28
Законската регулатива за заштита на потрошувачите. пресек на проблемите и очекувањата на потрошувачите од ООП М-р Маријана Лончар Велкова

Законската регулатива за заштита на потрошувачите

  • Upload
    -

  • View
    246

  • Download
    4

Embed Size (px)

DESCRIPTION

пресек на проблемите и очекувањата на потрошувачите од ООП / М-р Маријана Лончар Велкова

Citation preview

Законската регулатива за заштита на потрошувачите.

пресек на проблемите и очекувањата на потрошувачите од ООП

М-р Маријана Лончар Велкова

Развојот на потрошувачката политика

• Започна во 1962 со пораката на претседателот на САД Џон Кенеди, со која тој ги промовираше основните права на потрошувачите.

• Преку OECD потрошувачкото движење премина во континентална Европа и влијаеше поголемиот број од земјите членки да развијат национални потрошувачки политики.

• Во 1975 усвоен е првиот програм за заштита на потрошувачите од страна на ЕЗ, формулирајќи ги петте основни права во линија со прокламираните од претседателот Кенеди, како пет основни потрошувачки права.

• Во април 1985 година со резолуција на ООН усвоени се Насоките за заштита на потрошувачите (Guidelines for consumer protection).

• Во 1999 година Насоките се проширени со уште едно поглавје - одржлива потрошувачка

• Како основа за развојот на потрошувачкото право во ЕУ – Consumers Acquis, земени се предвид следниве потрошувачки права:

правото на заштита на здравјето и безбедноста, правото на заштита на економските интереси, правото на надомест/обештетување, правото на информирање и едукација, правото да бидат застапени интересите на потрошувачите

Потрошувачкото право на ЕУ

(Consumers Acquis) и имплементацијата во РМ

1. Правото на заштита на здравјето и безбедноста

- EC Directive on Product Safety 2001/95 и др. Директиви од областа на безбедноста на храната, REACH регулативата, и сл..

Во РМ се имплементирани во Законот за безбедност на производите и во Правилникот за безбедност на детски играчки (донесен врз основа на овој закон).

• Закон за безбедност на храната• Закон за хемикалии• Закон за безбедност на козметичките производи• и др. закони

2. Правото на заштита на економските интереси на потрошувачите

- Directive 2005/29 on unfair commercial practices

- Directive 99/44 on consumer sales

- Directive 93/13 on rules on the control of unfair terms in consumer contracts

Имплементирани се во ЗЗП.

Consumers Rights Directive усвоена е во октомври 2011 (ја става вон сила Directive 85/577 on door step selling and 97/7 on distant selling) – ЗЗП треба да се усогласи со оваа Директива, односно истата треба да се транспонира во нашето законодавство.

2. Правото на заштита на економските интереси на потрошувачите

Directive 2008/122 on time sharing – нашето законодавство треба да се усогласи со оваа директива ( ЗЗП)

Directive 90/314 on package tours – Имплементирана е во Закон за туристичката дејност

Directive 2008/48 on consumer credit – имплементирана е во Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити

Directive 2002/65 distant selling of financial services, Имплементирана е во Законот за давање на финансиски услуги на далечина.

2. Правото на заштита на економските интереси

• Directive 2009/72 on electricity

• Directive 2009/73 on gas• Directive 2009/136 on universal services in

telecommunication, • Directive 2007/64 on payment services.

Релативно нови директиви, кои не се транспонирани во ЗЗП.

Потребно е да се направи проценка на нивната досегашна транспозиција во посебните закони со посебен осврт на заштита на ранливите потрошувачи.

3. Правото на обештетување на потрошувачите

• Директивата за одговорноста за штета причинета од производот (EC Directive on Product Liability 85/374)

транспонирана е во: • Закон за заштита на потрошувачите • Закон за облигационите односи Потребна е проценка за степенот на

усогласеност на нашите прописи со директивата.

4. Правото на информирање на потрошувачите

• Правото на едуцирање го надоградува правото на информирање (Treaty of Amsterdam)

• Голем број закони во РМ ја утврдуваат обврската на економските оператори за информирање на потрошувачите, преку пласман на веродостојни и навремени информации.

- Директивата 29/2005/ЕК за нечесна пазарна пракса, транспонирана е во ЗЗП во 2011 година;

- Други специјални закони ( храна, финансиски услуги и сл.);

• Едукацијата на потрошувачите е влезена во образовниот курикулум (во предметот вештини за живеење)

5. Правото на организирање и застапување на потрошувачите

• Организирање на потрошувачите во здруженија на национално, европско (BEUC - Европската потрошувачка организација) и меѓународно ниво (Consumers’ International – Светската потрошувачка организација)

– ОПМ е членка во двете организации• Претставување на потрошувачите во органите и телата каде се

одлучува за нивните интереси (централно и локално ниво) • Директивата Директивата 2009/22/2009/22/ЕЗ за судските и управните забрани за ЕЗ за судските и управните забрани за

заштита на колективните интереси на потрошувачите е заштита на колективните интереси на потрошувачите е транспонирана во ЗЗП во 2011 година, но транспонирана во ЗЗП во 2011 година, но почнува со примена од почнува со примена од 2012 година.2012 година.

• Улогата на кодексите на однесување - контролата на применување на кодексот може да биде само доуредување, а не заменување на постапката за забраната на нечесно работење утврдено со ЗЗП.

Програми за заштита на потрошувачите во Р.Македонија

• програма за заштита на потрошувачите за периодот 2005-2006 година

• програма за заштита на потрошувачите за периодот 2007-2008 година

• програма за заштита на потрошувачите за периодот 2009 - 2010 година

• програма за заштита на потрошувачите за периодот 2011 – 2012 година

пресек на проблемите на потрошувачите

(статистика од ОПМ)

СОВЕТУВАЊА 2010

Вкупен број советувања општо правни и специјалистички за сите советодавни бироа за 2010 година изнесува 4773.

Од нив, бројот на општоправни советувања изнесува 3995 а на

специјалистички 778

ОПШТО ПРАВНИ СОВЕТУВАЊАвкупно 3995

• Гаранција 1091

• Неквалитетен производ 589

• Услуги 492

• Јавни услуги 1823

Гаранција, 1091, 27%

Неквалитетен производ

58915%

Услуги, 492, 12%

Јавни услуги = 1823;

46%

Советувања по области

УСЛУГИ

ЈАВНИ УСЛУГИ

СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ СОВЕТУВАЊАВКУПНО 784

Исхрана 264

Финансиски услуги/ Банки 103

Финансиски услуги/ Осигурување 48

Права на пациенти 125

Домување 246

ИСХРАНА

ФИНАНСИСКИ УСЛУГИ

ОСИГУРУВАЊЕ

Пријави од потрошувачи до ОПМ во 2011 година

Од јануари до август, бројот на советувања изнесува 2304

• Општо правните советувања се однесуваат на

правата од гаранција, квалитетот на производите, како и услугите од јавен интерес.

• Се забележува зголемување на советувањата од областа на:

- услугите ( проблеми со туристичките агенции во летниот период) и

- услугите од јавен интерес (електричната енергија, топлинската енергија и мобилните оператори).

Очекувањата на потрошувачите од ООП

• унапредување на законската рамка – усогласување со правото на ЕУ;

• почитување на правата на потрошувачите кои се однесуваат на здравјето и безбедноста, со информации и предупредувања при означувањето на производите;

•  примена на фер комерцијални практики вклучувајќи ги и практиките за рекламирање;

• подигање на нивото на знаење на потрошувачите (различни целни групи) и различни области за нивните права како потрошувачи

• обезбедување соодветни транспарентни и ефективни процедури за решавање на жалбите на потрошувачите и нивно навремено решавање без дополнителни трошоци;

• почитување на приватноста и личните податоци на потрошувачот;

• соработка со јавните институции заради превенција или отстранување сериозни закани по јавното здравје и безбедноста, кои се условени од користење на одреден производ.

 

ВИ БЛАГОДАРАМ НА ВНИМАНИЕТО