Potreba od individualiziran muzikoterapevtski profil vo obrazovniot proces za pedagosko-psiholoska...

Preview:

Citation preview

П О Т РЕБА

ОД И НД И ВИ Д УАЛ И З И РАН МУЗ И К О Т ЕРАП ЕВТ СК И П РО ФИ Л

ВО О Б РАЗО ВНИ О Т П РО Ц ЕС

З А П ЕД АГО Ш К О - П СИ ХОЛО Ш К А П РО Ц ЕНК А

НА ЛИ ЧНО СТА НА НА Д АРЕНО ТО Д ЕТ Е

Д О К Т О Р С К А Д И С Е Р ТА Ц И Ј А

М - Р Т О М И С Л А В ТА Н Е В С К И

УНИВЕРЗИТЕТ “Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“

Факултет за музичка уметност-Скопје

Ментор: Проф. Д-р. Томе Манчев

2013г.

“Не постои општество кое може да си дозволи

игнорирање на своите надарени членови

и затоа сите мора сериозно да размислат

за тоа како на најдобар начин

да се одгледа и да се образува еден талент“

Еllen Winner

СОДРЖИНА

I. ВОВЕД ВО ПРОБЛЕМОТ

II. АНАЛИЗА НА ТЕОРЕТСКИТЕ ПОСТАВКИ ОД

ИСТРАЖУВАЊЕТО

III. ДИЗАЈН НА ИСТРАЖУВАЧКА СТУДИЈА

IV. АНАЛИЗА И КОМЕНТАР НА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД

ИСТРАЖУВАЊЕТО

V. ЗНАЧЕЊЕ НА ТРУДОТ

БИБЛИОГРАФИЈА

ПРИЛОЗИ

докторска дисертација

I. ВОВЕД ВО ПРОБЛЕМОТ

1. ПОТРЕБА ОД ИСТРАЖУВАЊЕТО

2. ПРОБЛЕМ НА ИСТРАЖУВАЊЕТО

3. ПРЕДМЕТ НА ИСТРАЖУВАЊЕТО

4. ЦЕЛ НА ИСТРАЖУВАЊЕТО

5. ХИПОТЕЗИ

6. ВАРИЈАБЛИ И ИНДИКАТОРИ

7. ОГРАНИЧУВАЊА

докторска дисертација

ПОТРЕБА ОД ИСТРАЖУВАЊЕТО

- Резултатите и проблемите при долгогодишната педагошка работа

со деца со ПОП, меѓу кои и надарените деца за вокално-инструмен-

тална музика и музичко творештво;

- Согледување на резултатите и ефектите од повеќегодишното

практикување на методите на музикотерапија и позитивните светски

искус тва од нивната примена во социјалната интеграција;

- Непостоење на инструмент за педагошко-психолошка проценка на

на јаките и слабите страни на личноста на надареното дете кај нас,

особено од аспект на посебни образовни потреби, кој ја користи

музиката и музичките активности;

- Можноста за проценка на немузичките подрачја на личноста на

детето низ организирани музички активности на музикотерапија со

користење на Индивидуализиран музикотерапевтски профил за

проценка – IMTAP

докторска дисертација

ПРОБЛЕМ НА ИСТРАЖУВАЊЕТО

Проблемот на истражување произлегува од непрепознавањето на

јаките и слабите страни на надареното дете, особено од аспект на

емоционално-социјалната интеграција во средината како посебна

образовна потреба на личноста и потребата од употреба на

инструмент кој ја користи музиката и музичките активности за

педагошко-психолошка проценка и следење на јаките и слабите

страни на личноста на надареното дете и детето воопшто.

ПРЕДМЕТ НА ИСТРАЖУВАЊЕТО

Утврдување на искористливоста на музичките активности како

мултисензорен медиум и препознатлива невербална комуникација

при педагошко-психолошка проценка на јаките и слабите страни на

детската личност и особено емоционално-социјалниот сегмент на

личноста на надареното дете од аспект на посебни образовни

потреби кај различни категории надарени деца.

ЦЕЛ НА ИСТРАЖУВАЊЕТО

Утврдување на потребата од воведување на Индивидуализиран

музикотерапевтски профил за проценка – IMTAP (Individualized Music

Therapy Assessment Profile) на личноста на надареното дете во

обвразовниот процес, од аспект на посебните образовни потреби,

преку анализа на добиените резултати од педагошко-психолошката

проценка на социјалниот сегмент на личноста на надарените деца со

IMTAP и резултатите од споредбеното тестирање со Профилот за

постигнато ниво на мотивираност – АМР (Achievment Motivation

Profile).

ХИПОТЕЗИ

Основна (општа) хипотеза на истражувањето е:

Употребата на музички активности во улога на инструмент за

педагошко-психолошка проценка на социјалниот сегмент на личноста

на надареното дете низ IMTAP овозможува препознавање и следење

на јаките и слабите страни на детската личност од аспект на посебни

образовни потреби.

Оваа хипотеза се проверува со отфрлање на две посебни нулти

хипотези:

НX а)

Употребата на музички активности во улога на инструмент за

педагошко-психолошка проценка на социјалниот сегмент на личноста

на надареното дете низ IMTAP не овозможува препознавање на

јаките и слабите страни на личноста.

НХ б)

Употребата на музички активности во улога на инструмент за

педагошко-психолошка проценка на социјалниот сегмент на личноста

на надареното дете низ IMTAP не овозможува следење на јаките и

слабите страни на личноста.

Индикатор за отфрлање на НХ а) е постигнување позитивна

корелација на резултатите од IMTAP за емоционално-социјалното

подрачје со резултатите од соодветното подрачје на АМР.

Индикатор за отфрлање на НХ б) се резултатите од IMTAP за

емоционално-социјално подрачје од доменот на вештини на

воспоставување односи за време на МТ работилници, пред и по

завршувањето на сите музикотерапевтски работилници.

ВАРИЈАБЛИ

Независната варијабла за отфрлање на НХ а) е претставена со

утврдените музички активности за реализација на IMTAP:

инструментална импровизација на синтисајзер и ударни инструменти,

вокално-инструментална импровизација со користење на познати

вокални композиции избрани според најчесто номинирана листа на

композиции за адолесценти според музикотерапевтски истражувања,

движење на музика и музичко читање.

Независната варијабла за отфрлање на НХ б) е претставена со

утврдените музички активности за реализација на IMTAP и протоколот

на музикотерапевтска работилница со употребена релаксациона и

стимулативна музика од различни жанровски карактер со единствена

хармонска, метричка и ритмичка структура.

Зависни варијабли се: препознавање на јаките и слабите страни на

личноста преку IMTAP и следење на јаките и слабите страни на

личноста преку IMTAP.

Статус на независна варијабла, заедничка за двете нулти хипотези е

надареноста присутна кај сите испитаници.

ОГРАНИЧУВАЊА

- Истражуван е само емоционално-социјалниот сегмент за детската

личност од причини што проценката на сите сегменти на личноста

како индикатор за нејзино глобално функционирање ги надминува

можностите на една докторска дисертација (IMTAP содржи 10

подрачја со исто толку сегменти).

- Користени и анализирани се само податоците од областите

внатрешни способности и интерперсонални предности на тестот

AMP, кои го содржат емоционално-социјалното подрачје на личноста,

потребни за споредбената анализа со податоците од IMTAP (AMP

содржи 5 области со вкупно 17 подрачја).

II. АНАЛИЗА НА ТЕОРЕТСКИТЕ ПОСТАВКИ

1. НАДАРЕНОСТ, ТАЛЕНТИРАНОСТ – ДЕНЕШНИ СОЗНАНИЈА

2. ДЕЦА СО ПОП ОД АСПЕКТ НА НАДАРЕНОСТ

3. АДОЛЕСЦЕНЦИЈАТА И ЕМОЦИОНАЛНО-СОЦИЈАЛНИТЕ

ПОТРЕБИ НА НАДАРЕНИТЕ ДЕЦА

4. ПРЕПОЗНАВАЊЕ И ИДЕНТИФИКАЦИЈА НА НАДАРЕНИТЕ

ДЕЦА

5. МЕТОДИТЕ И ТЕХНИКИТЕ НА МУЗИКОТЕРАПИЈА ВО

ИНСТРУМЕНТИТЕ ЗА ПРОЦЕНКА НА ЈАКИ И СЛАБИ СТРАНИ

НА ДЕТСКАТА ЛИЧНОСТ

докторска дисертација

докторска дисертација

НАДАРЕНОСТ, ТАЛЕНТИРАНОСТ – ДЕНЕШНИ СОЗНАНИЈА

- Надареноста претставува склоп на особини врз основа на кои

поединецот е способен трајно да постигнува исклучително високи

резултати во едно или повеќе подрачја на човековото делување:

општа интелектиална способност, специфични академски

вештини, креативно мислење, способност за раководење,

психомоторни спсобности, уметнички способности.

- Мултидимензионалните концепции за надареноста во себе ги

опфаќаат: развиена општа интелектуална способност, развиена

креативност и постоење на внатрешна мотивација за постигнување.

- Со поимот надарени се означуваат личности со исклучително

високо развиени способности, додека поимот талент се однесува на

т.н. манифестна надареност или продукт на високи постигнувања

во одредени активности.

докторска дисертација

- Карактеристиките на една надарена личност се организирани во

неколку подрачја: когнитивно, сензорно, социјално, емоционално и

интуитивно.

- Постојат категории на деца со општа надареност и висок IQ, но и

деца со општа надареност и просечен IQ, па се повеќе се доведу-

ваат во прашање тестовите за мерење на општата интелигенција, а

се наметнува потреба од примена на инструменти за проценка.

- Високиот IQ е несигурен предуслов за пројавување на надареност –

висок училишен успех не гарантира употреба на знаења на продук-

тивен и оригинален начин при решавање на секојдневни проблеми.

- Постои нерамномерност во способностите кај надарените, а дел од

нив се соочуваат и со одредени потешкотии во учењето: артикула-

циски пореметувања во флуентоста (пелтечење или брзоплетост),

потешкотии во читањето (дислексија), перцептивно- моторички

потешкотии во математиката, проблеми со насочување и сосредо-

точување на внимание и хиперактивност.

а) Надареност за уметности, музичка надареност и развој

- Во основа на надареноста за уметностите, сите теоретичари и

истражувачи ги наведуваат: високите способности, внатрешната

мотивација и креативноста како компоненти за надареност за

било кој вид на уметност.

- Музичката надареност се јавува најрано од било која друга нада-

реност на една личност и претежно во вид на изведбена музичка

надареност, а многу поретко се појавува во вид на способност за

музичко читање и компонирање и вклучува осетливост за структу-

рата на музиката - тоналитет, хармонија и ритам.

- Надареното дете за ликовна уметност поседува предвремен

визуелно-просторен развој, создавање на визуелни сказни во

период на адолесценција, мануелна спретност изразена низ коор-

динацијата око – рака, визуелна меморија и т.н. естетска

интелигенција.

- Според Edwin Gordon, секое дете на земјината топка, поседува

иницијален потенцијал или способност за учење музика и тоа: 68%

од децата просечен, 16% висок, а 16% низок музички потенцијал.

- Музичкиот развој започнува со раѓањето и е во взаемно меѓусебно

влијание со општиот психо-моторен развој на една личност, а е во

зависност од музичкото изложување, искуството и охрабрувањето

во кое расте детето до 9 годишна возраст кога се стабилизира.

- Способност за извонредна музичка перцепција, музичко мемори-

рање, музичко слушање и разбирање на звук без присуство на

надворешна дразба “audiation”, креативност и мотивација - музичка

надареност.

- Музички надарените деца може да се со просечен IQ, но и да се

академски надарени. Музички надарените деца со висок IQ ќе ги

учат нештата многу побрзо од музички надарените деца со просе-

чен IQ, но сепак, музички надарените деца со просечен IQ ќе ги учат

многу побрзо музичките вештини и ќе станат подобри музичари

од надарените деца со висок IQ и просечна музичка надареност.

ДЕЦА СО ПОП ОД АСПЕКТ НА НАДАРЕНОСТ, ЕМОЦИОНАЛНО-

СОЦИЈАЛНИ ПОТРЕБИ НА НАДАРЕНИТЕ ДЕЦА И АДОЛЕСЦЕН-

ЦИЈАТА

- Постои есенцијална поврзаност помеѓу когнитивниот, социјалниот и

емоционалниот развој на надареното дете - емоционалната компо-

нента на надареноста “оди рака под рака“ со и интелектуалната.

- Заеднички социјално-емоционални карактеристики на надарените

деца се: зголемена сензитивност, емоционална интензивност и

реактивност, различност во чувствувањето, перфекционизам и

неуедначен развој на интелектуалното и емоционалното подрачје.

- Причини за социо-емоционални нарушувања кај надарените деца:

а) несоодветен пристап во семејството -игнорирање, притисок за

постигнување;

б) несоодветен пристап во училиште- однос на наставници,ригид-

ност на наставните програми, неприфаќање од врсниците, ригидни

тестови за проценка на јаки и слаби страни на личноста на детето.

- Посебни образовни потреби на надарените деца, чија нереализа-

ција може да доведе до социо-емоционални нарушувања, се :

а) потреба одинтелектуална стимулација,

б) педагошко-дидактички можности за споделување и генерирање на

разновидни и оригинални идеи и решенија,

в) можност за истражување и следење на интересите,

г) изложеност на комуникација со личности со различни способности

и изложеност и вклученост во социјални проблеми,

д) ангажираност со активности за сензорна интеграција и некомпети-

тивни физички активности,

ѓ) разбирање на околината за лидерството,

е) можност за препознавање и споделување на сопствените чувства

и очекувања и за чувствата и очекувањата на другите.

- Адолесценцијата е последната фаза од периодот на раст и развој,

кога завршува детството и се случуваат значајни промени. Тоа е

период на емоционална преосетливост за целокупната популација

на таа возраст, а уште повеќе е период на соочување на личноста

на надареното дете со сопствените можности и потреби.

ПРЕПОЗНАВАЊЕ И ИДЕНТИФИКАЦИЈА НА НАДАРЕНИТЕ ДЕЦА

- Во Република Македонија изостанува систематска примена на

тестови и инструменти за проценка на детската личност при

упис во училиште и наставниците не располагаат со податоци

за можностите на учениците.

- Препознавањето и идентификацијата на надареното се единствена

дијагностичко-прогностичка постапка и треба да претставува тимска

работа на сите активни учесници од опкружувањето на детето кое

вклучува: метод на проценка на особините и продуктите (самопро-

ценка и проценка од страна на наставници, врсници, стручна служба

на училиштето и родителите) и метод на тестирање (тестови за

интелигенција, за посебни способности, креативни способности,

тестови на личноста, на знаење и постигнување).

- Како прв инструмент за препознавање и идентификација на надаре-

ни деца и денес сé уште се користи некој индивидуален тест за

мерење интелигенција, а во РМ се употребува Wechsler индивиду-

ален тест за интелигенција за македонска популација (ВИТИМ).

- Препознавањето и идентификацијата на музичката надареност -

мерка за потенцијалот на детето за постигнување во областа на

музиката , подразбира психолошки пристап во испитувањето на

музикалноста кој се базира на перцептивните способности на

личноста, а музичките педагози најчесто проценуваат со помош на

задачи заискажувањена најосновните видови на овие способности.

- Многу квалификувани музичари и професори имаат потешкотии или

доза на субјективност при издвојувањето на музичката надареност

од музичкото постигнување, но за среќа тестовите за музичка

надареност не даваат погрешни резултати како тестовите за општа

интелигенција, бидејќи не подразбираат постоење на способност за

читање или пишување музика или пак формално музичко образова-

ние, за разлика од претходните.

- Тестовите на Edwin Gordon (PMMA , IMMA, AMMA, MAP) соодвет-

ствуваат на развојот на детската личност и се едни од најпознатите и

најупотребувани стандардизирани психолошки инструменти за

идентификација на музичка надареност денес и тоа кај деца од 5

години па сé до универзитетска возраст.

МЕТОДИТЕ И ТЕХНИКИТЕ НА МУЗИКОТЕРАПИЈА ВО

ИНСТРУМЕНТИТЕ ЗА ПРОЦЕНКА НА ЈАКИ И СЛАБИ СТРАНИ НА

ДЕТСКАТА ЛИЧНОСТ

- Јазикот и музиката нè дефинираат нас самите како човечки битија и

се појавуваат во сите видови на човечки заедници, без разлика на

тоа дали некои други аспекти на културата недостасуваат, а музи-

ката како човечки производ, сеприсутен во човечката култура, спаѓа

во невербалната, взаемна (интерактивна), интерперсонална

и/или масовна комуникација.

- Најраната комуникација помеѓу родителот и детето е во суштина

музичка импровизација - т.н.“комуникативна музикалност“.

- Комуницирајќи низ музиката се изразуваат емоции, се предизвикува

задоволство, се промовира социјална стабилност, се идентификува

младата личност.

- Методологијата на музикотерапија овозможува искористување на

музиката како медиум многу посоодветен отколку традиционалното

вербално комуницирање, низ кој личноста може да зборува, може да

учи и стекнува социјални вештини, може да развива комуникативни

вештини и еден концепт на самоконтрола и самодоверба

- Музикотерапијата е научна дисциплина за примената и

користењето на музиката или музичките елементи (звук, ритам,

мелодија и хармонија) од страна на квалифициран музикотерапевт

со цел подобрување на релевантни немузички цели за задоволува-

ње на физичките, емоционалните, менталните, социјалните и соз-

најните потреби на личноста.

- Практикувањето на музикотерапијата вообичаено се реализира низ

две форми: активна музикотерапија и пасивна музикотерапија; со

користење на шест музички искуства: пеење, свирење на музички

инструменти, телесни ритмички движења, импровизација, компо-

нирање и слушање музика.

- Едукативната музикотерапија му овозможува на ученикот олеснето

функционирање на личноста, олеснето учење, полесно соочување

со проблемите и активна социјализација со хронолошките врсници и

се применува низ метод Nordoff&Robbins и метод COS Clinical

Orff Schulwerk.

- Комуникативноста на музикотерапијата е искористена и како нетра-

диционален инструмент за проценка на јаки и слаби страни на дет-

ската личност, за проценка на музичката надареност и за следење

на прогресот на личноста во музикотерапевтските работилници во

форма на Индивидуализиран музикотерапевтски профил за

проценка – IMTAP.

- Музичката импровизација е креативно невербално изразување на

чувствата типично применливо во адолесценција како генерирачки

креативен процес на музичка интервенција, која помага на личноста

да ги прикаже сите аспекти за самата себе и во сооднос со другите,

а како техника во музикотерапијата искористена во IMTAP.

- IMTAP е инструмент за проценка на глобалното функционирање на

детската личност, креиран за користење во детска или адолесцент-

ска средина како повеќеслоен процес на проценка и обезбедува

информации од широк спектар за способностите на функционирање

на личноста со најразлични проблеми подеднакво успешно и кај

личности со нормален интелектуален развој и кај личности со

проблеми во интелектуалниот развој.

III. ДИЗАЈН НА ИСТРАЖУВАЧКА СТУДИЈА

1. МЕТОД И МАТЕРИЈАЛИ

- Метод на истражување

- Мерни инструменти на истражувањето

- Примерок на истражувањето

2. СПРОВЕДУВАЊЕ НА ИСТРАЖУВАЊЕТО

- Подготовка на истражувањето

- Тек на истражувањето

- Редолсед на активности на музикотерапевтска работилница

3. ПОСТАПКА ЗА ДОБИВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИ И ИЗРАБОТКА НА

БАЗА НА ПОДАТОЦИ

докторска дисертација

докторска дисертација

1. МЕТОД И МАТЕРИЈАЛИ

- Метод на истражување

Емпириско истражување со квалитативен пристап на проценка на

вештини во социјално-емоционалното подрачје на личноста и музи-

калноста кај надарени за уметности, квантифициран со сирови резул-

тати и проценти од споредбена анализа на резултатите од двата упо-

требени инструменти, а базирано на анализа на литература за нада-

реноста и инструментите за педагошко-психолошка проценка на јаки и

слаби страни на една личност, литература за протокол за МТ третман

и проценка на третман, литература за примена на IMTAP и АМР.

- Мерни инструменти на истражувањето

1.АМР – Профил за постигнато ниво на мотивираност е објективно

бодуван тест за проценка во форма на сопствен извештај, дизајниран

да се измери мотивацијата на детската личност за постигнување

резултати во сооднос со внатрешните карактеристики,интерперсонал-

ните атрибути на личноста и останати квалитети кои се важни за учи-

лишниот успех и постигнување -неприменлив кај деца со попреченост

докторска дисертација

2. IMTAP - Индивидуализиран музикотерапевтски профил за

проценка, базиран на МТ протокол, е инструмент за проценка на

глобалното функционирање на детската личност кој користи музички

активности и е креиран за користење во детска или адолесцентска

средина како повеќеслоен процес на проценка: за следење на прогрес

на целите, како третман-план, алатка за комуникација со родители и

стручни лица, истражувачки метод -применлив и кај деца со попреност.

- Примерок на истражувањето

Формиран е примерок на критичен случај од 70 надарени адолесценти

според утврдени критериуми за избор на примерок и тоа:

- 35 адолесценти надарени за ликовна уметност, според проценката

на нивните предметни наставници, учесници на ликовна колонија на

ДКЦ “Карпош“, Скопје.

- 35 адолесценти надарени за музичка уметност (свирење музички

инструменти и вокални солисти) според извршено тестирање со IMMA

Gordon Test, партиципенти во ДКЦ “Карпош“ и ДЦ “Џунџуле“ од Скопје,

а ученици од основни училишта во Скопје

Дистрибуција на испитаници од примерок на критичен случај

според вид на надареност, возраст и пол

Реализираните активности со примерокот на истражување беа со цел

за отфрлање на НХ а) според која, употребата на музички активности

во улога на инструмент за педагошко-психолошка проценка на

социјалниот сегмент на личноста на надарено дете низ IMTAP не

овозможува препознавање на јаките и слабите страни на личноста.

докторска дисертација

За отфрлање на НХ б) според која, употребата на музички

активности во улога на инструмент за педагошко-психолошка проценка

на социјалниот сегмент на личноста на надареното дете низ IMTAP не

овозможува следење на јаките и слабите страни на личноста беше

формиран примерок од 10 надарени деца.

Дистрибуција на примерок на испитаници со присутен емоционално

- социјален проблем на личноста, вид на надареност, возраст и пол

Формираниот примерок од 10 надарени деца е според следните

критериуми:

- Подеднаква застапеност на надарени деца за ликовна и музичка

уметност и подеднаква родова застапеност;

- Присутни слаби и јаки страни во емоционално-социјалниот сегмент

на личноста, детектирани со АМP јуниор тест и IMTAP;

- Реализирани со сите се 20 музикотерапевтски работилници низ

модел на индивидуална и групна музикотерапија по метод на

Нордоф&Робинс и применета техника на импровизација (вокално

инструментална, инструментална и движење на музика);

- Употребена е релаксациона и стимулативна музика од различен

жанровски карактер;

- Следењето на процесот на избраната вештина на воспоставување

односи од емоционално-социјалното подрачје на IMTAP е

реализирано со квантификациона листа за следење на прогрес

на IMTAP со сите испитаници;

- Извршена е проценка на емоционално-социјалниот сегмент на

личноста со IMTAP пред почетокот и по завршувањето на 20-те

МТ работилници.докторска дисертација

2. СПРОВЕДУВАЊЕ НА ИСТРАЖУВАЊЕТО - Подготовка

Се одвиваше во ДВЕ ФАЗИ и тоа од Јануари - Мај 2011г.:

1. Одредување на примерок за отфрлање на НХ а);

2. Одлука за истражување на емоционално - социјална интеграција;

3. Обезбедување литература за проблемот на истражувањето;

4. Изработка на прашалник за утврдување на интересот за одреден

музички жанр кај надарените деца за ликовна уметност;

5. Одредување на метод на музикотерапија за спроведување на

IMTAP кај надарените деца;

6. Избор на музика за спроведување на IMTAP;

7. Подготовка на инструментите за истражувањето;

Втора фаза од Јули – Август 2011г.:

1. Одредување на примерок за отфрлање на НХ б);

2. Одредување метод на МТ за работа на МТработилници со вториот

примерок соутврден проблем во емоционално-социјален сегмент;

3. Поставување на протокол на музикотерапевтска работилница;

4. Избор на музика за музикотерапевтските работилници;

докторска дисертација

Спроведувањето на истражувањето се одвиваше во просториите на

ДКЦ “Карпош“ и ДЦ “Џунџуле“ во Скопје во две фази и тоа:

Прва фаза

1. Анкетирање на адолесцентите надарени за ликовна уметност;

2. Тестирање на примерокот за отфрлање на НХ а) за

истражувањето со АМР тест јуниор форма;

3. Спроведување на IMTAP проценката на личноста кај децата од

примерокот за отфрлање на НХ а).

Втора фаза

1. Поставени се целите на МТ работилници и реализирани се низ 20

МТ низ модел на индивидуална и групна активна музикотерапија

со примерокот за отфрлање на НХ б);

2. Следење на прогресот на избраната вештина на воспоставување

односи од емоционално-социјалното подрачје на IMTAP со

квантификациона листа на IMTAP;

3. Спроведување на IMTAP проценка на личноста кај децата по

завршување на музикотерапевтските работилници.

докторска дисертација

- Протокол на музикотерапевтска работилница

Секоја МТ работилница беше со планирано времетраење од 1 учили-

шен час (45 м.), еднаш седмично во текот на учебната 2011/2012г.:

1. Пречек на детето со песна “Песна за добредојде“ и краток

разговор од 2-3 мин. за неговото расположение;

2. Музичка импровизација од 5мин.(инструментална или телесно-

ритмичка);

3. Евалвација на вештината за воспоставување односи од емоцио-

нално-социјалното подрачје на IMTAP со квантификациона листа

за следење на прогрес на IMTAP низ музички активности 25мин;

4. Музичка импровизација од 5 мин.според забележаното;

5. Подготовка за испраќање на детето со “Песна за довидување“.

Музички надрените партиципиенти еднаш седмично ги реализираа

редовните музички активности во ДКЦ и во Џунџуле.

По завршувањето на 20-те МТ работилници, се спроведе повторна

проценка со IMTAP во емоционално-социјалното подрачје.

докторска дисертација

3. ПОСТАПКА ЗА ДОБИВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИ И ИЗРАБОТКА НА

БАЗА НА ПОДАТОЦИ

За потребите на нашето истражување изработени се ТРИ бази на

податоци:

1. Прва база на податоци – формирана од споредбените резултати

за емоционално-социјалното подрачје на IMTAP и резултатите за

подрачјата на внатрешни способности и интерперсонални

предности на АМР тест Јуниор форма.

Првата база на податоци беше статистички обработена низ

постапка на корелација, за утврдување на нивото на поврзаност

на варијаблите од двата инструмента на истражувањето, со

Pearson-овиот коефициент на корелација (r).

докторска дисертација

2. Втора база на податоци - формирана од добиените резултати од

квантификационата листа за следење на прогрес на IMTAP за

вештина на воспоставување односи кај десетте испитаници со

присуство на слаби страни во емоционално-социјалниот сегмент

на личноста.

Втората база на податоци беше статистички обработена со

постапка анализа на варијанса (ANOVA) и post hoc Tukey HSD

Test со тестирање на значајност на разлики на постигнатите

резултати за прогресот на избраната вештина на воспоставување

односи од емоционално-социјалното подрачје на IMTAP и

неодвивањето на на вештината поради вербално одвраќање,

моторно одвраќање или немање интеракција за време на

музикотерапевтската работилница.

докторска дисертација

3. Трета база на податоци - формирана од резултатите за

емоционално-социјалното подрачје на IMTAP, добиени од

проценката на вториот примерок од ДЕСЕТ испитаници,

извршена пред почетокот на 20-те МТ работилници и по нивниот

завршеток.

Третата база на податоци беше статистички обработена со

Student – ов t test за зависни примероци за тестирање на

значајност на разлики помеѓу средните вредности на резултатите

од проценката со IMTAP пред почнување и по завршување на МТ

работилници и за децата надарени за музичка уметност и за

децата надарени за ликовна уметност во однос и на

емоционалното подрачје и на социјалното подрачје на IMTAP.

докторска дисертација

IV. АНАЛИЗА И КОМЕНТАР НА РЕЗУЛТАТИТЕ

ОД ИСТРАЖУВАЊЕТО

1. Анализа и дискусија на споредбените резултати од

емоционалното и социјалното подрачје на IMTAP со

резултатите од подрачјата на внатрешните способности и

интерпесронални предности на AMP

За отфрлање на НХ а) се анализирани резултатите добиени од

проценката извршена со IMTAP (емоционално и социјално подрачје)

кај примерокот на надарени деца за музичка уметност (N1) и кај

примерокот на деца надарени за ликовна уметност (N2), споредбено

со резултатите добиени од тестирањето на двата примерока со АМР

(подрачје на внатрешни способности и подрачје на интерперсонални

предности) низ постапка на корелација за утврдување на нивото на

поврзаност на варијаблите од двата инструмента со Pearson-овиот

коефициент на корелација (r). Извршена е корелација на двете

подрачја на IMTAP посебно со секоја од 8-те варијабли на АМР и за

двете категории надарени деца.докторска дисертација

Табеларен приказ

Од приказот на Pearson-овиот коефициент на корелација (r) помеѓу

резултатите од двата инструменти употребени во истражувањето

(IMTAP и АМР), може да се согледа присуство на високи вредности на

Pearson-овиот коефициент на корелација (r>0,60) помеѓу резултатите

од споредбените подрачја на IMTAP и АМР, со што се отфрла НХ а) и

се докажува дека употребата на музички активности низ IMTAP

овозможува препознавање на јаките и слабите страни на детската

личност.

докторска дисертација

докторска дисертација

2. Анализа и дискусија на резултатите од квантификационата

листа од IMTAP за следење на вештината на воспоставување

односи од социјалното подрачје на IMTAP за време на

музикотерапевтските работилници

За отфрлање на НХ б) се анализирани резултатите добиени од

проценката извршена со квантификационата листа на IMTAP за

избрана вештина на воспоставување односи од емоционално-

социјалното подрачје за време на реализацијата на 20-те МТ

работилници кај примерокот од 10 надарени деца со присутни слаби

страни во емоционално-социјалниот сегмент на личноста, детекти-

рани со АМР тест Јуниор форма и со IMTAP ; како и резултатите

добиени од проценката извршена со IMTAP (емоционално и

социјално подрачје) кај истиот примерок пред отпочнување на

музикотерапевтските работилници и по нивното завршување.

Со квантификационата листа на IMTAP е всушност следен прогресот

на востановување на одбраната вештина.

докторска дисертација

Анализата на резултатите од квантификационата листа на IMTAP за

сите работилници е спроведена со статистичката постапка анализа на

варијанса (ANOVA) и post hoc Tukey HSD Test со тестирање на

значајност на разлики на постигнатите резултати за прогресот на

избраната вештина на воспоставување односи од емоционално-

социјалното подрачје и неодвивањето на вештината поради вербално

одвраќање, моторно одвраќање или немање интеракција за време на

музикотерапевтската работилница.

Анализата на резултатите добиени од проценката извршена со IMTAP

(емоционално и социјално подрачје) кај истиот примерок пред

отпочнување и по завршување на музикотерапевтските работилници

(пред тест и пост тест постапка) е спроведена со статистичка

постапка на Student - ов t test за зависни примероци.

Следи дистрибуција на табеларен и графички приказ на резултатите

анализирани со ANOVA на покажана вештина на воспоставување

односи и на состојба без интеракција за време на музикотерапевтски-

те работилници (како најзначајни податоци за прогресот) и табеларен

и графички приказ на резултатите анализирани со Student - ов t test.

Анализата на варијанса

покажа дека постојат ста-

тистички значајни разлики

помеѓу средните вредности

на покажаната вештина во

текот на 20-те МТ работил-

ници (ANOVA: F=8,540

р=0,000001)

Движењето на средните

вредности и разликите се

видливи и на табелата и на

графичкиот приказ

Според Tukey HSD Test, со кој се тестираше статистичката значајност

на разликите на средните вредности на процентот на покажаната

вештина за време на МТ работилница, се покажа дека помеѓу 1-ва,

2-ра, 3-та, 4-та, 5-та, 6-та, 7-ма, 8-ма и 9-та работилница нема

значајни разлики во однос на средните вредности на покажаната

вештина на воспоставување на односи ( p = од 0,3747 до 1).

Резултатите од 1-а, 2-а и 3-та работилница се значајно пониски

(послаби) во однос на резултатите од 10-тата до 20-тата работилница

( p = од 0,0147 до 0,000043). Добиените резултати на 4-та, 5-та, 6-та и

9-та работилница се исто така значајно пониски (послаби) во однос на

резултатите покажани од 10-та до 20-та работилница ( p = од 0,0205

до 0,0013).

Помеѓу средните процентуални резултати добиени од 10-та до 20-та

работилница нема значајни разлики ( p = од 0,6155 до 1).

Од графиконот, како и од табелата претходно, може да се согледа

растење на процентот на покажана вештина на воспоставување на

односи од првата до дваесеттата МТ работилница.

Анализата на варијанса

покажа дека постојат ста-

тистички значајни разлики

помеѓу средните вредности

на состојбата без интерак-

ција во текот на 20-те МТ

работилници

(ANOVA:F=3,517

р=0,000001)

Движењето на средните

вредности и разликите се

видливи и на табелата и на

графичкиот приказ

Според Tukey HSD Test, со кој се тестираше статистичката значајност

на разликите на средните вредности на процентот на состојба без

интеракција за време на МТ работилница, се покажа дека помеѓу 1-ата

и 8-та работилница разликите се значајни за р=0,0476.

Но, помеѓу резултатите од 1-ата и резултатите од работилниците

почнувајќи од број од 12 до 20, според Tukey HSD Test, значајностите

на разликите во однос на средните вредности на состојбата без

интеракција за време на музикотерапевтските работилници, изразена

во %, се движат во границите од p = 0,0185 до p = 0,00007 (заклучно

со работилница број 17).

На последните три МТ работилници состојбата стагнира.

Од графиконот, како и од табелата претходно, може да се согледа

опаѓање на процентот на состојба без интеракција за време на МТ

работилница, од првата до дваесеттата МТ работилница.

Анализата до Student - ов t test за зависни примероци покажа дека

постои статистички значајна разлика помеѓу средните вредности на

резултатите од проценката со IMTAP (изразено во %) пред

отпочнување и по завршувањето на сите МТ работилници кај децата

надарени за музичка уметност и кај децата надарени за ликовна

уметност во однос на емоционалното подрачје. (t= -7,057 p=0,00059)

Анализата до Student - ов t test за зависни примероци покажа дека

постои статистички значајна разлика помеѓу средните вредности на

резултатите од проценката со IMTAP (изразено во %) пред отпочну-

вањето и по завршувањето на сите МТ работилници кај децата

надарени за музичка уметност и децата надарени за ликовна уметност

во однос на социјалното подрачје. (t= -11,578 p=0,000001)

Разликата во социјалното подрачје е поголема отколку кај емоционал-

ното подрачје.

V. ЗНАЧЕЊЕ НА ТРУДОТ

ЗАКЛУЧОЦИ

- Со отфрлање на нултите хипотези беше проверена и докажана

општата хипотеза:

Употребата на музички активности во улога на инструмент за

педагошко-психолошка проценка на социјалниот сегмент на

личноста на надареното дете низ IMTAP овозможува

препознавање и следење на јаките и слабите страни на

детската личност од аспект на посебни образовни потреби.

- Употребата на IMTAP за прв пат во Република Македонија кај две

групи на адолесценти надарени во уметничките подрачја, ги

потврди досегашните светски искуства од неговата примена како

инструмент за педагошко-психолошка проценка на личноста на

детето кој преку квалитативен пристап обезбедува квантитативни

лесно разбирливи податоци.

докторска дисертација

ПРЕПОРАКИ

- Препознавањето и следењето на јаките и слабите страни на

личноста на надареното дете овозможува целисходно

искористување на потенцијалите на личноста и намалување на

проблемите;

- Квалитативните инструменти за педагошко-психолошка проценка

на личноста на детето во комбинација со тест инструменти за

самопроценка овозможуваат најсигурни показатели за јаките и

слабите страни на личноста;

- Музичките активности применети низ музикотерапија како

педагошко-психолошка комуникација овозможуваат сигурна

поврзаност помеѓу стручниот кадар и децата;

- IMTAP обезбедува лесно разбирлива информација за

функционирање на личноста на индивидуата и е применлив кај

личности без и со проблеми во развојот, без ограничување на

возраста ;

- Едукацијата со методологијата на музикотерапија кај наставниот

кадар и училишните стручни службие современа неопходна пот-

реба за осовременување и успешност на образовните резултати.

докторска дисертација

УПОТРЕБЛИВА ВРЕДНОСТ

- Министерство за образование и наука на РМ,

- Биро за развој на образованието,

- Педагошки факултети во предметите методика на музичка

настава, психологија на музика и развојна психологија,

- Филозофски факултет – Институт за педагогија, Институт за

дефектологија и Институт за психологија,

- Факултет за музичка уметност – оддел за музичка теорија и

педагогија,

- Предучилишни установи,

- Основни училишта,

- Средни училишта,

- Детски креативни центри,

- Детски културни центри,

- Дневни центри за деца со посебни образовни потреби

докторска дисертација

БЛАГОДАРАМЗА ВНИМАНИЕТО

докторска дисертација

Recommended