42
МАКЕДОНСКА РИЗНИЦА 35 ЈУНИ 2015 ГОДИНА ISSN: 1857-8314

Македонска Ризница 35

  • Upload
    -

  • View
    234

  • Download
    5

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Македонска Ризница, бр. 35, јуни 2015 година

Citation preview

Page 1: Македонска Ризница 35

1

Македонска Ризница , бр. 35

МА

КЕД

ОН

СКА

РИЗН

ИЦ

А35

ЈУ

НИ

201

5 ГО

ДИ

НА

ISS

N: 1

857-

8314

Page 2: Македонска Ризница 35

2 3

Почитувани читатели, додека Вие се подготвувате за почетокот на годишните одмори, ние во овој триесет и петти број на електронското списание „Македонска Ризница“ за Вас припремивме низа од интересни написи.

Продолжувајќи ја традицијата, и во овој број Ви претставуваме карикатура, дело на македонскиот карикатурист Никола Анѓелкоски. Се работи за портрет карикатура на револуционерот Пере Тошев. Никола пред еден месец, во Музејот на Македонија имаше самостојна изложба во која што ги претстави своите преубави карикатури токму од оваа серија - македонски револуционери и војводи.

Ќе имате можност да прочитате дел од творештвото на уште една македонска поетеса. Овој пат се работи за поетесата Розита Христовска, со која што исто така направивме и кусо интервју. Ќе видите и дел од досегашното творештво на младата авторка Татјана Врангаловска, која во илустрирањето пронашла интересно хоби.

Од историјата, Ви претставуваме два написи. Во првиот, Бисера Срцева, Маринела Серафимова и Ѓорѓи Ефремов научно го објаснуваат конструираниот термин „бугароубиец“, припишан на византискиот император Василиј II. Вториот, пак, претставува кус цитат поврзан со Гоце Делчев и со легендарното оружје, опеано во македонските народни песни, пушката манлихерка.

Се надеваме дека ќе уживате во разлистувањето на страниците кои што следат.

Со почит, АЛЕКСАНДАР СТЕВАНОВ

Македонска Ризница број 35

јуни 2015 година

Уредник:Благојче Андонов

Редакција: Гоце Панговски Сашо Гачев

Соработници: Бисера СрцеваМаринела СерафимоваЃорѓи ЕфремовНикола АнѓелкоскиРозита ХристовскаТатјана Врангалоска Издавач и дизајн: Александар Стеванов

Page 3: Македонска Ризница 35

3

Македонска Ризница , бр. 35

Во овој број ќе читате:

ВАСИЛИЈ II И КОНСТРУИРАНИОТ ТЕРМИН „БУГАРОУБИЕЦ“Бисера Срцева, Маринела Серафимова, Ѓорѓи Ефремов ................................................................................. 04

ПОЕЗИЈАТА НА РОЗИТА ХРИСТОВСКААлександар Стеванов ........................................................................................................................................... 10

АЈДУТСКО БОЖЕСТВОРедакција ............................................................................................................................................................... 22

ПЕРЕ ТОШЕВ - ПОРТРЕТ КАРИКАТУРАНикола Анѓелкоски .............................................................................................................................................. 23

ЧУВСТВА И ЕМОЦИИ ПРЕТОЧЕНИ ВО ИЛУСТРАЦИИ Татјана Врангалоска ........................................................................................................................................... 24

Page 4: Македонска Ризница 35

4 5

а периодот на владеењето на Василиј II најмногу податоци наоѓаме од изворите од XII век, неколку децении по неговата смрт. Најприфатени извори се хрониките на Јован Скилица, Никита Хонијат, како и Житието на Свети Климент од Теофилакт Охридски, кој архиепископувал со Охридската архиепископија од 1084 до 1107 година.

Василиј II (976-1025)1 во македонската, национална историја е познат по поразот што му го нанел на македонскиот цар Самуил (976 – 1014) во битката кај Беласица во 1014 година и по бизарниот настан со ослепувањето на самуиловите војници.

1 Георги Острогорски, Историја на Византија, (Скопје, 1992), 358

ВАСИЛИЈ II И

КОНСТРУИРАНИОТ ТЕРМИН

„БУГАРОУБИЕЦ“Автори:

БИСЕРА СРЦЕВА, МАРИНЕЛА СЕРАФИМОВА и ЃОРЃИ ЕФРЕМОВ

З

Page 5: Македонска Ризница 35

5

Македонска Ризница , бр. 35

Токму изворите од подоцнежниот, XII век го портретираат Василиј II со терминот „Бугароубиец“, поради тоа што успеал да го порази „бугарското“ царство коешто почнало со експанзија на Балканот. Хроничарот Никита Хонијат за првпат користи „Бугароубиец“ во својата хроника од 1185/6 година.2 За вторпат, терминот е употребен во ракопис кој го носи името „Опис на црквата на Светите Апостоли“од XIII век.3

Причината за новата идентификација на Василиј II ја бараме во политиката која ќе биде наметната во Византија за време на владеењето на династијата Комнени, воспоставена од Алексиј I Комнен во 1081 година. Имено, од владеењето на Алексиј I Комнен ќе започне ново консолидирање на византиската власт на Балканот. Ре-окупацијата сама по себе ќе бара да се приложи мотив и оправдување пред византиската аристократија за новата балканска кампања.4 Војувањата на Балканот значително ќе се зачестат за време на владеењето на Јован II Комнен (1118 – 1143), кој воено ќе биде конфронтиран од Печенезите и Унгарците, како и за време на владеењето на Мануил I Комнен (1143 – 1180), кој ќе војува со Унгарците и Србите. Според ова, на византискиот двор ќе биде етаблирана една нова милитаристичка идеологија, која ќе налага секој император во суштина да е „убиец“ на некој од барбарските народи со кои војува во континуитет.5 Модерните историчари овде би произнеле една сосема логична теза, според која на Византијците не би им бил потребен „Бугароубиец“ поради тоа што Бугарите не биле барбари. Напротив, тие биле

2 Paul Stephenson, The legend of Basil the Bulgar - slayer, (Cambridge, 2003), 923 Истото, 934 Митко Б. Панов, Идеолошката димензија на судирот помеѓу Василиј II и Самуил5 P. Stephenson, The legend…,81

„христијани, поданици на византискиот император, кои живеат според византиските закони“. Нивното барбарство својот крај го дочекало еден век пред раѓањето на Василиј II кога бугарскиот хан Борис (852 – 889) се конвертирал во христијанство, со што ги ставил Бугарите под византиска сфера на влијание. Како барбари биле окарактеризирани Печенезите, Куманите, Турците Селџуци, но не и Бугарите. Тие не само што долго време припаѓале во таа сфера, туку тие и останале под византиска власт сѐ до 1185 година, до почетокот на Второто бугарско царство. Значи во ваква ситуација на

Пре

тст

ава

на В

асил

иј II

Page 6: Македонска Ризница 35

6 7

Новата административна поделба на Византија на теми од 1018 година

Page 7: Македонска Ризница 35

7

Македонска Ризница , бр. 35

нова балканска опсада, се чинело неопходно присуството на настан на кој ќе му се додаде легендарна димензија. Совршениот настан била балканската офанзива на Василиј II од пред еден век, против териториите кои биле дел од новоименуваната тема Бугарија.

Зошто новоименуваната тема Бугарија? Откако финално ќе биде ликвидирано Самуиловото царство во 1018 година, Василиј II ќе направи нова територијално – административна поделба на империјата. Темата која ќе биде именувана Бугарија е токму делот кој ги опфаќа териториите од Самуиловото царство, меѓутоа без долгогодишните, бугарски престолнини Плиска и Преслав, кои со новата распределба припаднале на темата Парастрион. Темата Македонија овојпат гравитирала околу Адријанопол (Едрене), а не на централен Балкан каде што областа Македонија ја лоцираат сите извори дотогаш. Во периодот кога се формираат новите теми, Василиј II сѐ уште не е познат како „Бугароубиец“. И повторно, како многу пати претходно во историографијата, ќе се обидеме да потенцираме дека во овој период народот бил идентификуван според темата во која живеел, а не според етничката припадност. Дури и Теофилакт Охридски кој по потекло е Грк, поточно од Еврип, во неговиот текст Житието на Свети Климент тој наведува „Св. Климент ни го предал на нас Бугарите сето она што се однесува на црквата“, посочувајќи на народот кој живее во темата Бугарија, во диоцезот на Охридската архиепископија која припаднала во оваа тема по новата распределба на темите. Значи терминот „Бугари“ не бил користен до формирање на темата. Напротив, византискиот комонвелт почнал да ги перципира Бугарите како народ дури откако била формирана темата во 1018 година.6 Гледајќи

6 Истото

на оваа проблематика од аспект на византиските хроничари од XII век, тогаш можеби би бил оправдан епитетот кој му е припишан на Василиј II, кој успеал еден век порано да се избори со појавата на сепаратизам на териториите на Балканот, кои во актуелниот XII век припаѓале на темата Бугарија.

Податокот кој исто така оди во полза на тезата дека терминот е конструран и наметнат подоцна, меѓу другото е и зачуваниот епитаф на Василиј II, запишан на неговиот саркофаг, во кој ниту еднаш не се среќава терминот „Бугароубиец“. Ова имплицира дека Василиј II самиот не се нарекувал така, ниту пак ја носел оваа синтагма за време на својот животен век. Доколку терминот не бил само една подоцнежна конструкција створена од политички причини, логично би било да биде напишана во епитафот на големиот император, што секако не е случајот.

„Останатите, минати императори,Си назначувале други места за погребување,Но јас, Василиј, роден во пурпурни одаи,Го поставувам мојот гроб во Хебдомон

(Палата)Каде ќе почивам од моите бескрајни маки,Кои ги оправдав во битки и ги издржав.Бидејќи никој не го видел моето копје мирно,Од денот кога Небескиот цар ми ја довери,Власта над оваа најголема империја на

земјата,И останав буден низ целиот мој животен

век,Штитејќи ги децата на Новиот Рим,

Page 8: Македонска Ризница 35

8 9

Претстава на битката на Беласица во 1014 година

Page 9: Македонска Ризница 35

9

Македонска Ризница , бр. 35

Марширајќи храбро на Запад,И до самите граници на Исток,Персијците и Скитите носат доказ за ова,А со нив и Абазгите, Исмаелитите, Арапите

и Иберијците.И сега, ти добар човеку кој стоиш над овој

гроб,

Награди го со молитви за моите војувања.“ 7

Би се поставило и прашањето, по покорувањето на повеќе територии, каков бил владетелскиот протокол на Василиј II и со каква политика тој владеел? Односно, дали Василиј го заслужувал озлогласениот епитет кој му бил додаден на името? Во периодот кога владеел, империјата била и пред внатрешен предизвик, односно граѓанска војна, што значително му ја отежнало ситуацијата во првите години на владеење. Начинот на кој ја спроведувал својата политика, придонел неговиот карактер како император да се погледне од еден друг аспект. Во модерно време, некои од историографите го портретираат Василиј II повеќе како миротворец, отколку на пример „Бугароубиец“.

Според некои теории, можно е дури да бил постигнат 10 – годишен политички договор со Самуил во 1005 година, бидејќи не се евидентирани сериозни, воени дејствија помеѓу Самуил и Василиј II, сѐ до клучната битка кај Беласица во 1014 година.

Што се однесува до односот спрема покорените народи, Василиј II не се поставил

7 www.paulstephenson.info, превод од англиски: Бисера Срцева

како бескрупулозен владетел. Така на пример, по поразот и крајот на Самуиловата држава, Василиј II дури ѝ ја оставил автокефалноста на Охридската архиепископија. Со ваквата умерена политика, тој овозможил лојалност од своите нови народи дозволувајќи им сами да си ги раководат црковните работи.

Page 10: Македонска Ризница 35

10 11

озита Христовска е македонска поетеса родена во Прилеп, која живее и твори во Скопје. „Двете во мене“ е насловот на, досега единствената, нејзина збирка позија, објавена оваа година од страна на издавајчката куќа Манускрипт, во која на 62 страници се претставени дел од нејзините емотивни песни. Во моментов таа работи на пишување збирка раскази.

Редакцијата на електронското списание „Македонска Ризница“ имаше можност со Розита Христовска да направи кусо интервју, а во овој напис воедно Ви претставуваме и дел од нејзиното творештво, односно избор од пет песни.

1. Како започнавте да се интересирате за поезија?

ПОЕЗИЈАТАНА РОЗИТА

ХРИСТОВСКААвтор:

АЛЕКСАНДАР СТЕВАНОВ

Р

Page 11: Македонска Ризница 35

11

Македонска Ризница , бр. 35

Поезијата ја носам во себе уште од дете. И читав, и пишував. На моја 10-годишна возраст, со песната „11 Октомври“, освоив втора награда на еден поетски настан, на кој што учествуваа ученици од основните училишта во Македонија. Тоа за мене беше голем успех и поттик да продолжам да пишуваам и понатаму.

2. Која е најчестата тема на обработка во вашите песни?

Најчеста тема во моите песни е љубовта, како вечна инспирација, љубов трансформирана во секоја форма, љубов кон саканата личност, кон татковината, восхитување на природата. Всушност, инспирацијата е насекаде околу нас.

3. Покрај поезија пишувате ли можеби и проза?

Да, пишувам и проза, во тек е подготовка на мојата збирка раскази.

4. Сметате ли дека во Македонија поезијата се цени доволно?

Сметам дека поезијата има свое место во македонската литература, можеби не толку колку што заслужува, но сепак, не е на маргините, барем јас така верувам.

5. Францускиот поет Пол Валери има кажано дека песната никогаш не е завршена, туку само напуштена. Вие како знаете дека една ваша песна е завршена?

Мислам дека ниедна песна не е довршена, едноставно, крајот се прелева во наредната, чувствата се продлабочуваат откривајќи ја душата како на дланка.

Page 12: Македонска Ризница 35

12 13

ПОДНОКТИЦИ

Со резанка потпечено лепченамачкана со маст бела и чиста,пробувам да вратам еден вкус,оној дамнешен познат вкус на детство што потсетува,на мајка што замирисува...

Лепчето исто, иста е и маста,но вкусот го нема, не мириса исто.Е, зошто вкусот ист не ми е,зошто на мајка не мириса,дали дека не сум детеили избледеле спомените?

Page 13: Македонска Ризница 35

13

Македонска Ризница , бр. 35

Можеби не е до лебот,не е ни до маста и буковецот,лепчето не треба да е во чинија,треба да е земено набрзина,како тогаш кога бевме деца,кога не јадевме на маса туку на улица,со рацете премрзнати од снегот,со болка во прстите од подноктица...ете до што било, до болката било,подноктиците го чинеле вкусот,а мирисот мајчините рацелепчето што ни го подавале.

Розита Христовска

Page 14: Македонска Ризница 35

14 15

КЛУЧ

Во твоите раце е клучот од вратата на моево срце, го отвораш кога сакаш, влегуваш без милост и дозвола, пулсот ми го забрзуваш, крвта ми ја разбрануваш, здивот ми го одземаш, тагата ми поминува, од среќа полудувам, вознесена до облаците, раскрилена како птиците. И мислиш дека лесно е, така да излезеш од срцево онака без милост, онака без дозвола, да ме оставиш ранета, да ме напуштиш расплакана, со срце распарчено на најситни делчиња, да не можам да го составам се дури ми бијат дамариве се дури ме крепи снагава.

Page 15: Македонска Ризница 35

15

Македонска Ризница , бр. 35

Е, не ќе можеш несреќнику, така од мене да избегаш, се лажеш дека ќе те пуштам, и да сакаш не те пуштам. Што ако клучот ти е во рацете, кога јас сум чувар на ќелијата, ако посакам ќе те заробам, засекогаш во мене ќе те затворам, да не можеш ни здив да земеш, ќе те пуштам само тогаш кога јас веќе не ќе те сакам.

Розита Христовска

Page 16: Македонска Ризница 35

16 17

ПТИЦО РАНЕТА

Не слетувај на моето рамо,птицо од јатото издвоена,не барај во мене утеха,не чекај јас да те усреќам,птицо во срце застрeлана...

Прежешки се моиве пазувиза твојата кревка добрина,наместо раните да ти ги залечам,крилјата ќе ти ги подгорам,птицо тажна безнадежна...

Page 17: Македонска Ризница 35

17

Македонска Ризница , бр. 35

Не буди ме уште незазорено,со твојата песна милозлива,до мојава душа таа не допира,јас во мене една друга слушам,птицо од љубов изнемоштена... Оди пред да ја вкусиш горчината,додека вратата се уште не е затворена,пред уште една рана да ти отворам,засекогаш во мене да не те заробам,птицо ранета, јас не сум ти судена...

Розита Христовска

Page 18: Македонска Ризница 35

18 19

НЕ ПРАШУВАЈ ШТО МИ Е

Кога ќе ми видиш тага во очиве, молчи и не прашувај што ми е, само дозволи ми да ја потпрам главава на твоето рамо малку да се успокојам, и уште молчи, долго молчи, така остави ме, и онака само ти знаеш што ми е...

Нека трае долго тој невин допир, мојата глава припиена до твоите гради, ете, тоа е она нежното што ме смирува, кога ме галиш како да сум дете расплакано, е, тогаш не терај ме да ја кренам главата, не сакам да ми ја гледаш тагата.

Само позајми ми малку топлина, ќе ти вратам стопати по толку, само нека ми помине тагава, иако не знам колку долго ќе трае, белки не се вгнездила во мене засекогаш, зарем издајничката до крај во мене да чмае.

Page 19: Македонска Ризница 35

19

Македонска Ризница , бр. 35

Блазе си им на оние што умеат да плачат, не знаат колку боли тагата без солзи, колку тежат, колку печат тие проклетите кога мораш да ги задржиш во себе, се засушиле па не можеш да ги пролееш, во душата како бигоришта ти налегнале.

Додека ми трае тагава ништо не прашувај ме, и натаму молчи, само молчи и топли ме, многу ми е студено, околу срцево ми е студено, таму во најдлабокото, таму е најстудено, ако можеш, ете таму длабоко допри ме, можеби само така тагава ќе ми помине.

Розита Христовска

Page 20: Македонска Ризница 35

20 21

МОНОПОЛ

Ако зборот монопол за вас е име на детска игра,за мене тој проклет збор, ете токму тој зборе тежок и мачен споменврежан во моите сеќавањаод времето кога бев дете,ситно дете исплашенотокму од тој збор – монопол.

Монополот ни беше судницатаму ни го мереа трудот на кантар,нашиот мачен труд по нивите,нивите недогледни со тутун,како крај да немаа тие проклетите,

Page 21: Македонска Ризница 35

21

Македонска Ризница , бр. 35

од една до друга меѓа недогледна,овде-онде по некое дрвце,колку за кратко, само за миг здивот да си го повратиме. Некој непознат таму во монополотсудбината ни ја кроеше,ќе имаме ли доволно за брашно,ќе можеме ли пак семе да купиметутуново семе за уште една година мака,ќе имаме ли за нови чевли за Велигден,за некое ново алиштенце,за нешто повеќе, за нешто повредно,не смеевме ни да помислиме.

Розита Христовска

Page 22: Македонска Ризница 35

22 23

АЈДУТСКО БОЖЕСТВО

Бело арнаутско фесче со црн шал, завиткан околу него, покриваше немногу голема, обла глава. Сиво шаечно палто, сиви шаечни панталони и опнати до колената ореови чешири во пристегнати опинци — ги оцртуваа правилните форми на фигура од среден раст. Облечено само во левиот ракав темносиво ќепе, полунаметнато и со повлечена десна пола, и придаваше особено дива убавина на целата горда појава. Co кама, револвер и патрондаш на крстот, со префрлена зад рамото манлихера, Гоце личеше на некакво ајдутско божество.

„Опис

на Гоце Делчев,

каков што бил

виден на почетокот

од 1903 година од страна на

Јаворов, според

книгата „Гоце

Делчев“ на Ванѓа Чашуле.

Page 23: Македонска Ризница 35

23

Македонска Ризница , бр. 35

ПЕРЕ ТОШЕВ

Македонски револуционер

Портрет карикатура, молив во боја на

хартија

17 февруари 2014 Никола Анѓелкоски

Page 24: Македонска Ризница 35

24 25

одена сум во Скопје во 1987 година, по професија сум архитект. Вработена сум по струката, а илустрациите се моето хоби. Почнав да цртам илустрации на своја 19 годишна возраст кога се запишав на факултет. Бидејки постојано имав потреба да забележувам мемории од настани, драги луѓе, како и некои рандом чуства, го направив мојот блог кој своевидно ми претставува и личен

дневник каде се чуваат овие драгоцени спомени. Сите приказни и карактери од илустрациите постојат во реалностa.

Поголемиот дел од илустрациите се нацртани со стандардни техники, па потоа се дигитално дообработувани. Не се ограничувам во однос на тоа со што да ги забележувам чуствата па

ЧУВСТВА ИЕМОЦИИ

ПРЕТОЧЕНИ ВОИЛУСТРАЦИИ

Автор:

ТАТЈАНА ВРАНГАЛОСКА

Р

Page 25: Македонска Ризница 35

25

Македонска Ризница , бр. 35

цртам со што ке ми дојде. Во соработка со Wizart-unique handmade creations (Јасмина Главинче), со помош на нејзината прекрасна садлива хартија која во себе содржи семе и е биоразградлива, моите илустрации беа изложени на неколку базари за рачни изработки и беа достапни да се купат во вид на нотеси и честитки.

Имам учествувано на неколку конкурси за изработка на постери за детски настани. Би го издвоила конкурсот за постер кој беше наменет за еден настан за деца во Полска.

Досега сѐ уште не сум направила самостојна изложба, бидејки, како што кажав и погоре, со ова не се занимавам професионално, туку го правам од задоволство, но во иднина би сакала и тоа да се оствари. Отворена сум за соработка со креативни и инспиративни личности и би сакала во иднина да пробам да илустрирам некоја детска книга.

Повеке за мене и за моето творештво можете да најдете на мојот блог: http://ooae.blogspot.com/

Page 26: Македонска Ризница 35

26 27

Page 27: Македонска Ризница 35

27

Македонска Ризница , бр. 35

Page 28: Македонска Ризница 35

28 29

Page 29: Македонска Ризница 35

29

Македонска Ризница , бр. 35

Page 30: Македонска Ризница 35

30 31

Page 31: Македонска Ризница 35

31

Македонска Ризница , бр. 35

Page 32: Македонска Ризница 35

32 33

Page 33: Македонска Ризница 35

33

Македонска Ризница , бр. 35

Page 34: Македонска Ризница 35

34 35

Page 35: Македонска Ризница 35

35

Македонска Ризница , бр. 35

Page 36: Македонска Ризница 35

36 37

Page 37: Македонска Ризница 35

37

Македонска Ризница , бр. 35

Page 38: Македонска Ризница 35

38 39

Page 39: Македонска Ризница 35

39

Македонска Ризница , бр. 35

Page 40: Македонска Ризница 35

40 41

Page 41: Македонска Ризница 35

41

Македонска Ризница , бр. 35

Мoжете:

да споделите – да умножувате, дистрибуирате, јавно да го прикажувате или јавно дигитално да го прикажувате делото.

Под следните услови:

Наведи извор — Морате да го наведете изворот на ист начин како што тоа го направил авторот или давателот на лиценцата (но не на начин кој би сугерирал дека тие ве поддржуваат вас или вашето дело).

Некомерцијално — Не смеете да го користите ова дело за комерцијални цели.

Без адаптирани дела. — Не смеете да го промените, трансформирате или да го адаптирате ова дело.

Е-пошта:[email protected]

Page 42: Македонска Ризница 35

42 PB