10

презентација на крвни садови биологија III17

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: презентација на крвни садови биологија III17
Page 2: презентација на крвни садови биологија III17

Што се крвни садови? Видови крвни садови Артерии Вени Капилари Растројства на крвната циркулација

Page 3: презентација на крвни садови биологија III17

Крвните садови се органите на циркулаторниот систем. Низ нив постојано циркулира крвта (за разлика од лимфните садови каде што циркулиралимфата).

Page 4: презентација на крвни садови биологија III17

Артерии Вени Капилари

Page 5: презентација на крвни садови биологија III17

Артерии, еластични крвни садови, чиишто најмали делови се артериолите и артериските капилари. Ја пренесуваат крвта од срцето до целототело. Нивниот ѕид е изграден од три слоја (надворешен, среден и внатрешен). 

Надворешниот слој се состои од сврзно ткиво, кое ги поврзува крвните садови со околните ткива. Средниот слој изграден е од подебел слој мазни мускули, кои му даваат поголема еластичност на крвниот сад. Затоа при повреда на артериски крвен сад, крвта истекува во силен млаз.

 Внатрешниот слој е претставен со еднослоен епител, наречен ендотел. Артериите обично се поставени во телото, покрај коските, а над нив се расположени скелетните кускули. На својот пат од срцето до органите артериите се разгрануваат, поагајќи од најголемиот артериски сад - аортата, преку артериите со помал дијаметар, до најмалите артериски гранки - аретериоли. Сите артериски ѕидови, со исклучок на белодробната артерија, носат крв збогатена со кислород (оксидирана крв).

Page 6: презентација на крвни садови биологија III17

Вени, покрути крвни садови со клапи (залистоци), чиишто најмали делови се венулите и венските капилари. Ја пренесуваат крвта од сите делови на телото до срцето. Вените ја вракаат крвта до срцето од сите делови на телото. Во крвната мрежа, човекот има повеќе венски отколку артериски садови. Просечно на една артерија доаѓаат по два венски сада.

Вените се градени слично како артериите, но постојат и некои разлики. Така, тие имаат поголем дијаметар и средниот мускулен слој е потенок, што го прави тидот поеластичен. Затоа при повреда нивните ѕидови се слепуваат и крвта бавно истекува.

Внатрешниот слој кај вените формира клапи кои придонесуваат крвта пасивно да минува низ нив и да не се врака. При попуштање на мускулните ѕидови, крвниот сад се проширува со што доаѓа до попуштени вени. Ова нарушување е очигледно поради површинската положба на венските садови во телото. Сите венски садови (со исклучок на белодробните вени) од ткивата до срцето, носат крв збогатена со јаглероден диоксид (редуцирана крв).

Page 7: презентација на крвни садови биологија III17

Крвните капилари се садови со дијаметар 5-25 микрони. Тие се изградени само од еднотел. Крвта минува низ нив многу бавно со што се овозможува преминување на молекулите од крвта во меѓуклеточната течност и обратно. Артериските и венските крвни садови меѓу себе се поврзуваат преку капиларите.

Page 8: презентација на крвни садови биологија III17

Постојат два типа на растројства на циркулацијата:

1.Функционални периферни васкуларни растројства –кои немаат органска причина. Тоа значи дека не вклучуваат дефекти во структурата на крвните садови т.е. крвните садови не се оштетени на механички начин.Овие болести често се поврзани со спазам на крвните садови кој може да се појави и да исчезне. Пример за вакви состојби е болеста на Рејно ( Mb. Raynaud), при што намалената циркулација може да биде предизвикана од ниски температури, емоционален стрес, работа со вибрациони машини или пушење.

Page 9: презентација на крвни садови биологија III17

2. Органски болести на периферните крвни садови – кои се предизвикани од структурни промени во крвните садови, кои можат да бидат последица на пример на воспаление или оштетување на ткивото на крвниот сад. Периферната артериска болест (ПАБ) е тип на органска болест на периферните крвни садови .Таа е предизвикана од масни наслаги (атеросклероза) на внатрешните ѕидови на крвните садови кои го блокираат нормалниот крвоток низ артериите, главно низ оние кои носат крв до бубрезите, стомакот, рацете, нозете и стопалата. Ако не се третираат може да доведат до гангрена и ампутација на екстремитетите.

Page 10: презентација на крвни садови биологија III17

2. Органски болести на периферните крвни садови – кои се предизвикани од структурни промени во крвните садови, кои можат да бидат последица на пример на воспаление или оштетување на ткивото на крвниот сад. Периферната артериска болест (ПАБ) е тип на органска болест на периферните крвни садови .Таа е предизвикана од масни наслаги (атеросклероза) на внатрешните ѕидови на крвните садови кои го блокираат нормалниот крвоток низ артериите, главно низ оние кои носат крв до бубрезите, стомакот, рацете, нозете и стопалата. Ако не се третираат може да доведат до гангрена и ампутација на екстремитетите.