35
наставник по англиски јазик Татјана Бошковиќ Подготовка за наставен час по англиски јазик во I одделение 1.Идентификациони податоци 1.Наслов и број на наставната единица: Тема бр.1- Me and the others (Јас и другите) 2.Наслов на наставната целина: Презентација на текстот A cat, kittens, lost and found mittens (Мачка, мачиња и изгубени и пронајдени ракавички) 3.Тип на час а)обработка б)увежбување в)утврдување г) ________________ 4. Реализација: 01.10.2012 - 8 час 2.Цели на часот: Ученикот да може: да го збогати својот вокабулар со нови зборови кои се среќаваат во текстот да учествува во раскажувањето на текстот преку мимики, повторување на клучните зборчиња и сл. 3.Наставни методи а)дијалошки б)аудио-лингвална в)тивко учење г)учење во заедница д)тивок приод ѓ)природен метод е)ТПР ж)структурална з)кооперативно учење 4.Форми на работа 1.фронтална 2.работа во групи 3.индивидуална 4. работа во парови 5.Наставни средства и помагала О.У. „Лазо Трповски“ – Скопје учебна 2012 / 2013

109901095 Dnevni Podgotovki I Odd

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Podgotovki

Citation preview

Page 1: 109901095 Dnevni Podgotovki I Odd

наставник по англиски јазикТатјана Бошковиќ

Подготовка за наставен час

по англиски јазик во I одделение

1.Идентификациони податоци

1.Наслов и број на наставната единица: Тема бр.1- Me and the others (Јас и другите)

2.Наслов на наставната целина: Презентација на текстот A cat, kittens, lost and found mittens (Мачка,

мачиња и изгубени и пронајдени ракавички)

3.Тип на час а)обработка б)увежбување в)утврдување г) ________________

4. Реализација: 01.10.2012 - 8 час

2.Цели на часот: Ученикот да може:

да го збогати својот вокабулар со нови зборови кои се среќаваат во текстот

да учествува во раскажувањето на текстот преку мимики, повторување на клучните зборчиња и сл.

3.Наставни методи

а)дијалошки б)аудио-лингвална в)тивко учење г)учење во заедница

д)тивок приод ѓ)природен метод е)ТПР ж)структурална з)кооперативно учење

4.Форми на работа

1.фронтална 2.работа во групи 3.индивидуална 4. работа во парови

5.Наставни средства и помагала

Учебник,работна тетратка ,касетофон ,ДВД/ЦД ,слики , ,прирачник за наставници, наставно

ливче-боенка, боички, ножици, флеш карти, предмети во училницата и сл.

6.Организација на часот по фази

Воведен дел : Наставникот ги прашува учениците да му набројат неколку домашни животни.

Потоа ги прашува учениците да му кажат дали дома имаат некои миленици и кои миленици ги

имаат. Потоа бара да ги именуваат нивните миленици и да чажат зошто ги чуваат истите.

Главен дел: Наставникот со употреба на флеш карти ги поучува новите зборчиња кои се

среќаваат во приказната. Учениците ги повторуваат зборчињата повеќе пати за да го увежбаат

нивниот изговор.

О.У. „Лазо Трповски“ – Скопјеучебна 2012 / 2013

Page 2: 109901095 Dnevni Podgotovki I Odd

наставник по англиски јазикТатјана Бошковиќ

Наставникот ги претставува животните од приказната и ја раскажува истата правејќи соодветни

движења и употребувајќи слики при раскажувањето. Учениците внимателно го следат.

Наставникот ја раскажува приказната уште еднаш, но сега ги охрабрува и учениците да му се

придружат во раскажувањето преку правење на соодветни движења и преку повторување на

новите зборчиња.

Наставникот кажува зборче на англиски а учениците го имитираат слушнатото животно или со

мимики го објаснуваат слушнатиот предмет.

Завршен дел : Наставникот дистрибуира наставно ливче- боенка со мачка и им дава инструкции

како да ја обојат сликата. Учениците ја обојуваат сликата и ја отсекуваат со ножици. Додека тие

работат, наставникот се движи низ училницата поставувајќи им прашања за мачката која ја

обојуваат на сликата. Потоа секој ученик и дава име на неговата мачка.

Дополнителна активност: Игра –погоди го животното. Еден ученик излегува пред одделението

и имитира некое животно, а останатите од одделението треба да го погодат животното. Доколку го

знаат зборчето на англиски, тие го кажуваат истото на англиски јазик (на пр. dog, cat, kitten.).

Откако ќе го погодат животното, друг ученик имитира животно.

Евалуација –формативно оценување Постојано следење на активноста на ученикот преку

бележење во чек-листа, мотивираноста за учење на ученикот, учеството во активности, интересот

за учење на ученикот , соработката со соучениците на ученикот и сл.

Рефлексија на наставниот час: Учениците ги усвоија предвидените зборчиња и учествуваа во

раскажувањето на текстот преку правење мимики и повторување на новите зборчиња кои се

среќаваат во текстот, а со тоа беа постигнати целите на часот.

Приказната која ја раскажуваше наставникот им беше доста интересна.

О.У. „Лазо Трповски“ – Скопјеучебна 2012 / 2013

Page 3: 109901095 Dnevni Podgotovki I Odd

наставник по англиски јазикТатјана Бошковиќ

Подготовка за наставен час

по англиски јазик во I одделение

1.Идентификациони податоци

1.Наслов и број на наставната единица: Тема бр.1- Me and the others (Јас и другите)

2.Наслов на наставната целина: . Прераскажување на текстот A cat, kittens, lost and found mittens

(Мачка, мачиња и изгубени и пронајдени ракавички)

3.Тип на час а)обработка б)увежбување в)утврдување г) ________________

4. Реализација: 03.10.2012 - 9 час

2.Цели на часот: Ученикот да може: да го збогати својот вокабулар со нови зборови кои се среќаваат во текстот и да се потсети

на зборовите кои беа поучувани во текот на претходниот час

да учествува во раскажувањето на текстот преку мимики, повторување на клучните

зборчиња и сл.

3.Наставни методи

а)дијалошки б)аудио-лингвална в)тивко учење г)учење во заедница

д)тивок приод ѓ)природен метод е)ТПР ж)структурална з)кооперативно учење

4.Форми на работа

1.фронтална 2.работа во групи 3.индивидуална 4. работа во парови

5.Наставни средства и помагала

Учебник,работна тетратка ,касетофон ,ДВД/ЦД ,слики , ,прирачник за наставници, наставно

ливче-боенка, боички, ножици, флеш карти, предмети во училницата и сл.

6.Организација на часот по фази

Воведен дел Наставникот ги потсетува учениците на клучните зборови кои беа поучувани

претходниот час. Тој користи флеш карти за оваа активност. Учениците ги гледаат картите и го

изговараат соодветниот збор. Потоа со мимики наставникот им ги објаснува зборовите а тие ги

погодуваат.

О.У. „Лазо Трповски“ – Скопјеучебна 2012 / 2013

Page 4: 109901095 Dnevni Podgotovki I Odd

наставник по англиски јазикТатјана Бошковиќ

Главен дел: Наставникот со употреба на флеш карти поучува нови зборчиња кои се среќаваат во

приказната. Учениците ги повторуваат зборчињата повеќе пати за да го увежбаат нивниот изговор.

Наставникот со употреба на слики или флеш карти ја раскажува приказната и им дава инструкции

на учениците. Учениците внимателно го следат раскажувањето од наставникот и кога ќе ги

слушнат зборовите dog и cat треба да ги имитираат гласовите кои ги прават овие животни (ав-ав,

мјау).

Наставникот дистрибуира наставно ливче-боенка со слики од ракавички, а учениците ги обојуваат

истите. Додека тие работат наставникот се движи низ училницата и ги прашува за веќе учените

зборчиња (ракавички, куче, мачка, маченце и сл.)

Завршен дел : Учениците ја играат играта “duck, duck, goose” при што учениците се седнати во

круг, а еден ученик кружи околу нив и вели “duck, duck,... ” се додека не стигне до еден од

учениците кој го одбрал. Тогаш вели “goose”, а тој ученик брза да го фати. Доколку не го фати,

ученикот кој е одбран е следниот кој кружи околу другите ученици.

Дополнителна активност: Игра –погоди го зборчето. Учениците се поделени во групи.

Наставникот сокрива животни-играчки во училницата , а тие треба да ги пронајдат. Онаа група

која ќе пронајде најмногу играчки е победник во играта.

Евалуација –формативно оценување Постојано следење на активноста на ученикот преку

бележење во чек-листа, мотивираноста за учење на ученикот, учеството во активности, интересот

за учење на ученикот , соработката со соучениците на ученикот и сл.

Рефлексија на наставниот час: Учениците ги усвоија предвидените зборчиња, ги изговараа веќе

познатите зборчиња и учествуваа во раскажувањето на текстот преку имитирање на животните, а

со тоа беа постигнати целите на часот.

Сите ученици учествуваа во активностите предвидени за овој час, но најинтересна им беше играта

“duck, duck, goose”.

О.У. „Лазо Трповски“ – Скопјеучебна 2012 / 2013

Page 5: 109901095 Dnevni Podgotovki I Odd

наставник по англиски јазикТатјана Бошковиќ

Подготовка за наставен час

по англиски јазик во I одделение

1.Идентификациони податоци

1.Наслов и број на наставната единица: Тема бр.1- Me and the others (Јас и другите)

2.Наслов на наставната целина: Одбираме животни за наши пријатели

3.Тип на час а)обработка б)увежбување в)утврдување г) ________________

4. Реализација: 08.10.2012- 10час

2.Цели на часот: Ученикот да може:

да се потсети на зборовите кои беа поучувани во текот на претходниот час да учествува во раскажувањето на текстот преку правење на соодветни движења и

гестикулации и сл.

3.Наставни методи

а)дијалошки б)аудио-лингвална в)тивко учење г)учење во заедница

д)тивок приод ѓ)природен метод е)ТПР ж)структурална з)кооперативно учење

4.Форми на работа

1.фронтална 2.работа во групи 3.индивидуална 4. работа во парови

5.Наставни средства и помагала

Учебник,работна тетратка ,касетофон ,ДВД/ЦД ,слики , ,прирачник за наставници, наставно

ливче-боенка, боички, ножици, флеш карти, предмети во училницата и сл.

6.Организација на часот по фази

Воведен дел Наставникот поканува еден од учениците да излезе пред одделението и да се обиде

да направи тажно лице и среќно лице. Останатите од одделението треба да погодат и да го

изговорат соодветното зборче (happy, sad) . Оваа активност се повторува и со останатите ученици

од одделението.

Главен дел Наставникот со употреба на флеш карти ги потсетува учениците на веќе познатите

зборови. Учениците ги гледаат флеш картите и го изговараат соодветниот збор. Доколку има

потреба наставникот им помага.

О.У. „Лазо Трповски“ – Скопјеучебна 2012 / 2013

Page 6: 109901095 Dnevni Podgotovki I Odd

наставник по англиски јазикТатјана Бошковиќ

Наставникот со употреба на слики или флеш карти ја раскажува приказната правејќи соодветни

движења и гестикулации, а учениците му се придружуваат. Наставникот покажува слики од

животни (домашни и диви животни), а учениците одбираат кои животни ги сакаат за нивни

пријатели, а кои животни ги сметаат за лоши и не ги сакаат за пријатели.

Наставникот дистрибуира наставно ливче-боенка со слики од тажно лице и среќно лице.

Учениците ги обојуваат сликите, а наставникот се движи низ училницата додека тие работат и ги

прашува за зборчињата поврзани со сликите (тажен, среќен).

Завршен дел Наставникот ги става флеш картите со веќе познатите зборови во кутија, но

претходно им ги покажува картичките на учениците. Тој ги вади картичките од кутијата една по

една, а учениците ги именуваат предметите и животните од сликите, но наставникот остава една

картичка во кутијата, а учениците треба да погодат која е таа картичка, односно кое е зборчето

претставено на картичката.

Дополнителна активност: Игра – “огледало”. Учениците се поделени во парови. Еден ученик е

актер, а другиот е огледало. Ученикот-актер прави некои движења, а ученикот-огледало треба да

го следи и да ги прави истите движења. Учениците одбираат најдобар пар на актер-огледало.

Евалуација –формативно оценување Постојано следење на активноста на ученикот преку

бележење во чек-листа, мотивираноста за учење на ученикот, учеството во активности, интересот

за учење на ученикот , соработката со соучениците на ученикот и сл.

Рефлексија на наставниот час: Учениците ги изговараа веќе познатите зборчиња и учествуваа во

раскажувањето на текстот преку правење на соодветни движења и гестикулации, а со тоа беа

постигнати целите на часот.Учениците покажаа најголем интерес при играта наречена “Огледало”.

О.У. „Лазо Трповски“ – Скопјеучебна 2012 / 2013

Page 7: 109901095 Dnevni Podgotovki I Odd

наставник по англиски јазикТатјана Бошковиќ

Подготовка за наставен час

по англиски јазик во I одделение

1.Идентификациони податоци

1.Наслов и број на наставната единица: Тема бр.1- Me and the others (Јас и другите)

2.Наслов на наставната целина: Обојување на слики од животни

3.Тип на час а)обработка б)увежбување в)утврдување г) ________________

4. Реализација: 10.10.2012 - 11час

2.Цели на часот: Ученикот да може: да се потсети на зборовите кои беа поучувани во текот на претходниот час

да ги групира сликите според даден критериум (на пр. боја)

да учествува во раскажувањето на текстот преку правење на соодветни движења и

гестикулации и сл.

3.Наставни методи

а)дијалошки б)аудио-лингвална в)тивко учење г)учење во заедница

д)тивок приод ѓ)природен метод е)ТПР ж)структурална з)кооперативно учење

4.Форми на работа

1.фронтална 2.работа во групи 3.индивидуална 4. работа во парови

5.Наставни средства и помагала

Учебник,работна тетратка ,касетофон ,ДВД/ЦД ,слики , ,прирачник за наставници, наставно

ливче-боенка, боички, ножици, флеш карти, предмети во училницата и сл.

6.Организација на часот по фази

Воведен дел Наставникот ја прераскажува приказната за мачката, мачињата и нивните ракавички,

а учениците со мимики и гестикулации ги објаснуваат клучните зборчиња. Потоа наставникот

покажува слики од животни, а учениците одбираат кои животни ги сакаат за миленичиња и ги

имитираат истите.

Главен дел Наставникот бара од учениците да ги нацртаат нивните омилени животни и да ги

претстават на останатите од одделението.

О.У. „Лазо Трповски“ – Скопјеучебна 2012 / 2013

Page 8: 109901095 Dnevni Podgotovki I Odd

наставник по англиски јазикТатјана Бошковиќ

Наставникот дистрибуира наставно ливче-боенка на која има претставено слика од мачка и

учениците по нивен избор ја обојуваат сликата. Потоа ги групираат нивните изработки според

бојата која ја употребиле за обојување на дадената слика (на пр. “кафена мачка” и сите кои ја

обоиле сликата од мачката со кафена боја креваат рака). Сите заедно бројат колку ученици ја

употребиле истата боја.

Наставникот ги потсетува учениците на веќе познатите бои, а потоа учениците ја играат играта

“допри предмет во ... боја”, при што наставникот кажува боја, а учениците брзаат да допрат

предмет во истата боја.

Завршен дел Наставникот ги става флеш картите со веќе познатите зборови во кутија, но

претходно им ги покажува картичките на учениците. Учениците еден по еден извлекуваат некоја

од картичките, го објаснуваат зборчето со мимики и гестикулации за останатите од одделението да

го погодат. Наставникот им помага доколку има потреба од тоа.

Дополнителна активност: Наставникот кажува животни, а учениците треба да ги имитираат

истите правејќи соодветни движења.

Евалуација –формативно оценување Постојано следење на активноста на ученикот преку

бележење во чек-листа, мотивираноста за учење на ученикот, учеството во активности, интересот

за учење на ученикот , соработката со соучениците на ученикот и сл.

Рефлексија на наставниот час: Учениците ги изговараа веќе познатите зборчиња и учествуваа во

раскажувањето на текстот преку правење на соодветни движења и гестикулации. Учениците

можеа да ги групираат сликите според бојата, но мал дел од учениците беа несигурни при оваа

активност. Сите ученици учествуваа во предвидените активности.

О.У. „Лазо Трповски“ – Скопјеучебна 2012 / 2013

Page 9: 109901095 Dnevni Podgotovki I Odd

наставник по англиски јазикТатјана Бошковиќ

Подготовка за наставен час

по англиски јазик во I одделение

1.Идентификациони податоци

1.Наслов и број на наставната единица: Тема бр.1- Me and the others (Јас и другите)

2.Наслов на наставната целина: Вежби- поздрави и броеви до 5

3.Тип на час а)обработка б)увежбување в)утврдување г) ________________

4. Реализација: 15.10.2012 - 12 час

2.Цели на часот: Ученикот да може:

да ги усвои броевите до 5

да увежба поздравување и отпоздравување

да соработува со соучениците при заеднички активности

3.Наставни методи

а)дијалошки б)аудио-лингвална в)тивко учење г)учење во заедница

д)тивок приод ѓ)природен метод е)ТПР ж)структурална з)кооперативно учење

4.Форми на работа

1.фронтална 2.работа во групи 3.индивидуална 4. работа во парови

5.Наставни средства и помагала

Учебник,работна тетратка ,касетофон ,ДВД/ЦД ,слики , ,прирачник за наставници, наставно

ливче-боенка, боички, ножици, флеш карти, предмети во училницата и сл.

6.Организација на часот по фази

Воведен дел Наставникот оди од ученик до ученик и го поздравува со “hello”, а ученикот му

возвраќа на поздравот на истиот начин. Потоа, во парови, учениците се движат низ училницата и

кога ќе сретнат друг пар на ученици ги поздравуваат со “hello”. Потоа наставникот ја пее

песничката “Hello, hello, goodbye, goodbye”, а учениците прават соодветни движења.

Главен дел Наставникот со употреба на постер со броевите, ги поучува броевите до 5. Учениците

го повторуваат секој број повеќе пати увежбувајќи го нивниот изговор. Потоа наставникот, бара

заедно да бројат помал број на предмети кои се среќаваат во училницата.

О.У. „Лазо Трповски“ – Скопјеучебна 2012 / 2013

Page 10: 109901095 Dnevni Podgotovki I Odd

наставник по англиски јазикТатјана Бошковиќ

Наставникот ги поучува учениците како да се претстават самите себе и да прашаат некого како се

вика. Наставникот се движи од еден ученик до друг и ги прашува за нивното име, а името им го

запишува на постер на кој се нацртани отпечатоци од нивните раце.Учениците ги обојуваат

отпечатоците од рацете. Потоа учениците еден на друг го поставуваат истото прашање и си ги

кажуваат нивните имиња.

Завршен дел Наставникот ги става флеш картите со веќе познатите броеви во кутија, но

претходно им ги покажува картичките на учениците. Наставникот вади една по една картичка со

некој број, а учениците треба да го погодат бројот кој наставникот го извлекол од кутијата. Оној

ученик кој прв ќе го погоди бројот е следниот кој извлекува картичка.

Дополнителна активност: Наставникот ги дели учениците во групи и секоја група добива број од

1 до 5. Потоа наставникот пее песничка за броевите, а учениците кога ќе го слушнат нивниот број

треба да кренат рака. Потоа наставникот ги прашува учениците од групата дали ги запаметиле

броевите на другите групи.

Евалуација –формативно оценување Постојано следење на активноста на ученикот преку

бележење во чек-листа, мотивираноста за учење на ученикот, учеството во активности, интересот

за учење на ученикот , соработката со соучениците на ученикот и сл.

Рефлексија на наставниот час: Учениците ги усвоија броевите до 6 со мали потешкотии при

изговорот кај мал дел од учениците. Можат да поздрават некого и да се претстават самите. Целите

на часот беа постигнати и учениците беа доста активни во текот на часот

О.У. „Лазо Трповски“ – Скопјеучебна 2012 / 2013

Page 11: 109901095 Dnevni Podgotovki I Odd

наставник по англиски јазикТатјана Бошковиќ

Подготовка за наставен час

по англиски јазик во I одделение

1.Идентификациони податоци

1.Наслов и број на наставната единица: Тема бр.1- Me and the others (Јас и другите)

2.Наслов на наставната целина: Вежби-едноставни наредби и бои

3.Тип на час а)обработка б)увежбување в)утврдување г) ________________

4. Реализација: 17.10.2012 - 13час

2.Цели на часот: Ученикот да може:

да ги увежба боите

да ги усвои и увежба едноставните наредби кои се применуваат во училница

да соработува со соучениците при заеднички активности

3.Наставни методи

а)дијалошки б)аудио-лингвална в)тивко учење г)учење во заедница

д)тивок приод ѓ)природен метод е)ТПР ж)структурална з)кооперативно учење

4.Форми на работа

1.фронтална 2.работа во групи 3.индивидуална 4. работа во парови

5.Наставни средства и помагала

Учебник,работна тетратка ,касетофон ,ДВД/ЦД ,слики , ,прирачник за наставници, наставно

ливче-боенка, боички, ножици, флеш карти, предмети во училницата и сл.

6.Организација на часот по фази

Воведен дел Наставникот влегувајќи во училницата ги поздравува учениците со “hello” и од нив

бара да му возвратат на поздравот. Потоа ја прераскажува приказната, а учениците повторуваат

зборови и фрази од истата кои им се веќе познати.

Главен дел Наставникот со употреба на флеш карти ги потсетува учениците на веќе познатите

зборови со кои се именуваат бои. Учениците ги гледаат флеш картите и ја изговараат соодветната

боја. Доколку има потреба наставникот им помага.

О.У. „Лазо Трповски“ – Скопјеучебна 2012 / 2013

Page 12: 109901095 Dnevni Podgotovki I Odd

наставник по англиски јазикТатјана Бошковиќ

Потоа, наставникот бара од учениците да ги стават нивните боички пред нив и им дава инструкции

за следната активност-тој кажува боја, а тие одбираат од боичките и ја креваат онаа со соодветната

боја која ја слушнале. Наставникот ја повторува оваа активност уште еднаш.

Наставникот ги поучува наредбите “Stand up! и Sit down!” и ги увежбува истите преку игра-

наставникот кажува наредба а учениците ја извршуваат, оној кој ќе погреши излегува од игра.

Завршен дел Учениците одбираат еден предмет, животно или растение и го обојуваат во нивната

омилена боја. Потоа ги претставуваат нивните изработки пред останатите од одделението

именувајќи ја бојата која ја употребиле.

Дополнителна активност: Учениците ја играат играта со давање наредби, но сега наредбите ги кажува еден од учениците.

Евалуација –формативно оценување Постојано следење на активноста на ученикот преку

бележење во чек-листа, мотивираноста за учење на ученикот, учеството во активности, интересот

за учење на ученикот , соработката со соучениците на ученикот и сл.

Рефлексија на наставниот час: Учениците се потсетија на боите и ги увежбаа едноставните

наредби соработувајќи сите заедно, а со тоа беа постигнати целите на часот. Особено им беше

интересно играњето на играта со наредбите.

О.У. „Лазо Трповски“ – Скопјеучебна 2012 / 2013

Page 13: 109901095 Dnevni Podgotovki I Odd

наставник по англиски јазикТатјана Бошковиќ

Подготовка за наставен час

по англиски јазик во I одделение

1.Идентификациони податоци

1.Наслов и број на наставната единица: Тема бр.1- Me and the others (Јас и другите)

2.Наслов на наставната целина: Изведба на текстот “A cat, kittens, lost and found mittens” и

песничка “Three little kittens”

3.Тип на час а)обработка б)увежбување в)утврдување г) ________________

4. Реализација: 22.10.2012 - 14 час

2.Цели на часот: Ученикот да може:Ученикот да може:

да учествува во драматизација на текстот

да учествува во изведбата на песничката најдобро што може

да соработува со соучениците при заеднички активности

3.Наставни методи

а)дијалошки б)аудио-лингвална в)тивко учење г)учење во заедница

д)тивок приод ѓ)природен метод е)ТПР ж)структурална з)кооперативно учење

4.Форми на работа

1.фронтална 2.работа во групи 3.индивидуална 4. работа во парови

5.Наставни средства и помагала

Учебник,работна тетратка ,касетофон ,ДВД/ЦД ,слики , ,прирачник за наставници, наставно

ливче-боенка, боички, ножици, флеш карти, предмети во училницата и сл.

6.Организација на часот по фази

Воведен дел Наставникот ја раскажува приказната “A cat, kittens, lost and found mittens”, а

учениците внимателно го следат и му се придружуваат во раскажувањето преку повторување на

познатите зборови и фрази.

О.У. „Лазо Трповски“ – Скопјеучебна 2012 / 2013

Page 14: 109901095 Dnevni Podgotovki I Odd

наставник по англиски јазикТатјана Бошковиќ

Главен дел Наставникот ги дели учениците во групи од четири ученици. Секој ученик добива

своја улога во приказната. Потоа, во групи, учениците ја драматизираат приказната, при што

наставникот им помага со раскажувањето и изговорот на текстот. Учениците одбираат група која

најдобро ја драматизирала приказната.

Наставникот ја поучува песничката за трите мачиња. Учениците ја слушаат песничката повеќе

пати, а потоа се обидуваат да му се придружат на наставникот во изведбата на истата. При

пеењето на песничката наставникот прави соодветни движења, а учениците го следат и ги прават

соодветните движења.

Учениците добиваат наставно ливче-боенка со ликот на мачка кое треба да го обојат, а потоа и да

го отсечат и да го превиткаат за да може нивната мачка да стои.

Завршен дел Во мали групи, учениците ја изведуваат песничката за останатите од одделението.

Наставникот им помага во изведбата на истата песничка.

Дополнителна активност Наставникот дистрибуира копии од ракавички. Учениците ги

обојуваат, а потоа ги презентираат ракавичките кажувајќи во која боја се обоени истите.

Евалуација –формативно оценување Постојано следење на активноста на ученикот преку

бележење во чек-листа, мотивираноста за учење на ученикот, учеството во активности, интересот

за учење на ученикот , соработката со соучениците на ученикот и сл.

Рефлексија на наставниот час: Учениците учествуваа во драматизацијата на приказната и одбраа

која група најдобро ја драматизирала истата. Учествуваа во изведба на песничката за трите

мачиња иако делумно им беше тешко да ја научат истата, но сепак ја пееја најдобро што можат.

О.У. „Лазо Трповски“ – Скопјеучебна 2012 / 2013

Page 15: 109901095 Dnevni Podgotovki I Odd

наставник по англиски јазикТатјана Бошковиќ

Подготовка за наставен час

по англиски јазик во I одделение

1.Идентификациони податоци

1.Наслов и број на наставната единица: Тема бр.1- Me and the others (Јас и другите)

2.Наслов на наставната целина: Изведба на текстот “A cat, kittens, lost and found mittens” со

хартиен театар

3.Тип на час а)обработка б)увежбување в)утврдување г) ________________

4. Реализација: 24.10.2012 - 15час

2.Цели на часот: Ученикот да може: да учествува во раскажувањето на текстот да се потсети на клучните зборови од текстот да соработува со соучениците при заеднички активности

3.Наставни методи

а)дијалошки б)аудио-лингвална в)тивко учење г)учење во заедница

д)тивок приод ѓ)природен метод е)ТПР ж)структурална з)кооперативно учење

4.Форми на работа

1.фронтална 2.работа во групи 3.индивидуална 4. работа во парови

5.Наставни средства и помагала

Учебник,работна тетратка ,касетофон ,ДВД/ЦД ,слики , ,прирачник за наставници, наставно

ливче-боенка, боички, ножици, флеш карти, предмети во училницата и сл.

6.Организација на часот по фази

Воведен дел Наставникот со употреба на флеш карти ги потсетува учениците на клучните зборови

од текстот. Учениците ги именуваат поимите од флеш картите кои им ги покажува наставникот.

Главен дел Наставникот ја раскажува приказната со употреба на хартиен театар. Учениците

внимателно го следат наставникот.

Потоа, неколку од учениците ја раскажуваат приказната со помош од наставникот користејќи го

хартиениот театар. Останатите од одделението внимателно ја следат оваа активност.

О.У. „Лазо Трповски“ – Скопјеучебна 2012 / 2013

Page 16: 109901095 Dnevni Podgotovki I Odd

наставник по англиски јазикТатјана Бошковиќ

Наставникот им пушта видеозапис од песничка за трите мачиња. Учениците внимателно го следат

видеозаписот. Наставникот го пушта видеото уште еднаш, а потоа преку прашања бара да му

раскажат што виделе во краткото видео. Учениците одговараат на поставените прашања.

Завршен дел Наставникот дистрибуира наставно ливче на кое се претставени цветчиња и дава

инструкции како треба да се обојат цветовите. Учениците ја слушаат бојата која ја кажува

наставникот и го обојуваат соодветното цветче.

Дополнителна активност: Наставникот ги потсетува учениците на песничката за трите мачиња

која беше поучувана во текот на претходниот час. Учениците му се придружуваат на наставникот

во изведбата на песничката. Потоа, во групи ја пеат песничката, а наставникот им помага доколку

има потреба.

Евалуација –формативно оценување Постојано следење на активноста на ученикот преку

бележење во чек-листа, мотивираноста за учење на ученикот, учеството во активности, интересот

за учење на ученикот , соработката со соучениците на ученикот и сл.

Рефлексија на наставниот час: Учениците учествуваа во раскажувањето на приказната и во

изведба на песничката за трите мачиња која беше поучувана претходниот час. Тие внимателно го

следеа крткиот видеозапис од песничка за трите мачиња и одговараа на прашањата од

наставникот. На барање од учениците наставникот го пушти видеото повеќе пати.

О.У. „Лазо Трповски“ – Скопјеучебна 2012 / 2013

Page 17: 109901095 Dnevni Podgotovki I Odd

наставник по англиски јазикТатјана Бошковиќ

Подготовка за наставен час

по англиски јазик во I одделение

1.Идентификациони податоци

1.Наслов и број на наставната единица: Тема бр.1- Me and the others (Јас и другите)

2.Наслов на наставната целина: Корелација со дома изготвениот семеен албум-членови на

семејството

3.Тип на час а)обработка б)увежбување в)утврдување г) ________________

4. Реализација: 29.10.2012 - 16час

2.Цели на часот: Ученикот да може: да се потсети на вокабуларот -членови во семејството да ги претстави членовите во неговото семејство да учествува во индивидуални и заеднички активности

3.Наставни методи

а)дијалошки б)аудио-лингвална в)тивко учење г)учење во заедница

д)тивок приод ѓ)природен метод е)ТПР ж)структурална з)кооперативно учење

4.Форми на работа

1.фронтална 2.работа во групи 3.индивидуална 4. работа во парови

5.Наставни средства и помагала

Учебник,работна тетратка ,касетофон ,ДВД/ЦД ,слики , ,прирачник за наставници, наставно

ливче-боенка, боички, ножици, флеш карти, предмети во училницата и сл.

6.Организација на часот по фази

Воведен дел Наставникот со употреба на флеш карти ги потсетува учениците на зборовите кои беа

поучувани во текот на претходниот час, а со кои се именуваа членови во семејството. Учениците

ги именуваат поимите од флеш картите кои им ги покажува наставникот. Учениците ја играат

играта “расипан телефон” со зборови со кои се именуваат членови во семејството.

Главен дел Наставникот ги потсетува учениците на веќе познатите бои покажувајќи предмети

обоени во различни бои.

О.У. „Лазо Трповски“ – Скопјеучебна 2012 / 2013

Page 18: 109901095 Dnevni Podgotovki I Odd

наставник по англиски јазикТатјана Бошковиќ

Наставникот ги прашува учениците дали носат слики од членовите во нивното семејство. Оние

ученици кои носат слики излегуваат пред одделението и ги претставуваат членовите во нивното

семејство притоа покажувајќи ги нивните слики. Наставникот им помага доколку има потреба од

тоа. Потоа, ги цртаат членовите во нивните семејства.

Завршен дел Наставникот дистрибуира наставно ливче-боенка со членови во семејството.

Учениците ја обојуваат сликата. Додека тие работат наставникот се движи низ училницата и ги

прашува за членовите во семејството дадени на сликата.

Дополнителна активност: Наставникот ги дели учениците во парови. Еден од учениците во

парот се врти со грб кон другиот ученик, а тој со рака на грбот му пишува еден број до 6.

Ученикот кој е свртен со грбот треба да го погоди бројот и да го изговори на англиски јазик. Потоа

си ги заменуваат улогите.

Евалуација –формативно оценување Постојано следење на активноста на ученикот преку

бележење во чек-листа, мотивираноста за учење на ученикот, учеството во активности, интересот

за учење на ученикот , соработката со соучениците на ученикот и сл.

Рефлексија на наставниот час Учениците учествуваа во играта потсетувајќи се на членовите во

семејството. Покажувајќи слики тие ги претставуваа членовите во нивното семејство, но дел од

учениците имаа заборавено слики од членовите во нивните семејства.

О.У. „Лазо Трповски“ – Скопјеучебна 2012 / 2013

Page 19: 109901095 Dnevni Podgotovki I Odd

наставник по англиски јазикТатјана Бошковиќ

Подготовка за наставен час

по англиски јазик во I одделение

1.Идентификациони податоци

1.Наслов и број на наставната единица: Тема бр.1- Me and the others (Јас и другите)

2.Наслов на наставната целина Изработка на брошура со клучните зборови од оваа тема

3.Тип на час а)обработка б)увежбување в)утврдување г) ________________

4. Реализација: 31.10.2012 - 17 час

2.Цели на часот: Ученикот да може: да се потсети на вокабуларот кој беше поучуван во оваа тема да изработи брошура со клучните зборови од темата да учествува во индивидуални и заеднички активности

3.Наставни методи

а)дијалошки б)аудио-лингвална в)тивко учење г)учење во заедница

д)тивок приод ѓ)природен метод е)ТПР ж)структурална з)кооперативно учење

4.Форми на работа

1.фронтална 2.работа во групи 3.индивидуална 4. работа во парови

5.Наставни средства и помагала

Учебник,работна тетратка ,касетофон ,ДВД/ЦД ,слики , ,прирачник за наставници, наставно

ливче-боенка, боички, ножици, флеш карти, предмети во училницата и сл.

6.Организација на часот по фази

Воведен Наставникот со употреба на флеш карти ги потсетува учениците на зборовите кои беа

поучувани во склоп на оваа тема. Учениците ги именуваат поимите од флеш картите кои им ги

покажува наставникот. Потоа заедно со наставникот ја пеат песничката за трите мачиња.

Главен дел Наставникот им покажува брошура на учениците која тој однапред ја има изработено.

Потоа, наставникот дава инструкции како учениците да ги изработат нивните брошури. Учениците

ги следат инструкциите од наставникот и ги изработуваат брошурите.

Додека учениците работат, наставникот се движи низ училницата и ги прашува учениците што

цртаат и кои бои ги имаат употребено при изработката на нивната брошура.

О.У. „Лазо Трповски“ – Скопјеучебна 2012 / 2013

Page 20: 109901095 Dnevni Podgotovki I Odd

наставник по англиски јазикТатјана Бошковиќ

Завршен дел Учениците на играат играта пронајди го предметот. Наставникот кажува една боја, а

учениците треба да го пронајдат предметот во училницата обоен во таа боја. Оној ученик кој ќе

погоди е следниот кој кажува боја.

Дополнителна активност: Наставникот покажува картичка со една од боите. Учениците треба да

ја именуваат бојата и да проверат дали ја имаат на нивната облека.

Евалуација –формативно оценување Постојано следење на активноста на ученикот преку

бележење во чек-листа, мотивираноста за учење на ученикот, учеството во активности, интересот

за учење на ученикот , соработката со соучениците на ученикот и сл.

Рефлексија на наставниот час Учениците се потсетија на клучните зборови од темата

изработувајќи брошура со истите. Во текот на часот не беа забележани некои потешкотии при

учеството на учениците во реализираните активности.

О.У. „Лазо Трповски“ – Скопјеучебна 2012 / 2013

Page 21: 109901095 Dnevni Podgotovki I Odd

наставник по англиски јазикТатјана Бошковиќ

Подготовка за наставен час

по англиски јазик во I одделение

1.Идентификациони податоци

1.Наслов и број на наставната единица: Тема бр.1- Me and the others (Јас и другите)

2.Наслов на наставната целина Изработка на брошура со клучните зборови од оваа тема

3.Тип на час а)обработка б)увежбување в)утврдување г) ________________

4. Реализација: 05.11.2012 - 18 час

2.Цели на часот: Ученикот да може: да се потсети на вокабуларот од оваа тема да ја претстави својата изработка-брошурата да учествува во индивидуални и заеднички активности

3.Наставни методи

а)дијалошки б)аудио-лингвална в)тивко учење г)учење во заедница

д)тивок приод ѓ)природен метод е)ТПР ж)структурална з)кооперативно учење

4.Форми на работа

1.фронтална 2.работа во групи 3.индивидуална 4. работа во парови

5.Наставни средства и помагала

Учебник,работна тетратка ,касетофон ,ДВД/ЦД ,слики , ,прирачник за наставници, наставно

ливче-боенка, боички, ножици, флеш карти, предмети во училницата и сл.

6.Организација на часот по фази

Воведен дел Наставникот ја раскажува приказната, а неколку од учениците ги играат улогите на

ликовите од приказната. Останатите од одделението кога ќе го слушнат зборот “мачка” (cat) или

“маче“ (kitten) извикуваат “мјау”, а кога ќе го слушнат зборот “куче” (dog) извикуваат “ав-ав”.

Главен дел Наставникот ги потсетува учениците на зборовите кои се среќаваат во оваа тема, а кои

се веќе познати при што користи флеш карти и слики. Учениците ги гледаат картичките и ги

изговараат зборовите.

Наставникот ги потсетува учениците дека претходниот час изработија брошури и дека секој треба

да ја презентира неговата изработка пред останатите од одделението. Учениците еден по еден

излегуваат и ги претставуваат нивните брошури, именувајќи ги броевите до 3, нивните омилени

бои и омиленото животно. Наставникот им помага доколку има потреба од тоа.

О.У. „Лазо Трповски“ – Скопјеучебна 2012 / 2013

Page 22: 109901095 Dnevni Podgotovki I Odd

наставник по англиски јазикТатјана Бошковиќ

Потоа, наставникот ги става брошурите во кутија и извлекува една брошура, а учениците треба да

погодат кој ја изработил истата. Оној кој ќе погоди е следниот кој извлекува брошура од кутијата.

Завршен дел Учениците ја играат играта наречена модел и глина. Наставникот ги дели учениците

во група од тројца каде еден е модел, другиот е глина, а третиот е уметникот. Моделот прави

некоја поза, а уметникот треба да го намести ученикот- глина во истата поза. Ученикот-глина е

свртен со грб кон ученикот-модел.

Дополнителна активност: Игра. Еден ученик излегува пред одделението и е свртен со грб кон

другите. Еден од учениците во групата извикува “hello”, а ученикот свртен со грб треба да погоди

кој ученик кажал “hello”. Доколку го погоди ученикот седнува во групата, а ученикот кој го

погодиле излегува и се свртува со грб кон одделението.

Евалуација –формативно оценување Постојано следење на активноста на ученикот преку

бележење во чек-листа, мотивираноста за учење на ученикот, учеството во активности, интересот

за учење на ученикот , соработката со соучениците на ученикот и сл.

Рефлексија на наставниот час Учениците ги именуваа клучните зборови од оваа тема преку

употреба на флеш карти од страна на наставникот и ги претставија нивните брошури, иако на

поголем дел од учениците им беше потребна помош при оваа активност. Соработуваа при

учеството во заеднички активности-игри кои им беа доста интересни.

О.У. „Лазо Трповски“ – Скопјеучебна 2012 / 2013

Page 23: 109901095 Dnevni Podgotovki I Odd

наставник по англиски јазикТатјана Бошковиќ

Подготовка за наставен час

по англиски јазик во I одделение

1.Идентификациони податоци

1.Наслов и број на наставната единица: Тема бр.1- Me and the others (Јас и другите)

2.Наслов на наставната целина Изработка на брошура со клучните зборови од оваа тема

3.Тип на час а)обработка б)увежбување в)утврдување г) ________________

4. Реализација: 07.11.2012 - 19 час

2.Цели на часот: Ученикот да може:3.Наставни методи

а)дијалошки б)аудио-лингвална в)тивко учење г)учење во заедница

д)тивок приод ѓ)природен метод е)ТПР ж)структурална з)кооперативно учење

4.Форми на работа

1.фронтална 2.работа во групи 3.индивидуална 4. работа во парови

5.Наставни средства и помагала

Учебник,работна тетратка ,касетофон ,ДВД/ЦД ,слики , ,прирачник за наставници, наставно

ливче-боенка, боички, ножици, флеш карти, предмети во училницата и сл.

6.Организација на часот по фази

Воведен дел Наставникот ја раскажува приказната, а неколку од учениците ги играат улогите на

ликовите од приказната. Останатите од одделението кога ќе го слушнат зборот “мачка” (cat) или

“маче“ (kitten) извикуваат “мјау”, а кога ќе го слушнат зборот “куче” (dog) извикуваат “ав-ав”.

Главен дел Наставникот ги потсетува учениците на зборовите кои се среќаваат во оваа тема, а кои

се веќе познати при што користи флеш карти и слики. Учениците ги гледаат картичките и ги

изговараат зборовите.

Наставникот ги потсетува учениците дека претходниот час изработија брошури и дека секој треба

да ја презентира неговата изработка пред останатите од одделението. Учениците еден по еден

излегуваат и ги претставуваат нивните брошури, именувајќи ги броевите до 3, нивните омилени

бои и омиленото животно. Наставникот им помага доколку има потреба од тоа.

Потоа, наставникот ги става брошурите во кутија и извлекува една брошура, а учениците треба да

погодат кој ја изработил истата. Оној кој ќе погоди е следниот кој извлекува брошура од кутијата.

О.У. „Лазо Трповски“ – Скопјеучебна 2012 / 2013

Page 24: 109901095 Dnevni Podgotovki I Odd

наставник по англиски јазикТатјана Бошковиќ

Завршен дел Учениците ја играат играта наречена модел и глина. Наставникот ги дели учениците

во група од тројца каде еден е модел, другиот е глина, а третиот е уметникот. Моделот прави

некоја поза, а уметникот треба да го намести ученикот- глина во истата поза. Ученикот-глина е

свртен со грб кон ученикот-модел.

Дополнителна активност: Игра. Еден ученик излегува пред одделението и е свртен со грб кон

другите. Еден од учениците во групата извикува “hello”, а ученикот свртен со грб треба да погоди

кој ученик кажал “hello”. Доколку го погоди ученикот седнува во групата, а ученикот кој го

погодиле излегува и се свртува со грб кон одделението.

Евалуација –формативно оценување Постојано следење на активноста на ученикот преку

бележење во чек-листа, мотивираноста за учење на ученикот, учеството во активности, интересот

за учење на ученикот , соработката со соучениците на ученикот и сл.

Рефлексија на наставниот час Учениците ги именуваа клучните зборови од оваа тема преку

употреба на флеш карти од страна на наставникот и ги претставија нивните брошури, иако на

поголем дел од учениците им беше потребна помош при оваа активност. Соработуваа при

учеството во заеднички активности-игри кои им беа доста интересни.

О.У. „Лазо Трповски“ – Скопјеучебна 2012 / 2013

Page 25: 109901095 Dnevni Podgotovki I Odd