9
СОУ „Митко Пенџуклиски“ - Кратово Проектна активност по предметот иновации и претприемништво. На тема: Централна Кооперативна Банка Изработиле Ментор Лаки Трајковски Јована Наковска Давид Давитков Марија Трајковска Иван Андреевски Родна Китановска

Проектна активност по Иновации и Претприемништво

  • Upload
    -

  • View
    419

  • Download
    5

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Проектна активност по Иновации и Претприемништво

СОУ „Митко Пенџуклиски“ - Кратово

Проектна активност по предметот иновации и претприемништво.

На тема: Централна Кооперативна Банка

Изработиле Ментор

Лаки ТрајковскиЈована НаковскаДавид ДавитковМарија ТрајковскаИван Андреевски

Родна Китановска

Page 2: Проектна активност по Иновации и Претприемништво

Централна Kооперативна Банка АД Скопје е финансиска институција во Република Македонија чиј мнозински пакет на акции е во сопственост на Централна кооперативна банка АД Софија, Република Бугарија. Со влегувањето на македонскиот банкарски пазар во 2008 година, Централна кооперативна банка АД Софија стана најголем инвеститор во РМ истата година. ЦКБ АД Скопје нуди универзални банкарски услуги во сите сегменти на банкарското работење. Овластена е од Народната Банка на РМ за вршење платен промет во земјата и странство и е активна во работењето со менувачки пазар, акредитиви, гаранции, меѓународни плаќања, кредитно работење и берзанско работење. Покрај ова, ЦКБ АД Скопје има развиени кореспондентски односи со 18 поголеми светски банки од Европа и Северна Америка, а исто така е членка и на Visa International. Централна кооперативна банка АД Скопје има 23 експозитури низ земјата.

Page 3: Проектна активност по Иновации и Претприемништво

Визија, мисија и целиВизија - да стане една од најдобрите средни банки во РМ и да бидеме сигурен и конструктивен партнер на секој наш клиент.Мисија - да креира трајни врски со нашите клиенти и подлабоко да навлеземе на македонскиот пазар преку финансирање на мали и средни претпријатија и физички лица како и понуда на современи финансиски услуги кои ги исполнуваат највисоките професионални стандарди, притоа стремејќи се да одржуваме позитивна и стимулативна работна атмосфера и да ги поттикнуваме иницијативите и наградуваме реалните резултати и успеси.Цели - патиштата за постигнување на нашата мисија преку:• пораст на бројот и квалитетот на услугите;• воведување на нови и современи производи и услуги;• пораст на бројот на клиентите;• зголемување на ефективноста и ефикасноста во работењето;• развој на мрежата на експозитури и филијали;• развој на интернет банкарството;• пораст на мрежата на банкомати;• првокласна обука и можности за долгорочен професионален развој на вработените и менаџментот.• изградба на финансиски стабилна и просперитетна институција на македонскиот банкарски пазар;

Page 4: Проектна активност по Иновации и Претприемништво

Овој    пакет е наменет за вработени во бонитетни фирми одобрени од страна на банката, државни службеници согласно законот за државни службеници, вработените во образованието, полицијата (вклучително и финансиска полиција), армијата, судството и судиите, кои платата ја примаат или ќе се одлучат да ја префрлат во рок од 3 месеци, на сметка во банката. Вработени на определено во континуитет најмалку 24 месеци пред аплицирање.Пакетот вклучува ненаменски потрошувачки  кредит, дозволено пречекорување на трансакциска сметка и кредитна картичка. Максималниот одобрен износ на средства на пакетот не може да биде повисок од 1.200.000 МКД.

Кредитниот пакет “Доверба” можете да го одберете доколку:- Сте во редовен работен однос на неопределено време;- Имате работен стаж во фирмата најмалку 6 месеци пред поднесување на барањето за кредит;- Сте вработен на определено во континуитет најмалку 24 месеци пред аплицирање;- Рокот на достасување на кредитот плус возраста на барателот не е повисок од пензиската позраст согласно законската регулатива на РМ (64 години за мажите и 62 години за жените);- При барање за кредит, месечниот приход на барателот (нето износ) намален за сите обврски по основ на кредити или други задолжувања, да не е понизок од износот на месечниот ануитет + 5.000 мкд по член од семејството- При барање за овердрафт или кредитна картичка месечниот приход (нето износ) намален за сите обврски по основ на кредити или други задолжувања, не е понизок од 5.000 мкд + 10% од одобрениот износ на овердрафтот односно кредитниот лимит на кредитната картичка.

Page 5: Проектна активност по Иновации и Претприемништво

Износ на кредитот: До 150.000 ЕУР во денарска противвредностРок на кредитот: До 30 години

За кредитобаратели коишто ја примаат платата на сметка во Банката и задолжително користат уште два дополнителни производи

- 4.50% фиксна каматна стапка за првите 3 години за кредитокорисници со месечен приход над 60 000 мкд или вкупен месечен семеен приход над 80 000 мкд - 4,80% фиксна каматна стапка за првите 3 години за кредитокорисници со месечна плата од 50 000 мкд до 60 000 мкд или вкупен месечен семеен приход над 70 000 мкд- 5,00% фиксна каматна стапка за првите 3 години за кредитокорисници со месечна плата од 40 000 мкд до 50 000 мкд или вкупен месечен семеен приход над 60 000 мкд;- 5,10% фиксна каматна стапка за првите 3 години за кредитокорисници со месечна плата од 30 000 мкд до 40 000 мкд или вкупен месечен семеен приход над 50 000 мкд;- 5,30% фиксна каматна стапка за првите 3 години за кредитокорисници со месечна плата до 30 000 мкд или вкупен месечен семеен приход над 40 000 мкд- 6,00% променлива каматна стапка после финсниот период 

Кредитобаратели кои не примаат плата на сметка во Банката- 7,00% променлива годишна каматна стапка

Page 6: Проектна активност по Иновации и Претприемништво

Кредитен пакет за пензионери – корисници на домашна и странска пензија и вклучува потрошувачки кредит, овердрафт и кредитна картичка. Клиентот може да избере еден или неколку од наведените кредитни производи, доколку барателот ги исполнува условите за приходите поставени од банката.Максималниот одобрен износ на средства на пакетот изнесува 400.000,00 МКД (6.500 ЕУР).Кредитниот пакет “Пензионери” можете да го одберете доколку:Имате добиено право на пензија; Вашата возраст не надминува 72 години на денот на достасување на кредитот;Износот на Вашата пензија не е помал од 6.000 МКД (98 ЕУР);Месечниот приход /пензија + плата/ на кредитоибарателот и на жирантот да не биде помал од износот на ануитетот + 5.000 МКД (80 ЕУР - противвредност);Кредитната изложеност да не биде повисока 30 месечни приходи на клиентот, намалени за износот на кредитните производи што ги користи во ЦКБ АД и други кредитни институции;Кај овердрафт или кредитна картичка месечниот приход на кредитобарателот да не биде помал од 5.000 МКД + 10% од износот на овердрафтот или кредитниот лимит.

Page 7: Проектна активност по Иновации и Претприемништво

Студентски КредитСтудентскиот кредит е наменет за финансирање студии на студенти за плаќање на семестарски и годишни партиципации во високoобразовни установи во Република Македонија и дополнителни годишни трошоци за секоја година на студирањето до 600 ЕУР годишно, но не повеќе од 3.000 ЕУР за целиот период на студирањето. Студентскиот кредит можете да го одберете доколку:- Имате потреба од финансирање на образованието, плаќање на партиципација за упис на година или семестар во високо образовни институции во Македонија и за постдипломски и докторски студии- Сте до 35 годишна возраст до моментот на поднесувањето на барањето за кредит кои се запишани на редовни, вонредни или постдипломски студии во високо образовни институции и до 40 годишна возраст за докторанти- Нето месечниот приход на кредитокорисникот (доколку е во работен однос) и на жирантите не треба да биде понизок од месечниот ануитет за кредитот + 4.600,00 МКД (75,00 ЕУР) по член од семејството.

Износ на кредитот: Минимално 12.300 мкд или 200 ЕУР - противвредностИзнос на кредитот: Максимално 925.000 МКД или 15.000 ЕУР – противвредностРок на користење: До 120 месеци

Каматна стапка:8,00% за денарски кредити одобрени со девизна клаузула9,00% за денарски кредити

Page 8: Проектна активност по Иновации и Претприемништво

КонтактАдреса:Ул. 1732 бр.2, 1000 Скопје

Телефон:(389 2) 3249-300

E-mail:[email protected]

Официјален вебсајт:www.ccbank.mk

© 2015 Централна Кооперативна Банка

Page 9: Проектна активност по Иновации и Претприемништво

Користена литература

-Википедиа www.mk.wikipedia.org-ЦКБ Вебсајт www.ccbank.mk