31
Проектна задача по Урбана култура Тема: Начинот на облекување во минатото и денес во Македонија

Начин на облекување

  • Upload
    tvingos

  • View
    169

  • Download
    11

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Начин на

Citation preview

Page 1: Начин на облекување

Проектна задача по

Урбана култура

Тема: Начинот на облекување во минатото и денес во Македонија

Page 2: Начин на облекување

Содржина:

1. Вовед ............................................................................................................ 2

2. Народни носии во Македонија .................................................................. 3

3. Технолошко креативни постапки, категории и дисциплини ................. 5

4. Ткаеници ...................................................................................................... 7

5. Плетала ....................................................................................................... 9

6. Китење ....................................................................................................... 10

7. Облекување во слоеви .............................................................................. 13

8. Заклучок ..................................................................................................... 17

Користена литература ............................................................................... 18

Додатни прилози ....................................................................................... 19

1

Page 3: Начин на облекување

1.Вовед

Гол и без оружје,ете така се појавува првиот човек на земјината топка.

Човекот постојано работи, учи се труди, се докажува се со една цел да си обезбеди

заштита за своето тело и услов за живот и исхрана. Првата основна задача на

човекот била да си обезбеди заштита за своето голо и незаштитено тело. Човекот ги

користел крзното, кожата, пердувите за заштита на своето тело. Во старите

времиња секоја облека била народна и таквите разлики и навики се одржале до

зајакнувањето на Римската Империја. Секој народ кој се наоѓал на повисок

културен степан влијаел на облеката на своите соседи. Тоа се случувало и во

Македонија. Во Македонија народната облека се има задржано од педесетите гоини

на 20 век. За разлика од традиционалниот начин на облекување во селата, во

нашите градови одамна е присутен градскиот начин на облекување.

Целта за изработка на оваа проектна задача беше да истражуваме и да

направиме споредба на облекувањето во минатото и денес и да се дадат различните

погледи на луѓето во однос на стилот и начинот на облекување.

Ги прибравме податоците кои ги добивме од различна литература и

интернет. Потоа направивме нивна класификација, за со помош на аналитичко –

синтетичкиот метод и компаративниот метод успеавме да ја реализираме оваа

проектна задача во целост.

2

Page 4: Начин на облекување

2.Народни носии во Македонија

Црвената боја и бојата на виното се бои на земјата и плодноста, додека

златната боја е боја на боговите (небото)Затоа нашата народна носија е црвена со

златен вез/срма.

Народните носии во Македонија имаат вековна традиција. Тие се дел од

материјалната култура на македонскиот народ и претставуваат значајна гранка од

народното уметничко творештво. Создавани како колективна придобивка на сиот

македонски народ, тие во долга низа години се пренесувале од поколение на

поколение и во својот развоен пат во себе вклопиле многу елементи од разните

културни влијанија што се вкрстувале на овој дел од Балканот. На најстариот

културен слој - старобалканскиот, како и на традициите на цивилизациите на стара

Грција, се надоврзува културата на облекувањето на старите Словени, кои во

силните налети од V до VII век го населуваат овој дел на Балканскиот полуостров.

Во понатамошните културни текови се надоврзува влијанието на византиската

цивилизација, како и силниот уплив на турско - ориенталните елементи, па сè до

најновите струења од запад.

Во долготрајниот процес на оформување на народните носии во Македонија

учествува сиот македонски народ - творец и создавач на народните носии. Во

нивното оформување се одразени разните историски, општествени, економски и

културни настани. Различните културни влијанија низ вековите, во различни

историски епохи, се примани во народните носии, преработувани со творештвото

на народното сознание, прилагодени на народниот бит и начин на живот, развиени и

усовршени со народните естетски сфаќања. Така се создале народните носии во

Македонија како израз на народните колективни, естетски и психички диспозиции.

Освен културно - историските прилики и творечкиот дух на народот, во

оформувањето и обликувањето на народните носии во Македонија од значење се и

географско - природните услови. Високите планински масиви, ритчестите падини и

3

Page 5: Начин на облекување

питомите котлини, со кои се одликува релјефот на Македонија, давале одредени

услови за стопанисување, кое од своја страна нашло одраз во животот и културата

на населението. Со посебни специфични форми, како во материјалната, така и во

духовната култура, се издвојува културата на планинците, кои, главно, се

занимаваат со сточарство, од културата на рамничарите, кои главно се ориентирани

кон земјоделството. Во многу предели овие две култури се преплетуваат, создавајќи

на тој начин поинакви форми на сложената култура на облекувањето, како и во

целокупниот народен живот воопшто.

Сите овие чинители, кои учествувале во оформувањето на народните носии

во Македонија и во создавањето на традиционалните форми на народното

облекување, биле важни фактори за дефинитивното обликување на разновидните и

типски различни форми на народните облеки и на народното облекување воопшто.

Во оформувањето на нивните типски и декоративни обележја нашле одраз

дамнешните епохи, како и времето во кое се создавани. Со сето свое богатство,

изразено со бројноста и разновидноста на облеките, начинот на нивното

украсување, во орнаменталните композиции и во колоритот, народните носии

доаѓаат до нас преку сè уште зачуваните примероци употребувани во XIX и првите

децении на XX век.

Народната облека, освен својата основна функција да го заштити човечкото

тело во различните климатски услови, како и да го украси, од дамнешни времиња

има и други многустрани значења и пораки. Покрај одредените магиско - обредни

функции, преку облеката се покажува територијалната припадност, семејната

положба, како и меѓусебните општествени односи на генерациите од различни

возрасти.

Во долгиот развоен пат, во постојаниот процес на поддржување на старите

традиции, со внесување на елементи од народниот вкус и сфаќања, народните

носии се оформуваат како специфична, етнички издиференцирана гранка на

народното творештво. Тоа се оформени комплексни целини во кои е забележливо

хармоничното сложување на одделни облеки, како во однос на украсувањето, така и

во колоритот и во орнаментиката. И целокупната композиција на носијата е

прилагодена не само на нејзината практична функција, туку служи и за

задоволување на естетските сфаќања на нејзиниот создавач. Оттука, секоја носија

4

Page 6: Начин на облекување

претставува комплексно оформена творба изработена од текстилен материјал,

обоена во разни бои и тонови, украсена со разновидни извезени или вткаени

орнаментални мотиви и дополнета со разновиден накит и други украси.

На територијата на Македонија се среќаваат голем број разновидни носии,

кои имале издвоени специфични одлики. Секој регион, секоја етничка и пределска

целина во Македонија имала своја посебна носија која се разликувала од носијата

на соседниот регион по своите стилски, фунционални и естетски карактеристики.

Услови за формирање на толку разновидни носии во Македонија се изразитата

раздробеност на релјефот во поголеми и помали котлини, кои претставуваат и

посебни пределски и етнички целини, сообраќајната и географската изолација во

минатото на одделните региони, како и специфичниот развиток на етничките

особини на населението во различните етнички предели. Врз разновидноста на

носијата влијаеле и разните миграциски движења што се одигрувале во одделните

пределски целини во Македонија во поблиското и подалечното минато. Колку тие

движења, со оглед на одредени политички, економски и општествени прилики, биле

поинтензивни и посилни, толку и разновидноста на носијата е поизразена.

Богатството на народните носии, разликите во поодделните облеки, како и

во целокупното народно облекување, се изразени како во стилската композиција на

носијата така и со бројноста и разновидноста на облеките и нивното украсување.

Во оваа смисла особено западна и средна Македонија претставуваат вистински

мозаик од ретко убави народни носии, меѓу кои особено се истакнува женската. По

богатството и украсувањето на облеките се издвојуваат празничните, обредните и

свечените носии, во кои најдолго се зачувани старите традиции, а творечкиот дух

на народот достигнал врвен израз.

Примероците на народните носии што се собрани во музеите во Македонија,

и оние што секоја година се прикажуваат на ревијата во Струга, се драгоцени

документи за нивното извонредно богатство и необична разновидност. Тие ќе

останат сведоци за високите креативни способности на македонскиот народ, кој во

текот на многуте векови успеал да создаде сопствена, самостојна народна облека,

во чии типски и декоративни одлики нашле одраз изминатите епохи, како и времето

во кое се создавани и носени.

5

Page 7: Начин на облекување

3.Технолошко креативни постапки, категории и дисциплини

При обликувањето на народните носии главото место го имала жената – селанка,

бидејќи целокупната активност речиси ја имала самата таа почнувајќи од

предавањето на суровините, бојосувањето на преѓата, изработката на

ткаенините,конструкцијата на кројот, шиењето до украсувањето и китењето. Во

оваа насока неспорно важна улога имала и појавата на специјализираните мајстори

– терзии, кои главно ги изработувале и украсувалегорните облеки, додека

локалните занаетчии – конјунџиите го изработувале накитот. Волната, конопот,

ленот, памукот, во помала мера и свилата, обработувани на стар традиционален

начин , се основните суровини кои имале голема примена за изработка на носиите.

Во најголем дел број случаи горните машките и женските облеки се изработувани

од домашна четворно ткаена волнена ткаенина ‘’’клашна’’’ или ’’’шајак’’’, во бела,

црна или сура боја – природна боја на волна или од четворно ткаена ткаенина од

црвено и темно-сина бојосана преѓа. Во повеќе делови на источна и југоисточна

Македонија за изработка на горната облека голема примена имала лито ткаена

ригеста волнена ткнаенина '’’алаџа’’’или ’’’антерија’’’. За разлика од горните

облеки, долните машки и женски облеки: кошулите и гаќите, главно се

изработулаве од домашно ткаено бело конопено, ленено и памучно платно.

Воодделни пределски целини овие облеки се изработувани од и од платно чија бела

памучна основа е комбинирана со тесни појаси од свилена преѓа – во вид на риги –

‘’’кенари’’’, по што и самото платно е познато како ‘’’кенарлија платно’’’.

Поретко, на пример во делови од Пиринска Македонија и Егејска Македонија

некои од горните женски облеки – ‘’’саите’’’ се кроеле од домашно ткаено платно

во сина боја. Кројот речиси на сите облеки е доста едноставен, условен од

ограниченоста на ткаенините ткаени (главно на тесен хоризонтален разбој), во

широчина која варира од 38 до 42 см, во ретки случаи и до 48 см. Подреден на

ткаенините со вакви димензии истиот е приспособен на анатомијата на човековото

тело. Тој е истовремено извонредно рационален, зашѕо секој дел од ткаенината што

се крои е максимално употреблив. Принципот на кроење се состои од подолги или

покуси правоаголници или дијагонално кроени правоаголници –‘’’ реборници’’’,

‘’’клинови’’’ или ‘’’бочници’’’ – за странично проширување на облеките.

Вовизуелна смисла, речиси сите горни машки и женски обеки без разлика дали се:

без ракави, со куси или со долги ракави, или пак, по должина: долги до појасот, под

6

Page 8: Начин на облекување

колковите, до колената, до средината на листовите. Во ретки случаи долги до

глуждовите, се карактеризираат со нагласена страничност и архитектоника, со

определена ритмика и динамика. Конструктивноста и аритектониката се одлика и

кај кројот на машките и женските кошули, со таа разлика што машкитесе покуси до

колената. На пример, кројот на женските кошули се состои од: правоаглоно парче

платно со фиксирана должина, кое предиплено во вид на пончо (долго до

глуждовите) го определува предниот дел – ‘’’предните поли’’’ и задниот дел –

‘’’задните поли’’’. Во горниот дел – околу вратот и предниот граден дел платното

се откројува или ‘’’грли’’’, за одгрленот вратен дел се крои тесно правоаголно

парче ‘’’корил јака’’’, ракавите се секогаш едно цело и едно повина правоаголно

парче платно – ‘’’подраче’’’. Кај секојдневните кошули за проширување од обете

бочни страни се кројат по најмалку два ребреника, за разлика од невестинските кои

можат да имаат двојно повеќе. Со карактеристични кројни елементи посебно се

издвојува облеката ‘’’фустан’’’ – вид здолниште, од составот на машките носии,

секогаш од бело памучно платно, скроена со голем број клинесто кроени парчиња.

4.Ткаеници

Интегритетот на технолошкото и креативното, основна карактеристика на

ракотворната дејност, присутен во сите фази од процесот на обликување на

народните носии, е посебно изразен кај орнаментираните ткаенини – скутините.

Ткаенини во правоаголна форма, дел од нив обликувани од една дипла или

обликувани од две хоризонтални или вертикално соединети дипли, најчесто

орнаментирани со вткаена орнаментална декорација уште при самиот процес на

ткаењето, сами по себе представуваат посебни декоративни изработки со

впречатлива убавина. Како елементарен и задолжителен дел од составот на

женските носии,а кај помал дела кај машките носии со својата правоаголна форма и

централното место што го имаат во однос на другите облековни делови, на

визуелен план имаат важна улога во физиономијата на определена носија. Со

евединтна практична и естетска функција, широката намена на разни возрасти и

прилики, во составот на македонските народни носии, тие се застапени во бројни

варијанти, со најразличен декоративно – орнаменталентретман и ликовно –

естетски ефект. Геометрискиот орнаментален третман условен од ограничените

7

Page 9: Начин на облекување

ткајачки техники е присутен кај сите скутини, од оние со најмали, до оние со

најголеми димензии, каков што е случајот со рустичната прилично масивна скутина

‘’’чултар’’’ од Прилепско – битолско Поле. Во зависност од локалната традиција на

определена општествена средина, кај некои од овие толку карактеристични

ракотворби покрај доминантна вткаена орнаментална декојација, своја улога, во

прилог на декоративноста, имаат и други дополнителни украсни елементи:

Гајтански апликации

Метални украси

Монистра

Пулејки

Рески и сл

На пример, во некои планиско – сточарски предели, во кои овчарството било главна

стопанска гранка волната како материјал се покажала како многу податлив

материјал за изработка на специјалните вешто усукани волнени рески, не само

присутни во декорацијата на облековни делови, туку и во декорацијата на женските

скутини. Преку примената на овие рустични украсни елементи како

најкарактеристична се издвојува невестинската скутина ‘’’кивчена бовча’’’ составен

дел од женската мијачка носија. Покрај вткаената орнаментална декорација,

волнените украсни рески и другите понапред спомнати допонителни украсни

елементи, кај одделни примероци на скутини, како на пример во Горна Река и

Мавровско поле, декоративноста е засилена и со везена декорација. Овој начин на

украсување е најоргинално применет кај невестинската скутина ‘’’срмена утајка’’’

во Скопска Црна Гора, целата извезена со сребрена и златна срма со релјефно

изведени кружни мотиви ‘’’колца’’’. Истиот, покажува посебен ликовен третман и

вредност кој на свој начин укажува на неограничените можности во сферата на

народното ликовно изразување. Во контекст на ткајачката вештина, од технолошко

– естетски аспект, задолжително треба да се спомене и специфичниот начин на

ткаење на таканаречените ткаени оранаментални делови – ‘’’берени’’’ или

‘’’пребир’’’ со кои се украсувани одделни текстилни изработки, но и делови од

носиите, на пример некои женски кошули и ‘’’саи’’’ од Југоисточна Македонија:

Радовишко – струмичко Поле, Разлошко, Петричко, Светиврачко ( Санданско),

8

Page 10: Начин на облекување

Мелничко, Драмско, Серско, Неврокопско (Гоцеделчевско), Његушко и Воденско.

Вешто вткаени уште при процесот на ткаење на самото платно, тие оставаат

впечаток на везена декорација со посебна ликовно – естетска фактура и вредност.

Не случајно ваквиот начин на ткаење е познат и како ‘’’шар на разбој’’’ или ’’’ вез на

рзбој’’’. Најрепрезантивен, компониран во поголеми орнаментирани површини,

најзастапен е во декорацијата на долниот дел од женските кошули од Воденско.

Истиот вид на ткаење е присутен кај невестинските покривала за на глава –

‘’’убрусите’’’ во Прилепско – битолско Поле, во Мариово и кај невестинските

марами во Охридско и Стушко Поле.

5.Плетала

Во обликувњето на макенодските народни носии, македоската селска жена,

своето естетско чуство го вградила и во плетачката вештина. Во рамките на оваа

ракотворна дејност основно е плетењето на чорапите нерезделно сврзани во

составот на секоја носија. Како облековен дел, специфични по форма, со јасно

нагласена функција, плетени на пет, три или на една игла, главно со волнена,

поретко со памучна преѓа, во некои случаи и во комбинација со срма, се покажале

многу инспиративни и на ликовно – естетски план. Во составот на машките носии

вобичаени се чорапите долги до подколената, скоро секогаш богато орнаментирани

од стопалото до горноит дел - ‘’’грлото’’’. Истата форма ја следат и женските

чорапи, но кај нив, поради должината на кошулата (која прилично ги покрива),

орнаменталната декорација е најбогата од стопалото до над глиждовите – делот кој

е најизложен на погледите. Паралелно со овие за составот на женската носија во

одделни пределски целини ( Преспа, Битолско Поле, Дебарца, Железник и др)

карактеристични се и чорапите без стопала – ‘’’калци’’’, ‘’’чулци’’’ (Преспа, Горна

река, Мавровско Поле) и ‘’’шутарке’’’ ( Села под планината Сува Гора),

Оранаментирани во оранаментални појаси преку целата должина, во духот на

локалната традиција. Во однос на колоритот, основни бои се црвената, црната и

белата, со помало или поголемо присуство на жолтата, сината, зелената, како и

златната и сребрената срма, во некои случаи смрата како материјал е прилично

доминантна ( Горна Река, Горни Полог). Според складноста на колоритот и

карактерот на орнаменталната декорација, во највисоко естетско рамниште се

9

Page 11: Начин на облекување

постариор вид чорапи познати како ‘’’алови’’’или ‘’’алски чорапи’’’, со

картеристичните геометриски мотиви ‘’’колца’’’, ‘’’кола’’’ или ‘’’тркала’’’, на

црвена основа. Кај чорапите од поново време, покрај чисто геометриските мотиви

се сретнуваат и чорапи оранаментирани со геометризирани вегетабилни, односно

флорални мотиви. Во делот од Македонија, покрај чорапите плетачката вештина

дошла до израз и преку плетењето на народните тантели, по карактер слични на

турско – ориенталните декоративни изработки – ‘’’оји’’’, вид плетени бордури за

украсување на рабовите на женските кошули, марамите – ‘’’кавраци’’’ и крпите

‘’’бришалки’’’ – со практична, но и со евидентна естетска функција.

Најкартеристични меѓу нив се рачно плетените полохромни тантели ‘’’сорки’’’ и

‘’’цуцки’’’ ( Овче Поле, Штипско Поле, Кочанско Поле и други). Иако

представуваат еден вид варијанта на сите, нивното огромно изобилство од

разновидни форми, во овој регион, укажува на тоа дека со текот на времето

придобиле свое специфично локално индувидуално обелажје. Поаѓајки од

карактерот, колоритот и техниките на изведба ‘’’прав зурав’’’, ‘’’навракан зурав’’’,

‘’’мотканки’’’, ‘’’власнички’’’ и др тие слободно можат да се сметаат како дел од

инвентарот на македонското текстилно народно твотрештво. Нивниот декоративен

ефект е најсилно изразен врз ракавите од женските кошули, аплицирани во неколку

хоризонатални компонирани кифчести појаси со впецатлива убавина.

6.Китење и накит

Меѓу наједноставните форми на китење, тесно сврзно со телесниот изглед, а

во тој контекст и на носиите претставува украсувањето со природни средства од

најблиската околина ,како на пример: со босилок, со џунџуле или со друг вид на

цеќе, што се носеле заденати зад увото, во косата, на појасот, во рака и слично.

Венец од бршлен или китки од цвеќе, носеле невеститена главата, китка цвеќе

( зетовска китка) носел и младоженецот, како и сите учесници на свадбениот

церемонијал. Невестинска капа – ‘’’венец’’’ ( Скопска Црна Гора ), украсена со

најразлични украси на горниот дел се китела со полски и друг вид на цеќиња.

Сличен начин на украсување на главата со цвеќе се практикувал и во многу други

средини. Ваквото китење некои го сметаат за остаток од античкиот венец со

цвеќиња кој преку Византија бил прифатен во скоро сите европски земји, најпрво

10

Page 12: Начин на облекување

како украс од цвеќе, а потоа во таква форма почнал да се изработува од благородни

метали. Во китењето со природни средства голема примена имале обоените

пердуви од рaзни птици. Украси од обоени пердувиноселе девојките и невестите.

Мариовските невести носеле ‘’’перјаници’’’ една година по венчавањето. Особено

биле омилени пауновите перја, со кои е поврзано и верувањето за заштита од лоши

очи и уроци. Генетски гледано, китењето на косата и главата спаѓаат во најстарите

форми на украсување. Потврда за тоа можат да бидат разните архаични украсни

елементи од долги волнени рески кои се носеле прикачени за косата и плетенките

во вид на ‘’’коцели’’’ и веќе спомнатите невестински превези со мошне старо

потекло ( сокаите и убрусите) , скоро секогаш украсени со везена декорација и

дополнителни украсни елементи ( школки, монистра и метални украси). Добар дел

од нив, украсени со стари метални пари, може да се смета за појава сврзана со

раното продирање на стоковно – паричната размена во македонското село. Ваквото

украсување има длабок народен карактер од причина што многу украси од овој вид

не се поврзани со занаетчиското производство. Метални монети користени како

украс и накит, прикачени за плетенките од косата, или аплицирани на парче

ткаенина, редени како рибини лушпи, во вид на масивни украси за градите:

1. Гердан ( Кумановско, Прилепско – битолско Поле)

2. Леденик ( Скопска Блатија)

3. Панѕур ( Горни Полог)

4. Ржонде (Горна Река)

Се вбројуваат меѓу највпечатливите форми на украсување кај македонските женски

народни носии. Непомалку атрактивни се и примероците на метални пари

аплицирани на сличен начин како пресходните, како ‘’’пренизите’’’ и

‘’’узуобрските’’’ ( Села под планината Сува Гора), невестинските ‘’’подбрадници’’’ (

Скопска Блатија, Горно Брдо, Солунско Поле и многу други). Со слична намена се

користени и златни монети ‘’’алтани’’’ - појава што најдиректно е поврзана со

желбата за истакнување на економската моќ и општествената положба на

носителите. Развојот на накитот, дело на специјализирани мајстори златари и

кујунџии, може да се следи од периодот на сртедновековието и многу порано.

Препознатлив каков таков тој егзистира најдоцна до крајот на осумнаесетиот век,

кога всушност доаѓа до забележителен прекин на уметничките занаети, онакви

какви што до тој период опстојувале. Како резлутат на ваквата состојдба само

11

Page 13: Начин на облекување

одделни постари примероци се задржале до крајот на девтнаесетиот век. Во текот

на истиот век, како карасктеристичен накит – составен дел од градтските женски

носии е ‘’’тепелакот’’’ , коцлест сребрен украс што се носел врз невестинска капа ,

украсен со дополнителни елементи од сребрени пари прикачен за сребрени

синџирчиња. Преку градските центри тој се појавува и во селските средини со

поизразена економска моќ. Најкарактеристичен женски накит од составот на

македонските натродни носии се ‘’’пафтите’’’ . По форма претежно округли,

кубести или листовидни. Како најрепрезентативни, со впечатлива убавина се

издвојуваат пафтите застапени во носиите од делово од Западна Македонија: Река –

Мијаци, Битолско – прилепско Поле, Голо Брдо, Мариово како и во делови од

Југоисточна Македонија: Светиврачко, Петричко, Драмско Поле и Серско Поле.

Покрај споменатите пафти, во составот на мијачката носија, свое посебно место

има крактеристичната сребрена ‘’’игла’’’, за на глава и специфичниот накит

‘’’низалка’’’, во форма на широка мрежа од сребрени жици, украсен со богат поткит

од ситни лиени филигрански плочки и големи сребрени пари. За разлика од

женскиот, машкиот накит е поскромен. Најкарактеристичен машки накит е

сребрениот ‘’’ќостек’’’ за саат, што се носел прикачен на градите. Овој вид накит,

привилегија за граѓанскиот слој во селските средини го носеле глано поимотните

селани. Накиотот од занаетчиско производтво се изведувал од разновиден

материјал: злато, сребро, месинг и метални легури. Најзастапени техники се:

Лиење

Чукање

Гравир

Фулигран

Гранулација.

Произведуван главно од македонските занаетчии во напознатите којунџиски

центри: Струга, Охрид, Битола, Дебар, Крушево, Скопје, Прилеп, Кукуш, Воден,

Солун и друго, во голема мера се одликува со голема разновидност и изобилство од

украси, со богат поткит од апликации од скапоцени камчиња, емајл , обоено стакло

и седеф во разни комбинации. Покрај доминантната застапеност на менталниот

накит, во украсувањето на облеката и комплетниот телесен изглед свое место има и

12

Page 14: Начин на облекување

монистрениот. Истиот, со голема инвентивност и вештина го обликувале жените од

ситни или покрупни монистра, понекогаш во комбинација на пулејки исплетени

или извезени во вид на разновидни колани, ѓердани, нараквици, подбрадници,

кустеци и др. Како највпечатливи се издвојуваат ‘’’ќостеците’’’ кои подеднаво ги

носеле мажите и жените

.

7.Облекување во слоеви

Облекувањето во слоеви е во мода, не само заради интересниот изглед, туку

и заради практичноста – овозможува брзо и лесно прилагодување на разликите во

температурите надвор и во загреаните простории. Доколку сакате да избегнете

изглед на торба, а истовремено да не смрзнувате, прочитајте ги следните неколку

совети за облекување во слоеви, конкретно во зимскиот период кој следува.

За жени:

1. Шал за дополнителен слој топлина

Бојата на шалот треба да е свежа и да не создава ефект на ширење.

Дополнете со долг светкав фустан, плетено дезенирано капче и долга надуена јакна.

2. Комбинација од тексас јакна и зимска јакна од шушкавец

Долниот слој нека биде од тексас или некој друг сличен материјал, а

изгледот ќе го докомплетирате со памучна блуза во пруги и долги плетени ракавици

со украсни токи.

3. Елече со крзно под класичен мантил

На овој начин може да создадете ефект на крзнена јака. Ваквиот изглед ќе

биде комплетен со класична кошула и еднобојно капче од кашмир

4. Не занемарувајте го она што можете да го направите со вашиот

изглед од половината надолу

Зимските грејачи за нозе, дебелите чорапи и обувките исполнети со крзно

кои можат да се носат превртени, ќе ви овозможат да носите мини здолништа и во 13

Page 15: Начин на облекување

овој период од годината, додека истовремено ќе прават да се чувствувате удобно и

топличко. Нозете ќе ги загреете со хеланки, а за нагоре можете да искомбинирате

чипкано фустанче со широк краток џемпер.

5. Долг џемпер под куса есенска јакна

Некои луѓе се премногу приврзани за своите есенски парчиња, па не сакаат

да се откажат од нив во студените зимски денови. За да не смрзнете, облечете

долг плетен џемпер под кратката есенска јакна која ќе ја закопчате сосема до

горе. Направете баланс со шал во различна боја, препорачливо во пругаста

варијанта, кој може да го искомбинирате со фармерки или пантолони во некоја

од тие бои. Класична цилиндрична шапка и ракавици од комбинација од волна и

кожа одлично ќе се вклопат во ваквиот изглед.

За мажи:

1. Најпрво облечете ја најлесната облека

Тоа се маици и кошули кои треба да претставуваат основа за она што ќе го

облечете одозгора. На овој начин, секогаш ќе бидете во можност да се расоблечете

во топли простории и притоа да изгледате пристојно и дотерано. Освен ако не

живеете на Антарктикот, треба да бидете во можност да ја соблечете широката

спортска јакна или дебелиот волнен џемпер. Секако, не треба да смрзнувате, но

прекумерната облека може да доведе до потење, а тоа не е добро ни за вас, ни за тие

околу вас.

2. Ставете нешто одозгора

Вториот слој може да биде што било. Дајте му шанса на џемперот со V

отвор за кој бевте скептични и комбинирајте го со бела кошула одоздола. Додадете

спортско палто врз џемперот за да постигнете класичен изглед.

Џемперче со копчиња врз бела маица е посоодветна опција за поопуштен изглед,

додека за вечерно излегување, изберете кошула со некаков шаблонизиран дезен.

3. Додатоци

Кога веќе се опуштивте со овој начин на облекување во слоеви,

14

Page 16: Начин на облекување

размислувајте за додатоци. Ставете вратоврска на кошулата која ја комбиниравте со

џемперот на закопчување или замотајте шал околу вратот доколку ја избравте

комбинацијата од маица и џемпер со V отвор. Ремените, капите и чевлите можат

исто така да бидат важни додатоци на вашиот изглед.

4. Треба да ви биде удобно

Ова чувство лесно ќе го постигнете ако се облекувате во слоеви. Но,

запомнете, лесните материјали се за летните денови, за зимскиот период носете

кашмир, волна и тешки плетени облеки.

5. Додадете боја

Не плашете се да додадете некоја впечатлива боја на вашиот комплетен

изглед. Не посегнувајте веднаш по црното. Додадете убава сина боја на

комбинацијата со бела кошула, изберете дезенирана кошула под сивиот џемпер на

закопчување или ставете вратоврска во жива боја на облеките со затворени бои.

Имате голема палета на располагање. Ваше е да го направите вистинскиот избор со

вистинската комбинација. Секако, не треба ни да се претера.

Девојките секогаш имаат проблем – што да облечат! Со часови поминати

пред плакарот и пред огледалото, расфрлена облека на сите страни, а зошто?

Поедноставете си го животот со овие мали совети за облекување.

1. Можете да се облечете и за помалку пари. Девојките кои имаат помал буџет

не мора да се облекуваат помалку модерно. И дизајнерска облека може да се

најде на распродажба по пониски цени, но и обична, квалитетна и супер

модерна. Барем денес има избор и кај нас.

2. Иста облека може да се носи во различни прилики.Кога купувате некое

парче размислете за комбинациите во кои може да го носите, т.е. модните

додатоци кои одат со него.Ако немате барем 3 разни комбинации, размислете

уште еднаш дали вреди да го купите и дали се вклопува во вашиот стил.

3. Облекувајте се според приликата, но и според тоа како се чувствувате. Ако

15

Page 17: Начин на облекување

се чувствувате заводливо – така и облечете се.

4. Облекувајте се како ниту една друга жена порано. Обидете се да направите

сопствен стил со уникатни комбинации. Денес се е дозволено!

5. Не морате секогаш да бидете скоцкани. Секако дека секогаш треба да сте

уредни, но слободно облеете и лежерна спортска облека.

6. Фустаните не се само за вечерно излегување. Многу мажи се воодушевени

од девојките кои носат дневни фустанчиња. Тие се удобни и практични.

7. Прилагодете ја облеката на своето тело. Истакнете го она што е најдобро на

вас, а прекријте ги недостатоците. Ако немате инспирација, пролистајте ги

списанијата.

16

Page 18: Начин на облекување

8.Заклучок

Начинот на облекување денес многу се разликува од минатото. Денеска

постои голема слобода во изборот на облеката. Секој човек може да го одбере

тоа што сака и тоа што најмногу му се допаѓа без разлика на цената, додека пак

во минатото луѓето немале голем избор на облека и го носеле тоа што самите ќе

го создаделе.

Според тоа карактеристични за минатото биле народните носии кои имаат

големо значење во историјата на македонскиот народ бидејќи се дел од

културата и традицијата.

Но сепак со текот на времето начинот на облекување почнал да се менува.

Целта на нашата група беше да го прикажеме начинот на облекување во

минатото и денес и според нас денеѓниот начин на облекување во иднина не би

требал да се промени.

Но исто така треба да ја продолжиме традицијата на зачувување на

народните носии бидејќи се дел од нашето монато и битен белег на идентитет

на нашата нација.

17

Page 19: Начин на облекување

Користена литература

-http://www.ringeraja.mk/statija/makedonski-narodni-nosii_910.html

http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9A

%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%B3%D0%BE

%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0:%D0%98%D1%81%D1%82%D

0%BE%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_

%D0%BC%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%B0

http://www.forum.idividi.com.mk/printer_friendly_posts.asp?TID=8825

http://glamstik.mk/diaries/7-soveti-za-oblekuvane/

Неделник за паметни и модерни -“ТЕА МОДЕРНА” бр.406, год IX,

среда 2 јули 2008

Неделник за паметни и модерни -“ТЕА МОДЕРНА” бр.515, год XI,

среда 4 август 2010

Неделник за паметни и модерни -“ТЕА МОДЕРНА” бр. 539, год XI,

среда 4 јануари 2011

18

Page 20: Начин на облекување

Додатни прилози

19

Page 21: Начин на облекување

20