32
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Број 106 од 13.09.2012 контакт call центар (02) 15015 www.mchamber.mk БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот www.mchamber.mk СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA Osnovana 1922 Founded 1922 Дијалог во Владата меѓу јавниот и реалниот сектор СТОПАНСКИТЕ КОМОРИ - НЕЗАМЕНЛИВ ФАКТОР ВО НАДМИНУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКАТА КРИЗА ОПАСНОСТ ДА „ИЗГОРАТ“ 150 МИЛИОНИ ЕВРА Порака од Годишниот состанок на земјите не-ЕУ-членки на Eurochambres во Загреб Рамковната конвенција за контрола на тутун ги доведува во прашање производството на тутун и егзистенцијата на 33.000 семејства во Македонија

Бизнис ИНФО број 106 од 13.09.2012 година

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Економски информатор на Комората за своите активности

Citation preview

Page 1: Бизнис ИНФО број 106 од 13.09.2012 година

БИЗНИС ИНФО 1четврток, 13 септември 2012, Бр. 106СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Број 106 од 13.09.2012 контакт call центар (02) 15015 www.mchamber.mk

БИЗНИС ИНФОВаш деловен соработник во светот на бизнисот

www.mchamber.mk

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈАECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Osnovana 1922

Founded 1922

Дијалог во Владата меѓу јавниот и реалниот сектор

ОПЕРАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА МЕРКИТЕ ЗА СПАС НА МЕТАЛУРГИЈАТА

СТОПАНСКИТЕ КОМОРИ - НЕЗАМЕНЛИВ ФАКТОРВО НАДМИНУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКАТА КРИЗА

ОПАСНОСТ ДА „ИЗГОРАТ“ 150 МИЛИОНИ ЕВРА

Порака од Годишниот состанок на земјите не-ЕУ-членки на Eurochambres во Загреб Рамковната конвенција за контрола на тутун ги доведува во прашање производството на тутун и егзистенцијата на 33.000 семејства во

Македонија

Page 2: Бизнис ИНФО број 106 од 13.09.2012 година

БИЗНИС ИНФО2 четврток, 13 септември 2012, Бр. 106

Покровители

ПРЕМИУМ Покровители

Златен партнерна

ЗЛАТЕН ПАРТНЕР

БЕЗ ПОДРШКА НА СТОПАНСТВОТО, ЕКОНОМСКИОТ РАСТ ОД 0,5 ОТСТО

ЌЕ БИДЕ МИСЛОВНА ИМЕНКА

По правило, еден месец пред избори и приближно цел месец по нив, економските а к т и в н о с т и речиси се замрени. Да не говорам дека се создава и простор за

политички очекувања кај одреден дел од граѓаните кои, во очекување на резултатите, ја намалуваат својата економска активност, или во светот тоа се нарекува „намалување на потрошувачката доверба” (lower con-sumer confidence). Изборите не се вистинско време за бизнис, барем за регуларен и легален. Какви и да бидат политичките одлуки на елитите, со и без избори, со оваа или со некоја нова, или рекомпонирана влада, македонската политика се наоѓа пред голем предизвик - заживување на економијата и поддршка на извозот. Очекувам нова серија мерки за поддршка на стопанството, пред се, во делот на стимулирање на виталниот дел на економијата, намалување на каматните стапки и заживување на инвестициите во инфраструктурата. Во спротивно, економски раст од околу 0,5 отсто ќе биде мисловна именка.

(Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија)

НА ЕДНА МАСА СО ДИЈАСПОРАТА

Македонија 2025 на домашните компании им нуди неповторлива можност да седнат на иста маса со дел од најеминентните инвеститори и други економско-

финансиски институции во светот. Тука гледам една од поголемите в р е д н о с т и

на оваа организација. Реално, на краток рок, сите очекуваме најразлични форми на поврзување на македонските фирми со компании и со институции од земјите каде што живее и работи нашата дијаспора, можност за заедничко настапување на трети пазари, како и можност за македонски извоз во нивните земји. Се разбира, тоа поврзување би можело да се реализира во повеќе области - како трансфер на знаење и технологии, како и образование и тренинг, кое треба да го подигне нивото на иновации во водењето проекти, стратешкото планирање, како и да даде неопходни апликации за модернизација на бизнис-проектите. Овие нешта се крајно потребни за идниот развој на македонските компании и затоа, сметам дека се апсолутно остварливи. Оттука, сметам дека во оваа фаза многу е важен интересот на деловните луѓе од Македонија и од дијаспората да се најдат на едно место. Големата можност е во Охрид во октомври. Да се видат, да се запознаат и да поразговараат за заедничките интереси во контекст на големите визии за иднината на македонската економија.

(Минчо Јорданов, претседател на „Макстил“ и член на Одборот на директори на Македонија 2025)

НЕДОСТАСУВА КРЕАТИВНО РАЗМИСЛУВАЊЕ И ПРАКТИЧНО

ЗНАЕЊЕ

Резултатите од едно истражување спроведено од Македонија 2025 за мапирање на образованието во Република Македонија не се воопшто оптимистички - 50% од населението има основно или пониско ниво на образование, 23% имаат с р е д н о образование и само 3% од населението има магистерски или докторски степен. Она што, генерално, им недостига на студентите е креативно размислување и практично знаење. Студентите мора да бидат стимулирани на иновативно размислување, а не на механичко меморирање на материјалот, каков што е, генерално, случајот со нашето школство. Ако се поттикне интерес, студентите и тоа како знаат да бидат ангажирани. Многу е битно да работиме на менување на свеста кај младите луѓе во земјава и да ставиме акцент на поголема имплементација на практични искуства во образованието во сите степени, за младите луѓе да не се соочуваат со хендикепот на ограниченост во секојдневното работење. Често сме сведоци на тоа колку млади луѓе со факултетски дипломи доаѓаат на работа комплетно неподготвени и се чувствуваат како прв пат да се среќаваат со проблематиката која теоретски ја учеле со години. Претприемништвото подразбира подготвеност да се започне бизнис. За тоа не требаат толку многу пари колку што е потребна иницијатива, добра

идеја и лидерски дух, нешто кое се стекнува во практика.

(Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ )

ОРИЕНТАЛЕН ТУТУН И НАТАМУ ЌЕ СЕ САДИ И ЌЕ СЕ ИСПЛАЌААТ

СУБВЕНЦИИТЕ

Тутунопроизводителите може да бидат спокојни и сигурни дека и натаму ќе има производство на ориентален тутун и дека ќе ги добиваат субвенциите така како што е ветено во програмата на Владата на Република Македонија. Препораките на Светската здравствена

организација повеќе се однесуваат на зачувување на здравјето на пушачите, отколку на оние кои произведуваат тутун. Тутунопроизводителите да бидат спокојни дека нема ризик за македонските тутунопроизводители ниту пак има опасност од намалување на субвенциите. Тие на тутунарите за годинава се целосно исплатени во износ од 20 милиони евра во текот на мај и јуни годинава. Владата ќе ги заштити интересите на Македонија и на произодителите на тутун и во тој дел ќе заземе став во корист на македонската економија и македонското земјоделство.

(М-р Зоран Ставрески, Вицепремиер и министер за финансии)

Page 3: Бизнис ИНФО број 106 од 13.09.2012 година

БИЗНИС ИНФО 3четврток, 13 септември 2012, Бр. 106

ФОКУСИРАНО

По прифатените Предлог-мерки за ублажување на неповолните состојбите во црната и обоената металургија од Владата на Република Македонија, на работна средба кај вицепремиерот м-р Владимир Пешевски, продолжи дијалогот за нивна конкретна реализација. На состанокот присуствуваше претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, со членови на Здружението на црната и обоената металургија. На почетокот, Владимир Пешевски истакна дека Барањето со предложените мерки од Здружението, биле доставени до соодветните министерства за нивно мислење, кои систематизирани во една информација, биле поставени на седница на Владата на Република Македонија. Имајќи ги предвид неповолните трендови во црната и обоената металургија, условени од актуелната економска криза Владата ги прифатила позитивните ставови на министерствата по доставените барања. Сега на ред се конкретни активности за нивна реализација, кои треба да се договорат во рамките на јавно-приватниот дијалог, за што и беше свикана работната средба. Пакетот на мерки предвидувa 30 милиони евра од кредитната линија на Европската инвестициона банка да бидат наменети за еколошкото усогласување на компаниите од металургијата, пролонгирање на периодот за добивање интегрирана еколошка дозвола за 5 години, согласно конкретно барање одделно по фирми, поинтензивни активности за решавање на прашањето со сопственост на земјиштето на фирмите кои работат во кругот на поранешна Железарница „Скопје“, модернизација на железничката инфраструктура

во функција на обезбедување поквалитетен транспорт на производите и интензивирање на активностите за формирање балансни групи за решавање на прашањето на трошокот за електрична енергија, како значаен инпут за компаниите од овој сектор. Присутните членки го изразија своето задоволство од кооперативната соработка на Владата на РМ и нејзините напори

да им се излезе во пресрет во ублажувањето на проблемите во овој сектор. Се водеше расправа за секоја мерка одделно, односно за чекорите за нивна операционализација. Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, изрази задоволство од покажаната подготвеност на Владата, во услови на светска економска криза и на негативни тенденции во економијатa, на

вистински начин да ги отвора прашањата по сектори таму каде што заради нивното значење би имале тешки последици врз севкупната економска активност. Тој посебно подвлече дека средбатa во Владата на Република Македонија, која следи по неколкуте што се одржаа на оваа тема изминатите три месеци, се случуваат прв пат по 2008 година. Инсистирањето за мерки и дијалог е бидејќи во прашање е многу значен сектор во земјава, кој остварува 35 отсто од вкупниот извоз на државата, 17 отсто од вкупниот број вработени и 8 отсто од вкупниот БДП. На заедничката средба беа отворени и други прашања кои, краткорочно, среднорочно и долгорочно, се важни за задржување на конкурентноста на овој исклучително важен и извозно ориентиран сектор.

Стојмирка Тасевска

Работна средба на Бранко Азески и членови на Здружението на црната и обоената металургија со вицепремиерот, м-р Владимир Пешевски

ДИЈАЛОГ ЗА ОПЕРАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА МЕРКИТЕ ЗА УБЛАЖУВАЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ ВО МЕТАЛУРГИЈАТА

Page 4: Бизнис ИНФО број 106 од 13.09.2012 година

БИЗНИС ИНФО4 четврток, 13 септември 2012, Бр. 106

На 6.09.2012 година во Скопје се одржа расправа на тема унапредување на извозот. На расправата од страна на м-р Јелисавета Георгиева извршен директор на Стопанската комора на Македонија беа акцентирани неколку предлог мерки во име на бизнис заедницата за унапредување на извозот и зголемување на конкурентноста на македонските компании во 2013 година.

I. мерки од областа на трговската политика:

1.Либерализација на трговијата со Руската Федерација Во трговската размена со Руската Федерација се запазува тренд на раст на македонскиот извоз, особено на аграрните производи. Македонските компании се во можност да го користат Генерален систем на преференцијали при извозот на производи согласно преференцијалната листа при што царината е намалена за 25%. Поради висината на транспортните и другите трошоци во однос на извозот во Руската Федерација, како и фактот дека Србија и Црна Гора имаат договори за слободна трговија со Руската Федерација, овозможувањето на преференцијалната трговија би ја поддржала конкурентност на нашите производи. Во таа насока, треба да се испита и можноста за преференцијалите во рамките на автономијата на Регионите во однос на давачките.2.Либерализација на трговијата со земјите од Барцелонскиот процес – не-членки на ЕУ и помеѓу Македонија-ЕФТА и ЕУ Регионалната конвенција за пан-еуро-мед преференцијалните правила за поттекло, кон која пристапи и Република Македонија, го олеснува патот кон либерализација на трговијата со земјите од јужно-источниот медитерански басен и отворање на нови пазари. Тоа, воедено ќе го поттикне и интересот за странските инвестиции. Но за нејзина целосна имплементација потребно е итно да се започне со процес на склучување на билатерални договори за преференцијална трговија со тие земји. Воедно, да се пристапи и кон склучување на конвенции за одбегнување на двојното оданочување, заштита на инвестициите и меѓусебно признавање на јавните исправи и дипломи. За да се зголеми конкурентноста потребно е и да се иницира дијагонална кумулација на потекло помеѓу Република Македонија, ЕФТА и ЕУ.

II. Предлог мерки за финансиската подршка на извозот:

Полесен пристап до финансиските средства и зајакнување на улогата на МБПР во обезбедување разни форми на финасиска поддршка, пред се во осигурувањето на извозот и кај големите извозни компании од Република Македонија Еден од главните предуслови за зголемување на извозните потенцијали на компаниите е пристапот до финансии и зајакнување на улогата на МБПР во обезбедување разни форми на финасиска поддршка на извозните компании. Во соработка со компаниите да се дефинира финансиското портфолио и да се прошират услугите на МБПР која ќе прерасне во вистински поддржувач на развојот на македонскиот извоз. А тоа ќе биде можно со докапитализација на Банката.

III. Визен режим

Олеснување на визните процедури со Руската Федерација, и НР Кина за полесно патување, како и олеснување на визни процедури со земјите од Блискиот Исток и со земјите од Северна Африка Со олеснување на процедурите за издавање на влезните визи на бизнисмените од земјите не членки на ЕУ, во услови на скромната мрежа на покриеноста на регионите со дипломатско конзуларни представништва (како пример, афричкиот континент е усмерен на амбасадата во Каиро) се дава поддршка за освојување на новите пазари, што е од особена важност во услови на економската криза. Од особен интерес е олеснување на процедурата за земјите од Блискиот Исток, Заливот, Централно Азиските земји, Кина и Индија. Исто така, преспоро оди процесот на олеснување на процедури за времените дозволи за престој и работа на странските државјани што посебно негативно влијае врз заинтересираноста на странските инвеститори за унапредување на инвестиционите активности во земјата.

IV. Унапредување на имплементацијата на царинските процедури со цел забрзување на прекуграничниот проток на стоки

Неретка е појавата царинските процедури да не се имплементираат конзистентно на сите гранични премини во Република Македонија, што го забавува и поскапува извозот. И понатаму останува отворено барањето за воспоставување брзи царински линии за земјоделските производи, но и за празните и ТИР камиони. Должината на траење на царинските и контролите на другите инспекциски служби во железничкиот сообраќај е неоправдано долга. Се уште интра-регионалната неповрзаност на граничните процедури директно влијае врз конкурентноста на националниот но и на регионалниот извоз. На тој план потребно е да се најде поддршка од меѓународните финансиски институции и регионално да се решава оваа пречка во економскиот развој и интегрирањето на регионалниот пазар.

ФОКУСИРАНО

Стопанската комора на Македонија со Предлог - мерки за унапредување на извозот

НАТАМОШНА ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА, ФИНАНСИСКА ПОДРШКА, ОЛЕСНУВАЊЕ НА ВИЗНИТЕ И ЦАРИНСКИ РЕЖИМИ, ИНФРАСТРУКТУРА...

Page 5: Бизнис ИНФО број 106 од 13.09.2012 година

БИЗНИС ИНФО 5четврток, 13 септември 2012, Бр. 106

На барање на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија, на 7 септември 2012 година во кабинетот на вицепремиерот, м-р Владимир Пешевски, се одржа работна средба. На средбата присуствуваа претседателот на Советот на странски инвеститори, Даниел Сас, заедно со замениците на претседателот, Вернер Хенгст и Џатин Тракер. Даниел Сас го запозна вицепремиерот со целите и активностите на Советот на странски инвеститори во наредниот период , посочувајќи ја подготвеноста за соработка со Владата со цел подобрување на економското опкружување и создавање на подобра бизнис-клима за постојните , но и за идните странски инвеститори во државата. Вицепремиерот беше запознат со спроведување на исражувањето за постојните проблеми меѓу странските инвеститори во Македонија, издавањето на „Бела книга“ за 2012 година и формирањето на работни групи составени од првите луѓе на странските компании. Работните групи ќе ги детектираат одредените проблеми од даночната, финансиската, имотната сфера , како и оние поврзани со работната сила. Притоа, ќе бидат дадени соодветни препораки, пред се`, користејќи го искуството на рашавање на слични проблеми во земјите од коишто доаѓаат странските инвеститори во земјава. На средбата беше разгледана и можноста од потпишување Меморандум за соработка меѓу Владата на РМ и Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија. И од страна на вицепремиерот беше истакната подготвеноста за соработка и учество на владини претставници на состаноците и настаните што ги организира Советот.

Јадранка Аризанковска

ФОКУСИРАНО

Средба на претседателството на Советот на странски инвеститори со вицепремиерот за економски прашања, м-р Владимир Пешевски

ПОДГОТВЕНОСТ ЗА СОРАБОТКА СО ВЛАДАТА ВО ПОДОБРУВАЊЕ НА БИЗНИС-КЛИМАТА

V. Интрарегионално признавање на сертификационите и акредитационите тела

Овој процес е сместен во процесот на апроксимација на националното со ЕУ законодавството но приоритетите на апроксимацијата во секоја од земјите на ЦЕФТА се различни. Чекањето овој процес да се заврши со влегување на Регионот во ЕУ е неоправдано долг. Затоа е потребно да се почне во процес на билатерално признвање на институциите и документацијата - сертификатите. Можно е и на ниво на регионот, со помош на ЦЕФТА секретаријатот, да се изработи матрица на приоритети за меѓусебно признавање.

VI. Инфраструктура

Се поздравуваат сите обиди на Владата да ја унапреди железничката и патната инфраструктура во земјата, особено во однос на коридорите 10 и 8, но потребно е да се изгради стратегија и за унапредување на приклучници на македонската инфраструктура во однос на железничкиот ланец кој оди по краевите на нашата граница од страна на Бугарија и Грција. Унапредување на инфраструктурата е еден од клучните фактори кои влијаат врз извозната конкурентност на македонскиот извоз но не само на стоките туку и на услугите - логистиката. Се подджува ваков вид на расправи и поради фактот што и оваа расправа претставува претходница на Конференцијата за унапредување на извозот која треба да се одржи во ноември месец оваа година во Скопје. Беше договорено, до Министерството за економија да се достават сите заклучоци и препораки за поддршка и унапредување на извозот, како би се имало платформа за заеднички настап и поддршка на компаниите на гореспоменатата конференција.

Page 6: Бизнис ИНФО број 106 од 13.09.2012 година

БИЗНИС ИНФО6 четврток, 13 септември 2012, Бр. 106

Порака од Годишниот состанок на земјите не-ЕУ-членки на Eurochambres во Загреб, Република Хрватска

СТОПАНСКИТЕ КОМОРИ - НЕЗАМЕНЛИВ ФАКТОР ВО НАДМИНУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКАТА КРИЗА

На 10 септември 2012 година во Стопанската комора на Хрватска во Загреб, се одржа состанок на Асоцијацијата на европските комори. Она што беше потенцирано на оваа средба беше фактот дека стопанските комори се незаменлив фактор во надминување на економската криза. Треба да се користи нивното знаење, моќ, поврзување и меѓусебните искуства. На овој состанок учествуваа коморите од земјите од регионот, коморите од земјите од Европа членки на ЕУ, како и комори од земји не-членки на ЕУ кои се дел од семејството на Eurochambres. Станува збор за традиционален годишен состанок на претставниците на стопанските комори од земјите од регионот, од Источна Европа, државите-членки на ЕФТА, како и претставници од медитеранските земји. Во Загреб на едно место се сретнаа претставници од 10 земји-членки на Eurochambres кои не се во ЕУ: Албанија, Босна и Херцеговина, Белорусија, Црна Гора, Израел, Македонија, Русија, Србија, Турција и Украина. На состанокот на Асоцијацијата на европските комори учествуваше делегација од Македонија, предводена од претседателот на Комората, Бранко Азески. На овој состанок претставниците учесници разменија мислење за актуелната економска ситуација, како и за можностите од меѓусебната соработка. Беше одржан и панел на тема: „Хрватска - следна членка на ЕУ”.

НА САМОТО МЕСТО

Page 7: Бизнис ИНФО број 106 од 13.09.2012 година

БИЗНИС ИНФО 7четврток, 13 септември 2012, Бр. 106

Присутните ги поздравија Алесандро Барберис, претседател на Eurochambres, Рифат Хисарчиклиоглу, заменик-претседател на Eurochambres и претседател на Унијата на турските комори ТОББ, како и домаќинот Надан Видошевиќ, претседател на Стопанската комора на Хрватска. Претседателот на Стопанската комора Хрватската, Видошевиќ, истакна дека е од големо значење средбата на Асоцијацијата на европските комори, посебно во овој период кога Република Хрватска е на портите на ЕУ, односно од следната година ќе стане 28-ма членка на ЕУ. Тој потенцираше дека вистински предизвик за Хрватска ќе биде да се одржи нивото на односите со земјите кои не се членки на ЕУ, а кои се во насока да станат членки на ЕУ, но од друга страна тоа ќе претставува и ризик од ослабнување на конкурентноста во економските односи со соседните земји. Надан Видошевиќ истакна дека се наоѓаме во најтешката економска криза во последните 80 години, која трае веќе 5 години и на која во светски размери не може да и` се одговори. Тој потенцираше дека за сите земји постои посебна одговорност, особено поради губењето работни места, економската стагнација... Поради тоа, од особена важност е размената на искуствата и заедничкото делување на коморите во соработка со владите, но и пошироко е потребно нивно меѓусебно мултилатерално поврзување. Овие активности секако дека би воделе кон вистинскиот пат, а тоа е економски просперитет, подобра деловна клима, повеќе странски инвестиции и подобар животен стандард. Претседателот на Eurochambres, Алесандро Барберис, истакна дека од особена важност е влегувањето на Хрватска во ЕУ, што ќе биде добар сигнал и порака за членките на Асоцијацијата на европските комори дека Хрватска ќе биде активен партнер и дека ќе го проширува нејзиното искуство во земјите од регионот. Тој истакна дека поддршката на Eurochambres е голема преку разните активности, особено преку низате проекти во земјите од Јужна и Источна Европа, како и во Турција, која има големо значење и која е важен фактор во групата на 18 членки на Eurochamres кои не се членки на ЕУ. Потпретседателот на Eurochambres, Рифат Хисарчиклиоглу, во своето обраќање истакна дека Хрватска со нејзиното влегување во ЕУ ќе биде пример за земјите кои стремат кон ЕУ преку спроверувањето на економските реформи. - Сите ние сакаме во Европа која е исполнета со европски вредности, која е отворена за сите оние кои сакаат да се приклучат на ЕУ и кои треба да ги спроведат во своите земји потребните реформи и промени. Особено тука е важна улогата на коморите во поттикнувањето на владите како би се реализирала програмaта на реформите. Тој потенцираше дека Република Турција напорно работела на економските и политичките реформи изминатите години и врз основа на напорната работа остварен е и успех. Од 195 милијарди американски долари во 2001 година, оствариле пораст на 775 милијарди долари во 2011 година. Во 2011 година остварен е раст од 8,5 проценти и отворени се 1,3 милиони нови работни места, а извозот бележи пораст од 10 проценти. Тој потенцираше дека ЕУ мора и понатаму да биде главен извор на инспирација за реформи и мора да се работи на подобрување на регионалната соработка, како и да се подобри материјалната и правната инфраструктура на земјите од регионот. На средбата на Асоцијацијата на европските комори се обрати првиот потпретседател на Владата на Р. Хрватска и министер за економија, Радимир Чачич, кој зборуваше за прокетите кои се значајни за напредокот на Хрватска. Тој ја истакна потребата од уште поголемо регионално поврзување, а посебно го потенцираше значењето на јавно-приватното партнерство. На овој состанок имаше паралелна сесија за важноста на проектите во рамките на Eurochambres, се евалуираа досегашните активности во рамките на проектите и се разменија мислења од сите учесници за следниот период и активности. Инаку, Eurochambres е Асоцијација на европски комори која е основана во 1958 година, со седиште во Брисел. Таа ги изразува интересите на економскиот сектор при институциите на ЕУ. Во мрежата на оваа Асоцијација има повеќе од 20 милиони компании од 45 европски држави кои се групирани преку национални, регионални и локални комори. Сите членки заедно во рамките на Асоцијацијата на европските комори вработуваат над 120 милиони лица.

НА САМОТО МЕСТО

Page 8: Бизнис ИНФО број 106 од 13.09.2012 година

БИЗНИС ИНФО8 четврток, 13 септември 2012, Бр. 106

Рамковната конвенција за контрола на тутун ги доведува во прашање производството на тутун и егзистенцијата

на 33.000 семејства во Македонија

ОПАСНОСТ ДА „ИЗГОРАТ“ 150 МИЛИОНИ ЕВРА

Производството на тутун во Македонија е доведено под знак прашање доколку се реализира Рамковната конвенција за контрола на тутун (РККТ) која ја има потпишано и Македонија уште во 2003 година! За ова алармираат од Здружението на производители на тутун при Стопанската комора на Македонија и од Асоцијацијата на здруженијата. Земјите кои ја потпишаа Конвенцијата се поканети да ги ревидираат нацрт -препораките кои ги поттикнуваат владите постепено да запрат со одгледување на тутун. Земјите произведувачи на тутун треба да го искористат своето право да дадат коментари на овие контроверзни препораки пред да бидат усвоени на следниот состанок на РККТ во Сеул, во ноември 2012 година. Македонија во законски предвидениот рок ги достави своите коментари и забелешки, изјави на прес-конференцијата Кирил Филипоски, претседател на Здружението на производителите на тутун и производи од тутун при Стопанската комора на Македонија (10.9.2012 година). Конвенцијата препорачува да се запре со производство на тутун во насока на заштита на животната средина и да се намали пушењето. Претставниците на тутунарите во Македонија велат дека (се повикуваат и на научни истражувања) производството на тутун не е штетно за човековата околина, ниту има штетни последици по здравјето на луѓето.

Препораки од меѓународната конвенција:1. прекинување на целосна поддршка на владите и

приватниот сектор; 2. одредување на временски периоди кога може и не може

да се одгледува туутн;3. ограничување на површините каде се произведува тутун;4. намалување на производството на тутун.

Земјите, како што беше речено на прес-конференцијата, беа обврзани да ги поднесат своите коментари за предлог-препораките најдоцна до 25 јуни 2012 година. На иницијатива на Стопанската комора на Македонија, односно на Здружението на производители на тутун и производи од тутун, а во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и Министерството за здравство, истите беа доставени до Светската здравствена организација. Во нив беа потенцирани фактите поврзани со одгледувањето на тутунот во државата. Производството на тутун во Република Македонија изнесува просечно (2005-2011 година) 24.687 тони. Во 2011 година се склучени 33.234 договори за производство на тутун, односно речиси 33.000 семејства егзистираат од него, а во тутунското стопанство во постојан работен однос се околу 3.000 лица и 2.000 сезонски вработени. Извозот на тутун и преработки од тутун во вкупниот извоз од земјоделско-прехранбениот сектор се движи од 22,2% до 29,6%, а во вкупниот извоз на државава од 4,0% до 5,0%, - вели Васко Ристовски од Стопанската комора на Македонија. По основ на даноци и други давачки исплатени од страна на тутунската индустрија, приближно 30% од државниот буџет на Република Македонија се полни од работењето на тутунските компании присутни во државава, што значи дека директно влијае врз економијата на државата. Одгледувањето тутун е важно занимање за населението

во руралните делови на државата, а ангажираноста и приходот на тутунопроизводителите од Република Македонија уште еднаш се ставени на коцка, што очигледно ќе повлече сериозни економски и социјални последици, особено сега кога нашата земја се соочува со удари од светската економска криза, - посочи Данчо Милески, претседател на Асоцијацијата на здруженија на тутунопроизводители во рамките на Стопанската комора на Македонија. Од сите земјоделски култури исклучиво тутунот е однапред договорно откупен со познати цени, како и исплатен во рок од 30 дена. Моментално не постои друга земјоделска култура што донесува приближен приход по хектар како тутунот, а исто така не постои никаква друга алтернатива за вработување на ова население во други индустриски капацитети. Ако нема производство на тутун, не може да има ни егзистенција за населението кое произведувало тутун, а тоа директно ќе влијае на нарушување на здравјето на населението во руралните средини. Производството на тутун во светот незначително се зголемува. Ако не се произведува во Македонија тоа ќе се произведува во друга држава, која не е потписник на Конвенцијата. Овој став го имаат скоро сите земји во развој и надвор од ЕУ. Само развиените земји го намалуваат производството на тутун без никакви последици за населението. Стопанската комора на Македонија преку Здружението на производителите на тутун и производи од тутун алармира дека со навремена реакција која од самиот почеток ја координира со компаниите- откупувачи, стручната јавност, но и со Министерството за надворешни работи, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за здравство, ќе може да се зачува тутунот како култура и да се избегнат катастрофалните препораки од Конвенцијата. Во таа насока е и настанот што се организира на 14.9.2012 од страна на ITGA (Меѓунаротна асоцијација на одгледувачи на тутун) „Oriental Tobacco Forum - Skopje – Macedonia”, каде како коорганизатор се јавува и Владата на Република Македонија. Ориентален тутун во земјава има посадено на околу 19.000 хектари. Препораките од СЗО преку Конвенцијата бараат намалување на производството на сите видови ориентален тутун. Тутунарите кои се занимаваат со производство на ориентален тутун ќе бидат доведени на работ на егзистенција доколку во ноември на конференцијата за контрола на тутунот во Сеул се усвојат препораките на Светската здравствена организација за намалување на производството на ориентален. Вкупно 176 држави во светот ја имаат потпишано Конвенцијата за контрола на тутунот при Светската здравствена организација. Сите земји, вклучувајќи ја и Македонија, треба да извршат ревидирање на овие препораки, чија конечна верзија ќе биде објавена во среда, на 12.9.2012 година.

ПРЕДУПРЕДУВАЊА

Page 9: Бизнис ИНФО број 106 од 13.09.2012 година

БИЗНИС ИНФО 9четврток, 13 септември 2012, Бр. 106

ПОСЕТИ

Македонија доби усна покана за прием во членство во Организацијата за Црноморската економска соработка (ОЦЕС), во која членуваат 12 земји од регионот и со која се обединува пазар од 500 милиони жители. Поканата ја изнесе лично д-р Исмаил Сафи, пратеник од Истанбул во Турскиот парламент и претседател на турската група во оваа регионална организација во разговор со Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија со неговите соработници. Д-р Исмаил Сафи е на чело на висока парламентарно-стопанската делегација од Турција, во која покрај пет пратеници има и познати турски бизнисмени или челни луѓе од економските институции од оваа земја, чија посета во државава, а посебно разговорите во Стопанската комора на Македонија (6.9.2012 година), се во правец на поспешување на стопанската соработка. Официјално поканата за членство на Македонија во Црноморската економска соработка ќе пристигне наскоро, а со тоа се отвораат широки регионални можности за овдешните компании. -Сакаме да ја видиме Турција меѓу земјите со кои Македонија има најголема меѓусебна трговска размена. Но, нема успешна соработка ако бизнисот не оди во двете насоки и не дава избалансирана размена. Македонија со Турција има значаен трговски дебаланс, а состојбата може да се подобри со реализирање заеднички инвестиции и проекти, - нагласи Антони Пешев. Вкупната трговска размена на Република Македонија, во првите шест месеци од 2012 година, е намалена во однос на 2011 година. Во првото полугодие годинава, изнесува 170,4 милиони САД долари, помалку за 17% во однос на размената во истиот период минатата година. Остварен е извоз во Турција од 27,8 милиони САД долари со намалување од 26%, додека увозот изнесува 142,5 милиони САД долари, со намалување од 14,4%, во однос на истиот период лани. - Актуелнава глобална криза влијаеше негативно врз вкупната надворешно-трговска размена на Република Македонија, како и кај

другите земји во регионов, па и со Турција. Генерално, нивото на размена не задоволува, според можностите што ги имаме за размена меѓу двете земји. Во врска со ова, сакам и во оваа прилика да го истакнам барањето на членките на Стопанската комора на Македонија, за поголем степен на либерализација на Договорот за слободна трговија меѓу Македонија и Турција. – подвлече Антони Пешев. – Тоа може да го зголеми интересот за заенички инвестиции од двете страни. Домаќините ги потенцираа

и поздравија турските компании кои инвестираа во Република Македонија, како што се „ТАВ“ или холдингот „Џевахир Гуруп“, но Антони Пешев го повика и „Шише Џам“ да не се колеба и да ја „одмрзне“ инвестицијата што ја планираше во земјава. -Нашата цел е традиционално добрите историски, културнии и други

односи со Македонија да ги подобриме уште повеќе и во економскиот дел. По осамостојувањето на Македонија голем број турски компании дојдоа како инвеститори. Вашата земја е во центарот на Балканот и таа преднбост треба да се искористи. Големи турски компании ја препознаа оваа предност но, сепак, нашата желба е во наредниот период да ги интензивираме трговските односи. – порача д-р Исмаил Сафи. Во Стопанската комора на Македонија беше извршена презентација на можностите на

одредени региони и компании од Турција кои изразуваат интерес за соработка со земјава, како и на инвестициските потенцијали, технолошките индустриски развојни зони и агроиндустрискиот комплекс на Република Македонија.

Саво Пејчиновски

Парламентарно-стопанска делегација од Турција, предводена од пратеникот д-р Исмаил Сафи, во Стопанската комора на Македонија

ПОКАНА ЗА МАКЕДОНИЈА ЗА ЧЛЕНСТВО ВОЦРНОМОРСКАТА ЕКОНОМСКА ИНИЦИЈАТИВА

Page 10: Бизнис ИНФО број 106 од 13.09.2012 година

БИЗНИС ИНФО10 четврток, 13 септември 2012, Бр. 106

ДОСИЕ

Стопанската соработка меѓу Република Македонија и Република ТурцијаТрговска размена 2011Трговска размена помеѓу РМакедонија и РТурција во периодот јануари-декември 2011 година во САД$

Извоз 2011 Увоз 2011 Вкупноколичина во кг сума во УСА$ количина во кг сума во УСА$ количина во кг сума во УСА$77.133.709,00 73.343.751,00 480.777.741,00 343.882.151,00 557.911.450,00 417.225.902,00

Споредбен приказ на трговската размена со Турција во периодот 01-12.2011 / 01-12.2010 Во МИЛИОНИ САД долари

Вкупна размена Извоз Увоз2010 2011 Индекс 2010 2011 Индекс 2010 2011 Индекс311,2 417,2 134,1 51,0 73,3 143,1 260,3 343,9 132,3

Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Турција во 2011 година достигна вредност од 417,2 милиони САД$, со раст од 34,1% во однос на истиот период од претходната година. При тоа, остварен е извоз во вредност од 73,3 милиони САД$ или раст од 43,1%, додека увозното салдо изнесува 343,8 милиони САД$, што е зголемување од 32,3% споредбено со истиот период од 2010 година. Евидентиран е негативен биланс во трговската размена од 270,6 милиони САД$.

Трговска размена во првите шест месеци од 2012 година Во првото полугодие годинава, вкупната надворешно трговска размена со Република Турија изнесува 170,4 милиони САД долари, помалку за 17% во однос на размената во истиот период лани.Остварен е извоз во Турција од 27,8 милиони САД долари со намалување од 26%, додека увозот 142,5 милиони САД долари, со намалување од 14.4%, во однос на истиот период лани. Иако, актуелнава глобална криза негативно влијаеше врз вкупната надворешно трговска размена , па и со Турција, сепак генереално нивото на размена не задоволува, според можностите кои ги имаме за размена меѓу дветте земји.

Структура по производи во трговската размена Во поглед на застапеноста на производите во размената, во 2011 година, во структурата на извозот најмногу се застапени: • Текстилни материјали и ткаенини - 9,6 милиони САД$, • Мермер и огноотпорни тули – 6,2 милиони САД$, • Феросилициум- 5,3 милиони САД$, • Топло и ладно валани производи од железо и челик – 28 милиони САД$, • Сурови кожи од животни– 5,4 милиони САД$, • Прехрамбени производи - 3,6 милиони САД$,

Во увозното салдо најголемо учество имаат: • прехранбени производи (вклучително зеленчук и овошје) – 12,2 милиони САД$, • руди од никел – 36,3 милиони САД$, • лекови и козметика - 6,3 милиони САД$, • Текстилни предива, ткаенини и теписи – 61,2 милиони САД$, • Нафтени масла – 4,2 милиони САД$, • готови текстилни производи, облека и обувки – 10,6 милиони САД$, • производи од железо и челик – 18 милиони САД$, • електрична опрема и бела техника -12,3 милиони САД$, и др.

Дирекни инвестиции од Турција во МакедонијаПриказ на директни инвестиции од Турција во Македонија (Во мил.евра)

2009 2008 2007 2006 2005 2004 2003 -2,35 42.976.042 34.909.718 27.722.719 25.060.107 26.488.657 18.860.126

Дијагонална кумулација Договорот за дијагонална кумулација за потекло на стоки меѓу Република Македонија и Република Турција, кој стапи во сила на 1 јули 2009 година, е од особено значење за македонските компании од текстилната индустрија, како и за останатите фирми кои користат репроматеријали од оваа земја. Со договорот за дијагонална кумулација се овозможува за готовите производи со македонско потекло, за чие производство се користеле репроматеријали од Турција, да не се плаќаат царински давачки при нивниот увоз во земјите на ЕУ. Со либерализацијата се опфатени сите гранки освен земјоделството и челичната индустрија. Дијагоналната кумулација во текстилната индустрија значи дека во готовиот производ нема да мора да се запазат двете фази на преработки пред добивањето финален производ. Или, со други зборови, овозможено е да се увезе готова ткаенина од Турција, да се конфекционира, доработи во Македонија и да се извезе во ЕУ без царина, како македонски производ или како производ на онаа држава чиј инпут е со најголема вредност.

Page 11: Бизнис ИНФО број 106 од 13.09.2012 година

БИЗНИС ИНФО 11четврток, 13 септември 2012, Бр. 106

ДОСИЕ Измената на ратификуваниот Протоколот кон Договорот за слободна трговија меѓу Република Македонија и Република Турција овозможува во производите добиени во Република Македонија да бидат вклучени недоволно обработени или преработени материјали, со потекло од Република Турција, ЕЗ, и од која било земја од процесот на стабилизација и асоцијација на ЕУ, доколку имаат склучено договори за слободна трговија со Република Турција (Србија, Хрватска, БиХ, Албанија и Црна Гора) или нивните договори за стабилизација и асоцијација имаат соодветни клаузули. Реално, Република Македонија би можела во моментот единствено со Црна Гора да ја применува дијагоналната кумулација во однос со ЕУ. Од кумулацијата се изземeни некои прехранбени производи содржани во Анексот V кон Протоколот. Дополнителното ограничување се односува на Република Турција, а исклучок се земјоделските производи и производи од јаглен и челик. Стопанската комора на Македонија, од 2004 година, во рамките на својот мандат и институционалната соработка со ЕУ и со Република Турција, силно лобираше за оваа измена, оценувајќи дека тоа е исклучително унапредување на конкурентниот капацитет на македонските фирми, особено во текстилната индустрија, и силен поттик за странските инвестиции, вклучувајќи ги и турските. Со измените, Република Македонија полека се приближува кон паневропската кумулација на потеклото, ветена на земјите од

Западен Балкан во 2003 година на Солунскиот самит. Следната фаза е започнување на процесот на либерализација на трговијата со земјите од евромедитеранскто партнерство. Во октомври 2007 година, во Лисабон, ЕУ донесе политичка одлука за приклучување на земјите од Западен Балкан кон паневромедитеранската кумулација на потеклото.

Меѓукоморска и друга институционална соработка на Стопанската комора на Македонија со партнерските организации во Република Турција

• Унијата на коморите за трговија, индустрија, берзи и за поморска трговија (Union of Chamber of Com-merce, Industry, Commodity Excanges and Maritime Chambers of Commerce - TOBB) - повеќедецениска соработка која особено зајакна по формирањето на Асоцијацијата на балканските комори (АБК) во 1994 година. • Во ноември 1995 година, Стопанската комора на Македонија потпиша Спогодба за соработка со Унијата на индустриските и трговски комори и берзи на Турција (ТОББ) во Анкара. • Балкански центар за трговска промоција (Bal-kan Center for Trade Promotion - BCTP) За време на одржувањето на Самитот на шефовите на државите и владите на земјите од Југоисточна Европа, во Анталија, Република Турција, на 13 октомври 1998 година, е потпишан Договор за основање на Балкански регионален центар за промоција на трговијата (БЦТП).

• Во рамките на македонско-турскиот бизнис форум со стопанска делегација од Измир, се реализира институционално поврзување на национално и регионално ниво, преку потпишување Меморандум за соработка помеѓу Трговската комора на Измир од една страна и Стопанската комора на Македонија и регионалните комори од Битола и Охрид од друга страна.• Во септември 2009 година, во рамките на одржување на македонско-турски бизнис форум со стопанска делегација од Трабзон, се потпиша Спогодба за соработка меѓу Трговско-индустриската комора на Трабзон од една страна и регионалните комори на Скопје и Охрид од друга страна. • Во октомври 2009 година, во рамките на одржување на македонско-турски бизнис форум со стопанска делегација од Истанбул, се потпиша Спогодба за соработка меѓу Индустриската комора на Истанбул од една страна и Регионалната комора на Скопје од друга страна. • Стопанската комора на Македонија има воспоставено извонредно добра соработка со канцеларијата на трговското преставништво на Република Турција при Амбасадата на Република Турција во Република Македонија. Благодарение на Претставништвото се реализираат многубројните активности на промоција како на интересите на турските фирми за соработка со Македонија така и преставувања на одделните стопански сектори во Турција. Воглавно со овозможување на учеството на саемските манифестации.

Листа на интернационални договори и интернационални акти од економска природа помеѓу Република Македонија и Турција

Име на договорот Склучен Ратификуван Објавен Влегување во сила

Протокол 2 кон договорот за слободна трговија меѓу Република Македонија и Република Турција

02.12.2005 Скопје 16.05.2007 68/2007 01.08.2007

Протокол за соработка меѓу Република Македонија и Република Турција (ТИКА)

15.03.2005 Анкара 06.12.2005 110/2005 07.11.2007

Договор за слободна трговија меѓу Република Македонија и Република Турција

07.09.1999 Скопје 17.12.1999 83/1999 01.09.2000

Договор за социјално осигурување меѓу Република Македонија и Република Турција

06.07.1998 Скопје 05.02.1999 7/1999 01.07.2000

Меморандум за разбирање меѓу Република Македонија и Република Турција за трговијата со текстилни производи

27.10.1997 Скопје 11.02.1998 9/1998 01.04.1998

Договор меѓу Република Македонија и Република Турција за поттикнување и заемна заштита на инвестициите

14.07.1995 Скопје 30.01.1997 5/1997 27.10.1997

Договор меѓуРепублика Македонија и Република Турција за одбегнување на двојното оданочување по однос на данокот од доход и данокот на капитал

16.06.1995 Анкара 20.09.1995 45/1995 28.11.1996

Спогодба меѓуРепублика Македонија и Република Турција за меѓународен патен сообраќај

27.04.1995 Скопје 20.09.1995 45/1995 04.10.1995

Спогодба за редовен воздушен сообраќај помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција

09.12.1994 Скопје 29.03.1995 19/1995 11.07.1997

Спогодба за трговска и економска оработка меѓу Република Македонија и Република Турција

17.03.1994 Анкара 29.03.1995 19/1995 03.04.1995

Спогодба помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција за туристичка соработка

27.10.1993 Скопје 20.07.2007 45/1995 27.10.1995

БРОЈКИ И ФАКТИ РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА

1. Локација: Југоисточна Европа и Југозападна Азија, граничи со Црното Море, меѓу Грузија и Бугарија, со Егејско и Медитеранското Море, меѓу Грција и Сирија

2.Површина:•Вкупно: 780.580 км2- Земјена површина:770.760 км2- Водена површина: 9.820 км2

3.Граници:• Вкупно: 2.648 км• Земји со кои граничи: Ерменија, Азербеџан, Бугарија, Грузија, Грција, Иран, Ирак, Сирија

4.Главен град: Анкара

5.Население: 76.805.524 (2009)

6.Религија: Муслимани 99.8%, други 0,2%

7. Јазици: Турски, Курдски, Арапски, Ерменски и Грчки

8.Бруто домашен производ (БДП) • БДП куповна моќ: 960,5 милијарди $ (2010) • Стапка на пораст на БДП: 8.2% (2010) • БДП по глава на жител: 12.300 $ (2010)

• БДП по сектори: - Земјоделство: 9.6% - Индустрија: 26.6% - Услуги: 63,8% (2010)

9. Стапка на инфлација: 8.6% (2010)

10. Стапка на невработеност: 12% (2010)

11. Индустрии: Текстил, челик, петролеј, градежништво, хартија, преработка на храна, хартија, рударствo, челик, електроника

12. Стапка на пораст на индустриско производство: 13,1% (2010)

13. Извоз: 121 милијарди$ (2010) •Извозни партнери: Германија 9,6; Велика Британија 5,8%, Италија 5,8%; Франција 6,1%; Ирак 5% (2009) • Извозни производи: прехрамбени производи, текстил, метални производи, транспортна опрема

14. Увоз: 177,3 милијарди$ (2010) • Увозни партнери: Русија 14%; Германија 10; Кина 9%; Италија 5,4%; САД 6,1%; Франција 5% (2009) •Увозни производи: машини, хемикалии, полу готови производи, горива, транспортна опрема

(Извор: ЦИА)

Page 12: Бизнис ИНФО број 106 од 13.09.2012 година

БИЗНИС ИНФО12 четврток, 13 септември 2012, Бр. 106

ЕДУКАЦИЈА

Семинар за новиот Закон за здравствена заштита

АКЦЕНТ НА ПРАВАТА И ОБВРСКИТЕ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ И СОРАБОТНИЦИ Стопанската комора на Македонија на 12.9.2012 година организираше еднодневен семинар на тема: „Аспекти од новиот Закон за здравствена заштита со посебен акцент на статусната положба и правата и обврските на здравствените работници и соработници”. Учесниците беа запознати со значењето на здравствените установи, нивното основање, статусните измени и дозволи за работа на здравствените установи, видови на здравствени установи, управувањето и раководењето со здравствените установи, статусната положба на здравствените работници и здравствени соработници – степен на усогласеност со Законот за работни односи како lex general. Особено беше посветено внимание во поглед на вработувањето на здравствените работници и здравствените соработници; прераспоредувањето; правата и должностите; право на синдикално здружување; право на штрајк; членување во политичка партија; одговорност; дисциплинска одговорност; заштита и одлучување за правата и обврските; права и обврски на вработените во здравствени установи кои не се здравствени работници, односно здравствените соработници. Со предавачите д-р Марко Андонов и д-р Зоран Михајловски се одржа и интерактивна разработка на случаи со меѓусебна дискусија меѓу предавачите и учесниците, со цел истите да добијат одговор на сите прашања и дилеми со кои се сретнуваат во пракса. Присутните добија соодветни сертификати за стекнатите знаења и вештини.

Семинар за трудовото законодавство

АКЦЕНТ НА КОЛЕКТИВНОТО ОТПУШТАЊЕ Во Стопанската комора на Македонија на 6 септември 2012 година се одржа еднодневен семинар на тема: “Правата и обврските на работниците, работодавачите и деловните лица (менаџерите) согласно трудовото законодавство, со посебен акцент на колективните отпуштања од деловни причини”. Целта на семинарот беше да се даде комплетна анализа на Законот за работни односи, поединечни прашања кои особено се однесуваа на работните односи и прблемите во секојдневото работење, а со посебен акцент на член 95 од Законот за работни односи – отказ од деловни причини; привремено отстранување на работникот од кај работодавачот; надомест на материјална штета предизвикана на работникот со незаконска одлука со која се одлучува за неговите права од работниот однос; остварување на заштита на правата на работникот – извесни нејаснотии во Законот за работните односи, со посебен акцент во делот на отказот на договорот за вработување; улогата на инспекцијата на трудот според Законот за работните односи; меѓусебен однос на член 54 и 55 од Законот за работни односи со Законот за трговските друштва во делот кој се

Page 13: Бизнис ИНФО број 106 од 13.09.2012 година

БИЗНИС ИНФО 13четврток, 13 септември 2012, Бр. 106

однесува на статусната положба на деловните лица; наградување на менаџерите; договор за уредување за односите меѓу деловните лица; претставување на важноста на менаџерскиот договор; одговорност на деловните лица; партиципација на вработените во управување на друштвото. Предавачите на овој едукативен настан, д-р Зоран Михајлоски, судија на Апелациониот суд – Скопје и д-р Марко Андонов, професор на Факултетот за правни науки при Универзитет „Американ Колеџ“ - Скопје, успеаја комплетно да ја објаснат оваа проблематика, како и да им одговорат на учесниците на сите прашања и проблеми со кои тие се сретнуваат во пракса. Овој едукативен настан беше збогатен и со анализа на случаи во пракса и дебата меѓу предавачите и учесниците. Сите учесници добија сертификати за учество и стекнато знаење на семинарот.

Оценка на бонитетот на клиентите во стопанството

ФОКУС НА ПРОЦЕНКАТА НА РИЗИКОТ Стопанската комора на Македонија, во соработка со Академијата за банкарство и финансии од Република Србија, на 11.9.2012 година, организираше еднодневен семинар на тема: „Оценка на бонитетот на клиентите во стопанството”. Целта на овој едукативен настан беше учесниците да се стекнат со знаења во врска со бонитетот на клиентите во стопанството, да го разјаснат значењето на адекватната проценка на кредитниот бонитет на клиентите во стопанството, врз основа на извршена анализа на квалитативните и квантитативните показатели за работата на клиентот, како и проценка на кредитниот ризик. Знаењата им беа презентирани од страна на Уна Вукоје, експерт за проценка на кредитниот ризик на стопанските субјекти и развој на методологија за проценка на кредитниот ризик. Присутните учесници имаа можност да бидат запознати со значeњето на адекватната оцена на бонитетот на клиентите во стопанството, да вршат квалитативна и квантитативна анализа со студија на случај, да се запознаат со начинот на одобрување на кредитен лимит за клиенти во стопанството, инструментите за обезбедување на побарувањата, како и наплатата и начинот на регулирање на доспеаните побарувања. Целна група на овој семинар беа пред се` вработени од компаниите во комерцијалниот и финансискиот сектор, односно лица кои работат на продажба и оцена на бонитетот на клиенти во стопанството или финансиски аналитичари со работно искуство од 5 години. По извршената презентација од страна на предавачот, како и разработка на практичните примери и меѓусебната дискуција, едукацијата финишираше со доделување на соодветни сертификати кои Стопанската комора на Македонија им ги додели на учесниците за стекнатите знаења. Анита Митревска

ЕДУКАЦИЈА

Page 14: Бизнис ИНФО број 106 од 13.09.2012 година

БИЗНИС ИНФО14 четврток, 13 септември 2012, Бр. 106

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

Во болницата „Филип Втори“ извршени првите кардиохируршки операции на деца во Македонија

ВОДЕЧКИ ВО РЕГИОНОТ ПО ДЕТСКАТА КАРДИОХИРУРГИЈА Првпат во Македонија, во Специјалната болница за хируршки болести „Филип Втори“ на 11.9.2012 година беа оперирани првите три деца на возраст од 6, 10 и 14,5 години со вродени срцеви мани, а со тоа и првпат беа извршени вакви кардиохируршки интервенции по новоформираниот ДРГ систем за детска кардиохирургија. По тој повод, директорите на Фондот, Маја Парнарџиева Змејкова и Џемали Мехази ја посетија болницата „Филип Втори“ и првите деца кои кардиохируршки се третирани во Македонија (а се на товар на ФЗОМ) во присуство на директорот болницата Жан Митрев. Доктор Митрев изјави дека операциите врз трите деца кои тој ги извршил поминале добро и тие се во многу добра состојба постоперативно. Со ова почнува еден нов период за детската кардиохирургија во Македонија. Најголемиот дел од децата ќе можат тука да бидат третирани. Можеби ќе остане еден многу мал дел од децата со тешки аномалии кои можеби ќе треба да се упатат во странство. Болницата „Филип Втори“ по бројот на интервентни процедури кај деца е водечка во целиот регион. Кај трите деца се направени сите испитувања и обиди да се избегне операцијата, меѓутоа кај еден процент од тие детски аномалии тоа не е можно затоа тие беа планирани за операција, посочи д-р Митрев. Директорката на Фондот, Парнарџиева - Змејкова рече дека ова е посебен ден и оти голема гордост и задоволство е што конечно во Македонија почна да се развива детската кардиохирургија. - Трите дечиња се од три националности кои живеат во Македонија-Македонка, Албанче и Ромка. Предвидуваме околу 50 деца кои досега годишно оделе во Софија отсега директно од Детската клиника да се упатуваат во „Филип Втори“. Станува збор за висок квалитет на здравствена услуга. Останува уште еден многу мал сегмент дечиња кои ќе продолжат да бидат упатувани преку Фондот во Софија, додаде Парнарџиева Змејкова. На почетокот на годината, Фондот во преговорите со ПЗУ „Филип Втори“ разговараше за можноста за воведување кардиохируршки интервенции кај детската популација. Согласно динамиката на доедукација на кадрите во кардиохируршкиот оддел во „Филип Втори“ пред извесно време ФЗОМ доби конфирмација дека може да се започне со овој тип интервенции кај децата.

МЕПСО ќе инвестира 1 милион денари во Кочани

СНОУ БОРД ПАТЕКА НА ПОНИКВА Спортско-рекреативниот центар Пониква на Осоговските планини ова а зима ќе добие ски патеки за екстремни спортови. Вредноста на целиот проект достигнува повеќе од еден милион евра, а инвеститор е МЕПСО, истакна на прес- конференција градоначалникот на oпштина Кочани, Ратко Димитровски, по повод денот на ослободувањето на Кочани, 7 септември. - Државната компанија за пренос на електрична енергија МЕПСО отпочнува со градбата на сноу борд патеката на Пониква. Тендерот е веќе завршен, ќе се постават машини за вештачки снег и осветлување на патеката. Комплетната инвестиција е на Владата преку МЕПСО, со финансиски средстава од нивното тековно работење, појасни градоначалникот Димитровски. Се очекува сноу борд патеката да ја користат љубители на екстремните спортови од Кочани и од Пробиштип, но и од другите соседни градови во источниот регион. За наредната недела е закажан почеток на работите на патеката која е лоцирана на надмосрка височина од 1.640 метри.

Page 15: Бизнис ИНФО број 106 од 13.09.2012 година

БИЗНИС ИНФО 15четврток, 13 септември 2012, Бр. 106

„Халк банка“

НОВА ЕКСПОЗИТУРА ВО ШТИП Халк банка ја прошири мрежата на филијали со нова во Штип, со што бројката порасна на 23 во земјава. -На почетокот на годината имавме 20, а сега се 23 филијали. Ние многу веруваме во иднината на Македонија и за тоа да го постигниме треба да бидеме во секој дел во Македонија, рече на отворањето на филијалата генералниот директор на банката Неџет Палачи и додаде дека според Халк банка Македонија е центарот на Балканот каде има одлични можности за инвестирање. - Капиталот на банката сега е 30 милиони евра, а со спојувањето со „Зираат банка“, капиталот ќе изнесува 50 милиони евра, рече тој. Според Палачи Халк банка е отворена за граѓаните, но и за сите компании кои сакаат да инвестираат и да земаат поволни кредити.

„Мекдоналдс“ во Македонија прослави 15 години постоење

КВАЛИТЕТОТ, УСЛУГАТА И ЧИСТОТАТА ЈА„ВКУСИЛЕ“ 8 МИЛИОНИ ПОСЕТИТЕЛИ

„Мекдоналдс“ во Македонија прослави 15 години постоење. Првиот ресторан беше отворен на 6 септември 1997 година од тогашниот претседател Киро Глигоров. Оттогаш до денес низ рестораните на „Мекдоналдс“ во Македонија поминале повеќе од 8 милиони гости. Отворени беа шест ресторани, кои станаа дел од семејството на „Мекдоналдс“, кое има 30.000 ресторани низ светот. Македонците се дел од групата од 64 милиони гости кои го посетиле овој ресторан низ светов. Досега во рестораните „Мекдоналдс“ во Македонија биле вработени 1.500 лица и главен принцип врз кој почива нивната работа е „почитувај ја различноста“. - Минатата година се регистрирани рекордни 1.817.233 трансакции, што би значело околу 3,5 милиони посетители. Во изминатите 15 години демонстриравме вистинско лидерство во нашата индустрија со неизмерна посветеност кон темелните вредности на компанијата: квалитет, услуга и чистота, - вели Владимир Јаневски, генерален менаџер на „Мекдоналдс“. Ирена Гочевска, маркетинг-менаџер на „Мекдоналдс“, истакна дека по повод 15 години јубулеј лансираат нова промоција насловена „Топ цени мени“, во кое влегуваат девет производи, кои ќе се продаваат по 33 денари. - Во услови на криза направивме напор во континуитет да ги понудиме овие производи по драстично намалени цени. Некои се намалени за повеќе од 50%. Со таа понуда сакавме да бидеме сигурни дека сме еден од најевтините „Мекдоналдс“ ресторани во Европа, - рече Гочевска.

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

Page 16: Бизнис ИНФО број 106 од 13.09.2012 година

БИЗНИС ИНФО16 четврток, 13 септември 2012, Бр. 106

Семинар на 13 септември

“АКТУЕЛНИ НОВИНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ”Од 10.00 до 16.00 часот во Стопанска комора на Македонија, сала 4, на Vти кат

(Успешно подготвување на понуди, запознавање со новини,успешно користење на ЕСЈН, електронско поднесување на понуди и учество на е-аукции во 100% објавени огласи и правна заштита во постапките)

Со оглед на фактот дека од 01 јули 2012 година, стапија во сила голем број на измени и дополнувања на Законот за јавни набавки како што се портал мали јавни набавки (објава на сите огласи до 5.000 евра), технички дијалог со понудувачите за набавките над 130.000 евра, негативни референци, квалификациски систем како и објава на огласи за ЈПП (јавно приватно партнерство) и концесии, Стопанската комора на Македонија организира еднодневен семинар со наслов “Успешно подготвување на понудите, запознавање со новините, успешно користење на ЕСЈН, електронско поднесување на понуди и учество на е-аукции во 100% објавени огласи и правна заштита во постапките”. Семинарот ќе се реализира на 13 септември 2012 година (четврток), во периодот од 10.00-16.00 часот, во просториите на Комората (сала 4 на Vти кат).

На семинарот ќе се разгледуваат актуелни теми во јавните набавки, како што се: Ø примена на последните новини во јавните набавки Ø како да се подготви исправна понуда Ø каква документација се користи за поднесување на понуда Ø како најбрзо да дознаете за ново-објавените тендери Ø како да учествувате во постапка која се спроведува по електронски пат Ø што е електронска аукција и како да учествувате на неа Ø што е интегрираниот електронски систем за јавни набавки Ø како се подготвува жалба Ø кои се вашите права во постапката Ø негативни референци

Семинарот е наменет за сите деловни субјекти (економски оператори) кои учествуваат во постапките за јавни набавки, а особено за: Ø лицата кои ги подготвуваат понудите и поднесуваат понудите во хартија, по електронски пат и учествуваат на е-аукции Ø менаџментот кој одлучува за содржината на понудите и вашите права во постапката.

Обучувачи :Обучувачите се експерти од Бирото за јавни набавки. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: Ø книгата „Примена на Законот за јавни набавки во пракса“ -второ издание; Ø работен материјал; Ø ручeк и освежување; Ø сертификат за присуство на семинарот.

Книгата „Примена на Законот за јавни набавки во пракса“ -второ издание ќе ви даде одговор на многу прашања и дилеми: Ø како и каде се објавуваат тендерите? Ø како полесно да ја подготвите вашата понуда? Ø кои документи се потребни за учество во постапката? Ø што е технички дијалог и како се спроведува? Ø Негативна референца и основи за нејзино издавање? Ø како правилно се поднесува понудата? Ø како да се учествува на е-аукција? Ø кои се вашите права во постапката? Ø како и каде да ги заштитите овие права? Ø како да се решат одредени проблеми во пракса?

Контакт лице : Ленче Зикова Тел: ++ 389 2 3244054; Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015; E-адреса: [email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 17: Бизнис ИНФО број 106 од 13.09.2012 година

БИЗНИС ИНФО 17четврток, 13 септември 2012, Бр. 106

Презентација на 14 септември во Кичево

„НОВИТЕ КРЕДИТНИ ЛИНИИ НА МАКЕДОНСКАТА БАНКА ЗА ПОДРШКА НА РАЗВОЈОТ НАМЕНЕТИ ЗА МАЛИТЕ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА„

Регионалната комора со седиште во Кичево во рамките на Стопанската комора на Македонија, а во соработка со Македонската банка за подршка на развојот, организира презнтација на новите кредитни линии наменети за малите и средни претпријатија. Презентацијата ќе се одржи на 14.09.2012 година(петок) со почеток во 10:00 часот во просториите на Бизнис центарот- ДРА-ГО Ресторан Космополитен во Кичево. Контакт: Венера Андриевска, тел.:(02)3244-037; факс:(02)3244-088; e-адреса: [email protected], или Ацо Спасовски, тел(02) 3244444, е-адреса: [email protected]

Презентација на 17 септември во Стопанската комора на Македонија

„АРБИТРАЖАТА КАКО ПОЕФИКАСЕН И ПОБРЗ НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ” Присутните ќе имаат можност да ги продлабочат своите познавања да ги споделат искуствата поврзани со најзначајните прашања поврзани со арбитражното решавање на споровите. На работниот состанок ќе имате можност да се запознаете со предностите на арбитражното судење во однос на судењето од страна на државните судови, признавањето и извршувањето на арбитражните одлуки, како и други актуелни прашања поврзани со постапката пред Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија. Интересна група за оваа работна средба се директорите на компаниите, раководителите на правните сектори во компаниите, вработените во компаниите задолжени за правни работи. Презентациите ќе бидат одржани од страна на претседателот на Постојаниот избран суд – Арбитража, проф. д-р Арсен Јаневски и д-р Горан Рафајловски, потпретседател на Постојаниот избран суд – Арбитража . Промотивен материјал за арбитражата ќе биде поделен на самиот состанок. Презентацијата ќе се одржи на 17 септември 2012 година, со почеток во 13:00 часот, во просториите на Стопанската комора на Македонија, сала 4 на петти кат. Контакт: Венера Андриевска, тел.3244037, е-маил [email protected] или Ацо Спасовски на тел. 3244044 и е-mail [email protected]. и Татјана Штерјова на тел.3244061 и е-маил [email protected]

Семинар на 18 и 19 септември 2012 година

”МЕНАЏМЕНТ НА ОБРТЕН КАПИТАЛ, СТРАТЕГИИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ И ТЕХНИКИ ЗА МЕНАЏМЕНТ НА ЛИКВИДНОСТА”

Од 9:00 до 16.00 часот во Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

Во услови на нестабилни економски состојби не постои поголем предизвик во областа на финансиите од менаџмементот со обртен капитал. Овој семинар ќе ги адресира сите главни прашања поврзани со организирањето и подобрувањето на контролата врз готовинските текови на компаниите, идентификацијата на пропорциите помеѓу различните финансиски функции и воспоставување на ефикасни инвестициски и долговни пристапи, со цел да се обезбеди ефикасен систем на менаџмент со обртен капитал во компанијата, да се развијат успешни стратегии за краткорочна ликвидност, олесни конверзијата на побарувањата во готовина, како и мерење и контрола на трошоците на менаџменмтот со обртен капитал, низ анализа на најдобрите практики од оваа област. На семинарот ќе бидат опфатени следните теми: 1.Менаџмент со обртен капитал - Трансформација на обртниот капитал и циклуси на конверзија - Менаџмент на готови пари и пазарни хартии од вредност - Кредитен менаџмент и управување со побарувањата - Стандарди за кредитирање и политика на наплата на побарувањата - Менаџмент на залихи

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 18: Бизнис ИНФО број 106 од 13.09.2012 година

БИЗНИС ИНФО18 четврток, 13 септември 2012, Бр. 106

2.Стратегии за финансирање на обртните средства и техники за менаџмент на ликвидноста - Извори на краткорочно финансирање - спонтано финансирање, трговски кредит, договорно финансирање и факторинг - Финансирање на обртни средства со краткорочен и долгорочен финансиски микс - Хеџинг стратегија - Конзервативен приод - Агресивна стратегија за финансирање на обртни средства - Мерење на ликвидноста - Техники за менаџмент на ликвидноста - Анализа на практичен пример

Семинарот е наменет за: Ø Повисокиот и средниот менаџмент на компаниите Ø Финансиските директори и вработени во секторот финансии Ø Ревизорите Ø Финансиските аналитичари Ø Бизнис стратези Ø Финансиски консулатнти

Контакт лице : Ленче Зикова Тел: ++ 389 2 3244054;Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 ;E-адреса: [email protected]

Од 19 до 23 септември 2012 година во Хрватска

“КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ И ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА”

ВО ЗАГРЕБ Оваа меѓународна конференција претставува единствена од ваков тип во регионот која преку деловни и стручни анализи е и најважна во област на Енергетска ефикасност. Целта на оваа меѓународна конференција на исто место под ист покрив да се соберат сите институции и експерти во областа на енергетската ефикасност и преку заедничка соработка да допринесат во зголемување на енергетската ефикасност и зголемување на инвестициите во обновливи извори на енергија. Посебен акцент ќе биде ставен на промовирање на принципите на одржлив развој во сите сегменти на општеството на локално, регионално и глобално ниво. Сите заинтересирани за посета на оваа меѓународна конференција може да се пријават најдоцна до 10 септември 2012 година.

Контакт лице : Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064; Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015; E-адреса: [email protected]

Од 20 до 22. септември 2012 во Турција

„EUROASIA PACKING - ISTANBUL 2012„ И “ISTANBUL FOOD-TECH 2012”

Организирана посета на Саемот со обезбедени бесплатни влезници и хотелско сместување. Станува збор за една од поголемите специјализирани меѓународни саемски манифестации од ваков тип, на којашто ќе учествуваат голем број реномирани турски и странски компании. Посетителите на Саемот ќе имаат можност да ги видат производите што турските и странски компании ќе ги пласираат од областа на: системи за автоматизација, полнење вреќи, енокодирање со бар код машини, компресори, подвижни ленти и системи, машини за сушење, флексо-машини за печатење, машини за пакување храна, машини за кеси, регулатори, отпори, машини за сечење, машини за вакуум-пакување, индустриски миксери, артикли за намалување на мувлата, адитиви, пластични суровини, заштитни материјали за пакување, алуминиумско пакување, шишиња, кутии, картони за

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 19: Бизнис ИНФО број 106 од 13.09.2012 година

БИЗНИС ИНФО 19четврток, 13 септември 2012, Бр. 106

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

пакување, флексибилни пакувања (стиропор), стаклена амбалажа, херметички кутии, метално пакување, хартиено пакување, пластични кеси, угостителски прибор за еднократна употреба, дрвена амбалажа, лепила, маркери, пакување рециклиран материјал и др. Во делот на технологијата на храна можат да се видат пекарници, технолгија за пијалоци, безбедност на храната, адитиви, системи за складирање на храна, технологија на пијалаци и течна храна, технологија за млеко и млечни производи, технологија за месо, технологија за слатки и производи од житарки, хигиена и контрола за квалитетот на технологијата за прехранбени адитиви, чување храна, ладење, вентилација и друго. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 20-22.9.2012 година, со автобуски превоз и алтернативно во сопствена режија. Обезбедено е бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во реномиран хотел со 4 или 5 ѕвезди), локален трансфер, како и бесплатни влезници за Саемот. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз - 45 евра), како и организационите трошоци кон Комората (2.950 денари за членки, а 4.720 денари за нечленки на Комората). Заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 5.9.2012 година.

Контакт лице : Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 ;Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015; E-адреса: [email protected]

На 21 септември 2012 година во Стопанска комора на Македонија

МАКЕДОНСКО-ТУРСКИ БИЗНИС-ФОРУМ СО ИНДУСТРИЈАЛЦИ И БИЗНИСМЕНИ ОД РЕГИОНАЛНАТА КОМОРА НА КАРАБУК, ТУРЦИЈА

Делегација од триесетина турски компании, членови на Регионалната трговско-индустриска комора на Карабук, на 21 септември 2012 година ќе ја посети Република Македонија. Нивната цел е да воспостават деловни контакти со македонски компании од различни стопански дејности. Во рамките на нивната посета, Стопанската комора на Македонија организира Македонско-турски бизнис-форум, со цел воспоставување билатерални деловни средби со македонски компании, кои би се јавиле како нивни потенцијални деловни партнери. По завршување на официјалниот дел на Бизнис-форумот, планирани се билатерални разговори меѓу компании од повеќе стопански сектори: особено од металната, дрвната индустрија, градежништво и градежни материјали, индустриски машини и опрема, танкери - цистерни и структуирани производи за превоз на нафтени деривати, мермер, приватни медицински установи и друго. Македонско-турскиот бизнис-форум и деловните средби ќе се одржат на 21 септември 2012 година (петок), со почеток oд 10:00 часот, во хотелот „Holiday Inn“ - Скопје. Пријавување најдоцна до 19 септември 2012 година (среда).

Контакт: Наташа Димеска Стојаноска Контакт: Војкан Николовски Тел:++38923244064 Тел:++38923244068Моб 070/295-439 Факс:++389 2 3244088Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар:(02) [email protected] [email protected]

Од 24 до 29 септември 2012 година во Бугарија

САЕМ ЗА ТЕХНИКА ВО ПЛОВДИВ Меѓународниот саем за техника е еден од најголемите саемски настани во Југоисточна Европа и еден од најголемите индустриско-трговски форуми во Бугарија. Во специјално аранжиран павилјон по повод прославата на 120 годишнината од Првата бугарска земјоделска и индустриска изложба во 1892 година, која ги има поставено темелите на индустриските саеми во Бугарија, ќе има огромна медиумска покриеност и можност компаниите да се промовираат пошироко. На 68. Меѓународен саем за техника ќе учествуваат водечки компании од следните дејности: машиноградба, автомобилска индустрија, транспорт, ИТ, софтвер производи, електроника и електротехника, градежништво, хемиска индустрија, енергетика и екологија. Учесниците ќе ги презентираат најновите иновации и движења во технологијата во рамките на следните меѓународни изложби:

• AQUATECH – водостопанство и технологии; • AUTOTECH – транспорт и опрема за сервисирање на автомобили; • ELTECH – електроника и електротехника; • ENECO – енергетика и екологија;

Page 20: Бизнис ИНФО број 106 од 13.09.2012 година

БИЗНИС ИНФО20 четврток, 13 септември 2012, Бр. 106

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

• INFOTECH – информативни технологии; • INTERMIN EXPO – рударска индустрија; • MACHINE BUILDING – машиноградба; • STROYTECH – градежни материјали, машини и технологии; • CHEMICAL INDUSTRY - хемиска индустрија; • MOTOR SHOW PLOVDIV – салон на автомобили.

Меѓународниот саем во Пловдив е одлична платформа за корисни бизнис-контакти, како за новоформирани, така и за познати компании. Предностите што се нудат на Меѓународниот саем за техника се: • учество од над 900 компании од 25 земји; • 47,165 посетители од 51 земја, вклучувајќи 89% бугарски и 11% странски посетители (во 2011 год.); • претприемачи и партнери сочинуваат 29% од трговските посетители, генерални директори - 11%; директори на оддели - 13%.

Официјално учество е регистрирано од Австрија, Чешка Република, Словачка, Тајван, Грција, Турција, Јужна Африка и Ирак. Компании од Полска, Србија, Германија, Кина и Русија ќе учествуваат на заеднички штандови. Сите заинтересирани македонски компании може да се пријават за учество како излагачи и посетители на саемската манифестација најдоцна до 10 септември 2012 година.

Контакт лице : Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064; Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015; E-адреса: [email protected]

Од 26 до 30 септември во Црна Гора

САЕМ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО ВО БУДВА

Традиционално учесници на оваа меѓународна саемска манифестација се производители и дистрибутери на градежни материјали, градежна столарија и галантерија, системи за вентилација, електро и енергедски уреди и др.. Понудата на Саемот опфаќа производи, проекти, инвестиции и нови решенија во областа на искористување на обновливи извори на енергија. Значаен сегмент на оваа манифестација го прават компаниите кои се занимаваат со производство и дистрибуција на мерни инструменти, регулациона и геодетска опрема, градежна механизација, како и производители на врати, прозорци, браварија и столарија, компании кои се занимаваат со проектирање и софтверски инженеринг, издавачи и продавачи на стручна литература. Работната платформа на учесниците на манифестацијата им овозможува да ги презентираат своите производи, зајакнување на соработката со клиентите, позиционирање на пазарот, унапредување на бизнисот, продажба на производи и услуги, анализа на конкуренцијата. Сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 16 септември 2012 година.

Контакт лице : Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064; Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015; E-адреса: [email protected]

Page 21: Бизнис ИНФО број 106 од 13.09.2012 година

БИЗНИС ИНФО 21четврток, 13 септември 2012, Бр. 106

Од 27 септември до 28 септември 2012 година во Украина“ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ “ ВО КИРОВГРАД

Овој бизнис форум претставува платформа за дијалог со претставниците на државните Украински и меѓународни бизнис органи, кои ќе помогнат во решавање на економскиот развој прашања и подобрување на инвестиционата клима во регионот. Во рамките на форумот, претставници компании ќе можат да развијат дебата за условите и можностите за работа и инвестирање во Украина и регионот Бизнис-форумот нуди можност за директно воспоставување деловни партнерства со најголемите Украински компании и со други компании од Европа, како и за зајакнување на нивните понуди на производи и услуги во регионот. За време на форумот, покрај дискусија за стратегијата за регионален развој, исто така, ќе се формираат посебни одделенија наменети за развој на инженеринг и рударската индустрија, земјоделската и прехрамбената индустрија кака подобрување на енергетскиот потенцијал во регионот. За да воспоставите повеќе трговски, финансиски, технолошки или инвестициски партнерства, приклучете се на повеќе од Украинските и странски компании кои учествуваат во оваа динамична бизнис-средина. Сите заинтересирани за учество на инвестицискиот форум во Украина може да се пријават најдоцна до 16 септември 2012 . Контакт лице : Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 ;Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015; E-адреса: [email protected]

Од 27 до 29.септември во Турција “BURSA AGROCULTURE 2012” И “BURSA 5TH STOCKBREEDING AND EQUIPMENT FAIR“

Станува збор за една од поголемите специјализирани меѓународни саемски манифестации од ваков тип, на којашто ќе учествуваат голем број реномирани турски и странски компании Посетителите на Саемот ќе имаат можност да видат: - земјоделска механизација и технологија, стакленици, системи за наводнување, земјоделски лекови, семиња, саден материјал, хортикултура, цвеќарство, еколошко земјоделство, стаклени градини, агроинформатика, млеко и млечни производи и живинарство. Во областа на сточарството може да се видат: сточарски производи, ветеринарство, лекови и опрема и механизација за сточарство. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 27 - 29 септември 2012 година, со автобуски превоз и алтернативно во сопствена режија. Обезбедени се бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во реномиран хотел со 4 или 5 ѕвезди), локален трансфер, како и бесплатни влезници за Саемот. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз - 45 евра), како и организационите трошоци кон Комората (2.950 денари за членки, а 4.270 денари за нечленки на Комората). Сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 7.9.2012 година.

Контакт лице : Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064; Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015; E-адреса: [email protected]

Од 27 до 29 септември 2012 година во Босна и Херцеговина “САЕМ ЗА ХАЛАЛ” ВО САРАЕВО

Што всушност претставува Халал? Зборот „ХАЛАЛ” потекнува од арапскиот јазик и означува дозволено, допуштено, а неговите принципи се темелат на исламското учење. Халал може да се примени во различни индустриски гранки и системи на работење. Најчеста примена има во производството на храна, пијалаци, во фармацијата, транспортниот сектор, угостителството, туризмот и др. Концептот Халал претставува битен елемент кој позитивно влијае на економскиот развој, научните истражувања и целокупната конкурентност на производите на локално, регионално и меѓународно ниво. Примената на концептот Халал во различните гранки на индустријата во последната деценија е во фаза на континуиран раст. Имајќи го предвид значењето на концептот Халал, од 27 до 29 септември 2012 година во Сараево, Босна и Херцеговина, ќе се одржи Првиот меѓународен саем за Халал. Во рамките на Саемот ќе се одржи и бизнис-форум. Зошто треба да се посети оваа меѓународна саемска манифестација?

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 22: Бизнис ИНФО број 106 од 13.09.2012 година

БИЗНИС ИНФО22 четврток, 13 септември 2012, Бр. 106

Посетителите и излагачите на Саемот ќе можат на едно место, во исто време да се запознаат со широкиот спектар на производи и услуги кои се според Халал-стандардот. Воедно, ќе имаат можност да се запознаат со производителите и да дознаат нешто повеќе за Халал-стандардот, начинот на производство, достапноста на производите. На овој Меѓународен саем ќе се претстават компании од Југоисточна Европа, како и водечки светски производители на прехранбени производи и услуги, според Халал-концептот. Посебно внимание ќе се посвети на угостителството и туризмот, со цел да се привлече што поголемо внимание на туристичките капацитети коишто работат по Халал-стандардот. Во рамките на Саемот ќе се одржи и биснис-форум, на којшто потенцијалните партнери, кои сакаат да остварат соработка со сертифицирани компании ќе можат да разменат искуства со другите учесници, за што ќе биде обезбеден посебен простор за состаноци.

Контакт лице : Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064; Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015; E-адреса: [email protected]

Семинар на 27 септември 2012 година “MАКЕДОНСКИТЕ И EВРОПСКИТЕ БАРАЊА И УСЛОВИ ВО МЕСНАТА И КЛАНИЧНАТА ИНДУСТРИЈА”

Од 10:00 до 16:00 часот во Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат Со цел да се зајакне соработката и довербата помеѓу АХВ и бизнис заедницата и да се подобри безбедноста и квалитетот на месото и производите од месо во Р.Македонија, Стопанската комора на Македонија во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство на организира семинар на тема: „Безбедност и квалитет на месо и производи од месо“. Преку организирањето на семинар од ваков тип целиме подетално да се запознае месопреработувачкиот и кланичниот сектор во Република Македонија со законските барања и услови за производство на безбедно месо и производи од месо. На овој семинар ќе бидат презентирани и образложeни законските рамки во месната и кланичарската индустрија во однос на безбедноста и квалитетот на нивните производи. Предавачи на семинарот се екперти од Агенцијата за храна и ветеринарство. ПРОГРАМА: 1. Благосостојба при одгледување на бројлери. - Предавач: Димитар Терзиевски – Советник за следење на благосостојба на животните во Одделение за благосостојба на животните во Сектор за здравствена заштита и благосостојба на животните 2. Благосостојба на живината за време на транспорт, прием во кланица и за време на колење. - Предавач: Зоран Антовски – Помлад соработник за собирање и анализа на податоци во Одделение за државна инспекција за ветеринарно јавно здравство во Сектор за јавно ветеринарно здравство – Скопје. 3. Благосостојба на животните за време на транспорт, прием во кланица и за време на колење. - Предавач: Елеонора Минова – Официјален ветеринар - Советник во Одделение за државна инспекција за ветеринарно јавно здравство во Сектор за јавно ветеринарно здравство - П.Е. Скопје 4. Микробиолошки критериуми за месо и месни производи. - Предавач: Светлана Колариќ – Официјален ветеринар - Советник во Одделение за државна инспекција за ветеринарно јавно здравство во Сектор за јавно ветеринарно здравство – П.Е. Скопје 5. НАССР во месопреработувачки претпријатија - Предавач: Дарко Петровски – Помлад соработник за собирање и анализа на податоци во Одделение за државна инспекција за ветеринарно јавно здравство во Сектор за јавно ветеринарно здравство - Скопје 6. Услови за увоз на месо и производи од месо - Предавач: Марија Маневска - Стручен соработник на Агенцијата за храна и ветеринарство 7. Означување – (етикетирање) на финален производ. - Предавач: Ленче Јовановска – Раководител на Сектор –Агенцијата за храна и ветеринарство.

Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество. Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 25 септември 2012 година.

Контакт лице : Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 ; Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015; E-адреса: [email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 23: Бизнис ИНФО број 106 од 13.09.2012 година

БИЗНИС ИНФО 23четврток, 13 септември 2012, Бр. 106

На 28 и 29 септември 2012 година

“УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ ЗА МЕНАЏЕРИ”Хотел “Милениум ****”, Охрид

Инвестирањето во човечките ресурси претставува една од најзначајните инвестиции во компаниите, во таа насока, нејзиното управување е посебно значајно од апект на развојот и конкурентската позиција на компаниите. Цели на семинарот: Запознавање на менаџерите/раководителите во компаниите со процесот на управување со човечките ресурси, управување со ефектот и развојот на вработените, како и ефикасно водење на тимови и развојот на проактивна организациска култура. Целни групи: Директори / менаџери на сите нивоа на управување со вработените во претпријатијата. Содржина: Управување со човечките ресурси и вработување -Основна функција на управување со човечките ресурси -Планирање на кадарот -Вработување -Ориентација -Обука Обука и развој на вработените -Обука на вработените -Развој на вработените -Ориентација Управување со учинокот -Процес на управување со учинокот -Мониторинг на учинокот на вработените -Проценка на учинокот на вработените Развој и управување со тимови -Мотивирање и инспирирање на соработниците -Тимски улоги и односи Ефикасно управување -Лидерство -Успешно водење на состаноци -Развој на проактивна организациската култура

Предавач: Драгана Томиќ Филиповиќ е магистер по економија, а исто така има магистрирано на темата “Локален развој на Балканот” на Универзитетот во Тренто, Италија. Нејзината област на експертиза е управување со човечките ресурси, организациски развој и управување со промените, поддршка на локалните и регионалните иницијативи за развој, бизнис обука и предавања на организации и поединци. Драгана Томиќ Филиповиќ има покажано долгорочни резултати во успешното управување на човечки ресурси во големи системи (Ерсте банка Србија, Pharmaswiss), но исто така и во ангажманот со голем број на јавни и невладини организации, вклучувајќи го и Републичката агенција за развој на МСП со својата мрежа на регионални агенции, Стопанската комора на Србија, Стопанската комора на Белград, Регионалната стопанска комора- Ужице, Регионалната стопанска комора- Ваљево, РЕЦ и УНДП-ГЕФ, УСАИД. Работен јазик се семинарот е српскиот јазик. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: Ø работен материјал; Ø ручeк и освежување; Ø сертификат за присуство на семинарот.

Контакт лице : Ленче Зикова Тел: ++ 389 2 3244054, Факс:++ 389 2 3244088

E-адреса: [email protected]

Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074, Факс:++ 389 2 3244088

E-адреса: [email protected]

Од 2 до 4 октомври 2012 година во Босна и Херцеговина

САЕМ НА МЕТАЛИ –“ZEPS INTERMETAL 2012” ВО ЗЕНИЦА На овогодинешното издание на саемската манифестација ќе земат учество производители на руда и суровини за производство на метали, опрема за рударство, металуршки, машини и опрема, полупроизводи од метали, машини, опрема и алати за обработка на метали, опрема за контрола на квалитетот, на материјали, заштита на животната средина и др. Стопанската комора на Македонија, преку Партнерскиот проект ЦЕФТА-ДИХК ќе земе учество на Саемот на заеднички ЦЕФТА-штанд со коморите од регионот на кој македонските компании можат бесплатно да се претстават преку промотивни материјали, брошури и каталози. Стопанската комора на Македонија, од 2-4 октомври 2012 година организира посета и учество на Саемот во Зеница за македонските компании и учество на семинарот на тема: “Како успешно да се извезува во Гeрманија” со еминентни предавачи и експерти од Германија. Сите заинтересирани македонски компании можат да се пријават за посета на саемската манифестација или да достават промотивни материјали за изложување на штандот најдоцна до 15 септември 2012 година.

онтакт лице : Војкан Николовски Тел: ++ 389 2 3244068 ; Факс:++ 389 2 3244088

Call Центар : (02) 15015 ; E-адреса: [email protected]

Контакт лице : Влатко Стојановски Тел: ++ 389 2 3244004; Факс:++ 389 2 3244088

Call Центар : (02) 15015; E-адреса: [email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 24: Бизнис ИНФО број 106 од 13.09.2012 година

БИЗНИС ИНФО24 четврток, 13 септември 2012, Бр. 106

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 4 до 6.10.2012 година прв меѓународен саем на машини за обработка на метал во Република Турција

„MAKTEK EURASIA 2012” ВО ИСТАНБУЛ Во периодот од 4 до 6 октомври 2012 година, во Истанбул, Република Турција, ќе се одржи Меѓународниот саем на машини за обработка на метал – „MAKTEK EURASIA 2012“. Станува збор за една од поголемите специјализирани меѓународни саемски манифестации од ваков тип, дизајниран да ги задоволи меѓународните стандарди, така што овој величествен настан со својата затворена изложба ќе биде сместен на простор од 98.000 метри квадратни, со 12 изложбени сали, 18 соби за состаноци, 11 ресторани и паркинг за 4500 возила. На Саемот ќе учествуваат голем број реномирани турски и странски изложувачи. На Саемот ќе бидат изложени најнови технологии и решенија од областа на индустријата. Ангажираните 38.000 метри квадратни саемски простор од вкупно 40.000, е добар доказ дека „MAKTEK EURASIA 2012“ ќе ја покаже вистинската вредност и значењето за индустријата во целина, како за посетителите, така и за изложувачите на истиот. Овој саем, без сомнение, ќе биде средба на индустрискиот сектор во Евроазија, именуван како специјализиран саем, кој на едно место ќе ги собере професионалните производители со искуство и традиција, како и купувачите. На Саемот ќе бидат изложени: - машински алатки, обработка на метали, заварување на метал, сечење на метал, дупчење на метал, технологија за метал и контрола на квалитет, CAD/CAM технологија, опрема за термичка обработка, CNC машини и опрема за метал и друго; - машини за лим, универзални машини, мерни инструменти, апарати за заварување и резервни делови, транспортни системи, системи за подигање, подмачкување и ладење и др.

Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 4 - 6.10.2012 година. Обезбедено е бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во реномиран хотел со 4 или 5 ѕвезди), локален трансфер, како и бесплатни влезници за Саемот. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон саемскиот организатор „Адонис“ во износ од 125 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз - 45 евра), како и организационите трошоци кон Комората (2.950 денари за членки, а 4.720 денари за не-членки на Комората). Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 21.9.2012 година.

Контакт: Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064, Моб. 070/295-439, Факс:++ 389 2 3244088

Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Контакт: Војкан Николовски Тел: ++ 389 2 3244068, Факс:++ 389 2 3244088

Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Од 4 октомври до 7 октомври 2012 година во Хрватска

САЕМ ЗА ШИРОКА ПОТРОШУВАЧКА ВО ОСИЈЕК Станува збор за една од поголемите специјализирани меѓународни саемски манифестации од ваков тип, на којашто ќе учествуваат голем број реномирани хрватски и странски компании. Посетителите на Саемот ќе имаат можност да ги видат производите што хрватските и странски компании ќе ги пласираат од областа на: - Земјоделството семенски и саден материјал, пр-во на сточна храна, хортикултура, машини и опрема за полјоделство и сточарство, одгледување и нега на стока,овоштарство. - Вода , Почва и Енергија Производтсо на питка вода, управување и лување на водните ресурси, опрема и уреди за производство на питка вода, екологија и испитување на почвата, алтернативни извори на енергија, заштеда на енергија, рационално користење на енергијата, алтернативни извори на енергија и зголемување на енергетската ефикасност, управување со отпад, јакнење на еколошката свест за потребата од здрава храна, водата, почвата и воздухот, во смисла на одржливиот развој, производство на локални производи, - Прехрамбен сектор производство на прехрамбени производи, прехранбената индустрија и производство на еколошки здрава храна, преработка на овошје и зеленчук, производство на ракија и ликери од овошје, производство на месо и месна преработка.

Page 25: Бизнис ИНФО број 106 од 13.09.2012 година

БИЗНИС ИНФО 25четврток, 13 септември 2012, Бр. 106

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

- Домување Производи и опрема за внатресно и надворешно опремување на стамбени објекти, греење, климатизација и вентилација – “Здраво спиење”, технолошки решенија во функција на заштеда на енергијата, алати за домаќинство. - Текстил , кожа и обувки - Здравје и козметика - Осигурување и Банки - Денови на медот во хрватска , одгледување и заштита на пчели, опрема за производство на мед, амбалажа, консултативни предавања. За компании – излагачи пријавени преку Стопанската комора на Македонија е обезбедено 25 % попуст за наем на штанд. Обезбедено е бесплатен влез за компании пријавени преку Стопанската комора на Македонија Обезбедено е сместување/ноќевање од 20 евра по особа за компании пријавени преку Стопанската комора на Македонија. Трошоците за превоз и сместување ги сносат пријавените компании. Овој е интересен, разновиден и високо посетен настан на кој присуствува широка палета на дејности од индустријата, настан кој оваа година ќе собере голем број на изложувачи. Сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 20.9.2012 година.

Контакт лице : Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064; Моб 070/295-439 Факс:++ 389 2 3244088; Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Семинар на 8 октомври 2012 година “РАНИ ЗНАЦИ НА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ВО ПРЕВЕНЦИЈАТА ОД СОЗДАВАЊЕ НА ЛОШИ ПЛАСМАНИ”

Од 9:00 до 17:00 часот во Стопанска комора на Македонија, сала 1, на 5-ти кат Стопанската Комора на Македонија во соработка со Академијата за банкарство и финансии од Република Србија, на 8 октомври 2012 година, организира еднодневен семинар на тема “Рани знаци на предупредување во превенцијата од создавање на лоши пласмани”. Цели на семинарот: За време на семинарот, учесниците ќе имаат можност да осознаат и да научат: • Сеопфатност на моделот на наплата на побарувањата за правните лица • Важноста од соодветна проценка на бонитетот на клиентите (кредитен рејтинг) • Критериумите за утврдување на потенцијално проблематичните клиенти • Начини на решавање на потенцијално проблематичните клиенти • Влијанието на потенцијално проблематичните клиенти во финансиските извештаи на доверителите. Целни групи: Вработени во банките кои работат во секторот- работа со правни лица (ac-count и relationship менаџери), директори на филијали и вработени кои се занимаваат со управување со ризик и наплата на проблематични кредити. Содржина: • Важноста на наплатата на побарувањата во услови на криза • Целосен пристап за наплата на побарувања на клиентите • Анализа на рејтингот и нејзиното значење за потенцијалните проблеми во сервисирање на обврските на клиентите према банката • Важност на мониторингот на фаза детектирање на потенцијалните проблеми • Квалитативни и квантитативни знаци на предупредување • Третман на клиентот по откривање на потенцијални проблеми • Влијание на лошите пласмани врс финансиските извештаи на банката како доверител.

Предавач: Александар Василски дипломирал на Факултетот за бизнис студии, Гренобл, Франција (Grenoble Ecole de Management, France). Тој ја започна својата кариера со Рајфајзен банка АД Белград, во секторот управување со ризици. Во 2007 година поминува во Ерсте банка АД Нови Сад, каде што во 2008 година стана директор на Дирекцијата за управување со ризици за правни лица. Неговите главни области на работа и усовршување се поврзани со прашањето за управување со кредитниот ризик, финансиска анализа, управување со наплатата, управување со стратегиски ризик. За време на неговиот професионални ангажмани, тој работел на многу проекти во земјата и во странство. Работен јазик се семинарот е српскиот јазик.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: Ø работен материјал; Ø ручeк и освежување; Ø сертификат за присуство на семинарот. Рок за пријавување на учеството е до 28 септември 2012 година

Контакт лице : Ленче Зикова Тел: ++ 389 2 3244054, Факс:++ 389 2 3244088

E-адреса: [email protected]

Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074, Факс:++ 389 2 3244088

E-адреса: [email protected]

Page 26: Бизнис ИНФО број 106 од 13.09.2012 година

БИЗНИС ИНФО26 четврток, 13 септември 2012, Бр. 106

Семинар на 9 и 10 октомври 2012 година “ПРИМЕНЕТО ВРЕДНУВАЊЕ И ФИНАНСИСКО МОДЕЛИРАЊЕ СО ПРИМЕНА НА МЕТОДОТ НА ДИСКОНТИРАНИ СЛОБОДНИ ГОТОВИНСКИ ТЕКОВИ “

Од 9:00 до 16.00 часот во Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат Обуката е наменета да обезбеди кај слушателите напредно разбирање на вреднувањето на проекти и компаниите и финансиско моделирање, преку стекнување на вештини за креирање на сеопфатни финансиски модели и анализи на вреднувањето. Семинарот се фокусира на финансиско моделирање на готовинските текови на компаниите со цел создавање на финансиски модели за вреднување на компании и инвестициони проекти - преку интеграција на финансиските извештаи на компаниите и дисконтирање на слободните готовински текови. Стекнатите знаења и вештини се применливи во повеќе области на финансиите - корпоративните финанси, финансиската анализа, оценка на инвестициите, спојувања и припојувања на компании, корпоративно банкарство, фондовите и консалтингот за вреднување. На семинарот ќе бидат опфатени следните теми: 1.Вреднување - Вреднување-поим, мотиви, митови и корисници - Улога на вреднувањето во корпоративни финансии - Пристапи кон вреднувањето 2.Модел на дисконтиран слободен готовински тек (Discounted Free Cash Flow) - Презентирање на моделот на ДСГТ - Ризикот и вреднувањето 3.Вреднување на инвестициони проекти - Предвидување на добивките - Одредување на слободен готовински тек (Free Cash Flow) - Утврдување на дисконтна стапка – метод на WACC - Вреднување на проекти со метод Тек-Главница (Flow to Equity) 4.Вреднување на компании - Имплементација на моделот на ДСГТ - Практично вреднување на компанија од МБИ-10 со метод на ДСГТ

Семинарот е наменет за: Ø Повисокиот и средниот менаџмент на компаниите Ø Финансиски директори и вработени во секторот корпоративни финансии Ø Специјалисти од инвестиционо банкарство Ø Специјалисти за корпоративно банкарство Ø Кредитни аналитичари Ø Претприемачите Ø Специјалисти за управување со средства (Asset Management) Ø Специјалисти за управување со сопствен капитал и фондови Ø Проект менаџери Предавач: Проф.д-р Зоран Ивановски, редовен професор на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје и на Универзитетот на Југоисточна Европа од Тетово, реномиран регионален стручњак од областа на финансискиот менаџмент и предавач со долгогодишно искуство во земјата и странство. Сите заинтересирани учесници за овој семинар можат да се пријават најдоцна до 5 -ти октомври 2012 година.

Контакт лице : Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057;Факс:++ 389 2 3244088

Call Центар : (02) 15015 ;E-адреса: [email protected]

Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074, Факс:++ 389 2 3244088

E-адреса: [email protected]

Семинар од 9 октомври до 27 декември 2012 година “СЕОПФАТНА ОБУКА ЗА ФИНАНСИСКИ МЕНАЏМЕНТ ВО 3 МОДИУЛИ”

Финансискиот менаџмент е од витално значење за секоја компанија, особено за оние кои имаат цел подобрување на профитабилноста, ликвидноста и солвентноста. Целта на обуката е сеопфатна едукација на менаџерите за финансискиот менаџмент, неговиот јазик, алатки и техники, со цел стекнување знаења, вештини и компетенции за нивно ефективно користење во работењето. Обуката е организирана во три модули (нивоа), при што во првиот модул се даваат основите на финансискиот менаџмент и истата е наменета и за финансиски и не-финансиски менаџери. Вториот модул е продолжение на првиот модул и нуди средно ниво на знаења од областа на финансискиот менаџмент преку обработка на поголем број на области и теми, на ниво на додипломски студии на економските факултети. Третиот модул нуди напредни теми од областа на финансискиот менаџмент и обработка на специјални случаеви и анализа на најдобрите практики од оваа област, на ниво на напредни курсеви од областа на корпоративните финансии. Обуката се реализира со користење на алатките на Microsoft Excel и препорачливо е секој слушател да има свој notebook компјутер. За секоја тема се предвидени вкупно по три часа (два часа предавања и еден час практични вежби). На крајот на секој модул, сите учесници ќе се стекнат со Сертификат за успешно завршена обука за Финансиски менаџмент.

МОДУЛ 1: На обуката за Финансиски менаџмент – модул 1:“Финансиски извештаи, финансиска анализа, финансиско планирање, контрола и левериџ“ ќе бидат опфатени следните теми:1. Основи на финансискиот менаџмент

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 27: Бизнис ИНФО број 106 од 13.09.2012 година

БИЗНИС ИНФО 27четврток, 13 септември 2012, Бр. 106

- Цели и функции на финансискиот менаџмент- Претпријатието, капиталот и финансискиот менаџмент- Претпријатието и капиталот- Вложување, трошење и циркулација на средства2. Финансиски извештаи - Елементи на финансиските извештаи- Биланс на состојба- Биланс на успех- Извештај за акумулирана добивка- Извештај за готовинските текови o Готовински текови од оперативни активностиo Готовински текови од инвестициони активностиo Готовински текови од финансиски активности- Данокот и цената на туѓиот капитал3. Финансиска анализа- Анализа на финансиски показатели o Показатели на ликвидностаo Показатели на активностаo Показатели на задолженоста или показатели на левериџотo Показатели на покритиетоo Показатели на профитабилностаo Показатели на пазарната вредностo Анализа на трендотo Дипон (Du Pont) анализаo Компаративни показателиo Корисност и ограничувања на рацио-анализата4. Финансиско планирање- Предвидување (планирање) на продажбата- Планирани (Про Форма) финансиски извештаи – Метод процент на продажба- Анализа на планирањето- Планирање на капацитет- Процес на финансиско планирање- Видови и структура на поединечните планови5. Временска вредностна парите - Концепт на идна вредност- Период на вкаматување- Идна вредност на ануитет- Концепт на сегашна вредност- Сегашна вредност на серија различни и еднакви идни вредности- Пресметка на сегашна вредност на непрекинати парични текови - Пресметка на депозити- Амортизација на заеми- Пресметка на стапката на растеж и на каматната стапка6. Финансиска контрола- буџетирање и левериџ- Анализа на оперативна преломна точкаo Графикон на преломотo Пресметка на преломната точкаo Готовинска оперативна преломна точкаo Употреба на анализата на оперативната преломна точка- Оперативен левериџ- Финансиска преломна анализа- Графикон на преломот- Пресметка на преломот- Финансиски левериџ- Комбиниран оперативен и финансики левериџ- Употреба на левериџот и планирањето во контролата7. Ризик и принос- Ризици и стапки на принос - Дефинирање и мерење на ризикотo Дистрибуција на веројатностаo Мерење на ризикотo Очекувана стапка на приносo Континуирани и дискретни дистрибуции на веројатностаo Стандардна девијација o Информации содржани во стандардната девијацијаo Просек на варијансаo Коефициент на варијација

- Поимно дефинирање на портфолио- Ризик на портфолио- Коваријанса на приносите- Очекуван принос на портфолиото- Модел на карактеристичен правецo Системски ризик мерен со бета- Модел за одредување на цената на вложениот капитал –CAPM- Пазарна линија на хартија од вредност- Импликации врз вреднувањето на претпријатијата

МОДУЛ 2: На обуката за Финансиски менаџмент – модул 2: “Финансиски пазари и инвестиции“ ќе бидат опфатени следните теми:1. Вреднување на хартии од вредност- Вреднување на обврзнициo Стапка на принос до достасувањето (YTM) - Вреднување на акцииo Вреднување на приоритетни акцииo Вреднување на обични акции2. Планирање на долгорочни вложувања (капитално буџетирање)- Карактеристики на инвестиционото одлучување- Постапка за планирање на долгорочните вложувања - Kлучни компоненти на процесот на инвестиционо одлучувањеo Должина на периодот на експлоатацијаo Цена на капиталот наменет за вложувањеo Содржина на финансиските ефектиo Kомпоненти на готовинските текови на инвестицијата3. Kритериуми за оценка на финансиската ефикасност на инвестиционите вложувања - Инвестициони критериуми кои не се базирани врз- концептот на временска вредност на паритеo Период на враќање на инвестицијатаo Просечна стапка на принос на инвестициите- Инвестициони критериуми кои се базирани врз концептот на временска вредност на паритеo Метода на нето сегашна вредностo Методот на индекс на профитабилноста.- Метод на интерна стапка на рентабилност - Ризикот и менаџерските опции за оценка на - исплатливоста на инвестицијатаo Вкупен ризик на проектотo Метод на компјутерска симулацијаo Менаџерски опции4. Долгорочно финансирање- Пазар на капиталo Функции на пазарот на капиталo Учесници на пазарот на капиталo Организација на пазарот на капитал и долгорочни- хартии од вредност- Пазар на долгорочни хартии од вредностo Улогата на инвестиционите банки на примарниот пазар на капиталo Привилегиран уписo Вредност на правото на акцијаo Почетно финансирање- Долгорочни обврски o Термински заемиo Лизингo Долгорочни обврзнициo Преференцијални акции (приоритетни)o Обични акции- Конвертибилни хартии од вредност- Опции o Опции за акции- Варанти 5. Менаџмент со обртен капитал и краткорочно финансирање- Трансформација на обртниот капитал и циклуси на конверзија

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 28: Бизнис ИНФО број 106 од 13.09.2012 година

БИЗНИС ИНФО28 четврток, 13 септември 2012, Бр. 106

- Менаџмент на готови пари и пазарни хартии од вредност- Кредитен менаџмент и управување со побарувањата- Стандарди за кредитирање и политика на наплата на побарувањата - Менаџмент на залихи- Извори на краткорочно финансирањеo Спонтано финансирањеo Обврски према добавувачите (Трговски кредит)o Договорно финансирањеo Факторинг

МОДУЛ 3: На обуката за Финансиски менаџмент – модул 3: “Трошок на капитал и напредни техники на вреднување и структура на капитал“ ќе бидат опфатени следните теми:1. Трошок на капиталот- Одредување на безризична стапка- Трошок на долгот- Трошок на приоритетни акции - Трошок на сопственички капитал (главница)- Пристап со моделот на одредување на цената на вложениот капитал (CAPM)- WACC модел2. Вреднување на хартии од вредност- Вреднување со модел на дисконтирани готовиснки тековиo Дисконтирани слкободни готовински тековиСтапка на принос до достасувањето (YTM) - Релативно вреднување3. Структура на капитал- Теоретски разгледувања за важноста на структурата на капиталот- Трошоци на банкротството - Менаџмент на структурата на капиталот4. Политика на дивиденди- Пасивна во однос на активна политика на дивидендиo Неважност на дивидендитеo Аргументи за важноста на дивидендите- Политика на дивиденда- Дивиденди во акции и поделба на акциите- Откуп на акции - Исплата на дивиденди5. Спојувања и други начини на реструктуирања на претпријатија- Извори на вредноста- Стратешко купување- Преземања, лицитациски понуди и одбрани- Дивестирање- Реструктуирање на сопственоста6. Меѓународен финансиски менаџмент- Оценка на исплативоста на вложувањата и фактори на ризик- Менаџмент со курсните ризициo Фактори кои влијаат на движењето на курсевите7. Специјални теми од областа на финансискиот менаџмент8. Проверка на знаењето

Обуките се наменети за:Ø Повисокиот и средниот менаџмент на компаниитеØ Финансиските директори и вработени во секторот финансии во бизнис секторот, јавната администрација и јавните претпријатијаØ Вработени во секторот сметководство во бизнис секторот, јавната администрација и јавните претпријатијаØ ПретприемачитеØ Финансиските аналитичариØ Бизнис стратезиØ Финансиски консулатнтиØ Специјалисти во секторт за интерна контрола и ревизијаØ Проект менаџериØ Контролни и сметководствени аналитичариØ Дипломирани на факултети за економија, бизнис администрација, информатикаØ Студенти на последипломски студии за економија, бизнис администрација,

информатика

Предавач: Проф.д-р Зоран Ивановски, редовен професор на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје и на Универзитетот на Југоисточна Европа од Тетово, реномиран регионален стручњак од областа на финансискиот менаџмент и предавач со долгогодишно искуство во земјата и странство. Со оглед на фактот дека секој модул претставува заокружена целина, сите заинтересирани учесници можат да се пријават за учество на целиот пакет или ќе одберат пооделни модули зависно од потребите. Динамика на модулите:Октомври, Ноември, Декември 2012 година, (два пати неделно од 15-18.00 часот) , Стопанска комора на Македонија, сала 53 на 4-ти кат

Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Контакт лице : Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Од 13 до 17 октомври 2012 година во Турција

САЕМ ЗА МАШИНЕРИJА ЗА ПРЕРАБОТКА НА ДРВО ВО ИСТАНБУЛ

На површина од околу 34.000 метри квадратни, компаниите ќе имаат можност на исто место и во исто време да се сретнат со над 750 излагачи од Европа и пошироко и да остварат контакт со над 50.000 посетители од целиот свет. Ова претставува одлична можност за учесниците и самите посетители да се запознаат со најновите технолошки достигнувања во од областа на дрвопреработувачката индустрија На Меѓународниот саем за земјоделие поканети се да земат учество сите оние кои се занимаваат со: • производство на големи и мали машини за дрво прераборување • машини и опрема за сечење на дрво • механизација и опрема за индустијата за преработка дрво • Лица кој се занимваат со производство и продажба на производи од дрво На овој меѓународен саем ќе се најдат компании: • Произовдители на мебел • Компании од шумската индустрија • Декорации и мебел • Градежни • Машинерија • Архитектонски бироа • Хемиска индустрија Работната платформа на учесниците на манифестацијата им овозможува да ги презентираат своите производи, зајакнување на соработката со клиентите, позиционирање на пазарот, унапредување на бизнисот, продажба

Page 29: Бизнис ИНФО број 106 од 13.09.2012 година

БИЗНИС ИНФО 29четврток, 13 септември 2012, Бр. 106

на производи и услуги, анализа на конкуренцијата. Присутните ќе имаат одлична можност да се запознаат со најновите технологии во областа на дрвопреработувачката индустрија. Сите заинтересирани македонски компании може да се пријават за учество на саемската манифестација најдоцна до 28 СЕПТЕМВРИ 2012 година. Контакт лице : Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Од 17 до 20 октомври 2012 година во Романија

САЕМ ЗА ТЕХНИКА ВО БУКУРЕШТ Меѓународниот саем за техника во центарот ROMEXPO ќе се претстави заедно со Меѓународниот салон на пронајдоци (ИНВЕТИКА) и Меѓународниот саем за обновливи извори на енергија, конвенционална енергија, опрема и технологии за нафта и природен гас (ЕЕЕ). 38. Меѓународен саем за техника е посветен на следните дејности: • металопреработувачки машини; • индустриски роботи и алатки; • пумпи, компресори, хидраулични машини и алати; • металургија и заварување; • електротехника, електроника и автоматика; • мерење и контрола на уреди и индустриски ИТ-софтвер; • комуникации; • машини и опрема за обработка на пластика; • автомобилски инженеринг, транспорт и складирање.

Минатата година ТИБ беше домаќин на над 10.000 посетители, со над 300 компании од 17 земји на 20.000 квадратни метри изложбен простор на којшто се презентираа компании со најнови технологии и машини. Оваа година ТИБ планира да обезбеди платформа за претставување на најновите технологии и техники за зголемување на квалитетот на производите и услугите по сектори и ефикасноста на специјализирани инвестиции во технологија и опрема. Сите заинтересирани може да се пријават за учество на Саемот најдоцна до 1 октомври 2012 година.

Контакт лице : Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Од 18 до 21 октомври 2012 година во Турција

САЕМ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО ВО АНТАЛИЈА Традиционално учесници на оваа меѓународна саемска манифестација се производители и дистрибутери на градежни материјали, градежна столарија и галантерија, системи за вентилација, електро и енергедски уреди и др. На површина од околу 15.000 метри квадратни, компаниите ќе имаат можност на исто место и во исто време да се сретнат со над 350 излагачи од Европа и пошироко и да остварат контакт со над 28.000 посетители од целиот свет. Ова претставува одлична можност за учесниците и самите посетители да се запознаат со најновите технолошки достигнувања во светот. Зашто баш Анталија??? Анталија е еден од најголемите побарувачи за градежни материјали во Турција. Во моментов има огромна побарувачка за градежни материјали, машини, производи и технологии.Во ово крајбрежен дел на Турција е планирано да се изградат илјадници туристички капацитети и преку 300.000 куќи да бидат реновирани.Нови згради, туристички центри и нови инвестиции се потребни.Оваа меѓународна организација ви ја дава можноста да бидете дел од овие проекти. Понудата на Саемот опфаќа производи, проекти, инвестиции и нови решенија во областа на градежништвото. Значаен сегмент на оваа манифестација го прават компаниите кои се занимаваат со производство и дистрибуција, градежна механизација, како и производители на врати, прозорци, браварија и столарија, компании кои се занимаваат со проектирање и софтверски инженеринг, издавачи и продавачи на стручна литература.

Page 30: Бизнис ИНФО број 106 од 13.09.2012 година

БИЗНИС ИНФО30 четврток, 13 септември 2012, Бр. 106

Работната платформа на учесниците на манифестацијата им овозможува да ги презентираат своите производи, зајакнување на соработката со клиентите, позиционирање на пазарот, унапредување на бизнисот, продажба на производи и услуги, анализа на конкуренцијата. Сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 08 октомври 2012 година.

Контакт лице : Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Од 1 до 3 ноември 2012 година во Турција

САЕМ ЗА ЗДРАВСТВЕН ТУРИЗАМ ВО АНТАЛИЈА Турција како земја домаќин која има голем број на природни термални извори, спа и велнес центри и високо развиени здравствени институции е спремна да даде голем допринос за развојот на здравствениот туризам и за таа цел го организира “Anfas Hetex 2012 4th International Health Tourism Exhibition” Оваа меѓународна манифестација ке биде домаќин на сите производители, трговци и корисници на медицинска и естетска опрема.Меѓународни осигурителни компании, здравствени организации, болници здравствени туристички агенции ќе се најдат на едно единствено место во исто време. На овој меѓународен саем како излагачи ќе се најдат Претставници на: • Здравствени установи • Национални и меѓународни осигурителни компании • Медицински центри • Орални и стоматолошки здравствена центри • Центри за трансплоатација на коса • Центри за диализа • Центри за вештачко оплодување • Центри за геријатрија • Spa & Wellness и таласо центри • Центри за третмани за слабеење • Термални центри • Центри за убавина • Офталмолошки Болниците • Фитнес центри • Spa & Wellness центри • Авиокомпании • Официјални институции и претпријатија • Поврзани здруженија и фондации

Производители на: • медицински материјали и опрема • еколошки производи • дијабетски производи • производи за нега на коса • козметика • производи за нега на лице и тело • ортопедски материјали и опрема • производи за брза помош

Оваа меѓународна саемска организација е местото каде ќе имате можност да се сретнете и да остварите контакти со: • Луѓе вработени во национални и странски осигурителни компании • Управници на болници и лекари • Туристички агенти во област на здравствениот туризам • Менаџери и сопственици на спа и велнес центри • Менаџери и сопственици на хотели • Фризери и козметичари • Нутриционисти • Претствници на спортски и здравствени центри • Менаџери на фарматцефски компании

Присутните ќе имаат одлична можност да се запознаат со најновите производи и технологии во областа на медицинскиот туризам. Сите заинтересирани македонски компании и поединци да се пријават за учество на саемската манифестација најдоцна до 20 октомври 2012 година.

Контакт лице : Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 31: Бизнис ИНФО број 106 од 13.09.2012 година

БИЗНИС ИНФО 31четврток, 13 септември 2012, Бр. 106

Од 15 до 17 ноември 2012 година во Турција

САЕМ ЗА ТРГОВИЈА СО ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК ВО АНТАЛИЈА Ова е единствениот меѓународен саем поддржан од сите турски увозни унии и провинциски дирекции за земјоделски култури, земјоделски комори и слични земјоделски асоцијации. Стопанската комора на Македонија, организира посета и учество на македонски компании со организиран превоз и бесплатно хотелско сместување. На овој саем ќе се сретнат производители и трговци од целиот свет, кои ќе имаат можност да создават нови партнерства и да ги споделат последните технолошки достигнувања. Главни области на кои ќе се базира овој саем ќе бидат целосниот спектар на продукти и технологии поврзани со производство и трговија на земјоделски култури. Неколку причини зошто треба да се посети овој саем:• единствен саем во Турција специјализиран за трговија со овошје и зеленчук;• универзална B2B платформа – можност лично да остварите контакт со сопственици и менаџери на ресторани, хотели, дистрибутери и потрошувачи;• место каде што се разгледуваат и се решаваат актуелните индустриски проблеми;• место каде што се разгледуваат најновите технолошки достигнувања;• Anfaş Fesh не обезбедува само штанд, туку и можност за евалуација и истражување на земјоделските култури;• илјадници производи кои ги покриваат сите потреби на индустријата;• професионална национална и интернационална промоција на активностите;• средба со различни групи на купувачи (сопственици на супермаркети, хотели, асоцијации и други). Ова се само дел од фактите зошто не треба да ја пропуштите можноста да бидете дел од овој саем! Сите заинтересирани македонски компании учеството може да го пријават најдоцна до 5 ноември 2012 година.

За сите учесници ќе биде обезбедено: • 2 бесплатни хотелски ноќевања со доручек; • слободен влез на саемот; • локални транспорт услуги помеѓу хотелот и саемот; • слободен влез во стручни семинари и активности. Трошоците за превоз се на товар на учесникот.

Контакт лице : Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Од 6 до 9 декември 2012 година во Турција

САЕМ ЗА МЕТАЛНА ИНДУСТРИЈА ВО БУРСА Традиционално учесници на оваа меѓународна саемска манифестација се производители и дистрибутери на машини за обработка на метали и луѓе од металната индустрија кој се занимаваат со производство и обработка на метали. На површина од околу 15.000 метри квадратни, компаниите ќе имаат можност на исто место и во исто време да се сретнат со над 370 излагачи од Европа и пошироко и да остварат контакт со над 32.000 посетители од целиот свет. Ова претставува одлична можност за учесниците и самите посетители да се запознаат со најновите технолошки достигнувања во област на металната индустрија. На овој саем ќе се сретнат производители и трговци од целиот свет, кои ќе имаат можност за реализирање нови партнерства и да ги споделат последните технолошки достигнувања.. Главни области на кои ќе се базира овој саем ќе бидат целосниот спектар на продукти и технологии поврзани со производство, обработка и трговија со обоени метали. Понудата на Саемот опфаќа производи, проекти, инвестиции и нови решенија во областа на металната индустрија. Работната платформа на учесниците на манифестацијата им овозможува да ги презентираат своите производи, зајакнување на соработката со клиентите, позиционирање на пазарот, унапредување на бизнисот, продажба на производи и услуги, анализа на конкуренцијата. Сите заинтересирани македонски компании може да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 25 ноември 2012 година.

Контакт лице : Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Page 32: Бизнис ИНФО број 106 од 13.09.2012 година

БИЗНИС ИНФО32 четврток, 13 септември 2012, Бр. 106

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

тел: : (02) [email protected]Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски

Компанија од Словачка бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на соларни панели и опрема за

прочистување на водаВалидност do: 10.10.2012 година

Адвокатска канцаларија од Италија работат за странски клиенти на: имиграција, деловното право, недвижности

и разводи Сега е полесно во Италија да се вклучи друштво со ограничена одговорност благодарение на новата воведена легислатива на 26 јуни од страна на италијанската влада, со цел да се промовира бизнис. Во Стопанската комора на Македонија можете да го

побарате документот во врска со новото законодавство.Валидност do: 10.12.2012 година

Турска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на кондиторски производи

Валидност do: 13.11.2012 година

Грчка компанија бара застапник во Република Македонија на медицински електронски апарати за

мерење на притисокВалидност do: 12.11.2012 година

Хрватска компанија нуди ламинирани дрвени конструкции со должина од 45 м и бара партнери во

Република Македонија за соработкаВалидност do: 12.11.2012 година

Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на печурки

Валидност do: 12.11.2012 година

Компанија од Словачка бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на биогорива произведени од

семе од репкаВалидност do: 12.10.2012 година

Компанија од Словачка бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на огнотпорни садови и

алуминиумски правВалидност do: 12.10.2012 година

Компанија од Индија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на гумени делови за

автомобилска индустријaВалидност do: 13.11.2012 година

Македонска компанија издава магацински простор од 100 до 1000м2 на увозници, дистрибутери и останати

заинтересирани клиенти во областа на трговијата, производството, и услугите

Валидност do: 13.07.2013 година

Компанија од Словачка бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на бои за премачкување на дрво

и заштитни бои за челични производиВалидност do: 13.11.2012 година

Компанија од Словачка бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на опрема за сигнализација на

автопати и тунелиВалидност do: 13.11.2012 година

Германска компанија нуди крафт хартија за вреќи

(хартија со голема јачина).Компанијата нуди хартија со следни услови: месечно

достава до количина од 1.000 тони, од следните производи

1. бездрвна хартија небелена, (за пакување, полу-растеглива);

2. бездрвна, небела хартија, природна NSKХартијата е со дебелина и грамажа од 65 до 120 грама/

м2.Широчина на ролните изнесува 1010 мм.

Дијаметар на ролната е 1250 мм.Големина на ролната 9ракав) 76мм.

Достава на хартијата е во 24 тонски контејнери преку камионски превоз (задно полнење).

Цена на хартијата изнесува 1380 ЕУР за 1 тонВалидност do: 16.11.2012 година

Компанија од Словенија бара застапник во Република Македонија на санитарии од нерѓосувачки челик,

кујнски лавабоа, батерии и дрuga oпремаВалидност do: 16.11.2012 година

Израелска компанија бара да откупува порцолански плочки од Република Македонија,Потреба од 50,000 м2 порцелански хомогени подни плочки димензија

30х30х2.2 см обична светло сива боја –со многу добар квалитет и најконкурентна ценаВалидност do: 16.12.2012 година

Компанија од Индија заинтересирана е за соработка во областа на производство на стаклени шишиња и нуди

машини за производство на иститеВалидност do: 16.12.2012 година

Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на висококвалитетни системи

за амбалажаВалидност do: 16.11.2012 година

Италијанска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на Supertech® уред кој

функционира во резервоарот за гориво на возилата (на бензин или дизел) . Има пет модели со различна

големина во зависност од капацитетот на резервоарот. Референците на уредот се: заштеда на гориво до 12% и

намалување на емисијата на гасови до 75%Валидност do: 17.12.2012 година

Компанија од Романија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на градинарски машини,

електрични косилки за трева, коси за трева на бензин, грeбла и др.

Валидност do: 17.12.2012 година

Компанија од Словенија заинтересирана е да ги застапува македонските компании на саемите што се

одржуваат во Берлин•Изнајмување на просторот

Консултанти::•Планирање

•Реклама•Интернет

•поставување на тезги•шпедиција

•Царинските постапки•Враќање на ДДВ

•следи - продолжение•превод

•проценка на трошоците фер изглед•помош услуги подизведувачи

•помогне со рекламирање во германски и меѓународни публикации

•помош во германското говорно вработените на штандот

•обука на персоналот на штандот•информации за пазарот соодветните индустрии

•услуги на печатот и за односи со јавноста•организирање на конференции за печат

•Управување со настани•помош со сместување и патување, во соработка со

туристички агенции и тур-операториУслуги за бизнис посетители:

•информации за саеми и придружната програма•за продажба на билети

•продажбата на каталозите и каталози ваучери•помош со станбен и патување, во соработка со

туристички агенции и тур-оператори s•информации за градот Берлин

Медиумски сервиси:•соопштенија за јавноста

•прес-конференција•Прес cлики•Прес посети

Валидност do: 17.12.2012 година

Српското претставништво на компатибилни тонери за сите видови на штампачи од брендот COLORLAND бара

дистрибутер во Република МакедонијаВалидност do: 17.11.2012 година

Турска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на електронски мерни

инструменти кои се употребуваат во медицината и лабаратории

инкубатори,стерилизатори,дистилатори,миксер,апарати за дестилирање на вода,опрема за

фототерапијаВалидност do: 17.11.2012 година

Ова е само дел од богатата Понуда и побарувачка на Стопанската комора на

Македонија што може да се превземе од нејзиниот веб порталwww.mchamber.mk

Контакт: Мирјана КоцеваЕ-адреса: [email protected]

Тел:3244-035; Факс: 3244-088

PonudaPobaruva~ka