109
1 УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ – КИЧЕВО Дисперзирани студии: БИТОЛА Оливер Велковски АЛТЕРНАТИВНИТЕ МЕРКИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И УЛОГАТА НА ПРОБАЦИСКИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ ВО НИВНОТО ИЗВРШУВАЊЕ (магистерски труд) БИТОЛА, 2018 година

Оливер Велковски АЛТЕРНАТИВНИТЕ МЕРКИ ВО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/OliverVelkoski_bt_okt18.pdf · Законот за пробација

  • Upload
    others

  • View
    17

  • Download
    1

Embed Size (px)

Citation preview

1

УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА

ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ – КИЧЕВО Дисперзирани студии: БИТОЛА

Оливер Велковски

АЛТЕРНАТИВНИТЕ МЕРКИ ВО РЕПУБЛИКА

МАКЕДОНИЈА И УЛОГАТА НА ПРОБАЦИСКИТЕ

СЛУЖБЕНИЦИ ВО НИВНОТО ИЗВРШУВАЊЕ

(магистерски труд)

БИТОЛА, 2018 година

2

Ментор:

Доц. д-р Ангелина Станојоска

Членови на комисија:

1. Доц. д-р Никола Тунтевски, претседател

2. Доц. д-р Мирјана Ристовска, член

НАУЧНА ОБЛАСТ: ПЕНОЛОГИЈА И КАЗНЕНО ПРАВО

3

ИЗЈАВА

Изјавувам дека при изработката на магистерскиот труд ги почитував

позитивните законски прописи на Република Македонија од областа на заштитата

на интелектуалната сопственост и не користев реченици или делови од трудови на

други автори без да ги почитувам методолошките стандарди и соодветниот стил

на цитирање. Изјавата ја давам под полна морална, материјална и кривична

одговорност.

Изјавил:

Оливер Велковски

4

АЛТЕРНАТИВНИТЕ МЕРКИ ВО РЕПУБЛИКА

МАКЕДОНИЈА И УЛОГАТА НА ПРОБАЦИСКИТЕ

СЛУЖБЕНИЦИ ВО НИВНОТО ИЗВРШУВАЊЕ

Апстракт

Во Кривичниот законик на Република Македонија се предвидени алтернативните

мерки како дел од системот на санкции, а истите се изрекуваат за полесни кривични

дела или на примарни сторители. Станува збор за шест видови алтернативни мерки.

Но, во пракса, статистиката покажува дека некои од алтернативните мерки воопшто и

не се изрекуваат од страна на судовите, останувајќи само како „мерки на хартија“. Во

декември, 2015 година, Собранието на Република Македонија го донесе Законот за

пробација со цел да се заштити општеството од криминал, а исто така и да овозможи

полесна ресоцијализација на лицата спрема кои се извршуваат пробациските работи и

нивна полесна реинтеграција во заедницата. Законот за пробација има за цел

намалување на бројот на затворениците во затворите со помош на правни механизми,

односно преку употребата на алтернативните мерки, а не со употреба на политички

механизми, имајќи во предвид дека дел од затворите во нашата држава се соочуваат со

„пренатрупаност“, констатирана во извештаите како на домашните, така и на

странските институции. Своја улога добиваат и пробациските службеници кои се

надлежни да ги извршуваат пробациските работи. Пробациските службеници се дел од

Управата за извршување на санкции.

Клучни зборови: алтернативни мерки, кривични дела, пробација, пробациски

службеници, Република Македонија, сторители, судови

5

ALTERNATIVE MEASURES IN THE REPUBLIC OF

MACEDONIA AND THE ROLE OF PROBATION

OFFICERS IN THEIR EXECUTION

Abstract

In the Criminal Code of the Republic of Macedonia there are alternative measures as part

of the system of sanctions which are imposed for minor crimes or on primary perpetrators.

We are talking about six types of alternative measures. But in practice, the statistics show that

some of the alternative measures are not even imposed by the courts, remaining only as

„measures on paper“. In December, 2015, the Parliament of the Republic of Macedonia

adopted the Probation Law in order to protect the society from crime, as well as facilitate the

resocialization of people involved in probation matters and ease their reintegration in the

society. The Probation Law aims to reduce the number of prisoners with the help of legal

mechanisms, or through the use of alternative measures rather than using political

mechanisms, having in mind that some of the prisons in our country face „overcrowding“, as

stated in the reports of both domestic and foreign institutions. Probation officers who are

competent to carry out probation matters receive their role as well. Probation officers are part

of the Directorate for Execution of Sanctions.

Key words: alternative measures, crimes, probation, probation officers, Republic of

Macedonia, perpetrators, courts

6

СОДРЖИНА

Вовед........................................................................................................................................ 1

Глава I

Формулација на проблемот и начин на негово истражување

1. Формулација на проблемот............................................................................................... 5

2. Одредување на предметот на истражувањето................................................................. 7

2.1. Теоретско определување на предметот на истражување......................................... 7

2.2. Поимно - категоријален апарат................................................................................. 18

2.3. Операционално определување на предметот на истражување............................. 18

2.4. Дисциплинарно определување на предметот на истражување............................. 20

2.5. Временско и просторно определување на предметот на истражување................ 21

3. Цел на истражувањето...................................................................................................... 21

3.1. Научна цел................................................................................................................... 21

3.2. Општествена цел......................................................................................................... 21

4. Хипотези............................................................................................................................ 22

5. Начини на истражување (методи и техники)................................................................ 23

6. Општествена и научна оправданост на истражувањето.............................................. 24

Глава II

Настанок на алтернативните мерки

1. Појава и историски развој на алтернативните мерки.................................................. 27

Глава III

Законска поставеност на алтернативните мерки во Република Македонија

1. Цел и предности на алтернативните мерки.................................................................. 33

2. Видови алтернативни мерки.......................................................................................... 37

2.1. Условна осуда............................................................................................................ 38

2.2. Условна осуда со заштитен надзор.......................................................................... 40

2.3. Условно прекинување на кривичната постапка.................................................... 42

2.4. Општокорисна работа............................................................................................... 42

2.5. Судска опомена.......................................................................................................... 44

2.6. Куќен затвор............................................................................................................... 45

3. Алтернативните мерки како санкции за деца - сторители на кривични дела…...... 45

3.1. Условна осуда со заштитен надзор.......................................................................... 46

3.2. Условно прекинување на водење на постапка спрема дете................................. 47

7

3.3. Општокорисна работа............................................................................................... 48

4. Видови алтернативни мерки во другите европски држави........................................ 48

Глава IV

Пробацискиот систем во Република Македонија

1. Потреба од воспоставување на пробациски систем.................................................... 51

1.1. Предности од воспоставувањето на пробацискиот систем ................................. 53

1.2. Основни принципи на воспоставување и функционирање на пробациската

служба во Република Македонија..................................................................................... 56

2. Улогата на Управата за извршување на санкции во вршењето на пробациските

работи во Република Македонија...................................................................................... 57

3. Надлежности на пробациските службеници во извршувањето на пробациските

работи................................................................................................................................... 60

3.1. Улогата на пробациските службеници во извршувањето на условната осуда со

заштитен надзор.................................................................................................................. 62

3.2. Улогата на пробациските службеници во извршувањето на општокорисната

работа................................................................................................................................... 64

3.3. Улогата на пробациските службеници во извршувањето на куќниот затвор... 68

Глава V

Статистички податоци за изрекувањето на алтернативните мерки во Република

Македонија

1. Број на изречени алтернативни мерки од 2012 до 2016 година................................. 73

2. Податоци за изречени алтернативни мерки на подрачјето на Основен суд Прилеп во

периодот од 2012 до 2016 година...................................................................................... 83

Глава VI

Заклучоци и препораки...................................................................................................... 89

Библиографија................................................................................................................... 97

1

Вовед

И денес, во XXI век, сите држави во светот, без оглед на нивниот степен на

економски, социјален и технолошки развој се соочуваат со криминалитет.

Криминалитетот отсекогаш постоел, постои и ќе постои без оглед на целокупните

напори што се прават од страна на државите за негово искоренување. Иако степенот на

криминалитет од држава до држава се разликува, сепак, секоја од нив треба да се обиде

истиот да го сведе на минимум.

Една од алатките која и стои на располагање на секоја држава во борба со

криминалитетот е системот на санкции. Системот на санкции треба да биде поставен

така што ќе ги одврати потенцијалните сторители на кривични дела од вршење на

некое кривично дело, но и соодветно да ги санкционира сторителите на кривични дела

кои повредиле некое добро кое што е заштитено со позитивните законски норми,

бидејќи нивното поведение негативно се одразува врз функционирањето на

целокупното општество.

Во повеќето држави во светот, казната затвор е најчесто изрекуваната санкција и

тогаш кога постојат законски услови да се изрече некоја друга, бидејќи постои

мислење дека на таков начин сторителот соодветно се казнува со тоа што од една

страна му се ограничува слободата на движење, а од друга страна, затворот влијае врз

неговата психичка состојба, предизвикувајќи му страдање. На тој начин државата

моментално го заштитува општеството од евентуално идно негово поведение кое би ги

прекршило позитивните законски прописи, истовремено зголемувајќи го и степенот на

сигурност на граѓаните. Изрекувањето само на казната затвор и занемарувањето на

другите видови санкции, вклучувајќи ги и алтернативните мерки, доведува до други

проблеми кои што негативно се одразуваат врз осудените лица, односно придонесуваат

тие да се вратат како поголеми криминалци во заедницата од каде што дошле.

Како резултат на развојот на човековите права и немањето на позитивен ефект на

казната затвор, се напушта теоријата на репресија, а сѐ повеќе се застапува теоријата на

превенција, а тоа придонесува почесто да се применуваат алтернативните мерки кои

што овозможуваат поекономично да се остварат целите на казнувањето.

Алтернативните мерки не содржат во себе нагласен ретрибутивен елемент, но тоа не

значи дека тие не го санкционираат сторителот, напротив, овозможуваат да се постигне

целта на казнувањето заштитувајќи го сторителот од негативните последици што со

2

себе ги носи затворот, а со тоа се овозможува поголема можност за ресоцијализација

на сторителот на кривичното дело и негова полесна реинтеграција во заедницата.

Република Македонија во својот Кривичен законик има предвидено шест видови

алтернативни мерки со чие изрекување од страна на судовите во државата треба да се

надмине: проблемот со „пренатрупаност“ во затворите, проблемот со „затворската

инфекција“ помеѓу затворениците, огромните финансиски трошоци на државата за

осудените лица итн.

Во првата глава од овој магистерски труд ќе биде обработен проблемот што е

предмет на истражување, тргнувајќи од неговата формулација, преку теоретско и

операционално определување на предметот на истражување, потоа дисциплинарно,

просторно и временско определување на предметот на истражување, како и целите на

истражувањето, односно општествената и научната цел на истражувањето, стигнувајќи

до хипотезите и методите и техниките преку кои ќе биде спроведено истражувањето.

Во втората глава од магистерскиот труд ќе биде обработен настанокот на

алтернативните мерки, согледувајќи го системот на санкции во периодот на Стариот и

Средниот век, а ќе биде анализиран и периодот по 1800-та година кога доаѓа до израз

хуманизацијата на казнувањето.

Во третата глава од овој магистерски труд ќе биде обработена законската

поставеност на алтернативните мерки во Република Македонија, кои видови

алтернативни мерки постојат, кои се нивните цели, но и кои законски услови треба да

бидат исполнети за нивно изрекување на полнолетни сторители на кривични дела, како

и на деца – сторители на кривични дела, како и кои видови алтернативни мерки се

составен дел од правните системи на дел од европските држави.

Четвртата глава од магистерскиот труд е посветена на пробацискиот систем во

Република Македонија, објаснувајќи ја потребата и предностите од неговото

воспоставување. Исто така, во рамките на оваа глава ќе бидат анализирани и улогата на

Управата за извршување на санкции во вршењето на пробациските работи, како и

надлежноста и улогата на пробациските службеници во извршувањето на условната

осуда со заштитен надзор, општокорисната работа и куќниот затвор.

Петтата глава од овој труд е посветена на истражувачкиот дел, во која ќе бидат

анализирани податоците од Државниот завод за статистика на Република Македонија и

од Основниот суд Прилеп, како и резултатите добиени врз основа на нив, а на тој

начин ќе може да добиеме јасна слика кога станува збор за примената на

алтернативните мерки во Република Македонија во периодот од 2012 – 2016 година,

3

односно кои видови алтернативни мерки се применуваат, а кои воопшто не наоѓаат

примена.

Во шестата и последна глава од магистерскиот труд, ќе бидат анализирани

заклучоците добиени врз основа на спроведеното истражување, а со тоа и потврдување

или отфрлање на поставените хипотези. Во оваа глава ќе бидат дадени препораки и

предлози во насока на подобрување на ситуацијата во Република Македонија во врска

со примената на алтернативните мерки и улогата на пробациските службеници во

нивното извршување.

4

ГЛАВА I

ФОРМУЛАЦИЈА НА ПРОБЛЕМОТ И НАЧИН НА НЕГОВО

ИСТРАЖУВАЊЕ

5

1. Формулација на проблемот

Во казненото право постои правило, според кое, на секој оној кој што сторил

кривично дело треба да му се изрече казна или друга санкција во зависност од

тежината на стореното кривично дело и околностите во кои што го сторил истото.

Затоа во Кривичниот законик на Република Македонија се предвидени неколку видови

кривични санкции: казни, воспитни мерки, мерки на безбедност и алтернативни мерки,

секој вид со свои специфики, со цел да им се создаде поширок простор за избор на

судиите при санкционирањето на сторителот на кривичното дело. За разлика од

казните, кај кој е нагласен ретрибутивниот елемент, алтернативните мерки се

карактеризираат со ненагласеност на ретрибутивниот елемент затоа што тие се

превентивни санкции. Но, тоа не значи дека не можат да ја постигнат целта на

санкционирањето, напротив, можат да постигнат и многу поголем ефект во споредба

со казните.

Казната е справедливо возвраќање за извршеното дело односно, смислено, целно

зло што му се нанесува на сторителот поради извршеното дело и во рамките на вината

за делото.1 Казната се карактеризира со две димензии. Првата е државно – правната

димензија која се состои од правото на државата да го казни сторителот на кривичното

дело, а втората е индивидуалната димензија која се состои од должноста на сторителот

на кривичното дело да се подложи на казна. За разлика од алтернативните мерки,

казната е ретрибутивно – превентивна санкција која има за цел да спречи во иднина

сторителот да врши кривични дела и истиот да го превоспита, но и воспитно да влијае

врз потенцијалните сторители да не вршат кривични дела, заплашувајќи ги преку

изрекување на справедливи казни за сторителите на кривични дела. Ретрибуцијата не е

цел на казнувањето, но таа е составен дел во самата природа на казната, имајќи во

предвид дека под ретрибуција се подразбира изрекување на справедлива и

пропорционална казна на сторителот за стореното кривично дело.

Според член 33 од Кривичниот законик на Република Македонија, на кривично

одговорен сторител може да му се изречат следниве казни:

- казна затвор;

- парична казна;

- забрана за вршење професија, дејност или должност;

- забрана на управување со моторно возило и

1 Владо Камбовски, Миладин Крстаноски, Казнено право - општ дел, Универзитет „Св.Климент

Охридски“ - Битола, Правен факултет - Кичево, Охрид, 2013 година, стр. 327

6

- протерување на странец од земјата.

Долготрајните казни затвор, како и доживотниот затвор имаат за цел физички да го

одделат сторителот на кривичното дело за определен временски период или засекогаш

од средината во која тој може повторно да стори кривично дело како резултат на

криминалните поттици кои доаѓаат од истата. Имајќи во предвид дека казната затвор

може да се изрече во времетраење од 30 дена па нагоре, изречената краткотрајна казна

затвор врз сторителот треба да предизвика индивидуално заплашување и одвраќање од

евентуално идно сторување на кривично дело.

Советот на Европа, Народниот правобранител на Република Македонија, како и

други институции и невладини и граѓански организации во своите извештаи ги

критикуваат условите во македонските затвори: престојување на поголем број на

затвореници од предвидениот во конкретниот затвор, нехигиена, ширење на т.н.

„затворска инфекција“ помеѓу затворениците, притисоци, малтретирање,

дискриминација на затворениците. Условите во затворите во една држава всушност

укажуваат за каква држава се работи.

За разлика од казната затвор, изрекувањето и извршувањето на алтернативните

мерки влијае позитивно како врз ресоцијализацијата на сторителот на кривичното

дело, така и врз условите во затворите, т.е. придонесува за намалување на бројот на

затвореници, а тоа се одразува директно и врз Буџетот на Република Македонија.

Примената на алтернативните мерки придонесува сторителот на кривичното дело да не

се етикетира од страна на заедницата во која што живее, а тоа овозможува полесно

вклопување во заедницата по извршувањето на алтернативната мерка.

Но, сѐ уште во нашата држава судиите „како да немаат храброст“ да ги изрекуваат

сите видови алтернативните мерки. Од нормативен аспект, алтернативните мерки се

сеопфатно регулирани - во Кривичниот законик се наведени кои видови алтернативни

мерки постојат, кои услови треба да бидат исполнети за нивно изрекување, која е

нивната цел, но и кое е нивното времетраење. Начинот на извршувањето на

алтернативните мерки е предвиден во Законот за извршување на санкциите. Но, се

чини дека Република Македонија до скоро време немаше институционален капацитет

за нивно извршување. Затоа, по повеќе дебати и јавни расправи спроведени од страна

на Министерството за правда на Република Македонија со експерти од оваа област,

донесен е заклучок дека нашата држава има потреба од донесување на Закон за

пробација, кој беше усвоен од страна на Собранието на Република Македонија кон

крајот на декември во 2015 година. Во Законот се предвидуваат одредени новини, меѓу

7

кои и постоење на пробациски службеници со определени надлежности при

извршување на алтернативните мерки, a исто така се дефинираат и пробациските

работи. Пробациските службеници се дел од Управата за извршување на санкции.

Основната цел на магистерскиот труд е да утврди колку често алтернативните

мерки во Република Македонија се изрекуваат во пракса, дали и колку наоѓаат примена

или остануваат само „мерки на хартија“, но и дали Република Македонија со

донесувањето на Законот за пробација создаде нормативни и институционални

претпоставки за нивно извршување преку предвидување на постоење на пробациски

службеници со соодветни надлежности за извршување на алтернативните мерки.

Мотивацијата да се разработува оваа тема произлегува првенствено од генералниот

став кој владее помеѓу граѓаните на оваа држава, но и помеѓу странските експерти кои

го анализираат нашето законодавство, дека Република Македонија располага со многу

добри закони во многу области, вклучувајќи ја и казнената област, но истите имаат

многу слаба имплементација во праксата. Исто така, станува збор за тема која ги

опфаќа сите луѓе, од една страна сторителите или потенцијалните сторители на

кривични дела, а од друга страна останатите луѓе кои не сториле кривично дело.

Притоа кога станува збор за дискредитацијата кон осудените лица, луѓето имаат

различен однос спрема лице кое ја издржало или ја издржува казната затвор и спрема

лице на кое му била изречена или врз кое била извршена алтернативна мерка.

Преку анализа на Кривичниот законик, Законот за пробација, Законот за

извршување на санкциите, Законот за правда за децата, ставовите на експертите од

оваа област, како и со користење и анализа на податоци од Државниот завод за

статистика на Република Македонија и од Основниот суд Прилеп, за периодот од 2012

до 2016 година, ќе дојдеме до заклучок за употребата на алтернативните мерки на

територијата на Република Македонија, но и за улогата на пробациските службеници

во нивното извршување.

2. Одредување на предметот на истражувањето

2.1. Теоретско определување на предметот на истражувањето

За алтернативните мерки постојат различни дефиниции. Наједноставната е дека

алтернативните мерки претставуваат алтернативa за затворот. Според книгата

„Aлтернативи за затворот“ од професорката Гордана Лажетиќ – Бужаровска, под

алтернативи за затворот се подразбираат казните, мерките и режимите за негово

8

издржување што овозможуваат целосно или делумно одбегнување на затворот,

односно го редуцираат времето поминато во затвор, при што осудениот се подложува

на третман и надзор од стручни и овластени лица во заедницата, истовремено водејќи

сметка за положбата на оштетениот.2

Според професорот Радоман Миленко, претседател на Здружението на пенолози на

Србија во периодот од 2004 до 2008 година, алтернативните мерки се мерки кои ја

отстрануваат можноста за изрекување на казната затвор со цел да се избегнат

последиците кои произлегуваат од затворот и затворањето, под услов истите да ги

изрече суд и судот да процени дали таквите мерки одговараат на природата и тежината

на стореното дело, како и на личноста на сторителот.3

Според Миомир Костиќ и Слободанка Констатиновиќ – Вилиќ, под алтернативни

мерки се подразбираат различни мерки и постапки за избегнување на кривичната

постапка и/или казната за сторителите на прекршоците и сторителите на полесни

кривични дела, или, со цел подобро да се ресоцијализира осуденото лице, наместо

казна затвор се утврдува исполнување на некои обврски – вклучување во социјално –

педагошки и амбулантен третман или делумно затворање.4

Кога станува збор за казнувањето, за разлика од порано, кога доминирал концептот

на ретрибутивна правда, односно ако некој свесно направел кривично дело, било

против општеството или против поединец, за да се воспостави рамнотежа во

општествените односи потребно било на сторителот на кривичното дело да му се

одговори со зло сразмерно на злото кое било нанесено со кривичното дело од негова

страна, денес преовладува концептот на ресторативна правда, во чиј центар е жртвата,

а не сторителот, концепт кој ги согледува причините поради кои дошло до извршување

на кривичното дело и се обидува да се надминат нарушените меѓучовечки односи со

заедничка согласност на сите страни. Под дејство на вториот концепт се развиваат и

алтернативните мерки.

Дејствувањето на познатиот чевлар Џон Августус од 1841 година претставува

основа за појава на алтернативните мерки. Тој понудил гаранција пред општинскиот

суд во Бостон дека доколку старецот кој бил обвинет дека е алкохоличар се ослободи

2 Здружение Центар за стратегии и развој ПАКТИС Прилеп, Систет на алтернативни мерки со посебен

осврт на состојбата на имплементација во општина Прилеп, 2014 година,

http://www.pactismk.com/pdf/EPI_Pactis_Brosura.pdf , стр. 9 (27.11.2017) 3 Vidoje Mitrić, Specifičnosti alternativnih sankcija u krivičnom pravu Srbija, 2014 година, https://scindeks-

clanci.ceon.rs/data/pdf/0352-3713/2015/0352-37131503061M.pdf , стр.63 (04.05.2018) 4 Анкица Спиридонов, Алтернативне санкције и законодавство Републике Србије, Магистерски труд,

Ниш, 2014 година, http://www.prafak.ni.ac.rs/files/master-radovi/ankica-spiridonov.pdf , стр. 6 (22.04.2018)

9

од издржувањето на казната затвор, во иднина тој немало да пие алкохол.

Алтернативните мерки за прв пат се предвидени во Англија, а подоцна истите биле

предвидени и се применувале во законодавствата на други држави: Италија, Франција,

Шведска и други.

На ниво на ООН, Советот на Европа и ЕУ се донесени бројни меѓународни

документи за примена на алтернативните мерки, дел од нив се правно обврзувачки, а

дел не.

Стандардни минимални правила на ОН за незатворските мерки (т.н. Токиски

правила) (1990) важат за најважниот меѓународен документ кога станува збор за

промовирање на алтернативните санкции.5 Овој документ содржи упатства за

спроведување на алтернативните мерки и минимални гаранции за лицата врз кои се

спроведуваат истите. Токиските правила содржат низа на мерки кои претставуваат

замена за казната затвор и истите нагласуваат дека треба да се води сметка за

рехабилитацијата и реинтеграцијата на сторителот, заштитата на општеството и за

интересот на жртвата. Целта на Токиските правила е поефикасен третман на осудените

лица кои би се постигнал доколку истите правилно би се изрекувале и применувале.

Токиските правила се залагаат за поголема промоција на алтернативните мерки со цел

затворот како казна да се користи како крајно средство за санкционирање на

сторителот на кривичното дело, а на таков начин да се избегне „пренатрупаноста“ во

затворите. Во Токиските правила посебно внимание е посветено на учеството на

општеството во промовирањето и спроведувањето на алтернативните мерки. Во

рамките на Токиските правила се содржани осум глави:

1) фундаментални цели;

2) фаза на претходна постапка;

3) фаза на судење и пресудување;

4) фаза по донесување на осудителна пресуда;

5) примена на незатворски мерки;

6) персонал;

7) волонтери и други извори на заедницата;

8) истражување, планирање, креирање на политиката и евалуација.

5 Fondacija „Centar za demokratiju“ i Viktimološko društvo Srbije, Stavovi građana i stručnjaka o

alternativnim sankcijama i restorativnoj pravdi, Beograd, 2015 година,

http://www.centaronline.org/userfiles/files/publikacije/fcd-alternativne-sankcije.pdf , стр.10 (26.11.2017)

10

Во рамките на првата глава, насловена какo фундаментални цели, е истакнато дека

Токиските правила треба да се применуваат без дискриминација врз основа на возраст,

раса, боја на кожа, пол, социјална, етничка и политичка припадност, јазик, религија

итн., а притоа земајќи ги во предвид културните, економските, социјалните и

политичките прилики на секоја земја и целите и задачите на нејзиниот кривично -

правен систем. Исто така е нагласено дека секоја држава во рамките на својот систем

на санкции треба да обезбеди голем број на незатворски мерки кои треба правилно да

се применуваат во зависност од личноста на сторителот на кривичното дело, тежината

на истото и потребата за заштита на општеството.

Во фазата на претходна постапка е нагласено дека притворот треба да се користи

како крајно средство, а полицијата, обвинителството или другите органи кои се

занимаваат со криминалот имаат право, доколку постои оправданост, да го ослободат

сторителот на кривичното дело.

Во фазата на судење и пресудување, правосудните органи може да ги имаат на

располагање следниве санкции:

- вербални санкции, како што се опомена, прекор и предупредување;

- условно ослободување;

- статусни казни;

- економски санкции, како што се паричните казни;

- конфискација или експропријација на имот;

- реституција или компензација за жртвата;

- изрекување на казна со одложно извршување;

- пробација и судски надзор;

- општокорисна работа;

- насочување во центар за социјална работа;

- куќен затвор;

- друг начин на вонинституционално постапување;

- комбинација на претходно наведените мерки.6

Во фазата по донесување на осудителна пресуда, Токиските правила предвидуваат

на надлежните органи да им се стави на располагање широк спектар на алтернативни

мерки со цел сторителот на кривичното дело да избегне институционализирање, а

6 United Nations Standard Minimum Rules for non – custodial Measures (The Tokyo Rules), 1990 година,

http://www.ohchr.org/Documents/ProfessionalInterest/tokyorules.pdf , стр. 3 (26.11.2017)

11

притоа да му се помогне во неговата реинтеграција во општеството. Диспозицијата по

донесувањето на осудителната пресуда може да вклучува:

1) отсуство и поблиско сместување;

2) oслободување заради образование или работа;

3) различни видови на отпуст;

4) ремисија;

5) помилување.7

Во петта глава која е насловена како примена на незатворски мерки е наведено дека

надзорот треба да му помогне на сторителот полесно да се интегрира во општеството, а

исто така и да спречи евентуално сторување на ново кривично дело од негова страна.

Доколку на сторителот му е изречена незатворска мерка која што вклучува надзор,

истиот треба да се врши од страна на надлежен орган. Времетраењето на незатворската

мерка е толку колку што е утврдено од страна на надлежниот орган, со можност

издржувањето на истата да се прекине и порано, доколку лицето се однесува примерно

и доколку предвреме се постигнат целите на незатворската мерка. Кога станува збор за

условите за примена на незатворските мерки, во Токиските правила е наведено дека

треба да се земат во предвид правата на сторителот и жртвата, но и потребите на

општеството, а условите што треба да бидат почитувани да бидат доволно јасни и

прецизни, но и практични и притоа истите можат да бидат променети од страна на

надлежен орган во зависност од напредокот кој го постигнал сторителот на кривичното

дело. Доколку од страна на сторителот не се почитуваат условите воспоставени од

страна на надлежниот орган, изречената незатворска мерка може да биде заменета со

друга, а како крајно средство може да се изрече и казната затвор.

Во делот на персоналот надлежен за применување на незатворските мерки, е

наведено дека при вработување на персоналот не смее да има дискриминација по било

кој основ и дека е потребно лицата да имаат соодветна професионална обука и

стручност. Токиските правила налагаат и вклученост на јавноста, односно на

општеството, со цел да се подобрат врските помеѓу сторителите на кривичните дела и

општеството, но и заради одржување на конференции, симпозиуми, семинари и

поголема промоција на незатворските мерки преку средствата за јавно информирање

со цел јавноста да се запознае со користа од примената на незатворските мерки. Исто

така Токиските правила овозможуваат во примената на незатворските мерки да бидат

7 United Nations Standard Minimum Rules for non – custodial Measures (The Tokyo Rules), 1990 година,

http://www.ohchr.org/Documents/ProfessionalInterest/tokyorules.pdf , стр. 4 (03.04.2018)

12

вклучени и волонтери кои во консултација со надлежниот орган ќе им помогнат на

сторителите да ги одржуваат врските со општеството.

Стандардните минимални правила на ООН за незатворските мерки се усвоени на

VIII Конгрес одржан во Хавана (1990 година). На претходните конгреси од страна на

ООН се прифатени резолуции со кои се препорачува намалување на затворската

популација, од една страна, и поширока примена на алтернативите на затворот, од

друга страна.

Советот на Европа се залага за поголема промоција и примена на алтернативните

мерки во однос на казната затвор. Стандарди кои се важни за примена на

алтернативните мерки се содржани во повеќе препораки донесени од страна на

Советот на Европа.

Препораката бр.R (1992) 16 за Европските правила за алтернативните санкции и

мерки применувани во заедницата е усвоена од страна на Комитетот на министри на 19

октомври 1992 година. Оваа препорака се состои од 11 поглавја.

Првото поглавје се однесува на правната рамка на дефинирањето на

алтернативните санкции и мерки применувани во заедницата, и е наведено дека

алтернативните санкции и мерки се применуваат непристрасно и дека нема

алтернативна санкција или мерка која има временски неопределено траење.

Временското траење го определува надлежен орган во зависност од тежината на

стореното дело и личните околности.

Второто поглавје се однесува на судски гаранции и жалбени постапки и во него е

наведено дека судски орган е надлежен да донесе одлука за изрекување и

отповикување на алтернативна санкција или мерка применувана во заедницата, а

притоа на сторителот на кривичното дело му се дава право на жалба до повисок орган

доколку смета дека одлуката е незаконита. Жалбата треба да биде разгледана веднаш и

по неа да се донесе одлука.

Третото поглавје се однесува на основните права и во него се нагласува забраната

за дискриминација на сторителите по било кој основ и дека природата, содржината и

методите за примена на алтернативните санкции и мерки применувани во заедницата

не вклучуваат евентуален ризик од ментална и физичка повреда на сторителот, ниту

пак медицински или психолошки третман спротивен од меѓународно усвоените етички

стандарди.

Четвртото поглавје е насловено како соработка и согласност на сторителот, и во

него е наведено дека преку соработката кај сторителот ќе се развие чувство на

13

одговорност, како кон општеството, така и кон оштетениот. Сторителот треба да биде

информиран на јазикот кој што го познава, но по можност и писмено за целта која што

треба да се постигне со изречената алтернативна санкција или мерка применувана во

заедницата, а притоа неговата согласност треба да биде јасно изразена и истата не смее

да му повреди некое негово основно право.

За примена на алтернативните санкции и мерки применувани во заедницата во

препораката е предвидено ангажирање на стручен кадар, а органите надлежни за нивно

имплементирање треба да се финансираат од јавните фондови. Препораката бр.R

(1992) 16 за Европските правила за алтернативните санкции и мерки применувани во

заедницата налага вклученост на заедницата со цел да му овозможат на сторителот да

одржува врски со заедницата, но и да се создаде перцепција кај сторителот дека

заедницата не го елиминирала, туку напротив, се интересира за него.

Препораката бр.R (2000) 23 за примена на Европските правила за алтернативните

санкции и мерки применувани во заедницата е усвоена со цел да се надминат

проблемите со кои се соочиле државите при примената на Европските правила за

алтернативни санкции и мерки.

Препораката бр.R (2003) 22 за условниот отпуст e усвоена од страна на Комитетот

на министри на 24 септември 2003 година. Според оваа препорака, под условен отпуст

се подразбира предвремено ослободување на осудените лица под индивидуализирани

услови по ослободувањето, не опфаќајќи ги амнестиите и помилувањата во оваа

дефиниција. Условниот отпуст треба да биде проследен со помош и контролни мерки,

а времетраењето на условниот отпуст не смее да биде подолг од преостанатиот дел од

издржување на казната затвор. Оваа препорака има за цел спречување на рецидивизам,

односно лицето кое што еднаш сторило кривично дело, да се спречи да стори ново

кривично дело, па поради тоа, со цел намалување на степенот на ризик од рецидивизам

на условно ослободениот затвореник може да му бидат наметнати индивидуализирани

услови како што се: учество во програми за личен развој, забрана за посета на

определени места, плаќање на компензација или репарација на жртвите, посетување на

образование или стручна обука или инволвирање во третман за злоупотреба на алкохол

или дрога. Образованието и стручната обука ќе му помогнат на затвореникот полесно

да се подготви за живот во заедницата. Оваа препорака се залага за постоење на јасни

критериуми, кои доколку бидат исполнети од страна на затворениците, ќе бидат основа

за изрекување на условен отпуст. Целта на условниот отпуст е полесено реинтегрирање

на затворениците во животната средина, но и намалување на рецидивизмот, па оттука

14

со оваа препорака се препорачува да се врши проверување и анализа на влијанието на

условниот отпуст во намалувањето на рецидивизмот.

Препораката бр.R (2014) 4 за електронскиот надзор e усвоена од страна на

Комитетот на министри на 19 февруари 2014 година. Целта на оваа препорака е да се

дефинираат основните принципи кои се поврзани со етичките и професионалните

стандарди кои ќе им помогнат на државните органи во една држава да обезбедат

електронски надзор во кривично - правниот процес кој ќе биде правичен и ефективен,

а притоа нема да се дозволи повреда на правата на засегнатите лица. Електронскиот

надзор е општ термин кој се однесува на форми на надзор со кои се следи локацијата,

движењето и специфичното однесување на лицата во рамките на кривично – правниот

процес.8 Во зависност од правните системи на државите, електронскиот надзор може

да се користи на еден или на повеќе од следниве начини:

- за време на претходната фаза на кривичната постапка;

- како услов за укинување или за извршување на затворска казна;

- како самостоен начин за надзор над извршувањето на кривичната санкција или

мерката во заедницата;

- во комбинација со други пробациски интервенции;

- како мерка пред ослободување на затворениците;

- во рамките на условниот отпуст;

- како мерка за насочување и надзор за одредени видови престапници по пуштањето од

затвор;

- како мерка на следење на внатрешните движења на сторителите во затвор и/или во

рамките на отворените затвори;

- како мерка за заштита на специфични жртви на криминал од поединечни осомничени

или престапници.9

Според оваа препорака, судството е тоа кое што може да донесе одлука за

изрекување и отповикување на електронскиот надзор, а притоа е забранета

дискриминација по кој било основ. Електронскиот надзор може да го заштити

општеството од криминалитет само определен временски период, а за подолготрајна

заштита потребна е негова комбинација со други мерки. Кај електронскиот надзор

8 Recommendation CM/Rec (2014) 4 of the Committee of Ministers to member States on electronic monitoring,

https://pjp-

eu.coe.int/documents/3983922/6970334/CMRec+%282014%29+4+on+electronic+monitoring.pdf/c9756d5b-

be0e-4c72-b085-745c9199bef4 ,стр.2 (03.04.2018) 9 Ibid, стр.3

15

потребно е да се внимава да не се повредат или ограничат правата на засегнатите лица

повеќе од она што е предвидено во судската одлука со која на лицето му е изречен

електронскиот надзор. Електронската опрема за следење на лицето не смее да му

предизвика страдање, ниту пак физичка или психичка повреда. Дали на лицето ќе му

биде изречен електронски надзор зависи и од неговата возраст и од евентуалниот

инвалидитет.

Во Република Македонија, алтернативните мерки своите почетоци ги наоѓаат во

условната казна воспоставена во Кривичниот законик на СФРЈ од 1951 година и

подоцнежните новели.10

Судската опомена, условната осуда и ослободувањето од

казна се предвидени во Кривичниот законик на СФРЈ од 1962 година.

Кривичниот законик на Република Македонија од 1996 година ги предвидел

следниве алтернативни мерки: условна осуда, условна осуда со заштитен надзор и

судска опомена. Со измените и дополнувањата од 2004 година, Кривичниот законик на

Република Македонија предвидува шест алтернативни мерки: условна осуда, условна

осуда со заштитен надзор, условно прекинување на кривичната постапка, куќен затвор,

општокорисна работа и судска опомена.

Примената на алтернативните мерки и пробацијата се предмет на анализа и

истражување од страна на поединци кои се стручни од оваа област, но и на повеќе

здруженија и институции.

Од истражувањата во Република Македонија би ја спомнале научната статија

„Нормативни и практични претпоставки за примена на алтернативните мерки“ на

судијата на Врховниот суд, а воедно и претседател на Здружението на судиите на

Република Македонија, Д-р Џемали Саити. Неговото истражување се однесува на

нормативните и практични претпоставки за примена на алтернативните мерки,

причините за непримена на некои од видовите алтернативни мерки, а прави осврт и на

потребата од Закон за пробација.

Во научната статија „Извршување на општокорисната работа и куќниот затвор

според Законот за пробација“ на Д-р Методија Каневчев редовен професор на

Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ - Скопје, Правен факултет „Јустинијан Први“ -

Скопје, се прави посебен осврт кон двете нови алтернативни мерки: општокорисна

работа и куќен затвор, односно фокусот е насочен кон анализа на регулативата

10

Д-р Џемали Саити, Нормативни и практични претпоставки за примена на алтернативните мерки,

2016 година, http://journal.maclc.mk/wp-content/uploads/2017/05/Dzemali-Saiti.pdf , стр. 1 (26.11.2017)

16

поврзана со нивното извршување и надзорот предвиден во Законот за пробација,

притоа укажувајќи на односот на државата кон оваа проблематика.

Д-р Елена Мујоска - Трпевска, научен соработник во Центарот за стратегиски

истражувања, Македонска академија на науките и уметностите, во својата научна

статија „За (не)примената на алтернативите на затворот во македонската судска

пракса“ ја анализира важноста и примената на алтернативните мерки во пракса, но и ги

анализира инструментите за насочување и остварување на политиката на казнување во

државата. Исто така, во трудот е направен посебен осврт и кон аргументите за и против

Правилникот за начинот на одмерување на казните.

Во научната статија „Законот за пробација и мерките за обезбедување присуство во

кривичната постапка“ на Д-р Бобан Мисоски, доцент на научната област Казнено

процесно право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, е направена

критичка анализа на одредбите на Законот за пробација со цел идно подобрување на

содржината на овој закон.

Во научната статија „Помеѓу казната затвор и условната осуда: предности и

негативни страни од (не)примената на алтернативните мерки и на казната затвор“, на

Д-р Александра Груевска – Дракулевски, вонреден професор на Универзитетот

„Св.Кирил и Методиј“, Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, е направен осврт

кон негативните страни на казната затвор, меѓународните документи кои

препорачуваат рестриктивна примена на казната затвор, казнената политика на

македонските судови во периодот од 2012 до 2015 година, а исто така се анализирани и

алтернативите на затворот со цел надминување на проблемите со кои се соочуваат

затворите.

М-р Мимоза Салтирова, адвокат, во рамките на стручната статија „Хуманизација,

ресоцијализација и реинтеграција низ Законот за пробација“ прави осврт на одредбите

на Законот за пробација во поглед на хуманизацијата и ресоцијализацијата на

осудените лица, односно дека овој закон придонесува да се намали бројот на

затворениците во затворите и остава поголем простор за службите повеќе да се

посветат на ресоцијализацијата на сторителите на потешки кривични дела. Исто така

ги анализира и алтернативните мерки.

Во стручната статија „Алтернативната мерка – општокорисна работа во казнено –

правниот систем на Република Македонија“ од м-р Тамара Витларова, е направен

осврт на кривичните санкции во нашиот казнено – правен систем и на алтернативните

17

мерки, а посебен осврт се прави на историскиот развој на општокорисната работа, како

и на нејзината законска поставеност во нашиот казнено – правен систем.

Проф. д-р Гордана Лажетиќ – Бужаровска, редовен професор на Правниот факултет

„Јустинијан Први“ - Скопје, во книгата „Aлтернативи за затворот“, издадена во 2003

година, меѓу другото, ги разработува и алтернативните мерки како алтернативи на

затворот што овозможуваат одбегнување на затворот, од една страна, и подложување

на осуденото лице на надзор и третман од страна на овластени и стручни лица, од

друга страна. Исто така, во книгата се прави осврт на зачетоците и појавата на

алтернативните мерки, како и на тоа кои алтернативни мерки се застапени во правните

системи на други држави.

Д-р Џемали Саити, Проф. д-р Беса Арифи, м-р Андреј Божиновски и судијата

Шпенд Деваја во „Правна анализа“ од 2018 година, во втората глава „Примена на

алтернативните мерки со акцент на пробацијата во Република Македонија“ се

осврнуваат на: Кривичниот законик од 2004 година, правната рамка на алтернативните

мерки, органите надлежни за извршување на алтернативните мерки, Законот за

пробација, условниот отпуст, алтернативните мерки што се применуваат во

преткривичната постапка, алтернативните мерки што се применуваат во кривичната

постапка, мерките што се применуваат во текот на извршувањето на санкцијата, а исто

така прават осврт и на податоците кои се однесуваат на изречените алтернативни

мерки.

Од истражувањата би го спомнале и истражувањето на Здружението Центар за

стратегии и развој ПАКТИС Прилеп. Станува збор за невладина, непартиска и

непрофитна организација која во 2014 година го спроведила истражувањето „Систем

на алтернативни мерки со посебен осврт на состојбата на имплементација во општина

Прилеп“ со поддршка од Европската Унија. Во ова истражување се наведуваат

предностите од алтернативните мерки во однос на казната затвор, се прави осврт на

правната рамка на алтернативните мерки, но и на статистичките податоци за примената

на алтернативните мерки на подрачјето на Основен суд Прилеп за периодот од 2007 до

2013 година.

Во истражувањето спроведено од страна на Коалицијата „Сите за правично

судење“ насловено како „Проценка на состојбата со алтернативните мерки во

Република Македонија“ се прави осврт кон: карактеристиките на алтернативните

мерки и нивните предности во однос на краткотрајните казни затвор, домашното

законодавство и меѓународните документи кои се однесуваат на алтернативните мерки,

18

извршувањето на алтернативните мерки, политиките на државата во однос на

алтернативните мерки, а исто така е спроведено и теренско истражување во врска со

примената на алтернативните мерки.

2.2. Поимно - категоријален апарат

Во рамките на поимно - категоријалниот апарат се дефинирани поимите кои ќе се

употребуваат во текот на истражувањето, а дел од поимите се содржани и во самиот

наслов на истражувањето:

- Алтернативни мерки - вонзатворски санкции кои се изрекуваат за полесни кривични

дела, со цел избегнување на примена на казна спрема сторителот, во случаите кога не е

нужно да се примени казна, а истовремено се остварува целта на казнувањето.

- Република Македонија - независна држава, во нејзините граници од 1991 година, сѐ до

денес.

- Пробација - надзор кој се врши од страна на пробациските службеници при

извршување на алтернативните мерки над лица на кои алтернативните мерки им се

изречени од страна на судот.

- Пробациски службеници - службени лица од Управата за извршување на санкции кои

се надлежни да ги извршуваат пробациските работи.

- Кривично дело - противправно дело што со закон е определено како кривично дело и

чии обележја се определени со закон.

- Сторители на кривични дела - физички и правни лица кои сториле кривично дело,

кое пред да го извршат истото било со закон предвидено како такво и за истото било

пропишана санкција.

- Кривично одговорно дете - секое физичко лице кое во време на извршување на

кривичното дело е на возраст од 14 до 18 години.

- Судови - самостојни и независни државни органи кои се надлежни да ја вршат

судската власт.

2.3. Операционално определување на предметот на истражувањето

Операционалното определување на предметот на истражување ги опфаќа

причините, условите, учесниците, мотивите, интересите, целите и активностите.

Причините поради кои се појавува потребата од предвидување на алтернативните

мерки во Кривичниот законик и постоење на Закон за пробација се различни. Прво, со

19

постоењето на алтернативните мерки како вид на кривични санкции се создава

поголема можност за избор на кривични санкции за судијата кој одлучува за одредено

кривично дело при индивидуализација на санкцијата. Кога не е неопходно за полесни

кривични дела судијата да му изрече казната затвор на сторителот, а притоа истиот

треба соодветно да биде санкциониран за своето поведение, тогаш целта на

казнувањето може да се постигне и со изрекување на алтернативна мерка. Затоа

постојат алтернативните мерки.

Но, потребата од постоење на Закон за пробација во македонското законодавство

произлегува од потребата за создавање на правна рамка со која ќе се создаде

нормативен, но и институционален капацитет за непречено извршување на сите видови

алтернативни мерки. Предвидувањето на определени видови алтернативни мерки, без

да се предвиди начинот на нивно спроведување во пракса, ги сведува истите како

„мерки на хартија“. Согледувањето на позитивните искуства и ефекти од постоењето

на пробациска служба во другите европски земји е исто така причина за негово

донесување од страна на Собранието на Република Македонија.

Учесници во процесот на изрекување и извршување на алтернативните мерки се

сторителите на кривични дела, вклучувајќи ги и децата - сторители на кривични дела,

судиите кои се надлежни да ги изрекуваат алтернативните мерки кога се исполнети

законските услови за нивно изрекување и пробациските службеници кои се дел од

Управата за извршување на санкции кои се надлежни да ги извршуваат пробациските

работи, односно да вршат надзор над извршувањето на алтернативните мерки.

Мотивот за изрекување и извршување на алтернативните мерки првенствено е

намалување на бројот на затворениците во затворите, односно краткотрајните казни

затвор да се заменуваат со некоја од алтернативните мерки, со што би се направил

првиот чекор кон создавање на понормални услови за престој во затворите во споредба

со сегашните. Мотивот за извршување на алтернативните мерки со помош на надзор од

страна на пробациски службеници е остварување на целта на казнувањето и доследно

извршување на алтернативните мерки.

Интерес од постоењето на алтернативни мерки и пробациска служба има државата,

но и сторителите. Со изрекување на алтернативни мерки, како што беше наведено и

претходно, ќе се намали бројот на затворениците. Намалувањето на бројот на

затворениците позитивно се одразува врз Буџетот на Република Македонија, бидејќи

затворениците скапо ја чинат државата. Покрај намалувањето на трошоците, се

одразува позитивно и врз економијата, врз бизнисот, бидејќи лицето на кое му е

20

изречена алтернативна мерка може и натаму нормално да си ги извршува работните

обврски кои произлегуваат од работниот однос (освен ако на лицето не му е изречена

мерката - куќен затвор, па не смее да го напушта својот дом). Од друга страна,

сторителот на кривичното дело кому му е изречена алтернативна мерка нема да биде

одделен од средината во која што живее.

Една од целите што треба да се оствари со постоењето на алтернативните мерки и

Законот за пробација е полесна ресоцијализација и реинтеграција на сторителот на

кривичното дело. Со самиот факт дека нема да биде одвоен од средината во која што

живее при извршување на алтернативните мерки, сторителот нема да дојде во контакт

со затворениците и да се „зарази“ со „затворската инфекција“, а тоа ќе влијае и

позитивно од аспект на тоа лицето да не биде стигматизирано и отфрлено од

средината во која што живее, бидејќи Република Македонија е држава во која

„царуваат“ предрасудите, така што иако лицето ја издржало казната затвор за

стореното кривично дело и во средината треба да се врати еднаков како и останатите

луѓе, а притоа истата има обврска да го прифати како слободно лице, за средината во

која што живее тој и натаму ќе остане криминалец и затвореник, а тоа се одразува

негативно врз лицето, како од психолошки, така и од социјален и економски аспект.

2.4. Дисциплинарно определување на предметот на истражувањето

Темата на магистерскиот труд, „Aлтернативните мерки во Република Македонија и

улогата на пробациските службеници во нивното извршување“, пред сѐ претставува

дел од пенологијата, бидејќи истата претставува наука за извршување на кривичните

санкции (казни, воспитни мерки, мерки за безбедност и алтернативните мерки). Таа се

занимава со проучување на сите видови санкции поединечно. Но, исто така, предмет на

проучување на пенологијата се и целите кои треба да се постигнат со примената и

извршувањето на санкциите меѓу кои се: ресоцијализација, социјална адаптација,

обновување на нарушените односи и враќање на сторителот на кривичното дело во

заедницата како личност која ќе се однесува во согласност со позитивните законски

норми. Пенологијата своевремено извршила непосредно влијание во збогатувањето на

системот на кривични санкции со алтернативните мерки како ново сфаќање кога

станува збор за казнувањето.

Нашата тема на интерес е поврзана и со казненото право, бидејќи истото ги

предвидува видовите алтернативни мерки кои постојат во правниот систем во нашата

држава, целта која треба да се постигне со нив, како и кои услови треба да бидат

21

исполнети како за изрекување, така и за отповикување на секоја алтернативна мерка.

Всушност, казненото право го поставува системот на санкции со цел да се зголеми

ефикасноста во борбата со криминалитетот и ги определува целите на казнувањето.

Дел од системот на санкции се и алтернативните мерки.

Нашата тема на интерес може да ја поврземе и со криминологијата која претставува

наука за етиологијата, феноменологијатата и сузбивањето на криминалитетот, бидејќи

системот на санкции (вклучувајќи ги и алтернативните мерки кои се наш предмет на

интерес) треба позитивно да придонесе за сузбивање на криминалитетот, а исто така и

да спречи сторителите на кривичните дела во иднина да не ги повторуваат делата и да

се однесуваат во согласност со позитивните законски норми.

2.5. Временско и просторно определување на предметот на истражување

Истражувањето ќе го опфати временскиот период од 2012 до 2016 година, а

територијално ова истражување ќе се простира на територијата на Република

Македонија.

3. Цел на истражувањето

3.1. Научна цел

Научна цел е добивање на целосна слика за состојбата со изрекувањето и

извршувањето на алтернативните мерки на територијата на Република Македонија за

периодот од 2012 до 2016 година и улогата на пробациските службеници во нивното

извршување, a исто така научна цел е и запознавањето со нормативната поставеност на

алтернативните мерки и пробацискиот систем во Република Македонија, дали и какви

законски пропусти постојат. За да може да се влијае на една појава, потребно е

претходно добро да се запознаеме со истата од сите можни аспекти. Исто така,

резултатите од ова истражување би можеле да се користат за некои идни истражувања

кога станува збор за алтернативните мерки во Република Македонија и улогата на

пробациските службеници во нивното извршување.

3.2. Општествена цел

Првенствено, искористување на резултатите за зголемување на степенот на

информираност на пошироката јавност за значењето на алтернативните мерки и

нивната цел, како и за улогата на пробациските службеници во извршувањето на

22

алтернативните мерки, за правата и обврските на лицата спрема кои се извршуваат

пробациските работи, кој се може да биде пробациски службеник, но и кои основни

начела треба да се почитуваат во извршувањето на пробациските работи.

Потоа, искористување на резултатите за охрабрување на судиите во пракса почесто

да ги изрекуваат сите видови алтернативни мерки, а не само дел од нив. Исто така,

искористување на резултатите за поголема јавна промоција на алтернативните мерки

бидејќи постои впечаток помеѓу луѓето кои што немаат доволни познавања од областа

на правото дека за секое кривично дело најдобра санкција е затворот, мислејќи дека

така ќе биде задоволена правдата и остварена целта на казнувањето.

Меѓу другото, резултатите може да послужат и за поттикнување на законодавната

власт да ги направи потребните законски измени со цел да се овозможи нормално и

непречено извршување на алтернативните мерки и создавање на што е можно помал

простор за правни празнини, како и поттикнување на државните органи да издвојат

доволно финансиски средства кои се неопходни за извршување на сите видови

алтернативни мерки.

4. Хипотези

Генерална хипотеза – Честата примена само на двe од алтернативните мерки во

Република Македонија се должи на законодавството, институционалниот капацитет на

државата, судството и информираноста на граѓаните за ефектите од сите видови

алтернативни мерки.

Поединечна хипотеза 1 – Алтернативните мерки во Република Македонија имаат

добра законска поставеност.

Поединечна хипотеза 2 – Од редот на алтернативните мерки, условната осуда е

најчесто изрекуваната алтернативна мерка.

Поединечна хипотеза 3 – Условната осуда со заштитен надзор, условното

прекинување на кривичната постапка, општокорисната работа и куќниот затвор многу

ретко или воопшто не се изрекуваат.

Поединечна хипотеза 4 – Најголем број алтернативни мерки се изрекуваат за

кривичните дела сторени против јавниот ред.

Поединечна хипотеза 5 – Пробациските службеници располагаат со доволно

надлежности за да овозможат успешно извршување на алтернативните мерки.

23

Поединечна хипотеза 6 - Република Македонија сѐ уште не е институционално

подготвена за примена на Законот за пробација.

Поединечна хипотеза 7 – Алтернативните мерки во поглед на ресоцијализацијата и

реинтеграцијата на осуденото лице, се поефикасни во однос на казната затвор.

5. Начини на истражување (методи и техники)

Бидејќи станува збор за истражување од областа на пенологијата, за да се утврди

колку често се изрекуваат алтернативните мерки од страна на судовите, потребно е

користење на статистичка анализа, со чија помош би се утврдило истото. Резултатите

од статистичката анализа ќе бидат претставени преку табели, проценти и графички

прикази. Ќе биде употребен и компаративен метод, со цел да се утврди со какви видови

алтернативни мерки располагаат другите европски држави. Како општи методи на

општествените науки ќе бидат користени и индуктивно - дедуктивниот метод и

аналитичко - синтетичкиот метод. Ќе биде користена и анализа на содржината на

Кривичниот законик, Законот за пробација, Законот за правда за децата и

„Стратегијата за развој на пробациската служба за периодот од 2013 - 2016 година“

усвоена од Управата за извршување на санкции.

За користење на овие методи и исполнување на целта на истражувањето, како извор

на податоци ќе бидат користени секундарни извори. И тоа:

* Статистика на Државниот завод за статистика на Република Македонија - Со

анализа на статистиката би се дошло до заклучок колку и кои видови алтернативни

мерки на годишно ниво, во периодот од 2012 до 2016 година, се изречени на

сторителите на кривични дела на ниво на Република Македонија, колку алтернативни

мерки се изречени за определени кривични дела на годишно ниво, како и колку

условни осуди се изречени за утврдена казна затвор, а колку условни осуди се

изречени за утврдена парична казна во периодот од 2012 – 2016 година.

* Статистика на Основен суд Прилеп - Со анализа на статистиката би се дошло до

заклучок колку и какви алтернативни мерки се изречени на подрачјето за кој е месно

надлежен Основниот суд Прилеп.

* Кривичен законик на Република Македонија - Со анализа на неговата содржина ќе

се утврди правната рамка на алтернативните мерки, нивната цел и видовите

алтернативните мерки кои постојат во Република Македонија.

24

* Закон за пробација - Со анализа на неговата содржина ќе се утврди законската

поставеност на пробацискиот систем и улогата на пробациските службеници во

извршувањето на алтернативните мерки.

* Закон за правда за децата - Со анализа на неговата содржина ќе се утврди кои

видови алтернативни мерки можат да му се изречат на дете – сторител на кривично

дело и кои услови треба да бидат исполнети за нивно изрекување, имајќи во предвид

дека станува збор за децата, како посебна категорија сторители на кривични дела.

* Стратегија за развој на пробациската служба за периодот од 2013 до 2016

година, усвоена од Управата за извршување на санкции - Со анализа на нејзината

содржина ќе се утврди потребата од пробација и пробациска служба, нејзините

предности и цели, но и колку оваа Стратегија успеала да се реализира заклучно со 2016

година.

* Кривични законици на дел од европските земји - Со анализа на нивната содржина

би се дошло до сознание какви видови алтернативни мерки постојат во нивните

законодавства.

6. Општествена и научна оправданост на истражувањето

Општествената и научната оправданост на истражувањето произлегува од фактот

што ова теориско - емпириско истражување е фокусирано на прибирање и

систематизирање на сознанија што имаат научно, но и практично значење.

Имајќи во предвид дека Република Македонија е мала држава, како по територија,

така и по население, но и сиромашна држава, со голем процент на невработени лица од

кои околу 445 000 лица имаат проблем да си купат барем еден оброк во текот на денот,

а од друга страна, голем дел од оние што се вработени не заработуваат доволно високи

плати за да ги задоволат своите основни потреби бидејќи потрошувачката кошничка на

месечно ниво е повисока од нивната заработувачка, сосема е очекувано да имаме

висока стапка на криминалитет кој што произлегува директно од социо - економските

услови во државата. Во Република Македонија постои и корупција во

администрацијата и структурите на власта, на што укажуваат и домашните, но и

меѓународните извештаи, како што се: Годишниот извештај за 2015/2016 година на

„Amnesty International“ за Македонија11

, потоа „Извештај за проценка на корупцијата

11

Види: Amnesty International Report 2015/2016 – Macedonia, 24.02.2016,

http://www.refworld.org/docid/56d05b3a15.html , (25.08.2018)

25

во Македонија“ изготвен од Македонскиот центар за меѓународна соработка12

, потоа

„Извештајот за човековите права за 2016 година за Македонија“ на американскиот

Стејт департмент во кој е констатирана корупција која негативно се одразува врз

човековите права13

, извештаите на Транспаренси Интернешнл Македонија итн. Исто

така, Република Македонија во 2017 година е рангирана на 107 место според индексот

за перцепција на корупција, за разлика од 2016 година кога била рангирана на 90

место.

Но, казната затвор треба да биде последната од санкциите за која што треба да се

одлучи судијата. Потребно е јавноста да се запознае многу подобро како со

алтернативните мерки, нивните видови и нивните позитивни ефекти во пракса, така и

со позитивните искуства на другите земји кои произлегуваат од воспоставувањето на

пробациска служба. Потребно е постојано следење на имплементацијата на законски

одредби од оваа сфера, но и следење на оваа проблематика, како на внатрешно, така и

на меѓународно ниво.

Научната оправданост на ова истражување треба да се бара како надоврзување на

општествената оправданост, затоа што добрата анализа на оваа проблематика ја дава

вистинската слика за имплементацијата на законите од оваа област, за нашето судство

како и за (не)постоењето на политичка волја, односно со употреба на правни

механизми да се намали бројот на затворениците во македонските затвори, а притоа да

се оствари целта на казнувањето и да се постигне подобар ефект кога станува збор за

ресоцијализацијата и реинтеграцијата на осуденото лице. Осознавањето на вистинската

слика за оваа проблематика отвора простор науката, а и ова истражување да понуди

соодветни решенија за надминување на проблемите кој што се јавуваат во врска со

алтернативните мерки и пробацискиот систем.

12

Види: Македонски центар за меѓународна соработка, „Извештај за проценка на корупцијата во

Македонија“,

http://seldi.net/fileadmin/public/PDF/Publications/CAR_Macedonia/CAR_MacedoniaMacedonian.pdf ,

(25.08.2018) 13

Види: Macedonia 2016 Human rights report, https://www.state.gov/documents/organization/265658.pdf ,

(25.08.2018)

26

ГЛАВА II

НАСТАНОК НА АЛТЕРНАТИВНИТЕ МЕРКИ

27

1. Појава и историски развој на алтернативните мерки

Во периодот на Стариот и Средниот век, смртната казна и телесните казни се

најчесто применувани спрема сторителите на кривични дела. Опсегот на кривични

дела за кои се изрекувале овие казни е широк, почнувајќи од кривичното дело кражба

па сѐ до кривичното дело измама. На овој начин доаѓаат до израз одмаздата и

застрашувањето како два основни елементи на казнувањето карактеристични за овој

период. Во овој временски период, преку примената на смртната казна, телесните

казни, прогонството и депортацијата, паричната казна како и казните на општествена

деградација, немало потреба од постоење на многу затвори, а немало ниту многу

голема затворска популација бидејќи на пример, преку депортацијата на осудените

лица од страна на колонизаторот во нивната колонија се овозможува намалување на

криминалитетот на територијата на колонизаторот, или пак преку примената на

казните на општествена деградација врз криминалците (осакатување, бележење,

жигосување, посрамотување итн.) нема потреба од затворање на тие лица во затворите.

Истото се случува и со примената на смртната казна која што овозможува трајна

ликвидација на криминалците, а пак со примената на телесните казни врз пониските

потчинети слоеви на населението во тој период се овозможува извршување на казната

надвор од затворите.

Во овој период, системот на казни се заснова на ретрибутивност, пунитивност и

репресивност, а истиот е резултат на самоволието на владеачката класа, од една страна,

но и на забраната на површина да излезат интелектуалците и научната мисла, од друга

страна. Но, во периодот по 1800-та година започнува да доаѓа до израз идејата за

хуманизација на казнувањето што се согледува преку создавање на нови кривични

законици и ревизија на постојните каде што се ограничува примената на смртната

казна и телесните казни, а се повеќе се инсистира на примена на казната затвор или т.н.

лишување од слобода. Идејата за хуманизација се јавува како критика на претходниот

период во кој основна цел на казнувањето била одмаздата, а казните кои се

применувале врз осудените лица биле сурови и свирепи. Таа се залагала за отфрлање

на одмаздата како цел на казнувањето и за развивање на идејата за поправање на

делинквентот.

Лишувањето од слобода, односно казната затвор за да биде применeта бара

соодветни институционални услови, кои во тој период не биле исполнети.

Институциите во кои се изршувала истата не биле соодветни бидејќи биле

28

„пренатрупани“ со затвореници, условите за живот во нив биле лоши, било нечисто, но

не постоела ниту класификација, бидејќи во исти простории се сместувале сите

затвореници без оглед на возраст, пол и здравствена состојба. Класичната школа

сметаше дека затворот е најадекватен метод на казна.14

Хентих (Hentig), пак состојбата

во затворите ја нарекува „пекол на земјатa“.15

Исто така и Џон Хауард ја потенцирал

лошата положба на лицата кои се наоѓаат во затворите во Англија и Велс. Во тој

период, Џереми Бентам сметал дека треба да се создаде нов систем на казни, каде

казната ќе биде во согласност со тежината на стореното кривично дело. Ова докажува

дека реформите кои што се спровеле во тој период не го дале очекуваниот ефект кога

станува збор за казнувањето.

Проширувањето на опсегот на алтернативите на казната затвор и воведувањето на

алтернативните мерки во системот на казни произлегуваат од промените на

перцепциите за криминалот и казнувањето, односно од преминот од концептот на

ретрибутивна правда кон концептот на ресторативна правда.

Крајот на XIX век е клучен бидејќи за првпат во кривичните законици се

воведуваат алтернативите на затворот. За полесните кривични дела биле пропишани

краткотрајни казни затвор. Но, со краткотрајното затворање не се согласувал Франц

фон Лист, кој е претставник на социолошката школа, бидејќи според него

краткотрајното затворање е штетно и безвредно. Така оваа школа гледа на

криминалитетот како масовна појава, а не само како настан во животот на човекот.16

Според оваа школа, психичките и физичките својства на човекот како и општествените

односи околу човекот се фактори за криминалитетот, а разликата што ја прави оваа

школа на т.н. хронични делинквенти и моментни случајни делинквенти е важна за

потребата од различен третман на секоја од категориите.

За определени кривични дела била пропишана парична казна, но не секогаш

престапниците имале можност да ја платат истата заради немањето на доволно

приходи бидејќи паричната казна не била одмерена со приходите со кои располагале

престапниците. Други незатворски казни кои постоеле како што се принудната работа,

14

Öznur Sevdiren, Alternatives to Imprisonment in England and Wales, Germany and Turkey, A comparative

study, Springer – Verlag Berlin Heidelberg, 2011 година, стр. 17 15

Проф. д-р Љупчо Арнаудовски, Доц. д-р Александра Груевска - Дракулевски, Пенологија, наука за

извшување на санкциите, Извршно казнено право на Република Македонија (прв дел), Скопје, 2013

година, стр.139 16

Ibid, стр.144

29

судската опомена и домашниот притвор ретко се применувале во пракса.17

Околу

принудната работа како санкција се водело дискусија. Принудната работа повлекувала

со себе големи трошоци кои биле потребни за вршење на контрола при нејзиното

извршување, но исто така, таа стигматизира. Со неа може да се постигне спротивен

ефект од посакуваниот.

Франција била првата земја во која условната казна била претставена пред

парламентот со официјален нацрт – закон во 1884 година.18

Овој закон е донесен во

1891 година. Во истиот нацрт – закон била нагласена важноста за одбегнување на

ефектите од краткотрајната казна затвор врз сторителот кој што го сторил кривично

дело, под услов тоа лице претходно да не било кривично гонето и ако во согласност со

неговите морални карактеристики не мора да му биде изречена краткотрајна казна

затвор. Според истиот нацрт – закон, условното одлагање на извршувањето на

паричната казна и на казната затвор е можно само ако станува збор за лице кое

претходно не било осудено на казна затвор или на потешка казна. Периодот на

одлагање на извршувањето на казната изнесувал 5 години, период во кој осуденото

лице не смее да стори кривично дело со кое за истото би му се изрекла казна затвор.

Во 1888 година, Белгија донела закон за примена на условната казна, многу сличен

со нацрт – законот на Франција, кој за разлика од францускиот, порестриктивно го

определува опсегот за примена на условната казна.

Алтернативите на казната затвор подоцна биле презентирани на разни меѓународни

состаноци поврзани со правните системи како што се третиот Меѓународен конгрес за

затворениците одржан во Рим во 1885 година и четвртиот Меѓународен конгрес за

затворениците одржан во Санкт Петербург во 1890 година. Условната казна и

условното извршување на казната во периодот од 1892 година до 1918 година станале

дел и од законодавствата на Луксембург, Португалија, Норвешка, Италија, Бугарија,

Данска, Шведска, Шпанија, Унгарија, Грција, Холандија и Финска.

За разлика од Франција и Белгија, Германија како алтернатива на затворот ја

предвидувала т.н. мерка условно помилување. Министерот за правда на барање на

јавниот обвинител ја носел одлуката дали на лицето ќе му била изречена

алтернативната мерка условно помилување. Оваа мерка била применувана спрема

17

Öznur Sevdiren, Alternatives to Imprisonment in England and Wales, Germany and Turkey, A comparative

study, Springer – Verlag Berlin Heidelberg, 2011 година, стр. 23 18

Ibid, стр.24

30

млади сторители на кривични дела за кои не била изречена казна затвор подолга од 6

месеци.

Општокорисната работа како алтернативна мерка во својот современ облик не

датира од многу одамна, иако нејзините појавни облици датираат уште од XVI и XVII

век, кога т.н. работна казна се применувала врз лицата кои не биле во можност да ја

платат паричната казна. Имено, таа во нејзиниот современ облик за прв пат била

воведена во англиското кривично законодавство со Criminal Јustice Аct од 1972

година.19

Тоа значи дека во 1972 година, општокорисната работа е воведена од страна

на Англија и Велс. Општокорисната работа можела да биде изречена како самостојна

санкција или како заменска санкција. Во првиот случај се изрекувала претежно за

ситни крадци или питачи, а додека пак во вториот случај како замена за паричната

казна доколку лицето не сакало или не можело истата да ја плати. Работата има

казнено, репараторно и терапевтско дејство.20

Сепак, целта на општокорисната работа

е да овозможи лицето осудено на краткотрајна казна затвор да ја избегне затворската

средина од една страна, а од друга страна, кај него да се развие чувството на

одговорност. Со развојот на правните системи, општокорисната работа се изрекува или

како главна казна или пак заедно со условната осуда. Денес, повеќето европски земји

ја предвидуваат општокорисната работа во своите кривични законици: Норвешка,

Данска, Финска, Шпанија, Холандија, Хрватска, Македонија, Полска, Чешка,

Германија, Швајцарија, Италија, Португалија, Унгарија итн.

Како и општокорисната работа, така и куќниот затвор е алтернативна мерка од

понов датум. Зачетоците на куќниот затвор се уште во XIX век. Во тој период постоел

различен третман за политичките делинквенти во однос на обичните делинквенти,

бидејќи за политичките делинквенти била изрекувана мерката забрана за напуштање на

домот, а не казна затвор. Куќниот затвор како алтернативна мерка денес е предвиден

во повеќе земји во светот како што се: САД, Русија, Холандија, Италија, Шпанија,

Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија, Турција, Швајцарија и др. Со текот на

времето и развојот на технологијата, куќниот затвор во последно време се спроведува

19

Д-р Методија Каневчев, Извршување на општокорисната работа и куќниот затвор според Законот

за пробација, http://journal.maclc.mk/wp-content/uploads/2017/05/Metodija-Kanevchev-1.pdf ,стр. 3

(14.03.2018) 20

М-р Тамара Витларова, Алтернативната мерка – општокорисна работа во казнено – правниот

систем на Република Македонија,

http://journal.maclc.mk/%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B1%D1%80-

12017-%D0%B3%D0%BE%D0%B4-24/ , стр. 4 (20.12.2017)

31

со електронски надзор. Електронскиот надзор започнал да се применува во XX век и

истиот треба да обезбеди следење и извршување на забраната за напуштање на

живеалиштето/престојувалиштето на лицето на кое е изречена оваа алтернативна

мерка, односно со помош на електронскиот надзор се следи движењето на осуденото

лице. Електронскиот надзор најчесто се спроведува со помош на електронска алка, а за

истиот да се спроведува потребно е да се инсталира соодветна техничка опрема и да

постојат стручни лица кои ќе бидат задолжени за следење на осуденото лице.

Електронската алка се носи над глуждот на ногата.21

Осуденото лице има обврска да ја

носи електронската алка додека ја издржува казната. Просторот на движење на

осуденото лице е ограничено само во рамките на неговиот дом и евентуално дворот.

Електронската алка содржи GPS - технологија, односно систем за глобално

позиционирање и со поставувањето на електронската алка над глуждот на ногата на

осуденото лице, таа започнува да испраќа сигнали по пат на сателит до контролниот

центар кој е надлежен да врши контрола на движењето на осуденото лице.

Слика 1. Електронска алка22

21

Електронската алка за следење осуденици само на хартија, 13.08.2014 година,

https://www.pravdiko.mk/elektronskata-alka-za-sledene-osudenitsi-samo-na-hartija , (02.04.2018 година) 22

Ibid

32

ГЛАВА III

ЗАКОНСКА ПОСТАВЕНОСТ НА АЛТЕРНАТИВНИТЕ МЕРКИ ВО

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

33

1. Цел и предности на алтернативните мерки

Според член 48 од Кривичниот законик на Република Македонија, целта на

алтернативните мерки е спрема кривично одговорниот сторител да не се примени казна

за полесни дела кога тоа не е нужно заради кривично - правна заштита и кога може да

се очекува дека целта на казнувањето може да се оствари со предупредување со закана

за казна (условна осуда), само предупредување (судска опомена) или со мерки на

помош и надзор на однесувањето на сторителот на слобода.

Предностите од употребата на алтернативните мерки може да бидат повеќекратни.

Прво, примената на алтернативните мерки придонесува за надминување на проблемот

со „пренатрупаноста“ во македонските затвори и затоа се препорачува кратките казни

затвор за полесните кривични дела да се заменат со алтернативни мерки. Најголем

ефект ќе се постигне кога се изрекуваат на лице кое за првпат сторило кривично дело, а

притоа ризикот да го повтори делото е сведен на минимум. Кај ова лице, можноста да

се влијае со алтернативна мерка врз неговото однесување е многу поголема, за разлика

од ефектот кој би се постигнал кога алтернативната мерка се изрекува на рецидивист.

Исто така, примената на алтернативните мерки придонесува и за спречување на

ширењето на т.н. „затворска инфекција“ помеѓу затворениците, бидејќи во

македонските затвори иста затворска ќелија делат оние кои се осудени за убиство,

тешка кражба, силување или разбојништво со оние кои сториле кривично дело против

безбедноста на сообраќајот или кривично дело од областа на финансиите, па голема е

веројатноста лицата кои не се осудени за разбојништво или тешка кражба или друго

потешко кривично дело да се стекнат со тој „занает“ за време на престојот во затворот

и да излезат од затворот како поголеми криминалци наместо како ресоцијализирани

личности. Оттука, применета на алтернативните мерки во голема мера придонесува за

намалување на стапката на криминалитет, како и за намалување на бројот на

повратници на кривични дела.

Притоа, не смее да се занемари и фактот на нивната поекономичност во однос на

имплементацијата на казната затвор и нивна поголема ефикасност во борбата против

криминалитетот.23

Издржувањето казна затвор паѓа директно на товар на Буџетот на

Република Македонија, имајќи во предвид дека издржувањето и грижата за

затворениците паѓа на товар на државата, односно казнено - поправните установи

23

Д-р Александра Груевска - Дракулевски, Помеѓу казната затвор и условната осуда: Предности и

негативни страни од (не)примената на алтернативните мерки и на казната затвор, 2016 година,

http://journal.maclc.mk/wp-content/uploads/2017/05/Aleksandra-GD.pdf , стр. 8 (27.11.2017)

34

средствата за храна, облека, здравствена заштита и за надоместок за работа на

осудените лица ги обезбедуваат преку Управата за извршување на санкции како

буџетски корисник, а таа пак ги обезбедува директно од Буџетот на Република

Македонија. Според Прирачникот за осудени лица, три оброци дневно на товар на

државата треба да бидат обезбедени за секое осудено лице, а осудените лица кои

работат тешка работа имаат право и на четврт оброк. Во поглед на облеката, државата

е должна да им обезбеди на сите осуденици, иако е дозволено осудените лица да носат

и своја облека и обувки. Во дневниот весник „Вечер“, во јули 2014 година е наведено

дека, според официјална информација на Управата за извршување на санкции, еден

осуденик ја чини државата 500 денари дневно, а едно лице во притвор 600 денари, или

на дневна основа се трошат 24 700 евра за сите осуденици и притворени лица, а на

годишно ниво над 9 милиони евра пари од Буџетот на Република Македонија, не

вклучувајќи ги парите што се трошат за плати за вработените и за изградба, одржување

и реновирање на постоечките објекти, а притоа Управата за извршување на санкции не

наведила што точно влегува во оваа сума.24

Овие податоци го поткрепуваат фактот

дека осудените лица скапо ја чинат една држава.

Покрај тоа што се поекономични, повеќето од видовите алтернативни мерки

придонесуваат за нормално функционирање на бизнисот и економијата, не спречувајќи

го лицето на кое му е изречена алтернативната мерка непречено да ги извршува

работните обврски кои произлегуваат од неговиот работен однос, односно тоа и натаму

може да создава некаква вредност.

Предностите кои се манифестираат кон сторителите се нивната нестигматизација,

можност за изрекување на санкција во кругот на заедницата, намалување на стапката

на криминал и рецидивизам, намалување на натрупаноста на затворите.25

Со помош на

алтернативните мерки, лицата кои сториле кривично дело не се стигматизираат како

поранешни затвореници. Исто така, алтернативните мерки за разлика од казната затвор

влијаат позитивно врз психичкото и физичкото здравје на лицата на кои му се изречени

истите, бидејќи тие не се соочуваат со тн. затворски депривации. Постојат неколку

видови на депривации:

а) депривации на лишување од слобода;

24

Затворот поевтин од притворот !, 17.07.2014 година, https://vecer.mk/makedonija/zatvorot-poevtin-od-

pritvorot , (27.11.2017) 25

Здружение Центар за стратегии и развој ПАКТИС Прилеп, Систет на алтернативни мерки со

посебен осврт на состојбата на имплементација во општина Прилеп, 2014 година,

http://www.pactismk.com/pdf/EPI_Pactis_Brosura.pdf , стр. 21 (27.11.2017)

35

б) депривации како последица на лишување од материјални добра и услуги;

в) депривации на хетеросексуални односи;

г) депривации на автономија на личноста; и

д) депривации на сигурност.

Депривациите на лишување од слобода (затворање) имаат двојно значење: прво, со

затворањето осуденото лице се издвојува, се изолира од општеството и второ, му се

ограничува слободата на движењето во рамките на институцијата.26

Со издвојувањето

од општеството, осуденото лица се чувствува отфрлено од средината и немоќно за да

влијае врз состојбите надвор, но и внатре во самата затворска установа. Низата на

постапки кои се преземаат во затворите: фотографирање, потстрижување, земање

лични податоци, добивање на затворска униформа, дактилоскопирање итн.,

придонесуваат осуденото лице веднаш да ја осети разликата помеѓу затворот и

животот на слобода.

Депривациите како последица на лишување од материјални добра и услуги се

поврзани со мислењето на осуденото лице за материјалниот стандард и условите на

живот во затворот и со условите на живот кои осуденото лице ги поседувало пред да

влезе во затворската установа. Овие депривации влијаат негативно врз психичкото

здравје на осуденото лице имајќи во предвид дека во затворот тоа ги задоволува само

нужните потреби и притоа не може да користи производи (храна, кафе, цигари итн.)

различни од другите затвореници со што се влијае директно врз неговата посебност

како индивидуа.

Депривациите на хетеросексуални односи произлегуваат како резултат на тоа што

во затворите машките осудени лица ја издржуваат казната одвоено од женските

осудени лица. Апстиненцијата во сексуалните односи со лицата од спротивен пол

создаваат сексуална фрустрација кај осудените лица. Имајќи во предвид дека се работи

за интимна сфера од животот на осудените лица, не постојат анализи за тоа дали тие

продолжуваат да се однесуваат исто и по издржувањето на казната затвор, што

оневозможува да се дојде до заклучок дали оваа депривација е резултат на затворањето

на осуденото лице или пак причина е некој друг фактор.

Депривациите на автономија на личноста во пенитенцијарната установа се

непосредна последица на многубројните ограничувања, наредби, правила, забрани, не

26

Проф. д-р Љупчо Арнаудовски, Доц. д-р Александра Груевска - Дракулевски, Пенологија, наука за

извшување на санкциите, Извршно казнено право на Република Македонија (прв дел), Скопје, 2013

година, стр. 414

36

постоење можност за иницијатива, постојан надзор над секоја постапка.27

Имајќи во

предвид дека осуденото лице во затворот постојано е набљудувано од стражарите, но и

неговата обврска да се однесува во согласност со затворските норми, влијае врз

губењето на автономијата на личноста на осуденото лице. Губењето на автономијата на

личноста зависи и од режимот на затворската установа. Доколку режимот е креиран

така што го следи секој чекор на осуденото лице, неговиот живот и работа,

користењето на неговото слободно време, кај осуденото лице се губи во целост

автономијата на личноста.

Депривациите на сигурност најчесто се изразуваат преку затвореничката изрека:

„најлошо во затворот е тоа што мора да се живее со други затвореници“.28

Осудените

лица во затворот чувствуваат страв кој е резултат на несигурноста која произлегува од

другите осудени лица. Во ист затвор се сместуваат и лица осудени за кражба, за

убиство, за измама итн. Секој затвореник се плаши да не биде нападнат од некој друг и

секој во секого гледа поголем или помал непријател, а тоа се одразува директно врз

нивните меѓусебни односи. Доколку осуденото лице премолчи еден напад врз себе

изведен на било кој начин, тогаш со сигурност ќе стане жртва во затворот која ќе биде

искористувана на најбрутален начин од страна на најагресивните затвореници. Исто

така, осуденото лице чувствува несигурност и страв и од персоналот во затворот кој

што е резултат на континуираното следење на неговото однесување од нивна страна. И

тогаш кога е казнувано, но и тогаш кога е наградувано, осуденото лице чувствува

недоверба и несигурност кон затвореничкиот персонал.

Со изрекувањето на сторителот на кривичното дело на некоја од алтернативните

мерки не се избегнува неговото казнување, напротив, лицето се казнува и се настојува

без употреба на казната затвор, на слобода, да се влијае врз неговото однесување во

заедницата преку континуиран надзор или контрола со цел да се поттикне неговата

одговорност од една страна, а од друга страна, заедницата да ги отстрани причините

кои довеле до извршување на кривичното дело.

27

, Проф. д-р Љупчо Арнаудовски, Доц. д-р Александра Груевска - Дракулевски, Пенологија, наука за

извшување на санкциите, Извршно казнено право на Република Македонија (прв дел), Скопје, 2013

година, стр.417 28

Ibid, стр.419

37

2. Видови алтернативни мерки

Кривичниот законик на Република Македонија, донесен во јули 1996 година, не

содржи посебна глава наречена алтернативни мерки, ниту пак таков израз се сретнува

во него. Но, четвртата глава е насловена како „Условна осуда и судска опомена“. Во

оваа глава се разработени три видови алтернативни мерки: условна осуда, условна

осуда со заштитен надзор и судска опомена.

Со измените и дополнувањата на Кривичниот законик во март 2004 година,

четвртата глава од „Условна осуда и судска опомена“ се преименува во „Алтернативни

мерки“ и се предвидуваат три нови алтернативни мерки: условно прекинување на

кривичната постапка, општокорисна работа и куќен затвор.

Измените и дополнувањата на Кривичниот законик следувале како резулатат на

согледувањето на постигнатиот ефект на казната затвор до 2003 година, како и на

високата стапка на рецидивизам од 51% за периодот од 1995 – 2003 година. Слабиот

ефект на казната затвор и стапката на рецидивизам укажувале на потребата од промена

на казнената политика, односно на системот на санкции. Неминовно, свој придонес

дале и многубројните конвенции, резолуции, препораки и други документи усвоени од

страна на меѓународната заедница кои ги презентирале предностите на алтернативните

мерки во однос на казната затвор.

Со пристапувањето кон измени и дополнувања на Кривичниот законик во 2004

година се дава јасен сигнал дека казнената политика од тој период па наваму во

Република Македонија се движи во позитивна насока затоа што истата се ублажува и

се хуманизира, а истовремено се става поголем акцент на промовирање на концептот

на човековите слободи и права во системот на санкции на Република Македонија.

Денес, на казнено одговорен сторител може да му се изречат следните алтернативни

мерки:

а. условна осуда;

б. условна осуда со заштитен надзор;

в. условно прекинување на кривичната постапка;

г. општокорисна работа;

д. судска опомена;

ѓ. куќен затвор.29

29

Владо Камбовски, Миладин Крстаноски, Казнено право - општ дел, Универзитет „Св.Климент

Охридски“ - Битола, Правен факултет - Кичево, Охрид, 2013 година, стр. 335

38

2.1. Условна осуда

Условната осуда не претставува новина во нашето казнено законодавство бидејќи

таа постои уште од претходниот кривично – правен систем. Со условната осуда на

сторителот на делото судот му ја утврдува казната и истовремено определува дека таа

нема да се изврши, ако осудениот за времето што ќе го определи судот (1-5 г. т.в.

„време на проверување“) не стори ново казнено дело.30

Според член 49, став 2 од

Кривичниот законик на Република Македонија, во условната осуда изречена од страна

на судот, може да биде определено дека ако осудениот во определениот рок (време за

проверување) не ја надомести штетата или не ја врати имотната корист која ја стекнал

со извршување на кривичното дело или доколку не ги исполнил предвидените обврски,

тогаш казната ќе се изврши. Доколку условната осуда содржи мерки за безбедност,

тогаш истите се извршуваат.

Условната осуда како алтернативна мерка може да се изрече само ако се исполнети

определени услови за нејзино изрекување и истата може да се отповика ако се

исполнети точно определени услови пропишани во Кривичниот законик.

Условна осуда може да се изрече кога на сторителот му е утврдена казна затвор во

траење до две години или парична казна.31

Но, ако на сторителот на кривичното дело

му се утврдени двете казни (парична казна и казна затвор), во тој случај, условна осуда

може да се изрече само за казната затвор или за двете казни. Дали судот ќе се одлучи

на сторителот да му изрече условна осуда зависи од: степенот на кривичната

одговорност, околностите во кои што го извршил кривичното дело, неговото

однесување при вршење на истото, личноста на сторителот и неговиот поранешен

живот. Сите овие сегменти укажуваат на тоа дали со условна осуда може да се

постигне целта на казнувањето.

Согласно член 54 од Кривичниот законик, условната осуда може да биде

отповикана во текот на времето за проверување, а ако во тоа време осудениот изврши

кривично дело што повлекува отповикување на условната осуда, а тоа со пресудата е

утврдено дури по истекот на времето за проверување, истата може да се отповика

најдоцна во рок од една година од денот кога изминало времето за проверување. Исто

така, ако осуденото лице не ја исполни предвидената обврска во определениот рок,

30

Владо Камбовски, Миладин Крстаноски, Казнено право - општ дел, Универзитет „Св.Климент

Охридски“ - Битола, Правен факултет - Кичево, Охрид, 2013 година, стр. 335 31

Член 50, став 1, Кривичен законик на Република Македонија , „Службен весник на РМ“ бр.37/96, 80/99,

4/02, 43/03, 19/04, 81/05, 60/06, 73/06, 7/08, 139/08, 114/09, 51/11, 135/11, 185/11, 142/12, 166/12, 55/13,

82/13, 14/14, 27/14, 28/14, 41/14, 115/14, 132/14, 160/14, 199/14, 196/15, 226/15 и 97/2017

39

судот има право најдоцна во рок од една година од денот кога изминало времето за

проверување, да определи да се изврши утврдената казна во условната осуда.

Условната осуда може да се отповика поради три причини:

а) ако осудениот стори ново кривично дело;

б) ако осудениот сторил кривично дело пред да му биде изречена условната осуда;

в) ако осудениот не ги исполнил определените обврски.

А) Судот ќе ја отповика условната осуда ако осудениот во времето на проверување

стори едно или повеќе кривични дела за кои е изречена казна затвор од две години или

во подолго траење.32

Според истиот извор, ако осуденото лице изврши едно или повеќе

кривични дела во времето определено за проверување, а притоа за нив е изречена

парична казна или казна затвор помала од две години, во тој случај судот е надлежен

да оцени дали ќе ја отповика условната осуда преку вршење на оценка на сите

околности што се однесуваат како на сторителот, така и на кривичните дела, а посебен

акцент се става на побудите од кои се сторени новите кривични дела, нивното значење

и нивната сродност. Ако на сторителот за новите кривични дела и за кривичните дела

утврдени во условната осуда треба да му се изрече казна затвор над две години, во тој

случај судот не смее да изрече условна осуда. Ако не е исполнет овој услов, тогаш

судот има право да не ја отповика условната осуда и за новото сторено кривично дело

може да изрече или казна или условна осуда. Ако судот одлучи да му изрече казна

затвор, времето поминато за нејзиното издржување нема да се смета во времето за

проверување кое е утврдено во условната осуда за претходно стореното кривично дело.

Но, ако судот одлучи да му изрече условна осуда, во тој случај се определува ново

време за проверување.

Б) Судот ќе ја отповика условната осуда ако по нејзиното изрекување утврди дека

осудениот извршил кривично дело пред да биде условно осуден и ако оцени дека не би

имало основа за изрекување на условна осуда да се знаело за тоа дело.33

В) Судот ќе ја отповика условната осуда ако осуденото лице не ги исполни

определените обврски. Но, за какви обврски станува збор? Станува збор за

надоместување на штетата настаната со сторување на кривичното дело, потоа за

враќање на имотната корист прибавена со сторување на кривичното дело или пак се

32

Изрекување условна осуда како алтернативна мерка, 05.11.2014 година,

http://www.pravdiko.mk/izrekuvane-uslovna-osuda-kako-alternativna-merka/ , (28.11.2017) 33

Член 52, став 1, Кривичен законик на Република Македонија , „Службен весник на РМ“ бр.37/96, 80/99,

4/02, 43/03, 19/04, 81/05, 60/06, 73/06, 7/08, 139/08, 114/09, 51/11, 135/11, 185/11, 142/12, 166/12, 55/13,

82/13, 14/14, 27/14, 28/14, 41/14, 115/14, 132/14, 160/14, 199/14, 196/15, 226/15 и 97/2017

40

работи за некои други обврски кои треба да бидат извршени од страна на осуденото

лице. Но, што ако осуденото лице не ги изврши од оправдани или од неоправдани

причини? Во првиот случај, судот ќе го ослободи од извршување на обврската или пак

ќе ја замени постоечката со нова обврска. А во вториот случај на судот му стојат на

располагање две алтернативи:

1) отповикување на условната осуда и активирање на казната која е утврдена во

условната осуда; и

2) продолжување на рокот за исполнување на обврската во рамките на времето за

проверување.

2.2. Условна осуда со заштитен надзор

Условната осуда со заштитен надзор, претставува континентален облик на

пробација, првично прокламирана во белгиско – францускиот систем но набрзо

преземен од други земји.34

Станува збор за мерка која, всушност, претставува облик на

условна осуда, каде целта е ресоцијализација на лицето.35

Во Република Македонија,

ако судот утвди дека условната осуда нема да влијае доволно врз сторителот на

кривичното дело во иднина да не врши кривични дела, а околностите поврзани со

личноста на сторителот на кривичното дело или средината во која што живее тој, го

прават оправдано очекувањето дека условната осуда ќе ја постигне својата цел само

ако се определат и мерки на помош, заштита, грижа или надзор, во тој случај судот ќе

изрече условна осуда со заштитен надзор. Судот е тој кој што определува колку

временски трае заштитниот надзор во текот на времето на проверување.

Содржината на условната осуда со заштитен надзор се реализира преку посебните

обврски кои судот може да му ги наметне на сторителот на делото во време кое ќе го

определи судот, во текот на времето на проверување, а тие можат да се состојат во36

:

- оспособување, остручување и преквалификување;

34

Д-р Џемали Саити, проф. д-р Беса Арифи, м-р Андреј Божиновски, судија Шпенд Деваја, Правна

анализа, Скопје, 2018 година,

http://www.mja.org.mk/Upload/Content/Documents/%D0%97%D0%A1%D0%A0%D0%9C%20-

%20%D0%90%D0%BD%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D0%B7%D0%B0.pdf , стр.89 (23.06.2018) 35

Коалиција „Сите за правично судење“, Проценка на состојбата со алтернативните мерки во

Република Македонија, Скопје, 2007 година,

http://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2018/03/Altmer_Procenka_na_-sostojbite_MKD.pdf , стр.27

(23.06.2018) 36

Владо Камбовски, Миладин Крстаноски, Казнено право - општ дел, Универзитет „Св.Климент

Охридски“ - Битола, Правен факултет - Кичево, Охрид, 2013 година, стр. 336

41

- прифаќање на вработување што одговара на способностите и склоностите на

осудениот;

- извршување обврски кон семејството и децата;

- увид и совети во трошењето на средствата од плата и други приходи;

- забрана за посета на места каде се точи алкохолен пијалак или се одвиваат игри на

среќа;

- забрана на употреба на алкохолни пијалаци, дроги и други психотропни супстанции;

- користење на слободното време според упатства на социјалниот орган;

- забрана за дружење со определени лица;

- подложување на лекување или социјална рехабилитација.

Целта на секоја од претходно наведените обврски е ресоцијализација на сторителот

на кривичното дело. Која обврска ќе треба да ја исполни осуденото лице, одлучува

судот. За периодот додека трае условното одлагање на извршувањето на утврдената

казна, по поднесен предлог од страна на осудениот или од страна на социјалниот

орган, судот може да донесе одлука да ја укине обврската за осуденото лице или истата

да ја замени со друга обврска. За која обврска ќе се одлучи првично судот зависи од

повеќе околности: личноста на сторителот и неговите психички својства, неговата

возраст и здравствената состојба, материјалните и семејните околности, побудите за

извршување на кривичното дело, начинот на однесување на сторителот по сторувањето

на кривичното дело и околностите во кои го извршил истото.

Помош и грижа, надзор и заштита во исполнувањето на обврската од страна на

осудениот врши социјалниот орган и соодветното советувалиште.37

Советувалиштето и

социјалниот орган имаат обврска да го известуваат судот периодично за тоа дали и

како осуденото лица ја исполнува обврската. Тие се должни да му помагаат и да го

поттикнуваат осуденото лице преку советување како да ја исполни предвидената

обврска, но и да го сфати значењето на истата.

Но, што ќе се случи ако осуденото лице не ја исполни обврската? Прв механизам со

кој располага судот е опомената и преку неа го потсетува осуденото лице да ја исполни

обврската. Второ, судот може да ја замени одредената обврска со друга обврска. Но,

ако осуденото лице и натаму не ја исполнува обврската, во тој случај судот или ќе ја

37

Член 57, став 1, Кривичен законик на Република Македонија , „Службен весник на РМ“ бр.37/96, 80/99,

4/02, 43/03, 19/04, 81/05, 60/06, 73/06, 7/08, 139/08, 114/09, 51/11, 135/11, 185/11, 142/12, 166/12, 55/13,

82/13, 14/14, 27/14, 28/14, 41/14, 115/14, 132/14, 160/14, 199/14, 196/15, 226/15 и 97/2017

42

отповика условната осуда или ќе го продолжи времетраењето на заштитниот надзор во

рамките на времето за проверување.

2.3. Условно прекинување на кривичната постапка

Оваа мерка претставува судска алтернатива на кривичната постапка со која се

одбегнува изрекувањето на пресуда.38

Помеѓу условната осуда и условното

прекинување на кривичната постапка постои сличност во делот кој се однесува на

времето на проверување поради што е прекината постапката, односно лицето да не

стори кривично дело. Судот може да донесе одлука за условно прекинување на

кривичната постапка ако станува збор за полесно кривично дело за кое во Кривичниот

законик е пропишана казна затвор до една година или парична казна и ако по распитот

на обвинетото лице и сослушувањето на оштетеното лице, добие согласност од

оштетеното лице за условно прекинување на постапката, а од распитот на обвинетиот

дојде до заклучок дека се кае за стореното дело, или пак сторителот му се извинил на

оштетениот и притоа ги отстранил штетните последици настанати со сторувањето на

кривичното дело или пак ја надоместил штетата предизвикана со сторувањето на

кривичното дело. Судот може да ја изрече оваа алтернативна мерка под услов

сторителот на кривичното дело да не стори ново кривично дело во рокот во кој трае

прекинувањето кое што ќе го определи судот.

Прекинувањето на постапката може да трае најмногу една година. Ако во тој рок

сторителот не стори ново дело или во тој рок не се открие некое порано сторено дело -

постапката се запира.39

2.4. Општокорисна работа

Оваа алтернативна мерка се состои од задолжителна неплатена работа, во определен

број часови во слободното време на сторителот, во корист на заедницата и со

доброволно учество на самиот сторител.40

38

Д-р Џемали Саити, проф. д-р Беса Арифи, м-р Андреј Божиновски, судија Шпенд Деваја, Правна

анализа, Скопје, 2018 година,

http://www.mja.org.mk/Upload/Content/Documents/%D0%97%D0%A1%D0%A0%D0%9C%20-

%20%D0%90%D0%BD%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D0%B7%D0%B0.pdf , стр.90

(23.06.2018) 39

Владо Камбовски, Миладин Крстаноски, Казнено право - општ дел, Универзитет „Св.Климент

Охридски“ - Битола, Правен факултет - Кичево, Охрид, 2013 година, стр. 336 40

Здружение Центар за стратегии и развој ПАКТИС Прилеп, Систет на алтернативни мерки со

посебен осврт на состојбата на имплементација во општина Прилеп, 2014 година,

http://www.pactismk.com/pdf/EPI_Pactis_Brosura.pdf , стр. 30 (29.11.2017)

43

На сторителот на кривичното дело од страна на судот, по добиена согласност од

негова страна, може да му се изрече општокорисна работа ако се работи за кривично

дело за кое е пропишана парична казна или казна затвор до три години, а притоа

делото е извршено под олеснувачки околности и претходно сторителот не е осудуван

за друго кривично дело.

Времетраењето на оваа мерка може да биде од најмалку 40 часа до најмногу 240

часа. Осудениот е обврзан за време на саботни и неделни денови како и за време на

државни празници, во период од најмногу 12 месеци и не пократко од 5 часа неделно

да ја одработи општокорисната работа без надоместок во јавно претпријатие, јавна

установа, државен орган или хуманитарна организација. Ако осуденото лице е

оправдано спречено заради лични, семејни или здравствени причини, судот може да го

продолжи извршувањето на мерката за максимум уште шест месеци.

Ако на осуденото лице судот му изрекол казна затвор до три месеци или парична

казна во износ до 90 дневни глоби или 1800 евра во денарска противвредност, на

барање на осуденото лице, судот може да одлучи за замена на казната со општокорисна

работа. Замената на казната се врши на следниот начин: еден ден затвор се заменува со

3 часа општокорисна работа и една дневна глоба или 20 евра во денарска

противвредност се заменуваат со 3 часа општокорисна работа. Притоа треба да се

внимава да не се надмине максималниот број на часови општокорисна работа кој

изнесува 240. За судот да се одлучи за замена на изречената казна со општокорисна

работа не му е доволно само барањето на осудениот. Исто така, судот при

одлучувањето треба да ги земе во предвид: степенот на кривична одговорност на

сторителот, тежината на стореното дело, отстранувањето на штетните последици

настанати со сторување на делото, надоместувањето на штетата од страна на

сторителот и неговата поранешна неосудуваност.

Надзор над исполнувањето на обврските од страна на осудениот, согласно член 58-б

став 4 од Кривичниот законик, врши судот во постапка уредена со закон.

Во случај осуденото лице да не ги исполнува работните обврски или ако истите

уредно не ги исполнува, прв механизам кој му стои на располагање на судот е

опоменување на осуденото лице. А ако осуденото лице и натаму не го промени своето

однесување, во тој случај судот може да го замени преостанатиот дел од

општокорисната работа со казна затвор или со парична казна и тоа на следиот начин: 3

часа општокорисна работа се заменува со еден ден затвор или со една глоба. Ако не се

одлучи за овој чекор, тогаш судот има друга опција: може да одлучи да го зголеми

44

бројот на часовите за општокорисна работа или да го продолжи извршувањето на

мерката за дополнително најмногу три месеци.

Ако осудениот не ја извршува општокорисната работа изречена како замена за

паричната казна или казната затвор, судот ќе донесе одлука за извршување на

изречената казна.41

2.5. Судска опомена

Судската опомена претставува специјално превентивна мерка која судот може да ја

изрече на лице кое е виновно за сторено кривично дело за кое е пропишана казна

затвор до една година или парична казна.42

Според Кривичниот законик, член 59,

ставови 1 и 2, судската опомена може да се изрече за кривични дела за кои е

пропишана парична казна или затвор до една година, а притоа истите се сторени под

такви олеснувачки околности кои ги прават особено лесни, како и за определени

кривични дела под точно определени услови пропишани со закон за кои е предвидена

казна затвор до три години.

Како и кај другите алтернативни мерки, дали судијата ќе се одлучи на сторителот

на кривичното дело да му изрече судска опомена зависи првенствено од личноста на

сторителот, но и од неговиот поранешен живот, степенот на кривичната одговорност,

околностите под кои е сторено кривичното дело, како и неговото однесување по

сторување на истото.

Кога станува збор за сторени кривични дела во стек, судот може да изрече за сите

кривични дела една судска опомена, ако постојат услови за секое од кривичните дела

да се изрече истата. Во спротивно, бесмислено е за едно кривично дело од делата

сторени во стек да се изрече судска опомена, а за друго кривично дело да се изрече, на

пример, казна затвор. Во овој случај не би се остварила целта на судската опомена.

Судската опомена во суштина е превентивна мерка која се состои од јавно

неодобрување и морален прекор на сторителот за стореното кривично дело. Всушност,

судската опомена во себе содржи само предупредување. За разлика од останатите

алтернативни мерки, кај судската опомена нема време за проверување при што

сторителот би требало да внимава во тој период да не стори ново кривично дело.

41

Владо Камбовски, Миладин Крстаноски, Казнено право - општ дел, Универзитет „Св.Климент

Охридски“ - Битола, Правен факултет - Кичево, Охрид, 2013 година, стр. 337 42

Коалиција „Сите за правично судење“, Проценка на состојбата со алтернативните мерки во

Република Македонија, Скопје, 2007 годинаhttp://civicamobilitas.mk/wp-

content/uploads/2018/03/Altmer_Procenka_na_-sostojbite_MKD.pdf , стр.27

(23.06.2018)

45

Судската опомена служи за информирање на сторителот дека во иднина ќе биде строго

казнет доколку не се однесува во согласност со позитивните законски норми.

3.2.6. Куќен затвор

Куќниот затвор може да се изрече само за полесни кривични дела за кои е

пропишана парична казна или казна затвор до една година.43

Втор услов кој треба да

биде исполнет за да може судијата да ја изрече оваа алтернативна мерка е да станува

збор за сторители на кривични дела кои се стари и изнемоштени, тешко болни или ако

се работи за бремени жени. Трет услов е согласност од страна на сторителот да ја

издржува мерката куќен затвор.

Доколку постојат услови со современи телекомуникациски или електронски

средства да се контролира извршувањето на оваа алтернативна мерка, судот може да ја

замени казната затвор со куќен затвор.

Надзорот над извршувањето на оваа алтернативна мерка врши судот. Притоа, судот

може да одреди преземање на определени мерки на надзор од страна на полицијата во

местото во кое се наоѓа домот на осудениот, создавајќи обврска за полицијата за

редовно известување за нивното извршување.

Суштината на куќниот затвор се состои во забраната на осуденото лице да го

напушта домот. Во кој временски период, односно дали забраната се однесува во текот

на целиот ден или само во текот на ноќта, одлука донесува судот. За успешно

спроведување на оваа мерка потребна е употреба на електронски апарати специјално

наменети за извршување на куќниот затвор и континуирано следење на движењето на

осуденото лице за времето кое е определено од страна на судот. Доколку осудениот го

напушти домот во периодот за кој се однесува забраната, судот може да одреди

заменетата казна затвор во целост да се изврши во казнено - поправна установа.

3. Алтернативните мерки како санкции за деца - сторители на

кривични дела

Денешниот систем на алтернативни мерки датира од 2004 година. Но, кога станува

збор за деца кои сториле некое кривично дело, не може да му се изречат сите видови

алтернативни мерки кои постојат во Кривичниот законик. Затоа, во Законот за правда

43

Во кои случаи може да се изрече мерката куќен затвор, 24.03.2015 година,

http://www.pravdiko.mk/vo-koi-sluchai-mozhe-da-se-izreche-merkata-kuken-zatvor , (30.11.2017)

46

за децата се точно наведени кои алтернативни мерки можат да му се изречат на детето,

но и кои услови треба да бидат исполнети за нивно изрекување.

Алтернативните мерки се изрекуваат на кривично одговорно дете на возраст над 16

години за сторено дејствие кое што со закон е предвидено како кривично дело. Законот

за правда за децата ги познава следниве алтернативни мерки:

- условна осуда со заштитен надзор;

- условно прекинување на водење на постапка спрема детето;

- општокорисна работа.

Целта на алтернативните мерки кои што му се изрекуваат на кривично одговорно

дете над 16 години е идентична со целта на алтернативните мерки кои му се

изрекуваат на полнолетните сторители, односно, да не се примени казна кога тоа не е

неопходно заради спречување на вршење на дејствија што се предвидени како

кривични дела согласно закон и кога може да се очекува дека предупредувањето со

закана за казна и примената на мерките на помош, заштита и надзор на слобода

доволно ќе влијаат врз воспитувањето, превоспитувањето и правилниот развој на

кривично одговорното дете на возраст над 16 години. Алтернативните мерки, исто така

треба да помогнат без употреба на репресија, детето да ја зајакне почитта кон

вредностите прифатени од страна на општеството.

За да се изрече алтернативна мерка потребно е детето да е кривично одговорно, а

тоа укажува на потребата детето да е свесно за значењето на своето дејствие.

Алтернативните мерки треба да претставуваат некаква средина помеѓу мерките на

засилен надзор и заводските мерки (лишување на дете од слобода), обидувајќи се на

слобода да ја остварат превоспитната цел. Тие се насочени кон тоа детето да ја зајакне

неговата лична одговорност.

Алтернативни мерки судот може да изрече само кога постои изрична и слободно

изразена волја на детето во постапката во која се почитувани неговите права.44

Во

спротивно, не се исполнети условите за нивно изрекување.

3.1. Условна осуда со заштитен надзор

Оваа алтернативна мерка, судот може да ја изрече кога на детето му е утврдена

казна затвор за деца во траење до 3 години или парична казна. Ако на детето му е

утврдена и казна затвор за деца и парична казна, судот може да изрече условна осуда за

44

Член 62, став 1, Закон за правда за децата, „Службен весник на РМ“ бр.148/2013 година

47

двете казни или само за казната затвор за деца.45

Според член 62, став 4 од Законот за

правда за децата, судот времето за проверување го определува во времетраење кое не

може да биде пократко од 1 година, ниту подолго од 3 години.

Од што се состои заштитниот надзор? Истиот подразбира должности, една или

повеќе, кои се исти со оние кои се изрекуваат кај мерките на засилен надзор, за кои

детето има обврска да се придржува се додека трае времето за проверување. Кај

условната осуда со заштитен надзор своја улога има и Центарот за социјална работа.

Исто како и кај воспитните мерки, и кај алтернативните мерки, ЦСР му помага на

детето да ги исполни своите должности, му дава соодветни упатства, соработува со

неговите родители/старатели, врши надзор, а има и обврска да го известува судот

повремено, а најмалку еднаш на 3 месеци, за тоа колку се исполнети наметнатите

должности од страна на судот.

Условната осуда со заштитен надзор може да се отповика од страна на судот. За да

се случи тоа, потребно е да се ислолнат следните услови: детето да не ги исполнува

обврските определени од страна на судот во времето на проверување, или ако детето

стори едно или повеќе кривични дела за кои е предвидена казна затвор за деца во

траење подолго од 3 години, или ако по изрекувањето на условната осуда со заштитен

надзор се утврди дека детето извршило дејствие кое со закон е определено како

кривично дело пред да биде изречена условна осуда со заштитен надзор и дека е

потребна казна за претходно извршените кривични дела од страна на детето.

3.2. Условно прекинување на водење на постапка спрема дете

Согласно член 63 од Законот за правда за децата, судот може да донесе одлука условно

да ја прекине постапката спрема дете на возраст над 16 години што се води за

кривично дело за кое е утврдена казна затвор до 5 години или парична казна, под услов

детето да изразило каење за стореното кривично дело, ако ја надоместило штетата, ако

ги отстранило последиците што ги предизвикало делото, ако се помирило со

оштетениот, кој исто така треба да изрази согласност за прекинувањето на постапката,

под услов во рок од 2 години детето да не стори друго дејствие кое што со закон е

предвидено како кривично дело.

45

Гордана Лажетиќ - Бужаровска, Лазар Нанев, Олга Кошевалиска, Кривично постапување спрема деца

во ризик и во судир со законот, Скопје, 2015 година, стр. 152

48

3.3. Општокорисна работа

Согласно член 64, став 1, на кривично одговорно дете на возраст над 16 години кое

сторило дејствие кое со закон е предвидено како кривично дело и за кое е утврдена

казна затвор до 3 години или парична казна, судот може да му изрече мерка на

општокорисна работа во траење од 5 до 100 часа тогаш кога е потребно со оваа мерка

да се изврши влијание врз личноста кога е во прашање воспитанието и поведението на

детето.

Надзор над исполнувањето на работните обврски на детето врши ЦСР кој е должен

повремено, а најмалку еднаш месечно, да го известува судот за извршувањето на

мерката.46

Законот за правда за децата, во член 64, став 4, предвидел законска одредба според

која ако детето не ги исполнува или неуредно ги исполнува наложените работни

обврски, судот ќе ја замени оваа мерка со мерката упатување во центар за деца или со

мерка на засилен надзор, под условите предвидени за изрекување на овие воспитни

мерки, земајќи го во предвид и делот од обврските што е веќе исполнет.

4. Видови алтернативни мерки во другите европски држави

Преку анализа на кривичните законици на дел од европските држави ќе дојдеме до

сознание колку и кои видови алтернативни мерки се застапени во нивните системи на

санкции, сознание кое ќе го искористиме за компарација на алтернативните мерки

застапени во нашиот правен систем и алтернативните мерки во другите европски

правни системи.

Прво ќе ги разгледаме правните системи на дел од државите од нашето

опкружување. Хрватска е држава – членка на ЕУ. Од алтернативните санкции во

хрватското позитивно казнено право можеме да ги споменеме: условна осуда, условна

осуда со заштитен надзор и работа за општо добро на слобода.47

Организацијата на

извршувањето на алтернативните мерки е во рацете на Управата за затворот при

Министерството за правда.

Во Кривичниот законик на Србија, член 43 ја предвидува општокорисната работа

како казна која што може да се изрече како главна казна. Во член 64 од Кривичниот

46

Гордана Лажетиќ - Бужаровска, Лазар Нанев, Олга Кошевалиска, Кривично постапување спрема деца

во ризик и во судир со законот, Скопје, 2015 година, стр. 153 47

Lana Milojević, Roman Tomašković, Sustav probacije u Republici Hrvatskoj i alternative kazni zatvora, https://www.mup.hr/UserDocsImages/PA/onkd/1-2011/milivojevic_tomaskovic.pdf , стр.55 (04.12.2017)

49

законик, како мерки на претпазливост се предвидени условната осуда и судската

опомена, додека пак член 72 ја предвидува и условната осуда со заштитен надзор.

Црна Гора, во својот Кривичен законик, во членовите 41 и 42 ја предвидува

општокорисната работа како алтернативна мерка, а додека пак во членот 59 ја регулира

условната осуда со заштитен надзор. Во член 65 е регулирана судската опомена.

Босна и Херцеговина, која што сѐ уште не е дел од ЕУ, во член 44 од Кривичниот

законик ја предвидува општокорисната работа на слобода како алтернативна мерка,

членот 58 ја регулира условната осуда, а во членот 68 е предвидена условната осуда со

заштитен надзор.

Во Словенија, Кривичниот законик ги познава следниве видови алтернативни

мерки: општокорисна работа, судска опомена, условно откажување од гонење и

откажување од кривично гонење од страна на обвинителството и куќен затвор.

Од останатите европски држави, ќе ја споменеме Германија. Во нејзиниот правен

систем се застапени следниве алтернативни санкции: парична казна, запирање на

постапката со услов, алтернативна казна затвор, краткотрајна казна затвор,

општокорисна работа.

Во Холандија се застапени следниве алтернативни санкции: условна осуда,

откажување од кривично гонење на сторителот на кривичното дело, кратки казни

затвор, парична казна, санкции кои што се извршуваат во заедницата, автоматски

предвремен отпуст, општокорисна работа, куќен затвор.

За разлика од дел од претходно наведените европски држави, Република

Македонија во својот систем на санкции има предвидено повеќе алтернативни мерки,

што е добро, бидејќи алтернативните мерки покрај тоа што го збогатуваат системот на

санкции, ја зголемуваат и можноста на судијата при изборот на санкција за сторителот

на кривичното дело да избере соодветна санкција која што ќе даде позитивен ефект,

како во поглед на ресоцијализацијата, така и во поглед на спречување на повторно

вршење на кривично дело од страна на сторителот.

50

ГЛАВА IV

ПРОБАЦИСКИОТ СИСТЕМ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

51

1. Потреба од воспоставување на пробацискиот систем

Кривичниот законик од 1996 година предвидува само еден дел од алтернативните

мерки (иако таков термин воопшто не е спомнат во истиот) кои што денес постојат во

македонското законодавство: судска опомена, условна осуда и условна осуда со

заштитен надзор. Имајќи во предвид дека Кривичниот законик е донесен по 5 години

од независноста на државата сосема е очекувано да нема поголем број на предвидени

алтернативни мерки заради недоволната посветеност и занимавање со оваа

проблематика од страна на државата.

Најголем акцент во тој период се става на казната затвор, како од нормативен, така

и од практичен аспект. Се чини дека во тој период на државата и било најлесно да го

отстрани сторителот на кривичното дело од заедницата во која што живее бидејќи со

тој акт се постигнуваат две важни цели - заштита на државата од криминалецот, а

истовремено и гарантирање на безбедноста на нејзините граѓани.

Но, државата во тој период не го ставила сторителот на кривичното дело во прв

план, во смисла на тоа таа на еден сериозен начин да се занимава со неговата

ресоцијализација и реинтеграција во средината во која што живее по издржувањето на

казната затвор и со причините зошто лицето сторило кривично дело. На овој начин,

свесно или несвесно се повредуваат човековите права на осуденото лице.

Созревајќи полека како независна држава, согледувајќи го развојот на казненото

право на европско ниво и функционирањето на казнениот систем во останатите

понапредни држави, од една страна, а од друга страна осознавајќи ги проблемите кои

произлегуваат од примената на Кривичниот законик од 1996 година, од аспект на

исполнување на капацитетите на затворите со затвореници и недоволниот простор за

избор кој им се дава на судиите при индивидуализација на казната, во 2004 година се

пристапило кон измени и дополнувања на Кривичниот законик.

Она што е поврзано со темата на овој магистерски труд од измените и

дополнувањата на Кривичниот законик е воведувањето на терминот „алтернативни

мерки“ и на уште три нови дополнителни алтернативни мерки: општокорисна работа,

условно прекинување на постапката и куќен затвор. На тој начин државата потврди

дека казнено - правниот систем не смее да се потпира само на казната затвор и дека

истиот треба да се унапредува и развива преку воведување на нови видови санкции за

сторителите на кривични дела. Надлежни органи за спроведување на алтернативните

мерки се одделенијата за извршување на алтернативните мерки при Центрите за

52

социјална работа според живеалиштето/престојувалиштето на осудениот. Дали

алтернативната мерка се извршува законито, контрола врши судот, а за стручно -

инструкторскиот надзор над извршувањето на алтернативните мерки спрема осуденото

лице е надлежна Управата за извршување на санкции.

И покрај направените измени и дополнувања и преземените активности за

создавање на услови за изрекување и извршување на алтернативните мерки, во тој

период во пракса не се применувале дел од алтернативните мерки заради тоа што

имало констатирани недостатоци во законската регулатива од оваа област.

Според „Стратегија за развој на пробациска служба во Република Македонија (2013

- 2016)“, причините за останување на дел од алтернативните мерки како „мерки на

хартија“ пред сѐ на условната осуда со заштитен надзор и општокорисната работа, и

недоволната примена на останатите алтернативни мерки се должи на неколку фактори:

- несоодветно определување на надлежностите за извршување на алтернативните

мерки, бидејќи нив ги изрекува основниот суд (казнен орган), а ги извршува Центарот

за социјални работи (социјален орган);

- несоодветно поставен систем и распределба на надлежностите за вршење надзор над

извршувањето на алтернативните мерки, бидејќи основниот суд врши надзор на

законитоста над извршувањето на алтернативните мерки, а стручно - инструкторскиот

надзор над извршувањето на истите го врши Управата за извршување на санкции;

- недостаток на кадар во Центрите за социјални работи, имајќи во предвид дека

Центрите располагаат со широк круг на надлежности.

Заради сите овие претходно наведени фактори кои негативно влијаат врз

спроведувањето на алтернативните мерки во пракса, се јавува потребата од

воспоставување на пробацискиот систем во нашата држава. Заради остварување на таа

цел потребно е од страна на Собранието на Република Македонија да биде донесен

Закон за пробација, но и да се направат неопходните измени во останатите закони кои

се од значење за непречено извршување на алтернативните мерки во пракса, а тоа е

пред сѐ Законот за извршување на санкции.

Иако со измените и дополнувањата на Кривичниот законик во 2004 година не се

споменува ниту пробација ниту пробациски систем, сепак, тогаш се поставуваат

темелите за воведување и функционирање на пробацискиот систем во Република

Македонија. Во декември 2015 година е донесен Законот за пробација, чија

имплементација започна од 1 ноември 2016 година.

53

1.1. Предности од воспоставувањето на пробацискиот систем

Воведувањето на пробацискиот систем претставува клучна реформа на кривично -

правниот систем и се карактеризира со повеќе предности од различни аспекти.

Табела бр.1

Капацитет и бројна состојба на осудени и притворени лица во КПУ (01.12.2014

година)

Извор: Национална стратегија за развој на пенитенцијарниот систем (2015 - 2019 година)

Прво, пробацискиот систем треба да придонесе за надминување на проблемот со

„пренатрупаност“ во затворите. Табеларниот приказ бр.1 го покажува капацитетот на

казнено – поправните установи кога станува збор за осудени и притворени лица, но и

бројната состојба на осудени и притворени лица констатирана на 01.12.2014 година. Од

вкупно 12 казнено – поправни установи, во 10 од нив е констатирано присуство на

поголем број на осудени лица од максималниот предвиден број во КПУ. Според табела

Казнено –

поправна

установа

Капацитет

на

затворски

дел

во КПУ

Капацитет

на

притворски

оддделенија

во КПУ

Бројна

состојба на

осудени

лица во

КПУ

Бројна

состојба на

притворени

лица во

КПУ КПД Идризово 1094 0 1679 0 КПД Штип 210 0 323 0 КПД од отворен

вид Струга 60 0 77 0

Затвор Скопје 128 310 194 312 Затвор Тетово 48 24 87 21 Затвор Битола 60 22 106 15 Затвор Прилеп 85 16 91 4 Затвор

Струмица 62 0 144 0

Затвор

Гевгелија 43 12 71 2

Затвор

Куманово 178 48 167 38

Отв. Оддел. во

Крива Паланка

(одд. на З.

Куманово)

23

0

29

0

Затвор Охрид

(малолетнички

затвор)

35

18

8

9

Вкупно 2026 450 2976 401

54

бр.1, само Затвор Куманово и Затвор Охрид не биле „пренатрупани“ со затвореници.

Во КПД Идризово престојувале 585 осудени лица повеќе отколку што е неговиот

капацитет. Во КПД Штип престојувале 113 осудени лица повеќе отколку што е

дозволено. Во КПД од отворен вид Струга престојувале 17 осудени лица повеќе

отколку што е неговиот капацитет. Во Затвор Скопје престојувале 66 лица повеќе

отколку што е неговиот капацитет. Во Затвор Тетово таа бројка изнесува 39 осудени

лица, додека пак во Затвор Битола 46 осудени лица. Во Затвор Прилеп 6 осудени лица

се повеќе од предвидениот максимум, а пак во Затвор Струмица таа бројка изнесува 82

осудени лица. Во Затвор Гевгелија престојувале 28 осудени лица повеќе отколку што е

неговиот капацитет, а во Отв.Oддел во Крива Паланка (оддел на Затвор Куманово)

бројот на осудени лица над дозволениот максимум е 6. Состојбата со капацитетите на

притворските одделенија во казнено – поправните установи не е алармантна, бидејќи

само во Затвор Скопје има 2 притворени лица повеќе од предвидениот капацитет. Овие

бројки го потврдуваат фактот дека „пренатрупаноста“ во затворите во нашата држава

претставува горлив проблем.

Проблемот со „пренатрупаноста“ во затворите во нашата држава, наместо да се

решава, истиот се продлабочува. Според Хелсиншкиот комитет за човекови права на

Република Македонија, состојбата од април 2016 година укажува на „пренатрупаност“

од 156% заради тоа што вкупниот капацитет за осудени лица е 2026 затвореници, а

вкупниот број на лица што се наоѓале во тој период во некоја од затворените установи

е 3446. Загрижувачка е состојбата во Затвор Струмица, Затвор Тетово, Затвор Штип и

Затвор Гевгелија и КПД Идризово.48

Според истиот извор, во април 2016 година, во

Затворот Струмица кој има капацитет за 62 лица престојувале 150 лица, или изразено

во проценти 242% повеќе од дозволеното. Исто така, во тој период, „пренатрупаност“

од над 200 % имало во Затворот Тетово, додека пак во КПД Идризово и во затворите во

Гевгелија и Штип „пренатрупаноста“ надминува над 170%. Овие бројки го покажуваат

трендот на пораст на бројот на осудени лица и непроменливиот капацитет на КПУ. И

во 2014 година и во 2016 година, капацитетот на КПУ останува непроменет, односно

2026 затвореници, но бројот на осудени лица кои престојуваат во КПУ се зголемил од

2976 во 2014 година, на 3446 во 2016 година.

Пробацискиот систем треба во прв план да ги стави алтернативните мерки и да

придонесе за намалување на стапката на изрекување на казната затвор. Доколку има

48

Хелсиншки комитет: Затворите се со суб – стандардни услови за живот, третманот е нечовечки,

05.05.2016 година, https://a1on.mk/archives/609448 , (29.10.2017)

55

помалку затвореници во затворите, тоа се одразува позитивно врз процесот на

ресоцијализација бидејќи им се дава многу поголем простор на вработените во

затворите да им се посветат на затворениците, а по издржувањето на казната затвор тие

да излезат како ресоцијализирани личности, а не како поголеми криминалци.

„Пренатрупаноста“ се одразува негативно како врз достоинството на затворениците,

така и врз нивната приватност.

„Пренатрупаноста“ во македонските затвори е констатирана и во Годишниот

извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување,

унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2012 година, а особено била

загрижувачка состојбата во КПУ Идризово. Превоспитниот процес не ја исполнувал

својата вистинска функција, а исто така е констатиран и недостаток на финансиски

средства и недоволна екипираност на службите. Во 2013 година состојбата не е

поразлична кога станува збор за екипираноста на службите и превоспитниот процес, а

„пренатрупаноста“ е констатирана и во Затворот Скопје, покрај во КПД Идризово.

Истата состојба е констатирана и во 2014 година и 2015 година. Во 2016 година,

Народниот правобранител констатирал дека проблемот со „пренатрупаноста“ е сѐ уште

горлив проблем што не е решен, а исто така и во дел од затворите нема вработено

лекар. Ваквата состојба укажува на тоа дека осудените лица ја издржуваат казната

затвор во нехумани и деградирачки односи.

Второ, за разлика од казната затвор, пробацискиот систем ќе ја чини државата

многу помалку. Просечните трошоци по затвореник во Македонија изнесуваат 500 -

600 денари во 2014 година и околу 950 денари во 2015 година. Доколку би се вовел

системот на пробација со кој за полесен прекршок би се останувало во домашен

притвор под специјален надзор, просечните трошоци би биле сведени на 20 денари

дневно.49

Тоа директно се одразува и врз буџетите со кои што располагаат казнено -

поправните установи.

Трето, системот на пробација ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните, а тоа

позитивно се одразува врз зголемување на довербата на граѓаните во државните

институции кои се надлежни да ја спроведат правдата во државата и да го заштитат

општеството од криминал.

Четврто, ќе помогне за поуспешна ресоцијализација и полесна реинтеграција на

сторителот на кривичното дело, а тоа ќе се одрази позитивно врз намалување на бројот

49

„Одлежувањетo“ затвор дома 50 пати поевтино, а Македонија досега спиеше, 24.09.2015 година,

http://www.plusinfo.mk/vest/41159/undefined , (29.10.2017)

56

на рецидивистите. Овој заклучок произлегува од фактот што лицето не е одвоено од

средината во која што живее, не доаѓа во допир со затворската средина, односно, не

доаѓа во допир со други криминалци кои сториле кривични дела со висок ризик.

Петто, ќе придонесе за имплементација на стандардите кои што поттекнуваат од

меѓународните документи кои што ја потенцираат потребата од намалување на

употребата на казната затвор и ќе ја доближи Република Македонија до исполнувањето

на меѓународните пенолошки стандарди.50

1.2. Основни принципи на воспоставување и фукционирање на пробациската

служба во Република Македонија

Според „Стратегија за развој на пробациска служба во Република Македонија (2013

– 2016 година)“ донесена од страна на Управата за извршување на санкции и

Министерството за правда во 2013 година, пробациската служба во Република

Македонија треба да се воспостави и да функционира врз основа на следниве

принципи:

- oтворена соработка со заедницата;

- еднаквост и почитување на човековите права и слободи, како на сторителите на

кривични дела, така и на службените лица кои ги извршуваат пробациските работи;

- свесност на секој пробациски службеник дека секој човек има доволно капацитет да

се промени и обврска на пробацискиот службеник да постапува во согласност со ова

уверување;

- почит за човековото достоинство, приватноста, правичноста и еднаков пристап на

секој припадник на пробациската служба кон сторителите, партнерите и сите други

вклучени страни;

- одговорност на секој вработен за своите постапки и обврска за почитување на

професионалните стандарди;

- организациона култура на професионална одговорност која што ќе промовира тимска

работа, флексибилно работење и континуирано учење и наградување;

- политика и практика базирана на докази и систематски оценки;

- испорака на високо квалитетни услуги кои што ќе обезбедуваат вредност еднаква на

вложените средства.

50

Министерство за правда, Управа за извршување на санкциите, Стратегија за развој на пробациска

служба во Република Македонија (2013 – 2016 година), Скопје, 2013 година, стр.10

57

2. Улогата на Управата за извршување на санкции во вршењето на

пробациските работи во Република Македонија

Законот за пробација ги обезбедува нормативните и институционални претпоставки,

потребни за реализација на алтернативните мерки пропишани во Кривичниот законик

и обезбедените процесни гаранции за нивно определување во Законот за кривична

постапка.51

Согледувајќи ги предностите од воспоставувањето на пробацискиот систем во

другите европски држави и осознавањето на придобивките кои ќе се постигнат со

нејзино воспоставување и функционирање, Управата за извршување на санкции од

2008 година во континуитет презема низа активности со цел воспоставување на

пробациски систем во Република Македонија.

Управата за извршување на санкции има клучна улога во организирањето,

спроведувањето и вршењето на надзор над извршувањето на дел од алтернативните

мерки: општокорисна работа, куќен затвор и условна осуда со заштитен надзор.

Управата е орган во состав на Министерството за правда со својство на правно лице.

Управата обезбедува континуирана обука и усовршување на вработените.52

Вработените имаат статус на државни службеници.

На чело на Управата за извршување на санкции е директор кој раководи со неа во

период од пет години, со право на повторен избор. Директорот треба да биде лице кое

има висока школска подготовка VII-1 степен, но и работно искуство од најмалку 5

години во областа на извршување на санкциите или сродни работи. Директорот ја

претставува Управата. Директорот го именува и го разрешува Владата на Република

Македонија, па поради тоа, тој за работата на Управата одговора пред министерот за

правда, односно пред Владата.

Законот за пробација предвидува значајна улога на Управата за извршување на

санкции во воспоставувањето и функционирањето на пробацискиот систем. Прво,

извршувањето на пробациските работи е во надлежност на Управата бидејќи нив ги

извршуваат пробациските службеници кои се дел од Управата за извршување на

санкции, па оттука произлегува дека пробациските службеници имаат статус на

51

Д-р Џемали Саити, проф. д-р Беса Арифи, м-р Андреј Божиновски, судија Шпенд Деваја, Правна

анализа, Скопје, 2018 година,

http://www.mja.org.mk/Upload/Content/Documents/%D0%97%D0%A1%D0%A0%D0%9C%20-

%20%D0%90%D0%BD%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D0%B7%D0%B0.pdf , стр.95

(27.06.2018) 52

Член 14, став 2 и 3, Закон за извршување на санкциите, „Службен весник на РМ“ бр.02/2006, 57/2010,

166/2014, 33/2015, 98/2015, 11/2016 година

58

државни службеници. Според член 3 од Законот за пробација, под пробациски работи

се подразбираат активностите кои се преземаат од страна на пробациските службеници

при спроведување на надзорот над извршувањето на алтернативните мерки спрема

лицата на кои истите им се изречени од страна на судот. Едно лице за да биде

пробациски службеник неопходно е да поседува службена легитимација која ја издава

директорот на Управата и истата има важност од пет години. По истекот на важноста,

истата се враќа кај директорот на Управата и тој е должен да издаде нова службена

легитимација. Таа му помага на пробацискиот службеник да го докаже својот

идентитет, својство и овластувања.

Во врска со организирањето, спроведувањето и вршењето на надзор над текот на

извршувањето на пробациските работи, надлежна е Управата. Согласно член 5, став 3

од Законот за пробација, месно надлежна за извршување на пробациските работи е

канцеларијата на Управата според местото на живеалиште/престојувалиште на лицето

спрема кое се извршуваат пробациските работи.

Обврска да соработуваат со Управата без барање на паричен надоместок имаат сите

државни органи, органите на локалната самоуправа, правни лица и други институции и

установи кои поседуваат релевантни информации за лицата спрема кои се извршуваат

пробациските работи.

Слика 2. Организациона поставеност на пробациската служба во Р. Македонија53

53

Министерство за правда, Управа за извршување на санкциите, Стратегија за развој на пробациска

служба во Република Македонија (2013 – 2016 година), Скопје, 2013 година, стр.20

59

Според слика бр. 2, во рамките на Управата за извршување на санкции се

организира Сектор за пробација како организициона единица на Управата на

централно ниво. Во рамките на Секторот за пробација влегуваат две одделенијa и тоа:

Одделение за надзор над извршувањето на пробациските работи и Одделение за

електронски надзор, а во рамките на Секторот за пробација влегуваат и 11 локални

канцеларии на Управата. Во „Стратегија за развој на пробациска служба во Република

Македонија (2013 - 2016)“, изготвена од страна на Министерството за правда и

Управата за извршување на санкции во март 2013 година, предвидено е да се отворат

11 локални канцеларии на Управата на територијата на Република Македонија и тоа:

локална канцеларија на ниво на град Скопје, потоа локална канцеларија во Битола,

Прилеп, Охрид, Гостивар, Тетово, Куманово, Велес, Кочани, Штип и Струмица. Во

претходно наведените градови ќе се отворат локални канцеларии бидејќи планот е да

има локална канцеларија секаде каде што има седиште на основен суд со проширена

надлежност.

Управата за извршување на санкции изготвува годишен извештај за состојбата и

работењето на казнено - поправните и воспитно - поправните установи во Република

Македонија. Во годишниот извештај за 2016 година е наведено дека пробациската

служба нема да се воспостави на целата територија на државата, туку нејзиното

воспоставување ќе оди чекор по чекор. Имајќи во предвид дека Законот за пробација

започна со примена од 1 ноември 2016 година, прво ќе започне со работа пробациската

канцеларија во Скопје на подрачјето на Основен суд Скопје 1 Скопје како тестирање

како би функционирала пробациската служба во нашата држава, а дури потоа во план е

отворање на останатите локални канцеларии, што укажува на тоа дека сѐ уште сме

скептици кога е во прашање пробациската служба.

Согласно член 9 од Законот за пробација, Управата е надлежна за водење на

единствен регистар, кој се води електронски, во кои се евидентираат лицата спрема кои

се извршуваат пробациските работи. Пробациските канцеларии на локално ниво се

должни да водат евиденција за извршувањето на пробациските работи за подрачјето за

кое се основани.

Во годишниот извештај на Управата за извршување на санкции од 2012 година е

наведено дека за воспоставувањето на пробациска служба се обезбедени финансиски

средства во износ од 1 800 000 евра преку претпристапните фондови со проектот ИПА

2010 кој требало да почне со реализација во 2014 година. Во 2012 година, Управата за

извршување на санкции презела низа активности со кои го олеснила процесот на

60

подготовка на Законот за пробација, а во периодот од 2011 до 2013 година во соработка

со Националната служба за управување на осудени лица на Англија и Велс, се

реализирал Проект за поддршка на Управата за извршување на санкции за

воспоставување на пробациски систем во државата. Во овој период е изготвена и

„Стратегија за развој на пробациска служба во Република Македонија (2013 - 2016)“.

Имено, според направените анализи, по воведувањето на посебна пробациска служба

во Република Македонија се очекува само во првата година затворската популација да

се намали од 10% до 20%.54

Согласно Заклучокот на Владата на Република Македонија

од петтата седница, на 01.01.2012 година, Управата за извршување на санкции станала

член на Европската организација за пробација.

Управата за извршување на санкциите, во текот на 2015 година, набавила 400 алки –

трансмитери кои се наменети за престапниците, GPS, како и друга IT опрема за

извршување на алтернативните мерки. IT опремата е сместана во рамките на IT

Секторот во Министерството за правда. Исто така, во текот на 2015 година била

спроведена и обука за употреба на опремата за електоронски надзор.

3. Надлежности на пробациските службеници во извршувањето на

пробациските работи

Пробациските службеници се непосредно вклучени во извршувањето на

алтернативните мерки, односно во вршењето на пробациските работи. Дали ќе се

извршуваат пробациски работи спрема лицето зависи од неговата согласност. Ако

лицето се согласи спрема него да се извршуваат пробациските работи, пробациските

службеници имаат обврска кон него да се однесуваат со почит кон неговата личност и

достоинство и да го земат во предвид физичкото и психичкото здравје на лицето.

Пробациските службеници имаат обврска неселективно, објективно и непристрасно

да ги применуваат правилата во извршувањето на пробациските работи без оглед за

кое лице станува збор. На лицето треба да му се гарантираат сите права признати со

Уставот на Република Македонија, со законите и меѓународните договори

ратификувани од страна на Собранието на Република Македонија. Пробациските

службеници не смеат да ги дискриминираат лицата спрема кои се извршуваат

54

Министерство за правда, Управа за извршување на санкциите, Годишен извештај на Управата за

извршување на санкциите за состојбата и работењето на казнено – поправните и воспитно –

поправните установи во Република Македонија за 2012 година, Скопје, 2013 година,

http://www.pravda.gov.mk/Upload/Documents/GODISEN%20IZVESTAJ_uis_2012.pdf , стр.14 (28.06.2018)

61

пробациските работи по ниту еден основ: пол, вера, раса, возраст, политичка

припадност, социјална припадност, етничка припадност, општествен статус, ментално

и физичко здравје, образование итн.

Лицето спрема кое се спроведува извршувањето на пробациските работи има право

на увид во своето досие, освен во стручните мислења на пробациските службеници и

други стручни лица, како и податоци кои се однесуваат на трети лица.55

На лицето му

се гарантира заштита од злоупотреба на неговите лични податоци и заштита на

неговата личност. Доколку на лицето спрема кое се извршуваат пробациските работи

во текот на нивното извршување од страна на пробациските работи му се повредат

некои негови права, тоа има право на приговор до Управата која е должна во рок од 8

дена да одлучи по приговорот и да донесе одлука имајќи го во предвид и писмениот

одговор на пробацискиот службеник на наводите наведени во приговорот од страна на

лицето спрема кој се извршуваат пробациските работи.

Пробациските службеници се надлежни да изготвуваат извештаи во писмена форма

за потребите на казнено - поправните установи за начинот на однесување на осуденото

лице во периодот на издржување на казната, како и извештаи за извршена процена на

ризик на обвинетото лице во текот на судската постапка. Ризикот на обвинетото лице

се проценува од страна на локална канцеларија на Управата која е месно надлежна

според местото на живеалиште/престојувалиште на обвинетото лице, по остварување

на разговор со него како и преку анализа на документацијата на обвинетиот која ја

сочинуваат разни наоди и мислења на стручни лица и лекари, извештаи од ЦСР како и

обвинителниот предлог или акт и употреба на механизам за процена на ризик. Се

изготвува извештај за извршената процена на ризик и се предложува видот на

кривичната санкција, а истиот се испраќа до судот. Кога станува збор за

општокорисната работа, пробациските службеници се должни да го организираат

нејзиното извршување и врз него да вршат надзор. Кај условната осуда со заштитен

надзор, пробациските службеници се должни да го вршат заштитниот надзор.

Спроведувањето надзор со електронски алатки исто така е во надлежност на

пробациските службеници.

Пробацискиот службеник е надлежен да изготви индивидуална програма за третман

за лицето спрема кое се извршуваат пробациските работи. Индивидуалната програма за

третман претставува збир од методи, постапки и рокови за нејзино спроведување,

55

Член 8, став 3, Закон за пробација, „Службен весник на РМ“ бр.226/2015 година

62

податоци за носителите на одделни активности, пробациските работи кои се од

важност за извршување на алтернативните мерки и посебните обврски. Истата се

изработува исклучително во соработка со лицето спрема кое се извршуваат

пробациските работи.

За да се изготви индивидуалната програма за третман неопходно е прво да се

изврши проценка на личноста на лицето спрема кое се извршуваат пробациските

работи и неговата здравствена состојба, процена на ризикот, потоа на неговите семејни

прилики, потребите на лицето, но и на неговите стручни квалификации.

Со тоа што содржи индивидуалната програма за третман неопходно е да биде

запознаено лицето спрема кое се извршуваат пробациските работи, со цел да ги

осознае последиците кои што би произлегле од евентуалното неисполнување на

обврските од негова страна.

3.1. Улогата на пробациските службеници во извршувањето на условната осуда

со заштитен надзор

Условната осуда со заштитен надзор се изрекува од страна на судот. Кога судската

одлука станала правосилна и извршна, судот има обврска во рок од 15 дена од денот

кога истата станала извршна да ја достави до пробациската канцеларија која што е

месно надлежна да постапува по судската одлука со цел од нејзина страна да биде

извршен заштитниот надзор. Како што е претходно споменато, заштитниот надзор се

состои од една или повеќе обврски определени од страна на судот кои во времето на

проверување треба да бидат уредно извршени од страна на осуденото лице.

Кај условната осуда со заштитен надзор една од обврските на пробациските

службеници е изработка на индивидуална програма и план за спроведување на

заштитниот надзор во соработка со осуденото лице, со цел истото да биде запознаено

со последиците од евентуалното неисполнување на обврските. Рокот за изработка

изнесува 15 дена од денот на приемот на судската одлука. Индивидуалната програма и

планот за спроведување на заштитниот надзор содржат информации за видот и

спроведувањето на надзорот, како и информации за времетраењето на истиот.

Според член 14 од Законот за пробација, месно надлежната пробациска канцеларија

е должна да врши повеќе пробациски работи. Прво, во текот на времето на

проверување потребно е од нејзина страна да биде повикано условно осуденото лице

на разговор. Исто така, од страна на пробациската канцеларија треба да бидат

определени термини во кои условно осуденото лице е должно да се пријавува кај неа.

63

Доколку условно осуденото лице не одговори на повикувањето од страна на месно

надлежната пробациска канцеларија и не се јави во определениот термин, тогаш таа

има обврска во рок од 24 часа да го извести Министерството за внатрешни работи кое

пак има обврска да го обезбеди присуството на условно осуденото лице. Во случај

МВР да не успее да го пронајде условно осуденото лице, тогаш МВР ја известува

месно надлежната пробациска канцеларија. Во рок од 24 часа од приемот на

известувањето од МВР, месно надлежната пробациска служба е должна да ги извести

Секторот за пробација кој се наоѓа во рамките на Управата за извршување на санкции

и основниот суд кој ја донел одлуката.

Месно надлежната пробациска канцеларија го контролира извршувањето на

условната осуда со заштитен надзор и притоа преку совети му помага на условно

осуденото лице. За извршувањето на условната осуда со заштитен надзор, месно

надлежната пробациска канцеларија си води евиденција.

Исто така, таа е надлежна да врши увид во документацијата на условно осуденото

лице која е составена од наоди и мислења од лекари и стручни лица, судска одлука

донесена од првостепен суд, извештаи од ЦСР, а доколку има потреба, на барање од

страна на судот, месно надлежната пробациска канцеларија собира и други

дополнителни податоци соработувајќи со други органи, организации и установи.

Бидејќи судот првостепената одлука, која е правосилна и извршна, и ја доставува на

извршување на месно надлежната пробациска канцеларија, таа има обврска

периодично со извештаи да го известува првостепениот суд за текот на извршување на

условната осуда со заштитен надзор. Ако заштитниот надзор е определен до една

година, таа е должна да го известува судот на секои четири месеци. Ако пак

заштитниот надзор е определен над една година, тогаш има обврска да го известува

судот на секои шест месеци.

Првично изречените обврски на условно осуденото лице може да му се заменат со

други обврски, или да му се продолжи траењето на заштитнот надзор од страна на

судот, но само по препорака од страна на месно надлежната пробациска канцеларија.

Ако осудениот не ги исполнува или неуредно ги исполнува обврските, месно

надлежната пробациска канцеларија го опоменува и за тоа веднаш ќе го извести

надлежниот суд.56

Ако и по опомената изречена на условно осуденото лице, тоа

продолжи да се однесува идентично, не извршувајќи ги обврските и не учествувајќи во

56

Член 16, став 3, Закон за пробација, „Службен весник на РМ“ бр.226/2015 година

64

спроведувањето на индивидуалната програма која му е определена, а во чие креирање

учествува и самото тоа, тогаш месно надлежната пробациска канцеларија има обврска

да го извести судот за неисполнувањето на обврските и неспроведувањето на

индивидуалната програма во рок од три дена од дознавањето за истото. Таа

истовремено му предложува на првостепениот суд да ја отповика условната осуда. Во

случај на отповикување на оваа алтернативна мерка, месно надлежната пробациска

канцеларија е должна да достави извештај на казнено - поправната установа во која

лицето е упатено на издржување на казната затвор, со информации за преземените

актвности и однесувањето на лицето за времето на проверување.

Во спротивно, доколку условно осуденото лице уредно ги извршува обврските,

месно надлежната пробациска канцеларија може да оцени дека целта на условната

осуда со заштитен надзор е постигната и може да му препорача на судот да го запре

понатамошното извршување на заштитниот надзор.

3.2. Улогата на пробациските службеници во извршувањето на општокорисната

работа

Општокорисната работа се изрекува со судска одлука. Откако одлуката ќе стане

правосилна и извршна, во рок од 15 дена од денот кога таа станала извршна, судот е

надлежен да ја достави истата до месно надлежната пробациска канцеларија, но и до

организационата единица на Управата која е надлежна за вршење пробациски работи.

За разлика од извршувањето на условната осуда со заштитен надзор, кај

извршувањето на општокорисната работа, месно надлежната пробациска канцеларија

има обврска да ги извести Агенцијата за вработување, Центарот за социјална работа,

Министерството за внатрешни работи, а ако осуденото лице е во работен однос,

должна е да го извести и работодавачот со кого осуденото лице има склучено работен

однос.

Според член 18 од Законот за пробација, месно надлежната пробациска канцеларија

е должна да врши повеќе пробациски работи. Прво, потребно е од нејзина страна да

биде повикувано осуденото лице на разговор.

Месно надлежната пробациска канцеларија го упатува осуденото лице на

извршување на општокорисната работа, го контролира извршувањето на

општокорисната работа и му пружа помош на осуденото лице. За извршувањето на

65

општокорисната работа, месно надлежната пробациска канцеларија си води

евиденција.

Исто така, таа е надлежна да врши увид во документацијата на осуденото лице која

е составена од наоди и мислења од лекари и стручни лица, судска одлука, извештаи од

ЦСР, а доколку има потреба, на барање од страна на судот, месно надлежната

пробациска канцеларија собира и други дополнителни податоци соработувајќи со

други органи, организации и установи.

Како и кај условната осуда со заштитен надзор, и овде, месно надлежната

пробациска служба има обврска да достави извештаи за нејзиното извршување до

судот кој ја изрекол оваа алтернативна мерка. Доколку истата биде заменета со казна

затвор, во тој случај месно надлежната пробациска служба до казнено - поправната

установа каде што лицето е упатено да ја издржува казната затвор треба да достави

извештај за преземените активности и начинот на однесување на лицето.

Општокорисната работа се извршува кај правен субјект според местото на

живеалиштето, односно престојувалиштето на осуденото лице.57

Кога зборуваме за

правен субјект, всушност зборуваме за јавни претпријатија, државни органи,

хуманитарни организации, единици на локалната самоуправа, а листата може да се

дополни и со други субјекти во кои може да се оствари општокорисната работа и да се

постигне целта на оваа алтернативна мерка.

Пробацискиот службеник од месно надлежната пробациска канцеларија има

обврска да направи анализа на осуденото лице од аспект на неговите способности,

здравствената состојба и стручните квалификации. Таквата анализа ќе му помогне да

го направи изборот на правниот субјект кај кој осуденото лице ќе ја извршува

општокорисната работа. Со некој од овие претходно наведени правни субјекти месната

пробациска служба, по претходна добиена согласност од Управата, склучува договор

за општокорисна работа.

Со договорот (своерачно потпишан од осудениот со што тој демонстрира

согласност за извршување општокорисна работа)58

се уредуваат односите помеѓу

пробациската служба, осуденото лице и правниот субјект. Исто така во договорот се

наведуваат работните задачи на осуденото лице, правата и обврските на осуденото

лице, правата и обврските на правниот субјект, начинот на вршење на општокорисната

57

Член 19, став 3, Закон за пробација, „Службен весник на РМ“ бр.226/2015 година 58

Д-р Методија Каневчев, Извршување на општокорисната работа и куќниот затвор според Законот

за пробација, http://journal.maclc.mk/wp-content/uploads/2017/05/Metodija-Kanevchev-1.pdf , стр.5

(31.10.2017)

66

работа и нејзиното времетраење. Примерок од договорот пробациската служба

доставува до договорните страни, како и до Управата и судот што донел одлука во прв

степен.59

Ако осуденото лице не се согласи за извршување на општокорисната работа,

месно надлежната пробациска канцеларија е должна во рок од 3 дена за тоа да го

извести судот кој ја донел првостепената одлука.

Лицето што раководи со месно надлежната пробациска канцеларија или од него

овластено лице е надлежно за упатување на осуденото лице на извршување на

општокорисна работа кај правниот субјект со кој е склучен договор од страна на

осуденото лице и од месно надлежната пробациска канцеларија. Министерот за правда,

по предлог на директорот на Управата, е надлежен да го определи начинот на

извршување на општокорисната работа. Општокорисната работа од страна на

осуденото лице се извршува без никаков надоместок.

Законот за пробација, во член 21, предвидува на осуденото лице при извршување на

општокорисната работа да му бидат обезбедени: соодветни работни услови,

почитување на работното време, дневен и неделен одмор, одмор во текот на работата и

заштита при работа. При извршување на општокорисната работа, за тој временски

период, осуденото лице е осигурено во случај на повреда при работа. Доколку при

извршувањето на општокорисната работа осуденото лице предизвика некаква штета,

во тој случај се применуваат општите одредби за надоместок на штета.

Во Законот за пробација е предвидено дека во случај на акутна болест, бременост

или родителство до навршување на една година на детето, ненадејна тешка болест или

смрт на некој од потесното семејство, како и заради извршување на некои итни работи

предизвикани од елементарни непогоди со цел спречување на настанување на

значителна материјална штета, осуденото лице има право да поднесе молба поткрепена

со соодветни докази за привремено прекинување на извршување на општкорисната

работа до судијата надлежен за извршување на санкции. По упатената молба, судијата

за извршување на санкции одлучува во рок од 8 дена од денот кога ја примил молбата.

За да одлучува по истата неопходно му е мислење од надлежен јавен обвинител.

Решението од страна на судијата за извршување на санкциите треба да биде доставено

до месно надлежната пробациска канцеларија, осуденото лице, надлежниот јавен

обвинител, како и до правниот субјект со кој што е склучен договорот за извршување

59

Д-р Методија Каневчев, Извршување на општокорисната работа и куќниот затвор според Законот

за пробација, http://journal.maclc.mk/wp-content/uploads/2017/05/Metodija-Kanevchev-1.pdf, стр.5

(31.10.2017)

67

на општокорисната работа. Законот за пробација предвидува право на жалба против

ова решение до кривичниот совет надлежен за извршување на санкцијата од осуденото

лице и надлежниот јавен обвинител во рок од 3 дена од приемот на решението.

Во случај да биде прифатена молбата, времето на прекин на извршувањето на

општокорисната работа нема да биде засметано во вкупното време кое е предвидено за

извршување на општокорисната работа.

Ако биде прифатена молбата за прекинување на извршувањето на општокорисната

работа заради акутна болест, осуденото лице има обврска секој месец до судијата за

извршување на санкции да доставува потврда за неговата здравствена состојба. За

отповикување на судската одлука одлучува надлежниот судија за извршување на

санкции, по своја иницијатива или по предлог на јавниот обвинител, доколку се утврди

дека причините кои постоеле за да биде прифатена молбата престанале да постојат или

прекинот за извршување на општокорисната работа од страна на осуденото лице се

користи спротивно на целта заради која истиот бил одобрен од страна на судијата за

извршување на санкциите.

Доколку при извршувањето на општокорисната работа, осуденото лице не ги

извршува работните обврски или истите грубо ги занемарува, правниот субјект кај кој

тоа ја извршува општокорисната работа има обврска во рок од 3 дена од дознавањето

за грубото неизвршување или неисполнувањето на работните обврски да ја извести

месно надлежната пробациска канцеларија. Доколку и таа го утврди неисполнувањето

или грубото занемарување на извршувањето на работните обврски, должна е веднаш да

го извести судот што ја донел првостепената одлука и да го повика осуденото лице на

разговор и истото да го опомени.

Во Законот за пробација таксативно се наведени случаите под кои се подразбира

грубо занемарување на работните обврски:

- непочитување на работното време и работната дисциплина од страна на осуденото

лице;

- доаѓање на работа под дејство на алкохол или опојни дроги;

- оштетување на средствата за работа или предизвикување на друг вид на штета на

правниот субјект каде што осуденото лице ја извршува општокорисната работа, на

вработените во тој правен субјект и на корисниците на неговите услуги;

- недолично, навредливо и насилничко однесување или нетрпеливост спрема другите

вработени во правниот субјект или корисниците на неговите услуги.

68

Последици за осуденото лице од евентуалното неисполнување или грубо

занемарување на работните обврски се предвидени и во Законот за пробација и во

Кривичниот законик. Тие се разликуваат во зависност од тоа дали општокорисната

работа е изречена самостојно или како заменска санкција.60

Членот 23, став 1 од

Законот за пробација, предвидува обврска за месно надлежната пробациска работа во

случај осуденото лице да не го промени своето однесување и по опоменувањето од

нејзина страна, на судот да му предложи замена на неизвршениот дел од

општокорисната работа со казна затвор или парична казна, според принципот - 3 часа

општокорисна работа да се замени со еден ден затвор или со една дневна глоба.

Кривичниот законик предвидува обврска за судот при одлучувањето за замена на

неизвршениот дел од општокорисната работа со казна затвор или парична казна да ги

земе во предвид: тежината на кривичното дело, степенот на кривична одговорност и

односот на осуденото лице кон извршувањето на општокорисната работа.

Ако осудениот не ја извршува општокорисната работа изречена како замена за

паричната казна или казната затвор, месно надлежната пробациска канцеларија ќе му

предложи на судот да донесе одлука за извршување на изречената казна.61

Додека трае извршувањето на општокорисната работа, месно надлежната

пробациска канцеларија на половина од извршувањето на општокорисната работа има

обврска да поднесе извештај до судот кој ја донел првостепената одлука. Во рок од 15

дена по завршувањето на извршувањето на општокорисната работа, месно надлежната

пробациска канцеларија, до истиот суд, поднесува извештај за тоа како се извршила

оваа алтернативна мерка.

3.3. Улогата на пробациските службеници во извршувањето на куќниот затвор

Судот е надлежен да ја достави правосилната и извршната судска одлука, со која на

осуденото лице му се изрекува куќен затвор со електронски надзор во рок од 15 дена

од денот кога таа станала извршна до Секторот за пробација кој е дел од Управата за

извршување санкции. Како и кај условната осуда со заштитен надзор и кај

општокорисната работа, пробацискиот службеник е надлежен за изготвување на

индивидуалната програма за третман на осуденото лице. Пробацискиот службеник има

60

Д-р Методија Каневчев, Извршување на општокорисната работа и куќниот затвор според Законот

за пробација, http://journal.maclc.mk/wp-content/uploads/2017/05/Metodija-Kanevchev-1.pdf , стр. 6

(01.11.2017) 61

Член 23, став 5, Закон за пробација, „Службен весник на РМ“ бр.226/2015 година

69

обврска да го следи извршувањето на оваа алтернативна мерка. Ако со судската одлука

е определено дека куќниот затвор ќе се изврши со примена на електронски надзор,

спроведувањето го врши Управата.62

Управата е таа која што управува со опремата со

чија помош се следи движењето на осуденото лице, а истата е поставена од страна на

пробациски службеник кој истовремено ги дава и препораките за нејзино користење.

Соработката помеѓу пробациските службеници и МВР при вршењето на надзорот е

неопходна.

Куќниот затвор е алтернатива на казната затвор која му помага на осуденото лице да

ги избегне штетните последици од затворот. Затоа, основата на оваа алтернативна

мерка се состои од забрана за напуштање на просториите на живеалиштето од страна

на осуденото лице. Но, куќниот затвор не значи апсолутна забрана, бидејќи секој ден

лицето има право на престој надвор од просторијата во која го издржува куќниот

затвор во временски период од 2 часа, во периодот од 13 до 17 часот. По предлог на

директорот на Управата, министерот за правда донесува акт со кој се определува

начинот на користење на престојот надвор од просторијата каде што го издржува

куќниот затвор и го определува дозволениот простор во кој може да се движи

осуденото лице. Доколку надлежниот пробациски службеник констатира повреда на

правото на престој надвор од просториите на неговото живеалиште каде што ја

издржува оваа алтернативна мерка, до надлежниот судија за извршување на санкции

поднесува предлог за одземање на ова право, а судијата за извршување на санкции

одлучува дали ќе му го одземе тоа право или не. Ако осуденото лице смета дека

одлуката е неоснована и неоправдана, може против истата да поднесе жалба до

кривичниот совет на надлежниот суд во рок од три дена од денот на приемот на

судската одлука.

Осуденото лице може да ги напушти просториите на своето живеалиште со одлука

на раководителот на надлежната пробациска канцеларија или друго од него овластено

лице во следниве случаи:63

- смрт на некој член од поблиското семејство;

- стапување во брак;

- пружање на неопходна медицинска помош нему или на некој член на семејството на

осуденото лице, а притоа е потребно напуштање на просториите за пружање на

медицинската помош;

62

Член 25, став 3, Закон за пробација, „Службен весник на РМ“ бр.226/2015 година 63

Член 27, став 1, Закон за пробација, „Службен весник на РМ“ бр.226/2015 година

70

- полагање на испити;

- потешка акутна или хронична болест;

- редовен здравствен преглед или болничко лекување и други оправдани причини.

Раководителот одлучува по молба од страна од осуденото лице. За молбата должен

е да одлучи најмногу во рок од 3 дена од приемот на молбата. Доколку раководителот

на месно надлежната пробациска канцеларија донесе одлука за напуштање на

просториите на живеалиштето, односно престојувалиштето, истата ја доставува до

месно надлежната полициска станица и до судот, а истата има важност додека не

престанат причините заради кои е одобрено напуштање на просториите на

живеалиштето, односно престојувалиштето.

Понатаму, во итни ситуации, кога осуденото лице не е во можност да поднесе молба

за напуштање на живеалиштето, затоа што тоа (или член на неговото семејство) има

потреба од итна медицинска помош, може да ги напушти просториите на неговото

живеалиште дури и без одлука на овластениот орган.64

Осуденото лице (доколку се

работи за друг член од семејството) или член од семејството (доколку се работи за

осуденото лице) потребно е во најкус можен рок по телефон или на друг начин да го

извести надлежниот пробацискиот службеник, а исто така потребно е нему да му биде

доставен и медицински извештај од здравствена установа за здравствената состојба на

членот на семејството (доколку се работи за друг член од семејството) или за

здравствената состојба на осуденото лице (доколку се работи за осуденото лице).

Надлежниот пробациски службеник штом е известен за напуштањето на живеалиштето

заради претходно наведената причина, тој има обврска за тоа да ја извести Управата за

извршување санкции. Раководителот на месната пробациска канцеларија или друго

лице кое е овластено од негова страна на предлог на месната надлежна канцеларија

донесува одлука за напуштање на просториите во кои осуденото лице живее/

престојува под услов да е осуденото лице задржано на лекување и да е доставен

извештајот за неговата здравствена состојба.

Законот за пробација, во член 29, ги предвидува условите кои треба да бидат

исполнети за да се отповика одлуката за напуштање на просториите од страна на

раководителот на надлежната пробациска канцеларија или друго лице од него

овластено. Ако престанале околностите за кои била донесена одлуката за напуштање

64

Д-р Методија Каневчев, Извршување на општокорисната работа и куќниот затвор според Законот

за пробација, http://journal.maclc.mk/wp-content/uploads/2017/05/Metodija-Kanevchev-1.pdf, стр. 9

(01.11.2017)

71

на просториите, или ако осуденото лице ја злоупотребило дадената дозвола за

напуштање на просториите или ако дополнително е утврдено дека сѐ она што е

наведено во молбата од страна на осуденото лице е невистинито, тогаш се исполнети

законските услови за отповикување на одлуката за напуштање на просториите.

Законот за пробација содржи одредба за прекин на извршувањето на куќниот

затвор. Тоа е ситуација кога на осуденото лице му е дозволен престој надвор од

неговото живеалиште, поради болничко лекување, во траење подолго од 15 дена.65

Доколку постојат околности што го оневозможуваат извршувањето на куќниот

затвор или ако лицето не ги исполнува определените обврски, во рок од три дена од

дознавањето на овие околности, пробацискиот службеник е должен да го извести судот

за таквата состојба. Пробацискиот службеник има обврска да му дава помош и заштита

на осуденото лице согласно индивидуалниот план за спроведување на оваа

алтернативна мерка. Ако осуденото лице не се однесува во согласност со забраната за

напуштање на домот, пробацискиот службеник има право да му предложи на судот

замена на оваа алтернативна мерка со казната затвор, во смисла на тоа истата да се

изврши во казнено - поправна установа.

65

Д-р Методија Каневчев, Извршување на општокорисната работа и куќниот затвор според Законот

за пробација, http://journal.maclc.mk/wp-content/uploads/2017/05/Metodija-Kanevchev-1.pdf , стр. 10

(01.11.2017)

72

ГЛАВА V

СТАТИСТИЧКИ ПОДАТОЦИ ЗА ИЗРЕКУВАЊЕТО НА

АЛТЕРНАТИВНИТЕ МЕРКИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

73

1. Број на изречени алтернативни мерки од 2012 до 2016 година

Преку согледувањето и анализата на податоците од Државниот завод за статистика

на Република Македонија за периодот од 2012 до 2016 година ќе дојдеме до заклучок

колку судиите во Република Македонија се одлучуваат да изрекуваат алтернативни

мерки, кои алтернативни мерки најчесто се изрекувани, односно кои од алтернативните

мерки се применуваат во пракса, а кои постојат само во Кривичниот законик и

претставуваат само „мерки на хартија“.

Табела бр.2

Вкупен број на осудени полнолетни лица и изречени алтернативни мерки (2012-2016 год.)

Извор: Државен завод за статистика на РМ

Од табеларниот приказ бр.2 може да заклучиме дека судиите за почнувајќи од 2012

година, заклучно со 2016 година, сѐ повеќе се одлучуваат да изречат некоја

алтернативна мерка, давајќи им поголема предност на алтернативните мерки во

споредба со казните. Најголем број на изречени алтернативни мерки има во 2014

година, вкупно 5417, а во истата година има и најмногу осудени лица од страна на

судовите, вкупно 11683. Во процентуален износ, за разлика од 2012 година, кога на

39,4% од осудените полнолетни сторители на кривични дела им биле изречени

алтернативни мерки, во 2013 година тој процентот се зголемува и изнесува 41%. Во

2014 година, на 46,3% од вкупно осудените 11683 полнолетни лица им биле изречени

алтернативни мерки. Во 2015 година, на 43,2% од вкупно осудените 10312 лица им

била изречена алтернативна мерка, а во 2016 година тој процент е далеку повисок во

споредба со претходните години и изнесува 53% од вкупно осудените 8172 лица.

Година Вкупно

осудени

полнолетни

лица

Вкупно

изречени

алтернативни

мерки

2012 9042 3565

2013 9539 3914

2014 11683 5417

2015 10312 4464

2016 8172 4332

74

Доколку се извршуваат со големо внимание и во согласност со законските прописи,

алтернативните мерки изречени на полнолетните сторители на кривичното дело ќе

постигнат повеќекратен позитивен ефект врз сторителот на делото, отколку за истото

кривично дело да му се изрече казна. Позитивно е што бројот на изречените

алтернативни мерки континуирано расте во текот на претходните години. Но, тоа не

значи дека судиите треба да се одлучуваат за една, две или три алтернативни мерки,

напротив, потребно е сите шест видови алтернативни мерки да се применуваат во

праксa.

Табела бр.3

Видови алтернативни мерки изречени на осудени полнолетни лица (2012-2016 год.)

Извор: Државен завод за статистика на РМ

Од табеларниот приказ бр.3 се согледува кои видови алтернативни мерки се

изрекувале од страна на судовите во периодот што е предмет на интерес. Имајќи во

предвид дека во македонското законодавство постојат шест видови алтернативни

мерки уште од 2004 година, кога се извршиле измени и дополнувања на Кривичниот

законик, поразувачки е фактот што податоците од Државниот завод за статистика

покажуваат дека во период од 5 години, судиите се одлучувале само за два вида

алтернативни мерки кога станува збор за полнолетните сторители на кривични дела:

условна осуда и судска опомена.

Условната осуда апсолутно доминира кога се во прашање останатите

алтернативните мерки, а пак судската опомена наоѓа каква – таква примена во

секојдневието. Негативно е што четири вида алтернативни мерки воопшто не се

Година Условна

осуда

Условна

осуда со

заштитен

надзор

Условно

прекинување на

кривичната

постапка

Судска

опомена

Општокорисна

работа

Куќен

затвор

2012 3433 / / 130 2 /

2013 3804 / / 110 / /

2014 5343 / / 74 / /

2015 4401 / / 63 / /

2016 4271 / / 61 / /

75

изречени во период од 5 години (со исклучок во 2012 година, кога на две осудени лица

им е изречена општокорисна работа). Тоа го потврдува фактот дека тие се само „мерки

на хартија“ кои служат за создавање на лажна перцепција кај јавноста дека нашиот

казнен систем располага со широка лепеза на алтернативни мерки. За неизрекувањето

на дел од алтернативните мерки директна одговорност имаат и судиите, кои сметаат

дека подобро е на лицето да му се изрече казна затвор како главна казна отколку

алтернативна мерка, но одговорноста паѓа и на државата на која сѐ уште и треба време

да овозможи успешно извршување на некои од алтернативните мерки.

Состојбата нема да биде подобра ни во 2017 година, имајќи во предвид дека

Законот за пробација започна со примена кон крајот на 2016 година, а притоа истиот ќе

биде имплементиран постепено, како пилот - проект на територијата на градот Скопје

со цел да се видат неговите ефекти, а ако истите се позитивни, дури потоа на целата

територија на државата.

Табеларниот приказ бр.3 во поглед на изрекувањето на условната осуда во

периодот од 2012 до 2016 година покажува дека изрекувањето на оваа алтернативна

мерка континуирано се зголемува во периодот од 2012 – 2014 година, а во периодот од

2015 – 2016 година, нивото на нејзино изрекување останува исто. Во процентуален

износ, во 2012 година од вкупно изречените 3565 алтернативни мерки на осудени

полнолетни лица, условната осуда е застапена со 96,3%. Во 2013 година, условна осуда

е изречена на 3804 лица, односно на 97,1% од вкупно осудените полнолетни сторители

на кои им била изречена алтернативна мерка. Во 2014 година, условна осуда е изречена

на 5343 лица, односно на 98,6% од вкупно осудените полнолетни сторители на кои им

биле изречени алтернативни мерки. Во 2015 година, условна осуда е изречена на 4401

лице што претставува 98,5% од вкупно осудените полнолетни сторители на кои им

била изречена алтернативна мерка. Во 2016 година, процентот на изрекување на

условната осуда се зголемува и достигнува 98,6%, односно таа е изречена на 4271 лице.

Табеларниот приказ бр.3 во поглед на изрекувањето на судската опомена покажува

дека учеството на судската опомена во вкупно изречените алтернативни мерки е

минимално. Во 2012 година се изречени 130 судски опомени или 3,6% од вкупно

изречените алтернативни мерки на осудените полнолетни лица. Во 2013 година се

изречени 110 судски опомени што претставува 2,8% од вкупно изречените

алтернативни мерки на осудените полнолетни лица во таа година. Во 2014 година,

процентот на изречени судски опомени се намалува и изнесува 1,4%, или вкупно се

изречени 74 судски опомени. Во 2015 година, се изречени 63 судски опомени што

76

претставува 1,4% од вкупно изречените алтернативни мерки. Процентот на изречени

судски опомени во 2016 година останува непроменет и изнесува 1,4% или вкупно се

изречени 61 судска опомена.

Табела бр.4

Број на изречени алтернативни мерки за определени кривични дела (2012-2016 год.)

Извор: Државен завод за статистика на РM

Година 2012 2013 2014 2015 2016

К.д. против животот и телото 367 476 477 390 446 K.д. против слободите и

правата на човекот и

граѓанинот

120 163 183 163 203

К.д. против изборите и

гласањето 2 1 4 / /

К.д. против работните односи 4 3 8 5 4 К.д против честа и угледот 28 8 / / / К.д. против половата слобода

и половиот морал 8 9 11 14 5

К.д. против бракот, семјството

и младината 201 216 163 170 225

К.д. против здравјето на

луѓето 106 146 158 128 137

К.д. против животната средина

и природата 22 20 34 18 51

К.д. против културното

наследство и природните

реткости

2 5 1 2 3

К.д. против правосудството 74 53 78 65 61 К.д против јавните финансии,

платниот промет и

стопанството

83 108 128 87 110

К.д. против имотот 1414 1603 1771 1986 1960 К.д. против општата сигурност

на луѓето и имотот 75 79 60 58 65

К.д. против државата / 4 2 2 1 К.д. против вооружените сили 3 2 2 5 2

К.д. против безбедноста во

јавниот сообраќај 358 378 248 198 335

К.д. против правниот

сообраќај 274 191 1521 571 177

К.д. против јавниот ред 316 336 413 458 427 K.д. против човечноста и

меѓународното право 10 6 2 10 16

К.д. против службената

должност 85 92 137 127 80

К.д. од посебни закони 13 15 16 7 24

Вкупно 3565 3914 5417 4464 4332

77

Табеларниот приказ бр.4 ја отсликува состојбата за тоа колку алтернативни мерки

се изречени на територијата на Република Македонија во периодот од 2012 – 2016

година, за конкретните кривични дела содржани во истата. Во периодот од 2012 до

2016 година на територијата на државата, повеќе од 40% од вкупно изречените

алтернативни мерки се за кривичните дела против имотот. Зад нив се наоѓаат

кривичните дела против животот и телото, во просек околу 10%, и кривичните дела

против јавниот ред со околу 8%.

Од кривичните дела против имотот, најмногу алтернативни мерки се изречени за

кривичните дела: кражба, тешка кражба, кражба на електрична, топлинска енергија и

природен гас и измама. Со исклучок на 2012 година, во сите останати години што се

предмет на истражување, најмногу алтернативни мерки се изречени за кражба. Во над

95% од случаите за кривичните дела кражба и тешка кражба се изречени условни

осуди, а во останатите случаи судска опомена. Од 2014 година се започнало со

изрекување алтернативни мерки за кривичното дело - кражба на електрична,

топлинска енергија и природен гас кога на 168 лица им се изречени условни осуди, а

во 2016 година бројот се зголемува на 604 осудени лица со условна осуда. За

кривичното дело измама, секоја година во периодот од 2012 - 2016 година, во 100% од

случаите на осудените лица им е изречена алтернативната мерка - условна осуда.

Од кривичните дела против животот и телото, најмногу алтернативни мерки се

изречени за телесна повреда и тешка телесна повреда. За овие кривични дела доминира

изрекувањето на условната осуда, а во многу помал број од случаите е изречена судска

опомена. Условната осуда во речиси над 80% се состои во закана за казна затвор за

осуденото лице доколку стори кривично дело за времето предвидено за проверување.

Треба да се напомене дека за привилегираните облици на убиство, во периодот од 2012

- 2016 година не е изречена алтернативна мерка, со исклучок на 2014 година кога едно

лице добило условна осуда за убиство на миг.

Од кривичните дела против јавниот ред најмногу алтернативни мерки се изречени

за следниве кривични дела: насилство, спречување на службено лице во вршење на

службено дејствие и недозволено држење на оружје или распрскувачки материи. За

сите овие видови кривични дела кои влегуваат во групата кривични дела против

јавниот ред во периодот од 2012 - 2016 е изречена условна осуда во 100% од случаите.

Табеларниот приказ бр.3 покажа дека алтернативните мерки: куќен затвор, условно

прекинување на кривичната постапка и условна осуда со заштитен надзор во период од

2012 - 2016 година не му се изречени на ниту едно лице. Од погоре претставената

78

табела бр. 3 се гледа дека во периодот од 2012 - 2016 година, општокорисна работа е

изречена само во два случаи и тоа само во 2012 година. Во првиот случај, истата е

изречена за стореното кривично дело - неисплаќање издршка кое спаѓа во групата на

кривични дела против бракот, семејството и младината. Во вториот случај,

алтернативната мерка општокорисна работа е изречена за сторено кривично дело -

загрозување на безбедноста во сообраќајот кое е дел од групата на кривични дела

против безбедноста на јавниот сообраќај.

Во 2012 година, од вкупно изречените 130 судски опомени, 47 од нив се однесуваат

на кривичното дело - загрозување на безбедноста на сообраќајот кое припаѓа на

групата кривични дела против безбедноста на јавниот сообраќај, а 19 судски опомени

се изречени за сторено кривично дело - телесна повреда.

Во 2013 година, од вкупно изречените 110 судски опомени, 34 се изречени за

сторено кривично дело - загрозување на безбедноста на сообраќајот, а 21 судска

опомена се изречени на сторители на кривичното дело - телесна повреда, а 19 судски

опомени се изречени за сторено кривично дело - кражба кое спаѓа во групата на

кривични дела против имотот.

Во 2014 година, од вкупно изречените 74 судски опомени, 21 од нив се изречени за

сторено кривично дело - загрозување на безбедноста на сообраќајот, 17 од нив се

изречени за сторено кривично дело - телесна повреда, а 7 од вкупниот број изречени

судски опомени се за сторено кривично дело - кражба.

Во 2015 година, од вкупно изречените 63 судски опомени, 10 се изречени за сторено

кривично дело - кражба, 6 од нив за сторено кривично дело - загрозување на

безбедноста на сообраќајот, а 4 судски опомени се изречени за сторено кривично дело

- оштетување туѓи предмети што спаѓа во групата кривично дело против имотот.

Во 2016 година, од вкупно изречените 61 судски опомени, половината, односно 30

од нив се изречени за сторено кривично дело телесна повреда, 5 судски опомени се

изречени за сторено кривично дело - кражба, а 4 судски опомени се изречени за

сторено кривично дело - загрозување на безбедноста на сообраќајот.

Според Државниот завод за статистика на Република Македонија на ниту едно дете

сторител на кривично дело на територија на нашата држава во периодот од 2012 до

2016 година не му е изречена алтернативна мерка, имајќи во предвид дека на деца -

сторители на кривични дела на возраст од 16 - 18 години може да му се изречат

општокорисна работа, условна осуда со заштитен надзор и условно прекинување на

водење на постапка спрема дете.

79

Табела бр.5

Изречени условни осуди за утврдена казна затвор и парична казна (2012-2016 год.)

Извор: Државен завод за статистика на РМ

Условната осуда е најчесто изрекуваната алтернативна мерка од страна на судовите

во периодот од 2012 – 2016 година. Имајќи во предвид дека условната осуда може да

му се изрече на сторителот на кривичното дело ако му е утврдена парична казна или

казна затвор во времетраење до 2 години, тебеларниот приказ бр. 5 потврдува дека

условната осуда во најголем број од случаите се изрекува кога на сторителот му е

утврдена казна затвор во споредба кога на сторителот му е утврдена парична казна. Во

2016 година , во 97,8% од случаите е изречена условна осуда за утврдена казна затвор,

односно на 4179 лица. Во 2015 година, во 99% од случаите е изречена условна осуда за

утврдена казна затвор, односно на 4358 лица. Во 2014 година, на 5029 лица е изречена

условна осуда за утврдена казна затвор, односно во 94,1%. Во 2013 година, во 96,3%

од случаите е изречена условна осуда за утврдена казна затвор, односно на 3667 лица,

а во 2012 година, во 96,6% од случаите е изречена условна осуда за утврдена казна

затвор. Овие проценти го потврдуваат континуитетот кога станува збор за изрекување

на условната осуда за утврдена казна затвор на сторителот.

Во 2012 година, бројот на изречени условни осуди за утврдена парична казна

изнесува 114, односно 3,3% од случаите. Во 2013 година, процентот се зголемува на

3,6%, односно на 137 лица се изречени условни осуди за утврдена парична казна. Во

2014 година, процентот се зголемува на 5,9% од случаите. Во 2015 година, во 0,98%

од случаите е изречена условна осуда за утврдена парична казна, а во 2016 година, тој

процент се зголемува и достигнува 2,1% од вкупниот број на случаи.

Година Број на

изречени

условни

осуди

Број на изречени

условни осуди за

утврдена казна

затвор

Број на

изречени

условни осуди

за утврдена

парична казна

2012 3433 3319 114

2013 3804 3667 137

2014 5343 5029 314

2015 4401 4358 43

2016 4271 4179 92

80

Табела бр.6

Број на изречени условни осуди за утврдена казна затвор (2012-2016 год.)

Извор: Државен завод за статистика на РМ

Табеларниот приказ бр.6 покажува колку условни осуди се изречени на сторители

на кривични дела за кои е утврдена казна затвор до 3 месеци, од 3 месеци од 6 месеци,

од 6 месеци до 1 година и над 1 година, во периодот од 2012 – 2016 година. Ваквата

подетална анализа произлегува од можноста условната осуда да се изрекува на

сторител на кој му е изречена казна затвор во времетраење до 2 години. Од

табеларниот приказ бр.6 се доаѓа до заклучок дека најмногу условни осуди се изречени

за кривични дела за кои е утврдена казна затвор до 3 месеци, или изразено во

проценти, во 31% од вкупно изречените условни осуди во 2012 година, односно на

1029 лица им била изречена условна осуда за утврдена казна затвор до 3 месеци, во

36% од вкупно изречените осуди во 2013 година, односно на 1323 лица им била

изречена условна осуда за утврдена казна затвор до 3 месеци, 54 % од вкупно

изречените условни осуди во 2014 година, односно на 2723 лица им била изречена

условна осуда за утврдена казна затвор до 3 месеци, во 58% од вкупно изречените

условни осуди во 2015 година, односно на 2542 лица им била изречена условна осуда

за утврдена казна затвор до 3 месеци и 55 % од вкупно изречените условни осуди во

2016 година, односно на 2329 лица им била изречена условна осуда за утврдена казна

затвор до 3 месеци. Оттука следува заклучокот дека во периодот од 2012 до 2015

година бројот на изречени условни осуди за утврдена казна затвор до 3 месеци се

зголемил за околу 27%.

Година Број на

изречени

условни

осуди за

утврдена

казна затвор

Утврдена

казна

затвор до

3 месеци

Утврдена

казна затвор

од 3 до 6

месеци

Утврдена

казна

затвор од

6 месеци

до 1

година

Утврдена

казна затвор

над 1 година

2012 3319 1029 963 921 406

2013 3667 1323 1002 888 454

2014 5029 2723 740 956 610

2015 4358 2542 500 775 541

2016 4179 2329 625 694 531

81

Најмалку условни осуди се изрекуваат за утврдена казна затвор над 1 година, или

во 12,2% од вкупно изречените условни осуди во 2012 година, 12,3% во 2013 година,

12,1% во 2014 година, 12,4% во 2015 година, а во 2016 година - 12,7% од вкупно

изречените условни осуди за утврдена казна затвор.

Во 2012 година, се изречени 963 условни осуди за утврдена казна затвор од 3 до 6

месеци, или изразено во проценти - 29%. Во 2013 година се изречени 1002 условни

осуди за утврдена казна затвор од 3 до 6 месеци, или изразено во проценти – 27,3%. Во

2014 година се изречени 740 условни осуди за утврдена казна затвор од 3 до 6 месеци,

или изразено во проценти – 14,7%. Во 2015 година се изречени 500 условни осуди за

утврдена казна затвор од 3 до 6 месеци, или изразено во проценти – 11,4%. Во 2016

година се изречени 625 условни осуди за утврдена казна затвор од 3 до 6 месеци, или

изразено во проценти – 15%.

Во 2012 година, се изречени 921 условни осуди за утврдена казна затвор од 6

месеци до 1 година, или изразено во проценти – 27,8%. Во 2013 година се изречени

888 условни осуди за утврдена казна затвор од 6 месеци до 1 година, или изразено во

проценти – 24,2%. Во 2014 година се изречени 956 условни осуди за утврдена казна

затвор од 6 месеци до 1 година, или изразено во проценти – 19%. Во 2015 година се

изречени 775 условни осуди за утврдена казна затвор од 6 месеци до 1 година, или

изразено во проценти – 17,8%. Во 2016 година се изречени 694 условни осуди за

утврдена казна затвор од 6 месеци до 1 година, или изразено во проценти – 16,7%.

82

Табела бр.7

Број на изречени условни осуди за утврдена парична казна (2012-2016 год.)

Извор: Државен завод за статистика на РМ

Табеларниот приказ бр.7 покажува колку условни осуди се изречени за утврдена парична

казна до 5000 денари, од 5001 – 10000 денари и над 10000 денари. Изрекувањето на условната

осуда за сторителот кому му е утврдена парична казна во периодот од 2012 - 2016 година во

просек опфаќа околу 4 % од вкупниот број на изречени условни осуди.

Во сите 5 години, најмногу условни осуди се изрекуваат на сторители на кои им е

утврдена парична казна повисока од 10001 ден, односно во 2012 година во 92,1% од случаите,

во 2013 година во 94,9% од случаите, во 2014 година во 93,9% од случаите, во 2015 година во

88,3% од случаите и во 2016 година во 80,4% од случаите .

Во 2012 година, од вкупно изречените 105 условни осуди за утврдена парична казна над

10001 ден., најголем број се изречени за следниве кривични дела: 29 за кривичните дела

против безбедноста во сообраќајот, 26 за кривични дела против животот и телото, 22 за

кривични дела против имотот итн.

Во 2013 година, од вкупно изречените 130 условни осуди за утврдена парична казна над

10001 ден., 49 се изречени за кривични дела против животот и телото и 35 за кривичните дела

против безбедноста во сообраќајот.

Во 2014 година, од вкупно изречените 295 условни осуди за утврдена парична казна над

10001 ден., дури 187 се изречени за кривичните дела против правниот сообраќај.

Година Број на изречени

условни осуди за

утврдена парична

казна

Утврдена

парична

казна до

5000 ден.

Утврдена

парична

казна од

5001 ден.

до 10000

ден.

Утврдена

парична

казна над

10001 ден.

2012 114 / 9 105

2013 137 / 7 130

2014 314 / 19 295

2015 43 / 5 38

2016 92 6 12 74

83

Во 2015 и 2016 година, од вкупно изречените 38 условни осуди за утврдена парична казна

над 10001 ден., најмногу се изречени за кривичните дела против имотот , 12 во 2015 година,

односно 24 во 2016 година. Во 2016 година, 24 условни осуди се изречени и за утврдена

парична казна над 10001 ден. за кривични дела против безбедноста во сообраќајот.

Во периодот кој е предмет на истражување, судовите само во 2016 година изрекле 6

условни осуди за утврдена парична казна до 5000 денари, односно во 6,5% од случаите.

Во 2012 година судовите изрекле 9 условни осуди за утврдена парична казна од 5001 –

10000 денари, или изразено во проценти – 7,9% од вкупно изречените условни осуди за кои е

утврдена парична казна. Во 2013 година судовите изрекле 7 условни осуди за утврдена

парична казна од 5001 – 10000 денари, или изразено во проценти – 5,1% од вкупно изречените

условни осуди за кои е утврдена парична казна. Во 2014 година судовите изрекле 19 условни

осуди за утврдена парична казна од 5001 – 10000 денари, или изразено во проценти – 6% од

вкупно изречените условни осуди за кои е утврдена парична казна. Во 2015 година судовите

изрекле 5 условни осуди за утврдена парична казна од 5001 – 10000 денари, или изразено во

проценти – 11,6% од вкупно изречените условни осуди за кои е утврдена парична казна. Во

2016 година судовите изрекле 12 условни осуди за утврдена парична казна од 5001 – 10000

денари, или изразено во проценти – 13% од вкупно изречените условни осуди за кои е

утврдена парична казна.

2. Податоци за изречени алтернативни мерки на подрачјето на

Основен суд Прилеп во периодот од 2012 до 2016 година

Основниот суд Прилеп е месно надлежен суд за подрачјето на општините:

Прилеп, Долнени и Кривогаштани. Основниот суд Прилеп е првостепен суд со

проширена надлежност. Преку анализа на изречените пресуди евидентирани во

евиденционите книги на Основниот суд Прилеп во периодот од 2012 до 2016 година,

ќе дојдеме до заклучок дали примената на алтернативните мерки на ниво на Република

Македонија соодветствува со примената на алтернативните мерки кога станува збор за

подрачјето за кој е основан Основен суд Прилеп.

Согледувајќи го табеларниот приказ бр.2 кој се однесува на видовите на

алтернативни мерки кои се изречени на ниво на Република Македонија, се добива

општ впечаток дека примената на алтернативните мерки на територијата на подрачјето

на Основен суд Прилеп нема многу да се разликува од примената на државно ниво.

84

Графички приказ бр.1

Изречени алтернативни мерки од страна на

ОС Прилеп ( 2012 година )

98,43%

1,57%

Условна осуда

Судска опомена

Од графичкиот приказ бр.1 согледуваме дека во 2012 година од страна на

Основниот суд Прилеп доминантно е изрекувана алтернативната мерка условна осуда,

односно од вкупно изречените 320 алтернативни мерки, дури 315 се условни осуди, а

само во 5 случаи е изречена судска опомена. Како и останатите судови од Република

Македонија, така и Основниот суд Прилеп, во 2012 година во ниту еден случај нема

изречено општокорисна работа, условна осуда со заштитен надзор, условно

прекинување на кривичната постапка и куќен затвор.

Графички приказ бр.2

Изречени алтернативни мерки од страна на

ОС Прилеп ( 2013 година )

99,68%

0,32%

Условна осуда

Судска опомена

85

Од графичкиот приказ бр.2 доаѓаме до заклучок дека примената на условната осуда

како алтернативна мерка оди во нагорна линија, односно од вкупно изречените 312

алтернативни мерки, 311 се условни осуди, или во проценти 99,68% а само во еден

случај е изречена судска опомена, односно во 0,32% од вкупниот број на случаи во кои

е изречена алтернативна мерка од страна на Основниот суд Прилеп. Општокорисната

работа, куќниот затвор, условната осуда со заштитен надзор и условното прекинување

на кривичната постапка и натаму остануваат „мерки на хартија“ кога станува збор за

нивно изрекување од страна на Основниот суд Прилеп.

Графички приказ бр.3

Изречени алтернативни мерки од страна на

ОС Прилеп ( 2014 година )

98,53%

1,47%

Условна осуда

Судска опомена

Графичкиот приказ бр.3 потврдува дека и во 2014 година состојбата со

изрекувањето на алтернативните мерки од страна на Основниот суд Прилеп не се

променила. Постои пораст за нешто повеќе од 1% во изрекувањето на судска опомена

во однос на 2013 година, односно од вкупно изречените 409 алтернативни мерки во

2014 година од страна на Основниот суд Прилеп, само во 6 случаи е изречена судска

опомена, а дури во 403 случаи е изречена алтернативната мерка условна осуда. Ниту

2014 година не донела ништо ново кога е во прашање изрекувањето на останатите

четири видови алтернативни мерки: општокорисна работа, условно прекинување на

кривичната постапка, условна осуда со заштитен надзор и куќниот затвор. Тие и

натаму остануваат „непознати“ како за Основниот суд Прилеп, така и за останите

судови од нашата држава.

86

Графички приказ бр.4

Изречени алтернативни мерки од страна на

ОС Прилеп ( 2015 година )

100,00%

0,00%

Условна осуда

Судска опомена

Графичкиот приказ бр.4 ја потврдува апсолутната доминација на условната осуда

кога станува збор за изрекувањето на алтернативните мерки од страна на Основниот

суд Прилеп. Од вкупно изречените 451 алтернативни мерки на сторителите на

кривични дела, сите 451 се условни осуди. Во 2015 година, покрај веќе добро

познатите „мерки на хартија“ кога станува збор за алтернативните мерки, во тоа

друштво пополека влегува и судската опомена.

Графички приказ бр.5

Изречени алтернативни мерки од страна на

ОС Прилеп ( 2016 година)

98,91%

1,09%

Условна осуда

Судска опомена

Графичкиот приказ бр.5 се однесува на изречените алтернативни мерки во 2016

година на подрачјето на Основен суд Прилеп и истиот го покажува веќе

87

воспоставениот тренд години наназад кога се во прашање алтернативните мерки. И во

2016 година, условната осуда е доминантна во споредба со останатите алтернативни

мерки. Од вкупно изречените 367 алтернативни мерки, во 98,91% од е изречена

условна осуда, односно на 363 лица, а додека пак судската опомена е изречена на 4

сторители на кривични дела, односно во 1,09% од вкупно изречените алтернативни

мерки. И во 2016 година, за жал, не постои никаков напредок кога станува збор за

изрекувањето и примената на останатите алтернативни мерки: условна осуда со

заштитен надзор, условно прекинување на кривичната постапка, општокорисна работа

и куќниот затвор. Основниот суд Прилеп во иднина ќе треба да се охрабри и да биде

меѓу првите судови во државата кои ќе овозможи т.н. „мерки на хартија“ да станат

применливи во секојдневието, и истите што почесто да се изрекуваат, се разбира кога

се исполнети законските можности за нивно изрекување.

88

ГЛАВА VI

ЗАКЛУЧОК И ПРЕПОРАКИ

89

Заклучок и препораки

Врз основа на анализата на нормативно – правната поставеност на алтернативните

мерки во Република Македонија и на законската поставеност на пробацискиот систем,

како и врз основа на извршената анализа на повеќе податоци кои се однесуваат на

примената на алтернативните мерки во нашата држава може да донесеме заклучоци во

врска со оваа тема, но и да изнесеме свои ставови, размислувања и предлози за

подобрување на состојбата кога станува збор за алтернативните мерки и пробацискиот

систем во Република Македонија.

* Честата примена само на двe од алтернативните мерки во Република Македонија

се должи на законодавството, институционалниот капацитет на државата,

судството и информираноста на граѓаните за ефектите од сите видови

алтернативни мерки.

Сите видови алтернативни мерки во Кривичниот законик и во Законот за

пробација се темелно разработени, започнувајќи од услови за нивно изрекување до

нивно отповикување, а се наведени и кои институции, органи и лица се задолжени за

нивно извршување. Оттука, генералната хипотеза во делот на тоа дека се изрекуваат

само две од алтернативните мерки заради слабата законодавна поставеност на

останатите алтернативни мерки се отфрла. Иако е донесен Законот за пробација и се

набавени алки за електронски надзор, сепак државата не е подготвена за извршување

на сите видови алтернативни мерки, што се покажува и со фактот што пробациската

служба ќе стартува како пилот – проект на подрачјето на Основен суд Скопје 1 Скопје.

Тоа укажува на заклучокот дека генералната хипотеза во делот што се однесува на

институционалниот капацитет на државата за извршување на сите видови

алтернативни мерки се потврдува. Недостатокот од јавно информирање на граѓаните,

како и недоволната едукација на судиите за придобивките од употребата на

алтернативните мерки како за осудените лица, така и за Буџетот на Република

Македонија, придонесува да се дава приоритет на казните, посебно на казната затвор

во однос на другите санкции. Голем дел од граѓаните не се информирани дека во

државата постојат шест видови алтернативни мерки, но исто така е неопходно тие да

се информираат дека во понапредните држави, казната затвор му се изрекува на

сторителот на кривичното дело само доколку не постојат услови да му се изрече друга

санкција и дека алтернативните мерки се санкции кои што ја постигнуваат целта на

90

казнувањето и даваат позитивен ефект во однос на казната затвор. Оттука следува дека

генералната хипотеза во овој дел се потврдува.

* Алтернативните мерки во Република Македонија имаат добра законска

поставеност.

Шесте видови алтернативни мерки се предвидени во Кривичниот законик од 2004

година. Кога станува збор за Кривичниот законик од 2004 година, во делот на

алтернативните мерки, слободно може да се каже дека станува збор за современ

законик кој што предвидува доволно алтернативни мерки, имајќи во предвид дека дел

од европските држави предвидуваат помалку видови алтернативни мерки во своите

правни системи. Во него е наведена целта на алтернативните мерки, но и за секоја

алтернативна мерка одделно е јасно наведено кои законски услови треба да бидат

исполнети за нејзино изрекување, но и за нејзино отповикување. Исто така јасно е

наведено кога казната може да се замени со некоја алтернативна мерка и обратно. Кога

станува збор за алтернативните мерки кои што им се изрекуваат на деца – сторители на

кривични дела, во Законот за правда за децата многу јасно е наведено кои законски

услови треба да бидат исполнети за нивно изрекување или за нивно отповикување од

страна на судот на дете – сторител на кривично дело кое во време на извршувањето на

кривичното дело е на воздраст од 16 до 18 години. Пред донесувањето на Законот за

пробација во 2015 година, законската поставеност на алтернативните мерки

потфрлаше во делот на извршувањето на дел од алтернативните мерки бидејќи кога

станувало збор за извршувањето на условна осуда со заштитен надзор и за

општокорисната работа, надлежен орган за нивно извршување биле Центрите за

социјални работи. ЦСР е социјален орган кој е под надлежност на Министерството за

труд и социјална политика и не би требало да е надлежен за извршувањето на

алтернативните мерки кои се изречени од страна на основен суд кој е казнен орган.

Друга слабост била тоа што стручно – инструкторски надзор над извршувањето на

алтернативните мерки го вршела Управата за извршување на санкции која пак е дел од

Министерството за правда. Ваквите недостатоци, барем на хартија, се надминати со

Законот за пробација бидејќи месно надлежната пробациска канцеларија го извршува

заштитниот надзор изречен со условната осуда, а правосилната и извршна одлука со

која е изречена општокорисна работа од страна на судот, истиот е должен да ја достави

до месно надлежната пробациска канцеларија и организационата единица во Управата

која ги врши пробациските работи кои се надлежни за извршување на општокорисната

работа. Од погоре наведеното заклучуваме дека поединечната хипотеза е потврдена.

91

* Од редот на алтернативните мерки, условната осуда е најчесто изрекуваната

алтернативна мерка.

Податоците од Државниот завод за статистика од периодот од 2012 до 2016 година

потврдуваат дека условната осуда е најизрекуваната алтернативна мерка. Во 2012

година, условната осуда е застапена со 96,3% од вкупно изречените алтернативни

мерки, во 2013 година тој процент изнесува 97,1%, во 2014 година 98,6%, во 2015

година од вкупно изречените алтернативни мерки 98,5% се условни осуди, а додека

пак во 2016 година тој процент изнесува 98,6%. Податоците од Основен суд Прилеп го

потврдуваат тврдењето дека условната осуда е најизрекуваната алтернативна мерка.

Во 2012 година, процентот на изречени условни осуди од вкупно изречените

алтернативни мерки изнесува 98,43%, во 2013 година изнесува 99,68%, во 2014 година

99,53%, во 2015 година рекордни 100%, а додека пак во 2016 година тој процент се

намалува на 99,98%. Од погоре образложеното донесуваме заклучок дека

поединечната хипотеза е потврдена.

* Условната осуда со заштитен надзор, условното прекинување на кривичната

постапка, општокорисната работа и куќниот затвор многу ретко или воопшто не се

изрекуваат.

Податоците од Државниот завод за статистика и податоците од Основниот суд

Прилеп за периодот од 2012 до 2016 година се идентични, односно и на ниво на

подрачјето на Основен суд Прилеп и на територијата на Република Македонија

воопшто не се изречени ниту условна осуда со заштитен надзор, ниту условно

прекинување на кривичната постапка, ниту куќен затвор. Општокорисна работа е

изречена само во два случаи во 2012 година на ниво на државата. Ниту Законот за

пробација кој што требало да започне со примена кон крајот на 2016 година со цел

овие алтернативни мерки да не бидат само „мерки на хартија“, не дава надеж дека

поинтензивно ќе се изрекуваат и ќе се извршуваат во скоро време. Од ова

образложение заклучуваме дека поединечната хипотеза е потврдена.

* Најголем број алтернативни мерки се изрекуваат за кривичните дела сторени

против јавниот ред.

Податоците од Државниот завод за статистика укажуваат на тоа дека во периодот

од 2012 до 2016 година, најмногу алтернативни мерки се изрекуваат за кривичните

дела против имотот. Во 2012 година, од вкупно изречените 3565 алтернативни мерки,

1414 се изречени за кривичните дела против имотот, а само 316 за кривични дела

92

сторени против јавниот ред. Во 2013 година, од вкупно изречените 3914 алтернативни

мерки, 1603 се изречени за кривични дела против имотот, а 336 за кривични дела

против јавниот ред. Во 2014 година, од вкупно изречените 5417 алтернативни мерки,

413 се изречени за кривични дела против јавниот ред, а 1771 за кривични дела против

имотот. Во 2015 година, од вкупно изречените 4464 алтернативни мерки, 458 се

изречени за кривични дела против јавниот ред, а 1968 за кривични дела против имотот.

Во 2016 година, од вкупно изречените 4332 алтернативни мерки, 1960 се изречени за

кривични дела против имотот, а 427 за кривични дела сторени против јавниот ред. Од

овие податоци следува заклучок дека поединечната хипотеза е отфрлена.

* Пробациските службеници располагаат со доволно надлежности за да овозможат

успешно извршување на алтернативните мерки.

Законот за пробација предвидува постоење на пробациски службеници надлежни за

вршење на пробациските работи. Пробацискиот службеник има обврска да изготви

индивидуална програма за третман за чие изготвување потребно е да се направи добра

проценка на осуденото лице, неговите семејни прилики, здравствената состојба,

ризикот на лицето да стори ново кривично дело итн. Пробацискиот службеник има

обврска да го следи извршувањето на куќниот затвор, а доколку се користи и

електронски надзор, поставувањето и препораките за употреба ги дава токму тој. Тој

има надлежност да го извести надлежниот судија доколку констатира повреда на

правото на престој надвор од просториите на неговото живеалиште каде што ја

издржува оваа алтернативна мерка или доколку постојат околности што го

оневозможуваат извршувањето на куќниот затвор или ако лицето не ги исполнува

определените обврски, а доколку повредата е заради законски оправдана причина тој

има обврска да ја извести Управата. При извршување на условна осуда со заштитен

надзор, месно надлежната пробациска канцеларија го контролира извршувањето на

условната осуда со заштитен надзор и притоа преку совети му помага на условно

осуденото лице, а исто така таа има обврска периодично да поднесува извештаи до

првостепениот суд за текот на извршување на условната осуда со заштитен надзор. За

да се овозможи ефикасно извршување на општокорисната работа, пробацискиот

службеник има надлежност да направи анализа на способностите, стручните

квалификации и здравствената состојба на лицето осудено за сторено кривично дело и

врз основа на таа анализа да се направи вистински избор на правен субјект каде што

лицето би ја извршувало општокорисната работа. Исто така, пробацискиот службеник

го определува начинот на извршување на општокорисната работа. Од погоре

93

образложеното доаѓаме до заклучок дека пробациските службеници имаат доволно

надлежности и доволно можности да влијаат врз лицето одговорно да се однесува при

извршувањето на алтернативните мерки, што укажува на тоа дека поединечната

хипотеза е потврдена.

* Република Македонија сѐ уште не е институционално подготвена за примена на

Законот за пробација.

Иако Законот за пробација е донесен од страна на Собранието во 2015 година, а со

негова примена требало да се започне во 2016 година, сѐ уште нема конкретни

резултати од примената на овој закон. Иако истиот е изготвен по примерот на Законот

за пробација на Хрватска, каде што овој закон ги постигна целите за кој што беше

донесен, за жал кај нас не може да се започне ниту со примена на истиот, иако за

неговото донесување и имплементација беа обезбедени 1 800 000 евра преку

претпристапните фондови со проектот ИПА 2010. Управата за извршување на санкции

во својот годишен извештај за 2016 година наведила дека пробациската служба нема да

се воспостави на целата територија на државата, туку нејзиното воспоставување ќе оди

чекор по чекор. Прво, во план е да започне со работа пробациската канцеларија во

Скопје на подрачјето на Основен суд Скопје 1 Скопје со цел да се тестира како би

функционирала пробациската служба, а дури потоа во план е отворање на останатите

локални канцеларии низ другите градови. Членот 40 од Законот за пробација

предвидува да се започне со примена на овој закон од 1 ноември 2016 година, а додека

пак во членот 39 од истиот закон е предвидено дека со започнувањето на неговата

примена, ќе престане да се применува Глава XVIII од Законот за извршување на

санкциите насловена како „извршување на алтернативни мерки“. Во ваква ситуација,

се укинуваат одредби од закон кој се применува на територијата на целата држава, а

стапува во сила закон кој ќе се применува само на подрачјето на Основен суд Скопје 1

Скопје заради немањето на институционален капацитет истиот да се применува на

територијата на целата држава, што е недозволиво, бидејќи ваквата ситуација создава

правен хаос. За жал, извештаите на Државниот завод за статистика и за 2017 година ја

потврдуваат истата ситуација кога се во прашање алтернативните мерки. Нема ниту

една изречена условна осуда со заштитен надзор, општокорисна работа и куќен затвор,

што укажува на тоа дека ниту на подрачјето на Основен суд Скопје 1 Скопје, судиите

не се одважиле да изречат некоја од овие алтернативни мерки, што би значело каков –

таков почеток на примената на Законот за пробација во пракса. Од тука донесуваме

заклучок дека поединечната хипотеза е потврдена.

94

* Алтернативните мерки во поглед на ресоцијализацијата и реинтеграцијата на

осуденото лице, се поефикасни во однос на казната затвор.

Во Република Македонија најчесто изрекувани кривични санкции се казните, со

исклучок на 2016 година кога се изречени повеќе алтернативни мерки во однос на

казните. Од казните најизрекувана е казната затвор. Тоа се должи на менталитетот на

судиите, но и на граѓаните во целина. Сѐ уште во менталниот склоп на луѓето постојат

остатоци од ретрубутивниот концепт согледувајќи го низ размислувањата дека секој

кој што сторил кривично дело нанесувајќи зло, треба да му се врати со зло во иста

мера, а тоа најдобро би се постигнало со примена на казната затвор. Ако истиот не се

затвори, тогаш и како да не е санкциониран од државата. Но, дали општеството треба

да се откаже од сторителите на кривични дела и воопшто да не се посвети на процесот

на нивна ресоцијализација? Секако дека не. Затоа, тогаш кога се исполнети законските

услови да се изрече некоја од алтернативните мерки, судот треба да им даде предност

нив во однос на краткотрајните казни затвор. Причините се повеќе на број. Прво,

Народниот правобранител во своите извештаи констатира години наназад дека

превоспитниот процес не ја исполнува својата вистинска функција, што укажува на тоа

дека лицата по издржување на казната затвор нема да се вратат во заедницата како

превоспитани, самостојни и корисни личности. За разлика од алтернативните мерки

кои го развиваат чувството на одговорност на осудените лица, затворот ги зголемува

шансите осуденото лице да стане рецидивист. Ова се согледува и во тоа што

рецидивизмот е една од причините зошто се пристапило кон измени и дополнувања на

Кривичниот законик во 2004 година. Осуденото лице доаѓа во контакт со секакви лица

осудени за секакви кривични дела, од најлесни до најтешки, така што неминовно е да

се „зарази“ со т.н. „криминална инфекција“. Доколку на лицето му се изрече

алтернативна мерка, истата ќе ја извршува во заедницата, нема да се оддели од неа, и

нема да се етикетира од нејзина страна како криминалец. Ова ќе му помогне да ги

одбегне нехуманите и деградирачки услови во затворите и ќе му овозможи по

извршувањето на алтернативната мерка да стане самостоен, ресоцијализиран и корисен

член во заедницата. Од погоре изнесеното заклучуваме дека поединечната хипотеза е

потврдена.

Република Македонија треба да започне веднаш со решавање на проблемот со

„пренатрупаноста“ во затворите констатирана во многу извештаи. Овој проблем треба

да се решава со примена на правни механизми и притоа за истиот треба да се

размислува долгорочно, а не само да се оди кон преземање на чекори кои водат кон

95

моментално решавање на проблемот. Не е препорачливо да се решава

„пренатрупаноста“ во затворите со примена на политички механизми, односно со

Закон за амнестија за сторителите на кривични дела, бидејќи ваквата опција колку и да

стои на располагање на Собранието, сепак на некој начин претставува мешање на

законодавната во судската власт. Исто така, наместо да се вложуваат големи

финансиски средства за просторно проширување на постоечките казнено – поправни

установи или во градењето на нови, многу поекономично е краткотрајните казни

затвор да се заменуваат со алтернативните мерки.

Кога се во прашање алтернативните мерки, потребно е да се води силна медиумска

кампања, но и да се организираат јавни дебати, семинари, конференции и собири со

цел граѓаните да се запознаат со позитивниот ефект и остварувањето на целта на

казнувањето со помош на истите, како и со компаративните искуства од другите

европски држави.

Потребно е да се отвори дебата во која ќе бидат вклучени судиите со цел да се

пронајдат причините зошто до сега во нашата држава од страна на судовите не се

изрекуваат општокорисната работа, куќниот затвор, условното прекинување на

постапката и условната осуда со заштитен надзор и да се преземат конкретни мерки за

отстранување на евентуално детектираните пречки.

Исто така, за успешно извршување на алтернативните мерки, посебно на

општокорисната работа, неопходен е и придонес на локалната заедница, односно треба

да се подигне свеста кај раководителите и вработените во правните субјекти за

значењето на оваа мерка со цел да се надмине негативниот став што тие го имаат кон

осудените лица, со цел прифаќање на лицето и заедничко извршување на работните

активности.

Законот за пробација треба да се применува на целата територија на државата, а не

само на подрачјето на Основен суд Скопје 1 Скопје. Периодот од една година од

неговото донесување до неговата примена е сосема доволен за почеток со примена на

целата територија. Во ваква ситуација, нашата држава создава лажна перцепција дека

има европски систем на санкции кои им даваат широк простор за избор на судиите.

Законската поставеност на алтернативните мерки е добра, но имплементација на

одредбите кои се однесуваат на повеќето алтернативни мерки во пракса воопшто нема.

Во ваква ситуација, доколку државата не овозможи финансиски, технички и кадровски

ресурси за примена на Законот за пробација, тогаш нема потреба од постоење на

условната осуда со заштитен надзор, општокорисната работа, условното прекинување

96

на кривичната постапка и куќниот затвор само на хартија, многу поискрено и кон

граѓаните и кон меѓународната заедица е да се избришат овие алтернативни мерки од

Кривичниот законик. Секако, тоа не е пожелно бидејќи би значело враќање чекор назад

за државата во делот на системот за санкции, но и моменталната ситуација со

изрекувањето на алтернативните мерки и нивното извршување не ја става нашата

држава на позиција рамо до рамо со останатите поразвиени европски држави. Затоа,

ако сакаме да станеме дел од европските сојузи, неминовнa е интензивна примена на

алтернативните мерки, а казната затвор секогаш да се користи како крајно средство.

Иако во пракса се изрекуваат само условната осуда и судската опомена, сепак за

поздравување е фактот што почнувајќи од 2016 година алтернативните мерки повеќе се

изрекуваат во споредба со казните, како и фактот дека истиот тренд, според

податоците на Државниот завод за статистика продолжува и во 2017 година.

97

БИБЛИОГРАФИЈА

* Книги

1. Арнаудовски Љупчо, Груевска - Дракулевски Александра, Пенологија, наука за

извшување на санкциите, Извршно казнено право на Република Македонија (прв дел),

прв дел, Скопје, 2013 година

2. Бужаровска – Лажетиќ Гордана, Нанев Лазар, Кошевалиска Олга, Кривично

постапување спрема деца во ризик и во судир со законот, Скопје, 2015 година

3. Камбовски Владо, Крстаноски Миладин, Казнено право – општ дел, Универзитет

„Св.Климент Охридски“ - Битола, Правен факултет - Кичево Охрид, 2013 година

4. Sevdiren Öznur, Alternatives to Imprisonment in England and Wales, Germany and

Turkey, A comparative study, Springer – Verlag Berlin Heidelberg, 2011 година

* Закони и меѓународни документи

1. Criminal Code of the Kingdom of Netherlands, 1881, amended 2012

2. German Criminal Code, „Federal Law Gazette“ p. 3322, p. 3671, p 3799

3. Закон за извршување на санкциите, „Службен весник на РМ“ бр.02/2006, 57/2010,

166/2014, 33/2015, 98/2015, 11/2016 година

4. Закон за правда за децата, „Службен весник на РМ“ бр.148/2013 година

5. Закон за пробација, „Службен весник на РМ“ бр.226/2015 година

6. Kazneni zakon Bosne i Hercegovine, „Službeni glasnik BiH“ broj 3/03, 32/03, 37/03,

54/04, , 61/04, 30/05, 32/07, 53/06, 55/06, 8/10, 47/14, 22/15, 40/15

7. Кривичен законик на Република Македонија , „Службен весник на РМ“ бр.37/96,

80/99, 4/02, 43/03, 19/04, 81/05, 60/06, 73/06, 7/08, 139/08, 114/09, 51/11, 135/11, 185/11,

142/12, 166/12, 55/13, 82/13, 14/14, 27/14, 28/14, 41/14, 115/14, 132/14, 160/14, 199/14,

196/15, 226/15 и 97/2017

8. Kazenski zakonik Republike Slovenije, „Uradni list RS“ št. 63/94, 70/94, 23/99, 40/04,

95/04, 55/08, 66/08, 39/09, 91/11, 50/12, 54/15, 6/16, 38/16, 27/17

9. Krivični zakonik Republike Srbije, „ Sl. glasnik RS“, br. 85/2005, 88/2005, 107/2005,

72/2009, 111/2009, 121/2012, 104/2013, 108/2014 i 94/2016

10. Kazneni zakon Republike Hrvatske, „Narodne novine“, broj 125/11, 144/12, 56/15, 61/15

и 101/17

98

11. Кривични законик Црне Горе, „Службени лист РЦГ“, бр. 70/2003, 13/2004, 47/2006 и

„Службени лист ЦГ“, бр. 40/2008, 25/2010, 32/2011, 64/2011 - други закон,

40/2013,56/2013, 14/201542/2015 и 58/2015 - други закон и 44/2017

12. Recommendation CM/Rec (2014) 4 of the Committee of Ministers to member States on

electronic monitoring,

https://pjp-

eu.coe.int/documents/3983922/6970334/CMRec+%282014%29+4+on+electronic+monitorin

g.pdf/c9756d5b-be0e-4c72-b085-745c9199bef4 (03.04.2018)

13. Recommendation CM/Rec (2010) 1 of the Committee of Ministers to member states

on the Council of Europe Probation Rules,

https://www.pmscr.cz/download/mezdoken_European_Probation_Rules.pdf (16.04.2018)

14. Recommendation No. R (92) 16 of the Committee of Ministers to member States on the

european rules on community sanctions and measures, https://pjp-

eu.coe.int/documents/3983922/6970334/CMRec+%2892%29+16+on+the+European+rules+o

n+community+sanctions+and+measures.pdf/01647732-1cf7-4ea8-88ba-2c041bc3f5d6

(10.04.2018)

15. Recommendation Rec (2003) 22 of the Committee of Ministers to member States on

conditional release (parole),

https://pjp-

eu.coe.int/documents/3983922/6970334/CMRec+%282003%29+22+on+conditional+release.

pdf/f8708832-8086-4374-8537-63034a45cb67 (10.04.2018)

16. United Nations Standard Minimum Rules for non – custodial Measures (The Tokyo

Rules), 1990 година, http://www.ohchr.org/Documents/ProfessionalInterest/tokyorules.pdf

(03.04.2018)

* Научни трудови, статии и публикации на меѓународни организации, домашни

автори и организации и странски автори и национални организации

1. Витларова Тамара, Алтернативната мерка – општокорисна работа во казнено –

правниот систем на Република Македонија, http://journal.maclc.mk/%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B1%D1%80-12017-

%D0%B3%D0%BE%D0%B4-24/ (20.12.2017)

2. Во кои случаи може да се изрече мерката куќен затвор, 24.03.2015 година,

http://www.pravdiko.mk/vo-koi-sluchai-mozhe-da-se-izreche-merkata-kuken-zatvor

(30.11.2017)

3. Годишен извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето

почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права за 2012 година,

Скопје, 2013 година, http://ombudsman.mk/upload/Godisni%20izvestai/GI-2012/GI-

2012.pdf (19.06.2018)

99

4. Годишен извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето

почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права за 2013 година,

Скопје, 2014 година, http://ombudsman.mk/upload/Godisni%20izvestai/GI-2013.pdf

(20.06.2018)

5. Годишен извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето

почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права за 2014 година,

Скопје, 2015 година, http://ombudsman.mk/upload/Godisni%20izvestai/GI-

2014/GI%202014.pdf (21.06.2018)

6. Годишен извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето

почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права за 2015 година,

Скопје, 2016 година, http://ombudsman.mk/upload/Godisni%20izvestai/GI-2015/GI_2015-

za_pecat.pdf (21.06.2018)

7. Годишен извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето

почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права за 2016 година,

Скопје, 2017 година, http://ombudsman.mk/upload/Godisni%20izvestai/GI-2016/GI-

2016.pdf (22.06.2018)

8. Дракулевски – Груевска Александра, Помеѓу казната затвор и условната осуда:

Предности и негативни страни од (не)примената на алтернативните мерки и на

казната затвор, http://journal.maclc.mk/wp-content/uploads/2017/05/Aleksandra-GD.pdf

(27.11.2017)

9. Државен завод за статистика на Република Македонија, Сторители на кривични

дела во 2012 година, Скопје, 2013 година, http://www.stat.gov.mk/Publikacii/2.4.13.11.pdf

(21.02.2018)

10. Државен завод за статистика на Република Македонија, Сторители на кривични

дела во 2013 година, Скопје, 2014 година, http://www.stat.gov.mk/Publikacii/2.4.14.11.pdf

(21.02.2018)

11. Државен завод за статистика на Република Македонија, Сторители на кривични

дела во 2014 година, Скопје, 2015 година, http://www.stat.gov.mk/Publikacii/2.4.15.12.pdf

(21.02.2018)

12. Државен завод за статистика на Република Македонија, Сторители на кривични

дела во 2015 година, Скопје, 2016 година,

http://www.stat.gov.mk/Publikacii/2.4.16.08Kor.pdf (21.02.2018)

13. Државен завод за статистика на Република Македонија, Сторители на кривични

дела во 2016 година, Скопје, 2017 година, http://www.stat.gov.mk/Publikacii/2.4.17.09.pdf

(21.02.2018)

14. Електронската алка за следење осуденици само на хартија, 13.08.2014 година,

https://www.pravdiko.mk/elektronskata-alka-za-sledene-osudenitsi-samo-na-hartija

(02.04.2018 година)

100

15. Затворот поевтин од притворот !, 17.07.2014 година,

https://vecer.mk/makedonija/zatvorot-poevtin-od-pritvorot, (27.11.2017)

16. Здружение Центар за стратегии и развој ПАКТИС Прилеп, Систет на

алтернативни мерки со посебен осврт на состојбата на имплементација во општина

Прилеп, 2014 година, http://www.pactismk.com/pdf/EPI_Pactis_Brosura.pdf (29.11.2017)

17. Изрекување условна осуда како алтернативна мерка, 05.11.2014 година,

http://www.pravdiko.mk/izrekuvane-uslovna-osuda-kako-alternativna-merka/ (28.11.2017)

18. Каневчев Методија, Извршување на општокорисната работа и куќниот затвор

според Законот за пробација,

http://journal.maclc.mk/wp-content/uploads/2017/05/Metodija-Kanevchev-1.pdf

(01.11.2017)

19. Коалиција „Сите за правично судење“, Проценка на состојбата со

алтернативните мерки во Република Македонија, Скопје, 2007 година,

http://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2018/03/Altmer_Procenka_na_-

sostojbite_MKD.pdf (23.06.2018)

20. Куќен затвор, условна осуда со заштитен надзор, општокорисна работа... – што

предвидува Нацрт – Законот за пробација, 24.06.2015 година,

https://www.akademik.mk/kuken-zatvor-uslovna-osuda-so-zashtiten-nadzor-opshtokorisna-

rabota-shto-predviduva-nacrt-zakonot-za-probacija/ (13.05.2018)

21. Milojević Lana, Tomašković Roman, Sustav probacije u Republici Hrvatskoj i alternative

kazni zatvora, 2010 година,

https://www.mup.hr/UserDocsImages/PA/onkd/1-2011/milivojevic_tomaskovic.pdf

(04.12.2017)

22. Министерство за правда, Управа за извршување на санкциите, Годишен извештај

на Управата за извршување на санкциите за состојбата и работењето на казнено –

поправните и воспитно – поправните установи во Република Македонија за 2012

година, Скопје, 2013 година,

http://www.pravda.gov.mk/Upload/Documents/GODISEN%20IZVESTAJ_uis_2012.pdf

(12.04.2018)

23. Министерство за правда, Управа за извршување на санкциите, Годишен извештај

на Управата за извршување на санкциите за состојбата и работењето на казнено –

поправните и воспитно – поправните установи во Република Македонија за 2013

година, Скопје, 2014 година,

http://www.pravda.gov.mk/Upload/Documents/godisen2013_izvestaj.pdf (14.04.2018)

24. Министерство за правда, Управа за извршување на санкциите, Годишен извештај

на Управата за извршување на санкциите за состојбата и работењето на казнено –

поправните и воспитно – поправните установи во Република Македонија за 2014

година, Скопје, 2015 година,

http://www.pravda.gov.mk/Upload/Documents/GODISEN%20IZVESTAJ%20NA%20UIS%

20ZA%202014%20GODINA.pdf (14.04.2018)

101

25. Министерство за правда, Управа за извршување на санкциите, Стратегија за

развој на пробациска служба во Република Македонија (2013 – 2016 година), Скопје,

2013 година,

http://www.merc.org.mk/Files/Write/Documents/01087/mk/%D0%A1%D1%82%D1%80%D

0%B0%D1%82%D0%B5%D0%B3%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-

%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%98-%D0%BD%D0%B0-

%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B1%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%81%D0%BA%

D0%B0-%D1%81%D0%BB%D1%83%D0%B6%D0%B1%D0%B0.pdf ( 27.05.2018)

26. Мисоски Бобан, Законот за пробација и мерките за обезбедување присуство во

кривичната постапка, http://journal.maclc.mk/wp-content/uploads/2017/05/Boban-

Misoski.pdf (20.12.2017)

27. Mitrić Vidoje, Specifičnosti alternativnih sankcija u Krivičnom pravu Srbija,

https://scindeks-clanci.ceon.rs/data/pdf/0352-3713/2015/0352-37131503061M.pdf

(04.05.2018)

28. Нанев Лазар, Условна осуда со заштитен надзор,

http://eprints.ugd.edu.mk/7655/1/%D0%A3%D1%81%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B

D%D0%B0%20%D0%BE%D1%81%D1%83%D0%B4%D0%B0%20%D1%81%D0%BE%

20%D0%B7%D0%B0%D1%88%D1%82%D0%B8%D1%82%D0%B5%D0%BD%20%D0

%BD%D0%B0%D0%B4%D0%B7%D0%BE%D1%80.pdf (11.03.2018)

29. Национална стратегија за развој на пенитенцијарниот систем (2015 - 2019

година),

http://www.pravda.gov.mk/Upload/Documents/Nacionalna_strategijaMK_12_2014.pdf

(22.06.2018)

30. Одлежувањетo“ затвор дома 50 пати поевтино, а Македонија досега спиеше,

24.09.2015 година, http://www.plusinfo.mk/vest/41159/undefined (29.10.2017)

31. Саити Џемали, Арифи Беса, Божиновски Андреј, Деваја Шпенд, Правна анализа,

Скопје, 2018 година,

http://www.mja.org.mk/Upload/Content/Documents/%D0%97%D0%A1%D0%A0%D0%9C

%20-%20%D0%90%D0%BD%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D0%B7%D0%B0.pdf

(27.06.2018)

32. Саити Џемали, Нормативни и практични претпоставки за примена на

алтернативните мерки, http://journal.maclc.mk/wp-content/uploads/2017/05/Dzemali-

Saiti.pdf (26.11.2017)

33. Салтирова Мимоза, Хуманизација, ресоцијализација и реинтеграција низ Законот

за пробација, http://journal.maclc.mk/wp-content/uploads/2017/05/Mimoza-Saltirova.pdf

(24.12.2017)

34. Спиридонов Анкица, Алтернативне санкције и законодавство Републике Србије,

Магистерски труд, Ниш, 2014 година, http://www.prafak.ni.ac.rs/files/master-

radovi/ankica-spiridonov.pdf (22.04.2018)

102

35. Стапува во примена новиот Закон за пробација: Пробациска служба и

алтернативни мерки изречени во кривичната постапка, 01.11.2015 година,

https://www.akademik.mk/stapuva-vo-primena-noviot-zakon-za-probacija-probatsiska-

sluzhba-i-alternativni-merki-izrecheni-vo-krivichna-postapka/ (13.05.2018)

36. Трпевска – Мујоска Елена, За (не)примената на алтернативите на затворот во

македонската судска пракса, http://journal.maclc.mk/wp-content/uploads/2017/05/Elena-

Mujoska.pdf (19.12.2017)

37. Fondacija „Centar za demokratiju“ i Viktimološko društvo Srbije, Stavovi građana i

stručnjaka o alternativnim sankcijama i restorativnoj pravdi, Beograd, 2015 година,

http://www.centaronline.org/userfiles/files/publikacije/fcd-alternativne-sankcije.pdf

(26.11.2017)

38. Хелсиншки комитет: Затворите се со суб – стандардни услови за живот,

третманот е нечовечки, 05.05.2016 година, https://a1on.mk/archives/609448

(29.10.2017)