26
УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ – ШТИП ЗЕМЈОДЕЛСКИ ФАКУЛТЕТ СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ ОСНОВИ НА ЗЕМЈОДЕЛСКАТА ТЕХНИКА Тема: Моторни масла Ментор: Изработиле:

Osnovi zemjodelskata tehnika

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Osnovi zemjodelskata tehnika

Citation preview

Page 1: Osnovi  zemjodelskata tehnika

УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ – ШТИП

ЗЕМЈОДЕЛСКИ ФАКУЛТЕТ

СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ

ОСНОВИ НА ЗЕМЈОДЕЛСКАТА ТЕХНИКА

Тема: Моторни масла

Ментор: Изработиле:

Штип, декември 2011

Page 2: Osnovi  zemjodelskata tehnika

СОДРЖИНА

1. ВОВЕД……………………………………………………..02

2. ПОДЕЛБА НА МОТОРНИТЕ МАСЛА.........................03

3. SAE - КЛАСИФИКАЦИЈА НА МОТОРНИТЕ МАСЛА

СПОРЕД ВИСКОЗНОСТА...........................................04

4. API – СЕРВИСНА КЛАСИФИКАЦИЈА........................05

5. КЛАСИФИКАЦИЈА НА МОТОРНИТЕ МАСЛА ПРЕМА

КВАЛИТЕТОТ...................................................................07

6. НЕКОЛКУ ПРИМЕРИ ЗА МОТОРНИ МАСЛА............08

7. ЗАКЛУЧОК....................................................................16

8. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА.......................................17

1

Page 3: Osnovi  zemjodelskata tehnika

1. ВОВЕД

Основа на сите моторни масла е спречување на допирот метал на

метал. Моторот содржи стотина подвижни делови што мора да се

заштитат, со допир на металните делови доаѓа до абење и зголеемено

триење. Со триењето се јавува и загревање што предизвикува

деформирање на подвижните делови на моторот. Во моторот на вашето

возило моторното масло одржува тенок слој на металните делови за тие

да се лизгаат со најмало можно триење.

Карактеристики на моторното масло:

Овозможува лесен старт и заштита на моторот при палење;

Ги затвора малите отвори помеѓу клипните прстени и ѕидовите на

цилиндарот;

Ја намалува температурата на моторот, со ладење на подвижните

делови;

Го одржува моторот чист;

Го спречува навлегувањето на надворешните нечистотии;

Спречува настанување на р’ѓа и корозија.

Valvoline развил свои свои производи во оптимална комбинација на

квалитет и заштита, без влијание на условите на работа. Водејќи грижа

за важните карактеристики на моторното масло, Valvoline производите ги

надминуваат денешните барања скоро сите водечки производители на

моторни возила.

2

Page 4: Osnovi  zemjodelskata tehnika

Апстракт:

Машините коишто претвараат каков и да е вид енергија во механичка

работа се нарекуваат мотори. Разликуваме повеќе типови на мотори

хидрауличен, електромотори, воздушни, топлински и др.

Топлинските машини кои хемиската енергија на горивото ја

претвараат во топлинска енергија, а потоа во механичка работа се

нарекуваат мотори со внатрешно согорување. За да не дојде до

триење на деловите на моторот потребни се моторни масла.

Маслата кои се употребуваат за подмачкување на моторните возила

можат да имаат растително, минерално и синтетичко потекло.

Маслото кај моторите со внатрешно согорување на дејството на

високи температури, притисоци и различно хемиско влијание. За

време на согорувањето на горивото одделни делови од моторот се

загреваат. Просечната температура во просторот за согорување кај

дизел моторите изнесува 160*С, на ѕидовите на цилиндрите – 150*С

во лежиштата на коленестото вратило – 150*С, а маслото во коритото

на моторот – 80*С до 120*С.

2. Поделба на моторните масла

Не постои апсолутен критериум за избор на масла, но за олеснување

во изборот служат две основни класификации. Една од нив е SAE –

класификација по која маслата се групирани според нивната

вискозност, а другата е API – сервисна класификација, по која

маслата се поделени според нивните својства.

3

Page 5: Osnovi  zemjodelskata tehnika

3. SAE – класификација на моторните масла според

вискозноста

Вискозноста на моторните масла има решавачка улога при

подмачкување на моторот. Тоа тесно е поврзано со можноста за

создавање слој од масло при подмачкувањето. Која вискозност на

маслото ќе се употреби и неговото оптоварување. За донесување

правилна одлука при изборот на вискозноста на маслото, уште во 1926

година Американското друштво на автомобилски инженери ја поставила

SAE класификацијата на моторните масла, по кое е добиено името од

почетните букви (Society of Automotive Engineers). Ова друштво

моторните масла според вискозноста ги групираат во осум групи:

- зимско масло: SAE 5W, SAE 10W, SAE 15W, SAE 20W.

- летно масло: SAE 20, SAE 30, SAE 40, SAE 50.

За да не дојде до замeнување на летните и зимските масла, зимските

масла покрај бројчаната ознака имаат уште и ознака W (winter, англиски

зима). На пример: моторното масло со ознака SAE 10W значи дека се

работи за масло за зимска употреба. Основна одлика на зимските масла

е што овозможува полесно стартување на моторот при ниски

температури. Меѓутоа овие масла на повисока температура одвај ги

задоволуваат условите за подмачкување. Спротивно на тоа летните

масла ги задоволуваат условите за подмачкување на високи работни

температури на моторот и на самата околина, но поради преголемата

вискозност го отежнуваат стартувањето на моторот кога времето е

поладно. Моторните масла кои задоволуваат само една градација, било

зимска или летна се нарекуваат едноградни (singlegrade) масла и се

одбележуваат со ознака SAE и со бројот на градација, на пример:

SAE -40, SAE -10W. Меѓутоа во поново време е развиена технологијата

за производство на масла кои можат да задоволат две или повеќе

градации. Таквите масла се нарекуваат двоградни (doublegrade) и

повеќеградни (multigrade) или повеќесезонски масла. Двоградните масла

се означуваат со SAE 20/30, а повеќеградните – SAE 15W 50.

4

Page 6: Osnovi  zemjodelskata tehnika

Мултиградните масла опфаќаат по две или повеќе вискозни градации, а

се означуваат со два SAE броја, како на пример SAE 10W-30. За првиот

број вискозноста е дефинирана на 17,8*С , а вториот број 98,9 *С.

Класификација на мултиградните масла според SAE – класификацијата: Ознака на мултиградното масло

Граница на вискозност Најмал индекс на вискозноста

- 17,8*С 98,9*Сmin (mm/s) max (mm/s)

20W – 30 20W – 4020W – 5010W – 20 10W – 3010W – 4010W – 505W – 105W – 205W – 305W – 405W – 50

10368 9,7510368 13,010368 17,02592 5,752592 9,752592 13,02592 17,0864 4,20864 5,75864 9,75864 13,0864 17,0

9711312090

13213914490

140154156156

4. API сервисна класификација

За правилно да се избере маслото не е доволно да се познава само

неговата SAE класификација, туку е потребно тоа да се дополни.

Првата класификација не ја дефинира доволно промената на

маслото, зашто не ги зема предвид констуктивните карактеристики на

моторот, условите во коишто работи и видот на горивото кое се

користи во моторот. Од овие причини уште во 1911 година,

Американскиот петролејски инструмент API поставил барања за

дополнување на SAE класификацијата со т.н. сервисна

класификација. Овие норми повеќепати се разработени и

дополнувани, а последната API класификација, изведена во 1971

година и денес се користи. API сервисна класификација ги дели

моторните масла на две основни група:

I група – масла наменети за ото моторите и II група – масла

наменети за дизел моторите. На маслата од првата група, наменет

за ото моторите, прва ознака им е буквата S (sevice),

5

Page 7: Osnovi  zemjodelskata tehnika

а на маслата од втората група наменети претежно за дизел моторите

прва ознака иm

е буквата С (commercial). Секоја група има свои подгрупи, кои ја

означуваат тежината експоатацијата, и се означуваат со буквите на

абецедата (A, B, C, D….). Секоја од подгрупите во смисла на

експоатацијата е изложена на потешки услови на работа од

претходната.

За ото моторите (S – service): SA, SB, SC, SD и SE.

За дизел мотори (C – commercial): CA, CB, CC и CD.

Според оваа класификација, за тракторските дизел мотори најмногу

одговараат маслата од подгрупата CC и CD. Покрај овие ознаки,

постојат комерцијални ознаки на одделни производители на

моторните масла.

Видот на маслото кое ќе се употреби во моторот го пропишува

производителот на маслото, а тоа е назначено во техничкото

упатство за секој мотор.

API сервисна класификација на моторните масла и нивна примена:

Група Подгрупа

Моторни масла првенствено наменети за лесни услови на

работата, се применуваат кај моторите произведени до 1967

година.I

SA

SB

SC

SD Моторни масла наменети за ото мотори за лесни и средно

тешки услови на работа се применува кај моторите

произведени од 1968 до 1971 година.

SE Моторно масло за средни и тешки услови на работа на ото

моторите се применува за мотори произведени по 1972

година.

II

CA

CB

Моторни масла за дизел мотори кои работат во лесни и

средно тешки услови, а можат да се користат и кај ото мотори

кои работат во тешки услови.

CC Моторно масло за дизел мотори кои работат во средно тешки

и тешки услови, а можат да се користат и кај ото моторите кои

работат во тешки услови.

CD Моторно масло за дизел мотори кои работат во многу тешки

услови.

6

Page 8: Osnovi  zemjodelskata tehnika

5. Класификација на моторните масла према

квалитетот

- API (Amerikan Petroleum Institute) класификација на квалитетот од

1951година во Европа прифатена е во 1972година ревизија е

извршена во 1996година.

- API Sx , моторно масло за бензински мотори ,,s" , следната буква

после ,,S" го кажува квалитетот (по абецедата) или како пример ,,SD"

е поквалитетно масло од ,,SC" . Ако пак после овие две букви се

наоѓаат уште и буквите ,,EC" (Energy Conserving), заштеда на гориво

ќе знаеме дека се работи за поквалитетно масло од предходното, за

пример би било, API- SD/EC, ваквото масло ја намалува

потрошувачката на гориво за 1,7 до 3 проценти.

- CCMC (Comite des Constructeurs d'Automobiles du Marche Comun)

класификација утврдена од комитетот на конструктори на мотори и

возила од европската унија. За пример CCMC G4 е еднаков квалитет

со API-SH или CCMC G5 е поквалитетен од предходните.

- ACEA (Asociation des Construkteurs), квалитет по критериум на

Асоцијацијата на Европски произведувачи на возила. Масло што ја

носи оваа ознака значи поминало низ неутрална Европска комисија

која секое тестирање го бележи во овој регистарски центар и е со

висок квалитет. Во оваа класификација неможат да се сврстат масла

неиспитани од неутралната комисија. 

- MIL-L, класификација за квалитет према Американските воени

инженери.

7

Page 9: Osnovi  zemjodelskata tehnika

6. НЕКОЛКУ ПРИМЕРИ ЗА МОТОРНИ МАСЛА

Лукс синтетичко API SM/CF

SAE 5W-40, 10W-40

Одобрено од: BMW Longlife – 01, Porsche A40, Renault RN 0700-

0710, Volkswagen VW 502 00/505 00

Премиум синтетички моторни масла. За употреба во модерните турбо

бензиски и дизел мотори на патнички автомобили и комерцијални

возила. Единствената ,,нова формула“ пакет за моторни масла

обезбедува ,,напредна заштита“ се активираат во ладно време за да

обезбедат лесен старт на моторот. ,,Топлите“ компоненти се

активираат во екстремни возења и тешки температни услови за да се

одржи потребниот вискозитет на маслото. Го намалува триењето,

значително ги подобрува перформансите на моторот, заштедува

гориво и ја намалува бучавата.

8

Page 10: Osnovi  zemjodelskata tehnika

Лукс синтетичко API SL/CF

SAE 5W-30

Одобрено од: Ford WSS-M2C913-C

Синтетичка технологија за заштеда на енергија. Мултиградни

моторни масла за употреба во сите модерни турбо бензиски и

дизел мотори на патнични автомобили, комбиња и камиони. Нуди

лесен старт кога моторот е ладен. Обезбедува заштита од абење,

корозија и високи и ниски температури и ги зголемува

перформансите на моторот.

9

Page 11: Osnovi  zemjodelskata tehnika

Лукс турбо-дизел API CF

SAE 10W-40

Мултиградни полу-синтетички масла за дизел моторите. За употреба

во модерното турбо вбризгување во дизел мотори на патничките

автомобили, комбиња и камиони. Лесно старување на ладен мотор.

Специјално адаптирани за дизел горива со висока содржина на

сулфур. Го штити моторот од абење, корозија, високи и ниски

температури. Обезбедува одлична анти-оксидација, ја намалува

потрошувачката на нафта во користени автомобили со дизел мотори,

обезбедува висока заштита за дизел турбини.

10

Page 12: Osnovi  zemjodelskata tehnika

Супер API SG/CD

SAE API SG/CD: 5W-40, 10W-40, 15W-40, 20W-50

Одобрено од: OAO <AUTOVAZ>,OAO <ZMZ>, AAI-GSM B4-98

Висок квалитет на полу-синтетички (5W-40, 10W-40) и минерални

(15W-40, 20W-50) мултиградни моторни масла. За употреба во

бензиски и тубро-дизел мотори на патнички автомобили и

комерцијални возила. Обезбедуваат високи анти-оксидациски

својства, го штитат моторот од високи и ниски температури.

5W-40 и 10W-40 обезбедуваат лесно стартување на ладен

мотор. 20W-50 ја намалува потрошувачката на нафта, го намалува

нивото на бучава.

11

Page 13: Osnovi  zemjodelskata tehnika

Стандард API SF/CC

SAE 10W-30, 10W-40, 15W-40, 20W-50

Минерални мултиградни моторни масла, се употребуваат во умерени

и топли (20W-50) климатски зони како основни масла за бензин и

турбо-дизел мотори на патнички автомобили и комерцијални возила.

12

Page 14: Osnovi  zemjodelskata tehnika

Transmission TM-4 API GL-4, TM-5 API GL-5

SAE 75W-90, 85W-90, 80W-90

Висок квалитет на полу-синтетички (75W-90) и минерални (85W-90,

80W-90) мултиградни масла. Се препорачува за механички пренос на

сите видови патнички и комерцијални возила. Заштита од корозија,

анти-оксидациски својства, ја намалува потрошувачката на гориво,

обезбедува долг живот на моторот.

13

Page 15: Osnovi  zemjodelskata tehnika

Avantgarde ultra API Cl-4/SL

SAE 5W-40,10W-40,15W-40

Модерни полу-синтетички (5W-40, 10W-40) и минерални (15W-40)

мултиградни моторни масла. За употреба во тешки четири-тактни тубро-

дизел мотори на новата генерација. Се препорачува за мотори со EGR

системи. Примамливи и за турбо бензиски и дизел мотори на патнички

автомобили и комерцијални возила. Обезбедуваат ,,напредна заштита“

на моторите со активирање на специјални компоненти под различни

услови на возење. Специјалните компоненти се активираат во екстремно

возење и тешки температурни услови. Значително го намалува

триењето, ги подобрува перформансите на моторот, заштедува гориво и

ја намалува бучавата. Обезбедува максимална заштита на моторот од

абење и корозија.

14

Page 16: Osnovi  zemjodelskata tehnika

Мото 2 Т

Минерално моторнo масло за двотактни мотори. Се користи како

компонента на гориво за мотоцикли, скутери, мотори, моторни пили и

тревник-опрема. Исто така се користи и за компресори и гасни

мотори. Обезбедува висока анти-оксидација.

15

Page 17: Osnovi  zemjodelskata tehnika

7. ЗАКЛУЧОК

Моторните масла се масла кои се користат за подмачкување на различни мотори со внатрешно согорување. Се делат според API сервисна класификација и SAE класификација според вискозноста, како и според квалитетот. Главната фукнција им е да ги подмачкаат подвижните делови на моторот. Исто така чистат, спречуваат појава на корозија и го ладат моторот. Моторните масла се добиени од нафта. Моторните масла денес главно се мешаат со користење на база на масла составена од јаглеводороди и полиинтерални олефини, со што органските соедниненија се состојат целосно од јаглерод и водород. Тие вклучуваат моторни возила како што се автомобили и мотоцикли, потешки возила како автобуси и товарни возила, не-возила како што се моторни чамци, косилки, големи земјоделски машини и градежна опрема, локомотиви и авиони и статички мотори како што се електични генератори. Маслото е во состојба да фати саги од согорување во себе. Високомоќните двотактни мотори бараат високи перформанси од маслото. Само така можат тие често и долготрајно да работат под полно оптеретување.

16

Page 18: Osnovi  zemjodelskata tehnika

8. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

1. Скрипта ,,Мотори и трактори“ – Проф. д-р Драги Таневски

2. www.wikipedia.com

3. www.google.com

4. http://lukoil-lubricants.com/products/

17