40
МАКЕДОНСКА РИЗНИЦА 39 ОКТОМВРИ 2015 ГОДИНА ISSN: 1857-8314

Македонска Ризница 39

  • Upload
    -

  • View
    232

  • Download
    5

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Македонска Ризница, бр. 39, октомври 2015 година

Citation preview

Page 1: Македонска Ризница 39

1

Македонска Ризница, бр. 39

МАК

ЕДО

НСК

АРИ

ЗНИ

ЦА

39

О

КТО

МВР

И 2

015

ГОД

ИН

А

I

SSN

: 185

7-83

14

Page 2: Македонска Ризница 39

2 3

Почитувани читатели, имаме чест да Ви го претставиме триесет и деветтиот број на „Македонска Ризница“. Во него младата писателка Кристина Цонкинска ни приреди прекрасен напис за македонскиот поет Ацо Караманов, а Ви ја пренесуваме и речта на Гане Тодоровски над гробната јама на нашиот истакнат писател и општественик Анте Поповски.

Како и обично, Ви претставуваме прекрасна портрет карикатура, овој пат на македонскиот револуционер Даме Груев, изработена од карикатуристот Никола Анѓелкоски. Исто така ќе можете да видите илустрација на Питу Гули, од стрип-авторот Игор Јовчевски, а ќе можете да се посмеете и на најновата стрип-авантура на мачорот Бромо, дело на Владо Јаневски.

Се чини дека овој, триесет и деветти број, речиси во целост е посветен не деветтата уметност - стрипот. Специјално за Вас направивме интервју со младата стрип-авторка Јована Велинова, а Ви пренесуваме и темелна рецензија на српскиот стрип-теоретичар Иван Вељковиќ за графичкиот роман „Modus Vivendi“ на авторот Дарко Богданов од Виница. Томе Трајков, пак, ни ги пренесе впечатоците од неодамна одржаниот конкурс за стрип во склоп на „Скопје креатива“.

Доколку ги читате овие редови, претпоставка е дека сте задоволни од досегашната содржина на „Македонска Ризница“. Па сепак, доколку мислите дека во иднина би требало да обрнеме повеќе внимание на една, односно на друга тема, слободно пишете ни на нашата e-mail адреса. Вашето мислење и повратна информација би ни значела многу.

Со почит, АЛЕКСАНДАР СТЕВАНОВ

Македонска Ризница број 39

октомври 2015 година

Главен уредник:Благојче Андонов

Редакција: Гоце Панговски

Соработници: Кристина ЦонкинскаНикола АнѓелкоскиЖорж ПоповскиИгор ЈовчевскиИван ВељковиќДарко БогдановЈована ВелиноваТоме ТрајковВладо Јаневски Издавач и дизајн: Александар Стеванов

Page 3: Македонска Ризница 39

3

Македонска Ризница, бр. 39

Во овој број ќе читате:

ПОЕТСКОТО ТВОРЕШТВО НА АЦО КАРАМАНОВКристина Цонкинска ............................................................................................................................................. 04

ДАМЕ ГРУЕВ - ПОРТРЕТ КАРИКАТУРАНикола Анѓелкоски ............................................................................................................................................... 09

СЕЌАВАЊЕ НА АНТЕ ПОПОВСКИ - ГАНЕ ТОДОРОВСКИРедакција ............................................................................................................................................................... 10

ПИТУ ГУЛИ - ИЛУСТРАЦИЈАИгор Јовчевски ...................................................................................................................................................... 17

БИДЕЈЌИ ВАКА ЈАС ЖИВЕАМ...Иван Вељковиќ ...................................................................................................................................................... 18

ИНТЕРВЈУ СО СТРИП-АВТОРКАТА ЈОВАНА ВЕЛИНОВААлександар Стеванов .......................................................................................................................................... 24

СВЕТОТ НА БРОМОБладо Јаневски ..................................................................................................................................................... 33

СТРИП НА „СКОПЈЕ КРЕАТИВА“Томе Трајков .......................................................................................................................................................... 34

Page 4: Македонска Ризница 39

4 5

едумнаесет пати се заврте тркалото на судбината, ќилим од испреплетени стихови сега падна од грбот на ова младо уморно лице, а куршум се чинеше како предоволно моќен за да ја запечати судбината оставајќи крвав кобен отпечаток. А токму на широките плоштади, земјата со раширени раце му напиша споменик врежувајќи го поет-динамит како негово вечно име, а засади пролет

во нашите растреперени души. Колку ли само време треба да помине за да стекнеш впечаток за овој свет кој те опкружува? Доволни ли се девет години, за визијата да остане преточена низ низата на навезени зборови проникнати од длабочините на една сè уште нерасцутена човечка душа, но душа со премногу цутови кои кога ќе се отворат би симболизирале раскош на неверојатни детски

ПОЕТСКОТО ТВОРЕШТВО

НА АЦО КАРАМАНОВ

Автор:

КРИСТИНА ЦОНКИНСКА

С

Page 5: Македонска Ризница 39

5

Македонска Ризница, бр. 39

црти преполни со волја за живот. Една неверојатна љубов се роди во тие сјајни очи, тие одрази на виножитото кое навестува дожд после сонце, кое најавува затишје после бурата, кое носи премногу болна надеж за слободно утре. Таа љубов беше најверојатно онаа што би се рекла на прв поглед, онаа за која продолжуваш да живееш и со која што знаеш дека ќе умреш. - „Ние и кога умираме треба да пееме“. Ацо Караманов, о тоа петгодишно дете со растурена коса и со големи сини очи... О тоа бесмртно суштество во кое што живеат три човека, три грутки на неговото битие. Колку ли силно љуби, ова чудо од дете, ова предвремено остарено срце, колку ли е занесен од крилјата на поезијата, прикован во нејзините тајни одаи и заклучен низ катанците на детската среќа во која не стана свесен дека остана единствен. Еднаш се роди со траги на збунувачки реализации, а лавата во неговите дланки преточена преку творечката индивидуалност само еднаш се слеа од вулканот и остана да ги грее срцата над површината од оваа земја. Сомнежите, дилемите во душата и распнувањата, сите контрaверзии прибрани во неговиот ум го одведоа на пиедесталот на најистакнатиот визионер и поетски идеалист. Тело преполно со трепет, со врела борба која извира од крвта во неговите вени, пргавост и немилосрдност кон поразот - проклета решителност дека може, верба дека постои некаде поубав свет за кој ја става ногата во гроб само за да допре до најтесните ѕидови на подобриот живот. Поет со пушка во рацете, со јарост во градите, со пролет во мечтите, роб на борбата, нејзин заколнат животен сопатник кој ветува дека ќе ги затвори очите пеејќи среќен. Ах ти, човеку, створен од ритам на три срца. Сè уште ли го сакаш тоа дете кое е првиот дел од тебе, она кое сака да скока по топлиот ветер, да плаче со липањето на жуборот на есенските матни води, да се прпелка во снегот заедно со првите снегулки? Сè уште ти причинува страв оној седумнаесет

Page 6: Македонска Ризница 39

6 7

годишен старец кој се крие во тебе и е способен да уништи сè што ќе допре? Ги сакаш. И тоа како. Она што го сплотуваат нивните раце си ти. Оној човек на кого толку многу му се лутиш и во некои ситуации го мразиш, а понекогаш толку многу го сакаш, бидејќи тоа е онаа целина која те исполнува до врвот и прави да се чувствуваш она што си во својата кожа. А кога настапува онаа тишина, оној молк кој те преплашува до смрт, кој распарчува сè што е живо, дели сè на половина, остава само траги и прав, доаѓаат и прашањата колку го познаваш тој човек, колку е премногу чувствителен, а истовремено премногу недоискажан. Многу тајни крие во себе, ова безизразно невино лице, под пазувите на сопствената заробена половина која не може да си ја обелодени ниту на себеси во целосна смисла. Некогаш бил само обичен човек, детска насмевка зафрлена во доцните години на некојси лажен живот. Личност која тежнее да се вклучи на модерната поетика, со поетска мисла воедно европска и светска. И никој не бил свесен, најмалку самиот тој, што всушност е во тој момент, колкава моќ носи во себеси и во своите стихови везени од мастилото на белите листови хартија. Само знаеле да го препознаат по чистите искри на надеж и верба дека тој еден ден ќе биде заслужен за слободата во која ќе ужива половина свет и цела татковина. Сè тргнува од Радовиш, како по некое непишано правило градот остава траг на неговото раѓање. Прва страст која ја доживува е токму поезијата. Она што го оформи во границите на поетската кариера, беше надвор од училишните клупи. Сè постигна на свој начин, со самообразование кое го поттикна да ја соочи онаа бариера на зрелост која ја достигнува во рамките на поетската уметност. А годините како да се вртеа против него. Всушност како да сакаа да го спречат да сонува детски соништа, да лета низ облаците на небото и да верува во подобро утре. Му ја запечатија судбината. Го запреа неуморливиот

поток на прекрасно сложени реченици низ ракавот на една незапирлива мелодична река. Само неколку искинати листови на подот знаат да зборуваат за неговиот живот. Три или четири, пет или шест страници од неговиот пожолтен дневник ѕиркаат желни да ги откријат оние тајни кои ги заробувало срцебиењето на тоа младо гранче дрво, на кое засекогаш му се скрати можноста да расцути во преубав цут со кој ќе може да се гордее целиот корен. Тој Дневник кажува колку прецизно ги извршувал обврските и должностите со кои се сретнувал во својот живот. И се како под конец, се како навезано и прецизно точно како часовник. Уште еден доказ колку овој сосема невин лик можел да ја насети трагедијата која се крие зад завесите на неговата судбина. Сакал сè да оствари, да го направи она со што може да ги остави задоволни луѓето кои го сакаат, а пред сè да остане задоволен од себеси. Како секој чекор да го правел според правилото дека можеби тој ден е последен, секоја минута сакал да ја искористи до таа мера што би била вредна да се осмисли еден нов стих кој засекогаш ќе остане запаметен во аголот на листот хартија. Со тоа темпо се најде, најмлад по години, меѓу плејадата македонски творци кои положувајќи ги своите животи во борбата за татковинските и револуционерните идеали ја напуштија животната сцена тогаш кога на животот му беа најпотребни. Не е тешко да се заклучи дека со својата контроверзна душевно распната личност Ацо Караманов му припаѓаше на големото семејство на светските меланхолици во уметноста, на чело на кои стојат Ниче и Бодлер, неслучајно неговите најомилени автори, со чии творби се преисполнети неговите лектирски тетратки. Парадоксот се крие во тоа што дури сега сме доволно способни да го увидиме навистина премногу големиот талент кој се сокрил зад тие трепки од прилично уморните очни капаци. Иако не успеа да објави ниту една стихозбирка по која ќе се памети себеси онаков

Page 7: Македонска Ризница 39

7

Македонска Ризница, бр. 39

каков што ние го паметиме и го споменуваме денес. Тој жртвуван младич беше ист како и повеќето од својата генерација кои беа спремни да го дадат сопствениот живот за да ги исполнат идеалите во кои веруваат. Беше спремен да ги надмине замките кои претчувствуваше дека ќе му ги положи животот не завршувајќи го соодветно патот по кој чекори. Од тие 280 дела, како и неговите бележници, лектирски тетратки, дневнични записи и епистоларија не оформи ниту една поетска книга. Тоа е можеби и причината што долги години никој не увиде колкаво богатство остана закопано во земјата заедно со него. Благодарение на заслужните личности прикажани во ликовите на неговите другари Милан Ѓурчинов и Радивое Пешиќ, денес ние во рака можеме да ги допреме овие уникатни дела: „Црвена пролет„ издадена 1963, 1984 и 1989; „Прозните записи“ издадена 1981 година; „Сребрените соништа“ и „Големата песна на Ацо Караманов“ издадена 2006 година. Тие се само едноставни трудови кои се олицетворение на неговиот творечки дух. А тој, само го остави животот, го положи под земјата и остана да се дружи со сонцето и небото. Со себе ги понесе и тајните. Оние кои нè ни дозволуваат да останеме покусо на премногуте прашања на кои нема одговор. Но, најголемата тајна што ја остави зад себе Ацо Караманов беа окрвавените тетратки со неговите партизански творби напишани последните денови кои се бесповратно уништени. Што имало во нив? Што криеле тие? Но нели ни останува нас, на идните поколенија да ги одгатнуваме?

Со бескпрекорно задоволство кажуваме за тебе, поету наш славен, те носиме низ срцата како преточена болка од дното на бездната на нашите покорени души. Ги сокриваме солзите во очите кога зборуваме колку борбен дух можно

Кристина Цонкинска е родена на 6 јануари 1997 год. во Македонски

Брод. Од оваа година таа е студент на правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Средно образование заврши во

својот роден град Македонски Брод, во гимназијата „Св. Наум Охридски“. Пишува

уште од својата 13-та година и гордо кажува дека пишувањето

е нејзина најголема љубов и желба. Сакајќи да го сподели она што го поседува со другите, во февруари 2014 таа основа свој блог како и фејсбук страница каде ги

објавува сите мисли и дела со име Девојката со ледено срце кое исто така го користи

како псевдоним. Член е на неколку фејсбук здруженија на писатели и поети. Исто така

пишува онлајн за неколку интернет портали. Во мај 2014 год, таа го освои првото место на државниот натпревар по македонски и литература. Покрај тоа, учествуваше и

на повеќе конкурси на кои освои прво место на државно ниво. Првите места ги заслужи со текстовите: „Блаже Конески во нашите

срца“ за истоимениот конкурс и „Поетското творештво на Ацо Караманов -вечен завет на

една нерасцутена младост“. Во 2014 година Кристина учествуваше во антологијата

“Поезија и проза за восхит 2“ со неколку свои куси раскази.

Page 8: Македонска Ризница 39

8 9

е да биде влеан во само една детска нагонска природа, колку желби можат да бидат скротени во игрите на судбината, а колку само малку од нив да бидат исполнети. Не, твојот живот не заврши на оние кобни седумнаесет, не згасна жарчето на живот тогаш кога во тебе цветаше онаа радост на сопствените години. Не го загуби животот. Не загуби ниедно од твоите три срца. Ниту еден дел од нив. Всушност неприкосновено бијат со се поголем жар кој пламнува низ магливиот поглед на секој од нас. Со почит те величиме, генијалецу недоискажан, животе непроживеан, сону недосонуван. Присилно те разбуди врелата крв која се слеа по твоето тело во моментот кога згаснуваше и последната капка на постоење во тебе. Те натера најпрво да веруваш, а потоа ти ја зеде довербата од раце. Те присили да живееш во реалноста, а најпосле го прикажа твојата кратка животна видеолента на касета која упорно се премотува со неспособност да го промени овој трагичен крај. Но, ти живееше. А да не живееше, можеби и повеќе од половина други луѓе не би постоеле. Оној хоризонт на твоите мечти, иако неисполнети, тешко се надминува во границите на човековиот ум. Бојата на стиховите, сликите кои ги доловува секој нов изговорен збор, чувствата кои нè тераат да се наежиме ставајќи сè себеси во улога на нив. Ставовите кои прилично длабоко ги изразуваат сите сомнежи и сите убедувања, сите проникливи уверувања во она што живее во тебе, што твори со тебе и копнее по нешто поинакво. Старецу по природа, младичу во огледалото, ти ги скова нашите судбини на многу подобар начин од сопствениот. Нè натера нашиот памет да западне во длабок транс на скалилата во кои твоите неверојатно преточени мисли содржат експанзија која мора да се одвива надвор од твоите стихови, но тука во нашата внатрешност. Огромна грешка би било доколку некогаш некој се посомнева во твојата желба за борба за хуманистичката преродба. За тебе не постои лош збор, о вечно млад врснику наш,

твојата смрт е безсмислена. Ти си длабоко заборен во тие проклети лажни години. Ти си тој младолик старец од чиишто совети можеме да останеме без коментар и во длабоко размислување. Најголемата гордост на Радовиш. Вечната фигура по која што тој град вечно ќе умее да те слави, да ги одржува засекогаш Карамановите средби кои ги поврзуваат поетите од сите балкански земји, но и пошироко. Во твоја чест ќе се пишува, ќе се твори, ќе се следи твојата судбина и ќе и се изменува крајот за да остане подобар во нашите сеќавања.

Генијален поету, за тебе ни останува да твориме, да се бориме да останеш она што никој не успеал да го сфати додека течел твојот живот. Да те прикажуваме во најдобро светло, во заслужен поглед иако низ магливо кобен крај на книга која зрачела со позитивна енергија. Да докажуваме колку си вреден, каква голема улога имаш на овој свет и каква благодарност на Бога треба да му се оддаде поради твоето седумнаесетгодишно постоење. Денес името Ацо Караманов го носат една улица, детската установа во Радовиш, општинската установа Центар за култура, еден фолклорен ансамбл. Ќе продолжи да се носи и низ сите идни години, почнувајќи како натпис на установи и институации, а заокружувајќи се како натпис на срцето на твоите читатели.

Page 9: Македонска Ризница 39

9

Македонска Ризница, бр. 39

ДАМЕГРУЕВ

Македонски револуционер

(1871- 1906)

Портрет карикатура, молив во боја на

хартија

Никола Анѓелкоски

Page 10: Македонска Ризница 39

10 11

ажно собрание, Кога завчера, на први октомври од божјава 2003-та година, во првите часови на попладнето, нашиот драг и мошне близок другар, нашиот мошне истакнат писател и неспокоен општественик Анте Поповски ги беше склопил за навек своите мудри очи, сфативме како во бунило дека сме ти изгубиле, народски речено, златен човек! Сега, застанати покрај отворената

гробна јама, немеејќи со наведнати глави, чекајќи да го положат мртвото тело на поетот во пазувите на македонската земја, сфаќаме дека сме ти изгубиле нешто далеку-далеку повеќе од само поет, врвно име на современата македонска литература, драг пријател, титулар и крепител на семејно огниште, општественик од повисок ранг и формат. Сфаќаме дека си заминува од нас човек што обединувал во

СEЌАВАЊЕ

НА АНТЕ ПОПОВСКИ

Проштална реч на

ГАНЕ ТОДОРОВСКИ над гробната јама

T

Page 11: Македонска Ризница 39

11

Македонска Ризница, бр. 39

својата сестрана актива и акција повеќе благодати на духот, човек што ги надраснал за повеќе аршини мерливите и немерливите височини на мислата, дека денеска се делиме од човек кого што со апсолутна убеденост можеме да го именуваме како македонски мудрец, како посовршена мислечка единица на нашето време и нашиот простор, дека и подаруваме на мајчичката земја тело на заслужник, чии светли траги на развиорена мисла што зрачела и значела многу што низ проток од педесетина години останува за навек како блескотен биљур во духовната ризница на нашиот народ. Антевата мисла и беше на Македонија симбол на антејство, на тој силоносен според преданието од старогрчката митологија допир со мајчичката земја, тој сеобјаснив вруток на енергија и моќ што и дава на татковинската идеја размав и доминација и што го олицетворува патриотизмот како врвна точка во осмислувањето на животот. Како човек на жива комуникација и на еруптивна сила на македонољубието Анте и втисна продорна сила на современата македонска мисла, кристализирајќи го нејзиниот идентитет, стабилитет, авторитет. Од тој и таков гигант на мислата и на татковинската идеја се разделуваме денес и таа огромна почит и обѕирност струи низ неодложната заложба тоа токму овде сега да се каже. Ова го кажуваме драг наш Анте, во името на твоите бројни та недобројни пријатели и познаници од протокот на нашиот ден, оние мијаци и брсјаци и расфрлани ширум светот Македонци, лазарополци, битолчани, скопјани, мааковци и други твои современици, едномисленици, сподвижници и почитатели, луѓето што ти ја следеа и впиваа пророчката мисла и движбата на самуиловски физиономиран велможа, великиј мож од нашата богата историска просторност и силна жива меморија. Допрва ќе ги дипли и предиплува нашата јавна мисла твоите визии и согледби, твоите иницијации и умогледби. Тие ќе сјаат во ризницата на македонскиот ум

Page 12: Македонска Ризница 39

12 13

како мисловен поттик и како стратешка насока на потомството. Ти ни кажуваше преку сугестивната магија на своето мудро слово дека умираме колку за да им ставиме до знаење на сите што допрва ќе треба да го сторат тоа, дека сме го разбрале животот и сме се збогувале со него, како што прилега. Впрочем, така и ја сфаќаме и прифаќаме смртта – како едно церемонијално збогување, како едно гласно и страсно ДОГЛЕДАЊЕ, интонирано со молските звуци на прошката. Кога настоеше да се пошегуваш троа од троа, на свој начин, ти ни велеше: „Оревоар боку“. А ние денес без таква мисла за шега и без потреба од празнословни

умувања, еве, ти велиме: „Догледање другар, многу догледање!“ и ни се стега во грлото зборот пред страотно жестоката вистина дека ќе ни недостига живата сила на твојата мудра мисла. Еве ја пред тебе таа твоја земја што те чекала и те пекала да те присвои, за да се увери дека си нејзин. Легни во неа колку за блажен спокој и колку за да ти отпочине телото од многуте болештини и страданија. Ќе ни остане твојот магичен збор како божествен довик да умееме да векуваме - векувај во името на сите нас, велможо семакедонски! Нека да Ти е вечна славата.

Page 13: Македонска Ризница 39

13

Македонска Ризница, бр. 39

ТОЈ ТУКА ЛЕЖИ

Не оној што го поведе народот

кон Ветената земја

туку оној што не изведе нас

неколку браќа и сестри,

учејќи не да се откриваме

од една во друга пустина на душата

Тој тука лежи: нашиот татко

препис на планината

обессловена стихија

тој, на кој единствена црква

му бевме ние-децата негови.

Анте Поповски

Page 14: Македонска Ризница 39

14 15

Еве ја таа проста земја

од дволичен камен

и сонце

Децата уште незаодени каде

откопуваат

лобањи по градините

Еве ја таа проста земја

од пајажина

и од води

Мудро слободата кај што ги

запишува

селските имиња

Место икони по црквите

И каде летото како судбина

Трае до последниот востанат

Еве ја таа проста земја

од заморено дишење

и од молк

Низ која времето одминува

и пак се враќа

Со неа да го сподели лажното

траење.

О, еве ја таа проста земја

од грч

и од чекање

Што ги научи и ѕвездите да

шепотат на македонски

А никој не ја знае.

Анте Поповски

МАКЕДОНИЈА

Page 15: Македонска Ризница 39

15

Македонска Ризница, бр. 39

ЗАБОРАВ

Цел живот гледам моите коски, мојот разум,

поривот мој, телото и видот, сè од кое сум создаден

како се преобразува во зборови,

долги и куси, жолти и сини,

израмнети како под преса,

без возвишенија и без рабови

за листовите на книгата

природно да налегнуваат еден врз друг...

Така се преобразив себеси

во земја преведена на македонски

врз која ќе шетаат ветровите...

He барав идеја за одново да оживеам

- добро ми е во заборавот.

Анте Поповски

Page 16: Македонска Ризница 39

16 17

Стариот златар од крајот на нашата

улица

соѕида ограда околу својот дом. Co

месеци

одбираше мазно камење по реките,

надонесе купишта во дворот, го

соѕида,

го натокми ѕидот и полека почна да

ја везе

шарата со металот. Почнаа да се

распознаваат

стилизирани обетки со цвеќенца, со

плодови,

со крстови. Стариот мајстор убаво

знаеше

дека и Исус носел обетки и она што

го правеше

на оградата го правеше според

привидот

на неговите обетки. Така тој го искова

својот најубав орнамент. И гледавме

потоа

квечерина во дворот како ги полева

цветовите:

од радост тогај прво се занишуваа

обетките на оградата а потоа се

слушаше

и глас на жена што надоаѓаше од

далеку,

отаде ѕвездите. И отпатува потоа

стариот златар

по трагите на тој глас и остана само

таа

Витменовска ограда

низ која сега се провираат само

ветерот и смртта...

Анте Поповски

ВЕТЕРОТ И СМРТТА

Page 17: Македонска Ризница 39

17

Македонска Ризница, бр. 39

ПИТУ ГУЛИ Автор: Игор Јовчевски

Page 18: Македонска Ризница 39

18 19

рак. Единственото нешто на светот што постоело пред библискиот ЗБОР. Или било кој друг збор. Мракот е нешто што во ова нездраво време се искомерцијализира и искористи до болка. Но мракот останува несфатлив. Вистинската негова природа е достапна само за оние кои ќе го прегрнат со двете раце. Тоа се сонувачите, ентузијастите за кошмари, халуцинации, креирање на нови нешта

од бескрајното ништо, кое во глобала е тесно поврзано со мракот. А тој привлекува, не се дава, зграпчува, и кога ќе зграби, вистинско враќање никогаш нема.

Пропонент, експонент и адорант на мракот, Дарко Богданов, се одлучи да создава. Само за нијанса помалку важни факти се тие дека овој стрип

БИДЕЈЌИ ВАКА ЈАС

ЖИВЕАМ...Автор:

ИВАН ВЕЉКОВИЌ

М

Page 19: Македонска Ризница 39

19

Македонска Ризница, бр. 39

цртач од Македонија е едно од најпродуктивните имиња на стрипот од тој простор, но од тој вид за кој просечниот народ – на голема и целокупна жалост – никогаш не чул. Работи за странскиот пазар – претежно Италија е во прашање - како и повремени локални ангажмани за кои е потребна неговата илустраторска рака. А зад себе веќе има два комплетни стрип албуми во Македонија, како и солиден број на кратки стрипови расеани секаде по Балканот. Импресивно за човек од провинција (поточно од место кое се вика Виница, а кое по број на жители е големо отприлика како Свилајнац), израснат во средина која е претежно слатко – кисела и неопростива кон стрипот.

Стрипот во Македонија е тема за себе, тема која заслужува цела книга во стилот на „Стрипови које смо волели“ од Зупан и компанија. Дека има талент, има, дури и премногу. Дека се активни, активни се, до точка на исцрпување. Дека има проблеми, има, а со самото тоа што се во земја која во однос на, да речеме, Србија или Хрватска по прашањето на стрипот нема постојана продукција и има недостаток на домашни изданија како и домашен превод на странски изданија – поголем е увозот на изданија од, да кажеме, погоре споменатите две земји – тие проблеми се далеку поголеми и далеку потешки. Според тоа, секое авторско дело како албумот за кој ке стане збор во овој текст е благослов во мало. А овој благослов најдобро може да се окарактеризира како богохулење на животот. Во негативна смисла за просечните, инертни луѓе, а во позитивна за уметнички настроените индивидуи кои го прегрнале мракот.

„Modus Vivendi“. Начин на живот. Поточно би било Облик на живуркање, но за тоа потоа. Авторски првенец на Богданов, и веројатно еден од ретките автори кои се дебело свесни за тој факт. Во мини – прологот, под ворхоловскиот низ на слики од

Page 20: Македонска Ризница 39

20 21

Page 21: Македонска Ризница 39

21

Македонска Ризница, бр. 39

Page 22: Македонска Ризница 39

22 23

самиот себе, авторот раскажува полупренесено за настанувањето на ова дело во период од готово осум години, завршувајќи со мислата – водилка за која тврди дека е една од водечките вистини со која се служи во животот – дека на секој бенд му се потребни на пример само шест месеци за секој нов албум, но дека за првиот најчесто е потребен цел живот. И еден цел сегмент од животот и се одвива за време на создавањето на овој стрип – млад човек полн со енергија сака да создава, потоа оди на студии во друга земја (Бугарија, поточно), па се враќа, па сè се менува, но пак никако на подобро, па од време на време моливот се преместува од рака во рака поради работата на хартијата, па настигнува уморот... Секако, кога ќе се согледа технички, албумот “Modus Vivendi” на лаик ќе му делува како залудно потрошени години – хартијата е солидна, но не од врвен квалитет; форматот е поголем од А5, но сепак доволно мал за пропуст; цртежот е како и самиот автор со видлив развој, и тргнува од послаб на почетокот, до исклучителен при крајот. Но Богданов овој свој прв албум – кој по игра на случајот не е музички, а стриповски – не го предава на заборавот толку лесно.

Ако би, не би ги воодушевил читателите со една тешка екскурзија во потсвесното. Границата на сонот и јавето, заедно со оние на стварноста и халуцинациите, на паранојата и здравјето, овде се губат пречесто. Темните тонови преовладуваат; албумот не случајно е црно бел. Само овој контраст може да ја нагласи тежината на човек од провинцијата, несфатен поет, оној што ја закопува месечевата солза, кој не дозволува да се предаде на сопствените демони, на своите зајачки маски и арлекини, своите внатрешни и надворешни фрустрации. Во неговиот живот нема вода. Водата би значела давање на живот. Во авторот нешто одамна е мртво. Како што и сам вели, одамна се тука секакви Мајстори и Маргарити, Дилани и Моргани,

Едгари и Ленори. Него го прогонува грдото, грдото во светот, грдото во него самиот. Тој ја раскажува својата приказна преку бројни други наратори, наратори кои само привидно се поживи од него. Кои се фанфари и арии на неповратот. Е сега, дали сите тие се тој самиот, или некој друг, или некој трет, или самиот читател – тоа е веќе тајна за себе. Онаа каква во себе крие мракот.

Мракот знае, и молчи.

Зајаците кај него се размножуваат. Буквално и фигуративно. Се мултиплицираат како и маските. А зад една маска секогаш е некоја друга, како што Богданов сам нагласува. Многу нешта овде се изопачени. Десет јавачи, десет деца со костурски глави, и една роза. Роза за гроб. Гроб на што? На некоја љубена? На сопственото битие? На споменатата месечева солза? На мракот? Не, не е на мракот. Ама на нешто сигурно е. Празна куќа, гроб и роза. Мотиви кои неретко се преклопуваат, кои се повторуваат, покрај многу други. Богданов низ нив ги плете своите соништа, своите призраци, а овие делови му се можеби најбудни.

А најостриот дел е сигурно знакот дека будноста е лоша. Народ, со факли и вили, па право на уметникот. „На бесилка!“ вреска толпата преку перото на Богданов. „Тој другарува со ѕвезди! Месечината под камен ја чува!“ Овде се чувствува еден Домановиќ. Чувство дека мртвото море на средината во “Modus Vivendi” море без вода. Море каде чамците се луѓе, во состојба на агонија, управувани од ѕверови, поминуваат покрај ѕвездите не допирајќи ги. „Со среќа“ вели момчето. Среќа нема.

Но, тоа ти е животот. Животот е шешир полн со отпушоци во свет каде е мачно да се заработи и една единствена пара на улица. Животот е

Page 23: Македонска Ризница 39

23

Македонска Ризница, бр. 39

посегање по полумесечината која плаче, таман доволно за таа солза да ја погребеш, со мртва роза и безживотно свртување назад во куќата која ја покорила промаја. Животот е сон каде смртта те надгледува. Смрт во видот на својата љубена. Љубената која потклекнала на смртта. Љубената која харпиите ја влечат на небото додека ѕверот одсекува глава на трупец од некое одамна соборено дрво. Сè тоа повремено прекинато со нарација од некој „неважен човек“ кој ја прашува публиката дали удобно се сместила, дали убаво ги гледа туѓите маки, дали ужива во претставата, дали сака уште.

Ова е можеби единствената техничка константа на Богданов во овој стрип. Секоја кратка приказна е пресечена со морбидна илустрација тешка за очи и за душа, илустрации проткаени со зајаковидни индивидуи (фасцинација од филмот „Дони Дарко“ и неговото поигрување со времето и психата), разголени црнокоси девојки, гробови, рози, луѓе чамци, маски, неважни личности кои со своите зборови ви се подбиваат, ви ја оголуваат душата. Секако, сè е црно – бело, сè е грубо извајано, сè е претешко за едно варење бара преживање, дури и повраќање. Ова е начин на живот од кој произлегол овој албум. Ова е Modus Vivendi на албумот „Modus Vivendi“.

Во симпатичната и релативно кратка традиција на стрип албуми кај народот јужно од Србија, делото на Богданов на својот крај содржи илустрации на еминентни македонски стрип автори, како што се Весна Ничевска, Андреј Манев, Игор Јовчевски, Никола Темков и Виктор Лозанов. Иако добро се вклопуваат во самиот албум, дефинитивно не можат да го доловат мракот на самиот автор. Мракот кој го следи делото – првенец. Такви болки што се чувствуваат само после повеќе количини на изгужвана хартија и болување во средина која е

доволно мала да се почувствуваш загушено, а сепак преголема таман толку колку да се почувствуваш осамено како никогаш во животот.

И со самото тоа, авторот на овој текст, и самиот пропонент, експонент и адорант на мракот, мора да понуди најискрено извинување. Зошто? Затоа што овој текст не може да го пренесе мракот на Дарко Богданов толку колку самото читање на стрипот „Modus Vivendi“. Затоа што мракот на потписникот на овие редови го населуваат девојки со одрани лица, испиени креатури, кукли без екстремитети, куќи на крајот на постоењето, осаменост која дави до точка на клиничка смрт, и секако гласови после исклучување на компјутерот во модерен стан, во склоп на осамена зграда, во склоп на пеколот. Сето она што овде го предводат зајаците, маските, десетте јавачи, харпиите, луѓето – чамци, гробовите на месечевите солзи и упокоената девојка завиена во наметката на Сенишниот Косач. Да, заеднички е мракот. Мракот кој не попушта во животот. Мракот од кој сме извлечени. Мракот кој ќе не вовлече. Мрак, именка која повторена повеќе илјади пати го губи значењето. Но не ја губи силата. Никако.

Мракот не попушта.

Првично рецензијата, на српски јазик, е објавена на веб страницата „Показивач“, а во

електронското списание „Македонска Ризница“, преведено на македонски јазик, е објавено во

согласност со авторот. Врска до написот на српски јазик: www.pokazivac.com/jer-ovako-ja-zivim.

html

Page 24: Македонска Ризница 39

24 25

ована Велинова е млада македонска стрип-авторка, родена на 10 септември 1996 година

во Штип. Со стрип посериозно се бави веќе две години, а нејзина главна преокупација се студиите на ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. На конкурсот на „Меѓународниот салон за стрип - Велес 2013“, таа е добитник на награда за најдобар дебитантски стрип за стрипот

“Requiem for redemption”, кој всушност е нејзин прв објавен стрип, во списанието „Креатор“.

Учесник е и на конкурсот на „Меѓународниот Салон за стрип - Велес 2014“, со стрипот “Bast Quest”, кој исто така е објавен во списанието „Креатор“. Учество, со илустрација, зема на изложбата насловена “Exhibition of fantasy illustrations” во

ИНТЕРВЈУ СО

СТРИП-АВТОРКАТАЈОВАНА

ВЕЛИНОВААвтор:

АЛЕКСАНДАР СТЕВАНОВ

Ј

Page 25: Македонска Ризница 39

25

Македонска Ризница, бр. 39

2014 година во Битола, на “Paratissima Skopje 2015”, на “Art and design for advocacy” во Охрид годинава итн.

1. Зошто и како почна да се бавиш со правење стрипови?

Почнав многу одамна, со по неколку цртежи споени со приказна. Продолжив посериозно многу подоцна со првиот стрип кој никогаш не успеа да излезе во јавност, а го направив пред 5-6 години. Првиот стрип кој успеа да се пробие во јавност беше во 2013 година. За тоа како почнав, би рекла со куп хартија пред мене и многу измешани идеи и со уште повеќе слободно време и ништо друго за работа. Обични денови, еден по друг, и во целата монотонија начин на забава и причина да се чувствувам продуктивно беа токму стриповите.

2. Какви стрипови сакаш да правиш?

Сакам да правам стрипови кои предизвикуваат страв и смеење во една приказна. Со љубов кон ликовите, смеење поради нивните постапки и размислувања, но и страв дека нешто лошо се случува со нив. Нешто што е секојдневно, но и невообичаено во исто време, измешано со секакви фантазии. До сега не ни имав можност да направам подолг стрип, а оние кратките колку можат да пренесат е прашање на тој што чита. Обожавам да цртам женски фигури и лица, и упорно само тоа го вежбам. Различни стилови и техники, но во главно си правам мешавина од традиционално и дигитално. Она што традиционално не можам да го доловам го доправам дигитално и обратно.

Сѐ уште мислам дека моливот ми е најдобар другар и го користам максимално, дури и некогаш наместо туш, но тајната си останува кај мене. Никогаш не се плашам да пробам да нацртам нешто ново иако

Page 26: Македонска Ризница 39

26 27

често знам да се разочарам, ама ќе седнам втор пат и веќе е подобро.

3. Колку младината во Македонија се интересира за стрип уметноста?

Младината во Македонија се интересира за стрип, но зборувам судејќи по оние кои се во моето опкружување. Проблем е што сепак стрип културата која постоела порано веќе не постои. Не знам на што би можело да се должи, дали на тоа што луѓето сметаат дека ни е скапо да купуваме стрип или немаат така достапни стрипови кои би ги читале. Порано по трафиките се знаело дека има стрипови и кога излегуваат, сега искрено се плашам дека младите воопшто не знаат каде може да се најде стрип - ако некој им покажал што е тоа и зошто е интересно.

Но едно е сигурно, стрип културата е фрлена во ќош. Тие што го знаат ќошот си имаат направено место за дружење и заедничка работа. Можеби сѐ уште се малку, ама добро е што некако стануваат повеќе и повеќе.

4. Застапен ли е стрипот во доволна мера во нашиот образовен систем?

Стрипот не само што не е доволно застапен туку воопшто не е застапен во образовниот систем. Јас не се сеќавам ниту до сега ниту на факултет да ми се зборувало за стрипот и сите тие марифети околу него. А не е лесно да се направи стрип, навистина не е толку лесно ко што изгледа. Далеку од тука оваа уметност е ценета и почитувана додека ние овде очекуваме децата да ценат нешто за што не знаат и не се учени.

Да, навистина покрај ваквото „стрип образование“ што го имаме зачудувачки е бројот на

заинтересирани за цртање и читање. Можам само да замислам како би било ако еден ден се учи некаде и каква стрип култура би имале.

5. Главна преокупација ти се студиите по класично сликарство на УГД. Што за тебе е полесно, да раскажеш една приказна во една слика, како во сликарството или во низа на слики, каков што е случајот со стриповите?

Како студент на Ликовна Академија ќе кажам едно, а како стрип автор друго. Она што е исто за двете е дека уметноста е начинот да се прикаже и искаже. Класичното сликарство раскажува многу, многу нешта, но тие се оставени повеќе на оној што гледа да ги види или поврзе со некое претходно знаење. Стрипот пак е забавен начин да прочиташ приказна која ти го одвлекува вниманието и со цртежот и со текстот. Кога се прави една слика сѐ што сакаме да кажеме е во тоа едно нешто, нема простор за движење или зборување. Кога се прави стрип ставаме сѐ повеќе и повеќе движење и говор, живост прикажана во повеќе слики, простор да се нацрта сѐ што мислиме дека читателот сака да го види и доживее, а можеби нема да успее само со една слика. Сепак сѐ е индивидуално и релативно и зависи до авторот и читателот, но главната разлика е што за сликата многу поважен е гледачот (да кажеме читателот на делото) и тоа што ќе го изрежира сам, додека кај стриповите важна е динамиката низ стрипот и одлично смислено интересно сценарио.

6. Што мислиш, зошто во Македонија далеку поценето е сликарството во споредба со деветатта уметност?

Не знам дали воопшто во Македонија прво сликарството е доволно ценето за да кажам дека стрипот се цени помалку. Секој сака да види и да

Page 27: Македонска Ризница 39

27

Македонска Ризница, бр. 39

има слика, убаво, но тоа е обично или им е скапо или непотребно сега. Не знаат да уживаат и со душа како што можат со очи.

Стрипот не се цени веројатно како што веќе споменав оти не се ни учи никаде, ниту се гледаат деца да купуваат стрип од трафика или книжара. Старите стрипови фрлени, а новите недостижни. Подобро купи си чоколадо, ама не давај пари за хартија секоја недела. Си мислат лесно е, или како што е проблемот со сликите - непотребни се. Творештвото на уметниците често е непотребно за секојдневноста бидејќи не е разбрано. Тоа може да е и добра музика, добра слика, добра книга. Не сите знаат и не сите уживаат во тоа и да го ценат.

7. Дел од кратките стрипови кои ги имаш илустрирано се според твои сценарија, а на други, пак, имаш соработувано со сценаристи. Кој е твојот претпочитан начин на работа и кои се предностите и недостатоците на едниот, односно другиот?

Претпочитам да работам сама бидејќи тоа ми дава простор да променам што ми пречи кога и да ми пречи или сосема да изменам дел од темата. Да „забегам“ на момент во подобри мисли кои ќе ги остварам полесно или ќе бидат целосен погодок во сценариото. Работата со сценаристи е добра затоа што дава друга димензија и уште едно ново размислување. Двајца се попаметни од еден. И двете си имаат недостатоци и предности, но вреди да се работи со луѓе во секој случај, наградата е уште едно пријателство и уште едно искуство иако знае да донесе и кавги за време на работа. Сето тоа е само дел од процесот на творење и дел од целиот живот.

Со Јована имаме честа комуникација на фејсбук

и секојпат чувствувам наплив од позитивна

енергија и зрела смисла за хумор. Таа

е една од ретките која уште како

средношколка со огромен ентузијазам и младешки

жар се определи за деветата уметност. Единствената наша

директна средба се случи на салонот во Велес при добивањето

на наградата за дебитантски стрип. Токму тоа е патот којшто

треба да го изоди во својот развој како стрип-авторка: фестивали,

конкурси, колонии, контакти со домашни и странски цртачи. Во склад со своите можности СЦМ-

Велес ке ѝ помогне во тоа.

Томе Трајков, Стрип центар на Македонија

Page 28: Македонска Ризница 39

28 29

Page 29: Македонска Ризница 39

29

Македонска Ризница, бр. 39

Page 30: Македонска Ризница 39

30 31

Page 31: Македонска Ризница 39

31

Македонска Ризница, бр. 39

Page 32: Македонска Ризница 39

32 33

8. Кој е твојот омилен стрип и стрип херој?

Мој омилен стрип херој, ова е најтешко прашање воопшто. Немам омилен стрип херој, во секој стрип си наоѓам повеќе. Секој во стрипот може да е херој дури и оној што се бори со самиот себе, дури и анти-херојот, дури и некој спореден лик за кој не знаеме многу. Во глобала ги сакам оние ликови што ги ставаат искреноста и добрината на прво место без разлика која е цената.

9. Каде за десет години се гледаш себеси, секако низ призма на стрип уметноста?

За десет години се гледам себе дома, како цртам стрипови и слушам музика, а ми мириса на кафе. Во глобала исто, само не се нервирам бидејќи многу подобро цртам и стриповите ми се читаат низ цела земја, полека и низ другите земји околу. И знам дека сум помогнала да се донесе стрип културата подалеку од тој ќош кај што беше фрлена пред десет години.

Page 33: Македонска Ризница 39

33

Македонска Ризница, бр. 39

СВЕТОТ НА БРОМО Автор: Владо Јаневски

Page 34: Македонска Ризница 39

34 35

трип центар на Македонија-Велес, минатиот месец за првпат беше вклучен во рамките на „СКОПЈЕ КРЕАТИВА“ со неколку активности:

- награден конкурс за цртеж, карикатури и стрип на ниво на ученици во скопските основни и средни училишта. - трибина на тема „ПРИМЕНА НА СТРИПОТ ВО

ЕКОНОМИЈАТА“ (издаваштво, бизнис, културно наследство и слично). Излагачи беа г. Ване Трајков, директор на СЦМ (воедно и модератор) и д-р Игор Андреевски, доктор по економски науки, потпретседател на Националната асоцијација на престижни академски граѓани.- слободни стрип разговори како и мала стрип работилница.

СТРИП НА„СКОПЈЕ

КРЕАТИВА“Автор:

ТОМЕ ТРАЈКОВ

С

Page 35: Македонска Ризница 39

35

Македонска Ризница, бр. 39

Предвидено беше активностите да започнат од 11 часот, но се започна со мало задоцнување заради технички причини.

Најнапред на главната бина се одржа мала промоција на нашиот проект, како и прогласување на најдобрите од претходно објавениот конкурс за цртежи и стрип.

Доделени беа:

- Диплома за освоено прво место во категорија стрип за основни училишта за Никола Димов од ОУ „Љубен Лапе“- Диплома за освоено прво место во категорија стрип за ученици во средно образование за Мартина Величковска од Гимназија „Панче Арсовски’- Диплома за освоено прво место во категорија на цртеж за Марија Грчева, завршен средношколец.

Исто така беа доделени БЛАГОДАРНИЦИ за:

- Најмасовно училиште за ОУ „Вера Циривири Трена“- Ментор Јован Петрески од Гимназија „Панче Арсовски“.

Делата беа истакнати на претходно подготвено пано.

Откако заврши овој дел се премина кон одржување на трибината, на посебно предвидениот простор. Начинот на излагање на д-р Игор Андреев предизвика голем интерес и позитивна клима, посебно помеѓу младите стрип автори. Тоа е солиден предуслов за нивно натамошно поинтензивно бавење со деветтата уметност – стрипот.

Како и да е, темите за социјална примена на

Page 36: Македонска Ризница 39

36 37

Page 37: Македонска Ризница 39

37

Македонска Ризница, бр. 39

Page 38: Македонска Ризница 39

38 39

стрипот, мегу другото и за стрипот како индустрија односно примена на стрип во економијата и слично се нешто релативно ново и неафирмирано во нашата средина, што укажува дека треба да се продолжи со организирање на вакви настани.

Исто така, интересот за стрипот во Македонија, вклучително и во Скопје како метропола, не е развиен на потребното ниво. Но се создава млад тим на стрип автори со кои што треба да се работи и комуницира континуирано, истовремено обезбедувајки им изложби, конкурси, работилници фестивали, колонии...

Page 39: Македонска Ризница 39

39

Македонска Ризница, бр. 39

Мoжете:

да споделите – да умножувате, дистрибуирате, јавно да го прикажувате или јавно дигитално да го прикажувате делото.

Под следните услови:

Наведи извор — Морате да го наведете изворот на ист начин како што тоа го направил авторот или давателот на лиценцата (но не на начин кој би сугерирал дека тие ве поддржуваат вас или вашето дело).

Некомерцијално — Не смеете да го користите ова дело за комерцијални цели.

Без адаптирани дела. — Не смеете да го промените, трансформирате или да го адаптирате ова дело.

Е-пошта:[email protected]