48
АМАК ПРЕС ОХРИДСКИ НОВИНИ Број 117-118, Дек. Јан. 2009/2010, Бесплатен примерок СЕКАДЕ... СЕГА... СЕКОГАШ... Среќна 2010-та година

АМАК ПРЕС 117

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Амак Прес Охридски Новини е единствениот печатен медиум во охридско-струшкиот регион, а весникот се печати во тираж од 4000 примероци. Основач и издавач на Амак Прес Охридски Новини е генералниот дирекотр на Амак СП,Венко Шапкар.

Citation preview

Page 1: АМАК ПРЕС 117

АМАК ПРЕС

ОХРИДСКИ НОВИНИБрој 117-118, Дек. Јан. 2009/2010, Бесплатен примерок

СЕКАДЕ... СЕГА... СЕКОГАШ...

Среќна 2010-та година

Page 2: АМАК ПРЕС 117

2

Page 3: АМАК ПРЕС 117

ИЗДАВА: АМАК СП А.Д. Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - Охрид. Излегува секој 15-ти во месецот

Тел:046/263-781 факс 046/263-784

E-mail: [email protected]

За издавачот:Венко Шапкар - Генерален директор;

Главен и одговорен уредник: Ангела Белевска [email protected]

Технички уредник: Бранислав Силјаноски

Маркетинг менаџер: Славица Стевоска

Веб уредник: Алан Каоуфото:

Александар Ковачески Никола Танчески - Коџак

Дистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318Петруш Јовески

Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид

3

Збор на уредникот

Периодот на новогодишните празнувања за мене почнува порано од другите. Нова Година ја чувствувам крај себе кога ја пишувам новогодишната честитка за тат-ко ми кој привремено престојува во друга земја и посакувајќи му искрени желби за добро здравје и среќа јас, се враќам во периодот на моето детство. “Елко, елко по-

расни уште две-три педи”, беше песната што ја пеевме околу новогодишната елка јас и мо-ите најмили , ноќта кога ја чекавме Новата Година а вистинско доживување беше кога мои-те родители се преправаа во најдобриот дедо на светот Дедо Мраз. И денес по толку мина-ти години јас се уште верувам дека се што е убаво и се што се вика среќа, Дедо Мраз ни го праќа од вреќа. И денес сум повторно дете кога ја китам големата новогодишна елка и се ра-дувам од помислата дека еден ден заедно со моите најблиски ќе се радувам на годините што ни доаѓаат. Всушност кај мене секогаш постои едно убедување дека зимските прославувања, почнувајќи од славите, имендените а потоа и Нова Година, Бадник, Божик и Водици се семејни празници. Тоа се собири во кои сите заедно си посакуваме подобро утре. “Бидете радосни кога и да ви се пржи можност за тоа и кога и да најдете снага во себе за тоа. Зошто моменти-те на чиста радост вредат и значат повеќе отколку целиот ден и месец од нашиот живот поми-нати во матните игри на нашите ситни и крупни желби и страсти, а минутите на чиста радост остануваат во нас засекогаш како сјај што не може ништо да го замрачи”, напишал Иво Андриќ . Потрудете се да бидете среќни и среќата сама ќе Ви дојде, таа е во секојдневието во се она што е околу нас, а дали среќата ќе ја видиме порано или подоцна зависи од самите нас.Овој број на “Охридските Новини “ наместо на 15-ти во месецот излезе од печат подоцна а на-мерата ни беше да бидеме со вас во времето на празничната еуфорија, да не имате во рака и да не читате непосредно пред дочекот на Новата Година. Како секогаш така и сега во Ново-годишниот број ви нудиме интересни содржини, не ви ги откривам јас, ќе ги прочитате сами-те Вие. За оваа година од нас толку. Со желба за добро здравје, среќа и успех на секој план редакцијата на АМАК- Прес, Охридски Новини, Ве остава во добро расположение и Ви ветува дека во идната 2010 година ќе имате во рака исто толку интересни изданија од ова списание.

Во телото здравје, во душата мир, во мислите радост во срцето младост. Во работа-та успех, многу среќа и убави моменти нека Ви донесе Новата Година. Среќна Нова Година и среќен Божик !

Среќни празници!

Ангела Белевска[email protected]

Редовни рубрики:Наш ОхридИнтервјуОбразованиеРепортажаВи најавуваме...Охридски легендиОд друг аголНаша гордостАктуелноПрашање-одговор (вие прашу-вате, стручњаци одговараат)Здрав живот Спорт

Фото Варе

Page 4: АМАК ПРЕС 117

4

Наш Охрид

Охриѓани дома или на Плоштад за дочек на Новата Година

Најголемиот дел од охриѓани Новата Година ќе ја дочекаат дома а дел од нив ќе бидат на градскиот

плоштад каде ќе ги проследат наста-пите на српскиот пејач Бојан Бјелиќ, охриѓанецот Ѓоко Танески и позна-тите “Аренси бенд“. Угостителите, туристичките ра-ботници, трговците и фризери-те, велат дека пред новогодиш-ната атмосфера кај граѓаните е на многу ниско ниво, во споредба со онаа од пред неколку години. За патувањата во странство најголем интерес има за нового-дишните аранжмани во Србија, Грција, Бугарија и Турција.

- Цените на понудите се различни, но клиентите почесто се одлучу-ваат за поевтините. Оваа година иако имаме многу голема понуда на поевтини новогодишни аранж-мани, побарувачката за нив, во споредба со минатото, е опадна-та. - вели Јаким Маленко, од тури-стичката агенција Вис Пој. Излозите на речиси сите дуќани низ Охрид деновиве се нового-дишно украсени. Цените на обле-ката и обувките се различни од про-давница до продавница и зависат од марката и производителот на ис-тата. Во некои од бутиците има и снижување на цените.

- Снижувањата немаат голем ефект. Иако цените се намалени, поба-рувачката за новогодишна обле-ка е многу мала. Засега само помла-дата генерација се интересира за купување на нова облека. Повозрас-ни муштерии ретко имаме. За разли-ка од изминатите години, намален

е и интересот за свечена облека. И оние кои ќе одат на свечен дочек, купуваат облека што ќе можат да ја носат секојдневно -велат сопстве-ниците на неколку охридски бутици.

Речиси во сите ресторани и кафулиња низ Охрид, се организи-раат свечени новогодишни доче-ци. Цените за свечената вечер, се движат од 1.000 до 3.000 денари по лице. Угостителите велат дека оваа година повеќе резервираат помла-дите, за разлика од минатото, кога

на свечен дочек одеа и оние од средната генерација. - На дочек ќе одат само децата, ние постарите, ќе ја чекаме Новата Годи-на дома. Домашниот буџет е огра-

ничен и не стига за сите. Поваж-но ми е децата да си поминат уба-во, тие се млади ним им е поинте-ресно, сакаат да се дотераат, да ку-пат нова облека. Иако цените за до-чекот во кафулињата се високи, не може, да не ги пуштиме на просла-ва, кога сите млади ќе одат. Значи

имале немале, за Нова Година ќе се снајдеме.-вели мајка на еден тинејџер. За разлика од минатите годи-ни кога не се штедеше за нового-дишни украси, кои се неодминлив детаљ на новогодишната ноќ, го-динава трговците забележале по-мал интерес за купување на елки и лампиони.

-Порано имавме многу поголем промет пред Нова Година, но го-динава робата ни се продава по-слабо. Од тие што купуваат мо-жеме да кажеме дека најчесто ку-пуваат декоративни сијалички, а поретко украси за елка и честитки.-велат продавачите на новогодишните тезги кај чинарот.

Сите охриѓани со кои разгова-равме, намалената новогодиш-на атмосфера му ја препишува-ат на економската криза како нов

проблем, но и на старите проблеми како што се невработеноста, нере-довните плати и презадолженоста со кредити.

Page 5: АМАК ПРЕС 117

5

Наш Охрид

Охрид, полупразен за Ново-годишните празници. Ма-совно се откажуваат но-вогодишните резервации

во Охрид. Паника владее меѓу хоте-лиерите и туристичките работници. Охрид ќе остане полупразен. Гости-те од Србија и Бугарија кои минати-ве години беа најбројни, годинава нема да дојдат во нашиов туристич-ки центар. Под влијание на визна-та либерализација и лошата ценов-на политика тие се одлучуваат за други дестинации. Според експер-тите клучни се смрзнатите цени во охридските хотели и приватното сместување. Пакет аранжманите за европските метрополи се со многу поповолни цени за разлика од оние кај нас.

“Турите почнаа да се откажуваат од пред еден месец, а сега и мно-гу помасовно. Поради тоа хотели-ерите ги фати паника. Поради тоа Охрид за Новогодишните празници ќе остане полупразен . Во приват-ниот сместување цените се пореал-ни, но тоа не е слушај со хотелите. Хотелските аранжмани кај нас чи-нат околу 200 евра, ако се вклучат и трошоците за туристички водичи и превозот цената би била 400 евра. За 200 евра со чартер летови од Софија или Белград се стигнува до Турција. Затоа ние ги губиме гости-те, се е одредено од цената“, вели Стевчо Каневче, туристички работ-ник од Охрид. Хотелиерите причината за оваа состојба ја бараат во светската еко-

номска криза, свинскиот грип, инер-тноста на Владата и локалната са-моуправа, само не кај себе. Според нив, новогодишниот пакет понуди биле со пристапни цени, но градот немал стратегија за развој на туриз-мот. Туристичките работници не се сложуваат.“Гостите што до лани сме ги имале во Охрид, ги изгубивме. Тие не оста-нуваат за дочекот на Новата Годи-на дома туку наместо кај нас одат на друго место. Нивната определ-ба зависи од цената. Охрид е пре-скап. Нормално мора да ја прати-ме конкуренцијата, но сега е доц-на. Со визната либерализација дури и постојаните досегашни наши го-сти пред се од Србија во последен момент почнаа да ги откажуваат

аранжманите“, додава Каневче.Додека сите напразно зборуваат за некаква стратегија, координација, ценовна политика, взаемна сора-ботка и слично, градот трпи ненадо-местлива штета на полето на туриз-мот. Првенствено не напуштија до-машните гости, а тоа го потврдија не само нивните чести поплаки туку и официјалната статистика, сега зами-наа и оние најпосакуваните, Срби-те и Бугарите. Деновиве охридските хотелиери, одговорија на апелот од градоначалникот Александар Пе-трески да ги намалат цените за услу-гите кои ги нудат. Во “пет минути до 12 часот“ тие ги намалија цените за 15%. Колкав ќе биде исходот од овој потег ќе оценуваме по новогодиш-ните празници.

Охрид полупразен за Новогодишните

празници

Page 6: АМАК ПРЕС 117

6

Наш Охрид

Со најавата дека Шенген ви-зите за Македонија, Србија и Црна Гора ќе се укинат, барањата за резервации за

новогодишните празници од овие земји беа намалени во споредба со минатата година, а со донесувањето на конечната одлука дека се укину-ваат визите и воопшто веќе нема барања, вели Дончо Танески - прет-седател на Хотелската асоцијација на Македонија - ХОТАМ.

Тој посочува дека дури дел од пот-врдените резервации почнле да се откажуваат и дека постои опасност присуството на српските гости кои во изминативе години беа најбројни на македонскиот пазар, на дочекот на Нова година и целата наредна го-дина да биде намалено и за 30-40 проценти.

Танески укажува дека е многу веројатно да се намали и бројот на домашните гости затоа што по од-луката за укинување на визите дел од авиокомпаниите кои летаат до Скопје најавиле евтини летови до одредени европски дестинации со

примамливи цени од 29 до 99 евра за повратен билет. Згора на тоа, нискобуџетните авиокомпании поч-наа да слетуваат во Белград и да ле-таат кон европските дестинации по цена од 19 до 29 евра за повратна карта, вели Танески.

Според него на состојбите во ту-ризмот влијае и даночната полити-ка во Македонија која единствено од земјите во регионот не го нама-ли ДДВ-то на услугата во хотелските објекти. „Во 2010 година вкупно 22 земји од Европската Унија ќе имаат намалено ДДВ на ноќевањето и хра-ната во хотелските капацитети и ре-стораните“ - посочува Танески.

Претседателот на ХОТАМ пред-упредува дека најавеното зголемување на струјата за 15% ќе значи автоматско зголемување на режиските трошоци кои и без тоа се многу високи. Танески ја крити-кува и програмата за активности на Агенцијата за промоција и под-дршка на развојот на туризмот во РМ, која според него е лоша, и пред-видува минимални средства. Про-

грамата не е направена во соработ-ка со локалните самоуправи и сто-панството и во истата не се земе-ни во предвид случувањата на тури-стичкиот пазар, смета Танески. Спо-ред него негативно на туризмот ќе влија е и ригорозниот закон за за-штита од пушење кој стапува на сила на први јануари.

Првиот човек на ХОТАМ песимиз-мот го темели и на односот на држа-вата која според него не презела мерки за ублажување на кризата која го зафати туризмот.

- Државата сеуште ја нема призна-ено продажбата на туристичките пакети како извоз, и тие автомат-ски немаат ослободување од ДДВ, а нема позитивно одговорено и на нашето барање за намалување на ДДВ-то. Не сме директно поврза-ни со Европа со конкурентни цени, најавата за воспопставување врска со Украина не се реалзира, а за на-редната година освен чартер лето-вите од Израел нема ниту една дру-га најава, вели Танески.

Според него ништо не е направе-но и за подобрување на лошата пат-на инфраструктура, и во врска со усогласувањето на образовните програми во средните стручни учи-лишта со потребите на стопанство-то и продуцирањето на неквали-тетен стручен кадар. Проблем е и немањето долгорочни кредитни ли-нии со пониски каматни стапки, што го забавува подобрувањето на по-нудата на хотелско-угостителските капацитети, смета Танески. Исто така, додава тој, не се регулира-ни и авторските права и односот со ЗАМП, што дополнително ги услож-нува состојбите на пазарот.

- Сето ова го потврдува нашето мислење дека во текот на идната го-дина доколку не се преземат кон-кретни мерки и доколку марке-тиншки не се настапи многу поагре-сивно, претстојат многу тешки дено-ви за македонскиот туризам, завр-шува Танески

2010-та тешка година за Охридскиот туризам

Page 7: АМАК ПРЕС 117

definitivno www.don.com.mk

Page 8: АМАК ПРЕС 117

8

АМАК ја преживеа кризната година и оди кон посветла иднина

Венко Шапкар,познат бизнисмен и генерален директор на АМАК СП

Еден од најпознатите македонски бизнисмени и генерален директор на компанијата АМАК СП, Венко Шапкар, вели дека 2009-та година беше една од најтешките години за неговата фирма која изминативе 10 години бележеше годишен обрт на капиталот и до 15 милиони евра. “Животот е борба, тој е предизвик и мора да продолжиме напред. Во новата 2010-та година на професионален план очекувам да реализираме два крупни проекти. Станува збор за нови еколошки производи, а ние ќе бидеме едни од првите во Европа и светот кои ќе пласираат такви производи“, вели Шапкар секогаш оптимистички и позитивно расположен.

Интервју

Зад нас оставаме година на го-лема економска криза, која најнегативно се одрази и најмногу ја погоди автомобилска-та индустрија. Ако 2009 година беше година на искушение за го-лемите гиганти Опел и Краислер кои речиси беа пред тотален ко-лапс, каква беше за Компанијата АМАК СП?-Токму така, мислам дека 2009 е една од многу тешките да не кажам најтешката година од постоењето на АМАК. И додека, во целиот свет зад кризата која беше најизразена во

автомобилската индустрија застана државата со конкретна реална, фи-нансиска помош кај нас за жал не-маше таков потез. Но сепак, со го-леми напори успеавме некако да ја поминеме оваа 2009-та година и да посакаме никогаш повеќе да не се повтори. Почнавме без работа, во текот на годината обезбедивме ми-нимални приливи, минимална ра-бота, меѓутоа сепак доволна за да ги покриеме неопходните трошо-ци и да дотуркаме до крајот на оваа година. Навистина не би сакал оваа година уште еднаш да се повтори,

таа беше, тешка, кризна,црна годи-на и да се надеваме дека наредната 2010-та ќе биде многу подобра. Компанијата АМАК е пред се компанија ориентирана кон из-возот. Што се случуваше година-ва на тој план?-Навистина нашата компанија цело-сно е свртена кон извозот. Ние не-маме клиенти на домашниот пазар. Токму затоа, поради проблемите на пазарот надвор и ние се најдовме во големи тешкотии и проблеми. АМАК е присутен на светскиот па-

зар, буквално се бориме со гиган-ти во автомобилската индустрија. Наша конкуренција се еден Ауто Лиф, којшто е број еден во светот во производство на безбедносни системи , компанија која што има го-дишен обрт од преку 20 милијарди долари. Иако таа компанија на ру-скиот пазар ни е главен конкурент успеавме годиниве наназад да се избориме за парчето од колачот таму. Така и оваа година останеме присутни таму и сега сме повторно пред потпишување на нов договор за наредната година. Верувам дека

Page 9: АМАК ПРЕС 117

9

Интервју

и во 2010-та ќе имаме можности и приливи од нашиот извоз со кои што ќе ги покриваме тековните тро-шоци и едноставно ќе успееме да се избориме за опстанок.

Заслгата е лично Ваша, од неко-гашната фабрика “Застава“ која беше под стечај, создадевте ги-гант. АМАК СП, неколку години наназад беше најуспешна извоз-на компании кај нас, со најголем годишен обрт во производство-то. Светската економската криза негативно се одрази во извозната политика на компанијата, но каде е тука Владата, Ви помогна ли таа за надминување на кризната?- Конкретни потези и преземања за фирмите кои што работаат во ав-томобилската индустрија немаше, и помош не осетивме. Меѓутоа во рамките на она глобално кое што беше превземено од страна на Вла-дата или беа направени обиди за да се помогне, тогаш како сите ком-пании така и нашата можеби има-ше и некоја придобивка. Тука пред се мислам на банкарскиот сек-тор и во поглед на смалувањето или не дозволувањето на натамош-но зголемување на каматите. Зна-чи, во еден момент во почетокот на 2009 година каматите неајнормно се зголемија и се затегна монетар-ната политика во смисла на немож-ност за добивање на кредити. Ние бевме изложени на голема беспа-рица и изложени на неможност да добиеме нови кредити од банките а и за оние за кои бевме задолже-ни беа драстично зголемени кама-тите, буквално од 6 скокнаа на 13 %,

што навистина во услови на нама-лен обем на производство беше не-издржливо. По одреден период со преземање на одредени мерки во тој поглед, односно со смалувањето на каматите на банкарските записи сепак малку се смалија тие камати и токму тоа ни овозможи да опста-неме. Инаку,доколку продолжеше трендот на зголемувањето на кама-тите мислам дека не само ние туку и многу други фирми ќе дојдеа во уште потешка ситуација или буквал-но ќе бевме притиснати да ја затво-

риме фирмата. Имаше многу рабо-ти во текот на годината кои што на-вистина наместо да ни помогнат ни одмогнаа, односно строгата поли-тика која што ја водеше Владата во поглед на реализација на сите оние планови за исполнување на буџетот ни беше пречка за нормалниот оп-станок на фирмата. Значи, обвр-ските во поглед на царинските да-вачки, даноците и токму тука во те-кот на месец март имаше некое мало незначително олабавување на таа политика. Тој период можев-

ме да земеме здив и да продолжи-ме да живееме . Меѓутоа затегањето на ременот во поглед на тие би ги нарекол “драконски“ мерки за на-плата на обврските кон држава-та навистина многу фирми па и на-шата ги доведоа на работ на опста-нок. Ние моравме да ги подмирува-ме редовно своите обврски за ДДВ, за данок, за царински давачки кон државата а мислам дека токму тука државата требаше да преземе не-кои мерки или се уште треба да пре-земе мерки да ги помогне фирмите кои што се извозно ориентирани со олабавување на таа политика, за да можат да опстанат. Би сакал, во мер-ките кои што Владата ќе ги предви-ди за наредната година да има мал-ку полиберален став кон оние фир-ми кои што се извозно ориентирани и кои што носат нето девизен при-лив во оваа држава и кои обезбеду-ваат егзистенција за поголем број вработени. Ние сме една таква фир-ма и потребна ни е поддршка во тој правец како би можеле побезбедно да се бориме со конкуренцијата на светскиот пазар.

Вие сте иницијатор, основач и из-давач на медиумот за кој го да-вате ова интервју. Зошто и во мо-ментите на економската криза од која најпогодена беше и Ваша-та компанија Вие без двоумење продолживте да ги издавате “Охридските новини“?Не само што не го згаснавте овој печатен медиум туку давате целосна фи-нансиска поддршка во неговото усовршување. Зошто Ви е потреб-

Page 10: АМАК ПРЕС 117

10

но сето ова?- Прашањето Ви е точно онакво какво што и јас честопати самиот себе си го поставувам. Зошто? Голе-мо е тоа, Зошто? Ние Македонците сме познати по инаетот или да би-дам попрецизен, упорноста. Мно-гу е лесно да згаснеш многу рабо-ти да затвориш фирми, да се тргнеш на страна и да чекаш “она што вода-та ќе го донесе, за тоа да се фатиш“. Во слатките води живее една риба што ја викаат сом таа лежи на дно-то и чека со зината уста да го гол-тне пленот што самата вода ќе и го донесе. Никогаш не сум бил и не би сакал да бидам нешто такво, ниту другите луѓе да бидат такви. Живо-тот е борба, тој е предизвик. Така и одржувањето на еден ваков меди-ум, кој што не е лесно да се созда-де е предизвик. Минаа до-ста години од создавањето на “Охридските новини“. На почетокот идејата беше весникот да биде само фа-бричко гласило, меѓутоа постепено прерасна во градски медиум . Денес АМАК Прес Охридски Нови-ни е единствен печатен ме-диум во Охридско- струш-киот регион. Мислам дека охриѓани го очекуваат со нетрпение секој нареден број на ова веќе убаво спи-сание кое е препознатли-во по стилот, содржината и по влијанието што го има врз околината. Нависти-на би било штета еден ва-ков медиум после толку го-дини од неговото постоење да го згаснеме. Меѓутоа, се по изразените или потеш-ките услови за егзистирање и опстојување можат лесно да доведат крајот да биде немино-вен. Сепак додека постои можност јас нема да дозволам АМАК Прес, Охридски новини да згасне.

Две години сте дел од медиумски-от проект врзан со Радио Охрид, односно сте сопственик на првото охридско радио, Радио Охрид.....- Во 2007 година го презедовме мнозинскиот пакет во Радио Охрид кое исто така беше исправено пред предизвикот на обезбедување на сопствениот опстанок. Дури мно-гумина вработени во него во одре-ден момент изразија недоверба во иднината и се откажаа од него а се-пак во услови на изразена криза во компанијата АМАК кога многу вра-ботени ги загубија своите работни месата и кога и самиот АМАК се су-дри со предизвикот на сопствениот опстанок, успеавме и Радио Охрид да го задржиме и мислам дека и

таму направивме голема радикална преродба и ребрендирање. Мислам дека радиото во оваа година го има-ше своето најголемо искушение и дека на некој начин успеа да го пре-броди тој момент и да тргне по еден нов пат исто како и весникот Охрид-ски Новини кој сега со нов имиџ продолжува напред. Мислам дека и двата медиуми натаму ќе тргнат по една помирна патека кон подобар успех и посветла иднина.

Вие сте единствениот охридски бизнисмен и воопшто единстве-ниот охриѓанец кој од петни жили се бори за културно и спортско оживување на Охрид. Спонзори-равте голем број културно- спорт-ски манифестации и случувања во градов, финансирате меди-

уми,...Зошто Ви е потребно тоа кога можете како сите други да стоите на страна и среќно и весе-ло да живеете до крајот на ваши-от живот?-Повторно, Зошто? Сето тоа го пра-вам со желба да бидам пример или да привлечам што повеќе мои исто-мисленици да тргнат по тој пат. Мис-лам дека светска криза ги раско-леба и оние малкумина кои што го делеа моето мислење, расположе-ние или желба да тргнат во тој пра-вец . А и кај мене лично не владее повеќе такво уверување дека е ис-правно тоа што го правам. Можеби погрешив, можеби другите биле во право што не се занимавале со так-ви работи и можеби навистина не вреди човек да вложува и едностав-но покрај постоечките проблеми во работењето да си изградува уште и нови. Јас бев ангажиран на мно-гу страни но актуелната ситуација

и животот ме присилуваат сите тие активности да ги сведам на мини-мум. Едноставно, наместо да наидам на одобрување и поддршка од око-лината наидов на осуда и разочару-вачки моменти. Мислам дека други-те биле во право. Секој треба да си го гледа само своето и ништо друго на страна. Можеби еден ден повтор-но ќе се најде некој друг Венко кој ќе вложува и во спортот и во култу-рата и ќе помага насекаде и можеби луѓето тогаш ќе почнат да го ценат сето тоа наместо да го осудуваат. Јас искрено не наидов на разбирање, затоа кошарката ја затворив, стре-лаштвото исто така, едрењето е све-дено на минимални гранки на под-дршка. Останаа уште медиумите но и за нив ми е потребно разбирање и поддршка. Јас не сум расипник, јас

сум стопанственик, бизнисмен кој знае да создава да твори и со една таква желба да вложува во развојот на многу гранки и сегменти од оп-штествениот живот. Затоа што еден општествен живот не го сочину-ва само еден бизнис туку го сочи-нуваат и културата а дел од неа се и спортот, театарот,медиумите и се она што е дел од секојдневието. И токму со една таква желба за развој на културата во нашиот град јас и вложував. Меѓутоа, реалноста, кри-зата и проблемите кои ги има насе-каде ќе ме присилат да престанам со сите тие мои активности.

Што е она што во моментов Ве релаксира и оттргнува од секојдневните проблеми?-Во моментов најмногу ме релакси-ра внуката Марија. Таа е мојот“ лек-силиум“ кој помага да надминам се во животот. Таа е најсветлата точка

во мојот живот и најверојатно треба да се посветам на неа, мислам дека и мене така ќе ми биде најубаво. Што очекувате, во Новата 2010- та година на професионален план?Очекувам да не се повтори 2009-та година. И покрај кризата што ја имавме вложивме доста во развој на нови проекти. Тераме два нови проекти кои мислам дека имаат го-лема иднина. Едниот се однесу-ва на топло изменувачите. Зафатот се одвива веќе трета година и мис-лам дека конечно во 2010-та година ќе биде реализиран со исфрлување готов производ на пазарот за кој што има голем интерес и голема побарувачка затоа што е еколош-ки и се работи за производ кој што

е токму од оние произ-води кои доведуваат до смалување на потрошу-вачката на енергија, а тоа е еден од правците кои што неодамна во Копен-хаген го разгледуваа го-лемите светски сили, како на глобално ниво да се смали потрошувачката на енергија. Другиот проект се однесува на произво-дот за заштита на човеко-вата околина и е исто така едно од прашањата за кое расправаат големите сили во Копенхаген. Тоа е еко-лошки производ којшто ќе ја штити човековата околина од загадување, односно еколошки из-дувни системи кои што се патентирани но во фаза на хомологирање. Штом биде завршена таа фаза ние преминуваме во тре-

та фаза на реализација на произво-дната програма и мислам дека и тој производен програм во 2010-та го-дина исто така ќе заживее. Мно-гу очекувам од него затоа што сме едни од првите со овие два про-изводи, од првите во Европа и во светот кои што ќе имаат нов тип на производ кој што има своја ид-нина. Значи, покрај тоа што очеку-вам во 2010-та година да ме држи здравјето, малку да ни се насмев-не среќата со овие два производи да ги завршиме работите и да тргне-ме полека кон некоја подобра и по-светла иднина. Ја користам оваа можност на сите наши читатели да им ја честитам Новата 2010- та Година со искре-ни желби за многу здравје и среќни, безгрижни денови во неа. На сите христијани им го честитам и Божик.

Шапкар со внуката Марија во моменти на одмор

Интервју

Page 11: АМАК ПРЕС 117

11

Чест ни е...

Page 12: АМАК ПРЕС 117

12

Годинава што останува зад нас, беше бурна на политички и еко-номски план. Зад нас оставивме година со локални избори во која по втор пат бевте избран за гра-доначалник на Охрид. Според Вас кој настан или инвестиција на ло-калната ја одбележа 2009 –та го-дина?Годината зад нас ќе остане запа-метена и по глобалната економ-ска криза од која не остана поште-дена ни нашата земја. Кон сите на-ведени кризни и неповолни еле-менти се надоврзува и застојот во

реализација на општинските про-грами заради изборниот циклус. Тука се изгубија непотребно не-колку месеци. Но, и покрај криза-та и сите други тешкотии Охрид во својот развој најмалку ги осети не-поволните последици. Дури и во услови на светска криза кога туриз-мот во познатите туристички држа-ви забележа пад, ние во Охрид бе-лежиме поволна туристичка годи-на. Покрај тоа, забележителни беа инфраструктурните проекти кои ги реализиравме, а кои значат ната-мошен модерен развој на општина-

та на целото подрачје што значи и периферијата и селските населби а не само градското подрачје.

Веднаш по Вашиот реизбор за градоначалник се зафативте со инвестиции во сферата на инфра- структурата, асфалтиравте некол-ку улици во Охрид, се заложив-те за колекторскиот систем кај с. Пештани. Кои инфра -структурни зафати може да се очекуваат во 2010 –та година?Мојата девиза, која се покажа како исправна, е дека во услови на криза

најдобро и најбрзо може да се изле-зе од неа токму преку инвестирање во инфраструктурата. Ваквиот од-нос го практикуваме во целиот мандатен период од пред четири го-дини. Ние доколку го сакаме Охрид и доколку работиме за доброто на неговите граѓани мораме тоа да го правиме и да ги реализираме такви-те проекти, а не како претходните 10-тина или 20 години да се одлага-ат проблемите.Несфатливо е Охрид да е град на УНЕСКО а 20 насто од подрачјето да нема канализација. Покрај другите зафати во таа смисла

Интервју

За доброто на охриѓани со нови проекти во Новата Година

Page 13: АМАК ПРЕС 117

13

треба да се посочат реагулацијата на коритото на „Грашница“, изград-бата на канализација во Велгошти и Подмоље каде не било инвестирано со децении.Во 2010 година ке продолжиме со започнатата динамика. Ке ги завр-шиме колекторот и канализацијата во Пештани и Лескоец. Колекторот ќе биде предаден во употреба веќе за празникот Водици. Ке ја завр-шиме изградбата на резервоари-те за вода во Рамне и Трпејца со што ќе се реши целосно прашањето за водоснабдување.

Во моментов Охрид нема услови за развој на елитен туризам“вака изјавивте Вие пред три месеци за овој медиум, на прашањето “Дали во Охрид можат да се доне-сат богати гости“. Дали од тогаш до денес се промениле условите а со тоа можеби и Вашиот одговор на ова прашање? За жал Охрид сеуште го нема тоа што го заслужува и што го посаку-ваме бидејки нема ни елементар-ни услови за елитен туризам кој бара елитни сместувачки објекти, пропратни содржини, извонред-на сообраќајна поврзаност и пат-

на инфраструктура. Не е изграден ни еден хотелски објект од ели-тен карактер иаку имаше неколку обиди за тоа. Државата сеуште не покажува разбирање за автопат-но поврзување на Охрид со Скопје и изградба на патниот правец Охрид-Св.Наум со приклучок уште кај Косел и негово дислоцирање од крајбрежјето. Кога на ова би до-дале дека на охридскиот Аеро-дром сега слетуваат по 10-тина авиони месечно, наместо 10-тина полетувања и слетувања да има дневно, тогаш е јасно зошто го не-маме елитниот туризам.

Во Охрид туризмот треба да биде основната туристичка гранка. 2-3 години наназад се најавуваат странски инвестиции и градење на елитни хотели. По-следниве месеци се најавува из-градба на елитен хотелски ком-плекс “Окото на Охрид“, во бли-зина на Билјанини извори. Но се-пак работата никако да тргне, зошто?Сопственоста на земјиштето е спорното прашање за реализација на оваа инвестиција. Се надевам дека државата која полага право на земјиштето и „Трудбеник“ кој го обезбеди инвеститорот за изград-ба на спомнатиот хотел ќе изнајдат што поскоро прифатливо решение. Ова прашање, во друга или слич-на форма, се појавува како преч-ка кај многу други инвстиции или привлекувањето на инвеститори.

Владата на Република Македонија има намера под концесија да ја даде секоја педа слободна земја на Охридското крајбрежје. Тоа значи никнување на плажи на секоја педа. Каков е ставот на локалната самоуправа околу ова прашање?Веке е познато дека од 2011 годи-на со земјиштето па и крајбрежјето ке стопанисува општината. Сметаме дека нема потреба за една година да се креира крајбрежјето по мер-ка на министерството кога се знае дека општината најдобро може да ги решава потребите за плажи и сл. Мојот став е дека крајбрежјето тре-ба да го уредува општината бидејки и одржувањето, од аспект на хигие-ната е обврска и грижа на општин-ското комунално претпријатие.

“Охрид – град на светлината“ беше насловен спотот кој се еми-туваше на светски познатата мре-жа СИ-ЕН-ЕН , неодамна во елит-ното списание “Парламент“ што во 15. 000 примероци се дис-трибуира во Евро- парламен-тот, на три страници беше про-

мовиран Охрид. Од една стра-на во најубаво светло се промо-вира Охрид низ светот а од дру-га страна УНЕСКО под чија зашти-та е Охрид, предупредува, Дрез-ден нека биде лекција за Охрид. Имано надлежните од УНЕСКО за Охрид најголеми замерки има-ат откако се искорна старата ка-мена калдрма од охридската чаршија и се замени со големите плочки кои немаат никаква естет-ска вредност. Замерки има и на реставрацијата на Самуиловата Тврдина како и на градежните за-фати кои зачестено се случува-ат во првиот ред од езерскиот кеј и во стариот дел од градот. Ве за-плашуваат ли Ваквите реакции од УНЕСКО и можноста градот да биде ставен на листата со загро-зени подрачја?Тоа се најобични шпекулации за

дневно - политичка употреба. Ги протураат одвреме на време не-колкумина сограѓани кои смета-ат дека на тој начин ќе му напако-стат на актуелниот градоначалник или актуелната локална власт. Ника-де и ниту една официјална личност од УНЕСКО или националниот коми-тет нема забелешка од типот на так-вите шпекулации. Впрочем, и ста-рата чаршија и калдрмата и тврди-ната се грижа на министерството за култура и Управата за заштита на културното наследство. Се чини, со протурањето на такви шпекулации како ние самите да сакаме да биде Охрид избришан од регистарот на УНЕСКО за да некој си има дежурна тема за политички препукнувања а не за доброто на Охрид.Конечно, дека е точно ова што го наведувам, дека нема ни збор за некакви забелешки од УНЕСКО,

Интервју

Во годината што изминува Локалната самоуправа презеде неколку инфра -структурни зафати. Со истата динамика ќе се продолжи и во 2010-та година. Ќе бидат завршени колекторот и канализацијата во с. Пештани и с. Лескоец. Колекторот ќе биде предаден во употреба за празникот Водици. Ќе биде завршена изградбата на резервоарите за вода во с. Рамне и с. Трпејца. Во 2010-та година ќе бидат изградени катни гаражи на просторот зад хотел “Ривиера“, кај некогашниот полигон за мали спортови, во близина на спортскиот центар, кај Пазарот и пред Горна Порта, со тоа ќе биде решен долгорочниот проблем со паркинг просторот

Page 14: АМАК ПРЕС 117

14

Интервју

јавноста во неколку наврати се уве-ри и од искажувањата на Паско Куз-ман како прв човек на Управата за заштита на наследството, па и Ам-басадорот на УНЕСКО, Јордан Плев-неш. Верувам дека и сега тие можат да ви го потврдат истото.

Оваа есен најавивте рушење на сите дивоградби во Стариот дел на градот а потоа и на други ме-ста во Охрид. Како се движат ра-ботите на овој план. Сте руши-ле ли нешто до сега и како ќе се справувате во иднина со диво-градбите?Најавите за расчистување на про-блемот со дивоградбите се базираа на најавеното донесување на Зако-нот за легализација на дивоград-бите од страна на владата за месец септември. Како што гледаме тој за-кон сеуште не е донесен, а го очеку-ваме него заради тоа што треба да се знае дали некои градби можат да се вклопат во плановите и под кои услови, а кои не може. Не смееме да си дозволиме грешки во смисла не-што да срушиме а подоцна , со За-конот се утврди дека можело так-ва градба да се легализира. Вториот сегмент е и најавеното донесување на Законот за Охрид бидејки и со овој закон многу нешта битни и за урбанистичкото уредување ке би-дат регулирани.

Сепак, останувам на ставот дека се’ она што ја грди сликата за изгле-дот на градот особено стариот дел, ке биде отстрането па затоа е до-бро граѓаните да не трошат попусто пари во такви намери бидејки ќе им биде пропадната инвестицијата.

Наплатни рампи на секој чекор, премногу возила а малку места за паркирање. Состојбата е осо-бено хаотична во лето кога бројот на возила се зголемува пара-лелно со бројот на туристи кои престојуваат во Охрид. Уште по-страшно е што охриѓани не се платежно моќни да плаќаат по 30или 50 денари ако го остават автомобилот на паркинг. Токму поради тоа мнозинството од нив автомобилите ги паркираат таму каде што ќе најдат место најчесто во аголот на некоја улица. Само да не платат. Има ли услови во Новата година Охрид да добие катна гаража, или постои друг на-чин да се реши сообраќајниот хаос?Гужвите кои во сообраќајот се соз-даваат во еден период на летната сезона се далеку од она што би се нарекло хаос. Ние како домаќини сами придонесуваме до таквата сли-ка бидејки охригани кои од домот можат за 5 минути пешки да дојдат до центарот, доагаат со своите воз-

ила и ги запоседнуваат паркинзите. Втор елемент за таквите гужви е на-виката на охригани место гаражи во куќите да прават деловни простори кои ги издаваат под наем за некол-ку стотини евра а возилата ги оста-ваат на тротоарите или ќошиња од улиците,Како и да е, заради подобрување на амбиентот на градот и подобрување на туристичката понуда, ние ке про-должиме со инвестирање во нови паркинг простори. Во план е изград-ба и на катни гаражи на просторот зад хотел „Ривиера“, кај некогаш-ниот полигон за мали спортови, во близина на спортскиот центар, кај Пазарот и пред Горна Порта. Смета-ме дека со тоа ке се реши долгороч-но и проблемот со паркинг простор.

Постојат ли услови или до каде е работата со децентрализацијата во сферата на културата и обра-зованието во Охрид.Во неколку наврати имам ка-жано дека е жалосно што сме најцентрализираната држава во Европа. Дури и земјите во на-шето опкружување ја спровеле децентрализацијата одамна, а кај нас моментално таа е во целосен застој. Сметам дека тоа е чисто за-ради политички причини.Инаку, факт е дека онаму каде ни се пренесени некакви ингеренции,

таму постигнуваме извонредни ре-зултати па така е и во образовани-ето. Јас постојано укажувам дека е нужно децентрализацијата да биде што поскоро завршена бидејки тоа е во интерес на граѓаните и е илустрација за степенот на демократизација на општеството.Каква е тоа придобивка за граѓаните од една локална заедница, станува јасно ако се наведе фактот дека во децентрализираните држави дури 50 до 70 насто од остварените при-ходи и зафаќања остануваат во оп-штините, а сега кај нас тоа е само 3 посто. Па проценете сами колку се обесправени општините односно граѓаните за својот локален развој.

Која е Вашата новогодишна пора-ка до Охриѓани? Вообичаено е на своите сограѓани и пријателите на Охрид кои ги има-ме секаде низ светот да им посакам добро здравје, радосна и бериќетна година. Нека биде тоа година со по-малку проблеми за секој посебно и за заедницата во целина, да ни се остварат планирањата и да забеле-жиме нов исчекор кон подобар и посреќен живот.

Page 15: АМАК ПРЕС 117

Охридски легенди

Page 16: АМАК ПРЕС 117

16

Семејството е смислата на мојот живот

д-р. Томислав Тунтев

Од друг агол

Томислав Тунтев е доктор по технички науки и единствен од областа на воздушниот сообраќај кај нас Тој е професор по стручни предмети на Техничкиот факултет во Битола,директор на Секторот за Сообраќај на Охридскиот аеродром и актуелен советник во градскиот совет. “За се она што сум денес заслужно е моето семејство, тоа ми ја дава енергијата потребна за реализирање на сите професионални и други општествени обврски. Од денешен аспект ги сфаќам зборовите на татко ми Никола кој додека бев ерген и “скитав“ низ кафулињата и дискотеките често ми велеше“Синко, еден ден сам ќе си се сретнеш по чаршија“.И навистина било така, човек без семејство е никој и ништо колку и да е професионално успешен“, вели Тони Тунтев секогаш расположен за дружење и комуникација.

Кога бев дете себе си се замислу-вав како....Јас имав голем број замисли. Се замислував како доктор она што беше татко ми Никола. По некоја традиција тоа што го гледаш од ро-дителите тоа те привлекува. Еден период ме привлекуваше научно едукативната- педагошка дејност односно да бидам професор како мајка ми Поликсена. Сакав да би-дам и пилот како секо дете. Кога ќе видев авион на небото мислев дека нив ги управуваат натприрод-но надарени, талентирани луѓе. Суд-бината ме натера професијата да ја насочам токму кон воздушни-от сообраќај. Всушност кога се за-пишав на факултет не ни знаев ка-ков факултет запишав. Имено, кога завршив средно училиште почнав да ги спремам приемените предме-ти, хемија и биологија за Медицин-

скиот факултет а сето тоа го правев токму да ја испочитувам семејната традиција, татковците доктори си ги спремаа децата да ја наследат нив-ната професија. Добро се сеќавам дека веќе ја имав поминато неор-ганската хемија и а од биологија областите:клетка и ткиво. Татко ми беше доктор кој си ја сакаше рабо-тата и беше целосно внесен во неа. По еден сериозен разговор со него тој ми кажа дека во основа медици-ната е тешка професија која бара големи жртви во приватниот жи-вот и дека е добро да размислам за некоја друга област. Сега сфаќам дека татко ми беше гласот на сове-ста во мене. “Има еден факултет во Белград кој се вика сообраќаен“ ми кажа тогаш тој. Самото име на фа-култетот ме асоцираше на полиција. Во тој момент јас немав претста-ва за каков факултет станува збор.

Но од директор на охридскиот ае-родром, кој беше добар пријател со татко ми, разбравме дека ста-нува збор за сообраќаен факултет од делот на воздушниот сообраќај и транспорт и дека се дефицитар-ни таквите кадри на охридскиот и скопскиот аеродром. Немав време за размислување, морав брзо да до-несам одлука се работеше не за де-нови туку за часови. Спремав пред-мети за приемниот испит по меди-цина а веднаш требаше да се фа-там за книгите по физика и матема-тика. За два часа расчистив сами-от со себе и тогаш видов дека сум склон на нови предизвици. Желба-та за нешто ново, непознато и да бидам единствен кај нас што ќе го заврши тоа училиште беше основ-ниот порив во еден ден да се одре-дам за тој факултет. Станав прв ди-пломиран инженер за воздушен

сообраќај и транспорт во Република Македонија.

Зажаливте ли за донесената од-лука, не Ве плашеше фактот дека студирате на “неиспробан “ фа-култет?Мислев дека ќе биде предност, а на почетокот всушност беше голе-ма мана. Во прво време немаше ни со кого да правам муабет на теми од областа на воздухопловството ниту некој ме разбираше. Секогаш повеќе ме ценеа надвор во окол-ниве држави одошто кај нас. Но јас бев упорен, темелит, трпелив и по-лека почнав со професионална ак-тивност овдека на охридскиот ае-родром. И во мојот професионален работен стаж од 18 години, секој ден се потврдува дека има можно-сти и услови ако човек сака да ра-боти и да се внесе во професијата

Page 17: АМАК ПРЕС 117

17

Од друг агол

и дека има можности да ги канали-зира работите. Ми се потврди фак-тот дека изборот беше правилен и јас продолжив со мојата струч-на едукација. Во меѓу време се рас-плинав и на повеќе други обла-сти , но мојот професионален избор остана до денеска. Какво дете беше Тони?Од мал, комуникативен, дружељубив. Малку незграпен но секогаш расположен за детските игри во кои најчесто бев полицаец. Ќе се вратев од училиште и веднаш ги завршував училишните обвр-ски. Тоа подоцна стана и мое живот-но мото. Тоа што е обврска во мо-ментот да се заврши. Јас не разби-рам луѓе кои некоја работа едвај че-каат да не ја завршат или одложат. Заврши ја работата без одлагање за твое и добро на оној што ја чека таа работа.

По Вашето враќање од студиите во Белград, покрај професијата Ве интересираа и многу други ра-боти од областа на културно- за-бавниот живот во Охрид. Во 90-те години од минатиот век во голема мера придонесовте да за-живеат една локална телевизиска куќа и две радио станици а бевте познат како човекот кој умее да ги организира најубавите ноќни и денски забави во тогашната дис-котека “Палас“. Бевте режисер и актер во Охридскиот театар при домот на култура а во истиот тој период 1993-96 година учеству-вавте во работата на машкиот ка-мерен хор. Зошто Ви беа потреб-ни толку многу ангажмани? Не Ви беа ли доволни професионални-те обврски?-Во Белград во периодот кога јас бев таму 1986- 1991 година имаше студенти од цел свет. Тоа беше вре-

ме кога Господ шеташе по земја. Тоа беа години на неверојатна либерализација на младиот свет, ослободување од политички стеги. Да бидеш студент во Белград беше привилегија не само од едукативен туку и од аспект на слободен сту-дентски живот. Секојдневно се од-ржуваа по десетици театарски прет-стави и концерти. Во студентски-от град постојано се случуваа не-кои перформанси затоа што сту-дентското движење беше најсилно во Белград . Културно –забавни-от живот беше во полн ек а јас бев постојан корисник- консумент на тие случувања. Тоа беше одлична можност за културно издигнување. Тоа беше време на појавување на првите приватни радио- телевизи-ски станици. Немаше табу теми за се јавно се зборуваше и коменти-раше. Студентските демонстрации против режимот на Милошевиќ во кои учествував јас, никогаш нема да ги заборавам. Прв пат на тие демон-страции се почувствував како некој и нешто кој може нешто да про-мени, да учествува во градењето на една нова иднина. Кога се вра-тив во Охрид се вработив како сти-пендиста на охридскиот аеродром, и тогаш се најдов во едно сиви-ло, медиумско, културно, уметнич-ко. Во Охрид ништо не се случува-ше. По завршување на работното време можевме да одиме само во кафулињата “Мецо- форте “ и “Леа“. Немаше кино и театар. Тогаш си ре-ков себе си, ако не можам да би-дам консумент на добри издржа-ни уметнички перформанси до-бро е да се обидам да ги направам. Најдов неколку личности со кои го делев моето мислење и така вле-гов во работата на една локална те-левизиска куќа и во две радио ста-ници меѓу кои и радиото “УНО ФОР-ТЕ“. Забавите во дискотеката “Па-

лас“ никогаш нема да се заборават. Имаше диџеј и тиџеј ( јас бев вто-риот оној кој се обидуваше да ани-мира и да произведи некоја заба-ва за посетителите. Мислам дека и денес сите се сеќаваат на тие заба-ви особено дневните кои беа един-ствени во Македонија. Во тие годи-ни се зафатив со една голема рабо-та. Сакав да го обновам театарот, со-брав 30 млади ентузијасти. Јас сум горд што во тој театар прв пат поч-на да глуми Ирена Ристиќ потоа Ри-сто Бимбилоски , Долорес, Саше Ро-бески, Жанко З`Ш Голабоски и мно-гу други. Ако денес е чудно да се ра-боти без пари тогаш беше реалност. Овие млади ентузијасти и јас веж-бавме глума по 5-6 часа секој ден без никаков паричен надомест за вложениот труд. Сите делевме една мисла “Ќе изгинеме за слава“. Нас ни беше битно да се појавиме на сце-на и да кажеме дека има охриѓани кои умеат да отворат и радио и телевизија и театар. Јас бев тој што се осмели на плакатите да напише: Охридски Драмски Театар. Првата претстава се викаше “Куклите уби-ваат“ на текст од Казанзакис. Тогаш ја добивме првата театарска кри-тика објавена во дневниот весник “Нова Македонија“. Втората претста-ва “Ѓаволски приказни“ беше напра-вена на текст на Кирил Пенушли-ски. Претставата беше емитувана 13 пати а учествувавме и на Драмски-от Аматерски Фестивал во Кочани. Следуваа гостувања низ градови-те во Македонија.“Кукавичино јајце“ беше третата драмска претстава а паралелно со неа јас се зачленив во Машкиот камерен хор што во До-мот на Култура “Григор Прличев“ го водеше Наум Гаврилоски. Мене ми е жал што пропадна проектот со те-атарот но се уште не е доцна. Како сегашен советник ќе се залагам за негово оживување. Се чувствувам

горд што сум придонел некои рабо-ти да тргнат во права насока. Велат дека човек кој не успеал да оформи семејство колку и да е успешен во професијата се му паѓа во вода. Колку е значајно за Вас семејството и дали тоа допри-нело за она што денес сте Вие?- Кога прв пат ја здогледав Виоле-та мојата денешна сопруга веднаш ми одвлече внимание. Можеби не во првиот но веќе во вториот мо-мент јас знаев дека таа е жената на мојот живот. Во брак сме 12 годи-ни. И јас и таа знаеме дека сме има-ле касмет. Во секој случај јас сум имал поголем касмет што сум со неа отколку таа со мене. Секогаш ве-лам дека најмногу уживав на мојата свадба. Чувството кога ни се роди ќерката Ена го знае само оној кој станал родител. Никогаш по возви-шено и позбунето не сум се чувству-вал. Одите на гинекологија двајца а се враќате тројца, тоа е чудо на природава, тоа не се објаснува со зборови. Од тој момент човек поч-нува да ја сфаќа смислата на жи-вотот. Додека сте млад ве инте-ресира само излегување по дис-ка и кафулиња, но тоа не може да биде секогаш приоритетно. Јас се сеќавам на еден муабет од татко ми што ми го кажа кога бев млад и буквално не се завртував дома. Тој ми рече вака “еден ден сам ќе си се сретнеш по чаршија“. Тоа не го сфаќав тогаш. Човек додека е млад мисли дека тоа што го прави тоа е смислата на животот. Кога ќе сфа-тиш дека си одговорен за еден нов живот кој зависи од тебе тогаш веќе гледаш дека се тоа што си го пра-вел до тогаш има смисла само зара-ди ова што е случено. Така јас раз-мислувам. За мене основната по-ента на секој брак се децата. Се се трансформира во животот, нема

Да небеше Вики крај мене јас немаше да би-дам она што сум денес

Тони со сопругата Виоле-та и децата Поликсена и Теодор

Page 18: АМАК ПРЕС 117

18

чувства што владеат од раѓање до смрт. Има трансформација на чув-ства и добро е што ја има . Човек секој ден е побогат со нови искуства и чувства. Некогаш се добри, неко-гаш не. И лошите чувства тој што знае да ги преболи се искуство за да можете повеќе да уживате во уба-вите работи. Животот во основа е убав. Со раѓањето на ќерка ми мене ми се промени сфаќањето за живо-тот. По четири години ни се роди си-нот Теодор. Јас трошам енергија, ме има на сите страни а сето тоа има смисла затоа што е за нив, за моето семејство. Сопругата Вики е жртва за моите амбиции за професионал-но напредување во мојата карие-ра, таа е жртва за моите амбиции во областа на стручната едукација, таа е жртва на моите политички ангаж-мани и чести патувања и ангажма-ни како професор на факултет. Тер-минот жртва сфатете го условно за-тоа што таа уште од почетокот беше подготвена на таа обврска и како мајка и како сопруга. Јас сум мно-гу среќен што дома моето отсуство кое најчесто е оправдано децата не го чувствуваат затоа што Вики им дава една огромна мајчинска љубов и грижа. Обврските дома речиси во целост се нејзини. Затоа велам дека поголем касмет сум имал јас што сум ја нашол неа отколку таа мене. Мислам дека најмногу време ми не-достига да поминам со нив дома. Мислам дека нема ништо што може да се спореди со она што може чо-век од фамилијата да го црпи. Јас тврдам дека целава енергија што ја имам во себе и сакам да ја потро-шам на различни прогресивни ра-боти ја земам од семејството. Чо-век не може да има успешна ка-риера во ниеден профил или об-ласт доколку дома не постои слога, љубов и разбирање. Се согласувам со мислењето дека зад секој успе-шен маж стои успешна жена. Може-би успешноста на едниот или дру-гиот партнер нема да биде вери-

фицирана со титули или функции но тврдам дека јас без мојата со-пруга немаше да бидам она што сум сега. Секако за мојот успех заслуж-ни се и моите две деца односно она што како љубов и енергија го доби-вам од нив. Свое место имаат и ис-крените пријатели, зошто ние не сме ни богови ни ѕверови да живе-еме сами.

Денеска сте актуелен советник во градскиот совет, како влеговте во политиката?-Во политиката не влегов со цел да влезам со политиката. Има луѓе кои во политиката влегуваат да градат политичка или пак професионал-на кариера. Мојата професионал-на кариера и се што сум постигнал на професионален план без оглед дали се работи за аеродром или како професор на битолскиот фа-култет нема никаква врска со мојот политички ангажман. Јас мислам дека за активно бавење со политика се уште сум млад затоа што мислам дека се уште можам да придонесам многу во мојата професија. Да ја ис-користам струката и знаењето за лично и општо добро а на стари го-дини можеби и активно ќе се бавам со политика во смисла да градам политичка кариера . Значи јас не влегов во политика нити со намера за политичка кариера ниту со наме-ра за професионална кариера. Јас влегов во политика воден од мое убедување дека “Луѓе прават, луѓе расипуваат“. Читајќи стручна лите-ратура и согледувајќи ги фактите од историјата јас сфатив дека лево ориентирана партија носи развој значи по логика на нештата дес-но ориентирани партии се конзер-вативни. За мене политичка партија не претставува личност, претседа-телство или извршен одбор или кој ќе е лидер. За мене е важна идејата. Моите партиски активности не поч-наа со некоја цел или намера. Оваа година јас изразив желба да бидам

член во советот. Главната причина е да се обидам и на тој план нешто да се направи подобро за Охрид. Тргнувајќи од интересите на соп-ствената улица и мала па од инте-ресите на тие што живеат во дру-гите делови на Охрид. Можеби наивно но се уште верувам дека секој поединечно може да придо-несе такви работи да се случуваат. Не можам да кажам дека работи-те се одвиваат така како што пла-нирав. Морам да кажам дека не-когаш политиката е многу гнас-на работа, таа е многу неблаго-дарна но тоа не дава за право да се откажеш од неа. Политиката е поле на само докажување .Не ве-лам дека ќе успеам меѓутоа ве-лам дека не сум оптоварен со

мислата дека четири години мора да останам советник или дека по-сле тоа морам да станам прате-ник, директор или министер. Тоа не се мои амбиции. Во општински совет нема голема политика, еле-ментарните потреби на луѓето во Охрид не зависат од политиката туку од водоводот,канализацијата,

екологијата, од тоа дали ќе стигне платата за покривање на месечни-те трошоци. За решавање на овие проблеми не е потребна политика, туку залагање на советниците ис-тите да се решат. Во моментот кога ќе почувствувам дека “со глава ѕид не се урива“односно нема услови за донесување одлуки во полза на охриѓани јас ќесе повлечам од по-литиката.

Покрај професионалните ангаж-мани на Охридскиот аеродром, вие сте и професор по предме-ти од областа на воздушниот сообраќај и транспорт на Технич-киот факултет во Битола....- Мојата кариера на полето на едукација дојде природно, затоа што веќе бев ангажиран како ек-сперт од областа на стопанството за

држење на вежби и предавања под менторство за група воздухоплов-ни предмети на насоката за возду-шен сообраќај на Сообраќајниот от-сек на Техничкиот факултет во Би-тола. По објавениот конкурс за по-сле дипломски студии “Сообраќајно транспортно планирање и инже-нерство“ на факултетот размис-лував дали да се запишам или не. Да бидам искрен немав некоја амбиција затоа што професионал-нава ориентација веќе ја имав од-брано. Но под влијание на сопру-гата и мајка ми се запишав на по-сле дипломските студии. По две го-дини и шест месеци се стекнав со звањето магистер на сообраќајни науки. Од аспект на магистер јас можев под менторство да држам предавања и вежби на студенти. Есента 2006-та година почнав да со-бирам материјали за докторатот во мај идната година доставив пријава до Техничкиот факултет за да ми се прифати тема за докторат. На 12-ти март 2009-та година успеав да ја од-бранам докторската дисертација и со тоа станав доктор на науки

од областа на Техничките науки и првиот од областа на воздушниот сообраќај. Ме радува фактот што те-мите од магистерската и доктора-тот се поврзани со моево професи-онално искуство и се однесуваат, магистратурата на аеродромот во Скопје а докторатот на аеродромот во Охрид .Станува збор за примен-ливи модели. Тоа ме радува ни маги-стратурата ни докторатот не се ап-страктни и залудни. Кога би имал волшебна моќ што би променил за време од 10 ми-нути?- Би симнал неколку килограми од мојата телесна тежина. Друго ниш-то не би менувал, задоволен сум од животот онаков каков што ми е.

Се што правам има смис-ла затоа што е за ќерка ми Ена и син ми Тео

Не сакам снег но одиме на зимување атер на децата

Од друг агол

Page 19: АМАК ПРЕС 117

19

ЛокалЛокалНа кафе со...

Page 20: АМАК ПРЕС 117

20

ОТКАДЕ ИМЕТО `УРАНИЈА`

Ако само малку греб-неш со ноктот по не толку застаре-ни и со прашина покриени доку-менти од нашето минато, пред нас се појавува една неверојатна сли-ка а може и да се напише еден цел роман за значењето на оваа куќа и поколенијата нејзини жители, во те-кот на децении и векови наназад ! Според усните преданија на повозрасните изградбата, или поточно обновата на куќата со нејзиниот препознатлив лик , денес викана ` Уранија`, се поклопува со обновата на куќите Робески , отспро-тива на истата , во шеесеттите годи-ни од деветнаесеттото столетие. Стопаните тогашни, соседи, напро-сто се натпреварувале кој ќе изгра-

ди поубава и повисока куќа, кој што повеќе ќе зафати од небесната уба-вина.. како доказ на престиж, на нив-ното материјално богатство и место-то во тогашното општество . Тоа под-разбира дека и и едните и другите биле градски првенци иим се може-ло да си дозволат таков салтанат, да нарачаат мајстори кои ќе направат ремек дела за приказ , ем архитек-тонски надворешно да пленуваат со својата убавина, ама ем со невидена разиграност и раскош во внатреш-носта, кои долго ќе сведочат за едно време од бурната историја на наши-от град.

КУЌИТЕ НА АНГЕ-ЛЕ И ТАСО РОБЕ

Прекрасните две куќи де-нес споени во една позната како Куќата на Робеви - Музејот на Охрид , секому е познато дека денешни-от изглед го добила по 1861 година, по насилничкото опожарување од страна на аздисаниот Устреф беј! Пишаните документи ука-жуваат дека споменатите Ангеле и Тасо, синови на Стефан Робе ( кој починал 1814 оставајќи им тргов-ска фирма) не биле староседелци во оваа куќа, значи истата не им се пад-

нала во наследство од нивните ста-ри, ами куќата ја купиле во текот на 1825 год.од нејзиниот тогашен сто-пан Јаким Пендо . Браќата, тогаш веќе стасани заможни трговци има-ле можност да си дозволат да купат куќа на најпогодна локација и купе-ната куќа да ја урнат до темели за да подигнат сосема нова куќа - од приземје и два ката. Истата била завршена и предадена во употреба на 15 април 1827 година. Во јануари 1861 Устреф беј ( брат на Осман беј - оној истиот од песната`Ја излези на пенџера...` , страстен љубовџија, но и злодеј-познат и како убиец на Константин Бакал , виден охридски трговец ) ја запалил до темели куќата на Робев-ци, па еден од нејзините стопани по-знатиот Д-р Константин Робе напра-вил давија, која ја упатил до властите во Битола , од таму дошол јузбашија и наместо Устрефа го затворил да-скалот Димитрија Миладин, под об-

винение дека бил шпион руски, за кое нешто бил наклеветен од Ристо Капче, чиј внук од брат - сирак Јон Капче, даскалот Митре го пуштил на учење во Русија! Ова е битно за ната-мошниот след на настаните!) Да споменеме и тоа дека на опожареното место никнала со-сема нова градба- односно две спо-ени куќи, чиј главен градител се споменува Тодор Петков од с.Гари, а куќите се граделе полека, мера-клиски во периодот 1861-1863 г. и мајсторите-резбари не смееле да општат ниту да ги гледаат своите дела межусебно. Така кажува пре-данието. Д-р Константин Робе живе-ел во левата половина од денешна-та куќа, а неговите братучеди Јаким, Димитри, Никола и зетот Јонче Па-унче во десниот дел. Разликите при градбата и внатрешното уредување и ден денеска се очевидни!

КУЌАТА `УРАНИЈА`

Преданието вели дека како пандан на куќите од Тасо и Ангеле Робебила изградена куќата од каршија, само на неколку чекори . Доде-ка куќата Робеска плени со својата

Куќата на Уранија - вистински мал дворец

пишува Владо Жура

Некој рекол : столот си е секогаш стол, па макар и никој на него да не седнал, ама куќата, куќата не е дом, ако во неа не живее никој! Минувајќи секојдневно по улиците наши, замислени во сопствените обврски и грижи, а најповеќе задумани за длабочините на нашите џепови, врвиме покрај убави куќи, зданија ....необрнувајќи им го заслуженото внимание. За нас тоа се куќи ! Големи, мали... убави, грди , приземја со дуќани, разни офиси, претставништва, канцеларии... со пред нив истопорени тезги од разноразни производи од пластика па се до прехранбе-ни земјоделски производи - тикви, јаболка....! За нас се тоа куќи . Воопшто не не интересира кога се изградени, кој ги проектирал или дали во неа некој живее... Стариот дел од градот не се одликува со толку голема раздвиженост по тесните улици, нема продавници, нема комерцијални објекти...ама има историски споменици, цркви... и стари, и нови, ем реновирани куќи - вредни примероци од некогашната градска архитектура , на која и се восхитувале и светски познавачи на градителските умешности. Тие останувале напросто омаѓијани и вчудовидени од духот на куќите , взаем-ната поврзаност на нивните жители со својата куќа - дом по своја мерка на мало парче земја ама вклопен, напросто сраснат со околната природа ! Напросто биле стаписани од внатрешнота на тогашните куќи, нивната до најтесен ќош искористеност а во исто време и просторност, не само за-ради комотно и топло домашно живеење, ами дури и за раскош, се разбира во потоплиот дел од годината! И денеска старото градско јадро го красат прекрасни куќи - стари, обновени, новоизградени...ама духот како да го нема. Најубавите при-мероци на градската архитектура се само куќи...а не и домови! Некој рекол : столот си е секогаш стол, па макар и никој на него да не седнал, ама куќата, куќата не е дом, ако во неа не живее никој! А такви куќи во Варош- приемната или гостинската одаја на Македонија, има многу. Старите прекрасни зданија на некогашната славна охридска градска архитектура се урнати или пак обновени и пренаменети во институции, кафеани, се-зонски ноќевалишта...или пак во празни палати за дваесетдневно престојување во текот на годината, како белег на успешноста на нејзиниот нов сопственик , во овој таканаречен транзициски ( се прашувам кон што??!) период од нашето живуркање. Со два-три збора духот на некогашниот начин на живеење неповратно исчезна ! Во стариот дел на градот животот замира, како што згаснал и во прекрасната куќа, денес позната како `Уранија`, во која некогаш се живеел живот, се слушал детски џагор, деца се раѓале, стари умирале...!

денес куќата на Уранија и Робевци

Охридски легенди

Page 21: АМАК ПРЕС 117

21

ЛокалЛокалОхридски легенди

грандиозност, куќата `Уранија` пле-ни со својата внатрешнина, топли-на, дух...и распосланост над ка-рактеристичните охридски тесни сокаци-познати како `темници`! Кои биле сопствениците и жителите на оваа прекрасна куќа, вистински мал дворец? Како последен нејзин жи-тел, во еден дел од ова волшебно здание, се споменува Уранија, стари-ца која живееле осамено, повлече-но.. и душа пуштила на длабока ста-рост некаде 1936-тата, не оставајќи зад себе пород, само неколку бли-ски наследници. Нејзиното име било Уранија и била една од трите ќерки на Гаврил Сапунџи, заможен граѓанин, кој можел да се натпрева-рува дури и со пребогатите трговци, лихвари, доктори...од фамилијата Робе. Гаврил Сапунџи, сами-от или веројатно со своите браќа Јон и Григор е нарачателот на обновувањето на старата семејна куќа Сапунџијоска.Намерно го споменувам фактот дека куќата била вековно наследство во рацете на фамилијата Сапунџијовци, познавајќи го значењето и присутноста на оваа охридска фамилија во севкупниот живот на градот, како и нејзиното разгранување од колено на колено. Тука би го навел фактот на совпаѓање при делбата на куќите од колено на колено во една иста маала- на при-мер малата Геракомија (Дом за стар-ци), во која се наоѓа и споменатата куќа `Уранија`. Веднаш до `Уранија` залепена е куќата од Филевци (`гон-скион`) чиј предок Стефан Филе до-шол во куќата како домазет за Еле-на Сапунџи, а веднаш до оваа куќа е онаа од Дулета Узунчета (Христо Узу-нов) чија што баба од мајчина стра-на била од фамилијата Сапунџијоска , Агнија Сапунџи-Чакар ! Се работи од комплекс кој го сочинуваат три не така мали куќи, одвоени од оста-натите соседи со сокачиња од сите четири страни!

ЗА ФАМИЛИЈАТА САПУНЏИЈОСКА

Во текот на децениите и столетијата зад нас секако се пра-вени пописи на населението . При-чините биле најразлични, но во основата битна била бројноста на главите на семејствата и работо-способноста на граѓаните заради оданочување од страна на тогашни-те власти, а и за потребите на црква-та- кои биле парохјани, кои дено-ви чинеле слава на своите домаш-ни светци-заштитници...и заради честитање именден! Ние располагаме со еден попис од пред 320 год кој го напра-вила една мошне интересна личност позната под името Кузман Китијски! Тој, чие вистинско име било Константин ( син на Елисаве-та и Димитри Мавруди ), бил по по-текло од Тунис ! Неговиот животен пат е исполнет со бројни перипетии, престојувал на Кипар, па во Цари-град, на Синај...бил дури и во Версај, Париз и имал лични средби и препи-ски со тогашниот крал Луј XIV ( попознат како `кралот сонце`, како и по изреката `државата-тоа сум јас!)...ама патиштата се чудни и не-познати, па преку Елбасан стигнува во Охрид, како вршител на должно-

ста архиепископ на Охридскиот пре-стол....за по неколку години да го окон-ча својот животен пат во Драч, под името Кузман Дирахијски ! За него-виот придонес кон црковното дело, во некоја друга прилика, сега го има-ме пред нас пописот на парохјаните по цркви во Охрид , а нас не инте-ресираат главите на семејствата кои се водат при црквата Св.Никола Геракомија: поп Нико, Коста(нтин) Сапунџи , папа Гаврилица, Нико Ста-мо, Сардос нику (Шардо Нико), Русе

терзи-ја, Ѓоршо /е/мануил, Кочо Мили, Заро Шуље, Герасим шулиа /Шулка ?/ , Димовица божа, Стефан ровпи (Робе?) , Крста , Нико Дедо , Захариа Марко , Балку Манули, Сте-фан Киријак ??, Митре Терзија, Нин-ко кујунџи.. .или вкупно19 домови (в.оригинал )! Секако ќе речете не е од некоја голема корист-нема фамилијарни имиња одн.презимиња....но има податок дека некој Константин Сапунџи....и евен-туално Стефан Робе биле стопани

куќатаУранија некогаш

попис на

домаќинстваГеракомија

,КостаСапунџи

тестамент на Уранија 1935 г., жи-телка на ул. Кралица Марија 79

Кољо Сапунџиев, имигрант

Page 22: АМАК ПРЕС 117

22

- глави на фамилии и жители на ма-алата Геракомија, во која и денес се издигаат предметните куќи! Огромен број на факти сле-дуваат во наредниот период..._______________________________ Од записите на хроничарите има-ма повеќе факти за фамилијата Сапунџијоска:1815 во нивата на Ни-кола Сапунџи тогашниот господар на Охрид Џеладин беј почна да го гради Јени сарај! Во 1821, на 7 април, паднала наредба да се попиши сето оружје варошко - и тоа се направи горе во нивата на Јакима Сапунџи, па се однесе сето на Сарај;26 април му го украдоја сапунот на Григо-ра Сапунџи-сите се потписале ке-фили еден за друг ..Во 1829 хрони-чарот запишал дека градски првен-ци тогашни биле Ангеле Робе , Ата-нас Димзо, Ангеле Никола Сапунџи, Јон Чобан, Наум Топејнчар, Никола п:Стефанија, Константин Паунче, Д-р Димитри Залакоста, Ангеле Наум Ба-кал, Кочо п:Апостол Сапунџи , Кон-стантин Д. Манче, Кочо Н/Наум епи-троп/ Скопаче , Ангеле Кецкар - што значи 13 мухтари, одн.по 2 старе-шини од секоја маала...1830 Ристо Сапунџи , учител, поранешен ученик на Д. Миладин;

1836 е роден Јаким Кочо Сапунџи, братучед на Робевци и најверен дру-гар низ сиот живот на Григор Прли-че; 1840 на прилепскиот панаѓур за-едно со Димзовци заминал и Со-тир Сапунџи со синот Коста и вну-кот Стојанчо;1841 Анастас п:Aпостол Сапунџи заминал со карван на трговија со Бр.Димзовци;1846 од-борниците - ефории Јон А.Сапунџи и Хр.Манче (покрај архиерејот и игу-менот го заверувале кодексот на ма-настирот Св.Наум );1850 , 1 ноем-ври , независна комисија без влади-ката Дионисиј , направила ревизија на сметката на игуменот: членови Анастас Робе, С(нечитливо)..., Јон Сапунџи, Андроник п:Наум, Евстатиј проестос- тогашен претседател .на Охридската општина;1854 Јон Анастас Сапунџи, нoвинар во Ати-на ;1857 А.Робе, Ан.Зарче, Анастас Сапунџи, Насто Анастасиу, Никола Беле, С...., и ефорот на манастирот Андроник попНаум - потписници на сметката манастирска Св.Наум;

Во 1860 Кузман Шапкарев му пишува на уредникот на весникот ̀ Дунавски лебед` Ѓорѓи Раковски во Белград, новости од Охрид :....фала за пис-мо и списание испратени по Наум Котуш ........порано многу охриѓани заминале во Атина , а г-дин Миха-ил Бодле , сегашен тамошен мини-стер, има живи роднини в Охрид , а гдин Јон А. Сапунџијовски е уред-ник на весник во Атина....примете по Јанета Т. Чапак примероци од книги-те од Маргарит Г. Димзо и од Григо-рие Крстович Прличе;1860 па се до 1866 Анастас Сапунџи се јавува како потписник на финсиското работење на манастирот Св.Наум;1861 годи-на Григор Прличе, заедно со Јаким Сапунџи ќе ја почнат борбата про-тив грцизмот!;1869 контролата на финансиското работење на бога-тиот манастир Св.Наум ја превзема охр.општина и така се до 1873, по-ставен е надзорник-епистатис Ан-дроник Зарче а седумминатапот-писници на сметката се: епитропот Григор Паунче, епитропот Петре Ог-нен, Коста Карадимче, Ставре Н/?/ Филипче, Георги К.Бодле, Григор М. Сапунџи;1870 попис без владиката Мелетиј, надзорник Андроник Зар-че, епитропот Григор Паунче, епи-троп Петре Огнен, Насто Анаста-сиу, Јаким К.Сапунџи. ;1871- 72 ма-настирски надзорник Андроник Зарче, ефорите Гр Паунче и Петре Огнен , Ангеле Групче, Илија К. Чо-банов , Анастасиј Дафина, Гаврил Сапунџи и Григор С.Прличе. пот-пис со кирилица;1872 Охридска-та општина му го честита именде-нот на гдин Гаврил Сапунџи;1893 Наум Сапунџи назначен за учител во Вевчани;1895 година за црков-

ни потреби направен е попис и во маала Геракомија, под реден број почнувајќи од првата куќа на ули-цата броејќи од десната страна, па како стопани на семејствата ги срет-нуваме :1. Ламбе Нанев; 2. Јон Пат-че ; 3. Наум Трпејчанин ( во куќата од Ј.Патче) 4.Јаким Патче со 2 сина / куќа Григор Скопак/; 5.Климе Патче; 6.Константин А.Робе со 3 сина; 7.Тем-ко Саввин, син Михајло; 8. Дамјан Јованов (куќа Герасимови); 9.Коста, Стефан и Александар Битрак;10.Ко-ста Плачко Панов ...и се така од куќа до куќа од десната страна на ули-цата, па околу црквата Св.Софија и Сараишче , за да потоа следува по-пис на жителите од левата страна....Илија Филев, Андон Филев, Наум и Георги(Џоџе) Филеви, Стефан Фи-лев, Јон Андон Саввин, Анастас Ри-сто Симонче, Стефан Ристо Симон-че, Климе Герман, Стефан Шенте ....и се до Серафим Р. Карадимче (со-пруга Уранија Сапунџи)...или вкуп-но 96 венчила / фамилии ( пописот е извршен на 20 август 1895, в. фонд

Петро Ат.Димзо, Ист.оддел-Музеј Охрид) _______________________________

И така во недоглед...но нас ни беше битен Гаврил Сапунџи, по-возрасен соработник на Прличета при потпишување на манастирска-та годишна сметка во `Св.Наум` - одн .еден од сопствениците на куќата `Уранија`, како и Уранија, една од не-говите ќерки, во чиј спомен и ден-денес куќата Сапунџијоска го носи името! Од податоците со кои рас-полагаме може да се заклучи дека градскиот првенец Гаврил Сапунџи од татко Миле (Михаил) и дедо Гри-гор Сапунџи, имал и двајца браќа Григор и Јонче. Григор Сапунџи им го продал својот дел од куќата на своите двајца браќа и по се изгле-да се отселил, а Јонче Сапунџи не-мал пород и него го догледала една од внуките по име Катерина Пармак-Сапунџи ! Значи Гаврил Сапунџи имал три ќерки - Уранија, Елена и Ка-терина .Сите три биле мажени во видни охридски фамилии...ама едната од нив не била задоволна од жрепка-та што ја фрлиле за поделба на имо-тот по татковата им смрт, па во 1904 год. бидејќи на Катерина и се брза-ло, сакала да замине на печалба во странство, побарале повторна дел-ба во присуство на маалскиот мух-тар/старешина Пандели Петре Пи-рузе а за сведок го повикале нивни-от роднина/зет за братучеда Наум Теодосиј, та одново го преподелиле сиот движен и недвижен имот, кој не бил мал- куќа, дуќани, магази, лозја, ниви...и пари на банка! Елена била мажена за Јон Капче (синот на пок.Илија), истиот оној кого како ученик го пуштиле на учење во Русија...- една од причини-те за апсењето и трагичната судбина на браќата Миладиновци. Катерина за домазет го имала земено Стефан Пармак, и тие подоцна к`сметот си го побарале на гурбет. Истата судбина ја сподели-ла и најголемата, највозрасната од сите три: Уранија, таа се омажила за Серафима од Риста Карадимче, од

кај Долна Порта...и тргнала по стап-ките на сестрите на печалба, дури Влашко! Нејзината судбина била најтешка и најжалосна, првин ја из-губила единствената рожба, а по-тоа и сопругот, па до крајот на живо-тот останала сама во еден дел од тат-ковската куќа. Имала имот, кој разу-мно го трошела а на старост за неа се грижеле роднини...па сите поиме-нично ги споменува во својот теста-мент!

КАПЧЕВЦИ - БОРЦИ ЗА СЛОБОДА И ОБЕ-

ДИНЕТ БАЛКАН Охридската фамилија Капчевци била во тесни роднин-ски врски со фамилијата Робев-ци, ќерката на тасо Робе им била мајка на Илија и Ристо Капче, кои фамилијарното име го стекнале за-ради некогашниот нивни занает, а подоцна се познати како заможни ќуркчии-преработувачи на крзнена облека.Нас ни е битен Илија, кој починал во 1851 оставајќи ги зад себе сираците Параскева, мажена подоцна за Еф-тим Кецкар, мајка на познатиот ре-волуционер Андон Кецкар, чиј гроб и денес е веднаш до црквата `Св.Еле-на и Константин`, синовите Ѓорѓи и Јон! Ѓорѓи е оној бестрашен јунак, близок соработник на Ѓузепе Гарибалди ` таткото на Италија`, во борбата за обединување на сите градови во една заедничка земја - Италија! Во пописот на маалата Геракомија во 1895 под реден бр.72 е запишан `Јон Илија Капче и еден син`, мо-жеби синот Јордан, што значи дека е косопственик на сегашна-та куќа `Уранија`, кое право го стек-нал преку женачката со Елена Гав-рил Сапунџи , со која имал два сина Ѓорѓи и Јордан. Првиот ги сле-ди стапките од татка си ( учесник на ред востанија во Влашко, Бугарија и Македонија) , и секако на стри-ко му -славниот гарибалдиевец. Ро-ден 1868 според едни, а 1872 според други, тој со својата работа и дело според зборовите на Д-р Фрањо Туѓман во неговото најзначајно дело стои дека токму `Георгиј Капчев е алката на македонско-хрватското пријателство`. Имено на 12 јануари 1899 година во Женева, Швајцарија, фор-миран е Македонскиот Конгрес, како Македонски парламент во ег-зил, со цел да формира Македонска влада. Македонската емиграција во

гостинската одаја со џанфес миндери

внатрсшноста соскалило

Охридски легенди

Page 23: АМАК ПРЕС 117

23

Европа во времето на турското роп-ство пред западните сили преку Ма-кедонскиот Конгрес го афирмирала неотуѓивото право на македонски-от народ за сопствена самостојна и слободна Македонска држава. Негов прв претседател е нашиов Ѓорѓи Капчев, кој пред да замине во Швајцарија работи и твори во Хрват-ска, во Загреб каде го издава весни-кот “Македонија”... чиј последен број излегол на 24 декември 1898 го-дина ! Таму, во Загреб со помош на видни хрвати, меѓу кои и Штросма-ер, ја објавува книгата ` Македонија или гласот на робот` - три изданија, од кои две на хрватски, и ја подржу-ва идејата за балканска федерација по угледот на САД. Немирниот дух го носи во Швајцарија, па Бугарија, Русија...пријателствува со Кртсе Ми-сирков и Димитрија Чуповски, па врши археолошки раскопки..за да во 1914 г. се најде во Софија, каде што го издава весникот `Балкан-ско знаме`, а за време Првата Свет-ска војна емигрира во Русија, зара-ди фактот дека Бугарија застанала на страната на Централните сили. Таму зема учество во Советската армија како борец заедно со синот Иван (Јонче)! Години подцна се враќа во Софија, па оди во Берлин издава книга...за да пак се врати во Софија, но од 1923 година живее во тогаш-на Југославија. Умира во Земун , во 1936 г., никогаш не откажувајќи се од идејата за самопределување на ма-кедонците обединети во една сев-купна држава! Толку за уште една значајна личност родена токму во куќата `Уранија`!

ФАМИЛИЈАТА ПАР-МАКОВЦИ - ГОРДОСТ НА ОХРИД...НО И НА

ХРВАТСКА Катерина Сапунџи се ома-жила за Стефан А. Пармак, виден

охридски деец, близок пријател на Димитри Узунче, татко на револуци-онерот Христо-Дуле, како и на Ро-бевци. Податоците укажуваат дека во периодот од 1882 па се до 1896 г. врши важни работи на општествено поле во Охрид, но и во Солун - член е наохридската оптина, на разнораз-ни одбори за прослава на значајни годишнини, почитуван граѓанин на кого општината му го честита и именденот...Со семејството, заради својата учителска професија, често го менува местото на живеење низ Македонија, Бугарија...за да повтор-но во пописот од 1922 г. го сретнеме неговото име како косопственик на дел од куќата `Уранија`. Во бракот со Катери-на Сапунџи имал два сина Ана-стас и Петар, како и една ќерка по

име Аспасија мажена за ѓаконот Јаким Мустре, подоцна протоереј и економ на егзархиската црква Св.Стефан, подигната во квартот Фенер-Цариград. Таму им е и гроб-нината, не оставиле пород зад себе, се зборува дека својот дел од куќата `Уранија` и го преотстапиле на маке-донската држава во педесеттите го-дини од минатиот век. Само колку за потсетување дека Јаким Мустре е од она охридско семејство кое во својата куќа го отворило првото званично училиште на македонски мајчин јазик во Охрид ! Што станало со Анастас и Петар ? Според документите Ана-стас се населил во Бугарија, едно време работел н на железницата во

градот Враца . Петар пак едно време живеел во Пловдив, Бугарија, таму и се оженил и сиот свој подоцне-жен живот го поминува во тогашна Југославија, претежно низ Хрватска како професор во тамошните гимна-зии. Во бракот со Рајна им се изнаро-диле девет деца - првото Катерина, починало на мали години, Стефан или Стјепан загинал во Втората Свет-ска војна, Иван- немал пород, сле-дува Катарина Шпољариќ, па Јосип Пармаковиќ, Божица Шпорер, по-знатата докторка Марија Мирковиќ, па Томислав Пармаковиќ и на крај Винка Пармаковиќ - доктор на науки и професор на Колумбија универзи-тетот во Њујорк! Бројно потомство не само во Хрватска ами распрскано и низ светот, чија дедова куќа `Уранија` и денденес претставува гордост на Охрид ! Многу, ептен многу видни личности дала оваа куќа-дворец. Таа претставува истински расадник на научници, револуционери, опште-ственици... Во пописот што за свои а и црковни потреби го направил охриѓанецот поп Јонче Саввев ( Са-отов) во 1925 год. во маала Г е р а к о м , под реден бр. 35 ги запишал жи-телите (сопствениците) на спомена-тата куќа:Стефан Пармак, роден 1850, син Пе-тар Пармак роден 1885 - ѓакон Јаким Мустре роден 1877, (жена Аспасија, моминско Пармак родена 1890) - (празно - Капчеви биле отселени или откажани од станбеното право) - Уранија Серафимова , ( родена 1855 година), која во тоа време из-гледа веќе била вдовица, па сопру-гот не е впишан! Уранија значи останала сама. Единственото поколение на познатиот сој Сапунџијоски на 23 декември 1935 г., во присуство на сведоците Вета Каневче и Ша-бан Исљам, таа чувствувајќи дека и се ближи крајот при `сосема чи-ста совест и здрав разум` го издик-тирала својот тестамент за делот од куќата како и сиот движен и недви-жен имот! Третината од сиот татков имот рамноделно ја распоредува на внукот Јордан Капчев , правник во Бугарија и на внуката од прва бра-тучеда Ружа од Кацка, жителка на Охрид, која треба да се погрижи за достоен закоп и споменик по смртта на Уранија. Другите две третини им припаѓале на Пармаковци, кои тврделе дека го догледале и стри-кото Јонче Сапунџи, па според тоа кон нивниот дел треба да се додадат

и неговите 4/9 од целиот имот. По смртта на Уранија, Охридскиот Суд пред да го озваничи судското реше-ние според тестаментот, испраќа по-кани до наследниците....ама и тогаш изгледа администрацијата бавно си ја вршела работата , па работите се влечкале со години. Последните до-кументи зборуваат за барањето на Елена Капчева во 1954-та, како и на Јордан Капчев во 1958-та...ама тоа и не е толку битно. Куќата стоела опустоше-на, во изминатите децени се напра-вени две посриозни реконструкции од страна на државата, па едно вре-ме тука беа сместени прекрасни ет-нографски поставки на охридскиот Музеј, а во 1957 година тука беа про-гласени првите македонски акаде-мици и фомирана беше МАНУ! Долги години по ред со куќата стопанису-ваше споениот Завод за заштита на споменици и Народен Музеј-Охрид , како салон за повремени ликовни поставки и спомен соба на МАНУ...за да последниве години остане опустошена и празна се до повтор-ната реконструкција и конечното преотстапување на МАНУ , пред не-колку седмици. Што стана со оние бројни поколенија пра-правнуци од Гаврил Сапунџи! Пред некоја година по-знатиот режисер на култниот филм `Среќно дете`Игор Мирковиќ, работејќи на играниот филм `Кара-ула`, ми изрази желба со негова-та сестра, тогаш архитект во Виена Лидија Секе да ја разгледаат куќата на нивниот дедо Петар Пармак! Со љубезност на управата на Заводот и Музеј им беше позволено да напра-ват куса посета, при што направија и неколку снимки кои и денде-нес ги чуваат и за овој повод ми ги преотстапија за потготвувањето на овој напис, за што неизмерно им благодарам. Игор и Лидија и денде-нес со љубов и топлина се сеќаваат на таа куса но неверојатно топла средбо со домот на нивните дедов-ци и баби. Јас , за жал се уште не сум ја имал можноста да ја разгледам се-гашната внатрешност на `Уранија`, не само дворец ами и вистински храм и расадник на значајни лично-сти што ги дала ...а сепак во мислите ми се вртат зборовите од онаа пес-на во заглавието : ..... столот си е се-когаш стол, па макар и никој на него да не седнал, ама куќата, куќата не е дом, доколку во неа не живее никој!

судска преписка за наследниците Георги Капчев и Петар Пармаков

1937 г.

Игор Мирковиќ,

режисер(внук на Пе-тар Пармак)

Фестивал Кан 2009

ЛокалЛокалОхридски легенди

Page 24: АМАК ПРЕС 117

24

Што претставува грипот,A- (Х1 Н1)? Новиот грип е космополитско акут-но заразно заболување на респи-раторниот систем предизвикано од нов под тип на вирусот А - (Х1 Н1) кој претходно не е идентификуван ниту кај свињите ниту кај луѓето. Ви-русот содржи сегменти од 4 раз-лични типови на вирусот на инфлу-енцата, и тоа : северно - американ-ски свински, северно - американски птичји, северно - американски ху-ман и евроазиски свински вирус.

Како се манифестира овој грип, кои се негови први симптоми и по што се разликува од сезонскиот грип?Симптомите на новиот грип кај луѓето се слични на симптомите на обичен грип и други акутни инфек-ции на горните дишни патишта. Инкубациониот период трае 2 дена (интервал 1 - 4 ). Почнува одеднаш со треска( температура над 38 0C), пратена со болки во мускули и згло-бови, сува кашлица , воспалено

грло, малаксаност, главоболка. Кај некои луѓе се јавува и пролив, како и повраќање. Трае 3- 5 дена.Тежината на клиничката слика зави-си од претходното искуство на па-циентот со претходните варијанти на вирусот. Пријавените клинич-ки манифестации се од широк рас-пон, и тоа од асимптоматски инфек-ции до тешки воспаленија на бе-лите дробови кои фатално завр-шуваат. Како и сезонскиот грип и новиот грип може да предизвика отежнување на состојбата на хро-нично болните лица.

Кои се најризичните категории луѓе кои се мета на заболување, дали тоа е постарата или помладата популација? Невообичаено но реал-но оваа болест е фатална и за мла-дите, зошто?Во оваа пандемија најпогодена по-пулациона група се млади лица од 15 - 30 години категории, иако по-ради антигенските промени на ви-

Место за паника нема пандемискиот грип се става под контрола!

Тиомексалот кој го има во пандемиските вакцини не содржи метил жива - состојка со токсични ефекти по здравјето на луѓето, туку содржи различна форма на жива (етил жива) , кој не се акумулира , се метаболизира и отстранува од телото многу побрзо отколку метил живата . Нема наоди од студиите за токсичноста кај новороденчињата, децата и возрасните, вклучувајќи ги и бремените жени, кои се изложени на тиомексал во тек на вакцинацијатаЗабележаните несакани ефекти по вакцинирањето се слични на тие кои се присутни кај вакцините против сезонскиот грип. Најчести реакции се болка на местото на апликацијата или треска.

специјалист д-р. Јованка Стурлакова - Коровешоска, епидемиолог

Актуелно

Page 25: АМАК ПРЕС 117

25

русот болеста се јавува во сите воз-расни групи. Грипот како високо контагиозно заболување лесно се пренесува на луѓе кои немаат иму-нитет. По прележување на боле-ста се создава солиден долготраен имунитет , но специфичен само за тој тип на вирус. Доколку се појави нова варијанта на вирус, а анти-генски не се разликува многу од варијантата која претходно го соз-дала имунитетот, може да не дојде до инфекција или болеста да биде со лесна клиничка слика Смртноста е резултат на компликации (пне-умонии) кои се чести кај старите лица поради оптеретувањето со други хронични заболувања и де-цата поради слабиот имунитет.

Постои ли место за паника, или таа е создадена вештачки по медиум-ски пат? Место за паника нема бидејќи СЗО навремено превзема мер-ки и здравствената заштита ја по-дига и унифицира на светско ниво. На секој проблем му приоѓа сту-диозно и навремено алармира за преземање на соодветни мерки. Кај нас е развиена мрежа и инфра-структура за справување со секаква кризна ситуација. Од страна на Ми-нистерството се превземаат потреб-ни активности во рамките на опера-тивниот план која е изработен за оваа пандемија. Колку што е лошо паничарењето, уште полошо е доколку на ва-ков проблем му пријдеме лежер-но, особено што последиците мо-жат да бидат трагични. Апелирам до граѓаните, да не подлегнуваат кон разни дезинформации, туку да ги почитуваат превентивните активно-сти кои секојдневно ги превземаме. Добро би било медиумите внимани-ето да го посветат на точно и навре-мено информирање. Од наша стра-на секојдневно се даваат потреб-ни информации и доколку се јави потреба од преземање на некакви мерки тоа ќе се прави транспарент-но преку јавните гласила.

Дали можеме да се излечиме од оваа болест сами применувајќи третмани кои ни помогнале да го надминеме сезонскиот грип или мора задолжително да се јавиме на лекар? Ги молам граѓаните да не импро-визираат. Доколку имаат некои од симптомите на новиот грип потреб-но е веднаш да се јават кај матич-ниот лекар, кој ќе даде натамошни препораки. Лекарот ќе одлучи дали е потребно лекување во здравстве-на установа или во домашни услови, во исто време ќе предложи превен-тивни мерки за другите членови на

семејството или други лица со кои болниот контактирал. Во секој случај препорачувам да се внесуваат поголема количи-на течности, витамини од природ-но потекло, храна богата со проте-ини и да се избегнуваат јавни со-бири и стресни состојби, често проветрување на просториите.

Зошто е релативно слаб одзивот кај граѓаните да се вакцинираат про-тив болеста. За каков тип на вакци-ни станува збор, дали е точно дека тие содржат жива во себе и би мо-желе да вродат негативни последи-ци доколку се примат? Резултатите од досегашните студии покажуваат дека пандемиските вак-цини се исто толку безбедни кол-ку и вакцините против сезонскиот грип. Не делуваат штетно на бреме-носта, фертилноста, развојот на ем-брионот или фетусот, породувањето или поснаталниот развој. Во ми-натите денови се изнаслушавме различни дезинформации и тоа најчесто од нестручни лица, што кај широката популација предизви-ка конфузија. Бидејќи ситуацијата не е секојдневна, најдобро е да се изврши консултација со матични-от лекар, кој треба да Ви помогне во донесувањето на вакви одлуки. Јас лично се вакцинирав не поради препорака од Министерот туку по-ради фактот дека е подобро да се спречи отколку да се лекува. Забележаните несакани ефекти се слични на тие кои се присутни кај вакцините против сезонскиот грип. Најчести реакции се болка на место-то на апликацијата или треска.Тиомексалот кој вообичаено се ко-ристи во вакцините како средство

за чување (конзерванс) за да се пре-венира загадувањето на вакцина-та со бактериска инфекцуја во текот на нивната употреба. Тиомексалот не содржи метил жива - состојка со токсични ефекти по здравјето на луѓето, туку содржи различна фор-ма на жива (етил жива) , кој не се акумулира , се метаболизира и од-странува од телото многу побрзо отколку метил живата . Нема нао-ди од студиите за токсичноста кај новороденчињата, децата и возрас-ните, вклучувајќи ги и бремените жени, кои се изложени на тиомек-сал во тек на вакцинацијата.

Стручњаци и доктори од земји како што се Англија и Австралија велат дека кај нив овој тип на грип не е ништо друго туку сезонски грип и велат дека кај нас се крева без по-требна фама . Станува ли збор за бизнис и начин да се продадат ис-порачаните вакцини? Колку е ефи-касен лекот тамифлу. Појава на пандемиски грип со сите негативни последици врз здравјето на луѓето е реалност која се јавува при појава на нова варијанта на ви-русот на инфлуенца на кој значајна популација е не имуно население.Почнувајќи од 16 век, во просек на-стануваат по три пандемии на секои 100 години, во интервали од 10 до 50 години (за 400 години – 11 пан-демии) .Во ХХ век се случиле три пандемии на грип: • 1918г.предизвиканаA(H1N1) т. н. Шпанска треска; • 1957г.типA(H2N2)т.н.Азиски грип и • 1968г.пандемијапреди-звикана од A(H3N2) т. н. Хонгкон-гшки грип.

Користењето на антивирални-те лекови како Oseltamivir (бренд име Tamiflu) и Zanamivir(бренд име Relenza) може да ја ублажи клиничката слика и да го забрза излекувањето и опоравувањето. Тие може да ја превенираат и појавата на сериозни компликации. Најдобро е со терапијата да се за-почне веднаш по појавата на бо-леста (во тек на првите два денa по појавата на симптомите).Огромниот број на заболени и хо-спитализирани лица како и значи-телниот број на починати не ни дава за право да го деградираме про-блемот во рамки на без потреб-на фама. За мене проблемот по-стои и мора да се реши, а најдобро е доколку со превенција не дозво-лиме да ескалира. Најефикасен, наједноставен и најекономичен начин на спречување на нејзино ширење e со имунизација.

Точно ли е дека оваа болест најголема експанзија ќе има за вре-ме на новогодишните празници? Се очекува опаѓање на темпера-турата , како и зголемениот број на меѓусебните контакти за вре-ме новогодишните празници што најверојатно ќе резултира со по-голема експанзија на грипот. Виру-сот на температура од 0 0C во воде-на средина , може да опстане и до еден месец. На крај им ја честитам Нова-та 2010 година на сите читатели на Охридските Новини,им посаку-вам многу среќа и радост, а пред се повеќе грижа за сопственото здравје.

тимот лекари во епидемиолошкото од-деление при ЗЗЗ-Охрид, задолжен за вакцинирање против новиот грип

Актуелно

Page 26: АМАК ПРЕС 117

26

Прашање: Имам 33 години. На лицето и нозете особено на бутините последниве неколку години ми се направени голем број капилари и тоа ми претставува голем естетски проблем. Ме интересира дали оваа појава е само естетски или претставува и здравствен проблем и што треба да превземам за нивно излекување?

Одговор: Капиларните мрежи на лицето и нозете се естетски и здравствен проблем на многу жени. Капиларите се најситните крвни садови кои имаат важна улога во исхраната и снабдувањето со кислород на ткивата. Доколку се појави нивно проширување на нозете тоа е знак дека постои пореметување на крвната циркулација на долните екстремитети и значи потврда дека тие самите изгубиле дел од својата функционалност. Особено се осетливи вените на нозете затоа што тие се оние кои се први изложени на не-гативните влијанија.Значи кога женските нозе од препоните до стапалата се “изшарени“ со мрежа од црвеникави, плави и пурпурни капилари , тогаш тоа не е само естетски проблем, иако многу жени појавата ја сметаат само како непријател на добриот изглед на нивните нозе осо-бено во топлите месеци кога нозете се разголени.Причините за појава на проширени капилари се повеќе од кои најважни се:-генетска предиспозиција која е прва и најважна причина за појавата на проширени капилари. Се работи за вродена слабост на ен-дотелот на крвните садови со што се зголемува нивната пропусливост и прскање на нивниот ѕид

- втор фактор е телесната градба. При зголемена телесна маса доаѓа до зголемување и на крвниот притисок а тој секогаш ја компромитира венската циркулација- од физиолошки фактори се потенцира хиперестротенизмот во време на бременост. Тогаш заради зголемување на венскиот капацитет и хормонски усло-вената зголеменост на еластичноста на крвниот сад доаѓа до појава на проширени капилари. Ова може да се случи дури и кај трудници кои порано го не-мале овој проблем. Земањето контрацепција би спаѓала во овој фактор.-сепак како фактор на ризик никако не смеат да се занемарат трендовите на современиот начин на живот како: пушење, неправилна исхрана,слабо движење, стрес, модните трендови како:високи потпетици, тесни фармерки исл.Во лекувањето на проширените капилари треба да се земат како прво сите претходно посочени фактори, кои можат да се отстранат во секојдневното живеење а алтернативни методи се:1.електрокоагулација , погодна е за проширени капилари од мал калибар локализирани на лицето,spider- nevusi. Методот е успешен, не остава ошилци и други пигментации, е безопасен, без никакви контраиндикации.2. склерозација е метода која се употребува кај венули од поголем калибар, претежно локализирани на нозете, безопасна е со одредени ограничувања.3.lasero техника ,исто така е ограничена само на ефикасност на проширени капилари и венули кои имаат јасна црвена боја. Употребата на оваа метода е ограничена4. метода со радио бранови , ограничена ефикасност, безопасна, се употребува кај сите видови проширени венули и капилари на нозете.

Капиларите се естетски и здравствен проблем

примариус д-р.Виолета Павлоскаспец. дерматовене-ролог

спец.д-р. Анче Киселиноваочен лекар

Прашање: Носам очила со поголем диоптер, и од естетски причини наместо нив сакам да носам леќи. Ве молам објаснете ми, дали е “ризична“оваа промена, дали е можна појава на инфекции...или други такви појави

Одговор: Идејата за контактни леќи потекнува од Леонардо да Винчи во 1508 год. Но нивна практична примена настанува по 300 год. Денес нивната употреба е многу голема и зависи од видот на контактната леќа и индикациите заради кои се препишува. Контактната леќа е тенка и лесна , изработена од посебен пластичен материјал и се поставува на рожница . Од рожницата ја дели слој од солзи. Тој е битен затоа што рожницата нема крвни садови и дише ( разменува материи) преку тенкиот слој солзи меѓу рожницата и леќата. Зависно од материјалот од кои се изработени има три врсти контактни леќи : - Тврди - Полу тврди - Меки Според нивната функција : - Корективни - Козметички и - Терапевтски Контактните леќи имаат различен рок на траење: дневни,месечни тримесечни,шест месечни, годишни и две годишни. Со корективните контактни леќи се решаваат :Миопиа (кратковидост),Хиперметропиа (далеку видост) и Астигматизам. Причини за нивно носење; - Медицински - видна острина може да се постигне со контактни леќи заради посебни состојби на рожницата, голема раз-лика во диоптријата во двете очи. - Естетски - кај пациенти кои не сакаат да носат очила, спортисти и други професии кај кои не е можно да се носат очила. - Тераписки - кај болести на рожницата на окото.

Предноста на носење контактни леќи е тоа што се добива добра видна острина комодитет и широко видно поле. Контактните леќи треба добро да се чуваат и одржуваат бидејќи тие се во директен контакт со окото и при неправилно одржување можат да настанат инфекции ,коњуктивити, промени на епителот на рожницата,поплитки и подлабоки ранички и “црвено око”

Се е навика, па така и носењето леќи

ЛокалЛокалПрашање-одговор

Page 27: АМАК ПРЕС 117

27

Прашање: По породувањето со мојот син ми се појавија испуштени вени. Од тогаш редовно користам кремови со кои настојувам колку толку да ја ублажам ситуацијата но ефектите се попусти. Во моментов сум по втор пат бремена и страхувам од помислата дека уште повеќе ќе имам испуштени вени. Зошто се појавуваат тие и како да ги излекувам ис-тите ?

Одговор: Испуштени вени или варикозни вени или проширени вени е име кое опишува зголемени, извијугани плави вени кои се јавуваат во текот на бременоста кај многу жени. Најчесто се јавуваат на потколениците или по целата должина од внатрешната

страна на нозете, но исто така можат да се појават и околу анусот (како хемороиди или јамасол) или околу вулвата.Испуштените вени се јавуваат поради фактот што во текот на бременоста растечката матка заедно со бебето предизвикува-ат зголемен притисок во мрежата на крвни садови во долната половина на телото,особено во долната вена кава која е главни-от носител на крв од долниот дел на телото кон срцето. Зголемениот притисок предизвикува забавување на циркулацијата на крвта што комбинирано со фактот дека во бременоста постои и зголемување на вкупниот волумен на крв во телото резултира со насобирање на крв и набрекнување на вените во долниот дел од телото.

За појава на испуштени вени во бременоста придонесува и зголеменото ниво на хормонот прогестерон во крвта. Тој предизвикува олабавување на ѕидот на вените и негово истенчување што пак комбинирано со зголемениот притисок резултира во нивно набрекнување. Испуштените вени обично имаат тенденција да се влошат со напредување на бременоста бидејќи притисокот од страна на матката и бебето продолжува да се зголемува. Симптомите на испуштени вени се појава на зголемени плави, извијугани поткожни вени, чувство на тежина во нозете, отечени нозе, чешање околу ве-ните и тапа или прободна болка во нозете. Дали ќе добиете испуштени вени зависи од фамилијарната историја, од постоење на прекумерна тежина, од носење на големо бебе како и од бројот на плодови. Испуштените вени не можат во потполност да се спречат но можат да се превземаат некои чекори за олеснување на нивните тегоби, тоа се: одржување на здрава телесна тежина односно намалување на прекумерната тежина, редовни вежби за подобрување на циркулацијата, јадење на здрава храна со доста зеленчук, овошје и житарици, пиење 8 чаши вода на ден, носење на еластични чорапи кои обично треба да се стават наутро пред станување од кревет, секој ден да се одвои малку време нозете да се одморат со подигнување на столица, да се избегнуваат долги периоди на стоење на нозе, да се избегнува седење со прекрстени нозе, да се избегнува носење на високи штикли како и тесна облека околу нозете, колковите или стомакот.Како се лекуваат испуштените вени? Кај повеќето жени тие полека потполно се повлекуваат после раѓањето. Меѓутоа тие повторно ќе се појават и ќе се влошат во наредната бременост. Но повторно пак ќе се повлечат после неколку месеци од раѓањето. Ако испуштените вени предизвикуваат значителна непријатност тогаш се препишуваат еластични чорапи кои треба да се носат за цело време на бременоста бидејќи на тој начин се спречува или намалува нивната појава. Ако испуштените вени не се повлечат после раѓањето и ако тие предизвикуваат непријатност може се направи корективен хируршки за-фат. Меѓутоа бидејќи тие можат повторно да се појават во наредната бременост најдобро е хируршкиот зафат да се направи кога е завршена фамилијата односно кога не се планираат наредни бремености. Дали се проширените вени штетни? Во најголем број случаи проширените вени предизвикуваат само непријатност и не се знак за посериозна болест. По-ради тоа тие не се загрижувачки. Но ако нозете, зглобовите или стапалата постанат многу отечени или болни или ако забележите болни отоци покрај ис-пуштените вени или ако кожата околу нив почне да крвави потребно е да се јавите на доктор за совет.

Водењето здрав живот е лек за испуштени вени

спец. д-р. Иво Захари-евскигинеколог

Прашање :Забележав дека при четкање на забите ми крвават непцата. Што е тоа?

Одговор: Резултатите од многу истражувања укажуваат на постоење на силна врска меѓу нивото на оралната хигиена и појавата на воспаление на непцето (гингивитисот).Заболувањето на непцето најчесто го предизвикуваат бактерии и нивните токсични продукти што се наоѓаат во безбојна, леплива наслага која постојано се создава на забите т.н. дентален плак (забна наслага)кој понатака се претвора во забен камен.Денталниот плак е одговорен за двете најчести орални заболувања, забниот кариес и воспалението на непцето што е застапен уште од најрана возраст. При појавата на воспаление на непцето се јавуваат промени на бојата и конзистенцијата на гингивата. Таа се зацрвенува , станува отечена и со сунѓереста конзистенција. Многу често, дури и при нежен допир на гингивата и при четкање на забите таа крвави. Ра-ниот стадиум на гингивитот е реверзибилен и неговото излекување е релативно лесно и дава добри резултати. Треба да се спрове-де ефикасна секојдневна, индивидуална, орална хигиена , со добро избрана четка и паста за воспалени непца, но и употреба на за-бен конец кој ќе ги исчисти и просторите меѓу забите каде останува постојано храна.Но, ако гингивитот не се лекува тој може да се развие во пародонтална болест (пародонтопатија )каде се оштетува ткивото кое го држи забот а и коската.Тогаш се забележуваат следните знаци: црвени отечени непца, крвавење, лош здив, повлекување на непцата, разделување на заби-те и во понапреднат стадиум доаѓа до клатење на забите.Пародонталната болест се лекува доколку не преминала во напреден стадиум. Значи превентивно, за да се спречи појавата на вос-паление на непцата се почнува со едукација од најрана возраст.Со редовна орална хигиена(минимум два пати на ден), со правилна техника на четкање на забите горе- долу со мали кругови по 3 минути, при што се зафаќа и непцето,четкање на јазикот по 20 секунди, употреба на забен конец и употреба на антиплак раствор за плакнење на устата . На крај редовна посета кај стоматолог кој ќе ги отстрани наслагите и забниот камен и ќе го испира непцето.

Состојбата на оралното здравје –огледало на личноста

д-р. Вера Наумовскаспец. по дет-ска и превентивна стоматологија

ЛокалЛокалПрашање-одговор

Page 28: АМАК ПРЕС 117

28

пишува Антонио Ристески

Навистина не знам од каде да почнам бидејќи се уште сум под впечатоци под “синдромот на” преубава-

та Куба! Од патувањето се вратив пред неколку дена. Она што очи-те го видоа таму и сетилата за слух го слушнаа не може да се долови со зборови, но сепак ќе се обидам... Решив оваа зима да одам на не-вообичаено и несекојдневно

патување и уплатив летување на Куба, точно 4 ноќи во Хавана и 10 ноќи во Варадер во траење од 14 дена и 2 два дена патување преку Контики од Белград! Летав од белградскиот аеродром до парискиот Шарл де Гол а од тука до аеродромот во Хавана. Цели девет часа летање во воздух но чувството е преубаво. Кога авионот ја допре пистата во Хавана се израдував, и си реков себе си. Еве конечно стигнавме .На

аеродромот брзо ги минавме сите контроли. Аеродромските служ-беници ме прашуваа од каде сум и кога им велев од Македонија, ме гледаа чудно,не знаеја каде е ,дури малку знаат и за Србија, па морав да им речам Југославија а тогаш се насмевнуваа .Кога излегов од авионот , воздухот беше толку те-жок, ужас,....добиваш топлотен удар. Влажноста во атмосферата е око-лу 98% а и температурата е висока. За нас дојденци- туристи воздухот е

тежок за дишење,а за срцето само моментен сок по кој белите дро-бови се привикнуваа и јас зачеко-рувам на преубавото тло на КУБА! Хола Куба!Кога стигнавме до Хотелот Occidental Miramar o La Habana 4**** по наше време беше околу 23 но по нивно 6 часа поназад па ,така ги доловувавме последните момен-ти од истиот ден. Легнуваш да спи-еш и се будиш се во 4-5 часот нау-тро. Потребни ти се 2-3 дена да се навикнеш на променитеПрвиот ден значеше и проме-на на понесените со нивни валу-ти. Кубанците имаат две врсти пари,Кубански песо и Конверти-билни Песо или cuc. 1 cuc= 24 нив-ни песоса. По реализирањето на овие формалности човек ужива во разгледувањето и прошетките првиот ден во Хавана. На почето-кот нашиот водич ни раскажа дека Фидел Кастро увезол око 8 000 исти автобуси од кинеско производство YUTONG (комунистите се држат во бизнисот) .Имено на Куби има една голема транспортна компанија нор-мално во државна сопственост која се вика “Transtur“ и една туристичка монополистичка агенција“ Kubatur“. Просечната плата се движи од 30-60 долара месечно,значи генерал или министер земаaт по 60 долара што е смешно. Иако Куба е сиромашна земја има и многу богати луѓе иако нивниот број е доста мал. Во Хава-на или како што ја викаат Кубанци-те Хабана, постои резиденциjален дел кој се вика Miramar. Во тој дел има неколку видови автомоби-ли, останати од Американска доба. Значи, lada Dodge,Buick,Shevrolet,Kadilak......Една прошетка со Кadilak

Куба –земја со многу контрасти

Репортажа

Page 29: АМАК ПРЕС 117

29

Репортажа

ќе ве кошта околу 15 cuc,а ако земе-те lada ќе заштедите 5 или 7 Cuc. Це-ната ја определува вредноста на из-браниот автомобил а не бројот на патници кои ќе се превезуваат. Про-шетката со автомобилот трае око-лу 15 минути. Сите тие олтајмери се приказна за себе. Кубанците не набавуваат делови за автомобили-те од Америка туку импровизира-ат или прават нови а како не знам!? Како држава Куба е голем извозник на никел така што автомобилите сјаат со своите хромирани делови. Некои од нив изгледаат како сега да излегле од фабрика. Кога шета-те чувствувате како да сте во некој филм од 50-те години. Луѓето ужи-ваат возејќи се во автомобилите со отворени прозорци и раце из-вадени надвор, но без гласна тур-бо –фолк музика како кај нас!Тие ав-томобили се синоним за Куба ги има секаде, како што кај нас пред 10 години се возеа “Застави“.На Куба Православни христијани има малку ,мнозинството се Като-лици а има и Санaтеисти но не мно-гу. Препознатливи се посебно жени-те кои често ги сретнувате по ули-ца облечени во бели фустани слич-ни на венчаниците што невестите ги носат на нашите свадби.Го посетивме хотелот “Riviera“ каде Естер Вилијамс ја оди-грала својата претстава “Бал на вода”, квартовите Vedado и Paseo,Универзитетот,плоштадот на оружјето, хотелот “Santa Isabel “, ка-тедрала, Музејот на револуцијата, Мemorijal Granama, Музејот на уба-вите уметности, зградата Bacardi,и неколку знаменитости.Преубаво е чувството да го дегусти-раш нивниот рум во најпознатата

фабрика за овој вид пијалак и да се запознаеш со начинот на него-вата изработка. Ви ги препорачувам Havan Kluba и Legendario рум, овие два производи се точат во бочви стари над 50 години. Тврдината Moro, Плоштадот на оружјето, хотел Santa Isabel, кате-дралата, Музеј на револуцијата, Memorijal Granama, Музејот на уба-вите уметности, зградата Bacardi која е одземена од Американци-те, Централниот плоштад со спо-меникот на Хосе Марти и ликот на легендарниот Шхе Гевара,Kapitol, Paseo Мarti познат како Prado, хо-телот“ Nacional“,Плоштадот Фрањо Асиског, улица “Оfisios“, стариот Плоштад ,хотелите Rakel и Ambos Мundos, Министерството за фи-нансии, се места што задолжително мора да се посетат во Куба. Тука е и кафе бар “Floridita” каде Хемингвеј пиел Daikiri,а и ние пробавме од него и навистина беше одличен во комбинација со кубанска музика. Во престолнината Хавани, живе-ат преку два милиони жители. Ста-риот дел од градот,Ла Хавана Виеја од 1982 е под заштита на УНЕСКО. Овој дел од градот изобилува со фе-номенална колонијална архитекту-ра. По неговите улички “врие“од ту-ристи а ако скршнете лево или дес-но веднаш ве очекува потполна промена .Се е изронето и старо. Ку-банците живеат во мизерии усло-ви но сепак се среќни. Да бидам по-прецизен ќе кажам дека тие живе-ат во мали станови од 30-40-50 м2 у без прозорци наместо нив имаат дрвени ролетни и железни шип-ки. Мештаните најчесто седат пред вратите и потпрени на столови-те за нишање уживаат во вкусот на

прочуените кубански пури и цига-ри или само љубопитно ги анализи-раат минувачите. Замислете зема-ат плата од само 30-на $.?? На без-домниците државата им дава стан на користење,тако што станбено-то прашање е решено. Луѓето од државата добиваат бонови за на-бавка на брашно, масло, шеќер и други прехранбени произво-ди. Токму поради ваквата држав-на политика и покрај нискиот живо-тен стандард и ниски плати глад-ни луѓе во Куба нема. Живот на Ку-банците е опуштен,никој не брза некаде,нема расправии,се е смире-но без стресови . “Нема работа,па што ако нема, важно има храна и стан“ , на ваков начин размислуваат мнозинството Кубанци.

Луѓето се предобри, релаксира-ни, љубезни,учтиви,пријатни, да можат и срцето би го подариле. Неверојатно но вистинито, тие жи-веат скромно а многу се среќни и задоволни. На вакви патувања дале-ку од сопствената земја ние може-ме да добиеме претстава за себе си. Како народ ние сме ненаситни и не-задоволни од се. По малку сме и за-висливи иако во однос на нив има-ме и премногу!Тамошните куќи се многу мали , без кровови. Место нив има плочи на горниот дел. Ако куќата има кров, сопственикот плаќа порез за него!Сите вработени се униформира-ни во одела на кои има најразлични бои интересни за очи! Во центарот на градот има многу туристи а има Кубанци кои наместо со просење заработуваат на друг начин. Име-но, ти приоѓаат девојки облечени во

фустани со весели бои па доколку сакаш со нив да се фотографираш ќе платиш 1 Cuc. Не само девојки ви приоѓаат и уметници кои ви пра-ват карикатура и ви ја подаруваат но во исто време не се “одлепуваат“ од вас дури за возврат не добијат 1 Cuc. Старци со пури исто така пред некој ресторан пеат и свират а на-мерата им е иста, скромна заработ-ка..Секој гледа да заработи по не-што но не со просење..Во продавниците нивните пури држат цена и се скапи за наш стан-дард. Купени “под рака“ исти-те ќе ги имате за само 25 Cuc, збо-рувам за пурите Мonte Кristo а 35-40 Cuc чинат пурите Havana Еsplendidos. Другите или кратки пури во продавниците имаат цена од 430 Cuc за цела кутија. Лес-но е да се дојде до луѓето кои на “црно“ продаваат пури, тие сами ти приоѓаат. Некои од нив продава-ат и фалш пури, направени од ли-стови од банани .Хавана е един-ство на големи контрасти. Ако се најдете на Куба,преземајте иницијатива,приоѓајте им на Кубан-ците. Ако сакате да осетите како ви-стина живеат тие, “шпартајте“ низ улиците во самиот центар на гра-дот. Кубанците практично живе-ат на улица. Вратите и прозорци-те од нивните домови, продавни-ци ,училишта и влезовите се широ-ко се отворени, претставуваат еден вид излози за промовирање. Мо-жеби ние туристите на тој начин најдобро ја доловуваме реалноста за секојдневието. Зградите и куќите се со изронети фасади, постои улич-но шаренило. По продавници-те во главно се продава едно голе-мо “ништо“на полиците има 10-ина

Page 30: АМАК ПРЕС 117

30

производи. Во месарниците месото е изложено на рафтовите никако во фрижидер или ладилник. Велат дека тоа месо може да стои на отворено 3-4 дена без да се расипе поради го-лемата влага во воздухот.Пред да стигнете во градот Вара-дер наминете во ресторанот “La Terraza”во Кохимар, каде Хемингвеј ручал со Кастро а потоа посетете го хемингвеевиот имотот “La Vigia”. Имотот е огромен распространет на 1000 м2 со бујна вегетација а во средишниот дел се наоѓа негова-та куќа денес претворена во музеј . Во куќата е забрането да се влегува внатре. Таа се посматра од надвор. Преку отворените прозорци може-те да забележите дека мебелот е не-променет, секој украс, филџан, пе-пелник се e на местото каде ги ста-вил големиот писател пред да по-чине. Значи и пенкалото со кое тој пишувал е во онаа положба во која тој го оставил. И отворената боца со рум си седи така до ден денес. Куќната библиотека е многу голе-ма а машината за пишување е по-ставена на доста високо невообича-ено место за да можеш во седечка положба да пишуваш на неа. Име-но Хемингвеј намерно ја имал по-ставено така. Сакал кога ќе добие инспирација веднаш да оди и да ја реализира во форма на текст. Пи-шувал стоејќи простум на нозе. Хемингвеј се оженил четири пати. Во близина на неговата се наоѓа куќата за мачки. По краткото одење низ патеката обрасната со убави дрвја и зеленило се наоѓа огромен базен со вода. Тука како експонат е изложен и бродот што го управувал неговиот пријател Грегорио Фуен-тес. За жал овој морнар бил со сла-

бо пси-хичко здравје и се самоубил . Куба е дефинитивно земја на кон-трасти, премногу сиромашни и ми-зерни квартови од една и богати кои се помалку бројни но навистина луксузни од друга страна.Хотелот во кој бевме сместени е пример за раскош и убавина“ и е еден од синџирот шпански хоте-ли “BARCELO SOLUMAR“. Хотелски-те соби се убави и големи. И едно креветните соби се со дупли лежаи , фрижидерот е постојано полн со пијалаци а хигиената е на највисоко ниво. Предворјето на хотелот е огромно со убаво средено зеленило и два базени, длабок и плиток од 60 см до 1,50м длабочина. Глетката ја разубавуваат палми ,кокосови, оре-ови дрвја и цветови од хибискус во различни бои и многу билки. Ве-лат дека на Куба растат околу 3 500 врсти билки а 35% од нив можат да опстанат само во таа земја и на ни-едно друго место.Хотелот е огромен и ако сакаш це-лиот да го прошеташ се препорачу-ва тоа да го направиш со водич. Во него има се, базени, простории за деца и играње, сауни, џакузи, фит-нес центри, италијански ресторан , “Sea Food“, Кубански и стандарден.... Изборот е ваш а за храната нема да потрошите речиси ништо. Бармени-те се љубезни, насмевнати луѓе се-когаш расположени за муабетење и фотографирање. Од нив никогаш нема да ги чуете зборовите “почекај малку ” или “не можам сега”.Бар има и на плажа и таму се пие до бескрај!Убавината на плажите не може да се долови со зборови таа може само да се доживее. Преубаво, синило, зеленило,многу ситен бел криста-

лен песок,убави лежалки во сина боја и чадори за заштита од сон-це направени од палмови листови. На плажа не ти се потребни пари освен ако сакаш да си купиш нека-ков сувенир .А водата!Ех таа не се заборава,океанската е толку топла што немаш волја да излезеш од неа а и надвор те чека истата таа жеш-тина. Уживаш во водата во која нема гужва а и не стравуваш од помис-лата дека некој ќе те удри со лопка по глава или ќе те испрска. Плажи-те се плитки и ти е потребно повеќе време додека стигнеш во длабоко, но сепак чувството е преубаво. Че-сти посетители на плажите се ани-маторите кои неколку часа ве заба-вуваат и засмеваат а се игра одбојка и гимнастика на песок и гимна-стика во вода. Храната и начинот на служењето се приказни сами за себе. Служењето е од типот на шведски стол со 40 -50 типови хра-на секој ден во огромни количини. За вкусот на колачите,сладоледите, овошните јогурти и салати не тре-ба да се зборува. Тие се најубавото и највкусното нешто на свет, ги има во различни врсти и очите не можат да ги догледаат..По хотелските холови се продава-ат сувенири ,а има и фризерски са-лон и разновидни продавници во кои цените се “културни “,значи приближно на наше ниво па дури и повисоки. На пр. Еден приврзок за клучеви чини 2 cuc што е нешто повеќе од 1.5 евро!Својата омра-за кон Америка Кубанците ја из-разуваат отворено. Ако размену-вате долари ви земаат поголема провизија. Тие дури нашле замена за американската со адекватна ку-банска пица. Наместо Кока Кола ви-

каат - Ну Кола а за Фанта - naranja.Ако се најдете на Куба одете на излет во “Три Града” Santa Klara“, Trinidad и Sienfuegos. Во црквата “Santa Klara“ е закопан прочуени-от “ШХЕ ГЕВА-РА” во близина на неговиот мавзолеј се наоѓа возот кој е симбол на пропаста на злогласните Бати-сти. “Тrinidad“ е преубаво место во кое имаш чувство дека ги живееш годините на 18-от век. Се е мирно и примитивно. Се возат кочии без ни една развиена индустриска гранка. Тотална сиромаштија. Таму жители-те се “лепат“ за туристите и бараат помош онака како што Африканци-те молат на документарните филмо-ви. И покрај сиромаштијата плошта-дот во Trinidad е преубав . Музејот на Романтиката е фасцинантен со се она што внатре може да се види. Не е чудо да видите убиен човек на улица ладно крвно оставен од убие-цот со цел сите да ја гледаат жртва-та. На Крибската страна од остро-вот се наоѓа градот “Sienfuegos“ ,преубав приморски град, бисер на кубанската архитектура во кој по-себно се истакнува палатата “Del Valle“, што е успешна комбинација од византиско –венецијанско –ма-варска архитектура. На главниот

Антонио во по-сета на Куба

Репортажа

Page 31: АМАК ПРЕС 117

31

плоштад се наоѓа и дру-га триумфал-на капија од Куба, про-чуениот те-атар на Тоmas Тerry во кој има-ат настапу-вано Ен-рико Ка-рузо и Сара Бер-нар.

Со џип сафари можеш да ги шеташ Кубанските савани,да одиш на излет во етно паркот “Guama“ каде има кроко-дили но можеш за ручек да го вку-сиш нивното месо а не смее да се изостави музејот во Cardenas. Доживување е да се плови на ка-тамаран. Се плови неколку часа,се застанува на некој корален гребен и со добиената маска за пливање откако ќе се нурнете под вода ги гледате рибите, коралите и други-от подводен свет. Пловидбата про-должува до Kayo Blanco,преубаво тропско острово со преубави пе-сочни плажи. Водата за капење е во тиркизно жолта боја и топла чиниш се наоѓаш во Спа Центар. По крат-ка пловидба ќе наидете на голем ре-зерват со делфини, чувството да се биде во вода со овие суштества е преубаво. Доволно е да ги слуша-те упатствата на тренерите како да се однесувате со овие мили живот-ни и се ќе биде во ред. Тие сами ве милуваат и играат со вас. Тој допир со делфините нема да го заборавите никогаш во животот.

Ноќниот живот е постојан секоја ноќ без паузи. Дискотеките се пре-полни а по хотелите најчести за-бавувачи се аниматори. Влезните билети за дискотеките чинат око-лу 10 cuc не вклучувајќи ја цената на пијалаците кои ноќта ќе ги кон-сумирате. По дискотеките обично се пушта шпанска музика најмногу салса,маренге,cha-cha-cha а во по-доцнежните часови и R 'n' B и по не-

колку интернационални хитови. Во глобала музиката е шпанска. Сите се веселат и играат, во дискотеките не можеш да најдеш нерасположен човек. Кубанките се закон кога ќе се разиграат не можеш да им го сле-диш чекорот, вистинско лудило. Во градот Варадер има 50-ина хо-тели со различни стандарди. Докол-ку посакаш како странец да изгра-диш хотел мора на државата да и отстапиш 51% од хотелот. Тогаш ку-банската Влада остварениот профит го инвестира во развојот на туриз-мот и во други општествени секто-

ри. Странец не може да купи куќа во Куба, тоа законски не е дозво-лено. Инаку една куќа чини око-лу 10.ооо долара!Влезот во Варде-ро е обезбеден. Не може секој да влезе посебно не секој Кубанец. Не-кои велат дека забраната е намерна, со цел сиромашниот народ да не види како странците живеат.За восхит е и уште еден закон . име-но на автопатите има службени-

ци облечени во жолти униформи кои им помагаат на патниците око-лу превозот. Значи на Куба најмногу се патува со автостоп, службени-ците во жолти униформи ви пома-гаат околу изборот на превозното средство. Доколку во автомобилот кој се движи во правец по кој вие сте тргнале има место и за вас, шо-ферот е должен да ве превезе бес-платно.За оние кои не знаат, Куба веќе 49 година е под санкции од Аме-рика, 124 земји гласале да се уки-нат санкциите во Куба затоа што

тие противречат на сите човеко-ви права. Само Америка била про-тив укинувањето и нормално санк-циите останале затоа што Амери-ка е закон! Тамошните пазари се препол-ни со сувенири кои се преубави и најситните детали на нив се рачно изработени. Се продаваат шапки, шешири со специфичен дизајн ка-рактеристичен на нивната локална

култура. Од Куба не заборавајте да понесете со себе маслени платна кои се навистина евтини. За околу 25-40евра може да се купи плат-но во поголеми размери кое кај нас би чинело околу 250-400еура..Кубанците се добри услужливи луѓе кои се презадоволни ако им оставиш бакшиш од 1 или 2 пе-соси. Инаку Флорида им е дале-ку само 180 км, па често храбрите мештани со пливање или пловење со чамец успеваат да пребегаат во Америка.... Најверојатно пишувајќи го овој текст заслепен од мноштвото уба-вини сум заборавил да спомнам дел од нив. Спомените од Куба

вечно ќе живеат во моите мисли а кога ќе избледнат сеќавањата ќе оживеат гледајќи ги 400-оте фото-графии и бројните сувенири кои ги понесов од Куба. Значи рај постои на земјата,зависно кој како го сфа-тил. Можеби Куба не е рај во бук-вална смисла на зборот но е блиску до тоа.

ВИВА КУБА! КУБА ЛИБРЕ!

Репортажа

Page 32: АМАК ПРЕС 117

Двата вида пастрмка, Охридската пастрмка и белвицата се ендемични видови риби кои се насе-

лиле во водите на Охридското Езе-ро од неговото настанување пред неколку милиони години. Според научните истражувања познато е дека овие риби се предци на одре-дени други пастрмки и тука пред се се истакнува Охридската белви-ца. Таа се смета за предок на многу видови пастрмки но тоа е се уште во фаза на докажување бидејќи се-когаш кај пастрмката постојат раз-лични моменти. Во првите научни истражувања ( кои се први евиден-тирани научни записи) направени во 1892 година, австриските зооло-зи утврдиле дека покрај богатиот жив ендемичен свет: полжавчиња, црви и други, има и ендемични ви-дови риба. Во тоа време белвицата била опишана како една од нај ен-демичните риби.....Охридската пастрмка и белвица се единствените видови риба кои жи-веат само во Охридското Езеро и на ниедно друго место. Иако се праве-ни обиди тие да заживеат и во дру-ги слатки води намерите биле по-пусти. Опстојувањето на овие риби во Охридското Езеро е резул-тат на микро -климатските усло-ви за живот .Кружната струја- Ко-риолис која струи во правец об-

ратен од движењето на стрелки-те од часовникот перманентно е присутна почнувајќи од Струга до Охрид. Во текот на постоењето на Охридското Езеро во еден долг

континуитет,константни услови за живот, географски изолации и т.н., населувајќи се во езерото пас-трмката и белвицата нашле нов дом во кој почнале органски да еволу-ираат односно да се развиваат во

други под видови. Така од пастрмка-та денес се познати четири видови а такво нешто наскоро ќе се докаже и за белвицата. Спецификите кај сите пастрмки се

многу блиски. Често разликите меѓу нив мора да се утврдуваат и дока-жуваат на генетско односно моле-куларно ниво. Овој балкански про-стор е познат по тоа што во те-кот на сите оро генетски промени

кои што настанувале потонување и издигнување на земјиштето се вос-поставувале врски помеѓу водо-теци кои сега не постојат и затоа е многу тешко да се зборува особе-но за разликите меѓу пастрмките и по што е препознатлива Охридска-та пастрмка од останатите. Ако на лаик му се покаже фотографија со неколку видови пастрмка тој теш-ко дека ќе ја препознае охридската и најверојатно ќе каже дека сите се исти. Тоа не е случај со белвицата. Таа воопшто не личи на ниеден друг вид риба.Од 2004 година има потполна за-брана на лов на пастрмката од наша страна. Но и покрај забраната за лов оваа риба се уште се нуди во некои ресторани, иако сите угостители пред три години се согласија да ја тргнат од менито. И покрај сите на-пори на Хидробиолошкиот Завод да се спречи рибократството од маке-донска страна, намерите не се реа-лизираа во целост. Од друга страна постои еден проблем што не е ре-шен меѓу Република Македонија и Република Албанија. Имено не е на-правена таа меѓународна спогод-ба за хармонизација на законите за рибарство на Охридското Езеро. Од друга страна пак имаме прилив на пастрмка од албанска страна на на-шиов дел и обратно.....

Охридската пастрмка и белвица -“златните рипки“ што живеат само во Охридското Езеро

Охридска пастрмка

Белвица

32

ЛокалНаша гордост

Page 33: АМАК ПРЕС 117

Од 21 јануари до 21 март се врши вештачки мрест на пастрмката

Со одземањето на концесијата од страна на Владата од дотогашни-от концесионер во 2005 година, беа избрани две овластени инсти-туции од областа на рибарството, Јавната Научна Установа, Хидроби-

олошки завод од Охрид и Јавна На-учна Установа Институт за сточар-ство од Скопје за изведување на вештачкиот мрест на Охридска пас-трмка на Охридското Езеро. Од то-гаш навака во ЈНУ “Хидробиолошки завод во Охрид“ на истиот принцип се изведува вештачкиот мрест на Охридската пастрмка. Со традиција од 1935 година мрестот започну-

ва на 21-ви јануари. Ден пред тоа се поставуваат мрежите од стра-на на професионални рибари анга-жирани од институтот и истите се од трите локалитети:Охридскиот залив, с. Пештани и с. Трпејца. Со поставување на мрежите, динами-ката се одредува од страна на одде-лението за салонидна фауна, прак-тично рибарство и аква култура во институтот. Мрежите се поставуваат на локалитетите кои ќе бидат прет-ходно одредени. Алатот што се ко-ристи и мрежите се маркирани од страна на подрачната единица на

Државниот Инспекторат при Мини-стерството за Земјоделство шумар-ство и водостопанство и маркер од ЈНУ Хидробиолошки завод. Рибари-те се обврзани да го користат само тој алат кој им е даден за користење и кој не смее ниту да недостига ниту да има дополнување со екстра алат. На 21-ви јануари во раните утрин-ски часови тим од пет до осум луѓе на бродот и глисерот сопственост

на Хидробиолошкиот институт и 20 рибари на чамци кои се распоре-дени на трите локалитети учеству-ваат во вештачкиот мрест на пас-трмката. Рибарите во секој чамец се придружувани од еден член од ин-ститутот кој е задолжен да се гри-жи за благосостојбата на рибите до моментот на нивно префрлање на бродот. Наложено им е на риба-рите доколку треба и да се оште-ти риболовниот алат само рибите да останат во што е можно подобра кондиција и здравствена состојба за префрлање, бидејќи истите по

завршување на манипулацијата и самиот процес на молзење за мре-стот се враќаат реанимирани по-вторно во езерото. По префрлањето во бродот, единките се поставува-ат во контејнер со поголема количи-на вода и се оставаат неколку мину-ти до моментот додека сите риби не се собрани од еден локалитет и по-тоа се врши манипулација на исти-те. Значи се префрлаат прво женки-

те во анестезија. “Користиме природен анестетик, масло од каранфилче кое во суш-тина не остава резидуи во ткивата на рибите туку истото се користи за правење колачи и торти. Се кори-сти за исхрана на луѓето ,за разлика од други хемиски анестетици кои до 21-от ден оставаат остатоци во тки-вата на рибите и поради тоа сака-ме да ги избегнеме да не ни бидат нас на совест дека без разлика на тоа што станува збор за криво лом некоја од тие риби може да биде уловена и да заврши во чинијата од

некое дете“, вели помладиот аси-стент истражувач при одделение-то за салмонидна фауна, практично рибарство и аква култура при ЈНУ Хидробиолошки завод од Охрид, Душица Илиќ –Боева.“По една до две минути чување во анестетик со истите риби се манипу-лира. Значи прво се мрестат женки-те и тоа во сув кобел без присуство на вода за да не дојде до затворање

Улов

Маркирање на рибите

Молзење на женска единка

Враќање на адултните единки во езерото помолзење на истите

33

Наша гордост

Page 34: АМАК ПРЕС 117

на самите пори низ кои потоа мо-жат да влезат сперматозоидите и да ја оплодат икрата. По молзењето секоја единка се мери по должина и тежина и се маркира зависно од годината. Секоја година се користи друг маркер за во иднина да може-ме да разликуваме која од рибите што повторно ќе дојде на мрест во која година учествувала во вештач-киот мрест. На тој начин се добиваат подобри податоци од статистика и научни податоци за следење на са-мата популација на пастрмката “, до-дава Илиќ- Боева.По мерењето и маркирањето един-ките се стават во друг контејнер со вода во кој се додава дополнител-но количество кислород за поб-рза реанимација на единките кои се веќе третирани и по извесен пе-риод од неколку минути или по завршување на постапката со сите единки се пуштаат назад сите во езерото.“Сите адултни единки се враќаат на-зад во езерото на километар или два од местото каде што се улове-ни за да им се даде време докол-ку завршиле со самиот мрест, хор-моните да им се смират и да нема-ат потреба повторно да доаѓаат на истите места кои се природни риб-ни ловишта. Таму ги поставуваме мрежите, таму ги ловиме а доколку се уште ги држат хормоните се слу-чува во текот на годината одреде-ни единки да се вратат и по два, три па дури и четири пати но не на ис-тиот локалитет. Често пати на три-те различни локалитети на ловење се уловува една единка која во една година била уловувана дури до че-тири пати. Тоа најчесто се случува со машки единки кои подолго вре-ме се под влијание на хормоните и се враќаат на местото каде се врши мрестењето“.По пуштањето на единките собрана-

та и оплодена икра која се оплоду-ва по сувиот метод на Враски ( така наречен по името на научникот кој го вовел методот) прво се мрестат женките а потоа се молзат машки-те. Се додава вода,се меша икрата во водата за да се овозможи рамно-мерно оплодување бидејќи самиот процес на оплодување трае околу минута или минута и пол. Вишокот на вода со вишокот на спермато-зоидите се излева. Икрата се преф-рла во алуминиумски ѓумови со вода(кои како таков вид амбалажи се користат седум децении) и се но-сат во институтот. До минатата годи-на во употреба биле старите инста-лации произведени во 1935 или поновите од 1954 година. “Во месец мај 2008 година ја комплетиравме внатрешна-та инсталација за инкубација и одгледување на икрата и оваа го-дина прв пат истата ќе биде употре-бена. Ова го спомнувам од аспект што самата манипулација со един-ките, со икрата, одгледувањето, самото учество на човекот е за опоравување и рехабилитација на популацијата на пастрмката. Јасно

ни е дека во што и да учествува човекот во сферата на природа-та има и проблеми. Новата опре-ма помага во намалувањето на са-мото влијание и човечки грешки и намалување на смртноста за вре-ме на целиот процес до самото порибување на езерото. Ако прет-ходните години ( зборувам за се-дум децениски период)смртноста била 5-8 %, минатата година имав-ме 3- 3,5 % смртност. Годинава ис-тиот настојуваме да го намалиме на 1% односно смртноста да биде во промили. Се бориме за секое зрнце икра,од него да добиеме рипче кое ќе го пуштиме во езеро. На тој на-чин и самите ние, со почиста совест ќе кажеме дека процесот е израбо-тен на онаков начин каков што тре-ба“, истакнува Илиќ- Боева.Од поставување на икрата потреб-но е во првите 24 часа да се врши манипулација со икрата. Се отстра-нуваат неоплодените зрнца кои се бели бидејќи е коагулирана белката. После 24 часа па се до 21 ден не е дозволена никаква манипулација со икрата. Нема никакво движење ни чистење на инкубаторите бидејќи

со дополнително движење се зго-лемува смртноста на икрата. По 21 ден кој се нарекува и фаза на очи (затоа што очичките на ларва-та се веќе формирани и се видливи) секојдневно се манипулира со икра-та. Се отстрануваат погинатите икри бидејќи за жал во изворската вода (што ја користиме од Билјанини из-вори , покрај лагодноста што таа ја дава, константна температура од 10,5-11 степени заситена со кисло-род) постои сапролегнија која до-ведува до прилепување – атхезија на овие зрнца икра, прво на нео-плодената или погинатата па око-лу неа да одвлекува и од здравата икра и на тој начин да ја убива. За-тоа се потребни некои третмани со сол или со некои други хемикалии кои се избегнуваат доколку е мож-но, а доколку се неопходни тие се изведуваат. “Процесот се одвива на овој начин до 36-от односно 40-от ден. Зна-чи овој период е доволен ларви-те да се развијат и сами се излупат од лушпата од икрата. Кога ќе се из-лупат самите се уште не рипчиња туку ларви имаат едно торбиче кое го нарекуваме жолточно и кое ќе ги храни во наредните 30-ина дена. При искористување на две третини од тоа жолточно торбиче почнува-ме да ги храниме со вештачка хра-на избалансирана конкретно за овој вид со одреден процент на проте-ини и масти за одреден период на развиток. Овие се првите стартери со најситна гранулација пелетирана како прашинка која лебди на повр-шината на водата во инкубатори-те каде ги додаваме за приучување на надворешна исхрана. Значи жол-тото торбиче на ларвите им слу-жи за внатрешна исхрана а сега веќе ги учиме за надворешна ис-храна која ќе биде вовед кога при порибувањето на езерото ќе бидат

Фаза на излупување Помладок

Нова опрема во халата за одгледување на помладок од охридска пастрмка

34

Наша гордост

Page 35: АМАК ПРЕС 117

во природна средина. Да се хранат со онаа храна која им е омилена а тоа е зоо планктонот “ ,објаснува Илиќ – Боева. Одгледувањето на рипчињата е око-лу 9-10 месеци од оплодување или 6-7 месеци од прихранување и цел-но на есенскиот пик на зоо планкто-нот во езерото кога ќе имаат мак-симум храна а ќе бидат доволно јаки, кондиционо и здравствено за да можат да бегаат од предаторите. Кога ќе бидат пуштени во езерото тенденционо се пуштаат на она ме-сто од каде што била колекциони-рана икрата. Значи малите рипчиња се враќаат на местото каде се улове-ни нивните родители.

Во месец септем-ври езерото ќе биде порибено

со 1 милион и 750 илјади риби

Порибувањето се врши во втора-та половина на месец септември и првата половина на месец октом-ври. Тенденциозно барајќи го пикот на зоо планктонот во езерото за да има најповеќе храна во моментот кога ќе се изврши порибувањето за префрлање од вештачка на при-родна храна. Традиција во Хидро-биолошкиот завод ,е еден ден пред порибувањето да не се дава хра-на на рипчињата со намера тие да бидат доволно гладни и кога ќе би-дат пуштени во езерото самите вед-наш да ги активираат инстинктите за преживување и да ја бараат хра-ната. Бојата на вештачката храна е црвеникава и еднаква со бојата на

езерската храна- зоопланктонот. Тоа овозможува малите риби веднаш да ја најдат храната . Кога ќе бидат пуштени сите единки во езерото, во месец септември порибувањето ќе биде извршено со 1 милион и 750 илјади риби. Бројот на единки вари-ра од година во година и е одреден од метеролошките и материјални услови и секако од техничката под-готвеност на установата која го спроведува порибувањето. Капа-цитетите на мрестилиштето во ЈНУ Хидробиолошки завод- Охрид е за околу 3 милиони икра.“Ние мораме да размислува-ме за биолошката оправданост на вештачкиот мрест. Зависно од ситуацијата на популацијата во езерото. Не сакаме целата популација во езерото да биде по-криена со вештачки мрест туку максимум до 30% проценти од неа. Настојуваме порибувањето да се врши зависно од површина-та на езерото. Значи ако површи-ната е 358 километри квадратни, порибувањето да се спроведе со 100 единки на километар квадра-

тен а тоа значи дека нашата обвр-ска не е е само наша туку и обврска на мрестилиштето “Шум“од Стру-га и албанската страна со оглед на тоа што езерото билатерално е поделено меѓу двете земји. Зна-чи севкупно езерото мора да биде порибено со околу 3- 3,5 милио-ни единки. Најголемиот процент од порибувањето го покриваме ние како институт“, вели Душица Илиќ- Боева од ЈНУ Хидробиолошки завод -Охрид.Целосната финансиска конструкција за вештачкиот мрест и порибувањето е покриена од Ми-нистерството за Земјоделство, шу-марство и водостопанство. Од годи-

на во година паричните средства се зголемуваат.

Био филтер- од-гледувалиште на автохтониот крап и прочистувач на

езерската вода

Наскоро во рамки на ЈНУ Хидро-биолошки завод Охрид ќе отпоч-нат градежни активности за изград-ба на Био филтер. Био филтерот е трета фаза на веќе двете заврше-ни , првата- изградбата на хала, вто-рата- опремување на халата и вна-трешните инсталации. Био -фил-терот ќе биде од лагунарен тип во кој наместо хемиски или технички постројки ќе има постројки од лагу-нарен тип. Во био филтерот ќе биде направено народски речено мало

езерце во кое природно ќе се на-стане вегетација а истото ќе биде користено и за ревитализација на популацијата на крапот. Значи био филтерот ќе се користи како од-гледувалиште на автохтониот крап. На тој начин крапот ќе врши извес-но користење на остатоците храна и изметот од рибите кои во момен-тов заминуваат преку Студенчишки-от канал во езерските води. На овој начин со био филтерот во одреде-на мера ќе се спречи загадувањето

на езерото. Био филтерот прет-ставува дел од ревитализацијата на Студенчишкото блато кое е тенденција на ЈНУ “Хидробиолош-ки завод“-Охрид. Тенденција е био филтерот да биде целосно изграден и пуштен во употреба непосредно пред отпочнувањето на вештачки-от мрест (21 јануари) со цел да нема оптоварување на веќе поставената инкубирана икра во инсталациите.

Пловниот објект на ЈНУ Хи-дробиолошки Завод - Охрид

Халата со поглед на местото на идниот биофилтер

Нова хала во ЈНУ Хидробиолошки За-вод - Охрид, донација на Владата на Кралството Норвешка

35

Наша гордост

Page 36: АМАК ПРЕС 117

Јавните личности за дочек на Нова ГодинаНовата Година заедно со сопругата и пријателите ќе ја дочекам во градот на Шеќерезада,Истанбул. Овој град е светска метропола. Во периодот на Отоман-ската империја бил светска престолнина и навистина има што да се види во него. Денес тој е и модерна европска метропола .Не е оној Истанбул од време-то на ориентот туку е мешавина на ориентот и модерниот запад. Затоа мислам дека таму убаво ќе ја дочекаме новата година со добра симболика дека ќе вле-земе во една подобра година со многу поубави работи отколку во 2009-та. – Венко Шапкар, бизнисмен и генерален директор на АМАК СП

Венко Шапкар - бизнисмен и генерален директор на АМАК СП

Традиционално како и секогаш Новата Година ја чекам со семејството. Профе-сионалните обврски не дозволуваат постојано да бидам дома со сопругата и децата. Затоа Новата Година ќе ја дочекам со нив, моите најмили во за мене најубавиот домашен амбиент . Новогодишната трпеза, добрата музика и сека-ко позитивното семејно расположение си го прават своето. Втората или трета-та ноќ од Новата Година можно е да отпатуваме некаде со оглед на тоа што ќе биде и викенд. Но за дочекот на Новата Година сигурно ќе бидам дома . – Вен-ко Арнаудов, раководител на Централниот Регистар на РМ во Охрид и овласте-но лице за регистрација.

Венко Арнаудов - раководи-тел на Централниот Регистар на РМ во Охрид и овластено лице за регистрација

Се уште не знам, не сум одлучил каде ќе ја дочекам Новата Година. Јас како и по обичај одлучувам кога часот ќе биде пет минути до дванаесет(ха, ха, ха...). Нави-стина не знам каде ќе славам и што е најстрашно мислам дека Новата Година ни е многу далеку. Најважно е дека ќе ја дочекам со добро друштво, впрочем тоа е најбитно а не каде се слави. Во моментов сум зафатен со снимање кадри од нов македонски филм и со тоа сум окупиран деновиве. –Дејан Лилиќ познат маке-донски актер кој и го позајмува својот глас за ликот на Керем во популарната ТВ серија 1001-ноќ.

За дочекот на Новата Година и воопшто за Новогодишните и Божикни празници ќе бидам дома. Новата Година ќе ја дочекам во друштво на ќерката Анастасија и сопругот Душко. Поради моите професионални ангажмани често сум на релација Охрид- Скопје, или работно отсутна од државава. Празниците се добра можност јас да бидам заедно со моите најсакани во домашен амбиент. Токму така ќе биде и годинава. Сите заедно ќе славиме дома. Всушност секој слободен миг кога про-фесионално не сум ангажирана настојувам да го поминам со семејството. –Ани-та Кипаризовска- Крстевска, пратеник во македонското собрание од редовите на ВМРО-ДПМНЕ

Анита Кипаризовска - Крстев-ска, пратеник во македонско-то собрание

Дејан Лилиќ, актер

После многу скитање, односно работење дома и надвор, одвај ги чекам Но-вогодишните и Божикните празници. Во кругот на семејството да ги поми-нам тие денови затоа што сметам дека семејството е како светост. Токму за-тоа се и овие празници, најблиските сите заедно да бидат на едно место. – Дејан Пановски,секретар на Билатералниот Секретаријат за Охридското Езеро.

Дејан Пановски, секретар на Билателарниот Секретариат за Охридското Езеро

36

Page 37: АМАК ПРЕС 117

Јавните личности за дочек на Нова Година

Александар Петрескиградоначалник на Охрид

Најверојатно за дочекот на Нова Година ќе бидам дома, ако не во Охрид тогаш сигурно во Скопје. На 31 декември имам лет, би требало на скопскиот аеродром да слетам во 22 часот. Тоа значи дека ни за дочекот нема да стигнам да дојдам во Охрид, па затоа најверојатно ќе останам во Скопје. Два дена подоцна летам за Холандија на неколку дневна работна обука.- Сашо Стојчески, пилот.

Сашо Стојчески, пилот

Како и секогаш така и сега за дочекот на оваа Нова Година ќе си бидам дома. За-едно со моето семејство и тоа ми е нешто најубаво на свет.- Паско Кузман, дирек-тор на Управата за Културно Историско Наследство на РМ

Паско Кузман, директор на Управата за Културно Исто-риско Наследство на РМ

Новата година ќе ја поминам планинарејќи на најголемиот активен вулкан во светот, Mauna Loa на Хаваи.

Владимир Василевски-Четкар, музичар

За празниците што доаѓаат, и за дочекот на Новата Година сигурно ќе бидам дома во друштво со сопругата. Децата најверојатно ќе прославуваат надвор со друшт-во. За мене друга опција освен дома во моментов не постои.

Томе Чинго, пратеник во ма-кедонското собрание

37

Се знае, каде би бил на почетокот на Новата Година ако не со своите сограѓани. Ке бидам на градскиот плоштад во највеселата ноќ каде организираме добра за-бава за граганите на Охрид и нивните гости.

Page 38: АМАК ПРЕС 117

38

Празнувања

Топлината на ситните детали

Празнично сликање на Прозорските стаклаИсчекувањето на Нова Година и Бо-жик е период што сакаме да го спо-делиме со другите. Затоа во овој пе-риод настојуваме да ја обележиме свеченоста на сезоната и со видли-ви симболи како накитената елка во дворот, осветлените оголени стеб-ла, како и прозорските стакла во на-шиот дом.Сликањето на прозорците е многу

едноставен процес, но бара повеќе слободно време. Користејќи бои за стакло или изработка на слика на фолија, која потоа само ќе ја приле-пите на стаклото, ќе се спасите од макотрпното чистење на стаклото под остатоците боја. Боите за стак-ло може да купите во хоби арт про-давниците.За сликање на стакло ви е потребно -шишенце црна боја за исцртување линии,-сребрена боја за стакло,-блескав прелив-пластична фолија-ножици.Украсете ги вашите прозорци со

светкави снегулки давајќи им мал-ку посебен блескав сјај. Особено ако се осветлени со сончеви зра-ци. Снегулките можете да ги обои-те со сребрена боја, но и со други светкав бои кои од поголема одда-леченост подобро ќе дојдат до из-раз. Снегулките можете да ги нацр-тате директно на стакло, така што со боја за цртање линии претход-но ќе ги исцртате рамките на моде-лот, а потоа површината на исцрта-ниот простор исполнете ја со течна боја , сребрена или некоја друга по ваша желба!

ламПиони од тестениниВеќе ви е смачено секоја година да ја украсувате елката со исти лампи-они, но овој пат не можете да си до-зволите да ги смените сите укра-си. Затоа можете да ја смените коло-ритната шема на вашите украси и да се одлучите за китење на елката со украсна сатенска лента со божикни детали, како и со сјајно златни лам-пиони кои лесно и со уживање ќе ги изработите сами. Потребен материјал-тестенини во различни облици(машнички, полжавчиња, спирали)-картон-ножици-молив

-лепилоВо кујнските шкавчиња сигурно имате неколку вида тестенини, но ако ги немате и вложите во некол-ку пакетчиња тестенини, тоа де-финитивно ќе ви се исплати за-

тоа што освен во украсите ќе ужи-вате и во неколку пријатни обро-ци. Целата идеја е од картон да исе-чете најразлични облици –круго-ви, ѕвона, ангелчиња, лижавчиња и сл. Ако имате калапчиња за кола-чи со божикни облици можете и со нив да си помогнете во изработка-та на најразлични облици , или ис-тите да ги испечатите од веќе гото-ви шеми и да ги прецртате на кар-тон. На исечените облици залепе-те ги тестенините во различни об-лици. Можете да ја украсите само едната страна или да ги наредите тестенините како пораб на карто-нот. Најдобро би било да користи-

Украсети ги празничните мигови со имагинацијаОткако сте поминале цело попладне осмислувајќи го празничниот декор во вашиот дом,вистинско време е да се впуштите во најслаткиот дел: ситните детали. Опуштете се со претпразничната еуфорија на украсувањето, идејата на празниците е да се чувствувате пријатно и опуштено во семејното опкружување и во друштво на оние што ви значат а топлината на атмосферата нема да зависи од раскошот на вашите украси туку од вашето расположение и безгрижноста на вашата насмевка. Затоа, ако се најдете затечени во целата таа трчаница да постигнете се навреме, и во еден миг ви доаѓа да се откажете од се,да го исклучите телефонот и да им ги препуштите главните одлуки на другите, не паничите. Искористете го тоа време за релаксирање со добра шолја чај и развијте ја малку вашата имагинација. Соберете ги украсите што сте ги користеле минатата година, пробуричкајте низ дома со какви материјали располагате и обидете се сами некои од нештата што ви недостигаат за вашиот дом да го добие комплетниот празничен изглед. На крајот ќе се изненадите колку интересни проекти може да излезат од еден таков, спонтан и наивен потфат. Задоволството ќе биде поголемо кога ќе морате да им признаете на вашите гости дека за уникатноста на вашиот празничен декор сте одговорни лично вие.

Page 39: АМАК ПРЕС 117

39

Празнувања

те дрвофикс или супер лепило кое веднаш се суши. Штом ќе се исуши лепилото, украсите може да ги обо-ите со спреј во боја по желба (злат-на, црвена..).Спрејот не го користе-те во затворена просторија, а повр-шината што планирате да ја прскате , претходно заштитете ја со хартија од весник. Украсите оставете ги до-бро да се исушат, а потоа со игла на-правете отвор низ кој ќе го провле-чете украсниот конец и ќе ги зака-чите на елка

свечени мигови во сребрено и златно За да внесете свечена атмосфе-ра во секое катче од вашиот дом нагласувајќи ја празничната ат-мосфера , не значи дека е довол-но да имате голема елка во среди-ната на собата. Истиот ефект може-те да го постигнете со малку пои-накви, а сепак гламурозни декора-тивни решенија. Овие блескави сре-брени топки и стакленца го рефлек-тираат златниот сјај од светлоста на свеќата и ја комплетираат уникатно-ста на оваа декорација за маса. На-полнете доволно голем стаклен сад или ваза со светкави орнаменти, по-тоа дополнете ја декорацијата со

бели свеќи во различна големина

стари сПомени на новата елкаОвие декорации за божикното дрво бараат стабилна рака и малку трпение, но крајниот резултат ќе ви покаже дека навистина се исплати. А и покрај се , навистина лес-но се изработуваат.Потребен материјал -чепкалки- чечкалици -стари новогодишни честитки-светкав конец или сатенска панделка за закачување-лепило-ножици-линијарОвие нового-дишни честит-ки ви нудат од-личен изговор за средување на сите стари бо-жикни честит-ки. Изберете ги најубавите сли-ки, исечете ги во форма на ква-драт 4 на 4 сан-тиметри. Отка-ко ќе ги исече-те саканите де-лови од честит-

ките , следува делот од изработка-та што бара малку повеќе трпение . Вака исечените слики треба да ги врамите во рамки од чепкалки -чечкалици. Користете 3-4 чепкал-ки за секоја страна од рамката. За-лепете ги една до друга и оставете ги да се исушат. Штом ќе направите две рамки залепете ги на двете гор-ни страни од честит-ката . Довршете ја рамката во форма на куќичка на тој начин што честит-ката ќе биде во сре-ди-на-та

на честитката. Штом орнаментот це-лосно ќе с исуши можете да ги за-качите со парче светкав конец така што ќе висат од таванот, или пак ќе ги закачите на елката како лампио-ни. Ако ве понесе креативниот дух, можете да се обидете да ги боите чепкалките , да лепите мали пандел-ки во аглите на рамката, или се што ќе ви падне на ум да ги претвори

овие украси за елка во уни-катни детали!

Page 40: АМАК ПРЕС 117

40

Обичаи и традиции за зимските празници

Пред божик зад божик кај да си, дома да си

Божик е најголемиот христијанскипразник, зошто на тој ден се праз-нува раѓањето на спасителот Исус Христос. Овој празник е наре-чен и матица на повеќе празни-ци бидејќи да не бил тој, што значи да не се родел Исус Христос нема-ло да има ниту негово крштевање (Водици),ниту Воскресение- Велиг-ден. Колку овој ден е важен за чо-вештвото се гледа и по тоа што тој е земен за клучен датум,камен темел-ник за пресметување на времето, па така имаме стара и нова ера што зна-чи време пред и по раѓањетона Исус Христос.Особено од минатото се останати богати обичаи и верувања поврзани

со Бадник или Коледе, денот што му претходи на Божик. Иако овие оби-чаи се разликуваат од регион до ре-гион, сепак во основа се изведуваат неколку заеднички елементи како што се богатата софра што се подгот-вува на Бадник навечер, потоаколединиот оган заедно со дрвото Бадник како и коледицата просле-дена со многу коледарски песни.Богатата трпеза со исклучително по-сна храна: питулици, сарма, грав, компир, риба, зелник, овошје и слично според верувањата има цел врз принципот на имитативна-та магија да обезбеди богат род на земјоделските култури. Обичај епо вечерата софрата да не се кре-ва туку така заедно со храната да остане цела ноќ. Ова е поврзано со верувањето дека ноќта ќе дојде дедо Боже и ќе се нахрани, а на до-машните ќе им дарува здрава ибериќетна година. На Бадник со-фрата се става врз слама за спомен

За Бадник трпезата е ис-клучително посна

Празнувања

Page 41: АМАК ПРЕС 117

41

на јаслите од Витлеемската пеште-ра во која е роден Исус. Подоцна со оваа слама се врзуваат овошките со верување дека таа ќе ги штити од бо-лести и штетници и дека ќе даде бо-гат род. На Бадник во секоја куќасе меси лепче, во некои краеви во него се става паричка, кај нас во Охрид паричка не се става за Бад-ник туку таа се става во топеница на Василица(Стара Нова Година).Во оние краеви каде паричката се става во лебот, се мисли дека оној член од семејството што ќе ја најдеќе биде најсреќен таа година.Богатите обичаи и верувања на Бад-ник се поврзани со обредниот оган како и со горењето на дрвото наре-чено Бадник или Бадникојца. Се ве-рува дека со овие бадникови огно-ви се настојувало да се изгонат сите зли духови, но и да најават раѓање на нешто ново, светло како огнот, да се навести раѓањето на спасите-лот Исус.Коледицата пак ја прават групи деца кои палат оган, пеат пригодни пес-ни и одат по куќите каде што доби-ваат подароци како што се:ореви, костени,јаболка, портокали... Со вак-вото одење и пеење по куќи деца-та го најавуваат Христовото раѓање.Со Божиќ започнува периодот од 12-те денови, таканаречени некр-стени или пагани денови што траат до Водици, период исполнет со мно-гу активности, на негативни демо-ни, со религиозен страв и разни ма-гиски заштити. Дури на Водици кога се крштева водата се парализира-ат негативните, зли појави и нивни-те дејствија.Со Божик е поврзана и поговорката:“Пред Божик зад Божик кај да си, дома да си“ што има значење дека убавата вест за Христовото раѓање треба да се слушне во кругот на најблиските, дома. На тој ден се при-готвува, богата мрсна трпеза на која има задолжително свинско месо, со песна музика и убаво расположе-ние се слави Христовото раѓање.Првиот ден се седи дома. Вториот ден се чекаат гости, а третиот ден се оди кај роднини и пријатели.

Православна нова година-василицаНа 1-ви јануари според стариотодносно 14-ти јануари според нови-от календар се слави Православна Нова година. Поради совпаѓањето со празникот на Свети Василиј овој празник во народот е познат како Василица. Овој празник е во пери-одот на таканаречените Некрстени денови а кој какошто рековме трае од Божик до Во-дици.Тогаш се верувало дека се доми-нантни зли духови, и негативни де-мони и затоа во овој период се из-бегнувало да се работат некои по-тешки работи.Важно е да се забележи дека како ретко кој празник децата одделно од возрасните Новата година ја пре-чекуваат со посебни обичаи, игри и песни кои многу се различни од оние што ги изведуваат возрасните, но се блиски до обичаите и песните

што се изведуваат на Бадник.И на Василица како и на Бадник, гру-па деца најпрвин околу огнот а по-тоа одејќи по куќите пеат пригод-ни песни и добиваат подароци. Низ песната се искажуваат многу убави желби и благослови за родна годи-на. Децата носат дрвени прачки со кои ги удираат луѓето, особено ста-рите и болните лица за да бидат су-рови и здрави како прачката.Возрасните за овие прослави се подготвуваат од порано. Тие набаву-ваат прибор за маскирање, пред-мети за тропање и правење вревакако ѕвонци,клопотарци,тенеќиња,тенџериња но и музички инструмен-ти, гајди и тапани. Со овие реквизити ноќта меѓу 13-ти и 14-ти јануари се создава голема врева која има цел да создаде не само весела атмосве-ра туку и да ги заплаши и избрка лошите духови. Таа ноќ околу Васи-личарските огнови се пее и игра се јадат колбаси и се пие ракија. Ден-та на Василица во охридските куќи се прави Топеница во која се става паричка. Значи охриѓани бараат па-ричка во топеница за Василица, а не за Бадник.Оној што ќе ја најде паричката се ве-рува дека ќе биде најсреќен таа го-дина.

со Празникот богојавление-водици завржува циклусот зимски

ПразнициПразникот Водици(Богојавление) народот го празнува како еден од најголемите празници зошто на тој ден според верувањето Исус Христос е крстен од Свети Јован Крстител во реката Јордан. Со овој празник завршуваат не само 12-те некрстени денови туку и циклусот зимски празнувања. Водици се праз-нува два дена. Првиот ден, освен Во-дици и Богојавление уштесе вика и Војордание е и Машки Во-дици, а вториот ден Собир на Свети Јован Крстител уште се вика и Жен-ски Водици.На Богојавление главен настан ефрлањето на Светиот крст во езер-ските или речните води. Крстот го симболизира христовото тело кое како што се капело во водите на ре-ката Јордан се капи односно крште-ва кај нас во Охридското Езеро. Тој што од водата ќе го извади крстот е Благословен од Бога и за награда добива подароци од кумовите наманифестацијата и други доброна-мерни луѓе. Се верува дека по овој обред водата е осветена, а со тоа и лековита поради што сите присут-ни полнат од оваа вода и ја чуваат во текот на целата година за лекување на разни болести како на луѓето така и на добитокот. Попладнетопо коледица одат мажите предводе-ни од фаќачот на крстот, пеат праз-нични песни, благословуваат и носат среќа во домовите каде ќе тропнат. На вториот ден од празникот, Собор на Свети Јован Крстител именден прославуваат Јовановци. Овој ден уште се вика Женски Водици поради што главен збор во изведувањето на обичаите имаат жените.

Василичарските огнови ги бркаат злите духови во некрстените денови од Божик до Водици

Водици, најмасовниот зимски празник

Празнувања

Page 42: АМАК ПРЕС 117

42

Времето на празни-ците се поклопу-ва со сезоната на грипот, а најчестата

грешка што ја правиме во целата таа претпразнич-на еуфорија е игнорирање на симптомите. Во празнич-ната трчаница да се завр-шат сите подготовки навре-ме , да се биде во најдобра форма за прославата, здрав-ствената состојба неизбеж-но се игнорира. А да на го спомнуваме консумирањето невообичаена храна , че-сто прескокнување обро-ци, консумирањето поголе-мо количество алкохол и не-доволниот сон. Сето ова е преголем стрес за организ-мот, кој подеднакво е штетен како за физичката, така и за психичката состојба. Поради заслабнатиот имунитет, ор-ганизмот е склон да попушти пред налетот на вирусите, а

потоа и на разни бактериски инфек-ции. Токму поради ова, пресудно е уште во најраната фаза да се трети-раат симптомите на настинката. Во спротивно,ризикувате да поминете најголем дел од празничниот пери-

од болежливи, со лошо расположе-ние и неспособни да уживате во она

што со нетрпение сте го исчекувале.Празниците се вистински нутрици-онистички шок за вашето здравје, меѓутоа тоа не значи дека треба да се заветите на апстиненција од не-здравата, а неодоливо вкусна праз-нична трпеза.Но постои голема разлика меѓу вкусување на празничните делика-теси и неумерено уживање во нив. Значи, најдобра стратегија за праз-ниците што се однесува до трпеза-та е да се биде умерен. Тоа подраз-бира слободно уживање во храна-та и забавата, но меѓу прослави-те придржувајте се кон вообичае-ниот режим на исхрана. Нутрици-онистите сметаат дека уште подо-бра стратегија е одреденото коли-чество скроб во вечерните обро-ци да го замените со зелен зелен-чук. На тој начин, ќе го зголемите внесувањето на растителни влак-на, кои се неопходни за ефикас-но варење на храната,и ќе ја нама-лите калориската вредност на об-роците. Друга значајна работа при

Вкусете го изобилството на празниците без да си наштетите

Искушенија на привлечната трпеза

Во пресрет на празничната сезона, секој од нас одвај чека да се ослободи од стегите и ограничувањата во секојдневните животни навики. Меѓутоа , привлечната празнична трпеза, можноста да се испие чашка повеќе и да се ужива во најискушувачките слатки задоволства како што е чоколадата, може да имаат големи последици по нашето здравје штом периодот на славење ќе заврши. Но ако научите мудро да балансирате со понуденото изобилство и разновидноста на искушенијата, можете непречено да уживате во неограниченоста на вкусовите не штетејќи му на вашето здравје....

Празнувања

Page 43: АМАК ПРЕС 117

43

внесувањето храна во организмот е бавното џвакање на секој залак. На тој начин ќе ја почувствувате ви-стинската арома на храната, и што е најважно – ќе изедете помалку. Не-наситното и лакомо голтање на не-доволно изџваканите залачиња не само што предизвикува стомачни болки, туку и влијае врз тоа да изе-дете многу повеќе отколку што ви е потребно. Од друга страна, бав-ното џвакање овозможува подол-го задржување на храната во уста-та , и благодарение на дејството на

плунката –подобра апсорпција на хранливите материи. Ако, сепак, се прејадете , не обидувајте се да ја по-правите состојбата прескокнувајќи го утринскиот оброк и неколку дру-ги оброци во следните неколку дена. Тоа само ќе предизвика пого-лемо чувство на глад и зголемена потреба и желба за храна преку це-лиот ден.

Искушение да се проба од се

Разновидноста на храната што се нуди за време на празниците може да биде опасна- колку поразно-видни специјалитети и нови вку-сови има на трпезата, толку пого-лемо ќе биде искушението да се проба од се. Кога станува збор за послужувањето, особено од швед-ска маса, тогаш важи златното пра-вило- земајте полна порција од јадењата со зеленчук и само една виљушка или лажица од другото. Ако вие сте домаќинка на нового-дишната прослава,бидете пример за вашите гости така што ќе креира-те мени мислејќи на квалитетот,а не на квантитетот на послуженото. Из-берете квалитетни состојки, и под-гответе ги според едноставни ре-цепти кои ќе задоволат сечиј вкус. Ограничете го внесувањето на ма-сти и шеќери во традиционалните празнични специјалитети. И онака нема логика за неколку дена да кон-сумирате одеднаш се што ви е до-стапно преку целата година. Пре-

тераните оброци знаат да напра-ват хаос во организмот. Болки во желудникот,подуеност на стомакот, проблеми со срцето, задушување се само некои од непријатностите што можете да ги искусите во праз-ничниот период. Мрсната храна во комбинација со алкохол може да биде непријатна и за најздравиот организам, но е особено неповолна за хроничните болни, особено оние што вее имаат проблеми со чир на желудникот или дванаесетпалечно-

то црево. Иако лекарите прават се што е во нивна моќ да ги санира-ат проблемите што настануваат по-ради неумереност, често може да дојде и до сериозни компликации. Затоа во овие празнични денови на претерување и ослободување од сите норми и ограничувања, се-пак мора да се внимава на сопстве-ното здравје, особено оние со хро-нични болести.

Шолја чај за закрепнување

Подготовката за празниците, избо-рот на храната и гостењето треба да бидат само симболичен чин,кој ќе го разубави и надополни то-плиот и празничен амбиент и ми-говите поминати во друштво со најблиските, а нема да биде глав-на и крајна цел на празниците. Не заборавајте дека секогаш кога ќе добиете желба малку да се одмо-рите и да се изолирате од празнич-ната тензија можете да пронајдете некое мирно катче во вашиот дом, каде што ќе можете да ги одморите телото и главата и ќе можете во мир и спокој да испиете една шолја чај за закрепнување. Жените кои пре-ку целата година се грижат да од-ржат некаков баланс во својата те-лесна тежина и негуваниот изглед, не смеат во текот на празниците да го запостават својот редовен ре-жим на физички активности и гри-жа за своето здравје, ќе можат да добијат доволно сила и енергија и ќе си ја смират совеста ако во те-кот на празничната сезона прак-тикуваат редовни вежби за теле-сна кондиција. Секое од движењата треба да се изведува по една мину-

та, по што веднаш преминувате на следното. Доколку имате време на-правете два сета вежби

Уживајте со по-мош на духовити

трикови - Ако набрзина изедете не-колку слатки или колачи, констант-ното движење ќе ви помогне да уништите неколку калории.- Ако никој не ве гледа до-дека јадете,тогаш тоа јадење нема калории.- Ако јадете стоејќи, тоа не се смета!- Ако јадете нешто од туѓа чинија, и тоа не се смета!- Парченцата крекери и слични грицки немаат калории, за-тоа што самиот процес на нивно кршење бара трошење калории.- Ако јадете со некого, ка-лориите не се сметаат , ако обајцата

изедете иста количина

Уживајте во суштинската симбо-лика на празниците- јадењето да биде дел од заедничкото уживање со најблиските, а не главна цел

Како да го прежи-веете мамурлакот

следниот ден Ако во текот на годината некако и успевавте да кажете “не“ на секоја чашка вишок , празниците се кри-тичен миг кога шансите да потклек-

нете пред искушението се огромни. Меѓутоа, за да ги преживеете ново-годишните и божиќните празници и следниот ден да можете да про-должете со славење и без пробле-ми да се соберете со семејството на свечениот празничен ручек, след-ниве неколку совети ќе ви се најдат во вистинскиот миг. На пример, на оние со поголем “стаж“ познато им е дека коктел од сок од портокал и вотка “може да ве крене од мртви-те“. Секако, условот е во овој микс да капнете само неколку капки во-тка, затоа што во спротивно ќе би-дете уште попијани. Со оглед на тоа што секоја пијанка го дехидри-ра организмот , добро би било да го надоместите недостигот на вода, а во тоа најмногу ќе ви помогне сокот од кајсии. За појадок се препорачу-ва кајгана затоа што јајцата се бога-ти со витамин Б, со кого организмот прво ја губи битката со алкохолот. Пробајте и јогурт со мед. Веројатно овој вкус ви звучи непријатно, но

штом ќе го пробате ќе се уверите во неговата благопријатност и де-лотворност. Во пресрет на празни-ците не би било лошо дома да има-те киви , овошје за кое се вели дека е прва помош за мамурлак. Киви-то е вистински извор на минерали и витамини, кои ни се потребни осо-бено во вакви ситуации. Ако веќе морате да го решите проблемот на “тешка глава“, нема подобро реше-ние од шолја чај од нане, наместо кафе. Чајот ќе ве опушти, ќе ве осве-жи и ќе ја отстрани болката.

Празнувања

Page 44: АМАК ПРЕС 117

44

Совети

Во принцип, припадничките на понежниот пол кон крајот на декември веќе се во паника и недоумица за ка-ков вечерен изглед да се одлучат на низата забави што ги очекуваат во претпразничната сезона и на ве-черта на прославата на Нова Година. Ако веќе барем една недела од напред знаете што ќе облечете , и со-одветно на тоа сте замислиле како ќе бидете нашминкани , она на кое последно помислувате е фризура-

та. Меѓутоа, постојат техники, тајни на занаетот и трикови кои можете и самите да ги примените дома, ако нема-те време или не чувствувате потреба да правите фризура во некој салон. Не постојат модерни и немодерни фризу-ри, туку стилови кои најдобро се вклопуваат во вашиот личен стил, облеката што ја носите, вашето држење. Нема-те потреба да изгледате како некоја “здрвена“статуа, затоа што постојат многу стилови како кадрици, разбранува-на коса, мазна и рамна или исплетена кои совршено одговараат на секоја празнична гала- прослава, и се на крајот зависи од вашиот личен стил. Некои жени сакаат поекстравагантни фризури, додека пак други се држат до актуел-ните трендови кои би можеле да вклучат и разбушавена коса за секоја пригода.

Секси изглед за вашата кратка косаНанесете пена за коса додека косата е уште влажна и сушете ја по делови- на овој начин кратката коса ќе добие повеќе во волумен во предниот дел. Потоа, ставете големи виклери за коса во горниот дел од вашата коса за до-полнително нагласен волумен.На крајот, направете цик -цак разделување на косата во средината со врвот од чешелот. На овој начин косата ќе изгледа, побујна и погуста , отколку рамниот патец затоа што на овој начин косата се волуменизира од самиот корен.

Комплетирање на изгледот со модни додатоци-Модните додатоци се одлична опција, така што дополнувањето на вашата фризура со ленти за коса, марами, шноли и други додатоци дефинитивно само ќе го нагласи вашиот свечен изглед.- Косата полна волумен е добра опција за свечени прослави , па употребата на препарати што и даваат волумен на косата дефинитивно многу ќе ви помогне-За свечени пригоди , разлетаната коса може да ви ја уништи секоја фризура, па затоа потрудете се да користите ре-генератор и силиконски капки за да го спречите разлетувањето.- Не се залетувајте со гламурозни и нападни фризури, бидејќи едноставно не е вистински избор на една дама со стил на фризура за формална новогодишна прослава.- Не претерувајте во подготовките затоа што би требало да уживате во новогодишната вечер, а не цело време да ја проверувате фризурата.

Најсвечена е онаа фризура што најдобро ви прилега

Page 45: АМАК ПРЕС 117

27

Page 46: АМАК ПРЕС 117

46

Во месец јануари 2010 година охриѓанецот Мишко Танески ќе биде дел од македонска-та планинарска експедиција

која ќе го освојува највисокиот врв во Јужна Америка, Аконкагва ви-сок 6965 метри на Андите. Танески во неговото петгодишно планинар-ско искуство ги има искачено речи-си сите највисоки планински врво-ви во Македонија а потоа ги осво-ил Брајтфор и Монблан. Во ме-сец јануари минатата година го ис-качил Килиманџаро а оваа годи-на ги освои Хималаите со четири-те врвови:Танцерку, Покалбе, Чукун-гри и Ајлан Пик. “ Последниот врв го искачував-ме околу 18 дена од местото Гук-ла до подножјето на врвот. Гук-ла е гратче на височина од 2 800 метри. Потоа се минува низ гра-довите, Батдинг, Нанче Базар( се наоѓа на 3 440метри надморска ви-сочина и е највисок град во све-тот). Тука се појавува еден крем на аклиматизација до локалниот врв па се оди преку Тиен Боче каде се

наоѓа најголемиот будистички мана-стир во светот и каде е снимен фил-мот Малиот Буда. Овој град е често посетуван од актерот Ричард Гир. Преку Дипоче стигнавме до Чкун - кри каде го имавме и третиот акли-матизационен тренинг на 5 500 ме-три квадратни надморска височи-на од каде се упативме кон базни-от камп на врвот Ајлан Пик на ви-сина од 5 100 метри надморска ви-сочина. Тука останавме три дена и извршивме неколку алпинистич-ки тренинзи со инструктори и на 27 октомври околу 12 часот поплад-не тргнавме кон врвот. Прво по-минавме низ стрмен и тежок за искачување кулуар, потоа влегов-ме во глечер полн со пукнатини па затоа моравме да одиме заедно по четворица планинари. Гребенот на врвот беше доста стрмен и замрзат па затоа искачувањето беше теш-ко и ризично. Последните 150 ме-три до врвот исто така беа тешки за искачување. Се движевме по тесна патека така наречена нож,широка околу 50 сантиметри. Во 10 часот и

36 минути по непалско односно 17 часот и 51 минута по македонско време јас бев на врвот Ајлан Пик за-едно со уште четворица македонски планинари“, вака се сеќава на по-следното искачување на Хималаите, планинарот Мишко Танески. Деновиве Танески ги привршува подготовките и тренинзите кои ќе му овозможат побрзо искачување на врвот Аконкагва на Андите. Тој трча,вози велосипед,и тренира во теретана неколку часа на ден, а по-сетува и часови на јога кои ќе го од-ржат во психичка рамнотежа која треба да е максимална кога ќе се најде среде белилото и студот на високите планински врвови. Еднаш во неделата тој планинари на некоја од нашите планини применувајќи тренинг на издржливост.“Стрмните планини и врвови мо-жат да ги искачуваат луѓе кои има-ат желба за овој спорт и верба во себе. Но неопходна е средена психа, мора планинарот да има добра пси-хофизичка кондиција.“, вели Танески Охриѓанецот кој ги освојува

највисоките планински врвови и гребени во светот со планинарење се занимавам пет години.“ Изборот за овој вид спорт беше случаен. Прв пат се ис-качив на планината Галичи-ца заедно со пријателите: Наум Христоски,Здравко Маленко, Миле Битек. Уште при првата средба зна-ев дека вечно ќе се дружам со пла-нините, тоа беше убава прошет-ка во која имаше убави видици кои секогаш ќе останат запечатени во мојата меморија. Планинарењето и покрај големиот напор што го бара го прави животот полесен, ми дава енергија. Тоа е модерен начин на живот и јас уживам во него.“За своите планинарски успеси и достигнувања, Мишко Танески е добитник на повелба што Општи-на Охрид ја доделува на заслужни охриѓани кои дале придонес во оп-штествениот развој а по повод па-трониот празник на градов 8-ми де-кември.

Ги освои највисоките европски, а сега и највисоките светски врвови

Спортски таленти

Page 47: АМАК ПРЕС 117

27

Вашето деловно патување треба да се реализира со најдобриврски, со најквалитетни авионски компании, во најдобри хотели,со најниски трошоци.

Како?Не губете го вашето драгоцено време

во размислување!Дозволете тоа да го организираат

експерти и професионалци.

Сè на едно место

ВИС ПОЈ

046 255 600www.vispoj.com.mk

Page 48: АМАК ПРЕС 117

32

Спорт