14

Click here to load reader

етика семинарска

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: етика семинарска

ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИКА

УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“

СЕМИНАРСКА РАБОТАПО ПРЕДМЕТОТ ПРОФЕСИОНАЛНА ЕТИКА

“КОМПЈУТЕРСКА ЕТИКА”

Ментор

ИзработилаПроф. Драгор Зарески Давчева Надица бр.индекс 10472

[email protected]

Штип, Мај 2011

Page 2: етика семинарска

1. Содржина

1. Содржина...............................................................................................................................1

2. Вовед.......................................................................................................................................2

3. Главен дел..............................................................................................................................3

4. Заклучок.................................................................................................................................8

5. Користена литература.........................................................................................................9

1

Page 3: етика семинарска

2. Вовед

Самиот термин етика означува обичај, навика, карактер. Додека моралот како синоним на етиката преставува, множество од непишани правила и обичаи кои ги дефинираат меѓу човечките односи и не учи што е добро, а што е лошо. Моралот е во некоја смисла објективен и се наоѓа во облик на општествена свест, систем на обичаи, навики , норми. Настанал како барање на општеството за одредено однесување, односно дефинирање на принципи за тоа како треба да биде однесувањето. Тој е релативен , не е ист во сите општествени групи и историски периоди. Сличен е на законот, но за разлика од него нема ниту политички ниту економски санкции, туку се потпира на свеста на поеднинецот и општеството.

Во ова наше општество компјутеризацијата зазема многу високо ниво, така што секој ден излегуваат се понови и понови производи, како софтверски така и хардверски. Ова развивање на компјутерите доведува до воведување на нови стандарди и начин на живеење, така на пример ако пред педесетина години за да се слушнеш со некого требало да пишуваш писмо, да го пратиш и тоа да патува со денови до саканата дестинација, денеска ова се овозможува на многу поедноставен и поефикасен начин како што се телефоните, е-маиловите, смс пораките и слично. Ако порано не се знаеше што е компјутерска мрежа, денеска не може да се замисли една поголема фирма да нема своја веб страна, свој мејл, а кај поразвиените земји и начин за купување на интернет.Од наведениве примери се гледа дека во минатото не постоеле сите овие работи, па и немало потреба од тоа да се постават принципи за нивната етика.

2

Page 4: етика семинарска

3. Главен дел

Денес поради преголемата употреба на информатичката технологија во секојдневниот живот , се наметнала и потребата од етиката и основните етички принципи. Па се наметнало прашањето што е етички во сите овие работи? Ова прашање можеме делумно да го одговориме со таканаречените „десет компјутерски заповеди“1. Не користи го компјутерот за да му наштетиш на друга личностГи знаеме огромните можности на машината наречена компјутер. Сите тие можности што се користат за да му помогнат на човекот се етички, во спротивно случајот е неетички. Меѓу тие неетички работи најпознати се вирусите, но нашиот народ рекол „Со свој камен по своја глава“.2. Не мешај се во работата на другите компјутерџииСекој има свое право на размислување. Па затоа не мора секој да го користи компјутерот за исти цели, на пример програмирање. Така едни ќе го користат за играње, други за пресметување, трети за креирање... Не смеме да им наметнуваме работи со кои ќе му кажуваме за што да го користат компјутерот.3. Не чепкај по туѓите датотекиСекој човек има право на своја приватност и секој се труди да ја зачува истата, а секој потег со кој се нарушува туѓата приватност се смета за неетичка. Чепкајќи по туѓите датотеки можеме да најдеме се и сешто, а многу е веројатно со помош на тие податоци да ја нарушиме туѓата приватност, па како што рековме пред малку тоа не е ни најмалку етички. Доколку се почитува овај принцип не ќе има потреба да се измислуваат најразлични софтвери за заштита на датотеки.4. Не користи го компјутерот за кражбиВо последниве години сведоци сме на експанзијата на купувањето од фотеља. Ова енаправено за му се поедностави процесот на купување на самиот човек. Тој не мора даоди до продавницата која е одалечена пеесетина километри до самата продавница ида го купи саканит производ, туку доволно е тој да го внесе бројот на својата кредитна картичка и производот сам да си дојде дома. Ова многу се злоупотребува и се бараат најразлични начини за пробивање на овие платежни системи, што не е ни најмалку етички. Да се потсетиме и на они дела во кои со помош на компјутерот се прават цели нелегални трансакции и перење на пари. Сите овие работи му го отежнуваат животот на луѓето што ги мислат заштитните системи и тоа е сосема неетички.5. Не користи го компјутерот за доведување на лоши заклучоциПознато е дека има проблеми за кои се потребни обемни пресметувања за да се дојдедо бараниот резултат. Како што знаеме компјутерот е создаден за да му помогне начовекот, но треба некој да направи софтвер за автоматски да се изврши таапресметка. Во тој случај не би било етички програмерот намерно да направи грешкакоја би делувала на точниот одговор. Во овој случај сите ќе мислат дека дадениотодговор е точен бидејќи компјутерот не греши, а само програмерот ќе е скептичен вооднос на дадениот резултат.6. Не користи програми за кои немаш платеноНекој се потрудил и работел за да излезе некој програм. Ако програмерот го гледаме како занаетчија тогаш неговиот програм би го гледале како продукт на тој занаетчија. А како што знаеме никој не ни дава чевли, фармерки, чанти за безпари, а зошто тогаш тоа би го направил програмерот??? Мора да сме свесни дека за еден софтвер издаден од некоја

3

Page 5: етика семинарска

програмерска компанија се ангажирани многу повеќе луѓе отколку што би се ангажирале за било која друга работа, па логички ќе биде дека и односот од неговата цена и трошоците вложени за тој програм би биле многу поголеми од односот на цената и трошоците за произвотсво за било кои други комерцијални продукти.7. Не користи туѓ кориснички акаунт без соодветна дозволаОваа точка се надоврзува на вториот заповед. Имено корисникот може да си чува најразлични работи во својот дел од компјутерот и не би било етички да го користиме истиот без негова дозвола. Како надоврзување на ова е тоа што секој корисник си има свој вкус и спрема него го креира корисничкиот интерфејс. Кога би седнала друга особа да работи на тој интерфејс тоа не би му било природно, па сигурно би ги направил некои промени. Замислете ги првиоте неколку минути на сопственикот на корисничкиот акаунт! Од овде можеме да извлечиме една поука, доколку ни е дозволено користење на туѓ акаунт не менувајте ништо во него или доколку смените по завршувањето вратете се на свое место.8. Не подбивај се со човечките интелектуални способностиНе смееме да заборавивиме кој кого го направил! Колку и да се големи компјутерскитеспособности тој никогаш нема да го достигне човековото совршенство. Секое знаење што го има компјутерот му е дадено од самиот човек, имено тој се анализирал како работи и се обидува тоа да му го пренесе на самиот компјутер. Што повеќе се осознавал човекот толку повеќе се развивал компјутерот. Покрај ова мора да разграничиме два поима „биолошка еволуција“ и „техничка еволуција“, првата е потикната од самата себеси, додека другата е потикната од некои големи умови.9. Мисли на социјалните ставови кога ги креираш своите програмиОчигледно е дека компјутерите ја трасираат иднината, затоа треба да внимаваме како ќе ја насочиме истата. Не е исто едно дете да игра два часови на некоја симулација за фудбал или тоа исто дете да е со своите другарчиња и да ја игра оваа популарна игра во живо. Мораме да внимаваме какви последици би донесла нашата програма. Доколку не се измислеа сите тие компјутерски игри, децата сеуште ќе беа во парковите, игралиштата,… а не како што е сега пред телевизорите и компјутерите.

10. Користи го компјутерот на тој начин што тој ќе ги почитува човечките чувстваИма едно непишано правило – додека не доживееш не знаеш како е! Сигурни сме дека компјутерот досега нема почуствувано никаква емоција, па нормално е дека и нема да знае што е тоа, но тој и тоа како може да ги поремети нашите чувства. Типичен пример за алатка која си игра со нашите чувства е Интернетот, имено посетата на некоја страница можеме многу да се разведриме, а возможно е и да се случи сосема спротивното.

Сведоци сме на е нормната еволуција на компјутерите. Сите знаеме што значи интернетот и можностите што ни ги нуди самиот тој, а тој претставува место каде што можеме да најдеме се и сешто од етички до крајно неетички работи. Но ние треба да ги запаметиме „десете компјутерски заповеди“ и треба што е можно повеќе да се задржуваме до нив. Прво го напоменувам Интернетот бидејќи тоа е местото кое што најповеќе се прекршуваат етичките принципи. Така на пример во тие десет заповеди напоменавме дека не е етички да се користи софтвер за кого не сме платиле, а на интернет можеме да најдеме безброј веб страници кои ни нудат кракови за да ја измамиме заштитата на саканата програма и понатаму да ја користиме како лиценцирана. Кога сме кај овие веб сајтови ќе напоменам

4

Page 6: етика семинарска

дека тие работат за „без пари“, односно нив никој не ги финансира за пробивањето на краковите. Ќе се запрашаме – За кого работат тие? Сигурно дека тоа не е за џабе. Тоа е и вистина, тие живеат од спонзорите – кои најчесто се порнографски сајтови, кои се плаќаат за да ги посетиш. Па така штом ќе посетиш некој од овие „краковски“ сајтови, моментално ќе се намножат милион други кои содржат порнографски слики. Дали некој си помислил – Кој не би ја платил програмата? Тоа сигурно би биле малолетни лица кои не спечалуваат и немаат пари за такви луксузи па се приморани на ваков чекор. Следнотопрашање е што им го одзема нив повеќе вниманието „краковскот“ сајт или ДРУГИТЕ??? Ова навистина не е етички и тие кои ги создаваат овие сајтови треба да сезамислат малку повеќе.

Друга работа кај интернетот е тоа што таму нема никаква цензура, односно во него има секакви информации од вистини до крајни лаги...Добро де за кого лажиме, односноуште полошо кого лажиме. Нас? Сигурно не бидејќи свесни сме за неговата веродостојност. Типичен пример за ова е Руско – Чеченската веб војна. Едни даваат една информација, а другите сигурно ја одрекнуваат таа иста информација. Кому да веруваме? Сигурно ни на едните ни на другите, туку свесно ги согледуваме двете страни и си донесуваме сопствен заклучок. Овие работи и тоа како ги побиваат етичките принципи. Кога сме кај овие невистини да го посочиме „тешкиот“ живот на медиумски познатите личности. Имено не е мал бројот на презентирани монтирани слики и филмови кои се во врска со некоја позната личност, тие привлекуваат многу влијание и доведуваат до донесување на лош заклучок за карактерот на личноста. Или нека не се невистински слики нека се и вистински, тие се објавуваат со намера да привлечат нечие внимание на сметка на нечија приватност. Овие работи се крајно неетички.Кога веќе сме кај цензурата на глобалната мрежа има милион работи кои не смеат да бидат достапни за секој и секого. Односно требаат да имаат специјален пристап, за ова пример ќе ја земам минатогодишната криза во Македонија. Имено неколку недели по масакарот на Вејце на една веб страна излегоа сликите на масакрираните војнички тела. Мило ми е што не го посетив именуваниот сајт! Но уште помило ќе ми беше доколку не го посетеа и илјадници деца на кои тие слики несомнено ќе му остава неизбришливи траги во понатамошниот живот, траги ќе се извор на омраза и немирен дух.Ех тој интернет, големите работи кријат и голими „дупки“ во него. Така оваа мрежа не ретко се користи за крадење. Некои луѓе ентузијасти се потрудиле да го олеснат човечкиот живот, па на човекот му овозможиле купување од „фотеља“. Но некои не можат да се придржуваат кон етичките принципи и во овој случај. Напротив тие со сите можности се свртени како да го пробијат овој платежен систем и да се „збогатат“ за момент!!! Добро де нема да се збогатат кознае колку туку ќе добијат еден предмет кој има вредност до стотина долари и ќе оштетат некоја друга личност за истата таа вредност. Ова можеме да го наречеме „ситен“ криминал, а тоа што претставува купен е тоа што се прават безброј нелегални тарнсакции на пари со помош на компјутерот или тој се користи за да се исперат истите.Време е малку да се одалечиме од овој Интернет, но сепак ќе сме во негова близина. Воовие мрежи ни се овозможува да влегуваме во приватноста на некои луѓе, на тој начин што со специјални програми го превземаме нивниот компјутер и имаме моќност над сите нивни датотеки. НЕ Е ЕТИЧКИ, како што претходно рековме во „десете заповеди“, не смееме да си дозволиме да рошкаме по туѓите датотеки, односно да влегуваме во туѓата приватност.

5

Page 7: етика семинарска

Во горе споменатиот текст спомнавме „кракирање“ на нелиценциран софтвер, имено најкористената постапка во нашава држава! Не сме платиле а на големо ги користиме саканите програми. Но не е само до нелиценцираните програми, тука си и музиката,филмот, книгите... Неетичноста ги пикна и тука прстите. Не е мал случајот на „спуштање“ на горе наведените работи од некоја веб страница. За овие фајлови никој не платил ни денар за нивната лиценца, па добро де за кого работат нивните креатори? Да напоменеме дека неетичките рабори се работат само на компјутерите, туку напротивтие се работат и на другите ИТ уреди. Така на пример последниот еден од последните крикови на технологијата – лоцирање на едно лице каде и да се наоѓа на планетата преку мобилен телефон е сосема неетички. Ќе се запрашаме ЗОШТО? Тоа е полезно во секое време знаеме каде се наоѓаме и доколку ни треба некаква помош моментално може да се пристапи до нас. Но дали некој се запрашал – каква приватност е тоа? Секогаш секој има можност да дознае каде сме! Да напоменеме дека засега се оваа технологија се користи само за етички работи, како што е пронаоѓање украдени автомобили и слично. Кога веќе ги спомнавме мобилните телефони, нека се и фиксните, сведоци сме на многу прислушкувања.Несомнено е многу неетички, прво од гледна точка што се нарушува една приватност, а второ што тоа во целост се презентира на нашата јавност.Од сето ова наведено гледаме дека ИТ технологијата се користи насекаде, каде што треба и каде што не треба, односно за етички и неетички работи. Во изминативе примери отприлика видовме до кои крајноти се оди со користењето на модерната технологија, но тие се крајно неморални и во иднина мораме да ги искорениме за едно подобро општество.Често ке се запрашаме Како треба ( етички ) да го користам Интернетот? Како треба да се оснесувам? Да се биде паметен на интеренет значи да се биде внимателен и да се побара помош доколку е потребно. Да се стекнат добри навики за користење на интернетот кои ќе се прифатат и негуваат во иднина . Целта не е да се забрани користењето на интернетот со надеж дека така децата ќе бидат безбедни . Тоа не само што ке има спротивен ефект, туку и ќе им затвори еден досега невиден “прозорец” кон светот на информациите од сите можни области. Ако на децата им кажете “некогаш немојте да ги користите можностите на интернетот затоа што на интернет постојат и бројни опасности “ , ризикот е дека ќе сакаат да го користат што повеќе и тоа на неправилен начин. Целта е да ги подучите правилно да го користат – дури и тогаш безбедно ќе ги користат благодетите на овој прекрасен медиум. Најважно е децата да сфатат дека треба да се однесуваат одговорно додека се на интернет,од трите главни ризици несоодветни контакти , несоодветни содржини и несодветно однесување. Но сепак денес , децата не се единствени кои треба да стекнат етичко и морално однесување, за жал многу постари лица го злоупотеребуваат интернтот, особено социјалните мрежи за да ги задовлат своите сексуални нагони. Денес се повеќе можеме да сретнеме статии , со најразлични ситуации како резултат на злоупоребата на интернетот, како на пример:

PrеttyGirl всушност возарсен маж...Кога имав само 14 години имав многу проблеми со пријателите од маало и од училиште, никако не можев да се вклопам. Па затоа почнав да се повлекувам и да го поминувам поголемиот дел од моето време онлајн, едноставно станав голем интернет зависник. Си пишував со полно непознати личности, на тој начин се забавував и ми беше ок. Но после некое време ми се случи нешто непријатно и престанав да го правам тоа. Поминуавајки

6

Page 8: етика семинарска

многу време на интернет запознав една девојка која користеше прекар“PrеttyGirl”. Си разменивме основни информации за себе како : “Каде живееш? “ Колку години имаш? ” “Дали си сам? ” и “Што имаш облечено? ”.... И така се почна. Продолживме да разговараме за се и сешто. Откако подолго време разговаравме така , а и преку имаил, си разменивме и фотографии, сосема нормални фотографии. После еден месец комуницирање по маил и чет, се договоривме да се видиме во живо. Си помислив дека може да биде ОК и се договоривме да се сретнеме. Откако отидов таму со роза и нејзина фотографија за да можам полесно да ја препознаам . Ми пријде еден маж. Ми кажа дека и е дедо или така нешто.. Беше ситен и изгледаше фино. Откако подразмислив прашав: “Што знаете вие за мене?” и тој знаеше навистина премногу.. Тогаш побегнав.. “PrеttyGirl” никогаш повеќе не ми се обрати. Сега од оваа дистанца ми е сосема јасно што сакаше тој човек од мене.. Но, што да правеш кога мислиш дека некаго познаваш затоа што долго време разговараш со него на интернет?!

7

Page 9: етика семинарска

4. Заклучок

Поради вакви ситуации треба да бидеме многу внимателни , но поради ова исто така се воведени повеќе закони и санкции. Последиците од неетичко користење на ИТ може да бидат многу штетни и опасни како за поединците така и за општеството во целина. Во услови на поширока компјутеризација на средината во која работиме и живееме се јавува потреба од дефинирање на некои правила зa однесување на поединците при работењето со компјутерската технологија. Во таа насока современиот образовен систем ја вклучува етиката која има задача поучување на учениците на етичко и коректно однесувањепри користење на информатичката технологија. Тоа всушност бара пред се  рамноправен достап до компјутерите и еднаква можност за користење на ИТ , за да се развие свеста за користење во согласност со етичките норми и принципи.Бидејќи богатството на знаењето му припаѓа на секој оној кој ќе го пронајде, спознае, создаде. Но како и секое богатство и тоа е безвредно ако не се примени и сподели со другите

8

Page 10: етика семинарска

5. :Користена литература

1. http://itedukacija-informatika.blogspot.com/2009/09/blog-post_4068.html 2. http://itedukacija-informatika.blogspot.com/2009/09/blog-post_16.html 3. http://www.itgthailand.com/ บรรษั�ทภิ�บาลการบร�หารกา -2/?lang=mk 4. http://www.itklub.com/index.php?option=com_content&view=article&id=55&Itemid=56 5. http://translate.google.mk/translate?hl=mk&langpair=en|mk&u=http://en.wikipedia.org/

wiki/Information_ethics

9