28
univerzitetski vesnik Издание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Број 96, јули 2009

Univerzitetski vesnik br. 96

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Универзитетски весник број 96, издание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Република Македонија.

Citation preview

Page 1: Univerzitetski vesnik br. 96

univerzitetskivesnik

Издание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Број 96, јули 2009

Page 2: Univerzitetski vesnik br. 96

универзитетски

весник

Главен и одговорен уредникПроф. д-р Велимир СтојковскиЗаменик главен и одговорен уредник

М-р Илија Пиперкоски

Постојани соработници Костадина Мокрова Биљана Фотиновска М-р Марија Ценевска Томислав Башевски

Лектор Весна И. Цветановска

Техничко уредување Горан Муратовски

• Потврден изборот на деканите на Економскиот факултет, Архитектонскиот факултет, Факултетот за драмски уметности и на Природно-математичкиот факултет

• Решавање на прашањето со долговите кон Факултетот за физичка кутура

• Европски универзитетски чартер за доживотно учење

• ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА меѓу Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Кралскиот институт за технологија, Магистерски студии по управување со земјиштето

• АНЕКС А

• Curriculum vitae

• АНАЛИЗА на променетите услови за работа на Факултетот во наредниот мандатен период

• ПОДЕМ НА ФАКУЛТЕТОТ СО НОВИ ПРЕДИЗВИЦИ

............................................ 3

................................... 4

................................. 5

................................... 10

............................................. 12

................................... 13

.............. 14

.................................. 20

В о рамките на активностите за воведува-ње трет циклус студии на Универзитетот

„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на 9 јули о.г. се одржа првиот состанок на Стручниот совет за докторски студии на Универзитетот, форми-ран од Универзитетскиот сенат на 10. седница одржана на 6 јули о.г.

На состанокот присуствуваа д-р Елена Думо-ва-Јованоска, претседател на Советот и члено-вите: д-р Владимир Петрушевски, д-р Гордана Богоева-Гацева, д-р Владимир Кандикјан, д-р Соња Алабаковска и д-р Голупка Нечевска-Цветановска. Проф. д-р Коле Василевски беше оправдано отсутен. Покрај членовите на Струч-ниот совет, беа поканети и професори од наши-от Универзитет – координатори во реализаци-јата на Темпус-проекти поврзани со третиот циклус студии, со цел размена на идеи и досе-гашни искуства од универзитетите кои веќе организираат докторски студии. Во тој кон-текст, на состанокот учествуваа: д-р Лидија Георгиева од Филозофскиот факултет, д-р Мир-ко Тодоровски од Факултетот за електротех-ника и информациски технологии и д-р Љупчо Настовски од Природно-математичкиот факул-тет, кои ги презентираа искуствата и добиени-те информации во оваа област.

Проф. д-р Думова-Јованоска даде кус осврт на преземените активности во доменот на вове-дувањето докторски студии, со посебен акцент на согледувањата и заклучоците од одржаната работилница во рамките на Универзитетот во април оваа година. Тоа се следниве:

• Основни карактеристики на третиот цик-лус студии се: воведувањето коменторство со можност за институционална соработка, курсеви за стекнување на генерички знае-ња, како на пр. методологија на истражува-ње, пребарување на бази на податоци, пишување на научни трудови и сл., обезбе-дување генерација докторанди и организи-рање работилници, семинари и симпози-уми за следење на напредокот на докторан-дот (за теми од поширока област).

Page 3: Univerzitetski vesnik br. 96

3

• Предлог-распределба на квантифицирање-то на третиот циклус студии со кредити: од 30 до 60 кредити за предмети од научната област; 30 кредити за општи знаења, рабо-тилници и семинари во рамките на Школа-та за докторски студии; од 90 до 120 креди-ти за докторска дисертација.

• Кандидати: студенти кои сами ги финан-сираат студиите, докторанди (истражувачи) – вработени на Универзитетот на одредено време, стипендисти.

• Минимум критериуми потребни за запишу-вање на третиот циклус се содржани во Зако-нот за високото образование.

• Статистички гледано, податоците покажува-ат дека на Универзитетот „Св. Кирил и Мето-диј“ во Скопје просечно има 100 одбранети докторски тези годишно, и тоа: околу 50 од општествените науки, околу 20 од природни-те и биотехничките науки, околу 15 на тех-ничките науки и околу 15 на медицинските науки.

• Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе формира Стручен совет за доктор-ски студии, чиј состав, надлежности и на-чин на работа се дефинираат во актот за неговото формирање. Стручниот совет за докторски студии се формира од страна на Сенатот. Тој на Универзитетскиот сенат му предлага студиски програми за докторски студии, врз основа на иницијативи од факул-тетите и институтите. Стручниот совет за докторски студии доставува предлог за обја-вување конкурс за трет циклус студии на

Универзитетот, ги координира студиите и се грижи за нивниот квалитет.

• Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на студиите од трет циклус е во фаза на изра-ботка.

• Постапката за пријавување, изработка и одбрана на докторска теза е дефинирана во Статутот на Универзитетот.

Стручниот совет за докторски студии го потврди предложениот концепт од состанокот одржан на 22 април 2009 година, со претстав-ници одговорни за докторските студии на еди-ниците на Универзитетот „Св. Кирил и Мето-диј“ во Скопје.

Со оглед на значењето и сериозноста на докторските студии кои за првпат се воведуваат на нашиот Универзитет, на состанокот е пред-ложено единиците на Универзитетот во писме-на форма да ги изнесат своите елаборирани предлози кои вклучуваат предметни програми и критериуми за селекција на кандидатите, најдоцна до 1 септември 2009 година, кои ќе придонесат за успешно изготвување на правил-никот за трет циклус студии на Универзитетот.

Во рамките на реализацијата на динамиката на наредните активности, договорено е презен-тацијата од состанокот и појдовните насоки за воведувањето трет циклус студии да се објават на интернет-страницата на Универзитетот, а во почетокот на академската 2009/2010 година да се одржи заедничка работилница посветена на третиот циклус, на која ќе се утврди конечниот концепт за докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на седницата одржа-на на 6.7.2009 година, раз-гледа повеќе прашања од дело-кругот на своите надлежности. Притоа, донесе одлуки за: усво-јување на Проектот за воведу-вање нови студиски програми од првиот циклус студии на Природно-математичкиот фа-култет; усвојување на Проек-

тот за измени и дополнувања на студиските програми од прв циклус студии на Филолошки-от факултет „Блаже Конески“; усвојување на Проектот за усо-гласување на студиските про-грами од прв циклус студии на Факултетот за ликовни умет-ности со Законот за високото образование; усвојување на Проектот за усогласување на студиските програми од втор

циклус студии на Факултетот за ликовни уметности со Зако-нот за високото образование; усвојување на Проектот за из-мени и дополнувања на студис-ките програми од прв циклус студии на Факултетот за му-зичка уметност; усвојување на Проектот за измени и допол-нувања на студиските програ-ми од втор циклус студии на

Page 4: Univerzitetski vesnik br. 96

4

Факултетот за музичка умет-ност; усвојување на Проектот за интегрирани студии од прв и втор циклус по фармација на Фармацевтскиот факултет; усво-јување на Проектот за воведу-вање студиски програми за ла-бораториски биоинженер на Фармацевтскиот факултет; усво-јување на Проектот за вове-дување интегрирани студии по ветеринарна медицина на Фа-култетот за ветеринарна меди-цина, потоа за усвојување на Одлуката за измени и допол-нувања на Одлуката за органи-зирање постдипломски студии по државно-правна историја на Македонија, Одлуката за ор-ганизирање постдипломски сту-дии по државно-правна исто-рија на Македонија (пречистен текст) и Одлуката за измени и дополнувања на Правилата за студирање (Анекс на студиски-те програми на Правниот фа-култет „Јустинијан Први“ во Скопје – пречистен текст) на Правниот факултет „Јустини-јан Први“; усвојување на Проек-тот за усогласување со Законот за високото образование на сту-диските програми од втор циклус студии по монетарна економија и сметководство и ревизија на Економскиот фа-култет; усвојување на Проек-

тот за организирање додип-ломски студии по производ-ство и преработка на тутун (дисперзирана настава во При-леп) на Факултетот за земјо-делски науки и храна; усво-јување на Проектот за измени и дополнувања на студиските програми од прв циклус сту-дии на Шумарскиот факултет; усвојување на Проектот за из-мени и дополнувања на студис-ките програми од втор циклус студии на Шумарскиот факул-тет; усвојување на Проектот за организирање втор циклус сту-дии од областа на претприем-ништвото, финансискиот ме-наџмент, меѓународниот ме-наџмент, меѓународната еко-номија и агробизнисот на Еко-номскиот институт, како и за усвојување на Проектот за ор-ганизирање втор циклус сту-дии на Институтот за сточар-ство.

Универзитетскиот сенат до-несе Одлука за давање соглас-ност на Правилникот за изме-нување и дополнување на Пра-вилникот за внатрешните од-носи и работењето на Факул-тетот за музичка уметност.

Ректорската управа на Уни-верзитетот „Св. Кирил и Мето-диј“, на седницата одржана на 2.7.2009 година, разгледа по-веќе прашања од делокругот на своето работење. Притоа, даде мислења за повеќе проек-ти како за воведување нови студиски програми, така и за измени и дополнувања на пос-тојни.

Разгледувајќи ја Информа-цијата за долговите во врска со изнајмените спортски објекти за наставата по физичко обра-зование на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Ректорска-та управа донесе заклучок – факултетите под итно да доста-ват преглед на долговите што ги имаат кон Факултетот за фи-зичка култура во врска со изве-дувањето на наставата по фи-зичко воспитување на нема-тичните факултети. Истовре-мено, Ректорската управа до-несе Одлука за давање одобре-ние за ангажирање на специ-јалисти во наставно–образов-ниот процес на Медицинскиот факултет, а ги прифати финан-сиските извештаи на: Студент-скиот парламент, АКУД „Мир-че Ацев“ и на Универзитет-скиот спортски сојуз за сред-ствата добиени од ИКСА.

Ректорската управа донесе Одлука за ставање вон сила на Правилникот за Конгресниот центар на Универзитетот од 19.9.2007 година, а беше утвр-ден текстот на Предлог–одлу-ката за начинот на распредел-ба на средствата за информа-тивни, информатички, култур-ни, спортски и други активнос-ти на Универзитетот „Св. Ки-рил и Методиј“. Истовремено беше утврден и текстот на Пра-вилникот за Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Уни-верзитетот „Св. Кирил и Мето-диј“.

Page 5: Univerzitetski vesnik br. 96

5

Ч артерот е изработен врз основа на исцрп-ни консултации не само со универзи-

тетите–членки на ЕУА и ректорските конферен-ции, туку и со поширок круг на организации кои се од клучно значење за европското високо образование.

Од самото основање пред 800 години, европ-ските универзитети работат на континуирано усовршување на научното истражување и созда-вање на цивилизирано и толерантно општество со што ги подготвија младите луѓе за нивната улога во општеството и економијата. Тие дока-жаа дека се прилично отпорни и приспособ-ливи институции кои постојано ја разви-ваат својата улога во општество кое се ме-нува.

Во 21 век сѐ повеќе растат очеку-вањата и побарува-њата за европските универзитети, затоа што општествениот и економскиот раз-вој стануваат клучни за концептот „Евро-па на знаење”. Европските граѓани имаат потреба од силни, автономни, одговорни и сеопфат-ни универзитети, што нудат образование и процес на учење кои ќе бидат засновани на научно истражување, со цел да се пресретнат бројните идни предизвици. Овие општествени и економски предизвици се согледуваат во:

• зголеменото темпо на глобализацијата;

• демографската трансформација кон општес-тва кои стареат во Европа;

• зголеменото темпо на технолошките проме-ни.

Овие развојни околности влијаат и бараат адаптација кон општеството и кон пазарите на труд насекаде. Универзитетите се клучни акте-ри во овој процес.

Европа е подготвена за доживотно учење, а реформите за промовирање на европскиот висо-кообразовен и научноистражувачки простор, кои се одвиваат веќе неколку декади, сега треба да се усогласат и искористат за решавање на

предизвиците кои ги постави доживотното уче-ње. Притоа, треба да се земат предвид досегаш-ните успеси и добрата практика, со која беа пре-сретнати бројните потреби на студентите од универзитетите во Европа. Сегашната дефини-ција на доживотното учење опфаќа повеќе кон-цепти - почнувајќи со почетно образование за групи со недостатоци, постојано образование и обука за дипломци со одлични квалификации и можности за културно надградување за пен-зионирани лица. Оваа дефиниција е подложна на значително различно толкување на локално, регионално и национално ниво.

За да се изгради ефективен европски дијалог при насочу-вањето на локални-от и националниот развој, потребна е поконцизна дефини-ција на концептите и практиките, а со цел да се разјасни прецизно кој е при-донесот за агендата на доживотното уче-ње, придонес кој ќе се изрази во созда-вање на сеопфатни и одговорни европски универзитети.

Универзитетите се вбројуваат меѓу низата институции кои треба да одговорат на овие предизвици. Тие имаат особена можност да овозможат високо образо-вание засновано на истражување за учениците во доживотното учење.

Во моментов, европските општества не го искористуваат огромниот потенцијал на распо-ложливиот човечки талент, а споредбата на стапката на учество во високото образование во Европа со другите региони од светот вознеми-рува и повикува на акција. Проширување на пристапот кон високото образование не значи вклучување на помалку квалификувани студен-ти, туку поддршка на сите ученици кои би биле од корист за нив самите, а и за општеството доколку се стекнат со високо образование. Зна-чи, треба да се посегне кон сè поголемиот број на ученици кои имаат различни интереси и мотивација: не треба да се нудат програми за професионално надградување потребно за про-менливиот пазар на труд, туку да се одговори на потребата за лична надградба преку култу-

Page 6: Univerzitetski vesnik br. 96

6

рен развој кој го нудат универзитетите. Исто така треба да се започне дебата за најдобро и најправично финансирање на програмите за доживотно учење, кои се од полза за индивиду-ални лица, работодавци и за општеството како целина.

Поттикот за развој на сеопфатни и одговор-ни универзитети не е повик за револуција, туку за еволуција. Често се претпоставува дека од-редбата за доживотно учење има поинаква при-рода од одредбата за образование на традицио-нални студенти. Всушност, главниот предизвик е да се изнајдат начини за понуда на поопфат-ни образовни услуги за новите студенти и оние што повторно се образуваат, и да се обезбедат постојани можности за учениците во текот на целиот живот. Проширување на обемот на уче-ници е главното стратешко прашање, а клучни-те активности кои треба да ги преземат универ-зитетите се воведување на систем за праведно проценување и валидација на сите форми на образование и понуда на релевантни, креатив-ни и иновативни образовни програми.

Универзитетите исто така се свесни за потре-бата од вклучување, како и зајакнување на дија-логот со општеството, особено со работодавци-те и организациите на вработените, и со родите-лите и студентите. Тоа најдобро може да се по-стигне преку зајакнување на партнерствата на различни нивоа, со посебно внимание на локал-но ниво, каде што потребите се појасно забе-лежливи и искажани.

Целта на чартерот, запишан во форма на изјави на универзитети во врска со развојот и имплементацијата на стратегиите за доживот-но учење, придружени од идентични изјави од страна на владите и регионалните партнери, е да им се понуди помош на европските универ-зитети во одредувањето на нивната одредена улога на институции за доживотно учење кои го формираат носечкиот столб на „Европа на знаење”.

Универзитетите ќе ја искористат можноста да ги промовираат централно во својата ми-сија доживотното образование и стратегијата во рамките на поширока дефиниција за од-лични резултати. Комплексноста на концеп-тите за доживотно учење треба да се сфати и истражи како клучен аспект за придонесот на универзитетите кон создавање на култура на доживотното учење.

Page 7: Univerzitetski vesnik br. 96

7

Европските универзитети позитивно ќе одговорат на сè поразновидната побарувачка од страна на широк спектар на студенти за висок квалитет и релевантно високо обра-зование во текот на животот. Во овој спектар се вклучуваат универзитетските студенти, воз-расните ученици, стручњаци кои сакаат да ги доусовршат своите вештини потребни за ра-ботната средина, постари граѓани кои пока-жуваат културен интерес и други.

Европските универзитети се свесни за зна-чајниот придонес што ќе го има разноликото студентско тело во поттикнувањето на успех и иновации во институциите и поширокото општество, како и начинот на кој различните типови на студенти можат да соработуваат меѓу себе во заедничка средина која го поддржува учењето.

Потребно е да се воспостават флексибил-ни и транспарентни студиски текови така што сите ученици ќе имаат пристап до висо-кото образование во сите негови форми. Суш-тинска одговорност на универзитетите е да обезбедат образовна понуда со постојан ви-сок квалитет.

Европските универзитети се свесни за раз-нообразноста на индивидуалните потреби на учениците, затоа, нивна обврска е да ги при-способат програмите и да го обезбедат разво-јот на соодветните образовни исходи во при-стапот кој е насочен кон ученикот. Тие исто така се заветуваат дека ќе промовираат поши-роко учество и постојано образование.

Сите квалификувани потенцијални студен-ти треба да имаат пристап до релевантно академско и стручно советување, а, секако, и психолошко советување. Оваа поддршка тре-ба да е достапна до ученици на секоја воз-раст, и со секакво социјално и културно по-текло.

За да се искористи потенцијалот на програ-мите за високо образование, потребно е сите универзитети да изградат системи за процен-ка и признавање на стекнатото учење. Ова е особено важно во контекст на доживотното учење во глобалната ера каде што знаењето се стекнува во различни форми и места.

Page 8: Univerzitetski vesnik br. 96

8

Европските универзитети направија зна-чајни чекори во развојот на механизми за внатрешна контрола, преземајќи главна одго-ворност за квалитетот на своите програми. Овој труд ќе се адаптира во развиена рамка на доживотното учење, со цел да се обезбедат соодветен број центри за поддршка на учени-ците, чиј профил станува сè поразнообразен, а нивниот број сè повеќе расте.

Мисиите за научно истражување и инова-ции на универзитетите можат да се зајакнат преку стратегии за доживотно учење, а нивни-от конкретен придонес за доживотното учење треба да се поттикне преку истражување. Истражувачите исто така се вбројуваат во ре-довите на доживотните ученици, а нивните образовни потреби, со оглед на промените на пазарот на труд, постојано се менуваат. Дожи-вотното учење може да биде извор за нови научноистражувачки методологии и теми.

Во создавањето на европскиот високо-образовен и научноистражувачкиот простор, европските универзитети се обврзани на голе-ми реформи со кои учениците се наоѓаат во фокусот на образованието. Универзитетите треба да го истражат потенцијалот на овие ре-форми и нивните механизми (ЕКТС, прилог на диплома, европски стандарди и упатства за обезбедување на квалитет, квалификаци-она рамка итн.) за да се развие креативна сре-дина на доживотно учење којашто ќе биде отворена за разнолика популација на учени-ци, и на тој начин да одговори на општестве-ните потреби за модернизација на високото образование. Целосната интеграција на дожи-вотното учење со мисијата на универзитетите е од суштинско значење за збогатување на креативноста и иновативните профили на ин-ституциите.

Институциите не можат самите да обезбе-дат релевантни образовни програми во кон-текст на доживотното учење. Потребата од структурни партнерства - со други образовни институции, работодавци, организации на вработените (синдикати), како и клучните актери – е од суштинско значење за да се до-

бијат флексибилни, релевантни и иновативни програми.

Универзитетите не само што нудат образо-вание и научно истражување, туку имаат и улога на едни од главните работодавци. Затоа имаат потенцијал да бидат модел во општес-твото со самото тоа што ќе нудат можности за доживотно учење за сопствените вработени - академскиот, административниот или технич-киот и помошен кадар. Тие треба да бидат клучните актери во напорите за создавање на заеднички начела за напредок во национал-ните системи.

Владите имаат обврска да обезбедат соод-ветно вреднување на придонесот што универ-зитетите го имаат во доживотното учење, кој не смее да се сфати како минимален додаток кон улогата на универзитетите. Потребна е голема културна промена за да се одговори на барањата на општество втемелено на дожи-вотно учење, кое вртоглаво еволуира, како и на долгорочните потреби на пазарот на труд. Ова, секако, бара и значајна финансиска инвестиција.

Владите треба да обезбедат вреднување на постигнувањата на доживотното учење од страна на индивидуални лица, јавни и при-ватни работодавци и други актери. Учењето во текот на целиот живот е заедничка општес-твена цел. Граѓаните треба да имаат пристап

Page 9: Univerzitetski vesnik br. 96

9

до информации за можностите на доживот-ното образование, а европските универзитети треба да бидат поддржани при напорите овие можности да бидат отворени за секој што има потенцијал за придобивка од високото обра-зование, во кој било период од нивниот жи-вот.

Повеќето земји создадоа системи за обезбе-дување на квалитет во високото образование, кои имаат големо влијание врз природата на развиените програми. Затоа, неопходно е да се посвети внимание на прашањето за дожи-вотно учење во процесот на обезбедување ква-литет, со што доживотното учење ќе стане дел од националните приоритети.

Професионалното академско советување, советувањето за избор на кариера, како и со-цијалните услуги се од суштинско значење за сите ученици кои сакаат да си го пронајдат патот во флексибилните одредби кои ги раз-вија универзитетите, но кои се од особена важност за лицата кај кои постои најголем ри-зик да не ја довршат високобразовната сту-диска програма и кои имаат мала поддршка од семејствата, пријателите и колегите. Без разлика дали услугите се доставуваат внатре или надвор од високообразовните институ-ции, владите имаат обврска да обезбедат висо-ки професионални стандарди. Исто така упа-тувањето и советувањето при избор на карие-ра треба да бидат во служба на доживотното учење, кое овозможува постојана поддршка на граѓаните на сите нивоа на образование. Ваквата поддршка треба да се однесува на студенти од сите возрасти, и со различно со-цијално и културно потекло.

Владите имаат обрвска да ги поддржуваат и мотивираат институциите при признава-њето на сите форми на стекнато образование. Оваа задача може да се оствари со тоа што ќе се понуди соодветен стимул за институциите, и ќе се обезбеди целосна интеграција на стек-натото знаење во квалификационата рамка.

Владите треба да ги разрешат системат-ските пречки кои ги попречуваат потенцијал-ните ученици да ги искористат можностите

на доживотното учење. Значи, треба да се пре-земат акции во рамките на правата на соци-јално осигурување, работничките права, недо-стигот од финансиска помош за доживотното учење и престанокот на пензионерскиот надо-месток за време на студирањето.

Владите имаат одговорност да им обезбе-дат на универзитетите автономија за развој на сопствени активности како одговор на пре-дизвиците на доживотното учење, како и самите да ги одредат критериумите за упис, но воедно да добиваат и стимуланси како на-града за напорите за остварување на мисија-та. Главниот прогрес при развојот на одред-бите за доживотно учење ќе се реализира единствено доколку се постигне ваква рамка на автономија, придружена со финансиски стимул.

Придобивките од високо квалитетни од-редби за доживотно учење нашироко ќе бидат реализирани низ сите региони на Европа, и затоа регионалните агенции за развој, локал-ните работодавци и организациите на врабо-тените (синдикати) имаат голема улога во оваа агенда. Регионалните партнерства со ви-сокообразовните институции и социјалните партнери треба да се зајакнат, затоа што се од витално значење за успешното планирање и доставување на услугите за доживотно учење.

Како клучен аспект во имплементацијата на националната стратегија за доживотно уче-ње, владите имаат особена одговорност да им овозможат на граѓаните пристап до информа-ции за бројните можности кои ги нудат уни-верзитетите од аспект на доживотното учење.

Освен универзитетите, и владите можат да постават стандарди во општеството доколку ја преземат улогата на пример за начелата кои ги спроведуваат. Владите треба да ги охраб-рат вработените во јавниот сектор да ги иско-ристат можностите на доживотното учење кои ги нудат универзитетите и другите инсти-туции.

Page 10: Univerzitetski vesnik br. 96

10

Page 11: Univerzitetski vesnik br. 96

1 1

Page 12: Univerzitetski vesnik br. 96

12

Page 13: Univerzitetski vesnik br. 96

1 3

Во рамките на процесите за интегрирано дејствување и функционирање на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје усогласени со Законот за високото образование и Статутот на Уни-верзитетот, во Универзитетски весник ги претставуваме раководните органи на единиците и придружните членки на Универзитетот. Во зависност од обемноста на содржините и акту-елните настани, во секој број објавуваме биографски податоци на еден или повеќе декани на факултети, односно директори на научни институти.

Во овој број го претставуваме ППРРООФФ.. ДД--РР ААЛЛЕЕККССААННДДААРР ГГРРЧЧЕЕВВ.

Роден е на 3.3.1960 година во Струмица. Основното и средното образование ги завр-шил во Скопје. На Стомато-лошкиот факултет се запишал во 1978 година, а дипломирал во 1985 година, со просечна оценка 8,96. Истата година се запишал на постдипломски студии по предметот максило-фацијална хирургија. Во 1989 година бил вработен на Кли-никата за максилофацијална хирургија во Скопје.

Во звањето помлад асис-тент на Стоматолошкиот фа-култет во Скопје бил избран во 1991 година, по предметот

максилофацијална хирургија. Магистрирал во 1993 година, со одбрана на магистерскиот труд под наслов: Современи радиолошки и клинички ди-јагностички методи кај myoarthropathi-јата на темпо-романдибуларниот зглоб, а специјалистичкиот испит по предметот максилофацијална хирургија го положил во 1994 година. Од 1994 година е ре-довен член на Здружението за пластична и максилофаци-јална хирургија на Македони-ја, како и на Македонското лекарско друштво.

Во звањето асистент по предметот максилофацијална хирургија на Стоматолош-киот факултет во Скопје бил избран во март 1995 година. Во април 1997 година му би-ла прифатена пријавата за изработка на докторска ди-

Проф. д-р Александар Грчев,декан на Стоматолошкиот факултет

Page 14: Univerzitetski vesnik br. 96

14

сертација од областа на макси-лофацијалната хирургија.

Проф. д-р Александар Гр-чев учествувал во изработката на 45 трудови од областа на максилофацијалната хирурги-ја објавени во стручни спи-санија, а биле презентирани и на конгреси во земјата и во странство. Активно учеству-вал на стручни советувања и симпозиуми во земјата и во странство (Линц, Гронинген, Париз и други). Соработувал во изработката на шест учебни-ци кои се издадени во рамки-те на Клиниката за максилофа-цијална хирургија, како автор на поглавја од стручната об-ласт.

На 5.7.2001 година, со од-брана на докторската дисерта-ција под наслов: „Дијагнос-тички и терапевтски аспекти кај фрактурите на collum man-dibulae“, се стекнал со научни-от степен доктор на стомато-лошки науки.

Во март 2002 година бил из-бран во звањето доцент на Сто-матолошкиот факултет, по предметот максилофацијална хирургија.

Бил вклучен во работата на три научноистражувачки проекти, финансирани од Ми-нистерството за образование и наука на Р. Македонија. Ме-ѓу проектите на кои работел бил и проектот на проф. д-р В. Поповски: „Оформување на постоперативен дијагнос-тички протокол за туморите на плунковните жлезди пре-ку хистопатолошки и радио-лошки критериуми“, финанси-ран од Министерството за

образование и наука на Р. Ма-кедонија во периодот 2000-2003 година.

Во март 2005 година бил избран за продекан на Стома-толошкиот факултет во Скоп-је. Покрај вршењето на оваа функција, бил ангажиран и во унапредувањето на наста-вата и афирмацијата на Сто-матолошкиот факултет, како што е примерот со изработка-та и имплементацијата на ЕУ–тест платформата за ком-пјутеризирана проверка на знаењата, која е во употреба на Стоматолошкиот факул-тет, и е единствена методоло-гија од таков вид успешно применета во регионални рамки.

Проф. д-р Александар Гр-чев бил организатор и преда-вач на пет постедукативни се-минари за континуирана еду-кација во рамките на школата за континуирана едукација при Стоматолошкиот факул-тет во Скопје.

Во звањето вонреден про-фесор бил избран во 2007 го-дина.

Бил предавач на Интерна-ционалниот семинар на Ев-ропското здружение на мак-силофацијалните хирурзи, кој се одржува во повеќе гра-дови во Европа (EACMS). Toj e oсновоположник и главен и одговорен уредник на Маке-донската стоматолошка реви-ја, стручно списание од об-ласта на стоматологијата на-менето за постедукативна континуирана едукација на докторите по стоматологија во Македонија.

Проф. д-р Александар Грчев, декан на Стоматолошкиот факултет

АНАЛИЗАна променетите услови за работата на Факултетот

во наредниот мандатен период

Опстојувањето и развојот на Стоматолошкиот факултет во на-редниот период ќе биде условен со промените кои актуелно се случуваат или очекувам да се случат во наредниот четири-годишен период. Во мандатниот период за кој се кандидирам, се очекуваат коренити институционални промени во државата, но по мое мислење, и уште поголеми промени на условите за раз-вој на едукацијата во светски рамки. Овие променети усло-ви ќе имаат силен одраз врз работата на Стоматолошкиот факул-тет и ќе бидат голем предизвик за неговиот понатамошен развој.

Овие променети услови, кои се видливи и кои се во тек, ги де-тектирам во следниве области: А. Промени во државата

кои се во тек, а директ-но се однесуваат на ра-ботата на Факултетот: 1. коренити промени во здравствениот систем на државата;

2. промени кои ги налага новиот Закон за високо-то образование и потреб-ното преструктурирање на Стоматолошкиот фа-култет во односите кон интегрираниот Универ-зитет „Св. Кирил и Мето-диј“;

3. промените кои ги носи националната и, што е уште поважно, регио-налната либерализа-ција на пазарот на едукативни услуги.

Б. Покрај наведените проме-ни кои се во тек, можат да се предвидат и дополни-телни негативни тен-денции, кои би произлег-ле од веќе наведените, и нив би ги дефинирал како: 1. можно намалување на материјалната база за развој на Факултетот во делот на учеството на државата;

2. можно намалување на веќе постигнатиот ква-литет на образование, а со тоа и на угледот на Факултетот;

3. можно намалување на атрактивноста и компе-титивноста на образова-нието на Факултетот во однос на опкружувањето.

В. На светско ниво, проме-ните во образовниот про-цес се коренити и се одне-суваат на неколку многу круцијални елементи на образовниот процес.1. Глобализација, виде-на како унификација и компетитивност на стоматолошката струка, а како последица на тоа, глобализација на систе-мот на стоматолошко образование.

2. Драматични промени со нови комуникациски медиуми кои ги мену-ваат начинот и смислата на едукација на локално ниво.

Page 15: Univerzitetski vesnik br. 96

1 5

3. Екстремно брза технологизација на струката на сметка на основните искус-твени стереотипи.

4. Неопходност од промена на приорите-тите на високостручните и високообра-зовните институции во однос на истражу-вачката и висококвалитетната здравстве-на дејност.

Променетите услови во кои ќе се нај-де Стоматолошкиот факултет во на-редниот период ќе бараат негово пре-структурирање и приспособување кон новонастанатите состојби, за да одго-вори на очекуваните предизвици. По-требата од реформи, кои ќе бидат не-миновни, треба да се адаптира на брзи-ната која може да биде прифатлива и која нема да остави потешки последи-ци по неговото функционирање.

А. Промени во државата кои се во тек, а директно се однесуваат на работата на Факултетот:

А.1. Коренити промени во здравстве-ниот систем на државата

Пазарното финансирање на здравстве-ните услуги, од страна на Фондот за здрав-ство, ќе биде удар за материјалната основа на Факултетот. Приспособувањето на Клиничкиот центар кон пазарните услови на финансирање неминовно ќе доведе до колизија помеѓу здрав-ствениот и образовниот сегмент од дејноста на Факултетот, пред сѐ во однос на користењето на постојната инфраструктура, која и во сегашни-от момент е инсуфициентна. Инсистирањето на пазарно работење на Клиничкиот центар е во спротивност со на-шата општествена задача за подигање на квалитетот на наставата, процес кој во никој случај не може да се под-веде под пазарни принципи за врше-ње на здравствена дејност. Решение-то на овие пробле-ми треба да го бара-ме во продолжува-ње на договорите за адаптација на др-жавната регулатива за овие две области, процес кој е во тек и во кој треба активно да партиципираме заедно со Универзи-тетот „Св. Кирил и Методиј“. Во момен-талната констелаци-ја на односите треба да очекуваме дека ова ќе биде подол-горочен процес,

кој во поголем степен ќе зависи од општестве-ните услови отколку од нашите радикални ста-вови.

Пазарното однесување во здравствениот дел од дејноста на Факултетот посредно ќе се одрази негативно и дестимулативно на суб-јектите на наставниот процес (асистенти и студенти) на Стоматолошкиот и на Медицин-скиот факултет, кои примарно ќе го насочат своето ангажирање кон извршување на задачи-те кои произлегуваат од нивната здравствена дејност. Поради ова, поделбата на компетен-циите и подобрувањето на стимулацијата и одговорноста за извршување на наставните обврски на персоналот е крупна задача пред новата раководна структура на Факултетот.

А.2. Промени кои ги наложува новиот Закон за високото образование и потребното преструктурирање на Стоматолошкиот факултет во односите кон интегрираниот Уни-верзитетот „Св. Кирил и Методиј”

Задачите кои ги наметнува интеграцијата на Стоматолошкиот факултет во интегралниот Универзитет „Св. Кирил и Методиј” се корпус од задолженија кои ќе треба да се одработат од страна на наставниците и вработените на Стоматолошкиот факултет. Голем дел од актив-ностите во оваа насока веќе се завршени, но претстојат уште голем дел од работите кои се пред нас. За докомплетирање на задачите од овој сегмент, Факултетот има доволни кадров-ски предуслови, но како реален проблем ќе се постави редуцираната материјална база на Факултетот кој во основа ќе оневозможи реализација на сите процеси со квалитет што

Page 16: Univerzitetski vesnik br. 96

16

би одговарал на новите услови и реномето на институцијата.

А3. Промените кои ги носи национал-ната и регионалната либерали-зација на пазарот на едукативни услуги

Демонополизацијата на високото образо-вание во државата, заедно со зголемената мате-ријална партиципација на студентите во обра-зованието, ќе доведе до зголемување на кон-куренцијата од други високообразовни институции и ќе биде голем предизвик за опстојувањето и развојот на Факултетот. Посеб-но би ја нагласил и очекуваната конкуренција од слични установи во регионалното опкружува-ње, кои поради својата атрактивност и европ-ска ориентација можеби се и поопасни. За да се носи со овие предизвици, нашиот Факул-тет ќе мора да ги следи големите промени во наставниот процес во студиите по стоматологи-ја на регионално ниво, да обезбеди свое место во опкружувањето, а во некои области да биде и референтен на европско ниво. Во услови на оче-куваното намалување на материјалната база, ова за новото раководство ќе биде значаен предизвик.

Б. Покрај наведените промени кои се во тек, можат да се предви-дат и дополнителни негативни тенденции, кои ги очекувам и би произлегле од веќе наведени-те, и нив би ги дефинирал како:

Б.1. Можно намалување на материјал-ната база за развој на Факултетот од делот на учество на државата, кое е очекувано поради неколку негативни тенденции:

- пазарното финансирање на здравствени-те услуги од страна на Фондот за здравство,

со што ќе се усложни фи-нансирањетона Клинич-киот центар како основ-на матери-јална база на Факул-тетот;

- отежнатите услови за остварување доход на слободниот пазар на сто-матолошки услуги;

- редуцирана-та матери-јална база на држава-та, која не

ветува поголема партиципација ниту на Министерството за образование и наука во развојот на Факултетот, односно треба да очекуваме намалување на вкупна-та маса на средства за образование пора-ди најавените нови државни стомато-лошки факултети;

- намалување на средствата со кои партици-пира државата преку Министерството за образование и наука, што е повеќегодишен тренд без реални изгледи за радикални промени кон подобро;

- негативните глобални трендови во еконо-мијата, кои секако ќе предизвикаат репер-кусии во сите општествени дејности, кои се основа на постоењето на нашиот Факултет. Решението на овие негативни трендови го

гледам во интеграција на двете функции на Фа-култетот, образовната и врвната здрав-ствена дејност во делот за постедукатив-на едукација, со што ќе се креира модел за додатна акумулација. Во дадениот момент состојбата за таков зафат е поволна за Факулте-тот поради акумулираните стручни кадри и релативно солидната инфраструктура.

Б.2. Можно намалување на веќе по-стигнатиот квалитет на образо-вание, а со тоа и на угледот на Факултетот.

Оваа тенденција е веќе присутна, а ќе се актуелизира во наредниот период поради:- пазарните услови во здравствениот систем,

со недефиниран пазарен статус на обра-зованието и реперкусиите за практичната работа на студентите;

- флуктуацијата на врвните кадри поради дестимулацијата на образовната дејност;

- намалувањето на материјалната база на Факултетот неопходна за воведување на врвни технологии и процедури во образов-ниот процес.

Page 17: Univerzitetski vesnik br. 96

1 7

Б.3. Можно намалување на атрактив-носта и компетитивноста на образованието на Факултетот во однос на конкуренцијата од опкружувањето

Оваа тенденција не е моментно присутна, но претставува вистински предизвик за понатамош-ниот развиток на Факултетот. Реална е можнос-та за појава на состојбата на редуцирани пер-спективи за развој на Факултетот во пазарно дефинирани регионални услови за еду-кација и во услови на редуциран пазар на стоматолошки услуги. Постои опасност, во услови на заострена регионална компетиција, да се појави тенденција за маргинализација на нашите дипломи на европскиот пазар на едукативни вредности, што подоцна би се огледало и на државно ниво. Ваквиот развој е директна последица на:- намалувањето на материјалната база

на Факултетот; - невклученоста на Стоматолошкиот факул-

тет во светската стоматолошка комуника-ција, пред сѐ поради непостоење на држав-на и факултетска интеграциска стратегија и неможноста да се учествува во меѓународни-те проекти поради, пред сѐ, глобално поли-тички и институционални пречки;

- затвореноста на интернационалните струч-ни и научни кругови;

- дестимулацијата и инертноста на стручните кадри. Во вакви услови, дипломите со „европски“

предзнак од соседството ќе бидат поатрактивни за младата генерација, без разлика на цената која за тоа треба да се плати. Сето тоа ќе доведе до circulum viciosum со понатамошно намалува-ње на материјалната база на Факултетот, состој-ба која мораме да ја превенираме.

Решенијата за ваквата опасност ги дефини-рам во следниве претпоставки: 1. Институционалното поврзување на

Факултетот со сродните регионални и европ-ски институции во сите форми ќе биде моја апсолутно примарна задача и един-ствен гарант за правилната насока во градењето на модерна, европски респек-табилна институција, која во целост ќе ја оправда општествената потреба за своето постоење.

2. Интензивирање на меѓународната соработка на Факултетот и воспоставува-ње на поцврста соработка со стоматолошки-те факултети од Европа, особено со размена на искуства во спроведувањето на ЕКТС. Исто така, ќе се залагам и за обновување на соработката со факултетите од соседните земји и Југоисточна Европа поради заеднич-ко дејствување во регионот и пошироко.

3. Мобилност на студентите во рамки-те на универзитетите во земјата и во стран-ство, со што студентите добиваат можност да се стекнат со нови сознанија и искуства.

4. Мобилност на наставниците и асис-тентите, бидејќи само на таков начин може да се обезбеди проток на нови идеи, сознанија но, исто така, и имплементирање

на позитивни искуства од успешните ака-демски средини во други држави. Секој престој на наставниот кадар во реномирани и познати факултети, секоја презентација на стручно-научен труд претставува лична промоција на секој поединец но, исто така, и промоција и на Факултетот.

5. Поддршката на студентската ор-ганизација за зајакнување за учество во работата на европските студентски структу-ри и асоцијации. Сите реформи кои треба да доведат до меѓу-

народна афирмација на Факултетот мораат да бидат следени од мерки кои се опишани во делот за општи мерки за реформа на Факул-тетот.

В. Во анализата на едукативни-от процес на глобално ниво пре-познавам тенденции кои мо-жат негативно да се одразат на компетитивноста на наши-от Факултет, иако имаме и ма-теријална основа и кадри да ги превенираме зададените пре-дизвици.

В.1. Глобализација, видена како уни-фикација и компетитивност на стоматолошката струка, а како последица на тоа, глобализација на системот на стоматолошко образование

Детално е образложена во претходната точ-ка, кадешто се образложени и можните излез-ни решенија.

В2. Драматични промени со нови комуникациони медиуми кои ги менуваат начинот и смислата на едукацијата на локално ниво

Брзиот развој на трансферот на инфор-мации, достапни во стручните и научните мрежи до секој консумент, ја релативизира титулата во однос на реципиентот, а ја апострофира вредноста на искуствената презентација и практичната едукација. Глобалната размена на информации бара постојано потврдување на авторитетот на пре-давачот и медиумски беспрекорни презен-тации на идеите и сознанијата. Материјални предуслови за тоа на Факултетот постојат, и уште поважно, тие можат да бидат унапре-дени, но овие предуслови мораат да станат критериум за постојано напредување на наставниот и помошнонаставниот кадар.

В.3. Екстремно брза технологизација на струката на сметка на основни-те искуствени стереотипи

Сѐ повидлив е трендот новите технолош-ки решенија, многу повеќе од занатското искуство на лекарот/едукаторот, да бидат услов

Page 18: Univerzitetski vesnik br. 96

18

за успешен третман на пациентот. Новите техно-логии ја менуваат и самата суштина на клинич-ката одлука за најдобар и најцелисходен трет-ман во секој поединечен случај. Како последи-ца се јавува состојбата – индустријата и дис-трибутерите на стоматолошка опрема и мате-ријали да ја организираат едукацијата и обу-ката за новините во стоматологијата, оставајќи му намален простор на Факултетот за презента-ција на новините во стоматологијата. Последи-ците веќе се чувствуваат во стоматолошката практика, не само кај нас туку и на светско ниво. Решението за ваквата состојба треба да се бара во: - најбрза можна имплементација на новите

технологии, пред сѐ во Клиничкиот центар и на Факултетот;

- макропроекти, поврзување со производство-то и учество на меѓународни конкурси во сферата на научната дејност;

- целосно отворање и константно присуство на Факултетот како основен однос со стома-толошката јавност во државата;

- промена на специјалистичките курикулуми е итна задача, а при ова тие треба да бидат во согласност со курикулумите кои важат за повеќе земји во Европа;

- понатамошен развој на супспецијалистич-ки турнуси (имплантологија, пародонтална хирургија, максилофацијална протетика и др.), со што се засилува терцијарната здрав-ствена дејност, а со тоа се апострофира и улогата на Факултетот како ‘рбет на оваа дејност;

- стимулирање на учеството на визитинг-професори во реализација на дел од пост-дипломската, но и додипломската настава на Факултетот;

- изработка на стратегија за развој на научно-истражувачката дејност на Стоматолошки-от факултет, базирана на планот, програма-та и областа добиена од секоја поединечна катедра, во корелација со светските научни трендови во одредени области;

- формирање на научноистражувачка едини-ца со точно зададени цели во склоп на Институтот за научноистражувачка работа, чија задача ќе биде планирање и координи-рање на научноистражувачките активности на ниво на Факултетот, и институционално поврзување на Факултетот со меѓународ-ните макропроекти кои се во подготовка.

В.4.Промена на приоритетите на висо-костручните и високообразовните институции во однос на истражу-вачката и висококвалитетната здравствена дејност

Светски тренд е успешноста, реномето и ат-рактивноста на Факултетот да зависат повеќе од неговото учество во научноистражу-вачката и врвната здравствена дејност, а многу помалку од образованието. Ваквата замена на приоритетите мора да се внесе во основните вредносни критериуми на нашиот Факултет. За имплементацијата на глобалните критериуми за вреднување веќе зборувавме во

претходните пасуси. Посебна тешкотија ќе претставува тоа што решението мораме да го бараме во услови на редуцирана материјална база на Факултетот. Сепак, со ангажирање на нашите кадри во нова и напредна форма на континуирана едукација можеме да обезбедиме реално пазарно подобрување на финансиската кондиција на Факултетот. Орга-низациони норми за ваквото преструктурира-ње на Факултетот веќе постојат.

ПОТРЕБНИ РЕФОРМИ НА НАСТАВНО-ОБРАЗОВНАТА ДЕЈНОСТ

Целта на реформите мора да биде модер-низација и европеизација на наставни-от процес, со што би постигнале регионал-но и европски препознатлива диплома како гаранција на објективно верифици-ран висок квалитет на продуцираните кадри.

Доразвивањето на ЕКТС и реформите на наставните планови кои се во тек треба да вле-зат во процес на интензивно и севкупно дина-мизирање и практично имплементирање. Со оваа програма, централно место во образов-ниот систем зазема студентот, кој станува и креатор на динамиката на студирањето.

Со воведувањето на интерактивна нас-тава, блок настава, студентски семи-нари и др. нови форми на практична и теорет-ска едукација на студентите ќе се зголеми ефи-касноста на наставниот процес и ќе се ажурира и засили апликативниот приод на учењето, со што ќе се зголеми ефикасноста во студирањето и ќе се профилира солиден стручен кадар.

Објективен, унифициран, европски дефиниран критериум на оценување, осло-боден од корупција, непотизам и субјективизам на наставникот. Стоматолошкиот факултет во Скопје веќе прави обид да ја реализира таа за-дача преку ставање во функција на програма за компјутеризирано тестирање, можеби први во Европа. Со бази достапни на интернет за студентите, а изработен специјално за тоа од страна на катедрите на Стоматошкиот факул-тет, ќе влеземе во сосема новите простори на едукација за овој век, сигурно први во реги-онот, а можеби и во Европа.

Дијалогот со студентите (корисници на услугите) и нивното интензивно вклучување на сите нивоа во едукативниот процес како од-говорни, компетентни, конструктивни и актив-ни партнери во образовниот процес според Болоњската декларација ќе биде едно од пра-шањата за кое посебно ќе се залагам.

Партнерскиот статус на студентите треба да им овозможи тие да станат рамноправ-ни оценувачи на образовниот процес на Факул-тетот и двигатели на иницијативата за промени кои водат кон прогрес на образованието. Во таа своја улога студентите мораат да бидат одговор-ни и компетентни, а за да се ефектуира тој про-цес, потребно е да се почитуваат правата, потре-бите и интересите на студентите од страна на наставниците и асистентите на Факултетот, да

Page 19: Univerzitetski vesnik br. 96

1 9

се остварат демократски односи и двонасочна комуникација, како и да се обезбеди учество на студентите во оценување на квалитетот на обра-зовниот процес.

Издавањето заеднички и унифицира-ни, по обем и програма, светски компати-билни основни учебници и учебни помагала и збирка на соодветни тест-прашања со коментари, на секоја катедра, е, исто така, една од планираните реформи во областа на настав-но–образовната дејност.

ПОТРЕБНИ ОРГАНИЗАЦИОНИ И КАДРОВСКИ ПРЕСТРУКТУ-РИРАЊА ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА РЕФОРМИТЕ

Основна пречка при вработувањето и обнову-вањето на кадарот, која трае повеќе години, и која негативно се одразува на вкупното функци-онирање на Факултетот, претставува во прв ред лошата организа-циска поставеност на Факултетот со УКС и УКМФХ и не-можноста Факулте-тот да го креира соз-давањето на подмла-докот, од една стра-на, а од друга страна забрана за нови вра-ботувања од страна на државата која ду-ри не дозволува ком-пензирање и на ра-ботните места осло-бодени по основ на пензионирање, со што крајно се вло-шува кадровската состојба на подмла-докот на Факулте-тот, а посебно денес кога од нас се бара доследно да ги спро-ведеме реформите во образовниот про-цес според Болоњ-ската декларација. Оттука, неопходно е да се направи следново:- допрецизирање и доработка на нормати-

вите за избор на наставници и сора-ботници и создавање на конкурентност при изборот, преку давање на реална рецен-зија од страна на рецензентската комисија врз база на факти и аргументи и вршење на суштински, вистински, а не формален из-бор – реизбор;

- аплицирање на принцип за објективно оценување на залагањето и резултати-те на кандидатот во наставно-научниот про-цес како темел за негово академско напреду-вање.

ПОТРЕБНИ МАТЕРИЈАЛНИ УСЛОВИ ЗА РЕФОРМИРАЊЕ

- За да може да се реализира комплетна мо-дернизација на образовниот процес, неми-новно е да се изврши подигање на компе-тенциите на наставничкиот и соработнич-киот кадар преку градење систем за нивно перманентно и континуирано професионал-но оспособување и усовршување, и, секако, адекватно наградување за изврше-ната работа. Оттука произлегува и потребата, која императивно се наметнува, дека при изборот на наставници и соработ-ници е битно активното познавање на странските јазици, поради неопходната комуникација.

- Екипираност на Факултетот со современа информатичка и образовна техно-логија, обука на наставниот и соработнич-киот кадар за користење на информатич-

ката технологија, обезбедување на слободен и бесплатен пристап на интернет за студен-тите и наставниците во рамките на Факулте-тот.

- Реорганизација и комплетна компјутери-зација на административната служба на Стоматолошкиот факултет, со која, меѓу другото, треба да се поедностави пријавувањето на испитите, земањето на уверенијата, потврдите и сл., и можност за електронска комуникација со наставниот и помошно-наставниот кадар.

- Продолжување со модернизација на наставата со набавка на посовремена и трендовска техничка опрема.Севкупно, во идниот мандатен период очеку-

Page 20: Univerzitetski vesnik br. 96

20

вам отежнати услови за работа на Стомато-лошкиот факултет, кои ќе ги карактеризираат: - зголемена конкуренција (пред сѐ од

регионалните факултети);- зголемени барања од студентите

(корисниците на услуги);- стагнација или намалување на мате-

ријалните средства од државни изво-ри;

- почеток на приспособување на некак-ва форма на пазарно работење на институцијата.Сѐ на сѐ, мислам дека би било целосно

погрешна стратегија ако опстанокот и раз-војот на Факултетот ги врземе исклучиво на

инсистирањето за добивање повеќе средства од државните извори (министерства и фонд).

Сето ова налага исклучително сериозен пристап кон извршувањето на деканската функ-ција во овој мандатен период. Оваа Предлог-програма е концизен израз на моите идеи, планови и методи за развој на Факултетот во овој период, во однос на претпоставените нови општествени услови и предизви-ци, сѐ со цел да не останеме на маргините на овие движења во државата, а во исто време Факултетот да избори и свое место во регионални и европски рамки.

ПОДЕМ НА ФАКУЛТЕТОТ СО НОВИ ПРЕДИЗВИЦИ

Проф. д-р Владо Тимовски,декан на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“

Вовед

Во едногодишниот извештаен период (мај 2008 - мај 2009), целокупната дејност на Педа-гошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ се одвиваше во услови на интегрирање на Универ-зитетот „Св. Кирил и Методиј“. Педагошкиот факултет преку деканот, членовите на Сенатот, Деканатската управа и Наставно-научниот со-вет активно се вклучи во тие процеси. Трг-нувајќи од Из-борната про-грама за рабо-тата на дека-нот, Четириго-дишната и Ед-ногодишната програма за работата на Факултетот, иницирани се и разрешени повеќе праша-ња од настав-ната дејност, научноистражувачката работа, меѓународната соработка, нормативната дејност, подобрување-то на условите за работа и студирање на Факул-тетот. Остварена е соработка со други воспитно-образовни институции, Студентскиот парла-мент, како и соработка со невладини организа-ции и здруженија. Во разгледувањето и реша-вањето на сите прашања обезбедена е јавност, постапност и демократичност во одлучувањето.

Органи на Факултетот

Наставно-научен совет

Наставно-научниот совет одржа десет редов-ни и две вонредни седници, на кои, во рамките на својата надлежност, презеде повеќе актив-ности и разрешување на повеќе проблеми. Спроведена е постапката за избор на продекани

и раководите-ли и повеќе постапки за из-бор-реизбор во наставно-научни и сора-ботнички зва-ња.

Во рамките на наставната дејност се до-несени одлуки за реализација на: наставниот процес, вежбите и ис-питите со ре-

довните и со вонредните студенти, педагошкиот стаж, актив-ностите околу ЕКТ-системот и стариот режим на студирање, бројот и начинот за прием на нови студенти во учебната 2008/09 година, студиските програми по стариот систем на сту-дирање и ЕКТС, како и ангажирањето на надво-решен кадар и давање согласност на нашите наставници да предаваат на други факултети во рамките на државните универзитети.

Наставно-научниот совет расправаше и за меѓународната соработка на Факултетот, при

Во согласност со Законот за високото образование и Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, обврска на деканите на факултетите е, најмалку еднаш во годината, до наставно-научните совети и до ректорот на Универзитетот да поднесат извештај за својата работа. Во Универзитетски весник објавуваме дел од извештаите за работа на деканите, кои по својата форма и содржина можат да бидат редактирани за оваа намена. Во овој број го објавуваме извештајот за работата на деканот на ППееддааггоошшккииоотт ффааккууллттеетт „„ССвв.. ККллииммееннтт ООххррииддссккии““, ппрроофф.. дд--рр ВВллааддоо ТТииммооввссккии.

Page 21: Univerzitetski vesnik br. 96

21

што се разгледувани и донесени одлуки за ор-ганизирање научни со-бири, стручни расправи и симпозиуми, како и учество во проекти и други научни собири, конференции и сл., ор-ганизирани од други до-машни и меѓународни субјекти.

Предмет на расправа беше и издавачката деј-ност, при што е потен-циран фактот дека изда-вањето и употребата на учебниците мора да се врши согласно со пред-видените норми, што, меѓу другото, подразби-ра и нивно рецензира-ње. Во врска со ова пра-шање дискутирано е и донесени се одлуки за забрана на продажба на учебниците и учебните помагала по пат на условување на студентите.

Наставно-научниот совет расправаше за пра-шања поврзани со финансиското работење, ги разгледуваше работните верзии на Нацрт и Предлог-статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, посебно се разгледувани и текстови-те на Нацрт и Предлог-правилникот за внатреш-ните односи и работењето на Факултетот кој, по завршувањето на предвидената процедура, е усвоен од Универзитетскиот сенат.

Еден дел од активностите на Советот ја опфа-тија и прославата на патрониот празник на Факултетот, како и нашето вклучување во про-славата на 60-годишниот јубилеј на Универзите-тот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Деканатска управа

Деканатската управа на Факултетот, сочине-та од: деканот, тројца продекани, двајца раково-дители на одделенија, еден претставник на сту-дентите и секретарот на Факултетот, е конститу-ирана веднаш по завршувањето на изборот на продеканите и раководителите, при што се одр-жани 14 редовни и една вонредна седница.

Во рамките на утврдените надлежности, на работните состаноци и на седниците е расправа-но за сите прашања и активности со кои се обез-бедува навремено и квалитетно реализирање на основната дејност и работниот процес на Факултетот.

Наставна дејност

На Педагошкиот факултет студираат студен-ти запишани според ЕКТС, кој за првпат започ-на да се реализира во учебната 2004/05 година. Исто така, сè уште студираат и студенти според Програмата што е донесена од страна на Матич-ната комисија при основањето на Факултетот, како и студенти на дообразование, кои претход-но завршиле студии на Педагошката академија.

Редовната настава во учебната 2008/09 годи-на започна навреме и се одвиваше според сту-диските и предметните програми по ЕКТС. Во втората половина на 2008 година беа извр-шени одредени прецизирања на предметните програми, при што посебно внимание им беше посветено на предметните програми по оддел-ните методики и за некои од изборните пред-мети. Со тоа целосно е заокружен процесот на изготвување на првите предметни програми по ЕКТС. Наставата во оваа учебна година се одви-ваше редовно, без некои посериозни проблеми. На почетокот како на зимскиот, така и на лет-ниот семестар, беа преземени сите потребни мерки за навремено започнување со наставата. Покрај професорите од Педагошкиот факултет, за одделни наставни предмети се ангажирани и професори од другите факултети на Универзи-тетот „Св. Кирил и Методиј“, како и неколку професори од Државниот универзитет во Тето-во, за реализација на наставата на албански наставен јазик. Тоа посебно придонесе да се растоварат дел од нашите професори и навреме да се започне со реализацијата на наставата, особено по изборните предмети. Заради нема-ње услови за распишување на конкурси за при-ем на нови наставници, бројот на ангажирани-те наставници е прилично голем, што посебно е карактеристично за наставата на албански нас-тавен јазик.

Вонредни студенти

И во оваа учебна година продолжи веќе вос-поставената практика на нашиот Факултет да се организира настава за вонредните студенти, како за летниот, така и за зимскиот семестар. Тоа се покажа како мошне успешен зафат во подготвувањето на вонредните студенти за успешно совладување на наставните содржини. Значајно е тоа што оваа година, со посебно ангажирање на деканот, Деканатската управа и професорите задолжени за тоа, беше зголемен бројот на студентите кои ја посетуваа наставата

Page 22: Univerzitetski vesnik br. 96

22

од сите студиски години, а и редовноста на про-фесорите во изведувањето на скратената нас-тава беше на завидно ниво. Овој интерес, како и нивното работно ангажирање, ја наметна по-требата за овие студенти да се определат и до-полнителни термини за консултации во поплад-невните часови. Проценка е, а се разбира и опре-делба на Деканатската управа и на Наставно-научниот совет, во следната учебна година скратената настава да се реализира со поголем фонд на часови, а да се практикува кабинетска настава.

Студенти на дообразование

На студентите на дообразование, исто така, им се создадени потребните услови преку кон-султации успешно да студираат. Со цел да се забрза нивното студирање и во оваа учебна година, за оние што постигнале просечна оцен-ка (8), предвидено е следната учебна година да можат да ја запишат по завршувањето на февру-арската испитна сесија.

Педагошка доквалификација

Педагошкиот факултет неколку години изве-дуваше педагошка доквалификација за оние што немаат завршено наставнички факултети, а се вклучени во наставата или, пак, сакаат да се вработат како наставници. Таа дејност, со од-лука на инспекторатот, е сопрена и е побарано од Факултетот да изготви посебен документ за тоа. Подготвен е елаборат за кој треба да се рас-права во органите и телата на Ректоратот.

Курсот за педагошко оспособување на негува-телките во градинките продолжи и во оваа учеб-на година.

При реализацијата на редовната настава, за-бележително е намалувањето на бројот на сту-дентите кои ја следат наставата. Тоа е посебно карактеристично за студентите од прва година на предучилишно воспитание, кое, покрај друго-то, е резултат на полагањето на одделни делови на испитите, работното ангажирање на редовни-те студенти и сл.

Во реализацијата на редовната настава, про-фесорите сè повеќе користат методи на работа со кои ги ставаат студентите во активна позици-ја. Управата посебно се занимава со дипломски-те работи на студентите и оценето е дека треба да се работи на квалитетот на овие трудови. Формирана е работна група која ќе предло-жи одредени препораки за изработување на дипломски работи, кои тематски ќе бидат по-блиску до професијата за која се подготвуваат студентите.

Извршени се согледувања за досегашното реализирање на наставата во природа, при што е договорено во иднина да се подготви посебен план за вклучување на студентите во наставата во природа што ја организираат училиштата.

Усовршување на студиските програми за предучилишно воспитание и одделенска настава

Студиските програми за предучилишно вос-

питание и одделенска настава започнаа да се применуваат во учебната 2004/2005 година. Оттогаш се извршени незначителни промени само во предметните програми, а во втората половина на 2008 година, дел од програмите се целосно подготвени. Искуството од повеќего-дишната реализација, како и најновите барања, ја наметнуваат потребата од одредени промени. Работната група за усовршување на програмата направи согледување за потребните промени, и врз таа основа подготвен е предлог за промена.

Нови студиски програми

Со цел да се развива и проширува дејноста на Факултетот, преземени се одредени актив-ности за организирање нови студиски програ-ми од прв циклус, како и за реализација на идејата за отворање постдипломски студии и приклучување кон проектот за воведување на докторски студии. Посебно се работеше на подготовка на Проектот за отворање на студии од прв циклус за библиотекарство, а во тек е изготвување на проектите за студии за општо-техничко и информатичко образование.

Запишување на студенти на додипломски студии

Запишувањето студенти на додипломски студии во учебната 2008/09 година се одвива-ше согласно со утврдената уписна политика. Може да се констатира дека според пријавени-те кандидати за упис во оваа учебна година полека опаѓа интересот за студирање на наши-от Факултет во однос на минатите учебни годи-ни. Но, вкупно пријавените кандидати во трите уписни рока (666) се бројка која е сè уште голе-ма во однос на оние што беа примени да студи-раат по сите основи (466).

Деканот, Деканатската управа и Наставно-научниот совет преземаа одредени подготви-телни активности за упис на студентите во учеб-ната 2009/10 година. Покрај другото, Педагош-киот факултет, за првпат, се вклучи во рамките на заедничкото претставување на Универзите-тот „Св. Кирил и Методиј“ на Саемот на образо-ванието 2009 година, со подготовка на визуел-на презентација и флаери за јазичните групи на македонски, албански и на турски наставен јазик.

Научноистражувачка дејност

Педагошкиот факултет, покрај образовната дејност, има за задача да организира и научно-истражувачка дејност. Во овој период таа, глав-но, се остваруваше преку организирање на два научни собира, стручни расправи и започната е реализацијата на 10 истражувачки проекти.

Научни собири и стручни расправи

Од 13 до 15 јуни 2008 година, во Конгресни-от центар во Охрид, се одржа традиционални-от научен собир на тема: Современите тенден-

Page 23: Univerzitetski vesnik br. 96

23

ции во образованието. Воведно излагање подне-се тогашниот проректор за настава, проф. д-р Зоран Велковски. На Собирот зедоа учество 176 научни работници од повеќе држави, и тоа од: Р. Македонија, Турција, Албанија, Србија, Буга-рија и Хрватска. Во соопштенијата се обрабо-тени повеќе актуелни теми. Собирот работеше во четири тематски секции, а се реализираа и други активности поврзани со образованието и воспитувањето. Организирана беше и изложба на слики од професори и студенти од Педагош-киот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скоп-је и Педагошкиот факултет од Едерне - Турција. Промовирани беа и нови изданија на книги и списанија.

На 24.4.2009 година, на Педагошкиот факул-тет „Св. Климент Охридски“ се одржа научен со-бир на тема: Да го вратиме воспитанието во учи-лиштето. Соорганизатори на Собирот, покрај нашиот Факултет, беа и Домот на просветните работници, Филозофскиот факултет во Скопје и Друштвото за образование и педагогија. Целта на Собирот беше да се согледа воспитната функ-ција на училиштето и да се посочат насоки за натамошно ангажирање на воспитно-образов-

ните институции во Република Македонија. Воведно излагање поднесоа проф. д-р Розалина Попова Коскарова од Педагошкиот факултет и проф. д-р Марија Костова од Филозофскиот фа-култет. Работата на Собирот се одвиваше во две секции, со кои раководеа професори од Педа-гошкиот и Филозофскиот факултет, и се подне-сени 45 соопштенија. Со финансиска поддршка од организаторите ќе се објави зборник на трудови.

На Институтот за меѓународна соработка на Р. Германија, под покровителство на Германска-та амбасада во РМ, во соработка со Македонски-от центар за граѓанско образование и Педагош-

киот факултет, на 13 и 14 март 2009 година се одржа работилница на тема: Градиме нова Европа - симулациона игра. На работилницата учествуваа ученици и студенти од Р. Албанија, Р. Македонија и од Косово. Покрај предавачите на оваа работилница, учесниците имаа средба со Ерван Фуере и со амбасадорот на Р. Герма-нија.

Во соработка со граѓанската организација ОХО, поддржано од Американската амбасада за студентите на Педагошкиот факултет се одр-жа стручно предавање во врска со екологијата (еколошки чиста вода). Оваа активност се одви-ваше во присуство на Честер-беј фондацијата од Америка.

Начинот на излагање на темата предизвика посебен интерес кај студентите. Со реализато-рите на програмата договорено е во иднина да се воспостави потесна сорабока за реализирање на други активности.

Стручната расправа на тема: Храброст е да се биде воспитувач - наставник денес се одр-жа на 15.5.2009 година. Воведно излагање поднесе проф. д-р Микеле де Бени, долгогоди-шен професор на Универзитетот во Верона,

одговорен за студиите за интеркултура на Факултетот за воспитни науки и претседател на Меѓународната комисија ЕДУ во Рим. Тој е еден од застапниците на педагогијата на заед-ништво и методот Агаци. Со свои излагања настапија и доц. д-р Азиз Шеху, Педагошки факултет во Скопје, на тема: „Педагогија на заедништвото - нов културолошки проект“, проф. Ана Лиза Гаспарини од Детската устано-ва „Зрака сунца“, Крижевци, Р. Хрватска, која го претстави Универзитетот „Софија“ во Лупија-но, Фиренца, Италија. Настапи и доц. д-р Љубица Бакиќ - Томиќ, од Учителскиот факул-

Page 24: Univerzitetski vesnik br. 96

24

тет во Загреб, која зборуваше на тема: „Комуни-кациските компетенции на воспитувачот–учите-лот за работа со родителите. Исто така, преку видеопрезентација и настап на децата со кои се работи според методот Агаци, беше претставе-на и градинката „Бисери“. Стручната расправа ја следеа околу 100 учесници, а дел од нив учествуваа со свои прилози во дискусијата.

Истражувачки проекти

Тргнувајќи од Програмата за работата на деканот, Четиригодишната програма за работа-та на Факултетот и Едногодишната програма, како и Концепцијата за деветгодишното основ-но образование, за првпат во оваа година беше објавен оглас за пријавување на научноистражу-вачки проекти. Од страна на Деканатската упра-ва, а посебно од страна на деканот и продека-нот за наука, извршени се потребните подготов-ки за започнување на научноистражувачка работа на Факултетот. Пријавени се 10 истражу-вачки проекти.

Подготвителните активности се во тек, а про-ектите ќе се реализираат во текот на следните две години. Се предвидува истражувачките ре-зултати да се публикуваат во посебни изданија.

Педагошки чествувања

Поаѓајќи од фактот дека на нашиот Факул-тет работеле поголем број искусни и познати професори, кои оставиле белег во работата на Вишата педагошка школа и на Педагошкиот факултет, со Едногодишната и Четиригодишна-та програма за работата на Факултетот, планира-но е нивно педагошко чествување. Педагошки-те чествувања, како што е договорено на Дека-натската управа, ќе се организираат непосред-но пред патрониот празник на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и патрониот празник на Пе-дагошкиот фа-култет, а, исто така, и по повод на други настани зна-чајни за рабо-тата на Факул-тетот и обра-зовната деј-ност во Репуб-лика Македо-нија.

Првото пе-дагошко чест-вување е одр-жано на 21 мај 2009 година, и е посветено на наставно-науч-ната и општес-твената деј-ност на проф. д-р Душко

Ачовски, на кое посебни излагања одржаа доц. д-р Билјана Камчевска од Педагошкиот факултет во Скопје, Лилјана Самарџиска – Панова, раководител на одделение при Бирото за развој на образованието и Лилјана Попова, наставник од ОУ „Лазо Трповски“ во Скопје. Во текот на оваа година, деканот и Управата имаат планирано уште неколку чествувања на наши професори.

Промоција на нови книги

Вклучувајќи се во меѓународното одбележу-вање на Светскиот ден на учителот (5 октом-ври), како дел од републичката програма, на Педагошкиот факултет се одржа промоција на две книги. Оваа активност се предвидува да продолжи и во следните години со промоција на книги од автори кои работат во училиштата и на факултетите, а пишуваат за образованието.

Одбележување на патрониот празник

Патрониот празник на Педагошкиот факул-тет „Св. Климент Охридски“ беше одбележан со пригодна програма во која зедоа учество сту-денти и децата од градинката „Бисери“.

На присутните им се обрати ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Велимир Стојковски, кој посебно се осврна на реформата на високото образование и инте-гративните процеси на Универзитетот.

Најдобрите студенти беа наградени со плаке-ти и парични награди.

Меѓународна активност

Page 25: Univerzitetski vesnik br. 96

25

И во овој период продолжи претходно започ-натата меѓународна соработка на Факултетот со сродни факултети од други држави.

Остварена е соработка преку учество на на-ши професори на меѓународни научни собири организирани во други држави. Посебно за одбе-лежување е учеството на наши професори (5) на Научниот собир во Задар, организиран од Педагошкиот факултет во Загреб. Исто така, професорите од Педагошкиот факултет учеству-ваа на научни средби во Зрењанин, Врање, Ниш и на други места.

Во овој период е реализирана и идејата за поинтензивна соработка помеѓу педагошките факултети од соседните земји, што беше започ-ната уште на Научниот собир во Охрид. Имено, во декември 2008 година во Врање, Р. Србија, беше потпишан Договор за соработка, и основа-на е Асоцијација на педагошките и учителските факултети. Нашиот Факултет, како еден од ини-цијаторите за формирањето на оваа Асоци-јација, имаше забележително место како во осмислувањето на идејата, подготовките на основачкото собрание, така и во нејзиното про-грамско осмислување. Во раководството на Асо-цијацијата е ангажиран деканот на Педагошки-от факултет „Св. Климент Охридски“, а проф. д-р Мито Спасовски е избран за потпретседа-тел на Асоцијацијата.

Во тек се подготовките за повеќе активности, а во 2009 година е предвидено да се организира расправа за образованието и мултикултурата, на која ќе земат учество професори од факулте-тите, членки на оваа Асоцијација.

Успешно продолжи да се реализира од пора-но воспоставената соработка за организирање на научни собири, на секои две години, помеѓу Педагошкиот факултет во Скопје, Р. Македо-нија, Педагошкиот факултет во Стара Загора, Р. Бугарија и Педагошкиот факултет во Едрене, Р. Турција. Во тек се подготовките на Меѓународ-ниот научен собир: „Образованието на Балка-нот денес“, што треба да се одржи на 2 - 3 октом-ври 2009 година во Едрене.

На нашиот Факултет е формиран Организа-циски одбор, со задача да ги координира подго-товките со факултетите од соседните земји. Во рамките на соработката договорено е таа да се одвива и на други подрачја од работата на факултетите, а посебно во издавачката дејност.

При отворањето на Универзитетот „Софија“ во Лупијано, Фиренца, Италија, нашата делега-ција оствари мошне значајни контакти со видни професори и декани, што придонесува за натамошното продлабочување на соработката и разгледувањето на можноста за отворање на магистерски студии на нашиот Факултет. Дого-ворено е на таа идеја и натаму да се работи и поконкретно да се осмислува.

При посетата на Педагошкиот факултет од страна на студенти и ученици (Бразилија, Кана-да, Франција, Италија и др.), членови на Меѓуна-родната асоцијација за мир, потпишан е и дого-вор за поконкретна соработка, со нашиот Факултет и со Студентскиот парламент на Фа-култетот. Предвидено е наши студенти да учес-твуваат со спортски и културни активности во

Италија.Потпишан е договор со Здружението на гра-

ѓани СУМНАЛ за учество на наши студенти во реализацијата на педагошката практика.

Соработка со студентите

Деканатската управа и деканот остварија успешна соработка со Студентската организа-ција на нашиот Факултет. За одбележување се преземените активности за обезбедување на до-полнителни термини за полагање на дел од заостанатите испити на студентите, потоа, нас-тавните предмети за кои има тековно оценува-ње и сл.

Деканатската управа посебно се ангажираше и за издвојување на материјални средства за спортски активности на студентите, како и за техничко опремување на студентската просто-рија.

Во соработка со Црвениот крст на Македо-нија, на повеќедневен семинар учествуваа сту-денти од сите студиски групи на нашиот Фа-култет, што се покажа како корисно искуство за вклучување на студентите во активностите на оваа општествена организација.

Издавачка дејност

Издавачката дејност е значаен елемент во се-вкупниот развој на Факултетот. Во овој извеш-таен период главно се работеше на возобнову-вање на некои поконкретни зафати од измина-тиот период.

Направени се потребните подготовки да про-должи со излегување Годишникот на Педагош-киот факултет. Оваа значајна публикација е пе-чатена само двапати. Се предвидува во следни-те години таа редовно да се печати, и во неа да се публикуваат најдобрите трудови на професо-рите.

Списанието „Педагошка практика“ е значај-на публикација за воспитно-образовната рабо-та. Во изминатите години излегуваше со преки-ни. Предвидено е во следните години да излегу-ва редовно.

Трудовите од меѓународниот научен собир: „Современите тенденции во образованието“ се отпечатени во три тома пред одржувањето на Собирот (на македонски и на англиски јазик). Тоа се покажа како мошне успешно и корисно и треба да се практикува и при натамошното организирање на овој традиционален научен собир.

Подготвени се за печат и информаторите за предучилишно воспитание и одделенска наста-ва. Потребно е во иднина овие изданија да се публикуваат навреме, односно наставниците побрзо да ги подготвуваат предметните програ-ми.

Кога станува збор за издавачката дејност на Педагошкиот факултет, може да се забележи дека таа сè уште не е доволно развиена. На тој план имаме само почетнички резултати. Затоа, во иднина повеќе ќе се работи за развивање на

Page 26: Univerzitetski vesnik br. 96

26

систем за издавање на учебници според утврде-на процедура и стандарди, што ќе обезбеди и поинаков приод во обезбедувањето на студенти-те со учебници и учебни помагала и надминува-ње на одредени досега пројавени слабости на тој план. Исто така, треба повеќе да се работи на финансирањето и на печатењето на други научни и стручни трудови од професорите.

Библиотека

Во Библиотеката се евидентирани и постојат книги од поранешната Педагошка академија и литература која е набавувана од основањето на Факултетот. Книжниот фонд е поделен по науч-ни области.

Библиотеката на Педагошкиот факултет рас-полага со 26 000 книги. Во текот на оваа учебна година се купени 382 нови книги, и 77 книги се примени како подарок. Исто така, за потребите на Библиотеката се обезбедени два нови компју-тера. Со тендерска постапка обезбеден е нов ин-вентар. Заради стручно усовршување на када-рот, една од библиотекарките посетуваше едно-месечен курс за обучување и библиотечно рабо-тење. Бројката на постојани членови на Библио-теката изнесува 1 000.

Заштитата на библиотечниот фонд се врши со специјален систем, набавен со средствата од проектот ТЕМПУС-ФАРЕ.

Во рамките на финансиските можности, неоп-ходно е реконструирање на читалницата заради обезбедување поширок простор, збогатување на Библиотеката со стручна литература и нов кни-жен фонд од домашни и странски автори, како и зачленување во сите електронски научни списанија.

Медиотека

На Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје, за потребите на студенти-те, наставниците и другите вработени, функцио-нира медиотека која е опремена со аудио-тех-нички средства, што се во функција на настава-та и потребите на студентите.

Во изминатиов период, зголемено е користе-њето на дигитални апарати, видеопроектори и други помагала за реализирање на предавања од страна на наставниците, за симпозиуми, сред-би, конференции, одбрана на дипломски, совету-вања и научни собири. Студенти сè помасовно ја користат литературата и компјутерскиот дел од медиотеката за реализирање на своите обра-зовни потреби.

Детска градинка „БИСЕРИ“

Во состав на Педагошкиот факултет „Св. Кли-мент Охридски“ во Скопје работи детската гра-динка „Бисери“. Објектот е современо дизајни-ран и комплетно опремен, согласно со стандар-дите и нормативите за оваа дејност. Градинката е отворена за сите деца, без разлика на нацио-налната и верската припадност, и служи за

педагошко-методска практика на студентите и како лабораторија за воведување на нови вос-питно-образовни содржини, методи и средства.

Во учебната 2008/09 година се запишани 48 деца. Од оваа година се работи и со програ-ма за практична настава на студентите од трета и четврта година, во која беа вклучени 32 сту-дента. Повеќе студенти имаа консултации за се-минарски задачи.

Досегашното искуство е многу охрабрувач-ко, а тоа најмногу го потврдува задоволството и високата оцена на родителите, како и листата на деца кои чекаат за запишување.

Од посебна важност е заедништвото со Фа-култетот, што овозможува континуирано следе-ње и унапредување на програмата, отвора нови можности за соработка со родителите и поши-роката заедница. Тоа постепено ќе придонесе Факултетот да стане важен центар за образовни науки според примерот на слични установи во Европа.

Опременост за изведување на наставно-образовната дејност

На Факултетот, покрај предавалните и амфи-театарот, од пред неколку години постојат и други посебно опремени простории за изведу-вање на наставата, како што се компјутерски училници, вежбални по музичко и ликовно воспитание, кукларство и сценографија, како и кабинет по методика на мајчин јазик.

Во фаза на опремување се и други про-стории, кабинети и сл. Дел од предавалните и амфитеатарот сè уште не се доволно опремени, за што постојат и одделни причини, кои треба во иднина да се надминат. Грижата за осовре-менување на наставата на Педагошкиот факул-тет од поодамна е постојана. Во рамките на можностите и искажаните потреби на настав-ниците, и оваа година се набавуваше одредена опрема. Од Темпус-проектот, во кој бевме вклу-чени, обезбедена е една интерактивна табла и уште две се обезбедени од СОРОС за реали-зација на проектот за интерактивна настава.

Материјално-финансиско работење

Материјално-финансиската состојба на Фа-култетот во оваа учебна година може да се оце-ни како успешна. Тоа се должи на бројот на запишаните студенти, како во државната квота, така и со кофинансирање, што посебно придо-несува да имаме релаксирана финансиска сос-тојба и создава можности Факултетот успешно да функционира. Но, со намалувањето на бро-јот на студентите во последните две години, полека се чувствува и намалување на финан-сиските приходи на Факултетот. Во оваа година се реализирани повеќе активности обезбедени со неопходните ребаланси направени на при-ходната сметка.

Page 27: Univerzitetski vesnik br. 96
Page 28: Univerzitetski vesnik br. 96