15
ПРОМЕНИ НА ТЕХНОЛОГИЈАТА ИНОВАЦИИ ЗА IX ОДДЕЛЕНИЕ Наставник: Бобан Јандрески

промени на технологијата-иновации

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: промени на технологијата-иновации

ПРОМЕНИ НА ТЕХНОЛОГИЈАТА

ИНОВАЦИИ ЗА IX ОДДЕЛЕНИЕ

Наставник: Бобан Јандрески

Page 2: промени на технологијата-иновации

Технолошки промени

Живееме во свет каде промената е нормална и единствено нешто кое може да се претстави како константа во нашиот личен и бизнис живот. Секој ден читаме за нови технологии, нови сервиси, нови опреми, итн. Затоа, овде ќе се задржиме за технологијата и технолошките промени и нивното влијание врз успешноста на претпријатијата. Тргнувајќи од самото потекло, поимот технологија е составен од два грчки збора: tehne – што значи вештина, умешност, занает и logos – што значи наука, учење, знаење на нешто. Зборот технологија не се однесува само на технологија на производството, туку и на секаква технологија која се користи во деловниот процес на претпријатието како што се компјутерите, факсовите, телефоните, e-mail, Интернетот итн., како и знаењето во однос на таа технологија. Технолошките промени се едни од највидливите и најдраматичните промени кои што се направени во организациите во последниве години. Во последните три децении автоматизацијата на големи врати навлезе во бизнис организациите. Роботиката во процесот на производството е се поприсутна, а информациската технологија отвора нови погледи во начинот на работењето на организациите. Денес дури и не е можно да се замисли успешно функционирање на компанијата без компјутерите. Дали нам ни се допаѓа тоа или не, брзината на технолошките промени во организациите не може да се следи со голо око.

Page 3: промени на технологијата-иновации

Постојат повеќе типови на технологија и тоа:

Технологијата на производите ги опфаќа следниве карактеристични елементи кои претставуваат и специфични прашања што се решаваат во претпријатието сè со цел за негово успешно функционирање: планирање на производите(идентификација на потребите на потрошувачите и утврдување на производите кои ќе ги задоволат потребите на потрошувачите), инженеринг на производите(изработка на производите), применет инженеринг(унапредување на продажбата- најчесто тука се зборува за маркетинг) итн.

Комуникациска технологија (Компјутери, телефони) Информатичка технологија (компјутери,смартфон) Транспортна технологија (автоматски ленти, камиони) Логистичка поддршка на современите технологии (Надворешни фирми кои ќе помагаат

при процесот - Телеком, Компанија за транспорт)

Page 4: промени на технологијата-иновации

Примери за промени во технологијата низ годините:

ИнтернетАко се навратиме наназад 10тина години ќе се присетиме на тогашните можности кои ни ги нудеше интернетот. Така наречената Dial-up интернет конекција вклучуваше конекција кон Интернет провајдер само преку телефон на конвенционална телефонска линија, и преку модем. Бидејќи dial-up коенкцијата користеше нормални телефонски линии квалитетот на конекцијата беше многу лош и се наплаќаше по времето поминато на интернет. За разлика од денешната Broadband конекција каде приклучувањето на интернет не претставува долг процес , туку едноставно сме приклучени на интернет со уклучувањето на компјутерот.

Page 5: промени на технологијата-иновации

Мобилни телефони

Со појавата на мобилната телефонија се прошири комуникацијата помеѓу луѓето која дотогаш беше условена од присуството во домовите. Првите мобилни телефони беа гломазни и со ограничен број на функции. Обавување на повик , праќање на кратка смс порака. Со годините се додаваа повеќе перформанси на телефоните како што се едноставни игри , часовник , нотес , опции за менување позадина и звук на звонење , понатаму infrared , bluеtooth , како и можност на корисникот да ги менува опциите самостојно. Но сепак приоритетни беа основната функција на телефонот – комуникацијата. Мобилните телефони низ годините имаат претрпено безброј промени не само во перформансите туку и во самиот дизајн и изглед , што денес имаме можност да ги користиме таканаречените смарт телефони , кои што освен основната функција за обавување на комуникација , имаат толку напредни перформанси што на некој начин го заменуваат персоналниот компјутер.

Page 6: промени на технологијата-иновации

Мобилни телефони

Page 7: промени на технологијата-иновации

Складирање на електронски информации

Како прва “направа” за складирање на електронски информации се појави флопи дискот. Тој можеше да складира најпрвин стотина килобајти , а потоа со некои подобрување дури до 1.4 Мегабајти. Потоа се појавија CD-ROM-от и ZIP Дисковите кои можеа да складираат податоци од 100 до 700 МБ. Понатаму , со DVD и CD складиравме податоци кои тежеа до 4.7Гига бајти, за денес со ултра малите УСБ-иња и надворешни мемории да можеме да складираме податоци од 32гига бајти односно 500гигабајти и повеќе. Тоа во превод значи , едно УСБ од 32 ГБ е еднакво на 6 ДВД , 45 ЦД , или пак 22,222 флопи дискови. Последниот новитет од оваа област е виртуелното складирање на електорнски податоци , без физичко присуство на направа , туку едноставно онлајн чување на податоци (пр. iCloud на Apple).

Page 8: промени на технологијата-иновации

Складирање на електронски информации

Page 9: промени на технологијата-иновации

Фотоапарат

Во денешно време е незамисливо да го правиме сето тоа што го правевме порано за да овековечиме еден момент на фотографија. Купување на филм кој има само 36 слики , внимателно поставување на филмот во апаратот за да не се осветли , фотографирање поважни моменти без можност за грешки и повторен обид , повторно внимавање кога се вади филмот од фотоапаратот , носење во фотостудио каде што во посебни темни соби се развиваат 36те фотографии . И пак се одново. Денес во ерата на дигитализацијата , и фотоапаратите се дигитални и ни овозможуваат фотографирање на квалитетни фотографии во неограничен број , зумирање на посакуваните објекти , дигитален фокус и дефокус, инстантно менување на светлина , контраст , и “лепење ” филтери за подобар изглед на фотографијата, како и можност за прикачување на фотографијата на социјалните мрежи од самиот фотоапарат или пак смарт телефон. Развивањето на фотографиите кое е ретко во денешно време, исто така е олеснето . Фотоапаратот со кабел се приклучува со компјутер кој е воедно поврзан со машина за печатење, и од физичката фотографија одделени сме само со клик.

Page 10: промени на технологијата-иновации

Фотоапарат

Технолошките иновации на фотоапаратите

Canon

Page 11: промени на технологијата-иновации

Медицина

Низ историјата се среќаваме со многу болести кои во тие времиња биле смртоности , а денес покрај напредокот на технологијата и самата медицина неможе да се замисли такво нешто. Почнувајќи од едноставни зафати како на пример дентална интервенција , која во денешно време е скоро безболна , па се до посериозни медицински достигнувања како трансплантација на органи , отстранување на тумори , лекување неплодност , клонирање.

Page 12: промени на технологијата-иновации

Еволуција на пишувањето

Page 13: промени на технологијата-иновации

Еволуција на компјутерите

Page 14: промени на технологијата-иновации

Еволуција на телевизорот

Page 15: промени на технологијата-иновации

Размисли:

http://www.pbslearningmedia.org/resource/ate10.sci.engin.design.techovertime/technology-over-time/

https://www.youtube.com/watch?v=Qm9zcFXiXsg

Која е предноста од напредокот на технологијата? Што добива една компанија од автоматизирање на

производствениот процес?