14
Скопје, Коле Неделковски 22 тел./факс: 3 118 333 E-mail: [email protected] СО РАНОСТАРТУВАЧКИ ГРОМОБРАН ERICO ® SI ГРОМОБРАНСКА ЗАШТИТА C M A N A G E M EN T S Y S T E M ISO 9001:2000 E R T I F I E D

ГРОМОБРАНСКА ЗАШТИТА - iskraatg.com.mk Interceptor SI.pdf · Системот за заштита од атмосферски празнења со фаќач со

  • Upload
    others

  • View
    28

  • Download
    4

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: ГРОМОБРАНСКА ЗАШТИТА - iskraatg.com.mk Interceptor SI.pdf · Системот за заштита од атмосферски празнења со фаќач со

Скопје, Коле Неделковски 22 тел./факс: 3 118 333 E-mail: [email protected]

СО РАНОСТАРТУВАЧКИ ГРОМОБРАН ERICO®SI

ГРОМОБРАНСКА ЗАШТИТА

C

MA

NAGEMENT SYSTEM

ISO 9001:2000

E R T I F I E D

Page 2: ГРОМОБРАНСКА ЗАШТИТА - iskraatg.com.mk Interceptor SI.pdf · Системот за заштита од атмосферски празнења со фаќач со

ВОВЕД

Заштитата на објекти од атмосферски празнења со фаќач со уред за рано стартување треба да ги задоволува барањата на македонскиот стандард МКС Н.Б4.810 (MKS N.B4.810) /12.12.2000. Според наведениот стандард, но и според светските искуства, предноста на раностарту-вачкиот громобран во однос на класичниот метален стап е голема, па затоа во ова упатство детално ќе биде образложен системот за заштита од атмосферски празнења на светскиот лидер во оваа област ERICO®. Примената на овие уреди овозможува не само заштита на објектите туку и заштита на површината околу објектот (опрема, луѓе, коли и слично), што не е случај со заштита на објектот со Фарадеев кафез. Системот за заштита од атмосферски празнења со фаќач со уред за рано стартување е незаменлив при заштита на објекти на отворен простор како што се: спортски терени, пазари, плажи, автокампови, аеродроми, плоштади, терминали и слично. Нивната монтажа е поедноставна и побрза, додека за поголеми објекти или комплекси е и поефтин од громобранската заштита со Фарадеев кафез. За европскиот пазар овој систем е изработен и тестиран според францускиот NFC 17-102 и шпанскиот UNE-21186 стандард. Испитувањата се направени во независна високонапонска лабораторија со симулација на природни услови на атмосферски празнења.

ЕЛЕМЕНТИ НА СИСТЕМОТ

Основните елементи на раностартувачкиот систем на заштита од атмосферски празнења се дадени на слика 1.

1. фаќач со уред за рано стартување

2. одводни спроводници 3. заземјувач 4. бројач на атмосферски празнења

5. монтажни елементи

слика 1

___________________________________________________________________________________________________

-1- [email protected] тел/факс: 3 118 333

Page 3: ГРОМОБРАНСКА ЗАШТИТА - iskraatg.com.mk Interceptor SI.pdf · Системот за заштита од атмосферски празнења со фаќач со

1.ФАЌАЧ СО УРЕД ЗА РАНО СТАРТУВАЊЕ

ERICO® фаќачот има изглед на метален стап во чиj врв е вграден уред што обезбедува порано иницирање на нагорен лидер во споредба со обичен Френклинов стап. Изгледот на ERICO® фаќачот и неговите составни елементи е претставен на слика 2. Тој е секогаш највисоката точка (најмалку 2m повисоко) во областа што се заштитува, вклучувајќи ги антените, разладните комори, покривите итн. Во услови на грмотевица кога громот лидер се приближува кон земјата, сите точки кои се наоѓаат на земјината површина се потенцијални места каде може да се испразни громот т.е. нагорен лидер може да биде создаден од било која површина на земјата. Во случај, кога е поставен ERICO®

INTERCEPTOR SI времето на иницирање на нагорен лидер е многу пократко во однос на иницирањето на нагорни лидери од останатите предмети на земјината површина. За време на високи статички полиња кои се карактеристични при атмосферските празнења ERICO® INTERCEPTOR SI генерира контролирана големина и фреквенција на импулси кон врвот од терминалот. Со ова се овозможува создавање на нагорен лидер од терминалот кој на точно определено растојание ќе го пресретне громот лидер.

1. Ударно шило 2. Некорозивен челик, тело отпорно на корозија 3. Секција за контрола на високиот напон 4. Штраф за навртување 5. Навоен спојувачки дел 6. Јарбол за прицврстување

слика 2 ERICO® производите се изработени по ISO 9001:2000 и компјутерски се моделирани при нивното развивање и лабораториско тестирање. Тие се поддржани со опширна литература, извештаи од тестирањата, техничка документација, листови со податоци, инструкции за инсталирање и ризик-анализи.

___________________________________________________________________________________________________

-2- [email protected] тел/факс: 3 118 333

Page 4: ГРОМОБРАНСКА ЗАШТИТА - iskraatg.com.mk Interceptor SI.pdf · Системот за заштита од атмосферски празнења со фаќач со

Ефикасноста на фаќачот со уред за рано стартување се испитува со споредување на времето на иницирање на нагорен лидер во споредба со нагорниот лидер емитуван од обичен метален стап. ERICO®SI беше тестиран во една независна високонапонска лабораторија во согласност со побарувањата на Францускиот NFC 17-102 и Шпанскиот UNE-21186 стандард. Како што е дефинирано од горните два стандарди, тестирањето беше спроведено со симулација на природни услови со што се овозможи компарација на перформансите на различните системи на громобранска заштита. Тестот симулираше природни услови каде што громот лидер беше симулиран со Marx-ов генератор со долго челно време а електричното поле помеѓу облаците и зeмјата беше симулирано со DC генератор. Короната создадена на врвот од прачката е измерена со помош на photo-multiplier со што е овозможено да се одреди времето на реакција на обичниот пасивен врв (SR) и времето на реакција на ERICO®INTERCEPTOR (SI). Просечното време е пресметано и измерено за двата случаи.

Пораното стартување ΔT се користи за пресметување на радиусот на заштита. Тоа се изразува преку релацијата: ΔT=T(SR) – T(SI) T(SR) – е средно време на стартување на нагорен лидер од обичен метален стап T(SI) – е средно време на стартување на нагорен лидер од ERICO®INTERCEPTOR SI Во зависност од големината на ΔТ, постојат три типа на фаќачи ERICO®INTERCEPTOR SI: • SI 25 -овозможува порано стартување за ΔТ =25μs • SI 40 -овозможува порано стартување за ΔТ =40μs

• SI 60 -овозможува порано стартување за ΔТ =60μs

ERITECH®INTERCEPTOR SI ESE Според NFC 17-102, UNE-21186 и MKS N.B4.810 стандардите

___________________________________________________________________________________________________

-3- [email protected] тел/факс: 3 118 333

Page 5: ГРОМОБРАНСКА ЗАШТИТА - iskraatg.com.mk Interceptor SI.pdf · Системот за заштита од атмосферски празнења со фаќач со

2.ОДВОДНИ СПРОВОДНИЦИ

Одводните спроводници имаат задача да ја спроведат ударната струја I(kA) до заземјувачот. Тие се прицврстуваат за ERICO® INTERCEPTOR SI со поврзувачки елемент кој што обезбедува долгорочен електричен контакт. Одводните спроводници се изведуваат со чист или калаисан електролитски бакар, некородирачки челик, алуминиум и поцинкуван челик. Во системот на заштита од атмосферски празнења со порано стартување ERICO® предвидени се 4 видови на спроводници, и тоа; спроводник со кружен пресек, јаже, лента и специјален ERICO® кабел Недостаток на првите три спроводници е што при спроведување на ударната струја, околу нив се создава многу силно електрично и магнетно поле кое може да ги уништи сите електрични уреди кои се во близина на спроводникот, може да продуцира опасни електрични прескоци од спроводникот до блиските заземјени делови, а во најлош случај, да повреди или усмрти живо суштество кое ќе се најде во полето на прескокот. Последните неколку години ERICO® вршеше интензивни испитувања и истражувања и гореспоменатите недостатоци се елиминирани со употреба на специјалниот ERICO® кабел кој со својата специјална изведба овозможува спроведување на струјата на атмосферското празнење до заземјувачот без никаква опасност за електричните уреди или живи суштества кои се во близина на кабелот.

слика 3 На слика 3 и табела 1 се прикажани структурата и електричната импеданса на ERICO®

кабелот.

Бакарна лента 25x3 mm2 Z0=230Ω/m L=963nH/m

ERICO кабел, бакар 35mm2 (Φ=24mm) Z0=6.7Ω/m L=33nH/m

ERICO кабел, бакар 50mm2 (Φ=36mm) Z0=4.5Ω/m L=22nH/m

табела 1 Иако ERICO® кабелот има значително повисока цена во однос на класичните спроводници, сепак, неговата многу помала електрична отпорност, едноставното прицврстување на објектот како и безбедноста што ја нуди, ја оправдува неговата цена. ___________________________________________________________________________________________________ -4- [email protected] тел/факс: 3 118 333

Page 6: ГРОМОБРАНСКА ЗАШТИТА - iskraatg.com.mk Interceptor SI.pdf · Системот за заштита од атмосферски празнења со фаќач со

3.ЗАЗЕМЈУВАЧ

Системот за заштита од атмосферски празнења ERICO® дозволува употреба на било каков заземјувач кој е изработен во согласност со МКС Н.Б4.810, а отпорноста на распростирање да е ≤ 10Ω.

4.БРОЈАЧ НА АТМОСФЕРСКИ ПРАЗНЕЊА

Изгледот и монтажата на бројачот ERICO®, дадени се на слика 4. Во пракса, тој се поставува на најдиректниот одводник над испитната спојка и на висина од сса 2m над нивото на земјата. Иако не е неопходен, сепак бројачот на атмосферски празнења е пожелен бидејќи дава два многу битни податоци за проектираниот систем за заштита од атмосферски празнења, и тоа:

слика 4

• го определува бројот на атмосферските празнења во објектот • ја оправдува вложената инвестиција за системот за заштита

5.МОНТАЖНИ ЕЛЕМЕНТИ

Поставувањето на фаќачот со уред за рано стартување, поврзување со одводните спроводници, водењето на одводните спроводници како и нивно поврзување со заземјувачот, имплицира употреба на соодветни монтажни елементи. Монтажните елементи мора да обезбедат цврста и сигурна електрична и механичка врска на елементите од системот за заштита од атмосферски празнења. На слика 5,6,7,8 и 9 дадени се потребниот алат кој е неопходен при монтажа на елементите од системот, скици за монтажа, водење и прицврстување на елементите на системот за заштита од атмосферски празнења како и потребните монтажни елементи.

___________________________________________________________________________________________________

-5- [email protected] тел/факс: 3 118 333

слика 5

Page 7: ГРОМОБРАНСКА ЗАШТИТА - iskraatg.com.mk Interceptor SI.pdf · Системот за заштита од атмосферски празнења со фаќач со

НАЧИН НА ПОВРЗУВАЊЕ И МОНТАЖНИ ЕЛЕМЕНТИ

слика 6

___________________________________________________________________________________________________

-6- [email protected] тел/факс: 3 118 333

Page 8: ГРОМОБРАНСКА ЗАШТИТА - iskraatg.com.mk Interceptor SI.pdf · Системот за заштита од атмосферски празнења со фаќач со
Page 9: ГРОМОБРАНСКА ЗАШТИТА - iskraatg.com.mk Interceptor SI.pdf · Системот за заштита од атмосферски празнења со фаќач со
Page 10: ГРОМОБРАНСКА ЗАШТИТА - iskraatg.com.mk Interceptor SI.pdf · Системот за заштита од атмосферски празнења со фаќач со
Page 11: ГРОМОБРАНСКА ЗАШТИТА - iskraatg.com.mk Interceptor SI.pdf · Системот за заштита од атмосферски празнења со фаќач со

ПРОЕКТИРАЊЕ НА СИСТЕМ ЗА ЗАШТИТА ОД АТМОСФЕРСКИ ПРАЗНЕЊА ERICO®

Според МКС Н.Б4.810, системот за заштита од атмосферски празнења ќе биде ефикасен само ако го задоволува основниот услов скициран на слика 10, а тоа е да објектот што се штити биде во просторот ограничен со анвелопата од кружници чии центри се наоѓаат на истата оска на која се наоѓа фаќачот со уред за рано стартување а чии радиуси соодветствуваат на различните висини на поставување на фаќачот h што се разгледуваат:

слика 10 rpn (n=1,2,3,4) – радиус на заштита на фаќачот на разгледуваната висина hn (n=1,2,3,4) – релативна висина на врвот на фаќачот во однос на хоризонталната рамнина која минува низ врвот на елементот кој треба да се штити За одредување на точната форма на анвелопата потребно е да се пресмета rpn за сите релативни висини hn на карактеристичните точки на објектот. Радиусот на заштита на фаќачот rp зависи од неговата висина h во однос на областа што се штити, од неговото порано стартување ΔТ и од избраното ниво на заштита. Радиусот на заштита rp се пресметува според следната формула:

rP= h(2R-h)+ L(2R+ L) (за h 5m) rp - радиус на заштита h - висина на врвот на фаќачот во однос на површината што треба да биде заштитена R - радиус на фиктивна сфера – ударно растојание

Вредноста на ударното растојание зависи од нивото на заштита и спорад МКС Н.Б4.810 тоа изнесува:

R= 20m за I ниво на заштита R= 30m за II ниво на заштита R= 45m за III ниво на заштита R= 60m за IV ниво на заштита

Изборот на нивото на заштита се врши на основа карактеристиките на објектот и тоа: -очекувана зачестеност на атмосферски празнења во регионот во кој се наоѓа објектот -градба на објектот (цврста, монтажна, метална) -вредност на објектот

___________________________________________________________________________________________________

-10- [email protected] тел/факс: 3 118 333

Page 12: ГРОМОБРАНСКА ЗАШТИТА - iskraatg.com.mk Interceptor SI.pdf · Системот за заштита од атмосферски празнења со фаќач со

-намена на објектот (магацин, училиште, станбена зграда, индустриски објект, деловна зграда, магацин за запаливи материјали) -присуство на луѓе во објектот -очекувана материјална штета или човечки жртви во случај на атмосферско празнење При најголем ризик, односно најголеми очекувани штети и последици се бира I ниво на заштита. При најмал ризик, односно најмали очекувани штети и последици се бира IV ниво на заштита. Експериментално и искуствено е докажано дека доволна е поделба на 3 нивоа на заштита и тоа:

I ниво на заштита - R= 20m II ниво на заштита - R= 45m III ниво на заштита - R= 60m

ΔL(m) – должина на нагорниот лидер ΔL(m)=ν(m/μs)· ΔТ(μs) ν(m/μs) – брзина на нагорен лидер ΔТ(μs) – време на порано стартување За 2m≤h<5m, радиусот на заштита rp се пресметува со следната формула: rp=0,2·h·rp (h=5m) Напомена: Според NFC 17-102 и МКС Н.Б4.810 никогаш висината на фаќачот h не смее да биде помала од 2m, односно, фаќачот мора да биде поставен на висина еднаква или поголема од 2m во однос на највисоката точка на објектот.

Во пракса не постои 100% сигурен систем за заштита од атмосферски празнења. Системот за заштита од атмосферски празнења ERICO® ја гарантира следната сигурност на заштита:

за I ниво на заштита – 98% за II ниво на заштита – 95% за III ниво на заштита – 80%

слика 11

___________________________________________________________________________________________________

-11- [email protected] тел/факс: 3 118 333

Page 13: ГРОМОБРАНСКА ЗАШТИТА - iskraatg.com.mk Interceptor SI.pdf · Системот за заштита од атмосферски празнења со фаќач со

Од гореспоменатата процедура за избор на ефикасен систем на заштита од атмосферски празнења се гледа дека зоната, односно, радиусот на заштита е строго поврзан со ΔТ, со нивото на заштита и со висината на поставување на фаќачот. За побрз и поедноставен избор на систем за заштита, ERICO® изработи модел (слика 11) и табела (табела 2) со податоци во кои се внесени веќе пресметаните податоци за rp за различни комбинации на влезните параметри.

Ниво на заштита

Ниво на заштита 1 (98%, R=20m)

Ниво на заштита 2 (95%, R=45m)

Ниво на заштита 3 (80%, R=60m)

Модел SI 25 SI 40 SI 60 SI 25 SI 40 SI 60 SI 25 SI 40 SI 60 ΔТ(μs) 25 40 60 25 40 60 25 40 60

h (m) rp (m) радиус на заштита 2 17 23 32 23 30 40 26 34 44 3 25 35 48 34 45 59 39 50 65 4 34 46 64 46 60 78 52 67 87 5 42 58 79 57 75 97 65 83 107 6 43 59 79 58 76 97 66 84 107 7 44 59 79 59 76 98 67 85 108 8 44 59 79 60 77 99 68 86 108

табела 2 Според моделот и табелата, се применува следниот редослед на активности за избор на најефикасен систем за заштита:

- се одредува потребното ниво на заштита (I,II,III) - се избира најповолна локација за поставување на фаќачот (фаќачите) - се избира модел на фаќачот (SI 25, SI 40 или SI 60) - се одредува висината h на која ќе биде поставен фаќачот - во табелата се наоѓа вредноста на радиусот на заштита rp и таа вредност се споредува со габаритните димензии на објектот на соодветната хоризонтална површина (на пример rp1) (слика 10)

- во колку вредноста на rp1 задоволува се проверува вредноста на rp2 (за висина h2) - во колку вредноста на rp2 задоволува се проверува вредноста на rp3, ...и.т.н. - во случај да некоја од вредностите на rpn (n=1,2,3,4) не задоволува, тогаш се избира или следниот модел на фаќачот или се зголемува висината h, или и двете работи истовремено, а целата процедура се повторува.

Во случај да не е можно објектот да се покрие со анвелопата од еден фаќач, тогаш се применуваат два или повеќе фаќачи поставени на најпогодна локација а постапката за избор на систем за заштита се спроведува за секој фаќач посебно.

___________________________________________________________________________________________________

-12- [email protected] тел/факс: 3 118 333

Page 14: ГРОМОБРАНСКА ЗАШТИТА - iskraatg.com.mk Interceptor SI.pdf · Системот за заштита од атмосферски празнења со фаќач со

Напомена:

За најкомплицираните објекти кои спаѓаат во I ниво на заштита, Искра АТГ нуди безплатни стручни совети или идејни проекти за избор на најефикасен систем на заштита од атмосферски празнења со раностартувачки фаќач ERICO®SI.

За сите други информации во врска со заштитата на објекти од атмосферски празнења, се користат и македонските стандарди:

МКС Н.Б4.801 – заштита на објекти од атмосферски празнења – општи услови МКС Н.Б4.803 – заштита на објекти од атмосферски празнења – просечен годишен број

денови со грмотевици МКС Н.Б4.804 – заштита на објекти од атмосферски празнења – толерирана зачестеност

на атмосферски празнења МКС Н.Б4.901 до МКС Н.Б4.950

ИСКРА АТГ испорачува и опрема за таканаречена секундарна заштита од пренапонски појави на телекомуникациските и информатичките – компјутерските системи предизвикани од индуцирани пренапонски појави од различни причини, меѓу кои и од атмосферските празнења. Опремата е со врвен светски квалитет, производ на ISKRA ZAŠČITE – Љубљана.

___________________________________________________________________________________________________

-13- [email protected] тел/факс: 3 118 333