24
AMAK PRES OHRIDSKI NOVINI EDINSTVEN INFORMATIVEN VESNIK VO OHRIDSKO-STRU[KIOT REGION BESPLATEN PRIMEROK Godina V - Broj 94 10 Август 2008 www.amakpres.com.mk marketing 070 / 462-362 НЕЗАБОРАВНА БЕЛА ГЛЕТКА ВО ВОДИТЕ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО МЕЃУНАРОДНА ЕДРИЛИЧАРСКА ИЛИНДЕНСКА РЕГАТА ОПШТИНСКАТА ЗГРАДА Е ВАВИЛОНСКА ИЛИ СЕРИОЗНА ЈАВНА УСТАНОВА?! БОРИС ЏЕПАР, МАКЕДОН - ИЗРАБОТУВАЧ НА УМЕТНИЧКИ ПРЕДМЕТИ ОД ДРВО, КАМЕН И МЕРМЕР ВИСТИНСКИТЕ ВРЕДНОСТИ НЕ СЕ КУПУВААТ СО ПАРИ definitivno najevtino www.don.com.mk

АМАК ПРЕС 94

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Амак Прес Охридски Новини е единствениот печатен медиум во охридско-струшкиот регион, а весникот се печати во тираж од 4000 примероци. Основач и издавач на Амак Прес Охридски Новини е генералниот дирекотр на Амак СП,Венко Шапкар.

Citation preview

Page 1: АМАК ПРЕС 94

AMAK PRESOHRIDSKI NOVINI

EDINSTVEN INFORMATIVEN VESNIK VO OHRIDSKO-STRU[KIOT REGION BESPLATEN PRIMEROK

Godina V - Broj 94 10 Август 2008

www.amakpres.com.mkmarketing 070 / 462-362

M A K E D O N I J A - MOJATA DR@AVA

Testovi na znaewe za: osnovni {koli, sredni {koli, matura, fakulteti, vozrasni,... Testovi: pedago{ki. psiholo{ki, za inteligencija, e-testing,...

Nastava: podgotvitelna, tutorska, priemni ispiti, matura, za vozrasni, e-u~ewe,...

www.pisi.com.mk e-mail: [email protected] ++ 46 230-560; 46 230-561; 46 230-562 ++ 32 380-418

M A T U R A

MAKEDONSKI JAZIK MATEMATIKA ANGLISKI JAZIK INFORMATIKA FIZIKA HEMIJA BIOLOGIJA PROEKTNA ZADA^A ISTORIJA GEOGRAFIJA MUZI^KA UMETNOST LIKOVNA UMETNOST

U^ILI{NA NASTAVNA PROGRAMA

1. M A T E M A T I K A

2. A N G L I S K I J A Z I K

3. I N F O R M A T I K A

4. M A K E D O N S K I J A Z I K

5. P R O G R A M I R A W E

6. F I Z I KA

7. H E M I J A

8. B I O L O G I J A

Obrazoven centar, Ohrid, {tip Do 31.05 REZERVACII NA MESTA: OD 4-TO ODD. OSNOVNO DO 1-VA GOD. SREDNO

НЕЗАБОРАВНА БЕЛА ГЛЕТКАВО ВОДИТЕ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

МЕЃУНАРОДНА ЕДРИЛИЧАРСКА ИЛИНДЕНСКА РЕГАТА

ОПШТИНСКАТА ЗГРАДАЕ ВАВИЛОНСКА ИЛИСЕРИОЗНА ЈАВНА УСТАНОВА?!

БОРИС ЏЕПАР, МАКЕДОН - ИЗРАБОТУВАЧ НА УМЕТНИЧКИ ПРЕДМЕТИ ОД ДРВО, КАМЕН И МЕРМЕР

ОПШТИНСКАТА ЗГРАДАЕ ВАВИЛОНСКА ИЛИСЕРИОЗНА ЈАВНА УСТАНОВА?!

ВИСТИНСКИТЕ ВРЕДНОСТИ НЕ СЕ КУПУВААТ СО ПАРИ

definitivno najevtinowww.don.com.mk

Page 2: АМАК ПРЕС 94

2 AMAK PRES

LOKAL

ИЗДАВА: АМАК СП А.Д. Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - Охрид Излегува на 10 и 25 во месецотТел:046/263-781 факс 046/263-784

E-mail: [email protected]За издавачот:

Венко Шапкар - Генерален директор; Главен и одговорен уредник: Љупчо Таневски [email protected]; Уредник: Анѓела Белевска Новинари: Сузана Вренцовска; Крсте Спасески; Техничка редакција: Бранислав Силјаноски

Маркетинг менаџер: Славица Стевоска; Дистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318 Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид

НА ИЛИНДЕН ОХРИД ПРЕЧЕКА 30.000 ГОСТИ

Во празничниот Илин-денски викенд во Охрид беше достиг-

нат врвот на туристичкиот шпиц. Во најпознатиот ту-ристички центар во земјава гостуваа над 30 000 туристи, домашни и од странство. Туристичките работници ве-лат дека хотелските објекти се преполни со гости, а за-доволни се и сопственици-те од секторот за приватно сместување особено оние кои смештај нудат во цен-тралното градско подрачје и крај езерскиот кеј.Цените за сместување со појадок во хо-телите се движат од 20 до 35 евра, а во приватниот сектор

ноќевање чини од 300 до 600 денари.Цените на апартман-ското сместување се движат од 20 до 50 евра. За место по кафулињата и рестораните се чека по еден час а преполни се и плажите долж ревиерата.Хаотична е состојбата во патниот сообраќај. Над-лежните од сообраќајната полиција маки мачат со странските возачи кои често возат во погрешен правец на еднонасочни улици, но не се подобри и домашните упра-вувачи на возила кои знаат да бидат се “слепи и глуви“, пред сообраќајните знаци.“Најголем проблем во пат-

ниот сообраќај прават мо-торциклистите кои често управуваат нерегистрирани моторцикли а при возењето забораваат да ја стават на глава заштитната кацига. Истите возат брзо, некои од нив не ги поседуваат потребните документи за возење, и поради невнима-ние и неискуство се најчести причинители за сообраќајни незгоди“, изјави командирот на сообраќајната полиција во Охрид, Страшо Милен-коски. Сериозен проблем во лет-ниот период во Охрид е паркирањето на возилата. Да се најде место за возилото

без да се плати соодветен па-ричен надомест е фантазија а чиста среќа е да се смести возилото на паркинг каде за еден час се плаќа од 30 до 50 денари.Од локалната самоу-права велат дека во момен-тов во Охрид нема услови за подигање на катна гаража со што би се решили дел од сообраќајните проблеми.“Тоа е скапа инвестијција за која во моментов не размис-луваме. Гаражата ќе биде полна само во летниот пе-риод, а што потоа. Ќе биде празна а секако ова не е ис-платливо“, вели советникот за сообраќај во локалната самоуправа, Зоран Шикале-ски.Во туристичката сезона, своја игра играат и такси превозниците, особено ди-вите таксисти кои наместо предвидените 30, за еден изминат километар знаат да побараат 100 денари а некои од нив одбиваат да возат на блиски дестинации.Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески вели дека ова е бериќетна тури-стичка сезона која позитив-но ќе влијае на стопанското заживување на градов.Гостите што летуваат во Охрид се главно домашни, од странство најмногубројни се Србите, Холанѓаните а не е мал бројот и на гостите од Израел. Ангела Белевска

НАМНОГУБРОЈНИ СЕ ДОМАШНИТЕ ГОСТИ, А ОД СТРАНЦИТЕ НАЈГОЛЕМ БРОЈ СЕ СРБИ, ХОЛАНЃАНИ, А ГОЛЕМ Е И БРОЈОТ НА ТУРИСТИТЕ ОД ИЗРАЕЛ

ЗАДОВОЛСТВО ВО ОХРИД НАЈГОЛЕМИОТ ТУРИСТИЧКИ ЦЕНТАР

Page 3: АМАК ПРЕС 94

СКОПЈАНИ ПРАВАТ РЕДВО ПРИВАТНОТО СМЕСТУВАЊЕ

Хаосот со разграбовуањето на туристите и грдата слика што со години ја има на ав-тобуската во Охрид ова лето доживеа своја кулминација. Додека раководителот на ЛЕР Гоце Симоноски со го-дини наназад се фали дека направиле база на податоци и систем со кој се евиден-тирало се, на автобуската е лудило, а крајот на хао-сот пополека се назира со ангажирањето на скопските менаџери кои менаџираат во приватното сместување. Стотици луѓе кои трчаат по автобусите и автомобили-те со цел да зграбат дел од туриститие кои доаѓаат во Охрид и ова лето е првата глетка која туристите ја до-биваат за Охрид. Нервозни луѓе во поодми-нати години, мали деца кои чекаат со табли на кои стои натпис СОБИ, можете да видите кај автобуската, на влезовите од Охрид на Ту-ристичка кај хотелот Дончо,

пред Охридска Банка и пред Македонски Пошти во цен-тарот на Охрид. Од годинава рапидно по-расна бројот на оние кои издаваат соби и апартмани. Со приватно сместување на туристи се занимаваат социјални случаи, вработе-ни луѓе, но, од годианва на автобуската можете да види-те и доктори, професори и други луѓе од средниот слој кои тука гледаат шанса за дополнителна заработувач-ка. Средување на хаосот со години се најавува од Секто-рот за ЛЕР. Раководителот на овој сектор Гоце Симоноски низ годиноите наназад во медиумите постојано пласи-ра информации дека се пра-вела база на податоци за ри-ватното сместување, дека се направил систем со кој секој госитн автоматски се евиден-тирал во полиција ред дру-ги технички достигнувања кои постојано се најавуваат , а никако да се спроведат и

нокој до сега не ги видел. Заради ембаргото и нефор-малниот црн список на кој сме ставени ние како интер-нет портал, весникот Амак Прес Охридски Новини, новинарката Росица Гола-боска и од неодамна и НТВ , во ЛЕР одбиваат да кому-ницираат со нас. Дали тоа го прават од страв од рако-водителот Симоноски или затоа што немаат никакви податоци и претстава колку туристи има во Охрид во мо-ментов. И додкеа раководителот на ЛЕР како дигитален Дон Ки-хот најавува постојано дека конечно ќе се справи со хао-сот во туризмот во Охрид, некој дурги менаџери со по-големи вештини од локални-те раководители на сектори ја презедоа работата во свои раце. Од ова лето бројни менаџери од Скопје се нудат пред охридските станоизда-вачи и за одреден процент ги менаџираат собите, со што

туристите уште од Скопје се распределуваат каде ќе бидат сместени. Охридски-те страноиздавачи се наде-ваат дека од следното лето Скопјаните ќе се појават во уште поголем број и попо-лека со текот на времето ќе ги искоренат грдите глетски во центарот на Охрид и Ав-тобуската. Со години најавува дека ќе воведел ред. Сега Скопјаните права ред наместо него, а се поставува прашањето зошто ни е тогаш тој ? ? ? - Гоце Симоноски Но, доколку Скопјаните го средуваат туризмот во Охрид за одреден процент и во тоа нашле еконосмки ин-терес, јавнсота со право до Локалната самоуправа ќе го постави прашањето зошто служи ЛЕР ? Зошто вооп-што постои овој сектор кој со текот на времето сам себе се доведе до фаза да нема смисла да постои. Градоначалникот на Охрид Александар Петрески до сега не се произнесол за ра-ботата на ЛЕР и раководи-телто Гоце Симоноски но, затоа наши високи извори од ВМРО ДПМНЕ најавуваат дека наскоро ќе се бара це-лосна ревизија на работата на ЛЕР и Гоце Симоноски.

Page 4: АМАК ПРЕС 94

4 AMAK PRES

ЛОКАЛ

ОПШТИНСКАТА ЗГРАДА Е ВАВИЛОНСКА ИЛИ СЕРИОЗНА ЈАВНА УСТАНОВА?!

“Не само што се нестручни и неажурни туку

се крајно нељубезни и дрски со граѓаните кои мора и се обврзани да ги служат“, вака со неколку зборови може да се опише пресоналот врабо-тен во зградата на Локалната Самоуправа во Охрид.Вавилонска ли е оваа куќа или сериозна јавна установа?,ова е прашањето што најчесто си го поставу-ваат охриѓани после секој неуспешен обид да добијат некаква информација , пот-врда или уверение кои ги из-дава Општина Охрид.Очигледно поголемиот број од вработениот персонал не знае за сопствените работ-ни задолженија и обврски па ако побарате и најпроста информација најчесто тие ќе ви речат : -Одете кај колега-та во соседната канцеларија тој ќе ве услужи ,за неколку минути потоа тој –нивниот колега да ве врати назад кај нив.“Ова го нема никаде во светот,

само кај нас во Македонија. Цела недела се трудам да извадам обични потврди за семејно материјална по-ложба и се уште не можам да ги добијам. Замислете госпоѓата што работи на тре-тиот шалтер на најдолниот кат во општинската зграда која е задолжена да ги служи граѓаните, се направи и сле-па и глува на моето барање да ми извади наједноставен документ. Во 13 часот и 30 минути на растурените до-кументи поставени пред неа појадуваше бурек па немаше време да ја подигне главата за да ме види а камо ли да ме услужи“, вели Леонтина Н., која живее и работи во Италија, а во летниот пери-од од годината доаѓа во род-ниот Охрид. А на вториот кат да не збо-руваме во детали што се случува. Љубезниот и корек-тен однос на градоначални-кот Александар Петрески се губи среде лудориите што ги прават вработените или “невработени“ лица во оваа

јавна установа.Тие русокосите“ дами“ со кратки здолништа и високи потпетиции, во работното време си играат брканица низ ходниците на зградата, зошто само така можат да го убијат залудното време. А кој знае, можеби тие нашите “русокоси дами“ се однесу-ваат сосема исправно? Па нивниот статус и не е регу-лиран и тие ќе се однесуваат како што сакаат. На наше прашање дали тие русокосите “дами“ кои не се во работен однос , во-лонтираат во оваа установа, надлежните од службата за кадрови вработувања по неколку минутните дилеми одлучија да ни кажат.“Тие не работат и не волон-тираат кај нас!“ Тие не волонтираат! Па то-гаш што прават? е логично-то прашање на кое секој нор-мален граѓанин бара одговор а него го нема.“Според последна-та систематизација за вработување во општинска-та зграда во Охрид , 94 лица се во редовен работен однос, а три лица се вработени со договор на дело во “Тури-стичкото Биро“ кое пред не-колку месеци беше иселено од работните простории каде беше сместен и кадарот на ЛЕР, па сега ги користи канцелариите на општин-ската зграда“,ни рече оп-штинскиот секретар Дими-тар Вервезовски, кој видно се успаничи од помислата дека неговата изјава ќе биде снимена со соодветен нови-нарски уред.

Од неодамна во Локалната самоуправа во Охрид на те-лефонската централа работи ново лице. Старата теле-фониска секретарка добила преместување и ново ре-шение за работното место, умножувач на материјали. Новото решение Е.В . го до-била во периодот додека ко-ристела годишен одмор.Господинот Вервезоски не ни врати одговор на прашањето “Зошто старата госпоѓа со повеќе годишно работно искуство доби нови задолженија да фотокопира материјали а на нејзино ме-сто преку ноќ беше вработе-на млада девојка? Повеќе од очигледно е ,во општинска-та зграда работно место се добива според физичкиот изглед а не според знаењето и работното искуството.А вие наши мили граѓани кои имате потреба за некој документ што се издава во општинската зграда одете во периодот од 9 до 11 часот, зошто тие нашите општина-ри по истекувањето на овој временски период не при-маат странки. По 11 часот ќе ги решавале општинските предмети. Кој знае можеби е така па од сптември откако нашите општинари ќе ги ре-шат “заостанатите предме-ти“ да се надеваме дека ќе бидат подготвени и поажур-ни да одговорат на барањата на граѓаните од општина Охрид. Ангела Б елевска

ВО ЗГРАДАТА НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА ОД НЕОДАМНА СЕ ПРИМААТ СТРАНКИ САМО ВО ПЕРИОДОТ ОД 9 ДО 11 ЧАСОТ. ДАЛИ ОСТАНАТИОТ ПЕРИОД ОД РАБОТНОТО ВРЕМЕ СЕ КОРИСТИ ЗА РЕШАВАЊЕ НА ЗАОСТАНАТИТЕ ОПШТИНСКИ ПРЕДМЕТИ ИЛИ ЗА ДОЛГИ ПАУЗИ ЌЕ ПОКАЖАТ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД РАБОТЕЊЕТО ВО СЕПТЕМВРИ

Page 5: АМАК ПРЕС 94

Неодамна во Охрид , во при-суство на премиерот, Никола Груевски беше поставен ка-

мен темелник на станбена зграда чии станови се наменети за луѓе со ниски лични примања.Зградата чиј инвести-тор е ЈавнотоПретпријатие за Стопанисување во Македонија ќе се гради кај населбата “Расадник“,а по најсовремени светски стандарди ќе бидат изградени 70-те еднособни и двособни станови. Зградата – четри-катница ќе има и лифт.“Не само оваа туку за еден-два месеци во Охрид ќе се гради уште една згра-да со 72 станови наменети за луѓето, социјални случаи. Тие станови ќе би-дат завршени кон крајот на следната

и почетокот на 2010 година. Овие 142 станови ќе бидат добра можност за решавање на станбеното прашање на охриѓани“, изјави премиерот Груев-ски.Изградбата на зградите е дел од про-ектот на Владата за изградба на 2500 станови во Р. Македонија. Вакви згра-ди чии станови се наменети за луѓе со “плиток џеп“, добија градовите Скопје, Македонска Каменица а наскоро ќе доби не само Охрид туку и Битола, Крива Паланка и другите градови.

НАСКОРО 1000 НОВИ ВРАБОТУВАЊА ВО ОХРИД

Премиерот, Никола Груевски најави дека во Охрид најверојатно кон крајот на септември и почетокот на октомври ќе започне изградба на фабрика. Иако тој не сакаше да каже за каков тип на фабрика станува збор откри дека Вла-дата ги води последните преговори со свтски позната мулти национална компанија. Ангела Белевска

Неодамна во Охрид , во при- и почетокот на 2010 година. Овие 142 НАСКОРО 1000 НОВИ

ВО ОХРИД 142 СТАНОВИ ЗАСОЦИЈАЛНИ СЛУЧАИ

Page 6: АМАК ПРЕС 94

6 AMAK PRES

ЛОКАЛ

По пауза од три години, Охрид-ското Езеро е повторно по-рибено со јагула донесена од

Грција. Во Езерото се пуштени 1.390 килограми или 33.000 парчиња млада јагула со просечна тежина од 40 грама. За да се воспостави рамнотежата во Езерото, количините двојно се зголе-мени, велат од мрестилиштето Шум од Струга кое веќе 40 години, во рамки-те на Институтот за сточарство, врши порибување на Езерото.- Порибувањето со јагула се вршеше редовно изминативе години, но пора-ди двегодишната пауза годинава ќе се пуштат двојни количини во Езерото. Во последната деценија изловот е од 10 до 15 тони што значи дека порибувањето е задоволително - вели Боне Палашески, директор на Институтот за сточарство. За државниот секретар при Министер-

ството за животна средина и просторно планирање, Дејан Пановски ова прет-ставува конкретна и сигурна акција која влијае позитивно врз целокупната состојба на Охридското Езеро. - Со ова ќе се подобри квалитетот на Езерото, но исто така ќе влијае и врз традиционалните вредности што ги имаме бидејќи јагулата има своја при-казна која треба повторно да заживее и да биде дел од традицијата на РМ и дел од туристичката понуда - вели Панов-ски. Тој најави дека Министерството и оваа година ќе издвои средства за оваа намена. Годишно, според Панов-ски се издвојуваат 150.000 денари за порибување на Езерото, а Министер-ството за животна средина, согласно новиот Закон за води, ќе води поголема грижа за водите.

Проектот за порибување годинава чини 50.000 евра, а подмладокот од јагула го обезбеди ЕЛЕМ. Младите парчиња јагула се пуштаат кај Канео и Горица, места кои според експертите се најпогодни за опстанокот на млади-те јагули поради густата вегетација и храната која се наоѓа таму. Охридското Езеро е единствено отво-рено езеро во Европа што се порибува по вештачки пат. Од 1970 година, со из-градбата на хидроцентралите Глобочи-ца и Шпиље на реката Црн Дрим, пре-кинат е природниот пат на јагулата која се мрести во Саргасовото Море.

Сузана Вренцовска

ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО ПОРИБЕНО СО МЛАДА ЈАГУЛА

НАСКОРО КАЈ ГРАДИШТЕ ЌЕ БИДАТ ПОДИГНАТИ КОЛИБИ КАКО ОД ПРЕД 7000 ГОДИНИ “Наколната на-

селба односно музејот на вода

кај Градиште ќе биде готов до 8 декември кога држава-ва го прославува празникот посветен на Св. Климент Охридски“, неодамна во Охрид изјави премиерот, Никола Груевски.Деновиве, Груевски во при-дружба на министерот за Култура, Елизабета Канче-ска –Милеска и директорот на Управата за Културно-историско наследство, Паско Кузман, го посети археолош-киот локалитет Мичов град каде во тек е реконструкција на наколната населба од бронзено време во Заливот

на коските.Во водите на Охридското Езеро кај Градиште , започна поставувањето на дрвените

колци кои ќе бидат основа на која ќе се подигаат колиби какви што пред 7000 години имало во Заливот на коски-

те кај Градиште. Наколната населба ќе биде поврзана со Римската тврдина на ридот кај Градиште,која исто така е во фаза на реконструкција.П р е м и е р о т Груевски,разгледувајќи го идејното решение и увидувајќи до каде се стиг-нало со работните ангаж-мани изрази надеж дека Музејот на вода кај Градиш-те, свечено ќе биде отворен на 8 декември за Св. Кли-мент Охридски кој е патрон празник на Охрид, А. Белевска

ПО ТРИГОДИШНА ПАУЗА

ВО ЕЗЕРСКИТЕ ВОДИ СЕ ПУШТЕНИ 33 000 ПАРЧИЊА МЛАДА ЈАГУЛА ОД ГРЦИЈА, А ПАРИТЕ ЗА НИВ ГИ ОБЕЗБЕДИ ЕЛЕМ.

Page 7: АМАК ПРЕС 94

7www.amakpres.com.mk

НАСКОРО КАЈ ГРАДИШТЕ ЌЕ БИДАТ ПОДИГНАТИ КОЛИБИ КАКО ОД ПРЕД 7000 ГОДИНИ

МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИНА СРЕДБА ВО ОХРИДОколу 150 иселеници од 9

странски земји и 50-ина до-машни гости учествуваат на

манифрестацијата „Заедно дома во Македонија“ што од 1-ви до 7-ми ав-густ се одржува во Охрид.“Манифестацијата е прва од ваков вид и во неа учествуваат припадници на втората и третата генерација од маке-донската дијаспора. Секој ден иселе-ниците ќе учествуваат во фудбалските натпревари а во останатиот дел од де-нот ќе се запознаваат со културното,

историското и духовното наследство во Македонија.Целта ни е со ваквите ак-тивности да ги натераме иселениците и наредните години да доаѓаат кај нас како туристи и секако да ја разгледува-ат можноста да инвестираат во тури-стичкиот сектор“, изјави програмскиот координатор на манифестацијата, Вања Стефковска.На специјалната ноќ што ќе биде на 4-ти август, гостите ќе ги забавуваат естрадните уметници, Калиопи и Дра-ган Даутоски а ќе ги поздрави и ди-

ректорот на Дирекцијата за Културно Историско Наследство, Паско Кузман. На звршната ноќ ќе присуствува позна-тиот бизнисмен со македонско потек-ло, Мајк Зафироски со семејството.Организатори на манифестацијата “За-едно дома во Македонија“ се, Владата на Република Македонија, Агенцијата за млади и спорт и здружението на ма-кедонските иселеници “Корени“. Ангела Белевска

Page 8: АМАК ПРЕС 94

8 AMAK PRES

LU\E OD NA[ETO SEKOJDNEVIE

Колку интересен склоп на човечко суште-ство, единство од

млад современ човек и ду-ховна личност која ги почи-тува и сака сите луѓе без раз-лика на вера, националност или политичка определба. Со силата божја и вербата во себе си, од мермер, камен или дрво со моторна пила прави уметнички совршен-

ства какви што окото сака да види, а човечкиот ум да замисли. Тоа е охриѓанецот, Борис Џепар- Македон. “Јас во овој живот не сум расно туку улично куче кое го води патот секаде а тоа секаде опстанува. Ако газ-дата на расно куче почине ќе умре и тоа. Ова е мислата што ме води сите овие годи-ни, и што ми помогна да се

исправам на нозе пред 10 години кога отидов да жи-веам во тогаш за мене не-познатата Германија“, вели Џепар. Пред девет години изработу-вал книги од мермер, а еден од првите подраги предмети му е Крстот што неколку години стои пред вратата на црквата Св. Ѓоргија во на-селбата Горна Влашка Мала.

Со радост и чиста мисла, Џепар го подарил овој свет предмет кој е така поставен пред црковната врата за да го гали зракот на утринско-то сонце и да го мие раната роса.“Вториот крст што јас го из-работив беше првично на-менет за продажба. Минаа неколку години од неговото создавање кога на телевизија

БОРИС ЏЕПАР, МАКЕДОН - ИЗРАБОТУВАЧ НА УМЕТНИЧКИ ПРЕДМЕТИ ОД ДРВО, КАМЕН И МЕРМЕР

ВИСТИНСКИТЕ ВРЕДНОСТИ НЕ СЕ КУПУВААТ СО ПАРИСВЕТОТ СЕ ПОКЛОНУВА ПРЕД ДЕЛАТА НАПРАВЕНИ ОД ИСКЛУЧИТЕЛНО ТВРДИ ПРИРОДНИ МАТЕРИЈАЛИ НА КОИ БОРИС ЏЕПАР ЖИВОТ И ДУША ИМ ДАВА СО МОТОРНАТА ПИЛА СО КОЈА ВО ДРВОТО ИЛИ МЕРМЕРОТ ГИ ВДЛАБНУВА И НАЈСИТНИТЕ ДЕТАЛИ. НАС МАКЕДОНЦИТЕ НИ ОСТАНУВА ДА СЕ ГОРДЕЕМЕ СО НЕГО, ЗОШТО СО ПЛОДОВИТЕ НА СОПСТВЕНИОТ ТРУД ЈА ПРОМОВИРА ЗЕМЈАВА, ВО ГЕРМАНИЈА КАДЕ ЖИВЕЕ И РАБОТИ, НО НЕ САМО ТАМУ ТУКУ И НИЗ ЦЕЛА ЕВРОПА

Page 9: АМАК ПРЕС 94

www.amakpres.com.mk 9

ВИСТИНСКИТЕ ВРЕДНОСТИ НЕ СЕ КУПУВААТ СО ПАРИ

ја слушнав изјавата на скоп-скиот градоначалник Три-фун Костовски за црквата Св. Богородица во Скопје, отидов тами и го подарив крстот. Тогаш за него да ми дадеа и 100 000 евра нема-ше да го продадам, зошто прекрасно е чувството да дарувате предмети на свети места, а духовната смирем-ност што ја чувствувате во тој миг не се купува со пари, зошто вистинските вред-ности не се мерат со нив-парите“,истакнува Борис. Она по што охриѓани ќе го паметат својот охриѓанец е статуата на Св. Наум Охридски направена од сте-блото на ореовото дрво кое илјадници години опстану-вало во дворот кај манастир-скиот комплекс Св. Наум. Нашиот уметник му даде душа и лик на дрвото што можеби сам го засадил Св. Наум пред својот манастир за сега ние, нашите и нивни-те поколенија да се поклону-ваат пред тоа дрво кое сега го носи ликот и телото на светецот а неговиот дух бил и ќе биде секогаш во него, но честа да се запознаат со него ја имаат само малкуми-ната кои ги одредил Бог, а меѓу нив е и Џепар.“Во Германија имам пријател дрводелец, дол-го време бареше корен од ореово дрво. Во тој пери-од јас бев дојден на одмор во Охрид и со семејството. Еден ден отидовме во мана-стирот Св. Наум. Автомоби-лот го паркиравме во бли-зина на дрвото на кое сега е изработен споменикот на светителот. На враќање од црквата внимание ми одвле-че старото дрвено стебло. Веднаш помислив дека го имам решено проблемот на мојот пријател- дрводелец, па се обратив кај управни-кот на ресторанот отворен во манастирските конаци. Тој ми кажа дека Дебарско кичевскиот митрополит Г.Тимотеј, планира од старо-то дрвено стебло да направи иконостас за црквичката

Св. Атанасиј која се наоѓа во манастирскиот комплек-сот, и дека јас можам да го откупам коренот од дрвото. Деновите брзо минуваа и дојде време да се вратиме во Германија. Веќе бевме стигнати во Австрија кога возејќи неколку секунди сум задремал. Видение или сон беше не знам, но сигу-рен сум во она што го видов, ликот на Свети Наум беше во стеблото од дрвото. Се пробудив а тој светителот не чуваше по патот да не направам судар додека сум дремнал. Веднаш знаев дека од дрвото ќе направам ста-туа на Св. Наум и дека дрво-то што можеби самиот тој го засадил никогаш нема да биде откорнато или пресече-но туку напротив пред него ќе се поклонуваат верници-те. Свети Наум го сонував речиси секоја ноќ, додека не го направив малиот модел по кој го изработував голе-миот модел односно оној кој денес стои пред манастирот Св. Наум. Во меѓу време до моето повторно доаѓање во Македонија одговарав на ра-ботните обврски во фирмата за брусење и полирање мер-мер. На 19 октомври 2005 година, утрото јас и мои-те колеги го поставувавме надгробниот споменик на еден гроб, кога мене во мер-мерот ми светна ликот на синот божји Исус. Го зедов камчето и кога заминав дома на телевизија слушнав дека на тој ден пред 1 100 години бил основан манастирот Св. Наум. Дојдов во Македонија и на 23 декември јас почнав да ја правам статуата( отпо-сле разбрав дека на тој ден по стариот календар било упокојувањето на Св. Наум.) Работев по снег и мраз, а статуата која е висока речи-си 3 метри е направена за 15 часа, и таа е моето прво дело изработено со моторна пила. Владиката Нектариј Битолски ми предложи за да ми биде полесно при работењето дрвото да се от-корне и по создавањето на

статуата повторно да биде поставено на истото место. Не се согласив со идејата. За мене тоа значеше дека се корне светецот од тлото, а тоа не е можно. Јас се од-лучив за потешкиот работен пат, зошто таа тешкотијата не е ништо во споредба со гревот да се пресече дрво-то. Клечејќи пред него, онака како што сакаше Бог, движејќи ја пилата ја напра-вив статуата која верувам ја виделе сите кои отишле во манастирот. Истата е осве-тена во 2006 година.“Таа, 2006 година Борис Џепар на гробиштата во германскиот град Бецвајлер –Велде на стебло од дрво ја направил статуата на Исус Христос.“ И оваа статуа е направена по видение. На дрвото кое е никнато меѓу гробовите, хрането од водата на мртви-

те, на местото меѓу двете планини каде изгрева и заоѓа сонцето јас го видов Божијот син. Добив дозвола од то-гашниот градоначалник за работа. За 13 часа од дрвото направив статуа висока 3 метри и 20 сантиметри. Ми беа понудени пари но јас од-бив да ги земам зошто Исус за пари не го продавам. По инсистирањата на градските власти да ми платат за вло-жениот труд, јас им реков, ќе ви дадам празен чек мо-жете да напишете 0, 7, 70, 700, 7000, 70 000, 700 000..... германски марки , ајде да видам за колку пари ќе го купите Исус, зошто јас Исус не го продавам и за него не сакам пари!“Нашиот сограѓанин за чие дело знае и пишува цела Европа , ги избегнува ме-диумите и многу ретко јавно зборува за сопствениот труд.

Page 10: АМАК ПРЕС 94

10 AMAK PRES

Но тие неговите дела сами го промовираат а луѓето што ги познаваат вистинските вред-ности посакуваат за себе да имаат некое парче што го из-работил уметникот.“Градските власти од “Дорн –Хан“ ( во превод“Петел на трње“) во кој јас живеам побараа да им направам не-каква статуа која ќе стане симбол на градот. Направив модел на девојка со лик која во рацете имаше кренато петел. За големата масив-на статуа што требаше да ја направам побарав 20.000 германски марки, сума која не беше прифатлива само за еден член од градскиот со-вет. Не ги добив парите но со душа и срце одлучив да направам статуа кој ќе биде голема и масивна но сега не каква што бараа властите туку малку поинаква . Сега таа ќе ја симболизира моја родна земја Македонија,

нејзината и тошевата бесмртност.За неа не сакав да ми дадат ни скршен цент, зошто ме изненадија преуба-вите зборови што мнозин-ството од градските совет-ници и градоначалникот ги кажаа за мене. Едноставно ме купија со убави зборови и од мои раце ја добија ста-туата –Девојка која во раце ја има бесмртната птица феникс. Девојката ја озна-чува Македонија, таа нема лик зошто нашава таткови-на е бесконечна. Фениксот што таа го држи во раце е симбол за трагично по-гинатиот Тоше Проевски кој е бесмртен како птицата феникс. Шеснаесетте перја по осум од двете страни кои се спуштаат по грбот на девојката го означуваат македонското сонце, а трите пердуви ги симболизираат Егејска ,Пиринска и Вар-дарска Македонија. Статуа-

та ја направив за три дена и е висока 2 метри и 80 сантиметри. На 19 јануари 2008 година,статуата е предадена на градот а на свеченото промовирање на 25 јануари пред сите гер-мански медиуми кои прису-ствуваа на манифестацијата јавно кажав дека статуата ,Девојката што во раце-те има кренато феникс“ е поклон од Република Македонија за Германија.“ По трагичната смрт на не-повторливиот Тоше Прое-ски, Борис Џепар од мер-мер изработил гитара,

зошто според него на камен и мермер свират само анге-лите а еден од нив е нашиот Тоше. Гитарата е изработена со природни димензии со оригинални жици и личи на гитарата на која свиреше на-шиот великан. Инструментот е поставен на едната страна до гробот на легендата.-Тоше живееше со големо срце исполнето со љубов кое го раздели секому. Сега раз-деленото срце живее за него и додека тоа живее ќе живее и тој во нас- подарок за мојот брат по Христа,Тоше од Бо-рис Џепар со фамилијата – ова се зборовите кои се напишани до гитарата кај вечното почивалиште на Тоше.На едната страна од гробот е поставена таа- мермерна-та гитара на која во ноќта свири нашиот ангел,а од неодамна на другата страна е поставен мермерен крст

што на тошевиот дух му го подарил Борис.“Крстот беше наменет за црквата Св . Пантелејмон кај Плаошник. За него имав одредено цена од 30 000 евра. Мислев дека ќе го продадам до моментот кога го сонив сонот на кој го видов Тоше а кај манаститрот Свето Пре-ображение што самиот тој го подигна ја барав сината врата. Се разбудив и веднаш знаев дека крстот ќе го по-дарам на манастирот Свето (Тоше) Преображение. На 2 авгиуст, крстот е поставен на другата страна од тошевиот гроб, како мој и подарок од моето семејство.“ Младиот, амбициозен охриѓанец кој не сака јавно да се промовира и кој го не-гува ставот дека вистински-те вредности со пари не се купуваат е човек кој ги по-читува сите раси и религии а себе си не се доживува како православен христијанин туку секогаш само како христијанин, зошто смета дека е потребно да се напра-ви реинканација на црквата односно да има обединување на православните и католич-ките христијани. Среќен го прават само здравјето и ра-доста на своите најблиски, сопругата Мануела и трите негови принцези, ќеркичките:Лаура, Матеја и Леонида. Ангела Белевска

LU\E OD NA[ETO SEKOJDNEVIE

Page 11: АМАК ПРЕС 94

11

Page 12: АМАК ПРЕС 94

12 AMAK PRES

ВИСТИНСКИ СПЕКТАКЛ НА ОХРИДСКО ЛЕТО

ГОДИШНИТЕ ВРЕМИЊА МУЗИЧКО ЧУВСТВЕНА ПРИКАЗНА-Четири годишни времиња» е

концерт без зборови. Прет-става која помеѓу драмски и

музички театар, помеѓу етно, балетска и оперска уметност. Вака режисерот Иван Поповски ја опиша премиерата на Рускиот театар «Елена Камбурова» која се прикажа во рамките на Охрид-ско лето. Претставата без зборови кај бројната публика предизвика многу растреперени чувства, десетминутиот аплауз и петкратен бис.- Движењата и формата на телата на актерите се споени со вокал, со пеење, што многу ретко се случува кај нас и затоа тој жанр не е промовиран досе-га. Ваквата уметност не припаѓа ни во

оперска, ни во мјузикл, ни во драмска, туку е измеѓу, вели Поповски.Што се однесува до содржината на претставата, Поповски остава публи-ката да ја доживее на свој начин.- Не сакам да ја наметнувам мојата при-казна. Исто како што беше со Мечтаење и Апсинт, каде што секој си склопува своја приказна. Луѓето не треба да се мачат со дешифрирање на некои слики кои ги гледаат. Најбитно од се е музи-ката на Вивалди да се доживее преку поглед, преку слух, преку кожа. После тоа ако се склопи некоја приказна, мо-жеби тогаш ќе се совпадне со мојата, вели Поповски. Идејата за подготвување на оваа спек-

такуларна претстава е стара една годи-на, а интензивните проби се правеле во последните месец дена во Москва. Според Поповски голема штета за Охрид е тоа што нема театарски про-стор, а претставите имаат потреба за тоа. Според него најбитно од се е гле-дачот да биде над сцената. «Со охрид-ската публика имам одличен контакт и на улица и на сцена», вели режисерот за кого «Четири годишни времиња» е само една обична претстава.

С.В

СЛИКИ ОД МИРОСЛАВ МАСИННА ОХРИДСКО ЛЕТО

“Човекот настанал од охрид-ска пастрмка“ е насловот на изложбата на дела од

нашиот ликовен уметник Мирослав Масин, која деновиве беше отворена во Центарот за Култура, “Григор Прли-чев“. На изложбата која е отворена во рамките на фестивалот “Охридско Лето“ на своите слики Масин го при-кажува човекот како риба.“Охридската пастрмка е риба со ен-демски карактеристики и значително

се разликува од другите видови, спо-ред нејзината анатомија, боја и начин на однесување-особини што се довол-ни да креираат и човек“, вели авторот, чија изложба е продолжение на негови-от претходен серијал од слики “Риба-птица-жена“.Масин е роден во 1963 година. Дипло-мирал на факултетот за Ликовни умет-ности во Слкопје. Член е на Друштвото на ликовни уметници на Македонија со кое раководеше од 2000 до 2001го-

дина. Своето образование го усовр-шил на познати ликовни академии во Британија,Франција и Чешка. Одржал многу самостојни изложби во земјава и странство. Ангела Белевска

KULTURA

Page 13: АМАК ПРЕС 94

13www.amakpres.com.mk 13www.amakpres.com.mkwww.amakpres.com.mk

Page 14: АМАК ПРЕС 94

КУЛТУРА

СВЕТИКЛИМЕНТОВИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ЌЕ БИДЕПОДИГНАТ ДО ПОЧЕТОКОТ НА ИДНАТА ГОДИНА

Премиерот на Владата, Никола Груевски е заџдоволен од брзината со која се остваруваат

градежните активности кај Плаошник за возобновување на Климентовиот Универзитет.„Изведувањата се при крајот од 2-та а вкупно се три фази.Имено

90% од ископувањата се завршени и остануваат уште 10% кои треба да се завршат по што ќе се оди на 3-та фаза кога ќе имаме подигање на објектот. Можам да го изразам задоволството што проектот ќе биде завршен во предвидениот период од 2007 до 2009 година“, истакна Груевски.

Климентовиот универзитет ќе биде најубавата туристичка атракција во градов. Комплексот ќе биде прибежиште за сите македонски монаси, ќе има конаци, како и средновековен муузеј и библиотека. Ангела Белевска

Page 15: АМАК ПРЕС 94

www.amakpres.com.mk 15www.amakpres.com.mkwww.amakpres.com.mk 1515

Page 16: АМАК ПРЕС 94

16 AMAK PRES

Со незаборавна бела глетка и беспрекорна организација беше одбежана годинешнава

Меѓународна едриличарска илин-денска регата која во Охрид тради-ционално се одржува на најголемиот македонски празник Илинден. Едрењето како спортски бренд на градот ги собра едриличарите на едно место дури од 6 земји од Балка-нот и пошироко. Над 100 едрилича-ри зедоа учество на 40-тото јубилејно издание на овој спортски спектакл. Клубот домаќин АМАК СП БОФОР кој пета година е организатор на ре-

гатата по четврти пат е освојувач на најпрестижната награда за севкупен победник„ Златна маска“ со освое-ни вкупно шест медали, две златни три сребрени и една бронзена. Вто-рото место им припадна на едрили-чарите од централниот јахтинг клуб „Академик“ од Бугарија а трет беше ЕК „Црно Море“ од Варна. Во трите натпреварувачки денови од предви-дените осум трки се возеа само пет поради немањето поволен ветар. Со вкупно 37 натпреварувачи класата оптимист беше најбројна.Претседателот на ЕК АМАК СП БО-

ФОР, Венко Шапкар кој е и главен спонзор на регатата изрази задовол-ство што традицијата на успешно ор-ганизирани регати продолжува а ма-совноста на учесниците од година во година се зголемува- Нашата основна мисија преку овај спортски настан е дружење на народите и ширење на меѓусебното пријателство, вели ШапкарПокровител на овој меѓународен нат-превар беше Агенцијата за млади и спорт. За директорот на агенцијата, Драган Ѓурчески еден ваков спорт-ски настан заслужува и внимание

НЕЗАБОРАВНА БЕЛА ГЛЕТКАВО ВОДИТЕ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

СПОРТ

МЕЃУНАРОДНА ЕДРИЛИЧАРСКА ИЛИНДЕНСКА РЕГАТА

Page 17: АМАК ПРЕС 94

www.amakpres.com.mk 17

НЕЗАБОРАВНА БЕЛА ГЛЕТКАВО ВОДИТЕ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

и средства. „Грижата и љубовта кон овај спорт ќе продолжат и во иднина. Не очекуваат уште подо-бри и помасовни изданија на оваа манифестација, порача Ѓурчески од Охрид.Едриличарите учесници кои беа дел од годинешново издание на регатата велат дека присуствувале на еден од најдобро организираните настани. Тие ветија дека и догодина ќе бидат дел од овој спортски спектакл.-Прекрасно се чувствувам тука во Охрид.Организацијата е прекрасна просто човек неможе а да не вети

дека повторно ќе учествува на Илин-денската регата. Единствено што не-достасуваше беше ветерот но орга-низаторот тука е немоќен. За прв пат сум тука и догодина се гледаме пак, вели едриличарот на „Црно Море“, од Варна, Валентин Иванов.Тренерот на „Гемлик“ Е.К од Турција, Ендер Џесур жали што годинава не допатувале со поголем екипаж но за наредната година најави дека турци-те ќе бидат најбројни на оваа регата „Секоја година организацијата е се подобра Задоволен сум од настапот на моите едриличари но следната ќе

бидеме и побројни и подобри, вели Ендер ЏесурИ оваа година традиционално под-ршка за регатата даде локалната самоуправа со што настанот доби уште еден предзнак- спортско тури-стичка атракција на Охрид. Според претседателот на Едриличарската федерацијата на Македонија Љупчо Поп Стефанија eдрењето е спортот кој треба да биде водечки кај нас а Охрид центарот на спортовите на вода.

МЕЃУНАРОДНА ЕДРИЛИЧАРСКА ИЛИНДЕНСКА РЕГАТА

Page 18: АМАК ПРЕС 94

18 AMAK PRES

СПОРТ

Резултати по класи

Оптимист-генерален пласман1. Петар Стефанов- ЦСЈК„Академик“-Бугарија2. Димитар Поп Стефанија- „Амак СП Бофор“- Македонија3. Мурат Самсун- „Гемлик“- Турција

Оптимист женска конкуренција1. Маринела Николова -СЦ „Црно море“- Бугарија2. Викторија Петрова-СЦ „Црно море“- Бугарија3. Тугба Оксуз- „Гемлик“- Турција

Оптимист до 12 години1. Батухан Цесур-„Гемлик“- Турција2. Маринела Николова -СЦ „Црно море“- Бугарија3. Викторија Петрова-СЦ „Црно море“- Бугарија

Ласер Стандард1. Иван Кнежевиќ- АЈК„Београд“ -Србија2. Славчо Мошоски- „Амак СП Бофор“-Македонија3. Иван Милинковиќ-ЈК „Панонија“- Србија

Ласер Радијал

Page 19: АМАК ПРЕС 94

www.amakpres.com.mk

1. Милица Дукиќ- АЈК„Београд“ –Србија2. Александра Заричин- „Амак СП Бофор“-Македонија3.Јана Георгиева- ЦСЈК„Академик“-Бугарија

4701. Иван Кацов- ЦСЈК„Академик“-Бугарија2. Георг марков-ЈСК „Несебар“- Бугарија

Европа1. Ивана Фармаковски- „Амак СП Бофор“-

Македонија2. Кирил мирчески- „Снегар“- Струга3. Власе Јованоски- „Снегар“- Струга

Минитонец -екипажи1. „Амак СП Бофор“-Македонија2. „Сирма“- Македонија3. „Амак СП Бофор“-Македонија

Сузана Вренцовска

19

Page 20: АМАК ПРЕС 94

20 AMAK PRES

СПОРТ

1

Page 21: АМАК ПРЕС 94

www.amakpres.com.mk 21

ИНТЕРВЈУ СО ВЛАТКО ДИМИТРОВ СЕЛЕКТОР НА АТЛЕТСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ВО ПЕКИНГ СО СЕЛМАН ОДИМЕ ПО НОВ РЕКОРД

Вие сте еден од најзаслужните што Охрид денес со гордост испраќа еден олимпиец на ОИ во Пекинг. Тежок ли беше патот до овој успех и колку нашиот Селман е под-готвен за ваков настап?

Селман Реџеп во конти-нуитет постигнуваше ре-зултати од пионерска па се до сениорска конкуренција најпрвин во дисциплината скок во височина а сега во дисциплината трискок со која ќе учествува и на ОИ. Има постигнато младин-

ски и сениорски рекорд и е најдобриот атлетичар во Македонија. Процесот тече во континуитет без прекин, имавме и доста натпревари во изминатиов период. Под-готовките ги правиме за жал во Охрид каде нема услови за високи резултати. Плано-вите да отидиме Албанија 10 дена на море на песок и 10 дена во Бугарија на патека со тунел каде требаше да се ра-боти техничкиот дел за дис-циплината трискок пропад-наа пореди немањето пари. Средствата кои му следуваат

од Агенцијата за млади и спорт за жал сеуште ги нема-ме добиено, а федерацијата и клубот не се моќни финан-сиски да застанат зад нас. Потребни беа околу 2000 евра за да се реализираат подготовките со кои Селман ќе добиеше карантин без до-машни обврски и ноќен жи-вот а планирани беа и три тренинзи на ден. Но од сето тоа единствена варијанта ни остана Охрид, песокот на одбојкарските игралишта и атлетската патека каде ра-ботиме со резерва затоа што лесно може да дојде до по-вреда. Добро е тоа што него-виот настап е на 18 август па времето во Пекинг ќе го ис-користиме за да се доработи техничкиот дел.

Какви се очекувањата, со как-ви резултати посакувате да се вратите од олимпијадата ?

Во Пекинг одиме на нов ре-корд и да го срушиме оној кој го поставивме во Банска Бистрица од 15,46. Со само-то тоа што сме дел од тимот кој патува на олимпијадата веќе сме го постигнале ви-стинскиот голем успех. Гор-дост е и за градот што токму охриѓанец ќе патува таму. Што се однесува до наста-пот таму односно резултатот кој го очекувам- сигурен сум дека ќе се вратиме со нов рекорд освен ако се случи нешто непредвидено недај боже некоја повреда.

Колку Вие лично си пре-пишувате од постигнатиот успех?

Без лажна скромност имам голема заслуга за неговиот резултат. За да се постигне еден добар врвен резултат потребно е да се има квали-тетен талентиран спортист и квалитетен со сертификат тренер. Селман Реџеп не е првиот со кој постигну-вам резултати. Во мојата 25 годишна атлетска кариера како тренер имам преку 100 рекорди направено. Имам млади деца, потенцијални кандидати за високи резул-тати и големи настапи како што се европски и светски првенства а се надевам дека ќе отидеме и на следната олимпијада.

Сепак врвот на успехот го постигнувате сега, токму со Селман. Може ли да се присетите на почетоците на вашата соработка. За какво дете станува збор?

Селман дојде во АК „Охрид“ на 14 годишна возраст на еден општински натпревар. Одма видов дека се работи за талентирано дете за кое сме-тав дека за една, две години ќе го собори пионерскиот рекорд кој го држеше долги години Благојче Блажески во скок во височина, но тој тоа го стори за помалку од една година. На 17 години со 2 метри и 10 см беше и младински и сениорски ре-кордер во скок во височина, резултат со кој од светските и европските првенства до-несовме медали. Како та-лентиран квалитетен атле-тичар доби стипендија да се доусовршува во Келн и таму

ВЛАТКО ДИМИТРОВ СЕЛЕКТОРОТ НА МАКЕДОНСКАТА АТЛЕТСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА, ПО 25-ГОДИШНА АТЛЕТСКА КАРИЕРА ГО ПОСТИГНУВА НАЈГОЛЕМИОТ УСПЕХ СО ОХРИДСКИОТ АТЛЕТИЧАР СЕЛМАН РЕЏЕП КОЈ Е ДЕЛ ОД МАЛУБРОЈНАТА МАКЕДОНСКА ЕКСПЕДИЦИЈА КОЈА ПАТУВА ЗА ПЕКИНГ. „СЕЛМАН Е НАЈДОБРИОТ МАКЕДОНСКИ АТЛЕТИЧАР И СИГУРЕН СУМ ДЕКА ЌЕ СЕ ВРАТИМЕ СО НОВ РЕКОРД ОСВЕН АКО СЕ СЛУЧИ НЕШТО НЕПРЕДВИДЕНО, НЕДАЈ БОЖЕ НЕКОЈА ПОВРЕДА, ВЕЛИ ДИМИТРОВ

СПОРТ

Page 22: АМАК ПРЕС 94

22 AMAK PRES

СПОРТработаше една година во ис-тата дисциплина. Тогаш по-ради неговата тежина (над 80 килограми) одлучив да го префрлам во трискок дисци-плина во која се покажа како најдобар и која не однесе на олимпијада. За разлика од кај нас таму се работи строго професионално без никакви сентименталности а тука јас му претставувам се, и мајка и татко и брат и сестра и тре-нер, но и другар а тоа барем засега се покажа како прав рецепт за постигнување врвни резултати.

Пред заминување бевте на прием кај охридскиот гра-доначалник Александар Пе-трески но освен моралната подршка финансиска не до-бивте.

Морам да верувам дека еден ден ќе ја имаме и финанси-ската подршка бидејќи се наметнуваме со резултати. Таа ни е најпотребна и се на-девам дека работите полека

ќе се менуваат. За нас е бит-но тоа што од септември ќе се поставува новата атлетска патека која во голема мера ќе ги подобри условите за работа. Доколку се поста-ви и тунел тогаш Охрид ќе стане центарот на атлети-ката во Македонија каде ќе се одржуваат меѓународни првенства.

Што следи после Олимпијадата. Каде ќе ја насочите кариерата на Сел-ман?

Селман е таков спортски та-лент што можам слободно да експериментирам и во сите дисциплини да го направам најуспешен во Македонија. После оваа олимпијада со сигурност ќе се спремаме за наредната. Свесен сум дека низ неговата кариера ќе не пратат многу финан-сиски проблеми но исто така сум сигурен дека пред него стојат уште многу успеси.

СЕЛМАН РЕЏЕП: МОЈОТ УСПЕХ МУ ГО ДОЛЖАМ НА ТРЕНЕРОТ

Пред се сум среќен, но и возбуден што ќе учеству-вам на олимпијада и што ги претставувам државата ,гра-дот и клубот. Кога почнував тренерот Влатко ми велеше дека имам талент да стигнам далеку во кариерата. Тогаш не верував во тоа но денес нему сум му најмногу благо-дарен за мојот успех и за тоа што ме однесе на врвот на атлетиката. Се надевам дека ќе се вратам со нов личен рекорд и рекорд на државата и дека ќе скокнам 16 метри, вели олимпиецот Селман.

НАМЕСТО ПАРИ ДОБИЈА ТРЕНЕРКИ

За Охрид преставува голема чест што за прв пат испраќа олимпиец. Тој е нашиот најдобар спортист а оп-штината отсекогаш ги под-ржувала спортистите, вели охридскиот градоначалник Александар Петрески кој за постигнатиот успех на Влатко и Селман им подари по еден пар тренерки. Фи-нансиска помош не додели но вети дека кога ќе дојде време ќе го вработи нашиот најдобар атлетичар и со тоа, како што рече, ќе го реши неговото егзистенционаллно прашање.

Сузана Вренцовска

МАЛ ПЛИВАЧКИ МАРАТОН

ЕВГЕНИЈ ПОП АЦЕВ ПОВТОРНО НАЈБРЗ

Евгениј Поп Ацев е победник на 29-тото издание на малиот ма-ратон во Охрид. Пливачот од

Студент 2,5 километарската патека од Горица до Пристаниште ја исплива за 28 минути 37 секунди и 65 стотинки со што успеа да ја одбрани титулата и

повторно да триумфира но не и да го сруши рекордот на патеката (26 мину-ти 4 секунди) поставен пред две годи-ни од Михајло Ристески. Втор на целта со време 29 минути 54 секунди и 72 стотинки пристигна Марко Блажески од ПК Вардар а Александар Илиевски од ПК Стдент трката ја заврши трет со време 32 минути 5 секунди и 83 сто-тинки.-Среќен сум што и оваа година по-бедувам на охридскиот мал маратон. Имаше силна конкуренција а некаде на почетокот на трката имаше и бранови но на крај се испадна добро, рече по победата Поп Ацев.Победник во женска конкуренција беше Симона Маринова ПК Младост која настапи во конкуренција до 16 години. Во оваа група втор беше Кон-стантин Битраков од ПК Вардар а трет Иван Трпчески од ПК Младост.Годинешниов мал маратон се одржа во организација на ПК „Охридски брано-

ви“ а под покровителство на Општина Охрид. -Задоволни сме од тоа како помина го-динешново издание на малиот маратон посебно од фактот што манифестацијата беше следена од повеќе илјадна публи-ка, велат од Клубот организатор.На учесниците на овој маратон им беа врачени дипломи а за најдобрите во двете категории спонзорот Зора сате-литски антени обезбеди вредни награ-ди. С.В

Page 23: АМАК ПРЕС 94

ЕВГЕНИЈ ПОП АЦЕВ ПОВТОРНО НАЈБРЗ

Page 24: АМАК ПРЕС 94

Е.К АМАК СП БОФОР ИЗРАЗУВА ЈАВНА БЛАГОДАРНОСТ ДО СИТЕ ОНИЕ КОИ ДАДОА

ФИНАНСИСКА И СЕКАКВА ДРУГА ПОМОШ ВО РЕАЛИЗИРАЊЕТО НА ИЛИНДЕНСКАТА

ЕДРИЛИЧАРСКА РЕГАТА