20
1

04.11.2014 Stogodini Od Prvata Svetska Vojna

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: 04.11.2014 Stogodini Od Prvata Svetska Vojna

1

Page 2: 04.11.2014 Stogodini Od Prvata Svetska Vojna

Корици/фотографии: ECPAD

Оваа брошура е достапна на интернет-страницата на Амбасадата на Франција во Скопје на следната адреса:

http://www.ambafrance-mk.org/-Brochure-Front-d-Orient

Page 3: 04.11.2014 Stogodini Od Prvata Svetska Vojna

Во 1914 започна војна каква што историјата на човештвото дотогаш не паметеше. Сто години подоцна, ги нема веќе непосредните сведоци на овие настани, но колективното сеќавање на овој светски вооружен судир сe уште е живо. Првата светска војна и понатаму ги проникнува мислите на луѓето и остава траен печат на подрачјата, особено на зоните на фронтот и окупираните територии. Балканот истовремено беше и едното и другото.

Грција, Бугарија, Србија (во чиј состав во тоа време влегува вардарскиот дел на Македонија, денеска Република Македонија) и Албанија, цели три години беа во средиштето на еден честопати заборавен фронт. И покрај тоа, од есента 1915 до септември 1918, таму се судираат скоро еден милион војници од десетина различни армии, а меѓу нив и околу 350 000 француски војници од Источната француска армија. Загинуваат 70 000 од нив.

Оваа брошура ја прикажува историјата на Првата светска војна што го обележи XX век во овој дел од Балканот, каде беше платена многу висока цена во човечки жртви. Таа зборува за наследството од тоа време, и во неа се претставени повеќе места на сеќавање во Република Македонија што треба да се посетат. Брошурата е наменета за посетителот што е заинтересиран за спомените од минатото или е во потрага по некој исчезнат роднина.

фотографија 13

Page 4: 04.11.2014 Stogodini Od Prvata Svetska Vojna

4

Источниот фронт е еден од четирите големи фронтoви на европскиот континент во Првата светска војна, заедно со оној на запад (Франција и Белгија), на исток (Балтичките земји, Русија, Романија и Бугарија) и во Италија.Фронтот се протегаше на скоро 600 километри, од Егејското Mоре на исток до Јадранското Mоре на запад. Минуваше низ четири земји: Грција, Бугарија, тогашна Србија, во чиј состав беше и територијата на денешна Република Македонија и Албанија.

Југозападниот Балкан во предвечерието на Првата светска војнаСe до 1912, Османлиското царство се протега на широка територија на Балканот во која влегуваат:

¾ Денешна Албанија

¾ Косово и јужниот дел на Србија

¾ Република Македонија

¾ Епир

¾ Јужниот дел на Македонија во состав на денешна Грција

¾ Еден дел од југоисточна Бугарија

По двете Балкански војни (1912 и 1913), Османлиското царство го губи најголемиот дел од територијата на европскиот континент, која преминува во рацете на Грција, Србија, Бугарија, Албанија и Црна Гора. Османлискиот регион Македонија тогаш е поделен меѓу Грција, Србија и Бугарија. Што се однесува до Косово и северниот дел од османлиска Македонија, тие стануваат составен дел на Кралството Србија.

Источен фронт, наречен и Македонски фронт Солунски фронт или Јужен фронт

4фотографија 3

фотографија 2

Page 5: 04.11.2014 Stogodini Od Prvata Svetska Vojna

5

На фронтот се судрија двете големи коалиции во Првата светска војна и нивните сојузници:

¾ Антанта: Франција, Велика Британија, Русија, Италија (од 1915), Романија (од 1916), Србија и Грција (од 1917)

¾ Алијанса или Централни сили: Германија, Австро-Унгарија, Турција и Бугарија (од 1915)

На фронтот, трупите на Антантата беа составени од француски, британски и српски дивизии, засилени од италијански, руски и грчки дивизии. Главнината на силите на Алијансата ја сочинуваше бугарската војска, поддржана од германски и австро-унгарски трупи и турски единици.

Завојувани страни

5фотографија 6

фотографија 4 фотографија 5

Page 6: 04.11.2014 Stogodini Od Prvata Svetska Vojna

6

Главни фази на судирот

На 28 јуни 1914, во многу заострен регионален контекст, во атентат во Сараево е убиен надвојводата Франц Фердинанд, престолонаследникот на Австро-унгарското царство. По истекот на едномесечниот ултиматум што Австро-Унгарија ѝ го упатува на Србија, започнува европска, која потоа станува и светска војна. Од 28 јули 1914, на својата северна граница, Кралството Србија почнува да војува со Австро-унгарското царство.

Во 1915, се отвора фронт во МакедонијаВо август 1914, силите коишто стапуваат во војна предвидуваат судир што не треба да трае повеќе од неколку месеци. Многу брзо ќе мора да се соочат со вистината: позиционата војна ги принудува војските на повеќемесечна неподвижност. Силите на Антантата тогаш планираат да ја поразат Турција, сојузникот на Централните сили и да ја преземат контролата над Константинопол (Истанбул) и протоците со цел:

¾ да го зацврстат фронтот на Исток и да го олеснат снабдувањето на Русија

¾ да извршат притисок врз Бугарија за да остане неутрална

¾ да ја преземат контролата на Средоземното Mоре и на поморските патишта

Отпочната на крајот од април 1915, Дарданелската воена операција против Турција завршува со неуспех. Во октомври 1915, на страната на Централните сили во војната влегува и Бугарија. Тогаш започнува голема успешна офанзива против Србија. Поддршката на српскиот сојузник за Антантата станува неопходност: француски и британски трупи, кои главно произлегуваат од експедицискиот корпус на Дарданелите, се истоваруваат на

северот на Грција во Солун. Тие ѝ доаѓаат напомош на Србија, но мора да се повлечат во Грција. Прегазена, српската војска е принудена да ја напушти својата територија која е окупирана од централните сили и Бугарија.По поразот кај Дарданелите, беше незамисливо да се напушти битката на Балканот, со оглед на тоа што централните царства можеа да ги разместат силите што војуваа против Србија на другите фронтови. Значи, на Антантата ѝ беше неопходно да го поддржи српскиот сојузник и да ги задржи противничките војски на спореден фронт.

6фотографија 8

фотографија 7

Page 7: 04.11.2014 Stogodini Od Prvata Svetska Vojna

7

Главни фази на судирот

Воените операции во Србија (октомври-декември 1915)Во почетокот на октомври 1915, армиите на Централните сили и нивниот нов бугарски сојузник ја уништуваат српската одбрана и ја окупираат таа територија. Франција и Обединетото Кралство одлучуваат воено да се вмешаат. Напредувањето на германските, австро-унгарските и во помала мера на бугарските сили, се одвива толку брзо што српската војска е принудена да се повлекува пред непријателот.

Од тој момент, трупите на Антантата, главно француски, истоварени во пристаништето во Солун во Грција, се обидуваат да им помогнат на српските

сили и да го запрат напредувањето на бугарските трупи во вардарскиот дел на Македонија.

Во текот на октомври и ноември 1915, француските сили успеваат да го стабилизираат напредувањето на бугарските трупи во источната и централната област од вардарскиот дел на Македонија. Меѓутоа, со заземањето на Ускуп (Скопје) и на Велес, Бугарите успеваат да ги заобиколат француските позиции. Српската војска е принудена да се повлече и мора да ја напушти српската територија преку Албанија. На крајот на ноември 1915, издадена е наредба за повлекување на француско-британските трупи.

Утврдениот воен логор во Солун (јануари-август 1916 година)Фронтот се стабилизира на грчко-српската граница. Територијата на вардарскиот дел на Македонија е под окупација на бугарската држава. Истовремено, тоа што остана од српската војска, којашто е соочена со тешки искушенија, силите на Антантата го собираат на Крф, помагајќи му да закрепне. Во Солун, трупите на Антантата се утврдуваат во воен логор со цел да се подготват за можен напад од Алијансата.

7фотографија 10

фотографија 9

Page 8: 04.11.2014 Stogodini Od Prvata Svetska Vojna

8

Главни фази на судирот

Нападите на Монастир (Битола) (август- декември 1916 година)Во август 1916 трупите на Алијансата преминуваат во офанзива во рамнината на Монастир (Битола). Напредуваат на грчка територија, потиснувајќи ги трупите на Антантата, кои по неколку недели сепак успеваат да го запрат напредувањето на Централните сили. Од септември до ноември 1916, по цена на тешки загуби, силите на Антантата преминуваат во предност и навлегуваат во Вардарскиот дел на Македонија и Албанија.

На крајот на ноември, трупите на Централните сили се истерани од Монастир и градот го преземаат силите на Антантата. Линијата на фронтот се стабилизира на северот од градот. Рововските борби се засилуваат во масивот на врвот Пелистер и на исток, во масивот на врвот Мариово. Сe до крајот на војната, градот ќе биде изложен на артилериски оган на Централните сили, што ќе предизвика бројни жртви и разурнувања.

Пробив на фронтот (септември 1918)И покрај локализираните офанзиви и постојаните налети на непријателот, сe до септември 1918 фронтот нема да доживее драстични промени. На 14 и 15 септември 1918, Антантата најпосле тргнува во офанзива. По повеќенеделни подготовки, пред сé за да се пренесе тешката артилерија во планинските предели и што поблиску до првите линии, фронтот е пробиен во битката кај Добро Поле, висорамнина сместена по сртот на Мегленскиот масив, на денешната грчко-македонска граница. За две недели, француските и српските трупи ќе го искористат пробивот и ќе се искачат кон Ускуп (Скопје), гонејќи ги трупите на Алијансата. За да не бидат опколени, овие се принудени да се повлекуваат кон север и кон исток. Откако бугарските трупи ќе ги напуштат своите позиции во регионот на Дојранското Езеро, британските и грчките трупи се искачуваат од исток.

Примирјето со Бугарија е потпишано на 29 септември 1918 и со тоа им е ставен крај на борбите. Трупите на Антантата продолжуваат да ги гонат германските и австро-унгарските трупи сe до Србија. Белград е ослободен на 1 ноември 1918.

8фотографија 12

фотографија 11

Page 9: 04.11.2014 Stogodini Od Prvata Svetska Vojna

9

Главни сектори на фронтот

Од запад кон исток, фронтот беше поделен на пет сектори:

¾ Албанија на запад

¾ Охридското и Преспанското Езеро

¾ Монастир

¾ Српско-грчката граница меѓу врвот Сокол и реката Вардар

¾ Струма на исток, од Дојранското Езеро до Егејското Море

Фронтот минуваше низ територијата на денешна Република Македонија, од Охридското Езеро на запад, до Дојранското Езеро на исток, во должина од околу 200 километри. Линијата на фронтот приближно ја следеше трасата на грчко-српската граница на планините во јужниот дел на денешна Република Македонија, од југот на Албанија до Егејското Море.

9

Page 10: 04.11.2014 Stogodini Od Prvata Svetska Vojna

10

Главни места на сеќавање во Република Македонија

Десетици илјади војници почиваат на територијата на Република Македонија. Тие главно им припаѓаат на српската, бугарската, француската и германската војска, но застапени се и други војски: турската, грчката, романската (воени заробеници), италијанската и руската.

Голем број споменици и места на сеќавање се подигнати за време и по војната. Некои од нив се зачувани и денес и се сведоштва за овој судир што остави длабоки траги на територијата: гробишта, споменици, меморијални градби, но исто така и чешми, натписи и гравури. По повод стогодишнината од

Првата светска војна, извршена е евиденција и претставување на овие места на сеќавање.

ГробиштаГлавни воени гробишта што може да се посетат се:

¾ во Скопје, француски гробишта во кои има 900 регистрирани гробови и костурница со околу 3 000 посмртни останки како, и британски гробишта во спомен на 124 британски војници

¾ во Прилеп, германски гробишта каде што биле погребани 1 683 германски и неколку бугарски војници, но исто така и воени заробеници и цивилни работници од други националности

¾ во Битола, француски гробишта, во кои има 6 262 регистрирани гробови и костурница со околу 10 000 посмртни останки, германски гробишта, на кои почиваат посмртните останки на 2 123 германски војници, како и српски гробишта, во кои се погребани посмртните останки на 1 321 српски војник

¾ во Раброво, грчки гробишта во сеќавање на 117 грчки војници

¾ во Ново Село, бугарски гробишта во кои има повеќе од 110 индивидуални гробови

10фотографија 14

фотографија 13

Page 11: 04.11.2014 Stogodini Od Prvata Svetska Vojna

11

На оваа територија постојат и голем број други гробишта и изолирани гробови:

¾ српски гробишта во Скочивир, Добровени, Бач и Груништа

¾ бугарски гробишта во Крушевица, Смоквица, Цапари, Витолиште, Долно Шишево и Хума

¾ француски гробишта во Горно Јаболчиште

¾ германски гробишта во Градско, Дреново и Беловодица

Главнината од овие гробови и гробишта се наоѓа во близина на фронтот. Постоеле и многу други места на сеќавање, но во текот на XX век исчезнале.

Со цел да бидат собрани на едно место, посмртните останки на српските војници, особено оние кај Кајмакчалан, Удово, Долно Караслари и Крива Паланка, изградени се капели-костурници.

Споменици и меморијални градбиКако потсетување на поминувањето на трупите или на изградените објекти, биле подигнати и споменици кои не се од погребен карактер. Меѓу овие споменици и меморијални градби најзначајни се следниве:

¾ споменикот во чест на француската војска на градските гробишта во Битола

¾ француско-бугарскиот гравиран камен наречен „Писен Камен“ во селото Барешани;

¾ споменикот во чест на француските војници од муслиманска вероисповед во Долно Караслари;

¾ ирскиот споменик во Раброво ¾ натписот на тунелот во Демир Капија во чест на германскиот цар Вилхелм II; ¾ меморијалниот крст во Маково, подигнат на линијата на фронтот; ¾ натписите на бугарските чешми во Дојран (извор Цар Фердинанд)

и во Дедели ¾ спомен плоча во чест на 22-та британска дивизија во

Дојран

Главни места на сеќавање во Република Македонија

фотографија 15

Page 12: 04.11.2014 Stogodini Od Prvata Svetska Vojna

12

Материјални остатоци од Првата светска војна во Република Македонија

Одбранбени линии и системи од рововиПозиционата војна беше придружена со развој на утврдени линии по должината на фронтот. Повеќето рововски линии требаше да обезбедат длабинска одбрана. Организацијата на овие рововски позиции се засноваше на комплексна целина од утврдувања. Секоја одбранбена линија беше составена од систем на паралелни ровови, меѓусебно поврзани со тесни премини. Современите слики снимени од воздух, особено на масивите Пелистер и Мариово, даваат јасен преглед на овие системи од непрекинати линии што образуваат правоаголници и се протегаат низ планините.

Во рововите или веднаш зад нив, војниците наоѓале засолниште во подземните скривници, наречени „лисичини дупки“ или тунели. Набљудувачниците, меѓу кои имало и такви изградени во карпи, овозможувале да се набљудува непријателот и да се насочува стрелбата.

Најголемиот дел од системите на ровови и утврдувања сместени во планинските масиви сe уште постојат. Германско-бугарските утврдувања биле најчесто градени од цемент или од армиран бетон, додека оние на Антантата претежно биле правени од полесен материјал, од вреќи со земја и дрво. Германските и бугарските војски, за разлика од нивните противници, полесно се решавале да се вкопаат за да ја бранат освоената територија, додека целта на трупите на Антантата била таа територија повторно да ја заземат. Од таа

причина, на територијата на Република Македонија има поголем број зачувани германско-бугарски воени утврдувања отколку објекти на Антантата.

12фотографија 19

фотографија 17

фотографија 18

Page 13: 04.11.2014 Stogodini Od Prvata Svetska Vojna

13

Материјални остатоци од Првата светска војна во Република Македонија

Транспортна инфраструктураВо предвечерието на војната, патната мрежа се состоела од малубројни поплочени патишта, додека, далеку од главните правци, мноштво од земјени патишта и козји патеки ги поврзувале селата.

Во 1914 постоеле две железнички линии, изградени за време на османлискиот период:

¾ Солун – Битола

¾ Белград – Ниш – Скопје – Солун

За да се овозможи снабдување на трупите, од 1915 до 1918, патната и железничката мрежа се уредувани од инженериските единици на завојуваните страни, кои за таа цел користат работници од месното население, воени заробеници или обични осуденици.

Поплочени се голем број земјени патишта и трасирани се нови патишта. Изградени се железнички линии, особено линиите Скопје – Кичево, Градско – Прилеп и Велес – Прилеп.

13фотографија 22

фотографија 20

фотографија 21

Материјални остатоци од Првата светска војна во Република Македонија

Page 14: 04.11.2014 Stogodini Od Prvata Svetska Vojna

14

Материјални остатоци од Првата светска војна во Република Македонија

Воен материјал и лична војничка опремаНепосредно по завршувањето на војната, населението треба повторно да ги изгради местата што биле зафатени од борбите. Нормално е што тоа тогаш собира граѓа и воен материјал што борците го оставиле зад себе. Старо железо, ламарина од засолништата, канистри за бензин, војнички дрвени куфери, боцкав тел, чаури од гранати, па дури и колци биле користени во градбите, градините и на нивите.

Блиску до некогашните линии на фронтот, сe уште може да се забележат ситни предмети од лична војничка опрема: особено шлемови, бајонети, пушки, чаури од гранати, клешти, кујнски прибор.

14фотографија 25

фотографија 23

фотографија 24

Page 15: 04.11.2014 Stogodini Od Prvata Svetska Vojna

15

За да се истакне значењето на наследството од Првата светска војна, беа уредени две патеки:

¾ во националниот парк Пелистер, низ шумата, посетителот може да се движи по патека на која, со помош на табли со објаснувања, се прикажани најважните моменти од Првата светска војна на истите места низ кои поминувала линијата на фронтот

¾ по ридовите над Дојранското Eзеро, посетителот може пеш да стигне до чешмата на Цар Фердинанд, сместена меѓу Стар и Нов Дојран, каде исто така се наоѓа и спомен-плоча во чест на 22-та британска дивизија. Мала спомен-патека беше уредена на местото на овој некогаш невралгичен центар на бугарската војска.

Патеки на сеќавањето

15фотографија 28

фотографија 26

фотографија 27

Page 16: 04.11.2014 Stogodini Od Prvata Svetska Vojna

16

Да се продолжи со работата на сеќавањето на Првата светска војна во Република Македонија:

Има уште доста да се направи во врска со работата на сеќавањето на Првата светска војна во Република Македонија: индивидуални истражувања, составување списоци на исчезнати војници, дигитализирање на регистрите на починатите војници, повторно претставување на личните животни приказни, во работата на историчарите пред се.

Амбасадата на Франција во Република Македонија на овој начин се вклучи во работата на сеќавањето, во рамките на програмата за комеморација што ќе се одвива во текот на целиот период на одбележување на стогодишнината, заедно со надлежните француски и македонски институции, општините и регионите, а особено регионот на Долна Нормандија.

Станува збор пред сe за собирање сведоштва, поставување информации на Интернет-страницата на амбасадата за тековните активности, за работата со професорите по историја, со соседните земји што се исто така вклучени во напорите на фронтот да му се врати заслуженото место во сеќавањето на Првата светска војна.

16фотографија 29

Page 17: 04.11.2014 Stogodini Od Prvata Svetska Vojna

17

Стогодишнина од Големата војна

Официјална француска страницаhttp://centenaire.org/fr

Официјална британска страницаhttps://www.gov.uk/government/topical-events/first-world-war-centenary

Официјална германска страницаhttp://100-jahre-erster-weltkrieg.eu/?L=1

Европски проект „Europeana»http://www.europeana1914-1918.eu/fr

Бази на документарни податоци

Сеќавање на луѓетоhttp://www.memoiredeshommes.sga.defense.gouv.fr/spip.php?rubrique16

Генерален секретаријат за администрацијаhttp://www.sepulturesdeguerre.sga.defense.gouv.fr/

Патишта на сеќавањеhttp://www.cheminsdememoire.gouv.fr/

Установа за комуникација и аудиовизуелна продукција на Министерството за одбрана

Etablissement de Communication et de Production Audiovisuelle de la Défense (ECPAD)http://www.ecpad.fr/mediatheque

Commonwealth War Graves Commission (Комисија за воени гробишта на Комонвелтот)http://www.cwgc.org/

Volksbund Deutsche Kriegsgräberfürsorge e.V. (Комисија за воени гробишта на Германија)http://www.volksbund.de/kriegsgraeberstaetten.html

Österreichisches Schwarze Kreuz (Австриски Црн Крст)http://www.osk.at/

Il Ministero della difesa (Министерство за одбрана)http://www.difesa.it/Ministro/Commissariato_Generale_per_le_Onoranze_ai_Caduti_in_Guerra/Pagine/default.aspx

Ministero per i Beni e le Attività Culturali (Министерство за културни добра и активности)http://www.14-18.it/index.php?1/home

База на фотографски податоци

Министерство за култура – Францијаhttp://www.mediatheque-patrimoine.culture.gouv.fr/fr/archives_photo/index.html

Министерство за култура – Италијаhttp://www.14-18.it/home

Документарни извори на Интернет

Page 18: 04.11.2014 Stogodini Od Prvata Svetska Vojna

1818

Легенди и фотографски референци

Страница 3

Фотографија 1: Француските воени гробишта во Битола, денес. Фотографија: Aмбасада на Франција во Скопје

Страница 4

Фотографија 2: Селанки перат набљудувани од српски војник во рамнината на Монастир (Битола), кон крајот на 1916.Фотограф : Биловски Анри. Референтен број: SPA 54 V 1616, ECPAD

Фотографија 3: Француски авион при заминувањето од Србија, крајот на ноември-почетокот на декември

1915. Фотограф : Гастон Шеро. Референтен број: SPA 12 K 785, ECPAD

Страница 5

Фотографија 4: Низ Вардар, чун превезува војници на 57 Пешадиска дивизија и на 284 Пешадиски полк од логорот на Криволак до Пепелиште, ноември 1915. Фотограф : Гастон Шеро. Референтен број: SPA 8 K 641, ECPAD

Фотографија 5: Војници на Антантата (српски и британски) по улиците на Монастир (Битола), се фотографираат пред камион, април 1917. Фотограф : непознат. Референтен број: SPA 94 K 6305, ECPAD

Фотографија 6: Колона војници по македонските планини при повлекувањето кон Грција, крајот на 1915. Фотограф:

Гастон Шеро. Референтен број: SPA 12 K 766, ECPAD

Страница 6

Фотографија 7: Војничка разгледница на којашто е претставен француски војнички логор во близина на Монастир (Битола). Приватна колекција – Амбасада на Франција во СкопјеФотографија 8: Француски војници во српскиот дел на Македонија чекаат да се качат на воз за Солун,

ноември 1915. Фотограф : Гастон Шеро. Референтен број: SPA 12 K 834, ECPAD

Страница 7

Фотографија 9: Построени француски војници во село од српскиот дел на Македонија при заминувањето во ноември 1915. Фотограф : Гастон Шеро. Референтен број: SPA 12 K 813, ECPAD

Фотографија 10: Македонски дечиња со чинии в раце при повлекувањето на 57 Пешадиска дивизија преку српскиот дел на Македонија. Фотограф : Луј Лафима. Референтен број: D 111 59, ECPAD

Страница 8

Фотографија 11: Војници од Мароко-спахии на задача во албанско-српската гранична област. Фотографски права: архиви на потомците на полковникот Ордиони

Фотографија 12: Колона за снабдување влегува во Монастир (Битола), декември 1916. Во заден план : офицерски дом. Фотограф : Дибре. Референтен број: SPA 54 T 2303, ECPAD

Страница 10

Фотографија 13: Април 1917, ранет војник се лекува во болница во Монастир (Битола). Фотограф: непознат. Референтен број: SPA 94 K 6172, ECPAD

Фотографија 14: Реката Драгор тече низ Монастир (Битола), кон крајот на 1916. Фотограф: Дибре. Референтен

број: SPA 54 T 2355, ECPAD

Страница 11Фотографија 15: Низ улиците на Монастир (Битола), куќа оштетена од гранатирање, јануари 1917. Фотограф:

Данжере Жорж. Референтен број: SPA 80 K 5157, ECPAD

Фотографија 16: По течението на реката Црна, во селото Груниште: персонал на француската планинска

амбуланта од 4 Руска бригада, март 1917. Фотограф: непознат. Референтен број: SPA 93 K 5999, ECPAD

Страница 12

Фотографија 17: Војник на набљудувачка позиција во ров во околината на Монастир (Битола), зимата 1917. Фотограф: непознат. Референтен број: SPA 86 K 5491, ECPAD

Page 19: 04.11.2014 Stogodini Od Prvata Svetska Vojna

1919

Фотографија на задната страница: Натписот на карпа во околината на Битола. Фотографија извадена од „Огледало“, од 28 oктомври 1917 n.205

Фотографија 18: Црвена Стена, 16 март 1917, војници се одмораат на позициите освоени од 175 Пешадиски полк Фотограф: непознат. Референтен број: SPA 92 K 5769, ECPAD

Фотографија 19: Полска болница на брегот на Црна Река, во близина на селото Бач, кон крајот на 1916.

Фотограф: Биловски Анри. Референтен број: SPA 54 V 1577, ECPAD

Страница 13

Фотографија 20: Сенегалски војници од стрелачка единица работат на изградба на калдрмест пат. Фотографски права: архиви на потомците на поковникот ОрдиониФотографија 21: Работници цивили – воени заробеници работат на поправка на патната инфраструктура. Фотограф: Дибре. Референтен број: SPA 53 T 2241, ECPAD

Фотографија 22: Конвој за снабдување со камиони на пат кон Монастир (Битола), ноември 1916. Фотограф: Дибре.

Референтен број: SPA 53 T 2250, ECPAD

Страница 14

Фотографија 23: Војник го набљудува од својот ров нападот на котата 1248 северно од Монастир (Битола), на 18 март 1917. Фотограф: непознат. Референтен број: SPA 93 K 5923, ECPAD

Фотографија 24: По долината на реката Црна : двајца војници излегуваат од ровот при напад, ноември 1916.Фотограф: Дибре. Референтен број: SPA 53 T 2262, ECPAD

Фотографија 25: 16 март 1917, војници по заземањето на бугарски ров на Црвена Стена. Фотограф: непознат.

Референтен број: SPA 92 K 5772, ECPAD

Страница 15Фотографија 26: Кон крајот на 1915, железничката станица во Криволак. Фотограф: Гастон Шеро. Референтен број: SPA 12 K 774, ECPADФранцуски војници спроведуваат реквизиција на фарма кон крајот на 1915. Фотограф: Гастон Шеро. Референтен број: SPA 12 K 858, ECPADФотографија 27: Ранети војници се враќаат од нападот на котата 1248 на 19 март 1917. Фотограф: непознат. Референтен број: SPA 92 K 5788, ECPADФотографија 28: Подготовка за стрелба на француски артилериски орудија од 155 mm по течението на Црна Река. Фотограф: Дибре. Референтен број: SPA 53 T 2217, ECPAD

Страница 16Фотографија 29: Црвена Стена, 16 март 1917, војници на прва борбена линија се штитат од студот по заземањето на ровот. Фотограф: непознат. Референтен број: SPA 92 K 5775, ECPAD

Page 20: 04.11.2014 Stogodini Od Prvata Svetska Vojna

20