28
Стопанската комора на Македонија создава деловна инфраструктура за настап на македонските компании во Иран, Азербејџан и во Грузија БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Број 122 www.mchamber.mk 07.02.2013 ISO 9001 Quality Management bsi. FS 549642 ОСВОЈУВАЊЕ НА КАВКАЗ СО ЛОГИСТИКА ОД ТУРСКИ КОМПАНИИ

Бизнис ИНФО број 122 од 7 февруари 2013

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Бизнис ИНФО број 122 од 7 февруари 2013

Citation preview

Page 1: Бизнис ИНФО број 122 од 7 февруари 2013

БИЗНИС ИНФО

Стопанската комора на Македонија создава деловна инфраструктура за настап на македонските компании во Иран, Азербејџан и во Грузија

БИЗНИС ИНФО

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

Број 122 www.mchamber.mk 07.02.2013

ISO9001Quality Management

bsi.

FS 549642

ОСВОЈУВАЊЕ НА КАВКАЗ СО ЛОГИСТИКА

ОД ТУРСКИ КОМПАНИИ

Page 2: Бизнис ИНФО број 122 од 7 февруари 2013

БИЗНИС ИНФО

дос тапни насек аде . . .

Посетете не’ на веб-порталот:www.mchamber.mk

Ве очекуваме!

ПОКРОВИТЕЛИ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ПРЕМИУМ Покровители

INDUSTRIES

БРИЛИЈАНТЕН Покровител

СТАНДАРД Покровители СИЛВЕР Покровители

http://www.facebook.com/chamber.mk

http://www.twitter.com/Chamber_MK

Page 3: Бизнис ИНФО број 122 од 7 февруари 2013

БИЗНИС ИНФО 3четврток, 7 февруари 2013, Бр. 122

ПОДВЛЕЧЕНО

Мислам дека податоците за нивото на јавниот долг за крајот на 2012 година не се многу вознемирувачки. Но, вознемирувачки е интензитетот на тие задолжувањата и тоа не само за минатата година. Ако погледнеме ретроактивно се забележува

дека во последните години ние сме имале перманентно зголемување на јавниот долг и од 1990 година интензитетот на растот е се поголем. Очекувањата се уште по вознемирувачки за оваа и следната година од многу причини. Минатата година најголем фискален генератор беше ДДВ-то, каде што имаше пад на приходите од околу 10 отсто на годишно ниво, што дополнително може да го забрза интензитетот на финансирањето на трошоците преку задолжувања, било преку внатрешниот пазар, било надворешниот пазар. Од друга страна очекувањата се, дека сепак се повеќе неликвидноста во стопанството ќе се рефлектира директно на неполнењето на буџетот. Третата грижа е дека сме во изборна година. Сите овие три причини ќе го интензивираат се поголемо задолжување на земјата и може да дојде до критичка состојба од овој аспект.

(Академик Абдулменаф Беџети)

Долгот во Македонија сè уште е под 30 проценти од БДП и мислам дека тоа не е проблематично ниво на долг. Треба да се искачите до ниво од 60 или 70 проценти, пред навистина да треба да се загрижите за влијанието на долгот врз идниот

економски развој. Но самото зголемување на долгот значи дека треба да се внимава на насоката. Важно е владите да ги стават дефицитот и расходите под контрола. Овој период е многу лошо време за владите да го зголемуваат дефицитот и расходите. Ако погледнеме какво влијание имаат на дефицитот и трошењето врз економскиот раст, може да се види дека тука има повеќе негативна отколку позитивна врска. Државите кои повеќе трошат и кои ги зголемуваат расходите имаат пониски стапки на раст од државите кои штедат.

(Aмбасадор Тери Милер, директор на Центарот за меѓународна трговија и економија во фондацијата „Херитиџ“)

Во Македонија има поволна бизнис-клима за компании однадвор. Даночниот пакет којшто го нуди Владата на Република Македонија е поволен. Нашето искуство покажува огромен напредок на полето на даночната регулација.

Сепак, ќе ја споменам јавната патна инфраструктура како пречка. Во тој поглед, препорачуваме подобрување на патната инфраструктура и поголема меѓународна поврзаност со летови на Македонија со Европа.

(Макрем Гриби, управителот на производствениот погон на „Џонсон Контролс“ во Скопје)

Можеби утре на Грција ќе и текне да бара како свој да заштити одреден производ што се создава на планината Kајмакчалан или, пак, на Албанија да бара ексклузивно право на пастрмката во Охридското Езеро. Ова се хипотетички примери, кои може да бидат вистинити. Важно е да

разбереме дека во Европа овие работи функционираат на принципот: прв стасан - прв услужен. Земјата на која прва ќе и текне да ја потегне постапката и да докажува сопственост или матично потекло на даден продукт, нормално дека ќе биде во предност пред Европската комисија.

(Ванчо Дамјановски од Агенцијата за интелектуална сопственост „Берин“)

Досега сработивме анализа за светските искуства. На пример, Европската комисија сугерира што е можно побрзо поголем број универзитети во своите програми да вклучуваат принципи на вработливост. Тоа значи дека студентите во текот на предавањата, од страна на професорите би биле водени кон

можности за вработување и начини стекнатото знаење да го употребат. Исто така, целта е со специјализирани обуки да се стимулираат студентите своето знаење директно да го преточат во вештини потребни на стопанството. Kако да бараат работа, да се претстават пред работодавецот. Потребно е универзитетите да формираат совети за соработка со стопанството од каде што ќе ги црпат идеите за вештините што тоа ги бара. Меѓуресорската група за анализа на наставните планови и програми во високото образование и потребите на пазарот на трудот ќе ги советува факултетите за потребите на пазар на труд, но резултати и придобивки треба да очекуваме за четири до пет години кога овој кадар ќе излезе од клупите и ќе бара работа.

(Професот Радмил Поленаковиќ од Машинскиот факултет, член на Меѓуресорската група за анализа на наставните планови и програми во високото образование и потребите на пазарот на трудот)

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ОЧЕКУВАЊА

ДРЖАВИТЕ КОИ ПОВЕЌЕ ТРОШАТ ИМААТ ПОНИСКИ СТАПКИ НА РАСТ

ПОДОБРЕТЕ ЈА ЈАВНАТА ПАТНА ИНФРАСТРУКТУРА

КОЈ ПРВ ЌЕ ПОТЕГНЕ ПОСТАПКА, ПОБРЗО ЌЕ СТИГНЕ ДО ЗАШТИТА НА ПРОИЗВОДОТ

ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ СПОРЕД ПОТРЕБИТЕ НА ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ

Ј А В Е Н

Д О Л Г

Page 4: Бизнис ИНФО број 122 од 7 февруари 2013

БИЗНИС ИНФО

Стопанската комора на Македонија создава деловна инфраструктура за настап на македонските компании во Иран, Азербејџан и во Грузија

4

ПОСЕТИ

Копретседателите на Македонско-турскиот деловен совет, Бранко Азески и Хасан Хошбен, заедно со Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонıја, на 1 февруари 2013 година, во Советот за надворешни економски односи на Турција (ДЕИК), со поддршка на Унијата на трговско-индустриските комори и стоковни берзи на Турција

(ТОББ), во Истанбул ја договорија заедничката стратегија за поддршка на компаниите во заедничко освојување на кавкаските, блиско-источните и пазарите на Северна Африка. Предвиден е заеднички настап со турски компании на саеми, но и партиципирање на македонски компании во турските бизнис-мисии. Договорено е овој пристап да се прошири и на регионот во рамките на активностите на Асоцијацијата на балканските комори (АБК). Во таа функција е предложено и веб-порталот на АБК да се стави во функција на заеднички регионален настап. За 2013 година турското Министерство за економија има предвидено средства за поддршка на турските компании од Тракија за развивање на деловната соработка со македонските компании, како и за развивање на соработката на македонските со регионалните комори од Едрене, Киркларели и Чанакале. Тоа значи дека двете страни ќе треба да направат согледувања кои сектори од кои комори се со потенцијал за соработка, за да може поддршката да се насочи во конкретни цели и да даде резултати. Во разговорите беше подвлечено дека во рамките на Деловниот совет ќе се анализираат и проблемите со кои се соочуваат компаниите од двете земји во работењето, како и евентуалните пречки кои се појавуваат пред странските инвеститори или пред увозниците и извозниците. Ова е предвидено за да може ДЕИК и Стопанската комора на Македонија, во соработка со владите, да се вклучат во нивното решавање. На разговорите во Истанбул, како еден од конкретните проблеми е акцентирана процедурата - регулативата за издавање дозволи за времено вработување и престој во Македонија за турските деловни луѓе и работници. Исто така, партнерите од Македонија и од Турција во оваа прилика оценија дека треба да разменуваат информации за бонитет на компаниите и за нивниот интерес за отпочнување деловни активности. На работната средба беше истакнато дека на 23 март 2013 година, ќе се одржи традиционалната саемска манифестација на турски компании во Скопје, што ќе биде уште една можност за меѓусебно препознавање и уште поголемо трасирање на заедничката соработка. Делегацијата од Стопанската комора на Македонија имаше средби со копретседателите на Иранскиот, Азербејџанскиот и Грузискиот деловен совет, Риза Есер, Џингис Џул и Тургул Еркин. На работните средби беше договорено македонските компании

Договор во Истанбул ОСВОЈУВАЊЕ НА КАВКАЗ СО

ЛОГИСТИКА ОД ТУРСКИ КОМПАНИИ

четврток, 7 февруари 2013, Бр. 122

Page 5: Бизнис ИНФО број 122 од 7 февруари 2013

БИЗНИС ИНФО

Стопанската комора на Македонија создава деловна инфраструктура за настап на македонските компании во Иран, Азербејџан и во Грузија

5четврток, 7 февруари 2013, Бр. 122

ПОСЕТИ

да бидат поддржани од страна на овие совети на ДЕИК, како и од делови од овие совети во тие земји, за воспоставување деловна соработка. Освен настапи на саеми и учество во заеднички билатерални и мултилатерални бизнис-мисии, ќе се поддржи и промоција на македонски фирми, а ќе биде обезбедена и логистика во изнаоѓање вистински деловни партнери.

Република Турција со Грузија имаат трговска размена од преку 1,5 милијарди САД долари, а со Азербејџан 305 милијарди САД долари. Во Азербејџан функционираат 1200 турски компании, а во Турција има голем број ирански компании. За Турција, Грузија е важна од аспект на енергетиката, туризмот, вклучувајќи го и здравствениот, како и црната и обоената металургија. По запирање на трговијата со Русија, Грузија е добар пазар за индустриските производи на Турција, а истовремено таа посредува за настап на компании од трети земји на овој пазар. Во Азербејџан државата ги субвенционира примарното аграрно производство и туризмот, особено бањскиот. Турски инвестиции и компании има најмногу во овие индустрии, но и во информатичко-технолошкиот сектор. Азербејџан ги снабдува поранешните руски држави со примарно земјоделско производство. Во Азербејџан функционираат две турски банки, а уште две се во процес на отворање. Со Иран, Турција има надворешна трговска размена во вредност од 23 милијарди американски долари. Од нив, 9 милијарди САД долари отпаѓаат на увоз на нафта и гас, а 14 милијарди САД долари на извоз. Американските санкции кон Иран дозволуваат доколку извезе енергенси во Кина, Индија, Турција, Кореја и во САД, земјата може во извесен обем да тргува со тие земји. Во Иран функционира турската Халкбанка. Иран увезува претежно прехрабени и фармацевтски производи, енергија, производи од металопреработувачката индустрија, вклучувајќи ги црната и обоената металургија.

Средба во Стопанската комора на Азербејџан

ДОГОВОРЕНО УЧЕСТВО НА САЕМИ И ОРГАНИЗИРАЊЕ

НА БИЗНИС- ФОРУМИ

Делегацијата на Стопанската комора на Македонија, предводена од претседателот Бранко Азески на

4.02.2013 година разговараше со своите колеги од Стопанската комора на Азербејџан за можностите за настап на македонски компании на пазарот на оваа значајна земја во каспискиот регион. Договорено е учество на наши компании на неколку значајни саемски манифестации, средување на правната рамка за билатерални економски релации, подобрување на системите за размена на информации и организирање бизнис-форум со компании од Азербејџан. Констатирано е дека, доколку се исполнат овие предуслови, постои можност наскоро да ги видиме нашите производи на овој значаен регионален пазар.

Република Азербејџан има 93,5 милијарди САД долари БДП, 10.000 американски долари БДП по глава на жител, 34,5 милјарди САД долари извоз, а увезува стоки и услуги во вредност од 10,2 милијарди САД долари. Досегашната размена на Република Македонија со оваа кавкаска земја е на многу ниско ниво, а ние сме застапени на овој пазар само со стоки од фармацевтската и прехранбената индустрија.

Во насока на отворање нови пазари за нашите компании, треба да се напомене и минатонеделниот договор на Стопанската комора на Македонија со Унијата на турските комори (ТОББ) за заеднички настап на нашите и турските компании на азербејџанскиот пазар.

Page 6: Бизнис ИНФО број 122 од 7 февруари 2013

БИЗНИС ИНФО

ИЗНАОЃАЊЕ НОВИ ПАЗАРИ ЗА ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ

Во рамките на основната задача на Комората, унапредување на бизнис-климата, а согласно покренатите прашања на последната седница на Управниот одбор, во Стопанската комора на Македонија во текот на 2013 година, покрај следењето на тековните движења во македонската економија, посебно внимание ќе се посвети на:

Парафискалните давачки кои значително го оптоваруваат работењето на македонските претпријатија. Со цел согледување на финансиското оптоварување на компаниите, условено од неданочните, односно парафискалните обврски преку анкета на членките, ќе се направи попис на парафискалните давачки - бројот, висината на финансиската обврска, нивните ефекти врз стопанисувањето на фирмите, зa аргументирано да се дадат предлози за нивно укинување, намалување, или нивно поедноставување. - Со измената на Законот за јавните набавки се воведе нов инструмент „Изјава“ како алтернатива на досегашната гаранција на понудата, со цел зголемување на конкуренцијата во постапките и намалување на трошоците на понудувачите. Условно земено, ако се покаже дека Изјавата не ги дала очекуваните резултати, Стопанската комора на Македонија ќе предложи друг инструмент согласно ЕУ-регулативата и искуството во опкружувањето, како на пример, хипотека, меница, полиса итн., - изјави Стојмирка Тасевска виш советник на УО на Стопанската комора на Македонија. Сепак, ова засега е само размислување на стручната служба на Стопанската комора на Македонија. Како сериозен проблем што се наметнува, а за кој Стопанската комора на Македонија ќе преземе актвиности е недостигот на стручен квалификуван кадар кој е се` поизразен проблем во преработувачката индустрија. Преку анкета, директно од работодавачите, ќе се обезбедат информации за занимањата кои тешко се обезбедуваат на пазарот на трудот, како и за потребата од дополнително образование на работниците, со цел заедно со Министерството за образование, односно Бирото за стручно образование и Агенцијата за вработување, да се утврдат најсоодветни решенија на тој план. - Стопанската комора на Македонија ќе работи и на Предлогот за донесување закон за поттикнување на инвестициите и на Предлогот за донесување закон за гарантен фонд за економски развој, кој ќе наметне потреба од зајакнување на Македонската банка за поддршка на развојот. - Континуирано ќе се согледуваат економските движења во македонското стопанство во текот на 2013 година и ќе се предлагаат и други соодветни активности и мерки за подобрување на бизнис-климата. Во насока на тоа е и фактот што Комората за оваа 2013-та ги смени приоритетите. Ако во 2010 година се предложи нов модел за економскиот развој, лани приоритетите ги ставивме во инфраструктурата, извозот и инвестициите, односно во поттикнување на производството и поттикнување на извозот, сега за 2013-та приоритет на Комората е да обезбедиме една позитивна динамика на економските текови, - изјави Стојмирка Тасевска. Од негативна динамика да поминеме во позитивна, во која функција се и последните активности на Комората. Делегација на СКМ е во посета на трети пазари со поддршка и помош на турската комора. Промената на приоритетите, пред се`, е условена со економските ограничувања. Условени се ограничената потрошувачка од надвор, како и ограничената потрошувачка на домашниот пазар, поради што дојде и до промена на приоритетот во промоција на македонската економија и понуда и барање на нови пазари. Тоа, според проценките на Комората, е главниот предуслов да ја зголемиме побарувачката во странство, а со тоа и за зголемување и на производството. На новинарско прашање за проектираниот економски раст за 2013 година на домашната економија од 2%, Тасевска информираше дека според оценките направени во Комората на крајот од 2012-та и почетокот на оваа 2013-та и според согледувањата во земјите каде главно сме насочени со соработка и извоз во првата половина на 2013-та не се очекуваат позначајни позитивни движења. Секако, Стопанската комора на Македонија не отстапува од фактот дека има простор за пораст на БДП до 2% во текот на 2013-та, но тоа според проекциите би се случило во втората половина на 2013-та и тоа, од една страна, поради ниската споредбена база со податоците од 2012-та, а од друга страна, доколку се реализираат најавените капитални инвестиции. На ова може да се додадат и најавите, посебно во металната индустрија, дека во второто полугодие на годинава се очекуваат позитивни движења во оваа носечка дејност во нашата економија.

Даниела Михајловска Василевска

ФОКУСИРАНО Нов приоритет на Стопанската комора на Македонија во 2013

година кој веќе почна да се реализира

6 четврток, 7 февруари 2013, Бр. 122

Page 7: Бизнис ИНФО број 122 од 7 февруари 2013

БИЗНИС ИНФО

ИТАЛИЈАНСКИ ИСКУСТВА ЗА РАЗВОЈ НА МАКЕДОНСКИОТ ТУРИЗАМ

Стопанската комора на Македонија, во соработка со ХОТАМ и Стопанската комора на регионот Венето, Република Италија, на почетокот од февруари организираше билатерални бизнис-средби со компании од италијанскиот регион Венето. Целта на средбата беше запознавање на бизнисмените од Италија со можностите за инвестирање во земјава и со потенцијалите

за водење бизнис, како и пренесувањето на нивните искуства на македонските колеги. Форумо се одржа во рамките на Проектот RI.QUA. што го финансира италијанското Министерство за економски развој, и на него учествуваа 12 италијански компании од областа на угостителството, производството на мебел, внатрешно уредување и опрема за професионални кујни и претставници на 35 македонски фирми. - Целта на RI.QUA. Проектот е усогласување на техничките стандарди во угостителството и туризмот во безбедноста на храна и подготвката на здрава храна во хотелиреството, рестораните и кетерингот. Покрај во Македонија овој проект се реализира и во Албанија и Црна Гора, со што се заокружува регионалната димензија на проектот како балканска туристичка понуда - рече м-р Јелисавета Георгиева, извршниот директор на Стопанската комора на Македонија. Преку евалуацијата на превземените активности во рамките на проектот ќе утврдиме каде се наоѓа регионот и посебно Македонија како туристичка дестинација за странските туристи, имајќи ги во предвид превземените италијански искуства во овој домен како членка на ЕУ, додаде Георгиева. На форумот присуствуваше и италијанскиот амбасадор во Македонија Фабио Кристијани кој посочи дека помеѓу двете земји има огромни потенцијали за зголемување на стопанската соработка. - Италија е на петто место по обемот на вкупната стопанска размена што ја има Македонија со светот во првите 11 месеци од оваа година. Ние воопшто не сме задоволни со тоа и сметам дека многу наскоро ќе бидеме погоре од петото место, бидејќи индустриите на Македонија и на Италија имаат многу што да споделат, подвлече Кристијани. Фабрицио Алвиси, Директор на Дирекција за меѓународна промоција и маркетинг при Стопанската комора на Ването изрази задоволство што Стопанската комора на Македонија се покажа како вистински партнер во овој проект преку којшто ќе се воспостават повисоки облици на долгогодишна соработка меѓу двете институции. Оценка е дека ваквите видови проекти претставуваат одлична можност за директно запознавање на бизнис заедниците и приближување на стопанствата во насока на зголемување на трговската размена и унапредување на економската соработка на повисоко ниво. Деловните луѓе од двете земје имаа и бројни билатернални бизнис-средби. Инаку, стопанската размена меѓу Република Македонија и Република Италија се одвива согласно Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ.

СОРАБОТКА Mакедонско-италијански

бизнис-форум во Стопанската комора на

Македонија

четврток, 7 февруари 2013, Бр. 122 7

Page 8: Бизнис ИНФО број 122 од 7 февруари 2013

БИЗНИС ИНФО

Во структурата на извозот во 2011 година, најмногу се застапени:

• фероникел – 95,3 милиони САД $, • обувки и нивни делови во вредност од 60,2 милиони САД $; • плоснато-валани производи од железо или нелегиран челик

– 31,6 милиони САД $,• готови текстилни производи и облека во вредност од

30,4милиони САД $; • прехранбени производи во вредност од 23,5

милиони САД $ (овчо месо - 14 милиони САД долари);

• феросилициум – 15,4 милиони САД$, • силициум - 8 милиони САД $,• апарати за загревање – 4,6 милиони САД $, • мермер и травертин од 2,6 милиона САД $.

Во увозното салдо најголемо учество имаат: • текстилни предива, ткаенини и суровини - 66,6

милиони САД$; • нафтени масла и масла добиени од битуменозни

минерали – 38,8 милиони САД $ ,• кожа (обработена) -24,6 милиони САД $,• прехрана – 18,1 милиони САД $,

• моторни возила за превоз на лица и стока - 10 милиони САД$;

• оригинални скулптури и кипови - 9,2 милиони САД $, • лекови и козметика 9,1 милиони САД $, • хартија и картон – 7 милиони САД $, • делови од обувки – 6,5 милиони САД $ и друго.• облека – 4 милиони САД $,

СОРАБОТКА

Трговска соработка меѓу Р. Македонија и Р. Италија во периодот јануари – ноември 2012 годинаВо САД $

Извоз Увоз ВкупноКоличина во кг Сума во САД $ Количина во кг Сума во САД $ Количина во кг Сума во СА$ Д101.311.841,00 249.433.145,00 99.423.425,00 361.469.315,00 200.735.266,00 610.902.460,00

Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Италија во периодот јануари-ноември 2012 година изнесува 610 милиони САД долари, што претставува раст од 3,5% во однос на истиот период од претходната година. Извозот e 249,4 милиони САД долари и е зголемен за 4,6%, а увозот од 361,5 милиони САД долари бележи раст 2,5%. Остварен е негативен трговски биланс од 112,1 милиони САД долари. Италија е петти најголем трговски партнер на Р. Македонија во овој период од годината.

Трговска соработка меѓу Р. Македонија и Р. Италија во 2011 година Во САД $

Извоз Увоз ВкупноКоличина во кг Сума во САД $ Количина во кг Сума во САД $ Количина во кг Сума во САД $102.788.889,00 289.745.833,00 122.086.609,00 418.823.089,00 224.875.498,00 708.568.922,00

Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Италија во 2011 година изнесува 708,5 милиони САД долари, што претставува раст од 26,1% во однос на истиот период од претходната година. Извозот e 289,7 милиони САД долари и е зголемен за 23,5%, а увозот од 418,8 милиони САД долари бележи раст 27,9%. Остварен е негативен трговски биланс од 129,1 милиони САД долари. Италија е шести најголем трговски партнер на Р. Македонија во 2011 година.

СПОРЕДБЕН ПРИКАЗ НА ТРГОВСКАТА РАЗМЕНА 2011-2010 годинаВкупна размена Извоз Увоз

2010 2011 Индекс 2010 2011 Индекс 2010 2011 Индекс561.861.981 708.568.922 126,1 234.578.642 289.745.833 123,5 327.283.339 418.823.089 127,9

8 четврток, 7 февруари 2013, Бр. 122

Page 9: Бизнис ИНФО број 122 од 7 февруари 2013

БИЗНИС ИНФО

ПОТРЕБНО Е ПОВЕЌЕ ДА СЕ РАБОТИ НА ПРИВЛЕКУВАЊЕ НА КИНЕСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ

Македонско-кинеските билатерални односи се многу добри од политичка гледа точка. Сепак, релациите меѓу двете земји од аспект на економската соработка треба да се зајакнуваат допрва. На консултативната средба насловена „Македонија - Кина и перспективите во иднина“, што се одржа во Стопанската комора на Македонија (6.2.2012 година), се дебатираше

за можностите за продлабочување на економската соработка, особено ако се има предвид фактот што Кина важи за еден од најголемите инвеститори ширум светот. - Постојат одлични можности за продлабочувања на соработката и тоа треба да се искористи. Двете посети на премиерот на Република Македонија, м-р Никола Груевски на Кина и средбите со нашиот премиер во текот на минатата година беа одлична прилика за размена на информации околу шансите наши компании да инвестираат кај вас. Меѓутоа, мислам дека за подобрување на вкупната трговска размената меѓу двете земји потребно е да покажете поголеми иницијативност со што полесно би ги привлекле кинеските компании да инвестираат во Македонија, - оцени кинескиот амбасадор во Македонија, Цуи Џивеи. Последниве две години постои нагорен тренд во трговската размена меѓу двете земји, која се должи на зголемениот извоз на Македонија. Вкупната размена лани изнесувала 480 милиони американски долари. На форумот, на којшто учествуваа владини претставници, луѓе од бизнис-заедницата и поранешни македонски амбсадори, директорот на Агенцијата за привлекување на странски инвестиции, Виктор Мизо говореше за поволностите што Македонија ги нуди на странските инвеститори. Како пример беше наведена слободната индустриска зона во Бунарџик, каде под полна пареа веќе работат „Џонсон Мети“, „Џонсон Контролс“, „Кемет“. Дел од учесниците оценија дека треба да се работи на анимирањето на потенцијални кинески фирми кои поради недоволните информации се движат во двете насоки и што придонесува дали тие да влезат на македонскиот пазар. - Ние само можеме да им помогнеме на нашите компании во воспоставувањето на контакти и да им предочиме за каква држава станува збор, но на крајот тие сами прават проценка дали условите за бизнис што ги нуди Македонија се поволни или не, - додаде амбасадорот Цуи Џивеи. Анастас Вангели и Спире Арсов, кои своето дообразование го оформиле на на универзитети во Кина, при своите презентации се осврнаа на политичките и економските предности што ги нуди оваа земја. Арсов, кој што докторирал на тема: Агро-бизнис“, говореше за можностите за продлабочување на соработката на неколку нивоа. Економските, инфраструктурните, енергетските, како и образовните потенцијали на Кина не би смеело да ги испуштиме од рака, особено сега кога речиси цела Европа се мачи да ја преброди финансиската криза, - порача Спире Арсов. Според Вангели, на Македонија и` е неопходна поддршка од рангот на економските велесили, како што е Кина. Македонија и Кина имаат потпишано Меморандум за реализација на енергетскиот проект „Вардарска долина“ меѓу македонската Влада и Банката за развој на НР Кина и кинеската компанија CWE. Исто така, има кинеско учество во енергетскиот проект во ХЕЦ „Козјак“, како и актуелното учество во тендерите за ХЕЦ „Чебрен“ и „Галиште“. Преструктуирањето на економијата во Кина доведе до десеткратно зголемување на нејзиниот БДП од 1978 година до денес. Растот на кинеската економија во последните 30 години е резултат на големиот раст на производството. Кина има најмногубројна работна сила во светот - 800 милиони работници. Овој тренд најверојатно ќе продолжи и во идните две децении, преку имплементирање на пазарно ориентираните реформи, брза индустријализација и урбанизација. Во 2010 година НР Кина се издигна како втора најголема економија во светот.

Горазд Чомовски

МОЖНОСТИ Консултативна средба:

Македонија - Кина и перспективите во

иднина

четврток, 7 февруари 2013, Бр. 122 9

Page 10: Бизнис ИНФО број 122 од 7 февруари 2013

БИЗНИС ИНФО

ИТНИ МЕРКИ ЗА СПАС НА ДЕЈНОСТА

На барање на текстилни компании-членки на Здружението на текстилната индустрија и конфекцијата при Стопанската комора на Македонија, на 31.01.2013 година, се одржа состанок со претставници на Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања во Владата на Република Македонија, на кој се расправаше за состојбата и за тековните движења на текстилната

индустрија, како за и проблемите со кои се соочува оваа стопанска гранка. Состанокот го отвори претседателот на Здружението Ангел Димитров, кој истакна дека текстилната индустрија претставува една од водечките преработувачки идустрии во земјава, со значителни резултати во формирањето на БДП, високото апсорбирање на работка сила и значително учество во извозот на државата. За разлика од другите стопански дејности, во оваа област релативно повеќе дојдоа до израз претприемничките иницијативи на стопанствениците, остварени се повеќе деловни врски со странски партнери, што претставува основа за натамошен развој. - Прашање е како компаниите ќе ја завршат оваа тековна година, зошто се намалува извозот и бројот на вработените. За текстилната индистрија како една од носечките гранки треба да се преземат антикризни мерки во смисла на одредени стимулации во функција на одржување на индустријата, зошто во спротивно текстилната индустрија ќе замре, - истакна претседателот на Здружението. Компаниите од оваа бранша, членки на Здружението, расправајќи за тековните состојби и движења укажаа дека текстилната индустрија е пред колапс и дека е крајно време да се преземат итни мерки за спас на оваа дејност. Согласно расправата која се водеше со претставниците од Владата, текстилните компании ги доставија следниве барања и заклучоци: - Од страна на државата да се обезбедат финанскиси средства за субвенционирање при набавка на нова автоматизирана опрема наменета за производство. - Да се намалат царинските давачки за увоз на репроматеријали од земјите надвор од ЕУ, кои сега се 10% или пак да се изедначат со стапките на ЕУ за увоз на репроматеријали на 7,5%, со што би се зголемила конкурентноста на македонските производи во Унијата, а со тоа и на извозот. - Преземање на сериозни мерки за спречување на „сивата“ економија и нелојалната конкуренција од увозот на стоки без царина за домашниот пазар по дампинг цени, шверцот на текстилни производи и нивна продажба на зелените пазари од нерегистрирани субјекти, како и подоследна примена на прописите за поседување на атести и исполнување на други критерими што ги применува ЕУ, сврзани со квалитетот на увозот на стоки. Да се обезбеди државна поддршка како би се извршило пренамена од „ЛОН“-производство во класично производство, односно формирање на сопствен бренд кој ќе биде наменет за извоз, која беше една од основните цели на Стратегијата за развој на текстилната индустрија.

Сашо Деспотоски

БАРАЊА Состанок на Здружението на текстилната индустрија и конфекцијата

со претставници на Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања

во Владата на Република Македонија

10 четврток, 7 февруари 2013, Бр. 122

Page 11: Бизнис ИНФО број 122 од 7 февруари 2013

БИЗНИС ИНФО

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА АКТИВНОСТИТЕ И УСЛУГИТЕ

ОПСЕРВИРАНИ ПРОМЕНИТЕ ВО ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА

На 4.02.2013 година пред нови членки на Стопанската комора на Македонија беше одржана презентација на активностите,

проектите и услугите кои ги нуди најстарата и најбројната деловна асоцијација во земјава. Сребата беше отворена од страна на директорката на Дирекцијата за меѓународна соработка, промовирање и информирање на членките, Софче Јовановска. Таа на присатните им го објасни начинот на кој се користи веб порталот на Стопанската Коморана Македонија и неговите можностите. Стојмирка Тасевска, виш советник на управен одбор на Стопанската комора на Македонија зборубаше за начинот на кој функционираат асоцијациите, здруженијата и групациите кои делуваат рамките на Комората. Татјана Штерјова, ја презентираше можноста за решавањето на спорови со помош на арбитража, со која се овозможува да се избегнат долгите судски постапки. Лазе Ангелевски, детално ги образложи документите кој ги издава Стопанската комора на Македонија.

А.М.

Најновите промени во законската регулатива при инспекциски надзор кај истражувањето и експлоатацијата на минералните суровини, предизвикаа голем интерес кај компаниите Во организација на Стопанската комора на Македонија, на 1 февруари 2013 година се одржа еднодневен семинар на тема:

„Најновите промени во законската регулатива при инспекциски надзор кај истражувањето и експлоатацијата на минералните суровини“. Презентери беа рударските инспектори Ешреф Имери и Драган Димитриевски и двајцата диломирани рударски инженери. Во присуство на голем број претставници од компаниите кои вршат детални геолошки истражувања и експлоатција на минералните суровини, на високо стручно ниво, се одвиваше презентацијата на најновите законски решенија за Законот за минералните суровини („Службен весник на РМ“, бр.136/2012 година). Во најновите законски решенија за минералните суровини, има повеќе нови решенија кои се однесуваат на просторот, периодот на доделување на концесија за детални геолошки истражувања, како и скратување на самата процедура околу добивањето на концесијата. При доделување на концесија за експлоатација се истакна дека предност за добивање на концесијата за експлоатација има компанијата која вршела детални геолошки истаржувања, со поднесување на целокупната документација што се бара согласно Законот. Надзорот кој се спроведува од страна на инспекторите од Државниот инспекторат за техничка инспекција, кои вршат контрола во спроведувањето на Законот од страна на компаниите, се врши два до три пати годишно. Предвидените глоби се доста високи, па затоа се препорача компаниите да ги почитуваат законските одредби. Покрај презентацијата на законските решенија, од страна на присутните имаше и многу прашања и дилеми, но и предлози кои се однесуваа за покренување иницијатива за нови измени и дополнувања на Законот. Некои од прашањата беа дали задолжително поставување на ваги важат за сите минерални суровини, односно дали и за оние суровини кои се користат за сопствено производство, потоа, се истакна дека во пракса се случува роковите да се почитувани повеќе од страна на компаниите, а да има отстапување кај надлежните институции, како и зошто за вадењето на песокот и чакалот од речните корита не се плаќа концесиски надоместок, а на пазарот се јавува со скоро иста или пониска цена која е од страна на каменоломите, како и многу други прашања. На крајот се предложи компаниите кои имаат забелешки по Законот за минерални суровини, во најкус можен рок, истите да ги достават до Стопанската комора на Македонија, за да се покрене иницијатива за измена и дополнување.

Марија Петрoска

СЕДУМ ДЕНА ВО КОМОРАТА

СЕДУМ ДЕНА ВО КОМОРАТА

Средба со нови членки на

Стопанската комора на Македонија

Одржан семинар за Законот за минерални суровини

четврток, 7 февруари 2013, Бр. 122 11

Page 12: Бизнис ИНФО број 122 од 7 февруари 2013

БИЗНИС ИНФО

Шпаркасе Банка и Штаермеркише Шпаркасе во соработка со Универзитетот во Грац годинава ја продолжуваат програмата „Најдобрите од Југоистокот“ за доделување едногодишни

стипендии за усовршување и стажирање на студенти и дипломирани лица од областа на економијата и правните науки од Македонија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора. Во Македонија програмата се реализира во соработка на Шпаркасе Банка Македонија, Економскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методи‘‘, а од годинава и Правниот факултет „Јустинијан Први‘‘. Рокот за доставување на апликациите е 8 март, а право на учество во финалниот избор во Грац имаат тројца победници од секоја од земјите учеснички кои се бираат врз основа на воспоставени критериуми и ќе бидат познати во април годинава. Од сите нив во мај ќе бидат избрани 10-те победници кои ќе добијат стипендии. На тројцата финалисти од Македонија ќе им се доделат дополнителни награди од страна на Банката. Целта на програмата е да се унапреди образованието, меѓународно искуство и пред сè влезот во професионалниот свет на студентите и дипломираните кадри.

БАНКАРСТВО

БАНКАРСТВО

Меѓународната рејтинг-агенција “Fitch Ratings” и оваа година го потврди повеќегодишниот кредитниот рејтинг на ПроКредит Банка

Македонија со оценка “ББ+”. ПроКредит Банка е прва банка во Македонија, на која Fitch Ratings и` додели кредитен рејтинг уште во 2005 година и оттогаш е единствена банка во Македонија која редовно добива оценка за кредитен рејтинг. Кредитниот рејтинг на ПроКредит Банка е највисокиот кредитен рејтинг кој финансиска институција во Македонија може да го добие, бидејќи ,,ББ+” е и рејтингот на Македонија кој има влијание врз рејтингот на финансиските институции во државата. Индивидуалниот рејтинг на ПроКредит Банка е резултат на позитивните бизнис-резултати на банката меѓу кои: квалитетот на кредитното портфолио и релативно нискиот степен на кредити во доцнење споредено со нивото на банкарскиот сектор, солидната капитална адекватност, високиот степен на ликвидност и диферзифицираната депозитна база. Дополнително за ваквиот рејтинг значајна е и поддршката од акционерите, пред се` ПроКредит Холдинг-доминантниот сопственик на ПроКредит Македонија со седиште во Франкфурт - Германија. - Потврдата на рејтингот ја рефлектира стабилноста и сигурноста на ПроКредит Банка, што е од особено значење за клиентите, штедачите и кредитобарателите. Во голема мера резултатот е потврда на одговорното работење на банката, кредитната технологија и експертизата за проценка на ризикот уште во неговата рана фаза, на што како германска банка се темели нашето работење. Во услови кога бележиме раст на кредитирањето на бизнисите за изминатата година, во предизвикувачки економски услови, да се добие оцена на работењето од независна меѓународна институција и да се одржува добриот рејтинг е важна карактеристика за работењето на една институција, - нагласува Јованка Јолеска Поповска, генерален директор на ПроКредит Банка. “Fitch Ratings” е глобална рејтинг-агенција, една од големите три рејтинг-агенции кои спроведуваат независни оценки на кредитниот рејтинг според меѓународни споредливи стандарди. Кредитниот рејтингот претставува унифицирана меѓународна мерка која дава севкупна оценка на сигурноста и стабилноста на финансисиката институција во даденото макроекономско опкружување.

12 четврток, 7 февруари 2013, Бр. 122

ПОТВРДА ЗА ДОБРИОТ КРЕДИТЕН РЕЈТИНГ

„НАЈДОБРИТЕ ОД ЈУГОИСТОКОТ“ ЧЕКААТ АПЛИКАЦИИ ДО 8 МАРТ

“Fitch Ratings” ја оцени ПроКредит

банка со “ББ+”

Шпаркасе банка доделува три стипендии за

Универзитетот во Грац

Page 13: Бизнис ИНФО број 122 од 7 февруари 2013

БИЗНИС ИНФО

Виното „Гренаш Бел“ (Grenache Blanc) на Винарската визба „Тиквеш“ од Кавадарци се закити со златен медал на престижниот

меѓународен натпревар во Пекињон, во Франција, што се одржа на 24 јануари годинава. Два сребрени медалa доби и виното „Бела Вода“ на еминентната македонска винарница. - Со ова „Тиквеш“ влезе во клубот на светските вински елити бидејќи покрај оние од Шпанија, Италија и Франција, беше единствената винарница од Централна и Источна Европа која се закити со одличје на меѓународниот натпревар, - рече Катерина Костовска од „Тиквеш“ на прес-конференција. Тоа, како што кажа, поволно влијаело на нивниот извоз посебно на американскиот пазар. - Единствено ние надвор од винските земји Франција, Шпанија и Италија добивме награди „Добар партнер“, 94 поени за „Бела Вода“ и 90 поени за „Вранец“. Веќе ги пласиравме тие вина и се надевам дека и наредната берба ќе биде целосно распродадена. Очекувам годинава пораст на извозот на интернационалните пазари поголем од ланскиот, кој изнесуваше 30 отсто, - рече Костовска. Винарницата „Тиквеш“ извезува 60 до 65 отсто од вкупното производство, најмногу на пазарите во регионот. Лани направи пробив на американскиот и на данскиот пазар, а во моментов е во преговори за влез на кинескиот и на некои европски пазари. Започнува пробив на англискиот пазар со вина од автохтоната сорта „Вранец“, како и со „Мерло“, а се очекува и потпишување договор со голема руска компанија за извоз на вината на рускиот пазар.

ЕВН Македонија од првиот ден на февруари го презеде управувањето со седумте мали хидроцентрали кои од 2002 година беа под концесија на чешки Хидропол, - соопштија од компанијата. Во текот на овие 11 години

ЕВН и Хидропол ги реконструираа, модернизираа и техничко-технолошки ги надградија малите хидроцентрали Дошница, Калиманци, Матка, Пена, Песочани, Сапунчица и Зрновци. Покрај овие седум мали централи, во сопственост на ЕВН Македонија се и ХЕЦ Попова Шапка, ХЕЦ Бабуна, ХЕЦ Белица и ХЕЦ Турија кои, исто така, се целосно ревитализирани, автоматизирани и технолошки компатабилни. Вкупната инсталирана моќ на сите 11 мали хидроцентрали изнесува 47 МВ, што претставува зголемување за 10 отсто, освен кај ХЕЦ Матка каде моќноста е двојно зголемена со изградбата на целосно нова хидроелектрична централа. Просечното годишно производство изнесува 130 ГВч електрична енергија. ЕВН Македонија, како што се наведува во соопштението, ја негува културата за заштита на животната средина, затоа постојано вложува во модернизирање и градење капацитети за производство на електрична енергија од обновливи ресурси.

ПОКРОВИТЕЛИ

ПОКРОВИТЕЛИ

четврток, 7 февруари 2013, Бр. 122 13

ЗЛАТО ЗА „ГРЕНАШ БЕЛ“ И ДВА СРЕБРЕНИ МЕДАЛА ЗА „БЕЛА БОДА“

ПРЕЗЕМЕНО УПРАВУВАЊЕТО СО СЕДУМ МАЛИ ХИДРОЦЕНТРАЛИ

Вината на „Тиквеш“ се закитија со

врвни признанија на меѓународен

натпревар во Пекињон, Франција

ЕВН Македонија

Page 14: Бизнис ИНФО број 122 од 7 февруари 2013

БИЗНИС ИНФО

Кои компании се задолжени да назначат управител со отпад? Согласно член 21 од Законот за управување со отпад компаниите кои во вршењето на својата дејност во текот на една календарска година создаваат повеќе од 200 килограми опасен отпад и/или повеќе од 150 тони неопасен отпад, должни се да назначат најмалку едно стручно оспособено лице - управител за отпад. Иако обуката за управител со отпад не е законска обврска за компаниите кои складираат, третираат или преработуваат отпад, може да биде корисна и за нив и за вистинско функционирање на целиот систем за управување со отпад.

Кои се задачите на управителот со отпад? • Да ја следи тековната состојба во управувањето со отпад и да се грижи за правилното постапување со отпад;• да води евиденција и да изготвува извештаи;• да ја спроведува годишната програма на својата компанија;• да го контролира видот и количеството на отпадот што се создава, преработува и отстранува и да презема мерки за намалување и отстранување на создадениот отпад;• да ги информира раководните органи на својата компанија за можното загрозување на животната средина, животот и здравјето на луѓето што е резултат на производството, третманот, преработката и отстранувањето на отпадот и да предлага конкретни решенија.

Што треба да поседува управителот со отпад? • Потврда за стручна оспособеност и • Уверение за положен стручен испит за вршење на управување со отпад. Управителот со отпад треба да поседува Уверение за положен стручен испит за вршење на работите за управување и/или постапување со отпад од Министерството за животна средина и просторно планирање. За да се стекне со Уверение, потребно е да положи стручен испит за вршење на работите за управување и/или постапување со отпад. Но, за да се пријави за полагање на стручен испит, кандидатот задолжително треба да посетува обука, на која се стекнува со Потврда за стручна оспособеност за управување и /или постапување со отпад.

Кој може да стане управител со отпад? Услов за полагање на стручниот испит е кандидатот да има високо образование со тригодишно работно искуство или вишо образование со петгодишно работно искуство во постапувањето со отпад и /или животната средина.

Што опфаќа наставата? Програмата за обуката за полагање на стручен испит за управување и/или постапување со отпад се реализира во

вкупно траење од 50 часа. Во рамките на обуката ќе бидат детално разработени Законот за управување со отпад, Законот за пакување и отпад од пакување, Законот за батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори, Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема и сите правилници што произлегуваат од истите. Ќе биде опфатен и Законот за животна средина, посебно во делот на ИСКЗ дозволите. Сето ова ќе биде придружено со практични примери релевантни за кандидатите, а посебен акцент ќе биде ставен на пополнувањето на обрасците и изготвувањето на програмата.

Кој ја спроведува обуката? Стопанската комора на Македонија е овластено правно лице за спроведување на обуката. Обучувачи на семинарот ќе бидат докажани домашни експерти во областа на животната средина и особено во одржливото управување со отпад. Сите заинтересирани кандидати можат да се пријават најдоцна до 4 февруари 2013 година. Времетраење на обуката: 9 работни средби, вкупно 50 часа.

Учесниците на обуката ќе добијат сеопфатен материјал за подготовка на стручниот испит и Потврда за учество во обуката за стручно оспособување за управување и/или постапување со отпад. Пријавниот лист и Агендата може да се превземат од веб порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mcham-ber.mk Контакт:

М-р Анита Митревска Даниела Михајловскател: 02 32 44 057 тел: 02 32 44 021факс: 02 32 44 088 факс: 02 32 44 [email protected] [email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

14 четврток, 7 февруари 2013, Бр. 122

„ЛИЦЕ ОДГОВОРНО ЗА УПРАВУВАЊЕ И/ИЛИ ПОСТАПУВАЊЕ СО ОТПАД”

6 февруари – 3 април 2013 година, 10:00-15:00 часот, (6,13,20,27 февруари, 6,13,20,27 март и 3 април 2013 година)Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Page 15: Бизнис ИНФО број 122 од 7 февруари 2013

БИЗНИС ИНФО

Семинарот кој ќе се одржи на 15 февруари во Стопанската комора на Македонија ќе претставува иницијално запознавање и едукација, како и подготовка на локалната власт во Република Македонија да одговори на законските барања во врска со обврските на општините по прописите од областа на здравството и тоа во делот на спроведувањето на превентивните мерки за заштита од појавата и ширењето на заразните болести (дезинфекција, дезинсекција и дератизација) на населените места и другите јавни површини, правата на пациентите, правата на пациентите со ментална болест, и други области. Обврските на општините кои произлегуваат од прописите од областа на здравството, претставуваат работи од јавен интерес, кои општините во согласност со закон имаат право да ги вршат на своето подрачје и се одговорни за нивното извршување. Надзор над законитоста на работата на органите на општините вршат органите на државната управа. Надзорот над спроведувањето на прописите од областа на здравството од страна на општините го врши Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

ПРОГРАМА• Обврските на општините согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, со посебен осврт на превентивната дезинсекција и дератизација;• Извештај по извршениот инспекциски надзор над спроведена превентивна дезинсекција и дератизација за 2011/12г.;• Законска регулатива за заштитата на правата на пациентите;• Извештај за инспекциски надзор согласно Законот за заштита на правата на пациентите;• Законот за ментално здравје и состојбата со психијатриските болници во Република Македонија.

Семинарот е наменет за претставници на единиците на локалната самоуправа, општините, членови на советите на општините, членови на комисиите формирани на ниво на општините од наведените области и други заинтересирани лица.

Предавачи:

- д-р Весна Николоска Димитровска, раководител на одделение во ДСЗИ, Министерство за здравство;

- д-р Оливера Стојковска, раководител на оддление во ДСЗИ, Министерство за здравство;

- д-р Вера Менковска, раководител на сектор во ДСЗИ, Министерство за здравство.

Пријавање до 13-ти февруари 2013 година. Пријавниот лист може да се превземе од веб порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk

Контакт:

М-р Анита Митревска М-р Ленче Зикова тел:02 32 44 057 тел: 02 32 44 054 факс.02 32 44 088 факс: 02 32 44 088 [email protected] [email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ четврток, 7 февруари 2013, Бр. 122 15

„ОБВРСКИ НА ОПШТИНИТЕ ПО ПРОПИСИТЕ ОД ОБЛАСТА НА ЗДРАВСТВОТО”

15 февруари 2013 година, 9:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1, на 5-ти кат

Page 16: Бизнис ИНФО број 122 од 7 февруари 2013

БИЗНИС ИНФОСАЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

16 четврток, 7 февруари 2013, Бр. 122

Oд 20 до 22 феврyaри 2013 година во Република Турција

„MODEKS 2013“ ВО БУРСА Една од поголемите специјализирани меѓународни саемски манифестации од ваков тип, на којашто ќе учествуваат голем број реномирани турски компании. Саемот се промовира во многу држави: Авганистан, Германија, Албанија, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска, Словенија, Белорусија, Русија, Италија, Шпанија, Катар, Канада, Шведска, Швајцарија, Романија, Укранија, Јордан, Грција и др. Изложбата ќе се одржи на површина од 45.000 м2 во 6 хали. Посетителите на Саемот ќе имаат можност да ги видат производите што турските компании ќе ги пласираат од областа на:-модерен мебел за дневни соби; -спални;-трпезарии, маси, столици; -класичен мебел, софи, фотелји; -ткаенини за мебел; -украси за мебел; -постелнини; -осветлување; -дизајнери; -здруженија за мебел; -детски соби и за тинејџери со стандард кревети; - медицински / ортопедски кревети и др.

На Саемот ќе учествуваат ексклузивни, меѓународни трговски брендови и познати реномирани компании од Турција, кои ќе се престават со своите најдобри производи. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 20 до 22 феврyaри 2013 година, со автобуски превоз и алтернативно во сопствена режија. Саемот може да го посетат само двaјца посетители од една кoмпанија. Обезбедени се :- бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во реномиран хотел) Check In од 12:00 до 14:00 ч.; - локален трансфер (трансфер од aeрoдpoм до хотел) и - бесплатни влезници за Саемот.

Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз - 45 евра), како и организационите трошоци кон Комората (2.950 денари за членки по лице , а 5.900 денари за нечленки по лице, на Комората). Стопанската комора на Македонија и „Адонис Груп“ ги поканува заинтересираните македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 8.02.2013 година. Подетални информации можат да се добијат на веб-страната: www.bursamodeks.com.tr или контактирајте не`.

Контакт:

Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064

Моб 070/295-439Факс:++ 389 2 3244088

E-адреса: [email protected]

Контакт: Ванчо Спасески Тел: ++ 389 2 32440095Факс:++ 389 2 3244088

E-адреса: [email protected]

Page 17: Бизнис ИНФО број 122 од 7 февруари 2013

БИЗНИС ИНФО

Стопанската комора на Македонија и „Anfas Fair Management & Invesment Inc“ како долгогодишни партнери организираат заедничка посета на Саемот за храна и Саемот за Пијалоци. Меѓународниот саем за храна ја продолжува својата богата 19-годишна традиција, организирајќи го 20-от по ред Саем за прехранбени производи со излагачи од Турција и 38 земји од Блискиот Исток, Азија и Европа, кои на посетителите ќе им претстават илјадници трговски марки. Според видот и типот на излагачите, оваа меѓународна изложба е место каде што може да се создаде огромна и ефикасна соработка меѓу пазарите во Европа, Азија и Блискиот Исток. Цел за 2013 година за овој настан е поставување на 35.000 м2 изложбен простор, 450 компании - излагачи и 80.000 професионални посетители. Посетителите на Саемот за храна ќе имаат можност да ги видат производите што турските и странските компании ќе ги пласираат од областа на:

• здрава храна, житни култури, зачини и масла за јадење;• месо и месни производи;• пекарски производи;• адитиви;• чоколадо, вафли и сладолед;• млеко и млечни производи;• чај, кафе и опрема;• трговија на големо и дистрибуција на храна;• производи од риба и морска храна;• производи за хотелиерството;• опрема за ладење;• замрзната храна;• свежи земјоделски производи и опрема;• лаборатории за храна, хигиена, консалтинг;• сува, сушена храна;• конзервирана храна;• списанија и др.

Во истиот период, се одржува и 2. Меѓународен саем на пијалаци. Изложба на која ќе заземат учество производители кои сакаат да го освојат турскиот пазар од Турција, Русија, Украина, Бангладеш, Бугарија и Белгија, кои ќе ги презентираат своите производи. Покрај индивидуалните посетители, ќе има и бизнис делегации, кои се состојат од истиот професионален бизнис сектор, од Узбекистан, Русија, Израел, Германија, Саудиска Арабија и Египет . Посетителите на Саемот ќе имаат можност да ги видат производите што турските и странските компании ќе ги пласираат:

• алхохолни пијалаци;• безалкохолни пијалаци;• чај и кафе;• вода, полнење на вода и најнови технологии;• енергетски пијалаци;• концентрати за пијалаци и овошни сокови;

• сода вода и минерална вода;• опрема и технологии за пакување на пијалаци и напитоци;• коктел-сосови;• вино; • секторски публикации и едукативни настани.

На Саемот ќе учествуваат ексклузивни, меѓународни трговски брендови и познати реномирани компании , кои ќе се претстават со своите најдобри производи и услуги. Саемот може да го посетат само двaјца посетители од една кoмпанија. Стопанската комора на Македонија, во соработка со „An-fas Fair Management & Invesment Inc“ – Анталија, организира посета на македонски компании со автобуски превоз и алтернативно во сопствена режија. Обезбедени се: - бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во реномиран хотел со 5*); - локален трансфер и - бесплатни влезници за Саемот.

Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон организаторот - Комората (2.950 денари за членки по лице, а 5.900 денари за нечленки на Комората по лице). Стопанската комора на Македонија ги покануваат сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 08.02.2013 година.Пријавниот лист може да се превземе од сајтот на Комората: www.mchamber.mk

Контакт:

Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064

Моб 070/295-439Факс:++ 389 2 [email protected]

Контакт: Васко РистовскиТел: ++ 389 2 32440014Факс:++ 389 2 [email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ четврток, 7 февруари 2013, Бр. 122 17

Oд 20 - 23 февруари 2013 година во Република Турција

MЕЃУНАРОДНИ САЕМИ ЗА ХРАНА И ПИЈАЛАЦИ ВО АНТАЛИЈА

Page 18: Бизнис ИНФО број 122 од 7 февруари 2013

БИЗНИС ИНФО

Стопанската комора на Македонија организира посета на саемската манифестација INFACOMA, една од најзначајните изложби на HELEXPO, која годинава го слави своето 30-годишно постоење. INFACOMA останува лидер на меѓународни изложби за градежни материјали, како во Грција, така и во поширокиот европски пазар. INFACOMA нуди најсовремени методи за раст и развој во полето на градежништвото со нови технологии, нови апликации и материјали за згради и надградба, заштеда на енергија, како и модерна архитектура. Станува збор за една од поголемите специјализирани меѓународни саемски манифестации за градежништво од ваков тип, на којашто ќе учествуваат голем број реномирани грчки и странски компании.

Посетителите на Саемот ќе имаат можност да видат:• изградба и материјали за изолација; • декорација и украсни производи и елементи; • инсталациона опрема и материјали; • рамки за прозорци и врати; • безбедносни системи; • железарија и производи од железо; • водовод; • електрични производи; • панел материјали и опрема; • санитарна опрема; • опрема за бањи; • машини; • алатки за рамки за прозорци и врати и за сечење алуминиум; • железни конструкции;• организации, агенции; • технологија, машини и опрема за ресторани (индустриски).

Заедно со INFACOMA ќе се одвива паралелно и 5. EN-ERGY TECH под мотото: „Пријател со животната средина”, настан за енергетика, со што се потенцираат уште еднаш очекувањата за успешена саемска манифестација. Тука ќе можат да се видат:

• алтернативни и обновливи извори на енергија;• палети, дрво, природен гас;• сончева енергија - фотоволтаични системи - геотермални системи;• греење – ладење, котли - горелки – греалки;• технологија и опрема;• еколошка зграда;• био-климатски дизајн на згради и др.

На Саемот ќе учествуваат ексклузивни, меѓународни трговски брендови и познати реномирани компании од целиот свет, кои ќе се претстават со своите најдобри производи и услуги пред посетителите од градежните индустрии, увозници и извозници на машини и материјали, архитекти, градежни инженери, технички и градежни компании, програмери на имот, дизајнери, професионалци, студенти, јавни институции и други. Обезбедени се:- 1 бесплатно ноќевање - локален транфер - организиран автобуски превоз и - бесплатни влезници за Саемот. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон организаторот - Комората (1.500 денари за членка по лице, а 2.500 денари за нечленка на Комората по лице). Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 10.02.2013 година.

Контакт:

Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Моб. 070/295-439 Факс:++ 389 2 3244088 Е-адреса: [email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

18 четврток, 7 февруари 2013, Бр. 122

Од 21 до 24 февруари Меѓународен саем за градежништво, изолација, врати и прозорци, санитарна опрема и технологија во Република Грција

„NFACOMA 2013 – 30.“ ВО СОЛУН

Page 19: Бизнис ИНФО број 122 од 7 февруари 2013

БИЗНИС ИНФО

Здружението на угостителството и туризмот и Enter-prise Europe Network при Стопанската комора на Македонија ве покануваат да учествувате на 2. Меѓународни бизнис-средби на компаниите од областа на туризмот, што ќе се одржат на 22 февруари 2013 година, во Белградскиот саем, во рамките на Меѓународниот саем за туризам од 21-24 февруари 2013 година. Целта на средбите е вмрежување и воспоставување бизнис-соработка меѓу претпријатијата од туристичката индустрија. Ова е единствена можност за воспоставување песплатни контакти и бизнис-релации со тур-опертори, туристички агенции, организатори, хотели, ресторани, хостели, ски-ресорти, спа-центри и други туристички работници од Регионот и од Европа. Бизнис-средбите ви обезбедуваат прилика за директни средби со потенцијални партнери, да најдете информации за новитетите и трендовите во туризмот, да го промовирате вашиот бизнис и да ги споделите искуствата. Меѓународните бизнис-средби се билатерални разговори меѓу учесниците, претставници на компаниите, до 20 минути овозможени за взаемно презентирање на посакуваната соработка. Директориумот со бизнис-профилите на сите учесници ќе биде достапен на сите заинтересирани страни. Главни целни групи: хотели, тур-оператори, туристички организации, туристички агенции, консултанти и ресторани.

Агенда:

8 февруари 2013 година - Регистрација и поднесување профил за соработка15 февруари 2013 година - Селекција за Б2Б состаноци22 февруари 2013 година - Билатерални средби

Интернет-страна за регистрација : http://www.b2match.eu/bitbe2013

Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија ќе учествува на повеќе настани што ќе се одржат во рамките на Белградскиот саем за туризам од 21-24 февруари 2013 година:• ќе учествува на заедничкиот штанд на стопанските комори

од Југоисточна Европа во текот на сите денови од саемската манифестација со проспектни материјали и презентации;• ќе учествува на Конференцијата за печат, што е закажана за 22.02.2013 година и • ќе учествува на Тркалезната маса со тема: ,,Југоисточниот регион - Европски чекор, со цел создавање заедничка програма и за настап на трет пазар и формирање на заеднички туристички производ.

Белградскиот саем за туризам е најголемата туристичка манифестација во Југоисточна Европа. Повеќе од 30 години ги исполнува светските стандарди на работењето, со излагачите гради партнерски односи, а со квалитетната понуда и големиот број настани, секоја година привлекува се` поголем број посетители.

Во рамките на Саемот за туризам, се одржуваат и Саемот за угостителска опрема и Меѓународниот саем за вино. Претходната година на Саемот за туризам со свои понуди се претставија 880 излагачи, а бројот на посетители надмина 58 илјади. Меѓународниот карактер на оваа манифестација го потврдија повеќе од 250 странски излагачи од 43 земји.

Контакт:

Лазо Ангелевски Софче ЈовановскаТел: (02) 3244090 Тел: (02) [email protected] [email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ четврток, 7 февруари 2013, Бр. 122 19

Од 21 до 24 февруари 2013 година Меѓународен саем за туризам во Србија

БИЗНИС-СРЕДБИ ВО БЕЛГРАД

Page 20: Бизнис ИНФО број 122 од 7 февруари 2013

БИЗНИС ИНФО

Стопанската комора на Македонија, на 26 февруари 2013 година, организира еднодневен семинар на тема: „Создавање облигации преку договори и можности за нивно завршување, со посебен осврт врз употребата на договорите од страна на трговските друштва”.

Програма:• Договорот- основен инструмент за влегување во правен промет;• Правни рамки во кои може да се движи слободата при склучувањето на договорите;• Видови договори што ги нуди законодавството и елементи на кои треба да се внимава, а

најчесто се греши при нивното склучување;• Посебен осврт врз договорите кои ги склучуваат правните лица и на фактурата како изворна

обврска;• Причини за завршување на создадените обврски и начини на раскинување на договорите;• Правни последици од раскинување на договорите;• Краток осврт врз Конвенцијата за меродавното право за договорните односи - правната

сигурност при склучувањето договори со странци. Цената за еден учесник изнесува 5.310 денари за 1 учесник (4500+ДДВ) за компании-членки и 7.080 денари за 1 учесник (6000+ДДВ) за компании кои не се членки на Комората. Пријавниот лист и Агендата може да се превземат од веб порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk

Контакт: Елизабета Ефтимова Анита Митревскател: 02 32 44 074 тел: 02 32 44 057факс: 02 32 44 088 факс: 02 32 44 088e-mail: [email protected] [email protected]

Меѓународните стандарди за професионална практика на внатрешна ревизија, или само стандардите, се дел од Меѓународната рамка на професионална пракса (The IPPF). Овие стандарди ја поставуваат основата по којашто работат внатрешните ревизори низ целиот свет и секој внатрешен ревизор треба да ги знае. Но, едноставно да се познаваат стандардите, навистина и не е доволно – ние треба да знаеме да ги интерпретираме во ситуации од вистинскиот свет. Тоа е и целта на оваа обука. Покрај тоа, законските одредби бараат внатрешните ревизори да работат во согласност со меѓународните стандарди за внатрешна ревизија – дали ги исполнувате тие одредби? Програма: -Меѓународна рамка за професионална практика на внатрешна ревизија (The International Professional Practice Framework - the IPPF); - атрибутивни стандарди; - стандарди на спроведување; - останати насоки во рамките на IPPF;

- вежби, прашања и одговори; - се` што сакате да знаете за внатрешната ревизија, а не сте имале каде да прашате. Семинарот е наменет за сите организации кои имаат служба за внатрешна ревизија. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал, и сертификат за учество. Пријавување најдоцна до 26 февруари 2013 година. Пријавниот лист и Агендата може да се превземат од веб порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk

Контакт:

М-р Анита Митревска М-р Ленче Зикова тел: 02 32 44 057 тел: 02 32 44 054 [email protected] [email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

20 четврток, 7 февруари 2013, Бр. 122

Семинар (26 февруари 2013 година, 9:30-15:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат)

„СОЗДАВАЊЕ ОБЛИГАЦИИ ПРЕКУ ДОГОВОРИ И МОЖНОСТИ ЗА НИВНО ЗАВРШУВАЊЕ, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ ВРЗ УПОТРЕБАТА НА

ДОГОВОРИТЕ ОД СТРАНА НА ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА”

Семинар (28 февруари 2013 година, од 10:00-16:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат)

„МЕЃУНАРОДНИТЕ СТАНДАРДИ ЗА ВНАТРЕШНА РЕВИЗИЈА И ТОЛКУВАЊЕ НА НАЈНОВИТЕ ПРОМЕНИ НА СТАНДАРДИТЕ“

Page 21: Бизнис ИНФО број 122 од 7 февруари 2013

БИЗНИС ИНФО

Седмиот по ред саем “Olio Capitale - екстра девственото маслиново масло со врвен квалитет “ ќе се одржи во период од 1 до 4 март во Трст, Италија. Изложбата за промоција на екстра девственото маслиново масло со врвен квалитет е организирана од страна АРИЕС ТРИЕСТЕ Стопанската комора, и на истата ќе бидат присутни повеќе од 200 производители. На манифестацијата освен изложбен дел, ќе бидат организирани и сесии за дегустација, програми за купувачите, курсеви за готвење базирани на маслиново масло, семинари и ток-шоуа.

Kонтакт: Васко Ристовски, тел: ++ 389 2 3244 014, факс: ++ 389 2 3244 088, [email protected]

Здружението на информатичко-комуникациските технологии и Enter-prise Europe Network при Стопанската комора на Македонија организираат посета и учество на бизнис-средбите CeBIT - Натпревар на иднината 2013 во Хановер СР. Германија CeBIT е најголемиот светски компјутерски саем во Хановер, а оваа година е 15-то издание на една од најголемите и најуспешните меѓународни брокерски настани во Enterprise Europe Network. Од 1999 година на Натпреварот на иднината е овозможено излагачи и посетители на Саемот да најдат партнери за соработка, на пример, за развој на производи, истражување и развој, заеднички вложувања, производство, маркетинг и / или договори за лиценци. Над 390 компании и истражувачки организации од 39 земји учествуваа на Натпреварот на иднината во 2012 година и реализираа над 1.500 билатерални средби. За подетални информации и пријавување, посетете ја веб-страната: http://www.b2match.eu/future-match. Партиципацијата за Саемот е 110,00 евра и вклучува слободен влез за сите дена на Саемот, за 2 лица. Краен рок за регистрација е 18 февруари 2013 година.

Зошто да учествувате? • За да ги добиете последните информации за ИКТ-трендовите и иновациите; • за да ги промовирате вашите производи, технилогии и знаења; • за да најдете комерцијални и технолошки партнери; • за да разговарате за нови проектни идеи.

Во рамките на класичниот брокерски настан има широк спектар на дополнителни услуги, како тури и советодавни услуги за финансирање и интелектуална сопственост, кои ќе Ви бидат понудени во рамките на манифестацијата. Ново: клиентите од други сектори, кои бараат ИТ-прилагодени решенија или партнери за меѓусекторски проекти, можат да се регистрираат бесплатно по електронски пат и да испратат свои барања. Затоа, ИТ-експерти ќе презентираат соодветни технологии и производи. Индустриски сектори: ИНФОРМАТИЧКА ТЕХНОЛОГИЈА.

Контакт:Лазо Ангелевски Софче Јовановска тел. (02) 3244-090 тел. (02) [email protected] [email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ четврток, 7 февруари 2013, Бр. 122 21

Од 1 до 4 саем во Италија

“OLIO CAPITALE “ ВО ТРСТ

Од 5 до 9 март Бизнис-средби CeBIT во Германија

НАТПРЕВАР НА ИДНИНАТА 2013

Page 22: Бизнис ИНФО број 122 од 7 февруари 2013

БИЗНИС ИНФО

Во периодот од 13 до 15 март 2013 година, во Истанбул, Република Турција, ќе се одржат 14. Меѓународен саем за прозорци, профили, технологија за производство и машини, опрема, суровини и помошни средства - ISTANBUL WINDOW 2013, 5. Меѓународен саем за врати, блиндирани врати, панел, системи и помошни средства за врати - DOOREXPO ISTANBUL 2013 и Саемот за производи од стакло, технологија и машини за стакло, помошни производи и хемикалии - GLASSEXPO ISTANBUL 2013. Станува збор за поголемите специјализирани меѓународни саемски манифестации од ваков тип, на коишто ќе учествуваат голем број реномирани странски и турски компании.

Во делот на прозорци: - алумински профили, дрвени профили, механизми за прозорци, ПВЦ-механизми за прозорци, механизми за алумински и дрвени прозорци, рачки и шарки за прозорци, безбедносни системи, брави; - пневматски системи, хидраулични, електро и рачни алати, ролетни, вентилација за прозорци, безбедносни системи, завртки, фасадни системи, ПВЦ-стакло, изолација за топлина, звук, пожар; - машини за преработка на алуминиумски прозорци, механизам за алуминиумски прозорци и др.

Во делот на врати: - ПВЦ-врати, челични, стаклени, дрвени, гаражни, вртечки, панел-врати, врати од ковано железо, индустриски врати, секциски врати, надворешни и внатрешни врати за куќи, безбедносни врати, врати отпорни на оган, врати за болници, изолациони врати, лизгачки врати, врати за возила; - рачки, рамки, шарки за врати, клучни системи за врати, автоматски врати, технологија за преработка на врати, електронски системи за врати, врати за градина, аларм за врати, блиндирани врати и др.

Во делот на стакло: - производи од стакло, рамно стакло, повеќеслојно, калено, изолационо стакло, стакло за автомобили, стакло за мебел, стакло отпорно на оган, витраж, матирано и заштитно стакло, лабораториско стакло, кристал, рачно изработено стакло, оптичко стакло, непробојно стакло, огледало, конкавно стакло; - машини за миење стакло, машини за сечење, машини за келење, машини за заварување и полирање на стакло; - изолационен материјал, пескарење, дихтунзи, завртки, резервни делови; - лепливи производи, хемикалии за чистење стакло, молекуларни сита, стаклени бои, течно стакло и др.

Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 13 до 15 март 2013 година, со автобуски превоз и алтернативно во сопствена режија.

Обезбедени се: бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во реномиран хотел) Check In од 12:00 до 14:00 ч.; локален трансфер (трансфер од aeрoдpoм до хотел) и бесплатни влезници за Саемот. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз - 45 евра), како и организационите трошоци кон Комората (2.950 денари за членки по лице, а 5.900 денари по лице за нечленки на Комората). Стопанската комора на Македонија и „Адонис Груп“ ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 25.02.2013 година.

Контакт: Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064Моб 070/295-439Факс:++ 389 2 [email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

22 четврток, 7 февруари 2013, Бр. 122

Од 13 до 15 март 2013 година Ве водиме во Република Турција на три саемски манифестации WINDOW, DOOREXPO И GLASSEXPO ISTANBUL 2013

Page 23: Бизнис ИНФО број 122 од 7 февруари 2013

БИЗНИС ИНФО

Можност за излагање и презентација на македонски производи на бесплатни штандови преку Стопанската комора на Македонија

Стопанската комора на Македонија во соработка со Сојузот на готвачи од Медитеранот и европските региони, организираат посета и учество на 8. Меѓународен гастрономски натпревар „Бисер на морето“, што ќе се одржи од 20 до 24 март 2013 година, во хотелот „Кактус“ во Супетар, на островот Брач во Република Хрватска. „Бисер на морето“ претставува една од најзначајните гастрономски манифестации на Медитеранот. Во пет дена ќе се одржат: меѓународното натпреварување на професионални готвачи и ученици-готвачи од високо образовните школи, средните угостителски училишта, хотели и ресторани, гастро-изложба на најдобрите хрватски ресторани, изложба на хрватските и странски производители на храна, работилници и предавања за гастрономијата. Во Супетар на едно место ќе се соберат готвачи од целиот свет. Минатата година, покрај готвачите од Хрватска, Србија, Австрија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Италија и Албанија, Швајцарија, Словенија, Турција и Бугарија, учествуваа и мајсторите за готвење од земјава, кои покажаа и забележителни вештини во подготвувањето рецепти од македонското поднебје. Стопанската комора на Македонија и годинава организира посета на оваа манифестација за сите заинтересирани готвачи-натпреварувачи, ученици-готвачи и македонските компании кои би ги презентирале своите производи на заеднички бесплатен штанд, обезбеден од Комората, за компаниите-членки. Учеството на македонските претставници е одлична можност за презентирање на македонската кујна, но истовремено и за претставување на производите на познати македонски компании на хрватскиот пазар. За сите натпреварувачи кои ќе се натпреваруваат во трите категории (предјадење, главно јадење и десерт) учениците, студентите, менторите и членот на жири-комисијата е обезбедено: - бесплатно сместување - 5 ноќи, so два оброка на ден во хотелот.

Трошокот за организиран автобуски превоз е на товар на учесниците на настанот. Сите заинтересирани лица кои сакаат да земат учество на оваа гастрономска манифестација како натпреварувачи, излагачи на обезбедените беспалтни штандови, или како посетители, своето учество треба да го пријават во Стопанската комора на Македонија, најдоцна до 11.02.2013 година. Повеќе информации, Пријавниот лист на Комората, пријавите за учество за натпревар, упатството и правилата за натреварување може да се преземат од веб-порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk

Контакт: Наташа Стојаноска Венера Андриевскател: 3244064;факс 3244088 тел: 3244037; факс:3244088моб.: 070/295-439 моб.070/[email protected] [email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ четврток, 7 февруари 2013, Бр. 122 23

Од 20 до 24 март 2013 година Меѓународeн гастрономски натпревар во Република Хрватска

„БИСЕР НА МОРЕТО“ ВО СУПЕТАР, НА ОСТРОВОТ БРАЧ

Page 24: Бизнис ИНФО број 122 од 7 февруари 2013

БИЗНИС ИНФО

Успехот на Hannover Messe 2012 потврдува уште еднаш дека најважната светскa технологија е моќен двигател на инвестициите во новите развои и автоматиката. Глобалните мега трендови како што се намалените ресурси, одржливоста, мобилноста и урбанизацијата ја принудуваат индустријата да ги прифати брзите промени и да инвестира во иднината. Со својот јасен фокус на јадрото на технологиите и услугите кои им овозможуваат на индустриското производство, иновациите и ефикасноста, Саемот во Хановер е ценет од страна на компаниите и организациите низ целиот свет, како премиер во светот за тоа што знаат и укажуваат индустриските технологии. Во 2013 година 11. Саем ќе се фокусира на последните случувања во секој од понудените сектори, пред се` на индустриската автоматизација - изградба на системи за автоматизација и решенија. Индустриска автоматизација им нуди на своите посетители и излагачи моќна синергија со сите клучни индустрии. Во центарот на вниманието ќе биде интегрираната автоматизација на процесите со теми, како: Вградени системи и Smart производство. Пораката е дека интелигентните системи за производство, процесите и реализацијата и координацијата на мрежни, географски дистрибуирани се од витално значење за правење „Интегрирана индустрија”. Тематските презентации на Индустриска автоматизација се следни: • индустриски ИТ; • индустриска безбедност и заштита на производи; • безжична автоматика & M2M; • идентификација, барање и следење; • роботика, автоматика & визија; • MicroTechnology - паметни системи за автоматизација; • мобилни роботи и автономни системи; • интегрирани решенија; • АМА - центар за сензор, мерење и тестирање технологии.

МЛД – Движење, возење & автоматика или моќ на трансмисија и контролa ќе ги изложи електричните и механичките преноси на електрична енергија и контрола на технологии од целиот свет, како и најновитете иновации во хидрауликата и пневматиката. Клучните категории на производи за моќ на трансмисија и контрола вклучуваат валчести лежишта, опрема, тркала, пумпи, мотори, менувачи, возни компоненти на системот, спојки и сопирачки системи. Енергија - Саем за обновлива и конвенционална енергија, напојување, пренос, дистрибуција и складирањe. Манифестацијата документира целосна вредност додавајќи синџир во енергетскиот сектор - од генерација, снабдување, пренос и дистрибуција, трансформација и складирање на електрична енергија. Нуди енергетски микс за иднината што е ефикасен, одржлив, безбеден и најекономичен. Ќе имате можност да ги видите најновите достигнувања од обаста на: трансферна енергија, децентрализирана енергија – договорна, паметни мрежи, геотермална енергија, централен инженеринг, водород + гориво, системи за супер спроведување на енергија во градот. Ветер - Саем за ветер, технологија, компоненти и услуги Силата на ветерот е една од најбрзо растечките сегменти на енергетската индустрија. Cаемoт за ветер претставува комплетен спектар на растителни, компоненти и услуги за индустриски апликации. Изложбата ја прикажува од секој аспект енергијата на ветерот – почнувајќи од процесот од фабриката за дистрибутивни мрежи, од напојување и други концепти. Во оваа област излагачи се производители, добавувачи на делови и услуги, подизведувачи, инженери и финансиери на проекти, специјалисти и др. MobiliTec - Саем за хибридни и електрични Powertrain Technologies, мобилно складирање на енергија и алтернативни решенија за мобилност. Овој водечки саем цврсто е етаблиран како бр. 1 бизнис-платформа за хибридни и електрични мобилни технологии. Ова е местото каде што клучните договори се потпишани, проектите започнати и заедничките вложувања понатаму се развиваат. MobiliTec ќе има специјални презентации: Е-МОТИВ - ќе ги покаже

иновативните производи за возила на електриен погон. MobiliTec – тест-патека - хибридни возила ќе бидат демонстрирани за нивната практична корист. MobiliTec Форум - На корисниците ќе им понуди искуства од експерти од индустријата, политиката и науката кои ќе разговараат за технолошки предизвици и можности за бизнис на електромобилноста. Дигитална фабрика - Саем за интегрирани процеси и ИТ-решенија. Централната ИКТ-платформа во Хановер наоѓа прикази на индустриска автоматизација и технологија. Во срцето на водечкиот трговски саем за интегрирани процеси и ИТ-решенија фокусот ќе биде на процесот на интеграција и интердисциплинарен развој на производот, на решенија за КПУ, менаџмент за животниот цилкус на производот (PLM), реализација на производство (МОН) и ресурси за глобално планирање (ERP) и др. ComVac - Саем за компримиран воздух и вакуум-технологија. Купувачи од целиот свет се во потрага по енергетски ефикасни и одржливи решенија за компримиран воздух и вакуум-технологија. И тоа е токму она што ќе се најде во ComVac. Сите области на интерес се покриени на овој меѓународен водечки саем - од генерација и третман на компримиран воздух за негова дистрибуција и употреба во машини и системи. Индустриска набавка - Саем за склучување индустриски договори. Тука може да се видат иновативни производи и решенија за секоја фаза од индустрискиот синџирот на снабдување, лесни градежни решенија, површински и серија за тематски паркови, вклучувајќи SystemPartner, цврсто формирање, gegossene Technik, затворени системи, инженерство на керамика и сл. SurfaceTechnology - Саем за површинска технологија, што е идеална платформа за апликации и ориентирани решенија, презентација на иновативни производи и технологии за сликарство, галванизација и др. Industrial Green Tec – богат Саем за еколошка технологија.По успешното лансирање во 2012 година, Саемот за еколошка технологија и понатаму се проширува со техники за заштита на воздухот и водата и индустријата за рециклирање. Привлекува голем интерес кај посетителите и медиумите. Зелените технологии, развиени од страна на индустријата, ќе го формираат јадрото на изложбата во 2013 година. Истражување и технологија - Саем за R & D и трансфер на технологија. Тоа е водечки саем за истражување, развој и трансфер на технологии и врвни индустриски иновации. Акцентот е на трансфер на технологија меѓу научната заедница и светот на бизнисот. Тоа е совршен пример за иновации. Носители на одлуки од сите делови на индустријата доаѓаат тука во потрага по нови идеи во иднина.

Обезбедени се: - бесплатни влезници за Саемот; - бесплатен локален транспорт во Хановер.

Посетителот ги покрива патните и трошоците за сместување, како и административните трошоци кон организаторот - Комората (2.950 денари за членки по лице, а 5.900 денари за нечленки на Комората по лице). Пријавување до 01.03.2013 година.

Повеќе информации за оваа позната богата саемска манифестација можете да видите на следниов веб сајт http://www.han-novermesse.de/home Контакт: Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Моб. 070/295-439 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

24 четврток, 7 февруари 2013, Бр. 122

Од 8 до 14 април 2013 година ве носиме на исклучително позната саемска манифестација во

Германија по повластени услови - ПОСЕТА НА HANOVER MESSE

Page 25: Бизнис ИНФО број 122 од 7 февруари 2013

БИЗНИС ИНФО

Гигантски машини, на 555.000 метри ² изложбен простор, со 3.256 изложувачи и 420.170 посетители, БАУМА 2013 е најголем и можеби најимпресивен саем во светот. Сепак, неоспорен е фактот дека е водечки меѓу националните саеми и истовремено највлијателен магнет за посетители со неговата сеопфатна понуда. Се одликува со сите сектори, присуство на сите лидери на пазарот од овие области и многу иновации.

БАУМА 2013 е водечки меѓународен саем со апсолутно широк спектар на експонати.Секој поединечен производ во група е претставен и јасно структуриран во четири тематски ориентирани сектори кои служат како основа на БАУМА 2013.

Се` за градилиштата:• рударството, екстракција и обработка на суровини;• производство на градежни материјали;• компонента и давателите на услуги;• градежни возила, камиони;• градежни возила, камиони и трактори;• камиони со полуприколка; • камион вагони со посебно тело за чистачи на патот; • товарни возила со приколки за прикачувања;• градежни машини;• апарати и транспортери;• градежна опрема, алатки и специјални системи.

Рударството, екстракција и обработка на суровини:• ракување и обработка на бетон и малтер на градилиштата;• мапи на инсталации;• машини за екстракција на суровини и рударство;• ракување со суровини; • минерални суровини.

Производство на цемент, вар, гипс и соединенија за градежни материјали:• производство на готов бетон, бетонски производи и фабрикувани компоненти;• производство на асфалт;• производство на сув малтер, гипс;• производство на гипс и гипсени плочи;• градежен материјал, ракување и пакување.

Давателите на услуги:• пренос, инженеринг, технологија и производство на електрична енергија;• менувач за тркала;• оски;• управувачки механизми;• спојки;• сопирачки;• пневматски диск и контрола на процесен инженеринг;• производство на електрична енергија, мобилни и стационирани единици;• фреквенција и струјни трансформатори;

• батерии;• електрична опрема за возила;• дистрибуција на електрична енергија, елементи и осветлување;• опрема и додатоци;• додатоци и делови;• услуги;• тест, мерење и контрола на процесот инженеринг;• комуникација и навигација;• безбедност при работа.

Посетителот ги покрива патните и трошоците за сместување, како и административните трошоци кон организаторот - Комората (2.950 денари за членки по лице, а 5.900 денари за нечленки на Комората по лице). Пријавување до 1.03.2013 година. Повеќе информации за оваа позната богата саемска манифестација може да се најдат на следниов веб-портал:http://www.bauma.de/en/vier_bereiche_der_bauma_1/vier_bereiche_2.php

Контакт:

Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Моб. 070/295-439 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ четврток, 7 февруари 2013, Бр. 122 25

Од 15 до 21 април 2013 година посета во СР Германија на Меѓународен саем за машини за изградба, градежен материјал, рударски машини, градежни возила и градежна опрема

„БАУМА 2013“ ВО МИНХЕН

Page 26: Бизнис ИНФО број 122 од 7 февруари 2013

БИЗНИС ИНФО

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновскител: : (02) 3244036, [email protected]

Стопанска комора на Македонијаул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје

тел: : (02) 3244000, факс: (02) [email protected]

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија ги повикува домашните компании

МОЖНОСТ ЗА ПЛАСМАН НА СТОКА ЗА ПОТРЕБИТЕ НА PAN AM 2015 ИГРИТЕ

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија (АСИПИРМ) соопштува дека преку економскиот промотер во Канада и е доставена информација за одржување на Pan Am 2015 игрите, каде што македонските компании можат да се пријавуваат за набавка на стоки и услиги потребни за самото одржување на игрите во Торонто. Оние производи и услуги за кои ќе бидат потребни поголеми количини ќе се распишат меѓународни тендери за набавки. Сите заинтересирани компании членки кои би сакале да добавуваат свои производи или услуги за организаторите на овој настан можат да најдат подетални информации на следниов линк http://www.toronto2015.org/lang/en/gallery/news/buying-the-games-goods-and-services.html, или може да се обратат директно до економскиот промотер за Канада, Ирена Ѓоргиевска [email protected]

ПОВИК

26 четврток, 7 февруари 2013, Бр. 122

Page 27: Бизнис ИНФО број 122 од 7 февруари 2013

БИЗНИС ИНФОПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

Компанија од Хрватска бара соработка со македонски компании кои се занимаваат со меѓународен транспорт на стоки за изнајмување транспортни возила од голем волумен за возење балирана слама на долги релации од Хрватска за Австрија, Швајцарија и Германија. Возилата треба да бидат со волумен 110-120 м/23 или 72 м х2,5 м х3 м +8,3 мх2,5х 3м.Валидност дo: 22.7.2013 година Компанија од Германија бара соработка со македонски компании во областа на планирање, вградување и сервисирање соларни системи.Валидност дo: 22.4.2013 година

Компанија од Германија бара партнери за соработка во Република Македонија во областа на соларна енергија.Валидност дo: 22.5.2013 година

Компанија од Црна Гора бара соработка со градежни компании во Република Македонија за изведба на градежни работи, специјалност пробивање тунели.Валидност дo: 23.6.2013 година

Компанија од Црна Гора бара соработка со македонски компании за увоз на прехранбени производи, јаболка, јдаред, кочански ориз, конзервирани производи (ајвар, пиперки, краставици, кисела зелка, кисели салати и сл.), како и свеж зеленчук, десерно грозје и лубеници.Валидност дo: 23.12.2013 година

Реномирана компанија од Р. Македонија продава комплет фабрика со автоматска линија за производство на чист природен течен јаглен двеоксид, квалитет наменет и за производство на Coca-Cola, Pepsi Cola, со капацитет од cca 1.000 kg / h готов производ, со машина за полнење течен јаглен двеоксид во боци од 2,5 – 50 литри, со две статични цистерни и една најмодерна цистерна за превоз на течниот гас до купувачите, со два извора (бунари) на вода и со сопствена концесија за земјиштето. Цена по договор. Локацијата на објектот е во околината на Битола, до границата со Грција.Валидност дo: 5.10.2013 година

Компанија од Хрватска (www.lifepre-serve.com.hr), сопственик на мастер франшиза на италијанската компанија ODONTOIATRICA од Торино (www.odontoiatrica.co.uk) бара компанија за ексклузивен партнер за подрачјето на Македонија и Албанија за дистрибуција и продажба на стоматолошки инструменти, како и единствена, патентирана заштитна облека наменета за целокупното здравство (www.lifepre-serve.it).Валидност дo: 25.7.2013 година

Македонска компанија заинтересирана е да соработува со компании од Балканот и Европа, кои своите земјоделски производи (ѓубрива, пестициди, семенски материјали, фолија за пластеници) и други, сакаат да ги пласираат на македонскиот пазар.Валидност дo: 25.5.2013 година Македонска компанија заинтересирана е да соработува со компании од Балканот и Европа, кои сакаат да увезуваат свеж зеленчук и овошје од Република Македонија, претежно за извоз свеж домат, разни видови на пиперка, краставица, зелка, компир, лубеница и некои видови овошје.Валидност дo: 25.5.2013 година

Компанија од Турција бара соработка со производители на чорапи и ракавици во Република Македонија за да ги снабдуваат со предиво од памук и акрил.Валидност дo: 28.5.2013 година

Компанија од Италија бара пласман на професионална опрема за готвење (печки, пржилници, плочи за пржење, шпорети, тави) и секакви видови комерцијални машини за миење садови

во Република Македонија.Валидност дo: 28.5.2013 година

Компанија од Италија бара соработка со супермаркети, пекарници, пицерии, слаткарници за пласман на разладни витрини и пултови, како и секакви видови фрижидери и ладилници во Република Македонија.Валидност дo: 28.5.2013 година

Компанија од Бугарија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на сончогледово масло.Валидност дo: 29.5.2013 година

Компанија од Унгарија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на житарки и друг вид семиња.Валидност дo: 29.6.2013 година

Компанија од Италија заинтересирана е да соработува со градежни компании, архитектонски бироа во Република Македонија за пласман на мебел за продавници, хотели, јавни места, одморалишта, приватни вили, канцеларии итн. Принцип клуч на рака.Валидност дo: 29.5.2013 година

Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на заштитни фолии за заштита при изведба на градежни работи.Валидност дo: 30.5.2013 година Грчка компанија бара соработка со компании од Република Македонија за пласман на машини кои се користат во дејност на семенски и зрнести производи од сите видови ,овошје и зеленчук.Валидност дo: 30.5.2013 година

Турска компанија бара застапник во Република Македонија за пласман на зашеќерени костени и други производи од костен, џем од костен, чоколадирани бонбони со костен.Валидност дo: 30.5.2013 година

Контакт:Мирјана КоцеваE- адреса: [email protected]Тел: 3244-035; Факс: 3244-088

четврток, 7 февруари 2013, Бр. 122 27

Page 28: Бизнис ИНФО број 122 од 7 февруари 2013

БИЗНИС ИНФОСТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

ISO9001Quality Management

bsi.

FS 549642

Посетете не’ на веб-порталот:www.mchamber.mk

Ве очекуваме!

http://www.facebook.com/chamber.mk

http://www.twitter.com/Chamber_MK