20
AMAK PRES OHRIDSKI NOVINI EDINSTVEN INFORMATIVEN VESNIK VO OHRIDSKO-STRU[KIOT REGION BESPLATEN PRIMEROK Godina V - Broj 95 25 Август 2008 www.amakpres.com.mk marketing 070 / 462-362 БЛЕСКАВО 15-ТО ИЗДАНИЕ НА ОХРИДСКИ ТРУБАДУРИ НИКОЛА СТОЈКОСКИ –ИЗРАБОТУВАЧ НА ПРЕДМЕТИ ОД ДРВО И КАМЕН И ЕДЕН ОД НАЈПОЗНАТИТЕ ОХРИДСКИ ЧЕВЛАРИ НИКОГАШ НЕ Е ДОЦНА ЗА УМЕТНИКОТ ТАЛЕНТОТ КОГА ТОГАШ ИЗЛЕГУВА НА ВИДЕЛИНА ОХРИД ЛЕТОВО ВО ПОСТОЈАН СООБРАЌАЕН КОЛАПС definitivno najevtino www.don.com.mk

АМАК ПРЕС 95

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Амак Прес Охридски Новини е единствениот печатен медиум во охридско-струшкиот регион, а весникот се печати во тираж од 4000 примероци. Основач и издавач на Амак Прес Охридски Новини е генералниот дирекотр на Амак СП,Венко Шапкар.

Citation preview

Page 1: АМАК ПРЕС 95

AMAK PRESOHRIDSKI NOVINI

EDINSTVEN INFORMATIVEN VESNIK VO OHRIDSKO-STRU[KIOT REGION BESPLATEN PRIMEROK

Godina V - Broj 95 25 Август 2008

www.amakpres.com.mkmarketing 070 / 462-362

БЛЕСКАВО 15-ТО ИЗДАНИЕ НА ОХРИДСКИ ТРУБАДУРИ

НИКОЛА СТОЈКОСКИ –ИЗРАБОТУВАЧ НА ПРЕДМЕТИ ОД ДРВО И КАМЕН И ЕДЕН ОД НАЈПОЗНАТИТЕ ОХРИДСКИ ЧЕВЛАРИ

НИКОГАШ НЕ Е ДОЦНАЗА УМЕТНИКОТТАЛЕНТОТ КОГА ТОГАШИЗЛЕГУВА НА ВИДЕЛИНА

ОХРИД ЛЕТОВО ВО ПОСТОЈАН СООБРАЌАЕН КОЛАПС

definitivno najevtinowww.don.com.mk

Page 2: АМАК ПРЕС 95

ИЗДАВА: АМАК СП А.Д. Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - Охрид Излегува на 10 и 25 во месецотТел:046/263-781 факс 046/263-784

E-mail: [email protected]За издавачот:

Венко Шапкар - Генерален директор; Главен и одговорен уредник: Љупчо Таневски [email protected]; Уредник: Анѓела Белевска Новинари: Сузана Вренцовска; Крсте Спасески; Техничка редакција: Бранислав Силјаноски

Маркетинг менаџер: Славица Стевоска; Дистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318 Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид

Page 3: АМАК ПРЕС 95

За сопствениците на плажите и хотелиерите годинешната ту-ристичка сезона во Охрид е

најбогата за туристите најхаотична. Закупците на плажи се фалат дека годинава поминале подобро од кога било поради „квалитетните гости“- Радува тоа што структурата на го-стите е многу поразлична од минати-те години. Посетени бевме од квали-тетни гости, потрошувачи. Минатата година имавме поголема гужва, но годинава приходите се далеку пого-леми, вели сопственик на плажа. И останатите концесионери на плажи-те се задоволни од исходот на сезо-ната. Велат дека Охрид треба да се определи за поквалитетни гости но и да ги подобри условите посебно хигиената во градот и крајбрежието. Од богатата туристичка сезона ќаруваа и хотелиерите и приватните станоиздавачи кои забележаа скоро стопостотна исполнетост.-Хотелските капацитети имаа испол-нетост од 70 до 100 одсто но она што радува е тоа што за прв пат годинава бројот на странски гости е поголем од домашните, вели претседателот на ХОТАМ Дончо Танески. Танески е задоволен од посетеноста која спо-ред него е зголемена за 10% во однос на минатата година. Според Танески најбрoјни се странските гости од со-седството Србија Албанија Бугарија, Косово, но видно зголемен е бројот и на туристите кои пристигнаа од по-далечните земји Холандија, Израел и Франција. Сето ова, вели Танески се должи на зголемената пропаган-да и промоција на саемите надвор од државава во текот на цела годи-

на. Она што претставува проблем, според Танески е наплатата на ту-ристичката такса, и загубите кои ги претрпуваат општината, државата а со тоа и туризмот.-Годинава имаме мало подобрување на наплатата на туристичката так-са, но сеуште овој проблем е голем и влијае врз развојот на туризмот затоа што тие пари се наменети за презентација и промоција на тури-стичките места. Сеуште е рано да се направи пресметка за загубите но штетите и годинава ќе бидат големи, вели Танески.Од секторот за Туризам и локален економски развој(ЛЕР) велат дека се задоволни од досегашниот процес на спроведување на категоризацијата. „Пред две години небеше евиден-тирен ни еден станоиздавач а сега имаме бројка од 1300 станоиздавачи и 7880 ноќевања, вели Гоце Симоно-ски раководител на ЛЕР. Но и покрај најавите дека категоризацијата се одвива со засилено темпо во при-ватниот сектор надвор од хотелските капацитети според слободни про-ценки има над 70 000 легла што за туристичките работници претста-вува огромни загуби поради нена-платената такса која се движи од 40 денари по лице. „Мал е процентот на оние кои плаќаат туристичка так-са за гостите а штетите се огромни, велат тие. Минатата година собрани се само 16 милиони денари а според проценките општината и државата претрпеле штети од 1 милион евра. За оваа година предвидено е да се соберат околу 20 милиони денари сума која исто така не е за пофалба,

велат надлежните. „Поголема напла-та на туристичката такса ќе може да очекуваме кога категоризацијата ќе биде целосно спроведена но, исто така треба да се воспостави и со-фтверски систем кој ќе биде повр-зан и со полицијата каде со сама-та регистрација на гостите ќе се наплаќа и таксата, вели Симоноски. И додека туристичките работници мака мачат со наплатата на таксата туристите најголем проблем имаат токму со луѓето кои издаваат соби. Цените годинава достигнаа до ре-кордни 700 денари за кревет за вре-ме на илинденските празници. Се издава се и сешто а најповеќе гости-те се манипулираат со локацијата на сместување. Им се нудат соби во близина на центарот, а добиваат сместување далеку на периферијата од градот.Најголемите забелешки од домаш-ните туристи се однесуваат и на уре-деноста на плажите и немањето до-волно паркинг простор, а странците најповеќе се жалат на хигиената во градот.-Ова по се изгледа ќе ни биде после-ден одмор во Охрид. Потрошивме како да сме на море а не на езеро. За да отидеш на плажа треба да платиш и за лежалка и за чадор и за кола. Ова не се плажи ова се кафулиња со маси и столици каде мора да пиеш ако сакаш да си на плажа, вели еден разочаран скопјанец кој доаѓа на од-мор во Охрид веќе 10 години.

Сузана Вренцовска

За сопствениците на плажите и на. Она што претставува проблем, велат надлежните. „Поголема напла-

ОХРИЃАНИ ТРИЈАТ РАЦЕТУРИСТИТЕ СЕ ЖАЛАТ

БОГАТА ТУРИСТИЧКА СЕЗОНА ВО ОХРИД

ЛОКАЛ

Page 4: АМАК ПРЕС 95

4 AMAK PRES

ЛОКАЛ

ОХРИД ЛЕТОВО ВО ПОСТОЈАН СООБРАЌАЕН КОЛАПС

Охрид годинава пре-живеа неколкупати доживеа колпаси

на сообраќајот од поголем обем, а секојдневни беа за-стоите во центарот на градот и кај плажите. Малиот број паркинк бростори, малиот капацитет улиците во цента-рот на градот и илјадниците новодојдени возила правеа состојба во која колапсот на сообаќајот е неминовиен.Експертите велат дека во до-гледно време оваа состојба во ентарот на Охрид нема да може да се надмине бидејќи за тоа се потребни капитални инвестиции во инфраструк-турата, а пред се во паркинг просторот со градење на катни гаражи. Ваков објект беше најавено да се гради на местото од паркингот кај па-зарот за админситративната зграда на Горица, но до ден денес катната гаража не е ни почната со градба. Доколку би се изградила оваа зграда таа значително би го решила проблемот со паркирањето во центарот на Охрид.Како олеснување се најави и паркингот кој е под т.н. Кли Близначки на местото од

старата автобуска. Овој под-земен паркинг плац кој има и свој надземен дел може да прими стотци возила што во значителна мера ќе го олесни паркирањето во центарот, но истовремено и сообраќајот ќе биде значително растова-рен бидејќи помал ќе е бројот на оние кои со автомобилите кружат во центарот на гра-дот барајќи паркинг на пре-полните паркинзи во кои немаше место за паркирање ни за пари и ли во некоја од околните улички и слободни паркинг плацови.Но сепак најалармантна и најтешка е состојбата со сообраќајницата која води до плаќите од Охрид до Св. Наум. Овој пат во летниот период нормално функцио-нира само до месноста Св. Стефан каде завршува кра-кот од автопатот и од тука започнува пат кој на некои места е означен со натпис ,,Внимание патот е широк само 5 метри,, Оваа сообраќајница која е градена пред неколку де-цении станува неупотре-блива во денепшно време кога бројот на автомобили е

енормно зголемен во однос на тој период, а и туризмот е сосема поинаков од тогаш.Советникот за сообраќај во охридксата Локална са-моуправа Зоран Шикалоски вели дека единствени реше-ние е реализирањето на про-ектот за изградба на автопат над населбите крај езерото кој е планиран уште пред ре-чиси 20 години.- Единствено решение треба да се бара во изградба на ав-топат од Охрид до Св. Наум кој би одел по планината над населбите. СПоред тој проект треба да се изгради приклучница над бензиската Билјанини Извори и од тука по планината да се стугнува до Св. Наум. Со посебни из-лези од автопатот ќе може да се излегува и стугнува до екоја плажа, а сегашниот пат би бил еден вид улица по која ќе се движат пешаци и би се кросител како паркинг простор – вели Шикалоски и додава дека ова шрашање е во надлежност на држа-вата која треба да влезе во реализирање на овој проект час поскоро ако сака Охрид да го развива како туристич-ки центар.

ХАОС И НА ПРИСТАНИШТАТА

Како алтернатива за растоварување на копнениот сообраќај во крајезерските населби мнгумина го гле-даат пловниот сообраќај, но летово и тој во Охрид беше во своевиден хаос,

целосно дезорганизиран,а патувањето со бод од Охрид до Св. Наум сана макотрпна работа.Двете пристаништа се пре-тесни да ги примат бродо-вите, но и туристите па на нив нема место ни во вода ни на копно. Охридската капетанија проблемот се обиде да го реши со распоред на паркирање на бродовите, но ова направи состојба во коај туристите немаат из-бор со кој брод ќе се воз-ат туку мора изборот да го рпават според распоредот кој важи за тој ден. Додека сообраќајот на бродовите на пристаништето во Св. Наум е приказна за себе. Таму се-когаш 2 брода едвај стоја во малото пристаниште, додкеа 4 останати стојат на езер-сакта шир и чекаат некој да исплови за некој да вплови. Оваа состојба најблаго рече-но е смешна и прави нервоза кај бродарите, но пострашно е тоа што се нервираат и ту-ристите кои стојат на при-стаништето и чекаат среќен момент кога бодот со кој допловиле и купиле на кој купиле повратен билет ќе вплови во пристаништето и ќе ги врати назад.Сето ова укажува на ката-строфалната состојба со сообраќајот во Охрид во сите свери и е аларм за час по-скоро да се преземат чекори во сферата на инвестициите кои ќе ги решат проблемите насобирани со години.

Љупчо Таневски

ОХРИД ОВА ЛЕТО СКОРО СЕКОЈ ДЕН ПРЕЖИВУВАШ ПОГОЛЕМИ ИЛИ ПОМАЛИ КОЛАСИ НА СООБРАЌАЈОТ. СЕ СЛУЧУВАШЕ О ЧАСОВИ ГРАЃАНИТ И ТУРИСТИТЕ ДА ОСТАНАТ ЗАГЛАВЕНИ НА НЕКОЈА ОД ЦЕНТРАЛНИТЕ ГРАДСКИ УЛИЦИ, НО НАЈТЕШКО ПОМИНУВАА ОНИЕ КОИ ЗАГЛАВУВАА НА ПАТОТ КОЈ ВОДИ ДО ПЛАЖИТЕ.

Page 5: АМАК ПРЕС 95

5www.amakpres.com.mk

ПОВЛЕКУВАЊЕТО НА ВОДАТА ОТКРИ „НОВИ“ ПЛАЖИ

Постои опасност нивото на Охридското Езеро дра-стично да се намали под

минималното кота од 693,10 метри ако и понатаму продолжи сушни-от период и истекот на водата од Езеро за енергетските потреби на Албанија - предупредуваат експер-тите.Според последните мерења нивото на Езерото е само шест сантиме-три над природната кота која из-несува 693,17метри. По должина на крајбрежието видливи се и но-воформирани плажи како последи-ца на повлекувањето на водата но од хидрометеролошката станица велат дека место за паника нема. Мерењата се редовни а ваквите појави се присутни и во изминати-те години.-Осцилациите на Езерото кои се форсирани од страна на човекот можат да предизвикаат ретчење на густината на популацијата на живиот свет во водата а може да доведе и до целосно изумирање. Животинскиот свет е навикнат на природните осцилации но докол-ку и понатака продолжи сушниот период каде врнежите посебно на снег се минимални тогаш неможи-ме да се бориме против природата но треба под итно да се преземат мерки за заштита на природната рамнотежа. Во спротивно Охрид-ското Езеро ќе биде сериозно за-

грозеноа постои опасност и за еко-лошка катастрофа, вели доктор Здравко Крстановски од Хидроби-олошкиот Институт.Загриженост за повлекувањето на водата има и кај Охриѓани. Според нив ова е периодот во кој е нормал-но да се повлече водата, но оние постарите велат дека оваа година е една од покритичните. Охридската јавност поделена околу причините за ваквата состојба. Според едни причина се климатските услови а според други виновници се над-лежните институции кои дозволу-ваат Езерото да се користи за енер-гетски потреби со неконтролирано испуштање на вода.Според експертите намалувањето на нивото на Езерото има нега-тивни последици и врз живопи-сот на крајбрежните цркви и врз објектите во близина на Езерото.-Ваквата состојба предизвикува повлекување на нивото на подзем-ните води што пак може да дове-де до искривување на станбените објекти поради спуштањето на земјиштето. Исто така трагите се видливи и на фреските во околни-те цркви на кои има траги од кал-циум карбонат-вели Крстановски. Според него ЕЛЕМ неконтролира-но го користи природното богат-ство, врши деструкција а надлеж-ните сеуште ништо не преземаат. Од друга страна вели Крстаноски,

се испушта вода од прва и втора категорија а од притоките од кои се полни Езерото се влева вода од трета и четврта категорија.Исто така реакции за намалувањето на нивото на Езерото има и од Со-ветот на Општината кој неодам-на побара од надлежните да се преиспита договорот склучен помеѓу Албанија и Македонија за користење на водата во енергет-ски потреби односно утврдување на нови максимални и минимални коти на осцилации на Езерото-Во услови на променати климат-ски услови потребна е измена во студијата за истекот на Охрид-ското Езеро преку Дрим, изград-ба на соодветен регулатор како и формирање на надзорно тело кое ќе ги следи осцилациите на Езеро-то, вели претседателот на Советот Владо Чингоски. Советот на оп-штината упати и апел до надлеж-ните под итно да преземат мерки со кои би се спречиле градежните активности во водите на Езерото, а веќе изградените платформи и потпорни ѕидови кои ја прекину-ваат природната комуникација на водата со брегот да се отстранат.

Сузана Вренцовска

НАМАЛУВАЊЕТО НА НИВОТО НА ВОДАТА НА ЕЗЕРОТО ИМА НЕГАТИВНИ ПОСЛЕДИЦИ И ВРЗ ЖИВОПИСОТ НА КРАЈБРЕЖНИТЕ ЦРКВИ И ВРЗ ОБЈЕКТИТЕ ВО БЛИЗИНАТА, ПРЕДУПРЕДУВААТ ЕКСПЕРТИТЕ.

ЗАГРИЖУВАЧКО Е НИВОТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

Page 6: АМАК ПРЕС 95

6 AMAK PRES

ЛОКАЛ

Претставници на Хидробио-лошкиот завод извршија порибување на Охридското

Езеро со 38.000 рипчиња-пастрмки, стари до осум месеци. За да се по-стигне биолошкиот минимум, годи-нава, Езерото ќе биде порибено со 1,8 милиони млади пастрмки одгледани во двете мрестилишта на македонска и мрестилиштето Лин на албанска страна. -Грижата за Охридското Езеро, осо-бено за рибниот фонд ќе биде мак-симална. Нашите активности се во насока на зголемување на фондот на пастрмка за да може природно да се мрести, но и да ја имаме во доволни количини за да можеме да ја понудиме на нашите туристи како специјалитет - порача од Охрид, министерот за земјоделство, Ацо Спасеновски.Според него, уште три години нема да може да се стопанисува со Охридско-то Езеро. После тоа би се изготвила програма со која ќе се опфати не само порибувањето, туку и понатамошни-от улов на пастрмката.

- Се работи за риба која тешко се обновува. За еден килограм при-родна пастрмка потребни се седум години, а репродуктивно да остави потомство повеќе од три години - вели Гоце Костовски, директор на Хидробиолошкиот завод. Според најавите на министерот Спасеновски, годинава се издвоени 10 милиони денари за порибувањето на Езерото. Спасеновски рече дека согласно новиот Закон за рибарство инспекциските служби се постојано на терен низ угостителските објекти и продавниците, каде е забранета продажбата на пастрмката, а се чеш-лаат и местата каде што се продаваат рибарските мрежи. Досега поднесени се 30 прекршочни пријави против ри-бокрадците, а во иднина планирано е и зголемување на безбедносните мер-ки и поставување на видео надзор на езерото. - За исчезнувањето на пастрмката виновни се сите, експертите, Влада-та, Министерството, локалната са-моуправа и инспекциските служби. Она што сега го правиме е да се ис-прави тој пропуст и да го спречиме изумирањето на овој вид на риба. Само со колективна акција, со уче-ство на сите вклучувајќи ја и албан-ската страна, со заеднички патроли за контрола на езерото ќе се постигнат ефекти и за неколку години очекува-ме да се врати популацијата на пас-трмката - рече Спасеновски.

ПАСТРМКАТА ВО РЕСТОРАНИТЕ Е ОДГЛЕДУВАНА ВЕШТАЧКИ Спасеноски вели дека во еден охридски рсторан служеле охридска пастрмка, иако има забрана за нејзино ловење.-Побаравме документ во кои се пот-врди дека пастрмката е произведена во приватно одгледувалиште за охридска пастрмка. Документот беше валиден, а тоа го потврди и државниот инспек-тор. Охридската пастрмка евентуално може да се најде во продавница, само одгледувана во вештачки услови. Улов на пастрмка во овој момент е забра-нет, но секогаш постои можност за манипулација. Ние жестоко ќе одгово-риме на таквата појава, оти тоа е кри-минал - рече Спасеновски.

Сузана Вренцовска

- Се работи за риба која тешко се

ПОРИБУВАЊЕ НА ЕЗЕРОТО СО ПАСТРМКАСПАСЕНОСКИ НАЈАВИ МАКСИМАЛНА ГРИЖА ЗА РИБНИОТ ФОНД

Page 7: АМАК ПРЕС 95

7www.amakpres.com.mk

ПОРИБУВАЊЕ НА ЕЗЕРОТО СО ПАСТРМКАОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЈА УСВОИ ДЕКЛАРАЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

Советот на Општина Охрид на вонредна седница едногласно ја усвои Декларацијата за заштита

на Охридското Езеро. Советниците ја изразува својата за-гриженост за повеќе годишното ни-ско ниво на водостојот на Охридското Езеро,штетната близина на магистрал-ниот пат, Охрид- Св. Наум до езеро-то и сообраќајниот хаос. Тие велат дека наглото зголемување на пловни-те објекти кои користат нафтени де-ривати, уништувањето на трската и депонирањето на цврстиот отпад на крајбрежјето негативно влијаат врз екосистемот и квалитетот на водата. Советниците изразуваат загриженост и поради лошата состојба на пристаниш-тата и каналот “Студенчишта“, како и изградување на објекти кои се без до-

звола за градба а кои негативно влијаат на литоралниот дел. Според нив алар-мантна е состојбата и со загадувањето на езерото со отпадни води во делот од Лагадин до Св.Наум.Донесувањето на Декларацијата за Заштита на Охридското Езеро го поздравија експертите за животна сре-дина од Хидробиолошкиот институт кои велат дека документот не само што треба да се усвои туку неопходно е и да се имплементира.“Плажите кај нас, на одреден начин се урбанизирани, но истите треба да бидат изградени врз основа на еколошки ела-борат, значи не може ништо да се гради доколку не постои еколошки елаборат. Има прашања кои експерти треба да ги разгледуваат. Едно од горливите прашања е нерегуларното истекување

на езерото преку Црни Дрим за енер-гетските потреби на Македонија и Албанија“, вели проф.д-р.Здравко Крстаноски од Хидробиолошкиот ин-ститут.Декларацијата е испратена до претсе-дателот на државава, премиерот, ми-нистерот за транспорт и врски, ми-нистерот за животна средина и до други надлежни институции. Советот од надлежните државни институции бара да се заложат за дислокација на магистралниот пат, Охрид- Св.Наум, да се доизгради колекторскиот систем и да се воведе ред во урбанизацијата и користењето на плажите и крајбрежјето на Охридското Езеро. Ангела Белевска

Page 8: АМАК ПРЕС 95

8 AMAK PRES

Систематските прегледи на деца-та, учениците и студентите кои се изведуваат во Здравствениот

Дом во Охрид се бесплатни и за нив не се плаќа партиципација.“Со цел да се избегнат некои забуни кај родителите мора да истакнеме дека за систематски преглед и имунизација не се плаќа партиципација ниту некој до-сега ја платил. Сините картони кои се земаат се за наша сопствена евиденција и тие не се услов за да се изврши услуга-та. Детето ќе биде систематски прегле-дано и имунизирано независно од тоа дали има или не сини картони“, изјави д-р Катерина Димитрова од Единицата за превенција на деца и младинци при Здравствениот Дом.

Доктор Димитрова, истакнува дека прегледите кај ортопед, очен или ушен лекар, урологија, кардиологија и други-те специјалистички прегледи(доколку за нив има потреба и се препорачуваат по систематскиот преглед) се вршат со упат од матичен лекар, син картон и за нив се плаќа партиципација.Во доечка возраст односно до шестиот мессец од раѓањето кај детето е препо-рачливо да се направи ортопедски а во четвртата година офтомолошки пре-глед, овие услуги не се влезени во про-грамата за превентивна здравствена заштита и со оглед на тоа што се тре-тираат како специјалистички прегледи спроведени по индикација подлежат на плаќање партиципација.

Со почетокот на новата учебна година почнуваат и систематските прегледи на ученици. “Целта на прегледите е динамич-но следење на растот и развојот, откривање ризик фактори за одредени заболувања и превенција на истите како и спроведување на општ лекарски преглед“, вели д-р Димитрова.Со систематските прегледи кои почну-ваат во септември опфатени се ученици од прво, трето, петто и седмо оделение како и средношколците од прва и трета година и бруцошите на факултет. Ангела Белевска

ИГРИ БЕЗ ГРАНИЦИ ВО ОХРИД

СИСТЕМАТСКИТЕ ПРЕГЛЕДИ И ИМУНИЗАЦИЈАТА КАЈ ДЕЦАТА СЕ БЕСПЛАТНИ

СИНИТЕ КАРТОНИ КОИ СЕ ЗЕМААТ ПРИ СИСТЕМАТСКИТЕ ПРЕГЛЕДИ СЕ ЗА ЕВИДЕНЦИЈА НА ЛЕКАРИТЕ, ДЕТЕТО ЌЕ БИДЕ ПРЕГЛЕДАНО НЕЗАВИСНО ОД ТОА ДАЛИ РОДИТЕЛИТЕ ИМААТ ИЛИ НЕ СИНИ КАРТОНИ. СЕ НАПЛАЌААТ САМО СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ПРЕГЛЕДИ И ЗА НИВ Е НЕОПХОДЕН УПАТ ОД МАТИЧЕН ДОКТОР

Во организација на Младинскиот Совет од Охрид а под покрови-телство на локалниот бизнис

сектор, од 25 до 28 август во градов се одржаа Летните игри без граници.Во водениот базен Аква-блу во село Волино, една недела петте натпревару-вачки тимови се бореа за подобар плас-ман во пет вештини.

“Игрите имаат забавен карактер и преку нив се настојува да се покаже значењето на тимската работа, вешти-ната и секако важноста од применета-та брзина.Во последната игра наречена штафета натпреварувачите имаат мож-ност да освојат најмногу поени“, вели претседателот на Младинскиот совет од Охрид, Димче Каневче.

За најуспешните натпреварувачи и најдобрите три екипи ќе бидат доде-лени симболични награди. Органи-заторите се надеваат дека игрите без граници одржани на вода ќе добијат традиционален карактер. Ангела Белевска

Наскоро, ќе биде воведена нова вакцина против бактеријата hemofi lius infl uence која што

е предизвикувач на тешки менингити и бронхо пнеумони. Со вакцината ќе бидат заштитени деца до три годишна

возраст. Вакцината ќе се дава во три дози со одредена динамика.Вакцината против бактеријата која е предизвикувач на тешки менингити и бронхо пнеумони веќе ја примаат де-цата кои живеат во Западно eвропските

земји, во Хрватска, Словенија, Србија, Бугарија и Грција. А.Б.

Наскоро, ќе биде воведена нова возраст. Вакцината ќе се дава во три земји, во Хрватска, Словенија, Србија,

НОВА ВАКЦИНА ПРОТИВТЕШКИ МЕНИНГИТИ И БРОНХО ПНЕУМОНИ

ЛОКАЛ

Page 9: АМАК ПРЕС 95

www.amakpres.com.mk 9

СИСТЕМАТСКИТЕ ПРЕГЛЕДИ И ИМУНИЗАЦИЈАТА КАЈ ДЕЦАТА СЕ БЕСПЛАТНИ

www.amakpres.com.mkwww.amakpres.com.mk 9

Page 10: АМАК ПРЕС 95

10 AMAK PRES

LU\E OD NA[ETO SEKOJDNEVIEНИКОЛА СТОЈКОСКИ –ИЗРАБОТУВАЧ НА ПРЕДМЕТИ ОД ДРВО И КАМЕН И ЕДЕН ОД НАЈПОЗНАТИТЕ ОХРИДСКИ ЧЕВЛАРИ

НИКОГАШ НЕ Е ДОЦНА ЗА УМЕТНИКОТТАЛЕНТОТ КОГА ТОГАШ ИЗЛЕГУВА НА ВИДЕЛИНА

Бог е тој кој ти дава уметнич-ки предиспозиции и талент од ништо да направиш нешто, дрве-

ното стебло или сувата гранка па дури и обичните улични камења да ги пре-твориш во такво уметничко дело пред кое се поклонувааат и врвни академски сликари, вајари скулптори...Но вистинскиот уметник, чуда знае да направи не само од еден суров материјал туку од многу други зошто за него е уметнички предизвик секоја суровина која нема, а повеќе од сигур-но е дека може да ги има и содржината и духот.Со мерак уредена куќа и двор и чиниш за миг си се нашол во детската приказ-на за “Јовче и Марика “, зошто само таа чоколадна куќичка од детските сликов-ници може да се мери со убавината на куќата од чичко Никола Стојкоски.Ние замислувавме дека сме богови и

уживавме во пријатното дворно ме-сто каде чичко Никола ја раскажуваше својата животна приказна, велам бого-ви зошто само тие уживаат во рајски градини а во една од нив како да бев-ме и ние екипата на АМАК- ПРЕС, Охридкси Новини. Сончевите зраци се милуваа во бистра-та вода на големата дворна фонтана изработена од ситни камчиња и кога за миг разговорот ќе прекинеше по-гледнувавме во неа за да се запрашаме себеси; сребро или камен е ова? Зошто камчињата беа така чудесно поставени како да се преливаат едно во друго.“Фонтаната и целиот двор го уредував сам. Камењата што ги гледате ги со-бирав од улица , по охридските пла-жи а потоа ги усогласував по бојата.За уредување на дворот кој целосно е направен со камен вкличувајќи ја и ка-мената фурна, не сум дал ни скршен

денар. Се сум направил според соп-ствената замисла онака како што сум мислел дека е најубаво“, вели Никола чиј двор го красат и прекрасни пред-мети направени од дрво. Тука е преу-бавата гарнитура за седење, и неколку животни исто така изработени од дрво кои како “финиш“, на дворот му даваат таков амбиент па да мислиш дека си во некоја џунгла и од секоја страна оче-куваш да те нападне диво животно кое пред тебе се смирува и спитомува.“Уметничкиот талент и желбата не-што убаво да направам кај мене од се-когаш постоеле. Но релативно доцна по пензионирањето, почнав да се за-нимавам со изработка на уметнички дела. Како дете покажував уметнички предиспозиции и желба уметнички да се орјентирам во животот. Но родите-лите немаа слух и разбирање за моите барања мислеа дека е подобро да имам

Page 11: АМАК ПРЕС 95

11

некој занает и навистина ме пратија на него. Но талентот на вистинскиот умет-ник излегува на виделина независно од старосните години на личноста. Прво нешто што јас сум направил е резба-та од дрво на која е издлабен ликот на моето прво внуче Бојан, под кој издла-бив птица. Тогаш имав 60 години и од тогаш до денес имам направено многу

дрвени скулптури кои се применливи и практични во домаќинството. На вну-кот му направив дрвено коњче на кое се нишаше и заспиваше кога беше ма-лечок. Дел од скулптурите се одлични за поставување на пијалаци или боци со вино, за чување документи и тн....“Иако уметноста е негова љубов, чичко Никола се пензионирал како чевлар.

Родителите сакале да биде тоа и на-вистина тоа и станал, но никогаш не зажалил за одлуката. Како моделар на чевли успевал да ја покажува надаре-носта за уметност и смислата чифтот чевли да изгледа преубаво.“Беа тоа времиња“, вели Стојкоски и се присеќава на своите работни по-четоци во првата фабрика за чевли во Македонија “Борка Левката“во При-леп. По моето доселување во Охрид се вработив во фабриката „Илинден“, прво работев во занаетчиската рабо-тилница кај Рибарниците во центарот на градов а подоцна во просториите кај фабриката “Отекс“. Во “Илинден“ ра-ботев 26 години, останатите 14 години до пензионирањето, работев во мојата приватна работилница . Работев а и се уште работам како моделар и про-изводител. Моделирањето подразбира цртеж, правење шаблон, потоа кроење и шиење. Работам и по порачка. Пра-вам чевли онакви какви што вие ќе изберете од каталог. Но времињата се менуваат. Во минатото беше нормално да се нарачуваат чевли. Посебно нарач-ките беа големи пред крајот на учебна-та година, ги бараа матурантите за да изгледаат убаво на матурските вечери. Сега најчесто муштериите доаѓаат за поправки “, раскажува Никола кој материјалите за работа ги набавува од “Годел“ или продавницата за ѓонови и кожа од “Газела“ во Скопје.Пензионерскиот стаж, Никола Стојкоски го ситни во придружба на сопругата Слободанка со која има две деца, синот Сашо и ќерката Даниела. Ужива во игрите со внукот Бојан, но тогаш кога тој е отсутен од дома, Нико-ла се опушта во своето хоби, правење на предмети од дрво и обичен камен на кои им дарува душа и лик. Ангела Белевска

Page 12: АМАК ПРЕС 95

12 AMAK PRES

ESTRADA

Хрватската поп дива, Антонија Шола е севкупен побед-ник на музичкиот фестивал

,Охрид Фест- Охридски Трубадури.За композицијата “Небо под об-лак“ што Шола ја изведе на интер-националната вечер ќе биде сни-мен спот вреден 20.000 евра. Ова е најголемата музичка награда доделе-на на фестивал на балканските про-стори до сега. За снимањето на спо-тот ќе биде задолжена најголемата филмска продукција од Босна и Хер-цеговина “Solid state product“ а сце-

нарист и режисер ќе биде еден од најдобрите филмски работници во бившите ЈУ –простори, Енвер Пуш-ка. На последната интернационал-на вечер симпатиите од стручното жири и публиката ги освои не само Шола туку и второ и трето награ-дените, Ристо Самарџиев и Влатко Илиевски.Инаку она по што ќесе памети 15-то јубилејно издание на Охридски-те Трубадури, е пред се одлична-та организација, преубавата сцена кај “Долни Сарај“, големиот број

на учесници и публика. Годинава прв пат покрај трите веќе познати, фолк, поп и интернационална вечер имаше уште една фестивалска ноќ што организаторите ја нарекоа вечер на “Нови ѕвезди“. Токму на таа прва фестивалска дебитанска ноќ, члено-вите на групата “Некс Тајм“ со пес-ната “Ме остави сам да живеам“ ги освоиа срцата на членовите од жи-рито и ТВ-гледачите кои имаа мож-ност да гласаат.Советот на фестивалот требаше да одбере три најдобри дебитантски

НАГРАДА ОД 20.000 ЕВРА ЗА АНТОНИЈА ШОЛА

ЗАВРШИ 15-ТО ИЗДАНИЕ НА ОХРИД ФЕСТ – ОХРИДСКИ ТРИБАДУРИ

Page 13: АМАК ПРЕС 95

13www.amakpres.com.mk

НАГРАДА ОД 20.000 ЕВРА ЗА АНТОНИЈА ШОЛА

песни , но поради квалитетот на песните одлучи шест изведувачи да продолжат да се натпреваруваат на Поп-вечерта и секако да учествуваат на последната интернационална ноќ во трката за највисоката награда од 20.000 евра. Популарната пеачка, Дани Дими-тровска, со песната “Никој како ти“ победи на поп –вечерта на фести-валот и освои 50 000 денари. Дани однесе тесна победа во неизвесната трка пред Ристо Самарџиев а третото место го освои Влатко Илиевски.

На фолк вечерта публиката за најдобра ја избра песната на Сне-жана Савиќ а второ наградена беше Благица Павлоска.Повеќе од 30 музичари настапија на последната интернационална ноќ. Покрај победничката Аантонија Шола, настапија и други странски изведувачи, Маја Николиќ, Алекса Јелиќ,“Бит Стрит“ и Хуса БС“ од Србија, Ребека Дремељ, Тања Жагар и Мартин Перовиќ од Словенија, Нено Муриќ од Босна, Ивана Поповиќ од Црна Гора, Крум од Бугарија и Роза-

на Ради и Шпати од Албанија.Годинешното издание преку еден од националните телевизиски медиуми го гледаа и гласаа не само гледачите од Македонија туку и од сите други југословенски републики,Канада, Бугарија, Шведска и Германија. Ангела Белевска

Page 14: АМАК ПРЕС 95

14 AMAK PRES

КУЛТУРА

СЕ СПУШТИ ЗАВЕСАТА НА 48-ТО ОХРИДСКО ЛЕТОГОДИНAШНОТО ИЗДАНИЕ КРИТИЧАРИТЕ ГО НАРЕКУВААТ ВОНВРЕМЕНСКО. ТЕАТАРСКИТЕ ПРЕТСТАВИ И МУЗИЧКИТЕ СЛУЧУВАЊА ГИ ПРОСЛЕДИ 30 000-НА ПУБЛИКА

Едно од најѕвездените изданија на најголемиот музички фестивал во земјава, Охридско лето, ја заокружи својата маршута по која чекореше еден и пол месец. Големи театарски умет-ници од десеттина европски земји, виртуозни музичари самостојно и во камерни состави ја славеа уметноста и го правеа светот единствен. Атрактив-носта на уметниците во музичкиот и театарскиот дел донесе едно интерес-но издание кое го проследи 30 000-на публика.Тешко може да се издвои одреден умет-нички перформанс во низата навистина прекрасни уметнички достигнувања, кои имавме можност да ги видиме и слушнеме во текот на фестивалските вечери. Не може да остане незабеле-жан спектакуларниот настап на опер-ската дива Џеси Норман, концертот на сестрите Јанке, “Калигула“, на театарот “Пандур“ на Питер Брук или квартетот

“Лудвиг“ кој настапи на денот на Ев-ропа. За некои најдобар беше гала кон-цертот на Борис Трајанов со Инва Мула или концертот на Сара Чанг. Неможе а да не се спомене музичко –драмската претстава “Четри годишни времиња“, во режија на Иван Поповски која пока-жа дека нема граници меѓу музичкото и театарското во уметноста.Завесата на најпрестижната музич-ко сценска манифестација, Охридско Лето, се спушти по настапот на чудо-то од дете, американската виолинистка со корејско потекло, Сара Чанг. Таа за-едно со Камерниот оркестар на Слове-нечката филхармонија во црквата Св. Софија, отсвири композиции од Сара-сате и Вивалди.Светски познатата, а сепак едноставна, Чанг за време на настапот промени че-три вечерни тоалети а дозволи ексклу-зивното право за снимање на пред кон-цертните проби да се даде на еден од

националните медиуми без притоа да бара одреден паричен надомест. Мла-дата виолинистка со светска кариера и високо музичко реноме е воодушевена од убавините на Охрид и љубезноста на Охриѓани.“Овој град е рај за купувачите,вашиот Охридски бисер е преубав и јас за себе си купив два сувенири изработени ток-му од бисер“, истакна Чанг.Годинава имаше и голем број новини во однос на претставувањето на фе-стивалот како и обезбедување пода-роци за сите учесници, почнувајќи од брошури,капи, маици а годинава беше промовирано и фестивалското вино.Од дирекцијата на фестивалот велат дека веќе се започнати подготовките за наредното издание. Ангела Белевска

ХОРСКИ ФЕСТИВАЛ ВО ОХРИДОд 22 до 25 август, Охрид беше

домаќин на меѓународниот фе-стивал на хорови што прв пат

се одржува кај нас.На фестивалот учествуваа 2000 уметни-ци групирани во 60 хорови од 14 земји, Македонија,Бугарија, Србија,Турција, Хрватска, Босна и Херцеговина, Романија, Унгарија, Словенија, Чешка, Полска Литванија, Летонија и Русија.На затворените сцени во Католичката

црква, Св. Кирил и Методиј и црквата Св. Софија како и на отворените сцени крај езерскиот кеј,охридската чаршија и низ улиците во централното градско подрачје хористите интерпретираа пес-ни од различни музички стилови. Из-ведбите на хоровите ги следеа реноми-рани уметници од областа на хорската музика од Србија, Хрватска, Бугарија и Македонија, а на најдобрите 6 хорови од секоја категорија им беа доделени

дипломи.Фестивалот кој има репрезентативен а не натпреварувачки карактер има огромно уметничко значење и е прв од ваков вид. Тој е одлична можност за културно и музичко промовирање на Охрид и тоа преку хорската музика. А. Белевска

Page 15: АМАК ПРЕС 95

СПОРТ 1

Page 16: АМАК ПРЕС 95

16 AMAK PRES

СПОРТАМАК СП СТАРТУВАШЕ СО ПОДГОТОВКИТЕ

СО ГОЛЕМИ АМБИЦИИВО НОВАТА СЕЗОНА

АМАК СП стартуваше со под-готовките за престојната ко-шаркарска сезона. На СРЦ

„Билјанини Извори„ со комбинирани тренинзи, техничко тактичка подготов-ка и физичка издржливост, тренерот Марјан Лазоски ја подготвува екипата во чии редови сеуште не се приклучија клучните играчи. Војдан Стојаноски поради репрезентативните обврски и Џарид Фрај кој сеуште не допатувал во Охрид. Првиот тренинг измина и без најавените странски засилување кои треба да ги пополнат внатрешните позиции на екипата. За Лазоски не е голема загуба тоа што екипата на под-готовките стартуваше во неполн состав но потребно е месец пред почеток на првенството да се комплетира екипата. Лазоски вели дека Луѓето од Управата имаат разбирање за ваквите потреби и очекува од следната недела во компле-тен состав да ги спроведува тренинзи-те.

- За Војдан Стојаноски ова е едно го-лемо искуство. Кога ќе ни се приклу-чи ќе биде 100 посто подготвен. Фрај е професионалец и според моите ин-формации веќе се подготвува индиви-дуално. Неговата конституција ми дава за пораво да кажам дека за брзо време ќе се врати во форма. Тој е лесен играч и лесно може да влезе во форма, вели Лазоски. Шефот на стручниот штаб и понатака останува на ставот да го задржи ми-натогодишниот центар, американецот О,нил. „Разговарав со еден менаџер Македонец од Амстердам кој ми пот-врди дека О,нил е сеуште слободен играч. Во него гледам играч кој може да и помогне на оваа екипа. Сметам дека небеше добро искористен, а во мојата визија за кошарката го гледам како играч кој многу може да постиг-не, вели Лазоски. Според него доколку се постигне договор со О, Нил за оста-натите места на внатрешните позиции

ќе биде потребен уште еден странец, а ќе се разговара и со повратниците Павловски и Аврамоски кои сеуште се слободни играчи. Сепак, вели Лазоски, конечната одлука ќе ја донесе управата на Клубот. На самиот старт на подготовките во со-ставот на екипата беа и новите играчи Богоев и Софковски како и Трајковски кој има меѓународно искуство како играч во Исланд.Формата на играчите во подготвител-ниот период ќе се гради и преку кон-тролни натпревари со екипи кои се подготвуваат во Охрид, Работнички и грчката Олимпија ЛарисаОхридскиот прволигаш годинава со зголемени амбиции влегува во нова-та сезона. Со новопоставениот тренер Клубот ќе атакува на една од титулите во домашното првенство, но најавува и успешен настап на Евро сцената во Челинџ купот каде за прв противник го доби словенечки Златорог.-Златорог е екипа која што има големо искуство позади себе. Имаат четвори-ца одлични играчи и најави за нови засилувања. Јас сум оптимист и не е важно со кој екипа играме секаде оди-ме на победа. Доколку ние со нашата борбеност нашето знаење и умешност дадеме отпор сигурно ќе ги победиме доколку пак биде обратно ќе им че-ститаме на победата. Челинџ купот е европско натпреварување каде што нема слаби екипи. Раководните луѓе на АМАК СП прават напори да направат вистински европски клуб кој достоин-ствено ќе се претстави на евро-сцената, вели Лазоски. С.В

Page 17: АМАК ПРЕС 95

www.amakpres.com.mk 17

Со поголемо меѓународно ис-куство и нови знаења од об-ласта на кошарката се вратија

младите охридски кошаркарски на-дежи од КК „Колибри“ од Охрид кои беа дел од кошаркарскиот камп за млади таленти во Копаоник еден од најреномираните кампови во Европа. 16-деца предводени од нивниот тре-нер Весна Балазоска на единствени-от камп од бившите Југословенски простори кој е признат од ФИБА работеа заедно со нивните врсни-ци од Франција, Италија, Хрватска, Словенија, Либан, Шпанија, Турција и Германија.

-Ние учествувавме на таканарече-ниот традиционален камп кој трае повеќе од месец. Моите кошаркари успешно се преставија во своите групи и беа едни од поталентира-ните деца на кампот за што говорат бројните награди кои ги донесовме од таму- за најдобар стрелец од сло-бодни и за три поени, игра еден на еден, три на три и пет на пет, вели тренерот Балазоска која од Копао-ник се врати со ФИБА сертификат за тренер. „Големо е искуството кое го добив од тренерската елита пред-водена од легендата Зоран Вишнич, вели Балазоска.

Балазоска најави заеднички проекти со председателот на овој реномиран кампМилан Опачич кој од неодамна е и спортски директор на Црвена Ѕвезда.Инаку КК Колибри оваа сезона ќе учествува во македонските младин-ски лиги во три селекции и тоа 94/95 годиште во машка конкуренција и 92-ро годиште во женска конкуренција, како подмладок на КК „Билјана 006“ С.В

Со поголемо меѓународно ис-куство и нови знаења од об-

-Ние учествувавме на таканарече-ниот традиционален камп кој трае

Балазоска најави заеднички проекти со председателот на овој реномиран

ГОЛЕМО ИСКУСТВО И ФИБА СЕРТИФИКАТМЛАДИТЕ ОХРИДСКИ КОШАРКАРИ НА КАМП ВО КОПАОНИК

ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО КАЈАК И КАНУ

КАЈАКАРИТЕ ОД СТРУГА ПОВТОРНО НАЈДОБРИКајак кану клубот „Црн Дрим“од Струга ја одбрани

титулата за севкупен победник триумфирајќи и на годинашново Државното првенство во сениорска и

кадетска конкуренција во кајак и кану на мирни води. Во организација на Кајакарската федерација на Македонија и Кајак-Кану клубот „АМАК Стрмец“ од Охрид викеднов над 100 натпреварувачи од пет клубови од Македонија: ККК„Црн Дрим“ - Струга, ККК„Радика“-Дебар, ККК„Глобочица“-Струга, ККК„Бабуна“-Велес, и домаќинот ККК„АМАК Стрмец“ зедоа учество на првенството. Второто место во кадетска конкуренција им припадна на кајакарите од ККК „Стрмец“, а трети беа кајакарите од Дебар. Во сениорска конкуренција ККК„Бабуна“-Велес го освои второто ме-сто, додека ККК„Радика“-Дебар се пласираше на третата позиција.Трките на 500 и 1000 метри во дисциплините К1, К2, Ц1, Ц2 и К4 во женска и машка конкуренција се возеа на регатното поле- Горица-Плажа Куба Либре.

Победници по дисциплини

К1 кадети- Јован Чакарески- ККК„Црн Дрим“-СтругаК2 кадети Чакарески-Бајрамоски- ККК„Црн Дрим“-Струга

Ц1 кадети Горан Затуроски ККК„Црн Дрим“-Струга

К1 кадетки Евгенија Чурковска ККК„Црн Дрим“-СтругаК2 кадетки Леши-Михајлова ККК„Радика“-Дебар

К1 сениори Илија Николич- ККК„Црн Дрим“-Струга

К2 сениори Николич-Магдис ККК„Црн Дрим“-Струга

К4 екипа на ККК„Црн Дрим“-Струга

С.В

Дамјан Поп Стефанија од ЕК АМАК СП БОФОР од Охрид е победник на Државно-

то првенство во едрење во класата „Оптимист“ за јуниори до 12 години кое неодамна се одржа во водите на Охридското Езеро во организација на едриличарскиот клуб АМАК СП БО-ФОР и Едриличарската федерација на Македонија. Во конкуренција на едриличари од три клуба од Македонија, домаќинот АМАК СП БОФОР, „Стрмец“ од Охрид и „Сне-

гар“ од Струга Поп Стефанија со две први едно второ и едно четврто место беше најдобар меѓу своите врсници во машка конкуренција. Второ пласиран беше Александар Димески исто така член на ЕК АМАК СП БОФОР додека третото место му припадна на Новица Велјаноски едриличар од „Стрмец“-Охрид. Кај девојчињата победи Бојана Раде-ска од ЕК „Стрмец“ од Охрид. Ема Ошавкова –АМАК СП БОФОР го освои второто место а трета во ге-

нерален пласман беше стружанката Теодора Јанковска.-Во поволни временски услови и ве-тар со јачина од 5 бофори најмладите македонски едриличари покажаа ви-стинско мајсторство во едрењето борејќи се и меѓу себе и против бра-новите повисоки од еден метар, ве-лат од клубот домаќин. На стандар-дното регатно поле се возеа вкупно четири трки.

С.В

Дамјан Поп Стефанија од ЕК гар“ од Струга Поп Стефанија со нерален пласман беше стружанката

ПОП СТЕФАНИЈА И РАДЕСКА НАЈДОБРИ МЕЃУ НАЈМЛАДИТЕ ЕДРИЛИЧАРИ

ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО ЕДРЕЊЕ ЗА ЈУНИОРИ

Page 18: АМАК ПРЕС 95

18 AMAK PRES

СПОРТПЛИВАЊЕТО ВО ОХРИД УДАВЕНО

ВО ГРАДОТ НА ВОДА НЕМА ПЛИВАЧИ

Купишта ѓубре крш од шишиња и шанкови- ваква е сликата на охридскиот базен во СРЦ

„Бијланини Извори“место каде неко-гаш тренираа над 150-дечиња а сега е срам за градот. Ова место кое е пре-творено во мочуриште и жабарник ни оддалеку не потсетува дека тука не-когаш тренирале врвни спортисти. Пливањето во Охрид со години тоне. Веќе цела деценија пливањето како спорт не е застапено во градот кој е на вода. Единствениот тренер по пливање кој работеше со млади пливачи Соња Думбалова сега вели дека останала само желбата кај децата за тренирање но услови за тоа нема. „Од Охрид нема ниту еден пливач кој учествува на нат-преварите, нема ниту еден маратонец кој би го претставувал градот и над-вор од државата.Во градот каде треба да доминира пливањето нема основ-ни услови за работа, нема базен каде децата би тренирале а единственото место каде долги години ја работев школата„Научи да пливаш“ сега е пре-творено во депонија, вели Думбалова која своевремено беше државен првак и рекордер во пливање како и професи-онален тренер за работа со најмладите. „Многу генерации поминале низ моите раце, илјадници деца сум научила да пливаат и станале државни прваци. Не-кои од нив како Ане Петреска,Теодор Андоноски, Јовица Бицески, Марија Арнаудова, Ана Марија Василевска и др. постигнале врвни резултати и на

меѓународно ниво, но денес пливањето го достигна дното, разочарано вели Думбалова. Според неа охриѓаните имаат предиспозиција да станат добри пливачи и врвни спортисти затоа што се растени покрај вода, но за тоа мора да се создадат основните услови за ра-бота, да се изгради нов базен или да се санира постојниот.Пливачкиот Клуб „Охридски бранови“ пак во својата програма нема активност пливање и работа со деца. И од таму вината за ваквата состојба ја гледаат во немањето услови за работа.Охриѓани се погласни во реакциите како сеуште, и покрај ваквото долго-годишно недомаќинско работење, не е раскинат договорот кој го има концесионерот на базенот со ЈП за стопанисување со спортски објекти од СкопјеПливањето и воопшто спортовите на вода не се развиваат онака како што Охрид заслужува, смета и охридскиот градоначалник Александар Петрески. -Единствениот базен кој се наоѓа во спортско рекреативниор центар Билјанини Извори пред повеќе од 5 години е издаден на приватно лице на 15-20 години користење така што ние тука сме сеуште немоќни. Тој што го потпишал договорот тој треба и да го раскине. Доколку ние тоа го направиме можеме да завршиме на суд. За вакви-те штетни договори двајцата минати директори на ова јавно претпријатие завршија во притвор. Единствено што сега нам ни преостанува е да прего-вараме со закупецот да ни го отстапи базенот на користење. Се надевам дека за брзо време ќе најдеме решение, вели ПетрескиСпоред охридскиот пратеник Цветко Грозданов кој е и долгогодишен спорт-ски работник причините се пред се во луѓето односно спортските работници кои многу малку посветуваат внима-ние на нивната работа и кои дозволиле пливањето да замре. -Последен кој работеше со младите пли-вачи беше Соња Думбалова но со еден тренер неможе многу да се постигне. За обука на младите потребно е најмалку четворица да работат и тоа со посебни категории. Исто така причините лежат и во немањето услови за работа. На спортскиот центар единствено што е направено е тоа што на едната страна од трибината се поставени столчиња

и сменет е подот. Тоа верувајте е пре-малку. Салата со изградбата доби лош надворешен изглед и внатрешна не-функционалност. Таму работат ноќни клубови, базенот е претворен во диско а ресторанот наместо за спортистите работи исклучиво комерцијално и сето тоа е на штета на спортот, вели Грозда-нов. Според него Локалната е таа која треба да го среди спортското бледило на градот одредувајќи кој спорт треба да биде приоритетен и да го помага. „Вака без стратегија и другите спорто-ви полека ќе згаснат како пливањето. Локалната треба да смогне сила и од оној кој го има под закуп базенот да го откупи или да го обештети и да го вра-ти првобитниот изглед на базенот, а со тоа и пливањето, вели Грозданов

ОХРИД ЌЕ ДОБИЕ ДВА БАЗЕНИ ЕДЕН ОД ОПШТИНАТА ЕДЕН ОД ВЛАДАТАОхрид до почетокот на следната година ќе добие два базени еден затворен од Владата и еден отворен од Општината. Со тоа велат надлежните полека ќе се врати пливањето, спорт по кој некогаш градот беше препознатлив, а исто така ќе се возобнови и некогаш постоечкиот ватерполо клуб.-Од декември Владата ќе започне со изградбата на затворениот базен на спортскиот комплекс Билјанини Из-вори. Базенот покрај за пливањето ќе биде наменет и за ватерполо натпрева-ри, вели охридскиот пратеник Цветко Грозданов. Напоредно со ваквите најави и Локал-ната се пофали со изградба на отворен базен на истата локација.-На СРЦ Билјанини Извори се работи на урбанистичкиот план за локација за Затворениот базен кој ќе се гради. Исто така ќе се распише и конкурс за изградба на нов отворен базен. Два-та базени ќе бидат еден покрај друг а клубот Охридски Бранови кој сеуште функционира базените ќе ги користи бесплатно со цел пливањето и ватерпо-лото повторно да заживеат во Охрид, вели охридскиот градоначалник.

Сузана Вренцовска

Page 19: АМАК ПРЕС 95

ВО ГРАДОТ НА ВОДА НЕМА ПЛИВАЧИ

Page 20: АМАК ПРЕС 95