28
број 46 22-11-1971 цена1дин

ФОКУС бр. 46 / FOCUS No. 46

Embed Size (px)

DESCRIPTION

број 4622-11-1971 цена1динОТВОРЕНОФОКУСПИСМО ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТвесник на м л а д и т ередакција: Нинослав Ивановски Златко Пановски Александар Чомовски Љубиша НикодиновскиБ л а г о ј а Стојанов Ристо Петров постојани соработници: Спасе Јовковски Почитуван Изненаден Вашитс другарот организација: Златко Пановски ликовно обликување: Б л а г о ј а Стојанов Мислаг. известам дека ми е граѓанска дека Булајиќ беше должност да Ве член и еден на изврши Неретва од Претседателе, сум што за режис

Citation preview

Page 1: ФОКУС бр. 46 / FOCUS No. 46

број 46

22-11-1971 цена1дин

Page 2: ФОКУС бр. 46 / FOCUS No. 46

Ф О К У С

весник на младите

редакција:

Нинослав Ивановски

Златко Пановски

Александар Чомовски

Љ у б и ш а Никодиновски

Благоја Стојанов

Ристо Петров

постојани соработници:

Спасе Јовковски

Ставре Нолчев

Влатко Коробар

Горан Стефановски

организација:

Златко Пановски

ликовно обликување:

Благоја Стојанов

лектор:

Надица Петковска

гл. и одговорен уредник:

Александар Чомовски

издавач:

Градска конференција на сојузот на

младината на град Скопје

Адреса:

Градски парк, барака број 2. Скопје

Излегува секоја втора среда.

тел. 32-170 и 32-010

годишна претплата 20 дин.

печатница „ К и р о Дандаро" — Битола

ОТВОРЕНО

ПИСМО

ДО

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ

Почитуван Претседателе,

Изненаден сум што за режисер на

Вашитс меморари на телевизија, сте го одбрале

другарот Вељко Булајиќ.

Мислаг. дека ми е граѓанска должност да Ве

известам дека Булајиќ беше член и еден од

раководителите на работната заедница на

филмот „Неретва" која до денес не го изврши

ветувањето дадено на граѓаните околу Неретва

дека урнатиот мост ќе го подигне и ќе

овозможи одново комуникација меѓу двата

брега. Како што прочитав во печатот,

во околината на овој мост, на десетици

километри не постои друг премин преку реката.

Како да го сватиме учеството на Булајиќ во

работата на Вашите мемоари? Како тоа ќе го

сеати народот околу Мостот?

За творечките квалитети на В. Булајиќ овој пат

не ќе говорам плашејќи се дека и вака Ви

одземам и премногу време.

Скопјс, 10 октомври 1971.

со ПОЧИТ

СЛОБОДАН

УНКОВСКИ

ДИПЛОМИРАН

РЕЖИСЕР

Page 3: ФОКУС бр. 46 / FOCUS No. 46

„Каква е целта кон која тежиме? Спокојно уживање на слободата и еднаквоста; владеење на онаа вечна правда чии закони се врежани не во мермерот и камвнот, туку во срцата на сите л у ѓ е " .

(Робеспјер)

З О Ш Т О С М Е П О Б У Д Е Н И

испровоцирани од односот кон нас од местото наше од она што сме и за што сме за тоа кој ќе не чита и против

кого сме сакајќи еден фокус кој ќе биде Ф О К У С од нас за нас наш против нив за слобода на говор за автономија на мисли без тутори без старатели без борци а Б О Р Ц И без партија а П А Р Т И Ј Ц И без синдикати со младината и со неа во нас за активност а не организација без владо без ѓоко без ацо без пиз вакви какви што се без нивните функции но со нив како млади ако тие го сакаат тоа

Т У К А С М Е

да се залагаме за развој менување надминување остварување рефлексирање наше ние ја сакаме својата шанса ние мораме да ја добиеме да се докажеме како генерација ако не зошто сами да не си ја земеме секој го има тоа право и никој не може да му го одземе ниту пак смее заради

М А К Е Д О Н И Ј А нејзината државност новиот исток на М А К Е Д О Н С К А Т А

култура

„ К а к о што секој у ч и да пишува и чита така секој има право да пишува и чита".

(Маркс)

орканот што ќе ја разнесе зачмае-носта

синтезата на уметноста и работниот човек

новиот човек интелектуален М А К Е -Д О Н Е Ц

Т Р П А М Т Р П И Ш Т Р П И Т Р П И М Е Т Р П И Т Е Т Р П А Т за макотрпноста и макотрпачите веќе да ги нема програмски П А М Ф Л Е Т

Н И В Е Л А Т во оваа куќа има место за секоѓо

од нас треба само да си го најдеме дека не треба да бидеме глупави сонцето сеуште не било заруменето ние слушаме и молчиме што ќе бидеме ние тие нас ќе не исцедат ќе не испразнат и ќе не наполнат

со нив не сакаме малку потешко ќе ви оди тоа не сме роботи програмирани

2 1 поданици шаблонизирани верници фанатизирани уште помалку сме робови снобови волови а најмалку сме шовинисти унитаристи егзибиционисти колонисти конформисти кариеристи

З О Ш Т О ГО П Р А В И М Е О В А СЕ Л А Ж А Т ние сме отворени бескомпромисни безобразни ентузијасти нонкомформисти од човека Ч О В Е К

„Уметноста мора да биде вон и д е о л о -гијата".

( X X X )

спонтаноста не води искреноста не држи катарзата не чисти изгарајќи ќе ги победиме стремејќи се кон едно во што ќе биде првичната платформа наша иста барајќи си нова јазична форма со еден жив сепзибилитет за еден прочистен етицитет и така против аморфноста во културните салони недувајки ги политичките балони

Ш Т О Н И П Р Е Ч И

излижените фотељи од дебелите зад-ници на луѓето кои веќе со години се „богови" на македонската култура (не) културните мочуришта со комар-ците кои така бездушно ја шират маларијата (некултурата) низ нашево општество полуапонимните и полуписмените цензори кои во името иа бесполез-носта манифактурно ги касапат умет-ничките дела оние што ставаат корки од банани на скалите на афирмација на младиот човек господата во свечени облекла кои секогаш се на централните места во културните сали современата интелектуална епидеми-ја — снобизмот разните забрани кои ја загрозуваат слободата на мислењето и говорот еден од суштествените постулати на социјалистичкото ошптество разните културни фестивали кои ста-нуваат центри на интелектуалната инпотенција и снобизмот бирократијата бирократијата Б И Р О -К Р А Т И Ј А Т А

Page 4: ФОКУС бр. 46 / FOCUS No. 46

Со текстот што подолу ќе го следи-те, го започнуваме нашето импровизи-рано судење на сите општествено-по-литички организации во врска со нивното недоволно ангажирање во идеолошкото воспитување на оние кои треба да го понесат товарот на оп-штествениот прогрес на социјалис-тичкото, самоуправно општество, да ја реализираат концепцијата на „ ј у -гословенскиот социјализам" која п о -долго време е предмет на добронамер-ни и недобронамерни анализи во свет-ската јавност.

Н е веруваме дека обвинетите добро-волно ќе одлучат да се бранат. Затоа, ги посетуваме, сите по ред и отворено им го еоопштуваме јавното обвинение кое го покренува „ Ф О К У С " . Т и е се бранат и ќе се бранат, но, вие, драги читатели, ја имате нашата доверба — вам ви ја препуштаме улогата на судија.

За да биде процесот импровизиран, но не и исконструиран.

Зошто, „ Ф О К У С " не сака само да обвинува и суди, ами да биде објек-тивен и доследен: конечно, да го оп-равда и своето постоење и својата на-мена.

Во денешниот број го пренесуваме разговорот со секретарот на Град-скиот комитет на Сојузот на кому-нистите од Скопје и со еден од п о -младите стручни соработници на Градскиот партиски комитет.

Разговорот е автентичен, од поче-токот до крајот.

П Р А Ш А Њ Е : Кога можеме да очеку-ваме С К да се сврти кон младите не само заради масовно подмладување на членството туку и за да се погрижи за идео-лошкото воспитување на младината?

— За врските на С К со младината и неговата ориентација кон неа има-ше толку многу пароли, што во еден момент се исплашивме да не ни се префрли дека многу кокетираме со неа. Често се оди од една во друга крајност. Ја напуштивме старата к л а -сична идејна работа и метод на ра-бота, без да создадеме нова. Идејната работа со младите ја замислувам ка-ко отворен дијалог за проблемите врзани за теоријата и практиката врз која се создава и реализира П р о -грамата на С К . М и се чини дека на-

шето главно внимание треба да биде свртено кон тоа С К да постане ат-рактивен за младите и тие да сфатат дека нашето општество може у с п е ш -но да се менува преку С К .

П Р А Ш А Њ Е : Дали економските и ак-туелните политички те-кови треба да имаат предност во акциите што го спроведува Сојузот на комунистите?

— В о акциите на Сојузот на кому-нистите секогаш треба да имаат пред-ност оние проблеми што ја оптова-руваат, условуваат политичката си-туација и расположба, ја нарушуваат нејзината стабилност, гледана од ас-пектот на интересите на работничката класа. Оттука сметам дека во онаа мера во која што економските текови со своите негативни трендови ја обре-менуваат политичката ситуација и ја чинат политички нестабилна, во таа мера ќе треба да бидат предмет на внимание на С К . Вие носите впечаток дека С К во последно време премногу се занимава со овие прашања. М е ѓ у -тоа, сметам дека е неопходно и дека тоа произлегува од битието на С К . А сега да одговорам директно: А к ц и о -ната и мобилизаторската способност на С К да ги покренува масите за ме-нување на состојбите, меѓу другото, зависи и од неговата способност да покажува доволно чувство за дневни-те и актуелните проблеми.

П Р А Ш А Њ Е : Како гледате на Сојузот на младината како иде-олошки воспитувач на младината, но на мла-динска организација во овој момент?

— Веројатно затоа што младинската организација се обидува да се поста-вува како тутор, како идеен водител и исклучиво како таков, а не како Сојуз на младите во кој покрај дру-гото ке ги остваруваат своите идејни програми и погледи, врската меѓу младите и оние што го претставуваат Сојузот на младината е прекината. Понатака, младинската организација во своето поведение и раководење поприма манири на државно-поли-тичко поведение, што му е туѓо на младиот човек. Да ги упростиме и поедноставиме сите односи, да се приближиме до она што е интерес и

преокупација на младиот човек и оттука да почнеме да ги валкаме и формираме работите во она што са-каме. Прво, да го воспоставиме кон-тактот, бидејќи сега таа работи доста форумски, а за тоа има најмалку причини.

П Р А Ш А Њ Е : Дали е нашата младина револуционерна?

— Секоја етапа од револуцијата, како процес во континуитет бара своја специфична револуционерност зависно од карактерот на односите што треба да се менуваат. Денес ж и -вееме во ерата на научно-технолош-ката револуција. Од младината во оваа етапа не можеме да бараме да биде, така да речам, воено-револуцио-нерна. Од неа треба да бараме рево-луционерност и борбеност во таа сми-сла — научните достигања како прет-поставка за брз развој на нашата Р е -публика што побрзо да најдат своја примена во нашиот живот и стопан-ство. В о овој поглед во секојдневието обично оваа револуционерност, во онаа мерка во која што е присутна кај постарите се изразува низ паро-лата „младите се нетрпеливи и са-каат се одеднаш". Т и е реакции не треба младите да ги чудат ниту да ги обесхрабруваат и л и чинат пасив-ни. А к о она „се" е борба за ф о т е љ а тогаш ќе личиме на оние против кои се бориме. Јас сум за таква р е в о л у -ционерност која што донесува проме-ни, која што го движи општеството напред. Револуционерност од овој вид кај младината нема доволно. За-тоа мене ми е неприфатлива парола-та која што е присутна кај некои младинци: „наредете го вие опште-ството и С К па после ние ќе дојдеме да продолжиме" .

П Р А Ш А Њ Е : Дали е нашата младина политичиа?

— Политичноста на младината јас не ја оценувам по тоа д а л и таа се интересира за она што се случува во секојдневниот живот, за она што се -којдневно го означуваме како п о л и -тика. Тоа за мене не е спорно бидејќи сметам дека нема младинец кој што не чита дневен печат. Тоа произле -гува од денешниот начин на живеење на секој к у л т у р е н човек. За мене п о -литичноста на младината треба да се оценува низ нејзиното квантитативно и квалитативно учество во институ-ционално организираниот живот и низ тоа к о л к у таа успева да вли јае врз конституирањето на политиката и нејзиното остварување. Овој вид на политичност на младината не одго-вара на можностите и потребите. Таа не е доволна.

П Р А Ш А Њ Е : Дали С К доволно се ан-гажира свеста за маке-донската национална са-мобитност да добие ди-мензии на традиција на македонската нација — зошто како нација сме многу млади?

— Сметам дека во последните го -дини особено Сојузот на комунистите на Македонија врз основа на своето ангажирање изгради многу јасни и децидни ставови во врска со нацио-налното прашање и националната рамноправност. Т о ј тоа мораше да го стори само врз основа на своето ан-гажирање за потполна национална

ПаРтИјАтА сЕ бРаНи - Ја ОбВиНуВа МлАдИнАтА

Page 5: ФОКУС бр. 46 / FOCUS No. 46

ПаРтИјАтА сЕ бРаНи - Ја ОбВиНуВа МлАдИнАтА рамноправност на македонскиот на-род и неговата самобитност. Тука и во теоријата и во практиката тој отвори нови димензии. Во врска со тоа како е поставено прашањето, би рекол, дека ние како нација сме кон-ституирани од порано, но сега ја кон-„титуираме својата национална држа-ва и суверенитет. Познато е дека ние имаме своја стара писменост, к у л т у -ра, обичаи што во целина ја чинат националната традиција и се основа за натамошно развивање на нацио-налното чувство. Сметам дека има дефекти во гаењето на традицијата. М и се чини дека во нашите воспитни институции треба да се обраќа повеќе внимание на тоа наставата да се из-ведува на литературен македонски јазик, да се употребуваат учебници на македонски јазик и слично. Тука сме често неодговорни. Сметам дека употребата на македонскиот јазик во училиштето треба да биде еден од главните критериуми за тоа да се би-де или не наставник. Се разбира де -ка националното чувство кај младите треба да се развива и врз основа на другите наши национални тековини и врз она што го создаваме денес. Инаку С К , во тие рамки е ангажиран доста успешно. Неговата ориентација за мене е сосема прифатлива бидејќи сметам дека е тоа единствениот пат за создавање на трајни претпостав-ки за градење на нашето единство. Југословенството и единството на таа основа може да има траен карактер, да биде цврсто само врз основа на обезбедувањето на потполна нацио-нална рамноправност и афирмација на секој човек, пред се, низ припад-носта кон својата нација и нејзината рамноправност.

1. Кога можеме да очекуваме П а р -тијата да се сврти кон младите не само заради масовно подмладување на членството, но и за да се погрижи за идеолошкото воспитување на млади-ната?

— Навистина, кога?!

2. Дали економските и актуелните политички текови треба да имаат предност во акциите што ги спрове-дува Сојузот на комунистите?

— Само е привид дека С К предо-минатно се занимава со економските прашања, а неговата свртеност кон актуелните политички текови е нор-мална иако се уште недоволно честа појава. Ка ј нас одамна е надминат економскиот „детерминизам", но на-шето искуство сепак зборува дека економскиот фактор (особено логика-та на пазарното стопанство) е речиси од пресудно значење за текот на сите други општествени процеси. С К нема монопол во економските одлуки, но јас сум сигурен дека, доколку тој п о -веќе се јавува како кохезивна и иде ј -но-движечка сила, нашето стопанство ќе биде постабилно и позакономерно. Неговата улога ја гледам пред се во јакнењето на личната одговорност на секој поединец — учесник во стопа-нисувањето.

3. Како гледате на Сојузот на мла-дината како идеолошки воспитувач на младината, но на младинската ор-ганизација во овој момент (значи, не каква треба да биде, а каква е сега?

— Сојузот на младината веќе долго време се наоѓа во криза. Има повеќе

причини за тоа. На С М од другите организирани сили се гледа со потце-нување. В о самата младинска орга-низација субјектот млад човек е мис-тифициран. Откога знам за С М , тој дејствува речиси само низ своите ф о -руми, кои се често премногу затво-рени и бирократизирани. С М ја из -губи битката со младиот човек тогаш кога се отуѓи од него, кога не се при-лагоди на неговите нови помодерни барања, кога пропушти неговите ди -леми да ги спои со општествените, едновремено не настојувајќи да ги зголемува и да им дава одговори. Младиот човек денеска, како и вчера, не го чувствува Сојузот на млади-ната како свој добро организираи, сензибилен, компетентен, и современ идеолошки фактор.

4. Дали е нашата младина револу-ционерна?

— Да, но не е доволно експонирана како таква. Постојано се собира п о -тенцијал во неа, но тој не наоѓа свој одраз во општеството. Да имаш сили — а да не ги користиш рационално и навремено, тоа е речиси исто како да ги немаш. Освен тоа, денеска е по-сложен поимот на револуционерноста, односно потешко е дефинитивно да се определиш. Н е е доволно само да се прифати идеологијата на самоуп-равниот хуман социјализм, туку е неопходно нему да му се припаѓа це -лосно, творечки, борбено. Тоа значи дека секој, па и младиот човек, треба одговорно да ја прифати улогата на активен субјект кој ќе твори и м е -нува.

5. Дали е нашата младина поли-тична? (Каков е политичкиот портрет иа нашата младина?)

— Голема грешка е што досега нау-ката (особено социологијата) и С о ј у -зот ка младината не се потрудиле да дадат на ова прашање поконкретен и поцелосен одговор. Иако, нормално, овој портрет постојано доживува из -мени, сепак постојат некои констан-тни елементи кои заслужуваат да се знаат и да бидат определени. Нашата младина е политична. Таа како една глобална структура веќе е оформена во општествена сила на која мора да се смета во идните зафати. Се раз-бира, една младииа не е политична

само затоа што не му создава пробле -ми на општеството. Напротив, јас би ја дефинирал како уште пополитична ако таа се експонира повеќе одошто досега во општеството на сите фрон-тови на неговиот развиток. А к о п о -литичноста се цени според степенот на реалниот придонес на општестве-ниот прогрес — тогаш современата млада генерација не би го издржала со успех овој критерум. На пример, веќе имаме мошне голем број на м л а -ди стручњаци во сите сфери на оп -штествената репродукција — а ре-зултатите од нивното непосредно ра-ботно ангажирање се уште се скром-ни. Имаме релативно развиена само-управна структура на сите нивоа — а младиот човек не го носи бајракот на борбата против злоупотребата на са-моуправувањето и јакнењето на би-рократијата. И така натаму. Меѓутоа, веднаш мора да се каже дека и на нашето самоуправно општество поне-когаш не му се туѓи манифестациите на „аполитично" однесување кон м л а -дите, кои не се резултат само на спротивностите и логиката на него-виот развиток. Само к о л к у за и л у -страција да споменам дека врз п о л и -тичкото расположение и акција на младите многу влијае фактот што не се намалуваат социјалните разлики, што има бројни деформации во рас-пределбата на доходот, што биро-кратските и конзервативните тврди-ни се потешко се пробиваат, што не постои подинамична кадровска об -н о в а . . . .

6. Дали Сојузот на комунистите до-волно се ангажирал свеста за маке-донската национална самобитност да добие димензии на Т Р А Д И Ц И Ј А на македонската нација — зошто како нација сме многу млади?

— Н е е проблемот во постоењето на традицијата на македонската нацио-нална самобитност, затоа што таа постои одамна. Позначајно е, според мене, Сојузот на комунистите заедно со сите други сили да обезбеди на-шата експанзија како нација и како држава во која живеат рамноправно и други народности да добие димен-зии на современ, модерен пробив и афирмација на сите простори и вред-ности на човековото творење и пос -тоење.

Page 6: ФОКУС бр. 46 / FOCUS No. 46

ЗА АМАНДМАНИТЕ ЗБОРУВА СТЕВАН ГАБЕР Јавната дискусија по Нацртот на Уставните амандмани на С Р М завр-ши. Тоа беше повод нашиот уредник Ристо Петров да разговара со проф. Стефан Габер, член на Уставнат а к о -мисија.

Прашањата беа: Каква заедница ќе биде С Р М по донесувањето на Уставните аман-дмани? К о л к у деетатизацијата на Ф е д е -рацијата и оди во прилог на на-шата Република? Каков третман имаат народнос-тите и другите етнички групи во С Р М со новите амандмани? Дали е основана опасноста (како

што досега се произнесуваат гла сови во јавноста) од дезавуирање на Претседателството на Собра-нието?

Студентската структура е изо-ставена како фактор за избор на Претседателството на Собра-нието. Основано л и е тоа?

МАКЕДОНШТИНА

Социјалистичка Република Македо-нија со новите амандмани треба јасно да ја прикаже реалноста на заедни-цата на македонскиот народ во која всушност се срекаваат два момента: 1. Момент на една социјалистичка

перспектива низ разни самоуправни решенија;

2. Момент на национална суверена заедница која е сосема присутна во сегашните преодни ситуации во кои се наоѓа овој народ.

Сосема е јасно дека не треба и дека дури е невозможно да се одвојат и изолирано да се постават тие два мо-мента еден од друг затоа што ќе до-биеме една нереална претстава за заедницата која сега ја градиме. Во разните дискусии во врска со Устав-ните амандмани честопати под влија-ние на низа предрасуди и наслаги од идеен и друг карактер несогласува-њето со ваквата основна интенција на Уставните амандмани се изразува со апсолутизацијата било на едниот било на другиот момент во движење-то на заедницата. Историското дви-жење на заедницата неопходно бара во сегашните актуелни моменти да бидат присутни елементите и од ед-ниот и од другиот карактер. Сигурно е дека во таа мера и во тој обем тоа двојство на овие два момента не се исти во сите југословенски републи-ки. Ние би имале еден унифициран вид на посебна југословенска соција-листичка република кога би инсисти-рале на една унификација на фор-мулацијата на Републиката. Македон-

скиот народ со сите етникуми кои во него живеат бара една посебност која е историска нужност на оваа нација и во рамките на таа посебност мора да најде мерка на односот помеѓу овие два момента: самоуправниот и националниот (национално-државниот момент).

БЕЗ УНИТАРИЗАМ...

Опасностите од етатизам на ниво на Федерација кои на еден унитаристич-ки и класичен начин ја поставуваше Федерацијата и еден од основните мотиви е да се адаптира и Федера-цијата, а и посебноста на републики-те на еден нов Самоуправен начин. Самоуправноста праќтично значи не-гација на етатизмот на било кои ни-воа, а посебно на сојузно ниво кое како повисок степен на оддалеченост на власта и на управувањето од не-посредниот производител со себе носи поголеми елементи на отуѓеност. Се знае дека отуѓеноста не е само во однос на производителот како дирек-тен создавач на вредноста. Борбата со етатизмот бара постојана активност која решенијата од претходната етапа мора да ги негира со тоа што ќе се создаде нов инструментариум за бор-ба против етатизмот. Опасноста од етатизам на републичко ниво ќе се покаже доколку не се инсистира на изградбата на една самоуправна Ре-публика. Впрочем борбата за самоуп-равна Република значи создавање на претпоставки за негација на етатиз-мот на ниво на Република, а во вто-рата фаза од донесувањето на У с -тавните амандмани сигурно е дека сузбивањето на тенденцијата на ета-тизам треба да се остварува и на ниво на комуна.

. . НАЦИОНАЛИЗАМ

Проблемот на повеќе националности и присутноста на повеќе етникуми во една политичка организирана заед-ница е проблем не само југословенски туку и светски. Денес ниедна поли-тичка заедница, односно држава не може да се пофали дека е мононацио-нална. Напротив, евентуалното такво преставување на сопствената поли-тичка заедница само значи избегнува ње на политичките и други проблеми

и нивно заскривање и нерешавање на еден современ и прогресивен начин. Во Републичките Уставни амандмани пред се се поаѓа од ваква позиција кога се сака во максимална можна мера со сите историски димегзиони-рани потреби секој етникум да се постави слободно во однос на поли-тичката државна организација на ма-кедонската република и во однос на своите самоуправни перспективи вна-тре во таа република.

ДЕЗАВУИРАЊЕ

Статусот на Претседателството на Собранието е замислен така што тоа Претседателство има функција на координативен орган во Републиката.

Орган кој всушност ќе треба да соз-дава одредена клима на односи и со-работка која е неопходна за една заедница да функционира како це-лина. По мое мислење страхувашето од отуѓување На тоа Претседателство од самото Собрание е неосновано, осо-бено затоа што немаме ни позитивна клима во политичкиот живот на на-шето општество за една таква оту-ѓена поставеност на еден орган, а од друга страна ни компетнециите на Претседателството не се така дадени за од нив да произлезат некои над-лежности кои всушност тој орган ќе го отуѓат. Страхувањата кои се иска-жуваат од одредени средини по мое мислење не се дадени низ еден по-широк аспект на една актуелно поста-вена република со сите атрибути кои се неопходпи за една самостална ре-публика.

СТУДЕНТСКО-МЛАДИНСКА АПАТИЈА

Јас мислам дека Сојузот на студенти-те во нашата Република со околу 30 илјади студенти е еден сериозен фак-тор во политичкиот живот на Репуб-ликата. Во оваа смисла сигурно е дека ако остане ваква нормата на консти-туирањето на она тело кое го из-бира претседателот на Претседател-ството по мое мислење и студентската структура треба да биде застапена, а не во рамките на општата структу-ра Сојуз на младина. Меѓутоа можеби проблемот поинаку ке изгледа и за самата студентска структура во на-шето општество ако се смета дека се работи за Претседателство на Собра-нието кое по правило (ако е тоа Претседателство на Собранието) треба да биде бирано од Собранието кое по правило (ако е тоа Претседателство на Собранието) треба да биде бирано од Собранието, а не намстнувано ка-ко Претседателство од други вонсо-браниски институции (во смисла на сите општествено-политички органи-зации) во кои по мое мислење треба да се вбројува и Сојузот на студен-тите на С Р М . Меѓутоа, ако самото Собрание бира свое Претседателство тогаш самата изборна структура во која евентуално би требало да влезе и студситската структура, ќе отпадне. Ако е Претседателството кое фактич-ки нема само чисто собраниски вид или форма, туку е општорепубличко претседателство, тогаш сосема јасно е дека структурата што го бира тоа Претседателство треба да е составена од сите општествепо-политички орга-низации што значи и од студентската структура. Особено затоа што Сојузот на студентите во однос на Сојузот на младината е далеку политички по-флексибилна, поактивна, поакциона отколку Сојузот на младината која е бројно поголема но понеактивна во однос на студентската структура, Без оглед на тоа што моментално студен-тската структура има некои внатреш-ни кризи во односот раководство — членство (генерали без војска итн.).

Page 7: ФОКУС бр. 46 / FOCUS No. 46

КОЈ СО КОГО ДРУГАРУВА

Во овој број ја објавуваме статијата на М р . П . Георгиевски, асистент во Институтот за социолошки и поли-тичко-правни истражувања, што тој ја правеше при изработката на од-бранетиот магистерски труд: „Соци-јалното потекло на учениците во средните училишта и негативното влијание врз нивната животна ори-

ентација". Секоја човечка индивидуа се раѓа

меѓу л у ѓ е и низ сиот свој живот по-стојано доаѓа во непосреден и по-среден контакт со нив. Нејзиниот развиток не може да се замисли без другите л у ѓ е . ВО сиот процес иа не ј -зината социјализација силно се раз-вива и потребата на индивидуата за друг човек, за контакт со човекот, за друштво. К а к о што човекот не може да опстане без некои физиолошки потреби како што се: јадењето, спие-њето, облекувањето и слично, исто така не може да опстане и без дру-жењето со други л у ѓ е , без непосред-ни контакти со иив. На тоа како се задоволуваат овие потреби, а особено ка потребата за д р у ж е њ е влијаат мкогу фактори меѓу кои значајно место има социјалната структура, од-носно припадноста на индивидуата на одреден општествен с л о ј или класа.

Во процесот на социјализацијата на индивидуата кога почнува и по-силно да се развива потребата за дружење со други персони, првен-ствено со индивидуи од својата воз-раст, општествениот сло ј со својата „поткултура" , преку фамилијата вр-ши процес на нејзино „послојување" , а со тоа и процес иа омеѓување на друштвото во кое ќе се движи инди-видуата.

Врз основа на податоците за еко-номската, политичката, па и духов -ната мок на поедини општествени слоеви, не е тешко да се утврди сто-пеноста на сите овие сили во една која може да се нарече општествена моќ (сфатена во поширока смисла на зборот), што ја карактеризира опште-ствената положба на одредениот сло ј . Врз база на истата, во македонското општество се јасно издиференцирани следните општествени групи и л и с л о -еви: работничка класа, земјоделци и занаетчии, високо-стручен и раково-дечки сло ј , и средни слоеви на инте-лигенцијата.

Према изнесената анализа за оп-штествената положба на поедини оп-штествени слоеви не е тешко да се заклучи дека социјалното диференци-рање во глобалното македонско оп-штество снажно се одразува и на со-цијалната диференцијација на у ч е -ниците, односно на нивното дружење во училиштето и вон него, во кивно-то слободно време.

ОД КАДЕ СЕ? Социјалното потекло на учениците

претставува еден од поважните фак-тори кој влијае на нивното дружење во училиштето и вон него, во с л о -бодното време на ученикот.

Дејството на социјалното потекло на учениците врз нивното групирање во одделението поизразито се јавува во училиштата за К В работници и средно-техничките училишта . В л и ј а -нието на социјалното потекло на нив-ното групирање во одделението го наголемува и еколошкиот фактор (сталното место на живеење на у ч е -никот) кој што се однесува на типот на населбата (село — град) и кој в л и -јае во ист смер. Резултатите од н а б љ у -дувањата на учениците во одделение-то и училишниот двор покажуваат дека добар дел од учениците во овие училишта и по клупите е социјално групираи на тој начин што ученикот за свсј другар во клупата почесто го бира оној свој врсник кој има исто или слично социјално потекло.

С О КОГО С Е ? Слична тенденција се забележува и

во поглед на влијанието на социјал-ното потекло на учениците врз нив-ното дружење надвор од училиштето, во слободното време на учениците. Така, повеќе од половината ученици од мануелно потекло (38,0%) за нај -добри другари ги имаат оние свои врсници кои се од нивно потекло (ма-нуелно) , а помалку од 1/3 од овие ученици се дружат со врсници од не-мануелни слоеви. У ш т е поголемо ди-ференцирање во овој поглед покажу-ваат учениците од немануелните сло-еви. На пример — 72,1% ученици од овие слоеви се дружат меѓусебно, а само 15,8% со ученици од мануелни слоеви. Тоа покажува дека ученици-те од мануелните слоеви покажуваат поголема преференција за д р у ж е њ е со ученици од немануелни слоеви отколку што го покажуваат тоа у ч е -ниците од немануелните слоеви према учениците од мануелни слоеви. Према типот на училиштето, слично како за групирањето во одделението, овие разлики се најизразити во училишта за К В работници, а најмалку во гим-назиите заради различниот социјален состав на учениците од овие типови училишта.

Со расчленувањето на оваа двојна коделба на професиите на татковци-те на учениците и нивните најдобри другари (мануелна и немануелна) , по -датоците од испитувањата покажу-ваат иста правилност: во значително поголем број татковците на најдобри-те другари на учениците имаат иста професија, одноено припаѓаат на ист и л и многу сличен потесен општествен сло ј . Така учениците од земјоделско потекло за најдобри другари претеж-но ги бираат оние свои врсници кои имаат исто, т.е. земјоделско потекло, учениците чии татковци се Н К В и К В работници исто така најчесто ги бираат за свои другари оние чии тат-ковци се Н К В и полуквалификувани работници, како што е случа ј и со дружењето на учениците од неману-елните слоеви, меѓу нив особено од високо-стручниот с л о ј .

Ова силно влијание на социјалното потекло на учениците врз нивното д р у ж е њ е условено е од социјалиото диференцирање на поедините опште-ствени слоеви во македонското опште-ство.

ДИСКРИМИНАЦИЈА Меѓутоа, целта на социјалистичкото

самоуправно општество, покрај дру-гото, се состои и во слабеењето на влијанието на социјалното потекло

на учениците и сведувањето на што е можно помала мерка и тоа не само на нивното дружење , туку и на избо-рот на типот на средното училиште , успехот во училиштето и аспирации-те за продолжување на школувањето на повисок степен на образованието. Заради тоа социјалистичкото самоу-правно општество во својот развој треба да се стреми кон следното: прво, смалување на значителните раз-л и к и помеѓу општествените слоеви во поглед на висината на примањата — елиминирање на сите фактори кои водат коц силно социјнално диферен-цирање, освен еден, т.е. оној ко ј води до диференцирање врз основа на способностите и резултатите од рабо-тата, (позитивно диференцирање) ; второ, се поголема и подоминантна улога на работничката класа во до-несувањето на најважните о д л у к и во општествено-политичкиот и самоу-правниот живот; трето — се поголе-мо културно д о б л и ж у в а њ е на различ-ните општествени слоеви, особено по-дигнување На културно-образовното ниво на селанството и работничката класа до она кое што го имаат инте-лектуалните- слоеви; четврто — свес-ка социјална коректура во образов-пиот систем (развина училишна спре-ма од сите степени на образованието и нивното, барем приближно, изедна-чување во образовната и општестве-ната положба на "секој степен поеебно; развиек систем на ученички домови, стипеидии, кредити, учебници и с л и ч -но) . К о г а ќе бидат задоволени овие неопходни услови, дури тогаш ќе мо-ж е да се зборува за еднакви стартни основи на психофизичкиот развиток во предшколскиот период на сите де-ца без оглед на нивното социјално по-текло . Дури тогаш ќе може да се примеки социјалиетичкиот принцип „секо ј спрема способностите, секому според работата" и на учениците, на нивната работа и успех. Со други збо-рови со создавањето на такви опште-ствени услови во кои единката пос-тигнува одреден степен на образова-ние во зависност од своето л и ч н о залагање и способност. А к о еден од наведените услови не биде задоволен, особено ако не се намалат значителни-те разлики во примањата на поедини општествени слоеви кои во крајна л и -нија ги одредуваат и влијаат на оста-натите, тогаш не може да се примени на учениците наведениот социјалис-тички принцип затоа што не може да се создаде еднаквост во нивниот животен старт. Во таа смисла со пра-во истакнува францускиот социолог Р. А р е н : „ С е додека општествените групи се многу диференцирани во примањата и начинот на живот, каков и да е системот на образование, не-возможна е стартна еднаквост." В о спротивно, до к о л к у не бидат задо-волени наведените услови, тогаш примената на наведениот социјалис-тички приицип уште повеќе би ја на-големила негативната социјална ди-ференцијација меѓу учениците.

П . Георгиевски

Page 8: ФОКУС бр. 46 / FOCUS No. 46

ОДЛОЖЕНО СУДЕЊЕТО

НА АНГЕЛА ДЕЈВИС

На А н г е л а Дејвис, познатиот борец за црнечки права во С А Д , симпатизер на Црните пантери и член на К о м у -нистичката партија на С А Д , ќе и биде судено во Санта Клара , сто и дваесет к и л о м е т р и ј у ж н о од Сан Рафаел , мес-тото кое првобитно беше определено за место на судење. Оваа измена нас-тапи по усвојувашето на барањето на бранителот на А н г е л а Дејвис кој из -јави дека се сомнева во праведноста на одлуката што би ја донела поро-тата во Сан Рафаел .

Денот на почетокот на судешето ќе биде накнадно утврден.

БЕГСТВО НА

ИНТЕРНИРАНИ БОЛИВИСКИ

СТУДЕНТИ Десет боливиски студенти, интерни-

рани во еден концентрационен логор по недамнешните промени во оваа латиноамериканска земја, успеаја да побегнат во перуанскиот град Пуну . Студентите побегнале со еден авион на боливиското воено воздухоплов-ство кој атерирал во дворот на нив-ниот затвор. Заедно со десетте сту-денти во Перу пребегнале и еден ка-петан и пет војници кои им помогна-л е на заробените при грабнувањето на авионот.

Според изјавите на студентите, во концентрациониот логор, во кој се на-оњале од падот на режимот на гене-рал Торез, се уште се наоѓаат околу педесет затвореници, повеќето про-гресивни студенти и истакнати јавни и синдикални работници.

СУДЕЊЕ НА

ГРУПА МЛАДИНЦИ

Пред извесно време пред атинскиот воен суд се најде група од десет мом-чиња и девојки на кои им се суди поради „коваше завера за соборуваше на постојниот воен режим на Папа-допулос" . Ова е еден од низата суд-ски процеси кои воениот режим во Грција ги презеде во последно време против опозиционерите на воените власти.

ОСУМНАЕСЕТГОДИШНА ДЕВОЈКА

КАНДИДАТ ЗА

ОБЛАСТЕН ИНСПЕКТОР

Откако со новиот закон активното гласачко право беше спуштено од дваесет и една на осумнаесет години, неколку десетици момчиша и девојки, од кои многу средношколци, влегоа во трката на разни избори за л о к а л -ни органи во текот на оваа година.

Деновиве штампата во Сан Ф а р н -циско и посвети големо внимание на студентката на прва година Ивона Вестбрук, осумнаесетгодишна црнки-ња која судејќи по реакциите на јав-носта со успех се в к л у ч и во борбата за едно од шесте места за областен инспектор. Пред да се кандидира, Ивона Рестбрук се истакнала во мно-гу јавни акции во Сан Франциско со своите организаторски способности. Поради тоа се смета дека покрај ог-ромното мнозинство на гласови од нејзините врсници, таа ќе ги добие и гласовите на дел од „сериозните" л у ѓ е

„ А к о јас победам — им изјавила таа на новинарите — тоа ќе им ја врати верата на младите во политичарите во кои денес воопшто не веруваат. Навистина многу граѓани на Сан Франциско веруваат дека мојата кан-дидатура претставува добра шега, ме -ѓутоа ако победам, тие ќе разберат дека и во осумнаесеттата година мо-ж е да се има глава која не с л у ж и само како подлога за косата".

по СУДЕЊЕТО

НА ДЕМИЗ

ГЕЛМИШ Додека судиите ја потпишувале

пресудата — смрт со бесеше — изре-чена за седумнаесетте студенти, Д е -миз Гелмиш, нивниот водач извикнал: „Да живее независна Турција" . Т у п а -ниците на полицијата удирале по нив-ните насмеани лица додека тие ја с л у ш а л е пресудата.

Пресудата за нивното погубуваше се уште не е потврдена. Постои мож-ност таа да биде заменета со поблага казна. Врз конечниот суд на оние кои треба да ја потврдат и л и поништат пресудата веројатно влијае и прет-поставката дека погобувањето на Д е -низ Гелмаш и неговите другари ќе создаде од него позната национална фигура и ќе допринесе за поголемо пропагираше на неговите идеи.

ЏЕЈН ФОНДА ДО НИКСОН

Познатата филмска глумица која во последно време го напушти снимаше-то на филмови за да се посвети на анти-воена дејност, Це јн Фонда, му испрати писмо на претседателот на С А Д Ричард Никсон во кое предлага за време на Божикните турени по Виетнам низ логорите на американ-ските војници да биде изведен и н е ј -зиниот спектакл „Да ја уништиме војната".

В о писмото таа в е л и : „Знам дека вашиот одговор ќе биде негативен. Тоа е впрочем и нормално, бидејќи веќе се согласивте мојот колега Боб Х о у п за време на таа иста турнеа да го изведе својот про-воен шоу" .

Page 9: ФОКУС бр. 46 / FOCUS No. 46

расчистувачка банда

Хипиците се вљубени во предмети. младиот андерграунд писател кој ра-се со убавина и свети предмети. Но дали е ова полошо од прославите на генерацијата на ЦИА, занесена со потрошувачот-капитализам? Утопи-ските комунисти се утописки од по-треба, а и каде на друго место би можеле да побегнеме од Расчисту-вачката банда освен во прегратките еден на друг?" ДЕЈВИД ВИДЖЕРИ, младиот андерграунд писател кој ра-боти за часописот Оз, прави преглед

на хипи филозофијата. Ништо не се случува, Господине

Џонс. Во земјите на Големото О п ш -тество и Нова Британија, сите се цврсто заспани. Освен што постојат повремени смешни кошмари, о д б л е -соци на застрашувачки антагонизми во слатка „доза". Во епизодите на сонот прицврстувачите на челик фр-лаат цигли, докерите говорат за Троц ки, црните расисти решаваат да стек-нат моќ со употреба на сила. И таму во средината на сонот се наоѓаат мла дите интелектуалци: стекнувајки „ви сина'' наместо дипломи, мрзоволни да работат или да потрошуваат. „ В а ж -ните" го изгубија интересот за ро-тација. „Неважните" сакаат да ста-нат кралеви во замоци.

М о ж е да се каже, дека најнеопа-сната од овие бунтовнички слики нај многу ги вознемирува нашите вла -детели. Хипиците претставуваат т о л -к у опасно масовно предизвикување на државната моќ, колку и луѓето што уфрлуваат странски парички во мерачите за плин. Но оние што ги обединуваат општествените мисле-ња, се збунети што нивните деца од-биваат да ја играат нивната игра. Игра која овозможува да продадеш и без да бидеш свесен за трансакцијата. „Само во овој век владеачката класа ги школуваше своите сопствени деца како робови", пишува П о л Гудмен, американскиот анархистички ф и л о -зоф. И робовите звецкаат со своите окови.

Пораката не е револт, туку кла -сичното право на барање за утописко општество; дека човечкото значење може дa се поврати само преку лична слобода. Додека доминантна идеоло-гија на нашето време е дека човекот во основа е неспособен и со него тре-ба способно да се манипулира, хипи контра-комунистите ја возвишуваат единственоста на личното осознава-ње . Против пропаста на светот постои само еден одговор — креативниот акт на тивко напуштање, и само едно искуство, занесот за нивната вна-трешна креативност.

Револтот на cредната класа доаѓа-ше до израз на предавањата зa Да-даизмот, и во јавните куќи и празни сали кои мириcаа на Сталинизам. С е -га тие можат да се ослободат од оваа осамена сериозност и да се восхиту-ваат на сопствениот сјај со Л С Д , ка-ко Грал и секој витез на сопствената Тркалеста маса.

Тимоти Лири вели: „Свртете се кон средствата, најдете некаков вид за-клетва која го менува вашето тело, затоа што заклетвата мора да го про-мени телото. А к о таа само го менува вашиот дух, тоа е само уште една шаховска маневра."

Во смисол на Агенции за Дезин-формација и Оддели за Лаѓи, хипи-ците не се политични: „ Н е полити-зирај не гласај. Тоа се игри на ста-рите луѓе , на неспособните и сенилни старци", вели Лири. Н о ова не спре-чува продирање на добар дел на лажна свесност во Андерграундот. Т и е знаат зa полициската суровост и сфаќаат дека ако Британија не е Полициска Држава тогаш е серија на полициски градови. Тие ги пре-познаваат своите „пријатели" кои се против војната во Виетнам, но му

дозволуваат на Господинот Претсе-дател, нешто помалку обмбардирање. Против армијата, но ќе одиме по ѓа-волите. Немаме ништо против ма-рихуаната и Л С Д ; би сакале неко-гаш да пробаме.

Хипи-уметноста повеќе е украсу-вање на животот отколку негово ис-питување, серија на беджови и ико-ни кои се дал од трговската стока облеката и поп-уметноста. Критиката на андерграунд — уметноста се теме-л и на серија кршења на лажноста на имитирањето; ако едно уметничко дело е досадно и медиокритетско, то -гаш тоа претставува нешто од опш-теството кое е досадно и медиокри-тетско. Во општествен поглед денеш-ните хипи-активисти можат да се користат со групирање и организа-ции, што се д о л ж и на претходната декада. Часописите „ О З " и „ И Т " (Тоа) се разделуваат во центрите фор мирани од поетите-пионери, од пее -сеттите години. Провокативните ак-тивности во Холандија се помагани од Англиските активистички групи кои потекнуваат од Комитетот на 100тата.

Н о во целина, вклопени во опш-теството, тие се обидуваат да се ис-клучат од егзистенцијата, да исфрлат непријатни делови од своите текс-тови, потоа да го комерцијализираат своето искуство и да го направат раз бирливо за извештаите на возрасни-те на нивните деца. Официјалната Агенција за Дезинформирање созда-

де Франкејштајн-монструм од М л а -дината; хипиците можат само да се обидуваат да ја убијат сликата за нив со спалување на своите ѕвона и ѓердани на спалувалиштето во Х а ј т Ашбери .

Н о и покрај лидерите и возрасните Танцот продолжува. Продолжува за-тоа што нема друг начин. Затоа што младината на Америка може само да набљудува како разбојникот со про-ширени вени, од Тексас, го донесува последното решение за Виетнам, „по илочува јќи" го одозгора со цементна тркачка патека и електронска мре-жа за пеперутки.

Експертите кои се одани на виски и симболи, сакаат да гледат Т В доц-на во ноќта, а хипиците повеќе са-каат да читаат детски ТВ-песни . А н -дерграунд облеката станува изветве-на и нечиста, но таква е и изветве-ната маскенбалска облека на В и л -сонизмот, што седи и плете крај сопствената гиљотина. Хипиците са-каат предмети. Заклетвата на Лири вели : „ О к р у ж е т е се со убавина и све ти предмети". Н о дали е ова полошо од прославите на Ц И А — генераци-јата, толку занесена со потрошувач-киот капитализам што поткупување-то е одвај потребно? Утопистичкиот комунизам е од неопходност утопи-стички, а и каде на друго место да побегнеме од бандата што збришува,

вен еден на друг в преградтка.

Доаѓа

Page 10: ФОКУС бр. 46 / FOCUS No. 46

Основниот постулат врз кој се засно-вува политичката активност може да се определи како убедување д е к а р а з у м о т и м а а в т е н т и ч н о и л е г и т и м н о п р а в о д а у п р а -в у в а с о п о м а л к у р а з у м н о -то. Овие претензии се свртуваат во еден несомнен вид а п р и о р н а д и к т а т у р а на разумното, односно на она што се обидува да се изрази како такво. Конверзираното прашање не би имало смисла: имено, значи ли дека би било исправио неразумното да го управу-ва разумното, или дивото да го рако-води цивилизираното? Не би имало смисла поради лесно прифатената предрасуда, која и е токму с п о р -н о т о во проблемот, а која самиот факт на раководење или управување го смета за нешто по себе разбирливо. Хегеловата филозофија несомнено е корен на ваквото насилничко експан-зионистичко доминирање на разумот (или системот) бидејќи го идентифи-кува не само како основа на светот, туку и како негова иманентна зако-нитост и цел. Метафизичкиот ј а з меѓу способноста да се дејствува (и наметнува) сосема метафизички е прескокната така што разликата е унапредена во п р а в о т о да се пре-обликува светот според сликата на најмудриот (или најмоќниот). Во овој поглед сите политички акции, без оглед на нивното потекло, смисла или хеуристички концепт, сосема се иден-тични.

Колку длабоко е вкоренета оваа пред-расуда за природноста на ваквата практика, може да се илустрира и со неколку цитати од делото на Хана Арент, една од најпознатите современи западни политички „мислителки" (авто рот не може да се одвикне од тоа да ги разликува мислителите од мисли-телките, иако тоа г р а м а т и ч к и не е оправдано) од областа на соци-јално-политичките истражувања. Н е ј -зините книги честопати изобилуваат не само со широка култура и завидна елоквентност, туку и со остроумна и минуциозна анализа. Непосредниот повод да се определиме за нејзиното дело е и интересниот детал на нејзи-ната антибиологистичка ориентација во објаснувањето на сите општестве-ни феномени, а особено оние што се од посложена природа. Меѓутоа, дури и кај нејзе, објаснувањето на тие по-јави е засновано врз некои битни п р и р о д н и релации. Одбивајќи да признае дека и извесни речиси еви-дентно природни процеси и реакции се нешто повеке од рационализирани социјални однесувања, таа е спремна за „природни" да ги прогласи таквите моменти што и најлуцидниот биолог тешко би можел да ја утврди назна-чената „природност". Како особено интересна, а во извесна смисла и драгоцена, ќе ја наведеме нејзината анализа на некои основни политички категории, кои термино-лошки многу непрецизно се користат како во секојдневната употреба, така и во научните трудови, а кои таа јасно и остро ги разграничува.

моќ „ М О Ќ Т А " кореспондира не само да дејствува на човековата способност, туку да дејствува усогласено. Моќта никогаш не е сопственост на една индивидуа; таа и припаѓа на групата и постои долго колку и самата група. Кога за некого велиме дека „поседува моќ" ние всушност, мислиме на тоа дека тој е ополномошен од извесен број луѓе да постапува од нивно име. Оној момент кога групата од која моќта и потекнала (роtеѕtаѕ in рорulо, без група луѓе не постои ниту моќта), ќе исчезне, „неговата моќ" исто така се губи. Во сегашната употреба, кога зборуваме за некој „моќен човек" или „моќна личност", ние веќе го користи-ме зборот „моќ" метафорично; онака што мислиме, кога метафората ќе се исфрли, всушност е „јачината".

ј а ч и н а „ Ј А Ч И Н А Т А " непосредно одбележу-

ва нешто поединечно, еден индивиду-

ален ентитет; таа е инхерентна сопс-

твеност на некој објект или личност и им припаѓа на иивните карактери; таа може да се изрази во однос на останатите нешта или личности, но е есенцијално независна од нив. Јачи-ната и на најјаката индивидуа може да биде секогаш надвладеана од по-веќемина, кои често ќе се обединат токму со иамера да ја урнат јачи-ната поради нејзината посебна неза-висна положба. Речиси И Н С Т Р У К -Т И В Н О Т О Н Е П Р И Ј А Т Е Л С Т В О (Н. Б. подвлеченото биологистичко интони-раше! Ф . М. ) на многуте против едни-от од секогаш било, од Платон до Ниче, припишувано на непријател-ството иа слабиот кон јакиот, но оваа психолошка интерпретација не ја по-годува поентата. Во П Р И Р О Д А Т А Н А Г Р У П А Т А и нејзината моќ (подвле-кол Ф. М. ) е да се сврти против неза-

висноста, карактеристична за инди-видуалната јачина.

авторитет А В Т О Р И Т Е Т О Т , однесувајќи се од најнејасииот од овие феномени и ка-ко таков честопати погрешно употре-буваме, може да биде содржан во личностите — постојат таквите нешта како личен авторитет, на пример во односите меѓу родителот и детето, учителот и ученикот — или може да биде содржан во установи, на пример во римскиот сенат (аuсtогitаѕ) или кај хиерархиските службеници на црква-т а . . . Неговата основна карактеристи-ка е беспоговорното признавање од страната на тие што се должни да слушаат; ниту присилата, ниту убе-дувањето не се потребни. (Таткото може да го загуби својот авторитет било тепајки го своето дете, било расправајќи се со него, односно, било однесувајќи се кон него како тиранин или третирајќи го како рамноправно. Да се задржи авторитетот неопходно е да се почитува личноста или инсти-гуцијата. Според тоа, најголем непри-

С И Л А Т А , која често ја употребуваме

во секојдневниот говор како синоним

за насилството („влегоа со сила",

„ги принудија со сила" и тн. Ф . М . ) ,

особено ако насилството служи како

средство на принуда, треба да биде

резервирана, во терминолошкиот ја -

зик, за „силите на природата" или

„силите на околностите", т. е. да се

индицира енергијата ослободена со

физичкото или општественото дви-

жење .

ИзмАМАта

Page 11: ФОКУС бр. 46 / FOCUS No. 46

јател ва авторитетот е предизвику-вањето, а најсигурен начин за негово поткопување е исмејувањето.

насилство

Н А С И Л С Т В О Т И , конечно, се одли-кува, како што веќе реков, во својот инструментален карактер. Феномено-лошки, тоа е блиско до јачината, би-дејќи примената на насилството, како и кое било орудие, се планира и употребува за повеќекратно зголему-вање на природната јачина, бидејќи, во последниот степен на нивниот раз-виток, тоа може да биде неговиот супститут." (стр. 44—46) „ Н А М О Ќ Т А не и е потребно оправ-дување, бидејќи таа е И Н Х Е Р Е Н Т Н А Н А С А М А Т А Е Г З И С Т Е Н Ц И Ј А Н А П О Л И Т И Ч К И Т Е О П Ш Т Е С Т В А ; (Под-влекол Ф. М . ) тоа што нејзе и е потребно, е легитимитетот... Н А С И Л -С Т В О Т О може да биде оправдано, но некогаш не може да стане леги-тимно." (стр. 52) Од последниот цитат јасно се гледа дека моќта се објаснува како има-

нентна, дури вродена карактеристика

на политиката; засега тоа само го

одбележуваме како карактеристично.

„ . . . политички зборувајќи, не е до-

волно да се рече само дека моќта и

насилството не се идентични. Моќта

и насилството се спротивставени; ка-

де што едпото управува апсолутно,

другото е отсутно. Насилството се ј а -

вува кога моќта е загрозена, но оста-

вено на сопствениот тек, тоа завр-

шува во исчезнувањето на моќта.

Насилството може да ја уништи моќ-

та, но тоа е целосно неспособно да ја

создаде." (стр. 56)

Да наведеме уште неколку нејзини

произнесување во однос на биологи-

стичкото и инструменталистичкото

толкување на насилството и неговите

корени.

„Не можам да разберам зошто сме

повеќе должни „да разбереме дека

човекот се однесува многу слично на

групно територијален вид" отколку

обратното — дека некои животински

видови се однесуваат многу слично на

луѓето. (!? Н . Б.) Не ли е очевидно

дека антропоморфизмот и териомор-

физмот (објаснување на човекот пре-

ку животните Ф . М. ) во бихејвио-

ристичките науки, се само две стра-

ни на една иста „грешка"?" (стр.

59—60)

бес

Б Е С О Т никако не е автоматска ре-

акција на бедата и маките како

такви; никој не реагира со бес на

неизлечива болест или на земјотрес

или, на пример на неизменливи опш-

тествени околности. Само таму каде

што е разумно да се претпостави де-

ка околностите можат да бидат про-

менети — а не се, се јавува и бесот.

Само тогаш кога нашето Ч У В С Т В О

Н А П Р А В Е Д Н О С Т Е П О В Р Е Д Е Н О

ние реагираме бесно, а таа реакција

не мора да биде никако одраз на

лична навреда, што е потврдено со

целата револуционерна историја..

(стр. 63)

Подвлечените реченици и термини

(„инстинктивното непријателство", „во

природата на групата", „инхерентно

на самата егзистенција на политич-

ките општества") не се семантички

пропусти, туку тие и од општиот кон-

текст го одбележуваат токму своето

конвенционално значење. Од друга

страна, нејзиниот антибиологизам е неверојатно жив, циничен, во движе-ње, создаден од неочекувани пресвр-ти, јасно одбележувајќи ја нејзината лична заинтересираност и големата важност што таа му ја придава на дистингвирањето од таквите сфаќа-ња. Ограниченоста на просторот не ни дозволува подлабоки и пообемни илустрации и зафати, но самото пра-шање (цитатот од стр. 59—60) може да послужи како јасен пример на ирационалноста на нејзината аргу-ментација. Се разбира дека е многу пологично, и дури единствено можно, доколку се прифати макар и услов-но Дарвиновата теорија, дека подоц-нежното произлегува од претходното, па така и тоа дека не само што „те-риоморфизмот" е многу логичен, но и дека „антрономорфизмот" тоа ни-како не е. Животните не се однесу-ваат како човекот во оние точки во кои тоа однесување покажува приме-ри слични во висок степен, туку на-против, преку остатоците (кои не мо-ра да се а т а в и з м и) на своето био-лошко минато, и конечно конкретна-та биолошка сегашност, човекот, се однесува како определените живо-тински видови! Н а Хана Арент би можеле да и по-ставиме уште едно прашање во рам-ките на наведените цитати. Кога таа го негира биолошкото потекло на бе-сот и агресивноста, па така и на на-силството, наместо врз биолошки ме-ханизми таа овие реакции ги сведува врз навреденото Ч У В С Т В О на пра-ведност! А к о јас реагирам поради моите чувства, тогаш без оглед на степенот на социјализацијата на тие емоции, мојата реакција Е Б И О Л О Ш -К И З О С Н О В А Н А ! Праведноста, при тоа не менува ништо. Особено е интересно колку површно таа го истакнува елементот на бесот и насилството како инструменти кои се јавуваат само тогаш кога нешто може да се промени или исправи. К а -ко, божем луѓето не се бесни во слу-чај на елементарни несреќи, земјотре-си и тн. Но, драга Хана, би можеле да Ве прашаме, каде сте виделе дека тигарот е Б Е С Е Н на пожар или земјо-трес?! И неговиот бес се јавува само кога неговото „чувство на праведност е навредено", т. е. кога ќе го фатат во мрежи, погодат со куршум или нешто слично. Особено овој нејзин аргумент, со својата одлично одбрана поента, совршено јасно ми покажува дека таа Н Е Е во право. Насилството е инструмент, но инструмент кој био-лошки е З А С Н О В А Н ; кај човекот тој само добива определена општествена содржина, но никако не и О П Р А В -Д У В А Њ Е па макар и од името на разумот, логиката и напредокот.

Ферид Мухиќ

Н А Б Е С О Т

Page 12: ФОКУС бр. 46 / FOCUS No. 46

— раскажување на еден растурувач— Ж о л т а т а и пенлива течност полека исчезнуваше во црната, недогледна и гладна дупка. Исчезнувше. во интервали се појаву-ваше на површината, анемична и цензурирана, и |најпосле сосема излезе . И з л е з е вистината, излезе чувството и револтот. Останаа само парчиња стакло и капки крв, кондензирани во густи бои и то -нови, на темниот од кир измачканиат под. Т и е раце морничави и грозни по не знам кој пат ја кранаа пародираната Исчезнуваше, во интервали се појаву-нови, на темниот од кир измачкан вистина апелирајќи (по телефон) на нејзината свест. Вистината се изопачуваше. вистината лажеше , а рацете упарно се молеа, се дигаа, се спуштаа, се закануваа и ветуваа. Одеа до бесконечност, но не допираа ни метар пред себе .

Беа кратки. прости и неугледни. во гомна. Се усмрдеа!

Т А К А П О Ч Н А Р Е В О Л У Ц И Ј А Т А . В о револуцијата рацете го водеа главниот збор: го носеа знамето „ п р о -грамскиот памфлет", „фокусот" , ди-скутираа; комуницираа со секој за сешто (ништо), гестикулираа, мислам така!

Н О Р Е В О Л У Т И О Н !

Од знамето некој напраѕви гаќи (ма-чевалки) . „програмскиот памфлет" заврши, п о с л е упорното читање од 6 часа, во WС-ата на скопскиот крем (некои си ги изгребале извеоните места бришејќи се со него) , така оди „фокус" од негирање до одобрување! Останаа рацете уморни и празни. Се одморија малку, собраа сили и се кренаа повторно.

Милан Б А Н О В

Т Е А Т А Р О Т Н А И С П О В Е Д разоткри-ва — обид за огнено крстење — испо-ведта прва:

А Т А К У В А Ј К И Н А Н И В Н А Т А С В Е С Т (меѓу редовите ќе им го сликам

натчовекот и прошка за нивните гревови ќе барам) Можам ли да почнам? беше пролет, лето. есен или зима дење или ноќе баш и не се сеќавам

Н О С И Г У Р Н О З Н А М Б Е В С А М И

„Ми се укажа светлина: сопатници сакам, и тоа живи — не мртви со-патници и мрши, кои со себе ги носам каде што сакам јас. Ж и в и сопатинци ми се потребни, кои ќе ме следат за-тоа што сакаат да се следат самите себе — и тоа таму каде што) сакам јас.

М И СЕ У К А Ж А С В Е Т Л И Н А : не збо-рувај му. Заратустра на народот ту-ку на сопатниците! Не треба Зара-тустра да му стане на стадото овчар и пес! Дојдов затоа многумина да ги одма-мам од стадото. Нека бидат гневни на мене народот и стадото. Заратустра сака да им стане разбој-ник на овчарите. Овчари велам: а тие себе се наречу-ваат добри и праведни.

П О Г Л Е Д А Ј Г И Д О Б Р И Т Е И П Р А В Е Д Н И Т Е ! Кого најповеќе го мразат? Оној кој ги разбива нивните плочи на вредности, разбивачот, разбојникот — но тоа е творецот. Сопатници бара творецот, а не мртов-ци, а не стада и верници. Сетворец бара творецот, оној кој испишува нови вредности на нови плочи. Сопатници бара творецот, и сожетва-ри: бидејќи во него е се зрело за жетва. Но му недостасуваат илјада српови: затоа го кине класјето и лут е.

С О П А Т Н И Ц И Б А Р А Т В О Р Е Ц О Т , и

оние кои знаат да ги заострат српо-вите свои. Луѓето ги наречуваат уништувачи и презирачи на доброто и злото. Но тоа се жетвари и славеници. . . Сотворци бара Заратустра, сожетвари и сославеници бара Заратустра: што Ќе му се стада и овчари и мртовци. А ти, мој прв сопатниче, биди ми добро! Добро те закопав во твоето шуплика-во стебло, добро те сокрив пред вол-ците. А сега се разделувам и од тебе, би-дејќи времето измина. Помеѓу две зори ми се јави нова вистина. Овчар не треба да бидам, ни гробар. Ни да зборувам повеќе нема со на-родот: последен пат му говорев на мртовец. Ќе им се придружам на творците и славениците: сакам да им го пока-жам виножитото и сите степени на натчовекот." — „Така зборуваше Заратустра" го анимираше Фридрих Ниче! така го читаше, така го поприми, асоцирано дополни и го предаде вака преведу-вачот! Тука би можел да биде и крајот! Но долг беше патот и за ситуациите трансцендирани веќе: — исповедта до неа:

К Е И М П Р Е С Е Д Н Е С М Е В О Т

(ќе почнат да ги забораваат парите ќе почнат да бегаат од тоа што сега се — а тоа и го сакав) П. С. Може л и да преживее и со-мисленици собере Т Е А Т А Р А Т Н А

ИСПОВЕД? П. С. С. Може. И како мала тај-ничка: неговата експанзија почнува! П . С. С. С. Тоа баш и не е тајна.

за аниматорот,

Љубиша Н И К О Д И Н О В С К И — Б И Ш

Page 13: ФОКУС бр. 46 / FOCUS No. 46

НЕО СТВА

РЕН иот АНТ

ОНЕН АРТО

Човекот, творецот. поетот, лудакот Антонен Арто е дефинитивно мртов, изгубен за сите. Го нема. Не постои веќе. Антонен Арто, човек на ова време, без потекло и без умир.ање. Без минато и без иднина.

*

— предизвик што Антонен Арто му го упати на еден Голтар — Претпоставувам дека А р т о почнав да го сфаќам кога го прочитав она што А н д р е Ж и д го напишал во „ В р а -ќањето на лудиот А р т о " за својот впечаток од првата средба со А р т о : „Видов човек до крај искушуван од Бога. Човек осакатен. Говори од ра-бот на длабока бездна. Човек што сам се изложува на ударите на гро-мовите. Ж р е ц и жртва истовремено. Се срамев пред него за своето место во светот во кој на своите компро-миси треба да им благодарам за комфорот што го имам. Тогаш нешто во мене се скрши. Во тој миг станав способен недогматски да ги сфатам зборовите на А р т о за неговиот однос кон револуцијата. В о тој миг бев над мислењето што се состои од две категории: Р Е В О Л У -Ц И О Н Е Р — Р Е А К Ц И О Н Е Р . „ Ш т о ќе ми е целата Светска револуција ако сум осуден вечно да трпам и да би -дам несреќен во мојата сопствена внатрешна мртовечница? Постои са-мо една добра Револуција : таа што ќе ми помогне мене и на луѓето како мене. Навистина револуционерни се само оние сили на некакво движење што ќе бидат способни да ги искор-нат работите од сегашните нивни те -мели, што ќе го изменат аголот на гледање на стварноста." Антонене Арто , за мене нема против-речност меѓу оваа твоја изјава и филмот „Наполеон" во кој Т и си го играл Ж а н - П о л Мара. Има сличност

меѓу Вас: во неговата када и Твојата лудница. За вас тие б и л е Вечност. Вечност што се состои во постојана-та борба да се излезе од кадата и лудницата. Лудницата, и за мене, откога те читав Т е б е стана Светот. За Шекспир Светот беше еднаков на Театарот, за Т е б е Светот беше една-ков на Лудницата која е еднаква на Театарот. А Театарот е наспроти Светот?! „Господа лекари од лудниците, законите и навиката ви дале право да ги мерите човечките души. Оваа суверена, ужасна законита моќ ја вршите на база на сопствената со -гласност. Тоа е фарса. Лековерноста на цивилизираните народи, научници и владеачи ја украси психијатријата со скоро натприроден ореол. В с у ш -ност, вашето занимање однапред само себе се осудува. К о л к у меѓу вас има такви, за кои сонот на човекот што предвреме сте го оквалификувале ка-ко лудак, и сликите чијшто п л е н е тој , не се ништо повеќе од салата од зборови? . . . Истапуваме против правото што им било доделено на луѓето , без обзир на тоа дали се ограничени и л и не, против правото да ги санкционираат своите истражувања во областа на духот со трајно затворање на други луѓе . И тоа какво затворање! Познато е, иако не доволно, дека болниците за умоболни се се друго само не при-бежишта, што би требало да бидат. Тоа се ужасни затвори чии затворе-ници се бесплатна и робовска работна сила, каде суровоста е вообичаена работа — всушност нешто како ка-сарна, затвор и л и галија. . . . Нема да дозволиме било што да стои на патот на слободното изразу-вање на она што го наречувате л у -дило и што е т о л к у легитимно и логично како и секое друго про-јавување на човечкото мислење и однесување. Репресијата на антисо-цијалните реакции е химера. И во

принцип е неприемлива. Сите и н д и -видуални чинови се антиопштествени. Лудаците се жртви на диктатурата на заедницата, жртви раr ехel lеnсе! Во името на индивидуалноста, која е суштинска за човекот, бараме да бидат ослободени тие галиоти, зашто не е во моќта на законот да ги затвори сите л у ѓ е што мислат и постапуваат. Н е инсистираме на г е -нијалниот карактер на пројавувањата на некои лудаци, ако воопшто сме во состјоба да ги препознаеме и оце-ниме. Н о прогласуваме апсолутна легитимност на нивните концепции на реалноста и однесувањето што произлегува од нив." Д а л и претчувствуваше дека 12 г о -дини подоцна, есента 1937 ќе бидеш и Ти , наречен Вештерот, сместен во лудница? Доволно го предизвикува-ше општеството. Н е смееше да ја пре -дизвикаш цензурата со тоа што 1927 година во својот театар наречен „ Т е -атар на А л ф р е д Ж а р и " направи про-екција на „опасниот" ф и л м на В с е -волод Пудовкин „Мајка" ! К а к о смее-ше да си Д О З В О Л И Ш со години да им у к а ж у в а ш на луѓето да пеколот што се наоѓа во нив? К а к о смееше да го прогласиш театарот за пандан на светот?!

„ М и л пријателе, сметате дека капиталистичкиот и буржујскиот поредок во кој ж и в е е -ме, може се уште да издржи и да им одолее на настаните. Јас мислам дека е зрел за паѓање. И дека токму настаните ќе одлучат за нашата судбина. М и с л а м дека овој поредок ќе падне: 1. зашто во себе нема ништо со што би м о ж е л да им се спротивстави на катастрофалните неопходности на овој миг; 2. зашто е неморален, бидејќи е изгра-ден исклучиво на добит и пари. Неправедно е, срамно, парите да им отвораат патишта на идеите како ш т о

Page 14: ФОКУС бр. 46 / FOCUS No. 46

е срамотно тоа што Вие не можете да правите театар каков што сакате зашто претставите мора да донесат финансиска добит, а финансиска д о -бит можат да донесат само пиеси од медиокритетски ниво, оние што не не напаѓаат директно." Кога беше во лудница, знаеше л и дека Лудницата ќ е стане конц-логор за сите оние што вознемирувачки мислат? „Немам живот! Се немам самиот себе!" „Сведок сум, единствен сведок на са-миот себе!" К о л к у време се бореше со своето проклетство?! К о л к у време Т и тре-баше да сфатиш дека е тоа она што Т е прави Пророк? М о ж е а л и да се родат твоите визии ако Т и живееше во л а ж е н мир со себе, со општество-то?! Твојата расцепеност и твоето проклетство ти го дадоа правото да говориш. „Нема поодвратен и едновремено пострашен и позлокобен театар од полициска акција. Општеството се сознава во тие претстави во кои спо-којно се решава за животот и с л о б о -бодата на луѓето . Кога полицијата подготвува рација, може да се гово-ри за балет. Агентите доаѓаат и си одат. Писоците од свирките го параат воздухот. Сите движења се ослободу-ваат во некакво нездраво празнува-ње . К р у г о т полека се затвора. Посте-пено се оцртува кулминацијата на тоа возбудување што однадвор на ј -првин изгледа како да е без причи-на — а едновремено се појавува една точка во просторот што била и се уште е негова оска. Тоа е куќа со каква била надворешност, чија што врата наеднаш се отвора и г л е ј ! — од куќата со придружба излегува група жени што се движат како после пр-раз. Настанот станува се поинтере-сен: целта не била да се одврзе ј а -зикот на сомнителните жители , ами само на грст жени. Нашата трогна-тост и нашиот ужас потполно им припаѓаат ним. И најубавата претста-ва никогаш немала таков расплет. Виновни сме како и тие жени и жестоки како и тие полицајци. Н а -вистина совршена претстава. Идеа-л е н театар!"

Чудно е тоа што и другиот пророк на Театарот, Бертолт Брехт, прави компарација со една полициска акци-ја за да ја и з л о ж и својата идеја за театарот. Денес, живееме во свет полн со театар. Многу од тие крвави и жестоки карневали и ритуали се одвиваат во знакот на полицијата, пред оружјето на полицијата, во ходниците на полицијата . . . Т в о -јата визија се исполнува низ сиот свет. Денес гледачот верува дека м о -жеме да сториме тој да вика, како што велеше Т и . И гледачот вика. Во Виетнам, во Бенгал, во Б р а з и л . . . И по него вика Ливинг, вика Бред енд Папит, вика Перформенс, вика П у -пилија, вика Голтарот . . Нема пове-ќе подела на актери и гледачи. Никој веќе не ни дозволува само да г л е -даме. А и немаме право на тоа. „Таа непријатност, тоа чувство на вина ,таа победа, тоа задоволство му даваат тон и смисла на мисловното расположение во кое гледачот треба да оди од кај нас. К е биде протресен и свртен со опачината надвор од внатрешниот динамизам на претста-вата и тој динамизам директно ќе зависи од непријатностите и грижи-те на сиот негов живот. Н е се обра-ќаме кон духот и л и кон разумот на гледачите, ами кон сета нивна егзи-стенција. Нивна и наша. Го играме својот живот во театарот. Гледачот ќе појде в театар како ко -га оди на забар и л и кај хирург. В о исто расположение, со јасна свест

дека нема да умре, но дека тоа е тешко и дека оттаму нема да излезе неначнат." Т и ја прогласи својата визија за т е а т а р н а ж е с т о к с т . В с у ш -ност, ја остави запретана во пепелта на својата поезија што малкумина ја разбраа. Беше тоа мина со у с п о -рено дејство. Денес, таа експлодира. Г о обвини театарот за помирливост. Г о обвини дека нема контакт со Опасноста! Го обвини заради него-виот конфор. Г о натера да ја при-фати жестокоста како измачување на космичката позиција на човекот кој е ф р л е н во вселената без своја волја и во кој фактор на неизбежна-та смрт го блокира. Тоа е проклет-ството и спасот што Т и му го понуди на театарот. Место тоа, театарот Т е прифати како хартиен Пророк на крвта, на м а ч е њ а т а . . . Те направи безопасен! Каква жестокост е денес црвената боја што место крв тече на многу сцени од овој свет!!! „Театарот мора да бдие колективна автономна креација, театар како ри -туал , предизвикување на судбината. Ц е л т а е реален животен чин." Доволно беа маскератите! Доволно беше театар во кој едни им прика-жуваат на други нешто што се вика претстава. Доволно беа сојтарии што за пари ги забавуваа луѓето , што за пари им нудеа подобри и л и полоши Л А Ж Н И С В Е Т О В И . . . Тетарот мора да биде П О С Т А П У В А Њ Е , екстатично и магично, со кое ќе се делува на стварноста. Тоа е света операција што низ екстаза се обидува да п о -стигне ефект на оздравување и о с л о -бодување. Театарот е Ч И С Т И Л И Ш -ТЕ!! ! Театарот е на спротивниот пол на секојдневието ,нешто празнично и несекојдневно. Театарот го разот-крива човекот со тоа што го напаѓа со нешта што се вон и над рацио-налното сознание. Театарот го мате-ријализира У Ж А С О Т , им го нуди на луѓето да го почувствуваат и п р о -живеат ,затоа д а г и ослободи од него. В е л и ш дека таквиот театар им дозво-лува на актерит еда постапуваат како да имаат здвоена егзистенција. П о -крај конкретниот и реален човек се раѓа уште еден, негов д в о ј н и к, транспарентен човек-знак, фиктивен, но во фикцијата реален и покомпле-тен од конвенционалната вистина! Театарот е покомплетен и пополн од животот! Ж и в о т о т со таквиот театар се дуплира — и токму тоа дуплира-њ е е Т Е А Т А Р О Т . Во својот леток што си го напишал за себе (каков пример за двојност на личноста) Т и говориш за театар на оздравување. „ А н т о н е н А р т о сака театарот одново да го претвори во еден вид колектив-на сугестија, способна со своите п о -следици да внесе ред во свеста на л у ѓ е т о и низ тој внатрешен ред да достигне надворешен мир што на д у -хот ќе му донесе рамнотежа." „Театарот — како чумата е криза што се разрешува со смрт и л и оздра-вување." Ја прифаќам Твојата идеја за теа-тарот како чума, зашто не го сакам оној театар што сака да биде и е само пудинг од ванила. Го прифаќам теа-тарот како ризичен потаат ,повеќе активност одошто институција, б л а -городна и опасна. Театарот што ги забрзува конфликтите , што ги кон-дензира, што им дава карактер на катастрофа, на апокалипса. Театар што ја приближува опасноста што уште не е видлива. Театар што во нивото на својата стварност ги реа-лизира и материјализира опасности-те. Театар што и понатаму, како во времето на Св. Августин, ќе биде прогласуван за чума, за д е л о на Са-таната. Тоа е достоинството на теа-

Page 15: ФОКУС бр. 46 / FOCUS No. 46

тарот: да биде напаѓан и прогонуван од Силата! И тврдам дека во таквиот театар за човекот има Н А Д Е Ж ! Зашто само тој има способност во фиктивната акција да донесе вистин-ско оздравување, да ја отвори кри-зата. Т и ја пишуваше својата визија полн со вера во благородната моќ на теа-тарот. А таа вера беше фанатична што чинеше к о л к у Твојот живот. „Од сите нешта на овој свет на ј -тешко е да се зачува театарот!" Затоа што е исто толку тешко да се зачува неговиот двојник овој свет.

својата огромна љ у б о в кон А р т о ја призна Владимир М И Л Ч И Н

Т Е А Т А Р Н А Ж Е С Т О К О С Т

(Прв манифест)

— Текстот е печатен во Н у в е л Реви Франсез бр. 229 од 1 октомври 1932 година.

Н е може да се продолжи со про-ституирање на идејата за театарот кој е магично спојуваље, жестоко со реалноста и опасноста.

Оттаму, прашањето на театарот мора да го разбуди општото внима-ние, и ако се рече полутивко, дека театарот од физичка страна избира израз во просторот, единственото ре -ално што би се сторило, единствено-то што е можно, дозволено на чудес-ниот начин на уметноста и на зборот, е да се вежба, и тоа да биде како органски дел во обновеното истеру-вање на ѓаволот од утробата. Од сето излегува дека не ќе се вратат можностите на театарот за специ-фична акција, пред одново да се от-крие неговиот јазик. Тоа значи дека наместо да се враќаме на текстови означени како конечни и свети, важ-но е пред се да се струши робување-то на театарот под текстот, и одново да се пронајде сознанието да един-ствен јазик кој ќе биде на средината меѓу гестот и мислата.

Овој јазик може единствено да ги дефинира можностите на динамични впечатоци дури и во просторот од-реден за изразување преку дијалози.

Она што театарот може се уште да го истргне од зборот, тоа семож-ности за експанзија надвор од п о -лето на говорот, за развивање во просторот, за акција која ќе го урне и измени менталитетот.

Тоа ќе ги измени интонациите и одделниот изговор на секој збор. Тоа ќе го измени покрај слушниот јазик на звуците, визуелниот јазик на предметите, на движењата, на ставо-вите, на гестовите, ама во услови кога се продолжува функцијата на нивните ч у л а нивната физиономија, нивното сведување се до знаци пра-вејќи од нив специфична азбука.

Имајќи ја свеста за ваквиот јазик во просторот, јазик на звуци, крици, светлина, ономатопеји, театарот мора да се организира правејќи со л и ч -ностите и предметите вистински х и е -роглифи и с л у ж е ј ќ и се со нивната симболичност и комуникативност да воспоставува врски со сите органи и на сите планови.

Се работи значи театарот да соз-даде метафизика на зборот, на гестот, на изразот, туркајќи ги од тупкање во место психологијата и човечноста.

Меѓутоа сево не ќе може да се оствари ако нема за тоа сила на вис-тинско метафизичко искушение чија што судба е ставот — дека не може да биде ограничена нити конечно опишана.

Овие идеи водат кон Творештво-то, кон Задачата, кон Хаосот и сите се од космички вид, снабдени со први знаења во доменот каде теата-рот е целосно определување.

М о ж е да се одреди еден вид ра-венка растргната меѓу Човекот, О п -штеството, Природата и Нештата. Впрочем сега не се поставува пра-шањето да се вратат на сцена ди-ректно метафизичките идеи, т у к у да се создадат видови на искушенија врзани за овие идеи.

И хуморот со својата анархичност, поезијата со својот симболизам и своите слики даваат први предзнае-ња за начинот како да се канализи-раат искушенијата во тие идеи. Т р е -ба сега да се зборува за единстве-ниот материјал на овој јазик, од-носно за сите облици и начини кои делуваат врз сензибилитетот. Ќе биде вообразено ако се к а ж е дека тоа се потпира на музиката, на игра-та, на пантомимата и л и на мими-ката.

Очебијно е дека се користат дви-жења, хармоничност, ритмичност ама единствено до таму каде тие можат да му помагаат на главниот израз без добитка за поединечната умет-ност.

Она што не е речено е дека не ќе се ползува повеќе за обични праз-ници, за обични трпења, туку како трамбулина, дури како — Х У М О Р — Р А З У Р Н У В А Њ Е , како смеење може да с л у ж и да ги помири нави-ките на разумот.

Тоа е еден дух сосем ориентален ориентален на изразување на овој конкретен и објективен театарски ја -зик, стеснет, одреден со органите на чрвекот.Тој се втурнува во сензиби-литетот напуштајќи го западниот на-чин на ползување на говорот; треба зборовите да се потпевнуваат. Т о ј вика. Ги користи вибрациите и ква-литетите на гласот. Т о ј избезумено тупка по ритмите. Ги набива зву-ците. Нишани во егзалпираноста, во укоченоста, во шармирањето, во за-пирањето на чувствувањето. Т о ј го исфрла на видело духот на новиот лиризам на гестот, кој со пренаси-раност и л и со треперења во возду-хот го надминува лиризмот на з б о -рот.

Т о ј ја крши интелектуалната пот-чинетост на зборот, давајќи го духот на нова и подлабока интелектуал -ност која се крие под гестовите и знаците, подигнати до делумното д о -стоинствено очистување.

А к о целиот овој магнетизам и це-лава поезија, и овие начини на д и -ректна маѓепсаност не се ништо, ако не може да се стави психички д у х во гласот на нештата, ако вистин-скиот театар не може да ни го даде духот на креацијата што не ќе биде само л и ц е т у к у ќе биде довршено и на други планови м а л к у е важно што тие изгледаат како школски за духот за интелектот, ги смалуваат и во тоа сега нема интерес ниту дух .

Она што е важно тоа е на сигурен начин чувствувањето да биде овоз-можено со подлабока и завршена перцепција и тоа е сега објект на маѓија и ритуал, чии самоодблесок е театарот.

Манифестот содржи уште

— Т Е Х Н И К А

— Т Е М И

Претстава, режија, сценски говор, музички инструменти, светлина — осветлување, костими, сцена — сала,

Page 16: ФОКУС бр. 46 / FOCUS No. 46

СТВЗ

иот ант

онен арто

објекти, маски, ливтови, декор, ак-туелност, дела, претстава, актер, интерпретација, кино, жестокост, ј ав -ност и П р о г р а м а (со следниве елементи меѓу другите)

1. Адаптација на дела од Ш е к с п и -ровата епоха и л и со слична струк-тура како на пример „ А р д е н од Ф а -вершам" (скратена верзија игра теа-тарот „ Л а — Мама" од Америка.

2. Една пиеса на екстремна поет-ска слобода од Л е о н — П о л Фарг .

3. Делови од историјата за Раби Симеон.

4. Приказната за „Сино-Брадиот" (играно оваа година Битеф од Р и д и -к у л у с театар.

5. Падот на Ерусалим (по библија и историја).

6. Една содржина според Маркиз де Сад.

7. Една и л и повеќе мелодрами. 8. „Воцек" од Бихнер. 9. Дела од елизабетинската драма-

тургија. (Сето ова се објасненија и концеп-

ција за извлекување на одреден п о -глед врз нештата).

Превод и коментар Слободан У н -ковски.

Господе. што направи од моето тело?

*

Зборот не може ништо да објасни. Книжевното творештво е свинштина. Л у ѓ е т о кои произлегуваат од ништа-вилото сакајќи да објаснат што се случува во нивната мисла, се свињи. Сите книжевни гении, особено до д е -нешно време се свинли. Сите оние што имаат особени точки за одбележување на мислата (под ова го подразбирам делот на главата во кој мозокот зазема поволна положба ) оите оние мајстори на зборот, оние за коишто зборовите имаат значење, оние за коишто постојат облагороде-ни души и возвишени мисли, сите оние што го чинат духот на една епоха сите тие се свињи.

И јас му реков: нема дела, нема ј а -зик, немт зборови, нема мисла, ништо. Ништо освен убав „нерво-метар". Еден вид несфатлква состојба која води право во оредината на душата.

*

„Јас никогаш ништо не сум учел , но се сум изживувал, а од тоа научив многу работи."

* „Јас Сум комплетна провалија" „Секој вистински јазик е неразбир-л и в " Јас, Антонен А р т о . јас сум мој син,

мој татко, моја мајка и Јас;

Н о јас немав вообичаен почеток не дојдов на свет низ вратите на

материцата моето раѓање беше грозна борба

ужасна војна грев без име.

Пливав во река од гној која не постоеше а беше создадена тогаш и свртена

кон мене за да го спречи моето поминување и телото

осрамотено од човештвото кое сакаше со мене

да го сошие својот раб и кога моето тело веќе беше готово немаше веќе потреба од ништо и

никого освен малку од времето

за да постои.

превод: Катица Т Р А Ј К О В С К А

К О Р Е С П О Д Е Н Ц И Ј А С О

М У М И Ј А Т А

Ова месо не е веќе во допир со животот,

овој јазик не излегува веќе од својата кора,

овој глас не поминува по патиштата на звукот.

Оваа рака која го заборавила движењето

ое доаѓа веќе да го одреди просторот во кој ќе го реализира овоето фаќање овој мозок не создава веќе концепција

во своите виуги, сето ова од свежо месо ја чини мојата

мумија дадена од бога неизбежноста да бидам роден во

ништавило ме ставила. Ниту мојот живот е комплетен ниту

мојата смрт абортирана. превод: Катица Т Р А Ј К О В С К А

Д е л о т о „ Ч Е Н Ч И " напишано од А н т о -нен А р т о , според Стендал и Ш е л и е изведено на 6 мај 1935 год. во Тhеаtrе dеѕ Fоliеѕ — Wagrаm.

Почегок на I I I син. Керката на гро-фот Ч Е Н Ч И , силувана од својот тат-ко, паѓа пред нозете на својата м а ј -ка Лукреција .

Б Е А Т Р И С

(избезумена се стрмоглавува на сцената)

Оков утврден замок ! . . . В о ј с к а ! . . . Затворан о к л о п ! . . . Да не ми се д о б -л и ж и повеќе!

Л У К Р Е Ц И Ј А

К о ј ?

Б Е А Т Р И С

Мојот татко!

Л У К Р Е Ц И Ј А

Ш т о направи тој? С е плашам да слушнам.

Б Е А Т Р И С

Треба да дознаете дека е сторено на јлошото!

Л У К Р Е Ц И Ј А

Најлошото? Н о што може да биде п о л о ш о од сето з л о досега прежи-веано?

Б Е А Т Р И С

Санси, мојот татко, ме обесчести! (Се срушува липтајќи. Лукреција се крсти четири пати.)

Л У К Р Е Ц И Ј А

Б о ж е мо ј ! Б о ж е м о ј ! Б о ж е мо ј !

Б Е А Т Р И С

(липтајќи се повеќе) Се е повредено. Т е л о т о е извалкано. Душата осрамотена. Нема веќе ниеден дел од мене во кој што би можела да побегнам.

Л У К Р Е Ц И Ј А

(стои исправена пред неа) К а к в и се злочините за кои се обвине-ти слабите суштества со ваква суд-бина?

Б Е А Т Р И С

Мојот единствен злочин е моето ра-

ѓање. А к о можев да ја изберам својата смрт, немаше да го изберам моето раѓање. Оттука избива судбината.

Page 17: ФОКУС бр. 46 / FOCUS No. 46

lеviathan левиатан

ЛЕВИАТАН

LEVIATHAN

» Н и ш т о нема на земјата да се според со него«

(Книга за Јов, гл . 41) Би сакал да ве запознам со луѓето

кои ги почитувам. Со некои од нив добро се познавам,

со некои сум само познаник а некои ми се пријатели.

Т и е самите ќе ви се претстават, а јас ќе бидам само посредник.

А к о не сакате да останете само случајни познаници, и ако ви е ова прво среќавање со нив, обидете се да ги сретнете повторно!

подготвил

Радомир В И Д Е Н О В И Ќ

„ Н и ш т о нема на земјата да се споре-ди со него" (Книга за Јов, г л . 41)

Овој пат за Томазо Кампанела и неговиот дијалог „CIVITAS SOLIS" и л и за идејата за философска репуб-лика.

Т о а е разговор меѓу еден Хоспита-лец, припадник на духовниот ред, кој им помага на болните и сиромаш-ните, и еден Геновјанин, заповедник на брод кој и ја раскажува приказ-ната —

П р и едно свое патување Ѓеновјани-нот стасал на островото Тапробана, веднаш под Екваторот. Т у к а се н а о -ѓал Градот на сонцето. Бил поделен на седум кругови (во оноа време вла -деела симболиката на броевите), м о ш -не добро утврдени. На врвот се нао-ѓал храм.

Врховен владетел меѓу Соларците (од Ѕоliѕ — Сонце), е свештеникот кој на нивниот јазик се вика Ноh (Сонце), а на наш јазик — М е т а ф и -зичар. Нему му помагаат: Роn (Роtеn-tia), Ѕiп (Ѕарientiа) и Моr ( А m о r ) и л и моќ, мудрост и љ у б о в .

В о делокругот на Моќта се војната и мирот.

Во делокрутот на Мудроста се с л о -бодните вештини, законите и науки-те.

Љубовта , пред се, води сметка за раѓањето — за да се добие што п о -добро потомство, а се грижи и за вос-питувањето.

М Е Т А Ф И З И Ч А Р О Т води сметка за се и ништо не се прави без негово знаење и согласност.

К а ј Соларците нема приватна соп-ствеетост, тука с е е з а е д н и ч к о , затоа што тие сметаат дека с а м о љ у -бието му пречи на животот во заедни-ца. Т и е толку ја сакаат заедницата што тоа тешко може да се замисли.

Се што им е потребно добиваат од заедницата и добро се внимава некој да не прими повеќе отколку што за-служува , а некому да н е му се одбие она што му е потребно. Т и е не можат да разменуваат подароци, но прија-телството го покажуваат во војната, болеста, науката.

Сите врсници меѓусебно се наре-чуваат б р а ќ а , постарите од себе за најмалку дваесет и две години ги викаат татковци, а помладите од се -бе за најмалку дваесет е две години — синови. Власта добро внимава не -кој во братството да не му направи неправда на другиот.

К о л к у има добродетели, т о л к у има чиновници. За чиновници се бираат најдобрите. Виновниците се изолираат од заедницата.

Сите заеднички се воспитуваат во сите вештини.

Децата прво учат да зборуваат, п о -тоа ја учат азбуката, занаетите и ос-новите на науките. (Науките кај нив се мошне развиени.). Подоцна ги д о -биваат должностите за кои се на ј -способни и во кои покажале најго-л е м успех.

Но, никој н е може да го достигне достоинството на Сонцето, ако не ги познава сите занаети и науки, а осо-бено метафизиката и теологијата. Н и -кој не м о ж е да стане Сонце пред својата триесет и шеста година. Сон-цето е мудро, а нема само знаење од книги. (Ошпт стремеж тогаш беше мислата на Г а л и л е ј : „Философијата е напишана во големата книга на природата.")

К у ќ и т е се заеднички, а секои шест месеци се менува местото во кое ќе се живее. Секој круг на градот има своја управа, а работата ја н а д г л е -дува некој угледен старец и л и ста-рица. Неработниците се казнуваат со камшикување. Младината ги с л у -ж и постарите .

И а к о сите можат да работат се, сепак постои поделба на трудот м е -ѓу мажите и жените.

Ниедна жена не стапува во односи со мажи додека н е наролни девет-наесет години, а на мажот не му се дозволува да создава потомство до дваесет и првата, освен во изузетни случаи.

Кога на вежбите во палестратата сите мажи и жени ќе се соблечат г о -ли , чиновниците ( ! ) ги одредуваат партнерите. За часот на односите од-лучуваат астролозите. (Кампанела ка-ко и неговите современици многу ја почитувал астрологијата. Дури и са-миот се занимавал со неа — ја п р о -рекол својата смрт.

Тоа требало да се с л у ч и на денот на помрачувањето на Сонцето, на 1. ј у н и 1639. год. У м р е л во својата седумдесет и прва година на 21. мај 1639. г., девет дена пред претскажувањето.)

Во градот сите работат и нема за-вист ни љубомора . Т и е не им с л у ж а т на предметите, т у к у предметите им служат ним.

Најблагодарни занимања кај нив се воените (!) работи, з е м ј о д е л и е т о и с т о ч а р с т в о т о . Трговијата кај нив не е развиена, иако ја знаат вред-носта на парите. Златото не се цени особено.

Во војната одлучува Моќта. Воени-те вештини им се на високо ниво. Дури и ги покоруваат околните др-

жави, ако се нападнати. Имаат и р о -бови ( ! ) .

Законите им се малубројни, крат-ки и јасни. В а ж и законот на одмаз-д а т а — о к о з а о к о ; з а б з а з а б .

На тајните исповеди целиот град ги открива своите гревови и се чисти од нив. Веруваат во пророштвото на И с у с Христос го мразат ( ! ) Аристотел , го обожаваат Сонцето. Сметаат дека светот е создаден и дека има едно небо.

Светот е огромно живо суштество, Сонцето — таткото, а Земјата — м а ј -ка. Нивните метафизички принципи се: Битието — Бог и Небитието, кое е само недостиг на Битието и услов е да настане физичкото. Злото и гре -вот се раѓаат од наклоноста кон Н е -битието.

Човекот треба сосема да и се пре-даде на религијата, да го почитува својот творец и вака да размислува :

„ Н е прави го она што не сакаш те -бе да ти се с л у ч и . и правете им го на луѓето она што сакате вам да ви го прават."

Кампанела е христијанин — кај Соларците христијанството се смета за највистинита религија, а М у х а м е д го сметаат за г л у п ( ! )

Но , во Градот има и р о б о в и и о м р а з а — Соларците го мразеле Аристотел , М у х а м е д и Јапонците за-тоа што се о б л е к у в а л е во црно ( ! ) , а тие самите во бело .

Всушност омразата кон Аристотел е неговата лична омраза — на оми-лените говорнички турнири го на-паѓал Аристотел („тиранин на д у х о т " ) , чиј у г л е д едвај да беше помал од у г л е -дот на Библијата. Со ова предизвика општо незадоволство кое језуитите ќе го искористат против него. (Го мразат М у х а м е д — тоа е стремежот на христијанството да стане универ-зална религија) .

Својата идеја изнесена во „Градот на сонцето" Кампанела сакаше да ја спроведе во дело , во родната К а л а -брија. Се беше предвидено и пресме-тано освен — двајцата предавници. Планот пропадна и напуштен од на-родот, Кампанела е затворен 1600. година. Истата година Џордано Б р у -но беше спален на ломача.

Оттаму разочарувањето на Кампа-нела во народот: „народот е непосто-јано, неразумно ж и в о т н о . . . "

Да не беа језуитите Кампанела м о ж е би некако ќе се извлечеше, но, вака — мораше да ги запознава методите на Инквизицијата цели д в а е с е т и с е д у м г о д и н и .

Page 18: ФОКУС бр. 46 / FOCUS No. 46

ERICH FROM

Ерих Фром е познат по своите на-писи од областите на психоанализата, филозофијата, политичките науки и религијата. Предавал психоанализа на универзитетите Колумбија и Јале. Меѓу неговите дела се наоѓаат и „Заборавениот јазик", „Марксовиот концепт за човекот", „Догмата на Христос", „Бег од слободата" итн.

Во овој број донесуваме делови од неговиот есеј „Примената на хума-нистичката психоанализа врз Мар-ксовата теорија" објавен во книгата „Социјалистички хуманизам".

Концептот за „општествен карак-тер", т.е. заедничкиот карактер на една група, нација и л и класа, што ги определува акциите и мислите на нејзините членови, всушност прет-ставува еден посебен развој на Ф р о ј -довиот концепт за карактерот, чија основа е динамичката природа на карактерот. Фундаменталниот фактор при формирањето на „општествениот карактер" е практиката на животот создадена од начинот на производ-ство и од резултирачката социјална слоевитост. „Општествениот карак-тер" е онаа одредена структура на психичка енергија која е обликувана од кое било општество со цел да б и -де корисна за неговото функциони-рање. Просечната единка мора да сака да го работи она што мора да го работи за да функционира на на-чин што м у дозволува на општество-то да ја употреби за свои цели него-вата енергија. Човековата енерги-ја се појавува во општестввниот процес само делумно како едно-ставна физичка енергија, а делумно во специфични форми како психичка енергија. Еден ч л е н на примитивно општество кое живее од напаѓањето и ограбувањето на други племиња, мора да има карактер на борец, со страст за војна, убивање и ограбу-вање. Ф е у д а л н о т о општество ф у н к -ционира добро единствено кога не-говите членови се стремат кон пот-чинување на власта и имаат респект кон нивните владетели. Капитализмот функционира само со л у ѓ е кои се ж е л н и за работа, кои се дисципли-нирани и точни, чиј главен интерес е паричната придобивка и чиј главен принцип во животот е профитот ка-ко резултат на производството и размената. Во X I X век на капита-лизмот му требаа л у ѓ е кои штедат, во средината на X X век нему му тре бат л у ѓ е кои се страсно заинтереси-рани за трошење и консумирање. „Општествениот карактер" е форма во којашто човековата енергија се обликува за употреба како продук-тивна сила во општествениот про-цес. Т о ј е засилен од сите инстру-менти на влијание што му се достап-ни на едно општество; неговиот обра зовен систем, неговата религија, не -говата литература, песни, вицеви, о -бичаи и над се родителските методи за одгледување на сопствените деца. Ова последново е несомнено важно бидејќи карактерната структура на индивидуата е формирана до еден значаен степен во првите пет и л и шест години од нејзиниот живот. Влијанието на родителите не е во основа единствено, индивидуално и л и случајно, како што класичните пси-хоаналитичари веруваат; родителите се првенствено агенти на општество-то, како низ нивните сопствени ка-рактери така и низ нивните воспит-ни методи; тие се разликуваат меѓу себе за само мал степен и овие раз -лики обично не го намалуваат нивно то влијание при создавањето на опш тествено прифатлив калап на „ о п ш -тествен карактер".

В о денешно време еден вид на „општествен карактер" постанува се повеќе превладувачки во високо ин -

лакомост постанува цел во животот, а тежнеењето кон неа — нова р е л и -гија. Слободата да се консумира, постанува основа на човековата с л о -бода. дустријализираните општества. Тоа е карактерот на homo соnsumenѕ.

Homo соnsumenѕ е човек чија главна цел на е да поседува, ами пред се да консумира се повеќе и повеке и така да ги компензира својата внатрешна празнииа, пасивност, осаменост и за-гриженост. В о едно општество што се карактеризира со гигантски прет-пријатија, гигантски индустриски, владини и работнички бирократии, индивидот ко ј нема контрола над сопствените прилики во процесот на работа, чувствува бесснажност, осаме ност, досада и загриженост. Во исто време потребата за профит на г о л е -мите потрошувачки индустрии, низ медиумот на рекламата, го трансфор-мира во лакомец, еден внатрешен не дорастеник, кој сака да консумира се повеќе и повеќе и за него се поста нува предмет на консумирање: цига-рите, пијалокот, сексот, филмот, т е -левизијата, патувањето па дури и образованието, книгите, часовите. Се создаваат нови вештачки потреби, со пасивност. К о л к у има повеќе власт над машините, толку има помалку власт над човековото суштество; к о л ку повеќе консумира толќу повеќе постанува роб на секогаш-растечките

човешкиот вкус се манипулира. ( К а -рактерот на homo соnsumenѕ во свои-те поизразени форми е добро познат психопатолошки феномен. Каракте -ристичен е за многу случаи на д е -примирани и вознемирени личности кои бегаат во алкохолизам и л и се служат со други средства за да го компензираат својот скриен немир и депресија). Лакомоста за консумира-њ е (една екстремна форма на она што Ф р о ј д го наречува орално р е -цептивен карактер) прераснува во доминантна психичка снага во д е -нешните индустријализирани о п ш -тества. homo соnsumenѕ е под в л и -јанието на илузијата на среќа, доде-ка потсвесно тој страда од досада и потреби што индустрискиот систем ги создава и со кои манипулира. Т о ј ги смета возбудувањето и веселбата

за радост и среќа, а материјалниот комфор за животност. Задоволената

Овој д у х на консумирање е токму спротивноста на духот на соција-листичкото општество за кое Маркс зборува. Т о ј јасно ја согледал опас-носта неодвоива од капитализмот. Н е -говата ц е л беше општество во кое човекот е многу, а не општество во кое тој има и л и троши многу. Т о ј сакаше да го ослободи човекот од ланците на неговата материјална пох лепа. „Произведувањето на премногу кориснн работи" пишуваше тој „има како последица создавање на пре-многу некорисни л у ѓ е " . Т о ј сакаше да го докрајчи екстремното сиро-маштво, зошто тоа го спречува ч о -векот да стане докрај човечен; но, исто така сакаше да го спречи екс-тремното богатење во кое индивидот постанува затвореник на својата пох лепа. Неговата цел не беше макси-мум на консумација, задоволување на оние прави човечки потреби кои с л у ж а т како средство за попотполн и побогат живот.

Историска иронија е тоа што д у -хот на капитализмот, задоволување-то на материјалната прождрливост, ги освојува и социјалистичките зем-ји, кои со нивната планирана еко -номија, ги поседуваат средствата да го скротат. Овој процес има своја

сопствена логика : материјалниот у с -пех на капитализмот беше неизмерно импресивен за оние посирамошна зем-ји во Европа, во кои комунизмот п о -беди, а победата на социјализмот поч-на да се идентифицира со успешното натпреварување со капитализмот, во склоп на духот на капитализмот. Социјазмот е се повеќе во опасност од изопачување во систем кој може да ј а постигне индустријализацијата на посиромашните земји побрзо от-к о л к у капитализмот, отколку во пре-образување во општесвто во кое раз-витокот на човекот, а не економската продукција е главна цел . Од на ј голе-ма важност е социјалистичките е к о -номисти, ф и л о з о ф и и психијатри да бидат свесни на опасноста дека ц е л -та на оптимално консумирање м о ж е лесно да се преобрази во максимално консумирање. Задача на социјали-стичките теоретичари е да ј а сту-дираат природата на човековите п о -треби, да најдат критериуми за одво-ј у в а њ е на вистинските човекови п о -треби, чиешто задоволување го чини човекот пожив и посензитивен, од синтетичките потреби создадени од капитализмот кои одат кон ослабу-вање на човекот, кон создавање од него роб на досадата, пасивноста и материјалната похлепа . Социјалистич ките теоретичари не смеат да го и з -губат од вид фактот дека целта на еден хуманистички социјализам е да изгради индустриско општество ч и ј -што начин на производство ќе му с л у ж и на најпотполниот развој на тоталниот човек, а не на создавањето на homo соnsumenѕ.

Page 19: ФОКУС бр. 46 / FOCUS No. 46

ЗА ТОА ТАКА... МАЛА СЦЕНА

ФЕДРА 71

Пројавена минатиот месец сеуште се провлекува по страниците

на печатот таканаречената битолска „театарска

афера"! Неможејќи да создадам конечно

мислење и барем за себеси ставам точка на тоа, бидејќи претставата не сум ја гледал, само приложувам две изјави (обја-

вени во „Екран" од 12.ХI.1971.)

— За претставата „Федра" пе мо-жам ништо да кажам. Јас неа вооп-што не ја познавам, а учествувам во неа — ни рече Јосиф Јосифовски, Терамен во „Федра". Мене ми е страв да давам изјави, и од колегите и од режисерот — нема да ме покани на телевизија. Значи си го чувам лепчето.

Владимир Гравчевски, член на у-метничкиот совет.

— НАС ни беше забрането да гле-даме проби. Не знам зошто. Уметнич-киот совет немаше можност да раз-мислува за претставата. Пред самата премиера разбравме дека препевот на тексотот е на директорот — лице кое не е квалификувано за таква ра-бота. Јас бев единствениот што се спротивстави против забраната да не се гледаат пробите. Директорот рече дека режисерот имал право тоа да го забрани. За самата. претстава нема што да кажам. Да ја бранам — не сакам. Нема што да бранам. Во неа не може да се види ни концепција, ни игра.

и програм за претставата (кој го добив од еден пријател

кому му останал како спомен од неодржаиата (?!?) претстава

на 7 ноември 1971.). За самата претстава можеби повеќе

од доволно би требало да ми говори и ова што го

имам! Но, сепак, ќе се обидам да ја гледам

претставата и да разговарам со режисерот околу

неа, за да не останам едностран!!!

Љ . Никодиновски — Б И Ш

Контемплативна интарзија, инспи-рирана по мотивите на Расин и Ев-рипид, реализирана е како драмска варијација во два дела. Вчерашниов приказ, го сфатив како освежувачки експеримент, подаден низ единстве-ната форма во нашата Република — Мала сцена — која треба да ги носи следните обележја: разбивање на сценската форма, сценскиот израз и детерминираниот театарски протокол.

Ако е тоа така, тогаш, чинам ми се отвора широко поле на дејствување. Мотивите: да љубиш, а да не бидеш љубен, самоуништување, самозадо-волство, пламени страсти, уништу-вање од користољубие и ниски по-треби, истанчени човечки психички лавиринти, сиви валери на човеко-вата душа, сите овие мотиви овозмо-жуваат универзална, општочовечка вонвременска и вонпросторна димен-зија, космополитска контемплација. Текстовната подлога на добриот стар Расин и осмислениот Еврипид е само повод, а асоцијативните мотиви ос-нова, врз кои го градев режискиот концепт.

За да ја упростам оваа универзал-на мотивика, градам визуелна интар-зија од сценски и костумски атрибу-ти, додавајќи го геометрискиот ми-зансцен, составен од остри, нервозни движења и експлицитно поставен интровертен говорен тоналитет.

Зодијакот, што го симболизира сплетот на страстите, поставен пред космичка вечност, преку античкиот сатирски елемент — овчата кожа, преку деколтираниот стилизираи кос-тул, преку играта на младите, пре-иесена од првата, најблиска, танц-са-ла, јасно го означува она што го опкружува сегашниот човечки разум и природа, современиот човек на се-думдесет и прва.

Што се однесува пак до чистата вистина, таа чинам е ваква:

Човековите страсти, љубов, насто-јувања, човековото психолошко ла-виринтско јадро, не се закопчани — затоа, вистинската .„Федра", би ја играл без костум и сцеиа, туку само во гола човечка кожа, која сама по себе е богато дезенирана.

Простете, Вие што сте шокирани а и Вие што очекувате уште повеќе.

Д. ХРИСТОВ, ак. режисер

Page 20: ФОКУС бр. 46 / FOCUS No. 46

Отворено писмо до Ѓоко Георгиев, директор на Фестивалот „Скопје 71"

Другар Георгиев, Дозволете како на директор на оваа квазиуметничка и квазикултурна случка да Ви упатиме неколку „благодарни" зборови за тридневното мошне успешно малтретирање на нашата широка јавност (не само нашата, за жал) и да Ви оддадеме неподелено признние Вам и на Вашите пулени за вистинската умеш-ност и високата специјалност во таа работа. Нејасно ни е, другар директор, како можевте овој собир на антиинтелектуалците, декадентите, снобовите и диле-тантите да го означите како подем на македонската млада култура и како благо-роден натпревар оквалификувајќи се самиот, на тој начин, како човек кому во прилична мерка му недостасува чувство на самокритичносг, суштествен белег на еден интелектуалец, или пак, би рекле тоа беше според она наше: „Секој Циган својата стока си ја фали". Остана исто така нејасно, другар директор, како можевте во овој своевиден триумф на неговото величество-кичот, да ги замешате и таквите имиња на југословенската забавна музика какви што се Миљенко Прохаска, Бојан Адамиќ и Јоже Прившек, овозможувајќи им да земат активно учество во ова царство на дилетантизмот, во оваа парада на музичка и поетска неписменост. Другар Георгиев, Вашиот фестивал е фијаско на македонската млада култура, антипропаганда на македонската забавна музика бездушна играрија со македонскиот фолклор. Нека Ви биде и тоа речено покрај силните бранови од комплименти што во овие денови ја заплиснуваат Вашата личност. Нема да си дозволиме оваа фарса да ја именуваме со Вашиот суперлативен речник ниту пак ќе Ви упатуваме насмевки на лажно одобрување и честитки со кои сте, цврсто сме убедени, деновиве буквално закопани. На крајот, другар Георгиев, заради сето она што беше речено погоре одбиваме овој провинциски па наѓур да го прифатиме како наш фестивал, како смотра на македонската култура, одбиваме во името на фестивалските уметнички вред-ности, оваа некултурна инаку да ја разбереме освен како лично Ваш фестивал и на шаката луѓе што Ве подржува.

Нинослав Ивановски с. р. Љубиша Никодиновски с. р. Златко Пановски с. р. Сашо Чомовски с. р.

Page 21: ФОКУС бр. 46 / FOCUS No. 46

ЗА АНТЕ ПОЕЗИЈА МАКЕДО НИЈА И НЕШТО ДР.

Оваа земја со векови била огледало на апокалипсата, и сите ние свикна-ти со тоа живееме во неа, а и не забележуваме каде сме. Кога на с е -кој десетти барем едното око би му прогледало би се вкочанил од в љ у -беност и болка кон овој непокорен камен. Никој не прогледува, ни и л ј а -дитиот. П л у к а м е на оваа земја, не -свесни дека плукаме на себе, к о л н е -ме, колнејќи се себе си.

Т о ј прогледал и се в љ у б и л , се в љ у -бил во тој камен, во таа крв во оваа земја. Се в љ у б и л и го почувствувал сиот бол до непребол, сиот покор до непокор. И кога сите би го напушти-ле , останува Т о ј , на овие висови на овој камен, под ова небо кое крваво се соединува со сегашноста.

Оваа земја познава една боја — цр-вена со сите варијации од црна до никаква, затоа што оваа земја виде-л а и шпиони и борци, срамоти и га-дости, затоа што оваа земја со црно името го напишала од сите страни растргната од сите страни разгра-бена.

Вљубениот во Неа можат да го ба да ја почувствуваат и разберат разберат само оние кои се во состој-трагедијата : еден да си, две имиња да имаш, самиот во себе да се вливаш, во себе да се истураш, дру-гите за свој да те имаат, за себе да си туѓ.

А н т е Поповски целата своја љ у б о в ја посветил на големата болка што се вика Македонија. Посветувајќи и го сиот свој опус Нејзе А н т е Попов-ски знае дека се в љ у б и л во нешто чиј дел е тој, во нешто што претста-вува голем дел од него. Остварувајќи една голема љ у б о в , што ги надминува границите на вообичаената патриот-ска лирика, тој и го дарува своето спокојство, својот немир и ја обога-тува како никој до него со мисловни изрази, кои ископани од на јдлабо-ките делови на душата блескаат со својата изненадувачка вистинитост

и стануваат дел на секојдневието. Т о ј комуницира на ниво на вљубеник , често само навестен, искриен и не -посреден кога и вели :

„Остварувам. Ете го и тоа поразно признание ако ти треба . . . " Оваа земја родила вистински — ч е -сни л у ѓ е кои расселени и расеани низ светот како ретко кој , љубовта кон неа ја чуваат во срцето како камен. Од Ташкент до Лондон, од Мадрид до Норткап, Од А љ а с к а до 'Ртот Хорн, од А с у а н до 'ртот Добра Н а -

деж ,се надеваат без надеж црните мажишта , Брсјаци , Мијаци, одат со една мисла: „Да заминеме далеку и пак тука да

бидеме Никаде освен тука и како неделими

и како неверници..."

Ползува јќи се со својата слобода на болот А н т е Поповски го открива црниот пат за Голгота меѓу Беласица и Караорман, меѓу она што останало од растргнатото битие на . . . земја што се гледа а не постои.

Оти оваа земја од искони трпи, се-кој завојувач по неа се шетал и из -мачувал, со векови трпела, па трпе-њето и на децата за име им го дала. М о ж е б и никаде на светот нема деца кои се викаат Т Р П Е . На земјата во која заедно со каменот во длабината на секое парче на секоја педа има коски, човечки коски.

„Еве ја таа проста земја од дволичен камен и сонце

Децата уште незаодени каде што откопуваат лобањи

По градините."

Децата во оваа земја се раѓаат, а со нив е душманот. Отсекогаш тука смртта била поблиску до животот, и не се нашла далечина да ги оддели. Земја во која ножот с л у ж и ако не за друг, тогаш за себе.

„Зашто , ти од малена не научи Така просто, така јасно да си се

разбираме Тој нож што нема среќа нема."

На душманот секогаш се калемеле шпиони, колебливци, кои во оваа зем ја биле секогаш помалку, но најго-лемиот страв и непријатности вечно потекнувале од нив:

„Не ме уплашија векови со нож во туѓа рака

Ме плаши час со нож од рака своја во плеќи."

Судбината на ова поднебје била и клетвата против душманот да се вра-ќа по главите на оние што ја иска-ж а л е . Клетвата отсекогаш се исту-рала на ова проколнато од господ и од л у ѓ е т о тло .

„Дојдов со едно тело — со рани за две се враќам

На моето чело најцрната клетва е изречена

Не проколнувај го душманот и името да ти го носи

— И под девет бездни татковината ќе ти ја изнајде."

И ако секогаш ни недостасувала слобода и спокојствие, душмани ни-когаш не ни недостасувале, сме ги имале дури и премногу. И кој уште не газел и не ја поганел. Секој га-зел, никој не градел, секој крадел никој не дарувал, секој разурнувал. И за никого не постоела, секој ја ос-порувал.

„Еве ја таа проста земја од грч и од чекање

Што ги научи и ѕвездите да шепотат иа македонски

А никој не ја знае."

Светците во црквите без очи, ниту можат да ја видат болката ниту да ја сетат, и се се врти против неа, проклетство по проклетство војна по војна, несреќа по песреќа. И приро-дата свртила грб и го казнува ова тло, ни самата не знаејќи зошто, и л и проклеството трае и времето не може да го сопре. Разделена не составувај-ќи го крајот со крајот, несобрана ни-когаш за своето постоење, Македо-нија живее проколната и оставена сама на себе. Затоа без комплекси кон минатото, без тревожења и ма-лодушности, ние, оние кои од сите понижувања ги паметат само вербал-ните, кои ни за векови нема да ја заборават вистината, го слушаме збо-рот на поетот, неговата реч, завет и л и гесло.

„ Н е бранете го ова што е. К о л н е т е се во она што ќе дојде!"

И да се заколнеме, да се заколнеме за нас, за она што протатнало над оваа земја маченица, за долгот кон неа.

А к о сакаме да бидеме она што тре-ба да бидеме!

С Т А В Р Е Н О Л Ч Е В

П . С.

Зборовите под курзив се од песните на А н т е Поповски.

Page 22: ФОКУС бр. 46 / FOCUS No. 46

за РАЦИНА за ТИХОМИРА

за ДИМИТРИЈЕ и за мене

Некаде во времето и просторот што можеби се присутни во милионитиот дел на овој доцен октомвриски час, се нижат слики : Црна ученичка тор-ба полна со книги, сиво долго палто прекроено што завива тело кревко, со мирис на мајчино млеко, очи кос-тенливи, вжарени и полни со блеска-ва светлина, испотени и со мастило обоени раце, стуткани во ракавици со сини елени, училишно двориште обо-ено со пеплосана трева, ходници со шарен под, и училници со голема црна печка, што немилосрдно пече . . . Цветот што спиеше со пчелата, г у -лабот што сакаше сето синило небе-ско да го пропие и празниците што носеа нејасен страв, помешан с о . . . среќа . . . Денови што бидуваат неде-л и , недели што раснат во месеци, миг што значи вечност. Јас тогаш првпат живо го видов Ра -цина, во молитвите на мајка ми, во благословот на татко ми, кога од бе -лото брашно правеше Велигденски спомен. Јас тогаш ја видов Ленка, ги видов нејзините раце во чеизот на баба ми . . . Бев бескрајно среќен кога ми рекоа дека можам да ги говорам Неговите стихови, зошто тие за мене беа азбука со звук и камбана и трп-кост на старо вино!

Бел автобус со телевизор и четирие-сет седишта построени со аптекарски смисол за р е д . . . Јас, со својот црвен џемпер, купен во Солун , и до мене Димитрије со мамурлукот. Потстану-ва „Дебелото" и низ прозорецот вди-шува свеж воздух, како риба на суво. Слушам како вотката в р и е . . . То ј е режисер, а јас сликар. Патуваме во Велес . Димитрије ги режира Раци-новите средби, а јас правам сценогра-фија. Јас и тој патуваме, а со нас Виетнам, пророштвото на Армстронг: „ М а л чекор за човекот, но голем за

човештвото".. К л у б о т со Јоле и Почу, Никсоновиот божиќен подарок за в о ј -ниците на неговата армија, хероинот и Солжењицин, Маовиот хороскоп со циклоните во И н д и ј а . . . Со нас па-тува и Македонија со Македонците. Сите патуваме во В е л е с кај Рацина.. Деновите што доаѓаат се негов празник..

Канцеларија во Домот на културата во Велес . На двата ѕида висат пор-трети на К о ч о , еден црвен и еден црн. На бирото достоинствено лежат белите покани за празникот. На ма-сичката оригинална руска вотка. Се е во р е д . . . Единствено нејасен прос-тор зазема црвеното проќелаво, топ-често главче на Тихомира, со подуено лице, задавено од машната, што беше прописно втерана во оклопот на о б -леката!!! Т о ј е поет, добил и награда. Т о ј е дури и семоќен со црниот телефон, со ситните очиња што необично се шират кога ќе здогледаат вотка. Т и -хомир е Организатор. Т о ј работи за плата, платата за него. Тихомир знае дека попусто работи за културата, ме-ѓутоа за Рациновите копачи не сака да слуша. А ние Џиновски веруваме во нив? „ Н и е си ставаме секоја година црвена завеса на бината." — вели Тихомир. „Добро — додава Димитрије, гале јќи го брадичето со боја на тутун : Влегуваме во киносалата, што мириса на барут од најефтини италијански вестерни, намирисана со „беби сапу-н и ц а " . . . Бината, старо здание со измаслосани завеси и под што шкрипи, поплукан од вратарот што кине карти. „Невозможно е ова — велам јас. Се треба да биде бело ." „Немам пари — в е л и Тихомир и нер-возно го подига стомачето. — Ќ е ми треба милион за да ја дотерам како што велите вие." Димитрије подразбуден, од ладната вода што се оплакна, скокна на сце-ната па протестира. (протестирањето нема никаква политичка цел) „ Н е може, Тихомире, ова е нечисто

Page 23: ФОКУС бр. 46 / FOCUS No. 46

пишува академскиот сликар Владо Георгиев брате, не оди што Не оди, треба бело да биде, оти јас и тој ја правиме претставата". (Јас и тој , и се што допатува со нас) Замислен, Тихомир се шета горе д о -л у по бината, па ми л и ч и на грне што оди. „Бела , добро е во бело, тоа ќе биде одличен ефект" — одеднаш зад нас се слушна милозвучниот глас на ди-ректорот на салата, што невиден влегол внатре. „ Ќ Е најдеме, како не, во Н А М А има се." (во Н А М А има се само не и искреност.) „Два рефлектора ќе ми требаат — вели Димитрије — Имате ли?!" „Рефлектори , — се чуди Тихомир, од кај ќе ги најдеме, а и што ќе ти се, има светло." (има светло само ништо не се гледа) . „ Ќ е најдеме — вели директорот, — намирисан со „Црна мачка", избричеи

и исчешлан на бербер, како од „Ба-зар" да излегол . Н Е М А . . . Тезги . . роба . . и велешани велешанки, и велешанчиња како во кошница со пчели. Празникот иде, треба да се купат плочи со М и ш о К о -вач, копчиња, комбинезони, гаќи, ч о -рапи и платно за бината! Продавачот љ у б е з е н до бессознание, ги препознава директорот и Т и х о м и -ра,. па донесе четири топа неодпаку-вано платно! Б е л о ! Б е л о како б е л и -ната на бели мугри, како белата к о -шула на Тихомира. „Добро, — вели директорот — зачу-вај го, сигорно ќе го земеме." Мепотејќи во занес на црвеното Т и -хомирово уво, додава: „ В о свиларата. Таму бесплатно ќе го земеме, тие се наши покровители." Воопшто не се насмевнавме на нич-кум наведнатиот продавач, чие п о -читување беше европски манир на трговец, се сместивме во Фијатот со црвени револуционерни таблици.

Н А црно џамче, недвосмислено и јас-но пишува: — Пом. Генерален Д и -рептор. Сива соба, доста висока (но не пови-сока од платата на П . Г. Директорот исцртана со сиви цевки за сив ра-

дијатор, биро, масичка со четири сиви столици и зад неа седи Т о ј . У м о р н о и по протокол ги симнува очилата од некоја странска марка, со л и ц е на кое се гледа дека нема никаква врс-ка со Рацина. Се поздрави со нас, скришум погледнувајќи, во сапунот на умивалникот. Директорот на са-лата, одеднаш расцвета како зумбул . Очите му засветкаа, ќе добие без па-ри бело платно за белите празнични вечери. „Да видам — вели генералниот — да л и имаме. Ние имаме „ А т л а с " платно, но тоа се троши доста добро, и ние не можеме да ги покриеме побарува-њата на пазарот." Ја дига слушалката и врти број . „ Н е можете да ги покриете барањата, па како тоа, Димче?- Зар вие со су -пер модерна технологија на произ-водството не можете да ги покриете барањата!" Овие прашања излетаа со секавична брзина, а јас почувствував дека во тој миг потече мед и млеко . Показалецот, мек како памук, со грижливо подсечен нокт, веднаш ја зазеде конференцијашката позиција. Вратотрската беспрекорно и слободно висна, давајќи му можност на зрното бисер да засветка дисретно, но убед-ливо, а на левата рака изгреа „Дар-вилот" позлатен и накитен со златни коцкици за „ Ш е ш - Б е ш " . Овде осо-

бено се истакнаа двата златни заба. Се заинтересира човеков, (без инте-рес) со интерес каков може да се види на фудбалски натпревар. И Т и -хомир стуткан заедно со мевот, со залепени палци, како кебапи, на иви-цата од масата, се заинтересира, но само кога генералниот праша: Ш т о ќе се напиеме? „Една мастичка — срамежливо вели наградениот поет. „Една мастика" — повторува гене-ралниот. „Две, две", — одеднаш прописка Т и -хомир и пак како ж е л к а се вовлече во облеката. А л к о х о л о т , по кој знае кој пат, ги загреа цревата на Организаторот соз -давајќи чувство за семожност. „ К о л к у пари чини празникот, Т и х о -мире? — прашав подоцна во канце-ларијата на домаќинот. „Десетина, петнаесет милиони, а се уште ги немам кај себе — резигни-рано одговори Организаторот. Милиони , за празникот на срцето што бараше топло човечко срце, М и л и о н и за гостите, милиони за однапред ре-жирана мимика и поздравни говори, милиони на трудот црн народ! А к о е така тогаш причината да се сетиме на Рацина денес премногу се разликува од причината заради која тој пишуваше.

„ К а к о в Рацин, брате, — треба днев-ници, треба вечера за гостите. Јас па-рите да ги лапнам, па ќе видиме — в е л и Тихомир, наместувајќи го газот по кој знае кој пат во фотељата, тре-ба да е топло зошто тој и така страда од настинќа на бешиката. Рацине, ете и сега посилно од б и л о кога ги чувствувам твоите песни, са-мо верувај ми, празников што го носи твоето име не е твој , не е ниту на копачите, нема повеќе гулабот Да сака да го пропие синилото, ни цветот ќе посака да спие со п ч е л а т а . . . Н е знам, брате, ама многу л у ѓ е се претворија во грнци, сламарици, д у -шеци, Фијати, Мерцедеси, телефони и Швалери! Твојата револуција не беше како оваа — С Е К С У А Л Н А ! ! !

Page 24: ФОКУС бр. 46 / FOCUS No. 46

Критиката под ова небо

Зарем сме толку на југ

Младиот литературен критичар (или барем претендент на тој назив) Сан-де Стојчевски пишува во еден од поранешните броеви на списанието за литература, уметност и опште-ствени прашања „Современост" околу најновата збирка песни на Тодор Ч а -ловски „Ноќен часовник":

„ . . . Ноќен часослов е мозаик од многу промашени и сосем м а л -ку успешни поетски текстовни целини по чија ведрина и л и облачност на она што го сооп-штуваат може најслободно да се извлече заклучок дека нас-танале на различни места од временската патека на поетова-та стихотворска авантура. М и с -лам, СО С И Г У Р Н О С Т може да се тврди дека голем број песни што се застапени во оваа книга се напишани во првите години на гимназиското ш к о л у в а њ е на Чаловски. Постојат две алтер-нативни објасненија зошто Ч а -ловски се о д л у ч и л книгата вака да ја компонира: можеби премногу читал за феноменот на Рембо, па опасно се довел себеси во врска со случајот на овој поет, со што си направил голема штета губејќи си го така

последното и единствено зрн-це на самокритичност кое евен-туално го поседувал и л и пак воопшто не е во состојба да направи разлика меѓу она што е вистинска поезија и она што не е ништо повеќе од обид... ... Она што паѓа в очи по прво-то посериозно задлабочување во стиховите на Чаловски секако е впечатокот дека се тоа пра-вени п е с н и . . . итн.

И така натаму, да не ги набројувам сите „критички" анализи околу си-ромашниот Чаловски кој , патем ре -чено, за својата збирка песни ја доби и сојузната награда за најуспешно остварување од млад автор на весни-кот „Младост" . Меѓутоа, станува п о -интересно тогаш кога читателот ќе ја прочита критиката од Влада У р о -шевиќ објавена во непосредното соседство, во списанието „Разгледи" . Во неа читателот може да сретне приличен број пофални зборови око-л у поетското ангажирање на Тодор Чаловски. Особено се потенцира н е -говиот јазик кој е наречен оригина-л е н и необично богат, што и не е далеку од вистината.

Спротивноста е очигледна. П о ј д у -вајќи од тоа дека универзалната вредност на едно уметничко дело мо-ра да ја уочи секој вистински л и т е -ратурен критичар, станува неразбир-ливо откаде вакви контраверзии око-л у едно поетско остварување на еден млад автор. Освен ако кај младиот Санде не постои нешто друго што го водело неквалитетите на збирката да ги бара онаму каде што заправо и ги нема зошто еден добро информи-ран читател тешко дека ќе го убедат неубедливите и недржечките аргу-менти што тој ги наведува како пот-врда за промашеноста на книгата.

Останува уште понејасно зошто редакцијата на „Современост" дозво-лува на страниците од ова реноми-рано списание да се објавуваат не-критички, ниски и примитивни прес-метувања меѓу одделни фигури и фигурички во македонската литера-тура нанесувајќи си така удари што безмилосно го рушат реномето на едно к у л т у р н о списание.

Нинослав Ивановски

(или криза на публиката и л и што е уште пострашно криза на нејзиниот вкус) Н е ви се чини дека југов е многу на југ? Ви се чини. Добро. Н о покрај тоа што е топол, југот е малку и заостанат, н е л и ; Но да го оставиме тоа. Сега е актуел-но Скопје 71. Ч у д н о , но мене пак ми се враќа на памет онаа слика од цред година и пол, кога во оваа иста универзалка, која сега е полна, на концертот на еден од најдобрите џез оркестри во светов-KLARK-HOLAND ВIG ВАND

имаше само о к о л у 200 и (со букви двеста л у ѓ е ) . Всушност ако не беше персоналот на Универзална и случајните минувачи ќе бевме нерешено со оркестарот — (човек на човек). Се уште н е ми излегува од глава онаа слика на почетокот на концертот кога музичарите излегоа на бина и единст-веното нивно реагирање на празната сала беше само сожалувачка нас-мевка. И да знаете имаат зошто да не сожа-луваат! Нешто слично, но не т о л к у трагично беше и на концертот на минхенскиот џез оркестар со Д у ш к о Гојковиќ.

А бидејќи во ова време се одржа ре -призата на Њ у п о р т џез фестивалот во Белград (каде што картите се про-даваа скоро редовно под рака), за-мислете што би б и л о да се одржеше овој фестивал во Скопје!? Очкгледно нешто не е во ред со на-шата публика. Да л и воошто некогаш било во ред? Н о се ми се чинеше, а сега сум пот-полно убеден во тоа дека сета вина не е само во публиката. И навистина. што бара еден човек на џез концерт кога во животот с л у ш н а л 20 минути џез. Значи, нешто не е во ред со нешто друго, а другото тоа се луѓето кои на некој начин диктираат музички вкус во нашиов град. Општо познато е дека музичка п у б -лика треба да се создава по еден пос-тапен пат. В о денешно време тоа е прилично олеснето бидејќи огромен број млади л у ѓ е го следат развојот на поп-музиката и заедно со неа соз -реваат. Н о кај нас тој развој н е се презен-тира, штом не се презентира она што треба. Нависткна тој апарат за воспитува-њ е на музичката публика (радио, Т В и печат) е во раце на погрешни луѓе. Тоа се луѓе за кои најважно е Т о п

30 на радио Луксембург , Т о п 30 на Њ у мјузикал експрес и најнова про-дукција ни е новата југословенска музика (Здравковиќ. П р о а р т е . . . и да не набројувам друти). Очигледно се работи за л у ѓ е кои одат по пат на помал отпор (доста широк пат благодарејќи на нашата инерт-ност), л у ѓ е несвесни дека онеспосо-буваат цела една маса л у ѓ е кои м о -жеби никогаш нема да почувствуваат во што е убавината на еден М а ј л с Дејвис, Д ј у к Елингтон, Сара Вон, Ела Видџералд, нов англиски џез и цела една уметност. Да положбата биде уште полоша и оние неколку светли точки што ги имавме (во Технометал : понеделник прогресивна; петок-џез и Поп-топ 50) почнаа да ја губат овојата намена поради недостаток на ентузијазам на нивните творци; така што сега од нив се слуша само пародија на она што би се нарекло џез и прогресивна музика.

На крај југов останува топол и ништо повеќе! П . С. Ќ е беше многу подобро пет в е -ка да бевме под Австро-Унгарија !

Љ у п ч о Р и с т о в с к и - К Р Ц

Page 25: ФОКУС бр. 46 / FOCUS No. 46

Joni Mithcell

Joni Mitchell . . . мли Џони М и ч е л . Сеедно. Таа, акустичната гитара, кристалниот глас, големиот ж о л т такси, Л а у р е л К а њ о -нот, Лос Анѓелос , искуство, осаменост и среќа наизменично. И една голема, голема поезија. И л и голема поезија и пол. Плочите CLOUDS (облаци), LA-DIES OF Т Н Е CANYON (Госпоѓиците од кањонот), В L U Е (Тажно) . Со пое-зијата на Џони М и ч е л учиме како на

темните облаци да им ги спротивста-виме сеќавањата од подобрите вре-миња. И ако е само толку , доста е. А не е! Воопшто не е само толку . Со

неа никогаш не е само толку.

Од обете страни Локни од ангелска коса, небесни к у л и од сладолед, и кањони од перје насекаде. Такви ми се чинеа облаците. Н о сега тие само

го кријат сонцето и врнат и снежат. Т о л к у работи ќе сторев да не ми попречеа. Сум ги видела облаците од обете страни, и одозгора и одоздола, па сепак само нивната илузија ја знам. Облаците инаку воопшто не ги

познавам. Месечини и тркала вртоглава игра како бајка на јаве, таква ми се чинеше љубовта. Н о сега ништо нема се смееш и си одиш не зборувај , не се издавај. Сум ја видела љубовта од обете страни, од дај и земи, па сепак само нејзината илузија ја знам. љубовта инаку воопшто не ја поз -

навам. Солзи , страв и гордост, „ Т е сакам" кажано гласно соништа, планови и толпи, таков ми се чинеше животот, Н о сега старите пријатели стануваат чудни, ги тресат главите, си се изменила, велат, нешто се губи и нешто се добива во животот секој ден. Сум го видела животот од обете страни, одозгора и одоздола, па сепак само неговата илузија ја знам. Инаку животот воопшто не го поз -

навам.

Песна за половина пат Т е сретнав на половина пат на еден саем, лани беше упадлив како црвена обетка на црно уво, играше со коњи и жици од гитара играше како крилат ѓавол. У б а в о ти стоеја крилата ти служат л и за пеење? И л и можеш да леташ? слушнав дека можеш! М о ж е ш л и да л е т а ш како орел додека лови? Т е следев по претставите во друг град, и те најдов во една приколка. Се кладеше со некоја девојка ф р л а ш е коцка и излажа еднаш и л и двапати, еднаш и л и двапати. Понуди еднаш и л и двапати. Се праша л и к о л к у вреди сето тоа? Напушти се. Слушнав дека си напуштил се. Напушти л и се? Беше л и тешко да ја затвориш раката кога знаеше дека ќе добиеш? И сега се криеш — прочитав во весниците. Јас сум се у ш т е на тркиве со остатоци од билети и тага. Еден глас извикува броеви и понекогаш го споменува мојот. Се чувствувам како да сум работела прекувремено, прекувремено. Г о изгубив својот оган прекувремено. Секогаш играв една игра повеќе, за еден долар повеќе и еве сега успорувам. Уморна сум! Успорувам. И ти завидувам на долината што си ја нашол, затоа што јас сум на половина пат од половината пат. Успорувам, успорувам, успорувам.

препеал Горан С.

Page 26: ФОКУС бр. 46 / FOCUS No. 46

РАБОТЕН ДЕН-ДЕН РАБОТЕН

Конечно решив да ти поднапишам нешто за работите што ми го матат умов деновиве, затоа што, аман веќе, не се издржува! Т и си бате паметен човек, белки ќе ме разбереш.

К е почнам од автобусите К о ј авто-буси, ќе прашаш? Автобусите бе, ба-те! Црвените. На Г А С П . Ш т о ако се црвени кога се скапани. Да ти се плукнам во нив. Чекам кец онде кај румунскана болница, чекам бате едно петнајсетина минути и кога ќе го ви-дам како доаѓа, валкајќи се како трудна биолица, не знам дали да се радувам што можам да се џенемосам на факултет, и л и да плачам што тре-ба да се туркам. А ич не ми се турка, по ѓаволите. Сонце е надвор. Има ч о -век право малку да се сневиди во убавина. Внтаре е за никаде. Вчера зборуваа за некој што му го тргнал ножот некому. М и се смачи бате. Н е сум толку нежен, ама не можам со такви приказни. А м а н бе л у ѓ е барем молчете! Излегуваат по станиците. Влегуваат. А не оти може да се ДИ-ше. А м а л у ѓ е се, бате. Н е си сам. Ете таму некаде на половина пат, не -каде токму кај Цека ти текнува дека не си сам. Сите тие се Л У Г Е . А м а и јас сум човек. Е, и ти си ама и тие се. А ј д е сега стори нешто да те видам. Н е можеш. Да си молчиш, да си тра-е ш оти ако викнеш нешто, ако пот-турнеш, ќе те нема. Готов си. Ќ е те истуркаат на следната станица. Н и з пенџере ќе те исфрлат. Значи што да се прави. Да се трпи? Тоа му е мајката. А к о можеш на невидено да поттурнеш, поттурни! Штипни, гриз-ни, мавни, Само да не те видат бате, оти маф ти е работата. Автобусот си оди. На кривините паѓаат оние слабо што се држеле . Затоа прстите зарини ги в шипки и умот в глава.

До Автокоманда, демек Ф и л о з о ф -ски таму е, два дена ми требаат да стигнам. А и таму, штом излезеш, на некои смрдеи наидуваш. Некоја дупка раскопале, па смрди ала ала. Бате извини, ти звучам прозаично, знам, ама не можам поинаку. Н е можам поинаку, разбериме. Знам јас и поубави работи, ти ич не бери гајле . Знам јас и музика да слушам, и К а ф к а да го читам, и во театри да одам. И з а љ у б е н да бидам, бате. А м е тие работи некако како да се кријат, како подолни да се, па се срамуваат да се покажат. За скапа-ното црвенило и смрдеи и л о ш и ра-боти до утре сабајле да ти зборувам можам, а за нешто поубаво, како зборовите скапи да се па не се осме-лувам да им прашам за цената. А м а тоа не само јас. Сите така, бате, си -те! К а к о да сме заборавиле да з б о -руваме со убаво. Ќ е го прашаш како му се допаднала последната прет-става во театар, не оти знае да ти каже. Н и ја видел, ни мисли да ја види. Аман бе човек, што правиме вака, ми иде да го прашам. А м а м о л -чам. Ништо не го прашувам. Паме-

тен сум јас, ај ти. На телевизија пред некој ден ја прашуваат онаа зошто отишла на марш, — „за да се разо-нодам" — вели. И х мајката, кај на ј -де мори на марш да се разонодуваш. Н е оди нешто, бате. Нешто како да трокира моторчето. К а к о да подсмр-дува. Јас не знам што е. Т и мене не прашувај ме. Јас ништо не знам. Јас си молчам. Ќ е речеш ама ти критикуваш, а не го знаеш лекот. Н е критикувам бе бате. Јас тебе са-мо ти пишувам писмо за да ти ка-жам за некои работи што не ми се по кеф, немој и ти сега на бош да го вртиш. Само да. знаеш к о л к у ра-боти имам да ти кажам, а не можам. К а к о грутка ми стојат овдека зат-нати, во грлово, ни горе ни д о л у не мрдаат. Ш т о ќе правиме вака, а ?

На корзо ќе поминам навечер, во стомакот болки добивам. Н е смеј се! Б о л к и и тоа какви. Каква маса сме бре, па во круг се вртиме! До кога? Со малите прстиња да мрднеме па палати ќе изградиме, три Скопјиња за два дена ќе никнат, ама не, седи, врти се, свиркај си и драпај п о л и -тики. Размислувај . И после не чини! Е не чини, ко не си го правиш поу-баво. Да можам бе, да ја имам таа сила, па да летнам некоја вечер над нив, па да викнам, ама со некој глас дебел и убав, па да кажам некоја приказна со некои зборови така и з -брани сите да речат вистина не ч и -н е л о што сме правеле, од сега п о -добри ќе бидеме. А м а не може така. Смешно е и тоа, бате, многу смешно. Н е ја бива. Да сторам нешто? Н и т у знам, ниту можам, па ниту сакам да ти кажам право. Зошто па јас? Ш т о сум јас и кој сум јас? А к о не м о ж е ш да им к а ж е ш да не стојат на д о ж -дот, барем ти не кисни. Немој да помислиш, ти се молам, дека јас сега изведувам нешто и дека се дигам на големо. Н е бе бате. И ч такво нешто на ум не ми паѓа. И јас сум како сите, ама ете мене некоја бургија в глава ми влегла . Ќ е менуваш, па ќе менуваш. Ш т о ќе менуваш бе б у -дала?! Седи си мадро и свиркај си. Попаметни од тебе не измениле, ти ќе измениш. А м а сега па, за у ш т е една работа ми е мака. Зошто па вака да мислам? Зошто да знам дека што и да преземам, на смешно ќе и з -лезе? Од каде тоа па сега? Н е л и инаку не учеа? Ех пусто, не у ч е л е . Не оти слушавме нешто. И еве сега г!исма ќе пишуваме. К а ј бевме доде-ка не градеа? А м а имаш право. И не сме изградени најубаво. Ц и л и т е црвени, црвени ама шупливи . У б а в и за око, ама пуштаат промаја.

Јас зборувај, зборувај , ама ти како непара да ме слушаш. А к о , навикнат сум ј а с А и ако не сум, треба да се привикнувам. М е н е друго нешто ме копка. К а к о ќе биде кога ние ќе би -деме горе, по функциите, по места-та, каква ќе биде тогаш државата

„Данска"!?. Б е л к и убаво. А м а само сега ако ни проработи петлето. И н а -ку јабана отидовме. Сега да му у д р и -ме едно думање, инаку готови сме. Сакам, вака, на некое големо п о л е да се собереме. С И Т Е . И неколку дена таму да останеме без л е б и в о -да. Да седиме така додека не ни п о ј -де пена на уста, а потоа да позбору-ваме малку за себе. Б е л к и нешто па-метно ќе смислиме. Да си ги кажеме таму очи в очи нештата убави и грди, да се разбереме и да се побра-тимиме. И да се разделиме како при-јатели. А не да молчиме и зад п л е -ќи да оштриме ножови. Вака млади, па такви сме! Какви л и ќе бидеме кога ќе ги наследиме нашите татков-ци? К о г а ќе влеземе во лимузини и ќе седнеме зад чојани маси? К о г а ќе бистриме политики? К а к в и л и ќе б и -деме тогаш? И затоа, уште еднаш ти велам, на некое п о л е да се најдеме и да си кажеме какви сакаме и как-ви не сакаме да бидеме. И да биде тоа јасна работа. Да знаеме што са-каме и што можеме, а не бе бате да зборуваме конфузно леводесно и да си го јадеме реченото на секој втор збор. Н е ни чини работата вака п о -делени. За никаде не сме вакви. М л а д и сме, ќе речеш, зелени. Н е сме зелени бате! Воопшто не сме з е л е -ни. М о ж е б и така сакаме да ци се чини, ама инаку ич не сме зелени. В о л ц и сме ние, бе! Барем ние се п о -знаваме. В о л ц и и тоа какви! Диви до немајкаде. Сега се учиме како да се пикаме по трлата и ќрвта татковска затруена ја шмукаме, ама кога ќе им писнеме на јагнињата, маф има да направиме. И пак историјата - ќе си го сврти кругот. И сето она што не ни чинело ќе си го заборавиме и ќе му го оставиме на некој друг да не му чини. Зошто? Да се прави н е -што треба, и тоа брзо!

Знаеш, јас ова никому не би му го кажал, освен тебе. Т и си ми един-ствен. Другите би м о ж е л е нешто да помислат, а јас не сакам никој н и -што да мисли за мене. Да не бидам во ниедна картотека, во ничија л и с -та, во ничија пресметка, сам саќам да бидам. И л и сам и л и на полето да одиме и да се договориме. Оти вака не оди повеќе. Веќе почна да ми се темни пред очи и морам да го завр-шам писмово. Прости ама не ми се дало поинаку. Оставам на твој брз одговор,

твој Горан

РАБОТЕН ДЕН-ДЕН РАБОТЕН

Page 27: ФОКУС бр. 46 / FOCUS No. 46

к 0 ш Е

С Т

О

К и Б И ц И р А Њ Е

Бразил е земја во Јужна Америка, а ние сме најголеми потрошувачи на кафе. Тоа со комшијата нема врска, ама комшијата не е за фрлање . Н е е ни генитален, ама е генијален.

Слушам јас нешто пука како то -повите во „Трите гонга". Мојот мачор Бизмарк од страв се натепал под кауч, мисли Андергранунд е, зима нема. Фестивалот е поминат, а вика-ње до покрив, а покривот в подрум. Лазејќи прошетав до вратата, а буб -резите од страв се качиле како крај-ниците до малиот мозок. Викнав „Стој!!! и л и бегам кај Бизмарк".

Слушнав како некој ги занемарува скалите и лета од плато на плато, а комшијата вика:

— „Добро жена ми што ја ебаваш, ама и моите пиџами л и ќе ги носиш!?"

Се ми беше јасно. И на мачорот. Пстоа слушнав дека ја убил жена

си. Вика ако пукал по љубовниците, ходникот би го направил Тексас. М н о -гу пукање. Оттогаш го наречувам .,Џанго пука прв". Вака нејзе ја одапнал па нема кој да доаѓа пона-таму, освен погребално. Мене ми беше жал за човекот ги загубил и пиџа-мите и жената.

Ја закачив ветровката на себе како надворешна декорација и испливав надвор малку на пешадија по цента-рот. Тргнав накај „ П е к о " по левиот тротоар. Да се знае од кои сум. А и од другата страна многу плебс чека-ше автобус пред „Спорт".

Опа!!! Какво сираче видов!! Без мама, тате и без мене. Градите и ра-ботаат како брисачи. Асфалтот прав, а одот брановиден.

Јас: Проштевај, дали знаете каде е цен-

тарот на градот? Таа: — Не знам. Јас: — Ништо за тоа, јас знам. Дојдете

да ви го покажам. Таа:

— Т и би можел да работиш како митралез.

Навистина, од возбуда ми тропаат забите до немајкаде.

— Јас тоа тренирам пред јадење. Имам палачинки па ја размрдувам мускулатурата, а немој да мислиш дека си некој макс фактор.

— Будало во три фази, а ти си како знак за долар. У ш т е штрафтите ти фалат.

Пред Грчката амбасада слушам ви-каат. Мислам во амбуланта некој вади заби. Кога тоа нацијата вади ви-зи. Е, тоа е хепенинг. У ш т е лајт шоу фалеше. Има што да микроскопираш. Рагби ситуација. Масовен бокс.

— Мамо, вика еден. Викни го по-пот, мамо. Некои легнати ги испла-зиле јазиците и ги моткаат по тро-тоарот. Нозе висат нагоре, а гласот одоздола вика:

— Донке, ту би ор нот ту би дер из а квешчн.

— Спирко, сине на мама. Т и носам манџа, Спире!!!

— Мамо, заебија чорбата ако пре-живееме ќе јадеме само еклери. Од турканицата вреска една девојка. Ја загубила невиноста во густото. Го ба-ра Бирото за загубени работи.

— Лозови, лотарија, вика еден!!! како доспеал таму? интелегентно!

Целиот конзулат избуткува една нога влезена преку шипките на огра-дата.

А к о дознаат Виетнамците што се случува, ќе ни пратат и материјална помош.

— Добар ден попе, те поздрави Јоко Оно. Прашува дали Исус Х р и с -тос ќе стигне со идниот воз.

Ко ј му беше крив на попот оти ту-ка поминуваше. Ги разрогачил очите како вруќа пегла да му ставиле меѓу нозете па кога ми спаша еден аплауз самиот себеси си се обраќав три дена со Вие.

„Фонтана". Кога се освестив сфатив дека сум одмарширал до „Фонтана" , како „Лост Ин Спеис". Н е знаев што

да правам па и се фрлив на науката одстрана.

Перцепирав дали низ решетките на канализацијата се забележуваат про-изводите на метаболизмот!! ?? Н е ги видов, ама по миризбата знаев дека се тука.

— Ш т о ѕвериш ти гуланферу? — Дресирам за во затвор да гледам

низ решетките. Се свртев. Тоа беше милиционер. Вистински. Со пендрек и азбука 100%.

— Не. Чичко, овај . . . п а н д у р . . . л е -ле , п а р д о н . . . другар (ма каде дру-г а р ) . . . У ч а м географија.

— Море каква географија? — Р е љ е ф на Југославија. — Што? . . . Р е љ е ф . . .? — Збор со пет букви. — М о л к ! ! ! Т и мене ќе ме в о з и ш . . .

Ш т о р е љ е ф . . . Нашински . . . Гомна р е ч и . . . Ш т о инаку би гледал во ка-нализацијата?

Го фрлив јазикот во рикврец, а со рацете почнав да вртам концентрич-ни кругови. Тоа беше добар знак дека ќе штурнам. Зииииипп.

Тоа е звучниот ефект од она што следеше.

Се свртев. Срцето можев да го у ф р -лам во некој бит состав да тропа на-место тапаните. Нозете „гуд виб-рејшн". Ѕирнав — го нема. О к о л у мене ни жива душа. Се мртво како после бомбардирањето на Берлин. Најдов едни влечки. Ги фрлив во поштенското сандаче.

„Да живее работничката класа". Н е -мав што да правам и се развикав. Една жена се шина од смеење.

Пауза. Пет минути лирика.

х х х х х Во борба, во борба, во борба. Македонски народе, народе за туѓа вила и милиони со песна и радост се мре.

Рефрен (Три пати) Кра ј . Г Р А Д О

Page 28: ФОКУС бр. 46 / FOCUS No. 46

ВАКА СЕ ПРОДАВА