20
УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“- ШТИП МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО Вентилациони системи ТЕМА: Летен и зимски режим на климатизација ментор: кандидат:

семинарска греење и климатизација корегирана 1 (1)

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: семинарска греење и климатизација корегирана 1 (1)

УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“- ШТИП

МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ

СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО Вентилациони системи

ТЕМА: Летен и зимски режим на климатизација

ментор: кандидат:

асс.м-р Марија Шуманска Ивица ЈордановИндекс бр.19123

Виница, Мај 2012

Page 2: семинарска греење и климатизација корегирана 1 (1)

Изработил Ивица Јорданов

Содржина1. Вовед..................................................................................................................................................2

2. Климатизери и климатизација.........................................................................................................3

3. Зимски и летен режим на климатизација........................................................................................4

4. Клима уреди – климатизери.............................................................................................................7

5. Зимски режим на работа.................................................................................................................10

6. Составни делови на клима уредот.................................................................................................11

7. Испарувачи.......................................................................................................................................13

8. Експанзионен вентил.......................................................................................................................14

9. Вентилација......................................................................................................................................14

10. ЗАКЛУЧОК.....................................................................................................................................14

11. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА.............................................................................................................15

1

Page 3: семинарска греење и климатизација корегирана 1 (1)

Изработил Ивица Јорданов

1. Вовед

Во денешно време незамисливо е живеење без клима уреди, односно работа и престој во простории кои не се климатизирани. Тоа се однесува како за луѓе така и за друг жив свет, намирници за прехрана и сл.

Сл.1 Ладење и греење на индивидуална зграда

Кога станува збор за климатизирање на некоја просторија потребно е да знаеме како таа ке се употребува, колку ке се употребува,кога ќе се употребува и да ја знаеме нејзината местоположба.

Постојат повеке начини за климатизирање на една просторија и тоа во зависност од медиумот кој се користи за намалување или зголемување на температурата на воздухот во истата и негово прочистување. На сликата бр.1 е

2

Page 4: семинарска греење и климатизација корегирана 1 (1)

Изработил Ивица Јорданов

дадена илистрација со шематски приказ на летен и зимски режим на климатизација на една семејна куќа.

Како резултат на времето во која таа се врши општо прифатено е дека постојат два режима на климатизација и тоа: зимски и летен режим на климатизација. Во зимски режим потребно е да ја зголемиме темперетурата на воздухот во просторијата во однос на надворешниот воздух, а во летен да ја намалиме во однос на надворешната температура.

2. Климатизери и климатизација

Климатизери се направи или апарати со чија помош можеме да ја регулираме

температурата на воздухот во просторијата на оној степен кој нам ни е најповолен

во времето во кое ке сакаме да прстојуваме или престојуваме. Климатизацијата

претставува процес на припрема на воздухот со цел за овозможување на пријатен

престој на луге и други живи суштества во некоја просторија. Во поширока смисла

на зборот терминот климатизација може да се однесува на било кој облик на

ладење, греење, вентилација и дезинфекција на состојбата на воздухот.

Климатизацијата како гранка од техниката опфака низа на технички постапки за

остварување на саканите параметри на воздухот и нивно одржување во текот на

цела година или одреден временски период. Саканите параметри кои е потребно

да се контролираат и одржуваат во оптимални гранични вредности се врзани со

условите за условна температурна лагодност. Тоа се температура, влажност на

воздухот, брзина на струење на воздухот, чистота и сл. За да зборуваме за

климатизација потребно е да имаме обавезно внесување на свеж воздух во

просторот кој се климатизира односно и вентилација на просторот бидејки ако тоа

не е случај станува збор за греење или ладење на воздухот

3

Page 5: семинарска греење и климатизација корегирана 1 (1)

Изработил Ивица Јорданов

3. Зимски и летен режим на климатизација

Процесот на влажнење на воздухот и одржување на степенот на влажност во одредени граници е важен дел во системот за климатизација како и одржувањето на температурата во одредени граници.

Во коморите за зимска климатизација воздухот прво се пропушта низ предгреач за да му се подигне температурата на најмалку 5 степени Целзиусови, бидејки во ладна состојба неговата моќ на апсорпција на влага е многу мала. Вака загреаниот воздух минува низ овлажнувач и тука апсорбира, ладејки се, влага до близу 100% од својата релативна влажност, што зависи од неговата температура на влез. За да се забрза процесот на влажнење често се спрема потребата загрева и водата за овлажнување. Температурата на воздухот во моментот кога настане негово заситување претставува гранична температура на ладење.

Ако се понатаму овлажнетиот воздух се загрева до одредена температура тој ке добие релативна влажност која одговара на таа температура спрема ,, i-x “ дијаграмот. Ова се практично постигнува со поставување на термостат во воздушната струја која го напушта овлажнувачот, со што се регулира температурата на водата за распрскување со што воздухот го напушта овлажувачот на темпертура близо до сопствената точка на роса. Ова кај некој системи се изведува со помош на хидростат местен во просториите во кој треба да се регулира степенот на влажност. Кога реагира хидростатот тоа се пренесува и на регулацијата на температурата на водата за распрскување.

Кај примената на кружна циркулација на воздух за да не дојде до до зголемување на влажноста до несакани размери, најдобро е да се меша воздухот што кружи со свеж така да температурата на мешавината се движи помеѓу 4,5 – 8 степени. Доколку ова не може да се постигне во случај на голема количина на кружен воздух тогаш е потребно потполно да се елиминира распрскувањето и системот да се подеси така да воздухот не поминува низ овлажнувачот. Горе опишаниот процес важи за зимски режом на климатизација и е претставен на слика бр.2

4

Page 6: семинарска греење и климатизација корегирана 1 (1)

Изработил Ивица Јорданов

Сл.бр. 2 I-X дијаграм зимен режим на работа

Во комората се создава смеша М од надворешен воздух S и кружен воздух U во однос 1|1. Според тоа точката М ја дели лиијата SU во однос на количината на воздух те. MU=MS

2. Смесата на воздух пропуштена низ грејачот не ја менува содржината на влага xm и поминува во состојба P.

3. Воздухот од состојба P овлажнет и оладен преминува во состојба V задржувајки ја енталпијата непроменета ( i=const. ). Состојбата на воздухот во точка V е близу до неговата точка на роса.

4. Воздухот во состојба V во загревачот се доведува до состојба D задржувајки ја количината на влага xd

5

Page 7: семинарска греење и климатизација корегирана 1 (1)

Изработил Ивица Јорданов

Температурата тр е поголема од тu која ја овозможува уредот за климатизација. Во случај да некоја просторија мора д се лади во присуство на поголем број на лица, тогаш тмпературата тs може да биде уште пониска. Содржината на влага е xd< xu, бидејки воздухот ке ја прими таа разлика.

Доколку би се процесот на овлажнување одвивал во летен режим тогаш дијагрмот i-x би го имал следниов тек прикажан на сл.3

Сл.бр.3

i-x дијаграм летен режим на работа

6

Page 8: семинарска греење и климатизација корегирана 1 (1)

Изработил Ивица Јорданов

1. Претоставен е однос помеѓу кружн и свеж воздух 1: 2, значи состојба на надворешен свеж воздух во точка S, кружен воздух точка U, а смеша во точка М на линијата US во однос MU=2MS

2. Смешата поминува низ ладилникот и се лади и суши така да поминува о состојба М во состојба V. Линијата MV малку одстапува од правата MVz каде Vz би одговарала на состојба на заситена смеша. Во точката V воздухот има содржина на влага xd

3. Минувајки низ догревачот оздухот се загрева и преминува од состојба V во сосојба D, задржувајки ја влгата xd. Состојбата D е во смисла на температура и влага пониска од состојбата U, те. Воздухот таа разлика ке ја оствари во просторијата.

Во системите за климатизација треба да разликуваме два вида на размена на топлина, било да се работи за загревање во зима или ладење во лето. Првата измена се врши поради климатските услови и намената на просторијата. Втората измена на топлина се врши за да се доведениот воздух влажне или суше, со загревање односно ладење.

При летен режм на климатизација технички зборуваме за ладење на просторијата придружено со вентилација, влажнење и одвлажнување на воздухот.

4. Клима уреди – климатизери

Постојат повеке типови на климатизери кои можат да ја извршат оваа задача. На слика 4. се дадени некој од нив :

П

Слика 4

7

Page 9: семинарска греење и климатизација корегирана 1 (1)

Изработил Ивица Јорданов

станува збор за прозорски климатизери кои се состојат од една единица која во зависност од потребите и условите може да биде поставена на прозор, зид ,парапет и сл.

Покрај единечните климатизери во поново време се користат и дводелни климатизери составени од две единици од кои едната е внатрешна а другата надворешна. Поврзани се меѓусебно со бакарни цефки. Како составен дел со нив се испорачува и далечински управувач со кој се регулира температурата, протокот на воздух, овлажнување, време на вклучување, исклучување и разни други подобности во завиност од произведувачот на климатизерот.

На слика 5 е прикажан едноставен приказ на функционирање на климата.

:

Сл.5 режим на ладење

Неговата работа е заснована на таканаречен левонасочен кружен процес на фреонот кој низ цефки кружи во затворен циклус при што феонот ја менува агрегатната состојба.

Клима уредот работи на ист принцип како и ладилникот.Ја одстранува топлината од воздухот во просторијата на тој начин што истата ја спроведува надвор од просторијата која ја ладиме.

Во процесот на ладење дигачот на топлина ја спроведува топлината од место со пониска температура кон место со повисока температура.

Во принцип целиот процес се одвива во четири етапи при еден кружен циклус.

8

Page 10: семинарска греење и климатизација корегирана 1 (1)

Изработил Ивица Јорданов

1. Компресорот кој е задолжен за движењето на работниот гас се наога во срцето на клима уредот. Пред компресорот фреонот се наога во гасна состојба и има низок притисок, во компресорот се зголемува притисокот, се загрева и патува према кондензаторот.

2. Во кондензаторот, на висока температура и притисок фреонот испушта топлина во надворешната единица и станува изладена и компримирана течност.

3. Течноста под висок притисок тогас минува низ експанзиониот вентил, каде се редуцира притисокот и на тој начин температурата паѓа под температурата на расхладниот простор. Резултат на ова е ладна течна состојба на фреонот.

4. Течниот фреон под нисок притисок минува низ изменувачот на топлина каде ја апсорбира топлината од воздухот на внатрешната просторија преку испарување и преога во гасна состојба под низок притисок. Гасот потоа се враќа во компресорот и започнува нов циклус.

Начинот на работа на домашен едноделен климатизер во летен режим е представен на слика 5

Сл.5 топлотна пумпа во режим на ладење

9

Page 11: семинарска греење и климатизација корегирана 1 (1)

Изработил Ивица Јорданов

5. Зимски режим на работа

Во зима кога надворешната температура е ниска а имаме потреба внатрешната температура да ја зголемиме односно одржуваме на зададено ниво (вредност ) клима уредот работи обратно од процесот на ладење. Имено во овој случај е потребно да ја искористи енергијата од надворешниот ладен воздух која со помош на фреонот и електрична енергија за погон на компресорот ке ја претвори во топол воздух кој ќе струи во внатрешната просторија.

Сл.5а

Принципот на заштеда на електрична енергија е искористување на што поголем дел од енергијата на околниот воздух. На горната слика 5а е дадено илустративно колкав процент на енергија се добива од околината а колкав од електричната инсталација. Гледаме дека скоро 3 /4 од енергијата ја замаат од околниот воздух. На тој начин станува јасно како за еден КW потрошена електрична енергија добиваме 4KW енергија за топлина на просторијата. Значи не станува збор на перпетум мобиле туку за умно крадење на енергијата од околината и нејзино искористување.

При зимски режим на работа се одвива обратен циклус односно процесот на греење се одвива вака:

Вентилаторот го зема ладниот воздух од надвор и ја користи наговата температура за загревање на воздухот во просторијата при што внатрешната единица се загрева и го грее воздухот во просторијата.

10

Page 12: семинарска греење и климатизација корегирана 1 (1)

Изработил Ивица Јорданов

Доколку испарувачот и кондензаторот си ги заменат местата т.е. Ако испарувачот се постави надвор, а кондензаторот внатре се добива греење на просторијата и ладење на околината. Бидејки физички е неизводливо да се преместуваат деловите преместувањето од режим на ладење на режим на греење се врши автоматски. Двата изменувачи се направени да можат да работат и како испарувачи и како кондензатори, а во клима уредот се вградува и преклопен четворокрак вентил кој овозможува струење на фреонот во два смера. На тој начин работат уредите кои и ладат и грејат ( топлотни пумпи ).

Блок шема на еден сплитсистем за климатизација

Климатизирањето во зимски режим се одвива во интервал од – 15 до + 15 степени надворешна температура.

6. Составни делови на клима уредот

Приказ на прозорски климатизер

11

Page 13: семинарска греење и климатизација корегирана 1 (1)

Изработил Ивица Јорданов

Ротационен компресор ( со променлив број на вртежи )

Во поново време се покористена е Инвертер технологијата која за разлика од конвенционалната не го дува ваздухот со полна сила во моменти кога температурата е близу до зададената туку прецизно и континуирано дозира потребна енергија за достигнување на саканата температура. Инверторот вушност значи ротационен компресор. Кога климата ке се исклучи компресорот уште работи, суштината е во бројот на ветежи кој го регулира електрониката. Ако треба пониска температура автоматски се зголемува бројот на вртежи и обратно. Со негова употреба се штеди и до 40 посто електрична енергија а во режим на греење може да работи и до -15 степени.

Кондензаторот игра улога да гасот со висока температура и висок притисок да го олади и оведе во течна состојба. Воглавно за ладење се користи воздух или вода како медиум.

Наједноставни типови на кондензатори се изработени од мрежа од цефки низ кој поминува некој гас, а цефките се така поставени да низ нив лесно протекува медиумот. Доколку сакаме да го зголемиме протокот се поставува вентилатор.

Поголемиот топлотен капацитет и густина ја прават водата подобар медиум од воздухот на сликите 7 , 8 се приказани и двата вида на кондензатори

12

Page 14: семинарска греење и климатизација корегирана 1 (1)

Изработил Ивица Јорданов

Сл.7 За воздушно ладење

Сл. 8 За водено ладење мал систем со два пара свиткани цефки

Сл.9 За водено ладење на поголем систем

7. ИспарувачиУлога на испарувачот е да обезбеди контакт на

воздухот со загреаниот ниско притисен флуид при што воздухот се загрева а медиумот преминува во гасовита состојба.

Сл.10 Воздушен испарувач

Сл.11 Воден испарувач

13

Page 15: семинарска греење и климатизација корегирана 1 (1)

Изработил Ивица Јорданов

8. Експанзионен вентилУлогата на експанзиониот вентил е да го регулира протокот на работниот

флуид од состојба на висок притисок до делот на системот со нисок притисок односно редукција на притисокот која најчесто се обезбедува со редукција на протокот.

9. Вентилација

Вентилацијата е комплексен технички процес со кој се врши замена на загадениот воздух со нов или со рециклиран воздух кој на разни начини, филтрирања и методи се доведува во состојба која одговара на пропишаните или договорени норми. Во секоја земја постојат тхнички норми кои треба да ги задоволи просторијата која се климатизира односно вентилира и зависат од повеке фактори , како температура на надворешен воздух, број на луге, вид на работа, пушачи, непушачи и сл.

10. ЗАКЛУЧОК

Режимот на климатизација на просторијата зависи пред се од временките услови те. Надворешната температура, потребната внатрешна температура и системот за климатизација. Процесот на влажнење на воздухот и одржување на степенот на влажжност во одредени граници е важен дел во системот за климатизација како и одржувањето на температурата во одредени граници

Денес на пазарот се присутни голем број на производители на апарати за климатизирање на простории, па изборот зависи од потребите, економичноста, местоположбата на објектот, геогрфската положба и сл.

И двата режими климатизација потрбно е да ги задоволат потребите за кои се одбрани. Технички денес еден единствен систем може да ја покрие потребната

14

Page 16: семинарска греење и климатизација корегирана 1 (1)

Изработил Ивица Јорданов

темперарура и чистота на воздухот во просторијата и да ја одржува на зададеното ниво. Опсегот на климатизација е од -25 до 40 стпени целзиусови во зависност од уредот и медиумот кој се користи за климатизација.

11. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

1 Интернет

2 Википедија

3 Климатизација и вентилација scribd

4 S. Zrnic , Z.Culin - Grejanje I klimatizaija

15