24
AMAK PRES OHRIDSKI NOVINI EDINSTVEN INFORMATIVEN VESNIK VO OHRIDSKO-STRU[KIOT REGION BESPLATEN PRIMEROK Godina V - Broj 83 25 Fevruari 2008 www.amac.com.mk/novini marketing 070 / 462-362 ЉУПЧО ПОПСТЕФАНИЈА НА ВРВОТ ЛУЃЕ ОД НАШЕТО СЕКОЈДНЕВИЕ КОМПАНИЈАТА АМАК СП СО НЕКОЛКУ НОВИ САЈТОВИ АЛЕКСАНДАР КОВАЧЕСКИ ВОЈДАН СТОЈАНОСКИ- НАЈДОБАР МЛАД СПОРТИСТ ДОМАШНИТЕ МИЛЕНИЦИ СЕ ТРУЈАТ КУЧИЊАТА СКИТНИЦИ ШЕТААТ www.brodgaleb.com.mk www.shipgaleb.com.mk www.amakpres.com.mk www.kkamak.org.mk definitivno najevtino

АМАК ПРЕС 83

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Амак Прес Охридски Новини е единствениот печатен медиум во охридско-струшкиот регион, а весникот се печати во тираж од 4000 примероци. Основач и издавач на Амак Прес Охридски Новини е генералниот дирекотр на Амак СП,Венко Шапкар.

Citation preview

Page 1: АМАК ПРЕС 83

AMAK PRESOHRIDSKI NOVINI

EDINSTVEN INFORMATIVEN VESNIK VO OHRIDSKO-STRU[KIOT REGION BESPLATEN PRIMEROK

Godina V - Broj 83 25 Fevruari 2008

www.amac.com.mk/novinimarketing 070 / 462-362

ЉУПЧО ПОПСТЕФАНИЈА

НА ВРВОТ ЛУЃЕ ОД НАШЕТО СЕКОЈДНЕВИЕ

КОМПАНИЈАТА АМАК СП СО НЕКОЛКУ НОВИ САЈТОВИ

АЛЕКСАНДАР КОВАЧЕСКИ

ВОЈДАН СТОЈАНОСКИ- НАЈДОБАР МЛАД СПОРТИСТ

ЛУЃЕ ОД НАШЕТО СЕКОЈДНЕВИЕ

ДОМАШНИТЕ МИЛЕНИЦИ СЕ ТРУЈАТКУЧИЊАТА СКИТНИЦИ ШЕТААТ

www.brodgaleb.com.mkwww.shipgaleb.com.mkwww.amakpres.com.mkwww.kkamak.org.mkСО НЕКОЛКУ НОВИ САЈТОВИwww.brodgaleb.com.mkwww.brodgaleb.com.mkwww.shipgaleb.com.mkwww.shipgaleb.com.mkwww.amakpres.com.mkwww.amakpres.com.mkСО НЕКОЛКУ НОВИ САЈТОВИ

definitivno najevtino

Page 2: АМАК ПРЕС 83

НЕКОЛКУТЕ МАКЕДОНИИНова Македонија, Горна Македонија, Уставна, Демократска или Независна Република Маедонија. Петте предлози од наши-от кум Метју Нимиц за името на нашата мила Македонија. Се ми се чини дека од сето ова ние ќе се закачиме за името Независна Република Македонија. И мене сето тоа нека-ко и не ми изгледа толку лошо. Како прво ми изгледа деак е во ред, затоа што Македонија и е независна држава. А како второ зошто ми се допаѓа овој предлог е затоа што Македонија покрај тоа што е географски поим, таа е и географски поим со мал-ку пошироко значење од овој политичкиот термин Република Македонија. Па така ако земјава се вика Независна Република Македонија, одма на памет ми доаѓа дека само оваа Македонија е независна, или поконкретно само територијата која ја опфаќа политичкото име Независна Република Македонија е независ-на Македонија, додека се друго што е опфатено со географ-скиот термин Македонија е зависно или не е во независнаа Македонија. Ако нашата земја се вика независна, тогаш со генерации ќе се пренесува наследството дека има и зависна Македонија. Некој сега ќе каже дека ширам фашистички теории, но , јас мислам дека не е така. Бидејќи трендот народите да имаат по неколку држави започна од пред дванаесетина години и де-новиве кулминира. Да потсетам дека во Дејтон, Србите добија своја втора држава. Тогаш покрај Република Србија, тие ја добија и Репу-блика Српска која зазема 49% од територијата на Босна и Херце-говина, а деновиве гледаме дека Албанцте добиваат уште една своја држава Косово и тоа е 15 % од територијата на Србија. И сето тоа се направи со благослов на големите демократии кои се истовремено и најпрокламирани правни држави, колевки на демократијата и правото, земји кои се загрижени за секој агол на планетата земја, и мисионерски со тешка артилерија, тешки бомбардери, ракети со голем дострел, тенкови, топови и про-ектили одат по светот и ја шират демократијата и правдата и притоа преку телевизија им испракаат љубов од срцата на сите кои живеат во земјите каде што тргнале да одат и да донесат препород. Така можеби еден ден и нашиот народ ќе има две држави, една Независна Република Македонија и една Нова Македонија или можеби јужна ќе е или источна или можеби ќе е Македонска Република, или како и да се вика само нека е Македонска. Некои ќе ме обвинат дека сум антиевропски, но, јас ќе речам дека сум целосно во склад со европските трендови и раз-мисли во новото време.

2 AMAK PRES

DA NAPRAVIME REZIME

ИЗДАВА: АМАК СП А.Д.Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - ОхридИзлегува на 10 и 25 во месецотТел:046/263-781 факс 046/263-784E-mail: [email protected]

За издавачот:Венко Шапкар - Генерален директорГлавен и одговорен уредник: Љупчо ТаневскиУредник: Сузана ВренцовскаНовинари: Анѓела Белевска Крсте Спасески Мирко ПостолоскиТехничка редакција: Бранислав СиљаноскиФотографија:Томе Љушев (Шпанец) Лектор: Милчо ЈованоскиМаркетинг менаџер: Славица СтевоскаДистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид

Page 3: АМАК ПРЕС 83

3www.amac.com.mk/novini

LOKAL

КОМПАНИЈАТА АМАК СПСО НЕКОЛКУ НОВИ САЈТОВИ

Ко м п а н и ј а т а АМАК СП де-новиве во упо-

треба стави три нови сајтови. Се работи за сајтот на бродот Га-леб, Кошаркарскиот клуб АМАК СП и но-виот сајт на весникот Амак Прес Охридски Новини.Бродот Галеб од сега како туристичка пону-да ќе се презен-тира на www.b r o d g a l e b .com.mk и на www.shipgaleb.com.mk . Сајтот на бродот во моментов е изработен на Македонски, Англиски и Српски јазик, а наскоро ќе се чита и на Грчки, Албан-ски и Бугарски јазик. На сајтот посети-телите може да се запознаат со изгледот на бродот Галеб, и се она што во него се нуди. Посетителите за да добијат по-добра претстава за бродот може да го видат и на видео клип.Кошаркарскиот клуб АМАК СП се презентира на сајтот www.kkamak.org.mk . На сајтот се презентираат кошар-

карите кои играат во К.К АМАК СП, поставени се информации за клубот, раководството и наста-ните поврзани со кошарката. На сајтот ќе биде поставен и форум на кој ќе може да се огласуваат навивачите и фановите на К.К АМАК СП

Во наредните неколку денови и весникот Амак Прес Охридски Нови-ни ќе се презентира на нов сајт www.amakpres.com.mk кој носи многу но-вини во електронското презентирање на печатените медиуми со тоа што е изработен во web 2.0 технологија, која овозможува весникот виртуелно да биде листан на интернет и да се чита на сличен начин како што се читаат пе-

чатените изданија. Овие новини во е л е к т р о н с к а т а презентација на Амак Прес Охрид-ски Новини ќе овозможат и рекла-мите кои се во вес-никот да се најдат на интернет, но, и ќе се добие една проширена пону-да за рекламирање на интернет сајтот каде ќе се понуди поставување на ба-нери и реклами за-себно на сајтот. На

овој сајт ќе бидат поставени форуми каде читателите на Амак Прес Охрид-ски Новини ќе можат да пишуваат свои коментари и да изнесуваат мислења.Овие нови сајтови, како и претходните ги има изработено Алан Каоу шеф на секторот на АОП во АМАК СП. Каоу ги им изработено и сајтот на Kомпаниjaта www.amac.com.mk и сајтот www.aaf.com.mk како и сајтот на Едриличар-скиот Клуб www.amacsp-bofor.com.mk и Едриличарската федерација на Македонија www.еfm.org.mk.

Љ.Таневски

Ко м п а н и ј а т а чатените изданија.

Page 4: АМАК ПРЕС 83

4 AMAK PRES

ЛОКАЛ

Деновиве е опожарена поголема површина од трската која е на брегот на езерото помеѓу сливот

на реката Са-теска и село-то Подмоље. Изгорена е п о г о е л м а п о в р ш и н а трска, а вид-ливо е дека се опожарувало и земјиште околу па-тот Охрид-Струга. На-шите напори да добиеме коментар од релевантни-

те институции во Општина Дебрца под чија јуриздикција е овој регион по

новата теритријална поделба, останаа без успех. Ни таму, ниту во општини-те Охрид и Струга никој не можеше да коментира што се случило, а немаа ко-ментар ни во Макеоднија пат. Ова не е прв пат да се опожа-рува трска на езерскиот брег. Вакви примери имало и порано, но, сепак останува впечатокот дека трската се уништува токму таму каде што треба да се сочува,надвор од централните градски подрачја и најурбаните зони на крајезерските населби.

Љ.Т

на реката Са-теска и село-

новата теритријална поделба, останаа без успех. Ни таму, ниту во општини-

ОПОЖАРЕНА ТРСКАТАКАЈ СЛИВОТ НА САТЕСКА

ПЕТИЦИЈА НА ЖИТЕЛИТЕ НА ЛЕСКОЕЦ

ДА СЕ УРНЕ АНТЕНАТА НА ВИП ОПЕРАТОРОТ

Околу 50 граѓани од Лескоец, до Локалната самоуправа имаат поднесено петиција со која го

оспоруваат поставувањето на антена на кабелскиот интернет на ВИП- НЕТ опе-раторот.Жителите на Лескоец,сметаат дека од радиоактивно зрачењето на ан-тената ќе се наруши нивното здравје.Раководителот на Инспекциските служби,Танас Танасоски, потврду-ва дека до Локалната самоуправа е поднесена петицијата за нелегално поставување. Според Танасоски, за поставување на телекомуникациски објекти од прва и втора категорија е надлежено Министерството за транс-

порт и врски,при што во овој случај Локалната самоуправа нема никаква надлежност и одговорност, да реагира.Иако овој проблем не е во надлежност на Локалната самоупава, инспекцијата изврши увид, по барањето на жителите на Лескоец,објаснува Танасоски. Танасоски, вели дека,за овој про-блем е информирано Министерсто-то за транспорт и врски,но од таму одговор,сеуште нема.Овој не е прв случај на поставување на антени на текомуникациски и кабелски опера-тори во градов,без да се консултира локалната самоуправа,затоа,при секое поставување на телекомуникациски

антени, локалната самоуправа од ми-нистерството за транспорт и врски,ќе бара стручно мислење дали телеко-муникациските антени со своето ра-диоактивно зрачење,имаат штетни влијанија по здравјето на граѓаните и околината. Инспекторот Танасоски, вели дека во градов има поставено десетина телекомункациски и кабелски антени, од нив само две имаат дозвола за рабо-та , а другите се “диви”. К.С.

Page 5: АМАК ПРЕС 83

5www.amac.com.mk/novini

ЛОКАЛ

СРЕДБА,ГРАЃАНИТЕ И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕТРЕСКИ “ ДА ГО ПРАШАМЕ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ”

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МНОГУ ВЕТИ,НО КОЛКУ ЌЕ ИСПОЛНИ ?!

На средбата да го “Прашаме гра-доначалникот” што се одржа неодамна,градоначаланикот

Александар Петрески, одговраше на прашања од комуналната инфраструк-тура, урбанизмот,експропирацијата на градежното земјиште,за проблеми од водоводната и канализациона мрежа, нехигиената и за судски спорови, што граѓаните неможат да ги решат по де-сет и повеќе години.На средбата со градоначалникот Петрески,повеќе граѓани, поставија прашање за нерешени имотно-правни спорови поради недефини-рана експропријација на градежното земјиште,а како последица на тоа не-можат да се отворат и неколку улици во градов.Ваквата состојба во многу го отежнува решавањето на проблемите на граѓаните и создава многу товар за службите на локалната самоуправа. Градоначалникот Петрески на средбата со граѓаните вети дека годи-

нава ќе се реши проблемот од недостиг на вода во Лескоец и Велгошти.Неколку граѓани ,запрашаа ,кога ко-нечно ќе се решат проблемите во та-кавиканиот Болнички комплекс.Гра-доначалникот Петрески,рече дека 80 отсто од канализационата мрежа,која е најчуствителна, е заршена, а други-те комуналните проблеми,ќе се решат годинава, со исклучок на уредување на неколку улици, кои не се многу про-блематични.На средбата со граѓаните, градоначал-никот Петрески, најави отворање на нови улици во градов. Но тоа ќе зависи од приливот на средствата во буџетот.Меѓу ново проектирание улици што треба да се пробијат е улицата од ста-рата автобуска станица во насока на Бу-левар Туристичка, и на улицата “Пи-рин планина” од кај ТИМ Маркет на Булеварот Туристича до улицата Же-лезничка.Градоначалникот Петрески со струч-

ниот тим и директорите на неколкуте Јавни претпријатија,на средбата најави дека ,проблемите од комуналната све-ра и имотно-правните спорови на граѓаните ќе се решаваат согласно про-грамата за Комунално уредување за 2008 година, и приливот на буџетските средства. Општ е впечатокот дека, прашањата што ги поставуваа граѓаните кои ги имаше во не толку голем број во големата сала на општи-ната ,се веќе познати,и повеќе пати повторувани на многу вакви и слич-ни средби.Градоначалникот Петрески ,вети реализација на многу капитални комунални зафати во оваа година,но поради неподмирениот долг од пет ми-лиони евра, тешко дека и годинава ве-теното ќе биде остварено.

К.С.

Page 6: АМАК ПРЕС 83

6 AMAK PRES

“ДЕН НА ДРВОТО-ЗАСАДИ ЈА ИДНИНАТА“ Повторно пошумување

на планинските ме-ста кои минатата

година настрадаа во пожар, стоп за дивосечачите и крад-ците на дрва и обезбедување на чиста животна среди-на се главните цели на на-ционалната акција “Ден на дрвото- засади ја иднината“ чија промоција се одржа во Охрид.Со засадување на трите сад-ници, во дворот на охрид-ската гимназијата „Св. Климент Охридски“, на симболички начин се најави еднодневната национална акција за пошумување ши-рум Македонија што ќе се

спроведе на 12 март годи-нава. Се настојува тој ден на предвидените соголени планински предели да се засадат два милиони и 56 садници колку што жители има Македонија.Промоции за проектот покрај во Охрид се одржа-ле и во 12 други градови, а во него учествуваат по-знати јавни личности, меѓу кои:оперскиот пејач, Борис Трајанов, Калиопи, Есма Реџепова, актерот Бубо Ка-ров и други.Проектот финансиски е поддржан од владата на Ре-публика Македонија. Ангела Белевска

ПО ВТОР ПАТ ЧАО НАФИСКАЛНАТА ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈАВо догледен временски пери-

од општина Охрид нема мож-ност да влезе во втората фаза

на фискална децентрализација;Затоа е неопходна измена на законските норми според кои еден од најважните услови за влез во втората фаза на фискална децентрализација е одблокирана жиро сметка;државата исто така мора да им даде појзамици или кредити на оние општини кои имаат финансиски по-тешкотии, беше заклучено на трибина-та што во организација на Граѓанската асоцијација МОСТ, се оджа во оп-штинската зграда.“Мислам дека грешни беа критериуми-те според кои општините кои должат и работат со блокирани жиро сметки не можат да влезат во фтората фаза на фискална децентрализација, очекувам тие критериуми наскоро да се про-

менат “, истакна градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, кој дода-де дека локалната самоуправа успеала поранешните долгови кои изнесувале околу 15 милиони евра да ги намали на околу 5 милиони евра.“Очекувам овој долг од околу пет милиони евра, со ин-вестиционата помош на централната власт да го вратиме за шест месеци“, додаде Петрески. Според пратеникот од ВМРО –ДПМНЕ, Цветко Грозданов, не по-стои законска основа, локалната само-управа да зема кредити или позајмици од владата, но ќе има можност за разгледуваење на она што е позајмица или кредит доколку централната власт има директен увид како се трошат да-дените пари.“Логиката на нештото е ако земете кре-дит, тогаш мора да имате одреден га-

рант.Кој ќе ви даде кредит ако имате долг, кој ќе биде вашиот гарант дека ќе ги вратите парите. Дали владаата би им дала гарант на општините кога таа нема ништо повратно од нив, односно немо-же да врши увид во трошењето на па-рите, тоа е ставено под знак прашање“, истакна Грозданов. Иако, градоначалникот , Петрески сме-та дека Охрид може директно да вле-зе не во втора туку во четврта фаза на фискална децентрализација зашто има најдобри резултати од сите општи-ни во Македонија во повеќе свери на работењето, сепак неопходна е одбло-кирана жиро сметка за влез во втората фаза на фискална децентрализација. Ангела Белевска

ЛОКАЛ

ВО ОХРИД ПРОМОЦИЈА НА НАЦИОНАЛНИОТ ПРОЕКТ

Page 7: АМАК ПРЕС 83

7www.amac.com.mk/novini

ДОМАШНИТЕ СЕ ТРУЈАТСКИТНИЦИТЕ ШЕТААТ

Справувањето со хроничниот проблем со кучињата скитни-ци кој во последно време стана

повторно актуелен, испровоцира пого-лем број граѓани кои имаат иста болна приказна, нивните домашни миленици се отруени додека биле на прошетка покрај кејот на Охридското Езеро и во центарот на градот. Она во што уште се едногласни е периодот во кој се слу-чила оваа, како што велат, крајно неху-мана постапка, во екот на туристичката сезона пред одржувањето на самитот на НАТО. А тоа, сметаат граѓаните, до-волно зборува дека станува збор за ор-ганизирана акција на надлежните но не сакаа конкретно да посочат виновник.Покрај болката која и по неколку месе-ци не ги напушта, кај дел од нив голем е и револтот што расните кучиња се трујат а улиците се преполни со кучиња скитници.- Денот кога го отруја мојот Блек е најтешкиот во мојот живот. Сеуште не ми е јасно зошто се случи тоа. Бевме на прошетка со мојата пријателка покрај кејот на езерото, а моето куче беше врзано со каиш. Додека јас и таа разго-

варавме видов како тој човек му подаде мартадела и Блек ја изеде. Го прашав зошто го направи тоа а тој веднаш ми призна дека му дал отров. Следните 30 тина минути се борев за неговиот жи-вот успеав да го однесам и на ветери-нар, но се беше залудно. Блек почина, а мене целиот свет ми се сруши- раска-жува во солзи Весела Проева која цели 8 години го чувала црниот лабрадор. Вели, ‘‘и денес после 7 месеци сеуште не стивнува болката‘‘. Проева случајот го пријавила во полиција, но кога го видела записникот дополнително се разочарала. Наместо името и презимето од човекот кој таа им го посочила, стоело непознат сто-рител. Од таму и било објаснато дека тие немаат надлежност да покренат по-стапка и доколку сака може приватно да го тужи.- Изгубивме член од семејството и за тоа некој мора да одговара. И покрај тоа што сум свесна дека се потребни и средства и време сепак правдата ќе ја терам до крај. Човекот го познавам и ќе го тужам. Знам дека не е вработен во Комуналец и не сум сигурна дали тие се инволвирани во целава работа. Но моите сомнежи доаѓаат од она што со сигурност можам да го потврдам- вра-ботени во јавното претпријатие повеќе пати наутро ме имаа предупредено на кое место има фрлено отров за да не го шетам таму моето куче‘‘, вели Проева која пред само 7 години и самата уче-ствувала во проект за справување со кучињата скитници како дел од ЕД Грашница. Но проблемот и тогаш, вели Проева, биле средствата и се остана-ло само на иницијатива за изградба на стационар во Охрид.-Еден туристички центар како што е Охрид е недозволиво да функционира без шинтерска служба. Замислете во сред туристичка сезона некој да се шета со отров во рака и да труе кучиња. Затоа сметам дека без разлика кој е виновни-кот одговорноста е на градоначалникот кој мора да најде начин да се справи со овој проблем ‘‘, вели Проева.Останатите граѓани кои се дел од при-казната – труење расни кучиња- рас-кажаа за својот проблем но сакаа да

останат анонимни. Меѓу нив има и огорчени и револтирани, но повеќето од нив изјавија дека никако неможат да се помират со фактот дека ги изгубиле своите миленици на најнехуманиот на-чин. Сите тие со солзи раскажуваа како умреле нивните миленици со пена на устата, а тие биле немоќни да им по-могнат. Еден од нив кој го изгубил две годишниот миленик вели дека доколку не е сигурно шетањето по улици за до-машните кучиња тогаш нека се одреди место каде би се шетале кучињата. Инаку, како што дознаваме на едно од кучињата му била направена биопсија и според состојките на отровот кој бил причина за смрта јасно било кој кори-сти такви отрови, но никој не се осуди барем засега јавно да го изговори име-то на сторителот на ова дело. И Проева а и останатите велат дека ‘‘убиецот‘‘ го прави тоа преку трети лица со цел да не биде поврзан со настаните.Се чини дека секоја активност која се презема за да се реши случајот со кучињата скитници завршува со скан-дали и пропусти. Пред повеќе од една година со акцијата за кастрирање на кучињата скитници беа кастрирани и деветте загари од фармата на Аљил Полиси со што на охриѓанецот му беше уништен 40-годишниот бизнис.Неодамна првиот човек на комунално-то претпријатие Боро Павлоски најави дека со пушки за успивање ќе го ре-шавал проблемот, но јавноста таквиот чин остро го осуди. Тој ги отфрли сите шпекулации дека Комуналец стои зад труењето на кучињата.Од локалната признаваат дека Охрид има проблем со кучињата скитници но и дека тешко се справува со нив. Градоначалникот Петрески излезот го гледа во изградба на стационар каде би се сместиле скитниците. Но, проблем и овојпат се парите. Според Петрески изградбата и третманот на животните во овој период се скапа инвестиција за општината која има долгови и блокира-на сметка.-Како привремено решение треба да се користат постоечките стационари во Македонија, а екипите кои ќе ги ловат кучињата ќе добиваат одреден надо-мест- вели Петрески кој најави дека по враќањето на долговите изградбата на стационар ќе биде една од приоритет-ните работи на локалната.

Сузана Вренцовска

КОЈ ГИ ТРУЕ ОХРИДСКИТЕ КУЧИЊА ?

ПО ВТОР ПАТ ЧАО НАФИСКАЛНАТА ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА

‘‘ГО ОТРУЈА МОЈОТ ЛАБРАДОР ВО МОМЕНТОТ КОГА ГО ШЕТАВ ВРЗАН СО КАИШ А УЛИЦИТЕ СЕ ПРЕПОЛНИ СО КУЧИЊА СКИТНИЦИ. БЛЕК БЕШЕ ЧЛЕН ОД НАШЕТО СЕМЕЈСТВОТО И ЗА ТОА НЕКОЈ МОРА ДА ОДГОВАРА’’ , ВЕЛИ ПРОЕВА

Page 8: АМАК ПРЕС 83

8 AMAK PRES

LOKAL

Page 9: АМАК ПРЕС 83

9www.amac.com.mk/novini

Понудата на становите за про-дажба намалена, побарувач-ката во пораст. Цените за ква-

дратен метар на станбените површини и на земјиштето одат нагоре, а станови за продажба во агенциите за недвиж-ности скоро и да нема- ова е епилогот по владината одлука да се отвори па-зарот на недвижности со што ќе им се дозволи на странски и правни лица да купуваат имот во Македонија. Охрид според најавите ќе биде најатрактивен за странците. Моменталните цени за станбен квадратен простор се зголе-мени за 20% и се движат од 700-1200 евра во зависност од местоположбата на становите. Цената пак на градеж-ното земиште бележи пораст од дури 50% односно метар квадратен се про-дава од 100 евра, па се до 300 евра за земјиште непосредно покрај езерото. Од агенциите за недвижности потврду-ваат дека ваквиот пораст на цените е од пред 5 месеци и е последица на очекувањата Македонија да добие по-кана за влез во НАТО и додаваат дека со либерализацијата на пазарот на не-движности се очекува цените драстич-но да се зголемат. Од таму додаваат дека во последниве 4 месеци понудата е сведена на минимум, а голем е бројот на заинтересираните кои сакаат да ку-пат стан во Охрид. Според искуствата од земјите каде се отвори пазарот на недвижности за странците, во Охрид како еден од на-

шите најголеми туристички центри се очекува да почувствува вистинско туристичко раздвижување. Но од сек-торот за локален економски развој при општина Охрид предупредуваат дека нетреба да се избрзува во носењето на светските хотелски брендови а општи-ната треба да создаде услови за брзиот развој кој го очекува градот.-Кога се работи за странски инвестиции треба да се користат позитивните иску-ства, а да се одбегнуваат негативните. Најпрвин треба да се утврди што е при-оритет за Охрид кога станува збор за развој на туризмот како и да се подобри целата инфраструктура. Будва доживеа вистински бум на странски инвести-ции, но тој непланиран развој преди-звика проблем со водоснабдувањето. И во Охрид сакале или не ќе се случува брз туристички развој. Секојдневно имаме заинтересирани инвеститори од Турција, Израел, Холандија кои сакаат да градат во Охрид, но мора да внима-ваме на тоа дека просторот во градот е ограничен. Јас не сум многу да се раду-ваме на странските инвеститори, туку треба да се стимулираат домашните, а со тоа и профитот ќе остане кај нас, вели Гоце Симоноски од ЛЕР. Одлуката на Владата пак како позитив-на ја оцени градоначалникот на Охрид Александар Петрески. Според него во Охрид конечно ќе влезат странски инвестиции, но и ќе се продолжи три-стичката сезона.

-Доколку странците би имале свој имот би престојувале и по 5-6 месеци а не како досега по 10-тина дена. Ќе се от-ворат и директни авионски линии кои досега преставуваа еден од најголемите проблеми. Со зголемувањето на цена-та на имотите и градежното земјиште граѓаните ќе имаат поголема заработу-вачка при продажбата, вели Петрески. Тој најави дека локалната има мерки со кои би се спречила евентуалната нагла градежна експанзија. -Ќе се дозволи странците, кои и досега купуваа станови и приватно земјиште преку трети лица, да можат да купат имот само на одредени локации и тоа во населбата Андон Дуков, Горица и Чекоштина, вели Петрески Инаку, според агенциите за недвиж-ности порастот на цените на станови-те и градежното земјиште е и резултат на приближувањето на периодот кога Македонија треба да добие покана за НАТО, како и добивањето на датум за преговори за влез во ЕУ, па според најавите се очекува тие да пораснат и за минимум 50%. Но од таму велат дека сеуште понудата и побарувачката како и локацијата ја диктираат цената на станот и земјиштето. Се очекува најпривлечни за странците да бидат куќите од стариот дел на градот, како и земјиштето, становите и хотелите вдолж охридското крајбрежие

Сузана Вренцовска

ВО ОХРИД НЕМА СТАНОВИ ЗА ПРОДАЖБАПО ОДЛУКАТА СТРАНЦИ ДА МОЖАТ ДА КУПУВААТ ИМОТ ВО МАКЕДОНИЈА

ОХРИЃАНИ ГИ ПОВЛЕКОА СВОИТЕ СТАНОВИ ОД ПРОДАЖБА. ЧЕКААТ ДА ДОЈДАТ СТРАНЦИТЕ И ДА ГИ ПРОДАДАТ ЗА МНОГУ ПОВЕЌЕ ПАРИ.

ЛОКАЛ

Page 10: АМАК ПРЕС 83

10 AMAK PRES

LOKAL

ВИДОВМЕ КАКО ЕФИКАСНОРАБОТАТ ТУЃИ ПРЕДМЕТИ

-Изминативе 5 години ми се исполнети со исчекување и надеж дека ќе си го вратам

одземениот имот од 100 000 метри ква-дратни во Андон Дуков. Надежта не ме напушта и очекувам дека земјиштето ќе ми биде вратено, вели Донка Дими-триеска една од многуте граѓани кои долги години заглавиле во лавирин-тите на овој процес надевајќи се дека конечно ќе си ги повратат имотите. Таа и останатите неодамна имаа мож-ност во практика да го видат начинот на решавање на предметите од страна на Комисијата за денационализација која наместо да ги разгледува нивните предмети демонстрираше транспарент-ност со решавање на случаи од граѓани од Ресен, Прилеп, Струмица. Ваквиот пристап на работа на комисијата пред-водена од претседателот Славко Лазо-ски сездале револт меѓу охриѓани кои едногласно ја оценија средбата како обична фарса со која на граѓаните им се продава ‘‘транспарентност‘‘ во работење.-Можеби ова е начин на работа кој тре-ба да се поздрави со оглед на транс-парентноста, но вака требаше да се работи и во претходниот состав. Сега ни продаваат демагогии како транспа-рентно треба да се работи, а истите тие луѓе ни ги направија сите зла со кои сега се соочуваме. Овде сме со наши-те конкретни проблеми а не да видиме

како работи оваа комисија, вели Ор-хан Зехир кој револтирано ја напушти средбата. Тој сепак верува во правната држава и очекува дека одземениот имот од 700 метри квадратни пред хотелот Палас ќе му биде вратен. ‘‘Законот е на моја страна‘‘, вели Зехир.Елшанецот Кире Кочоски пак вели дека додека се одржуваат вакви празни состаноци чија цел е само да се земат дневници, неочекува дека позитивно ќе му биде одговорено на неговото барање за враќање на имотот од 12 000 метри квадратни шума во НП Галичица.-Чекам 6 години за денационализација но од тоа по се изгледа ништо. Дојдовме овде за да видиме како тие брзо и ефикасно решаваат предмети од граѓани кои не се од Охрид, а нам не ни дозволија ни да дискутираме за нашите проблеми. Тоа е смешно, вели Кочоски. -Неверував дека вакво нешто можеше да се случи. Покрај нашите маки да гледаме како комисијата работи. Од вакви состаноци и од ваква транспа-рентност неочекувам ништо, е комен-тарот на еден од 36-те сопствениците на имотите во Градиште и претседател на здружението на одземени имоти Ѓоко Танески на кого државата треба да му врати 2 500 метри квадратни.Приказната за денационализација за овие граѓани е долга по 6 и повеќе го-дини исчекување и надеж имотите да

им бидат вратени. Повеќето од случаи-те кои се одбиени од првостепената комисија се наоѓаат во рацете на вто-ростепената комисија, но исто така го-лем е бројот на оние кои правдата ќе ја бараат преку судска разврска.Јавна тајна е дека комплексниот процес на денационализацијата создава мож-ност за корупција почнувајќи од ката-старот до првостепената и второсте-пената комисија. Дел од граѓаните кои несакаа јавно да зборуваат, признаваат дека во обидот да ја завршат работата што побрзо, а во случај кога и по некол-ку пати биле враќани за еден документ неретко се одлучувале и да платат.Останува прашањето, дали во перио-дот на денационализација ни се слу-чува навистина денационализација кога бројката на незадоволни граѓани е енормно голема и кога предметите стојат во фиока и по повеќе од 5 години. Иако се очекуваше денационализацијата одамна да заврши овој процес се одол-говлекува во недоглед.Законот за денационализација е доне-сен во 2000 год. и со него беше пред-видено да се исправи тешката неправда која им е направена на граѓаните уште од пред 50-тина години. Крајниот рок кој го одреди Владата за завршување на овој процес е 30 јуни до кога треба да се решат 500-те случаи за враќање на имотите.

KОМИСИЈА ЗА ДЕНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА ИМОТИТЕ НА ОПШТИНИТЕ ОХРИД И РЕСЕН КОЈА РАБОТИ ПОД ПОКРОВИТЕЛСТВО НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ НЕОДАМНА НА ГРАЃАНИТЕ ОД ОХРИД ИМ ДЕМОНСТРИРАШЕ СО КАКВА ТЕХНИЧКА ПОСТАПКА ГИ РЕШАВА ПРЕДМЕТИТЕ. ОХРИЃАНИ НЕМАА МОЖНОСТ ДА ГИ ИЗНЕСАТ СВОИТЕ ПРОБЛЕМИ НО МОЖЕА ДА СЛУШНАТ ДЕКА ПО НИВНИТЕ ПРЕДМЕТИ СЕ РАБОТИ СОВЕСНО ЧЕСНО И ВРЗ ОСНОВА НА ЗАКОНОТ. ИСТО ТАКА МОЖЕА ДА ЈА ВИДАТ БРЗИНАТА СО КОЈА СЕ РЕШАВА ПРЕДМЕТОТ ЗА ВРАЌАЊЕ НА ИМОТ ПА НЕ ИМ БЕШЕ ЈАСНО ЗОШТО И ПО 6 ГОДИНИ СЕУШТЕ НЕ ИМ Е ВРАТЕНО НИВНОТО ЗЕМЈИШТЕ.

КОМИСИЈА ЗА ДЕНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА ДЕМОНСТРИРАШЕ ТРАНСПАРЕНТНОСТ , ОХРИЃАНИ РЕВОЛТИРАНИ

Page 11: АМАК ПРЕС 83

www.amac.com.mk/novini 11

Сузана Вренцовска

1

Page 12: АМАК ПРЕС 83

12 AMAK PRES

LU\E OD NA[ETO SEKOJDNEVIE

ЌЕ СЕ СКИЈАМЕ ЛИ КОНЕЧНО И НА ГАЛИЧИЦА ! ?

Јавноста изминатите денови повтор-но беше израдувана со информа-ции дека конечно на планината Га-

личица ќе се изгради долгонајавуваната жичарница со која од Св. Стефан ќе се стигнува на падините на оваа планина погодни за скијање. Како што информираа од ХО-ТАМ планирана е изградба на жичара која бо почнувала од населбата Свети Стефан и би се протегала до еден од врвовите на Галичица. Според овие најави, на самата планина за почеток не би се граделе хотелски капацитети туку туристите кои ќе скијаат на Гали-чица ќе ги користат хотелите на бре-гот на езерото. Од ХОТАМ велат дека овие најави се крајно сериозни, а тоа го поткрепуваат со фактот дека во Ми-нистерството за транспорт и врски во наредниов приод ќ се изготви проектна документација за жичарницата. Од ХОТАМ влеат дека тие се

задоволни што конечно се прават кон-кретни планови за заживување на овој простор како зимски центар и дека од тоа Охрид со својата економија ќе вле-че повеќекратна корист, а охридските хотелиери велат дека оваа инвестиција доколку се реализира ќе донесе финан-сиски препород не само на хотелиери-те туку дека ќе значи еден нов момент во целокупната економија на градот. Од ХОТАМ најавуваат дека ако се продолжи со ова темпо на ак-тивности во изработката на проектот најверојатно можно би било веќе след-ната сезона да се стартува со скијање на Галичица, бидејќи нема да се градат хотелски капацитети туку само жичара и ски лифт, што значително го поедно-ставува целиот проект, а го прави и по-евтин со што полесно може да се најдат инвеститори за него. Фактот што како главни сме-стувачки капацитети ќе се користат

хотелите во градот, дава надеж и кај приватното сместување дека може да прима гости и во зима, бидејќи сосе-ма е јасно дека дел од гостите, пред се помладите ќе сакаат да се сместат во Охрид, каде би биле во урбана зона која нуди и руги форми на забава за нив. Од ова корист би влечеле повеќе стопански гранки во Охрид, бидејќи во зима би се повторувале туристичките бранови слични на они кои се случува-ат во главната сезона. Проектот зимски центар на Галичица со години се користи на сите избори и граѓаните со децении слушаат разни ветувања за изградба на жичар-ница и ски лифт, а од сите ветувања до сега остана само надежта дека нешто и ќе се направи и Охрид конечно ќе има сезона преку цела година.

Љ.Таневски

СО ДЕЦЕНИИ НАЈАВУВАНИОТ СКИ ЦЕНТАР И ЖИЧАРНИЦА ДО ПЛАНИНАТА ГАЛИЧИЦА ВЕРОЈАТНО НАСКОРО ЌЕ ЗАПОЧНЕ ДА СЕ РЕАЛИЗИРА. ОХРИЃАНИ СЕ НАДЕВААТ ДЕКА КОНЕЧНО ЌЕ ДОЈДАТ ПОДОБРИТЕ ВРЕМИЊА НА ТУРИЗМОТ КОЈ ТОГАШ БИ ТРАЕЛ ЦЕЛА ГОДИНА.

НАЈАВИ

Page 13: АМАК ПРЕС 83

www.amac.com.mk/novini 13

ЌЕ СЕ СКИЈАМЕ ЛИ КОНЕЧНО И НА ГАЛИЧИЦА ! ?

Page 14: АМАК ПРЕС 83

14 AMAK PRES

NA VRVOT

ЕДРЕЊЕТО Е ДЕЛ ОДМОЈОТ ЖИВОТ

Љупчо Поп Стефанија, прет-седателот на едриличарската федерација на Македонија

е најдобар спортски работник за 2007 година- вака одлучија спортистите, спортските новинари и спортските ра-ботници од Македонија. Наградата, која му беше врачена на манифестацијата ‘‘ Асовите бираат асови‘‘ во организација на ТВ Сител, е едно големо признание за човек кој цели 40 години успешно опстојува на спортската сцена, но и поттик за нови дострели. ‘‘Тоа е едно признание кое го задоволува човекот, го потсетува на се она што има направено и сум бескрајно благодарен на оние кои се сетиле да ми одадат едно вакво при-знание. Исто така преставува и поттик за мое понатамошно ангажирање во спортот, вели Поп Стефанија.Покрај тоа што е едриличар Поп Стефанија често пати е ангажиран и како организатор на едриличарски на-

стани, учествува на голем број натпре-вари, претседател е на ЕК Стрмец од Охрид, член е на претседателството на едриличарскиот сојуз на Македонија а во 80-тите години бил член и на прет-седателството на едриличарскиот сојуз на Југославија...Во спортот е долги години, а животот како што вели, го има посветено токму во развојот на едриличарството. Првите почетоци во едрењето ги направил на 15 години и од тогаш до денес ги совладува ветрот и брановите.-Кога јас почнав со едрење имаше дрве-ни едрилици. Мојата прва едрилица беше јола олимпија која во тој период беше во изумирање и се трудевме да ја одржиме. Во 1968 година го реактиви-равме клубот Стрмец. Почнавме скром-но се една едрилица оптимист и некол-ку стари едрилици. Чекор по чекор го заживеавме овој спорт кој крајот на 70-тите и почетокот на 80-тите доживеа

вистински бум. Успеавме да стигниме до 7 место на државното првенство во класата оптимист. Тогаш бев и тренер и организатор, но бев волонтерски анга-жиран, се присеќава Љупчо на времето кога ги направил првите почетоци во едрењето. Вели дека со влегувањето на Компанијата АМАК СП во овој спорт се бележи нова страница во подемот на едрењето кај нас.Инаку, покрај со едрењето Поп Стефанија се занимавал и со многу дру-ги спортови како, веслање, кајакарство, ватерполо, скијање а еден период од својот живот го поминал и како орга-низатор на планинарскиот живот во Охрид.Она што моментално најдобро знае да го работи е организирање и развој на едриличарството во Македонија како прв човек на Едриличарската федерација на Македонија.-Едриличарството во Македонија во последно време е во подем. Тоа пред се e заслуга на залагањата и одличната соработка со младиот тим од Извршни-от одбор на федерацијата. Минатата година организиравме настап на ма-кедонски едриличари на првенство-то на Југоисточна Европа во класата оптимист во Србија. Учествувавме на Балканијадата со 10 едриличари во Грција, каде за прв пат имавме позабе-лежителни резултати во конкуренција на едриличарските велесили Грција, Турција... Повеќе не сме аутсајдери како порано. Мојот ангажман исто така е на-сочен и кон осовременување на едри-личарската федерација на Македонија, решавање на сите правни законски нормативи, регистрација на едрили-чарите согласно законските прописи како и вклопување на новите клубови во федерацијата, вели првиот човек на едриличарската федерација кој е еден од најзаслужните во реализацијата на најголемиот спортски настан кај нас- Меѓународната илинденска регата која годинава го понесе епитетот настан на годината.

ЛУПЧО ПОП СТЕФАНИЈА, СПОРТСКИ РАБОТНИК ЗА 2007 ГОДИНА

НАПРАВИВМЕ АМБИЦИОЗНИ

ПЛАНОВИ И ЗА ОВАА ГОДИНА. САКАМЕ ЗА

ПРВ ПАТ МАКЕДОНСКИ ЕДРИЛИЧАРИ ДА

НАСТАПАТ НА ЕДНО СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО

ТУРЦИЈА ВО КЛАСАТА ОПТИМИСТ И ДА СЕ

ИСПРОБАМЕ СО СИТЕ СВЕТСКИ ЕДРИЛИЧАРИ.

МОИТЕ АКТИВНОСТИ СЕ НАСОЧЕНИ КОН ОСТВАРУВАЊЕ НА

ПРОГРАМИТЕ КОИ ГИ ЗАЦРТАВМЕ ЗАЕДНО

СО ЕДЕН МЛАД ТИМ НА ЕНТУЗИЈАСТИ СО КОЈ

ПОСТОЈАНО РАБОТАМ, ВЕЛИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЕДРИЛИЧАРСКАТА

ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА, ЉУПЧО

ПОП СТЕФАНИЈА.

Page 15: АМАК ПРЕС 83

www.amac.com.mk/novini 15

МЕЃУНАРОДНАТА ИЛИНДЕНСКА РЕГАТА- НАСТАН НА ГОДИНАТА

Најголемата спортска манифестација меѓународната илинденска едрили-чарска регата која традиционално се одржува во Охрид по повод нацио-налниот празник Илинден годинава е прогласена за настан на годината за 2007 година. Во водите на Охридско-то Езеро минатата година настапија рекордни 150 едрилици и исто толку натпреварувачи од 10 земји. Еден од

најзаслужните Охрид да добие ваков спортски настан кој му доликува на еден туристички центар, покрај ор-ганизаторот ЕК АМАК СП БОФОТ е токму Љупчо Поп Стефанија кој е дел од самата организација, од контактите со учесниците до одржувањето на ре-гатата.-Целта е од година во година да при-влечеме се поголем број на едрилича-ри, учесници на оваа голема спортска манифестација која оваа година беше најдобро и најуспешно организирана во државава и со право беше прогласена за настан на годината, вели најдобриот спортски работник за најуспешната манифестација.

ИДНИНАТА НА ЕДРЕЊЕТО Е ЕДРИЛИЧАРСКАТА ШКОЛАЕдриличарската школа која што актив-но функционира последниве години донесе голем број млади едриличари кои докажаа дека се рамноправни бор-

ци во едрењето барем што се однесу-ва до околните земји Бугарија, Србија, Црна Гора, Романија. Од друга страна школата за едрење, покрај тоа што е расадник на млади едриличари, таа ги

учи и оспособува понатака во живо-тот да се занимаваат рекреативно со едрење развива љубов кон ваков начин на живеење со спорт кој е еколошки здрав за младата популација, вели Поп Стефанија.

Сузана Вренцовска

www.KRALEMARKO.ORG.MK e-mail: [email protected] tel: 070/775-025

Page 16: АМАК ПРЕС 83

16 AMAK PRES

ЧЕТВОРИЦА НОВИ СУДИИ ВО ОХРИДСКИОД СУД

НИЕ СОЗДАВАМЕ СПОМЕНИ КОИ НЕ ВРАЌААТ ВО МИНАТИОТ ЖИВОТ

Фотографијата е сеќавање на минатото, сведок на сегашно-ста и спомен во меморијата

на иднината, таа зборува за едно вре-ме некогаш, сега и во иднината. Нема ништо поубаво од можноста минатото да го допреш со рака да бидеш повтор-но дете, девојка или момче, крај тебе повторо да се оние кои веќе ги нема на овој свет. Можеби затоа за мнозинство-то од нас- луѓето е подраг споменот на фотографија, отколку на ЦД. “Ако, фотографот слика со љубов то-гаш сликата има во себе живот“, ова ни го кажа Александар Ковачески еден од најпознатите фотографи во Охрид. Иако е дипломиран машински инже-нер, одлучил негова животна професија да биде фотографирањето, и никогаш не зажалил за тоа.“Завршив машински факултет со ви-сок просек, и сум работел како инже-нер, но ако тогаш размислував како денес сигурно немаше да ги изберам тие студии, ќе студирав фотографија на една од високо научните институции

во странство“ , вели Ковачески за кого фотографиите биле интересни од рано-то детство, а првите посериозни фото-графии ги направил кога бил студент.“Првиот апарат со кој јас сликав беше од марката “ЗЕНИТ“, ги сликав роднини-те на плажа а тогаш фотографирањето ми беше опсесија која подоцна пре-раснува во љубов. Во студентските денови заедно со колегите од факул-тетот одев на тогашните спортски игри- машинијади, кои се организираа по градовите во бивша Југославија. На едно од тие патувања во Пореч, ја на-правив мојата најомилена фотографија, фотографирав еден од моите друга-ри кој ненамерно падна во базен. На сликата јасно се гледа неговиот пад во водата“,раскажува Ковачески, кој де-неска во своето фото студио и продав-ница ги има најсовремените фото апа-рати. По неговиот “ЗЕНИТ“, се редат низа апарати, а еден меѓу последно на-бавените е најновиот модел од марката “НИКОН“.Ако на почетокот било по-требно повеќе од еден месец за сликата

да ја види светлината на денот сега таа се развива за помалку од 240 секунди.“Оваа професија е многу скапа одно-сно техниката, фото-апаратите се скапи, но мора да се оди во чекор со времето. Во склад со финансиските можности, колку што можам се трудам навреме да бидам информиран за нови-ните во оваа област. Често посетувам фото- саеми. На 17 ноември минатата година, во Њујорк излезе најновиот модел на апарат од НИКОН, јас со него сликав неколку денови подоцна“, вели Аце,кој не се плаши од бројната нелојална конкуренција на пазарот, зошто муштеријата знае да го препо-знае квалитетот, вели тој. Не попусто се рекло дека квалитетот секогаш излегува на видело, не е по-требно некој да те поттурнува до целта таа самата доаѓа. Благодарение на ква-литетните и убаво изработени фото-графии Ковачески, е фото репортер на Информативната Агенција МИА и вес-никот “Утрински весник“.“Во времето на немирите во

АЛЕКСАНДАР КОВАЧЕСКИ- ФОТОГРАФ

ЛУЃЕ ОД НАШЕТО СЕКОЈДНЕВИЕ

Page 17: АМАК ПРЕС 83

www.amac.com.mk/novini 17

Србија,успеав со моментите долове-ни на неколку мои фотографии да ги побијам ставовите на припадниците на тогашното НАТО,дека не фрлаат отровен отпад во нашите реки. Сли-ките во кои се гледа како тие фрлаат фекалии во речните води ги испратив до редакцијата на “Утрински Весник“. Вистината конечно излезе на видело, а јас добив работен ангажман во весни-кот.За овој фотограф, кој подеднакво ги сака црно – белите и фотографиите во боја најпривлечни за сликање се,црковните манифестации и јубилеи на МПЦ кои се белег на градов како и другите прес- настани и случувања во Охрид.“Еден од моите најинтересни ангажма-ни беше кога локалната самоуправа ме ангажира да бидам фотограф на прин-цот Чарлс кога тој престојуваше во Охрид. При неговата посета во црквата Св.Богородица Перивлепта, неговиот батлер, дискретно ни укажа дека ние фоторепортерите мора да ја напушти-ме црквата. Јас мислев дека како анга-жиран од општината имам “поголеми привилегии“, од другите па и по опо-мената останав внатре. Принцот запа-ли тир свеќи, најверојатно двете кои ги стави на горниот дел од свеќникот беа за здравје на своите двајца синови, а таа во долниот дел за спомен на починатата сопруга, принцезата Дијана“, се сеќава Александар, на кого чест му било да ја слика нашата најпозната поп- ѕвезда, легендарниот Тоше Проески, како и многу други естрадни уметници и по-литичари од земјава и странство.Иако е тешко да се живее од оваа професија таа е вистинско задоволство ако се работи со мерак и ќејв, а нејзе подеднакво ја сака и сопругата Маја која исто така фотографира. Двајцата се целодневно ангажирани, но секогаш наоѓаат време за своите две ќерки, Ми-хаела и Сара.

“Ние создаваме спомени,тие не враќаат во нашиот минат живот затоа јас пра-вам реални фотографии без монтажа го фотографирам настанот таков ка-ков што е“, ни кажа на крајот од раз-говорот, Александар Ковачески за кого

фотогенична на пример е кралицата на Јордан,Ранија Ал- Абдулах, па и тој би сакал да ја фотографира. Ангела Белевска

Page 18: АМАК ПРЕС 83

18 AMAK PRES

„СОЛУНСКИТЕ ПАТРДИИ“ -ПРЕТСТАВА НА ОХРИДСКИТЕ ГИМНАЗИЈАЛЦИ

НА 23 ОВОЈ МЕСЕЦ ВО ЦК “ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ ИЗВЕДЕНА

Викендов во Центарот за кул-тура “Григор Прличев“, беше изведена драмската претстава

“Солунските Патардии“. Двигатели на комедијата се 30-ина ученици , членови на драмската секција при гимназијата Св. Климент Охридски.“Солунските патардии“, комедија, во која се раскажува животот на еден ма-риовчанец кој заминува по трговија во Солун. Но од наводниот трговец не би-дува ништо.Тој се опушта и ги троши

парите на куртизани, јадење, пиење и помин заборавајќи не само на родите-лите туку и на свршеницата.Младите ентузијасти и драмски тален-ти од гимназијата “Св.Климент Охрид-ски“, предводени од професорката Светлана Голабоска се погрижија за режијата и костимите. Главните улоги ги играат:Армин Бахитијароски-Итар Пејо; Илија Пердуловски го игра ликот на Секула; Бојан Стојановски во прет-ставата е Сотка, а Александар Шалески

е Цанде.Со изведбата на оваа комедија се про-должува традицијата на охридската гимназија, секоја година по повод па-трониот празник на гимназијата да се одржуваат претстави. Поради големата заинтересираност од публиката “Со-лунските патрдии“, ќе се прикажува и на први март исто така во Центарот за култура “Григор Прличев“. Ангела Белевска

ВО ЦК “ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“-МОНОДРАМАТА “ФИЛИП ВТОРИ“

ПРЕД ФЕСТИВАЛСКИ ПЕРИОД НА ФЕСТИВАЛОЛТ ОХРИДСКО ЛЕТО

Монодрамата,“ Филип Втори“, што минатиот викенд се из-веде во Центарот за култура

“Григор Прличев“го означи почето-кот на пред фестивалскиот период на ,,Охридско лето''. Повеќе од еден час, драмското сиже на бројната публика му го доловуваше актерот Петар Те-мелковски.Во монодрамата Македонскиот крал Филип Втори,беше претставен како една генијална македонска и светска величина, која еден ден заминува од овој земен живот, но не престанува да дејствува како семантика, симболи-ка и метафизика во нашата свест. Ние замислуваме дека тој се пробудува од гробницата и доаѓа во ова време во на-

шиов свет во својата земја во која овој пат се судрува со податоците кои не одговараат на вистината, а камо ли на неговите чувства.Двигателот на дејството, актерот Те-мелковски вели дека како актерски ха-битус повќе сака претстави во кои игра со други колеги и партнери, но и то-гаш кога мора да биде сам на сцената, настојува да му даде живот и слика на текстот на најдобар можен начин.“Прилично е тешко 65-66 минути да се биде сам на сцената, целиот товар паѓа на самата личност. Потребна е добра концентрација и изострено помнење особено кога станува збор за текстови со историска содржина кои изобилу-ваат со податоци,имиња, години....Пу-

бликата еднаш, два пати ќе ти ја прости грешката но повеќе не“, вели Темел-ковски кој за македонската јавност е познат и по монодрамата “Поделбата на Македонија“.Монодрамата „Филип Втори“, пре-миерно беше прикажана на 19 Октом-ври минатата година во Драмскиот тетатар во Скопје,а во Охрид беше нејзино 17-то по ред прикажување. Сценограф на претставата е Тихомир Спировски, а костимите беа на Мери Јовановска,музиката е избор на Пеар Темелковски. Фактографските еле-менти се земени од делата на светски познатите научници-историчари,Урих Вилхем и Џорџ Екс. Ангела Белевска

КУЛТУРА

Page 19: АМАК ПРЕС 83

www.amac.com.mk/novini 19

“ЗОШТО ЦВЕТА?“-КНИГА ЗА ПЕЧАЛБАРСКИОТ ЖИВОТСО ХОЛАНДСКА ПОМОШ

“Зошто Цвета?“, е насловот на најновата книга на стру-жанецот Абас Цаноски,што

неодамна излезе од печат. Оваа книшка е склоп на поезија и проза во која се пее и раскажува за печалбарството како судбина на мнозинство македонци.“Како автор, уште еднаш повторувам дека „Цвета“е приказна за едно сиро-машно семејство растргнато помеѓу сиромаштијата и гурбетлакот, но немам конкретен одговор на прашањето што ми го поставуваат многу мои пријатели и љубители на народната песна. Нави-

стина не можам да им одговорам која е таа мистериозна и таинствена неверна Цвета.Меѓутоа, цврсто сум убеден дека одговорот се крие во објаснувањето дека се додека постои печалбарството или гурбетлакот во сите негови форми и пројави, низ сите временски периоди ќе постои и егзистира и Цвета и многу други такви Цвети како неа, особено во односите помеѓу мажот и жената, помеѓу брачните партнери од првото и второто доба, растргнати, фрлени и оставени во два света, физички и вре-менски одвоени со невидливата рака

на судбината“, ни изјави авторот Ца-носки.Абас Цановски- песнописецот за Маке-донците кај нас и во дијаспората стана познат по песната “Кога тргнав Цвето во туѓина“, а неговиот потпис стои и позади песните:“ Ожени се мили сине“, “Горе долу шетав низ чаршија“, “Изле-зи ќерко,Фатимо“, “Песна за саканата Струга“ и други. Ангела Белевска

НА 29 ОВОЈ МЕСЕЦ ВО МАНУ-СКОПЈЕ

ИЗЛОЖБА НА УМЕТНИЧКИ СЛИКИ ОДДРАГАН СПАСЕСКИ ОХРИДСКИ

На 29 овој месец, со почеток во 19 часот во ликовниот салон на Македонската Академија

на Науките и Уметностите во Скопје, ќе биде отворена ликовната изложба на охриѓанецот Драган Спасески –Охрид-ски.Уметничките дела се изработени во техниката масло на платно, дваесет слики се од циклусот “Мајка и син“, а

10 се портрети.“Време има за се, човекот нештото или го прави или не, но кога го правиш прави го до крај за да имаш позитивен резултат“, ни изјави Драган Спасески Охридски кој иако по професија е док-тор –хирург покажува позитивни ре-зултати и во сферата на културата.Драган Спасески Охридски има органи-зирано 22 самостојни и повеќе групни

изложби. Првата поголема самостојна изложба ја организирал во 1989 година насловена како “Апокалиптичен нар-цис“, втората “Секретори“ е поставе-на во 1995 година а третата поголема самостојна изложба ја отворил во 2004 година. Ангела Белевска

Page 20: АМАК ПРЕС 83

20 AMAK PRES

SPORT

САЛАТА ЌЕ БИДЕ ПОДГОТВЕНА ДО МАЈ

ЗА ОДРЖУВАЊЕТО НА ЕП ВО РАКОМЕТ

До почетокот на мај во спорт-ската сала Билјанини извори ќе бидат отстранети сите недо-

статоци со што ќе ги завршиме нашите обврски за одржувањето на ЕП во рако-мет за сениорки, вели градоначалникот Александар Петрески. Тој смета дека доколку Охрид и сега биде посетен од најавената инспекција на ЕХФ ќе добие зелено светло од челниците на Европ-ската федерација да биде домаќин на ЕП во декември.-Моментално се прават поголемите за-

фати околу оспособување на прес цен-тарот што беше една од главните за-белешки од страна на ЕХФ. Исто така напоредно ќе се пристапи кон санирање на помалите пропусти како вратите, ѕидовите, осветлувањето. Најбитно за нас е да се покажеме како добри домаќини на еден вака голем спортски настан, вели ПетрескиШто се однесува до диското кое се наоѓа во салата, а кое според пропозициите треба да се дислоцира, Петрески вели дека е изнајдено привремено решение

кое нема да го попречи одржувањето на првенството.-Со сопствениците разговаравме и до-говоривме диското да се пренамени во тој период како ресторан, да се отвори преминот од таа страна и да се пуштат тоалетите во употреба. Со тоа целосно ќе одговориме на обврските кои се ба-раат од нас, вели Петрески С.В

ОХРИДСКИОТ ПЛИВАЧКИМАРАТОН НА 19 ЈУЛИНа ј г о л е м а т а

с п о р т с к а м а н и ф е -

стација во Република-ва, Охридскиот пли-вачки маратон, според календарот на ФИНА за трките од Светски-от куп,годинава ќе се одржи на 19 јули. Покровител на ова атрактивна спортска манифестација која во терминот на одржување од секогаш, привлекува неколку илјади посетители е претседателот на Репу-блика Македонија, Бранко Црвенко-ски.Наградниот фонд за пливачите кој до-сега изнесуваше 10.000 долари и има-ше најнизок ранг во однос на другите светски познати пливачки маратони, во оваа 2008 година е зголемен на 25.000 долари.Порастот на наградниот фонд за 15.000 долари,повеќе од сигурно е дека ќе привлече поафирмирани и по-квалитетни светски имиња од маратон-ската пливачка елита.

Активностите околу годинаш-ното издание на Охридскиот пливач-ки маратон,интензивно се одвиваат иако,до неговото одржување има уште пет месеци,вели членот на Организа-циониот одбор Кочо Паскали: Подршка за успешна органи-зација на Охридскиот пливачки мара-тон, даваат Пливачката федерација на Македонија,Локалната самоуправа на Охрид и други институции,организации и Пливачкиот клуб “Охриски бранови” Охрид. Охридскиот пливачки маратон традиционално ќе се плива на патеката “Климе Савин” во должина од 30 ки-

лометри од Свети Наум до Охрид.Ор-ганизациониот од-бор на оваа спортска манифе стација ,и годинава ќе ја до-дели наградата “Климе Савин”, за која во опција се тројца кандидати кои низ постоењето на маратонот, дале особен придонес

во обновувањето и опстојувањето на оваа најголема меѓународна спортска манифестација кај нас.Да потсетиме, од постоењето на маратонот,досега најуспешен е пет-кратниот победник бугаринот Петар Стојчев. Админстрацијата на Охридскиот пли-вачки маратон од неодамна наместо во Трговскиот центара “Трудбеник” е пре-местена во старите простории во бара-ката до базенот кај Спортско рекреа-тивниот центар “Билјанини извори”. К.С.

Page 21: АМАК ПРЕС 83

www.amac.com.mk/novini 21

НЕ ОЧЕКУВА СЕРИЈА ПОБЕДИПо четирите одиграни кола ко-

шаркарите на АМАК СП забе-лежаа три порази и една победа

на домашен терен и со тоа се најдоа на шестото место на табелата. На послед-ниот натпревар со лидерот на табелата Фени Индустри во Кавадарци каде по двете продолженија избраниците на Гацов немаа сила да стигнат до нова победа и со триумфот над Струмица 2000 да направат победничка серија која ќе ги врати во живот охриѓани по поразите од Пелистер и МЗТ.-Навистина тежок распоред имавме на

почетокот од вториот дел. Сега не оче-кува серија од натпревари, Работнички дома, Соколи, Вардар па го пречекува-ме Пелистер, на кој реално се очекува да триумфираме и со тоа да се најдеме некаде горе на табелата. Што се од-несува до последниот натпревар каде изгубивме после двете продолженија сметам дека причината пред се е во тоа што немаме квалитетна клупа за ротација на играчите, но исто така не смее да се заборави дека ова се млади играчи кои немаат доволно искуство, вели Гацов.

Според него причините за слабиот старт во вториот дел се последица и на некој други фактори.-Не е мое да ја коментирам играта и дали можеше поинаку има за тоа ко-ментатори кои и тоа како коментираат. Тврдам дека има атмосфера во клубот и постои хемија помеѓу играчите но има и некои други фактори кои не се во моја надлежност, а кои влијаат за ваквиот развој на настаните за што не би сакал да коментирам во овој момент, вели тренерот на АМАК, Гацов. С.В

ИГОР ГАЦОВ НАЈАВУВА

Ohridnews.com

ВОЈДАН СТОЈАНОСКИ- НАЈДОБАР МЛАД СПОРТИСТВојдан Стојаноски е најдобриот млад спортист според спортистите и спортските новинари прогласен на манифестација ‘‘Асовите бираат асо-ви‘‘ во организација на ТВ Сител. За младиот Војдан ова признание преста-вува посебна чест, но и обврска за нови докажувања.-Навистина сум презадоволен што сум избран за најдобар млад играч иако ис-крено не се надевав на вакво признание.

Посебно сум среќен што сум прогласен за најдобар од страна на спортските ра-ботници и спортските новинари кои ги следат моите успеси. Во иднина ќе настојувам да ја оправдам довербата што ми ја дадоа, вели Војдан.Неговиот тренер Игор Гацов кој му ја има дадено целосната доверба како еден од играчите носители на играта вели дека Војдан со право е награден Но ваквите награди, според него, мла-

дите играчи треба да се во втор план. ‘‘Најважно е неговото докажување. Многу публицитет не е позитивен за вакви млади играчи на кои им треба уште многу работа и докажување. Се-пак сметам дека секој успех на играчи-те треба да се награди, вели Гацов

С .В

Page 22: АМАК ПРЕС 83

22 AMAK PRES

KULTURAPISMA OGLASI

АМАК Прес бесплатно ги пренесува огласите кои граѓаните ги даваат во емисијата Радио берза која се емитува на Радио Охрид. Доколку оставете оглас со СМС на телефоните 070/141-279 и 075/141-284 огласот ќе Ви биде објавен и во на-шиот весник. Цената на СМС е 23,6 ден. со ДДВ.

Продавам половно детско креветче, комплет со душек и половно бојлерче за кујна со метален резервоар, по-волно. Телефони: 070/ 265 - 900 и 265 - 900.

Се продаваат јоги душек, тепих и две гуми со димензии 195-60-15. Теле-фон: 264 - 713.

Продавам “ Застава “ 750, 1982 год. Цена 220 Евра и “ Рено “ 21 1988 го-дина по цена од 2.200 Евра, регистри-рано до 28.12.2008 година. Телефон: 252 - 272.

Продавам фрижидер “Кончар “ ис-правен од 310 Л за 3.000 денари. Про-давама хармоника “ Velmaster “, бела со три регистри во исправна состојба, 4.000 денари. Купувам голема плин-ска боца. Телефон: 070/ 307 - 289.

Продавам “ NISAN DATSUN CHERU “ GL 1.3, произведен 1983 година и регистриран до август 2008 година. Комплет ремонт на мотор направен во октомври 2007 година. Удрен позади но во возна состојба. Цена 350 Евра. Телефон: 070/ 258 - 333.

Се продава плац 66 м2 поволен за градба во Варош со поглед на езеро (без маркица) тел: 071/751-771

Се продава голф 3 TD , регистри-ран до мај 2008 год. со помина-ти 130.000 к.м. Цена 5.000 Евра. Телефон: 070/391 - 250.

Продавам телешко месо и прасиња до 30 кгр. Телефони: 257 - 073 и 071/ 732 - 316.

Продавам спална и санитарија за ку-патило. Телефон: 070/ 69 - 89 - 90.

Се продава лозје во месноста Алта-нин мост од 396 метри квадратни. Цена по договор. Телефони: 250 - 399 и 075/ 293 - 049.

Продавам “ Сеат Толедо “ 1.9 TD со фул опрема, без клима произведена декември 1994, регистрирана до 11.2008 година, фарбана за такси. Цена 3.400 Евра. Телефон: 288 - 787. Ѓоко.

Се продава мини апарат за лифтинг за професионална но и домашна упо-треба.Се продава електричен апарат за маникир и педикир со 40 опции. Цена 3.500 денари. Телефон: 070/ 212 - 784.

Барам стан под кирија на подолго време, наместен со големина од 80 до 100 метри квадратни. Телефони: 266 - 208 и 070/ 144 - 117

Издавам 3 деловни простори новог-рдба со површина од 37; 25; и 18 метри квадратни по 5 Евра метар квадратен. Телефони: 268 - 4551 и 070/ 474 - 274.

Продавам камион “ Застава Там Фур-гон “, произведен 1998 год. Цена по договор. Телефон: 252 - 272.

Продавама: апарат за гиро, фритеза и кафемат “ Фаема “. Телефон: 075/ 445 - 642

Продавам женски чевли, црни, лаки-рани на штикла, и кафеави со мала штикла. Броеви од 35 до 41. Цена 350 денари пар од “ ЧИК “ Куманово. Продавам козјо млеко 40 денари литар. Телефон: 075/ 829 - 027.

Се продаваат 14 улишта со пчели. Цена по договор. Информации на телефон 270 - 851 во секое време.

Page 23: АМАК ПРЕС 83

www.amac.com.mk/novini 23

ЕФЕКТИ

Page 24: АМАК ПРЕС 83