24
ТЕМАТСКО ПРОЦЕСНО ПЛАНИРАЊЕ 1. ТЕМАТСКА ЦЕЛИНА: 4 (декември) 2. НАСТАВЕН ПРЕДМЕТ: Македонски јазик 3. ОДДЕЛЕНИЕ НА ИЗУЧУВАЊЕ: VII (седмо) 4. КОНКРЕТНИ ЦЕЛИ: - да ја препознава именската група зборови и нивните заеднички граматички категории; - да ги разликува граматичките категории кај именките (род, број – видови множина); - да ги посочува и толкува стилските фигури (ономатопеја, компарација и метафора); - да ја согледа моќта на зборовите за културна комуникација; - да ги применува стекнатите знаења во писменото и во усното изразување. Ред.б р. на настав . единиц а Структура на тематската единица – наставни единици Бр.н а часо ви Време на реализац ија 1. Изразување и творење : а) Прва писмена работа б) Поправка на писмените работи 3 декември 2. Јазик : а) Именска група зборови б) Граматички категории заеднички за именската група зборови в) Граматички категории кај именките г) Граматички вежби за именската група зборови 5 декември декември декември декември 3. Литература : а) Метафора б) Вежби за примена и пронаоѓање стилски фигури 2 декември декември 4. Речник и стил : а) Лексичко значење на зборовите б) Вежби за лексичкото значење на зборовите 2 декември декември 5. Изразување и творење:

Tematsko Planiranje - Dekemvri - Vii

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Тематско планирање за декември

Citation preview

Page 1: Tematsko Planiranje - Dekemvri - Vii

ТЕМАТСКО ПРОЦЕСНО ПЛАНИРАЊЕ

1. ТЕМАТСКА ЦЕЛИНА: 4 (декември)2. НАСТАВЕН ПРЕДМЕТ: Македонски јазик3. ОДДЕЛЕНИЕ НА ИЗУЧУВАЊЕ: VII (седмо)4. КОНКРЕТНИ ЦЕЛИ:- да ја препознава именската група зборови и нивните заеднички граматички

категории;- да ги разликува граматичките категории кај именките (род, број – видови

множина);- да ги посочува и толкува стилските фигури (ономатопеја, компарација и

метафора);- да ја согледа моќта на зборовите за културна комуникација;- да ги применува стекнатите знаења во писменото и во усното изразување.

Ред.бр.на

настав. единица

Структура на тематската единица –наставни единици

Бр.на часови

Време на реализација

1. Изразување и творење:а) Прва писмена работаб) Поправка на писмените работи

3декември

2. Јазик:а) Именска група зборовиб) Граматички категории заеднички за именската група зборовив) Граматички категории кај именкитег) Граматички вежби за именската група зборови

5декемвридекемвридекемвридекември

3. Литература:а) Метафораб) Вежби за примена и пронаоѓање стилски фигури

2 декемвридекември

4. Речник и стил:а) Лексичко значење на зборовитеб) Вежби за лексичкото значење на зборовите

2 декемвридекември

5. Изразување и творење:а) Разговорот како вид комуникацијаб) Говорна вежба: Импровизирани разговори

2 декемвридекември

6. Лектира: „Оливер Твист“ од Чарлс Дикенс 1 декември7. Полугодишен испит 1 декември

Поврзување (интегрирање) на часовите:

Час 1, 3, 8, 9, 14: - Именската група зборови- Граматички категории кај именките (род и број)- Видови множина кај именките- Граматички вежби за именската група зборови

Page 2: Tematsko Planiranje - Dekemvri - Vii

Час 4,7:- Метафора- Вежби за пронаоѓање, толкување и примена на стилските фигури

Час 2, 5, 6, 15: - Прва писмена работа - Поправка на писмената работа - Полугодишен тест

Час 10, 11, 12, 13, 16: - Лексичко значење на зборовите- Вежби за лексичко значење на зборовите- Разговорот како вид комуникација- Говорна вежба: Импровизирани разговори- Анализа на лектирата „Оливер Твист“

Наставна единица 1

1) Цели : Да ги согледаат заедничките граматички категории (род, број, член) на именската група зборови и централното место на именката.

2) Активности, методи и наставни средства :- Наставникот подготвува план за текот на часот, за методите и наставните

средства, за целите на часот.- Наставникот ги поттикнува учениците на активности и заклучоци, дава

потребна помош во реализација на целите на часот.- Разговор, објаснувања, демонстрирање примери.- Учебник, тетратка, табла, задачи на табла.

Развојно-процесно планирање за час 11. Наставна единица: Именска група зборови2. Тип на часот: Нова наставна единица3. Цели на часот: Да ги разликуваат зборовите од именската група и да ги

согледаат нивните заеднички особини4. Форми на работа: Дијалошка5. Наставни техника: Табли, шема, низа со зборови

Предвидени активности:1) На табла има низа зборови; учениците ги посочуваат видовите зборови во

низата.леб, убавина, убаво (дете), ние, црвен (цвет), седум (часа)2) Под претпоставка дека ќе го определат видот на зборовите, низ прашањата

се потсетуваат дека:а) именките именуваат поимиб) придавките опишуваатв) заменките посочуваатг) броевите бројат

Ова е меѓусебна врска меѓу овие зборови

2

Page 3: Tematsko Planiranje - Dekemvri - Vii

3) Заклучок: Овие зборови од посочените зборови групи (именки, придавки, заменки и броеви) се во тесна меѓусебна врска. Затоа се именуваат под заедничко име – именски зборови.

4) Нивни заеднички граматички категории се: родот, бројот и членот.5) Низ примери во реченици, согледуваат дека граматичките категории на

придавките, броевите и заменките произлегуваат од именките (тоа го зазема централното место).

Пример: Белото куче украде една коска.

сред.р.едн. сред.р.едн. жен.р.едн. жен.р.едн.Можни се и други примери преку реченици (доколку дозволува времето).

6) Задача за проверка на усвоеноста на наставната единица. Од зборовите во квадратите состави реченици (за секој квадрат по една

реченица), водејќи сметка за родот, бројот и членот на именските зборови.

ученицителектирнакупијапотетраткаедна

зрацигалатлицадетскисончевитенежни

нацртаасообраќаендецатазнакнатаблата

Пример: Учениците купија по една лектирна тетратка.Вреднување на знаењата: Преку активностите (вежбите и заклучоците) ќе се вреднуваат стекнатите знаења.

Наставна единица 2

Цели: Да се изразуваат убаво, со стилски богати реченици, применувајќи ги стекнуваните знаења.

Активности, методи и наставни средства:- Наставникот ја обмислил темата за писмената работа, им ја објаснил на

учениците и им дал соодветни упатства, како потсетување (стилски збогатени реченици, почитување на правописот, уреден и разбирлив ракопис, придржување на темата и сл.).

- Размислување, пишување, применување.- Вежбанки за писмена работа.

Развојно-процесно планирање за час 2(Овој час се заменува со час 3)

1. Наставна единица: Прва писмена работа2. Тип на часот: Примена на наставни содржини од сите подрачја3. Цели на часот: Да се изразува убаво и да ги применува стекнатите знаења

од подрачјето јазик

3

Page 4: Tematsko Planiranje - Dekemvri - Vii

4. Форми на работа: ИндивидуалнаПредвидени активности:

1. Наставникот дава куси упатства за: користење на вежбанката, уредното пишување, примена на правописните правила, збогатување на речениците.

2. Дава можност за ученички прашања на кои дава одговор.3. Учениците ги пишуваат своите состави, а наставникот ја следи нивната

работа.4. На крајот од часот, наставникот ги собира вежбанките и им дава

информација кога ќе ги добијат повратните информации за писмената работа.

За наредниот час: Да повторат за именската група зборови.

Наставна единица 3

1. Цели : Да ги утврди знаењата за именската група зборови и нивните заеднички граматички категории.

2. Активности, методи и наставни средства :- Наставникот подготвува план за текот на часот и активностите; подготвува

наставни ливчиња за работата во двојки (парови).- Разговор, работа во двојки, пишување, демонстрација на одговори.- Наставни ливчиња, табла, тетратки за училишна работа.

Развојно – процесно планирање за час 3

1. Наставна единица: Граматички категории заеднички за именската група зборови

2. Тип на часот: Проширување на знаењата.3. Цели на часот: Проширување и утврдување на учена наставна единица;

примена на знаењата во вежби.4. Форми на работа: Работа во парови, индивидуална5. Наставни техники: Наставни ливчиња, вежба на табла.

Предвидени активности:

1. Наставникот на табла подготвил вежба како повторување за именската група зборови; учениците ја препишуваат од табла во училишните тетратки и секој сам индивидуално дава одговори (исто така во тетратката).

4

Page 5: Tematsko Planiranje - Dekemvri - Vii

ВежбаПрочитај го текстот и потцртај ги именските зборови; потоа класифицирај ги според видот во табели.„Си бил еден царски син кој стасал за женење. Но, никако да си најде девојка за невеста. Затоа царот направил една чешма од која течел шербет и ги повикал момите од царството да си налеат шербет. Царскиот син со златното јаболко требал да фрли по девојката која ќе му се допадне. Но, принцот не си нашол невеста зашто не му се допаднала ниту една мома. За да се пошегува, тој фрлил по една баба...“

(Извадок од народна приказна)

Именки Придавки заменки Броеви

2. Наставникот подготвил наставни ливчиња за работа во парови (двојки) во кои има вежба; двојките одговараат на барањата, а потоа ги презентираат одговорите.

Наставно ливче

Класифицирај ги именските зборови во речениците по видови, во табели.

1. Една птица се вивна во облаците.2. Свежото утро ги изненади новите посетители.3. Малиот Борче нацрта едно убаво бело маче.4. Со двете раширени раце силно ме гушна.5. Додека седев под старата круша, се појави едно момче.

Одреди го родот, бројот и определеноста (членот) за секој именски збор.(На пример: една – број,ж.род, еднина, нечленуван)

5

Page 6: Tematsko Planiranje - Dekemvri - Vii

Вреднувањето на знаењата: Од одговорите на барањата (индивидуалната вежба и наставното ливче) ќе се вреднуваат (оценуваат) знаењата.

Задача за наредниот час: Да повторат за стилските фигури ономатопеја и компарација.

Наставна единица 4

1) Цели: Да ја посочува и толкува стилската фигура метафора2) Активности, методи и наставни средства: - Наставникот го подготвува планот за текот на часот, активностите на

учениците, прашања за повторување и утврдување на знаењата кои ќе ги вреднува.

- Разговор, објаснување, работа со текст, читање.- Учебник, тетратка, шеми, табла.

Развојно-процесно планирање за час 4

1) Наставна единица : Стилска фигура метафора (,,Без јазик си никој и ништо” од Видое Подгорец)

2) Тип на часот : Нова наставна единица 3) Цели на часот : Да ја посочуваат и толкуваат стилската фигура метафора 4) Форма на работа : Фронтална, дијалошка5) Наставни техники: План за анализата на песната и шема за претставување на

метафората

Предвидени активности:

1) Подготовка за текот на часот, за активностите, соодветни примери за метафора.

2) Песната ,,Без јазик си никој и ништо” (од учебникот) ја читаат (прво наставникот, а потоа учениците – строфа по строфа) со рецитирање; потоа размислуваат за одговори на прашањата во учебникот (освен прашањето за видот на стихот), а потоа ги одговараат.

3) Наставникот им ги насочува мислите кон метафорите, т.е. стиховите кои ја содржат; низ прашања доаѓаат до заклучок за метафората;

го разгледуваат објаснувањето во учебникот.

Примери од песната: ,,Сред бел ден спие – мрза!”, ,,мрежите од чисто злато”.

6

Page 7: Tematsko Planiranje - Dekemvri - Vii

4) Наставникот на табла подготвил примери со метафори (видови)Момино сонце! (Споредува мајката – детето со сонце).

,,Чувај го како црнка во очите без јазик си никој и ништо” именска метафора

,,Ми ги збуни мислите” ------> глаголска метафора,,Надојдоа црни денови за нив” ---> придавска метафора

Учениците се насочуваат кон препознавање и толкување на метафората.

Вреднување на знаењата: Ќе се вреднува учеството во активностите на часот (рецитирање и анализа на песната преку прашањата), како и заклучоците и објаснувањата за метафората.

За наредните два часа: Ќе прават поправка на писмените работи.

Наставни единици 5 и 6(два часа поправка на писмените работи)

1) Цели: Прв час – согледување на различностите во творењето состав на одредена тема (стилското богатство на едни и отсуството на збогатени реченици со изразни средства).

Втор час: - согледување, толкување и поправка на јазично-правописни недостатоци во составите.

2) Активности, методи, наставни средства:

- Наставникот, додека ги прегледувал писмените работи, селектирал кои состави ќе се читаат на првиот час за поправка (секој од различни нивоа, различни оценки) за да можат да споредуваат.

- Ученици читаат, дискутираат, споредуваат, оценуваат, пишуваат.- Разговор, читање, работа со текст, пишување.

7

Page 8: Tematsko Planiranje - Dekemvri - Vii

Развојно – процесно планирање за часовите 5 и 6

1) Наставна единица: Поправка на писмените работи (стилска и јазично- правописна)

2) Тип на часот: Поправка на веќе извршена задача3) Цели на часот: Согледување на сопствени и туѓи грешки (стилски, јазични и правописни) со цел да бидат избегнати понатаму

4) Форми на работа: На двата часа индивидуална и дијалошка 5) Наставни техники: За вториот час примери од направени јазични и правописни грешки; за првиот час запишани на табла реченици со убав стил, но и реченици со стилски грешки

Предвидени активности:

1 час

1) Ученици читаат состави (по една петка, четворка... и ако има други оценки); слушаат внимателно зашто им е укажано дека ќе дискутираат и споредуваат (што им се допаднало или не во составите, свои видувања за стилската обоеност на реченици и сл.).

2) Наставникот на табла забележал реченици кои се стилски богати и обратно, реченици кои стилски се сиромашни; учениците ги наведува низ прашања да ги согледаат разликите.

3) За дома: Во вежбанките да направат поправки за наредниот час.

2 час

1) Наставникот, од водените белешки при прегледувањето на составите, на табла пишува примери за јазични и правописни грешки (без корекции).

2) Учениците размислуваат и ги објаснуваат своите размислувања и коригирања на грешките.

Вреднување на знаењата: За првиот и вториот час веќе е извршено вреднувањето: но, за активностите на часовите, ќе бидат вреднувани нивните искажувања.

За наредниот час: Да повторат за учените стилски фигури: епитет, компарација, персонификација, ономатопеја, метафора.

8

Page 9: Tematsko Planiranje - Dekemvri - Vii

Наставна единица 7

1) Цели: Вежби за откривање (пронаоѓање) примери во текстови од учебникот со соодветните стилски фигури и примена во сопствени примери.

2) Активности, методи, наставни средства :- Наставникот го обмислува текот на часот, ги планира активностите и ги

насочува, дава соодветна помош по потреба. - Работа во парови (двојки), разговор, објаснување, работа со текстови.

Развојно-процесно планирање за час 7

1) Наставна единица : Вежби за пронаоѓање и примена на знаењата за стилските фигури

2) Тип на часот : Утврдување на учени содржини3) Цели на часот : Да ги откриваат и применуваат стилските фигури кои досега

ги изучиле4) Форми на работа : Работа во парови, дијалошка

Предвидени активности:

1) Наставникот им дава упатство за текот на часот и за активностите кои ги очекуваат.

2) Во двојки организирани, учениците пронаоѓаат по еден пример за секоја стилска фигура (епитет, персонификација, ономатопеја, компарација и метафора).

3) Истите двојки осмислуваат свои лични примери, по еден за секоја стилска фигура.

4) Паровите презентираат од сработеното.

Вреднување на знаењата: Двојките кои ќе презентираат ќе бидат оценувани за сработеното.

За наредниот час: Да повторат од V одделение за именки (поим и видови именки).

9

Page 10: Tematsko Planiranje - Dekemvri - Vii

Наставна единица 8

1) Цели: Да ги разликуваат граматичките категории род и број кај именките (природен и граматички род).

2) Активности, методи, наставни средства :

- Наставникот го обмислува текот на часот, ги планира активностите на учениците, методите и наставните средства со кои ќе се реализира целта на часот.

- Предавање, објаснување, пишување, разговор.- Учебник, тетратки, табла.

Развојно-процесно планирање за час 8

1) Наставна единица : Граматички категории кај именките (род, број, природен и граматички род)

2) Тип на часот : Проширување на учена наставна содржина3) Цели на часот : Да ги разликува граматичките категории род (граматички и

природен) и број (еднински и множински форми) кај именките 4) Форми на работа : Фронтална и дијалошка5) Наставни техники : табла, шема

Предвидени активности:

1) Наставникот обмислува (планира) активности, тек на часот, вежби за да се реализира целта на часот.

2) Повторување за именки (поим и видови именки) низ две прашања: a) Што именуваат именките?b) Определување на видот на именките во низата: табла, население,

идеја, снег, шеќер, Марко, јадење, челик, жито, мебел.3) Низ примери во табели се објаснува, согледува и заклучува дека кај

именките разликуваме: машки, женски и среден род.

машки род женски род среден род Објаснување за природниот ---> род кај именките кои означуваат живи суштества

петел кокошка Пилемаж жена Дете

4) Објаснување, согледување, заклучоци, дека родот може да се согледа и со помош на личните заменки: тој, таа, тоа.

1

Page 11: Tematsko Planiranje - Dekemvri - Vii

На пример: тој стол, таа клупа, тоа село

5) Дополнување:

a) именките од машки род најчесто завршуваат на согласка: брат, брег, дожд; но, има именки со завршоци на самогласка: слуга, татко, вујче;

b) именките од женски род најчесто завршуваат на самогласка: мајка, мечка, Маре; но има именки кои завршуваат на согласка: младост, радост.

в) именките од среден род се со завршоци на –о и – е: утро, сонце

6) Постојат именки кај кои има колебање во родот (машки и женски).

1. Жарот с# уште гореше. - машки род (тој жар)2. Жарта тлееше во печката. - женски род (таа жар)

7) Именките имаат два броја: еднина и множина (дете-деца, молив – моливи) Има именки кои имаат само множина: ногари, ножици, очила.

Вреднување на знаењата: Од сите активности на часот.

Наставна единица 9

1) Цели : Да ги препознава видовите множини кај именките. 2) Активности, методи, наставни средства : - Наставникот го обмислува и планира текот на часот, ги насочува

активностите, дава соодветна помош при изведување заклучоци. - Предавање, разговор, објаснување, пишување. - Учебник, тетратките, табла.

Развојно процесно – планирање за час 9

1) Наставна единица : Видови множина кај именките 2) Тип на часот : Нова наставна единица 3) Цели на часот : Да ги препознава видовите множина кај именките и

правилно да ги употребува4) Форми на работа : Фронтална, дијалошка, работа во двојка (парови) 5) Наставни техники : табели во тетратките, табела на табла, правење план.

Предвидени активности:

1) Наставникот подготвил табела со именка поставена во трите видови множина; низ прашања, учениците кажуваат свои согледувања што означуваат видовите множина поединечно; ја препишуваат табелата.

1

Page 12: Tematsko Planiranje - Dekemvri - Vii

именка во еднина обична множина избројана множина збирна множинасноп Снопови пет снопа снопје/а

2) Обична множина – означува предмети и лица од ист вид што се бројат: другари, книги, кабинети.

Избројана множина – само именки од м.р. со завршок на согласка: пет часа, три дена, три збора. Збирна множина – збир од истородни предмети: камења, пламење, ридја.

3) Содржината ја разгледуваат и во учебникот, со акцент на примерите.

4) Во двојки, едни ја изработуваат првата вежба од учебникот, други втората вежба; потоа презентираат.

Вреднување на знаењата: Ќе се согледа усвоеноста на содржината од заклучоците, објаснувањата и вежбите.

За наредниот час: Да напишат во тетратките пет зборови на кои ќе им бидат спротивставени пет зборови со различна форма, но со слично или исто значење (на пример: дом – куќа); и пет зборови со нивни парови со спротивно значење. (на пример: младо старо).

Наставна единица 10

1) Цели : Да прават разлика меѓу лексичко и граматичко значење на зборовите: ги препознаваат синонимите, антонимите, паронимите и хомонимите.

2) Активности, методи, наставни средства: - Наставникот планира: тек на часот, активности, вежби; поттикнува на

заклучоци по објаснувањата кои ги дава низ примери.- Објаснување, предавање, разговор. - Учебник, тетратка, табла.

Развојно-процесно планирање за час 10

1) Наставна единица: Граматичко и лексичко значење на зборовите: синоними, антоними, пароними, хомоними

2) Тип на часот : Нова наставна содржина3) Цели на часот : Да ги разликува синонимите, антонимите, паронимите и

хомонимите и да ги користи во изразувањето4) Форми на работа : Фронтална, дијалошка

1

Page 13: Tematsko Planiranje - Dekemvri - Vii

1) Низ прашања и примери подготвени од наставникот, учениците да го разликуваат лексичкото и граматичкото значење на зборовите.

Така заклучуваат дека зборовите (зборот) не е единка во јазикот, туку тој е во некаков однос (врска) со другите зборови според:

а) Формата (надворешна страна)б) Значењето (внатрешна страна)

Пример: Зборот крило е таков по форма; а според значење може да означува: крило на авион, крило на птица; крило од зграда.

2. Преку содржините во учебникот се запознаваат со лексичкото значење на синонимите, антонимите, паронимите и хомонимите.

3) Читаа од тетратките свои примери (кои им беа домашна задача) и согледуваат синоними и антоними.

4) Пишуваат свои примери и ги презентираат.

Вреднување на знаењата: Од активностите на часот и примерите кои ќе ги презентираат, ќе се вреднуваат резултатите.

За наредниот час: Убаво да ја научат содржината зашто ќе имаат лексички вежби. Да носат учебник, работни листови и тетратките.

Наставна единица 11

1) Цели: Вежби за согледување на лексичкото и граматичкото значење на зборовите; примена на синонимите, антонимите, паронимите и хомонимите.

2) Активности, методи, наставни средства :

- Ги планира активностите на учениците, дава потребни објаснувања за вежбите и одговара на евентуални прашања.

- Пишување, демонстрирање одговори на прашања, разговор.- Учебник, тетратка, работни листови.

Развојно-процесно планирање за час 11

1) Наставна едница : Вежби за лексичко значење на зборовите2) Тип на часот : Утврдување и примена на стекнати знаења3) Цели на часот : Да ги толкуваат и применуваат зборовите во нивното

лексичко значење4) Форми на работа : Индивидуална и дијалошка

1

Page 14: Tematsko Planiranje - Dekemvri - Vii

Планирани активности:

1) Наставникот им дава упатства за изработка на вежби од учебникот и во работните листови.

2) Учениците ги изработуваат вежбите кои ќе им бидат поделени; потоа презентираат одговори, ги коригираат евентуално направените грешки.

3) На некои прашања, наставникот бара објаснување од учениците за дадените одговори на вежбите (прашањата).

Вреднување на знаењата: Од одговорите на вежбите ќе се овозможи вреднување на постигнувањата на учениците.

Задача на наредниот час: Да напишат состав во кој ќе раскажат свое искуство кога имале добар или лош однос кон некого и какви биле последиците од таквото нивно однесување.

Наставна единица 12

1) Цели: Да ја согледаат моќта на зборови во комуникацијата

2) Активности, методи и наставни средства:

Наставникот го осмислил текот на часот, активностите на учениците; Претходно се упатени да размислат за давање упатства за Уреденен

Еколошки Двор со што се придржуваат на V -Еколошки Стандард Ги дели во групи,им задава упатства за работа ја следи работата, ги

следи презентациите и ги вреднува истите. Работа во групи, креативно творење, изведбена активност Дискусија - Листови со изработки,чек- листа

Развојно-процесно планирање за час 12

1) Наставна единица : Разговорот како вид комуникација 2) Тип на часот : Писмено изразување на дадена тема со почитување на

стилските, јазичните и правописните елементи, Изведбена активност преку презентирање на изработеното

1

Page 15: Tematsko Planiranje - Dekemvri - Vii

3) Цели на часот: Преку своето и туѓите искуства да го согледа силното влијание на зборовите при комуницирањето.

4) Форми на работа : Групна, дијалошка5) Наставни техники: Изведбена активност

Планирани активности:

1) Наставникот пристапува кон делење на учениците во група 2) Наставникот ги упатува во задачата нагласувајќи да се задржат на темата за

обработка при тоа да употребат сопствена креација во форма на дијалог. 3) Учениците пристапуваат кон работа при тоа соработувајќи во групата .4) Застапеноста на сите во групата при пишувањето како и при презентацијата

е неопходно. 5) Се презентираат при тоа користејќи и движења за да го доловат

напишаното.6) Секоја група го презентира изработеното.7) Се дискутира за изведбите и преку взаемно оценување се избира најдобро

изведеното.

Вреднување на знаењата: Се употребува чек-листа преку која се избира најдобро изведеното

За наредниот час: Секој ученик да се подготви монолог (Тема: ,,Со убав збор до посакуваната цел”)

Наставна единица 13

1) Цели : Да вежбаат убаво, културно говорење во меѓусебната комуникација (општење).

2) Активности, методи, наставни средства : 3) – Наставникот го испланирал часот за постигнување на посакуваната цел на

часот; дал упатства за подготовка на темата за говорната вежба; ги следи презентациите, дискутира за нив и ги оценува.

- Разговор, дискусии, демонстрирање подготовка на дадена тема во парови.

Развојно-процесно планирање за час 13

1) Наставна единица : Говорна вежба на тема ,,Со убав збор до посакуваната цел”

2) Тип на часот: Усно изразување на дадена тема 3) Цели на часот : Да го согледаат значењето на употребата на зборови за

културна комуникација во остварувањето на целта. 4) Форми на работа : Дијалошка

1

Page 16: Tematsko Planiranje - Dekemvri - Vii

Планирани активности:

1) Учениците ги презентираат своите подготовки.2) Другите ученици слушаат, потоа дискутираат за чуеното; искажуваат свои

размислувања и ставови за настаните (разговорите). 3) Наставникот ги коментира презентациите и низ дискусија ги оценува.

Вреднување на знаењата: Од чуените презентации.За наредниот час: Да повторат за граматичките категории на именската група зборови и конкретно за граматичките категории на именките; да ги носат работните листови.

Наставна единица 14

1) Цели: Утврдување и примена на стекнати знаења од подрачјето јазик2) Активности, методи и наставни средства :- Наставникот подготвува вежба за содржината граматички категории,

заеднички за именската група зборови – напишана на табла (со барањето). - Дал претходни упатства што да повторат и што да носат од приборот. - Разговор, пишување, читање на одговори.

Развојно-процесно планирање за час 14

1) Наставна единица : Вежби за граматичките категории на именската група зборови

2) Тип на часот : Примена на стекнати знаења3) Цели на часот : Да ги проверат сопствените знаења и да ги применат истите4) Форми на работа : Индивидуална, дијалошка

Планирани активности:

1) Без пишување во тетратката, усно одговараат на задачата на табла, а која ја подготвил наставникот и ја напишал на табла.

2) Задачата бара откривање на заедничките граматички категории на именската група зборови (именки, придавки, заменки и броеви).

На пример: - Посочи го видот на именските зборови во реченицата и определи ги

заедничките граматички категории.

a) Тажната Сања плачеше за изгубената тетратка.

1

Page 17: Tematsko Planiranje - Dekemvri - Vii

b) Еден дождлив ден на прозорот слета ранета птица. в) Онаа ракометарка постигна два гола за две минути.

3) Ги изработуваат двете вежби во учебникот за видови множина кај именките (усно).

4) Во работните листови ги пополнуваат барањата за именки, презентираат, евентуално си ги коригираат грешките.

Вреднување на резултатите: Од одговорите ќе се согледаат постигнувањата и ќе се вреднуваат. За наредниот час: Да си ги повторат учените содржини од оваа полугодие зашто ќе прават полугодишен тест.

Наставна единица 15

Наставникот подготвува полугодишен тест со кој ќе изврши проверка и вреднување на знаењата на учениците.

Можат да селектираат некои прашања и од тематските тестови

Наставна единица 16

1) Цели : Да умее да ги определува елементите на литературната творба (тема, наратор, литературен род и вид, ликови и сл.) и аргументирано дискутира за прочитаното.

2) Активности, методи и наставни средства: - Наставникот го обмислил текот на часот; ги поттикнува на активности;

дискутира по чуените анализи во лектирните тетратки и ги оценува. - Учениците читаат, дискутираат, вреднуваат.- Читање, дискутирање, разговор.

Развојно-процесно планирање за час 16

1) Наставна единица: Лектира ,,Оливер Твист” од Чарлс Дикенс2) Тип на часот: Анализа на прочитана книга од планираните лектири3) Цели на часот: Да читаат со размислување, да дискутираат аргументирано4) Форми на работа: Индивидуална, дијалошка

Планирани активности:

1) Учениците читаат од напишаните лектири во лектирните тетратки.2) Дискусии за чуеното и давање мислење од учениците; наставникот со

дискусија и забелешки, ги оценува изработките.3) Усно прават портрет на главниот лик ,,Оливер Твист”.

1

Page 18: Tematsko Planiranje - Dekemvri - Vii

4) Се поттикнуваат да дискутираат со свои ставови и аргументирано за постапките на ликот Оливер Твист.

Вреднување на знаењата: Од напишаните анализи

1