20
AMAK PRES OHRIDSKI NOVINI EDINSTVEN INFORMATIVEN VESNIK VO OHRIDSKO-STRU[KIOT REGION BESPLATEN PRIMEROK Godina V - Broj 98 10 Oktomvri 2008 www.amakpres.com.mk marketing 070 / 462-362 НА ВРВОТ МилАН БелеВ: ХОлАНДСКиОТ ПиСАТел А.ДеН ДОлАРД ЈА ПРОМОВиРА МАКеДОНиЈА ВО ЦелиОТ СВеТ НАГРАДи и ПРиЗНАНиЈА Не Ми Се ПОТРеБНи-ДРЖАВАВА ТРеБА ДА Ги ВРеДНУВА ВиСТиНСКиТе ВРеДНОСТи ДАли ЦВеТКО ГРОЗДАНОВ Бил ЗАМОлКНАТ ВО еМиСиЈА НА НТВ ? ? ? Благоја Силјаноски definitivno najevtino www.don.com.mk

АМАК ПРЕС 98

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Амак Прес Охридски Новини е единствениот печатен медиум во охридско-струшкиот регион, а весникот се печати во тираж од 4000 примероци. Основач и издавач на Амак Прес Охридски Новини е генералниот дирекотр на Амак СП,Венко Шапкар.

Citation preview

Page 1: АМАК ПРЕС 98

AMAK PRESOHRIDSKI NOVINI

EDINSTVEN INFORMATIVEN VESNIK VO OHRIDSKO-STRU[KIOT REGION BESPLATEN PRIMEROK

Godina V - Broj 98 10 Oktomvri 2008

www.amakpres.com.mkmarketing 070 / 462-362

НА ВРВОТ

МилАН БелеВ: ХОлАНДСКиОТ ПиСАТел А.ДеН ДОлАРД ЈА ПРОМОВиРА МАКеДОНиЈА ВО

ЦелиОТ СВеТ

НАГРАДи и ПРиЗНАНиЈА Не Ми Се ПОТРеБНи-ДРЖАВАВА ТРеБА ДА Ги ВРеДНУВА ВиСТиНСКиТе ВРеДНОСТи

ДАли ЦВеТКО ГРОЗДАНОВ Бил ЗАМОлКНАТ ВО еМиСиЈА НА НТВ ? ? ?

Благоја Силјаноски

definitivno najevtinowww.don.com.mk

Page 2: АМАК ПРЕС 98

2 AMAK PRES

LOKAL

ИЗДАВА: АМАК СП А.Д. Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - Охрид Излегува на 10 и 25 во месецотТел:046/263-781 факс 046/263-784

E-mail: [email protected]За издавачот:

Венко Шапкар - Генерален директор; Главен и одговорен уредник: Љупчо Таневски [email protected]; Уредник: Анѓела Белевска Новинари: Сузана Вренцовска; Крсте Спасески; Техничка редакција: Бранислав Силјаноски

Маркетинг менаџер: Славица Стевоска; Дистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318 Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид

Page 3: АМАК ПРЕС 98

3www.amac.com.mk/novini

На 5 ти октомври се од-ржа големиот хумани-тарен концерт во чест и

сеќавање на легендата на маке-донската естрада и уметност не-повторливиот Тоше Проески.И таа вечер видовме многу ра-боти за првпат на овие просто-ри. За прв пат во Македонија на едно место се собраа 50 000 луѓе ( колку за потсетување светски големата Мадона собра во Буда 60 000 луѓе). За прв пат на овие простори се собраа изведувачи од сите Балкаснки земји. За прв пат од Македонија се правеше пренос кој го следеа 30 милиони луѓе. За првпат пропаднатата македонска естрада не направи скандали и глупости. За првпат сите мобил-ни оператори имаа еден број за донација на пари без нивните здо-девни префикси. За првпат луѓе со хендикеп запеаја на толку голема сцена пред толку многу луѓе. За првпат сите ние се почувствуваме некако блиски и на неколку момен-ти ги оставивме на страна нашите ривалства, кариери и трката по пари. За првпат сите бевме луѓе. И секако за првпат Македонија и светот го виде Кристијан внукот

на Тоше и ја слушна потресната балада ,,Мое малечко,,. Текстот кој е чисто пророштво, неповторливиот глас на Тоше со неговиот внук во дует . . .Нема да згрешам ако кажам дека не остана човек кој во тој момент не запла-ка. Ако некој и не заплакал или не бил тука со паметот или . . . тој не е човек. . . .Сепак останува да се надеваме дека Фондацијата Тоше Проески која за првпат го организира овој концерт, ќе го организира повтор-но и ќе го направи традиционален, ќе живее хуманоста и делото на Тоше како поука за сите нас кои треба да знаеме или ако не знаеме да научиме да бидеме повеќе чо-вечни од тоа што сме.Некои работи ни се случуваат за првпат, а некои ни се повторуваат со години и умот не ни доаѓа. Па така не можеше, а да не ни се слу-чат политичарите. И ни се случи премиерот кој се појави на бина-та да прочита говор, а публиката го исфирка и скандираше Тоше ,Тоше, Тоше ! ! !Премиерот Никола Груески е на-роден човек кој има одличен Пи Ар. Цел тим се грижи за неговиот

имиџ во јавноста, а тој колку што сум имал прилика да забележам е обичен, не арогантен, не наметлив човек. Воопшто до сега не се по-истоветувал со политичката елита на која сме навикнале низ годи-ните. Некако тој делува како сите нас и со тоа мора да се признае дека отскокна од сите досегашни политичари кои градеа имиџ на џет сет и елита арогантно и висо-ко исправена наспроти закрпени-от и гладен и беден народ. Но што му требеше говор на овој концерт ? Зарем не можеше да остане во публиката, блиску до народот каде му е и местото? Кога го видов како чита говор додека публиката скандира Тоше, Тоше се потсетив кога премиер беше елитистичкиот професор по Рим-ско право, Владо Бучкоски кој со сиот ум направо ојде во Лапида-риус да држи говор на матуранти-те пред нивната забава. Замислете колку на матурантите ги заболе што сакал тој да им каже ? ? ?Некои работи кои се убави и чо-вечни ги правиме за првпат, но од некои наши глупости никако да се одвикнеме.

НА ХУМАНОСТА, ЉУБОВТА, ТАГАТА и ГлУПОСТА

РЕЗИМЕ

Page 4: АМАК ПРЕС 98

4 AMAK PRES

ЛОКАЛ

ДАли ЦВеТКО ГРОЗДАНОВ Бил ЗАМОлКНАТ ВО еМиСиЈА НА НТВ ? ? ?

Од добро упатени извори бли-ски до некои градежни фирми од Охрид порталот Мегастар

објави информација дека сопстве-ниците на градежни фирми блиски до ВМРО ДПМНЕ испратиле ,,свои луѓе,, во локалната НТВ за време на емитувањето на емисијата ТВ Објектив во која беше гостин пратеникот Цветко Грозданов со цел како што велат да го вразумат и смират пратеникот кој во

емисијата сакаше да пласира инфор-мации за одредени како што тој тврди неправилности во делењето на градеж-ните зафати во Локалната самоуправа и тендерите.Во емисијата пратеникот Грозданов спомна повеќе градежни фирми кои ги обвини дека тесно работеле на лични интереси со градоначалникот Петре-ски и добивале градежни зафати без да се објави тендер, притоа остварувајќи

големи профити. Грозданов и прет-ходно на прес конференција обвини за криминал поедини градежни компании кои според него биле во спрега со Ло-калната власт и побара одговорност од градоначалникот и споменатите фирми за тоа што го сториле.- Емисијата ТВ Објектив си заврши најнормално, никој ништо не ми на-прави и не се случи ништо драматич-но. Јас по емисијата заминав на пијачка

СПОРеД иНфОРМАЦииТе ПлАСиРАНи НА иНТеРНеТ ПРАТеНиКОТ Бил ПРеДУПРеДеН ОД НеКОи МОМЦи ДА Се СОЗеМе и ДА ВНиМАВА шТО и ЗА КОГО ЗБОРУВА. ОВА УСлеДи ОД КАКО ГРОЗДАНОВ ЈАВНО ПРОЗиВАше НеКОлКУ фиРМи ОД ГРАДОВ ОБВиНУВАЈќи Ги ЗА КРиМиНАл ВО СРПеГА СО ГРАДОНАчАлНиКОТ. ПОТОА УСлеДи ТУЖБА СО БАРАње ЗА ОшТеТА ОД 1 МилиОН ДеНАРи КОЈА Се ПОБАРУВА ТОКМУ ОД ГРОЗДАНОВ.

ХАОС ОКОлУ ПРАТеНиКОТ ГРОЗДАНОВ. ТОЈ ТВРДи ДеКА Не МУ ЈА ЗАТВОРАле УСТАТА, ВО НТВ НеСАКААТ ДА КОМеНТиРААТ А ЉОТеСКи ТВРДи ДеКА ГО фАТилА ПАНиКА ОД СилНиТе ПОЗиЦии НА АНиТА КиПАРиЗОСКА-КРСТеСКА ПА Решил ПО СеКОЈА ЦеНА ДА Се ПРОМОВиРА ВО МеДиУМиТе ПРеД ГРАЃАНиТе. иНА ТРеЈД ќе БАРА ОД ГРОЗДАНОВ ОшТеТА ОД 1.000.000 ДеН. ПА ВеРОЈАТНО ЦеНАТА НА ПРОМОВиРАњеТО ќе БиДе ПРеВиСОКА.

Page 5: АМАК ПРЕС 98

5www.amakpres.com.mk

во Ирскиот Паб и од таму најнормално заминав во својот дом. Никој не ми се закани и не се случи ништо спектаку-ларно и драматично. Во емисијата гла-вен акцент беше ставен на прозивките кои ги упати до мене градоначалникот Александар Петрески, а се однесува на ,,Ѕидот на плачот,, и јас му одговорив – кратко ни изјави пратеникот Грозда-нов запрашан дали некој мускулести момци ја прекинале емисијата во која гостувал.Од Независна ТВ се воздржаа да даваат коментари за информациите околу овој инцидент и ни го потврдија ни го не-гираа. Од таму велат дека поводот била средбата на Грозданов во Васил Тупур-коски претседател на Олимпискиот Ко-митет.

иНА ТРеЈД ВО ВОЈНА СО ЦВеТКО ГРОЗДАНОВФирмата Ина Трејд ќе поднесе тужба со која ќе бара од пратеникот Цвет-ко Грозданов оштета повисока од 1 милион денари за нарушен углед во јавноста. Менаџментот на Ина Трејд тврди дека изјавите кои ги давал прате-

никот Грозданов на прес конференции и гостувајќи во емисијата ТВ Објектив на НТВ се чисти шпекулации и измис-лици кои Грозданов ги користи во вна-трепартиски цели.- Ги отфрлам сите изјави на пратеникот Цветко Грозданов кои тој ги пласира по некои прес конференции кои сам си ги организира за да се себе промо-вира и гостувајќи во некои емисии кои сам си ги нарачува за да се појави на телевизија. На неговото прво аванту-ристичко појавување во јавноста кога не прес конференција изнесе куп лаги не реагиравме бидејќи ни е јасно дека тој е активен во внатрепартиската бит-ка во ВМРО ДПМНЕ за тоа кој ќе биде градоначалник, но тој не запира и сега на телевизија повторно продолжи да ја пее истата песна. Самиот Грозданов не примора да губиме време со него и да го тужиме со цел да наплатиме оште-та за нарушен углед во деловниот и јавниот живот на фирмата Ина Трејд која работи согласно законите, па така во договор со адвокатот ќе поднесеме тужба со која ќе бараме да наплатиме милионска оштета од Грозданов – вели Јован Лотески сопственик на Ина Трејд и додава дека Цветко Грозданов од како видел дека Анита Кипаризоска Крстеска одлично котира во Скопје, ги засукал ракавите и се впуштил во сту-пидни авантури со смешни и неиздржа-

ни обвиненија против секој и секого.Од фирмата Ина Трејд на увид на јавноста ја ставаат целокупната документација од која се гледа дека градежните зафати за кои се обвину-ва ги работи по претходно распишани тендери и решенија со кои Ина Трејд е избрана како најповолен понудувач. - Ние ги имаме добиено тендерите 3/ 2008 и 10/ 2008, целосно легално што може секој здраворазумен да види од документиве кои и се ставаат на увид на целата јавност. А доколку тоа некој не сака да го види, ние тука ништо не можеме, но доколку некој не сака да прекине да ја лаже јавноста за да се сам себе промовира како некој кој се загри-жил за граѓаните, тогаш ние можеме само да го тужиме и да плати оштета за штетата која ни ја нанел реализирајќи лични политички интереси внатре во една партија преку нашиот грб и углед- додава Лотески.Неколку охридски фирми блиски до ВМРО ДПМНЕ реагираа со зачуде-ност и згрозеност како тоа Грозданов напаѓал фирми кои ја финансирале ВМРО ДПМНЕ и финансиски ја по-магале во изборите на кои токму Гроз-данов стана пратеник во републичкиот парламент.

Љ. Таневски

ВлАТКО МУРџОСКиБУл. ТУРиСТичКА 6000

ОХРиД МАКеДОНиЈАTел: 00389 76 427-855 00389 75 826 118

email: [email protected]

Page 6: АМАК ПРЕС 98

6 AMAK PRES

ЛОКАЛ

Уште 42-ца граѓани на Охрид заработија казни за непочитување на Законот за

јавна чистота, информираше МВР.Во рамките на активностите на Ми-нистерството за внатрешни работи за спроведување на Законот за јавна чи-

стота, во периодот од 08.00 часот на 3 октомври 2008 година до 08.00 часот на 6 октомври 2008 година, во Охрид биле евидентирани 42 прекршоци на Законот за јавна чистота.Најголемиот дел од прекршоците се однесуваат на јавни површини , а дел

од прекршоците се сторени на отворен простор пред јавен објект, соопшти полицијата. А.Б.

ВО ПеРиОД ОД ТРи ДеНА 42-ЦА ОХРиЃАНи КАЗНеТи ЗА НеПОчиТУВАње НА ЈАВНА чиСТОТА

МлАДиТе и ВОЗРАСНиТе ВО БОРБА ПРОТиВ ДРОГАТАОд 6-ти до 10-ти октомври во

сите основни училишта во Охрид се реализираше втори-

от дел од проектот “Дрога Вистина и Заблуди“. Организатори се министер-ството за внатрешни работи и Црвени-от крст од Охрид.Станува збор за едукативен проект на-сочен кон две целни групи; децата од 5-то до 8-мо одделение во сите основ-ни училишта во градов и родителите како посебна целна група.На слајдови, на учениците и родители-те им се презентираше штетноста од употреба на дрога, како таа негатив-но влијае врз психофизичкиот развој на организмот и кои се полициско ме-дицинските начини за превентивно

делување кон нарко дилерите. “Сакам да потенцирам дека сите по-сетители на проектот имаа можност да видат дел од богатата колекција на сите видови дрога кои се сопственост на МВР а кои што се одземени во из-минатиот период. Во проектот учеству-ваат стручни лица, експерти од Едини-цата за борба против дрогата при СВР како и инструктор-виш инспектор кој е специјализиран за обука со дрога. Сите овие стручњаци разговараат со деца-та. Пристапот ни е интерактивен, со меѓусебна комуникација настојуваме да дојдеме до вистината за дрогата. Она што го заклучуваме по разгово-рот е дека децата практично знаат дека дрогата убива. Целта ни беше младите

да ги запознаеме со низата заблуди кои што до нив ќе се обидат или се оби-дуваат да ги пласираат наркодилерите кажувајќи им дека дрогата е корисна за организмот и дека дава енергија “,вели портпаролот на СВР- Охрид, Стефан Димоски.Полициско- медицинските лица вклу-чени во проектот го изразуваат задовол-ството од големиот одзив на деца кои покажале интерес во борбата против дрогата. Тие со голем број прашања и дискусии покажале дека дрогата ја сваќаат како зло на денешницата. Ангела Белевска

Министерството за труд и социјална политика со-општи дека инспекторите

од областа на работните односи во Охрид извршиле 279 редовни кон-троли при што биле затекнати 78 лица без договор за работа и из-дадени 56 решенија за забрана за работа. Кај 24 работодавачи затек-

нати се 63 лица за кои работодава-чите не ја поседувале потребната документација во работните про-стории и притоа се задолжени по нивното комплетирање да ја до-стават во подрачната единица на Државниот инспекторат.

Инспекторите од областа за без-

бедност и здравје при работа во Охрид извршиле 37 редовни над-зори и издадале 13 решенија со на-редба за отстранување на конста-тирани недостатоци. А.Б.

ОКОлУ 80 РАБОТНиЦи РАБОТАТ НА ДиВО ВО ОХРиДСКиТе фиРМи

РАБОТОДАВАчиТе Не ЈА иСПОлНУВААТ ЗАКОНСКАТА ОБВРСКА, РАБОТНиЦиТе ДА Ги ПРиЈАВАТ ВО ЦеНТАРОТ ЗА ВРАБОТУВАње ВО ОХРиД

Page 7: АМАК ПРЕС 98

7www.amakpres.com.mk

Сите семејства кои имаат по-низок или просечен семеен буџет и зависно од тоа во

која категорија припаѓаат нивните деца можат да бидат корисници на детски или посебен додаток одно-сно помош за опрема на новороден-че.Право на детски додаток има секое дете кај кое еден од двајцата роди-тели е во работен однос. Доколку семејството е четричлено и притоа месечните приходи по човек не се поголеми од 2 260 денари, детето има право да добива детски дода-ток. За самохрани мајки цензусот изнесува 4 520 денари. Месечниот износ на детски дода-ток по дете до 15 годишна возраст изнесува 650 денари, а над 15 годи-ни износот е 1 000 денари.Правото на детски додаток се губи со навршување на 18-та година иако детето го продолжува своето образование.“Брартелот на детски додаток во секторот за Заштита на правата на децата во просториите спроти Ма-ларична мора да ги достави след-ниве документи: Извод од матична книга на родените за дете-ца; Уве-рение или решение за државјанство за родителот;Извод од матичната книга за венчаните, за разведени родители пресуда за развод на брак, а за починат родител извод од ма-

тичната книга на умрените; Лична карта на подносителот на барањето-фотокопија; Потврда за редовен ученик од соодветната образовна установа; Потврда за примања од работен однос, а за лицата врабо-тени кај приватен работодавец и договор за работа; Решение , уплат-ница за исплата или потврда за социјална парична помошод Цен-тарот за социјална работа; Судска Регистрација за основачи на тргов-ско друштво или установа; Потврда од бирото за вработување за невра-ботени членови во семејството;“ ,истакна референтот за Заштита на детските права, Лилјана Арнаудо-ска.За продолжување на правото на корисниците на детски додаток се поднесуваат документи од јануари до 31 март идната година . Докол-ку документите не се поднесат во наведениот рок лицето се третира како нов корисник.Право за посебен додаток имаат лица со пречки во развојот до 26 годишна возраст кои не се институ-ционално згрижени односно не се на товар на државата. Лицата, ба-ретели на помошта до оделението за Заштита на детските права треба да достават наод и мислење за ви-дот и степенот на попреченоста во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби на детето.

Месечниот износ на посебниот до-даток е 3 800 денари. Обновата не документите се врши секоја година во периодот од јануари до крајот на месец март.За остварување на правото да се добие помош за новороденче се зе-маат во предвид остварените при-ходи за претходните три месеци по поднесување на барањето.“Ако во семејството за последните три месеци приходите не се пови-соки од 7 000 денари се исплаќаат по 4 000 денари. Ако приходите се од 7 000 до 21 000 месечно се до-биваат по 3 500 денари. Приходите кои се движат меѓу 21 000 и 28 000 денари овозможуваат месечна по-мош за бебето во износ од 1 000 де-нари. Високо буџетските семејства добиваат месечна парична помош од 170 денари“, вели Арнаудовска која додава дека ретки се случаите семејствата кои се со висок семеен буџет да го искористуваат ова право. Рокот за поднесување на бараањето за помош на новороденче е 60 дена од денот на раѓањето на детето.Паричните износи за детски или посебен додаток како и помошта за прво дете ќе бидат повисоки од јануари 2008 година, кога ќе стапат во сила и нови законски одлуки кои се однесуваат на децата . Ангела Белевска

ПАРичНА ПОМОш ЗА ДеЦАПРАВОТО НА ДеТСКи или ПОСеБеН ДОДАТОК ОДНОСНО ПОМОш ЗА НОВОРОДНче НАЈчеСТО ГО КОРиСТАТ НиСКО БУџеТСКиТе СеМеЈСТВА иАКО ТОА ПРАВО ГО иМААТ и СеМеЈСТВАТА КАЈ КОи БУџеТОТ е ПОВиСОК ОД 30 000 ДеНАРи

Page 8: АМАК ПРЕС 98

ЛОКАЛ 1

Page 9: АМАК ПРЕС 98

www.amakpres.com.mk 9

БлАГОЈА СилЈАНОСКи, НОВиНАР, ОПшТеСТВеНиК, ПОлиТичАР и ПиСАТел

НАГРАДи и ПРиЗНАНиЈА Не Ми Се ПОТРеБНи-ДРЖАВАВА ТРеБА ДА Ги ВРеДНУВА ВиСТиНСКиТе ВРеДНОСТи

НА ВРВОТ

БлАГОЈА СилЈАНОСКи е НОВиНАР, ПУБлиЦиСТ, ОПшТеСТВеНиК, ПОлиТичАР и ПиСАТел, МАГиСТеР ПО еКОНОМСКи МАРКеТиНГ, КОЈ ОДАМНА ЈА ПОДГОТВил ДОКТОРСКАТА ДиСеРТАЦиЈА “ОДНОСиТе СО ЈАВНОСТА ВО ТУРиЗМОТ“, КОЈА КАКО шТО САМиОТ Вели Не ГО СТАВилА Очи В Очи СО НеКОи ТАКАНАРечеНи ПРОфеСОРи СО ЗНАењА СТеКНАТи КАКО ОНие НА ВечеРНиТе УчилишТА КОи фАБРиКУВАА КАДРи ПОТРеБНи ЗА РАЗВОЈ НА СиСТеМОТ. ПОшиРОКАТА ОХРиДСКА ЈАВНОСТ, СилЈАНОСКи ГО ПАМеТи КАКО ПРВиОТ ГРАДОНАчАлНиК НА ОХРиД ВО СУВеРеНА и НеЗАВиСНА РеПУБлиКА МАКеДОНиЈА иЗБРАН НА ПРВиТе лОКАлНи ПОВеќеПАРТиСКи иЗБОРи. ВО НОВиНАРСТВОТО -е ДОБиТНиК НА НАЈВиСОКОТО ОПшТеСТВеНО ПРиЗНАНие НАГРАДАТА НА ОХРиД “СеДМи НОеМВРи“, ДеНеС ПОЗНАТА КАКО “СВеТи КлиМеНТ ОХРиДСКи- ПАТРОНОТ НА ОХРиД. ВО НеГОВиОТ ГРАДОНАчАлНичКи МАНДАТ е ДОНеСеНА и ОДлУКАТА ЗА ПРОГлАСУВАње НА СВеТи КлиМеНТ ОХРиДСКи ЗА ПАТРОНеН ПРАЗНиК НА ОХРиД. ТОЈ е ЗАСлУЖеН ЗА ОБНОВУВАње НА ОХРиДСКиОТ ПлиВАчКи МАРАТОН и ЗА ОСНОВАњеТО НА МУЗичКиОТ феСТиВАл “ОХРиДСКи ТРУБАДУРи“. БлАГОЈА СилЈАНОСКи е АВТОР НА ДеВеТ РОМАНи. ПОСлеДНиОТ КОЈ НеОДАМНА иЗлеЗе ОД ПечАТ е НАСлОВеН КАКО “ДеВОлСКи КРАСНОПиС“, НАСТАНАТ КАКО ПлОД НА АВТОРОВиТе НеУМОРНи ТАлКАњА, КАКО шТО ТОЈ САМиОТ ЗНАе ДА КАЖе, ПО ЖиВОТишТеТО и ВРеМишТАТА, ОВОЈ ПАТ ВО ЈУГОТ НА АлБАНиЈА ВО ВиСОКАТА ПУСТелиЈА МОСКОПОле, ВО ЗАБОРАВеНиОТ ДеВОл ОД ВРеМеТО НА СВеТи КлиМеНТОВиОТ УНиВеРЗиТеТ......

Page 10: АМАК ПРЕС 98

10 AMAK PRES

На своето детство речиси и да не се сеќава , зошто многу повеќе ги памети црвените огнени

јазици во Народно ослободителната војна. Тој е дете на војната.“Необично, ама не се сеќавам на дет-ството. По Антифашистичкото роп-ство, слободарските мугри осамнаа без детства и се на што се сеќавам од Дебарца во првите повоени години, тоа е исполитизираното детство, конзер-ви наполнети со речен песок полиен со газијан кои откако учителите ни ги потпалуваа и ние само што ќе вивнеа високите пламени јазици држејќи ги подигнати в раце ги следевме учители-те, онака како што ги следевме и нив-ните громогласни извикувања “Смрт на фашизмот- слобода на народот“, или “Тито –Лазо- Тито- партија- Тито Це-Ка... и се такви извикувања чие значење никој не го знаевме, а дома- кому како, некому празнични родителски галби, некому оцртани црвени јазичиња на обравчињата. Јас бев меѓу вторите. Татко ми иако борец никогаш не при-стапи во партијата и не ги милуваше празничните чествувања. Во славното село во кое штотуку родените револу-ционерни песни веднаш се фрлаа на селските буништа, останав дватринае-

сет години, додека не го завршив везот со петки во осмолетката. После веќе за се знам, буквално се: и како минував во гимназијата во која иако со сите петки, градските деца никако не ме прибираа во нивните друштва. Се сеќавам и на студиите најпрвин на Факултетот за туризам и угостителство, потоа на Еко-номскиот факултет на кој ги завршив после дипломските студии и се здобив со научно звање Магистер по економ-ски маркетинг. Во икончињата на мојот лаптоп и денес е завршената докторска дисертација “Односите со јавноста во туризмот“ која не ме стави очи в очи со некои таканаречени професори (чест на исклучоците) со знаења стекнати како оние на вечерните училишта кои фабрикуваа кадри потребни за развој на системот. И какви кадри- таков си-стем, заедно се сневидоа“, раскажува Благоја Силјаноски.Работниот век му започнува со перо-то и хартија во рака, тој беше и оста-на забележан како еден од најдобрите новинари во бившите југословенски простори. И додека за АМАК ПРЕС Охридски- Новини одговараше на по-ставените прашања, со задоволство потсмевнувајќи се сеќаваше на своите, но и на почетоците на сеуште единстве-

ниот печатен медиум во Охрид.Бил основач на предокот на АМАК ПРЕС, тогаш го викале “Езерски Глас“ кој како и денес така и тогаш бил един-ственото печатено гласило во градов .“Во расадникот на кадри, во инду-стрискиот гигант на автомобилската индустрија во федерални рамки- “Заста-ва- Херој Тоза Драговиќ“ во Охрид, беа моите работни почетоци и ангажмани. Во 1966 година директор беше Ристо Шапкар, недопрочитана енциклопедија на охридската индустрија и еден од првите директори на осмолетката во моето село, а технички директор Богоја Блажески, првиот дипломиран машин-ски инжењер во овој крај. Јас, штотуку оженет безалтернативец, почнав како реглер. Оттаму во Карловац ја отслу-жив обврската за татковината и откако се вратив се вработив во Радио Охрид . Имаше само двајца редовни вработени , јас бев третиот универзален незнајко. Еве ме – самонаречен основач, или ба-рем еден од нив и на единствениот пе-чатен медиум “Езерски глас“, денеска и двата во состав на вашиот индустри-ски гигант. Тука останав над пет годи-ни, кога бев ангажиран за регионален дописник на Радиотелевизија Скопје. Оние што ме знаат , мислам дека ме

НА ВРВОТ

Силјаноски во придружба на бившиот претседател на државата Глигоро в

Page 11: АМАК ПРЕС 98

11www.amakpres.com.mk

знаат од новинарските години и таа околност ме чини горд на посебен на-чин. Горд сум со пријателите, уште погорд со оние што им се спротиставуваа на моите ставови. Мислам на вториве им го должам најголемото општествено признание Наградата на Охрид “Сед-ми Ноември“, денес “Свети Климент Охридски-Патрон на Охрид“.Во мое време новинарите не смееа да грешат.Освен ако не направеа како мене и да ја почувствуваат сета горчи-на на професијата, која секогаш знае да те задржи прикован за неа, и само еднаш дозволува грешка. Таа секо-гаш е кобна, таква беше и мојата! Во октомври 1989 година кога ја прифа-тив понудата и станав претседател на Општинската организација на Сојузот на комунистите во Охрид,прв пат меѓу тројца предложени кандидати и прв пат на избори со непосредно тајно гласање! Значи бев последниот прет-седател на Сојузот на комунистите во општината, после и прв претседател на Собранието на Општина Охрид во суверена и независна Република Македонија избран на првите локални повеќепартиски избори. Во овој пери-од бев претседател на Заедницата на општините и градовите на Македонија и во тоа својство ја водев делегацијата на Заедницата во Советот на Европа во Стразбур. Завршив како пратеник во вториот состав на Собранието на Ре-публика Македонија од 51-та изборна единица. После сето ова се најдов под Бирото за вработување и од таму, овде каде што сум“.Иако неверниците во вистинското знаење и образование во некои и се-гашни времиња некааде и овде го имаат тронот во раце, и како такви се прават сезнајковци и најдобри, Силјаноски верува дека наскоро ќе дојдат времиња кога и тоа како ќе се почитува вистин-ското знаење и стручна наобразба.“Во мое време беше поинаку. Основа-чите на медиумите беа колективни по-литички органи кои не негуваа цензура, но силно ја подгреваа автоцензурата-како единствен пат до кариерата. Јас на пример долги години пишував а име не ми се споменуваше. И во “Езерски глас“ретко не потпишуваа. Нешто како чирачење до испекување на занаетот.“Во меморијата на охриѓани Благоја Силјаноски најверојатно најзапаметен ќе остане како нивниот градоначалник заслужен што Охрид го празнува Св. Климент кој стана и негов патрон.Тој е човекот кој го оживеа Охридскиот пли-

вачки маратон и основач на музичкиот фестивал Охридски трубадури“Моето изборно мото беше “За досто-инството на Охрид!“ раководев со сил-но и многу одговорно собрание на оп-штина која ги опфаќаше покрај Охрид, Косел, Мешеишта и Дебрца. Власта беше целосно централизирана, а оп-штината максимално обезвластена. Не примавме вообичаени надоместоци, дури ниту хранарина. Во однос на де-нешниве погодности избраните функ-ционери и советниците нема простор за споредување. Таква беше и мојата плата, која тие по мене повеќекратно си ја зголемија. Во мојот мандат беше донесена Одлуката за прогласување на Свети Климент Охридски за па-тронен празник на нашиов град на чие чествување не се случи никогаш да дојдат претставници од државната власт од партијата на која и припаѓав, само затоа што нашите локални ин-тереси силно и ги спротиставував на државната власт. Ги ценам комунални-те зафати во селските населби. Во мое време ФК Охрид, една сезона играше во најквалитетната – Прва фудбалска лига. Благодарение на неколкумина пливачки ентузијасти во 1992 година го обновивме Охридскиот маратони му доделивме на охридскиот кеј лик каков што одамна му беше потребен, а на те-расата на хотелот “Палас“ го отворив-ме првиот, штотуку основан фестивал “Охридски трубадури“. Според мене

од особено значење е потегот што го из-разивме со едногласната одлука на Со-бранието со која повеќе од улиците во градов беа достоинствено именувани .И покрај се во државниот врв составен во основа од мојата партија ме имаа за дрзок, самобендисан и своеглав.Не се согласував што го ставија на-шиот аеродром под државна капа, а системот за заштита на Охридското Езеро кој го завршивме до “Метропол“ ни го оставија во наша надлежност. Како пратеник поднесов предлог За-кон за Охрид, а прв пат беше прифа-тено барањето на Охрид и се формира Дирекција за туризам со седиште во Охрид и со надчежности карактери-стични за Министерство за туризам.....Сам си ја избрав судбината . Всушност од градов и од партијата многу добив во кариерата , ама многу и им возвра-тив.“Иако Благоја Силјаноски многу доцна се развел од политиката, по разводот од неа напишал девет романи. Тој вели дека не сака и не му се потребни посеб-ни награди и признанија за вложениот труд во неколкуте животни и профе-сионални свери во кои го достигнал врвот, но верува и знае дека државава кога тогаш ќе ги осознае и ќе ги по-гледне вистинските вредности. Ангела Белевска

Силјаноски во придружба на сегашниот Претседател на државата Црвенкоски

Page 12: АМАК ПРЕС 98

12 AMAK PRES

HRONIKA

Медиумската фела деновиве се обе-дини, за жал, на

комеморативна седница, по-ради трагичниот настан што се случи неодамна а во кои загинаа Влатко Пантоски и Наумче Аврамоски, дел од медиумската куќа « Супер Радио». « Луѓето мислат дека во медиумите ги има новинарите. Но на новина-рите им требаат сниматели, монтажери, техничари, му-зичари, токму оние кои што покрај нас новинарите што се занимаваме со дневните политики, знаат на луѓето да им одберат нешто што ќе им се залепи за увото», кажа Си-мон Илиевски, кој денеска повика на едноминутен молк во знак на оддавање почит

кон загинатите колеги.« За Ди џеј Пантер и Ди џеј Бруце можам деноноќно да ви кажувам. Единствени бевме, по цел ден заедно, постојано позитивни, ведри и расположени. Само што ќе ги видев веднаш добивав сила и енергија. Можеме само да ги паметиме по до-бри дела, како вредни работ-ници и добри луѓе», рече на комеморативната седница, во длабока тага и шок, Жанко Голабоски, нивниот близок колега од «Супер радио».« Чувствуваме голема болка и тага поради загубата не само на два млади животи, туку и на двајца луѓе во вистин-ската смисла на зборот. Креа-тивци во својата професија кои ќе бидат запаметени по

она што го работеа, по 10-те години на Ди џеј Пантер во медиумскиот простор и не-говите емисии во петок на-вечер, по неговите журки во најдобрите ноќни кубови, извонредниот ведар лик на Ди џеј Бруце, неговите ав-торски емисии и неговите журки» рече колегата Горан Момироски, кој дел од но-винарскиот стаж го помина во «Супер радио», токму со луѓето кои остануваат вечно запаметени. На комеморативната седница што се одржа во Општина Охрид во 13 часот прису-ствуваше и охридскиот гра-доначаник Александар Пе-трески.Влатко Пантовски -ди-џеј Пантер и Наум Аврамоски-

ди-џеј Бруце, загинаа во теш-ката сообраќајна несреќа, што синоќа се случи кај Бу-ково. Двајцата долги години беа дел од тимот на Супер радио.DJ PANTER - So Super Radio беше u{te od samite poчetoci od 1993-ta godina. Bil Resident DJ vo skoro site povlijatelni ohridski kafe barovi i klubovi. Na Super Radio od 1996 godina секој петок од 20-22ч. одеше познатиот ди-џеј сет FRESH JAMS.DJ BRUCE беше so Super Radio od 2003 godina. По-знат беше по одличната Hip-Hop i R`N`B muzika што секој понеделник ја пушташе во negovata emisija „Street Sound“

ОХРиД Се ПРОСТи ОД ДиџеиТе ПАНТеР и БРУЦе

Во периодот од јануари до крајот на сетември оваа го-дина во Охрид се случиле

вкупно 337 сообраќајни незгоди. Од нив со потешки последици еви-дентирани се 135 сообраќајни не-згоди во кои загинале 9 лица а 205 се здобиле со телесни повреди.“Во деветte месеци од оваа годи-на, споредбено со истиот период лани, службата бележи намален

број на случени сообраќајни не-згоди. Во 9-те месеци од 2007 го-дина во Охрид биле регистрирани 368 незгоди од кои 140 со потешки последици а 17 лица кои го загуби-ле животот“, вели портпаролот на СВР –Охрид,Стефан Димоски.Во деветмесечниот период еви-дентирани се вкупно 2 813 прек-ршоци по разни основи од зако-нот за безбедност во сообраќајот

на патиштата. Во Основниот Суд во Охрид против 2 483 пријавени лица поднесени се 1 475 барања за поведување прекршочни постап-ки. Истовремено до комисијата за одлучување по прекршоци при СВР-Охрид поднесени се 971 барање за поведување прекршочни постапки. А. Белевска

Во периодот од јануари до број на случени сообраќајни не на патиштата. Во Основниот Суд

ЗА ДеВеТ МеСеЦи НА ПОДРАчЈеТО НА ОХРиД Се СлУчиле 337 СООБРАќАЈНи НеЗГОДи

ГОДиНАВА ПОМАл БРОЈОТ НА СООБРАќАЈКи ОД лАНи

Page 13: АМАК ПРЕС 98

13www.amakpres.com.mk

HRONIKA

Неодамна во Основниот суд во Охрид, ненадејно

почина Андон Блажески од село Белчишта.Сега веќе починатиот Блажески, во судот бил

со намера, неговиот имот законски да го префрли на име на снаата од си-нот, Блаже Блажески, кој пред две години трагич-но загина во сообраќајна несреќа во Охрид.

“Андон почина буквал-но пред наши очи, ни се лизна од раце, береше душа. Најверојатно по-чина од преголема возбу-да и тага. Неговиот син е починат веќе две години,

а ова лето исто така тра-гично загина и внукот од синот, Тони Блажески. За Андон во судов се воде-ше оставинска постап-ка што значи делото не беше кривично или друго тешко дело. Како што ре-ков човекот најверојатно многу се возбуди“, вели Даниела Танкоска, вра-ботена во Основниот суд во Охрид.На лице место веднаш дошле лекари од Здрав-ствениот дом. Обидите на докторите со венски инекции да го вратат во живот биле безуспешни.Констатирана е смрт пре-дизвикана најверојатно од срцев удар. Ангела Белевска

МАЖ ПОчиНА ВО ОХРиДСКиОТ СУД

Деновиве во Охрид почна со работа Меѓународниот симпозиум за балкански-

от фолклор. На овој собир што се одржува во организација на Институтот за фолклор “Мар-ко Цепенков“ од Скопје, а под покровителство на претседате-лот на Владата, Никола Груев-ски, учествуваат 85 претстав-ници од Македонија,Бугарија, Хрватска,Србија, Албанија, Т у р ц и ј а , А в с т р и ј а , Русија,Германија и од други

земји.Главни теми за кои распра-ваа учесниците на симпозиу-мот се македонскиот јазик на иселениците од Македонија во европските и во преку океан-ските земји и фолклорот и за-едничките културни вредности на Балканот.Директорот на Институтот за Фолклор, Севим Пиличкова, ис-такна дека ваквите средби и по-конкретно фолклорот овозмо-жуваат меѓусебно запознавање

на народите, утврдување на сличностите меѓу фолклорното наследство на одделни заедни-ци и народи.Симпозиуми за балканскиот фолклор веќе 36 години секоја втора година традиционално се одржуваат во Охрид. А. Белевска

МеЃУНАРОДеН СиМПОЗиУМ ЗА БАлКАНСКи фОлКлОР ВО ОХРиД

ЃУНАРОДЃУНАРОДKULTURA

Page 14: АМАК ПРЕС 98

14 AMAK PRES

ТУРИЗАМ

Туризмот во дваесет-тиот век, особевно во неговата втора поло-

вина беше феномен на векот. Според историски податоци таа туристичка феноменал-ност се состои во две неод-минливи работи. Во Универ-зална смисла, Македонија на емитивните туристич-ки пазари во Европа брзо стана нова и привлечна дестинација, дома пак се раѓаше надеж дека полека но сигурно и ние стануваме деца на мајката Земја. Иако тогаш никој не споменувал бренд ниту елитен туризам во секој македонец заживу-вало гордото чувство дека светот не сака и дека ние за возврат го милуваме светот меѓу нас . . . . Н о в и н а р с к а т а љубопитност и желбата да истражуваме не наведе

да се запрашаме и да осо-знаеме; Зошто Охрид бил и е привлечна туристичка дестинација за холанѓаните? Тие во 70-те и 80-те го-дини на минатиот век беа најбројни туристи во Охрид. По неколкугодишна пауза годинава повторно во Охрид пристигнаа неколку групи гости од Холандија. “Оваа е шеста година по ред како јас и мојата сопруга летуваме во Охрид. Годи-нава веќе сме пензионери и одлучивме да дојдеме во септември. Навистина овде е преубаво.Местово е мирно а ние уживаме во прошет-ките низ овој преубав град, уживаме и кога е студено. Ова не е место наменето само за плажа,нели? Знаеме дека овде престојувал и тво-рел нашиот познат писател, А.Ден Долард. Тоа вистина

не радува и ги прави блиски двата народи, холандскиот и македонскиот. Градов го сакаше нашиот великан тој убаво го промовираше во на-шата земја,затоа го сакаме и ние“, вели Бренард Хоф од Амстердам-Холандија, што неодамна го сретнавме по кејот на езерото кај хотелот “Парк“ во Охрид. Според кажувањата на туристичките работници бројот на холандски тури-сти во Охрид бил најголем во 70-те години од минати-от век. кога организирано доаѓале со чартер летови секоја недела. Меѓутоа со промените во превозот по-степено се намалувал бројот на холанѓаните кои летувале во Охрид, за во 90-те години од минатиот век бројката да стане незначителна.Според напишаното во кни-

гата, “Мирисот на патината “од Благоја Силјаноски, прв пат холандски гостин во Охрид доаѓа во далечната 1931 година. Бил евиденти-ран со неговото вистинско име Георг Спулстра Боб ,кој неколку години подоцна го заменил со уметничкото А.Ден Долард. Во првата посета во Охрид, младиот холанѓанец немло каде да се смести и првата ноќ пре-спал во некоја еѓупска куќа на рогозина. Странскиот турист се воодушевил од убавиот фреско живопис во црквата Св. Софија, која ја затекнал половината разур-ната. Уште тогаш се вљубил во Охрид. Втор пат дошол во 1938 година заедно со со-пругата. На чардакот од ста-рата охридска куќа, на улица Климентска во населбата Месокастро, тогаш млади-от писател започнал да го пишува неговиот најпознат роман, Свадбата на седумте цигани“.Според пишувањата на Силјаноски, за нас е од го-лемо значење што рома-нот целосно се однесува на Охрид. Истиот е објавен на холандски јазик во Амстер-дам. Најпознатиот холанд-ски писател кој пред светот бил познат по уметничкото име А.Ден Долард и кој со својот роман “Свадбата на седумте цигани“ ја промови-рал Македонија во цел свет, во Охрид доаѓал секоја годи-на до 1994-та, кога починал.“Свежи ми се сеќавањата на средбите со А. ден До-лард и со Лени Пол која беше најпозната туристич-

ХОлАНДСКиОТ ПиСАТел А.ДеН ДОлАРД ЈА ПРОМОВиРА МАКеДОНиЈА ВО ЦелиОТ СВеТ

ВО oХРиД ОЖиВеА ТУРиСТичКиОТ ПeРиОД ОД 70-Те ГОДиНи НА МиНАТиОТ ВеК КОГА БРОЈНи БеА ТУРиСТиТе ОД ХОлАНДиЈА

ХОлАНЃАНиТе ДОАЃААТ ВО ОХРиД ЗА ДА ВиДАТ КАДе ПишУВАл и ТВОРел АВТОРОТ НА РОМАНОТ „СВАДБАТА НА СеДУМТе ЦиГАНи“. СО ОВАА КНиГА ОБЈАВеНА НА ХОлАНДСКи ЈАЗиК ВО АМСТеРДАМ-ХОлАНДиЈА, ПиСАТелОТ ,А.ДеН ДОлАРД, ЈА ПРеТСТАВи ЗеМЈАВА ПРеД СВеТОВ

Во дуќанот на Белевци и денес стои билетот на кои пишува „Ние говориме холандски“

Page 15: АМАК ПРЕС 98

www.amakpres.com.mk 15

ка новинарка од околината на Амстердам. И нејзините записи за Охрид имаа сил-но влијание во подемот на туристичкиот промет на Охрид остварен од холанд-ските гости. А. Ден Долард пак беше пријатен и благо-роден вљубеник во Охрид. Тој одлично говореше ма-кедонски јазик и беше горд што добро го владее. Се сеќавам дека по долгите

размислувања дали на маке-донски или холандски јазик, одлучи својот роман “Свад-бата на седумте цигани“ да го објави на холандски со цел истиот да наиде на по-широка читателска публика во родната земја која преку напишаното ќе ги разбере убавините на Охрид“, вели Блалгоја Силјаноски, дода-ва дека во деведесеттите го-дини од минатиот век кога

тој беше градоначалник на Охрид, холанѓаните речиси и да не доаѓале кај нас.И денеска кога ќе поми-нете низ старата охридска чаршија на излозите од не-колкуте стари занаетчисќи дуќани на филигранистот Вангел Деребан или кај опинчарите Белевци ќе ги здогледате натписите “ЗБО-РУВАМЕ ХОЛАНДСКИ“.“Во нашиот дуќан прва-

та група холанѓани дојде во далечната 1966 година. Беа воодушевени и купу-ваа од опинците, кожените кондури, сандалите и реме-ните кои јас и брат ми Ге-орги ги изработувавме. Ид-ната година во дуќанот влезе холанѓанец во поодминати години и стави нешто како билет на излогот. На него на холандски јазик пишуваше, “ЗБОРУВАМЕ ХОЛАНД-СКИ“. Ние двајцата збунето се погледнавме а стариот го-стин се насмевна и ни рече, “не знаете холандски но на-скоро ќе научите“. И нави-стина тоа што тој го кажа се исполни. Јас и брат ми наб-рзо научивме да кажуваме “добра вечер“ , “добар ден“ и “повелете“.По работното време, го учевме странскиот јазик и двајцата одлично го совладавме. Билетот што го остави стариот холанѓанец и денес го краси излогот на нашиот дуќан“, раска-жува Милан Белев, еден од малкумината останати стари занаетчии во Охрид додавајќи дека и денес не-говото семејство има бли-ски пријатели од Холандија кои во знак на долгогодиш-ното пријателство својот сега возрасен син го нарекле како него Милан. Тој според нив е можеби единствениот холанѓанец со македонско име.Во 90-те години од мина-тиот век како да исчезнаа холанѓаните долж охрид-ската ревиера. Тогаш беше уништен паркот на лалето пред хотелот “Парк“ чие подигање беше во чест на збратимувањето на Охрид со холандскиот град Катвајк. Летната туристичка сезона што измина ни најави старо –нови гости во Охрид, годи-нава нивниот број достигна над 2000. Нов бран гости од холандија се очекуваат за првомајските празници ид-ната година.

Ангела Белевска

„Учевме Холандски со речници во ноќните часови. Денес одлично го владеам тој јазик, а го владееше и мојот брат Ѓорѓи“ - Милан Белев

Page 16: АМАК ПРЕС 98

16 AMAK PRES

иНТеРВЈУ СО В.Д ДиРеКТОРОТ НА ЈП ЗА СТОПАНиСУВАње СО СПОРТСКи ОБЈеКТи, иВАН ЦВеТКОВСКи

Од самото формирање на јавното претпријатие, „Билјанини Изво-ри “ за стопанисување со спорт-

ски објекти и јавни паркинг простори, Иван Цветкоски е на челната функција и како в.д директор е „одговорен“ за успешноста во функционирањето на Спортско рекреативниот центар. Ди-пломирал на факултетот за Физичка култура во Скопје во 2000-та година по што се запишал на пост дипломските студии за спортски менаџмент во Бел-град но вели дека тоа засега останува незавршена работа.„Засега оваа работа како одговорен за спортскиот центар во целост ме ис-полнува. Имам визија како треба да из-гледа спортскиот центар, и се надевам дека сето тоа со подршка на многумина ќе успееме да го реализираме“Атлетиката е неговата прва љубов а во слободно време покрај играње тенис најчесто е на кафе се пријателите во Ликвид и Баланс.„Како бивши атлетичар имам едно големо искуство кое ми помогна врз мојот карактерен и образовен развој. Се обидувам и денеска со тоа да жи-веам но и да пренесам дел на помлада-та популација во Охрид со оглед дека

спортот е единствениот пат кој ни по-кажува како да изградиме здрава кул-турна и образована младина“.

- Постоите како Јавно претпријатие доста краток период а веќе зад вас се големи настани. Лесно ли беше да се справите со предизвикот?

Токму така само 2,5 месеци сме Јавно претпријатие што преставува новина и за мене и за самата Локална самоу-права а за секоја работа која стартува од почеток потребно е време. Досега имавме 3-4 проекти кои што ни дадоа добар старт. Имавме еден голем на-стан СП во ракомет за младинки. Сето она што го сработивме пред, за време, и после шампионатот покажа дека на-вистина се реализиравме како добри домаќини. Со оглед дека стартуваме со подобрување на спортската клима во градов секогаш може и подобро и ние во тој дел сме доста самокритич-ни. После тоа следуваше големиот кон-церт на Лени Кравиц. Горди сме што бевме дел од сето тоа. Верувам дека во голем дел, нормално со подршка на градоначалникот Александар Петре-

ски, бевме заслужни за сето она што се случи. Убеден сум дека тоа му тре-ба на Охрид таков тип на концерти со таква медиумска покриеност со толку привлекување на гости во еден ден во Охрид. Ние и во иднина ќе се потруди-ме, не само со Аволон продукција како организатор, туку и со другите продук-циски куќи во најмала рака да иници-раме привлекување на звезди од рангот на Кравиц. Се надеваме следната годи-на ќе ни се случи исто толкав концерт со мало поместување на датумот во интерес на продолжување на туристич-ката сезона. Добро е кога во континуи-тет би имале посета од врвни музички имиња во Охрид. Исто така имавме СП за иселениците за прв пат во Охрид кое исто така помина одлично, потоа имав-ме две-три кошаркарски екипи кои беа тука на припреми. Успеавме заедно со хотелот Метропол грчката екипа Лари-са која што ни е традиционален гостин и покрај политичките случувања да ја донесиме и имавме одлична соработка

Освен организацискиот дел како ЈП во овие два три месеци работите и на подобрување на условите за работа во спортската сала и стадионот.

Направивме работи кои со години беа запоставени. Спортската сала Билјанини Извори комплетно ја по-кривме со бежичен интернет, ја осве-живме и со нови содржини како поставување на постери на македон-ски познати спортисти а планираме и оние спортисти кои нешто значат за Охрид да ги ставиме на постер се со цел посетителите да ја учат спортската историја. Исто така планираме да по-ставиме дисплеј за време и датум а ќе воведиме и нов начин на рекламирање со поставување на три и пол метарски рекламен дисплеј на кој што ќе можат сите фирми да се рекламираат. До но-ември треба да поставиме и едан плаз-ма преку која посетителите за време на ЕП во ракоме кое следи, ќе можат да ги пратат групите а ќе следат и многу дру-ги новини. На градскиот стадион ваќе во овој момент направивме промена на

СПОРТОТ е еДиНСТВеНиОТ ПАТ ЗА ЗДРАВА МлАДиНА

СПОРТ

Page 17: АМАК ПРЕС 98

www.amakpres.com.mk 17

искршените столчиња, ја исфарбавме ложата, направивме нови клупи за ре-зервни играчи, го заградивме целиот стадион со мрежа која дава еден поу-бав изглед на целиот простор. Градски-от стадион планираме да го изградиме да собира 10 000 публика доволно да се организираат натпревари од секаков ранг. Во план сме да го средиме север-ното игралиште кое во минатото беше целосно заборавено со цел екипите кои доаѓаат на припреми да имаат што по-добри услови. Она што ќе даде нов лик и секако во голема мера ќе ги подобри условите е проектот кој ќе се реализи-ра наредниве месеци за поставување на атлетска професионална патека која ќе биде прва во Македонија. Првиот чо-век на Атлетската федерација Цветко Грозданов ја има најголемата заслуга за тоа и со ваква соработка и со оста-натите луѓе кои ги водат институциите кај нас верувам можеме да постигниме уште многу повеќе.

Настани и проекти кој следат на спортскиот центар.

Пред нас е фудбалски турнир за печа-тените и електронските медиуми. Ние тука сме како соорганизатори заедно со Суперрадио кој е организатор. Во под-готовки е да организираме еден ден за спорт за сите граќани во Охрид. Целта е во еден ден да се организираат раз-ни активности од фрлање на фризби до играње на фудбал и кошарка и раз-ни забавни игри со цел граѓаните од 7 до 77 години да се рекреираат. Во овој проект влеговме заедно со Црвениот крст и со Сојузот на училишен спорт. Со оглед дека дел од работата ни е и развој на спортот обезбедивме простор за охридскиот училишен спорт каке би се собирале децата. Во план ни е да ор-ганизираме и едан трибина на која уче-ство би зеле сите релевантни фактори во спортскиот живот со цел да се види што значи спотрот за младите и градот. Во секој случај следат многу проекти многу настани преку кои ние ќе можи-ме заеднички да делуваме во развојот на спортот.

Ни претстои уште еден голем настан ЕП во ракомет. Европската рако-метна федерација повторно дојде во посета. Какви забелешки овојпат упатија?

Беше присутна агенцијата која е задол-жена за вршење пренос и за ТВ права

за ЕП. Со оглед дека ја добивме визата преку генералната проба со СП за мла-динки овојпат договоривме само некои мали финеси кои ќе бидат завршени за брзо време. Задоволни беа пред се од просторните можности кои ги напра-вивме. Повторна посета очекуваме во октомври месец но сигурни сме дека Охрид и спортската сала и овојпат ќе бидат одлични домаќини.

За нормално функционирање но и за многуте зафати претпоставувам потребни се и големи сретства. На кој начин се финансира ова јавно претпријатие и каква е соработката со клубовите?

Согласно решението на централни-от регистар ние имаме три стапки за финансирање, преку буџетот на Ло-калната самоуправа, сопствени при-ходи и преку спонзорства и донации. Секој почеток е тежок но во моментов се справуваме добро. Стопанисуваме и со еден паркинг простор така што срества добиваме и од таму, но пого-лемиот дел се од закупците и рекреа-тивците во спортската сала. Примарна работа за нас пред се е соработката со спортските клубови од Охрид кои за жал ги немаме многу. Се обидуваме да им пружиме максимална услуга да од-говориме во целост на нивните барања согледувајќи ја нивната финансиска состојба. Сепак клубовите треба да сватат дека за она што го користат тука треба да платат. Ние сме претпријатие кое има огромни расходи и примарна обврска ни е да остваруваме приход.

Цените на наш предлог се корегирани и пристапни за секого треба само на-виката кај челните луѓе на Клубовите да се смени и редовно да плаќаат за користење на салата и стадионот. Дел од спортските екипи и понатака даваат отпор на нашите барања. Соработката со ФК Охрид иако во минатото била на некое ниво сега е претворена во прити-сок за бесплатно користење на теренот. Знам што значи фудбалот во градот но обврската за егзистирање е на самиот Клуб а не наша. Сепак верувам дека за брзо време ќе ги надминеме овие проблеми и тие ќе се однесуваат како и сите други останати клубови кои ги користат нашите услуги.

СеМеЈСТВОТО Ми е НА ПРВО МеСТОПокрај сето она што ми се случуваше на професионален план овие неколку месеци доста работи ми се случија и на приватен план. Добив партнерка во животот а за брзо време ќе добијам и еден помал партнер во фамилијата но сето тоа не ми е пречка максимално професионално да ја извршувам мојата работа но од друга страна нема да до-зволам работата да ми биде се во жи-вотот. Семејството е пред се а после се останато.

Сузана Вренцовска

СеМеЈСТВОТО Мие НА ПРВО МеСТОПокрај сето она што ми се случуваше на професионален план овие неколку месеци доста работи ми се случија и на приватен план. Добив партнерка во животот а за брзо време ќе добијам и еден помал партнер во фамилијата но сето тоа не ми е пречка максимално професионално да ја извршувам мојата работа но од друга страна нема да до-зволам работата да ми биде се во жи-вотот. Семејството е пред се а после се останато.

СТОСТОПокрај сето она што ми се случуваше на професионален план овие неколку месеци доста работи ми се случија и на приватен план. Добив партнерка во животот а за брзо време ќе добијам и еден помал партнер во фамилијата но сето тоа не ми е пречка максимално професионално да ја извршувам мојата

вотот. Семејството е пред се а после се

Page 18: АМАК ПРЕС 98
Page 19: АМАК ПРЕС 98
Page 20: АМАК ПРЕС 98