Click here to load reader
Upload
mihajlova-marija
View
318
Download
1
Embed Size (px)
DESCRIPTION
Хемија - Изомерија кај органските соединенија Средно образование 3та година
Citation preview
ИЗОМЕРИЈА КАЈ ОРГАНСКИТЕ
СОЕДИНЕНИЈА
Што е ИЗОМЕРИЈА?
● појавата кога две или повеќе соединенија имаат исти молекулски формули, а различни физички или хемиски својства поради различниот распоред на атомите во нив се нарекува ИЗОМЕРИЈА, а овие соединенија се нарекуваат ИЗОМЕРИ.
Типови на изомерија
● Постојат два основни типови на изомерија:
● структурна изомерија и
● стереоизомерија.
Структурна изомерија
● Ова е изомерија која се јавува поради различниот распоред на сврзување на атомите и атомските групи.
● Нејзини подгрупи се: изомерија на низа, положбена изомерија и функционална изомерија.
Изомерија на низата
● Изомерија на низата (или скелетна изомерија) — различен распоред на јаглеродните атоми во низата.
Положбена изомерија
● Положбена изомерија — различен распоред на функционалните групи во молекулот.
Функционална изомерија
● Функционална изомерија — различни функционални групи, а иста молекулска формула.
Стереоизомерија
● е изомерија што се јавува поради различниот просторен распоред на атомите и атомските групи.
● Нејзини подгрупи се: геометриска изомерија, оптичка стереоизомерија и конформациона стереоизомерија.
Геометриска изомерија
● Геометриска изомерија (или cis-trans) — различен распоред на атомите и атомските групи во просторот поради спречена ротација околу двојната врска или прстенот.
Оптичка стереоизомерија
● Оптичка изомерија — различен распоред на атомите и атомските групи околу хиралниот C-атом.
Конформациона стереоизомерија
● Конформациона изомерија — различен распоред на атомите и атомските групи во просторот поради слободна ротација околу единечната врска.
Изработка● МАРИЈА МИХАЈЛОВА III-
2