25
БИЗНИС ИНФО 1 четврток, 28 октомври 2010 Врвните македонски директори се` почесто предупредуваат НА КОМПАНИИТЕ ИМ ФАЛАТ ДОБРИ И ИСКУСНИ МЕНАЏЕРИ! Пораки Број 27 од 28.10.2010 контакт call центар (02) 15015 www.mchamber.mk Членка на: НА ДИПЛОМАТИЈАTA И’ ТРЕБААТ ПРАВНИ ПРОМОТОРИ ЗА ДА ГИ ПОПОЛНАТ ПРАВНИTE ПРАЗНИНИ СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Од многи закони и правилници лиценците заборавени, а инспекцијата недоволно активна ФАНТОМ – ФИРМИ ЗАКАНА ЗА КОРИСНИЦИТЕ НА ЛИФТОВИ Предупредување Бизнис-за едницата бара регулирање на билатералните економски односи со значајните трговски партнери

Бизнис ИНФО бр.27 од 28.10.2010

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Бизнис ИНФО бр.27 од 28.10.2010

Citation preview

Page 1: Бизнис ИНФО бр.27 од 28.10.2010

БИЗНИС ИНФО 1четврток, 28 октомври 2010

Врвните македонски директори се` почесто

предупредуваат

НА КОМПАНИИТЕ

ИМ ФАЛАТ ДОБРИ И ИСКУСНИ

МЕНАЏЕРИ!

ПоракиБрој 27 од 28.10.2010 контакт call центар (02) 15015 www.mchamber.mk

Членка на:

НА ДИПЛОМАТИЈАTA И’ ТРЕБААТ ПРАВНИ

ПРОМОТОРИ ЗА ДА ГИ ПОПОЛНАТ

ПРАВНИTE ПРАЗНИНИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Од многи закони и правилници лиценците заборавени, а инспекцијата недоволно активна

ФАНТОМ – ФИРМИ

ЗАКАНА ЗА КОРИСНИЦИТЕ НА ЛИФТОВИ

Предупредување

Бизнис-заедницата бара регулирање на билатералните економски односи со значајните трговски партнери

Page 2: Бизнис ИНФО бр.27 од 28.10.2010

БИЗНИС ИНФО2 четврток, 28 октомври 2010

НЕДОСТАСУВААТ ДОБРИ И ИСКУСНИ МЕНАЏЕРИ Човечкиот капитал е исклучително важен фактор, кој „мртвата опрема„ и тимовите со работници ги става во функција на производство и силни резултати. Тргнувајќи од земјоделството, каде што имаме исклучително слаби менаџери, па и во останатите сектори. Постои недостиг од добри економисти во комерцијалното и

во финансиското работењена компаниите. И според моето лично искуство, оние компании и системи каде што е изградена добра менаџерска структура успеваат добро и успешно да работат, и покрај сите кризи, а најголемите проблеми се јавуваат токму во оние делови каде што има слаби менаџери.

Во услови на недостиг од менаџери на пазарот, тоа го решавам на тој начин што избирам да ангажирам млади кадри кои со тек на времето и низ работењето ќе се оформат во успешни менаџери. Но, тоа е долгорочен

и тежок процес и не дава можност да се потпреш на тие млади карди во одредени кризни ситуации кога треба да се направат радикални промени, а за кои се потребни искусни менаџери. Отсуството на добри и искусни менаџери ги забавува процесите на консолидација. Истото важи и на ниво на економијата. Има еден куп фирми кои се донесени во лоша состојба, со загуби поголеми од нивниот капитал (!?), токму заради тоа што се многу лошо менаџирани во еден подолг временски период. Тоа важи не само за оние се` уште неприватизирани општествени претпријатија, туку и за консолидирани фирми кои покажуваат исклучително низок профит, или се на работ на преживување. Затоа, од нив ниту можеме да очекуваме да влезат во некаков циклус на модернизација, ниту да инвестираат, ниту, пак, да вработуваат луѓе.

(Минчо Јорданов, претседател на Управниот одбор на „Макстил“)

НЕИЗДРЖЛИВИ ТРОШОЦИ Кај нас нема шанси компанија да создаде доход

со 200.000 администрација. Големи се и другите трошоци што ги наметнуваат општините. Како компанија и` плаќаме 45.000 евра месечно на општината за отпад. Со овие пари може да купиме цело комунално претпријатие.

(Илија Гечев – „ИГМ трејд“)

Покровители

ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА СТОПАНСТВОТО Прво треба Владата дефинитивно да се изјасни по однос на тоа дали ќе ги користи средствата од ММФ и тоа е процес кој што треба да го завршиме во наредните две недели, по разговори и со бизнис заедницата и со експертите. Ако се донесе одлука да се земат овие 400 милиони евра од ММФ, тогаш тие ќе се користат за сите буџетски потреби, вкучително и за финансирање на инфраструктурни проекти, финансирање на отплатата на обврските од претходни кредити и се што е потребно за одржување на ликвидноста на буџетот. Значи нема ограничување од страна на ММФ за што можат да се користат тие средства, тие се составен дел на нашите средства со кои ги затвораме нашите буџетски потреби.

Нашата интенција и приоритет ќе биде во две насоки, прво со овие средства доколку се решиме да ги користиме, да се зголеми делот на инфраструктурни проекти, односно инвестициски проекти што ги финансира државата и во тој дел ние и планираме во буџетот за следната година да има повеќе средства. Второ планираме со овие средства да го минимизираме односно да го сведеме на нула износот на државни записи коишто на нето основа се запишуваат, да не повлекуваме пари од банките преку државни записи, за да може повеќе пари да останат за стопанството и трето е со подобрената ликвидност на буџетот ќе им се помогне на фирмите во односите со државата, ќе се обезбеди редовно плаќање на сите обврски кон државата, односно нема да има потреба од одлагање на извршувањето на проектите или динамиката на плаќање.

(М-р Зоран Ставревски, вицепремиер и министер за финансии во Владата на Република Македонија)

Издвоено

Page 3: Бизнис ИНФО бр.27 од 28.10.2010

БИЗНИС ИНФО 3четврток, 28 октомври 2010

Пишува: Љубица Нури

* За развој на непосредна економска соработка, потребна е сигурност и непречена деловна активност

Република Македонија во 2009 година тргувала со 191 земја, а во првите седум месеци од оваа и од минатата година со 171 земја. Споредбено, во првите седум месеци во 2008, 2009 и 2010 година,

Македонија тргувала во просек со 176 земји и остварила извоз од 2,48 милијарди САД $ (2008), 1,45 милијарди САД $ (2009) и 1,73 милијарди САД $ (2010). Овие бројки бараат проактивен однос за да се надмине падот на извозот и објаснување на состојбите со влијанието на глобалните движења не смет да не` пасивизираат. На седница на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија е заклучено да се преиспитаат состојбите во врска со билатералното уредување на економските односи на Република Македонија со други земји, како фактор кој може да има влијание врз унапредувањето и олеснувањето на трговската размена и привлекувањето на странски инвестиции. Во однос на билатералното регулирање во сферата на економијата, стручната служба на Стопанската комора на Македонија направи анализа за 2009 година за првите 30 земји надворешно-трговски партнери на Република Македонија (Шпанија е триесетта со трговска размена од 87 мил. САД $), земји-членки на ЕУ, ЦЕФТА-земјите од Блиски Исток и од Магреб и пазари за коишто постои интерес за трговско позиционирање. За развој на непосредна економска соработка, потребна е сигурност и непречена деловна активност. Договорите за слободна трговија, за одбегнување на двојното оданочување, заштита на инвестиции, за царинска и соработка на други инспекциски органи во граничните процедури, взаемно признавање на сертификатите за квалитет и техничките стандарди, сертификати за потекло, взаемно признавање на судските одлуки и соработка на судските органи, меѓусебно признавање на јавните документи и исправи (возачки дозволи, школска подготовка...), либерализирани визни процедури – се предуслови за економски раст со зголемување на извозот и привлекување на странски инвестиции.

Договори за одбегнување на двојното оданочувањеи заштита на странски инвестиции

Република Македонија нема договори за одбегнување на двојното оданочување и заштита на странски инвестиции со сите земји со коишто има значајна трговската размена и од кои доаѓаат најголемите инвестиции: Република Грција, Косово, САД. Со Словенија рокот на важење на Допговорот за заштита на странските инвестиции (1996) од 10 години е поминат. Со земјите-членки на ЕУ, оваа материја се регулира на билатерално ниво, и во однос на лисабонските преструктуирања во ЕУ ова прашање

е од особено значење поради единствено претставување и делување на Унијата кон трети земји и на економски план. Од земјите-членки на ЕУ со коишто се остварува позначајна трговска размена, а се` уште немаме билатерално уреден однос по однос на одбегнување на двојното оданочување е Белгија. Во рамките на ЦЕФТА, освен со Косово, двојното оданочување не е регулирано со БиХ, а со Молдавија не е регулирана заштитата на инвестициите. Регулирањето на оваа материја во однос на Либија, Ирак и Израел е од особено значење како за трговијата, така и за инвестициите и услугите, како што е и регулирањето на заштитата на инвестиците со Катар и со Кувајт.

Евромедитеранско партнерство и други земји од регионот,Блискиот Исток и од Кавказ

Евромедитеранското партнерство - зоната на слободна трговија - подразбира проширување на паневропската кумулација на потеклото и на медитеранскиот базен: Либан, Тунис, Мароко, Сирија, Алжир, Египет, Израел, Јордан, Палестина и Тунис. На Евромедитеранскиот самит, на 21 октомври 2007 година, во Лисабон, министрите за трговија на ЕУ донесоа Декларација во врска со привршувањето на процесот на стопанска интеграција на неевропските земји од Медитеранот во ЕУ. Составен дел на Декларацијата е и точката, за којашто министрите донесоа Одлука, земјите од Западан Балкан да бидат дел од овој процес, да се формира работна група од експерти кои соодветно ќе ја прилагодат регулативата, до рокот за привршување на овој процес, 2010 година. За да се користат најавените привилегии, дијагоналната кумулација на потеклото на стоките, неевропските медитерански земји - Република Македонија - ЕУ, ќе мора претходно да се склучат договори за слободна трговија со земјите од медитеранскиот регион. Романија и Бугарија, во својот претпристапен период имаат склучено такви договори, а Република Хрватска го започна тој процес паралелно со четирите држави од тој регион. Кон создавањето на билатералните односи на слободна трговија со неевропските медитерански земји, Република Македонија треба да изгради однос како составен дел од европската интеграција. Минатата година Министерството за економија ја најави иницијативата, но таа не се разви понатаму.

Либија (која за сега не е во Евромедитеранското партнерство но ќе биде), Ирак, Иран, земјите од Заливот, Азербејџан и Казахстан се потенцијални партнери со коишто е потребно да се либерализира трговијата. Не треба да се чекаат иницијативи од другата страна, туку треба да се настапи проактивно. Тоа го потврдува и активноста на Стопанската комора на Македонија која иницираше воспоставување на институционална соработка со Асоцијацијата на ирачките бизнисмени, (ноември 2009 година) чија делегација ја посети Комората во февруари 2010 година, и по воспоставените деловни контакти, заклучно со мај месец оваа година се извезени 13.698.512 кг свежо јаболко во вредност од 2,7 мил САД $.

Воспоставување инфраструктура на квалитет во Регионот

Компаниите во ЦЕФТА - регионот истакнуваат дека нетарифната бариера во трговијата е взаемно непризнавање на телата за акредитација и сертификати за квалитет и технички стандарди, односно дополнителни/повторни контроли на производите ја намалуваат конкурентноста на производите и се создаваат услови на нелојална конкуренција ви за ви локалните производи. Различниот

Актуелно Бизнис-заедницата бара регулирање на билатералните екононски односи со значајните трговски партнери

НА ДИПЛОМАТИЈАTA И` ТРЕБААТ ПРАВНИ ПРОМОТОРИ ЗА ДА ГИ ПОПОЛНАТ ПРАВНИTE ПРАЗНИНИ

Page 4: Бизнис ИНФО бр.27 од 28.10.2010

БИЗНИС ИНФО4 четврток, 28 октомври 2010

степен на апроксимација на домашното со ЕУ-законодавство во земјите на ЦЕФТА само по себе креира нетарифни бариери кои можат да доведат и до затворање на пазарот во определена ЦЕФТА-земја.

Ваквата состојба оневозможува создавање на регионален производ што е и интенција на ЦЕФТА-спогодбата. ОЕЦД направи анализа на трговските текови на производите во ЦЕФТА и ги идентификува најфреквентните производи во ЦЕФТА-регионот, кои се полупроизводи и се инпути во извозните производи кои се пласираат во регионот или вон него. За овие производи, ОЕЦД предложи владите на ЦЕФТА-државите да постигнат консензус на приоритет во апроксимацијата на техничките и стандардите за квалитет, со цел тие производи да не бидат изложени на нетарифни бариери од таков вид.

Взаемно признавање на сертификатите за потекло

Во трговската размена со земјите од Блиски Исток, Магреб и од централноазиските земји проблем е признавањето на македонскиот сертификат за потекло бидејќи признавањето не е билатерално уредено. Постапката за верификација на сертификат за потекло е сложена: заверки кај нотар, во суд, во Министерството за правда и Министерството за надворешни работи и, на крајот, во амбасадата на земјата-увозник. Најчесто амбасадите се во трети земји што создава додатни трошоци.Стопанската комора на Македонија со Унијата на трговските и индустриски комори на Египет потпиша сподгодба за меѓусебно признавање на потписите и печатите на сертификатите за потекло на стоки и други документи, кои ги следат при увозот и извозот (2003). Иницијативата на двете комори беше поддржана од администрацијата на двете држави и затоа, многу брзо се доби погодност. До Унијата на трговските и индустриските комори на Либија, по потпишувањето на Спогодбата за билатерална коморска соработка, Стопанската комора на Македонија има доставено потписи и печати со коишто се заверуваат сертификатите за потеклото, со цел тие да се разменат. И покрај тоа што оваа постапка е започната во 2006 година, преку Министерството за надворешни работи на Република Македонија, таа се` уште не е завршена - нема информација од либиската ниту од македонската страна. За земјите од Голфот, сертификатите се заверуваат во Софиа, во Амбасада на Египет, која е овластена да ги врши овие заверки. Взаемно признавање на јавните документи и исправи и визните процедури со земјите од Блискиот Исток и МАГРЕБ и други трети земји, како и други конвенции

Непостоењето дипломатско-конзуларни претставништва во земји, освен во Египет и во Катар (од 2006 година), е фактор којшто исто така придонесува за неискористување на можностите

за економска соработка. Покривањето на Република Македонија од дипломатско-конзуларните претставништва на овие земји со седиште во трети, исто така дополнително ги обременува трговските односи: добивањето визи за деловни лица од земји каде што нема македонски амбасади е отежнато со оглед на фактот дека тие, по исполнувањето на процедурите, не можат да ги добијат визите во Македонија на аеродром, или на друг граничен премин, туку морат да одат во трета земја во којашто има македонска амбасада. Прашањето на визниот режим на Република Македонија кон или од тие земји кон Република Македонија дополнително ги обесхрабрува компаниите да започнат соработка. Исто така, проблем се јавува кај Руската Федерација со оглед на нејзината големина и издавање на визи во Москва без можност тие да добијат наша граница. Билатералните конвенции за признавање на јавните исправи би го олесниле секојдневното функционирање на деловните луѓе во услови на немање дипломатско-конзуларни претставништва. Компаниите кои се интересираат за соработка со овие земји, често поставуваат прашања за начинот за одвивање на платниот промет и дали нашите банки имаат директни или кореспондентски односи со банките во регионот.

На унапредувањето на билатералната економска соработа влијае и билатералното уредување на односите во областа на научно-техничката соработка, здравствената заштита, образованието, туризмот и транспортот. При посетата на Стопанската комора на Македонија, таков интерес изразија коморско-стопански делегации од Либија (2006) - соработка во здравството, во смисла вработување на професионален кадар во Либија и во Ирак (2010) - соработка во образованието (остварена средба со ректорот на УКИМ на тема можност за студирање на државниот универзитет), како и можност за лечење. Двете делегации изразија особен интерес за соработка во туризмот.

Предлог-мерки и приоритети

Бизнис-заедницата треба да утврди приоритети во однос на земјите и билатералната инфраструктура којашто треба да се унапреди по однос на одбегнување на двојното оданочување и заштита на инвестициите. На самиот врв на приоритетите треба да се Косово, Република Грција, Белгија, САД и други земји-членки на ЕУ, земјите-потписнички на ЦЕФТА, како и земјите со коишто, засега, немаме значајна трговска размена или инвестиции, но тие претставуваат реален потенцијал, како што се земјите од Блиски Исток и од МАГРЕБ.

Актуелно

СЛОБОДНА ИЛИ ПРЕФЕРЕНЦИЈАЛНАТРГОВИЈА СО РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА

Во групата на 30 најголеми трговски партнери е Руската Федерација со којашто Македонија со години има енормен трговски дефицит поради структурата на трговската размена, со тенденција на натамошен раст. Договор за слободна или преференцијална трговија е долгорочно решение за надминување на овој проблем. Задоволителна опција е и воспоставување на автономна преференцијална трговија со областите во Руската Федерација, со оглед на можноста тие автономно да ги определуваат обласните даноци. Либерализацијата на трговијата со Руската Федерација треба да се согледа и во контекст на регионалната конкурентност. Србија веќе имплементира договор за слободна трговија со Русија и со Белорусија, а потиша и Договор за слободна трговија со Казахстан. Русија, Белорусија и Казахстан веќе функционираат како слободна царинска зона.

Page 5: Бизнис ИНФО бр.27 од 28.10.2010

БИЗНИС ИНФО 5четврток, 28 октомври 2010

Министерството за здравство и Министерството за образование да ги преиспитаат интересите и можностите за воспоставување билатерална правна рамка со Ирак и со Либија за соработка во области за коишто тие имаат надлежности. Либерализацијата на трговијата со Руската Федерација, било на федерално ниво било на локално ниво, треба да биде наш иден приоритет во унапредувањето на билатералната регулаторна инфраструктура. Либерализацијата на трговијата во рамките на евромедитеранското партнерство, односно пристапување кон реализација на политичката одлука на ЕУ земјите од Западен Балкан да се приклучат кон евромедитеранската зона на слободна трговија, треба да биде еден од приоритетите на Владата за

поддршка на македонскиот извоз. За земјите во коишто Република Македонија нема амбасади, да се разгледа можноста за олеснување на процедурите за добивање визи, во смисла, по исполнување на сите услови и претходни процедури, истите да се издадат на граничниот премин. Во однос на натамошна либерализација на трговијата во ЦЕФТА, а со цел да се овозможат услови за создавање регионален производ, што побргу да се имплементира препораката на ОЕЦД за елиминирање на нетарифните бариери од природа на техничките стандарди и квалитет, а како поддршка на извозот и привлекување на странски инвестиции. Со оглед дека процесот на унапредување на билатералната инфраструктура е процес којшто бара време, се предлага, за оние конвенции коишто се од техничка природа, коишто не бараат мериторно преговарање, со одлука на Владата или вербална нота, да се преземат од поранешна СФРЈ додека не се постигнат билатерални конвенции. Уставниот закон на Република Македонија предвидува во периодот на сукцесија земјата да може да ги применува билатералните конвенции и договори од поранешна СФРЈ се` додека не обезбеди сопствени. Всушност, ваквата пракса веќе е применувана (ветеринарна и фитосанитарна соработка со Унгарија...).

(Директор на Дирекцијата за меѓународна соработка, промовирање и информирање)

Актуелно

СКЛУЧЕНИ ДОГОВОРИ ЗА ОДБЕГНУВАЊЕ НА ДВОЈНОТО ОДАНОЧУВАЊЕ И ЗА ЗАШТИТА НА ИНВЕСТИЦИИТЕ, СО ОСТАНАТИТЕ ДРЖАВИ ЧЛЕКИ НА ЕУ

Име на земја Дали има договор за избегнување на двојното оданочување

Дали има договор за заштита на инвестиции

Белгија не да, Сл. весник на РМ бр.23/99

Кипар не не

Чешка да, Сл. весник на РМ бр.7/02 да, Сл. весник на РМ бр.7/02

Данска да, Сл. весник на РМ бр.48/00 не

Естонија да, Сл. весник на РМ бр.55 и 74/09 не

Финска да, Сл. весник на РМ бр. 7/02 да, Сл. весник на РМ бр.7/02

Унгарија да 12/02 да, Сл. весник на РМ бр.12/02

Ирска да, Сл. весник на РМ бр.157/08, 157/09 не

Латвија да, Сл. весник на РМ бр.47/07 не

Литванија да, Сл. весник на РМ бр.103/08 не

Ликсембург не не

Малта не не

Португалија не не

Словачка да, Сл. весник на РМ бр.19/10 и 34/10 да, Сл. весник на РМ бр.150/09

Шведска да, Сл. весник на РМ бр.2/98 да, Сл. весник на РМ бр.31/98

(Табелата ја подготви Елена Милевска)

Page 6: Бизнис ИНФО бр.27 од 28.10.2010

БИЗНИС ИНФО6 четврток, 28 октомври 2010

Актуелно

СКЛУЧЕНИ ДОГОВОРИ ЗА ОДБЕГНУВАЊЕ НА ДВОЈНОТО ОДАНОЧУВАЊЕ И ЗА ЗАШТИТА НА ИНВЕСТИЦИИТЕ, СО НАЈЗАСТАПЕНИТЕ ЗЕМЈИ ВО ТРГОВСКАТА

РАЗМЕНА СО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Име на земја

Дал

и им

а до

гово

р за

из

бегн

увањ

е на

дво

јнот

о од

аноч

увањ

е

Дал

и им

а до

гово

р за

за

шти

та н

а ин

вест

иции

Вкупна размена (САД $) % Извоз

(САД $) % Увоз (САД $) % Покриеност

Вкупно 7.734.642.736,00 71,42 2.691.528.007,00 67,66 5.043.114.729,00 73,6 53,37

Германијада, Сл.

весник на РМ бр. 86/07

да, Сл. весник на РМ

8/97967.878.953,00 8,94 450.384.427,00 11,32 517.494.526,00 7,55 87,03

Србијада, Сл.

весник на РМ бр. 8/97

да, Сл. весник на РМ

бр.69/96734.645.696,00 6,78 337.591.191,00 8,49 397.054.505,00 5,8 85,02

Грција не не 729.180.734,00 6,73 290.012.448,00 7,29 439.168.286,00 6,41 66,04

Италијада, Сл.

весник на РМ бр. 34/97

да, Сл. весник на РМ

бр.34/97579.684.957,00 5,35 217.973.011,00 5,48 361.711.946,00 5,28 60,26

Русија да, 7/98да, Сл.

весник на РМ бр. 7/98

517.553.361,00 4,78 22.535.512,00 0,57 495.017.849,00 7,22 4,55

Бугаријада, Сл.

весник на РМ бр.7/98

да, Сл. весник на РМ

бр. 7/98459.587.664,00 4,24 216.952.987,00 5,45 242.634.677,00 3,54 89,42

Косово не не 324.200.304,00 2,99 314.541.893,00 7,91 9.658.411,00 0,14 3.256,66

Кинада, Сл.

весник на РМ бр.44/99

да, Сл. весник на РМ

бр. 44/99292.652.927,00 2,7 3.243.627,00 0,08 289.409.300,00 4,22 1,12

Турција да, 45/95да, Сл.

весник на РМ бр.5/97

291.510.294,00 2,69 40.764.204,00 1,02 250.746.090,00 3,66 16,26

Хрватскада, Сл.

весник на РМ бр.17/95

да, Сл. весник на РМ

бр.17/95271.061.082,00 2,5 152.719.779,00 3,84 118.341.303,00 1,73 129,05

Словенијада, Сл.

весник на РМ бр. 31/98

да, Сл. весник на РМ бр.55/96 (за 10 години,

но рокот од 10 години е

поминат)

225.147.082,00 2,08 34.267.951,00 0,86 190.879.131,00 2,79 17,95

Швајцаријада, Сл.

весник на РМ бр.55/2000 и

79/2000

да, Сл. весник на РМ

бр.8/97140.533.088,00 1,3 17.383.763,00 0,44 123.149.325,00 1,8 14,12

Босна и Херцеговина не

да, Сл. весник на РМ

бр. 7/02133.174.202,00 1,23 86.643.758,00 2,18 46.530.444,00 0,68 186,21

Холандијада, Сл.

весник на РМ бр.13/99

да, Сл. весник на РМ

бр. 13/99131.956.937,00 1,22 61.532.108,00 1,55 70.424.829,00 1,03 87,37

Романијада, 7/02 и протокол

10/09

да, Сл. весник на РМ

бр. 7/02127.812.678,00 1,18 19.996.428,00 0,5 107.816.250,00 1,57 18,55

САД не не 120.220.077,00 1,11 9.488.957,00 0,24 110.731.120,00 1,62 8,57

Австријада, Сл.

весник на РМ бр.7/02

да, Сл. весник на РМ

бр.7/02119.382.116,00 1,1 19.080.179,00 0,48 100.301.937,00 1,46 19,02

Албанијада, Сл.

весник на РМ бр. 15/98

да, Сл. весник на РМ

бр.16/98108.047.535,00 1 83.949.490,00 2,11 24.098.045,00 0,35 348,37

Велика Британија

да, Сл. весник на РМ

бр.47/07не 105.401.782,00 0,97 42.894.686,00 1,08 62.507.096,00 0,91 68,62

Францијада, Сл.

весник на РМ бр.23/99

да, Сл. весник на РМ

бр. 16/98104.007.033,00 0,96 12.601.248,00 0,32 91.405.785,00 1,33 13,79

Украинада, Сл.

весник на РМ бр. 21/98

да, Сл. весник на РМ

бр. 21/9894.582.253,00 0,87 10.121.330,00 0,25 84.460.923,00 1,23 11,98

Полскада, Сл.

весник на РМ бр. 17/97

да, Сл. весник на РМ

бр. 17/9791.338.747,00 0,84 8.118.389,00 0,2 83.220.358,00 1,21 9,76

Шпанијада, Сл.

весник на РМ бр.96/05

да, Сл. весник на РМ

бр.110/0587.060.839,00 0,8 38.713.816,00 0,97 48.347.023,00 0,71 80,07

(Табелата ја подготви Елена Милевска)

Page 7: Бизнис ИНФО бр.27 од 28.10.2010

БИЗНИС ИНФО 7четврток, 28 октомври 2010

Посети

Република Италија е лулка за производство на мебел во Европа. Соработката меѓу компаниите од двете земји е на завидно ниво и за очекување е дека директните билатерални средби уште повеќе ќе придонесат за зголемување на контактите, - оцени Данчо Велковски, од Здружението на индустријата за преработка на дрво и производство на мебел на Македонско-италијанскиот бизнис-форум, што се одржа во Стопанската комора на Македонија (25.10.2010 година). Според неговите зборови, во Македонија не е добра состојбата со примарното производство, компаниите имаат мал пазар, а населението има слаба куповна моќ. - Оваа средба со компаниите претставници на Федерацијата на дрвна индустрија и производство на мебел од Република Италија ќе биде во насока на настап на македонските компании и на тој пазар, – додаде Данчо Велковски. Федерацијата на дрвна индустрија и производство на мебел од Република Италија, како што ја претстави Матео Тонон, обединува 2.700 компании кои работат со дрво и произведуваат мебел. Во нејзини рамки функционира и канцеларија за поддршка на инвеститорите заинтересирани да инвестираат во други земји во делот на дрвната индустрија. - Се надевам дека италијанските фирми кои се денеска присутни тука ќе најдат партнери за производство на нивните производи во Македонија. Сакаме на лице место да ги видиме овдешните капацитети и затоа сме присутни на оваа средба. Многу е битно инвеститорите да ги запознаат локалните услови за да се одлучат за инвестирање, - посебно нагласи Матео Тонон пред македонските компании присутни на средбата. Претставникот на ИЧЕ, Александар Дамјаноски, потсети дека веќе е целосно искористена кредитната линија од 10 милони евра од италијанската Влада наменета за набавка на технологии за македонските фирми и најави нова кредитна линија со истиот износ. Тој им предложи на македонските бизнисмени да лобираат кај Владата за субвенционирање на дел од каматата за кредитите, бидејќи тие имаа забелешки на висината на каматата за италијанските кредити од 8,5 отсто за оние што веќе користеле таков кредит и 9,5 отсто за оние што за прв пат ќе користат. - Дрвната индустрија во моментов во Македонија е во голема рецесија предизвикана од светската економска криза, но и од „сивата„ економија. Во дрвната индустрија има вработено околу 7.600 лица во 1.200 субјекти, претежно мали и средни претпријатија, кои се доста флексибилни и можат да произведуваат квалитетен мебел конкурентен на странските пазари. Проблем претставува и тешкото доаѓање до евтини кредити, односно кредити со поволни каматни стапки. Кредитите кои што ги нудат комерцијалните банки, нашата економија во овој момент не може да ги издржи. Со оваа Федерација, Стопанската комора на Македонија и Италијанскиот институт за надворешна трговија, ќе организираат и други средби со цел што е можно поголема информираност и размена на искуства меѓу компаниите и развивање на меѓусебната соработка. Во Италија на површина од 3.000 метри квадратни, два пати годишно се одржуваат две големи саемски манифестации за компаниите од дрвната индустрија, на која ќе бидат поканети да учествуваат и македонските компании кои ќе се презентираат со своите производи. За време на билатералните средби, можност за остварување директни контакти имаа 11 италијански и 35 македонски компании. Во 2009 година остварен е извоз од дрвната индустрија од земјава во Италија во вредност од 37 милиони САД долари и увоз од 120 милиони САД долари. Инаку, вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Италија во првите шест месеци од 2010 година бележи раст од 2,3% во однос на претходната година. Извозот е зголемен за 20,7%, а увозот е намален за 7%. Вкупната надворешно-трговска размена на Република Македонија со Република Италија, пак, во 2009 година, достигна вредност од 579,7 милиони САД долари, при што е остварен извоз во вредност од 218 милиони САД долари, додека увозното салдо изнесува 362 милиони САД долари. Трговскиот биланс во 2009 година во размената со Италија е негативен, при што е остварен трговски дефицит од 144 милиони САД долари. Италија е четврт трговски партнер на Македонија, со 60 милиони евра инвестиции. Според интересот, Италијанците се најзинтересирни за вложувњата во енергетиката - обновливи и алтернативни извори, градежништвото, заштита на животната средина и инфраструктура во земјата.

Биљана Пеева

Македонско-италијански бизнис-форум со компании од дрвната индустрија

ИНТЕНЗИВИРАЊЕ НА СОРАБОТКАТА СОВРВНИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА МЕБЕЛ

Page 8: Бизнис ИНФО бр.27 од 28.10.2010

БИЗНИС ИНФО8 четврток, 28 октомври 2010

Посети

Надворешно-трговска размена меѓу Република Македонија и Република Италија

ДО ЈУНИ ИЗВОЗОТ ПОРАСНАЛ ЗА ПЕТТИНА, А УВОЗОТ НАМАЛЕН ЗА 7 ОТСТО

Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Италија во првите шест месеци од 2010 година бележи раст од 2,3% во однос на претходната година. Извозот е зголемен за 20,7%, а увозот е намален за 7%.

Компаративен приказ на трговската размена за периодот01-06.2010 / 01-06.2009

Вкупна размена Извоз Увоз

2009 2010 Индекс 2009 2010 Индекс 2009 2010 Индекс

258.380.325 264.038.455 102,3 86.927.942 104.552.722 120,7 171.452.383 159.485.733 93

Вкупната надворешно-трговска размена на Република Македонија со Република Италија во 2009 година, достигна вредност од 579,7 милиони САД долари, при што е остварен извоз во вредност од 218 милиони САД долари, додека увозното салдо изнесува 362 милиони САД долари. Трговскиот биланс во 2009 година во размената со Италија е негативен, при што е остварен трговски дефицит од 144 милиони САД долари. Италија е четврт трговски партнер на Македонија, со 60 милиони евра инвестиции. Според интересот, Италијанците се најзаинтересирани за вложувањата во енергетиката - обновливи и алтернативни извори, градежништвото, заштита на животната средина и инфраструктура во земјата.

Трговската размена со Италија во 2009 годинаВо 000. САД $

Вкупна размена

Извоз Увоз Биланс

579 684 217 973 361 711 -143 738 Компаративните статистички анализи покажуваат дека обемот на стоковната размена со Италија во 2009 година е за 17,6 отсто понизок од обемот на размената од претходната година. Извозот е намален за 32,1%, а увозот за 5,5%. Падот во извозот од 103 милиони САД $ се должи на четири вида производи: феросилициум, феросиликоманган, фероникел и други топловалани производи од железо за кои во 2009 година не се дадени одделни вредности.

Компаративна анализа на трговската размена со Италија за периодот 2009 / 2008 година

Во 000 САД $

Вкупна размена Извоз Увоз

2008 2009 Индекс 2008 2009 Индекс 2008 2009 Индекс

703 914 579 684 82,4 321 001 217 973 67,9 382 913 361 711 94,5

Во структурата на извозот во 2009 година, најмногу се застапени: обувки и нивни делови во вредност од 68,8 милиони САД $; готови текстилни производи и облека во вредност од 29,8 милиони САД $; прехранбени производи во вредност од 23,6 милиони САД $; апарати за загревање – 7,1 милиони САД $, мермер и травертин од 2,8 милиони САД$. Во увозното салдо најголемо учество имаат: текстилни предива, ткаенини и суровини во износ од 51,8 милиони САД$; кожа (обработена) - 25,2 милиони САД $, нафтени масла и масла добиени од битуменозни минерали - 22,8 милиони САД $, моторни возила за превоз на лица и стока - 11 милиони САД$; машини за пакување и завиткување - 10,4 милиони САД$; делови од обувки - 9,1 милиони САД $; средства за премачкување и лакови - 5 милиони САД$; глазирани керамички плочки - 4,5 милиони САД$ и друго.

Приказ на директни инвестиции од Италија во Македонија (во мил.евра)

2009 2008 2007 2006 2005 2004 2003

3,44 55.544.960 46.504.316 44.386.691 37.688.220 32.094.957 14.966.520

* Извор: Народна банка (Вложувања евидентирани според податоците од платен промет на деловните банки и царински декларации)

РЕПУБЛИКА ИТАЛИЈА

1. Локација: Јужна Европа, полуостровот се простира се` до центарот на Средоземното Море, североисточно од Тунис.2. Површина:Вкупно: 301,230 км2 -Земјена површина 294,020 км2 -Водена површина 7,210 км23. Главен град: Рим

4. Население: 58,126,212 (Јули 2009)

5. Религија: Римски католици 90 %,останати 10% (протестанти, евреи, муслимани)

ЕКОНОМСКИ ПОКАЗАТЕЛИ

1. Бруто-домашен производ (БДП)БДП – куповна моќ: 1,76 милијарди САД $Стапка на пораст на БДП: - 4,8% (2009)БДП по глава на жител: 30.300 САД $ (2009)БДП по сектори: - Земјоделство: 2,1% - Индустрија: 25% - Услуги:72,9 (2009)

2. Стапка на инфлација: 0,6 %(2009)3. Стапка на невработеност: 7,5 % (2009)4. Индустрија: Туризам, машини, железо и челик, хемиска, прехранбена индустрија, автомобилска, облека, обувки, керамика5. Извоз: 369 милјарди САД $ (2009)Партнери: Германија 12,7%; Франција 11,2%; Шпанија 6,5%; САД 6,2%; В. Британија 5,2 (2008)Производи: текстил и облека, машини за производство, моторни возила, транспортна опрема, хемикалии, пијалаци, тутун, облека, храна, минерали6. Увоз: 358,7 милјарди САД $ ( 2009)Партнери: Германија 15,9%, Франција 8,5%, Кина 6,2%, Холандија 5,3%, Либија 4,6%, Русија 4,2% (2008)Производи: Хемикалии, транспортна опрема, енергетски производи пијалоци, метали, минерали, храна, пијалаци, тутун.

Бројки и факти

Page 9: Бизнис ИНФО бр.27 од 28.10.2010

БИЗНИС ИНФО 9четврток, 28 октомври 2010

Посети

Република Македонија и Италија

ДЕЛ ОД БИЛАТЕРАЛНАТА ПРАВНА РЕГУЛАТИВА

Закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Италија за одбегнување на двојното оданочување по однос на данокот од доход и данокот на капитал и за заштита на фискална евазија – МД – 34/97 – 230.

Закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Италија за поттикнување и заемна заштита на инвестици -34/97.

Закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на РМ и Владата на Република Италија за заемно уредување на меѓународниот патен превоз на патници и стока со моторни возила – МД – 44/99 – 31.

Закон за ратификација на Спогодбата за редовен воздушен сообраќај меѓу македонската Влада и Владата на Италија - 28/1997. Закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Македонија и Владата на Италија за реципрочно признавање на конверзијата на возачките дозволи – МД – 59/97 – 1.

Закон за ратификација на Спогодбата за заемна административна помош за спречување, истраги и санкционирање на царински прекршоци меѓу Владата на РМ и Владата на Република Италија – МД – 44/99 – 47.

Закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Македонија и Владата на Италија за консолидирење на одредени долгови – МД – 16/98 – 337. Закон за ратификација на Договорот за соработка во областа на туризмот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Италија – МД – 13/03 – 17.

Италија и светската економска криза

НАЈВИСОК ДРЖАВЕН ДОЛГОД ЦЕЛАТА ЕВРО-ЗОНА

По Германија, Италија е втора европска сила што оствари негативен економски раст и влезе официјално во рецесија кон крајот на 2008 година.Владата на Италија најави заштеди посебно во јавната администрација. Така, платите на државните службеници треба да бидат замрзнати во наредните три години. Државниот дефицит на Италија минатата година изнесуваше 5,3% од бруто-домашниот производ. Стапката на ново задолжување беше дури и помала од европскиот просек. Но, Италија, со цели 115% од бруто-домашниот производ, го има највисокиот државен долг во однос на целата евро-зона.

Намалената побарувачка го натера италијанскиот производител на автомобили „Фијат“ привремено да ги затвори сите свои фабрики во Италија. Продажбата на нови возила во јануари двојно се намалило во споредба со истиот период минатата година.

Page 10: Бизнис ИНФО бр.27 од 28.10.2010

БИЗНИС ИНФО10 четврток, 28 октомври 2010

Посети

Македонско-унгарски бизнис-форум

ИНВЕСТИТОРИ ГО ИСТРАЖУВААТ РЕГИОНОТ� ИЗГЛЕДНИ МОЖНОСТИ ЗА ЗАЕДНИЧКИ БИЗНИС

Асоциjацијата на унгарските инвеститори, во организација на Трговското претставништво на Унагрија, ја испитува инвестиционата клима во Косово, Македонија, Црна Гора и во Албанија. По посетата на Косово, десет унгарски компании беа гости на Стопанската комора на Македонија (26.10. 2010 година) на Македонско-унгарскиот бизнис-форум, при што се запознаа со можностите што ги нуди државата за инвестирање и за водење бизнис, а воедно остварија бизнис-средби со македонски компании. - Веруваме дека и оваа средба ќе биде дополнителен импулс во интензивирањето на билатералната стопанска соработка, којашто, за жал, поради економската криза минатата година беше на удар. Ќе ни требаат дополнителни напори да се вратиме на позициите од 2008 година кога имавме најголема надворешно-трговска размена со Унгарија, но и најголем трговски дефицит, - рече генералниот секретар на Стопанската комора на Македонија, м-р Јелисавета Георгиева на отворањето на Бизнис-форумот. Оценка на Стопанската комора на Македонија е дека „Телеком„ беше добар сигнал во однос на инвестирањето во новите технологии и отворање на нови работни места, но не се исполнија очекувања дека ќе се создаде критична маса на унгарски инвестиции во Македонија, кои би повлекле и други бизниси и би одговориле на потенцијалите на земјата. -Очигледно е дека е потребна поголема поддршка на компаниите од двете страни во градењето на довербата, со цел заеднички да ги развијат претприемничките активности. Во тој дел од работата коморите имаат огромна улога и одговорност. Веруваме дека трговското обединување на Регионот, преку ЦЕФТА-договорот отвора порти за натамошен раст на трговијата и на инвестициите. - нагласи м-р Јелисавета Георгиева. Според заменик-министерот за економија Методиј Хаџи-Васков, постојат значителни можности за трговска соработка меѓу двете држави, а Унгарија е земја петти инвеститор во Македонија со 410,5 милиони евра инвестиции. - Владите на Македонија и на Унгарија се подготвени за сестрана економска соработка меѓу двете држави, а овој вид на соработка ќе биде формализиран преку склучување договор за економска соработка меѓу двете влади, - рече Хаџи-Васков. Заменик-амбасадорот на Унгарија Атила Принтер се надева дека добрите политички односи ќе претставуваат основа за натамошно интензивирање на стопанската размена меѓу двете држави. Вкупната надворешно-трговска размена во 2008 година изнесуваше 87 милиони американски долари, а извозот само 3,8 милиони САД долари. Во првите шест месеци од годинава извозот е 3,4 милиони САД долари, што во споредба со 2009 година значи благ пораст. Транзиционите процеси во Регионот во последните 15 години оставија трага врз билатералната стопанска соработка. Стопанската соработка меѓу двете земји се сведува на трговска размена во извозот на земјоделски и прехранбени производи, електрични уреди, производи од челик, а од увозот на електронски апарати, хемиски суровини, производи од железо и челик и прехранбени и земјоделски производи. Стопанската комора цени дека, покрај трговијата, постои потенцијал за соработка и во областа на менаџментот и информатиката, управувањето со отпад и третман на отпадни води, туризмот и пазарот на недвижности. Искуството на унгарските компании во користењето на европските фондови е исто така можност за унапредување на соработката, па и можност за заеднички настап на трети пазари. По настанот во Комората, унгарските бизнисмени отпатуваа за Албанија, а потоа ќе ја посетат и Црна Гора.

Љубица Нури

РЕПУБЛИКА УНГАРИЈА

Географски показатели

Површина: Вкупно: 93,030 км² (земја: 92,340 км2 ; вода: 690)

Главен град: БудимпештаЛокација: Централна Европа, северозападно од РоманијаГраници: Тотал: 2,171 км (гранични земји: Австрија 366 км, Хрватска 329 км, Романија 443 км, Србија и Црна Гора 151 км, Словачка 677 км, Словенија 102 км, Украина 103 км)Население: 9,930,915 (Јули 2008)Религии: Римокатолици 51.9%, калвинисти 15.9%, лутеранци 3%, грчки католици 2.6%, други христијани 1%, други некласифицирани 11.1%, атеисти 14.5% (2001)Природни ресурси: Боксит, јаглен, природен гас, обработлива земјаЈазици: Унгарски 93,6%, други некласифицирани 6,4% (2001)Валута: Унгарски форинтиАеродроми: Вкупно 46 (2007)

Економски показателиБДП куповна моќ: 186 милијарди САД $ (2009) БДП стапка на пораст: -6,3% (2009)БДП по жител: 18.800 САД $ (2009)БДП по сектори: Земјоделие 2,8%; индустрија 31,5%; услуги 65,7% (2007)Стапка на инфлација: 7,9% (2007)Работна сила: 4,19 милиони (2007)Работна сила по сектори: Индустрија 31,7%, земјоделие 8,8%, услуги 62,5%Невработеност: 10,8% (2009)

Индустрии: Рударство, металургија, градежна индустрија, прехранбена индустрија (преработка на храна), текстил, хемиска (особено фармацевтска индустрија), автомобилска индустрија.Индустриска стапка на пораст: -14.2% (2009)Земјоделски производи: Жито, пченица, компир, шеќерна репа, свинско, говедско месо, живина и млечни производи.Извоз: 82,5 милијарди САД $ (2009)Производи: Машини и опрема, останато производство ,прехранбени производи 6,5%; суровини; гориво и електрична енергија Партнери: Германија 25,5%, Франција 5,4%, Италија 5,7%, Романија 5,3%, Велика Британија 5,4%, Увоз: 75,9 милијарди САД $ (2009)Производи: Машини и опрема 51,6%; останато производство 35,7%; гориво и електрична енергија 7,7%; прехранбени производи 3,1%; суровини 2% (2003)Партнери: Германија 25%, Кина 8.6%, Австрија 8,3%, Русија 7,3%, Италија 5,4%, Холандија 4,7%, Австрија 6,1%, Франција 4.5% (2009)

Бројки и факти

Page 11: Бизнис ИНФО бр.27 од 28.10.2010

БИЗНИС ИНФО 11четврток, 28 октомври 2010

Посети Билатералната стопанска соработка меѓу Република Македонија и Унгарија минатата година беше на удар

ДВОЈНА ЗАДАЧА � ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА МАЛАКСАНАТА РАЗМЕНАТА И НАМАЛУВАЊЕ НА ДЕФИЦИТОТ

Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Унгарија во првите шест месеци од 2010 година достигна вредност од 26,8 милиони САД$, што претставува раст од 6% во однос на истиот период од минатата година. При тоа, остварен е извоз во вредност од 3,4 милиони САД$, додека увозното салдо изнесува 23,4 милиони САД$. Евидентирана е негативен биланс во трговската размена од 19,9 милиони САД$.

Во САД $

Вкупна размена Извоз Увоз

2009 2010 Индекс 2009 2010 Индекс 2009 2010 Индекс

25.277.832 26.796.212 106 1.453.910 3.414.749 233 23.823.922 23.381.463 102

Трговска размена со Унгарија во 2009 година (во САД $)

Извоз Увоз И+У

количина во кг

сума во САД $

количина во кг

сума во САД $

сума во САД $

9.543.548 3.824.267 28.392.085 50.896.240 54.720.547

Вкупната надворешно-трговска размена меѓу двете земји иако во последните неколку години бележи континуиран раст, сепак во 2009 година евидентирани се негативни тенденции како во извозот, така и во увозното салдо. Така извозот за посочениот период изнесува 3,8 милиони САД$, и во споредба со претходната година бележи пад од цели 46,7%. Увозот во 2009 година изнесува 50,9 милиони САД$, со пад од 37%. Ваквите резулатати во трговската размена се резултат на светската економска и финансиска криза која не ги одмина двете држави. Во поглед на застапеноста на производите во размената, во 2009 година најмногу во извозот се застапени: земјоделски и прехранбени производи (1,1 милиони САД $), електрични проточни или акумулациони грејачи на вода (454,000 САД $), заварени цевки кои не се со кружен пресек (416,000 САД $) и др. Во поглед на застапеноста на производите во увозот, во 2009 година најмногу се застапени: електронски апарати и електрични уреди (14 милиони САД$), хемиски суровини и полупроизводи (8 милиони САД$), производи од железо и челик (5,7 милиони САД$), прехранбени и земјоделски производи (4,3 милиони САД$).

СТОКОВНА РАЗМЕНА �2000/2008�Во илјада САД $

2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008

Извоз 1.831 2.557 2.683 2.832 2.189 2.189 6.392 6.684 7.178

Увоз 30.892 17.501 28.521 29.136 30.876 30.988 38.056 55.019 80.564

Вкупно 32.724 20.058 31.205 31.969 33.065 33.177 44.448 61.703 87.743

Трг. салдо -29.061 -14.944 -25.838 -26.304 -28.687 -28.799 -31.664 -48.335 -73.386

Економската приказна на Унгарија

НЕОПХОДНИ РЕФОРМИ ЗА СТАБИЛНОСТ НА ЈАВНИТЕ ФИНАНСИИ

Унгарија ги одржа своите први мултипартиски избори во 1990 година и иницираше слободна пазарна економија. Унгарија се приклучи во НАТО во 1999 година, а во Европската унија во 2004 година.Унгарија направи транзиција од централно планирана во пазарна економија, со БДП по жител од две третини од просекот на 25-те земји во ЕУ. Унгарија продолжи со демонстрирање на силен економски пораст и се приклучи на ЕУ во мај 2004 година. Придобивките од приватниот сектор изнесуваат околу 80% од БДП. Странската сопственост и инвестициите во унгарските фирми се зголемуваат, со комулирање на странски директни инвестиции кои изнесуваат повеќе од 23 милијарди САД $ од 1989 година. Унгарскиот надворешен долг беше надограден во 2000 година и заедно со Чешката Република, го држи највисокиот ранг меѓу останатите централноевропски транзициони економии, но и покрај тоа постои загриженост во однос на нестабилниот унгарски буџет и моменталниот трговски дефицит. Стапката на инфлација се промени од 14% во 1998 на 7% во 2004, до 3,7% во 2006 година, но бележи пораст на 7,8% во 2007 година. Невработеноста се движи од околу 6%, но процентуалното учество на работната сила од 57% е еден од најниските во ОЕЦД. Најголем трговски партнер на Унгарија е Германија. Реформските предизвици вклучуваат намалување на дефицитот во јавниот сектор на 4% од БДП до 2008 година, од околу 6% во 2007 година.Неопходно е Владата да преземе дополнителни реформи за да обезбеди долгорочна стабилност на јавните финансии. Таа планира да го намали дефицитот во јавниот сектор под 3% од БДП за да го прифати еврото.Унгарија има најмногу извори на минерална вода во светот. Ги користи за производство на храна во стакленици, пластеници и за бањски туризам.

Page 12: Бизнис ИНФО бр.27 од 28.10.2010

БИЗНИС ИНФО12 четврток, 28 октомври 2010

Можности Амбасадорот на Монголија, Н.Е. Ганкхујак Церендорџип, во посета на Стопанската комора на Македонија

ИНТЕРЕС ЗА СОРАБОТКА СО МАКЕДОНСКИТЕ ЕКСПЕРТИ И КОНСУЛТАНТИ ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА ЕУ СТАНДАРДИТЕ

Ганкхујак Церендорџип, новоименуваниот амбасадор на Монголија со седиште во Софиjа, задолжен и за Република Македонија, ја посети Стопанската комора на Македонија и го пренесе интересот на монголската Влада за воспоставување стопанска соработка со земјава. Монголија не e многу интегрирана во глобалната економија, но има тесна стопанска соработка со НР Кина, со којашто веќе има Договор за слободна трговија и со Руската Федерација, со која течат преговори за негово склучување. Но Монголија сака да развива стопанска соработка и со други земји. Во моментот, во земјата се реализираат 15 странски инвестициски проекти во рударството. Стратегија на Монголија е да го намали извозот на суровини во полза на полупроизводи и финални производи. Инвестициските проекти се насочени кон осовременување на рударството и отворање на преработувачки капацитети. Покрај рударството, аграрот и градежништвото се основа на монголската економија, - истакна амбасадорот Ганкхујак Церендорџип во разговорот со неговите домаќини. Монголскиот амбасадор нагласи дека во јуни оваа година се навршија дваесет години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Македонија и Монголија, но статистиката не бележи никаква трговска рамена. Од пред недела дена, Владата на Монголија донесе програма за имплементација на европските стандарди, на чие чело застана самиот премиер. Со овој процес се сака да се поддржи стопанството во неговата интернационализација. На земјата и` се потребни консултанти и експерти кои што би работеле со компаниите на имплементацијата на ЕУ-стандардите. Не се работи само за регулаторната сфера, туку и за создавање на нов менталитет. Монголија бара инвеститори, не само за грандиозни инвестициски проекти, туку и за мали производни објекти за широка потрошувачка, што покажува дека има простор за соработка и во секторот градежништво. Од Монголија, многу полесно може да се водат бизнисите со Кина, пред се` поради поедноставната регулатива, корпоративниот данок и ДДВ од 10% и поради слободната трговија. Тој упати покана до македонските стопанственици да се заинтересираат за Монголија и за нејзините можности. Од страна на Стопанската комора на Македонија е изразен голем интерес за воспоставување комуникација и начелно е договорена соработка со Амбасадата и со нејзино посредство воспоставување соработка со коморска партнерска организација во Монголија. Исто така, од страна на Комората е нагласено дека, како поддршка за воспоставување и развој на билатералната стопанска соработка, добро е да се иницираат договори за одбегнување на двојното оданочување, заштита на странските инвестиции и договор за научно-техничка соработка.

Љубица Нури

МОНГОЛИЈА

Географски показатели

Површина: вкупно: 1,564,116 км2 (копно: 1,553,556 км2, вода 10,560 км2) По големина 19-та земја во светот, малку помала од Алјаскла.Главен град: Улан БаторЛокација: Североисточна Азија, меѓу Народна Република Кина и Руската ФедерацијаГраници: тотал: 8,220км (гранични земји: НР Кина 4,677 км, Руската Фереација 3,543 км) Морската обала: Земја без излез на мореКлима: пустинска (Гоби пустината) и континентална (изразити лета и зими)Население: 3,041,142 (Јули 2010) Религии: Будисти Ламаисти 50%, Шаманисти и Христијани 6%, муслимани 4%, атеисти 40% (2004) Јазици: Калка Монголски, турски, руски (1999) Валута: тогрог/тугрикс (MNT), за 1 САД $ - 1,442.8 (2009),

Економски показатели

БДП куповна моќ: 9.435 милијарди САД $ (2009)БДП стапка на раст: 8,9% (2008)БДП по жител: 3,100 САД $ (2009) БДП по сектори: земјоделие 21,2%; индустрија 29,5%; услуги 49,3% (2009 год. проценка)Стапка на инфлација: 4,2% (2009) Работна сила: 1,68 милиони (2008)Невработеност: 2,8 % (2008) Население под границата на сиромаштија: 36,1 (2004)

Индустрии: градежништво и градежни материјали, рударство (јаглен, бакар, молибден, флуорит, лим, волфрам и злато), нафта, храна и пијалоци, прехранбени производи, производство на кашмир и природни влакна. Индустриска стапка на пораст: 3% (2006) Извоз: 1.902 милијарди САД $ (2009) Производи: бакар, конфекција, живи животни, животински производи, кашмир, волна, кожи, флиорит, други необоени метали, јаглен Партнери: Кина 78,52%, Канада 9,46% Русија 3,02%, (2009)Увоз: 2.131 милијарди САД $ (2009) Производи: машини и опрема, горива, коли, прехранбени производи, индустриски производи за широка потрошувачка, градежни материјали, шеќер, чај Партнери: Кина 35,99% Русија 31,56,%, Јужна Кореја 7,08%, Јапонија 4,8% (2009)Надворешен долг: 1,86 милијарди САД долари (2009)

(Извор:ЦИА)

Бројки и факти

Page 13: Бизнис ИНФО бр.27 од 28.10.2010

БИЗНИС ИНФО 13четврток, 28 октомври 2010

Можности Монголија може да биде надежен економски партнер

ОБЕМНИТЕ МИНЕРАЛНИ НАОЃАЛИШТА ОСНОВА НА РАЗВОЈОТ

Економската активност во Монголија традиционално се базира на сточарството и на земјоделството, но обемните минерални наоѓалишта во Монголија, сепак, ги привлекуваат странските инвеститори. Земјата има наоѓалишта на бакар, злато, јаглен, молибден, флуорит, ураниум, калај и волфрам, на коишто се должат странските директни инвестиции и државните приходи. Советската помош, која изнесуваше една третина од БДП, исчезна речиси преку ноќ во 1990 и 1991 година во времето на растурањето на СССР. Во следната декада Монголија се соочи со длабока рецесија предизвикана од политичката пасивност и природните катастрофи, како и низок економски раст – поради сеопфатната реформа, слободната пазарна економија и екстензивната приватизација на поранешната државна економија. Тешките зими и летната суша од 2000 до 2002 година резултираше со масовен помор на добитокот и нула или негативен раст на БДП. Ова беше усложнето со паѓањето на цените на извозот на примарниот сектор во Монголија и широкораспронетата спротивставеност кон приватизацијата. Растот во просек од околу 9% на годишно ниво во периодот од 2004 до 2008 година во голема мера беше поради високите цени на бакарот и новото производство на златото. Во 2008 година

Монголија доживеа висока стапка на инфлација, којашто од година во година достигна речиси 30% - највисока стапка на инфлација во повеќе од една деценија. До крајот на 2008 година, земјата почна да ги чувствува последиците на глобалната финансиска криза. Паѓањето на цените на стоките ја помогнале пониската инфлација, но и намалените државни приходи и присилното намалување на трошоците. Во почетокот на 2009 година, Меѓународниот монетарен фонд почна да сппроведува stand-by аранжман со Монголија во износ од 236 милиони САД долари и земјата започна да се движи во правец на излез од кризата, иако банкарскиот сектор и понатаму останува нестабилен.

Во октомври 2009 година Владата го усвои долго очекуваниот закон за инвестициски договор за развој на монголскиот Oyu Tolgoi рудник, кој се смета за еден од најголемите светски наоѓалишта на бакар. Монголската економија продолжува да биде под силно влијание на соседите. Таа купува 95% од своите нафтени производи и значителен износ на електрична енергија од Русија, што ја прави ранлива во однос на зголемувањето на цените. Трговијата со Кина претставува повеќе од половина од вкупната надворешна трговија на Монголија – Кина добива околу две третини од извозот на Монголија. Дознаките од Монголците кои работат во странство се доста големи, но се намалени поради кризата, а перењето на пари е со растечка загриженост. Монголија се приклучи кон Светската трговска организација во 1997 година и се обидува да го прошири своето учество во регионалните економски и трговски режими.

Page 14: Бизнис ИНФО бр.27 од 28.10.2010

БИЗНИС ИНФО14 четврток, 28 октомври 2010

Соочувања Средба меѓу бизнис-секторот и Управата за јавни приходи за проблемите во меѓусебниот делокруг

ПАРТНЕРСКИ ВО ОТСТРАНУВАЊЕНА АНОМАЛИИТЕ

Во организација на Град Скопје, на 27.10.2010 година се одржа средба меѓу стопанствениците од трите стопански комори и Управата за јавни приходи како продолжување на соработката меѓу бизнис-заедницата и Управата за јавни приходи. Средбата што се одржа на иницијатива на градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и стопанските комори, во организација на Секторот за локален економски развој на Град Скопје, имаше за цел унапредување на соработката меѓу градот како единица на локалната самоуправа, централната власт и бизнис-секторот. На работилницата, што беше посветена на “Проблемите со кои се соочуваат стопанствениците во текот на работењето, до делокругот на УЈП и предлог на можни решенија”, свои кратки излагања имаа претставниците од трите стопански комори кои ја истакнаа важноста од одржувањето на една ваква средба, како и претставникот од Управата за јавни приходи, Љупчо Јовановски, кој истакна дека управата гради еден партнерски однос со стопанствениците, се` со цел да ја доближи и да ја олесни работата на даночните обврзници. Исто така, од страна на претставниците на Управата за јавни приходи беа извршени повеќе презентации за начинот на оданочување на правните лица во Република Македонија со данок на добивка; за оданочување по основ со данок на додадена вредност, како и презентација за имплементација на персоналниот данок од доход.

Претседателот на Регионалната комора со седиште во Скопје, Горан Рафајловски, го истакна унапредувањето на соработката меѓу Управата за јавни приходи и претставниците од бизнис-заедницата, но истакна дел од проблемите со кои се соочуваат даночните обврзници.Тие се однесуваат на три групи на прашања. * Недоследна примена на законските прописи

1. Се проблематизираат прашањата во врска со непризнатите расходи, особено сега кога согласно Законот за данокот на добивка, основица за пресметка на данокот се т.н. непризнати расходи. На пример, отписот на ненаплатени побарувања се инсистира од УЈП да бидат отпишани за 1 година согласно Меѓународните сметководствени стандарди, или за 3 години според Законот за облигационите односи (отписот на побарувањата како непризнати расходи

е всушност оданочување на загуба). 2. Пресметаната амортизација, која е зголемена за 50% од пропишаната стапка, не им се признава како расход во даночниот биланс, односно е оданочена со данок на добивка. 3. He ce признаваат договорите за оперативен наем, односно истите се третираат како финансиски наем. 4. На интернет-страницата на УЈП, на 25.02.2010 година, во 17 часот, неполни три дена пред крајниот рок за предавање на годишните сметки (28.02.2010 година) објави дополнителни појаснувања во врска со даночниот кредит во образецот Даночен биланс за оданочување на непризнатите расходи за 2009 година и тоа со ретроактивна примена.

* Давање можност за исправање на фактура

На пример, ако на влезната фактура не стои точна адреса на примателот, а фактурата сепак е примена кај примателот, му се оспорува правото на враќање на претходниот данок. Ова се случува заради честите промени на адресите, поштата да се испраќа на поштенски фах. Во Стопанската комора сметаат дека треба да му се дозволи на примателот да може да ја исправи сопствената адреса во фактурата, бидејќи не претставува некој суштински пропуст, а со тоа и да не му се оспорува правото на враќање на данокот.

* Заеднички интерес за донесување на правилник за признато кало, растур, расипување и кршење

Стопанската комора на Македонија достави до Министерството за финансии Предлог на правилник за признато кало, растур, расипување и кршење и оценува дека во интерес на двете страни е да се делува што побрзо да се донесе овој правилник, особено што веќе започнуваат и годишните пописи.Во обемната расправа беа поставувани голем број прашање од страна на стопанствениците кои се однесуваа на повеќе проблеми: некоординација меѓу УЈП, Царинската управа на РМ и Министерство за финансии, како и прашања како да се реши проблемот на создавање нелојална конкуренција во Република Македонија, поефикасно плаќање на даноците и решавање на проблемот со „сивата„ економија.

Сашо Деспотовски

Page 15: Бизнис ИНФО бр.27 од 28.10.2010

БИЗНИС ИНФО 15четврток, 28 октомври 2010

Предупредувања Групацијата за лифтови расправаше за практичната примена на Правилникот за користење на лифтови и транспортери

ФАНТОМ–ФИРМИ ЗАКАНА ЗА КОРИСНИЦИТЕ НА ЛИФТОВИ

На седницата на Групацијата за лифтови, одржана на 21.10.2010 година во Стопанската комора на Македонија, членовите расправаа за практичната примена на Правилникот за користење на лифтови и транспортери. На седницата присуствуваа претставници на Министерството за економија, Машинскиот факултет, Државната техничка инспекција и акредитирани правни лица. Во дискусијата беше истакнато дека областа пуштање во промет, монтирање, сервисирање и одржување на лифтовите е регулирана со повеќе закони и правилници како што се: Законот за градба, Законот за техничка инспекција, Законот за безбедност на производи и други. Иако оваа материја е регулирана со повеќе закони, членовите на Групацијата истакнаа дека не е регулирано издавањето на лиценци. Па така, проблем е немањето лиценци за монтажери и сервисери за одржувањето на лифтови. Министерството за транспорт и врски и Комората на овластени архитекти и инженери, издаваат лиценци и

овластувања за изградба на инвестициони објекти, но не и за монтирање, сервисирање и за одржување на лифтовите. Отсуството на регулатива која треба да го регулира издавањето на лиценци, односно немањето лиценци за монтажери и сервисери на лифтови на пазарот го користат фантом-фирми без стручен кадар и физички лица-поединци. Ваквата состојба овозможува овие субјекти на пазарот да пласираат производи - лифтови со небезбедни карактеристики кои не ги исполнуваат условите за безбедност на производите, без целосна техничка документација, особено монтирање лифтови без

проекти и надзор, преку што директно се загрозуваат корисниците на лифтовите. За надминување на ваквата состојба, членовите на Групацијата побараа поголема активност на терен од страна на Државната техничка инспекција, како и поголема активност на локалната самоуправа. Заради целосно регулирање на оваа област и

отстранување на сегашните недостатоци се заклучи да се покрене иницијатива за донесување на посебен Закон за лифтови кој би ги регулирал сите прашања од областа на производството, монтирањето, сервисирањето и одржувањето на лифтовите.

Војкан Николовски

Стопанска комора на Македонија ги поздравува подобрените услови од ЕИБ кредитната линија преку МБПР

СЕ ОЧЕКУВА ПОГОЛЕМА ИСКОРИСТЕНОСТ НА КРЕДИТИТЕ

Стопанската комора на Македонија уште на почетокот на реализацијата на кредитната линија во вредност од 100 милиони евра кои се доделуваат од Европската инвестициона банка (ЕИБ) преку Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР) и деловните банки, настојуваше таа да важи и за големите компании, односно компании кои вработуваат над 250 вработени, со цел да се овозможи искористување на овие средства за поголеми инвестициски проекти. Стопанската комора на Македонија ја поздравува Одлуката на Владата на РМ да ги подобри условите за искористување на оваа кредитна линија, преку намалување на каматната стапка од 6% на 5,5% за цел период на користење на кредитот, можноста да аплицираат компании кои вработуваат над 250 работници и ослободување на

банките од задолжителното учество од 25% проценти. Со оваа промена на условите, и со поголема информираност на компаниите за условите на кредитната линија, Стопанската комора на Македонија смета дека ќе се зголеми досегашната искористеност од 50-тина отсто, а воедно ќе им се овозможи на компаниите да ги користат средствата за развојни проекти кои ќе придонесат за создавање на поконкурентни производи со самото воведување на нови технолошки процеси во производството. Големите компании, смета Комората, ја имаат таа можност во поголема мерка од малите компании. Ова ќе овозможи поголема искористеност на средствата кои се на располагање, а воедно ќе претставува и поттик за иден економски развој на земјата.

Став

Page 16: Бизнис ИНФО бр.27 од 28.10.2010

БИЗНИС ИНФО16 четврток, 28 октомври 2010

Деловни тенденции во прерабoтувачката индустрија

ПОНЕПОВОЛНИ ОЧЕКУВАЊА ЗА НАРЕДНИТЕ МЕСЕЦИ

Според податоците на Државниот завод за статистика, менаџерите ја оценуваат економската состојба на деловните субјекти во септември 2010 година како поповолна во однос на претходниот месец. Оценката за обезбеденоста на производството со порачки, е малку понеповолна во однос на претходниот месец. Обемот на производството на деловните субјекти во септември 2010 година бележи мал

пад во споредба со претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се малку понеповолни, а очекувањата за бројот на вработените се поповолни. Во септември 2010 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и сегашните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи во септември 2010 година се намалени во споредба со претходниот месец. Според оценката на менаџерите, во наредниот период, просечните набавни цени на инпутите незначително ќе се намалат, како и продажните цени на готовите производи. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во септември 2010 година изнесува 60.1% од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството во септември 2010 година имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 24.2%, недоволната домашна побарувачка со 16.4%, финансиските проблеми со 13.0% и неизвесното економско опкружување со 10.4%.

Туризам во Република Македонија во август

ПОМАЛКУ И ГОСТИ И НОЌЕВАЊА Бројот на туристите во август 2010 година, во однос на август 2009 година, е намален за 1.4%, а бројот на ноќевањата е намален за 8.3% Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во август 2010 година изнесува 109 291, а бројот на ноќевањата изнесува 594 859. Бројот на домашните туристи во август 2010 година, во однос на август 2009 година, е намален за 5.0%, а бројот на странските туристи е зголемен за 8.4%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во август 2010 година, во однос на август 2009 година, е намален за 8.8%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е

намален за 4.4%. Во периодот јануари - август 2010 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 2.6% и тоа: кај домашните туристи намалувањето изнесува 3.2%, а кај странските е забележано намалување за 1.6%. Во периодот јануари - август 2010 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 5.0% и тоа: кај домашните туристи намалувањето изнесува 5.0%, а кај странските е забележано намалување за 5.0%.

Индустриското производство во септември

ПОВИСОКО ЗА 1,6 ОТСТО ВО ОДНОС НА АВГУСТ

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во септември 2010 година, во однос на август 2010 година, изнесува 101.6. Индексот на индустриското производство во септември 2010 година, во однос на септември 2009 година, изнесува 88.1. Индексот на индустриското производство во септември 2010 година, во однос на просечното производство

во 2005 година, изнесува 106.7. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Вадење на руди и камен во септември 2010 година, во однос на просечното производство во 2005 година, бележи пораст од 27.9%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 10.2%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас и вода опаѓање од 24.7%. Според главните индустриски групи, производството во септември 2010 година, во однос на просечното производство во 2005 година, бележи пораст кај: Интермедијарни производи, освен енергија за 13.0%, Трајни производи за широка потрошувачка за 14.8% и кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 23.2%.

Статистика

Page 17: Бизнис ИНФО бр.27 од 28.10.2010

БИЗНИС ИНФО 17четврток, 28 октомври 2010

Регион

Еден закон за балканските пазари на големо

ЗДРУЖЕНИ НА КОНКУРС ЗАПРЕТПРИСТАПНИТЕ ФОНДОВИ НА ЕУ

* Само здружени пазарите на големо во регионот можат да аплицираат за помош од ЕУ, a тоа го покажува примерот на Суботица и Сегедин

Претставниците на пазарите на големо и пазарите од земјите од Западен Балкан во Белград потпишаа декларација за вмрежување. На ваков чекор се одлучија бидејќи како поединци за Европската унија не постојат и затоа што само обединети во регионални здруженија можат да аплицираат за претпристапните фондови на ЕУ. Бидејќи имаат речиси идентични пазари и деловен амбиент, слични закони и еднаква надворешно-трговска размена, пазарите на големо и пазарите во здружувањето гледаат интерес за стандардизација на работењето и спроведување на регулаторната реформа на прописите усогласени со европската пракса. Зборувајќи за безбедноста на храната, Драган Пушара, директор на пазарите во Белград, истакнува дека законот со којшто се регулира тоа е прилично општ. - Оваа област не може во целост да се стандардизира. Сите пазари од Хелсинки до Атина имаат некои свои особености и со воведувањето на стандардите, секој од нив би изгубил некоја од своите специфики, - истакнува Пушара. Работењето на пазарите и на пазарите на големо Србија се обидува да го уреди со законите за трговија и комунални услуги. Хрватска се обиде да го стори тоа преку законот за пазари, но наиде на жесток отпор од супермаркетите, кои лобираа против овој закон. Божо Граниќ, претседател на Здружението на хрватските пазари, смета дека земјите од поранешна Југославија треба да воспостават единствен закон за пазарите, којшто ќе ги заштити индивидуалните производители на земјоделски производи и ќе го подобри развојот на руралните области. Затоа, со законите, на некој начин треба да им се наметне на хипермаркетите домашните производи во нивните продавници да бидат застапени најмалку 70 отсто. Во борбата со хипермаркетите, коишто најчесто увезуваат, неопходно е да се заштити домашното производство, - потврдува и Санто Каталин, директорка на пазарите на големо во Сегедин. Таа наведува дека со влезот на Унгарија во Европската унија и отворањето на пазарите за странските трговски синџири, домашното производство отиде во втор план. На унгарскиот пазар на големо се продаваат 2,8 милиони тони стока, од коишто половината се од домашно производство. Само во последните пет години, увозот се зголеми за трипати поради доаѓањето на странските трговски синџири. Унгарските производители, за жал, не ги послушале препораките на ЕУ да се здружат и да формираат здруженија. На почетокот не сфатиле дека единствено така можат да бидат конкурентни. Трговијата со земјоделски производи не зависи од квалитетот, туку од цената, - предупредува директорката на пазарот на големо во Сегедин. Таа нагласува дека е многу битна прекуграничната соработка и како пример го наведува заедничкиот настап на Сегедин и Суботица, коишто од европските фондови за таа цел добиле 180.000 евра.

Page 18: Бизнис ИНФО бр.27 од 28.10.2010

БИЗНИС ИНФО18 четврток, 28 октомври 2010

‘’ИНОВАТИВНА УНИЈА“ � ПРЕТВОРАЊЕ НА ИДЕИТЕ ВО НОВИ РАБОТНИ МЕСТА, ЗЕЛЕН

РАЗВОЈ И ОПШТЕСТВЕН НАПРЕДОК

„Иновативна унија„ на Европската комисија поставува стратешки приод кон иновациите, управуван од страна на највисоко политичко ниво. Иновативната унија ќе ги фокусирана напорите на Европа за соработката со трети земји - на предизвици, како климатските промени, енергијата и безбедноста на храната, здравјето и стареењето на населението. Ќе се користи интервенцијата во јавниот сектор за да се стимулира приватниот сектор и да се отстранат тесните грла што ги запира идеите да стигнат до пазарот. Овие вклучуваат недостиг на финансии, фрагментирани истражувачки системи и пазари, со употреба на јавните набавки за иновации и бавна реализација на стандарди. Иновативната унија е “водечка” во Стратегијата на Европа 2020. “Иновативната унија “се состои од десет клучни елементи: 1. Европските Иновативни партнерства ќе ги мобилизираат заинтересираните страни - Европски, национални и регионални, јавни и приватни - зад добро дефинирани цели во областите, кои комбинираат справување со општествените предизвици со потенцијал за Европа да стане светски лидер. 2. Комисијата има собрано 25 индикатори во ‘Извештајот на Иновативна унија’, и список на карактеристики на успешни иновациски системи. Новиот индикатор е да се развива на уделот на брзо-растечки иновативни претпријатија во економијата. Комисијата ќе го поддржи независниот систем за пласман за универзитетите. 3. Комисијата ќе поведе мерки за подобрување на пристапот до финансии. Таа ќе предложи прекуграничен режим на капиталот, работа со Европската инвестициона Банка на рамниште до ЕУ шемите, како на поделбата на финанскиот ризик. Цел е и да назначат водечка фигура за зајакнување на прекуграничното појавување на иновативни фирми со инвеститорите. 4. Постојните истражувачки иницијативи ќе се засилат. Комисијата ќе предложи мерки за да се заврши Европската истражувачка област до 2014 година. Тоа значи повеќе кохерентност помеѓу европските и националните истражувачки политики, намалување на бирократијата и отстранување на пречките за мобилност на истражувачи. Тоа исто така значи максимизирање на отворениот пристап до Резултатите од трудовите финансирани со парични средства. FP8 проектите ќе бидат наменети за поддршка на Европа 2020 година. 5. Комисијата ќе формира во 2011 година раководство Европскиот Дизајн и куќа на извонредност на Европскиот дизајн. 6. Комисијата ќе започне во 2011 година голема истражувачка програма за јавниот сектор и социјални иновации и пилот иновацијска табла на Европската јавниот сектор. Таа ќе лансира Пилот Европски социјални иновации за да обезбеди експертиза за социјални иноватори и ќе предложи социјални

иновации како програми во фокусот на Европскиот социјален фонд . Таа ќе се консултира со социјалните партнери за ширење на иновации и економија на сите професионални нивоа. 7. Европската комисијата предлага владите да издвојат и посветат буџети за јавни набавка на иновативни производи

и услуги. Ова треба да се создаде набавки и пазар во вредност од најмалку 10 милијарди € годишно за иновации, кои се за подобрување на јавните услуги. 8. Во почетокот на 2011 година, Комисијата ќе направи законодавен предлог за забрзување и модернизација на утврдените на стандарди за да се овозможи интероперабилност и да ја поттикне иновацијата. 9. Интелектуална сопственост во Европскиот режим треба да се модернизира. Во 2011 година Комисијата ќе даде предлози за европско знаење на пазарот за патенти и лиценцирање. 10. Структурално финансирање и рамки на државна помош ќе бидат разгледани за зајакнување на иновациите. Комисијата ќе им помогне на земјите-членки подобро да се користат структурните фондови програмирани за истражување и иновации за 2007-2013. Таа ќе предложи рамка за пост 2013 Структурните фондови за повеќе да се фокусира на иновациите.

Во 2011 година ќе се разгледа рамката за државната помош . За Иновативната унија ќе се дискутира во Советот за конкурентност и на Европскиот совет во декември 2010. Напредокот ќе се следи, како дел од управувањето со Стратегијата Европа 2020. Повеќе информации на: h�p://ec.europa.eu/innova�on-union

Европски Информативен и Иновативен Центар Македонија - ЕИИЦМ

Page 19: Бизнис ИНФО бр.27 од 28.10.2010

БИЗНИС ИНФО 19четврток, 28 октомври 2010

Нова студија на Европската Комисија за европските мали и средни претпријатија е достапна оn-line на Интернет

ЕВИДЕНТНИ ПРЕДНОСТИ НА ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗАЦИЈАТА Студијата на Европската Комисија околу нивото на интернационализација на европските мали и средни претпријатија, ги идентификува главните бариери на претпријатијата, но и предностите од интернационализацијата. Студијата ги анализира сите активности на малите и средни претпријатија во значајни деловни односи со странски партнери:извоз,увоз,странски директни инвестиции, склучување меѓународни поддоговори и меѓународна-техничка соработка.Податоците и заклучоците се базираат на истражување на 9.480 мали и средни претпријатија кое е спроведено во пролетта 2009 година. Во оваа најнова студија на Европската Комисија се истакнува дека околу 25% од бројот на малите и средни претпријатија извезуваа во последниве 3 години.Значајно е да се потенцира фактот дека кај овие компании што биле меѓународно активни последниве 3 години се случува пораст на вработеноста од 7%. Само за споредба: кај останатите компании (оние што не биле меѓународно активни) порастот на вработени достигнува 1%. Двете најчести творби на интернационализација се извоз и увоз. * од вкупно 25% мали и средни претпријатија кои се занимавале со извозни активности - половината тоа го правеле и вон заедничкиот европски пазар (13% од вкупниот број на мали и средни претпријатија во ЕУ) * 29% од вкупниот број на мали и средни претпријатија во ЕУ се занимавале со увоз - половина од нив извршиле увоз надвор од заедничкиот европски пазар (14% од вкупниот број на мали и средни претпријатија во ЕУ) Највисок процент на интернационализција на малите и средни претпријатија се се наоѓа во трговијата на големо, рударството како и кај производството и продажба на моторни возила. Оваа најнова студија на Европската Комисија, содржи и некои препораки за малите и средни претпријатија за политиките на подршка. Како позначајни би ги навеле: 1. Промовирање и јакнење на свеста за користењето на јавните програми за подршка 2. Полесен пристап до мерки за подршка за микро-фирмите 3. Иновациите и интернационализацијата се тесно поврзани.Овој факт силно сугерира на координација на политиката на мерки насочени кон стимулирање на иновациите и интернационализација или дури и да ги спои агенциите кои ги имплементираат овие два вида на политики Студијата е достапна на: h�p://ec.europa.eu/enterprise/policies/sme/market-access/interna�onalisa�on/index_en.htm

EEN Project Officers:

Софче Јовановска [email protected], Тел: +389 (02) 3244060

Лазo Ангелевски [email protected] Тел: +389 (02) 3244090

One Stop Help - Enterprise Europe Network е мрежа на бизнис можности за малите и средни претпријатија

ДЕЛОВНА ПОДРШКА НА ПАТОТ КОН ЕВРОПСКИТЕ ПАЗАРИ

Како EEN може да Ви помогне?Проверете зошто оние компании од Македонија, кои еднаш почнале да ги користат услугите на EEN, секогаш ги користат?Enterprise Europe Network е мрежа на бизнис можности која има за цел да ги понуди сите облици на деловна поддршка на малите и средни претпријатија на нивниот пат кон европските пазари. Во прв ред, тоа се однесува на услуги за сеопфатно информирање со широк спектар на прашања, можностите на единствениот Европски пазар од една стана, но и надминување на препреките со кои се среќаваат македонските претприемачи,организација на едукативни и информативни настани, изнаоѓање бизнис партнери во Европската Унија, регионот и пошироко, стручни совети за достапните извори на финансирање и друго.

Сакате да настапите на нови пазари ......Доколку извезувате или планирате да инвестирате во странство, ние можеме да Ве информираме за барањата на законодавството на целните пазари, царинските формалности, производите и потрошувачките навики.Без оглед што Република Македонија сеуште не е членка на Европската Унија, македонските претпријатија веќе се среќаваат со европската легислатива, така да во тој процес со свои совети и знаење можеме да ви пружиме поддршка.

Се интересирате како да го сертифицирате својот производ....Во можност сме да ви пружиме информации и совети за Европските стандарди и важечки ознаки (на пример CE-ознаката). Овие сертификати се вашата препорака за успешен настап на Европските пазари.На овие и други прашања одговорот го бараме со истражување и ги дознаваме сите потребни информации преку мрежата на партнерски институции вклучени во Enterprise Europe Network.

Сакате да го проширите својот бизнис.......Европските претпријатија бараат други, потенцијални партнери кои се занимаваат со дејноста како Вашата, на пример, за остварување на заедничко вложување. Преку нашата База за Деловна Соработка (Business

Coopera�on Database), можеме дави помогнеме да пронајдете бизнис партнер според Вашите потреби и секторска припадност, во преку 44 држави на Европската Унија. Исто така, оваа база содржи и податоци за странски претпријатија кои бараат соработка со македонски претпријатија, при што базата автоматски ги поврзува можните бизнис партнери.

Како да учествувате на Европски бизнис настани.....Членките на Enterprise Europe Network, постојано организираат деловни средби на директно поврзување со доверливи партнери (match mak-ing events) и компаниски мисии, вообичаено како придружен настан на големите трговски саеми, бизнис форуми и слично. Информирајте се за настаните кои претстојат и искористете го максимумот од посетата на настан од Ваш интерес и остварете средба со однапред таргетирани деловни партнери.

Барате ли можности за финансирање на специфични проекти....Дали сте запознаени со можностите за финансирање во подрачјата како што се:- Претприемништво и иновации- Истражување и развој- Предпристапни фондови- Образование- Јавни набавкиЕвропската Унија им помага на претпријатијата со иновативни проекти и нови технологии да добијат финансиска поддршка. Ве информираме, константно за актуелните програми за финансирање кои ги објавува Европската Комисија.

НАШЕТО МОТО Е: ВАШИОТ БИЗНИС Е НАШ БИЗНИС

Европска мрежа на бизнис можностиh�p://www.enterprise-europe-network.ec.europa.eu/index_en.htmЕвропскиот информативен и иновативен центар во Македонијаh�p://www.een.mk/

Европски Информативен и Иновативен Центар Македонија - ЕИИЦМ

Page 20: Бизнис ИНФО бр.27 од 28.10.2010

БИЗНИС ИНФО20 четврток, 28 октомври 2010

САД тоне под тежината на се` поголемиот број прописи и овластувања

РЕГУЛАТОРЕН УРАГАН

Денеска, регулаторен ураган и` се заканува на нашата економија и на нејзината способност да создаде 20 милиони нови работни места, кои ни се потребни до крајот на ова десетлетие. Тоа претставува јакнење на силата за некое време. Во текот на последните

неколку децении, повеќе од 100.000 прописи се донесени, од коишто многу наметнуваат тешки товари врз нашите креатори на работни места. Во последните две години, видовме драматично забрзување на големите прописи и овластувања, реформи на здравствените и финансиските закони на некои од најактивните агенди досега преземени од страна на федералните агенции. Бизнисите чекаат со одговор, и со надеж чекаат надвор на невремето додека економијата не стане посигурна. Без сигурност, на бизнисите им е тешко да направат планови и инвестиции потребни за раст и создавање на нови работни места. Бизнис-заедницата веќе долго време ја има препознато потребата за разумни прописи кои ќе обезбедат сигурност на работното место, гарантирани работнички права и заштита на јавното здравје. Но ние отидовме предалеку. Америка тоне под тежината на состојбата на постојано регулаторно проширување. Ако сакате да видите како далекусежна стана регулаторната состојба, погледнете во Кодексот на федерални регулативи. Едноставно речено, тој го подразбира секој пропис во сила во оваа земја. Документот содржи речиси 150.000 страници, во над 50 тома.

Додека голем број прописи имаат позитивен ефект, многу други се застарени, неефикасни, премногу комплицирани и контрапродуктивни. Малата бизнис-администрација оценува дека вкупната цена на усогласеноста со федералните прописи во 2008 година изнесува 1.75 трилиони САД долари. Тоа изнесува 15.500 долари за секое домаќинство во САД. Таквата ситуација само ќе се влошува. EPA (Агенција за заштита на околината) брза 29 предложени главни прописи и 173 други – невидено ниво на регулаторна активност. Гломазниот Закон за здравствена заштита создаде 183 нови агенции, комисии, панели, како и други органи. И реформата на финансиска регулатива

создаде околу 500 регулаторни прописи, 60 студии и 93 извештаи.

Што треба да се направи за да се сопре оваа растечка плима? Прво, Конгресот треба да престане да ги одобрува законите што ги донесуваат регулаторите. Второ, Конгресот мора да спроведе енергично надгледување на далекусежните закони што ги донесува.

Трето, федералните агенции мора да направат многу подобра работа од усогласеноста со законите за да се обезбеди користење на квалитетни податоци, анализа на придобивките и трошоците и совесно разгледување на прописите. Конечно, американскиот народ треба да зборува против регулаторниот ураган којшто ја уништува нашата економија и го поразува креирањето на работни места. Во прашање е здравјето на нашата економија, нашиот животен стандард, нашата глобална конкурентност и системот на слободна претприемчивост/иницијатива кој е во сржта на американскиот сон.

(Претседател и извршен директор на Трговската комора на САД)

Паралели

Германскиот извоз следната година може да надмине илјада милијарди евра

НАЈГОЛЕМ ПЛАСМАН ВО КИНА, ИНДИЈА И БРАЗИЛ

Германскиот извоз следната година за првпат во историјата ќе надмине илјада милијарди евра, со помош на силната побарувачка од азиските земји и од Бразил. Оваа година, извозот од најголемата европска економија и вториот по ред светски извозник ќе достигне вредност од 937 милијарди евра (1,3 милијарди САД долари), предвидува Асоцијацијата на германските извозници БГА. Тоа подразбира раст во споредба со минатата година по стапка од 16 отсто, највисока во последните

десет години, - истакнал директорот на БГА, Антон Бернер. “Следната година големи се шансите извозот за првпат во историјата да надмине илјада милијарди евра,” – додал Бернер. Главниот двигател на овој раст ќе биде „средната класа во земјите во развој, како Кина, Индија и Бразил, склони кон квалитетни производи за широка потрошувачка„ - објаснил тој. Таа оптимистичка прогноза би можела да ја загрози евентуална рецесија, со двојно ниво во САД, - нагласил шефот на германската асоцијација.

Европска Унија

Page 21: Бизнис ИНФО бр.27 од 28.10.2010

БИЗНИС ИНФО 21четврток, 28 октомври 2010

Од 10 до 13.11.2010 година во Република Бугарија

INTERFOOD & DRINK ВО СОФИЈА

Од 10 до 13 ноември 2010 година во Софија во просториите на Интер Експо Центарот ќе се одржи саемската манифестација INTERFOOD&DRINK. Во нејзиниот склоп ќе има посебни специјализирани изложби како МЕСОМАНИЈА, СВЕТОТ НА ВИНОТО, БУЛПЕК, САЛОН НА ВИНОТО И ХРАНА И ПИЈАЛОЦИ. Детални информации како и пријавување (вклучително и формулари и услови за пријавување) може да се добијат на официјалната веб страна на саемот- h�p://www.iec.bg/ и воСтопанската комора на Македонија.

Контакт лице : Васко Ристовски Тел: (02) 3244014 Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

**********************

Еднодневен семинар

“ПРАВНИОТ РЕЖИМ, ПРИВАТИЗАЦИЈА И ПРОМЕТ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ”

16 ноември 2010 година (вторник)од 10-15:00 часот

Сала 4 на V кат, Стопанска комора на Македонија

Во насока на разјаснување на условите и постапката за приватизација поврзани со разрешување на прашањата поврзани состојбата на урбанистичките планови, Стопанската комора на Македонија го организира овој семинар на кој предавачи се Фиданчо Стоев и Ранко Максимовски, судии во пензија.

Сите заинтересирани за учество на овој семинар, можат да се пријават најдоцна до 12 ноември 2010 година. Попширно за Програмата на семинарот и превземање на Пријавниот лист на веб-порталот: www.mchamber.mk

Контакт: Ленче ЗиковаТел: (02) 3244054;Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 [email protected]

Контакт: Елизабета Ефтимова Тел: (02) 3244074; Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 be�@mchamber.mk

Еднодневен семинар

„Е�БИЗНИС СТРАТЕГИИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ЕФИКАСНОСТА И ЕФЕКТИВНОСТА

ВО РАБОТЕЊЕТО НА КОМПАНИИТЕ ВО ГЛОБАЛНОТО ОКРУЖУВАЊЕ”

3 ноември 2010 година (среда)Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3 кат

9:30-16:00 часот

Конкурентноста на македонската економија е 79-та од 139 економии. Според апсорбцијата на технологиите од страна на компаниите Македонија е на 113-то место, според софистицираност на производниот процес на 90-то место, а според софистицираноста на бизнисот на 96-то место од

139 економии во светот. (h�p://www.weforum.org/). Предавач на семинарот: - Мијалче Санта, Економски факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј„ во Скопје. - Излагања на претставници на фирми кои имплементирале електронски бизнис. Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 1 ноември 2010 година. Поопширно на веб-порталот на Стопанската комора на Македонија, од каде што може да се преземе и пријавниот лист: www.mchamber.mk

Контакт: Ленче ЗиковаТел: (02) 3244054;Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 [email protected]

Контакт: Елизабета Ефтимова Тел: (02) 3244074; Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 be�@mchamber.mk

**********************

Од 10 до 12 декември 2010 година Меѓународeн гастрономски натпревар во Република Хрватска

„ БАКАЛАРИЈАДА“ ВО ТРОГИР Меѓународниот гастрономски натпревар „БАКАЛАРИЈАДА “ ќе се одржи од 10 до 12 декември 2010 година, во хотелот „МЕДЕНА“ и на Плоштадот Иван Павле II во Трогир, Република Хрватска. За време на 3-дневниот натпревар ќе се одржат:

КОНГРЕСИ, САЕМИ, СЕМИНАРИ, ТРЕНИНЗИ

Page 22: Бизнис ИНФО бр.27 од 28.10.2010

БИЗНИС ИНФО22 четврток, 28 октомври 2010

меѓународното натпреварување на професионални готвачи и ученици, презентации, дегустации, изложба на хрватски и странски производители на храна, работилници и предавања за гастрономијата, тркалезни маси за руралниот туризам, маслиновото масло, лукот како бренд итн. Оваа година, покрај готвачите од Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Франција, ќе учествуваат и мајсторите за готвење од Македонија. Во Трогир е предвидено одржување на „Македонска вечер“ со презентирање на традиционалните народни јадења, музика и фолклор. Стопанската комора на Македонија организира посета на оваа манифестација за сите заинтересирани готвачи и за македонските компании кои би ги презентирале своите производи на заеднички бесплатен штанд. Пријави во Стопанската комора на Македонија најдоцна до 29 октомври 2010 година.

Контакт лице : Венера Андриевска Тел: (02) 3244037 Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

**********************Семинар

�УСПЕШНО УЧЕСТВО НА 7. РАМКОВНА ПРОГРАМА НА ЕУ�

Скопје, петок 19 ноември 2010 година

Во рамките на европскиот проект WBC-INCO.NET, Slovenian Business & Research Associa�on, SBRA од Брисел,организира семинар на тема: Како да се придобијат средства од 7. рамковна програма за истражување и развој на ЕУ (FP7)?. Се покануваат сите заинтересирани претставници на претпријатијата, научните установи, локалните заедници и невладините организации, да ја искористат можноста, бесплатно да се информираат за предностите на ЕУ-програмата и условите, како да бидат успешни на конкурсите. FP7 програмата ќе трае уште 3 години, меѓутоа веќе започнаа првите дискусии за предлозите за 8.OP – за што исто така ќе бидете информирани. На семинарот, покрај македонските претставници, ќе земат учество и заинтересирани од соседните земји во регионот на ЈИ Европа. Во организацијата на семинарот соработуваат ЕЦПД Регионалниот институт за развојни студии од Скопје, и Стопанската комора на Македонија, во чии простории и ќе се одржува семинарот. Работен јазик е англискиот на кој треба да се пополнат и пријавите.

Заинтересираните се повикуваат да се пријават на следната е-адреса [email protected] со копија до [email protected] до 3 ноември 2010 година.

Контакт: Ленче ЗиковаТел: (02) 3244054;Факс:(02) [email protected]

**********************

Еднодневен семинар

“ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА СТРУЧНИТЕ ЛИЦА ЗА БЕЗБЕДНОСТ ПРИ

РАБОТА”28 октомври 2010 година

08:30-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

Со цел зголемување на капацитетите на претпријатијата за безбедност и здравје при работа, Стопанската комора на Македонија, во соработка со Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) и IFC (Меѓународна финансиска корпорација) - ISTR (Програма за меѓународни стандарди и технички регулативи), во периодот септември-декември 2010 година ќе реализираат стручна тематска обука за повеќе сектори.

• Банкарство и осигурување • Информатичко-комуникациски технологии • Трговија • Консултантски услуги • Угостителство и туризам

• Сообраќај • Административно работење Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 26 октомври 2010 година. Сите учесници на обуката ќе добијат збирка на материјали со важечки законски прописи и важни документи од областа на БЗР во Македонија, брошура за ОНЅАЅ 18001, презентација за ОНЅАЅ 18001, а на крајот од обуката ќе се стекнат со сертификат како потврда за учество. Поопширни информации и преземање

КОНГРЕСИ, САЕМИ, СЕМИНАРИ, ТРЕНИНЗИ

Page 23: Бизнис ИНФО бр.27 од 28.10.2010

БИЗНИС ИНФО 23четврток, 28 октомври 2010

напријавниот лист на: www.mcnamber.mk

Контакт: Ленче ЗиковаТел: (02) 3244054;Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 [email protected]

Контакт: Анита Митревска Тел: (02) 3244057; Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 [email protected]

**********************На 12.11.2010 година презентација на белгиската компанија „КОВАНЕР„ во Стопанската комора на Македонија

СОВРЕМЕН АЛАТ НА ИДНИНАТА

Стопанската комора на Македонија, во соработка со македонско-белгиската компанија „Кованер Балкан„ ДООЕЛ, која е дел од белгиската компанија „КОВАНЕР„, организира презентација на рачен алат со врвен квалитет. Овој алат наоѓа примена во градежништвото, дрвната индустрија, обработката на мермер и камен и кај занаетчиските работи. Презентацијата, на којашто ќе бидат поставени алатите и ќе биде објаснета нивната примена, ќе се изврши под мотото „Современ алат на иднината“. Предвидена е интерактивна размена на искуства и сознанија од примена на рачниот алат. Презентацијата ќе се одржи нa 12.11.2010 година, со почеток во 10:00 часот, во Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат. Од 11– до 11.30 часот ќе има коктел-пауза, а потоа се предвидени билатерални разговори. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите македонски компании заинтересирани за учество на презентацијата да го пријават своето учество најдоцна до 3.11. 2010 година. Пријавниот лист може да се преземе од веб-порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk

Контакт:Мирјана КоцеваЕ-адреса: [email protected]Тел:3244-035; Факс: 3244-088

**********************На 10 ноември во Стопанската комора на Македонија

ПРОМОТИВЕН ДЕН НА ПОРТУГАЛИЈА*ПРОМОЦИЈА, ПРЕЗЕНТАЦИИ И ДЕЛОВНИ СРЕДБИ СО

ПОРТУГАЛСКИ КОМПАНИИ

Во насока на доближување на португалското стопанство и неговите економски потенцијали до бизнис заедницата од нашата земја и на непосредно запознавање со можностите за деловна соработка, на 10 ноември во Стопанската комора на Македонија ќе се одржи промотивен ден на Португалија.

Во рамките на промотивните активности ќе се одржат и деловни средби со португалски компании. Португалската делегација, предводена од претседателот на Трговската комора на Португалија – Западен Балкан, е составена од пет реномирани компании од оваа земја членка на ЕУ и тоа: • Ibericofer, градежиштво; • Cinclus, инженеринг; • Focus Group, инженеринг; • Sua Kay, архитектонтско студио; • Parqueexpo, животна средина и урбано уредување.

За време на настанот ќе биде потпишан Спогодба за соработка помеѓу Стопанската комора на Македонија и Трговската комора на Португалија – Западен Балкан. Со цел воспоставување директни контакти и запознавање со потенцијални македонски партнери реномираната јавна португалска компанија “Паркекспо” ќе одржи презентација на низвните активности и интерес за соработка. “Паркекспо” е лидер во областа на просторното планирање и урбано уредување на јавни и приватни површини и во имплементација на проекти од животната средина. Промотивниот ден на Португалија и деловните средби со компаниите од Португалија ќе се одржат на 10-ти ноември со почеток во 11 часот, во Стопанската комора на Македонија. Учеството за македонските компании е бесплатно.

Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004; Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 [email protected]

Контакт: Венера Андриевска Тел: (02) 3244037; Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 [email protected]

**********************На 24 и 25.11. 2010 година дводневен семинар

ФИДИК � КЛУЧ ЗА ПОЗНАВАЊЕ НА ПРАВИЛАТА ВО ЕУ И СВЕТОТ

�FEDERATION INTERNATIONAL DES IN�GINEUR COUNSELLE � FIDIC�

ГРАДЕЖНИШТВО И ИНЖЕНЕРИНГ 08:30 -16:00 часот

Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Со цел зголeмување на конкурентноста на фирмите од Македонија на меѓународните и на домашниот градежен

КОНГРЕСИ, САЕМИ, СЕМИНАРИ, ТРЕНИНЗИ

Page 24: Бизнис ИНФО бр.27 од 28.10.2010

БИЗНИС ИНФО24 четврток, 28 октомври 2010

пазар, во Стопанската комора на Македонија, ќе се одржи семинар на којшто ќе се презентираат стандардите што ги пропишува FIDIC, кои се користат скоро во сите градежни инвестиции во светот. Најголемиот број меѓународни финансиски институции (EIB, EBRD, World Bank, Asian Bank), водечките меѓународни комерцијални банки, инвестициски фондови, како и други инвеститори, бараат инвестициските проекти да се реализираат по овие стандарди, кои даваат насоки за правење на разни

видови меѓународни договори. Договори кои ги користат инженерите, правниците и менаџерите на фирмите при изведување на работите. Семинарот ќе овозможи учесниците да се стекнат со знаења за отпочнување со работа односно проширување на знаењата за ФИДИК стандардите, кои се применуваат и на тендерите и во нашата земја. Обучувач на семинарот : м-р Живко Димов, дипл.инг. Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 15 ноември 2010 година. Уучесници ќе добијат работен материјал и на крајот од обуката ќе се стекнат со сертификат како потврда за учество на истата. Цената за еден учесник изнесува 4.720 денари (4000+ДДВ) за компании-членки и 7.080 денари за 1 учесник (6000+ДДВ) за компании кои не се членки на Комората.

Контакт: Марија Петроска Тел: (02) 3244017;Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 [email protected]

Контакт: Ленче Зикова Тел: (02) 3244054; Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 [email protected]

**********************Од 2 до 5.12.2010 година, во Бурса, Република Турција

САЕМИ ЗА МЕТАЛ И ЕНЕРГЕТИКА

* Стопанската комора на Македонија во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор- АДОНИС ГРУП, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 1 до 3 декември 2010 година

Во периодот од 2 до 5.12.2010 година во Бурса, Република Турција, ќе се одржи 9-тиот традиционален Меѓународен саем за метал и енергетика: - “BURSA METAL PROCESSING TECHNOLOGIES FAIR 2010’’ – Саем за машини за обработка на метал, за заварување, за рачен алат, пневматика и хидраулика; 8. Меѓународен саем за електрична енергија, електронска автоматизација, просветлување и комуникација-ELECO 2010;

- 2. Меѓународен саем за лим, цевки и нивна обработка - BURSA SHEET METAL TECHNOLOGIES 2010 и - Бурса хардвер и безбедност на работното место-BURSA HARDWARE AND JOB SECURITY FAIR.

Станува збор за еден од најголемите меѓународни саеми за метал и енергетика, на кој свое учество ќе земат реномирани компании од повеќе земји од светот. Стопанската комора на Македонија во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор- АДОНИС ГРУП, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 1 - 3 декември 2010 година. Обезбедено е бесплатно хотелско сместување со две ноќевања и вклучен доручек, трансфер од хотелот до саемот и влезница на саемот. Сместувањето е во реномиран хотел со 4 или 5 звезди. Посетителот ги покрива патните и административни трошоци за саемскиот организатор Адонис во износ од 95 евра по лице со автобус (доколку е со сопствен превоз, само 35 евра административни трошоци). За реализација на автобускиот превоз потребно е обезбедување на минимум 17 патници. Уплатените средства до Адонис и Стопанската комора на Македонија не се рефундираат, доколку учесниците одлучат да го откажат патувањето после истекот на рокот за пријавување. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонските компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 26 ноември 2010 година (петок). Повеќе информации за саемската манифестација се достапни на веб-страната: h�p://www.tuyap.com.tr.

Контакт: Билјана Пеева-Ѓуриќ Тел: (02) 3244034; Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 [email protected]

Контакт: Војкан Николовски Тел: (02) 3244068; Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 [email protected]

**********************Од 22 до 30 јануари 2011 година во Дизелдорф, Германија

САЕМ ЗА БРОДОВИ И ЈАХТИ “BOOT 2011”

Oд 22 до 30 јануари 2011 година, во Дизелдорф, Германија, ќе се одржи саемската манифестација , “BOOT 2011” - Меѓународен саем за бродови, јахти, и опрема”.

На oваа саемска манифестација, ќе бидат изложени најновите модели на: • бродови; • јахти; • мотори и моторна техника; •опрема за бродови и јахти; •услуги; •кајак и кану; • скијање на вода; •сурфање; •риболов и тн. Стопанската комора на Македонија организира посета на македонските компании на саемската манифестација “BOOT 2011” по претходно пополнета пријава за учество на настанот.

Контакт лице : Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004;Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

КОНГРЕСИ, САЕМИ, СЕМИНАРИ, ТРЕНИНЗИ

Page 25: Бизнис ИНФО бр.27 од 28.10.2010

БИЗНИС ИНФО 25четврток, 28 октомври 2010

Белгиска компанија бара ексклузивен застапник во Република Македонија за плсман

на маргарин и лиснато тестоВид на соработка: Производи, производство

Област на соработка: Трговија на големо и малоВалидност до: 23.12.2010

*****************Турска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на

сигурносни сефови за безбедно чување на пари, податоци, за злато сефови во хотелски

соби, обезбеденени со се со кодирани клучевиВид на соработка: Производи, производство

Област на соработка: Трговија на големо и малоВалидност до:23.11.2010

*****************Турска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на

хидраулични вентили за мобилни крановиВид на соработка: Производи, производство

Област на соработка: Трговија на големо и малоВалидност до:27.11.2010

*****************Турска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на

хидраулични лифтови за употреба при градењеВид на соработка: Производи, производство

Област на соработка: Трговија на големо и малоВалидност до:27.11.2010

*****************Хрватска компанија бара дистрибутер во

Република Македонија за пласман на контејнери за запаливи и опасни отпадоци

Вид на соработка: Производи, производствоОбласт на соработка: Трговија на големо и мало

Валидност до:28.11.2010

*****************Македонска компанија бара пласман на

сончогледово масло во пакување од 1 литар и рефус во Република Албанија

Вид на соработка: Производи, производствоОбласт на соработка: Трговија на големо и мало

Валидност до:1.12.2010

*****************Компанија од Израел бара соработка со

откупувачи на земјоделски производи во Република Македонија за пласман на

пазарите во ЕУ- компанијата е заинтересирана да врши откуп на 5 шлепери земјоделски

производи неделноВид на соработка: Техничка соработка

Област на соработка: Трговија на големо и малоВалидност до:2.12.2010

*****************Компанија од Црна Гора е заинтересирана да увезува конзервиран зеленчук од Република Македонија (пиперки, краставици, лутеница,

ајвар и феферони)Вид на соработка: Техничка соработкаОбласт на соработка: Производство на

прехранбени производи,тутун и пијалоциВалидност до:3.12.2010

*****************Грчка компанија побарува македонски

текстилни компании за производтсво на машки костуми по принципот на „лон„ систем.

Пред потпишување на договор, компанијата ќе испрати примероци од текстил, за изготвување

на пробни костуми.Вид на соработка: Соработка во производство

- доработкаОбласт на соработка: производство на текстил и

текстилни производиВалидност до:31.12.2010

*****************Хрватска компанија нуди соработка во областа

на развој на проекти за животна средина во Република Македонија

Вид на соработка: Техничка соработкаОбласт на соработка: Заштита на животна

средина и обновлива енегијаВалидност до:31.12.2010

*****************Хрватска компанија им нуди штандовско

претставување на македонските компании од кондиторската и текстилната индустрија на

Licensing New Europe-Internacional Licensing and Merchandising Show and Conferece која ке се

одржи од 11-до 13.11.2010 во ЗагребВид на соработка: Техничка соработка

Област на соработка: Произвдство на текстил И текстилна индустрија

Валидност до:5.11.2010

*****************Хрватска компанија бара дистрибутер во

Република Македонија за пласман на машини за прочистување на вода и целокупниот еколошки отпад со рециклажа на истиот

Вид на соработка: Производи, производствоОбласт на соработка: Трговија на големо и мало

Валидност до:28.12.2010

*****************Македонска компанија бара дистрибутер во Европа за пласман на болнички програм на производи во кој посебно место завземаат

чаршави за заштита на јоги од мокрење ,изработени од ПВЦ фолија и опшиени со ластик,памучни чаршави,перници,

постелнина,хирушки мантили,одела бели мантили и др.

Вид на соработка: Производи, производствоОбласт на соработка: Трговија на големо и мало

Валидност до:30.12.2010

*****************Компанија од Босна и Херцеговина бара

дистрибутер во Република Македонија за пласман на душеци за спиење, душеци за

војска и болници и лична воена опрема (НАТО стандард)

Вид на соработка: Техничка соработкаОбласт на соработка: Произвдство на текстил И

текстилна индустрија Валидност до:29.12.2010

*****************Компанија од Босна и Херцеговина бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на реагенси за цитологија,

хистологија, хематологија, микробиологија, медицина, индустрија, дерматокозметика и

дезинфекциски средстваВид на соработка: Техничка соработка

Област на соработка: Произвдство на текстил И текстилна индустрија

Валидност до:29.12.2010

*****************Компанија од Босна и Херцеговина бара

пласман на стакло сечено по мера и термоизолационо стакло во Република

МакедонијаВид на соработка: Производи, производство

Област на соработка: Трговија на големо и малоВалидност до:30.12.2010

*****************Компанија од Босна Херцеговина бара

ексклузивен застапни во Република Македонија за продажба на модниот бренд Bellissima

Вид на соработка: Производи, производствоОбласт на соработка: Трговија на големо и мало

Валидност до: 30.12.2010

*****************Компанија од Босна и Херцеговина бара дистрибутер во Република Македонија за

пласман на системи за сателитско пратење на возила како и потрошувачка на гориво

Вид на соработка: Производи, производствоОбласт на соработка: Трговија на големо и мало

Валидност до: 1.12.2010

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

тел: : (02) 3244036факс: (02) 3244088

[email protected]Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски