29
Универзитет ,,Св. Климент Охридски“ - Битола Технички факултет - Битола - ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКИ ОТСЕК- Семинарска работа ‘’ Споредба на цени на електрична енергија во Р. Македонија и Р. Србија ‘’ Предметен професор: Изработил: 1

Семинарска Работа Погон и Управување На Ел. Централи

Embed Size (px)

DESCRIPTION

vxcv

Citation preview

Page 1: Семинарска Работа Погон и Управување На Ел. Централи

Универзитет ,,Св. Климент Охридски“ - Битола

Технички факултет - Битола

- ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКИ ОТСЕК-

Семинарска работа

‘’ Споредба на цени на електрична енергија во Р. Македонија и Р. Србија ‘’

Предметен професор: Изработил:проф. Д-р. Миле Спировски Мартин Димeски

бр.индекс 4756

1

Page 2: Семинарска Работа Погон и Управување На Ел. Централи

Содржина :

Вовед ........................................................................................................................31.ЕЕС на Р. Македонија..........................................................................................41.1 Производство на електрична енергија.............................................................51.2 Тип на производствени капацитети на ЕЕС на Р.М.......................................71.2.1 Заклучоци од производството......................................................................101.3 Извештај за потрошувачката на ел. енергија за 2013....................................112. Цени на електрична енергија во Р .Македонија ............................................12 3. ЕЕС на Р. Србија.................................................................................................143.1

2

Page 3: Семинарска Работа Погон и Управување На Ел. Централи

Вовед

Како и самиот наслов на овој семинарски труд , основната цел на овој текст ке биде да се представи реалната состојба на производството , капацитетите и продажбата на електрична енергија во македонскиот електроенергетски систем . Освен тоа крајната цел е да се направи анализа и споредба на состојбата на електроенергетскиoт систем на Србија во однос на македонскиот ЕЕС . Со тоа ке се добие една добро обработена информација за цените на електрична енергија на овие две балкански држави чии системи се меѓусебно поврзани со 400 kV врски . Анализата ке биде полезна и интересна зашто станува збор за два различни ЕЕ системи со различен број и вид на капацитети , инсталирани моќности , потрошувачи , оптоварувања , држави со различен број на население и нееднаков економски развој .Концептот кој го избрав за изработка на семинарскиот труд се состои од поделба на целиот текст на два дела секој соодветно на ЕЕС на Македонија и на Србија каде во поедини подглавја ке биде објаснето со колку и какви капацитети располага секој од ЕЕ системите , колку годишно остваруваат производство и потрошувачка , дали и колку увезуваат ел.енергија , со какви ресурси располагаат и на крај ке ја направам споредбата на цените на електричната енргија за крајните потрошувачи т.е домаќинствата , зашто и самата цена на ел.енергија пред се зависи од горенаваедните потенцијали и можности со кои располага секој еден ЕЕС на поедините наведени држави .

3

Page 4: Семинарска Работа Погон и Управување На Ел. Централи

1. ЕЕС на Р. Македонија

Структурата на електроенергетскиот систем на Македонија ја сочинуваат:- Хидроелектрани, со вкупна инсталирана моќност од 580 MW;- Термоелектрани на лигнит, со вкупна инсталирана моќност од 800 MW и на мазут со моќност од 210 MW;- Преносен систем на електрична енергија, далноводи со напонско ниво од 400 kV (594 km), 220 kV (103 km), и 110 kV (1480 km). Македонија е поврзана со преносните системи на Грција, Бугарија и на Косово со 400 kV далноводи; - Дистрибутивен систем на електрична енергија. Дистрибутивната мрежа на Р. Македонија се состои од 150 km на напонско ниво од 110 kV, 1000 km на 35 kV, 720 km на 20 kV, 8900 km на 10 kV и 11600 km на 0,4 kV.

4

Page 5: Семинарска Работа Погон и Управување На Ел. Централи

1.1 Производство на електрична енергија

Основниот производител на електрична енергија во македонскиот ЕЕСсе термоелектраните и хидроелектраните кои се дел од државната компанија АД ЕЛЕМ . Постојат и некои помали производители на ел.енергија од ОИЕ кои се во приватна сопственост но нивните инсталирани моќности се значително помали во споредба со државните електрани . Така да акцентот како најважен и единствен производител на ел.енергија во ЕЕС на Македонија ке биде ставен на АД ЕЛЕМ .

Табела на резултати за производство за 2010 година

5

Page 6: Семинарска Работа Погон и Управување На Ел. Централи

Во извештајот се наведени основните показатели на производство, реализирана набавка и пласирани вишоци на електрична енергија од АД ЕЛЕМ во 2010 година.

Споредено со електроенергетскиот биланс за 2010 година, АД ЕЛЕМ има остварено производство од 6.462,3 GWh, што е за 444 GWh или 7,4% повеќе од планираното производство и тоа термоелектраните имаат остварено 12,2% помало производство од планираното, додека хидроелектраните имаат произведено 90,5% повеќе од планираното, што се должи на оптималната координација меѓу хидро и термо капацитетите и поволната хидролошка состојба .

Слика 1 .

На сликата е прикажано комплетното остварено производство од сите капацитети на ЕЕС за тековната 2010 година .

6

Page 7: Семинарска Работа Погон и Управување На Ел. Централи

1.2 Тип на производствените капацитети на ЕЕС на Р. Македонија .

Термоелектрани

Термоелектраните се приоритетни во електроенергетскиот систем на Македонија. Тие покриваат 82% од производството на електрична енергија во АД ЕЛЕМ. Најголем термо-капацитет е РЕК Битола со своите три блока Битола 1, 2 и 3, од по 225 MW и нето просечно годишно производство од 4.400 GWh. Јагленот со просечна калоричност од 8.000 kJ/kg е основно гориво во РЕК Битола. Во составот на термо системот во Република Македонија припаѓа и РЕК Осломеј со инсталирана моќност на блокот од 125 MW и нето просечно годишно производство од 500 GWh. Јагленот со просечна калоричност од 7.600 kJ/kg е основно гориво и во РЕК Осломеј.

7

Page 8: Семинарска Работа Погон и Управување На Ел. Централи

Сл2. Производство на термоелектраните во текот на една година

Хидроелектрани

Вкупната инсталирана моќност на хидрокапацитетите изнесува 502 MW, односно 40% од вкупните капацитети на АД ЕЛЕМ. Во АД ЕЛЕМ постојат седум хидроелектрани, од кои две проточни, Равен и Врбен и пет акумулациони , Вруток, Шпилје, Глобочица, Тиквеш и Козјак.Од вкупното производство на електрична енергија во АД ЕЛЕМ хидропроизводството обезбедува околу 18%, и тоа пред се за задоволување на дневните варијации на потрошувачката на електрична енергија и за обезбедување на системските услуги за регулација со што се постигнува поголема флексибилност и распoложивост на електроенергетскиот систем.

8

Page 9: Семинарска Работа Погон и Управување На Ел. Централи

Табела 3 – производство на хидроелектраните за 2010 год .

9

Page 10: Семинарска Работа Погон и Управување На Ел. Централи

1.2.1 Заклучоци од производството

Производството на електрична енергија на АД ЕЛЕМ во 2010 година изнесува 6.462 GWh, што во однос на планираните 6.018 GWh со електроенергетскиот биланс, претставува зголемување за 7,4 %.

Во производството во 2010 година се бележат два значајни рекорди. Првиот, е најголемото производство од постоењето, кое е за 62 GWh поголемо од досегашниот рекорд од 1998 година, кога беа произведени 6.400 GWh. Вториот, е рекордното производство на хидроелектраните, кое изнесува 2.184 GWh и е значително повеќе од досегашниот рекорд постигнат во 2006 година, кога беа произведени 1.510 GWh.

Хидро производствто на електрична енергија за 2010 година изнесува 2.184,8 GWh и во однос на минатата 2009 година е зголемено за 1.087 GWh (99%). Во однос на електроенергетскиот биланс за 2010 година, хидро производството е поголемо за 1.037 GWh (90,5%). Рекорди во производството на електрична енергија бележат сите хидро електрани, што се должи на поволната хидролошка година, планирањето на производството и погонската спремност.

Како резултат на зголеменото хидро производство, направени се заштеди од 961.000 тони јаглен во термоелектраните, што е доволно за шест месечно производство на еден блок од РЕК Битола или за годишно производство на РЕК Осломеј.

10

Page 11: Семинарска Работа Погон и Управување На Ел. Централи

1.3 Извештај за потрошувачка на ел.енергија за 2013

На табелата е даден извештај за потрошувачката на ел.енергија за 2013г. како сума од домашното производство и увозот . Податоците се преземени од Државниот завод за статистика како официјален извештај за 2013 г. Единица мерка во која се зададени вредностите за ел.енергија е GWh .

11

во GWh

Снабдување и потрошувачка ВкупноTotal

  Увоз 2741.497  Извоз 72.175Вкупно потребна енергија 2669.322Производство на трансформирана енергија 5218.051  Термоцентрали 4918.624

 Индустриски топлани (енергани) и Комбинирани електрани 299.428

Размена 1043.603Потрошувачка во енергетскиот сектор 629.596  Производство на електрична енергија 464.186  Производство на топлина 13.886  Експлоатација на цврсти горива 113.656  Рафинерии 31.273

Останата потрошувачка 6.594Загуби  1296.241Расположливо за финална потрошувачка 7005.140

  Статистичка разлика -Вкупно бруто-производство 6261.655Хидро 1040.767Термо 5218.051Соларна 2.836

Page 12: Семинарска Работа Погон и Управување На Ел. Централи

2.Цени на електрична енергија во Р.Македонија

Назив Цена Единица мера Важи од

Домаќинства ЕДНОТАРИФНО мерење-активна електрична енергија

3.25 ден/kWh 01.08.2013

Домаќинства ДВОТАРИФНО мерење (висока тарифа)-активна електрична енергија

4.05 ден/kWh 01.08.2013

Домаќинства ДВОТАРИФНО мерење (ниска тарифа)-активна електрична енергија

2.03 ден/kWh 01.08.2013

Потрошувачи од I тарифен степен (моќност) 727.18 ден/kW 01.08.2013

Потрошувачи од I тарифен степен (висока тарифа)-активна електрична енергија

3.48 ден/kWh 01.08.2013

Потрошувачи од I тарифен степен (ниска тарифа)-активна електрична енергија

1.71 ден/kWh 01.08.2013

Потрошувачи од I тарифен степен (висока тарифа)-прекумерна превземена реактивна електрична енергија cosφ=0.95

0.86 ден/kvarh 01.08.2013

Потрошувачи од I тарифен степен (ниска тарифа)-прекумерна превземена реактивна електрична енергија cosφ=0.95

0.44 ден/kVArh 01.08.2013

Потрошувачи од II тарифен степен (висока тарифа)-активна електрична енергија

6.31 ден/kWh 01.08.2013

Потрошувачи од II тарифен степен (висока тарифа)-прекумерна превземена реактивна електрична енергија cosφ=0.95

1.6 ден/kvarh 01.08.2013

Јавно осветлување (една тарифа) 5.42 ден/kWh 01.08.2013

ЕВН Македонија АД - СкопјеПросечна цена за снабдување на тарифни потрошувачи

4.731 ден/kWh 01.08.2012

АД ЕЛЕМ - Скопје Цена за производство 2.370 ден/kWh 01.08.2012

АД МЕПСО - Скопје Тарифа за пренос 0.2722 ден/kWh 01.01.2012

АД МЕПСО - Скопје Тарифа за организирање и

0.0187 ден/kWh 01.01.2012

12

Page 13: Семинарска Работа Погон и Управување На Ел. Централи

управување со пазарот на електрична енергија

ЕВН Македонија АД - Скопје Тарифа за дистрибуција 1.7098 ден/kWh 01.01.2012

АД ЕЛЕМ ЕНЕРГЕТИКА Тарифа за дистрибуција 0.1176 ден/kWh 01.03.2012

АД ЕЛЕМ ЕНЕРГЕТИКА Просечна цена за снабдување на тарифни потрошувачи

2.9437 ден/kWh 01.03.2012

Потрошувачи приклучени на дистрибутивен систем 35kV

4.12 ден/kWh 01.01.2012

Потрошувачи приклучени на дистрибутивен систем 35kV директно приклучени

4.86 ден/kWh 01.01.2012

Потрошувачи приклучени на дистрибутивен систем 10(20)kV

4.72 ден/kWh 01.01.2012

Податоците за цените се преземени од официјален извештај на регулаторната комисија за енергетика на Р.Македонија .

3. ЕЕС на Р. Србија 13

Page 14: Семинарска Работа Погон и Управување На Ел. Централи

КАПАЦИТЕТИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛ.ЕНЕРГИЈА

7.104 MW

ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

36.050 GWh

ПРОИЗВОДСТВО НА ЈАГЛЕН

40.290.397 t ПОТРОШУВАЧКА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

                                                                     БРУТО КОНЗУМ                           34.450   GWh

                                                                               ФИНАЛНА 28.607 GWhБРОЈ НА КУПУВАЧИ

ВКУПНО 3.525.418 НА ВИСОК И СРЕДЕН НАПОН 4.133

НА НИЗОК НАПОН 3.521.285

14

Page 15: Семинарска Работа Погон и Управување На Ел. Централи

РАСПОЛОЖИВА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈАМЕСЕЧНО ПРОИЗВОДСТВО И НАБАВКА

ЕЕС на Р.Србија

Структура на производството и бруто конзум по години

15

Page 16: Семинарска Работа Погон и Управување На Ел. Централи

ПРОИЗВОДСТВО НА ЈАГЛЕН И ОТКРИВКА ПО ГОДИНИ

16

Page 17: Семинарска Работа Погон и Управување На Ел. Централи

СТРУКТУРА НА ПРОДАЖБА НА ЕЛ.ЕНЕРГИЈА ПО НАПОНСКИ НИВОАВО ЕЕС НА СРБИЈА

17

Page 18: Семинарска Работа Погон и Управување На Ел. Централи

Графички приказ на потрошувачката на ел.енергија во ЕЕС на Р. Србија

Остварен ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИ БИЛАНС за 201318

Page 19: Семинарска Работа Погон и Управување На Ел. Централи

во ЕЕС на Србија

19

Page 20: Семинарска Работа Погон и Управување На Ел. Централи

Цени на ел.енергија во Србија за 2013

20

Page 21: Семинарска Работа Погон и Управување На Ел. Централи

Споредба на цените на ел.енергија во Македонија и Србија

Цените се добиени од официјални извештаи на овластените служби за објавување на истите на двете држави . Цените на ел.енергија во Србија се последни и се објавени во службен весник број 38/1 13 на 08.07.2013 год.

21

Page 22: Семинарска Работа Погон и Управување На Ел. Централи

Заклучок

Од споредбата на цените и претходно изложеното за состојбата на двата ЕЕС , се забележува дека електроенергетскиот систем на Србија е во подобра енергетска кондиција од македонскиот ЕЕС . ЕЕС на Србија освен тоа што е скоро три пати поголем по бројот на потрошувачи исто така остварува три пати поголемо производство на ел.енергија годишно. Увозот на ел.енергија во ЕЕС на Р.Србија е незначителен и изнесува само 5.2 % од потрошувачката на ел.енергија . Додека тоа не е случај со ЕЕС на Македонија . Нашата држава припаѓа во групата на силно зависни држави од увоз на ел.енергија . Освен тоа ЕЕС на Србија располага со далеку поголеми капацитети , термоелектрани и хидроелектрани и големи количества на капацитети за добив на јаглен . Утврдените резерви на јаглен во Србија изнесуваат 20 милијарди тони што ја пласира Србија на 10то место во светот по резерви на јаглен . Додека пак во нашиот случај состојбата моменталните рудници за јаглен не е поволна зашто се ископуваат последните резерви на јаглен на веќе постоечките рудници и јагленот е со особено лош квалитет . Во однос на инсталираната моќност исто така ЕЕС на Србија ги задоволува потребите и особено сите врвни моќности кои се јавуваат . Освен тоа веке во тек е изградба на нова ТЕ ‘’ Колубара Б ‘’ каде што изградбата е започната во 2013 год и е предвидена инстиларина моќност од два блока (2 x 350 МW) . Градбата е планирана да се заврши најдоцна до 2018г . Значи во тој момент ЕЕС на Србија ке располага со додатни 700 МW и ке прерасне во посериозен извезувач на ел .енергија на Балканот . Растот на потрошувачката на ел.енергија во Македонија од година во година условува се поголем увоз на ел.енергија со тоа и цените на ел.енергија ке се зголемуваат . По табелата на споредба на цените на ел.енергија во секој еден сегмент на продажбата нашата индустрија и домаќинствата трошат поскапа струја за разлика од тие во Србија .

22

Page 23: Семинарска Работа Погон и Управување На Ел. Централи

Пример, едно македонско домаќинство за иста потрошена количина на ел.енергија ке плати повисока сметка за струја за 15.2 % одколку едно домаќинство во Србија кое ја потрошило истата количина на енергија.

23