени по разговорот на американскиот амбасадор Филип Рикер со министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска и по реакцијата на амбасадорот на ЕУ, Ерван Фуере.

Медиумите особено внимание им посветија на интерпелациите на спикерот Вељановски и на министерката Јанкуловска. Новинарите беа внимателни кога известуваа за ставовите на народните избраници изречени од говорницата на Собранието. Поголемиот дел од медиумите обезбедија балансирано покривање на интерпелациите и го критикуваа недоличното однесување на пратениците. Иако повеќето медиуми не ги објавија меѓусебните навреди на пратениците, некои медиуми, сепак, објавија дел од недоличните изјави: „Стефановска имаше и оригинално обраќање кон шефицата на пратеничката група на СДСМ, Цветанка Иванова: „Мајко, сопруго, бабо, свекрво, што е проблемот со тебе, што е таа агресивност да тепаш мажи по Собранието како координаторка на пратеничката група“5; „Смрдена, некапена свиња во Собрание; нужник; селанко; имбецил; небањат; оди лечи се; лудачо; лицето ти е ѓон; безобразни пратеници; јорган-планина; вртев кај една бајачка од Јурумлери, може после да те однесам; изгледа ти ја згрешиле терапијата; за вас е потребен друг вид на институција; пиун на шаховска табла; фашистичко писмо; марионета; забегани; лечете си ја фрустрацијата; паљачо; смрдена, некапена свиња; волови едни; зевзек; излези надвор да ти покажам; ти се тресат гаќите; трио фантастико - ова се

2 Од писмото на Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, до Претседателот на Собранието, Трајко Вељановски. 3 Влатко Ѓорчев (Шпиц, 9.07.2010), Ивон Величковски (Шпиц, 06.07 и 13.07.2010), Теута Арифи (Дневник, 12.07.2010). 4 „Прво се бара на домашна адреса, а ако не можат таму да го најдат, се доставуваат на адреса на работодавецот. Бидејќи увидов дека не е постапено така, поканите ги вратив. Собранието не може да биде сервис на МВР или на некоја си полициска станица. Не може МВР да бара Собранието да им ги доведе пратениците на разговор“. 5 Утрински весник, 12.07.2010 година

Page 6: Мониторинг на медиуми - nvoinfocentar.mknvoinfocentar.mk/wp-content/uploads/2014/10/mediumsk-ogledalo-oktomvri... · НВО ИНФОЦЕНТАР mАКЕДОНСКИ

6

навредите кои според ВМРО-ДПМНЕ биле упатени од страна на СДСМ за време на последните две седници“.6

Медиумите ја коментираа смислата на интерпелациите за кои исходот е однапред познат, го критикуваа однесувањето на пратениците за време на седниците: „Дебатата се водеше во речиси празна собраниска сала, во која на моменти немаше повеќе од дваесетина пратеници. Особено се испразни за време на фудбалскиот натпревар Германија - Уругвај. Дел од пратениците директниот пренос го следеа во Клубот на пратениците, некои во пратеничките канцеларии, а некои од опозиционерите го гледаа натпреварот на лаптоп во салата“7, како и времетраењето на седниците: „маратонската собраниска седница... ќе ја чини државата дополнителни 20 илјади евра народни пари“8.

Медиумите со денови постојано информираа за спротивставените ставови на политичарите околку формирањето на анкетната комисија, нејзиниот состав и надлежности. Во обид да ги допрецизираат и појаснат изјавите на политичарите, некои од печатените медиуми дополнително ги појаснуваа стручните аспекти и термини во нивните изјави. На пример, Утрински весник, Нова Македонија и Шпиц, дадоа исцрпно објаснување на членот 43 од Законот за Собрание, на правилниците за работа на Собранието и на другите подзаконски акти кои беа поврзани со инцидентот, а го толкуваа и Уставот.

Паралелно со дебатата околу инцидентот и анкетната комисија медиумите известуваа и за настаните поврзани со барањето на опозицијата за измени на Деловникот на Собранието. Опозицијата инсистираше да има право да предложи една точка на дневниот ред на секоја седница, а во пакет бараше Собранието да расправа за проектот „Скопје 2014“, за ревизорските извештаи и за надзорните расправи. Медиумите информираа дека парламентарното мнозинство прифати опозицијата да предлага точка на дневниот ред само еднаш месечно, а дека другите барања ги смета за уцена. ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ дека го става во залог извештајот од Европската комисија, а некои медиуми потсетија дека: „Измените на Деловникот (донесен пред две години кога опозицијата го бојкотираше парламентот) беа договорени на лидерска средба уште лани во август, а во Собранието требаше да поминат најдоцна до декември. Токму со носењето на измените на Деловникот опозицијата ја услови поддршката на четирите закони, кои беа значајни за добивањето на позитивниот Извештај од Европската комисија минатата година“9.

Во меѓувреме, медиумите информираа и за новите мерки во Собранието што ги воведе спикерот Вељановски10, кои за опозицијата претставуваа дополнително прекршување на Законот за Собранието, бидејќи „ги донесе без консултации со координаторите на пратеничките групи“11.

Случувањата во Собранието во текот на јули, почнувајќи од самиот инцидент, па се до формирањето на анкетната комисија, отворија многу прашања кои се уште немаат одговор.

Некои од прашањата што ги отворија повеќето медиуми, а се директно поврзани со инцидентот се: дали претседателот на Собранието одобрил полициски пристап во зградата на Собранието и пристап до снимките од видеонадзорот; дали Вељановски им 6 Вечер, 12.07.2010 година 7 Утрински весник, 12 јули, 2010 8 Нова Македонија, 12 јули, 2010 година. 9 Утрински весник, 2 јули. 2010 година. 10 Новите мерки предвидува: да се формира собраниско обезбедување, да се направи етички кодекс за пратениците, да се допрецизира правилникот за внатрешен ред на Собранието, писмено одобрение од претседателот за пристап на овластени службени лица на органите на државната управа во собраниската зграда, информација од МВР за потреба од засилено полициско обезбедување, припадниците на МВР да имаат специјални обележја кога го обезбедуваат Собранието. 11 Алфа, 08.07. 2010 година

Page 7: Мониторинг на медиуми - nvoinfocentar.mknvoinfocentar.mk/wp-content/uploads/2014/10/mediumsk-ogledalo-oktomvri... · НВО ИНФОЦЕНТАР mАКЕДОНСКИ

7

одобрил на овластени службени лица да носат оружје и да преземаат мерки кон пратениците пред и во Собранието; зошто со денови не се презедоа законски мерки за утврдување на одговорноста на пратениците ако го нарушиле редот во Собранието; дали МВР е законски надлежно да врши полициски и видеонадзор на пратениците во Собранието и во кое својство биле присутни стечајците во собраниската зграда.

Медиумите информирајќи за инцидентот наметнаа и други прашања: дали во една демократска држава може да биде вообичаена практиката секогаш кога има потенцијален ризик за нарушување на јавен ред и мир МВР тајно да врши превентивно фотодокументирање на настаните; дали МВР врши тајно фотодокументирање и на други локации поради потенцијалниот ризик за нарушување на јавниот ред и мир; дали тајната полиција се злоупотребува за спречување на правото на мирен протест на граѓаните.

Дополнителни дилеми отворија и некои од колумнистите во дневните весници: „дали МВР ќе остане доследна, па и на стечајците ќе им стегне прекршочни пријави за ’викање, карање и непристојно однесување’ пред Собранието“12, дали инцидентите се директен резултат на игнорирањето на парламентарната демократија и на неподготвеноста на луѓето од парламентарното мнозинство да го заштитат парламентот од себеси13, дали мнозинските пратеници се плашат од Владата и од нивниот партиски шеф14, дали можат граѓаните да бидат сигурни дека не може да им се случи неповикани и неуниформирани лица, испратени лично од Министерката за внатрешни работи, со пиштоли под маичка, непречено да влезат во нашите домови, да постават уреди за прислушување, да извадат камери и фотоапарати и да ги сликаат домаќините/станарите15.

Во информирањето за настаните во Собранието, новинарите не ја заборавија европската димензија и важноста на овие настани од аспект на евроинтеграциите. Некои медиуми тоа го направија преку пренесување на ставот на опозицијата која укажуваше на европската агенда и на обврските кои произлегуваат оттаму: „Од СДСМ посочуваат дека е прекршен член 43, кој беше вметнат во Законот за Собрание од 2008 година по сугестија на Европската комисија, а по тепачката меѓу пратеници од ДУИ и од ДПА во законодавниот дом“16, а некои медиуми направија анализа на инцидентот во корелација со инцидентот во Собранието од 2007 година: „И пред три години (во минатиот парламентарен состав) кога во Собранието се случи тепачка меѓу пратениците од албанскиот политички блок, исто така, се формира анкетна комисија. Но, заклучоците на ова специјално тело никогаш не беа ставени насобраниска седница“17; „И пред три години Собранието се обиде да расчисти безбедносен инцидент во парламентарната зграда меѓу пратеници и полицајци. Иако тогаш беше формирана анкетна комисија, а вмешаните пратеници даваа искази и раскажуваа свои верзии кој на кого што му рекол, каде го удрил и какво оружје носел, одговорност за настанот не презеде никој. Со новиот деловник и Законот за собрание заклучоците од анкетните комисии можат да се користат како доказ во постапки за утврдување одговорност“18.

Медиумите ги пренесоа ставовите на евроамбасадорот Ерван Фуере кој упорно потсетуваше дека „Македонија мора да ги забрза реформите, да го подобри политичкиот дијалог и што побрзо да ги усвои законите со европско знаменце ако сака да го подобри имиџот до ноемврискиот извештај за напредокот на земјата во евроинтеграциите“19. Амбасадорот Фуере изрази загриженост поради остриот речник на политичарите, нагласи дека тоа не е одлика на демократијата и ги изнесе очекувањата на 12 Жарко Трајановски, Дневник, 07.07. 2010 година. 13 Теута Арифи, Дневник, 12.07. 2010 година. 14 Ивон Величковски, Шпиц, 06.072010 година. 15 Ана Павловска Данева, Утрински весник, 12.07. 2010 година. 16 Утрински весник, 05.07. 2010 година. 17 Утрински весник, 6.07.2010 година 18 Нова Македонија, 12.07.2010 година 19 Дневник, 06.07. 2010 година

Page 8: Мониторинг на медиуми - nvoinfocentar.mknvoinfocentar.mk/wp-content/uploads/2014/10/mediumsk-ogledalo-oktomvri... · НВО ИНФОЦЕНТАР mАКЕДОНСКИ

8

ЕУ; „Она што сакаме да го слушнеме во Македонија е јазикот на консензусот, на обединувањето, затоа што тоа е јазик што ќе биде одраз на една земја што е подготвена да се приклучи кон ЕУ, земја-кандидат, и јазик што повеќе би сакале да го слушнат граѓаните на Македонија од оној што го слушаат во последниот период“. Медиумите го пренесоа и апелот на еврокомесарот Штефан Филе: „Брисел ги повикува сите актери под итно да почнат директен дијалог и да генерираат подобра клима и да изградат заемна доверба. Политичкиот дијалог е заедничка одговорност на владејачката партија и па опозицијата, преку кој тие демонстрираат конструктивност и искрена заложба".

2. АФЕРАТА СО КАНАБИСОТ И БИТОЛСКИОТ ФАРМЕР ДУШКО ИЛИЕВСКИ Од следењето на прилозите објавени во овој период, а во врска со приведувањето на

млекарот Душко Илиевски од Битола можеме да заклучиме дека најголемиот дел од медиумите секојдневно ги следеа настаните и обезбедија солидно покривање на целиот случај. Во најголемиот дел од медиумите покрај изјавите на претставниците на власта, опозицијата и членовите на семејството Илиевски, беа консултирани и адвокати, експерти и претставници на невладини организации. Медиумите обезбедија информации за сите клучни настани поврзани со случајот на млекарот Илиевски и тоа: за приведувањето и притворањето на тројцата мажи од семејството Илиевски; за претресот во нивниот дом и за тешката состојба со која се соочени жените во ова семејство по апсењето на нивните сопрузи; за распространетоста на саморастечкиот див канабис на голем број ниви во Битолско поле и во парковите од некои јавни установи во Битола; за организирањето протести на опозицијата и граѓаните во Битола и Прилеп и собирањето потписи во одбрана на семејството Илиевски; за контра-протестите на неколку невладини организации во Битола и Скопје; за префрлањето на предметот на млекарот Душко од Основниот суд во Битола во Јавното обвинителство во Скопје на отсекот за организиран криминал; за прекинот на мерката притвор и пуштањето на Илиевски да се бранат од слобода; како и за поднесувањето претставка од страна на Душко Илиевски до Народниот правобранител поради прекршувањето на човековите права во текот на постапката.

Анализата покажа дека голем дел од медиумите го осудија чинот на апсење на

Илиевски и случајот го коментираа како политички реваншизам и акт на замолчување и заплашување на граѓаните кои јавно не се согласуваат со политиката на власта. Сепак, некои од медиумите не известуваа за сите аспекти на овој случај. Со ваквиот селективен пристап, овие медиуми не и обезбедија на својата публика сеопфатно информирање. Исто така, во повеќето медиуми отсуствуваше продлабочена анализа за тоа дали полицијата ги прекрши своите овластувања при претсресот на куќата на семејството Илиевски, како и за тоа кои се пропустите што беа направени од правен аспект, генерално во текот на целата постапка, како и кои човекови права беа прекршени.

Повеќето медиуми информираа за протестите организирани од страна на опозицијата

и на граѓаните од Прилеп и Битола. Тие реагираа заради притворањето на Илиевски, на неговиот брат и татко, тврдеа дека притворените се невини и бараа нивно ослободување. Од известувањето на повеќето медиуми забележлив беше зголемен ангажман на обичните граѓани и нивно противење на одлуката на судот. Оценката на дел од граѓаните за одлуката беше дека таа претставува полититички притисок и реваншизам, која има за цел замолчување и сеење страв кон сите оние кои се осудуваат да размислуваат различно од власта: „Сметам дека не е виновен, си ја бара правдата, туку државава е виновна шо му ги зела парите за млекото.“; „Мислам дека е чесна фамилија и дека не би посигнала по такво нешто, по животот прво на најмладите.“; „Голема неправда е ова шо се напраи.“; „И сега највероватно ќе продолжи на деспотизам оти веќе диктатурата е јасна. Овој народ прекрасен шо го гледате овдека ќе го има многу, ќе

Page 9: Мониторинг на медиуми - nvoinfocentar.mknvoinfocentar.mk/wp-content/uploads/2014/10/mediumsk-ogledalo-oktomvri... · НВО ИНФОЦЕНТАР mАКЕДОНСКИ

9

го стави потписо на правдата.“20 Медиумите објавија и изјави на некои од соседите на Илиевски: „Од деца ги познавам Душко и брат му Цане, кај мене во дворот се растени. Се' што спечалиле во животот било со мака и со труд. Досега немаа ниту една црна дамка во нивните животи. Ова е хајка од власта против Душко, зошто детето не замолче кога му беа ограбени парите во ’Сведмилк‘. И во право се . Ќе замолкнете ли вие ако ви украдат 50 илјади евра“21.

Паралелно, поголемиот дел од медиумите ги следеа и контра-протестите на неколку

невладини организации во Скопје и во Битола, носители на иницијативата „Стоп за ширењето на дрогата“ кои го поддржаа апсењето на Илиевски, а ја осудуваа опозицијата заради тоа што ги штити производителите на дрога: „Целта ни е да ја алармираме јавноста, истовремено да упатиме критика до партијата на СДСМ за ваквото неодговорно и некокретно однесување со кое се дава исклучително лош пример за младите генерации граѓани. Не сакаме да веруваме дека СДСМ смета дека производството на опојна дрога е нешто што треба остане заштитено, или нешто што треба да го поддржи. Затоа бараме СДСМ да се огради и да го осуди овој случај,“22 (Благица Коровин, Македонска младинска асоцијација). Медиумите ги објавија реакциите на опозицијата во врска со овие протестите, која истакна дека овие организации се под директно влијание на ВМРО-ДПМНЕ: „СДСМ на прес-конференција покажа доказ дека Коровин не е активист на невладина, туку партиски член на ВМРО ДПМНЕ. Еве ги фактите. Младата госпоѓица Благица Коровин, која вчера даваше изјава е истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ, конкретно на локалните избори 2009 година, била кандидат за советник во Радовиш“23(Стевче Јакимовски, СДСМ). Медиумите известија и за вандалскиот чин, што активисти на невладини организации го направија пред општинската зграда на СДСМ во Битола: „Активисти на ВМРО-ДПМНЕ, претставувајќи се како членови на „Младински европски форум“, ги искинаа фотографиите со Душко Илиевски што беа поставени на паноа пред општинската зграда на СДСМ и им нацртаа кукести крстови на челото“24.

Во повеќето медиуми отсуствуваше информација за тоа дека и Унијата на

средношколци и Студентскиот парламент, организираа свои протести и ги поддржаа контра-протестите на невладините организации. Унијата на средношколци се спротивстави „...на секаков вид пороци кои ги загрозуваат здравјето и иднината на младиот човек. Оттука како асоцијација која ги застапува интересите на младите луѓе, незамисливо е, и недозволиво што вчера политичка партија застана во одбрана на осомничениот производител на недозволиви наркотични средства“25, (Иво Николов, Унија на средношколци на Македонија), а Студентскиот парламент сметаше дека: „е преседан што политичка партија се става во одбрана на осомничен за производство на опојни дроги. Хипотетички, замислете само доколку опојната дрога, која доколку не беше запленета, дојдеше во рацете на младите луѓе. Што ќе се случеше тогаш и кој ќе требаше да одговара за сето тоа?“26 (Трајче Митев, извршен член на Студентски парламент). Дел од медиумите кои ги проследија овие настани коментираа: „За првпат во историјата на студентските и средношколските движења, нивните активисти се ставија во одбрана на акцијата на МВР и апсењето на Илиевски. За случајот со фармерот Илиевски реагираа студентите и средношколците, што досега никогаш не било случај.“27.

20 Телма, Петиција за Илиевски во Прилеп, 20.07.2010 година 21Утрински весник, 20.07.2010 година 22 МТВ 1, 17.07.2010 година 23 Алфа, 21.07.2010 година 24 Време, 26.07.2010 година 25 МТВ1, 16.07.2010 година 26 МТВ1, 16.07.2010 година 27 Телма, 16.07.2010 година

Page 10: Мониторинг на медиуми - nvoinfocentar.mknvoinfocentar.mk/wp-content/uploads/2014/10/mediumsk-ogledalo-oktomvri... · НВО ИНФОЦЕНТАР mАКЕДОНСКИ

10

Медиумите ги пренесуваа честите изјави на власта и опозицијата по повод апсењето на тројцата членови на семејството Илиевски. Додека премиерот Груевски коментираше: „Ме чуди што СДСМ реагираше дека тој бил нивни член и оти намерно сме го сториле тоа. Како може да биде намерно кога таму марихуаната растела со месеци. Таа била израсната уште кога Бранко Црвенковски го посетил. Значи, не сме можеле да предвидиме дека Бранко ќе отиде во дворот каде што расте марихуана. Тоа бил негов избор, а не наш. Се работи за негувана марихуана, а не за дива. Така ме информираат од МВР, што значи дека некој внимавал на неа и ја одгледувал“28, опозицијата остро обвинуваше дека:„ случајот е класично монтиран политички процес со кој Владата на Груевски продолжува да се пресметува со политичките неистомисленици и граѓаните што не ја поддржуваат политиката на лажно ветување што ја практикува власта. Забеганоста и лудилото на власта немаат крај. Наместо да се занимаваат со решавање на криминалот во “Сведмилк”, каде што Моше Баум и другите проневерија над 30 милиони евра, ВМРО-ДПМНЕ се пресметува со едно трудољубиво семејство“29 (Илија Јованоски, претседател на ОО на СДСМ од Прилеп). Фреквентноста, а особено содржината на изјавите, и на претставниците на опозицијата и на претставниците на власта, укажува на тоа дека овој настан беше искористен како повод за остри препукувања и обвинувања меѓу опозицијата и власта: „СДСМ изврши груб политички притисок врз институциите, однапред прогласувајќи го за невин и ставајќи се во одбрана на Душко млекарот, без разлика на фактот што на неговиот фамилијарен имот вчера беа запленети 207 стебла марихуана“30,(Александар Бичиклиски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ,), а СДСМ на прес-конференција обвини: „Апсењето на Душко Илиевски е монструозно сценарио на Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ за кое тие ќе понесат одговорност“ (Горан Минчев, пратеник СДСМ).

Медиумите ги пренесоа и изјавите на адвокатите од одбраната на Илиевски: „Ова е

флагрантен пример каде што полицијата и органите на прогонот немаа материјални докази против Илиевски, а сепак поднесоа барање за мерка притвор“31, (адвокатот Ѓорѓиев). Адвокатот на Илиевски констатира дека: „самото носење на предметот за фармерите пред Одделот за организиран криминал во Скопје е надвор од одредбите на кривичниот закон, бидејќи и самото дело за кое се товарат, недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и прекурзори само по себе покажува дека не може да биде претставено како организиран криминал зашто нема здружување“32.

Приведувањето на млекарот Илиевски беше остро осудено од страна на некои

експерти и невладини организации. Мирјана Најчевска констатира: „Тоа значи дека власта утврди дека може во било кој момент, кого што сака да го обвини или барем осомничи за било што и на тој начин да сее страв, односно да сее несигурност кај граѓаните дека во било кој момент, за било кој основ, можат на овој или оној начин да бидат загрозени доколку и се спротивстават на власта.“ За Најчевска веќе сега нема дилема дека се прекршени основните човекови права и дека е нарушено достоинството на семејството: „Направени се толку грешки во процедурите, толку грешки во она што претставува правна регулатива, што било кој нормален суд, во било која вистински демократска држава веќе на самиот почеток ќе се откаже од случајот заради овој вид на грешки“.33 Според Коалицијата на невладини организации за правично судење, приведувањето е пример за дискриминација и прекршување на презумпцијата на невиност. Аница Томшиќ Стојковска нагласи: „Она што кај нас зачудува е моментот што голем број на такви слични предмети не поминале со толкава спектакуларност и

28 Утрински весник, 17.07.2010 година 29 Нова Македонија, 21.07. 2010 година 30 Утрински весник, 17.07.2010 година 31 Утрински весник, 28.07.2010 година 32 Утрински весник, 28.07.2010 година 33 Телма, 19.07.2010 година

Page 11: Мониторинг на медиуми - nvoinfocentar.mknvoinfocentar.mk/wp-content/uploads/2014/10/mediumsk-ogledalo-oktomvri... · НВО ИНФОЦЕНТАР mАКЕДОНСКИ

11

со снимање на лице кое што еве да кажеме одгледувало или поседувало марихуана, а самиот случај наместо да се земе во предвид како момент кога се прекршени човековите права стана дневно-политичка игра на политичките партии“34. Медиумите ја пренесоа и констатацијата на Коалицијата за правично судење дека: „според Европската конвенција истражниот судија има право да реагира доколку постои кршење на правата и непочитување на презумпцијата на невиност кај осомничениот, но со македонските судски власти тоа досега не се случило“35. Во овој контекст, а на адреса на нашето судство, Најчевска коментираше: „Нашите судии едноставно судат така како што ќе им кажат, па не е чудно што му е одреден притвор на Илиевски. Нашите судии едноставно или немаат поим од право или се до коска исплашени за работата или, пак, се до коска корумпирани. Не знам зошто не реагира Судскиот совет, а симптоматично е што ниту еден судија не покажа желба да каже нешто во јавноста за овој случај“36.

Покрај големиот број прилози, на јавноста и останаа неразјаснети неколку аспекти

поврзани со случајот: • Дали Душко Илевски беше навистина тепан во полициската станица при

приведувањето. Медиумите само ја пренесоа неговата изјава: „Ноќта ме тепаа и со столови ме удираа барајќи од мене да потпишам дека сум садел марихуана. Кога отидов во затворот, никој не ме праша дали сум бил тепан. Докторката ме прашуваше дали сум алкохоличар, дали имам психички проблеми и дали се дрогирам. Подоцна на третиот ден кога од народниот правобранител дојдоа на посета, ме прашаа од каде ми е модринката на рака, им кажав дека ме тепаа полициски инспектори. Од каде да знам дека требало веднаш да пријавам.“37, а неколку дена подоцна го пренесоа и официјалното соопштение на МВР:„Обвинувањата на млекарот Душко Илиевски дека бил изложен на малтретирање, тортура и друго нечовечко однесување од страна на полицајците во битолската полиција се неосновани. Ако не се извини за изнесените невистини ќе биде казнет парично“.38 По овој повод некои од медиумите се обидоа да го дискредитираат тврдењето на Илиевски: „Фармерот Душко Илиевски лажел и дека го тепале во полиција. На лажен исказ го натерала сестрата на Весна Бендевска од СДСМ. И во стилот на социјал-демократскиот сојуз, фармерот Душко Илиевски лажел дека полицијата го тепала“39.

• Дали против Душко Илиевски и порано се воделе прекршочни и казнени постапки.

Некои медиуми („МТВ 1“, „Сител“, „Вечер“, „Нова Македонија“) информираа за постоење на досие за Душко Илиевски: „Извори од МВР го отворија досието на Илиевски, од кое се гледа дека во периодот од 1993 година до 1997 година Илиевски седум пати бил осомничен за тешки кражби, а во 2005 година, токму кога на власт беше неговата матична партија, бил осуден за семејно насилство.“40, односно: „Според информациите на Вечер ова не е прв случај во кој Илиевски имал проблеми со законот. Во период од 1993 до 1997 година Илиевски бил гонет за седум тешки кражби. Против фармерот во чија одбрана се ставија социјал-демократите има и една судска пресуда за семејно насилство. Според пресудата на Основниот суд во Битола, Илиевски во 2005 година бил осуден на една година условно и му се заканувала затворска казна доколку во период од три месеци го повтори делото.“ Бидејќи МВР ниту ги потврди, ниту пак, ги демантираше овие информации, а поголемиот број медиуми не објавија никакви информации околу евентуалното досие на фармерот,

34 Телма, 19.07.2010 година 35 Телма, 19.07.2010 година 36 Време, 23.07.2010 година 37 Утрински весник, 28.07.2010 година 38 Канал 5, 29.07.2010 година 39 Сител, 29.07.2010 година 40 Нова Македонија, 21.07.2010 година

Page 12: Мониторинг на медиуми - nvoinfocentar.mknvoinfocentar.mk/wp-content/uploads/2014/10/mediumsk-ogledalo-oktomvri... · НВО ИНФОЦЕНТАР mАКЕДОНСКИ

12

останува нејасно дали вакво досие навистина постои и ако го има за какви прекршоци или криминални дела претходно бил обвинет Душко Илиевски?

3. РАБОТАТА НА ДРЖАВНАТА КОМИСИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ КОРУПЦИЈА Во делот на темите поврзани со антикорупцијата, во овој период, медиумите главно

покриваа настани поврзани со: разрешувањето (оставката) на сега веќе бившиот директор на Управата за спречување перење пари и финансирање тероризам, Ване Цветанов и профилот на новоименуваниот директор, Владимир Атанасов; иницијативата за измена на Законот за спречување на корупција со која се предлага професионализација и скратување на мандатот на членовите на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК); предизвиците со спроведувањето на Законот за конфликт на интереси т.е. повикот на ВМРО-ДПМНЕ нејзините членови да задржат само една функција.

Генерална оцена е дека сите медиуми кои се предмет на овој мониторинг обезбедија

обемно покривање на настаните, а најголемиот дел од нив квалитетно ги презентираа и анализираа случувањата, односно соодветно на можноста да ги добијат потребните информации. Медиумите отвораа многу прашања, правеа свои анализи и коментари, консултираа експерти и претставници на невладини организации, ги пренесуваа изјавите на претседателот и членовите (поранешни и актуелни) на ДКСК, информираа за ставовите на Владата и опозицијата. Сепак, за некои од темите недостасуваше истражувачко новинарство, како и продлабочена и компаративна анализа.

Иако медиумите се обидуваа да откријат што беше прво во случајот на Ване Цветанов

- дали неговата оставка или разрешувањето од Владата, како и кои се мотивите и заднината на ваквата одлука, конечни и докрај јасни одговори јавноста не успеа да добие. Медиумите пренесоа дел од оставката на Ване Цветанов до Премиерот во која стои: „Давам оставка поради вашата лицемерна политика и незаинтересираност за борба против вистинскиот криминал“41, за неколку часа подоцна да информираат дека Владата која после повеќе од еден месец молк за барањето на ДКСК (со кое се бараше разрешување на Ване Цветанов поради констатираните пропусти во извешатајот на Државниот завод за ревизија, во делот за јавните набавки и незаконските вработувања во Управата), одлучила да го разреши Цветанов согласно препораката на ДКСК. Преку медиумите, Владата и порача на јавноста: „Владата им порачува на сите граѓани, без разлика на нивната политичка, етничка или каква било друга припадност, дека доследно ќе ги почитува законите и прописите и оти ревносно и бескомпромисно ќе се бори против прекршувањето на законите и против криминалот и корупцијата“.42 Некои медиуми се обидуваа да коментираат и да анализираат која е причинско-последичната врска на ваквиот развој на настаните: „За можноста Цветанов да биде сменет од директорската позиција, како што дознаваме, се разговарало и на последната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кога паднала и одлука за одземање на вишокот функции на партиските кадри низ општините, како вовед во потемелни кадровски поместувања во третиот ешалон на власта. Партиски извори велат дека ваквиот разговор стигнал до Цветанов, така што е прашање дали тој побрзал сам да замине од функцијата за да го оневозможи вмровското раководство да му изнуди оставка. Или неговата оставка и без тоа била прашање на време, со оглед на тоа што подолго време му биле заладени односите со премиерот“43.

Медиумите го прашуваа Премиерот како ја толкува изјавата на Цветанов дека Владата

води лицемерна политика во справувањето со корупцијата, а тој одговори: „За жал, Ване

41 Нова Македонија, 21.07.2010 година 42 Утрински весник, 21.07.2010 година 43 Утрински весник, 21.07.2010 година

Page 13: Мониторинг на медиуми - nvoinfocentar.mknvoinfocentar.mk/wp-content/uploads/2014/10/mediumsk-ogledalo-oktomvri... · НВО ИНФОЦЕНТАР mАКЕДОНСКИ

13

Цветанов одбра таков начин да реагира, да напаѓа, да навредува, да плука и да го изрази својот гнев и револт затоа што е разрешен од функцијата. Се' што кажува е тотално неточно“44. Медиумите ги пренесоа и изјавите на опозицијата која обвинуваше дека случајот на Цветанов е уште еден доказ дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ е сериозно западната во корупција: „..негативните ревизорски извештаи, криминалните јавни набавки, наместените тендери со огромни провизии, богатењето преку ноќ на истакнати функционери, стана заштитен знак на Владата, така што сега за криминалот говорат и луѓе поставени лично од Груевски“45.

Медиумите коментираа, и за профилот и за работното искуство на наследникот на

Цветанов: „Атанасовски, како што се дознава, бил еден од оние 29 лица чие вработување беше спорно за ревизорите и за Антикорупциска комисија. Ова е една од причините поради кои одлуката на Владата да го назначи Атанасовски за в.д. директор предизвика изненадување меѓу вработените во Управата. Според кажувања на вработени во Управата, на 26-годишниот Атанасовски од Делчево вработувањето во институцијата за спречување перење пари и финансирање тероризам, во 2008 година, му било прво работно искуство, по завршувањето на Економскиот факултет во Скопје. На директорската позиција дошол како советник во Одделението за меѓународна соработка во Управата. Како кадар на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, тој бил еден од привремено вработените преку агенција за вработување, чии договори во администрацијата се продолжуваат на три или на шест месеци“46.

Експертите оценуваа дека е несериозно тоа што институциите не постапуваат по

наодите на други институции во системот и тоа е главна причина зошто не се расветлуваат ваквите ситуации. Медиумите ја пренесоа изјавата на Слаѓана Тасева, Транспарентност Нулта Корупција: „Ние не слушнавме став од страна на јавниот обвинител во однос на тоа дали постои или не злоупотребана службената должност кај Ване Цветанов. Не смее да се дозволи ако е тоа точно дека Управата за перење пари направила анализи кои ги доставила до МВР, а некој ги сокрил или не ги доставил понатаму, преставува злоупотреба на службената положба. Повторно не слушнавме став на надлежен орган каков што е јавниот обвинител“47.

Втора „антикорупциска“ тема која беше доминантна во овој период, во медиумите,

беше иницијативата за промена на Законот за спречување корупција со која се предвидува професионализација на членовите на Државната комисија за псречување корупција и скратување на нивниот мандат од 5 на 4 години. Во овој контекст актуелни беа и случувањата со кратењето на буџетот на ДКСК, како последица на ребалансот на Буџетот за 2010 година.

Во врска со професионализацијата на членовите на Комисијата, медиумите ги

пренесоа ставовите на Владата, на претседателот на ДКСК и на дел од експертите. Со оглед на фактот што недостасуваше компаративна анализа за тоа како е ова решено во некои од земјите во регионот или во ЕУ, граѓаните го градеа својот став согласно пренесените изјави на релевантните актери, од кои може да се заклучи дека професионализацијата самата по себе не мора да биде проблематична, па дури беше оценета и како позитивна. Претседателот на Комисијата, Илми Селами изјави:: „Она што го укажува и Европската комисија и искуството од работењето значи дека е потребно да се воведе професионален ангажман, професионален статус на членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата и иднината, значи спроведувањето на таквиот закон, односно таквиот ангажман понатамошен на членовите на Државната комисија, ќе покаже дали е тоа добро или не. Се надевам дека 44 Утрински весник, 23.07.2010 година 45 Утрински весник, 21.07.2010 година 46 Утрински весник, 22.07.2010 година 47 Алфа, 01.07.2010 година

Page 14: Мониторинг на медиуми - nvoinfocentar.mknvoinfocentar.mk/wp-content/uploads/2014/10/mediumsk-ogledalo-oktomvri... · НВО ИНФОЦЕНТАР mАКЕДОНСКИ

14

ќе биде добро.“48 Министерот за правда, Михајло Маневски сметаше дека „професионализацијата на функцијата ќе значи целосна посветеност на членовите на комисијата на борба против корупцијата, тоа ќе значи и одредена специјализација во рамките на самата комисија“49.

Некои експерти сметаа дека професионализацијата не е важна толку сама по себе,

туку дека е поважно да се дефинира улогата на Комисијата: „Ова е многу важна институција за обезбедување на демократијата и за владеењето на правото. Има различни ставови за тоа дали ангажманот на членовите треба да биде професионален, но многу побитна е улогата на Комисијата“50 (Слаѓана Тасева, Транспарентнос нулта корупција). Медиумите пренесоа и некои од идеите на експертите за тоа како да се конституира Комисијата: „Мора да се направи промена во начинот на избор на членовите што ќе гарантира независност на Комисијата. Мојот предлог е четворица члена да се избираат на јавен оглас, со избор во Собранието како што беше досега, а тројца да ги номинираат медиумите, бизнис-секторот и невладините организации. Вака ќе се направи баланс и ќе се стави брана за партизирањето“51 (Вања Михајлова, поранешен член на ДКСК). Имаше и експерти кои остро се спротивставија на професионализацијата: „Надлежностите на Антикорупциската, која освен поднесување иницијативи нема можности за гонење, упатуваат на профил за волонтери. Ангажирањето професионалци значи да се издржува обемно, скапо и непродуктивно тело“, потенцира Драган Малиновски, поранешен член на ДКСК и се чуди што ќе работат седуммина професионалци осум часа во денот“52.

Атмосферата и дебатата во медиумите доби поинаков тек откако со предлог измените

на Законот за спречување корупција, стана јасно дека Владата ја става професионализацијата во пакет со промената на мандатот на членовите на ДКСК, од сегашните пет на четири години, а едновремено планира и ретроактивна примена на Законот, со што би се скратил мандатот и на постојниот состав на ДКСК за една година. Ситуацијата кулминираше кога овие случувања коинцидираа со одлуката за кратење на буџетот на ДКСК. Во овој контекст, Претседателот на ДКСК изјави: „Како поинаку да се разбере овој несфатлив потег на Министерството, освен како намера за предизвикување домино-ефект. Со предвременото заминување се создава сомневање дека во Комисијата ќе се вдомуваат партиски кадри. Тоа ќе оневозможи вистинска контрола во јавното и во материјално- финансиското работење на службените лица“, рече Селами и додаде дека ова не е придонес кон реално демократизирање на државата и укажува на тоа дека нема политичка волја за борба против корупцијата.“53

Во рамките на вжештена медиумска дебата, Министерот за правда изјави: „Со предлогот не се врши никаков упад, ниту има каква било тенденција за вработување партиски кадри во Државната комисија за спречување на комисијата. Со професионално вршење на функцијата антикорупционерите ќе ја зајакнат Комисијата бидејќи целосно ќе бидат посветени на работата“54.

Според експертите, тоа што истовремено се крати мандатот на членовите на

Комисијата и парите со кои таа располага е јасна порака дека власта сака да се замеша во нејзината работа: „Многу елементи се поклопуваат. Под плаштот на професионализацијата се протнува една друга цел: да се смени актуелниот состав на комисијата. Зошто немаше вакви идеи кога Антикорупциска ја немаше никаде во јавноста. Наведната глава сабја не ја сече! Сега кога се подисправи, сабјата заигра“55 48 Телма,16.07.2010 година 49 Нова Македонија, 20.07.2010 година 50 Утрински весник, 20.07.2010 година 51 Утрински весник, 27.08.2010 година 52 Утрински весник, 30.08.2010 година 53 Утрински весник, 27.08.2010 година 54 Утрински весник, 27.08.2010 година 55 Нова Македонија, 27.08.2010 година

Page 15: Мониторинг на медиуми - nvoinfocentar.mknvoinfocentar.mk/wp-content/uploads/2014/10/mediumsk-ogledalo-oktomvri... · НВО ИНФОЦЕНТАР mАКЕДОНСКИ

15

(Драган Малиновски, поранешен член на ДКСК). Реакција за ретроактивното применување на новиот закон имаше само во некои медиуми и тоа преку изјавите на експертите: „Новиот мандат од четири години не може да важи за постојниот состав“, смета професорката на Правниот факултет, Ана Павловска-Данева. Според неа, власта сака да инсталира свои луѓе во Антикорупциска комисија“56.

Постојаното инсистирање на претставниците на Владата дека измените на Законот се

прават на барање на Европска комисија, некои од медиумите го коментираа: „Измените на Законот за спречување корупција се носат по инсистирање на Европската комисија. Таа побара наместо хонорарци, антикорупционерите да станат професионалци. Но, никој не очекуваше, власта во измените да предложи и предвремена промена на кадровскиот состав, една година пред крајот на нивниот мандат“57. Имаше и медиуми кои ја уверуваа јавноста во спротивното: „Министерот Маневски го прави она што му е работа како министер, а тоа е да предлага закони. Во случајот новиот закон со кој би се скратил мандатот на членовите на Државната комисија за спречување на корупција од 5 на 4 години. А оние од ДКСК сосема нормално се бунат, бидејќи кој сака да биде на власт помалку од она што претходно планирал“58. Истите извори на информирање го релативизираа значителното кратење на средствата на ДКСК: „И покрај ребалансот на Буџетот во 2010 година на Државната комисија за спречување на корупцијата и се доделени 40% повеќе средства за работа во однос на 2006 година. Последниве 4 години во просек, буџетот на оваа институција пораснал за 65%. Ова ја покажува посветеноста на оваа Влада во борбата против корупцијата. Од министерството додаваат и дека со последниот ребаланс се обезбедни средства за плати за цела 2010, а тие и натаму останувале отворени за дијалог и решавање на секоја евентуална ситуација“59.

Третата тема која ги разбранува медиумите во овој период беше почитувањето на

Законот за конфликт на интереси и тоа делот кој предвидува именуваните и избраните функционери да бидат носители на само една функција. Вниманието на медиумите го привлекоа настаните по повод барањето (ултиматимот) што владејачката ВМРО-ДПМНЕ им го постави на своите партиски функционери, кои имаат повеќе од една избрана или именувана функција, да останат со само една функција, најдоцна до 31 август 2010 година. Медиумите ги проследија изјавите на засегнатите фунционери и на партискиот врв на ВМРО-ДПМНЕ, кои веднаш ја покажаа својата подготвеност да ја послушаат партијата, како и реакцијата на опозицијата и на експертите. Дел од медиумите забележаа дека и покрај законската обврска согласно Законот за конфликт на интереси, опомените кои доаѓаа од ДКСК и од јавноста, функционерите на владејачката партија го разбираа единствено „законот“ на нивната партија: „Досега, глуви на јавните опомени дека кај нив има судир на интереси останаа директорите на јавното претпријатие за станбен и деловен простор, на МЕПСО и на Градската болница во Скопје.“60; „Потклекнати пред ултиматумот од матичната партија, независно што извесен период антикорупционерите и јавноста им укажуваше на судир на интереси, Владимир Здравев, Владимир Бахчовановски и Виктор Камиловски, дури сега го „разбраа“ законот и ќе ги отстапат советничките столчиња“61. Преку медиумите некои од „затекнатите“ владини функционери изјавија:„Ќе го испочитувам укажувањето од партијата, а од која функција ќе се откажам, се' уште не сум размислувал. Сметам дека и на двете го давам својот максимум и придонесувам за доброто и на претпријатието и Советот, односно граѓаните, но од едната до 1 септември сигурно ќе се откажам 62 (Владимир Бахчовановски). Пратениците на владејачкото мнозинство го поздравија „апелот“ на 56 Утрински весник, 30.08.2010 година 57 Алфа, 26.08.2010 година 58 Сител, 26.08.2010 година 59 Сител, 26.08.2010 година 60 Нова Македонија, 20.07.2010 година 61 Утрински весник, 21.07.2010 година 62 Утрински весник, 21.07.2010 година

Page 16: Мониторинг на медиуми - nvoinfocentar.mknvoinfocentar.mk/wp-content/uploads/2014/10/mediumsk-ogledalo-oktomvri... · НВО ИНФОЦЕНТАР mАКЕДОНСКИ

16

својата партија и изјавија: „Овој чекор на ВМРО-ДПМНЕ е еден придонес, односно активен чекор во рамки на придонес на јакнење на демократските процеси во РМ“63 (Зоран Петрески, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ), а некои од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ истакнаа: „Па мислам дека не е најстрашно, утре другиден имам пријатели во Црна Гора викаат луѓето не можат да најдат луѓе за во влада, не да постават и директори, советници и пратеници и заменици и државни секретари, значи мала е земјата64“(Владимир Талески, градоначалник на Битола).

Партијата Обединети за Македонија побара фунционерите да се откажат од

директорските во замена за советничките функции и да ги вратат директорските плати кои ги зеле бесправно:„Обединети за Македонија ги смета за крајно несериозни, а најмалку морални одлуките на советниците да ги напуштат советничките функции како понепрофитни од директорските. Потсетуваме дека тие луѓе, за жал, ја добиле довербата од граѓаните да ги застапуваат нивните интереси поради што бараме да ги задржат токму советничките функции добиени на изборите, а директорските плати да ги вратат во буџетот на државата. Според нашите проценки тоа е сума од околу половина милион евра, пари од граѓаните.“65. Во контекст на ова реагираше и народниот правобранител, Иџет Мемети, а некои медиуми ја пренесоа неговата изјава: „Сите знаеме кој какви позиции држи и дали може да ги држи, а ние чекаме некој да ни каже. Тоа не е добра пракса.“66. Медиумите ги проследија и изјавите на претседателот на ДКСК, Илми Селами, кој видно изнервиран поради тоа што функционерите кои се откажале од двојните функции не ја информирале Комисијата за својата конечна одлука и избор, што всушност им е и законска обврска коментираше: „Апсолутно не! Значи, сега ние прибираме, замислете, институција што е надлежна прибираме информации од медиумите кој всушност го спровел законот, за кој сме ние надлежни да вршиме надзор.“67.

4. СОВЕТОТ ЗА СТАБИЛИЗАЦИЈА И АСОЦИЈАЦИЈА НА ЕУ Медиумите будно ги следеа случувањата околу одржувањето на Советот за

стабилизација и асоцијација. Некои медиуми го најавија неговото одложување од една недела, а најголемиот дел од нив известуваа ден пред Советот, за време на Советот и по неговото завршување.

Оцените и анализите во поголемиот број медиуми упатува на тоа дека Европската

комисија има забелешки на начинот на кој се спроведуваат реформите во Македонија и дека реформскиот процес е во застој: „...Владата ќе биде предупредена дека мора да продолжи со реформите, дека треба да престане со партизацијата на администрацијата, да го ослободи судството од политичкото влијание, да им обезбеди слобода на медиумите, да создаде регулатива за слободни избори натаму, мудро да ги троши парите од буџетот и да го обнови политичкиот дијалог, кој е во криза“68.

Сепак забележливо беше укажувањето и тенденцијата во некои медиуми за тоа дека

одговорноста за забелешките и критиките во ноемврискиот извештај ќе треба подеднакво ја споделат, и власта и опозицијата: „Негативен извештај од Брисел, ќе значел одговорност за сите политички субјекти во парламентот. Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски од одговорноста не се исклучува ниту себе, и затоа порачува партиите сериозно да ја сфатат евроатланската перспектива на

63 A1, 19.07.2010 година 64 A1, 19.07.2010 година 65 Канал 5, 25.07.2010 година 66 Алфа, 15.07.2010 година 67 Сител, 31.08.2010 година 68 Утрински весник, 27.07.2010

Page 17: Мониторинг на медиуми - nvoinfocentar.mknvoinfocentar.mk/wp-content/uploads/2014/10/mediumsk-ogledalo-oktomvri... · НВО ИНФОЦЕНТАР mАКЕДОНСКИ

17

Македонија“69. Известувањето во некои медиуми остава впечаток дека новинарите своите прилози ги базираат главно или единствено на изјавите на претставниците на Владата, односно владејачкото мнозинство: „...една реченица објаснува многу, а тоа е изјавата на Советот за стабилизација и асоцијација, изјавата на европскиот комесар Филе дека одговорноста за политичкиот дијалог не е само на владеачкото мнозинство, туку истовремено и на опозицијата. Се надеваме дека оваа порака ќе биде разбрана, добро протолкувана и дека личните, тесно партиски интереси и мотивацијата за предизвикување на некои проблеми, тензии или помали инциденти, нема да биде таква, каква што можевме да ја видиме пред неколку недели“70 (Антонио Милошоски, министер за надворешни работи). Во оваа насока медиумите ги пренесоа и изјавите на претставниците на опозицијата кои истакнаа: „СДСМ го презема својот дел од одговорноста за состојбата со политичкиот дијалог. Сепак, сите релевантни фактори многу добро знаат кој не ги почитува нивните препораки, кој го донесе деловникот без консензус и кој не сака во Собранието да се воспостави соодветен механизам за контрола на трошењето на народните пари“71 (Андреј Петров, СДСМ).

Медиумите информираа и за ставовите на претставниците на власта и на опозиција,

кои беа едногласни во оцеката дека препораката на ЕК за почеток на преговори нема да биде доведена во прашање со претстојниот ноемвриски извештај. Пратеникот на ЛДП, Андреј Жерновски, истакна: „Како и да е, препораката за преговори останува. Нема механизам што може да ја поништи“72, но едновремено констатираше дека тоа не значи дека реформите во Македонија напредуваат: „Штом минатогодишната препорака не се преточува во следната фаза, а тоа е определување датум за преговори, значи дека напредок нема или дека се назадува“73.

Медиумите ги пренесоа изјавите на премиерот Груевски, кој по одржувањето на

Советот за стабилизација и асоцијација, забележа: „Македонија од Брисел доби многу позитивни мислења и неколку помалку позитивни, но преовладуваат позитивните коментари и позитивните оцени за сработеното. Охрабрени сме и ова го гледаме како вреднување на нашиот труд и на сите што беа вклучени во досегашните реформи и модернизација – изјави премиерот Никола Груевски“74. По завршување на Советот за стабилизација и асоцијација комесарот Филе порача: „Морам да признаам дека состанокот беше позитивен во смисла на тоа дека се уверивме дека нема заостанување во реформите и има нов моментум во реформскиот. Сега е од особено значење во овие шест точки да се продолжи со истото темпо. Јас сакам да истакнам уште една точка. Кандидатскиот статус на Република Македонија не е изграден со цел да биде ставен во соба за чекање и без излез, и затоа ги вреднуваме и оценуваме напорите на Скопје и на Атина за што поскоро време да изнајдат заедничко решение за спорот со името.“75. Министерот за надворешни работи на Белгија, Стивен Ванкере на новинарско прашање како мислат да обезбедат консензус во Советот на ЕУ на прашањето за доделување датум за почеток на преговори со Македонија одговори: „Ние ќе и останеме верни на логиката на белгиското претседавање: без многу чекање, без многу ветувања но, со големи резултати. Нема на прес конференција да кажам како ќе постапиме, но ќе се обидеме да даваме што помалку изјави со верба дека ќе постигнеме резултат“76.

Некои медиуми го забележааа и одржувањето на Советот на министри за надворешни

работи на ЕУ, кој се одржа на 26 јули 2010, во Брисел и известија: „Прашањето за 69 Сител, 27.07.2010 година 70 Сител, 27.07.2010 година 71 Нова Македонија, 29.07.2010 72 Нова Македонија, 29.07.2010 73 Нова Македонија, 29.07.2010 74 Нова Македонија, 29.07.2010 75 Алсат М, 27.07.2010 година 76 Алсат М, 27.07.2010 година

Page 18: Мониторинг на медиуми - nvoinfocentar.mknvoinfocentar.mk/wp-content/uploads/2014/10/mediumsk-ogledalo-oktomvri... · НВО ИНФОЦЕНТАР mАКЕДОНСКИ

18

одредување датум за почеток на преговори со Македонија воопшто не се најде на дневниот ред на вчерашниот состанок на Советот на министри за надворешни работи“77. Министерот Милошоски запрашан како се чувствува сега кога од јулскиот Министерски совет е јасно дека Исланд доби зелено светло за почеток на преговори, тој изјави: „Во врска со преговорите со Исланд се уште се чувствувам Македонец не можам да бидам Исланѓанец. Исланд има среќа што има подобри соседни земји од Македонија. Ги изразивме и нашата подготвеност и желба истата одлука наскоро да биде донесена и за Македонија, т.е да се отпочнат преговорите, со што би добиле „урамнотежен танц“ помеѓу северот и југот во процесот на проширувањето“78.

5. СЛУЧАЈОТ СО ОТПУШТЕНИТЕ НОВИНАРИ ВО КАНАЛ 5 Отпуштањето на неколкумина новинари и дел од техничкиот персонал во „Канал 5“ и

јавните обвинувања на некои од новинарите дека раководството на телевизијата „функционира под диктат и инструкции на премиерскиот кабинет“79, беше присутно во медиумите, но со различен интензитет. Додека, неколку медиуми („Дневник“, „Шпиц“, „Утрински весник“, „Време“, „А1“) за овој случај постојано и интензивно информираа, останатите медиуми („Вечер“, „Сител“, „Нова Македонија“, „Вест“, „Канал 5“, „МТВ 1“, „Телма“, „Алфа“, „Коха“, „Алсат М“), малку или воопшто не за занимаваа со отпуштените новинари и нивните обвинувања за политичките притисоци присутни во македонското новинарство.

Медиумите информирајќи за овој случај опфатија неколку аспекти: отворените писма на отпуштената новинарка Весна Ковачевска – Трпчевска, упатени до премиерот Никола Груевски и до сопственикот на Канал 5, Емил Стојменов; отвореното писмо на Дејан Гацов, екс-портпаролот на Фондот за здравствено осигурување; демантите на премиерот Груевски, на шефот на неговиот кабинет, Мартин Протоѓер, како и на раководството на телевизијата Канал 5; реакциите и загриженоста на меѓународната заедница за состојбата со медиумите во Македонија; функционирањето на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), потребата од синдикално организирање на новинарите и најавите за организирање масовен протест на новинарите – новинарско востание; општата состојба со медиумите и новинарската професија во Македонија; „препукувањата“ и „војната“ меѓу определени медиуми.

Повеќето медиуми ги објавија отворените писма на отпуштената новинарка Весна Ковачевска – Трпчевска, упатени до премиерот Никола Груевски и до сопственикот на Канал 5, Емил Стојменов, во кои таа „укажува дека новинарите се жртви на партиски и на бизнис интереси“. Ковачевска побара од премиерот да престане да им се заканува на новинарите: „Престанете да правите упад во професионалното новинарство. Можете да заплашувате криминалци, со чии криминали најверојатно ја условувате послушноста, но не и со нас кои чесно си ја работиме својата работа. Удирате по слободната мисла и ја загрозувате егзистенцијата на луѓето“80, а од Стојменов „да се спротивстави на линчот против неговите вработени“81.

Неколку дена подоцна со отворено писмо се јави и Дејан Гацов, екс-портпаролот на Фондот за здравствено осигурување, кој напиша: „новинарите и медиумските куќи се делат од страна на претставниците на Вадата на „пријатели на оваа Влада“ и на оние што не се тоа. Најглавен механизам за обезбедување на тоа „пријателско настроение“ се парите“82.

Медиумите ги објавија и демантите на премиерот Груевски, на шефот на неговиот кабинет, Мартин Протоѓер, како и на раководството на телевизијата Канал 5. Владата

77 Време, 27.07.2010 година 78 Алсат М, 27.07.2010 година 79 Дневник, 29.07.2010 година 80 Дневник, 29.07.2010 година 81 Шпиц, 29.07, 2010 година 82 Утрински весник, 06.08.2010 година

Page 19: Мониторинг на медиуми - nvoinfocentar.mknvoinfocentar.mk/wp-content/uploads/2014/10/mediumsk-ogledalo-oktomvri... · НВО ИНФОЦЕНТАР mАКЕДОНСКИ

19

негираше дека премиерот или друг владин функционер има врска со отпуштањето на новинарите: „Најсотро ги отфрламе обвинувањата за некакво наводно мешање во уредувачката политика или што било друго при функционирање на овој медиум“83. Протоѓер одговори: „Обвинувањата дека сум се мешал во уредувачката политика на телевизијата апсолутно не се точни“84, а Канал 5 остана на „својот став дека во медиумите деновиве се искажани тешки обвинувања на сметка на куќата без никакви факти и докази“ и дека „спротивно на објавеното во медиумите, никој во Канал 5 не малтретирал или на кој било начин омаловажувал“85.

Дел од отпуштените новинари беа примени во ОБСЕ, како и во амбасадата на САД во Скопје. Според медиумите, советничката на американскиот амбасадор Филип Рикер „се интересирала за какви се прекршувања на законите станува збор во случајот на отпуштените новинари, особено на Законот за работни односи, но и како се заштитени новинарите од влијанијата на газдите и на политичарите“86 и „им понудила морална, но и финансиска помош на отпуштените новинари кои најавуваат дека ќе водат судски процеси против медиумот во кој до вчера работеле“87.

Медиумите објавија дека писмата на Ковачевска стигнале до евроамбасадорот Фуере, а дека тој ги препратил и до еврокомесарот Штефан Филе. Во интервјуто за телевизија А188, амбасадорот Фуере истакна дека „во повеќе наврати Комисијата укажуваше дека постои значително мешање на политиката. Скорешниот тренд за именување на медиумскиот пазар или новинарите како „непријатели на државата“ навистина не ни помага и создава негативна атмосфера во ова поделено општество. Навистина е важно да постои поголемо разбирање и поголема почит кон медиумите и нивната независност. Граѓаните тоа го очекуваат од политичките партии, наместо нивна доминација и контрола, зашто во тој случај постои поткопување на демократијата...“.

Некои медиуми ја изразија својата загриженост дека Европската комисија (ЕК) најверојатно ќе констатира дека состојбите во медиумите се лоши и дека во медиумскиот простор се вршат силни политички влијанија. Тие потсетија на забелешките во Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија во 2009 година: „Законот за радиодифузија не е целосно применет, особено во делот на недозволената концентрираност на сопствеништвото во медиумите и нелојалната конкуренција. Не само што се прави грубо кршење на законот, туку, многу позагрижувачко е тоа што власта ваквото незаконие го толерира со години. Таквиот пример го следат и други сопственици на медиуми, кои покрај електронски имаат и печатени. Ова е опасно поради тоа штоа на незаконски начин се созадава нелојална конкуренција во медиумскиот пазар“89.

Функционирањето на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), потребата од синдикално организирање на новинарите и најавите за организирање масовен протест на новинарите – новинарско востание, се наметнаа како важни теми во јавноста. Медиумите ја објавија реакцијата на ЗНМ во врска со отпуштањето на новинарите во Канал 5: „...последните случувања во медиумската област повторно не површина ги извадија горчливите проблеми со кои се соочуваат новинарите во земјава, прекршување на слободата и социјалните права како волја на споствениците на медиумите...“90, но дел од нив констатираа дека е тоа скудна реакција: „Оние што се најповикани да ја штитат нивинарската фела, не испорачаа поддршка својствена на ваквите или слични новинарски здруженија и асоцијации во светот, па дури и во нашето опкружување.

83 Нова Македонија, 29.07.2010 година 84 А1, 30.07.2010 година 85 Канал5, 30.07.2010 година 86 Утрински весник, 30.07.2010 година 87 Шпиц, 30.07.2010 година 88 А1, 29.07.2010 година 89 Дневник, 16.08.2010 година 90 Коха, 31.07.2010 година

Page 20: Мониторинг на медиуми - nvoinfocentar.mknvoinfocentar.mk/wp-content/uploads/2014/10/mediumsk-ogledalo-oktomvri... · НВО ИНФОЦЕНТАР mАКЕДОНСКИ

20

Многумина ја оценија оваа реакција како многу млака, непримерена за настанот“91 односно дека „...во Македонија имаме едно фригидно здружение на новинари, кое секогаш се става во одбрана на новинарите со штури соопштенија и тоа не самоиницијативно, туку, по нечие барање...“92. Додека претседателот Роберт Поповски тврдеше дека ЗНМ не е во криза, дека се реформира и дека „новинарите ќе бидат заштитени онолку колку што ќе се осмелат да побараат и колку што се ингеренциите на ЗНМ...“93, некои уредници и новинари, како на пример, Горан Михајловски, главен и одговорен уредник на „Вест“ смета дека „сегашното раководство на ЗНМ нема легитимитет“94. Според новинарот Драган Антоновски: „Се ова е последица на неорганизираност на новинарите, последица на немање на здружение на новинари, немање никакво синдикално организирање“, а според Сашо Кокаланов, главен и одговорен уредник на „Дневник“: „Секој новинар треба да знае дека оваа приказна утре може да тропне на неговата врата. Ако денес молчи и ако не застане во одбрана на нашите колеги, утре нема да има кој да го брани кога истото нему ќе му се случува“.95 Дебатата за потребата од „генерален ремонт“ на ЗНМ меѓу другото се наметна и заради тоа што охридските новинари и сниматели се откажаа до Здружението. Симон Илиевски се повлече од функцијата претседател на регионалната канцеларија на ЗНМ во Охрид: „Давам неотповиклива оставка од членството на ЗНМ и од поддршката на групата за негова трансформација, зашто не успеавме да обезбедиме чесно да си го заработуваме лебот“96.

Медиумите ги објавија и најавите за организирање масовно новинарско востание. Според иницијаторите „се поочигледните факти дека власта врши упад во слободното новинарство, во медиумите не постои синдикат, а ЗНМ подолго време е нефункционално, се доволни причини за протест“ и дека „битката ќе се води за враќање на достоинството, на професионалните стандарди во новинарството, реформирање на Здружението на новинари, но и на социјалните права преку формирање синдикат, кој со оглед на состојбата во сферата на информирањето, е неопходен“97.

Медиумите кои интензивно информираа за отпуштањето на новинарите од Канал 5, констатираа дека „слободата на изразувањето во Македонија навлегува во сериозна криза, а македонските новинари станаа цел за отстрел“98. Некои медиуми дури и ја споредија пропагандата на власта со онаа на Гебелс: „Ако на ова се додадат и оценките на европретставниците и дипломатите дека демократијата во земјава назадува, односно на голем број експерти од областа на политичката комуникаија дека актуелната власт применува пропагандни методи типични за нацистичките режими, се добива впечаток дека оние што гледаат гебелсови елементи во однесувањето на вмрвовците, во најмала рака не грешат“99.

Уредниците и новинарите во своите коментари и колумни напишаа: „На новинарската заедница еве и ја пак шансата да го прекине деценискиот годишен одмор. Да го крене и гласот и стасот, да крикне најсилно што може додека уште понекој од новинарите поради своите еснафски принципи не ја доживее улицата како своја професионална судбина. Ако новинарите и нивните уредници и натаму воајраат секој од нив пименично ќе биде коавтор на тоталитарната македонска ноинарска приказна“100, односно: „Едно треба да ни биде јасно: не постои власт која не сака да ги стави медиумите под своја контрола. Главното прашање е колку медиумите се подготвени

91 Утрински весник, 06.08.2010 година 92 Време, 31.07.2010 година 93 Утрински весник, 06.08.2010 година 94 Утрински весник, 06.08.2010 година 95 А1, 29.07.2010 година 96 Нова Македонија, 05.08.2010 година 97 Време, 18.08.2010 година 98 Утрински весник, 29.07.2010 година 99 Шпиц, 03.08.2010 година 100 Дневник, 03.08.2010 година

Page 21: Мониторинг на медиуми - nvoinfocentar.mknvoinfocentar.mk/wp-content/uploads/2014/10/mediumsk-ogledalo-oktomvri... · НВО ИНФОЦЕНТАР mАКЕДОНСКИ

21

да се одбраната од таквите обиди на власта! Не треба со години да молчат за да проговорат дури тогаш кога ќе заигра отказот пред врата. Ако новинарите изградат професионален однос, кој е е најцврст гарант за јакнење на имунолошкиот систем за одбрана од секаков видпритисоци, тие секогаш ќе имаат аргумент јавно и јасно да се спротивстават на „дисциплинирањето на новинарската кичма““101.

Со свои колумни за медиумската ситуација во Македонија се огласија и неколку претставници на опозицијата. Гордан Горгиев констатира дека: „ ...сегашната борба на новинарите за слободно новинарство е мечување со игли. Ќе боцнат малку ама нема да заријат длабоко. Ова општество и граѓаните во него нестрпливо чека новинарите да го извадат мечот и да го прободат непријателот на отвореното општество директно во срцето. Никој нема да им помогне во тоа бидете сигурни. А многумина едвај чекаат да им одмогнат...“102, а Дане Талески истакна: „...денес во Македонија демократијата е загрозена поради лошата и недоговорна власт. Власта кај нас безобѕирно манипулира со информациите. За волја на вистината, секоја власт се обидува да манипулира со информациите, тоа е бенигна форма за влијание на медиумите, но кај нас добива загрижувачки размери...“103. И Ненад Новковски во својата колумна се осврна на отпуштањето на новинарите од Канал 5: „Се поставува прашањето зошто неодамна отпуштените новинари не реагирале многу порано на таквите суштински неправилности што ги забележале...Може да се претпостави дека се работи за дејствување под притисок, но тоа отвора ново прашање, а тоа е колку и какви се притисоци врз новинарите постојат и колку тие суштински го нарушуваат норалното функционирање на медиумите. За да се оформи целата слика би требало да се земе предвид дека уште од почетокот на општествената транзиција нашиот медиумски простор беше под силен притисок...“104

Иако „случајот“ со новинарите од Канал 5 главно беше третиран од аспект на генералните состојби во медиумите во државава, политичките притисоци врз новинарите и начините за зачувување на новинарскиот професионализам и етика, сепак, нетрпеливоста меѓу определени медиуми и овојпат беше присутна, а на моменти и исклучително интензивна. Овој пат „непријателството“ беше највидливо меѓу Канал 5 и А1. Во моментот кога Велија Рамковски, најави дека ќе вработи дел од отпуштените новинари, Канал 5 одговори со отворено писмо до А1, во кое со сарказам и иронија се коментира одлуката на А1: „Се радуваме што во земјава постои таква добра душа со витешка доблест каква што е Велија Рамковски, бидејќи ги вработил новинарите откако Канал 5 ги отпуштил. Браво Рамковски!...“ и во кое меѓу другото се спомнува проект на А1 за трансплантација на органи и му се упатува прашање на Рамковски: „колкав профит ќе направите од овој проект и дали во него го вклучивте и вашиот новинар Борјан Јовановски со фирмата за трансплантација на органи во која фигурира и братучедот на вашиот одговорен уредник?“105 На овој директен напад, Јовановски одговори дека „Канал 5 со своето елементарно незнаење и манипулирање, го покажува својот нерпофесионализам и неодговорност“ и дека не станува збор за фирма туку за национална фондација за трансплантација на органи: „Јас сум горд што членувам во управен одбор на една фондација која се труди да внесе нови стандарди во оваа област, за доброто на пациентите...“106.

6. КОНТРАВЕРЗНИТЕ ИЗЈАВИ НА АМБАСАДОРОТ ВО НАТО, МАРТИН ТРЕНЕВСКИ Контраверзните ставови на новоименуваниот амбасадор на Македонија во НАТО,

Мартин Треневски, во врска со алијансата и НАТО-интеграциите на државава, предизвикаа зголемен интерес кај новинарите. Тие со внимание го следеа развојот на 101 Дневник, 07.08.2010 година 102 Утрински весник, 13.08.2010 година 103 Време, 06.08.2010 година 104 Време, 10.08.2010 година 105 Шпиц, 07.08.2010 година 106 Шпиц, 07.08.2010 година

Page 22: Мониторинг на медиуми - nvoinfocentar.mknvoinfocentar.mk/wp-content/uploads/2014/10/mediumsk-ogledalo-oktomvri... · НВО ИНФОЦЕНТАР mАКЕДОНСКИ

22

настаните односно реакциите поврзани со ставовите на Треневски, од страна на домашната јавност, но и на меѓународната заедница. Сепак, интензитетот на објавување информации во врска со оваа тема варираше од медиум до медиум. Најголем интерес покажаа Утрински весник, Алфа, Канал 5, Шпиц, Време, А1, потоа Алсат, Телма, МТВ и Дневник, а најмал интерес имаше кај Вечер, Сител и Вест.

Пред собраниската Комисија за надворешна политика, претставувајќи ја платформата за својата дипломатска мисија во НАТО, амбасадорот Мартин Треневски истакна дека „заклучоците од Самиот на НАТО во Букурешт, кои се однесуваат на Македонија, а се базираат на начелата на консензус и солидарност, се апсурдни и неодржливи“ и најави „...ќе настојувам заклучокот од Самитот во Букурешт да се корегира и да се воспостави коректен однос кон нас како земја-кандидат...“107. Медиумите пренесоа дека Треневски изјавил дека „...прифаќањето на грчките барања од наша страна дефинитивно ќе значи капитулација пред агресија...“ и дека „е убеден дека угледот на НАТО е сериозно нарушен затоа што Македонија не била примена во нејзино членство пред две години...“108

Овие изјави на амбасадот Треневски, како и неговите сомневања во идното постоење на Алијансата и дека НАТО трпи сериозни загуби во Авганистан, предизвикаа бурни реакции и негодувања. Според опозицијата, визијата на Треневски е агресивна и конфронтирачка, која ја отсликува внатрешната политика на власта и затоа Игор Ивановски од СДСМ изјави: „Покрај вашата желба да го редефинирате НАТО во неговата содржина и суштина, не може да имате реторика којашто не е дипломатски дозволена, дека над Македонија се спроведува агресија од една држава – членка на НАТО“109 и додаде „Не можам да разберам на кој начин застапувате став дека Македонија треба да работи на коригирање на заклучокот на Самитот на НАТО...тоа е завршена работа...Што ќе се случува на следниот самит, тоа е друга работа“110. Павле Трајанов од Демократскиот сојуз побара да се изгради национален консензус во врска со спорот за името: „Мислам дека не треба да бидеме оптимисти оти отворените прашања што ги има РМ, особено спорот нематнат од Грција за нашето име, може да се надминат со друг консензус или други ставови од влијателни членки на НАТО“111. Поранешниот амбасадор во НАТО, Нано Ружин не беше изненаден од ставовите на Треневски кој според него е експонент на политиката на власта: „...се работи најочигледно за став на Владата, а не за личен став на Треневски...“112. Ружин, на својот колега, исто така, му порача „пред заминувањето во мисија првин многу да научи, затоа што за разговори за некои теми е потребна добра подготовка“113. Филип Петровски, првиот генерален конзул на Македонија во Њујорк, пак, изјави: „Земјава веќе одамна е во отворен конфликт со Европската унија, кој е нејизразен преку евроамабасадорот Фуере, но сега влеговме во војна со НАТО. Како што сега изгледаат работите, не во 2020 година, туку никогаш нема да влеземе во ЕУ и НАТО“114.

За разлика од нив, ВМРО-ДПМНЕ изрази согласување со ставовите на амбасадорот Треневски, МНР му посака успех во извршувањето на дипломатската мисија, претседателот Иванов го потпиша указот за неговиот амбасадорски мандат, а во одбрана на Треневски настапи и германскиот европратеник Бернд Поселт, кој смета дека тој е одличен избор за НАТО-амбасадор и дека е “пионер на евроинтегрирањето на Македонија“115. Премиерот Груевски, пак, се обиде да ги дообјасни ставовите на Треневски: „Се чини дека има недоразбирање, можеби несоодветен вокабулар во 107 Дневник, 30.07.2010 година 108 Шпиц, 30.07.2010 година 109 Канал5, 29.07.2010 година 110 Дневник, 29.07.2010 година 111 Дневник, 30.07.2010 година 112 Алфа, 21.08.2010 година 113 Телма, 20.08.2010 година 114 Шпиц, 31.07.2010 година 115 Алфа, 26.08.2010 година

Page 23: Мониторинг на медиуми - nvoinfocentar.mknvoinfocentar.mk/wp-content/uploads/2014/10/mediumsk-ogledalo-oktomvri... · НВО ИНФОЦЕНТАР mАКЕДОНСКИ

23

неговото излагање...Во секој случај стратегиската цел на Владата е членството во НАТО, ние и во оваа фаза сме негови сојузници и со Треневски немаме никакви разлики во тоа..“116

Незадоволни од изјавата на Премиерот, социјалдемократите побараа тој да објасни како е можно човек со такви ставови за НАТО да биде испратен како амбасадор во Алијансата и прашаа дали е тоа „сигнал дека се зајакнува и официјализира анти-НАТО и анти-ЕУ политиката на Груевски“117. Дистанцирање на Владата од анти-НАТО и анти-ЕУ политиката и извинување до пријателите од меѓународата заедница побара Нова демократија, а Сулејман Рушити изјави: „Секоја сериозна држава ги повлекува амбасадорите кои се во спротивност со агендите на интеграцијата. Кај нас, за жал, ги поддржува, а тоа ни дава до знаење дека нашата Влада веќе јасно оди кон изолација на Република Македонија. Изолација која во никој случај не ја посакуваат граѓаните на Република Македонија“118.

Платформата на Треневски, не предизвика реакции и изненадување само кај домашната јавност. Стејт департментот откако ја прочита платформата на Треневски, и официјално преку американската амбасада побара појаснување на неговите ставови: „ Стејт департментот во Вашингтон со изненадување ја прочита платформата на г-дин Треневски, што тој ја презентираше пред собраниската Комисија за надворешна политика, и која се чинеше дека е во спротивност со изјавите на Претседателот и на Премиерот, кои ја афирмираа стратешката цел на РМ за приклучување кон НАТО...“119. Иако писмото на Стејт департментот, од страна политичката и експертската јавност беше протолкувано како „шлаканица за освестување од Вашингтон“, амбасадорот Треневски во своето интервју за агенцијата Макфакс не само што не ги смени своите ставови, туку изјави дека тие целосно „се вклопени во рамките на стретигиските определби на Владата и приоритетите на државната надворешна политика во која НАТО-интеграцијата зазема врвно место“120.

Еден дел од уредниците и новинарите во своите извештаи и коментари, ставовите на Треневски ги оценија како „петарда во арсеналите на НАТО“121 ; некои евроатлантските интеграции ги коментираа со зборовите „каква ЕУ, какво НАТО, си имаме ние Катлановско блато“122 односно премиерот Груевски „секој ден, во секој поглед, се повеќе напредува во својата намера да ја изолира Македонија...“123; некои сметаат дека „Треневски ни навести дека со благослов на Владата ќе ја доведе Македонја во тешка карикатурална ситуација на субјект за сеопшт потсмев, бидејќи сите негови потези тргнуваат од една извитоперена позиција“124 ; а некои сметаат дека анти-НАТО и антиевропската политика на актуелната Влада е се повидлива и дека „таа како давеник испливува на површина, загрозувајќи ги најзначајните македонски стратгиски приоритети“125.

Треневски беше тема и во неколку колумни објавени во дневните весници. За Стојан Славевски, изјавите на Треневски дека како земја-кандидат ќе може да ги менуваме политиките на Алијансата не се ништо друго освен илузија. Според него, Македонија ги има усвоено сите стретегиски документи што ја дефинираат нејзината безбедносна политика, но останува нејасно зошто Националната безбедносна стратегија е класифицирана како доверлив документ и не и достапна на пошироката јавност: „ова е спротивно на принципите на алијансата за транспарентност на бебедносната

116 Утрински весник, 03.08.2010 година 117 Утрински весник, 03.08.2010 година 118 Телма, 31.07.2010 година 119 Алфа, 20.08.2010 година 120 Утрински весник, 23.08.2010 година 121 Утрински весник, 25.08.2010 година 122 Време, 30.08.2010 година 123 Време, 03.08.2010 година 124 Дневник, 31.07.2010 година 125 Утрински весник, 06.08.2010 година

Page 24: Мониторинг на медиуми - nvoinfocentar.mknvoinfocentar.mk/wp-content/uploads/2014/10/mediumsk-ogledalo-oktomvri... · НВО ИНФОЦЕНТАР mАКЕДОНСКИ

24

политика“126. Ивон Величковски е убеден дека „по се што стори досега, оваа Влада најмалку има за цел да ја види Македонија во НАТО“127, а Александар Дастевски128 смета дека на Македонија и е неопходно потребно членството во НАТО и дека не ни се потребни никакви непотребни авантури.

7. РАБОТАТА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЛУСТРАЦИЈА Во периодот кога се спроведуваше мониторингот, вниманието на медиумите го

привлече и прес-конференцијата на Комисијата за верификација на фактите, на која беше презентиран извештајот за нејзината полугодишна работа. Претседателот Јанаќие Витановски информираше дека Комисијата досега не открила кодоши меѓу носителите на јавни функции, дека „работи на десетина ’сомнителни’ досиеја на избрани функционери...а меѓу нив и има и седум-осум актуелни пратеници “129 и истакна дека Законот за лустрација создава пречки во работата на Комисијата. Затоа тој побара законски измени кои ќе и овозможат на Комисијата да располага со документацијата што сега лустраторите ја добиваат од институциите задолжени за соработка со неа. Едновремено, Витановски се пожали дека Владата „нема слух за нивната работа“, дека лустраторите „наидуваат на опструкции, и од финансиска и од техничка природа“, и дека со ребалансот на Буџетот, на Комисијата и се скратени 21 отсто од средствата.

Медиумите ги пренесоа исказите на Витановски, но најголемо внимание предизвика изјавата дека МВР извршило упад во процесот на лустрација и во работата на Комисијата со тоа што за само неколку часа му издало потврда на новинарот Драган Павловиќ-Латас дека не соработувал со странска тајна служба: „Само Комисијата за верификација на фактите може да поведе постапка и да ја утврдува вистинитоста на поднесената изјава и никој друг орган нема право и надлежност да утврдува вистинитост на изјавата, но имаме еден таков пример и ако се продолжеше така ќе имавме неинституционална и улична лустрација “130. После оваа изјава на Витановски и објавените информации во некои медиуми, весникот Вечер најави дека Латас ќе поднесе тужба против определени весници, уредници, но и против претседателот на Комисијата за лустрација.

Два дена по прес-конференцијата, Витановски закажа нова средба со новинарите на која изјави дека имал „погрешни информации“ и дека „по реакцијата во јавноста подетално го проучив предметот. Констатирав дека на споменатото лице не му е верифицирана изјава како на функционер и дека МВР не е тој орган што верифицира изјави. Издадена му е потврда дека не соработува со странски служби што е во надлежност на МВР. Упад не е направен“ 131. Витановски нагласи дека првичниот исказ бил негов личен став, дека за целата конфузија одговорни се новинарите и дека демантот не го направил под каков било притисок: „Нема никаква политика во ова и нема никакви политички гледања на овој проблем“132. За медиумите особено индикативно беше однесувањето на членовите на Комисијата, кои се дистанцираа од првичната изјава на Витановски. Томе Аџиев, наследникот на Витановски, истакна дека „никогаш во Комисијата не расправале за тоа дали МВР направило упад со потврдата што му ја издало на Латас“133 , а на прашањето дали лустраторите стојат зад прес-конференциите на претседателот , одговори: „ Стоиме зад оној дел што е во извештајот даден со цифри, со бројки“134 .

126 Дневник, 12.08.2010 година 127 Шпиц, 03.08.2010 година 128 Време, 31.08.2010 година 129 Дневник, 05.08.2010 година 130 Дневник, 07.08.2010 година 131 Нова Македонија, 07.08.2010 година 132 Телма, 06.08.2010 година 133 Време, 07.08.2010 година 134 МТВ1, 06.08.2010 година

Page 25: Мониторинг на медиуми - nvoinfocentar.mknvoinfocentar.mk/wp-content/uploads/2014/10/mediumsk-ogledalo-oktomvri... · НВО ИНФОЦЕНТАР mАКЕДОНСКИ

25

После спротивставените изјави на Витановски, медиумите констатираа дека „претседателот и потпретседателот го доведоа во прашање дигнитетот на целиот состав на Комисија, па и на процесот на лустрација“135. Новинарите го анализираа поведението на лустраторите и напишаа: „Ова е последната конфузна изјава на очигледно исплашениот претседател на Комисијата за лустрација, Јанаќе Витановски, кој за само два дена даде две сосема различни изјави, притоа вадејќи се на новинарите, дека тие ја извртеле приказната“136; „Додека Витановски вчера целосно капитулираше пред камерите, неговите колеги од Комисијата за лустрација стоеја настрана и со внимание го слушаа секој негов збор...Само, не им е прв пат да се оградуват од настапите на некој член на Комисијата...Па ако секој игра соло, како да и веруваме на Комисијата дека дејствува синхронизирано...“137; „Ова е втор пат во кусиот мандат на Комисијат, нејзини членови да даваат изјави кои подоцна се демантират. Првиот случај беше со тврдењето на еден од членовите дека во Белград се чуваат досиеја за македонски функционери“138; „Разногласието во Комисијата не се јавува прв пат. На нејзината ланска промоција, членот Ѓорги Малковски, меѓу другото, изјави дека над 200.000 досиеја се однесени во Белград. По бурните реакции во јавноста, останатите членови се оградија и се беше сведено на ’личен став’ .“139

Пишувајќи за процесот на лустрација и за работата на Комисијата, весникот Коха ги објави ставовите на претседателот на Здруженето на поранешните политички затвореници, Шпетим Положани . Тој изјави дека последните резултати само го докажуваат песимизмот што тој го имал уште од почетокот на процесот: „Ова е многу иронично и бедно. Една комисија со таква важност, врши аматерска и бедна работа. Бидејќи комисијата не е професионална, но аматерска и нејзините резултати ќе бидат аматерски.“ 140 Телевизија Алсат М141 ги објави ставовите на поранешниот соработник на УДБА, Нафи Чеграни дека „не е можно да нема соработници меѓу пратениците и високите државни функционери“ и дека „одредени кругови во Македонија се уште не сакаат отварање на досиејата од причина што шпионите се уште живи и се наоѓаат на разни функции“. Затоа Чеграни сугерираше дека „институциите треба да бараат од Белград враќање во Македонија на сите досиеја како единствена можност за затворање на ова поглавје“.

Медиумите покрај контрадикторните изјави на Витановски, се занимаваа и со барањето на Комисијата за измени на Законот за лустрација, кои ќе и овозможат да располага со документацијата што сега ја добива од институциите задолжени за соработка со Комисијата, односно ќе и овозможи на Комисијата отворен пристап и целосно располагање со документите и архивите на УБК и Архивот на Македонија. За таа цел, новинарите ги контактираа иницијаторите на овој процес и изготвувачите на Законот: Стојан Андов, Ивица Боцевски и Звонимир Јанкуловски. Андов142 во барањето на лустраторите виде „избрзана реакција“, „не верува дека решението е во тоа лустраторите да располагаат со досиејата“ и „доколку наишле на отпор или забележале дека некој ги крие фактите од нив, Андов ги охрабрува отворено да го кажат тоа бидејќи прикривањето документи се санкционира со затворска казна“ . Боцевски, сметаше дека „Македонија донесе закон со консензус, во истиот дух ја формираше Комисијата и сега не смее да си дозволиме ова тело да се претвори во ’тигар од хартија’. Треба да се види со какви проблеми во практиката се соочуваат нејзините членови“143, а според Јанкуловски „јасно е дека овој концепт на мека

135 Дневник, 07.08. 2010 година 136 Шпиц, 07.08.2010 година 137 Утрински весник, 07.08.2010 година 138 Алфа, 06.08.2010 година 139 Дневник, 07.08.2010 година 140 Коха, 06.08.2010 година 141 Алсат М, 05.08.2010 година 142 Утрински весник, 05.08.2010 година 143 Дневник, 06.08.2010 година

Page 26: Мониторинг на медиуми - nvoinfocentar.mknvoinfocentar.mk/wp-content/uploads/2014/10/mediumsk-ogledalo-oktomvri... · НВО ИНФОЦЕНТАР mАКЕДОНСКИ

26

лустрација не дава резултати. Законот има широка политичка поддршка, но само формално. Затоа е неприменлив и не може да се откријат оние што денунцирале...Ако сакаме вистинска лустрација, потребен е сосема друг концепт – цврста лустрација и тогаш ќе се види дали навистина има полтичка волја да се спроведе процесот.“144 .

Во контекст на барањата за измени на Законот, медиумите ја објавија и изјавата на премиерот Груевски дека „секоја идеја која би била во рамки на демократските процеси би била профатлива за унапредување на овој процес“145. Груевски истакна дека лустрацијата е поддржана од Владата: „Се што досега се направи во делот на лустрацијата беше иницијатива на Владата. Лустрацијата беше и дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ од 2006 година и како таква таа доби своја реализација, се разбира со одредени потешкотии, но работите се придвижија.“146.

8. ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА – 2 АВГУСТ Сите медиуми ги следеа и информираа за настаните поврзани со празнувањето на

Денот на Републиката – 2 Август. Посебно внимание, новинарите, им посветија на говорите на премиерот Никола Груевски, во Крушево; на претседателот Ѓорѓе Иванов, во меморијалниот центар на АСНОМ „Пелинце“; на претседателот на Собранието, Трајко Вељановски, пред споменикот на Ченто во Скопје и на претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, на традиционалната средба на иселениците во Трново .

Премиерот Груевски, повикувајќи на партиско обединување, истакна дека „македонското прашање се уште не е затворено, барем не во мислите на одредени поединци, кои имаа моќ да блокираат и уценуваат“ и предупреди дека „мораме да останеме претпазливи на тој план...Не сакаме никому ништо да одземаме, ниту територија, ниту култура, ниту историја, ниту нешто што е туѓо. Но, не сакаме ниту нам да ни го одземаат она што е наше“147. Според Груевски, Македонија ќе влезе во ЕУ и НАТО, гордо и достоинствено, а не со девалвиран статус и повредени чувства: „Тоа значи дека ниту за нас, ниту за нашите почитувани соседи, ниту за Европа не е добро да влеземе со низок морал, девалвиран статус, повредени чувства или како што некои знаат да кажат со свиткан ’рбет. Рационално, хумано, човечки и културолошки исправно е да седнеме на масата со нашите пријатели како Македонци “148.

Претседателот Иванов, исто така, порача „да се престане со дневнополитичките поделби“149 и апелираше „ НАТО да не прими и покрај спорот со името, а ЕУ да не дозволи освен финансиски да се доведе и до морален банкрот. Македонија секогаш ќе води сметка за интересите и за тоа нема да се правда...Некои политичари кој нашиот јужен сосед имаат проблем со нашето име и нашиот идентитет. Затоа, сакам да знаете дека тука сме да им помогнеме да го надминат овој проблем и да ја прифатат реалноста на Македонија и Македонците“150.

Спикерот Велјановски изрази жалење што „иако ги исполнивме условите за членство во НАТО, иако уште минатата година добивме препорака за започнување преговори со ЕУ, ни се случуваат блокади. А причината е само една – националниот, културниот и јазичниот идентитет на македонскиот народ“151 и констатира дека „оваа битка што ја водиме со преговори ќе резултира со решение кое нема да задира во нашиот

144 Утрински весник, 06.08.2010 година 145 Алфа, 05.08.2010 година 146 Алсат М, 05.08. 2010 година 147 Шпиц, 03.08.2010 година 148 Вечер, 03.08.2010 година 149 Вест, 03.08.2010 година 150 А1, 02.08.2010 година 151 Телма, 02.08.2010 година

Page 27: Мониторинг на медиуми - nvoinfocentar.mknvoinfocentar.mk/wp-content/uploads/2014/10/mediumsk-ogledalo-oktomvri... · НВО ИНФОЦЕНТАР mАКЕДОНСКИ

27

национален идентитет и ќе овозможи наша целосна интеграција во ЕУ каде македонскиот народ и сите граѓани, културно и цивилизациски припаѓаат“152.

Тодор Петров, според медиумите, отиде најдалеку во својата реторика особено во своите пораки до Грција и ЕУ: „Македонците од целиот свет бараат итен и безусловен прекин на преговорите за промена на државното име на Македонија. Македонците го осудуваат нацифашизмот на Атина и апартхејдот на европската бирократија спрема Македонија... Доколку Атина не ја признае Македонија, Елада нема да биде цела. Банкротот во кој вплови, сега ќе ја проголта и старата дама, затоа што ариевскиот фашистички модел на еднородна и едноверна нација конечно ќе го снема“153. Петров не штедеше пораки ни спрема домашната јавност и на „домашните, како што рече, врховисти и квислинзи им порача дека велепредавството е кривично дело“154.

Медиумите ги пренесоа и реакциите на политичките партии кои главно беа критички настроени кон официјалните илинденски говори. Опозицијата коментирајќи го говорот на Премиерот истакна дека „Груевски е целосно дезориентиран, не знае во која насока се движи Македонија, ниту пак има визија за нејзината иднина“155. Андреј Петров од СДСМ нагласи дека Премиерот „има декларативен повик за национално единство„ и дека нема „ништо ново од Груевски и од неговата антиквизација и партизација“156. Според Стојан Андов, лидерот на ЛП, Груевски „прави раздор и поделба во државата по сите основи, а самиот народен собир го претвори во партиски“ и дека „преродбата на Груевски има намера да ги прероди ЕУ и НАТО, тие да ги сменат своите постулати на кои функционираат“157. Имер Селмани од Нова демократија, пак, говорот на Премиерот го цени како „уште една провокација и сигнал дека не сака да го реши спорот со името“158. Андреј Жерновски од ЛДП, констатираше дека Груевски секоја година го кажува истото, дека повиците за единство се само фрази за да му се допадне на народот и дека „ниту имаме заедничка стратегија со власта за важните прашања, ниту одлуките се носат во разговоро со опозицијата. Неединство имаме дури и кога политичарите одат да реферираат во Брисел“159. Тито Петковски од НСДП оцени дека говорот на Премиерот бил „ исполнет со демагогија, без конкретни решенија како да го оствари стратегиските определби на Македонија“160. За ДУИ приоритет во обединувањето треба да биде надворешната политика: „Треба да сме сплотени за важните прашања, како што се зачленувањето во ЕУ и НАТО“161.

Новинарите за мислење ги запрашаа и дел од интелектуалците во државава. Ибрахим Мехмети истакна дека бил фрапиран од еднопартискиот дух на илинденската прослава во Крушево и дека поделеноста е резултат на кратковидоста на политичките елити: „Манифестирање на политички примитивизам, неспособност да види заеднички интерес и да препознае трајни вредности“162. Ризван Сулејмани смета дека има „пукнатина во самиот коцепт на државноста“ и дека актуелното празнување на Илинден е „сосема спротивно од мултиетничките и космополитските определби на Крушвскиот манфест“163, а професорот Кекеновски има заблешка на тоа што „празниците во Македонија се етнизираат и што партиските војници ја исвиркале опозициската делегација.“164.

152 Вест, 03.08.2010 година 153 А1, 02.08.2010 година 154 Сител, 02.08.2010 година 155 Шпиц, 04.08.2010 година 156 Шпиц, 04. 08.2010 година 157 Шпиц, 04.08.2010 година 158 Шпиц, 04.08.2010 година 159 Нова Македонија, 04.08.2010 година 160 Време, 04.08.2010 година 161 Нова Македонија, 04.08.2010 година 162 Утрински весник, 04.08.2010 година 163 Утрински весник, 04.08.2010 година 164 Време, 04.08.2010 година

Page 28: Мониторинг на медиуми - nvoinfocentar.mknvoinfocentar.mk/wp-content/uploads/2014/10/mediumsk-ogledalo-oktomvri... · НВО ИНФОЦЕНТАР mАКЕДОНСКИ

28

Уредниците и новинарите во некои медиуми празнувањето на Денот на Републиката го оценија како „партиски наместо народен собир“ и дека „како што тргнале, премиерот и претседателот ќе не сместат во историските читанки. Со нивните илинденски пораки наместо во ЕУ и НАТО, не вкопуваат тука кај што сме“165; „Ако Груевски повикува на сплотеност, да не дозволи ’неговите’ да свиркаат по делгацијата на политичките конкуренти на државен празник. Ако Ахмети смета дека треба да има единство за НАТО и за ЕУ, нека помогне да се залечат раните од конфликтот...Ако Црвенковски навистина посакува национално единство, нека си го повтори значењето на терминот конструктивна опозиција“ 166; „Кога еден ден ќе се реши проблемот со Грција, дали конечно ќе се смени вокабуларот на партиските говори и ќе исчезнат ’дежурните ’внатрешни и надворешни непријатели. Граѓаните конечно да добијат одговор имаат ли политичарите визија каде одат“167; „Партиски собир со државни пари...Како моѓе поинаку да се протолкува говорот на премиерот Никола Груевски на Мечкин камен, кој личеше на обраќањата на лидерите од времето на комунизмот“168.

Имаше медиуми кои упатија остра критика на адреса на Тодор Петров оценувајќи ја реториката на неговиот говор во Трново како „скандалозна, тврда национална, на моменти и националистичка реторика за одбрана на името и клетви врз јужниот сосед и Европа“169, а некои медиуми констатираа дека неговите ставови се ставови и на Владата и дека „тоа уште еднаш ја открива намерата на премиерот, неговото ’не’ на Европа, дозирано да и го кажуваат други и така тоа да се тегне уште барем две години до новите избори...“170

Дел од медиумите забележаа дека на Мечкин камен ги немаше евроамбасадорот Фуере и американскиот амбасадор Филип Рикер кои „ некогаш беа редовни гости на собирите на Владата“171.

III ЗАКЛУЧОЦИ Анализата на квалитетот на информирањето покажува дека поголемиот дел од

медиумите активно ја потикнуваат јавната дебата за актуелните теми со тоа што ги пренесуваат изјавите на Владата, опозицијата, експертите и невладините организации, а забележливо е и зголемувањето на коментаторскиот пристап на уредниците и новинарите, особено во печатените медиуми. Некои медиуми во зависност од комплексноста на темата објавуваат информации кои имаат едукативна содржина, што не е вообичаена практика.

Некои од медиумите не известуваат за сите аспекти на настаните и темите што ги следат. Има медиуми кои за некои настани и случувања многу малку или воопшто не информираат. Ваквиот начин на информирање ја наметнува дилемата, дали некои медиуми намерно не известуваат за определени аспекти на случувањата или пак, не информираат за нив сметајќи ги за неважни и маргинални. Сепак, со ваквиот селективен пристап, овие медиуми не и обезбедуваат на својата публика професионално, квалитетно и сеопфатно информирање. Ова доведува до заклучок дека граѓаните доколку не ги следат истовремено повеќето медиуми, не можат секогаш да изградат информиран став за сите актуелни случувања.

Анализата покажува и тоа дека медумите отвораат многу прашања, но не успеваат

докрај да ги одговорат. Ова предизикува дополнителна конфузија во јавноста. Имајќи ја

165 Дневник, 10.08.2010 година 166 Нова Македонија, 04.08.2010 година 167 Утрински весник, 04.08.2010 година 168 Време, 04.08.2010 година 169 А1, 02.08.2010 година 170 Време, 05.08.2010 година 171 Време, 04.08. 2010 година

Page 29: Мониторинг на медиуми - nvoinfocentar.mknvoinfocentar.mk/wp-content/uploads/2014/10/mediumsk-ogledalo-oktomvri... · НВО ИНФОЦЕНТАР mАКЕДОНСКИ

29

предвид динамиката на настаните, медиумите не успеваат секогаш докрај да ги следат случувањата и дополнително да ги истражуваат, а уште помалку имаат простор да наметнуваат свои теми.

Препукувањата и непријателствата меѓу определени медиуми продолжуваат. Ова

дополнително го влошува медиумскиот амбиент и ги одалечува новинарите од решавањето на проблемите поврзани со нивниот професионализам, етика и социјален статус. Особено индикативно е тоа што случајот со отпуштените новинари на Канал 5 и состојбите со медиумите во државата, во поголемиот дел од медиумите малку или воопшто не беа застапени. Новинарите потсетија на забелешките на ЕК за медиумската ситуација во Македонија, а некои дури и претпоставија дека ЕК во новиот извештај ќе биде уште покритична и ќе констатира влошување на состојбите.

Новинарите известувајќи за актуелните теми не ја забораваат европската рамка, а некои медиуми, барањата на ЕУ за напредок во евроинтеграциските реформи, ги користат како изговор за оправдување на владините политики (во случајот со професионализацијата на членовите на ДКСК). Дел од медиумите имаат критички однос кон власта и владините политики (случајот со фармерот Илиевски и состојбите во Државната комисија за спречување корупција), а некои отворено укажуваат на тоа дека владините политики се недвосмислено анти-НАТО и анти-ЕУ (контраверзните ставови на амбасадорот Треневски). Определени медиуми се наклонети кон власта и нејзините политики, и кај нив се забележува селективност во информирањето, но и помал интензитет во критичкиот и коментаторскиот пристап на новинарите и на уредниците.