Upload
dinhngoc
View
299
Download
6
Embed Size (px)
Citation preview
ПРИМЕРИ И ВЕЖБИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈАНА НАСТАВНАТА ПРОГРАМА
za 5 oddelenieza devetgodi[noto obrazovanie
C
M
Y
CM
MY
CY
CMY
K
korica.ai 1 21.08.2010 22:21:38korica.ai 1 21.08.2010 22:21:38
АвториБлагоја НиколовскиКатерина Георгиева
ЛекторМитра Цилевска
* * *
Компјутерска обработка и корицаСтоиле ДавчевскиБлаже Тофиловски
3
Зошто е потребно упатството?Упатството треба да помогне да ги оспособи учениците преку работа и
вежби да користат разновидни материјали, а при тоа да применуваат конкретни постапки и знаења. Да помогне во создавање на работен амбиент и клима во кабинетот/училницата по техничко образование, каде секој ученик подеднакво ќе биде вклучен во процесот на стекнување на знаења, умеења и вештини.
Потреба од техничка култура Целта на овие примери и вежби е да помогнат и покажат на ученикот
конкретни насоки како да постапат и научат многу вештини и техники во работата. Вежбите и примерите кои се дадени можат да те потикнат да создадеш и применуваш твои идеи и замисли. Да креираш и развиваш способност за работа, да дизајнираш и естетски да ја обликуваш маќетата. Да научиш правилно да ги избереш и употребуваш материјалите, алатот и приборот за работа. Така се создаваат навики за работа кои ќе ти користат во животот.
Со работа на практичните задачи по техничко образование се развиваат и психомоторните способности кај учениците. Со тимската и групна работа се развиваат вештини за соработка и лидерство, натпреварувачки дух, способност за водење на дискусија, донесување на одлуки и одговорност спрема зададените задачи. Преку работата во група учениците ќе имаат можност да се здобијат со основни познавања на техничка култура, само-планирање, и работа со техничка опрема. Техничкото образование дава можност учениците да истражуваат, да ги развиваат своите идеи со кои ќе ги задоволат своите желби во креирање и конструирање.
Вежбите и примерите се од темите кои се изучуваат во наставната програма.
Ученикот покрај точно определени и специфицирани материјали, може да користи и материјали од непосредната околина, за кои не се потребни дополнителни трошоци.
Некои од материјалите за работа можете да ги набавите заедно со наставникот.
Училиштето според нормативот за деветгодишно основно образование е обврзно да набави материјали за работа, опрема и алат.
Работните задачи и вежби се работат во училиште на часовите по техничко образование.
Од авторите
4
Графичко комуницирање 5Техничкo цртaње 5Формати на хартија 10Рамка и составница 10Скица 13Технички цртеж- цртање на едноставен технички цртеж 15Испитување на особините на хартијата и картонот 17Важни препораки и упатства при работа со материјали 20Примена на постапки при работа со хартија и картон 21Кутија за пакување на подарок 23Од идеја до готов производ 24Едрилица 26Авион 28Куќа 30Работни задачи од рециклажен материјал 34Работни задачи од рециклажен материјал 36Моделирање на жица 38Конструкција на бунар 42Направете „рингишпил“ од едноставни материјали 44Ветерница 46Изработка на конструкции од конструкторски материјали 47
СОДРЖИНА
5
ТЕМА: Графичко комуницирање
Техничкo цртaње
Прибор и материјал за техничко цртање
Потсети се:
Од што се состои основниот прибор за цртање и изработка на технички цртеж?
Одговор: __________________________________________________________________
___________________________________________________________________________
__________________________________________________________________________.
Примена на моливи
Опиши каква е улогата на моливот во техничкото цртање!
Одговор: __________________________________________________
___________________________________________________________
__________________________________________________________.
Провери!Каква е ознаката на твојот молив и каква графитна мина има?
Задача:Доколку најдеш кај другите ученици моливи со различни ознаки, нацртај неколку прави линии со сите различни моливи?Провери и одговори: Дали има разлика помеѓу линиите?
6
а) б)
Аголот помеѓу моливот и линијата треба да биде околу 60˚.
На сликата се прикажани позиции на примена на моливот.Одговори која позиција на моливот е правилна и обележи го тоа пред дадените одговори со а) или б).
___ Неправилно поставување на моливот и линијарот___ Правилно поставување на моливот и линијарот
Вежба: Обиди се да нацрташ прави линии со правилно поставување на линијарот и користење на моливот.
7
Примена на триаголници
90о
30о
60о
90о
45о
45о
Зошто служат триаголниците?
Одговори: ________________________________________________________________
___________________________________________________________________________
___________________________________________________________________________.
Правилно користење на триаголници
Задача:Држи ги правилно триаголниците за да нацрташ паралелни линии: вертикални, хоризонтални и коси.
Пример 1. Вертикални линии
8
Пример 2. Хоризонтални линии
Пример 3. Коси линии
Примена на шестарот Задача:Со слободна рака потруди се да нацрташ неколку кругови со различна големина. Потоа со помош на универзалниот шестар нацртај ги истите.Што забележуваш?Каква е разликата?
9
Простор за работа
10
Формати на хартија
Рамка и составница
Дали знаеш што е тоа формат на хартија?Ако прочита во учебникот ќе можеш да одговориш.
Одговор: __________________________________________________________________
___________________________________________________________________________
__________________________________________________________________________.
Задачи:Со приборот за мерење измери една твоја мала и голема тетратка! Напиши ги димензиите и според нив определи го форматот!
___________________________________________________________________________
__________________________________________________________________________.
Определи кој формат е твојата тетратка по техничко образование?
___________________________________________________________________________
Треба да знаеш! Димензијата на тетратките може да отстапува по некој милиметар од вистинските димензии на форматот. Тоа се случува поради обрежувањето на краевите на тетратката во нејзиното производство.
Задача: Нацртај рамка и составница со приборот за цртање на следниот лист од тетратката.
Како се црта рамка на цртеж?
Рамката се црта со помош на два триаголника, за да добиеш паралелни линии. На трите страни (од твојата десна страна, горе и долу) на листот се црта рамката со широчина од 5 мм, додека од твојата лева страна рамката треба да биде со широчина од 20мм.
Како се црта составница на цртеж?
Составницата се црта со помош на два триаголника, за да добиеш паралелни линии. Има облик на табела со податоци кои се неопходни за правилната употреба на цртежот. Во неа се внесуваат податоци за цртежот и за лицето што го црта цртежот. Може да биде во состав со самиот цртеж или одвоена. Таа се пополнува одозгора па надолу. Користи го примерот од учебникот!
11
Вежба за рамка и составница
12
Потсети се:
Намалување или зголемување на предметот од неговата природната големина на технички цртеж се вика размер.
Во празниот простор напиши го видот на размерот.
а) 2:1, 5:1, 10:1 __________________________________________________________
б) 1:1___________________________________________________________________
в) 1:2, 1:5, 1:10__________________________________________________________
Задача:
Нацртај правоаголник во размер 3:1, чии димензии на неговите страни во природна големина се: a = 25 mm; и b = 20 mm. Потоа примени ги правилата за котирање.
Примена на размер и котирање
13
Скица
Опиши што е скица? Користи го твојот учебник!
___________________________________________________________________________
___________________________________________________________________________.
Задача:Обиди се да нацрташ скица на столче или училишна клупа?
Еве еден пример!
Скица:
382450
120072
0
14
Задача: Нацртај скица на едноставен предмет Потруди се да направиш скица, а потоа технички цртеж. (шкафче, работна маса, училница, коцка, или друг елемент.)
15
Технички цртеж-цртање на едноставен технички цртеж
Пред да почнеш да црташ потсети се на правилата за цртање на технички цртеж кои се дадени во учебникот.
Задача: Нацртај технички цртеж. Користи ги и примерите дадени во учебникот.
16
Во учебникот е даден пример на монтажен, склопен и работилнички цртеж на макета на куќа.Работилничкиот цртеж не е довршен, бидејќи не се напишани димензиите, затоа обиди се да го довршиш.
Задача: Измери ги страните од дадениот работилничкиот цртеж на елементите 1, 2 и 3, а потоа нацртај го работилничкиот цртеж во размер 2:1 и внеси ги димензиите.
Видови технички цртежи
17
Испитување на особините на хартијата и картонот
Чекори Активности на учениците Потребен прибор и материјал
Чекор 1 Поделба на учениците во пет групи Одберете соодветен прибор и материјал за работа
Чекор 2Секоја од групите треба да направи испитување на различни примероци хартија
Пет различни примероци на хартија: салвета, мрсна хартија, картон, хартија за пишување и весник
Чекор 3Испитајте ги особините на примероците пред потопување во водата и забележете ги на хартија
Пластична чаша, или поголем сад со вода
Чекор 4
Потоа потопете ги во вода парчињата од примероците на хартијата. На лист хартија или тетратка забележете ги особините на потопените парчиња од хартијата
Хартија, тетратка за водење забелешки од испитувањето, А4 формат
Чекор 5
Направете презентација на својата работа. Опишете ги особините и карактеристиките на материјалот што го испитувавте.
Хартија или картон за водење на истражувањето и реализација на презентацијата на групата: плакат, боици, лепак.
Чекор 6
Дискутирај за истражувањето и работата, а потоа со наставникот оценете ги постигнатите резултати. Донесете заклучоци, кои можат да бидат како идеи за нови истражувања.
Водење евиденција за активност на учениците, чек листи за вреднувањето - оценување.
Испитување на особините на хартијата и картонот
Задача за истражување
чаша со вода
салвета
мрснахартија
картон
хартијаза пишување
весник
18
Простор за водење забелешки од испитувањето за:
Испитување на особините на хартија и картон.
1. Која е мојата улога во групата или тимот?
________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________.
2. План за работа - што треба да направам и колку време ми е потребно?
________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________.
3. Со кого да соработувам?
________________________________________________________________________________________________________________________________________________.
4. Каде најдов информации и материјали за истражувањето?
________________________________________________________________________________________________________________________________________________.
5. Кои активности ги направив?
________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________.
6. На кои пречки наидов и како ги надминав?
________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________.
19
7. Постигнати резултати:
• презентација
• нови идеи за истражувања
• заклучок
• до кои сознанија дојдов и што научив.
8. Други забелешки:
________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________.
Овој пример нека послужи и при други истражувања.
20
Преку работа со материјалите ти се отвора можност да бидеш креативен и стекнеш нови знаења и вештини за работа.Тоа ќе го постигнеш преку истражување, градба на материјалите и дизајнирање. Така ќе научиш и ќе умееш да избереш материјал, да изработиш модели и макети, да оцениш што е подобро, а исто така да дадеш нови идеи во работата.Твојата идеја може да стане производ.Ова упатство ќе ти покаже како да ги користиш материјалите и да ги примениш постапките: бигување-врежување, виткање, сечење и лепење.
Следи ги симболите според кои треба да ги примениш постапките при работа со материјалите.
Во учебникот научи за постапката бигување.
При изработка на конструкциите и применана постапките за работа користи го потребниотприбор.
При работа со материјалите и користење на потребниот прибор, биди внимателен и користи ги препораките заради успешна работа и личнабезбедност.
• Организирај го работното место.• Стави подлошка на работната маса.• Кога лепиш користи соодветно лепило.• Организирај го времето, биди прецизен и креативен.
Важни препораки и упатства при работа со материјали
При изработка и креирање на сите задачи, модели и макети, користи и твои идеи, почитувај го мислењето на другите и консултирај го наставникот. Заедно со наставникот направете критериуми рангирање и вреднување на изработените задачи.
Бигување - врежување
за безбедност
Култура во работатаБиди прецизен и педантен.Раководи со работата и времето.Биди креативен за да допринесешво завршниот изглед и дизајн на твојот производ.
линијар
21
За да направиш кутија за пакување на подарок, треба да ги примениш следните постапки: бигување-врежување, сечење, виткање и лепење. Секоја кутија може да има различна форма и изглед-дизајн. Во зависност од твојата фантазија и креативност, секоја кутија можеш да направиш да изгледа различно.
Бигувај-врежи по обележаните линии
Свиткај гибигуваните елементи
Шема Краен изглед
Сечи по обележаните линии
Залепи ги означените елементи
Пример 1
Кутија за пакување
Примена на постапки при работа со хартија и картон
1 2
3 4
ТЕМА: Материјали, градба и обликување
22
Пример 2
Бигувај-врежи по обележаните линии
Свиткај ги бигуваните елементи
Сечи по обележаните линии
• Искористи ја твојата креативност, примени идеи за да ја дизајнираш кутијата по сопствена желба, за да биде поинаква од другите.
• Направете критериуми со наставникот за вреднување и оценување на задачата.
• Рангирајте ја изработката и презентирајте ги вашите идеи за нов дизајн и графички изглед на кутијата.
• Проценете ја вредноста на производот со цена.
Шема Краен изглед
1 2
3
23
Кутија за пакување на подарок
Бигувај-врежи по обележаните линии
Сечи по обележаните линии
На долните слики е даден пример, доколку имаш твоја идеја за дизајн на кутијата, примени ја постапката каширање (лепење) на друг материјал, украси ја кутијата и ќе добиеш нов производ.
Свиткај гибигуваните елементи
Со изработка на овие и слични примери, ги научи и извежба технолошките постапки за работа со хартија и картон. Истите ќе ги применуваш и понатаму при работа и креирање на други задачи.
Шема Краен изглед
1 2
3
24
Од идеја до готов производ
Подготвителни активностиЗа да ја направиш оваа кутија дадени се две шеми за конструирање на двата дела од кутијата. При конструирање на кутијата користи ги постапките: бигување-врежување, сечење, виткање и лепење. Примени ги претходно дадените упатства за да можеш успешно и прецизно да ја направиш и оваа кутија.На долните слики е даден пример со постапки на изработка.Договорете со наставникот критериуми за оценување на задачите. На пример: време за изработка, прецизност, дизајн на производот и сл.
Работни активности1. Направи збирка на материјали за реализација на твојата идеја при креирање на дизајнот и обликот на кутијата.2. Организирај го работното место и примени културни навики во работењето.
3. Направи завршен дизајн и графичко решение на кутијата.Доколку имаш твоја идеја за дизајн на кутијата, примени ја постапката каширање (лепење) на друг материјал, украси ја и естетски обликувај ја и ќе добиеш нов производ кој можеш да го користиш за твојот омилен подарок.4. Направете изложба на готовите производи.5. Потрудете се да ја проценете вредноста на кутијата и ставете цена.
25
Простор за работа
26
1
2
1А
1Б
2
Како до едрилица
27
3
4
5
6
1А
1Б
2
2
31
28
1
2
1Б
1Б
1А
1А
2Б
2Б
2А
2А
3Б
3Б
4А
5А 5Б
6Б6А
4Б3А
3А
1
29
3
4А
5А 5Б
6Б6А
4Б
4
5
4
5
30
12090
50
60
1
7
2
3
4
5
6
1
31
2
3
5
4
4
5
6
1
2
3
2
3
32
6
7
7
4
5
6
1
2
3
56
1
2
3
4
33
Простор за белешки:
34
Работни задачи од рециклажен материјал
Возило за трки (формула)
За изработка на макети и модели може да направиш елементи од рециклажен материјал или да искористиш готови елементи како на пример: тркала за возило, осовини, и други делови кои е потешко да ги направиш сам. При работа со овие материјали користи ја твојата фантазија и креативност, така можеш да добиеш прекрасни модели и макети со убав изглед и дизајн.
Работи по следниве упатства. Направи четири отвори низ кои ќе поминува осовината (цевката за сок). Отворите внимавај да не бидат премногу големи. За оваа постапка задолжително консултирај се со наставникот. На тенок ребраст картон со помош на шестар нацртај два поголеми и два помали круга, а потоа исечи ги со ножички. Тоа се елементи за предните и задните тркала на возилото. Во центарот на круговите направи отвори за осовината (цевката за сок).
Потребен материјал:Една картонска цевка од хартија за бришење на рацеКартонска кутија од колачиЦевки за сокЕдно парче хамерСелотејп во боја
1
2
35
Тркалата и трупот на возилата се готови. Од хамер (тенок картон) направи клун во вид на конус и залепи го на трупот како што е прикажано на сликата.
Eве идеја како да ја направиш опашката на возилото. Ти можеби имаш подобра идеја. Биди креативен.
Еве неколку идеи како твоето возило може да има убав дизајн и изглед.Расклопи ги деловите и обложи ги со селотејп во боја, може да ги обоиш со фломастери, темперни бои или да ги обложиш со налепници, хамер во боја и друго. Украси го возилото по твој избор.
4
3
5
6 Споредете го обликот, прецизноста и дизајнот на твојот модел со другите, а потоа направете рангирање и изберете ги најдобите.
36
Работни задачи од рециклажен материјал
Возило за планетата Марс- тимска работа -
Подготвителни активностиНаправете истражување за изгледот на овој модел. По ваша идеја скицирајте ги сите елементи, што сакате да ги додадете. Направете збирка на материјали потребни за реализација на вашата идеја. Фази на работатаЗа изработка на макети и модели може да направиш елементи од рециклажен материјал и да користиш обликувани елементи како на пример: тркала за возило, осовини, и други делови кои е потешко да ги направиш сам. При работа со овие материјали користи ја твојата фантазија и креативност, така можеш да добиеш прекрасни модели и макети со убав изглед и дизајн.
Потребен материјал: Едно пакување од тетрапак сок (може да биде од 1л или ½ л)Картонска кутијаФолија2 цевки за сок4 пластични капаци (од цедевита)
Пакувањето од тетрапак, ќе го користите како тело на возилото. Може да го дизајнирате по ваш избор. За реализација на идејата може да користите (алуминиумска фолија, селотејп во боја, украсна хартија, хамер и друго). Во следниот чекор со помош на наставникот, напра-вете четири отвори на тетрапак садот (како на сликата). Внимавајте да не бидат поголеми од дебелината на цевките за сок, кои ќе ви послужат како осовини.
1
2
Работете по следните упатства.
Искористување на постоечките материјали за еколошки почиста средина
37
За решение на тркалата можеш да реализираш повеќе идеи - поедноставни и посло-жени. Пример 1: Тркалата на возилото можете да ги направите од парче картон нацртани со шестар во иста големина, на кои во средината ќе направите отвори за осовините.Пример 2: Тркалата на возилото може да бидат пластични капаци кои со помош на наставникот ќе ги залепите со пластично лепило или со селотејп.
Сите четири тркала треба да бидат поставени како на сликата.
Биди креативен! Дизајнирај го возилото по сопствен избор.
3
4
5
38
Моделирање на жица
Задача: Украс за твојата работна маса
Чекори на работа
Потребен материјал:Хамер или картонМека жица 50смНожици, лепак, селотејпУкрасни копчиња, самолеплива хартија и друго
Направи скица на птица на бел хамер или тенок картон. Откако ќе бидеш задоволен со изгледот на нацртаната птица, со ножички исечи ја по крајните линии. Потоа истата прецртај ја за да добиеш две птици.
Ќе ти треба и две крукчиња (едно бело и едно црно) за очите на птицата како и два триаголника (од црвен хамер) за клунот на птицата. Види на сликата.
1
3
2
39
Од парчето мека жица, треба да ги обликуваш нозете и стапалата како на сликата. Стапалата имаат по три прсти, а секој прст е со должина од 25мм.
Постапката за моделирање на стапалото од мека жица, повтори ја уште еднаш, но од другиот крај на жицата за да ја добиеш втората нога на птицата.
За да ги споиш картонот на нацртаната птица и моделот на жицата, користи селотејп во боја. Залепи го селотејпот во повеќе слоја од лепливата страна, за да може да лепи и од надворешната страна. Потоа на него залепи ја и втората птица, за да не се гледа жицата.
4
5
6
40
Еве и други примери на модели изработени од жицаи други едноставни материјали.
„Пеперутка“ од жица и картон
Користи го искуството од претходната задача и обиди се да го направиш и овој модел убав, посебен и добро дизајниран.
„Пајак“ од жица и монистри
Следи ги постапките за изработка на овој модел и според нив потруди се да направиш модел по твоја идеја и креативност.Внимавај при изборот на жицата. Консултирај го наставникот.
• Ако ги промениш монистрите и виткањето на жицата, ќе добиеш друг изглед на украсот.
• Можеш да го подариш или да го изложиш во училиште.
1 2
4 5
3
41
Простор за белешки:
42
Конструкција на бунар
Монтажен технички цртеж
Опис на елементи:1. Подлога - основа на бунарот2. Основа за градба3. Преден и заден ѕид 4. Бочни ѕидови5. Столбови6. Макара (цилиндрично тело)7. Лост8. Рачка на лостот9. Основа за кров10. Кров11. Кофа
Потребен материјал:Амбалажен ребраст картонМеко дрвоЦилиндрично стапчеДрвени плочки (лесонит, шперплоча)Картон - хамерЛепило за дрво и хартијаКонецКапаче
• Оваа задача покажува како можеш конкретно да го примениш техничкиот цртеж• Да научиш да вградуваш и склопуваш готови елементи• Да користиш разновидни материјали за естетско обликување и дизајнирање• Да умееш да ја провериш работата и движењето на механизмите или елементите.
Во натамошниот технички цртеж следи ги фазите на работа!
ТЕМА: Конструкторско творештво
43
На основата за градба спои ги ѕидовите.Внимавај, предниот и задниот ѕид (3А и 3Б) треба да ги залепиш помеѓу бочните ѕидови 4А и 4Б (види ја сликата).Користи лепило за дрво.
4 Oсновата за кровот залепи ја централно над столбовите. Потоа монтирај го кровот како на сликата.
Од досегашните задачи стекна искуство во естетското обликување и дизајнот на макетите и моделите. Биди креативен и направи убав дизајн на бунарчето.Според критериумите за вреднување на работата, направете рангирање на макетите.Направете презентација на вашата идеја, план и работа.
Обележи ја средината на бочните ѕидови. Залепи ги столбовите 5А и 5Б на средината на боч ните ѕидови.Доколку столбовите немаат отвори консултирај го наставникот.
Направи ја конструкцијата за подигање на кофата. (спој ги елементите 6, 7 и 8).
1
4
2
Чекори на работа
3
44
Направете „рингишпил“ од едноставни материјали
Тимска работа
Еве еден пример на идеја како може да се направи модел на рингишпил. Секако дека секоја група ќе има своја фантазија и креативност. Можете да додадете и свои елементи и идеи.
Изглед на моделот Потребни материјали Подготвителни активностиНаправете истражување за разни модели и функциите на разни вртелешки и рингишпили. Скицирајте и напишете ја идејата и направете збирка на материјали потребни за реализација.
Работни активностиЧекор Организација на работаНаправете план, кој, што и каде ќе работи. Поделете ги задачите. Определете ги роковите и времето на секоја работа. Направете испитување дали материјалите и елементите се соодветни за моделот што сте го определиле.
Чекор 2 Реализација на постапките на работамерење, обележување и сечење на елементитеКористете амбалажен картон и со шестар обележете круг со дијаметар од 25-30 см. Користете картон со еден ребрест слој за да можете полесно да го исечете.
Елемент 1 - Основа - платформа
Бележи Сечи
1
2
45
Елемент 2 - Кровна конструкција
Бележи Сечи
Елемент 3 и 4 - Носечка конструкција и осовина
(3) (4)Користи стара кутија од чевли и осовинка од дрво која на краевите сосема малку треба да се зашили.
Чекор Спојување и дизајнирање на елементите
Направете една проверка и споjте ги елементите, а потоа расклопете ги, за да ги обликувате и дизајнирате елементите.
Чекор Постигнати резултатиОвие модели можат да се движат и функционираат, да бидат добро и педантно обликувани и дизајнирани. Доколку направивте критериуми со наставникот за вреднување на работата, направете рангирање на макетите.Направете презентација на вашата работа.
3
4
46
Ветерница
Тимска работаЕве една идеја како може да се направи модел на ветерница. Секако дека секоја група ќе има своја фантазија и креативност, по своја замисла ќе додадете и ваши нови идеи и елементи.
Подготвителни активностиНаправете истражување на повеќе модели, елементите од кои тие се направени и како се движат. Скицирајте и запишете ја идејата, а потоа направете збирка на материјали потребни за реализација на задачата. Работата организирај ја во чекори.
Чекори на работа
Организација на работаНаправете план, кој, што и каде ќе работи. Поделете ги задачите. Определете ги роковите и времето на секоја работа. Направете испитување дали материјалите и елементите се соодветни за моделот што сте го определиле. Подготовка на работното место и материјалите за работаЕве една збирка на материјали кои се потребни за реализација на оваа задача.
Трослоен ребраст картон хартија во боја разни лепила
Реализација на постапките на работамерење, обележување и сечење на елементите Овие модели можат да се движат и функционираат, да бидат добро и педантно обликувани и дизајнирани. Заедно со наставникот направете рангирање и оценување на задачите.Направете презентација на вашата идеја, план и работа.Потрудете се да дадете ваше мислење за исказите на другите.
1
2
3
4
47
Изработка на конструкции од конструкторски материјали
Потсети се!
Елементите што се градат или се составуваатво некоја целина која има некаквафункционалност претставува конструкција.
Со спојување на дрвените елементи, можат да се креираат и дизајнираат модели на возила и другипредмети со различни конструкции.
Конструкции од металниперфорирани (издупчени) елементи
Метални конструкторски материјали можат да бидат претходно перфорирани (издупчени) со точни димензии за да може да се спојуваат со разни спојки, завртки со навртки и сл. По даден технички цртеж или по сопствен избор можат да се направат повеќе модели со разни функции на работа.
Модел на роботска рака Лего - робот Пластичните материјали се лесни и едноставни за конструирање модели на кои може да се вградат и електромотори кои прават одредени движења.Со новите технологии и технички средства, овие модели можат да работат и функционираат и да бидат управувани преку компјутер. Ветерницата и рингишпилот се модели кои можат да работат со електромоторче кое ќе биде управувано преку компјутер. Овие задачи за испитување ќе ги работиш и истражуваш во повисоките одделенија.
Конструкции од дрвени елементи
48
ТЕМА: Сообраќај
Доколку за изработка на оваа задача немаш подготвени материјали, на долната шема дадени се елементите 1 и 2 и 4 во размер 1:1. Консултирај се со наставникот како да ја реализираш оваа задача.
49
Објект на патот - автобуска постојка
1
2
3
4
1
2
3
50
Метални или пластични спојки Дрвени тркалца
Дрвени осовинки
Електромоторчиња
Пенасткартон
Запченици Леплива лента Макари
Лепак за дрво и хартија
Дрвени летвички Разни ластичиња
Ребраст картон Хартија во боја Разни лепила
Предлог листа наматеријали за изработка на
макети или модели
ПРИМЕРИ И ВЕЖБИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈАНА НАСТАВНАТА ПРОГРАМА
za 5 oddelenieza devetgodi[noto obrazovanie
C
M
Y
CM
MY
CY
CMY
K
korica.ai 1 21.08.2010 22:21:38korica.ai 1 21.08.2010 22:21:38