36
АМАК ПРЕС ОХРИДСКИ НОВИНИ Број 115, 15 Октомври 2009, Бесплатен примерок СЕКАДЕ... СЕГА... СЕКОГАШ... Владимир Василески Четкар Наш мизички амбасадор во светот Нагоре високо, надолу длабоко за охридскиот туризам

АМАК ПРЕС 115

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Амак Прес Охридски Новини е единствениот печатен медиум во охридско-струшкиот регион, а весникот се печати во тираж од 4000 примероци. Основач и издавач на Амак Прес Охридски Новини е генералниот дирекотр на Амак СП,Венко Шапкар.

Citation preview

Page 1: АМАК ПРЕС 115

АМАК ПРЕС

ОХРИДСКИ НОВИНИБрој 115, 15 Октомври 2009, Бесплатен примерок

СЕКАДЕ... СЕГА... СЕКОГАШ...

Владимир Васи

лески

Четкар

Наш мизички амбасадор

во светот

Нагоре високо, надолу длабоко за охридскиот туризам

Page 2: АМАК ПРЕС 115
Page 3: АМАК ПРЕС 115

ИЗДАВА: АМАК СП А.Д. Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - Охрид. Излегува секој 15-ти во месецот

Тел:046/263-781 факс 046/263-784

E-mail: [email protected]

За издавачот:Венко Шапкар - Генерален директор;

Главен и одговорен уредник: Ангела Белевска [email protected]

Технички уредник: Бранислав Силјаноски

Маркетинг менаџер: Славица Стевоска

Веб уредник: Алан Каоуфото:

Александар Ковачески Никола Танчески - Коџак

Дистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318Петруш Јовески

Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид

3

Збор на уредникот

Општеството е довршено суштинско единство на човекот со природата, вистинско воскресение на природата , оства-рен натурализам на човекот и остварен хуманизам на природата.Човечкиот производствен труд за разлика од животинските инстиктивни дејности, е свесен и целесообразен. Луѓето се издвоиле од животните во моментот кога почнале да произведуваат средства за живот. Човекот е единствено суш-тество во живиот свет (animal simbolicum ), кое својата поврзаност со другите припадници од својот род ја оствару-ва преку симболичката комуникација, специфична моќ стекната низ долгата биолошка и културна еволуција . Говорот и јазикот, како две најважни страни на симболичката комуникација се исклучиво хумани особини. Луѓето можеме да ги разликуваме од животните според свеста, а меѓусебно се разликуваат според религијата , традицијата и обичаите што како припадници на еден народ или нација ги негуваат. Луѓето пак едни со други се слични по вредностите што во при-падничката група ги создаваат . Само човек може да ги разбере вредностите на човек. Човек кој нема намера да наштети на друг и кој при тоа знае да биде хуман, знае и умее да ги осознае и почитува вредностите. Во секој миг од денот можеме да покажуваме дека сме хумани и со добра мисла. Една наша насмевка може да го разу-бави денот на некој друг, а подадената рака и нашата “мала“ парична помош може да спаси “голем“ човечки“ живот или културно историска вредност од непроценливо богатство за нас. Деновиве имаме можност да покажеме дека сме хума-ни и дека сепак постои човечкото во нас. Со вртење на телефонскиот број 143-444 и префиксите: 070 за корисниците на т- мобиле , 075 на космофон или 077 за корисниците на вип операторот, ние донираме по 100 денари и со тоа учествува-ме во обновувањето на Бигорскиот Манастир. Отворената денарска жиро сметка е - МПЦ Дебарско Кичевска Епархија, Бигорски Манастир Св. Јован Крстител 500 000000-38-35-65 депонент Стопанска Банка АД Битола. Манастирскиот ком-плекс пред неполн месец беше опожарен. Изгореа до темел библиотеката, гостинската соба, кујната и двете трпезарии во старите конаци а штетата е проценета на 5,5 милиони евра. Да помогнеме во обновувањето на манастирскиот ком-плекс кој во 1020 година го основал монахот Јован. Во 16-от век манастирот бил разурнат од Турците а во 1 743 година го обновил јеромонахот Иларион. Човечкиот живот пак нема парична вредност, тој е најценет од се на светот. Да подадеме рака и да му помогнеме на охриѓанецот Лупчо Силјаноски кој минативе пет години се бори со тешка срцева болест. Тој има проширено срце, целиот отечен од килограмите вода што ги има во неговиот организам поради водата и слабото срце тешко дише и не е во мож-ност да стане од кревет а боледува и од шеќерна болест. Радува фактот што по петгодишното барање помош зад него од неодамна застана Министерството за здравство кое случајот го презеде во свои раце. Силјаноски кој во моментов се бори

за живот е татко на три малолетни деца а неговата сопруга работи од утро до мрак за да ги покрие месечните трошоци и да ги набави потребните лекови за Љупчо.Да помогнеме на оние на кои помошта им е нај потреба. Нашите мали пари можат да спасат голем човечки живот.

Да бидеме човечни и хумани!

Ангела Белевска[email protected]

Редовни рубрики:Наш ОхридИнтервјуОбразованиеРепортажаВи најавуваме...Охридски легендиЕкономијаНаша гордостНа кафе со...Прашање-одговор (вие прашу-вате, стручњаци одговараат)Здрав живот Спорт

Page 4: АМАК ПРЕС 115

4

Наш Охрид

Нагоре високо, надолу длабоко за охридскиот туризам

Page 5: АМАК ПРЕС 115

5

Наш Охрид

Охрид плени со рабо-ти кои ги нема во ние-ден друг дел од светот, тој може да биде привлечна

дестинација за богати туристи но за нив треба да се направи богата ту-ристичка понуда. За да се привлечат странски туристи кај нас мора да се промовираме надвор од државните граници во регионов и низ светот. Неопходно е во рамките на светски најпознатите аеродроми да има и наши маркетиншки агенции кои ќе не рекламираат и промовираат. Културното и природно богатство како и Националниот Парк “Галичи-ца“ и одличната местоположба, се неколкуте адути кои Охрид го пра-ват посебно место во светот. “Треба да развиваме туризам за луѓе кои веќе виделе се. Луѓе кои го ви-деле мас туризмот, луѓе кои ги виде-ле сите најубави плажи а ќе дојдат кај нас за да погледнат нешто што е недопрено, односно го нема во дру-гиот дел на светот. Ако ја отвориме картата на УНЕСКО на која се озна-чени светски заштитените места-та (природно наследство со зеле-на а културно со портокалова боја) ќе видиме дека Охрид е еден од ретките европски градови во кои ги има двете бои. Наша предност е и што Стариот град е целосно за-штитен. Тоа е реткост. На пример: во Полска има 12 места во кои има само неколку заштитени објекти. Редок е случајот каков што е кај нас цел град да биде заштитен. Наша конкурентна предност за туризмот е и Охридското Езеро. Во сето тоа

природно и културно богатство го имаме и Националниот Парк “Гачи-чица“. Додека околните предели до Алпите се претежно рамничарски, кај нас покрај рамници има и пла-нини “, вели раководителот на Сек-торот за Локален Економски Развој, Гоце Симоноски.Целната група на туристи се опре-делува зависно од дефинираната ту-ристичка понуда. “За да привлечеме “квалитетни “гости ние мора да ја подобриме постојната и да изградиме нова ин-фраструктура. Нашиот ударен дел во смисла на туризмот е кон село-то Пештани и манастирскиот ком-плекс “Св. Наум“, значи лошо е што имаме проблеми со колекторскиот систем таму. Покрај тоа мора да се уредува не само централното град-ско подрачје туку и периферијата “, додава Симоноски.Само со соодветна промоција и маркетинг, брендирање на наши производи и подигнување на ниво-то на луѓето кои се инволвирани во туризмот, можеме успешно да дефи-нираме какви туристи сакаме да до-несеме во Охрид. При тоа, треба се-когаш да имаме на ум дека Охрид е мал град со легално регистри-рани 10 000 легла во приватното сместување и 3 000 легла во хотели-те. Треба да сме свесни дека на при-мер, на аеродромот во Франкфурт работат 50 000 луѓе или дека Кина очекува во 2015 година да има 100 милиони патувања кон надвор. Ако направиме споредба меѓу овие циф-ри и нашиот туристички потенцијал,

ќе видиме дека имаме потенцијал да донесеме туристи меѓутоа целта ни е кај нас да доаѓаат гости со под-лабок џеб а не оние што ги имаме, младинци и деца.“Ако се прашаме зошто млади-те и посиромашните доаѓаат кај нас ќе дојдеме брзо до одговорот. Ние имаме добар инфра -структу-рен потенцијал го имаме аеродро-мот но Македонија во случајов не зависи од Охрид ниту пак од ту-ристичките работници туку зави-си од оние кои управуваат со аеро-дромите и од генералната политика која се прави во однос на транспор-тот, тука мислам не само на аеро-дромите туку и на железницата. Не-маме современ автопат. Од Скопје до Охрид се стигнува за 3 часа. На охридскиот аеродром нема ли-нии, скопскиот пак ги губи тие за-минуваат за Косово. Поради тоа ние сме најскапа дестинација, воз-ните билетите се со висока непри-фатлива цена и за Холанѓаните и за Германците. Тешко е да се донесат “сериозни“гости во Охрид додека не се среди управувањето со аеро-дромите.“За побогати гости ние треба да има-ме побогата понуда. Ние може-ме да се рекламираме и да ги до-несеме кај нас, но можен е и кон-тра ефект. Ако на пример донесеме Јапонци кои имаат екстремно висо-ки мислења за хигиената и живеат во високо хигиенски услови, Охрид колку и да го чистиме за нив е не-чист град. Мал е и сместувачкиот ка-пацитет во Охрид. Поголема група

туристи нема каде да се смести. Хо-тел “Инекс“ има мал број легла, во хотел “Десарет“ не е подобрена ин-фраструктурата. Малите хотели се со мал капацитет. Лоша слика за го-стите се и дивите станоиздавачи кои буквално се грабаат по гости-те на автобуската станица. Не е мож-но да се привлечат богати гости кај нас се додека се продаваат крофни, и пченки на еден агол од езерски-от кеј а веднаш до него се нудат, су-венири, очила за сонце или играч-ки за деца. За да се надминат овие проблеми потребно е да се напра-ви спрега од полицијата, Државниот пазарен инспекторат и инспектора-тот на Општина Охрид. Бројот на домашни туристи во 2009 година до месец јули во однос на минатата година во истиот период е намален за 11,7 %, но е зголемен бројот на странски туристи за 32, 6% што е позитивно. По однос на оства-рени ноќевања, бројот на ноќевања на домашните туристи во јули 2009 година во однос на јули 2008 го-дина е намален за 12% а бројот на ноќевања на странските туристи е зголемен за 11 %. Бројот на тури-сти кои годинава престојувале во Охрид во однос на лани е намален за 5,6%, а ноќевањата се намалени за 11,3%. Годинава најбројни биле гостите од Србија а по нив се го-стите од Бугарија,Полска, Израел и Албанија.

Page 6: АМАК ПРЕС 115

6

Наш Охрид

Фестивалот „Охридско лето“, Струшки вечери на поезијата, Вев-чански карневал, манифестацијата „Крушево етно- град“ и презентацијата на Македонија на Си –ен -ен се петте мани-фестации што годинава најуспешно ја промовирале земјава

како туристичка дестинација. Министерот за економија Фатмир Беси-ми, им додели признанија на организаторите на овие манифестации, по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на туризмот - 27 Септем-ври.

Според Бесими, наградените манифестации успешно ја завршиле ра-ботата, со оглед на тоа дека бројот на странски туристи во првите се-дум месеци од годинава се зголемил за 9,7 отсто споредено со лани. Од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот се надеваат дека бројката уште повеќе ќе се зголеми в година, кога државата ќе почне да ги субвенционира туристичките оператори што во земјава ќе носат странски гости.

- Се зголемува бројот на странски туристи, но оптимист сум дека ќе рас-те и бројот на домашни. Тоа може да се постигне со инвентивноста на домашните туристички работници, кои со интересни понуди ќе ги зад-ржат граѓаните да летуваат дома - вели Зоран Стрезовски, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

„Охридско лето“ - најуспешен туристички бренд

Дебарско - кичевската епархија размислува да го пресели седиштето во комплексот на црквата Св. Богородица Перивлепта, меѓу охриѓани по-зната како стар Св. Климент. Најверојатно новото седиште на епархијата ќе биде во поранешната зграда на музејот на словенска писменост.

Епархијата која е сопственик на комплексот околу Св. Богородица Перивлепта, неодамна даде зелено светло за реализација на проектот за ревитализација на овој значаен духовен храм од византискиот период.Имено со мега проектот вреден 1,1 милиони евра ќе биде поддржана обновата на црквата. Заштитата на овој вреден споменик на културата е еден од трите про-екти од Македонија кои ќе се реализираат во рамките на заедничката акција на Европската Комисија и Советот на Европа за обнова на културното наследство во Југоисточна Европа.

“Со овој Проект се предвидуваат конзерваторско -реставраторски интервенции пред се поради лошата состојба на фреско- живописот во црквата Света Богоро-дица Перивлепта. Се третираат и други градби во комплексот како северниот ко-нак, камбанаријата и зградата на некогашниот Музеј на словенска писменост, со цел да најдат решенија за нивна конзервација - реставрација и повторна употре-ба, со што би се добила една нова атрактивна туристичка целина, посебно инте-ресна од аспект на културниот туризам“, вели Антонио Балески од Секторот за Локален Економски Развој.Времетраењето на проектот кој е значаен и за Општина Охрид и за државата е 4 години, а потребните финансиски средства за негова подготовка и реализација изнесуваат 1.111.800 евра од кои 833.850 евра се очекуваат од донации, фонда-ции и спонзорства, додека 277.950 евра ќе бидат обезбедени од државниот буџет. Проектот заеднички го подготвуваа Мирка Илоска од Завод за заштита на спо-мениците на културата и Музеј- Охрид и Антонио Балески од Општина Охрид, во соработка со Управата за заштита на културното наследство на Република Македонија и Дебарско- кичевската Епархија.

Седиштето на Дебарско- кичевската епархија ќе се пресели во стар Св. Климент, за заштита на црквата донесен мега проект од 1,1милиони евра

Page 7: АМАК ПРЕС 115

definitivno www.don.com.mk

Page 8: АМАК ПРЕС 115

8

Македонскиот туризам минатата го-дина остварил нето приход од 80 милиони долари, што е повеќе од претходната година за незначител-

ни 0,3 проценти, соопшти Министерството за економија.

Според ова министерство иако значајни при-ходите остварени во туризмот се’ уште имаат скромен придонес за бруто домашниот произ-вод, а домашните туристи и натаму повеќе па-туваат во странство што придонесува за зголе-мен одлив на девизи.

Туризмот лани ни донел 80 милиони долари

Од неодамна инспекторите започнаа со помасов-ни контроли на производителите на храна од живо-тинско потекло кои задолжително мора да работат по ХАЦЦП стандарди. Од Републичката ветеринарна

инспекција најавуваат дека засега нема да има казни за ком-паниите кои не го завршиле имплементирањето на ХАЦЦП, но на две недели ќе се контролира дали кај нив има напредок во процесот. Доколку се утврди дека тие немаат направено исче-кор во имплементацијата на стандардите, привремено ќе им биде одземена дозволата за работа се додека не го воведат ХАЦЦП.

Засега 40 отсто од капацитетите за производство на храна од животинско потекло го имаат воведено ХАЦЦП- стандардот, исто толку се во фаза на имплементација, а 20 отсто го немаат започнато процесот на воведување на стандардот за безбед-ност на храна.

Многу поалармантна е состојбата кај производителите на хра-на од растително потекло кај кои имплементацијата на ХАЦЦП стандардот станува задолжителен од 1 јануари 2010 година. Само 600 од вкупно 16.000 регистрирани производители на храна од растително потекло целосно го вовеле ХАЦЦП, а око-лу 3000 се во процедура.

Компаниите кои нема да го воведат ХАЦЦП стандардот ќе се соочат со казни од 5.000 до 10.000 евра и затворање на произ-водствените капацитети

Казни од 5.000 до 10.000 евра за производителите кои не ќе го воведат ХАЦЦП стандардот

Економија

Page 9: АМАК ПРЕС 115

9

“Паднаа“ првите оценки, а седмо одделенците и учениците од средни-

те стручни училишта се уште се без учебници и прирачници. Состојбата станува уште похаотична ако се земе во предвид дека наместо кни-гите кои се нарачани пристигнуваат дупликати на не испорачани книги кои веќе ги има. “ Во основните училишта се при-стигнати околу 80% од книгите. За седмо одделение имаме доби-ено само учебници по предмети-те: англиски јазик, германски јазик, историја физика и техничко об-разование. Учениците по остана-

тите седум предмети ја совладу-ваат наставата со водење забе-лешки на час, а професорите за предавањата се снаоѓаат како зна-ат и умеат. Во средните стручни учи-лишта состојбата е на самиот поче-ток. Не е доставен ниту еден учеб-ник по ниту еден наставен пред-мет. Тоа значи дека учениците це-лата наставна материја ја совладу-ваат со вадење белешки во тетрат-ка “, вели раководителот на Секто-рот за Јавни дејности при Општина Охрид, Митре Велјаноски и додава дека одолговлекувањето со цело-сната набавка на учебниците ќе се рефлектираат врз квалитетот на об-

разованието. Затоа наместо пози-тивен можен е негативен ефект од овој проект. Со проектот се добива на социјалната страна односно од економски аспект им се пома-га на родителите кои се во лоша материјална состојба и не можат да обезбедат средства за книги, но сето тоа ќе биде крајно неважно и маргинално доколку ги изгубиме резултатите во квалитетот.“Ако солидни ученици од овие про-блеми на крајот имаат послаби ре-зултати тогаш целта не сме ја по-стигнале. Ако родителот заштедил 2000, 3000, 4000 денари а при тоа

детето во најосетливиот период од неговиот развој има послаби резул-тати во учењето а сето тоа може да се одрази со последици во подоц-нежниот период, ништо не сме по-стигнале. Затоа што многу битен фактор во образовната дејност е континуитетот“, вели Велјановски.Убавата идеја за бесплатни учеб-ници требаше многу подобро да се осмисли со добра координација меѓу Министерството за образова-ние, Локалната самоуправа и учи-лиштата.

Првото тримесечје од учебната година заврши без учебници

Образование

Page 10: АМАК ПРЕС 115

10

Кога ќе го “вратите филмот на-зад“ ќе се сетите на вашите први политички ангажмани и изодени-от пат кон политиката...- Со запишувањето на факултетот за физичка култура во Скопје во 1988 година станав претседател на мла-дината на факултет и бев избран

во телото на претседателството на младината на Универзитетот. Уче-ствував во тогашните демонстра-ции против Грците кои не ја при-знаваа нашата диплома. Студенти-те кои доаѓаа од Република Грција студира кај нас до четврта година а потоа пред самото дипломирање

се префрлаа на факултетот во При-штина за да добијат диплома која ќе биде валидна и призната во нивна-та држава. Тоа беа моите први по-четоци во политиката. Со појавата на плурализмот во 90-те години од минатиот век мојот постар брат Кољчо Грозданов во една прилика

ми укажа дека разговарал со одре-дени луѓе кои сакале да ја форми-раат ВМРО-ДПМНЕ и дека како ин-телектуалец- лекар е поканет да учествува во формирањето и ми кажа дека би било добро двајцата да се зачлениме во партијата а со тоа како браќа ќе сме на една по-

Нема надеж за СДСМ таа нема нови лица кои би направиле радикални партиски промени

Цветко Грозданов – пратеник во македонското собрание од редовите на ВМРО-ДПМНЕ

Интервју

Цветко Грозданов е актуелен пратеник во македонското собрание од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој е вљубеник во родниот град и вели дека во него може да се направат многу работи кои ќе помогнат во заживување на туризмот и стопанството. “Централната власт е секогаш расположена за соработка со локалната, но градоначалникот треба и е должен да иницира и бара средби со Премиерот. Таткото на градот мора во име на граѓаните пред владата да изложува развојни проекти за кои централната власт ќе издвојува финансиски средства“

Page 11: АМАК ПРЕС 115

11

литичка страна, опција. Така јас и мојот брат во 1990 година пот-пишавме пристапници како чле-нови на ВМРО-ДПМНЕ. Една годи-на подоцна при секцијата на ВМРО –ДПМНЕ потпишав уште една при-стапница со која станав нејзин член. Секцијата всушност беше исто што и сегашниот така наречен Општин-ски Комитет. Во таа 1991 година ста-нав член на потесното партиско ра-ководство од Охрид. Во 1993 го-дина поради одредени партиски превирања малку се дистанцирав од случувањата и се упатив на после дипломските студии при факултетот за физичка култура во Скопје. За ло-калните избори во 1996 година по-вторно се вратив како партиски ак-тивист. На парламентарните избо-ри во 1998 година активно учеству-вав, се до моментот на партиски-те превирања. Во 2003 година кон-курирав за претседател на Општин-скиот Комитет но не бев избран, но поради тоа што сите години јас останав доследен на програмските определби на ВМРО-ДПМНЕ , прет-седателот Никола Груески ме назна-чи за претседател на Општинскиот комитет во Охрид. Потоа следеа мо-ите политички ангажмани како но-сител на листата на локалните из-бори. На парламентарните избори во 2006 година бев 5-ти на листа-та како кандидат за пратеник од ре-довите на ВМРО-ДПМНЕ, а во 2008 година завршив на 7-то место како кандидат за пратеник во македон-ското собрание.

Како дипломиран професор по физичка култура имавте можност професионално да се реализира-те и да предавате по соодветниот наставен предмет во гимназијата “Св. Климент Охридски“. Ви недо-стига ли “школскиот живот“ и ра-ботата со деца. - На некој начин двете работи се поврзани и допринесуваат за на-чинот на живеење во општество-то. Она што јас го работев како про-фесор беше мојата воспитна ком-понента кај младите, допринесу-вав за здравиот начин на живеење и размислување и нормално оттргнување на младината од лоши-те пороци. Во даденава ситуација како пратеник мојата помош е кон она што се нарекува можноста да му се даде на младите начин како да се стекнат со одредено образо-вание, да можат полесно да дојдат до одредени вработувања а со тоа и по квалитетен начин на живеење со многу спортување. Познат сум по моите заложби во комисијата за образование околу проектите кои ги имаше Владата, но исто така сум познат и околу проектите кои Вла-

дата ги нуди ги и ќе ги реализи-ра во смисла на Спортскиот Центар Билјанини Извори и атлетската па-тека како еден издувен вентил на младите каде ќе спортуваат и ќе се рекреираат.

Што друго од спортски аспект е потребно односно му недостига на Охрид?- Јас како охриѓанец кај премиерот Груевски лобирав околу можноста Охрид да добие соодветна инфра-структура во смисла на спортот а тоа се спортски игралишта од типот на фудбалските игралишта во кои се зацртаа две,едното е во селото Ле-скоец а другото требаше да биде во Воска на стариот стадион но пора-ди некои размислувања на градона-чалникот Петрески дека по детал-ното урбанистичко решение на тоа место се предвидени други објекти, зацртавме вториот стадион да се изгради на Спортскиот Центар Билјанини Извори. Потоа укажав кај премиерот Груески дека Охрид е познат по она што е пливање и ва-терполо затоа што кога градов има-ше пливачи и се играше ватерпо-ло ние немавме конкуренција рам-на на нас. Мислам дека Охрид тре-ба да добие затворен базен во кој охриѓани ќе можат да се рекреира-ат и во зима а со тоа и да се обно-ват сега затворените клубови, пли-вачкиот и ватерполо клубот “Охрид-ски бранови“. Исто така во Охрид е зацртана изградба на повеќе тени-

ски игралишта, кои за жал поради економската криза ќе бидат реали-зирани во наредните години.

Заедно со сопартиецот Алек-сандар Николовски ја подржав-те иницијативата на градона-чалникот Александар Петрески за изградба на споменик на Св. Наум во централното градско подрачје. Зошто и кога ќе започ-не реализирањето на проектот?- Повеќе луѓе мислат дека таа била стара идеја. Јас пак не патам од некој комплекс кој треба прв да даде иницијатива. Но во тој времен-ски период кога идејата била даде-на таа не се реализирала, во овој временски период беше забора-вена и без разлика од каде доаѓа иницијативата , дали од градоначал-никот Петрески, скулпторот Томе Серафимовски или пак пратениците Цветко Грозданов или Александар Николовски дадоа свое видување за реализирање на проектот е не-важно. Но јас мислам дека проек-тот треба да биде подржан затоа што со него на некој начин ќе му го вратиме достоинството на градов а со тоа ќе укажеме и на големата и значајна улога што Св. Наум ја имал кај нас и пошироко. Затоа сметам дека споменикот изграден во него-ва чест треба да го најде своето ме-сто на градскиот плоштад меѓу ве-ликаните Светите Кирил и Методиј и Св. Климент. Како што знаете од Ми-нистерството за култура проектот е

одобрен. Јас мора да се заблагода-рам на Општина Охрид и на град-скиот совет затоа што едногласно ја усвоија оваа иницијатива. Сметам дека со надминувањето на глобал-ната економска криза која очекува-ме да заврши оваа или во почетокот на наредната година,споменикот ќе биде реализиран и ќе биде поста-вен на плоштадот во Охрид.

Ако пратеникот во македонското собрание од редовите на СДСМ, Томе Чинго, во минатиот број на АМАК Прес, Охридски Новини изјави дека доколку ја има сета политичка власт во свои раце за пет минути ќе го симне од власт премиерот Никола Груевски и не-говата Влада, што би направи-ле Вие доколку би ја имале сета власт во свои раце?- Видете, секој човек има свое видување и носи своја сопстве-на одговорност. Јас ќе кажам дека менувањето или идењето на власт на една или друга по-литичка партија го дава наро-дот а ако јас имам пет минути це-лосна политичка власт , би се по-трудил на граѓаните на Републи-ка Македонија да им го подобрам начинот на живеење и она што се вика социјала. Би се трудел во таа насока секој да го добие заслуже-ното место во општеството, секој да има можност да егзистира на ова поднебје. Луѓето да не бара-ат излез од лошата економска кри-

Интервју

Page 12: АМАК ПРЕС 115

12

за со заминување во странство туку својата егзистенција да ја гледа-ат во Република Македонија. Би са-кал да можеме да се пофалиме дека имаме добар стандард, добар живот и дека можеме пристојно да живее-ме тука ,на нашите простори.

Се плаши ли ВМРО-ДПМНЕ од по-вторното консолидирање на опо-зиционата СДСМ со враќањето на Бранко Црвенковски на партиска-та челна позиција?-Па ако тргнеме од локално ниво не гледам дека има некое големо обединување а ако тргнеме од она што се случува на глобално –репу-бличко ниво, социјалдемократите можеби фиктивно направија не-кои промени во кои што понудија одредена програма “Решение за Македонија“ која што е неиздржана и е бледа копија на нашата програ-ма што ја имавме уште во 2006 го-дина “Преродба во 100 чекори“. Но би се задржал на промените и би кажал дека промените кои доаѓаат во една политичка партија треба да дојдат од самиот врв. Нашиот на-род има една стара поговорка која вика вака“волкот влакното го ме-нува но наравот не“.Цели 19 годи-ни од постоењето на плурализмот во Република Македонија, СДСМ го водел Бранко Црвенкоски. Ако во тој временски период Црвенкоски укажал дека од 15-ти септември на-родот ќе ја земе судбината во свои раце и дека ќе има по еден вра-ботен од секое семејство за да по-сле две години кукавички ја напуш-ти функцијата премиер и замине на функцијата претседател на држа-вата. Тој со напуштањето на преми-ерската функција и постанувањето на претседател на државата оста-ви еден тотален економски хаос па така наместо ветените вработувања по еден член од семејство имавме дополнителни отпуштања. Нависти-на не гледам надеж за СДСМ затоа што не гледам некои нови личности кои би можеле да направат одреде-ни радикални промени во партијата . Социјалдемократијата не се состои во помагањето и правењето на оли-гарси туку социјалдемократијата се состои во помагањето на на-родот и социјалата. Јас не гле-дам социјален аспект или момент во програмата на СДСМ и сметам дека она што самите тие го има-ат понудено за граѓаните не е до-волно. Беше направена анкета на граѓаните во државава а добиените податоци покажаа дека рејтингот на СДСМ е паднат за 1% по враќањето на Бранко Црвенковски во парти-ските редови а не е зголемен. До-бро е во Република Македонија да се појават одредени конструктивни

опозициски партии кои ќе допри-несат не само во тоа да се критику-ва работењето на Владата или вла-ста туку со одредени нивни проекти или моменти да приложат или при-кажат дека имаат разбирање и дека

на Владата ќе и понудат одредено решение кое ќе го прифатат. Јас по-вторно ќе кажам односно ќе се вра-там на мојот одговор на едно од по-горе наведените прашања, што се

однесува на споменикот на Св. Наум Охридски. Не станува збор дали идејата за градба беше на градона-чалникот Александар Петрески, на скулпторот Томе Серафимовски или од пратеникот Цветко Грозданов.

Идејата е добра и треба да се под-држи и затоа укажувам благодар-ност до Локалната самоуправа а во ниеден случај нема да кажам дека ја критикувам идејата на Петрески или

Серафимов а уште помалку ќе ре-чам ,“сега јас ќе ја протежирам затоа што е моја“. Какви се релациите Централ-на- локална власт? Често локал-ната самоуправа знае да ја обви-ни Владата како виновна за не решавање некој проблем во Охрид затоа што за него Локал-ната не добила поддршка или по-мош од Централната власт.- Јас ќе одговорам на прашањево со тоа што на почетоков ќе про-бам да ги цитирам зборовите на градоначалникот Петрески тој че-сто кажуваше вака: “во кое време од ноќта да му заѕвоните на Мини-стерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски тој е достапен и кре-ва телефон“, значи со овие зборови и самиот градоначалник ја потврду-ва и признава транспарентната ра-бота на Владата. Доаѓањето на пре-миерот Никола Груевски во Охрид и средбата со градоначалникот Алек-сандар Петрески укажува на фактот дека Владата е расположена за со-работка но, но доколку таа не биде условена. Ние сакаме соработка која ќе даде подобро секојдневие за граѓаните на Охрид а не за пое-динци. Ќе напомнам неколку приме-ри, ако станува збор за носењето на деталните урбанистички решенија јас ќе ви кажам дека на просторот каде сега е сместен Медицински-от Центар и Брза помош има одво-ено средства за изградба на совре-мен Ургентен центар но промената на деталниот урбанистички план не го прави општината. Или пак ќе ка-жам дека по моето лобирање Пре-миерот Груевски се сложи дека ка-мен темелникот за затворен базен треба да се постави во Охрид за-тоа што во градов има традиција и се негуваат пливачките спортови. Ние како Влада бараме локацијата да биде на Спортскиот центар Билјанини Извори но не на веќе постојниот базен затоа што Влада-та има донесено одлука да на веќе стари постоечки објекти не гради нови затоа што со малку финансии старите објекти можат да се адап-тираат и да се преуредат или стават во функција. Со новата инвестиција градиме нова можност и нов објект во кој ќе може да се одвиваат тие спортски активности. Но локалната самоуправа за жал не сака да зацр-та маркичка на тоа место каде сака-ме да го изградиме пливачкиот ба-зен затоа што тука има интерес да зацрта нешто сосема друго. На при-мер ќе кажам дека кога јас би бил градоначалник на Охрид и кога Цен-тралната власт би ја имала СДСМ јас би бил тој кој би иницирал средба со Премиерот, затоа што Охрид како

Интервју

Page 13: АМАК ПРЕС 115

13

град е навистина вреден. Сите ние сме даночни обврзници, со плаќање на комунали или друга сметка да-ваме придонес во полнењето на државната каса. Тие пари се насоче-ни кон државата а таа нас ни враќа на она што се проекти. Но доколку градоначалникот има комуникација со Власта нема да има проблеми во реализирањето на проектите. Гра-доначалникот е должен и мора да бара, да иницира средба и да има заеднички јазик со Власта за да во името на граѓаните предложу-ва проекти за кои Владата ќе одо-бри средства . Општината не може да реализира некои крупни проекти и затоа треба да имаме разбирање и да имаме на ум дека изборите завршија. Имаме градоначалник кој треба да лобира (дали преку пра-тениците од ВМРО-ДПМНЕ или на друг начин), враќање на што е мож-но поголем дел од средствата кон локалната самоуправа или Општи-на Охрид.

Зошто плажите во Охрид не се ставаат под надлежност на Ло-калната самоуправа, така оп-штинската каса би била полна а градот ќе има поголем ќар по завршувањето на секоја тури-стичка сезона?- Јас имам комплет документација од времето кога плажите не беа да-дени под концесија до денес од-носно, како тие изгледаат откако се дадоа под концесија. Не стану-ва збор за прибирањето на сред-ствата затоа што 80 % од собраните средства ќе одат на контото на ло-калната самоуправа. Тоа и не се не-кои големи пари никој да не се за-лажува, локалната самоуправа не би можела да функционира или ег-зистира само од тие пари. Мислам дека со тие пари ни ЈП “Комуналец“ не би можело да ги подмири трошо-ците за чистењето на плажите. Не се големи концесиите, но еве услов-но ќе кажам и враќањето на пла-жите под локална самоуправа не е ништо страшно и треба да му се да-дат плажите на локалната таа да ги стопанисува, но под оние услови кои што ги предвиде издавањето или концесионерот претходно. Ќе прашате зошто? Затоа што сведоци сме на она што се случува во Стру-га. Сега кога ќе направиме една спо-редба со плажите од Охрид ќе ви-дите дека кај нас плажи кои беа де-понии ги направивме во места кои се собиралишта на многу млади и на повозрасни луѓе кои што добар дел од денот го поминуваат во тие објекти. Такви се плажите “Куба Ли-бре“ и “Кадмо“ каде некогаш беше „Ајван“плажа обрасната цела во трнови и шут. Потоа кај сегашна-

та плажа “Атлантик“ некогаш има-ше купишта кабаст отпад тоа беше депонија во вистинска смисла на зборот. Денеска плажите се уреде-ни, има обележано капалиште,место за чамци и скутери, има спасувачи за вода. Дојдовме дотаму да секоја плажа има интернет достапен за го-стите на тоа место. Јас немам ништо против плажите да се вратат назад на Локалната самоуправа но тре-ба трендот во уредното водење на плажите да го почитува и Локалната самоуправа.

Што во моментов е приоритет-но да се реши во градов, што им е најпотребно на охриѓани?- Мислам дека во Охрид има мно-гу работи кои треба да се решат. Јас пред шест месеци укажав дека во Охрид особено во заштитениот стар дел има многу дивоградби. Знаете дека јас во еден од минатите брое-ви на ова списание изјавував дека е можно градов да биде избришан од листата на УНЕСКО. Мојата идеја на почетокот беше исмеана, тогаш сите кажуваа дека тоа не е можно за да после 2 месеци член од прет-седателството на УНЕСКО кажа дека Охрид бил на црната листа на УНЕ-СКО и можно е да биде избришан затоа што заштитениот дел одно-сно, стариот град и крајбрежјето не се онакви какви што меѓународната организација предвидела. По некол-ку месеци беше исклучен Дрезден а потенцијален за исклучување ста-на и Охрид. Сега она што е актуел-но и како закон ќе се донесе во Пар-ламентот е легализацијата на диво-градбите. Јас при донесувањето на законот и амандмански ќе реаги-рам тоа да не важи за стариот дел на Охрид затоа што тој е заштитен дел и сите дивоградби ќе треба да бидат отстранети или да бидат пре-адаптирани и доколку по проектите или градежниот план можно е да се легализираат јас немам ништо про-тив, но да ги вратат во состојба она-ка како што УНЕСКО предвидува. Значи предвидено е чатиите да би-дат на четири води, да нема стакле-ници туку прозорците да се на 1ме-тар и 20 сантиметри со 80, чатии-те да немаат баџи а ѓерамидите да бидат полу кружни односно позна-ти како стари турски ѓерамиди не од плех или шиндра и ред други ра-боти. Мислам дека тоа е она првич-ното што Охрид треба да го среди. Многу дивоградби има и во новиот дел на градот и за нив треба да се преземат мерки да се рушат или да се легализираат но ќе кажам дека на градов му недостига и добра ин-фраструктура. Знаеме дека кога врне дожд или снег по улиците не се поминува со автомобили а камо

ли пешки. Еднаш за секогаш треба да се заземе стратегија за развојот на Охрид, колку жители би имал и која треба да биде инфраструктура-та за нив. Мора да гледаме напред за наредните 50-100 години. Не мо-жеме да размислуваме од денес за утре поставувајќи цевка за отпадни води која има одредена широчина која може да опслужува само 40 000 жители а при тоа знаеме дека само во летниот период со гостите нив-ниот број достигнува 80 000. Треба да размислуваме како да се разви-ва туризмот за да паралелно со него го помагаме и стопанството. Во ми-натото Охрид беше познат стопан-ски центар но и туристички. Денес не сме познати ни по стопанство-то а уште помалку по туризмот, за-тоа што носењето на детални урба-нистички решенија на брзина само за да се наполни општинската каса и при тоа да се дозволи градба на 36-38 згради како што беше случај со урбана единица 6 е катастрофа. За мене такви градби се неприфат-ливи. Нека ми простат кратовци, но ова не Кратово ова е Охрид, не тре-ба да градиме рударски окна, ру-дарски населби туку наместо тоа градов треба да добие елитна на-селба. Јас се сложувам наместо 38 згради да има 38 хациенди кои што ќе се убави како во скопско Радиша-ни или Злокуќани каде што луѓето со подлабок џеб ќе платат и по 3, 4 или 5 000 евра за квадратен метар. Тие ќе имаат луксуз од големи раз-мери а ние како охриѓани кога ќе поминеме таму ќе се воодушевува-ме затоа што имаме такво луксузно катче со убава инфраструктура. На таков начин привлекуваме во гра-дов богати луѓе кои се спремни да потрошат голем дел од своите фи-нансии по хотелите, рестораните и низ другите места во градов.

Има ли според Вас услови за развој на елитен туризам во гра-дов?Ние не треба да измислуваме топ-ла вода туку треба само да гледаме како се развива Европа, што прават нашите соседи или каков туризам развиваат бившите југословенски републики, Хрватска или Црна Гора. Ќе наведам еден пример ком-плексот вили и претседателска-та резиденција имаат голем луксуз и приватни плажи но сепак се за-творени и се за мал број посетите-ли. Имаме хотели со претседател-ски апартмани кои се навистина до-бро средени кои претседателите и премиерите ги користат како такви. Еве како Бриони од резиденција на претседателот Јосип Броз Тито ста-на елитен простор и туристичко ме-сто кое сакаат да го посетат бога-

таши кои дел од своето богатство трошат таму. Но тоа е елитниот ту-ризам. Елитниот туризам го гледам без градењето на таканаречените викенд станови затоа што Охрид во моментов има над 8 000 викенд ста-нови кои што во летниот период се издаваат на пријателска основа без она што се нарекува надоместок а мештаните земаат кредити за да ги преадаптираат своите објекти во апартмани за издавање. На овој на-чин со градењето на викенд стано-вите ние му правиме една нелојална конкуренција на нашите мештани кои што во текот на целата година треба да живеат од издавањето на апартмани

Што ќе направеше за Охрид, ако Цветко Грозданов беше градона-чалник?- Првично би вовел ред во угости-телството и би го средил хаосот во чаршијата и на плоштадот. Не може и недопустливо е на плош-тад кој има одредена цена да рабо-тат кафулиња кои ставаат столици од банбус кој е на распаѓање и до-колку некој турист седне на него ќе си ги скине пантолоните. Вто-ро, бројот на маси и столици од кафулињата на плоштад би бил зна-чително помал,цената за услуже-ните добра би била повисока а со тоа и квалитетот на услугата значи-телно подобра. Пред неколку го-дини престојував во Гете Бург, на главната улица која води кон море-то има ексклузивни кафулиња со 4-5 маси. Таму една кока- кола чини 7 евра. Ако одите во споредната уличка само 50 метри погоре , це-ната на услугата е за 50 % пониска. Кај нас пак, цената на пијалаците во сите кафулиња е приближно иста, независно дали седите во кафуле на плоштад, во с. Трпејца,с. Пешта-ни или пак пиете кафе во кафеана во населбата Видобишта. Тоа е не-допустливо. Реонски мора да има-те зголемување или намалување на цената. За развој на кафулињата не треба да биде ударна само ста-рата чаршија или плоштадот. До-волно е да се земе во предвид она работењето на кафулињата по скопската улица “Ленинова“. Хаосот во секој случај треба да се оттргне, мора да се отстранат тезгите и пре-продавачите од езерскиот кеј и плоштадот и да се постават на дру-го соодветно место. Ужасно беше поставувањето на белиот шатор или бините кои ги имавме летово на плоштадот. Мора да се стави добар ред во угостителството и туризмот и хаосот кој е во старата чаршија.

Интервју

Page 14: АМАК ПРЕС 115

14

Охрид, средиште и крстопат на овој дел од Балканот, во својата многувековна историја дал бројни бележити луѓе, во разни области

од животот. Нивниот придонес ги надминал и ло-калните рамки , па дури некои со своите дела, се вградиле во историјата и во светското културно наследство. Но, има и такви , кои дошле од далеку , токму во Охрид и сиот свој живот го вградиле во решавањето, надминувањето и подобрувањето на севкупниот живот во Охрид и пошироката околија. -Јас не учев и не дојдов тука за да печа-лам , ами да лекувам болни , да бидам од полза за народот....ми го рече во една пригода, пред многу години познатата док-торка Каваева , која повеќе од педесет години работеше како лекар во овој наш крај и остави неизбришливи траги зад себе, и се вброи меѓу основоположниците на современото здравство во Охридскиот крај, во нашата земја, а и на по-широките балкански простори.

Тука, меѓу нас , д-р Хелена Етингер - Ка-ваева, исклучителна жена хуманист, дојде пред повеќе од осумдесет години, од далечната Русија, придружувајќи го својот сопруг, истотака доктор Владо Кавај, напуштајќи високи општествени по-зиции и блескава кариераи двајцата, за да бидат од полза на обичниот човек. Не постои повозрасен жител на Охрид

кој не се сеќава или барем не чул за докторка-та Каваева, првата жена лекар во нашиот град и пошироко, која речиси сиот свој работен век до највозрасните дни го минала тука, помагајќи и дење и ноќе секому кому му била потребна ле-карска помош, без разлика на народност, вера ....и материјална состојба. И мене, се уште ми се неизбришливи сомените за оваа докторка, со која имав бројни средби, најпрвин како нејзин пациент, а подоцна како млад новинар, со која во повеќе наврати во-дев долги разговори за нејзиниот животен пат, од кои разговори за денешниов број на `Охрид-ските Новини` одбрав фрагменти снимени на ста-ри магнетофонски ленти:

Квечерина. Есенска , студеникава . Одајата затоплена . Пријатна домашна атмосфера со чај и бисквити . Спокојствие , напати и тишина : стари-цата седната од спротива пребира по мислите свои , ги средува спомените ли , датумите... или пак одново ги преживува сите мигови од пред половина век и повеќе, минати се' до нејзиното животно пристаниште - Охрид . Д- р Каваева со енергичен глас , но се-пак пријатен за слушање, кажува :-На мажот ми Владо му било пишано како на Мојсеј ...Како што Мојсеј ги изведе синовите на Израел од Египет преку Црвеното Море , така од Владо се бараше , го молеа и преколнуваа ... да ги изведе балканските словени кои по случај или со некаква намера се нашле во Русија и тука ги затекнала Октомвриската Револуција и Татковин-ската војна....И успеа во тоа !- Како се најдовте таму ? - прашувам и го вклучувам магнетофонот .

- Е, тоа е долга , многу долга приказна ....вели старата докторка и поместувајќи се поудобно во фотелјата про-должува :- Јас сум родена во Ченстохова , денешна Полска , од родителиЈузеф и Регина Етингер . Татко ми беше инже-нер по хемија и шумарство, инаку фабрикант , сопственик на фабрики за хартија.....ама јас дел од детсвото и младешките години ги минав на учење во Швајцарија . Брат ми Адам , повозрасен од мене , уште во студенстките дни се занимавал со на-предни револуционерни активности , па уште во почетокот на векот (дваесеттиот век, б.м) беше протеран од родниот крај , од страна на то-гашните руски власти и тој замина во Берн , таму студираше а подоцна стана професор на Правниот факултет . Јас преку летото , уште од најмали нозе го посетував неговото семејство , а подоцна во Берн се школував . Во 1910 преминавме во Берлин , за да сме побли-ску до родниот крај...Јас запишав студии по медицина, а кон крајот на 1913 ја одбранив и докторската дисертација . От-идов во Санкт Петерсбург да полагам државен испит за да можам да работам низ Русија, како државјанин руски , па пак назад во Берлин , ка-дешто нė затекна и почетокот на Првата Светска војна . Беше страшно . Период на мобилизација , јас без работа , брат ми и снаа ми со мали професорски плати , границите се затворија - материјалната помош од татко ни' не пристига....стана просто невозможен животот за руски емигранти...Со помош на пријатели сė се надминува - најдов работа како придружничка доктор на еден руски генерал во поодминати години . Тој бил затечен на бањско лекување во околината на Берлин , а како кум на царот Николај Романов , бил трампан за германски високи офицери ли , генерали... И јас тргнувам со него... почеток на јануари 1915 преку Балтикот, па Шведска , замрзнатата Финска ...и накрај во Петроград , односно се уште тогаш беше Санкт Петерсбург. Тмау, пак без работа . Талкам , лутам две недели ....само на вода топла и сув лебец . Конечно работа - на струката , лекар во 169 Воена болница...` И токму таму во тоа време невреме се запознава со Владо Кавај, инаку нејзин претпо-ставен доктор, кој зад себе иако млад, имал мош-

Јас не учев и не дојдов тука да печалам , ами да лекувам болни , да бидам од полза

за народот....пишува: Владо Жура

Докторката Елена Каваева

д-р Хелена Етингер - Каваева

Домот на д-р Каваева, на чие место де-нес е филијалата на Охридска Банка

Охридски легенди

Page 15: АМАК ПРЕС 115

15

не интересна животна историја. Владимир Кавај бил роден во 1889 го-дина во Охрид, како втора рожба на Фросина од Аљчета Пенда и стружанецот Јаким Кавај, од по-знат попски сој чиј татко попа Јосиф Кавај бил набиен на кол од тогашните злодејци во с. Радожџа! Владо од мал бил склон кон учењето, но заради ограничените семејни материјални можности многу тешко можел да ја оствари својата неизмерна желба па превзел мошне ри-зичен чекор и на десетгодишна возраст, и покрај волкјата на така си, но сепак со егов благослов и една бела меџидија добиена од мајка си, тргну-ва низ белиот свет приклучувајќи се кон еден карван тргнат од Елбасан, преку Охрид и Битола со крајна цел Цариград. Патешествието му завр-шува во Битола. Во еден ан покрај Драгоро, се главил како прислужник- мијач на садови, вари кафе...и учел ! И така , тука останува речиси годинаи-половина, па го продолжува патот за Солун. Таму, по случај на околности го сретнува Јане Сан-дански, кој го поведува со себе си во Неврокоп, за подоцна да му препорача на егзархот Јосиф умното момче да го испрати на учење за духов-ник во цариградската семинарија. Бистро мом-че, лесно се снаоѓал во изучување на јазиците, станува полиглот и преведувач...и жнеел успе-си како за време на школувањето во Охрид и Би-тола, и тука бидува првенец на семинаријата и за награда го упатуваат во Света Гора. Монашкиот живот не одговарал на неговиот љубопитен дух, па некако успева да запише студии по медици-на во Бејрут, каде заминува заедно со Лев Огне-нов на Американскиот медицински институт. Но и тука немал среќа, по две години Американци-те го затвораат институтот па Владо кавај решен да ги заврши медицинските науки, му пишпува на својот пријател Сава Чукалов да му се најде во Петроград. Таму се запишува на Военомедицин-ската академија, која со успех ја завршува и до-бива работа во 169 петроградска болница! `- И таму ли го запозна нашиот Владо Кавај , роден во Охрид ? - Да , тоа беше 1916 година , почето-кот... Дојде како млад доктор во истата болница . И тој зад себе имаше долго патешествие. Кинисал како момченце од родни-от крај , стигнал дури во Стамбол , за да започ-не студии медицински во Бејрут и истите да ги доврши во Санкт Петерсбург . Работевме заедно , симпатија се роди... формиравме семејство во време - невреме . - Не' зафати најпрвин женска-та револуција во февруари седумнаесетта-

та , па доаѓањето на Ленин и Октомвриската Револуција.... а со Ленин бевме пријатели уште од Швајцарија, беше чест гостин во домот на брат ми Адам, како што беше обичај и за поголем број словенски студенти . Доаѓаше од Цирих и држеше предавања на сите студенти словени во Берн... остануваше кај нас на неделните ручеци , имаше навика мене да ме вика малиот бунтовник ! -И така со Ленин повторно се видовме по цели осум години....воопшто многу убави спо-мени имам за Ленин - ретко скромен , голем, рет-ко голем хуманист ! Што не можам да речам за оној ѕвер од човек , Сталин . Сигурно ќе не' спа-стреше !`

Д-р Хелена Етингер - Каваева ги врти албумите , покажува слики од тоа време со Ле-нин, Плеханов ....Џон Рид ! -Страшно време беше , немаштија, беда сеопшта, глад ....иделизам! Па следуваа борби на фронтот , ранети безброј , со денови и ноќи неспиење... И така минуваат седмици, месеци .... Истоште-ност непојмлива , до последниот дамар . А имаше и недоразбирања - наши пријатели страдаа, беа обвинувани ...и некој требаше да ги застапува пред властите . Кој !? Петиција од 5.000 потписи бара Владо мој да биде конзул за сите Јужни Словени , море за сите

Балканци ...и грци и сите . Ленин се сложи - Владо нема каде. -Владо да нė извлечи како Мојсеј Евреите - зап-наа , а ние , малку ли ни беа нашите лекарски обврски.....ама и Владо како да го влечи носталгија , родниот крај . -Истоштени до немајкаде бараме излез . А како ќе излезеш од тогашна Советска Русија која нема односи со никого , парите советски никој не ги признава... Пак Ленин помогна . Му ветуваме дека еден ден пак ќе се вратиме !И ќе се вратевме , да беше жив тој .

Започнува нова одисеја - првите гру-пи луѓе за радниот Балкан ги испративме преку Естонија ....па карантин , што да ви кажувам - не-мам зборови за тие времиња . И нашата пату-вачка одисеја траеше долго, повеќе од три годи-ни : Естонија , Берлин , Ченстохова,родната Пол-ска ....пак Берлин. Доаѓа делегација од Карнеги-евата фондација , му нудат на Владо пари , голе-ми пари, да се врати барем извесно време да ги води низ Советскиот Сојуз. -Родниот крај и викот негов се посилни од секакви пари , титули ,богатства.. и Владо реши - Македонија . А јас што да речам - местото на жената 'и е покрај мажот , и во добро , и во лошо... -Како беше тоа време во Охрид ? - пра-шувам љубопитно. -Ах , ах ....за Владо рај , за мене - што да ви кажам ...при пречекот сепомајтапија дека доаѓам од палата во куќа од клечки / од плацки штици /.

-И не се населивме веднаш во Охрид , ами најпрвин во Струга , а потоа држевме пракса во Албанија, па сетне во Охрид, дури дваесети-седмата .А Струга немаше вода за пиење , освен од Дри-мот , маларија царуваше, цревен тифус....болести , умирачки .... -Се зафативме најпрвин со изградба на антималарична станица , панабавивме багер /малку владата , малку татко ми Јузеф помогна со пари/ започна исушувањето на блатото , мочуриштата - леглата на комарци-те , па искоренување на примитивизмот , првите јавни бањи, па перални .....што да ви кажувам тоа беа години во кои преку зимата во малката Стру-га имаше и по 400 случаи на заболени од ендеми-чен тифус. -Оттука , по направените први чекори на нашата пионерска работа, тргнавме за Албанија. Јас бев живо чудо . Кој видел дотогаш таму жена доктор . Море викнаја комисија , лекари турски , па полагав државен испит , а имав веќе специјализирано во Берлин.Животот тогаш беше ептен примитивен , без електрично осветление , без вода за пиење , по селата спиеја на слама заедно со животните..... Беда невидена. -И така Д-р Етингер - Каваева дојде во Охрид . -Да ...во дваесетиседмата беше ! Добро , тука не беше како во другите места - но сепак креветотбеше реткост . Луѓето, вистина, беа поздрави ,

Каваева со дел од персоналот на Петроградската болница

д-р Владимир Каваев, син на Фросина од Алче Пендо и Јаким Кавај, чии дедо поп Јосиф Кавај жив бил набиен на кол во село Радожда

Под знамето за Балканска федерација

Охридски легенди

Page 16: АМАК ПРЕС 115

16

имаше многу зеленило , многу градини , бавчи , овошје и зеленчук секаков , па риби многу ... а имаше и опитни доктори . Знаете како ....поголе-мо место!. Но , за жал набрзо останав вдовица , со малечко девојче...тежок е животот и неправедлив .(Владо Кавај, големиот хуманист и лекар, во-едно автор на `Англо-арапски-персиско-турски`речник и голем вљубеник во археологијата, кој често го среќавале кај куќата од Благуна од Ѓоргалета (денешниот Антички те-атар), немал среќа - животниот пат му бил кра-ток. Заболува од рак на грлото и починал при са-мата операција во Загреб 1931 година.

Таму му била и гробнината. Кога разбрал стариот Јузеф Етингер, таткото на Елена, веднаш допату-вал од Полска за да ја врати дома ќерката заедно со малечката внука. Бил богат, имал сопствена фабрика за хартија. Но, таа не сакала да ја напушти Македонија. Ќерката Рења подоцна кажуваше дека мајка и`никогаш не и' кажала зошто не си заминала во Полска, нико-гаш не и' ја отворила душата.) -Едно време останав сама доктор во Охрид . Втората Светска војна беше . Другите док-тори ги мобилизираа... јас сама . Сиромаштија го-лема . Луѓето горделиви - немаат пари, не можат да платат....не ме викаат ! Ама јас знам , и сама ако требаше и на полноќ и по три пати ноќе кај болните одев. Зе-дов обврска да лекувам болни , народ, а не да печалам пари....( Не ја прашувам како успеала да се спаси од окупаторските сили и да куртули од концен-трационен логор. Имав разбрано дека Елена Каваева Етингер како Еврејка за време на бу-гарската окупација во 1941 година заедно со нејзината ќерка Регина ( Рења ) била на списо-

кот за интернирање во логорот Треблинка, каде што беа испратени над 11 илјади Евреи од Македонија. Тогаш видни охридски семејства презеле акција да ја спасат познатата лекар-ка и нејзината ќерка. Се собирале потписи и во Охрид и во Струга, иако тогаш струшките потпи-си не важеле, бидејќи тие биле под италјанска окупација. Од неколку- мина охриѓани петицијата била однесена во Софија и лично му била предадена на цар Борис. Така биле спасе-ни. Продолжиле да живеат во Охрид.)

-Помина и Војната .Со сите нејзини стра-отии... Четириесетиседмата , зимата ....студ не-виден . Нė викаат во Скопје , на курс....трае со недели . Ни огрев , ни јадење.... тогаш зарабо-тив гастритис и чир , а и некои колеги веќе ид-ниот курс не ги видов - се разболеле , починале . А, не' имаше само девет детски лекари во цела Македонија. -Во 1948 година , на 15 март , го форми-рав детсткиот диспанзер во Охрид и оттогаш , па се до пензионирањетово 1966 им се посветив исклучиво на децата , нивно-то здравје , лекување....полни дваесет години .`

Уште се живи луѓето меѓу нас кои ја паметат по нејзината пожртвуваност.Секогаш и дење и ноќе беше презафатена, ра-ботеше премногу, се' за доброто на луѓето. То-гаш кога децата не можеле да ги донесат кај неа, кога била помлада со коњ патувала во планин-ските села за да им помогне.Се уште се паме-ти и случајот кога D-r Кававева за да спаси бол-но дете во струшкото село Присовјани, со еки-пата заминала далеку во планината Караорман. Преминувајќи ја надојдената река од поројните дождови, за малку ќе се удавела. Сета измокрена продолжила во селото и го спасила детето.) Кажува докторката а мене ми навираат спомените како ме лекувала през моето детство , сеуште ми ѕунат во ушите нејзините благи совети упатени пред се кон родителот, како да се грижат за своите деца Времето неусетно одминува . На споме-ните никогаш крај .

Ноќта веќе одамна настапила . Се поздравувам со старицата и 'и поса-кувам добро здравје.Во студеникавата есенска ноќ си размислувам каква ли сила била таа и од каде ли ја црпела сиот живот , да се откаже од богатство , удобен живот и преку огромни саможртви да му се по-свети на пионерскиот живот во, за неа , непо-знат туѓ крај . Хуманоста , секако ! И сеуште ми ѕунат зборовите :» Јас не учев да печалам , ами да лекувам болни ,да бидам од полза на наро-дот.....» /Репортажа емитувана наРадио Охрид, 1975 .- /

Д-р Елена Етингер - Каваева за жал веќе ја нема меѓу нас . Почина во 1983-та година, на 90 годиш-на возраст . Старата Еврејка , која цели педесет години, од својот исклучително плоден живот како лекар и хуманист , му ги подари на Охрид и

Млада вдовица

Прв детски лекар

Д-р. Каваева на работното место

Со малите пациенти

Спомени

Охридски легенди

Page 17: АМАК ПРЕС 115

17

неговите граѓани , тивко замина . Останаа неиз-бришливи спомени во нас , кои од ден во ден не' има се' помалку. Спомените бледеат . Единствено заедничкиот гроб во кој се положени останките на Владимир и Елена Кавае-ви, на охридските гробишта, потсетуваат на гран-диозното дело што го оставиле зад себеси. Останува верувањето и надеж дека еден ден некоја охридска улица ќе го понесе нејзиното име.... или барем на Детскиот диспанзер , чиј основач била токму таа,или на '' Маларичната '' во Охрид, која 1927 ја подигнале со нејзиниот Владо , ќе биде поставена плочка со нејзиното

име , како знак на наша благодарност и сеќавање за сето она што го сторила оваа племенита жена за редица генерации . Тоа е најмалкуто нешто со кое можеме да 'и оддадеме почит за нејзината несебичност, пожртвуваност , и племенита душа . Владо Жура

Гробот на Каваеви на охрид-ските гробишта

Охридски легенди

Page 18: АМАК ПРЕС 115

Охридски легенди

Page 19: АМАК ПРЕС 115

19

Охриѓанецот Владимир Василески- Четкар е еден од најдобрите и најуспешни наши музички амбасадори во светот. Тој е дипломец по модерна џез музика на најпознатиот музички конзерваториум во светот “Беркли“. Веќе десет години живее и работи во САД каде настапува во светски најпознатите џез клубови и полека но сигурно го освојува и Европскиот пазар. “Музиката е приказна. Таа не подразбира само свирење гитара,пијано или клавир, таа е начин на живот“, вели Четкар кој се воодушевува од се што е софистицирано и убаво а тоа му помага во креирањето на музиката. Тој е тотален вљубеник во родниот Охрид кој за него е синоним на убаво и оттука ја добива енергијата која му потребна за долгите музички настапи далеку од родната земја

Музичар со охридско потекло, светско реноме и слава

Владимир Василески – Четкар, естраден уметник

ЛокалЛокалНа кафе со...

Page 20: АМАК ПРЕС 115

20

Денес сте еден од најпознатите музичари кај нас со светско ре-номе, значи ли тоа дека сте го реализирале детскиот сон?-Кога бев дете сакав да бидам Индијана Џонс. Се воодушевував од тогашната триологија. Ја обожа-вав музиката на Џон Вилијамс кој го напиша саунтракот на филмот. Се восхитував на тие филмски аванту-ри и замислував дека истите и во Охрид можат да се случат. Сето тоа го поврзав со музика. Мислам дека токму преку таа филмска музика од аспект на мотивација ја засакав му-зиката воопшто. Така на некој начин ги поврзав моите детски сништа со

мојата денешна професија.

Како “падна“ одлуката Владимир Василески –Четкар да стане про-фесионален музичар.-Иако како средношколец , актив-но се занимавав со музика, свирев гитара, пеев во училишниот хор во гимназијата “Св. Климент Охрид-ски, хоризонтот за професионал-но занимавање со музика ми се от-вори подоцна. Знаев дека кај нас, на Музичката академија во Скопје нема катедра за популарна, модер-на џез музика и при крајот на сред-ното образование аплицирав на Универзитетот “Беркли“.Така зами-

нав од Македонија и почнав да се реализирам во стилот на музиката.

Какви беа почетоците во да-лечната, дотогаш непозната Америка,среде непознати луѓе, без своите најблиски?-Пред да заминам во САД, бев на аудиција за истата таа школа во Италија. Во градот Перуџа во реги-онот Умбрија имаше летна школа за музика. На тамошната аудиција јас добив стипендија за Беркли. Кога стигнав во Америка имав само 18 години. Тоа беше моето прво по-далечно и долго патување без најблиските. Дефинитивно почето-

кот беше стресен , но љубовта кон музиката и фактот дека сите околу мене ја делеа истата судбина (затоа што во “Беркли“ 74-75% припаѓаат на интернационалното студентско тело) некако ме смируваше. Нико-гаш нема да ја заборавам првата ноќ кога преспав сам во студентски-от дом на кревет без перница и по-стелнина , со загубени куфери, и са-миот загубен во големата Америка. Но подоцна се се исполира, почнав да се фокусирам на студиите и ак-тивно вежбав свирење музика, поч-нав да работам.

Каков е тамошниот начин на

ЛокалЛокалНа кафе со...

Владимир Василески Четкар наш музички амбасадор во светот

Page 21: АМАК ПРЕС 115

21

образование, има ли врска со нашиот,може ли да се направи не-каква споредба или паралела?-Не знам бидејќи нема искуство со овдешните студии. Јас тука завр-шив средно образование. Бидејќи “Беркли “ е специфичен конзерва-ториум односно специфична шко-ла претпоставувам дека не може да се направи споредба. Тоа е колеџ специјализиран за модерна –џез музика. На него предаваат дел од светските џез икони на 21 век, Хер-би Хенков, Стинг, Дејвид Боуви. На Беркли функционираат различни профили уметници кои заедно до-принесуваат во постоењето на таа образовна заедница. Начинот на об-разовани е толку слоевит и поста-

пен што ти овозможува да научиш многу а и не мора да научиш ако не сакаш. Се зависи од карактерот на студентот. Станува збор за мно-гу оригинална школа и тоа што ми остави впечаток е дека најголемите ѕвезди, најголемите музичари и најдобрите професори се многу ед-ноставни. Некои не се, но претежно човештвото и хуманоста е извор на се, извор на целата убава музика, на целата убава енергија која постои. Ако човекот или уметникот е пра-зен во душата ако е површен ако е дрзок тоа ќе се одрази на неговата работа дефинитивно.

Ако почетокот Ви беше тежок, каква е сегашноста? Јавноста Ве

оценува како еден од најдобрите и најквалитетни музичари, капа Ви симнуваат светски познати уметници од Европа и САД, поле-ка но сигурно Вие стигнувате кон врвот. - Јас се уште се искачувам кон врвот. Морате да забеле-жите дека Америка е еден од најконкурентните пазари а тука не-каде е и Западна Европа. Но де-финитивно Њујорк е крај на конкуренцијата. Само таму живеат над милион од светски најдобрите и познати музичари. Зборувам за продуктивната музика не за кла-сика. Класиката е друг правец и не би ја споредувал со оваа музи-ка бидејќи на некој начин е репро-

дуктивна уметност која има поинак-ви закони и правила и поинакви ли-митации за изразување слобода. Ние живееме во едно урбано вре-ме. Секоја индивидуа е битна, рабо-тите не се како некогаш кога имало монархии и куп робови. Сега секој поединец е важен. Модерната ,џез, поп или рок треба да се разбере како индивидуална музика. Тука по-единецот се изразува како уметник но и животот на многу индивидуи кои се идентификуваат со таа му-зика. Ќе се вратам сега поконкрет-но на прашањето самиот судир на креативна енергија во Њујорк пра-ви пазарот да биде неверојатно те-жок. Поради тоа моите свирки таму, градењето на мојот имиџ, име и по-

ЛокалЛокалНа кафе со...

Page 22: АМАК ПРЕС 115

22

пуларност е еден историски момент за Македонија и за Балканот вооп-што. Значи мојата кариера таму не е важна само за мене туку и за кул-турно промовирање на нашава земја во светот. Долго време бевме аутсајдери , долго време бевме за-творени во микрокосмосот: Загреб, Белград, Софија и тоа беше наше-то врвно достигнување кое за жал не е реално врвно достигнување туку е слепа улица која остану-ва тука и не ја промовира нашата душа или потенцијал за извоз. Така како што беше некогаш не успе-вавме да се промовираме вистин-ски. За тоа промовирање најбитни и најодговорни се медиумите . Ме-диумите мора да го насочат тален-тот надвор. Само така можеме да бидеме вистински амбасадори на Македонија.

Што се случува околу организацијата на твоите наста-пи, имаш ли менаџер задолжен за овие обврски?-Тоа е специфична тема. Јас сами-от на себе сум најдобар менаџер. Самиот се менаџирам 99 %. Имам доста соработници, агенти, адво-

кати односно екипа која ми пома-га во градењето на мојата карие-ра, но крајните одлуки ги донесу-вам само јас. Тоа е многу битно за-тоа што така си ја задржувам мојата лична слобода. На мое големо задо-волство почнав да градам кариера не само во Америка туку и во Евро-па. Настапувам во Будимпешта, Пра-га, Грац . Во Будимпешта сум наста-пувал неколку пати. Во февруари имам повторно турнеја низ Европа. Јас сум ентузијаст за мојата музич-ка иднина.

Како што рековте од година во го-дина поголем е бројот на земји во кои Вие настапувате, а се побројна е и публиката која при-суствува на Вашите настапи. Зна-чи ли тоа дека луѓето имаат слух за џез музика?- Јас свирам многу повеќе од џез . Не станува збор само за џез, са-миот термин е многу ограничувач-ки. Свирам и фанк, сол и поп. Осно-вата ми е џезерска и од тој агол им приоѓам на другите теми. Но тоа е софистициран агол кој ги направи најголемите хитови во историјата на било која популарна музика. Зна-

чи зборувам за продуцентите на Мајкл Џексон за Глорија е Стефан, за Мадона кои биле џезери негу-вале џез позадина. Сакам да кажам дека кариерата која ја градам не са-кам да ја ограничам на еден стил. Најбитно на кое сакам да се огра-ничам е искреноста, секогаш да би-дам искрен во мојата музика. Во мо-менти кога ќе престанам да бидам искрен и ќе свирам само за пари, тогаш нема да бидам тој што сум. Така би ми пропаднал детскиот сон што го имав. Станува збор за глоба-лен проблем. Денес се е фокусира-но и специјализирано и тоа е голем проблем со кој допрва ќе се соочи-ме. Луѓето не го користат интерне-тот за позитивни работи. Сакам да кажам дека иако денес имаме многу подобри услови да научиме, да би-деме во тек со случувањата, да би-деме пред се луѓе ние тоа не го пра-виме. Напротив се фокусираме само на евтина забава и не сакаме со-фистициран предизвик. Ние може-би не сме свесни за самите себе но самиот вид човек е мастер пис, са-миот слух е мастер пис. Моцарт ре-кол: Хармонијата не е материјална но постои. Кога луѓето би ја разбра-

ле нејзината моќ ќе има мир во све-тот“. Хармонијата е основа на му-зиката. За жал луѓето ги злоупотре-буваат достигнувањата на наши-те предци. Човекот мора да го по-читува она што е во неговата при-рода тој мора да биде барем мал-ку пософистициран. Генерално како луѓе не мора да бидеме тол-ку мрзливи. Мислам дека мора да се вратиме назад и да ги предефи-нираме општо прифатените вред-ности. Мора на тоа поле да работи-ме, ние како Македонија, соседи-те како Албанија, Србија, Грција или Бугарија. Сите заедно мора да се фокусираме на општо прифатени-те цивилизациски вредности. Охрид е посебен град во него не станува збор само за природните убавини . Тука има еден редок склоп на исто-риска слоевитост со природна уба-вина. Тоа треба да на инспирира да го направиме нашиов град соодвет-но место за живеење и креација бидејќи некој пред нас го направи-ле, Климент, Наум, Филип Македон-ски, Прличев. Точно е дека со тек на време нештата се менуваат но има-ло нешто во ова место што ги ин-спирирало предците да дадат се од

ЛокалЛокалНа кафе со...

Page 23: АМАК ПРЕС 115

23

себе. Тие имале една создавачка енергија, ние мора да продолжиме со градењето на културата со исто-то нивно темпо.

Често си на релација Америка- Македонија, значи ли тоа дека Ви недостига родната земја и род-ниот град?- Имам еден баланс во патувањата, 7-8 месеци сум надвор од Македонија и четири месеци во родната земја. Јас никогаш не ја по-тиснувам носталгијата за родното место таа ме потиснува мене. Секо-гаш постои носталгија во мене и се научив да живеам со тоа.

Како Ви започнува еден работен ден. Колку часови дневно вежба-те музика?- Музиката е приказна, тоа не под-разбира само да седнеш и да сви-риш гитара, клавир или да пееш. Музиката е начин на живот. За мене секој едноставен момент е битен за-тоа што јас утре истиот ќе го пре-точам во музика. Затоа јас мора да имам искуство, животно иску-ство кое ќе ми помогне да напишам музика. Луѓето кои само вежбаат

свирење не ја разбираат суштината на музиката. Таа е прераскажување на животот со многу пософистици-ран јазик од нашиот.

Луѓето често знаат да Ве споредат со музичарот Лени Кравиц, како по физиономија, така и по стилот на пеење, сценски настап и начин на изведување на композиции-те. Значи ли тоа дека тој е еден од Вашите идоли?- Знаете, ние луѓето сме како сунѓер, раснеме и прифаќаме се околу нас. Секој човек е помалку или повеќе свој оригинален во зависност од тоа колку се потрудил да го дигести-ра, влијанието на овој или оној од-носно оваа или онаа уметност. Тоа е микс од нешта кои го дефинираат твоето битие, меѓутоа секогаш имаш и неколку проценти помалку или повеќе твои кои ќе го измаринира-ат тој микс на сите твои флуенции и ќе го создадат твоето , ќе го созда-дат Четкари или било кој друг умет-ник. Тогаш останува само времето да покаже колку ќе бидеш свој или туѓ. Вие го спомнавте Лени Кравиц, мора да кажам дека тој ми е еден од најголемите инспирации не толку

конкретно музички колку енергич-но. Неговата енергија е уникатна, тој старее но како да не старее. Секо-гаш е како вино. Тој е инспирација за сите. Не мислам само за музича-рите. Да старееш на еден таков ква-литетен начин е успех. Тој е толку софистициран што и во овие години е инспирација. Јас обожавам кога ќе видам убав човек. Убавината е уни-верзална таа инспирира.

Разговоров го водиме непосред-но пред Вашето заминување од Македонија. Постои ли веќе ра-ботен план и организирани Ваши настапи во САД?- Пред моето пристигнување во Америка, неколку дена ќе престојувам во Прага. Имам некол-ку настапи таму. Во Чешка има пре-красна џез сцена и публика. По-тоа заминувам за Њујорк каде (на 10-ти октомври, неколку дена пред излегувањето на интервјуто од печат) имам концерт во еден од најпрестижните клубови на Мен-хетен и во светот воопшто “Blue Note Jazz Club“.По втор пат наста-пувам таму и навистина сум возбу-ден бидејќи тоа е историски момент

како за мене така и за Македонија. Уметници како Луј Чарлс, Џорџ Бен-сон настапуваат таму редовно, по-чинатите уметници останале во историјата на клубот , живите до де-нес одржуваат живи свирки таму. Тоа е еден нов момент за мене и за сите нас. Потоа продолжувам во Ха-ваи, таму ќе се задржам два месе-ци, имам неколку закажани настапи, и неколку фото сесии за новиот ал-бум. Потоа во февруари настапувам во Чикаго по што следи турнеја низ Европа. Се надевам дека во склоп на тие настапи низ Европа ќе најдам време и на крајот од февруари и почеток на март на неколку дена ќе дојдам во Охрид. За мене Охрид е најубавата енергија која постои на планетава и мислам дека ако не дојдам во градов барем еднаш го-дишно јас комплетно би овенал како човек, уметник, воопшто како се. Има една дијалектичка поврза-ност меѓу мене и Охрид. Тука се ми е поубаво, храната ми е повкусна воздухот што го дишам ми е посла-док. Охрид е моја слаба точка и се-когаш ќе чувствувам носталгија кога сум далеку од него.

ЛокалЛокалНа кафе со...

Page 24: АМАК ПРЕС 115

24

Патувањето низ Словенија е бездруго едно прекрас-но искуство за секој де-клариран зависник од ту-

ристичкиот адреналин. Без раз-лика дали на пат ќе ве придвижи вљубеноста во планините, езера-та, реките , бањите или морето, ку-линарски специјалитети, спортско доживување или само пасивното гледање низ автомобилскиот про-зорец, избирајќи ја за дестинација Словенија - сте избрале вистин-ски предизвик. Оваа земја се чини е реткост во светски размери, уникум со оглед на големината на нејзината територија од една страна и раз-новидноста на релјефот и убави-ните што ги поседува од друга. На само 25- илјадитиот дел од вкупна-та површина на планетата, конден-зирана е природна убавина различ-на по форма, боја, мирис. Слове-нечкиот писател Иван Цанкар ова го објаснил преку легендата спо-ред која разновидноста и убавина-та на словенечкиот терен не е дело на привилегираноста на Словен-

ците кај Господ кој бил дарежлив кон различните народи, туку на-против, затоа што ги оставил по-

следни, па кога Словенците виделе дека остануваат без ништо почна-ле да плачат , да го молат и прокол-нуваат и ним да им подари нешто, па тој притиснат од жал по нивната сиромаштија, го растурил на мало парче земја остатокот од се по мал-ку. И така Словенците сега имаат се. Бујни планински врвови, од спле-тот на Јулијски и Савински алпи, едни од највисоките и лете покри-ени со снег, со над илјада видови скијачки терени,густи шуми со бла-городни пејзажи во нежно- зеле-на боја од каде се простира поглед во долините, до преубави сонче-ви изгрејсонца со морски шмек на југозапад, каде студениот карст се спојува со топлиот и силно вибри-рачки Медитеран. Низ оваа разгранета конфигурација на теренот, поминуваат многу реки, брзи, динамични и чисти, во добар дел понорници, благородни тер-мални и минерални води со релак-сирачка, ревитализирачка и исце-лителна моќ, како извори на живот-

на сила и како спој на здравото и модерното претворени во совреме-ни познати wellness центри - Чатеж, Топлице, Моравке, Лашко и мно-гу други. Многуте планински езера од глацијалната епоха се приказна за себеси. Најпознати се 7-те Триглав-ски езера, дестинации за страс-ните планинари, а за оние други-те Бохињското и Бледското Езеро, најтоплото во Алпскиот регион, со незаборавната слика на островче на него и црквичка подигната во 18 век, со ѕвоно кое туристите го по-дигнуваат на секој час замислувајќи некоја своја љубовна желба, за која мештаните тврдат дека сигурно се остварува, и со тврдината од 11-ти век над и вкусната Бледска кремпи-та околу него. А под оваа надземна убавина што го плени погледот и душа-та се кријат 7.000 подземни пеш-тери, различни според големина-та, конфигурацијата и убавината, а кои на мистичен начин го поврзу-ваат надземниот и подземниот свет и сведочат дека овие два света не само што добро се познаваат, туку

и постојано интензивно комуници-раат. Меѓу нив и кралицата на сите пештери, Постојна јама, во која жи-вее и феноменот на подземниот свет - човечката рипка. Во средиштето на овој разнови-ден словенечки релјеф, главни-от град Љубљана има погодна ме-стоположба, на не подолга од два часа оддалеченост од речиси од секоја од наброените природни атракции, но и од не помалку при-влечните , а блиски центри во со-седните земји Италија, Хрватска и Австрија. Градот има збиен енергет-ски импулс и совршен спој на стари-те и нови градби, на традицијата и современоста, историјата и сегаш-носта. Елегантната архитектура во стариот дел од градот е нечепна-та со децении, и се одраз на веков-ната историја и култура на Европа. Не е ни чудно што посетителите на градот коментираат дека Љубљана патува низ времето - таа се движи низ годините, вековите и различ-ните култури и акумулира стари и нови богатства и знаења- Секогаш е иста, а секогаш различна, нова, предизвикувачка и привлечна. Тука

Словенија мала земја со многу убавини

пишува: Васе Врангалоска

Бохинјско езеро

Репортажа

Page 25: АМАК ПРЕС 115

25

секој може да го најде своето ме-сто и интерес, и љубителите на ста-рите градби и мали продавници, до љубителите на модерните бизнис и шопинг центри со најпознати свет-ски брендови.Но никој веројатно нема да го зао-биколи романтичното Тромостовје, и бронзената статуа во самиот цен-тар на Љубљана кај главната ка-тедрала, каде Прешерн ги расту-рил своите љубовни чувства кон Јулија Примиц, која никогаш не ста-нала негова жена, но останала гла-вен протагонист во највозбудливата приказна што ја познавал овој град. Духот на Словенецот е помалку сту-ден, одмерен, резервиран, по мал-ку транспарентен, но само во први-те контакти со непознати. По првич-ното стекнување доверба, Словен-ците се отвораат како не помал-ку весели, срдечни, комуникатив-ни, подготвени за соработка и по-мош, за игра, шега, смеа и веселба. Ако ги прашате кои три места неиз-бежно да ги посетите, ќе се насмеат неодлучно. По долго размислување ќе ви речат - Триглав задолжител-но, ( Триглав инаку бил бог во сло-венската митологија, сив поглавар на крањските врвови, господар на словенечкото небо). Триглав е све-та словенечка планина, тоа е крал-ство, аџилак дестинација за Сло-венците. Ќе ви ја наведат и Рогашка Слатина - најпрестижното словенеч-ко летувалиште, и монденско соби-ралиште во кое се челичи здравјето и бездруго се ужива. И на крај , не-заобиколен е словенечкиот морски брег, кој иако е мал ( по само 20 см на секој Словенец) е незаборавен со пристаништето на розите Порто-рож, со многу хотели и кал со рев-матско лекувачко дејство, со градот Пиран кој е исто така монденско ле-тувалиште, на чекор од Италија.. И ќе ви набројат уште многу места, а на крај ќе ви речат дека е најдобро да ја посетите целата Словенија и од

туристичкиот разглед на бројните природни и историски знаменито-сти да се повлечете барем за кратко во словенечките гори! Зошто да се оди токму во Слове-нечките гори? И зошто да се одбере Словенија за дестинација? Не само поради лесно воспри-емливата Алпско -медитеранска комбинација, поради питомиот пла-нинско- морски коктел, поради пре-минот од снежни врвови во бујна планинска вегетација, до вино-ви градини и палми крај морето во само неколку часа од денот. Можеби многу повеќе заради утра-та во кои заедно со есенското сонце кое блеска на росата од персиската трева, ќе здогледате срни под ваши-от прозорец во недогледното зеле-но пространство, и ќе почувствува-те хипнотички восхит и смиреност, исполнетост и хармонија. Едностав-но чиста радост од постоењето, сеприсутна..И некаков страво- по-чит, вознес, не знаете што е, но се-како е чувство кое ја повикува најсилната и најчудесната мисла и молитва истовремено: ти благода-рам Господе за оваа убавина! И до-дека надоаѓа светлината од пла-нините, и во вас влегува некоја необјаснива светлост и енергија. Нешто што ги надминува граници-те на разумот, ама стига директно во срцето. Или заради ноќите во кои не слуша-те ништо друго освен звукот на ди-вината. Ноќе портите на планини-те се темни и се затвораат. речиси

ништо не гледаш освен што го чув-ствуваш присуството на оние кои се до тебе и го слушаш истовреме-но восхитувачкото и застрашувач-ко довикување на елените низ пла-нинските гребени, кои се додвору-ваат на своите избранички, скрие-ни во длабочината на темнината, а понекогаш на чекор до тебе. Се е некако мистично магично и почну-ваш да не си веруваш на сопствени-те очи и уши. Почнуваш да се при-сетуваш колку е природата величе-ствена и колку си се оддалечил са-миот себеси од неа. И додека одми-нуваат минутите, со шумот на вете-рот по дрвјата, почнуваш да се пра-шуваш дали си тоа ти на тоа ме-сто, кое е толку далеку од се што ти било твое блиско. Чудесноно е и она што тогаш се случува. Како што одминува времето, се поинтензив-

но ја чувствуваш природата околу себе, а се повеќе се оддалечуваш од оние и она што си ги носел со себе - пријатели, колеги, познаници, рабо-та и преокупации. Селекцијата опас-но се изострува, не ни забележуваш дека многумина исчезнале во мра-кот на шумата, многумина со кои си го поминувал денот веќе не ни постојат, не се сеќаваш на нив. Оста-нуваат само оние што најмногу ги сакаш, а се друго е далеку од тебе. Се повлекуваш во себе, сам си со себе и со оние малкумина што сега знаеш колку и како ги сакаш. И одеднаш откриваш зошто Словен-ците се затворени во себе и нави-дум ладни, незаинтересирани за другите, и сфаќаш дека доаѓањето во Словенија не било само патување низ просторот, туку пред се низ самиот себеси.

Криковите на овие мили жи-вотни ве будат секое утро

Васе Врангалоска во посета на Словенија

Крајнска Гора

Репортажа

Page 26: АМАК ПРЕС 115

26

ЛокалНаша гордост

Хаџи Дургут џамија или по-позната кај нас како Крст џамија е единствениот ис-ламски објект во светот со

христијански симбол на себе –крст. Старите жители на Охрид ја раска-жуваат оваа легенда, предание за изградбата на Крст џамија....Во непознато време се мисли око-лу 1466 година биле повикани мајстори – градители да изградат во Охрид џамија. Се зафатиле со денови да делка-ат камен- бигор за овој исламски објект кој ќе биде пример за убави-на во охридската каза. По припремата на градеж-ниот материјал (зајрето) и по поставувањето на темелите, еден ден се започнало со изградба.Но целокупните зафати не давале резултати.Имено, се она што се градело преку ден, ноќта се срушувало.И така во недоглед. Турските власти мислеле дека некој ја руши градба-та па преку ноќ поставувале стража.И самите стражари раскажувале дека градбата се рушела сама од себе , т.е. како некоја сила да ги ру-шела камењата. Еден ден тука поминал еден по-стар Турчин и кога мајсторите му ја раскажале својата мака тој им ре-кол: “Нашите стари, кажуваа дека на ова место имало православна црква посветена на големата ма-ченица Св. Недела која живеела во третиот век . Во црквата, верници-те доаѓале секоја недела и се моле-ле. Секој според своите маки. И на-вистина оваа маченица им пома-гала. Света Недела е незадоволна бидејќи е изваден нејзиниот симбол –крстот, па затоа секоја ноќ доаѓала и го рушела изграденото“ им ре-кол стариот Турчин и ги подучил мајсторите,“Затоа на сето она што ќе го изградите преку ден, ставете крст и така се до довршувањето на цела-та градба. Крстот ќе го ставате се по-горе и погоре , се до врвот“.Мајсторите градители го послуша-ле стариот Турчин и навистина од тој ден џамијата не се рушела. Кога завршиле со целосната градба, на врвот од минарето, покрај симбо-

Единство на две религии и култури

Крст џамија (Хаџи Дургут џамија) со остатоци од црковната камбанарија на запад

пишува: Гоце Жураисторичар на уметност

Крст џамија Единствени-

от муслимански објект во светов со христијански

симбол

Page 27: АМАК ПРЕС 115

27

лот на исламот- полумесечината е ставен и христијански симбол крст кој и денес стои и се гледа .Иако од тогаш поминале повеќе од 500 години и ден денес кога ќе запрашате човек без разли-ка на својата вероисповед ќе ви каже дека оваа џамија се вика Крст џамија иако правото име и е Хаџи Дургут.

Многубројни патеписци минувале низ Охрид и оставале безброј свои белешки. Еден од нив бил сликар и во техника акварел ја насликал и Крст џамија , со дата од 21 септем-ври 1848 година.

....Со паѓањето на Македонија вклучително и Охрид под тур-ско владеење, била зачува-на автокефалноста на охридска-та архиепископија под чија што јуриздикција се создале нови оп-штини. Турските власти не ја спре-чувале нивната дејност, иако тие се грижеле за одржувањето на редот и мирот на својата територија и иако редовно си ги собирале црковните давачки, освен еден не многу мал дел од нив што се слевал во султан-

ската каса.Според шеријатското право, закон-ски полномошен претставник на оп-штините и на народните интереси пред месните турски власти биле епархиските намесници и икономи.Значи, Турците не посегнале врз ав-токефалноста, бидејќи биле толе-рантни кон охридските архиеписко-пи кои пак биле лојални кон нивна-

та власт. Оваа охридска самостојна црковна организација , чии темели се поста-вени уште од страна на првите апо-столи: Павле, Андреја потоа Тимотеј, Урвин, Еразмо Лихнидски (Охрид-ски), возобновена во времето на со-лунските браќа и нивните учени-ци Светите Климент и Наум, својата кулминација ја доживува за време на Самуиловото царство – во ранг на патријаршија, а својот континуи-тет како наследничка на Јустинијана Прима го продолжува се до нејзиното неканонско укинување во 1767 година. Со конечното освојување на цели-от Балкан (почетокот и средината на 15 -от век), под диецезата на Охрид-ската архиепископија потпаѓаат не само бугарските и српските епар-хии, туку кон неа се приклучени, Влашко и Молдавија како и пра-вославните општини во Италија (Апулија, Калабрија, Сицилија, Венеција) како и Далмација .Како што се гледа од горе наведено-то односите меѓу турските власти и Охридската архиепископија биле на коректно и завидно ниво па затоа до овој период не било посегнато по христијанските сакрални објекти, манастири и цркви да бидат претво-рени во џамии.Почетокот на турските интервен-ции над охридските цркви, пред се на Света Софија настанал во втората половина на 15-от век.

Имено, сочуван е еден документ во кој сосема накратко се зборува дека турскиот султан Мехмед ll Фа-тах при своето враќање од Албанија есента 1466 година, наредил прогонување во Истанбул а потоа во Мала Азија, на голем број охрид-ски првенци и великодостојници на чело со охридскиот архиепископ Доротеј поради антитурски заго-вор. Но сосема е можно дека оваа казна уследила поради врските на охриѓани со Скендер беговото вос-тание.За одбележување е што охридски-от архиепископ Доротеј (што зна-чи Дар Божји) бил Словен и во него-во време црковнословенскиот јазик бил во употреба и во охридската канцеларија.Овој настан за кој постои само крат-ка белешка по се изгледа дека е причината што повеќето среднове-ковни цркви во Охрид се претворе-ни во џамии. Пример: црквата Св. Никола- Али пашина џамија; црква-та Св. Димитрија- Аџи Касм џамија; црквата Св. Недела Хаџи Дургут џамија односно позната како Крст џамија и други. Во врска со архитектурата само би се навратил и би укажал на еден фе-номен , уште од Климентово вре-ме. Имено, во градбите на сакрални-те објекти , охридскиот чудотворец воведува нова архитектура, нов вид градби. Тоа е опусот “КЛУОЗАНЕ“-врамен камен или бигор со хо-

ризонтално поставени парчиња тули. Ова ќе стане главна карак-теристика на македонската архи-тектура а најсестраниот и убедли-во најцитираниот македонски ви-зантолог на сите времиња, Петар Миљковиќ – Пепек , овој опус на градба го нарекува “ ОПУС МАКЕДО-НИКУМ“ бидејќи истиот останал (ре-чиси никаде пошироко на Балканот) дури и во градбите на многу џамии низ Македонија се до 18-от век.

Од многубројните патеписци кои минале низ Охрид и оставиле безброј белешки го издвојуваме по-знатиот англиски патеписец, Ед-вар Лир кој го посетил и минал низ Охрид во месец септември 1484 го-дина. Тој освен белешки оставил и сликани сведоштва..Лир за Охрид меѓу другото запи-шал....“....Кога навлегов подлабоко во ули-ците на Охрид, неколкуте уба-ви џамии и пазарот, засенчени од многубројните и големи чинари го привлекоа и моето внимание....““....Од повеќето денови , поминати во повеќе земји скитајќи по благо-родните места, не можам да замис-лам пораскошни и поимпресивни слики од овие што ги видов.....“ “....Еден вооружен гаваз ми беше да-ден како придружник додека цртам во Охрид...““....Охрид го надмина моето очекување...“

Гоце Жура од научен аспект ни ја долови историјата на Крст Џамија

Во акварел на-сликана Крст

џамија21 септември

1848 г.Пресликал од

оригинална кни-га- фонд Гоце

Жура

Чинарот го насликал англи-скиот патеписец Едвар Лир 1484 г.Преслика од оригинална книга-фонд Гоце Жура

ЛокалНаша гордост

Page 28: АМАК ПРЕС 115

28

Прашање-одговор

Прашање: Имам 32 години а во последно време забележав извесно олабавување на кожата во пределот на задникот и бу-тините. Забележливи се нерамнини во вид на бранови. Кожата ми е нормална по боја и не чувствувам никакви тегоби . Сум читала за целулит но мислев дека тој се јавува само кај дебели жени. Мојата тежина е во граници на нормала. Ве мо-лам кажете ми дали кај мене станува збор за целулит , што значи тоа и што треба да превземам?

Одговор: -Пред се треба да се изврши дерматолошки преглед, да се верифицира дијагнозата пред да се преземат било какви ле-карско- козметички зафати. Од описот кој го дадовте, веројатно се работи за целулит.Се уште постои дилема околу тоа дали целулитот претставува заболување на кожата и поткожното ткиво или проблемот е ограни-чен само како козметичко- естетско видување на проблемот. Службената медицинска наука не го признава како посебно медицин-ско заболување т.е. с нозолошки ентитет, но сепак дерматологот мора да го знае и препознава и го дефинира под името panikulosis или cellulitis. Целулитот претставува воспалителен процес на масното ткиво поставено неколку милиметри под кожата. Обично се локализира на долните делови на женско тело: колкови,задник, стомак,колена, бедра а може да се појави и на рацете и на глуждо-вите.Прв знак за појава на целулитот е кога површината на кожата на наведените места при благ притисок меѓу два прста (палец и пока-

залец) се собира и личи на кора од портокал. Во понатамошниот тек на заболувањето се јавуваат ниски, меки, плочести меѓусебно одвоени височинки (на-слаги сало)во големина на поголема метална пара,дланка а може и поголеми. На крај целата површина на кожата во пределот на задникот или бедрата ќе биде зафатена од целулит. Бојата на кожата е непроменета или понекогаш е светло ружичеста. Субјективно при првото создавање на целулитот може да се чувствува тежина во дол-ните екстремитети (нозете)што е знак на пречки во циркулацијата, благ јадеж или немир при седење (како трпки низ задникот). При притисок на кожата со прст се јавува вдлабнување кое не се израмнува вднаш по отстранувањето на притисокот туку останува неколку секунди. Тоа е знак дека ткивото е оште-тено и исполнето со течност. Можни се болки при штипење и допир на кожата која трае неколку секунди како и грчеви во нозете во текот на денот и ноќта како резултат на лошата циркулација. Сите овие промени можат да бидат проследени и со појава на проширени капилари во облик на ѕвезда или пајак.Целулитот може да се појави во сите возрасти а редовно се јавува кај корпулентни жени по менопауза. Најновите испитувања покажуваат дека причините за појава на целулит треба да се бараат во пореметување на крвната односно венската и лимфната циркулација на нозете. При ослабен тонус на ѕидот на венските и лимфните садови нивно проширување и застој на протокот на крвта настанува пореметување на циркулацијата во венулите на масното ткиво и лоша размена на токсични материи и излевање на течност од лимфната циркулација во ткивото. Таа врши притисок на масните клетки под чие дејство прска преградниот ѕид меѓу нив и тие се спојуваат во помали или поголеми пакети. Во нормална кожа масното ткиво изгледа како пчелино саке. Полека масното ткиво се исполнува со врзувачки влакна при што се претвора во тврд и густ желатин. Овој се насобира околу клетките на масното ткиво и кли-нички се манифестира како помали или поголеми грутки. Кожата ја губи својата еластичност и станува брановидна и млитава. Во превентивното делување, а соодветно на тоа и во лечењето на целулитот би требало да се преземат одредени хигиенско- диететски постапки:-одбегнување на сите предизвикувачи кои доведуваат до лоша циркулација на крвта на нозете.-избегнување многу блага, мрсна, пикантна храна,алкохол, никотин и кофеин-половина до еден час секојдневно пешачење во удобни чевли(забрането е носење високи потпетици)-консумација 2-3 литри течност во текот на денот-консумација на храна богата со витамини:А, Е, Ц и К (зеленчук и овошје)- да се избегнува неудобна облека која стега: тесни гаќички, боди, тесни фармерки, ремени, градници со цврсти фиршбани и слично а потребно е да се но-сат еластични чорапи.-земањето контрацепција исто така му штети на системот на циркулација. Освен погоре кажаното во лечењето на целулитот се применуваат одредени процедури:-кои имаат за цел да ја подобрат лимфната циркулација, исхраната на ткивото и подобрување на размена на хранливи материи и кислород (лимфна дре-нажа со помош на различни апарати)-процедури кои имаат за цел да го разбијат масното ткиво, да ги размножат незаситените масни киселини во заситени и вода за ада можат полесно да се однесат преку лимфната циркулација во венскиот крвоток. Тука спаѓаат различни препарати за целулит: електро стимулација,тнуомиса- ензим со помош на јонтофореза.

Целулит –најчест медицинско естетски проблем на современата жена

примариус д-р.Виолета Павлоскаспец. дерматовене-ролог

д-р. Анче Киселиноваочен лекар

Прашање:Имам 24 години а веќе имам сериозни проблеми со очите. Носам очила за гледање со диоптер 4. Од естет-ски причини заради дебелината на стаклото јас не носам очила туку леќи кои бараат строга хигиена и прецизност во вадењето и редењето. Неодамна разбрав дека можам со ласерска операција на очите да го средам мојот проблем и по-вторно убаво да гледам. Барам Ваше мислење, дали да го направам овој хируршки зафат и што всушност претставу-ва тој.

Одговор:Ласерската метода – Ласик е најупотребуваното оперативно средство за корекција на видот кај миопија, хиперметропија и астигматизам. Со Ласик методата трајно се менува формата на рожницата, се со цел подобрување на аголот на прекршување на влезните зраци и со тоа подобрување на квалитетот на гледање.Пред самата процедура, се врши детален офталмолошки преглед на пациентот, и се прави пресметка – колку проценти ќе се по-добри видот после операцијата – односно дали после самата процедура ќе има потреба од носење очила со мал диоптер или не. Пациентите кои носат меки контактни леќи им се препорачува да престанат да ги носат 5- 21 ден пред оперативниот зафат. А за оние пациенти кои носат тврди леќи им се препорачува да не ги носат минимум 6 недели пред операцијата. Самата процедура не е болна, не е инвазивна, се прави под локална анестезија, трае по 10-15мин на едно око што е многу по-годна за пациентите. После операцијата во текот на 3-6 месеци окото ќе го постигне максималниот ефект на операцијата.Во последно време оваа метода е многу популарна, а за тоа допринесе и резултатот кој таа го дава.

Ласерската метода е најупотребуваното оперативно средство за корекција на видот

Page 29: АМАК ПРЕС 115

29

Прашање-одговор

Прашање: Што е тоа Папаниколау тест и колку често е тој позитивен?

Одговор: Папаниколау тестот се користи за проверка на здравјето на грлото на матката. Тој открива скриени пред ракови про-мени и не се користи за дијагноза на рак на грлото на матката.Најголем број жени (околу 90%) имаат негативен ПАП тест. Кај преостанатите (околу 10%) се откриваат промени во клетките кои носат мал или висок ризик за појава рак на грлото на матката.Мал број од овие 10% позитивни жени, ако не се лекуваат ќе добијат рак на грлото на матката. Статистичките податоци укажу-ваат дека една на сто пациентки има промени во клетките на грлото на матката од среден степен додека една на секои 200 па-циентки има клеточни промени од голем степен. Ваквите пациентки ќе имаат понатамошни испитувања.Помалку од еден, на секои илјада Пап брисеви, покажуваат инвазивен рак. Овие пациентки веднаш се испраќаат во болничка установа.Тестот треба да го направат сите жени на возраст од 18-64 години. Особено треба да бидат тестирани оние кои имале сексуална активност во рана возраст, кои пушат, кои не користат кондоми и кои имаат повеќе партнери или имале сексуален партнер кој од своја страна имал повеќе партнери.Најдобро е Папаниколау тестот да се направи во втората половина на менструалниот циклус, или во периодот од 14 дена по добивање на менструација, па се до пред почетокот на следната менструација. Потребно е пациентката да се воздржи од сексуален однос во периодот од 24 часа пред земање на тестот и да не користи никак-ви вагинални средства.Во случај на позитивен ПАП тест пациентките ќе имаат преглед со специјален апарат кој се вика колпоскоп (еден вид на микро-скоп), или пак ќе се земе брис за некои вируси (ХПВ тест) кои можат да предизвикаат рак на грлото на матката. Ако и понатаму се потврди дека наодот е навистина позитивен, тогаш ќе се преземе дефинитивно лечење на промените.Лечењето зависи од големината и местоположбата на промената. Целиот случај повторно се разгледува со докторот и се од-бира најдобриот начин. Најчесто се прави таканаречено “горење“ на промената со помош на специјален апарат кој наполно ја уништува промената. Оваа процедура е безболна. За четири до шест недели лекуваното место наполно заздравува, со што е спречена појавата рак на грлото на матката. Во останатите случаи потребно е да е направи конизација на грлото на матката. Оваа процедура најчесто се изведува електродијатермиски (ЛЕТЗ процедура), со помош на ултразвучен нож или по класичен пат со скалпел.

Направете Папаниколау тест за да ги откриете скриените ракови промени

д-р. Иво Захариевскигинеколог

Добивме информација дека во детските градинки ќе се започне со дистрибуција на флуорирано млеко. Не интересира нешто повеќе око-лу таа информација.

Одговор: После направената студија за состојбата на оралното здравје на деца од 0 до 14 години во Република Македонија се дојде до катастро-фални резултати. Околу 80 % деца на пет години во државава имаат кариозни млечни заби. Кај 12 годишните деца има во просек кариозни (расипа-ни) по 7 трајни заби. Во југозападниот регион во кој спаѓа и Охрид само 9% деца на пет години имаат здрави млечни заби а кај 12 годишните деца има по 11 трајни заби кариозни (по Светската Здравствена Организација треба да бидат под 3).Поаѓајќи од овие сознанија група експерти- педодонти (специјалисти по детска и превентивна стоматологија) изработија национална стратегија за превенција на оралните заболувања кај деца од 0 до 14 години во Република Македонија. Оваа стратегија беше прифатена од Светската Здравстве-на Организација и Министерството за здравство а одобрена на седница на Влада на Република Македонија на 13. 11 2007 година. Од 1-ви јануари 2008 година се започна со имплементација на стратегијата. Оваа Национална Стратегија опфаќа повеќе превентивни мерки кои се бесплатни за на-шите деца. Една од тие мерки е пиење на флуорираното на деца од 3, 4,5 годишна возраст кои посетуваат пред училишни установи во државава а со цел да се превенира кариесот. Факторите кои влијаат на здравјето на забите на вашето дете се едукацијата, редовната орална хигиена, внесување оптимална доза флуор, дисциплина при внесување шеќери и редовна посета на стоматолог. Редовната употреба на флуорот доведува до јакнење на структурата на забот, ја намалува агресивноста на бактериите, создава резервоар на флуор на површината на забот при што се намалува карие-сот за 30 %. Нус појави има само ако се внесе во големи количини (пр. Ако се внесе 1 килограм сол или мед, предизвикува негативни последици).

Се дошло до заклучок дека флуорот е најефикасно, најбезбедно и нај евтино средство за превенција од кариес а тоа го потврдуваат бројни научни и епидемиолошки студии. За потребите на оваа програма направено е испитување на водата во сите јавни водоводи во државава. Се дошло до сознание дека застапеноста на флуорот во водата е мно-гу мал. Пример: Охрид -0, 05 милиграми на литар; Берово – 0,20 милиграми на литар; Градско 0,40 милиграми на литар. Флуорот може да се внесе преку флуорирана вода, флуорирано млеко , флуорните таблети и преку флуорираната сол а локално со употреба на флуорираните пасти, рас-твори и лакови. Млекото се користи како носител на флуорните јони поради неговата огромна хранлива вредност во исхраната на децата за правилен раст и развој и превенција од кариес. Употребата на флуорираното млеко е препорачано од Светската Здравствена Организација, Здружение на педодонти, Здружение на педијатри а фи-нансиски поддржано од фондацијата Боров од Велика Британија. Во светот флуорираното млеко се користи повеќе од 30 години, во Велика Британија, Русија, Бугарија, Унгарија, Кина, Чиле, Перу,САД, Тајланд. Првата посета на Светската Здравствена Организација и фондацијата Боров се направи во 2001 година при што прво се направи проценка на оралното здравје на деца од 0 до 14 години во Република Македонија а потоа проценка на најефикасните методи за спречување на кариес по одредени возрасти на деца. Воедно се посетија и повеќе млекари во Република Македонија кои ги исполнуваат стандардите на СЗО. Потоа се потпиша меморандум за соработка меѓу СЗО Владата на Република Македонија и фондацијата Боров. Во програмата се вклучени 13 500 деца на возраст од 3, 4 и 5 години кои посетуваат јавни пред училишни установи во државава. Оваа програма ја спро-ведува Владата на Република Македонија, Министерство за здравство- сектор стоматологија, Министерство за труд и социјална политика , Министерство за локална самоу-права а на препорака од СЗО. Во оваа програма имаме и соработка со Републичкиот Завод за Здравствена Заштита кој ќе врши контрола на квалитетот на млекото со компа-тибилна метода во ИМБ млекара Битола, излачување флуор во урина кај децата, обработка на статистички податоци, евалуација и мониторинг. Производството и контрола на млекото ќе врши ИМБ млекара Битола, здружение на педодонти ќе врши контрола на консумација и бенефит при редукцијата на кариес, евалуација и мониторинг на про-цесот. Здружението на педијатри ќе врши контрола на позитивни ефекти од секојдневно консумирање млеко. Пред училишните установи ќе вршат индивидуална , дневна евиденција на консумација на млеко и мотивација на децата.Кои се карактеристиките на флуорираното млеко: Тоа е обично, свежо, пастеризирано млеко на кое е додадено флуор. Не се разликува по мирис и вкус од обичното. УХТ е стерилизирано млеко од 1 литар на кое се додадени 2,5 милиграми флуор. Млекото е термостабилно и од него можат да се прават млечни оброци:поткиселување, пудинзи. Децата ќе пијат секојдневно по 200 милилитри млеко со што ќе внесуваат по 0,5 милиграми флуор што е оптимална доза.За возраста: Евиденцијата на консумацијата ќе ја врши одговорниот воспитувач секојдневно и индивидуално за секое дете. Препораки за родителите: Доволна е една системска метода: млеко или таблети а тоа значи дека таблети не треба да се даваат кога детето ќе почне да пие флуорирано мле-ко. Четкањето на забите продолжува по вообичаен ред, навечер и наутро по 3 минути со вертикална и кружна метода. Децата да доаѓаат наутро потполно гладни за да можат да ја испијат чашата флуорирано млеко. Позитивно да се стимулираат децата.Се во корист на децата!

Блескавата насмевка е наша цел

д-р. Вера Наумовскаспец. по дет-ска и превентивна стоматологија

Page 30: АМАК ПРЕС 115

30

Топ 10 производи што го спречуваат стареењето на кожата

Постои голема поврзаност помеѓу она што јадеме и процесот на стареење. Дали знаете дека храната има огромна улога во борбата против стареењето?

Многу видови храна содржат разни хранли-ви состојки што можат да ни помогнат да оста-неме млади. Затоа е многу важно да внимаваме што јадеме, бидејќи одредени видови храна мо-жат да ни помогнат да изгледаме и да се чувству-ваме младо, а други видови храна го имаат спро-тивниот ефект.Има многу категории храна. Можеби е изненадување за вас но постои категорија на су-пер храна. Која е дефиницијата за супер храна?Тоа е храна што содржи високи количества на

основни масни киселини, антиоксиданси и влак-на. Но некои од нив може да содржат една или повеќе хранливи состојки. Истражувањата пока-жаа дека постојат одредени видови супер храна што можат да го намалат нивото на холестерол, да го намалат ризикот од срцеви болести и да овозможат правилна работа на органите. Покрај тоа што ја спречуваат појавата на брчки, основ-ните масни киселини , антиоксидансите и влакна-та ги обезбедуваат и основните состојки потреб-ни за обнова на клетките и одржување на диге-стивниот систем.Научниците успеаа да направат список на 10 топ производи што се докажаа како значајни за на-шиот организам:

-зелената храна-јачменот-acai berru бразилско овошје )-кромидот, лукот и празот-гравот и грашокот-никулците-лутите пиперки -хелдата -јогуртот-овошјето со тврда лушпа и семето.Ова се топ 10 производи што научно беа испита-ни во лабораторија и кои содржат големо коли-чество на основни масни киселини, антиоксидан-си и влакна.Зелената храна го намалува ризикот од рак, го

Здрав живот

Page 31: АМАК ПРЕС 115

31

Здрав живот

Топ 10 производи што го спречуваат стареењето на кожата

намалува нивото на холестерол и високиот крвен притисок.Јачменот е најдобар извор на влакна и помага во регулирање на шеќерот во крвта. Антиоксидансите и основните масни киселини ги има во acai.Алиум фамилијата (Allium familu),во која спаѓаат кромидот,лукот и празот содржи моќни антиок-сиданси што ја подобруваат функцијата на црни-от дроб. Гравот и грашокот се богати со антиоксиданси . Никулците содржат протеини и витамин Ц.Лутите пиперки покрај тоа што содржат антиок-сиданси, во својот состав имаат и антиканцероге-на состојка.

Хелдата не е зрнесто растение , но е многу по-хранлива од оризот, пченката и пченицата.Јогуртот има живи култури што промовираат до-бро здравје.И на крај, но подеднакво значајно е и овошјето со тврда лушпа и семето кои содржат масни ки-селини.Добрата страна е што овие производи се лес-но достапни и добро познати за луѓето. Цената е прифатлива, а храната е од природно потекло. За да изгледате убаво и да се чувствувате младо не мора да трошите големи суми пари во купување козметички производи што се хемиски продук-ти. Значи не мора да консумирате отровни мате-рии за да ја одржите вашата младост. Со природ-

ната храна можете да ги постигнете истите, а мо-жеби и подобри резултати отколку со диетални-те додатоци.Овие производи треба да бидат составен дел од вашите дневни оброци за да се чувствувате и из-гледате по младо, да водите здрав живот, да има-те поцврста кожа без брчки и дефинитивно ни-какви знаци на старост.Изберете го природниот начин за одржување на виталноста!

Page 32: АМАК ПРЕС 115

32

На 7-ми ноември во Цен-тарот за Култура “Григор Прличев“ целовечерен концерт ќе одржи пијано-

виртуозот Симон Трпчески.Концертот во Охрид е дел од кон-цертната турнеја со хуманитарен карактер што големиот уметник не-одамна ја започна низ македонски-те градови. Серијата концерти се продолжение на ланските наста-пи на Трпчески низ државава со кои беше предизвикан голем интерес кај гледачите.Турнејата ќе заврши со концерт во Велес на 8 ноември.Трпчески ќе изведе дела од Хајдн, Моцарт, Шопен, како и од домаш-ни автори, при што премиерно ќе биде изведена и нова суита од Пан-де Шахов.

Неодамна тој одржа и повеќе кон-церти низ европските центри на културата, а за неговите настапи

се пишуваше и во повеќе музички списанија. Со пофалби и позитивни критики беа освртите на медиуми-

те во Ливерпул, Велика Британија, каде што Трпчески минатиот месец настапи како солист во изведбата на Концертот број 3 за пијано и орке-стар од Сергеј Рахманинов, заедно со Кралскиот ливерпулски филхар-мониски оркестар, а под диригент-ската палка на Василиј Петренко.

Со овации и долги аплаузи Трпче-ски деновиве беше награден и од публиката во Тронтхајм, Норвеш-ка, каде што со Симфонискиот ор-кестар на тој град го изведе пијано- концертот од Морис Равел. Дири-гент беше маестро Александар Ве-дерников, кој го предводеше орке-старот на театарот Бољшој на кон-цертот во Скопје во мај годинава.

Концерт на Трпчески во Охрид

На 6-ти ноември во “Универзална сала“ во Скопје, целовечерен кон-церт ќе одржи легендарниот Оливер Драгојевиќ а како специјален гостин

е најавен сплитскиот кантавтор Петар Грашо.Драгојевиќ кој моментно е актуелен со двојното цеде “Моменти“ на кое се поместе-ни обработки на некои од неговите најголеми хитови, уште еднаш ќе се претстави пред ма-кедонските обожаватели. Водечкиот пејач на хрватската музика сцена се загрева со серија настапи во поранешните југословенски репу-блики пред долго очекуваниот настап во свет-ски познатата концертна сала “Ројал Алберт хол“ во Лондон, кој ќе се случи во април след-ната година. И додека тој неодамна категорично изјави дека никогаш нема да пее во Србија, неговиот драг пријател и колега Петар Грашо наголемо се подготвува за “ Белградска арена“ каде што ќе се претстави кон крајот на октомври. За скопскиот концерт билетите ќе бидат пуш-тени во продажба на 15-ти октомври, а истите ќе може да се набават на веќе познатите про-дажни места: “Универзална сала“, “Југотон“ и во туристичката агенција “Гуливер Милс“која е и организатор на настапот на двајцата хрватски уметници.

Концерт на Драгојевиќ и Грашо во Скопје

Ви најавуваме

Page 33: АМАК ПРЕС 115

33

Page 34: АМАК ПРЕС 115

34

Спорт

Руските екипи на Економист кај мажите и на Спартак кај жените станаа европ-ски клупски шампиони на Европскиот клупски куп кој се играше во Охрид.

Во машка конкуренција Економист освои мак-симални 14 бодови , а зад нив се пласира ти-мот на Мика Ереван, кој во последното коло со 4:2 го совлада нашиот претставник Алкалиод и го одделечи од врвот. Третата позиција им припадна на шахистите на Урал.Тимот на Алкалиод со двата пораза во послед-ните две кола остана на 10 бодови со уште се-дум екипи и во рангирањето го освои 11. ме-сто. Со победите од 4,5 : 1,5 во последното коло нашите други две екипи направија скок на табелата Гамбит Пексим го освои 28. место, а Кочани 40..Во женска конкуренција зад првакот Спартак, се пласираа Монте Карло и Тбилиси на второ-то, односно третото место.

Економист и Спартак победници на ЕКК во Охрид

Спортски новинари од земјава и регионот

играа шах под вода

Page 35: АМАК ПРЕС 115

31

Прашање-одговор

Вашето деловно патување треба да се реализира со најдобриврски, со најквалитетни авионски компании, во најдобри хотели,со најниски трошоци.

Како?Не губете го вашето драгоцено време

во размислување!Дозволете тоа да го организираат

експерти и професионалци.

Сè на едно место

ВИС ПОЈ

046 255 600www.vispoj.com.mk

Page 36: АМАК ПРЕС 115

36

Спорт

По петти пат Златна маска за охридските едриличари