20
АГЕНЦИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ИЗВЕШТАЈ Енергетска ревизија на детска градинка „Орце Николов“ во општина Карпош, Скопје ___________________________________________________________________________ _____________ Ул. Орце Николов 68, 1000 Скопје, Република Македонија телефон /факс: 02 32 30 300; e-mail: ea @ ea . gov . mk , www.ea.gov.mk

 · Web viewЅидовите се со висина од 300 до 350 cm со тоа што само 275cm од ѕидот е цврста градба (со прозори) а остатокот

  • Upload
    others

  • View
    11

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1:  · Web viewЅидовите се со висина од 300 до 350 cm со тоа што само 275cm од ѕидот е цврста градба (со прозори) а остатокот

АГЕНЦИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ИЗВЕШТАЈ

Енергетска ревизија на детска градинка „Орце Николов“ во општина Карпош,

Скопје

Подготвен за: ЈОУДГ „Орце Николов“, општината Карпош и проект ENER SUPPLYИзготвен од: Агенција за енергетика на Република Македонија

Ноември, 2011 година

________________________________________________________________________________________Ул. Орце Николов 68, 1000 Скопје, Република Македонија

телефон /факс: 02 32 30 300; e-mail: ea @ ea . gov . mk , www.ea.gov.mk

Page 2:  · Web viewЅидовите се со висина од 300 до 350 cm со тоа што само 275cm од ѕидот е цврста градба (со прозори) а остатокот

Резиме

Овој извештај е резултат на енергетската ревизија извршена во ноември 2011 година во детската градинка „Орце Николов“ лоцирана во општина Карпош, Скопје. Главната цел на овој извештај е да ја прикаже моменталната енергетската состојба на објектот, да ги прикаже анализите на добиените резултати од извршените мерења и да предложи мерки со кои би се подобрила целокупната состојба и би се зголемила енергетската ефикасност на градинката. Енергетската ревизија на објектот се изврши во рамките на проектот „Енергетска ефикасност и обновливост – Енергетска политика за поддршка на локално ниво – ENER SUPPLY“ кој го имплементира Агенцијата за енергетика на Република Македонија.

Некои од карактеристиките на објектот на градинката се:

Објектот на градинката Орце Николов е поврзан на системот за централно загревање на Топлификација АД Скопје.

Системот за осветлување е составен од 2x59W неонски светилки поставени на 64 места. Вкупната инсталирана моќност изнесува 7,55kW.

Градинката не е опремена со централен систем за ладење. Системот за ладење се состои од два клима уреди со моќност од по 1,8 kWкои се пуштаат во употреба во потоплиот период од летото, односно во функција се околу 2 месеци.

Досега многу малку градежни зафати се направени на овој објект. Односно реконструиран и изолиран е кровот и заменети се влезните врати на објектот од западната страна. Кровот е сменет во 2006 година, и иако тоа е лимен кров по менувањето поставена е и изолација.

Со цел намалување на трошоците за енергија, зголемување на енергетската ефикасност и подобрување на условите за работа на учениците и вработените, препорачуваме да се превземат следните мерки:

Мерка Инвестиција Период на исплата

Замена на светилки 1 700 EUR 3 години

Замена на прозорци 8 000 EUR 10 години

Overview

Page 3:  · Web viewЅидовите се со висина од 300 до 350 cm со тоа што само 275cm од ѕидот е цврста градба (со прозори) а остатокот

This report is the result of the energy audit conducted in November 2011 in the kindergarten "Orce Nikolov" located in the municipality of Karposh, Skopje. The main purpose of this report is to display the current energy state of the object, to display the analysis results obtained from the measurements and to propose measures that would improve the overall condition and would increase the energy efficiency of the kindergarten.This energy audit of the facility is carried out within the project "Energy efficiency and renewables – Supporting policies in local level for energy - ENER SUPPLY" which is implemented by the Energy Agency of the Republic of Macedonia.Some of the kindergarten are:• The building of the kindergarten Orce Nikolov is connected to the system for central heating Toplifikacija.• The lighting system consists of 2x59W neon lamps placed at 64 locations. The total installed capacity is 7,55 kW.• The kindergarten is not equipped with a central cooling system. The cooling system consists of two air conditioners with power of 1.8 kW.

Very little construction works are made on this facility. The roof is reconstructed and isolated and the entrance doors on the west side are replaced. The roof was replaced in 2006.

In order to reduce the energy costs, increasing energy efficiency and improving the working conditions of students and staff, we recommend the following measures:

Type of measure Investment Payback period

Replacement of light bulbs 1 700 EUR 3 years

Replacement of old windows 8 000 EUR 10 years

Вовед

Page 4:  · Web viewЅидовите се со висина од 300 до 350 cm со тоа што само 275cm од ѕидот е цврста градба (со прозори) а остатокот

Овој извештај е резултат на енергетската ревизија извршена во ноември 2011 година во детската градинка „Орце Николов“ лоцирана во општина Карпош, Скопје. Главната цел на овој извештај е да ја прикаже моменталната енергетската состојба на објектот, да ги прикаже анализите на добиените резултати од извршените мерења и да предложи мерки со кои би се подобрила целокупната состојба и би се зголемила енергетската ефикасност на градинката. Енергетската ревизија на објектот се изврши во рамките на проектот „Енергетска ефикасност и обновливост – Енергетска политика за поддршка на локално ниво – ENER SUPPLY“ кој го имплементира Агенцијата за енергетика на Република Македонија.

Беше извршен основен преглед на објектот и се подготвија основни конструктивни и енергетски податоци. Врз основа на собраните податоци беше извршено мерење на самиот објект користејќи следните инструменти:

Testo 881-2 Термална камера Nanovip Plus MEM Aнализатор за електрична енергија Testo 435-2Мултифункциски инструмент Testo 510 Инструмент за мерење на диференцијален притисок Testo 810 Инфрацрвен термометар Testo 540 Инструмент за мерење на интезитет на светлина Testo 905-T2 Термометар за мерење на температура на површина Mini Data logger Testo 174T Mini Data logger Testo 174H

Page 5:  · Web viewЅидовите се со висина од 300 до 350 cm со тоа што само 275cm од ѕидот е цврста градба (со прозори) а остатокот
Page 6:  · Web viewЅидовите се со висина од 300 до 350 cm со тоа што само 275cm од ѕидот е цврста градба (со прозори) а остатокот

1. Состојба на објектот

1.1. Генерални податоци

Објектот на градинката Орце Николов е изграден во 1966 година. Тоа е едно спратна градба со 20-тина простории од кои 9 се занимални (2 припаѓаат на јаслите), 3 канцеларии, 3 тоалети, 1 кујна, 1 остава и неколку холови и влезни простории. Вкупната површина на објектот изнесува 808 м2, бројот на лица кои го користат просторот е 137 од кои 16 се вработените во градинката. Градинката е оперативна по 12 часа дневно, од петок до понеделник, односно 60 часа неделно и работи преку целата година. На Слика 1 прикажана е основната шема на поставеност на просториите во објектот.

Сл. 1 Основна шема на поставеност на зградите на училиштето

1.2. Конструкција

Градинката Орце Николов е со цврста градба, односно ѕидовите се направени од blocks of autoclaved aerated concrete и сеуште се во релативно добра состојба. Кровот е сменет во 2006 година, и иако тоа е лимен кров по менувањето поставена е и изолација. Ѕидовите се со висина од 300 до 350 cm со тоа што само 275cm од ѕидот е цврста градба (со прозори) а остатокот е од лимен материјал кој се спојува со кровот. Вкупната обиколка и плоштина на ѕидовите вклучувајќи ги прозорите, кои се изложени на надворешни влијанија изнесува:- обиколка ѕидови + прозори: 151,22m- плоштина ѕидови + прозори: 415,85 m2

Подолу се прикажани плоштините на отворите (прозори и врати) на секоја страна од објектот посебно.

Page 7:  · Web viewЅидовите се со висина од 300 до 350 cm со тоа што само 275cm од ѕидот е цврста градба (со прозори) а остатокот

Северно крило

-вкупно отвори: 13,73m2

Сл. 2 Северна страна

Западно крило

- вкупно отвори: 29,16m2

Сл. 3 Западна страна

Јужно крило

-вкупно отвори: 15m2

Сл.4 Јужна страна

Источно крило

- вкупно отвори: 31,59m2

Сл. 5 Источна страна1.3. Температура

Page 8:  · Web viewЅидовите се со висина од 300 до 350 cm со тоа што само 275cm од ѕидот е цврста градба (со прозори) а остатокот

Мерењата за енергетската контрола беа вршени на 9 и 10 Ноември 2011. Просечната надворешна температура во тој период се движеше од 9 до 14 Цезиусови степени. На 09.11.2011 во различни простории на градинката беа поставени 7 инструменти за мерење на температурата (data loggers) и тоа во рок од 24 часа. Сите простории каде беа поставени овие интрументи беа игрални. На слика бр. 6 обележани се просториите каде беше мерена температурата. Во позициите 2, 5 и 7 беа поставени инструменти кои покрај температура мерат и влага на воздухот. Понатака се дадени графици од извршените мерења на data logger-ите.

Сл. 6 Простории каде беа поставени data logger-ите

Сл. 7 Измерена температура од инструментот поставен во позиција 1 (слика 6)

Page 9:  · Web viewЅидовите се со висина од 300 до 350 cm со тоа што само 275cm од ѕидот е цврста градба (со прозори) а остатокот

Сл. 8 Измерена температура од инструментот поставен во позиција 2 (слика 6)

Сл. 9 Измерена температура од инструментот поставен во позиција 3 (слика 6)

Сл. 10 Измерена температура од инструментот поставен во позиција 4 (слика 6)

Page 10:  · Web viewЅидовите се со висина од 300 до 350 cm со тоа што само 275cm од ѕидот е цврста градба (со прозори) а остатокот

Сл. 11 Измерена температура од инструментот поставен во позиција 5 (слика 6)

Сл. 12 Измерена температура од инструментот поставен во позиција 6 (слика 6)

Сл. 13 Измерена температура од инструментот поставен во позиција 7 (слика 6)

1.3.1. Греење и ладење

Page 11:  · Web viewЅидовите се со висина од 300 до 350 cm со тоа што само 275cm од ѕидот е цврста градба (со прозори) а остатокот

Градинката е поврзана на системот за централно загревање на „Топлификација“ АД, односно грејната сезона е од 1 Октомври до 1 Март. Вкупната годишна потрошувачка на топлинска енергија за грејната сезона 2010-2011 година изнесува 394,9 GJ. Со веќе опишаниот режим на работа, градинката просечно троши 122 kWh/m2

за загревање. Подрумот на градинката е оспособен како котлара, меѓутоа со стари котли кои не се во употреба повеќе од 35 години.Системот за ладење се состои од два клима уреди со моќност од по 1,8 kWкои се пуштаат во употреба во потоплиот период од летото, односно во функција се околу 2 месеци.

1.4. Проток на топлина

Протокот на топлина беше мерен директно со Testo 435-2 Мултифункциски инструмент на некои точки од објектот. Исто така беа направени и термовизиски слики со Testo 881-2 Термалната камера кои може да се видат подоле во извештајот.

Сл.14 Точки каде беа извршени мерења со мултифункцискиот инструмент

Во следнава табела прикажани се U-вредностите на точките обележани на слика 14 каде е беше мерен протокот на топлина. Исто така прикажана е и температурата во секоја од просториите во моментот на мерење на протокот на топлина. Температурата на ѕидот просечно изнесуваше од 19 до 21 Целзиусов степен.

Точка Материјал на кој е мерено U-вредност (W/m2K)

to во моментот на мерење

X1

стакло на стар прозор игрална број 14и

ѕидот до прозорот во игрална број 14

5,2---------------

3,2

23,7

X2 ѕидот во игрална број 13 3,9 23X3 рамка на стара врата игрална број 11 5,1 22,5X4 ѕидот во игрална број 17 3,4 22,3X5 ѕидот во игрална број 19 3,7 26X6 ѕидот во холот кај влез 9 2,7 24X7 стакло на нова пластична врата, влез број 9 2,2 23,7X8 ѕидот во хол број 4 3,8 24

X1

X2

X3 X4

X5

X6X7

X8X9

Page 12:  · Web viewЅидовите се со висина од 300 до 350 cm со тоа што само 275cm од ѕидот е цврста градба (со прозори) а остатокот

X9

рамка на нова пластична врата, влез број 3и

стакло на нова пластична врата број 3

2--------------

2,3

24

Табела 1 Мерења направени со Testo 435-2 Мултифункциски инструмент

- Снимки од термовизиската камера:

Сл. 15 Термовизиска снимка јужна страна дел од кровот

Page 13:  · Web viewЅидовите се со висина од 300 до 350 cm со тоа што само 275cm од ѕидот е цврста градба (со прозори) а остатокот

Сл. 16 Термовизиска снимка јужна страна прозори стари метални

Сл. 17 Термовизиска снимка источна страна врата и прозори стари метални

Page 14:  · Web viewЅидовите се со висина од 300 до 350 cm со тоа што само 275cm од ѕидот е цврста градба (со прозори) а остатокот

Сл. 18 Термовизиска снимка северна страна ѕид со дел од кров

Сл. 19 Термовизиска снимка внатре во игрална број 11 прозори кои гледаат накај холот број 4

Page 15:  · Web viewЅидовите се со висина од 300 до 350 cm со тоа што само 275cm од ѕидот е цврста градба (со прозори) а остатокот

Сл. 20 Термовизиска снимка хол број 4, ѕид кој гледа накај запад, парно цевка и стари прозори

Сл. 21 Термовизиска снимка врата на влез број 3, западна страна, нова врата пластика

Page 16:  · Web viewЅидовите се со висина од 300 до 350 cm со тоа што само 275cm од ѕидот е цврста градба (со прозори) а остатокот

Сл. 22 Термовизиска снимка врата во игрална, стара метална

1.5. Систем за осветлување

Системот за осветлување го сочинуваат 128 неонски светилки, со вкупна инсталирана моќност од 7,55kW, односно 64 светлосни тела со 2x59W инсталирана моќност.

Препорачани параметри за внатрешно осветлување за конкретниов случај според MKS EN 12464–1:2008 (кој за работни места во затворени простори е идентичен со EN 12464-1:2002) е:

Тип на простор Em [lx]Јасли, простор за играње, простор за ракотворби

300

Во градинката беа направени мерења за степенот на осветлување во повеќе точки од секоја од игралните, и нормално во иста училница се забележуваа разлики доколку мерењето беше вршено поблиску или подалеку од прозорите. Важно е да се напомене дека при мерењата светилките беа уклучени иако беа вршени претпладне. Најниската осветленост беше измерена во игралната број 11 во најоддалечената точка од прозорот и изнесуваше 60 lux, а највисоката вредност на осветленост изнесуваше 790 lux и тоа во игрална број 17 мерено веднаш до прозор. Добиените резултати се прикажани во lux-и во долната табела.

Најблискудо прозор (lux)

Во средина (lux) Најдалеку од прозор (lux)

Игрална 11 550 250 60Игрална 12 320 220 210Игрална 13 130 110 100

Page 17:  · Web viewЅидовите се со висина од 300 до 350 cm со тоа што само 275cm од ѕидот е цврста градба (со прозори) а остатокот

Игрална 14 580 280 260Игрална 15 280 200 110Игрална 17 790 500 210Игрална 18 450 215 220Игрална 19 320 270 260

Табела 2: Промена на осветленоста во игралните во зависност на оддалеченоста од прозорец

2. ПРЕДЛОГ МЕРКИ ЗА ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА

2.1 Замена на светлосните тела

Моменталната инсталирана моќ за осветлување во училиштето е 7,55kW и го сочинува најголемиот процент во трошоците за електрична енергија. Од табела 2 може да се увиди дека степенот на осветленост на просториите во училиштето не е рамномерен и осветленоста на самите работни простории не е добра. Поради тоа, една од мерките кои ги препорачуваме е замена на светлосните тела во работните простории.

Поради таа причина, препорачуваме флуо светилки 2x49W со електронска придушница, со што покрај тоа што ќе се подобри степенот и распределбата на светлина во работните простории, ќе се намалат и трошоците за електрична енергија, бидејќи ќе биде потребно да се инсталираат помал број на светлосни тела во секоја работна просторија.

Со оглед на тоа дека светлината која ќе се добива од новите светлосни тела е поквалитетна и подобра, потребата за 64 светлосни тела ќе се намали на 40 светлосни тела. Во тој случај вкупната инсталирана моќност на системот за осветлување од 7,55kW ќе се намали на 3,92kW.

Вкупната инвестиција за набавка на овие светлосни тела е 103.040 денари, а периодот на исплата на инвестицијата е околу 3 години.

2.2 Замена на старите прозорци

Досега се заменети влезните врати од западната страна на објектот. Останатите надворешни врати и прозорци се стари со метална рамка. Коефициентот на премин на топлина на старите прозорци е U=5,2 W/m2K. Најголемиот дел од топлинските загуби во овој објект е преку старите прозорци.

Поради тоа, препорачуваме замена на постоечките прозорци со прозорци термопан стакло и висококвалитетен ПВЦ 5 коморен профил. Коефициентот на премин на топлина на профилот на прозорецот е U=1,3 W/m2K. Вкупната инвестиција би била 8.000 Евра, а периодот на исплата на инвестицијата е 10 години.