103
ПЛАН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО НАЦИОНАЛЕН ПАРК ГАЛИЧИЦА ЗА ПЕРИОДОТ 2011-2020 ИЗМЕНИ 2015 -ПРЕДЛОГ- ОХРИД, ЈУНИ 2015 ГОДИНА

Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

  • View
    23

  • Download
    12

Embed Size (px)

DESCRIPTION

ИЗМЕНИ ВО ПЛАНОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО НАЦИОНАЛЕН ПАРК „ГАЛИЧИЦА“ ЗА ПЕРИОДОТ 2011 - 2020 ГОДИНА

Citation preview

Page 1: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

ПЛАН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО НАЦИОНАЛЕН ПАРК ГАЛИЧИЦА

ЗА ПЕРИОДОТ 2011-2020

ИЗМЕНИ 2015 -ПРЕДЛОГ-

ОХРИД, ЈУНИ 2015 ГОДИНА

Page 2: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

ПРВИЧНАТА ВЕРЗИЈА ОД ЈУЛИ 2014 ГОДИНА Е ИЗРАБОТЕНА ОД: Друштво за еколошки истражувања, заштита на биодиверзитетот и унапредување на одржливиот развој БИОЕКО – Скопје Д-р Светозар Петковски Д-р Весна Сидоровска Проф. д-р Александар Трендафилов

АЖУРИРАНАТА ВЕРЗИЈА ОД ЈУНИ 2015 ГОДИНА Е ИЗРАБОТЕНА ОД: Citrus Partners LLP Јавна установа Национален парк Галичица

Page 3: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

i

СОДРЖИНА

1. Вовед ................................................................................................................................. 1

2. Законска основа за измени на Планот за управување со Национален парк

Галичица за периодот 2011-2020 година, со образложение и претпоставки ............. 5

2.1. Ски центар Галичица ............................................................................................... 8

2.2. Експресен пат А3 Охрид – Пештани – граница со Република Албанија .......... 19

2.3. Туристички развојни зони ..................................................................................... 29

2.4. Туристичко развојна зона „Љубаништа“ ............................................................. 30

2.5. Туристичко развојна зона „Отешево“ .................................................................. 32

2.6. Туристичко развојна зона „Стење“ ....................................................................... 33

3. Анализа за влијанието на развојните проекти врз природата ................................... 34

4. Нацрт измени на Планот за управување ..................................................................... 34

4.1. Изменето Поглавје 1.2.1 („Сопственост“) ............................................................ 37

4.2. Изменето Поглавје 5.2.1.5 („Урбанизација и инфраструктура“) ....................... 37

4.3. Изменета Табела 5-1 („Преглед на општите, посебните и оперативните цели

за управување со Национален парк Галичица“) од Поглавје 5.4 (Цели на

управувањето) ......................................................................................................... 38

4.4. Изменето Поглавје 6.2.2. („Опис на зоните“) ...................................................... 51

4.5. Изменети табели во Поглавје 6.4 („Програми на проекти и активности“) ....... 57

4.6. Изменети табели од Прилог 2 ............................................................................... 62

5. Управување, неутрализирање на влијанијата и мониторинг на негативните

влијанија ......................................................................................................................... 63

5.1. Принципи за компензација и неутрализирање на влијанијата на проектот ..... 63

5.2. Неутрализирање на влијанијата од проектот ....................................................... 64

5.3. Дизајн и подготовка на Проект ............................................................................. 66

5.4. Подготовка на ОВЖСО за Проектот .................................................................... 66

5.5. Управување и мониторинг на влијанијата од Проектот ..................................... 67

5.6. Независен мониторинг ........................................................................................... 68

6. Прилози ................................................................................................................................ 70

Прилог 1 Извадок од Нацрт записникот на Сто четириесет и втората седница на

Владата на РМ одржана на 24.06.2013 година ................................................. Error! Bookmark not defined.

Прилог 2 Извадок од Нацрт записникот на Сто педесет и втората седница на

Владата на РМ одржана на 03.09.2013 година ................................................. Error! Bookmark not defined.

Прилог 3 Толкување на законските одредби .................................................................... Error! Bookmark not defined.

Page 4: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

ii

Прилог 4 Одлука на Управниот одбор на Јавната установа Национален парк

Галичица за пристапување кон постапка за измени на Планот за

управување со Национален парк Галичица за периодот 2011-2020............... Error! Bookmark not defined.

Прилог 5 Одлука на Управниот одбор на Јавната установа Национален парк

Галичица за измена на Годишниот план за јавни набавки за 2013 ................ Error! Bookmark not defined.

Прилог 6 Пресекување на Туристичко развојната зона „Отешево“, Катастарска

општина Отешево, општина Ресен со зонирањето на Национален парк

Галичица ............................................................................................................... Error! Bookmark not defined.

Прилог 7 Пресекување на Туристичко развојна зона „Стење“, Катастарска општина

Стење, општина Ресен со зонирањето на Национален парк Галичица .......... Error! Bookmark not defined.

Прилог 8 Пресекување на Туристичко развојна зона „„Љубаништа“ (ТРЗ

„Љубаништа 1“;ТРЗ „Љубаништа 2“;ТРЗ „Љубаништа 3“), Катастарска

општина Љубаништа, Општина Охрид со зонирањето на Национален

парк Галичица ...................................................................................................... Error! Bookmark not defined.

Прилог 9 Пресекување на Експресен пат А3, Косел – Охрид – Граница со

Република Албанија, секција Врше-Рача со зонирањето во Национален

парк Галичица ...................................................................................................... Error! Bookmark not defined.

Прилог 10 Пресекување на Експресен пат А3, Косел – Охрид – Граница со

Република Албанија, јазол „Вршек“ со зонирањето во Национален парк

Галичица ............................................................................................................... Error! Bookmark not defined.

Прилог 11 Пресекување на Експресен пат А3, Косел – Охрид – Граница со

Република Албанија, јазол „Трпејца“ со зонирањето во Национален парк

Галичица ............................................................................................................... Error! Bookmark not defined.

Прилог 12 Карта за опфат на ТРЗ „Љубанипшта“ .............................................................. Error! Bookmark not defined.

Прилог 13 Допис од МЕПСО (од 09.06.2014) во врска со конечната верзија на

Физибилити студијата и Мастер планот за ски центар во Национален

парк Галичица ...................................................................................................... Error! Bookmark not defined.

Прилог 14 Површини опфатени со дополнителните содржини опишани во конечната

верзија на Физибилити студијата и Мастер планот за ски центар во

Национален парк Галичица ................................................................................ Error! Bookmark not defined.

Прилог 15 Мислење по нацрт измените доставено од Јавното претпријатие за

Државни патишта (допис бр. 03-773/1 од 19.12.2013) ..................................... Error! Bookmark not defined.

Прилог 16 Мислење по нацрт измените доставено од Управата за заштита на

културното наследство при Министерството за култура (допис бр. 17-

440/2 од 31.12.2013 година) ................................................................................ Error! Bookmark not defined.

Прилог 17 1онирање на Национален парк Галичица – Предлог измени 2015 година

(Карта 7 (Зонирање)) ........................................................................................... Error! Bookmark not defined.

Прилог 18 Можна област за неутрализирање Живеалиште 6170 Алпски и субалпски

калциколни пасишта ........................................................................................... Error! Bookmark not defined.

Page 5: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 1

1. Вовед

Измената на Планот за управување со Национален парк Галичица за период 2011-2020 година се спроведува на барање на Владата на Република Македонија која ја задолжи Јавната установа Национален парк Галичица да пристапи кон измена на Планот за управување во насока на овозможување на изградба на следните развојни проекти:

1. Изградба на Туристичко развојна зона „Отешево“, КО Отешево, општина Ресен; 2. Изградба на Туристичко развојна зона „Стење“, КО Стење, општина Ресен; 3. Изградба на Туристичко развојна зона „Љубаништа“, КО Љубаништа, општина Охрид; 4. Изградба на ски центар во Национален парк Галичица; 5. Изградба на Експресен пат А3 Косел – Охрид – граница со Република Албанија.

Постапувајќи по задолжението од Владата на Република Македонија, Управниот одбор на Јавната установа Национален парк Галичица, донесе одлука да се пристапи кон постапка за измени на Планот за управување. За изработка на измените на првичниот План за управување објавени во јули 2014 година низ постапка за јавна набавка беше избрана невладината организација БИОЕКО од Скопје.

Согласно член 99, став (2) од Законот за заштита на природа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 67/04, 14/06, 84/07, 35/10, 47/11, 148/11, 59/12, 13/13, 163/13 и 41/14) постапката за измена на Планот за управување се спроведува низ следниве фази:

Изработка на Нацрт измени на Планот за управување за кои беше спроведена Јавна расправа вклучително и две Јавни анкети во општините Охрид и Ресен;

Изработка на Предлог измени на Планот за управување, кои ги земаат предвид забелешките и предлозите од Јавната расправа и кои ќе бидат доставени до Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) заедно со извештајот од Стратегиска оценка на влијанието врз животната средина заради добивање согласност;

Усвојување на измените на Планот за управување од страна на Управниот одбор на Јавната установа Национален парк Галичица, по претходно добиена согласност од Министерството за животна средина и просторно планирање;

По консултацијата во врска со нацрт СОЖС одржана во јануари 2015 година, беше донесена одлука за ажурирање и ревидирање на СОЖС и тоа резултираше со модификации на измените и дополнувањата на Планот за управување (ИПУ). Овој ревидиран ИПУ е подготвен и ќе биде доставен до МЖСПП заедно со ажурираната СОЖС (види подолу).

Предлог измените на Планот за управување кои се изложени во првичниот документ беа изработени во периодот октомври 2013 – јуни 2014 од страна на БИОЕКО, во тесна соработка со Јавната установа Национален парк Галичица, врз основа на податоците со кои располага установата. Во процесот на изработка на измените не беа спроведени нови истражувања или студии.

Во првичната подготовка на Предлог измените на Планот за управување (2013-2014 година) најнапред се пристапи кон анализа на податоците за предметните развојни проекти доставени од Јавната установа Национален парк Галичица и институциите или организациите кои се јавуваат како носители на проектите или изработувачи на планските документи: Агенција за планирање на просторот на Република Македонија, Дирекција за технолошки индустриски развојни зони, Јавно претпријатие за Државни патишта и А.Д. Македонски електропреносен систем оператор. Во следниот чекор, врз основа на просторните податоци за зафаќањата на предложените проекти во зоните за управување на Паркот беа идентификувани засегнатите природни вредности. Имено, врз основа на просторните податоци за природната зона (зоната за строга заштита, зоната за активно управување и заштитниот појас) во која зафаќаат планските опфати на предложените проекти се идентификуваа конкретни површини од значајни типови живеалишта во Паркот како клучни компоненти на биолошката разновидност во Паркот. Со комбинација на податоците, за видовите кои типично се среќаваат во овие живеалишта можно беше да се идентификуваат и потенцијалните влијанија врз другите клучни компоненти на биолошката разновидност во Паркот. Во понатамошната фаза се пристапи кон идентификување на конкретни видови кои се од големо значење за зачувување на биолошката разновидност. За тоа се користеа повеќе стандардни критериуми.

Page 6: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 2

Врз основа на анализата на постојните податоци за природните вредности во Национален парк Галичица и податоците за развојните проекти се пристапи кон изработка на првичните Нацрт измени на Планот за управување, вклучително и измени во зонирањето со кои се создаваат предуслови за реализација на проектите со минимизирање на негативните влијанија врз клучните природни вредности на Паркот.

Со првичните Нацрт измени на Планот за управување,Управата за животна средина при Министерството за животна средина и просторно планирање и Јавната установа Национален парк Галичица од 19.12.2013 до 22.01.2014 година, организираа Јавна расправа во рамките на постапката за донесување на измени на Планот за управување со Национален парк Галичица за периодот 2011-2020 година. Дел од јавната расправа беа и две Јавни анкети во општините Охрид и Ресен, кои се одржаа на 09.01.2014 и 10.01.2014 година. Мислењата, предлозите и препораките од Јавната расправа земени се предвид при изготвувањето на Предлог измените на Планот за управување.

А.Д. Македонски електропреносен систем оператор,на 09.06.2014 година до јавната установа достави конечна верзија на Физибилити студија и Мастер план за ски центар во Национален парк Галичица. Според овој документ, значително е зголемен планскиот опфат и додадени се нови содржини. Во овие ажурирани Измени и дополнувања на Планот за управување се инкорпорирани промени како резултат на предлозите за финалниот мастер план и физибилити студијата.

Во мај 2014 година, Владата утврди дека е потребно да се направи СОЖС на предлог измените на ПУ. Нацрт СОЖС беше изготвена и доставена до МЖСПП. Нацрт СОЖС беше доставена до 55 заинтересирани страни за коментари, a јавна расправа се одржа во јануари 2015 година. Владите на Албанија и Грција беа исто така поканети да дадат коментари поради прекуграничниот контекст на Националниот парк Галичица. Како одговор на процесот на консултации, беа примени голем број на забелешки и коментари од заинтересираните страни за нацрт СОЖС. Eдна исклучително важна тема за која некои заинтересирани страни сакаа во СОЖС да се посвети повеќе внимание сe влијанијата од проектите коишто резултираа со измени на Планот за управување и компатибилноста со законодавството и стандардите (на пр. IUCN категоризација) од имплементирањето на проекти во Националниот парк со сегашниот статус на заштита. Беа дадени забелешки во врска со влијанијата врз заштитата на природата и влијанијата врз статусот од програмата „Човек и биосфера“ на УНЕСКО и потенцијалот за доставување приговори од други заинтересирани страни во врска со влијанијата врз оваа номинација.

По разгледувањето на добиените коментари, во март 2015 година ЈУНПГ донесе одлука да го повлече нацрт извештајот за СОЖС од МЖСПП. ЈУНПГ го информираше МЖСПП дека имајќи ги предвид коментарите од заинтересираните страни, а особено дописите добиени од две меѓународни финансиски институции (KfW и Европската банка за обнова и развој [ЕБОР]), тие сметаат дека е неопходно нацрт извештајот за СОЖС да се ревидира за целосно да ги опфаќа прашањата покренати од заинтересираните страни и потоа повторно да се достави до МЖСПП за нивно одобрување. Коментарите во врска со СОЖС резултираат и со потреба од дополнителни измени на Планот за управување, при што клучните се поврзани со:

Измени на зонирањето на паркот, каде некои области треба да бидат повторно зонирани за да се овозможи изградба на инфраструктура на проектот. Клучната измена којашто е содржана во овој Изменет план за управување е измената во зоните за управување на паркот, од Зона за активно управување (ЗАУ) во Зона за одржливо користење (ЗОК) за да се овозможи изградба на проектната инфраструктура. На околу 604 хектари од ЗАУ треба да им се намали статусот во ЗОК. Исто така, засегнати се вкупно 5,22 хектари од Заштитниот појас (околу Стењско Блато). Целта на измените на Планот за управување е да се надоместат овие загуби и да се обезбеди исто (ако не и зголемено) ниво на заштита на Паркот. Поради тоа, идентификувани се околу 854 хектари на алпски и субалпски живеалишта кои се предлага да бидат нагорно зонирани од ЗОК во ЗАУ (види ја сликата во Прилог 17 и Слика 1 подолу);

Обврска за постигнување на целта „Без нето загуба“ што значи дека се оценети влијанијата од планираните развојни проекти врз клучните живеалишта и видови во Паркот, и дека се утврдени области во Паркот за „неутрализација на влијанијата“, што е процес каде областите кои можат да бидат негативно засегнати од планираните развојни проекти се заменуваат со други, онаму каде што е можно – кон овој ИПУ е додаден дополнителен дел за да се опфати ваквата промена (дел 5);

Ажурирани проектни информации и препораки за начинот на оценување на планираните проекти;

Page 7: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 3

Препораки за мониторинг за планираните проекти;

Ажурирање на табелата во Планот за управување во које е утврдено кои активности се дозволени, а кои активности се забранети во секоја зона;

Ажурирања поврзани со сопственоста на земјиштето од страна на Македонската православна црква;

Дополнително поглавје (дел 4) кое обезбедува дека резултатите од СОЖС се целосно земени предвид при планирањето на развојните активности – овој ИПУ треба да се толкува во корелација со СОЖС.

Појдовната состојба и оцената на влијанието во рамките на СОЖС претставуваат дел од ИПУ. Бидејќи целта на СОЖС е да се изврши оцена на влијанијата на ИПУ (и влијанијата на НПГ од планираните развојни проекти), оваа ИПУ треба да се толкува во корелација со СОЖС и нејзината содржина не се повторува во рамките на овој документ.

Page 8: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 4

Слика 1: Зонирање на Национален парк Галичица – Предлог измени 2015 година (Карта 7 од Планот за управување 2011-2020) (Прилог 17)

Со цел да се забрза подготовката на ревидираната СОЖС и ажурирањата на ИПУ, ЕБОР ѝ обезбеди техничка помош на ЈУНПГ со ангажирање на консултант (Citrus Partners LLP [„Citrus“] и тим од македонски експерти, вклучувајќи и експерти кои беа дел од првичниот тим што го подготвуваше ИПУ во јули 2014 година) којшто ќе обезбеди поддршка на ЈУНПГ во финализирањето на ревизиите на СОЖС и ИПУ.

Page 9: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 5

Овој документ е нацртот на ревидираниот ИПУ (во понатамошниот текст „ревидиран ИПУ“ или „ажуриран ИПУ“).

Како што е истакнато погоре, нацрт ИПУ беше подготвен и јавно објавен во јули 2014 година и беше предмет на јавна расправа. Потоа беше подготвена нацрт СОЖС, којашто беше објавена за заинтересираните страни и беше предмет на јавна расправа во јануари 2015 година. Како резултат на добиените коментари за нацрт СОЖС и ажурираните информации за планираните развојни проекти во Паркот, имаше понатамошни измени на ИПУ во текот на подготовката на оваа ревидирана СОЖС коишто, исто така, се сумирани во овој извештај. Ревидираниот нацрт ИПУ, исто така, ќе биде достапен во текот на процесот на објавување и јавна расправа за ревидираната СОЖС. По поднесувањето на ревидираната СОЖС до МЖСПП (Сектор за одржлив развој), ревидираниот нацрт ИПУ ќе биде доставен до МЖСПП (Сектор за заштита на природата) за одобрување. По одобрувањето на ревидираниот нацрт ИПУ од страна на МЖСПП, тој ќе биде доставен до Управниот одбор на НПГ за конечна ратификација.

2. Законска основа за измени на Планот за управување со Национален парк Галичица за периодот 2011-2020 година, со образложение и претпоставки

Измената на Планот за управување со Национален парк Галичица за период 2011-2020 година (во понатамошниот текст: ПУ) се спроведува на барање на Владата на Република Македонија која ја задолжи Јавната установа Национален парк Галичица (во понатамошниот текст: ЈУНПГ) да пристапи кон измена на ПУ во насока на овозможување на изградба на ски центар, изградба на новопроектираниот патен правец А3 Косел – Охрид – граница со Република Албанија, градба во опфатот на Туристичко развојната зона Љубаништа,Катастарска општина (КО) Љубаништа, општина Охрид (во понатамошниот текст: „ТРЗ „Љубаништа““), градба на Туристичко развојната зона Стење, КО Стење (во понатамошниот текст: „ТРЗ „Стење““), општина Ресен и градба на Туристичко развојната зона Отешево, КО Отешево (во понатамошниот текст: „ТРЗ „Отешево““), општина Ресен. Потребата од измена на ПУ, Владата на Република Македонија ја дискутираше на две свои седници и тоа на: (1) Сто четириесет и втората (Прилог 1 - Извадок од Нацрт записникот на Сто четириесет и втората седница на Владата на Република Македонија одржана на 24.06.2013 година) и Сто педесет и втората (Прилог 2 - Извадок од Нацрт записникот на Сто педесет и втората седница на Владата на РМ одржана на 03.09.2013 година).

Кон измена на ПУ се пристапи имајќи го предвид ставот (2) од член 99 од Законот за заштита на природа („Службен весник на Република Македонија “ бр. 67/04, 14/06, 84/07, 35/10, 47/11, 148/11, 59/12 13/13, 163/13 и 41/14) (во понатамошниот текст: ЗЗП), како и толкувањето од Министерството за животна средина и просторно планирање (во понатамошниот текст: МЖСПП) за можноста за измена на ПУ, пратено до ЈУНПГ (Прилог 3).

Измената на ПУ се спроведува во согласност со членовите 17, 73, 99, 100 и 101 од ЗЗП. За таа цел Управниот одбор на ЈУНПГ на својата петнаесетта седница одржана на 02.09.2013 година, донесе Одлука да се пристапи кон постапка за измени на ПУ (Прилог 4). На истата седница Управниот одбор на ЈУНПГ, донесе Одлука и за измена на Годишниот план за јавни набавки за 2013 година (Прилог 5), за да се изврши јавна набавка на услуги за изработка на измени на ПУ. Со спроведената постапка за јавна набавка на услуга Измена на ПУ, се избра здружението Биоеко од Скопје како најповолен понудувач.

Процесот на измена на ПУ се спроведува низ следниве фази:

Изработка на Нацрт измени на ПУ за кои беше спроведена Јавна расправа вклучително и две Јавни анкети во општините Охрид и Ресен;

Изработка на Предлог измени на ПУ, кои ги земат предвид забелешките и предлозите од Јавната расправа и кои ќе бидат доставени до МЖСПП заедно соизвештајот одСтратегиска оценка на влијанието врз животната средина заради добивање согласност;

Усвојување на измените на ПУ од страна на Управниот одбор на ЈУНПГ, по претходно добиена согласност од МЖСПП;

По консултациите во врска со нацрт СОЖС одржани во јануари 2015, беше донесена одлука за ажурирање и ревидирање на СОЖС и тоа резултираше со модификации на измените на Планот за управување (ИПУ). Овој ревидиран ИПУ е подготвен и ќе биде доставен до МЖСПП заедно со ажурираната СОЖС.

Page 10: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 6

На Стопедесет и втората седница, Владата на Република Македонија ги задолжи:Агенцијата за планирање на просторот на Република Македонија (во понатамошниот текст: АПП) да и достави на ЈУНПГ плански опфат за ТРЗ „Отешево“,ТРЗ „Стење“ и ТРЗ „Љубаништа“, потоа АД Македонски електропреносен систем оператор (во понатамошниот текст: МЕПСО) да достави плански опфат за развој и изградба на ски центар во Националниот парк Галичица, како и Јавното претпријатие државни патишта да достави плански опфат за новопроектираниот Експресен пат А3 Охрид – граница со Република Албанија. Во продолжение на ова поглавје накратко ги претставуваме развојните проекти на кои се однесува задолжението од Владата. Првичните плански опфати од јуни 2014 година на сите развојни проекти се дадени во Слика 2, на страна 8. Треба да се истакне дека на оваа слика не се прикажани површините опфатени со дополнителните содржини опишани во конечната верзија на Физибилити студија и Мастер план за ски центар во Национален парк Галичица. Во материјалите доставени на 09.06.2014 година до ЈУНПГ од страна на МЕПСО недостасуваат просторни податоци за новопредложените содржини. Поради тоа, не сме во можност овие содржини да ги претставиме на Слика 2., но тие се дадени во сликите од Дел 2 подолу и во Прилог 14, а зафаќањето во Централното плато за нордиско скијање е обележано во областа на Слика 1, во областа на којашто статусот и е намален од ЗАУ во ЗОК..

Ажурирани информации за планираните развојни проекти се прикажани подолу; ова е исто така прикажано и во Поглавје 4 од СОЖС (Колку што беше можно, сликите беа вклучени во главниот текст, а неколку од сликите за поддршка се содржани во Прилозите):

Page 11: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 7

Слика 2: Области за планирање на развојните проекти во рамките на Националниот парк Галичица

Page 12: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 8

2.1. Ски центар Галичица

На Horwath and Horwath Consulting, од Загреб, Хрватска и Ecosign Mountain Resort Planners Ltd.,од Вистлер, Канада (заедно со Ecosign Europa Mountain Recreation Planners GmbH од Волфурт, Австрија, како подизведувач) им беше доделена задача за обезбедување на професионални услуги за планирање во однос на изработка на Физибилити студија и Мастер план за развој и изградба на ски центар во Галичица.

Целта на проектот за ски-центарот Галичица е да се воспостави регионален спортски и рекреативен центар во паркот за сите сезони. Следните информации за проектот даваат преглед на планираниот ски центар и сите информации се земени од Физибилити студијата и Мастер планот (мај 2014).

Изградбата на ски центарот е опишана подолу во 3 фази.

Page 13: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 9

Делови на ски центарот Галичица

Локациите на сите делови на ски центарот можат да се видат на сликите подолу коишто се земени од Мастер планот и Физибилити студијата (првично обезбедени од страна на МЕПСО на 09.06.2014 година (види Прилог 13) и обезбедени во текот на ажурирањето на СОЖС во мај 2015 година, а главните слики за нив се содржи во Прилог 14. Опис на секој дел е прикажан подолу во ова Поглавје.

Слика 3: Главни делови1 на ски центарот Галичица

1 Извор за сите слики во Дел 4.3. МАСТЕР ПЛАН ЗА РАЗВОЈ И ИЗГРАДБА НА СКИ ЦЕНТАР ВО НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК ГАЛИЧИЦА (Мај 2014 Horwath & Ecosign)

Page 14: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 10

Основна област – Охридско езеро

Основната област за ски центарот е посочена на сликата подолу и содржи два главни дела: крајбрежно село Градиште и основната област Горно Пештани:

Слика 4: Ски центар Галичица – План на основната област „Охридско езеро“

Крајбрежно село Градиште

Развојната зона на крајбрежното село Градиште вкупно вклучува 9,6 хектари кои би можеле да содржат 1.600 легла. Предложениот центар се протега преку три парцели со следните елементи:

хотел со површина од околу 4.000 м2 и вкупна развојна површина од 16.000 м2.

300 апартмани на парцела од 6 хектари, составена од 75 згради (секоја по 4 апартмани) со вкупна развојна површина од 24.000 м

2.

крајбрежната област којашто ќе биде уредена со типична медитеранска хортикултура. Оваа парцела содржи плажа и дополнителни туристички објекти како што се базени.

Основна област Горно Пештани

Основната област Горно Пештани се планира на базната станица на лифтот 1а (станица на гондолата), која ќе обезбеди во текот на целата година пристап до објектите за рекреација за сите четири годишни времиња на ски центарот Галичица. Ова место беше идентификувано во развојната анализа на основната област поради големата површина со благи падини погодна за развој и потенцијално поврзување со предложениот иден автопат, експресниот пат А3 јужно од Пештани.

До трите паркинзи со вкупна површина од 3 хектари може да се пристапи од предложениот пат од 1.000 метри од предложениот иден експресен пат А3 (јужно од Пештани). Паркинзите ќе имаат капацитет за 935 возила и 12 автобуси кои би можеле да генерираат приближно 3.000 посетители за време на сезона.

Page 15: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 11

До подрачјето за развој ќе се пристапува преку паркинг простор за дневни посетители, преку предложен пат од 2,2 километри кој се искачува до надморска височина од 900 м. Таму ќе има група на хотели околу пешачките површини кои се поврзуваат со станицата на гондолата и околните пешачки патеки. Може да има и спа центар, рекреативен центар, конференциски сали, ресторани и малопродажен простор.

Ќе има фамилијарни единици на мала збиеност и апартмани на средна збиеност. Во Мастер планот е наведено дека овие ќе бидат внимателно интегрирани во пределот со колку што е можно повеќе зачувана природна вегетација.

Објектот на основната област ќе биде на едно ниво и ќе се поврзува со зградата на станицата на гондолата. Истиот ќе биде составен од простории за билетари, тоалети, гостински услуги, изнајмување, кафуле, мала продавница, канцелариски простор и простор за вработените.

Ќе има соодветна електрична и водоводна мрежа, како и канализација и простории за фрлање на отпад.

Средна планинска зона/Површина за игри на снег

Деловите на средната планинска зона се прикажани на сликата подолу:

Слика 5: Средна планинска зона на ски центарот Галичица

Домот во средната планинска зона (0,25 хектари) ќе биде сместен централно помеѓу патеките за алпско скијање, зоната за скијачи почетници и површината за игри на снег во средната планинска зона. Домот ќе обезбеди простории за сите летни и зимски активности во оваа област, како простор за изнајмување, тоалети, гардероби и места за седење за скијачите и не-скијачите, училиште за скијање, програми за деца, ресторан во стил на кафетеријата, продавница, простор за ски патрола, простор за вработените и одреден канцелариски простор. Објектот ќе има вкупна бруто површина од 1.500 м

2 испланирана на два ката.

Ќе се изгради објект за одржување (150 м2), каде ќе бидат сместени две машини за чистење снег и моторни санки, вклучувајќи работилница за знаци, и ќе се користи за одржување на лифтот, електрично одржување и сл. Просторијата за одржување треба да обезбедува тоалет и простор за вработените, како и магацин за делови.

Ќе има површина од 2 хектари наменета за игри на снег и зона за санкање (цевки, санкање, зона за детски игри на снег, курс за деца за управување со моторни санки и др.). Површина од 21,5 хектари е наменета за предложените зимски нордиски скијачки патеки и патеки за пешачење во снег кои во летниот период може да се користат за планински велосипедизам и пешачење.

Page 16: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 12

Мал центар за почетници ќе биде сместен помеѓу средната станица на лифтот 1 и предложениот дом во средната планинска зона. Овој центар за почетници ќе се состои од 1 лифт со подвижен тепих со должина од околу 50 метри и лифт 2. Лифтот со подвижен тепих ќе има капацитет од 1.000 патници на час и може истовремено да се сместат околу 60 скијачи.

Ски центар Галичица–Главна област за скијање

Главната област за скијање на предложениот ски центар Галичица е прикажана на сликата подолу.

Слика 6: Главна област за скијање на ски центарот Галичица

Домот на планинскиот врв е простор од 0,2 хектари и има две нивоа: главното ниво е на иста надморска височина како гондолата и снегот од предна страна, додека до пониското ниво може да се пристапи од западната страна на објектот од снег на пониска надморска височина. Главното ниво вклучува места за јадење, кујна и мала продавница. За пониското ниво планирани се тоалети, магацин, простор за ски патрола, простор за вработените и мала канцеларија.

Предложениот ски центар Галичица ќе понуди приближно 15 км на ски писти со вкупна површина од околу 52,5 хектари. Пистите обично се разликуваат во широчина помеѓу 30 и 60 метри, „скијачките патеки" се планински патишта, кои се широки 6-10 метри со надолжна стрмнина на падината помеѓу 8-12%. По грубо оценување на секое место, потребно е чистење на пистите и садење за да се добие тревна покривка. Оваа тревна покривка спречува ерозија и помага да се минимизираат опасностите и оштетување на опремата на скијачите и сноубордерите и на подрачните возила за чистење на снег во периоди на мала снежна покривка.

Со оглед на тоа што снежната покривка варира од година во година неопходно е правење на вештачки снег. Проценетите потреби за вода во Мастер планот за фаза I во развојот (види подолу)

Page 17: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 13

се дека ќе бидат потребни приближно 38.500м³ по сезона и кога центарот е целосно оперативен, ќе бидат потребни приближно 104.500м³ вода по сезона. Ќе има езерце за правење снег на источната страна / Преспанското езеро во рамките на главната област за скијање, како што е прикажано на сликата подолу. Тоа разбирливо ќе биде потенцијално изградено на местото на претходно езерце кое пред некое време се користело за напојување на добиток:

Слика 7: Езерце за правење снег/Индикативна локација на езерото

Следната листа ги опишува локациите за кои ќе бидат потребни значителни земјени работи според достапните информации:

Порамнување на подрачјето на планинскиот врв до надморска височина од 1.895 метри;

Изградба на писти/скијачки патеки од планинскиот врв (1.895 м) кон север надолу до врвот на Писта 1A (1.815 м);

Изградба на скијачка патека на пистата 1Г помеѓу границата од 1.870 м и границата од 1.850 м;

Изградба на простор за почетници и порамнување на пистата 2A во средната планинска зона;

Изградба на скијачка патека на понискиот дел на пистата 1Г која ќе води до средната станица.

Област за нордиско скијање (Зона на Централното плато) и Горна планинска зона

Скијачките патеки за нордиско скијање/трчање во снег (крос-кантри) ќе се изградат на благ терен кој е премногу рамен за комерцијално скијање – подрачјето е прикажано на сликата подолу:

Page 18: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 14

Слика 8: Ски центар Галичица – Површина за нордиско скијање на Централното плато

Нордиско скијање се предлага на северната страна од средната планинска зона на страната на Охридското езеро, како и на Централното плато (приближно 221 хектари) на врвот на Лифтот 5. Благо стрмниот терен помеѓу врвот на планината Томорос и Крле Гола Бука е познат како зоната на Централно плато. Лифтот 3 овозможува врска со оваа област во зима кога патот помеѓу источната и западната страна на паркот е затворен. Скијачките патеки за трчање во снег (крос-кантри) обично се широки 6 м за да се овозможи двонасочно движење.

Во летниот период, оваа област е пристапна од спореден пат и има мал страничен простор за паркинг. Се планира зграда (Заден планинарски дом) кај базната станица на лифтот 3 во која ќе се обезбедуваат услуги за скијачите и други рекреативци во ова подрачје и која ќе вклучува ресторан, тоалети и мал простор за ски патрола лоцирана на долниот дел на Лифтот 3. Задниот планинарски дом би можел да се користи во летниот период од страна на планинари, а би можеле да го користат и нордиските скијачи доколку се изгради предложената мрежа на патеки за трчање во снег (крос-кантри).

Летен паркинг се предлага на јужната страна на Задниот планинарски дом. Во зима, постојниот неасфалтиран пристапен пат ќе остане покриен со снег и ќе се користи како дел од мрежата на патеки за зимски рекреативни активности.

Мрежата на патеки за трчање во снег (крос-кантри) ќе ја одржува персоналот на ски центарот и Домот во средната планинска зона, а скијачките услуги таму можат да ги користат алпските и нордиските скијачи.

Изградбата на просторни нордиски објекти создава споредно место за одржување на натпревари во ски центарот и може да придонесе кон привлекување на поголем број на гости во центарот.

Page 19: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 15

Основна област Преспанско езеро

Базата во Отешево е лоцирана на страната од Преспанското езеро кај истражувачката област и е интегрирана во долниот терминал на потенцијалниот иден лифт за конекција Отешево (лифт 5), види слика подолу:

Слика 9: Ски центар Галичица, Основна област Преспанско езеро

Базата Отешево се планира на парцела од 5 хектари на западната страна на постојниот пат покрај Преспанското езеро и е дизајнирана како мешавина од капацитет за сместувања со 968 легла и надворешен паркинг. Со оглед дека гондолата во Отешево е планирана во идниот развој надвор од фазата 3 од изградбата на скијачката област, планот на основната област ќе биде подоцна повторно проценет доколку/кога ќе започне деталното планирање на гондолата.

Лифтови

Лифт/Гондола запад– Област за скијање на страната на Охридско езеро

Лифтот 1 (гондола од горната базна станица Пештани до областа за скијање) ќе има капацитет од 1.500 патници на час. Првиот дел (Лифт 1а) е за пристап од и излез до основната област само за скијачи и посетители кои не скијаат. Вториот дел овозможува кружно скијање на западните падини над Охридското езеро. Овој дел ќе може да опслужи истовремено приближно 740 скијачи. Правото за поминување на лифтот обично се проценува на 12 до 15 м широчина.

Лифт/Гондола исток – Област за скијање на страната на Преспанското езеро

Предложената гондола е технички изводлива но не била препорачана во првичната инвестиција со оглед дека не е практична без да се создаде посолидна туристичка дестинација на Преспанското езеро. Како алтернатива на овој систем со пристапен лифт, се предлага да се обезбеди пат за пристап од Отешево до Централното плато. Постојниот пат би можел да се обнови и да се користи за гостите коишто доаѓаат до ски центарот Галичица од страната на Преспанското езеро.

Други системи на лифтови

Постојат и други лифтови предложени за ски центарот Галичица, кои се дадени подолу:

Лифтот 2 ќе биде површински лифт со копче/табла и идеално служи за терен за почетници. Лифтот 2 има капацитет за 600 патници на час и може да поддржува истовремено до 140 скијачи. Овие лифтови се генерално системи со антенски кабел со челични кули и бетонски темели на секои 45 до 75 м.

Лифтот 3 е предвиден да биде лифт со котви, лоциран на околу 180 метри јужно од средната станица. Ќе се изгради скијачка патека за да можат скијачите да стигнат таму и назад. Овој лифт со котви има капацитет од 1.000 патници на час и ќе може истовремено да опслужи 170 скијачи.

Лифтот 4 е лоциран на околу 430 метри јужно од средната станица и до истиот може да се пристапи или од врвот на лифтот 1б или од средната планинска област преку лифтот 3. Овој лифт е предложен како четворосед-жичарница со капацитет од 1.600 скијачи на час. Лифтот 4 опслужува шест писти и ќе биде во можност удобно да опслужи околу 980 скијачи истовремено.

Page 20: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 16

Лифтот 5 овозможува скијање на источната страна на планината и е предложен како фиксен четворосед со капацитет од 1.600 скијачи на час. Овој лифт може да опслужи истовремено околу 820 скијачи и вертикално покрива 230 метри.

Инфраструктура и комунални услуги

Пристапен пат

Постојниот главен пат кој ги поврзува подрачјата на двете езера во летниот период ќе се користи за Ски центарот. Оттаму ќе се користи постојниот пат кој води до Централното плато. Ова е асфалтиран пат кој води до локацијата на предложената долна станица на лифтот 3.

На надморска височина од 1.560 метри се планира нов пат од чакал долг 6,6 километри, кој ќе води кон локацијата на новиот планински врв (1.895 м) и оттаму до средната планинска зона (1.580 м).

Во фазата 2 истиот пат би се користел за изградба на лифтот 3. За монтажа на лифтот 4, се предлага нова делница на патот од делот над езерцето за правење снег (околу 1.880 метри надморска височина) преку гребенот до највисоката станица на лифтот 4. За изградба на долниот терминал, се предлага делница од патот од чакал долга околу 430 метри којаќе ја поврзува средната планинска зона со најдолната станица на лифтот 4.

Пат во тек на изградба (Привремен)

Во фазата 2 истиот пат би се користел за изградба на лифтот 3. За монтажа на лифтот 4, се предлага нова делница на патот од делот над езерцето за правење снег (околу 1.880 метри надморска височина) преку гребенот до највисоката станица на лифтот 4. За изградба на долниот терминал, се предлага делница од патот од чакал долга околу 430 метри која ќе ја поврзува средната планинска зона со најдолната станица на лифтот 4. Пристапните патишта до планината треба да се широки 1-1,5 ленти (широки 5-8 м) во целата своја должина.

Далновод

Се претпоставува дека базната станица на ски-објектот ќе се снабдува со 3-фазна струја од страна на локалната компанија за електрична енергија. Се препорачува далноводот да биде во ров за да се избегне визуелен удар, но сепак може да се инсталира и надземна линија.

Од основната област се планира директна врска до средната планинска зона. Оттаму се предлага да има далновод по должина на пистата 1C до врвот на планината, кој ќе биде доволно голем за да ја опслужи изградбата на инфраструктурата на ски системот и ресторанот, и еден далновод по должина на предложениот пат во тек на изградбата до најдолната станица на лифтот 4. Ако не е достапно снабдување со електрична енергија на Централното плато, се предлага тие да се поврзат од врвот на планината преку пистите 3D и 3G до задниот планинарски дом и најдолната станица на лифтот 3, соодветно. На планината ќе бидат потребни трансформатори за претворање на главниот напон во потребните волти за станицата на лифтовите и потребите на планинскиот ресторан. Овие електрични напојувања се за објектите вклучувајќи ги лифтовите, правењето на снег и општо користење на зградите. Деталите треба да се разработат во текот на следната фаза на развојниот проект, посочена во Мастер планот.

Вода за пиење и канализација

Ќе биде потребен цевковод од базните објекти до локациите на средната планинска зона. Тој ќе ја испумпува водата со доволен притисок и низок волумен за да се наполни резервоар во средната планинска зона. Потоа ќе се користат пумпа и резервоар со притисок за снабдување со вода на објектите лоцирани во средната планинска зона.

За ресторанот на врвот на планината кој е планиран за изградба во фаза 2, поврзувањето за снабдување со свежа вода преку водовод со мал дијаметар ќе треба да продолжи до планинскиот врв, користејќи бустер пумпа. Ако се ископа ров до врвот во тек на изградбата во фаза 1, во Мастер планот се препорачува овие цевки да се инсталираат во Фаза 1 за да се избегне непотребна изградба и нарушување на почвата во фаза 2.

Во зависност од тоа дали има или нема доволно вода за пиење на располагање на Централното плато, може исто така да се побара водоводен приклучок од врвот на планината до задниот планинарски дом. За водоводните цевки опишани погоре, се предлага истото трасирање како за снабдувањето со електрична енергија, но во зависност од локалните прописи водоводните цевки можеби ќе треба да бидат во посебен ров.

Page 21: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 17

Септички резервоар и канализациски одвод може да се постават во средната планинска зона за фазата 1. На врвот на планината може да се постави привремен тоалет. На крајот, сепак ќе биде потребен канализациски одвод од врвот на планината до базата, кога ќе се зголеми работата по завршување на градењето (односно по целосниот развој на ски центарот Галичица). Кај задниот планинарски дом, резервоарот и канализацискиот одвод ќе бидат доволни дури и во изградбата.

Цевките за вода за пиење и канализација треба да бидат инсталирани на истата скијачка патека како примарните електрични водови за напојување за да се намали нарушувањето на системот на пистите.

Предложени зимски и летни активности на ски центарот Галичица

Се планираат следните активности, а нивните локации можат да се видат на сликите содржани во Мастер планот.

Летни активности:

Разгледување и пешачење преку пристап со лифт;

Прошетки во природа;

Планинско кино во главната скијачка област;

Кампирање во горната планинска зона;

Планински велосипедизам: планинските велосипедисти ќе го користат лифтот 1 (Гондолата) за пристап до планината или можат да возат по споредниот пат до Централното плато и оттаму потоа до највисоката точка. Планинскиот велосипедизам се предлага на постоечките асфалтирани патишта и патишта од чакал, но исто така се предлага и да се изградат нови единечни патеки наменети за велосипедистите;

Жица за спуштање: се предлага да се монтира почнувајќи од најгорната станица на лифтот 1, продолжувајќи надолу и преку предложеното езерце за правење на снег до југоисточната страна. Потоа, по кратко пешачење, може да се монтира друга жица за спуштање која ќе ги носи патниците назад на почетната точка;

Ѕид за качување: се предлага во средната планинска зона;

Параглајдинг / Делтаплани: системот на лифтови во областа за скијање може да се користи за на параглајдеристите да им се овозможи пристап до некое високо место за полетување;

Еуро банџи трамболина: која би можела да се смести на средната планинска зона или на врвот на планината во тек на летото и зимата, по желба;

Настани: како што се конференции, семинари и венчавки - овие настани би можеле да се одржуваат во објектот на врвот на планината.

Зимски активности:

Алпско скијање;

Зона за детски активости: во дизајнот се вклучени неколку зони за детски активости: една на средната планинска зона, на врвот на планината и друга на најгорниот дел на лифтот 1;

Курс за деца за управување на моторни санки за снег: средна планинска зона, за што е потребна површина еднаква на две тениски игралишта за патека во „затворен круг“ за децата;

Санкање на душеци: средна планинска зона;

Трчање во снег и нордиско скијање: средна планинска зона и горна планинска зона.

Проценет/Предложен број на посетители

Предложениот планински капацитет е 3.500 луѓе, кој се состои од 3.000 скијачи и 500 нескијачи кои ќе учествуваат во игри на снег, нордиско скијање или едноставно ќе разгледуваат на гондолата.

Со оглед дека нескијачите поминуваат помалку време во ски центарот, се очекува дека обртот на луѓе во текот на денот и вкупниот број на посетители во „шпиц“ периодите би можел да биде 1000 посетители.

Page 22: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 18

Предложен развој по фази

Предложениот развој на ски центарот Галичица се планира во три фази, како што следи:

Фаза I:

На планина:

- Лифт 1 (гондола);

- Зона за почетници (лифт 2 и магични теписи);

- 7 писти (4,2 км и 13,6 хектари) за кружно скијање;

- Дом во средната планинска зона и активности за нескијачи, вклучувајќи надворешни платоа, зони за пикник, патека за санкање или мини моторни санки, пешачка патека, зони за игри на снег и лизгање и мрежа од патеки за нордиско скијање и пешачење во снег;

- Зграда за одржување на работата на две машини за чистење снег;

- Објекти за правење на вештачки снег и снабдување со вода;

- Снабдување со комунални услуги (електрична енергија, вода, комуникациски линии);

- Нов пристапен пат до планината/пат за време на изградбата (6,6 км);

- Панорамска платформа на врвот на планината.

Објекти за сместување и објекти во основните области:

- Крајбрежно село Градиште: вклучувајќи хотел со 200 соби/400 кревети; 300 повеќесемејни единици/апартмани/1.200 кревети; 2,6 хектари јавна зелена површина; и 925 м асфалтиран пат;

- Горна базна станица Пештани: вклучувајќи 33 едносемејни единици/ „колиби“/198 кревети јужно од линијата на гондолата; дневен паркинг за посетители 1 за 1.604 посетители; 750 м асфалтиран пристапен пат кој се поврзува со предложениот иден автопат; услужна зграда на основната област веднаш до станицата на гондолата; како и места за пикник, видиковец и мрежа на пешачки патеки.

Фаза 2:

На планина:

- Изградба на лифт 3, четворосед жичарница која обезбедува пристап до планинскиот терен кон источна страна;

- 7 дополнителни писти;

- Една дополнителна машина за чистење снег;

- Нов пат од чакал долг 1,2 км, кој води од врвот на планината до највисоката станица на лифтот 4 и од средната планинска зона до најдолната станица на лифтот 4;

- Изградба на предложениот дом на планинскиот врв од 850 м2.

Објекти за сместување и објекти во основните области:

- Горна базна станица Пештани: 38 дополнителни едносемејни единици/ „колиби“/ 228 кревети; 78 апартмани; хотел со 430 соби / 860 кревети; дневен паркинг за 446 посетители.

Фаза 3 (изградба):

На планина:

- реализација на лифтот 4 за да се комплетира инфраструктурата на лифтовите на планината;

- 8 дополнителни писти;

- имплементација/проширување на системот за правење снег;

- ски центарот вкупно нуди 16 км (49 хектари) обработени скијачки терени на 22 писти плус привлечен терен покрај пистите;

Page 23: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 19

- една дополнителна машина за чистење снег опремена со дигалка;

- доградба на постојната зграда за одржување (+150 м2);

- изградба на предложениот заден планинарски дом од 500 м2.

Објекти за сместување и објекти во основните области:

- Горна базна станица Пештани: 28 дополнителни едносемејни единици/„колиби“/168 кревети; 50 апартмани; 200 кревети; хотел со 170 соби / 340 кревети; дневен паркинг за 955 посетители.

2.2. Експресен пат А3 Охрид – Пештани – граница со Република Албанија

Спонзор на проектот и информации

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) е одговорно за изградбата на експресниот пат А3 Охрид до државната граница со Република Албанија и за обезбедување на информации за шемата на ЈУНПГ за целите на информирање на СОЖС.

Следните информации му беа обезбедени на ЈПДП за СОЖС (и УПУ):

Ажуриран нацрт Опис на проектот за експресниот пат A3 Делница Охрид до Пештани (април-мај 2015 година – и топографска карта која го прикажува предложеното рутирање на експресниот пат од Охрид до Пештани од консултантите на ЈПДП/ОВЖСО (види слики подолу и Прилог 9 на СОЖС));

Сателитски слики од трасата на коридорот (и варијанти на трасата на високо ниво) за двете делници на експресниот пат од Охрид до Пештани и од Пештани до албанската граница (мај 2015 година);

Технички извештај за предложената делница „Охрид до Пештани“ како дел од експресниот пат А3 Косел – Охрид – граница со Република Албанија (со карта);

Технички извештај за предложената делница Пештани до границата со Република Албанија како дел од експресниот пат А3 Косел – Охрид – граница со Република Албанија (со карта – види Прилог 10 на СОЖС).

Делници на проектот

Предложениот експресен пат A3 помеѓу Косел до Охрид и Албанија е поделен на 3 делници од страна на ЈПДП:

Делница од Косел до Охрид;

Делница од Охрид до Пештани (приближно 13,3 км)(води низ НПГ);

Пештани до албанската граница(приближно 12.940 м) (води низ НПГ).

Предлозите за двете делници кои водат низ Националниот парк Галичица, Охрид-Пештани и Пештани – албанска граница, се опишани во рамките на оваа ОВЖСО. На делницата од Охрид до Пештани и е даден приоритет за изградба поради очекуваното зголемување на сообраќајот по оваа делница, што во голема мера е проценето како резултат на порастот на туризмот.

Експресниот пат А3–делница Охрид – Пештани е во подготовка од страна на ЈПДП како дел од нивната тековна програма за предложени патишта. Делницата Пештани до албанската граница од предложениот експресен пат А3 е сè уште во релативно рана фаза на развој во споредба со планираната делница од Охрид до Пештани. Тоа значи дека делницата од Пештани до албанската граница во моментов не е вклучена во тековната програма за патишта која се спроведува од страна на ЈПДП и потенцијалното време за нејзин понатамошен развој и подготовка сè уште треба да се потврди.

Делница од Охрид до Пештани

Новиот експресен пат почнува во Охрид и поминува низ Националниот парк Галичица покрај источните падини на планината Галичица до општина Пештани. Трасата е прикажана на сликите подолу:

Page 24: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 20

Слика 10: Планиран експресен пат, Делница од Охрид до Пештани – Дел 1 (Охрид до Велестово)

Page 25: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 21

Слика 11: Планиран експресен пат, Делница од Охрид до Пештани – Дел 2 (Велестово до Црно брдо)

(Забелешка: за Легенда, види ја Сликата 10))

Page 26: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 22

Слика 12: Планиран експресен пат, Делница од Охрид до Пештани – Дел 3 (Црно брдо до Пештани)

(Забелешка: за Легенда, види ја Сликата 10)

Новата делница на патот ќе биде долга околу 13,3 километри. Таа ќе биде поместена од крајбрежјето најмногу 1,5 километри во близина на Рача, продолжувајќи најблиску до 250 метри од крајбрежјето кај Црно брдо. Во овој момент, трасата поминува низ првична Зона за активно управување (ЗАУ) за Националниот парк според Планот за управување со НПГ (2011-2020). Дел од оваа ЗАУ се предлага да биде повторно зониран во рамките на ИПУ. Целокупната траса поминува низ првичната ЗАУ во локалитетите на Рача, Црно брдо и Коприла. Во Прилозите 9 и 10 е прикажано навлегувањето на рутата во ЗАУ.

Во моментов, изградбата на оваа делница од патот се проценува дека ќе започне во средината на 2016 година со период на изградба од 3 години.

Трасата генерално се планира надвор од границите на урбаните населени места и поминува низ ридестиот терен на падините на планината Галичица. Оваа траса се движи главно низ шумска вегетација. Трасата го поврзува градот Охрид со населените места во рамките на НПГ и покрај езерското крајбрежје, вклучувајќи ги: Велестово, Рача, Шипокно, Свети Стефан, Долно Коњско, Горно Коњско, Лагадин, Елешец, Елшани и Пештани.

Page 27: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 23

Преглед на предложената траса:

Предложениот експресен пат започнува на раскрсницата кај улица Карпош Војвода во Охрид, потоа поминува преку сливот Беј Бунар водејќи јужно по постојниот пат (патот до Велестово).

Потоа рутатата води кон Рача каде експресниот пат поминува низ долината на нагорната страна на Рача, на два последователни вијадукти со должина од 58 метри и 198 метри. По вториот вијадукт, експресниот пат остро свртува кон запад, а потоа повторно кон југ накај Шипокно.

Во непосредна близина на Шипокно ќе се гради раскрсница која ќе ги поврзува новиот експресен пат со постоечкиот пат во Рача.

Експресниот пат продолжува кон југ покрај Белина и на местото каде што го одминува комплексот на хотел Метропол ќе се гради раскрсница каде повторно ќе се поврзе со постоечкиот пат.

Експресниот пат продолжува кон југ во подрачје на стрмни падини и карпести испакнатини кај Црно брдо со вијадукт од 118 метри по што следи галерија од 184 метри – галеријата е преку делницата која беше во ЗАУ во првичниот План за управување со НПГ (2011 -2020). На оваа точка новиот експресен пат е најблиску до езерото.

Четвртиот вијадукт од 118 метри потоа ќе биде изграден во непосредна близина на населбата Коприла за да се премине долината со поток. Трасата на експресниот пат потоа продолжува кон југ преминувајќи го петтиот вијадукт од 118 метри, а потоа и втората галерија од 195 метри, по што следи третата галерија, која со 277 м е најдолгата делница со галерија.

По галеријата веднаш следи шестиот вијадукт од 148 метри, кој е на исток од Елешец.

Следната раскрсница се планира веднаш по ова место за да се обезбеди пристап до Елшани, што ќе биде на источната страна на коловозот. Седмиот вијадукт се планира југозападно од Елшани и е со должина од 88 метри.

Со трасирањето, потребни се уште два вијадукти (вијадукти осум и девет кои се 73 и 28 метри соодветно). Последните два вијадукти се источно од Пештани. Експресниот пат тука ќе заврши јужно од Пештани каде што ќе се обезбедат приклучни патишта за да се поврзат со постоечкиот пат.

Преглед на клучните карактеристики по должина на предложената траса – Структури, крстосници и клучки:

Како што е посочено во прегледот на трасата погоре, има 9 вијадукти по должината на оваа делница чија височина варира од 18 до 43 метри. Галерии се користеа за три делници каде што има стрмнини (на пр. Црно Брдо). Ќе биде потребно механичко ископување и детонации за изградбата на овие галерии. Трасата исто така вклучува квадратни и цилиндрични подземни канали.

Планирани се голем број на клучки и патни премини по должината на трасата, од кои клучните се сумирани подолу и наведени во прегледот на трасирањето погоре:

Раскрсница во Охрид со улица АСНОМ.

Патен премин со локален пат Охрид-Велестово.

Патна клучка Рача на регионалниот пат Р1301.

Површинска крстосница и пристапен пат кај хотел Метропол.

Пристапен пат Рача до клучка Св. Стефан (експресен пат А3).

Клучка кај Св. Стефан.

Патен премин со локален пат за село Коњско.

Патен премин и површинска крстосница со локален пат Елешец-Елшани.

Патен премин за стариот пат за село Коњско.

Клучка/врска со регионалниот пат Р1301 на крајот на делницата на експресниот пат

Page 28: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 24

Крстосница на предложениот експресен пат и приклучните патишта:

Главен експресен пат:

Патната конфигурација на експресниот пат е двонасочен сообраќај со максимална брзина од 80 км/час. Ќе има две главни ленти, секоја со ширина од 3,5 метри, рабни ленти секоја со ширина од 0,2 метри и две ленти за застанување, секоја со ширина од 2 метри. Така, вкупната ширина на профилот на коловозот изнесува 11,4 метри и нема физичко одвојување (бариера) помеѓу сообраќајните ленти - сликата подолу ја покажува главната крстосница на експресниот пат. Исто така, потребен е заштитен појас/засолниште од 40 метри од работ на патниот коридор на двете страни на патот.

Слика 13: Шема на главната крстосница на експресниот пат

(Извор: ЈПДП/Чакар партнери (април 2015 – Опис на проект)

Приклучни патишта:

Приклучните патишта (односно оние што го поврзуваат експресниот пат со другите патишта и населени места) се малку потесни со 9,6 метри бидејќи приклучните патишта ќе имаат сообраќајни ленти со ширина од 3 метри, рабни ленти од 0,2 метри, но нема да имаат ленти за застанување. Сепак, приклучните патишта ќе имаат трета лента за побавни возила – сликата подолу ја прикажува крстосницата на овие приклучни патишта.

Слика 14: Шема на крстосница на приклучен пат

Осветлување, опрема и безбедност на патиштата:

Главните делови на опремата и осветлувањето на патот по должината на оваа делница се сумирани подолу:

Вертикална сигнализација: стандардни и нестандардни сообраќајни знаци и табли поставени на патниот коридор на растојание од 1 метар од работ на патот.

Хоризонтална сигнализација: обележени сообраќајни ленти, место за застанување, ознаки за правец на движење и стрелки/острови и сл.

Осветлени раскрсници на улица АСНОМ во Охрид, Велестово, Св. Стефан, Метропол, Елшани и Десарет (близу Пештани). Се предлага осветлувањето да биде со 12 метри високи фенери опремени со штедливи светилки и автоматски систем за контрола.

Безбедност на патот: ќе се олесни преку обезбедување на ознаки на патот и сообраќајни знаци, користење на банкини и светилки на јарболи на раскрсниците. Ќе се користат бетонски безбедносни бариери за заштита на насипи, мостови, вијадукти и галерии.

Оградување: целата делница на патот ќе биде оградена со жичена ограда да се спречи пристап на луѓето и животните на патот. Со оглед дека патот е експресен пат, на пешаци,

Page 29: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 25

велосипеди или механичка опрема, како што се жнеарки или трактори нема да им биде дозволен пристап на патот.

Одвод:

Атмосферските води ќе се собираат и ќе се пренесуваат преку одводен систем на патот. Испуштањата на атмосферските води од трасата се планира да се вршат на локации каде што се планираат објекти (како што се мостови, подземни канали и сл.). Сепаратори за масло ќе бидат поставени на крајот на одводите пред испуштањето на атмосферските води. Сепараторите за масло се стандардна опрема за вакви експресни патишта и се проценува дека има планирано приближно 52 по должината на оваа делница на патот.

Делница од Пештани до албанска граница

Делницата од Пештани до албанската граница од предложениот експресен пат А3 е сè уште во релативно рана фаза на развој во споредба со планираната делница од Охрид до Пештани. Се смета дека делницата од Пештани до албанската граница не е моментално вклучена во тековната програма за патишта која што се спроведува од страна на ЈПДП и потенцијалното време на нејзина понатамошна изградба и подготовка треба да се потврди. Податоците што се достапни за оваа делница се прикажани подолу. Со оглед дека оваа делница од патот ќе биде продолжение на делницата од Охрид до Пештани, веројатно е дека пристапот за безбедност на патот, одводот, осветлувањето и опремата на патот би бил потенцијално сличен, но ќе бидат разгледани специфичните услови на трасата од Пештани до границата со Албанија.

Оваа делница на патот ќе поминува преку генерално помалку развиена област, минувајќи низ природните подрачја на НПГ од Пештани покрај селото Трпејца на брегот на езерото надолу до населената заедница на Љубаништа на јужниот крај на Охридското езеро. Навлегувањето на трасата во ЗАУ е прикажано во Прилог 11. Предложениот експресен пат потоа води од Љубаништа до Свети Наум (исто така познат како Св. Наум) во близина на албанската граница - види ја сликата подолу која ја прикажува сегашната траса помеѓу Пештани и Свети Наум (Р1301 / Р501):

Слика 15: Постоечка траса – Пештани до Свети Наум/албанска граница

Page 30: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 26

(Извор: Google maps)

Согласно доставениот технички извештај и картите (види ги сликите подолу), делницата од Пештани до границата со Република Албанија како дел од експресниот пат А3 Косел – Охрид – граница со Република Албанија се состои од два дела со вкупна должина од приближно 12.940 метри:

Дел 1: Пештани – Љубаништа има должина од приближно 11.149 метри

Дел 2: Љубаништа – Свети Наум (во близина на границата со Република Албанија) е долг приближно 1.791 метар

Page 31: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 27

Слика 16: Предложен експресен пат А3 од Пештани до албанската граница – Пештани до Трпејца

Page 32: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 28

Слика 17: Предложен експресен пат А3 од Пештани до албанската граница – Трпејца до Љубаништа до Свети Наум/албанска граница

Page 33: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 29

Крстосница:

Ширината на целиот профил на патот изнесува 14,40 метри, а во некои делови е поширок за 3,55 метри поради третата лента за тешки товарни возила. Се предвидува дека за овој дел е потребен заштитен појас/засолниште од 40 метри од работ на коридорот на двете страни на експресниот пат.

Патни врски/клучки/крстосници:

Рамката на проектот за делницата Пештани – граница со Република Албанија ги предвидува следните патни врски и клучки:

Клучката Трпејца на која регионалните патишта Р1301 Охрид – Пештани – Трпејца – Љубаништа и локалниот пат Трпејца – Царина се вкрстуваат со ново планираниот експресен пат A3;

Клучката Љубаништа на која ново планираната траса на врската на туристичките места по должина на јужниот брег на Охридското езеро (односно ТРЗ Љубаништа) се приклучува на ново планираниот експресен пат;

Врска/клучка за приклучување на населеното место Љубаништа со новиот експресен пат A3;

Површинска клучка/врска помеѓу постоечкиот пат Љубаништа – до граничниот премин во близина на Свети Наум, со новиот регионален пат А3 кој овозможува директна врска на туристичките места Љубаништа и Свети Наум со ново планираниот пат.

Структури и земјени работи:

Дополнително, во рамките на проектот за делницата Пештани – границата со Република Албанија се предвидува изградба на вијадукти, носечки ѕидови и насипи (некои се прикажани на сликите погоре).

Заштитен појас/засолниште за експресниот пат А3 Охрид – Пештани-албанска граница

По целата должина на патот ќе има засолниште/заштитен појас. Ширината на засолништето по должината на патот, на кое не можат да се изградат згради или да се вршат градежни работи кои не се функционални за патот, треба да изнесува 40 метри за експресен пат (од работ на патниот коридор) и 20 метри за регионален пат. Согласно Законот за јавни патишта (Службен весник на РМ, бр. 84/08, 52/09, 114/09, 124/10, 23/11, 53/11, 44/12, 168/12, 163/13 и 187/13), ширината на засолништето се пресметува од надворешниот раб на патниот појас од секоја страна на патот одделно. Во оваа лента, дрвата и грмушките кои ја попречуваат прегледноста на движење во сообраќајот, може да се исечат.

Врз основа на овие податоци, вкупниот износ предвиден за експресниот пат А3, Косел - Охрид - граница со Република Албанија, вклучувајќи ги и пристапните патишта, изнесува приближно 325 хектари, од кои приближно 95% се во рамки на границите на Националниот парк Галичица. Со ова се зема предвид првично проценетата „директна област“ на експресниот пат вклучувајќи го и засолништето - загуба на живеалишта во НПГ која е подетално оценета во Поглавјето 7 кое ги вклучува предизвиканите влијанија.

2.3. Туристички развојни зони

Предложени се три туристичко развојни зони (ТРЗ) кои се наоѓаат во границите на Националниот парк Галичица:

Туристичко развојна зона „Љубаништа“;

Туристичко развојна зона „Отешево“;

Туристичко развојна зона „Стење“.

Овие ТРЗ се иницијатива на Министерството за транспорт и врски (МТВ). Се смета дека овие ТРЗ ќе бидат планирани и зонирани од страна на Агенцијата за планирање на просторот (АПП) на барање на МТВ и ќе се спроведат од страна на приватни инвеститори. Во текот на процесот на ревизија на оваа СОЖС (и ИПУ) се одржа средба со АПП во мај 2015 година. Клучните точки во врска со статусот на ТРЗ се дадени подолу:

Page 34: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 30

ТРЗ Љубаништа: поделена е на 3 дела (види подолу) – Љубаништа 1, 2 и 3. Документацијата за урбанистичко планирање е изготвена од страна на АПП и усвоена од страна на МТВ за Љубаништа 1 (јануари 2014 година). Планската документација за Љубаништа 2 е во подготовка. Според АПП, МТВ укажало дека нема да продолжи со Љубаништа 3, која е предложена во областа на изворите на Свети Наум, кои се во Зона за строга заштита (ЗСЗ) во рамките на НПГ. Сепак, во моментот на изготвувањето на овој ИПУ и СОЖС до ЈУНПГ не е доставена потврда за тоа дали МТВ одлучило да не се продолжи со Љубаништа 3.

ТРЗ Отешево: од АПП не е побарано да започне со подготовка на документација за планирање и зонирање на оваа ТРЗ.

ТРЗ Стење: од АПП не е побарано да започне со подготовка на документација за планирање и зонирање на оваа ТРЗ. Оваа ТРЗ навлегува во заштитниот појас за ЗСЗ во однос на Стењско блато. АПП смета дека веројатно нема да се продолжи со оваа ТРЗ, но МТВ нема дадено писмена потврда за ова во времето на изготвувањето на овој ИПУ и СОЖС.

Поради разликите во состојбата и фазата на планирање на различните ТРЗ, постојат некои разлики во достапните информации за овие предлози. Во овој момент нема достапни детални информации за ТРЗ, освен некои дополнителни информации обезбедени во рамки на планската документација за Љубаништа 1. Се очекува дека овие ТРЗи ќе вклучуваат урбани градби како што се: хотели, апартмани, ресторани, паркови и други услуги и капацитети поврзани со туризмот и активности за посетителите.

Процесот на изградба обично вклучен во ТРЗ веројатно ќе се состои од: расчистување на земјиштето, ископувања, градежни работи, пејсажно уредување и градежен сообраќај за доставување материјали. Во текот на работата ќе се јават влијанија од зголемениот број на посетители во ова подрачје и позитивно економско влијание од зголемениот туризам и вработувања на локално ниво.

2.4. Туристичко развојна зона „Љубаништа“

ТРЗ Љубаништа е поделена на три дела – Љубаништа 1, 2 и 3; кои се прикажани на сликата подолу (и во Прилог 8 и Прилог 12). ТРЗ опфаќа дел од Охриското Езеро којшто излегува надвор од копнените граници на Паркот.

Page 35: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 31

Слика 18: ТРЗ Љубаништа – Карта со преглед на зонирање на НПГ

Според достапните информации, вкупната ТРЗ е проценета дека се состои од приближно 336,1 хектари од кои околу 20% се во Охридското езеро а повеќето од преостанатиот дел во Националниот парк Галичица. Преглед на проценетото навлегување во зоните на Паркот на секој дел од ТРЗ е даден подолу

2:

Љубаништа 1: 26,79 хектари во ЗОК;

Љубаништа 2: 266,26 хектари во ЗОК и 0,69 хектари во ЗАУ;

Љубаништа 3: 0,22 хектари во Заштитниот појас на ЗСЗ.

Љубаништа 1 и 2 во голема мера ќе се формираат во постојните полу-урбани, полу-земјоделски површини околу постојното село. Сепак, Љубаништа 3 е лоцирана во областа на изворите на Свети Наум, кои се дел од Зоната за строга заштита на НПГ. Овој извор е карстно подрачје, во непосредна близина на стариот манастир и е уникатен. Голем дел од водната

2 Хектарите поврзани со 3-те дела на Љубаништа малку се разликуваат во достапната документација, меѓутоа ова се

незначителни разлики и не влијаат на резултатите од ИПУ/СОЖС.

Page 36: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 32

биолошка разновидност во изворот е ендемски и не е застапен во Охридското езеро кое е во непосредна близина. Од тие причини, се размислува дали да се прават дополнителни планови за изградба на туристички капацитети во оваа област. Иако во моментов областа е место за поклонение и привлекува посетители, секаков зголемен развој во физички непосредната близина на заштитено подрачје ќе предизвика дополнителни ризици.

Планскиот документ, подготвен од страна на АПП со наслов: „Урбанистичко планската документација за туристичко развојната зона Љубаништа 1 (КО Општина Љубаништа во Охрид, Република Македонија - јануари 2014)“ ги потврдува главните намени за земјиштето за ТРЗ како: Домување (Класа A: Привремено); Комерцијални и деловни намени (Класа Б), Зеленило и рекреација (Класа Д) и Инфраструктура (Класа Е). Планскиот документ ги утврдува и мерките за заштита на културното наследство, природата и животната средина. Картата од планскиот документ е дадена во Прилог 12.

2.5. Туристичко развојна зона „Отешево“

Сликата подолу (и Прилог 6) ја прикажува ТРЗ Отешево. Оваа ТРЗ е во рамките на границите на НПГ и е лоцирана помеѓу Маргарина и одморалиштето Отешево на брегот на Преспанското езеро.

Слика 19: ТРЗ Отешево – Карта со преглед на зонирање на НПГ

Ова е предложена активност за изградба на инфраструктура за сместување и туризам на површина од околу 58,95 хектари кои се лоцирани на јужните падини на ридот Сирханско Кале, покрај Преспанското езеро. Целото подрачје е населено со шума од даб плоскач којшто се карактеризира со видовите дрвја Quercetum frainetto – cerris macedonicum, и поврзаните

Page 37: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 33

заедници. ТРЗ е лоцирана на 57,39 хектари на ЗАУ, а останатите 1,56 хектари се во рамките на ЗОК.

2.6. Туристичко развојна зона „Стење“

Сликата подолу (и Прилог 7) ја прикажува ТРЗ Стење, која се наоѓа во рамките на границите на НПГ и е лоцирана помеѓу брегот на Преспанското езеро и Стењско блато:

Слика 20: Карта со преглед на зонирање на НПГ

Предложената ТРЗ Стење е лоцирана на брегот на Преспанското езеро, помеѓу езерото и Стењско блато. ТРЗ зафаќа површина од 7,92 хектари. Стењско блато е прогласено за Зона за строга заштита од НПГ, поради големиот број на ендемски и загрозени видови, како што се ротифери, черупкари, полжави, вилински коњчиња, влекачи и птици. Блатото е опкружено со заштитен појас, кој се протега на 50 метри од границата на Зоната за строга заштита (ЗСЗ). Предложената ТРЗ навлегува со 5 хектари во Заштитниот појас, а останатиот дел од ТРЗ е во

Page 38: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 34

рамките на ЗОК. Стењско блато е единствена област на потопено земјиште, чии нивоа на вода и и воздух се покачуваат и опаѓаат со нивото на Преспанското езеро.

3. Анализа за влијанието на развојните проекти врз природата

Во рамките не ревидираната СОЖС е направена ажурирана проценка на влијанијата на развојниот проект. Во Погјавјето 5-4 е содржана почетната состојба на биолошката разновидност а во Поглавјето 7 е содржана проценката на влијанието. Со ова се заменува првичната проценка на влијанието содржана во Нацрт ИПУ од јули 2014 година.

Во СОЖС е ставен фокус на влијанијата врз живеалиштата коишто имаат клучно значење во рамките на Паркот. Во СОЖС се содржани клучни збирки на податоци коишто првично беа вклучени во Прилозите на првичниот нацрт ИПУ од јули 2014 година.

4. Нацрт измени на Планот за управување

Измената на ПУ се спроведува на барање на Владата на Република Македонија. Според задолжението измените треба да се направат за да се овозможи реализација на неколку развојни проекти кои се од значење за Република Македонија и општините Охрид и Ресен. Со предложениве измени се постапува по задолжение на Владата на Република Македонија при што беа земени предвид околностите кои влијаат врз идната заштита и зачувување на природата и природните процеси во Националниот парк Галичица. Во измените се земени предвид и наодите од проценката на влијанието направена во рамките на ажурираната СОЖС, а овој ИПУ треба да се чита во корелација со неа.

Актуелниот ПУ по прв пат синтезно и долгорочно го уредува управувањето со Националниот парк Галичица. Заради недостаток од сопствено искуство и податоци за делови од природата на Паркот некои од предвидените мерки и активности се преоптимистички дизајнирани. Поради тоа, обезбедувањето на дополнителни податоци и знаења, како и спроведување на предвидените мерки и активности и долгорочен мониторинг за некои живеалишта и видови значајни за заштитата, не се одвиваат со планираното темпо. Недостатокот на ваков тип на податоци ја отежна анализата на влијанието на предвидените развојни проекти врз природата на Паркот и делумно го определи и ограничи дизајнирањето на предлог измените.

Имајќи ги предвид достапните податоци за живеалиштата и видовите присутни во опфатите на трите туристичко развојни зони (Љубаништа, Отешево и Стење), ски центарот и новопроектираниот патен правец А3 Охрид-граница со Република Албанија, направени се измени на ПУ во насока на реализација на развојните проекти планирани од Владата на Република Македонија. Тоа е обезбедено со промена во зонирањето односно режимот на заштита и управување. Дополнително, при дизајнирањето на измените, покрај промена во зоните, предложени се некои ограничувања,како и мерки и активности со кои негативнотовлијание ќе се намали колку што е можно повеќе.

Врз основа на анализата којашто е елаборирана во СОЖС, предложена е пренамена на 604 хектари од Зона за активно управување (ЗАУ) во Зона за одржливо користење во одредени области коишто се поврзуваат со предложените проекти. Сепак, за тоа да се компензира, дополнителни 854 хектари пасишта ќе се пренаменат од ЗОК во ЗАУ. Според тоа, со усвојување на овие измени, површините на зоните за управување во Паркот ќе бидат:

1. Зона за строга заштита со површина од 2.117 ha или 8,8% од вкупната територија на Паркот;

2. Зона за активно управување со површина од 12.525 ha или 51,8% од вкупната територија на Паркот;

3. Зона за одржливо користење со површина од 9.362 ha или 38,8% од вкупната територија на Паркот;

4. Заштитен појас со површина од 147 ha или 0,6% од вкупната територија на Паркот.

Според тоа, површината на природната зона или претежно неизменетото подрачје во Паркот ќе изнесува 14.642 ha, што претставува зголемување за околу 1% во однос на постојното зонирање.

Проценетото навлегување на секој проект врз оригиналните зони на Паркот содржани во рамките на ПУ со НПГ (период 2011-2020 година) е прикажано во табелата подолу.

Page 39: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 35

Табела 1: Проценето директно навлегување на предложените проекти врз зоните на управување на Паркот

Планиран развоен проект

Површина за планираните развојни проекти (хектари/ha)

Вкупна површина во Паркот

ЗСЗ ЗАУ ЗП ЗОК

ТРЗ Отешево 58,95 0 57,39 0 1,56

ТРЗ Стење 7,92 0 0 5,0 2,92

ТРЗ Љубаништа 293,96 0 0,69 0,22 293,05

Експресен пат A3 307,62 0 49,85 0 257,77

Ски центар (вклучувајќи подрачје на Централно плато за нордиско скијање)

529,55 0 496,15 0 33,4

Вкупно 1,198 0 604,08 5,22 588,7

Со ваквата измена ќе се овозможи реализација на проектите за развој на ТРЗ „Отешево“, ТРЗ „Љубаништа“, ски центар во Паркот и двете делници од Експресниот пат А3 Косел – Охрид – граница со Република Албанија (делница Охрид – Пештани и делница Пештани – граница со Република Албанија) согласно постојните правила кои важат за зоните за управување во Паркот. За реализација на проектот за развој на ТРЗ „Стење“ се предлага дополнување на Табела 6-9 („Дозволени и забранети активности во зоните“) со посебна активност „нова инфраструктура во Заштитниот појас на Зоната за строга заштита – дел „Стењско Блато“ согласно урбанистичко планската документација за туристичко развојната зона „Стење““. Треба да се истакне дека, ЈУНПГ ќе бара соработка со Агенцијата за планирање на просторот која е единствен овластен изработувач на вакви документи, со цел да се идентификуваат ограничувања за заштитниот појас околу Стењско Блато со кои ќе се намалат влијанијата од ТРЗ „Стење“ и истите да бидат дел од идната урбанистичко планската документација за оваа ТРЗ.

За реализација на проектот за изградба на Ски центарот Галичица, предлагаме измени на Табелата 6-9 („Дозволени и забранети активности во зоните“). Ски центарот Галичица ќе доведе со одреден специфичен развој на инфраструктура, развој на нови патеки и воведување на зимски и летни активности во областа; тие ќе резултираат со повторно зонирање на области од ЗАУ во ЗОК, бидејќи дел од активностите потенцијално изглегуваат надвор од обемот на активности што се дозвомени во ЗАУ (на пример, планински велосипедизам надвор од патеки). Намалувањето во ЗАУ во однос на површината за нордиско скијање на Централно плато резултираше во одредена конкретна дополнителна препорака во ИПУ која вели дека „Не може да се изгради дополнителна инфраструктура, освен онаа презентирана во Мастер планот и физибилити студијата за ски центарот Галичица (мај 2014 година), во рамките на подрачјето кое е повторно зонирано од Зона за активно управување (ЗАУ) во Зона за одржливо користење (ЗОК) во ИПУ поврзано со површината за нордиско скијање на Централно плато“. Ова дополнување е со цел да се избегне ризикот од изградба на дополнителна инфраструктура на Централно плато, со оглед дека тоа што ова подрачје мораше повторно да се зонира од ЗАУ во ЗОК како резултат на предложениот ски центар.

Со оглед на фактот што развојните проекти зафаќаат во живеалишта од видови кои се значајни за конзервацијата, вклучително и Строго заштитени видови согласно ЗЗП, неопходно ќе биде да се преземат конкретни активности за намалување на влијанието врз нив. ЈУНПГ, во рамките на своите буџетски ограничувања, ќе спроведе посебни студии и истражувања со кои ќе се добијат прецизни податоци за присуството на Строго заштитените видови во планските опфати на проектите преку мапирање на нивните микроживеалишта. Ваквите студии ќе се преземат пред се за цвииќевата качунка, живоиновиот смиљ и аполоновата пеперутка,како и за видови водоземци, влечуги, птици и цицачи за кои во моментов ЈУНПГ не располага со потребните податоци. Сепак, на ниво на проект, од Спонзорите на проектите ќе се очекува да спроведат

Page 40: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 36

доволни истражувања на почетната состојба со цел да се обезбедат информации за сеопфатнa Оценка на влијанијата на животната средина и општеството (види Поглавја 8-10 од СОЖС). Податоците од ваквите проекти (и сите достапни ЈУНПГ) студии ќе послужат на изработувачот на проектот за изградба на ски центар да избере најповолни решенија во смисла на намалување на негативните влијанија врз природата.

Врз основа на мислењето од Управата за заштита на културното наследство при Министерството за култура (допис бр. 17-440/2 од 31.12.2013 година, види Прилог 16), во рамките на измените се предлагаат и измени во ПРГ 4.6А.

Со оглед на тоа што по донесувањето на ПУ согласно решението ДН. бр. 19-620/03-2 од 20.03.2009 донесено од Министерот за финансии преку Комисијата за одлучување по барањата за денационализација поднесени од старешините на верските објекти на верските заедници во РМ , Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, Дебарско-Кичевска Епархија стана сопственик на значителна површина на земјиште во границите на Паркот, искористена е можноста и направени се измени на ПУ во поглавјето сопственост (1.2.1).

Консеквентно се предлага измена на ПУ во следниве поглавја:

Измена на поглавјето „Сопственост“ (1.2.1.), вклучително и табелите 8-2 и 8-3;

Измени на поглавјето за „Урбанизација и инфраструктура“ (5.2.1.5);

Измена на поглавјето „Цели на управувањето“ (5.4), вклучително и Табела 5-1 - ова вклучува одредени конкретни дополнителни барања за мапирање за заштитените видови во подрачјето на предложениот дел на ски центарот Галичица (на пр. Cvijic Crocus, Parnassius Apollo, Helichrysumzivojinii, итн.) од страна на Спонзорите на Проектите, итн.;

Измена на поглавјето „Зонирање и прописи“ (6.2.) вклучително и Слика 1 од ИПУ (Книга 4 од План за управување: Карта 7 - Прилог 17 од ИПУ);

Измени во табелите 6-5, 6-6, 6-7, 6-8 и 6-9. Конкретни измени се направени во 6-9 („Дозволени и забранети активности во зоните") за ТРЗ Стење (во однос на: Стењско Блато) и предложениот Ски центар Галичица (во однос на: Централното плато). Тука спаѓаат и измените на Табелата 6-9 бидејќи во првичниот План за управување, при разгледувањето на применливоста на алпско скијање во Зоната за активно управување под претпоставка за постоење на ниско ниво на рурален туризам тоа беше дозволено, но со оглед на предложените обем на Ски центарот Галичица, од страна на ЈУНПГ беше утврдено дека алпското скијање од ваков обем не е дозволено во ЗАМ. Исто така, беше вклучена и измена за да се овозможи усогласеност со Законот за заштита на природата кој вели дека во ЗАУ ќе биде дозволено одгледување на култури со употреба на традиционални методи;

Измени во поглавјето „Програми на проекти и активности“ (6.3.);

Измена на Карта 7 (Зонирање) од Книга 4 (дадена прилог на документов) (дадена во прилог на овој документ како Прилог 17 на ИПУ и Слика 1 од овој ИПУ).

Вклучен е дополнителен Дел 5 во ИПУ и затоа ова ќе стане ново Поглавје 9 од Книгата 1 на Планот за управување со НПГ со наслов „Управување, неутрализирање и мониторинг на негативни влијанија“. Ова поглавје обезбедува дека резултатите од СОЖС се целосно земени предвид во ИПУ и обезбедува рамка за управување, неутрализирање и мониторинг на негативните влијанија на измените на Планот за управување и планираните развојни проекти. Делот ги вклучува следните содржини:

Принципи за компензација и неутрализирање на влијанијата на проектот;

Преглед на компензирањето на влијанијата од развојниот проект;

Препораки/претпоставки за дизајн и подготовка на проектот – вклучувајќи известување поврзано со ОВЖСО, оцена на влијанието на наследството (ОВН), соодветна оцена и сл;

Управување и мониторинг на влијанијата на проектот– вклучувајќи ги и предложената улога и активности на ЈУНПГ;

Независен мониторинг.

Page 41: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 37

Потребно е да се спомне дека, со оглед на тоа што планските опфати на ТРЗ „Љубаништа“, експресниот пат А3 и ски центар се наоѓаат во границите на Светското наследство на охридскиот регион, треба да се имаат предвид обврските кои произлегуваат од Конвенцијата за заштита на светското културно и природно наследство (Конвенција за светското наследство, 1972). Имено, согласно параграф 172 од Оперативниот водич за спроведување на Конвенцијата за светското наследство (2012), Државите кои се членки на конвенцијата се повикани до го информираат Комитетот за светско наследство, преку Секретаријатот, во врска со нивните намери да преземат или да дозволат во било кое подрачје кое е заштитено со Конвенцијата за светското наследство поголеми активности за реставрација или проекти за изградба на нови градби кои може да ги засегнат Исклучителните универзални вредности на подрачјето. Известувањето треба да биде испратено што е можно порано, на пример пред да се подготват предлог одлуките кои потоа тешко може да се отповикаат, со што Комитетот ќе биде во можност да пружи помош во изнаоѓањето на соодветни решенија со кои ќе се обезбеди целосна конзервација на Исклучителните универзални вредности. Ова е целосно опфатено во рамките на СОЖС.

Во продолжението на ова поглавје дадена е содржината на предложените измени во одделни поглавја од Планот за управување. Промените кои се направени во оригиналниот текст на поглавјата или табелите се подвлечени/потенцирани.

4.1. Изменето Поглавје 1.2.1 („Сопственост“)

Најголем дел од земјиштето во границите на Паркот е во државна сопственост. ЈУНПГ не располага со ажуриран попис на катастарски парцели во државна сопственост кои се во границите на Паркот односно попис на парцели кои се наоѓаат во приватна сопственост. Според податоците од Геодетската управа на општината Охрид од 1976 година, површината на парцелите во границите на Паркот во државна сопственост изнесува 21.849 ha (90% од вкупната површина на Паркот). Од друга страна, според податоците на статистичката служба во Охрид од 1985 година, површината на парцелите во границите на Паркот во државна сопственост изнесува 22.184 ha, а во приватна сопственост 2.498 ha. Значителна промена во сопственичката структура настана со измените согласно решението за денационализација ДН. бр. 19-620/03-2 од 20.03.2009 донесено од Министерот за финансии преку Комисијата за одлучување по барањата за денационализација поднесени од старешините на верските објекти на верските заедници во РМ при што површината на парцелите во границите на Паркот во државна сопственост се намали и сега изнесува 19.502 ha, а површината на парцели во приватна сопственост се зголеми на 5.180. Во моментов 79% од вкупната површина на Паркот е во државна сопственост. Повеќе детали за сопственоста на земјиштето во границите на Паркот, по катастарски општини, се дадени во табелите 8-1, 8-2 и 8-3 од Прилог 2 на ПУ.

4.2. Изменето Поглавје 5.2.1.5 („Урбанизација и инфраструктура“)

Паралелно со напуштањето на маргиналното земјоделско земјиште во Паркот, се одвива интензивна урбанизација на поплодните површини во крајбрежниот појас. Имено, кон крајот на 60-те години на минатиот век започнал интензивен процес на внатрешна миграција на населението – од планинските села во Паркот кон градовите или пак во пониските делови на Паркот, долж крајбрежјето на Охридското Езеро. Како резултат на тој процес беа подигнати сосема нови населби, како што се Рача, Свети Стефан, Исток, Долно Коњско и Елешец. Дел од новонастанатите населби, како на пример Елешец и Лагадин, главно се населени со повремени жители. Истовремено, старите населби, како на пример Лескоец, Отешево, Рамне, Шипокно и Коњско, беа речиси целосно напуштени. Во последните две декади урбанизацијата зема сè поголем замав, во крајбрежниот дел, но и во планинскиот дел. Старите, напуштени села постепено прераснуваат во викенд населби. Најголем дел од новите жители се со постојано место на живеење надвор од границите на Паркот, а на подрачјето престојуваат главно во летната сезона или за викендите. Модернизацијата на населбите во планинскиот дел на Паркот е пропратена со зголемена инфраструктура, поголема потрошувачка на вода и зголемено загадување, како комунални отпадни води и цврст отпад (комунален смет и градежен шут). Поради големиот интерес за градежни парцели во овие населби, цената на поранешното земјоделско земјиште постојано расте што пак дополнително допринесува за намалување на интересот за земјоделството или другите традиционални стопански дејности кај локалното население.

Page 42: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 38

Покрај урбанизацијата која се должи на миграционите процеси во поново време значаен е и притисокот за урбанизација на делови од Паркот за да се обезбедат услови за развој на туризмот. Ваквите иницијативи подржани се од Владата на Република Македонија. Во фокусот на интересот се крајбрежни делови од Паркот погодни за развој на летен/езерски туризам (Отешево, Стење и Љубаништа), но истотака и значајна површина од високопланинскиот дел на Паркот (потегот Лако Сигној–Бугарска Чука) погоден за развој на зимски туризам.

Важно е да се спомене дека забрзаната урбанизација во континуитет е пропратена со бројни обиди за бесправна градба, узурпација на државното земјиште и несоодветна инфраструктура. Посебно загрижуваат постојаните обиди за бесправна градба на објекти долж брегот на Охридско Езеро, особено во и околу зоната за строга заштита на потегот од Пештани до Градиште, од Градиште до Трпејца и месноста Надол, јужно од селото Трпејца.

Растечката урбанизација во Паркот, иако концентрирана на релативно мало подрачје, може да предизвика несразмерно големи последици по биолошката разновидност. Негативните ефекти на урбанизацијата вклучуваат уништување и фрагментација на живеалиштата, преку проширување на постојната и изградба на нова инфраструктурата (патишта, електрични, водоводни и телекомуникациски инсталации и сл.), зголемено зафаќање на природните богатства (особено вода), и загадување (цврст отпад, градежен шут, отпадни води, аерозагадување, бучава и друго).

Според тоа, постојните трендови упатуваат на заклучокот дека, во иднина, експанзијата на урбанизацијата ќе биде една од најсериозните закани по интегритетот на биолошката разновидност, особено во некои делови од Паркот, вклучително и такви кои се исклучително важни за зачувувањето на некои од клучните вредности во Паркот. Така на пример, крајбрежните клифови долж Охридското Езеро се живеалиште за лушпеста гуштерица (Algyroides nigropunctatus) која се вбројува меѓу клучните вредности во Паркот (балкански ендемит). Овој вид има дисјунктен ареал, а малата популација во Паркот се наоѓа на источната граница на неговото распространување. Оттука, и малите притисоци врз живеалиштето може да имаат голем ефект врз оваа чувствителна популација. Со изградбата на објекти и инфраструктура долж клифовите на потегот од Пештани до Градиште и во близината на селото Трпејца се отежнува комуникацијата на метапопулациите во Паркот, а со тоа се загрозува опстанокот на овој вид на подрачјето.

4.3. Изменета Табела 5-1 („Преглед на општите, посебните и оперативните цели за управување со Национален парк Галичица“) од Поглавје 5.4 (Цели на управувањето)

Page 43: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 39

Табела 5.1: Преглед на општите, посебните и оперативните цели за управување со Национален парк Галичица

Општа цел Код Посебна цел Код Оперативна цел Код Приоритет

Клучните природни вредности на Паркот се наоѓаат во поволна состојба

ОЦ-I Популациите на клучните видови во Паркот се наоѓаат во поволна состојба

ПЦ-I.1 Изработка и спроведување на акциски план за зачувување на галичичката непета (Nepeta ernesti-mayeri)

ОПЦ-I.1.1 В

Уредување на арборетум и мала ботаничка градина кај Центарот за посетители Охрид со цел ex-situ зачувување на засегнати, ретки и ендемични растителни видови во Паркот

ОПЦ-I.1.2 Н

Формирање на семенска збирка за засегнати, ретки и ендемични растителни видови во Паркот

ОПЦ-I.1.3 Н

Спроведување на акциски план за одржливо користење на дел од популацијата на охридскиот чај (Sideritis raeseri)

ОПЦ-I.1.4 В

Воведување и спроведување на забрана за сеча на планинскиот јавор (Acer heldreichii)

ОПЦ-I.1.5 С

Утврдување на присуството, дистрибуцијата и состојбата на популациите (бројност, структура) на следниве видови: Bupleurum mayeri, Ajuga piskoi, јајчарка (Amanita caesarea), поточен рак (Austropotamobius torrentium macedonicus), Buprestis splendens, Morimus funereus, Osmoderma eremita, остроглава шарка (Vipera ursinii) и балканска снежна пољанка (Dinaromis bogdanovii)

ОПЦ-I.1.6 В

Детално мапирање на популацијата на цвииќевата качунка (Crocus cvijicii) и живиновиот смил (Helichrysum zivojinii) да се направи пред подготовката на дизајнот на Проектот за ски центарот – ЈУНПГ да го преземе тоа во колку што е можно поголема мера и да го охрабри Спонзорот на проектот за ски центарот да го преземе истото како дел од ОВЖСО.

ОПЦ-I.1.6а В

Детално мапирање на популациите на строго заштитените видови пеперутки во планските опфати на развојните проекти на Владата на РМ, со посебен фокус на аполоновата пеперутка во областа на предложениот Проект за Ски центар - ЈУНПГ да го преземе тоа во колку што е можно поголема мера и да го охрабри Спонзорот на проектот за ски центарот да го преземе истото како дел од ОВЖСО.

ОПЦ-I.1.6б В

Page 44: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 40

Обезбедување на детални податоци за користењето на живеалиштата во планските опфати на развојните проекти на Владата на РМ од строго заштитените видови птици

ОПЦ-I.1.6в В

Обезбедување на детални податоци за користењето на живеалиштата во планските опфати на развојните проекти на Владата на РМ од строго заштитените видови цицачи

ОПЦ-I.1.6г В

Изработка и спроведување на акциски план за зачувување на големиот северен потопник (Mergus merganser)

ОПЦ-I.1.7 С

Изработка и спроведување на акциски план за зачувување на следните видови крупни цицачи: дивокоза (Rupicapra rupicapra balcanica), кафеава мечка (Ursus arctos), балкански рис (Lynx lynx balcanicus) и волк (Canis lupus)

ОПЦ-I.1.8 С

Изработка на физибилити студија и акциски план за реинтродукција на еленот лопатар (Dama dama)

ОПЦ-I.1.9 С

Воспоставување и спроведување на норми за собирање на диви растителни видови на целата територија на Паркот: за лична употреба, за научно истражувачки и комерцијални цели

ОПЦ-I.1.10 В

Воспоставување и спроведување на трајна забрана за собирање на диви животински видови, освен за научни цели, на целата територија на Паркот

ОПЦ-I.1.11 В

Воспоставување на долгорочен мониторинг на популациите на видовите од Прилог II на Директивата за живеалишта, Прилог I на Директивата за птици и други видови, согласно концептот за интегрален, долгорочен мониторинг на Паркот

ОПЦ-I.1.12 В

Клучните живеалишта во Паркот се наоѓаат во поволна состојба

ПЦ-I.2 Воспоставување и спроведување на трајна забрана за сите човекови активности (освен посета и рекреација на начин што не предизвикува значајни биолошки и еколошки промени) во репрезентативните состоини на живеалиштата во Паркот кои се наведени во Прилог I од Директивата за живеалишта, со исклучок на живеалиштето „Елино-балкански степи со Satureja montana“

ОПЦ-I.2.1 В

Определување на параметрите на „поволна состојба“ и акциски план за активно управување со живеалиштето

ОПЦ-I.2.2 В

Page 45: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 41

„Елино-балкански степи со Satureja montana“ на потегот од с. Велгошти до местото Глајшо

Спроведување на Планот за одржливо користење на дел од шумите во Паркот

ОПЦ-I.2.3 В

Воведување и спроведување на забрана за секакви интервенции на сите постојани и повремени извори и млаки, вклучително и крајбрежните извори, кои сѐ уште се наоѓаат во природна или речиси природна состојба

ОПЦ-I.2.4. В

Воведување и спроведување на забрана за секакви интервенции на сите природни постојани и повремени водотеци

ОПЦ-I.2.5 В

Воведување и спроведување на забрана за секакви интервенции и забрана за посета на сите природни подземни карстни форми освен пештерата Саматска Дупка

ОПЦ-I.2.6 В

Изработка и спроведување на акциски план за еколошка реставрација на природните и вештачките локви

ОПЦ-I.2.7 В

Воспоставување на долгорочен мониторинг на загадувањето на почвата, водите и воздухот во Паркот согласно концептот за интегрален, долгорочен мониторинг на Паркот

ОПЦ-I.2.8 В

Изработка и спроведување на повеќегодишни програми и годишни планови за заштита од пожари во Паркот

ОПЦ-I.2.9 В

Воспоставување на долгорочен мониторинг за следење на состојбата на живеалишта од Прилог I од Директивата за живеалишта, согласно концептот за интегрален, долгорочен мониторинг на Паркот

ОПЦ-I.2.10 В

Спречување на загадувањето на почвата, водите и воздухот во Паркот ОПЦ-I.2.11 В

Работа со предлагачите на предложените Проекти со цел да се осигури дека во дизајнот на Проектот, колку што е можно повеќе ќе се избегнат или ќе се минимизираат заканите по животната средина. Има улога на консултирана страна во текот на подготовката на ОВЖСО за Проектот и осигурува дека се соопштени информации за ресурсите и чувствителните области на Паркот, како и прашањата за кои

ОПЦ-1.2.12 В

Page 46: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 42

постои загриженост кај ЈУНПГ во врска со влијанијата и контролите на управувањето. Дава совети на предлагачите на Проектот во врска со плановите за неутрализирање на негативните влијанија врз биолошката разновидност.

Во текот на изградбата на Проектот, ги ревидира плановите за Проекти за контрола на ризиците по животната средина (на пр. ПУЖССППИ и ПУБР) и редовно се среќава со тимот на Проектот за да дискутира во врска со прашањата коишто претставуваат причина за загриженост.

ОПЦ-1.2.13 В

Во текот на управувањето со Проектот, ги вклучува ризиците од Проектот по животната средина во Програмата за мониторинг на Паркот.

ОПЦ-1.2.14 В

Ангажира независна Ревизија на биолошката разновидност со цел да се испита спроведувањето и влијанието од мерките за неутрализирање на влијанијата врз животната средина, вклучувајќи ги тука и кумулативните влијанија. Комисија на годишна основа по започнувањето на првиот Проект која продолжува на годишно ниво најмалку пет години по завршувањето на последниот Проект. Зачестеноста треба да се ревидира за идните ревизии, во зависност од резултатите.

ОПЦ-1.2.15 В

Клучните геоморфолошки појави се заштитени

ПЦ-I.3 Воспоставување и спроведување на забрана за сите човекови активности на тревните тераси (освен посета и рекреација на начин што не предизвикува значајни промени)

ОПЦ-I.3.1 В

Основните еколошки процеси се одвиваат непречено на најголем дел од Паркот со што се овозможува долгорочна заштита на карактеристичните видови и екосистеми во Паркот

ОЦ-II Основните еколошки процеси се одвиваат непречено на 60% или повеќе од територијата на Паркот (природна зона)

ПЦ-II.1 Воспоставување на зона за строга заштита на Стара Галичица на околу 2.040 ha

ОПЦ-II.1.1 В

Воспоставување на зона за строга заштита и заштитна зона за Стењско Блато на околу 17,5.ha (21 ha заштитен појас)

ОПЦ-II.1.2 В

Воспоставување на зона за строга заштита за клифовите од с. Коњско до границата со Албанија

ОПЦ-II.1.3 В

Воспоставување на зона за строга заштита за дел од клифовите од с. Пештани до Градиште

ОПЦ-II.1.4 В

Воспоставување на зона за строга заштита за дел од клифовите од Градиште до Трпејца

ОПЦ-II.1.5 В

Page 47: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 43

Воспоставување на зона за строга заштита за дел од клифовите и крајбрежниот појас од с. Трпејца до пештерската црква Свети Никола

ОПЦ-II.1.6 В

Воспоставување на зона за строга заштита за дел од клифовите од црквата Пресвета Богородица (Пречиста) кај с. Стење до Црквата Свети Илија, кај с. Коњско

ОПЦ-II.1.7 В

Воспоставување на зона за строга заштита на целата територија на островот Голем Град

ОПЦ-II.1.8 В

Воспоставување на зона за строга заштита на дел од извориштето Свети Наум

ОПЦ-II.1.9 В

Воспоставување на зона за активно управување на површина од околу 11.478.ha во 2010 година

ОПЦ-II.1.10 В

Проширување на зоната за активно управување со дополнителни 797 ha во 2013 година

ОПЦ-II.1.11 В

Измена на зоната за активно управување според предлогот за повторно зонирање од ИПУ 2015 – т.е. ЗАУ да биде вкупно 12.525 хектари.

ОПЦ-II.1.12 В

Постојат сознанија за трендовите и состојбата на видовите, живеалиштата и екосистемите во Паркот како и за ефектите од мерките на управувањето

ПЦ-I.2 Изработка и спроведување на програма за мониторинг согласно концептот за интегрален, долгорочен мониторинг на Паркот

ОПЦ-II.2.1 В

Вклучување на научно-истражувачки институции и организации, домашни и меѓународни, во спроведувањето на програмата за мониторинг

ОПЦ-II.2.2 В

Сознанијата за биолошката разновидност, процесите и функциите на природните екосистеми непрекинато се надградуваат и продлабочуваат

ПЦ-I.3 Изработка на преглед на приоритетни научно-истражувачки активности во Паркот

ОПЦ-II.3.1 В

Изработка и спроведување на програма за привлекување на домашни и меѓународни институции и организации, кои работат на полето на зачувување на природата, со цел спроведување на научно-истражуваки активности во Паркот

ОПЦ-II.3.2 В

Екосистемите во Националниот парк Галичица се поврзани со тие

ОЦ-III Постои функционална еколошка врска со околните водни и копнени екосистеми

ПЦ-III.1 Воспоставување на еколошки коридор во функција на еколошко поврзување со националнитe паркoви Маврово и Пелистер преку планините Плаќенска, Илинска и Бигла

ОПЦ-III.1.1 Н

Page 48: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 44

во регионот со што се обезбедува нивното взаемно функционирање и поефикасна заштита

Определување на потребата за регулирање и ограничување на човековите активности и воспоставување на заштитна зона во Преспанското Езеро на делот од с. Коњско до островот Голем Град и кон државната граница со Албанија

ОПЦ-III.1.2 Н

Реституција на еколошкиот коридор на локалитетот Черти Камен

ОПЦ-III.1.3 В

Усогласување на мерките за зачувување и заштита на видови и живеалишта со Национален парк Преспа од Албанија

ОПЦ-III.1.4 С

Урбанизацијата во Паркот е контролирана и во функција на одржливиот развој и квалитетот на животот во локалните заедници

ОЦ-IV Постои просторно планска документација која обезбедува силна законска основа за спроведување на новото зонирање на Паркот

ПЦ-IV.1

Активно учество на ЈУНПГ во работниот тим на Агенцијата за планирање на просторот кој ќе работи на изработка на Планот за просторно уредување на Паркот

ОПЦ-IV.1.1 В

Постои соработка и координација помеѓу ЈУНПГ и надлежните државни и локални органи во донесувањето и спроведувањето на урбанистичките документации за населените места во Паркот и неговата непосредна околина

ПЦ-IV.2

Активно учество на ЈУНПГ во изработка на урбанистичките документации за населените места во Паркот и неговата непосредна околина ОПЦ-IV.2.1 В

Активно учество на ЈУНПГ во изработка на документацијата за развој и изградба на ски центар во Паркот

ОПЦ-IV.2.2 В

Во Паркот постојат бројни можности за инспирација, незаборавни доживувања и рекреација во природна, неурбанизирана средина без притоа да се предизвикуваат значајни нарушувања на природата

ОЦ-V Во Паркот постои соодветна и современа физичка инфраструктура и објекти за поддршка на престојот и активностите на посетителите

ПЦ-V.1 Воспоставување и одржување на систем на обележани и уредени пешачки патеки со различен степен на тежина (физички напор) кои ги поврзуваат природните, историските и културните вредности на Паркот со попатни содржини

ОПЦ-V.1.1 В

Воспоставување и одржување на систем на обележани и уредени велосипедски патеки со различен степен на тежина (физички напор)

ОПЦ-V.1.2 В

Воспоставување и одржување на систем на земјени патишта наменети за движење на моторни возила (теренски автомобили и мотоцикли)

ОПЦ-V.1.3 В

Уредување и одржување на места за набљудување на животни во различни екосистеми (водени, шумски, високо-планински)

ОПЦ-V.1.4 Н

Изградба и одржување на планински куќи и засолништа ОПЦ-V.1.5 Н

Page 49: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 45

Изградба и одржување на уредени места за кампување во дивина

ОПЦ-V.1.6 В

Уредување и одржување на места за искачување на карпи и параглајдинг

ОПЦ-V.1.7 С

Уредување и одржување на излетнички места ОПЦ-V.1.8 В

Уредување и одржување на видиковци ОПЦ-V.1.9 В

Паркот е познат по бројните спортско-рекреативни настани и натпревари

ПЦ-V.2 Промоција и одржување на традиционалната екскурзија Два Јавори – Охрид

ОПЦ-V.2.1 В

Промоција и одржување на традиционален планински велосипедски крос (Центар за посетители Охрид – Два Јавори и назад

ОПЦ-V.2.2 В

Промоција и одржување на државен/меѓународен натпревар во параглајдерство (разни дисциплини)

ОПЦ-V.2.3 С

Промоција и одржување на државен/меѓународен натпревар во искачување на карпи

ОПЦ-V.2.4 Н

Одржување на вежба: пронаоѓање и извлекување на планинар/параглајдерист/алпинист

ОПЦ-V.2.5 В

Престојот и активностите на посетителите се поддржани со соодветни услуги од ЈУНПГ

ПЦ-V.3 Организирање и одржување на систем за обука и систем за изнајмување на лиценцирани туристички водичи во Паркот

ОПЦ-V.3.1 В

Организирање и одржување на систем за користење на планинската куќа Шарбојца и камповите во дивина

ОПЦ-V.3.2 Н

Организирање и спроведување на систем за прошетки со кајче во извориштето Свети Наум и до островот Голем Град

ОПЦ-V.3.3 В

Организирање и спроведување на програма за набљудување птици и крупни цицачи

ОПЦ-V.3.4 Н

Активностите на посетителите во Паркот не предизвикуваат значајни биолошки и еколошки нарушувања

ПЦ-V.4 Воспоставување на систем за мониторинг на посетителите во Паркот

ОПЦ-V.4.1 С

Изработка на планови за управување со посетителите во ОПЦ-V.4.2 В

Page 50: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 46

популарните одредишта во Паркот

Разновидната и соодветна инфраструктура и непосредниот контакт со природата кај посетителите буди голем интерес и поддршка за зачувување на природата

ОЦ-VI Постои инфраструктура за информирање и еколошка едукација на посетителите

ПЦ-VI.1 Изградба, опремување и управување на центри за посетители во Охрид и Царина

ОПЦ-VI.1.1 В

Изградба, опремување и управување на информативни точки на Дервен, Свети Наум и Корита

ОПЦ-VI.1.2 С-Н

Уредување и одржување на пешачки патеки за еколошка едукација во Пештани, Свети Наум и во близина на центарот за посетители Преспа

ОПЦ-VI.1.3 В

Промоција на арборетумот и малата ботаничка градина кај центарот за посетители Охрид во едукативни цели

ОПЦ-VI.1.4 Н

Постојат печатени, видео и аудио материјали со едукативен и информативен карактер

ПЦ-VI.2 Издавање на материјали за еколошка едукација на одделни целни групи

ОПЦ-VI.2.1 В

Промоција на културно-историското наследство во Паркот ОПЦ-VI.2.2 В

Информирање на повеќе целни групи за зоните во Паркот (дозволени и забранети активности)

ОПЦ-VI.2.3 Н

Информирање на посетителите за инфраструктурата и услугите на ЈУНПГ

ОПЦ-VI.2.4 В

Изработка и доставување на информативни материјали за популарни локалитети во Паркот

ОПЦ-VI.2.5 В

Активностите на ЈУНПГ придонесуваат за подигнување на јавната свест за потребата од зачувување на природата

ПЦ-VI.3 Организирање на редовни едукативни програми за групни посети на ученици

ОПЦ-VI.3.1 В

Организирање на традиционална пролетна акција за отстранување на смет

ОПЦ-VI.3.2 В

Одбележување на меѓународниот ден на Европските паркови

ОПЦ-VI.3.3 В

Одбележување на денот на прогласувањето на Паркот – 25-ти октомври

ОПЦ-VI.3.4 В

Организирање на отворен ден во Центрите за посетители ОПЦ-VI.3.5 С

Page 51: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 47

Организирање на летни младински истражувачки кампови ОПЦ-VI.3.6 С

Приходите кои локалните заедници ги остваруваат од одржливиот туризам ги надоместуваат загубените приходи од директното искористување на природните ресурси

ОЦ-VII ЈУНПГ придонесува за продолжен и збогатен престој на посетителите во локалните заедници во Паркот

ПЦ-VII.1 Промоција на инфраструктурата и услугите за посетителите на Паркот (преку спроведување на соодветните активности од ОЦ-V и ОЦ-VI)

ОПЦ-VII.1.1 В

Спроведување на програма за мали грантови за локалните заедници во Паркот преку Форумот за животна средина

ОПЦ-VII.1.2 В

Обезбедување на техничка поддршка за развој на капацитетите за одржлив туризам во локалните заедници

ОПЦ-VII.1.3 С-Н

ЈУНПГ придонесува за зголемување на приходот на локалните заедници

ПЦ-VII.2 Поддршка за развој на органско производство на планински чај, шипка и смреклинки во Паркот (култивирани и диворастечки)

ОПЦ-VII.2.1 В

Поддршка за развој на органско сточарско производство ОПЦ-VII.2.2 С

Поддршка за развој и производство на сувенири поврзани со Паркот и неговите природни вредности

ОПЦ-VII.2.3 С

Поддршка за развој на здруженија на локалните производители на органска и традиционална храна и сувенири

ОПЦ-VII.2.4 Н

Поддршка за брендирање и директен маркетинг на локални производи

ОПЦ-VII.2.5 Н

Жителите во Паркот ја разбираат потребата од заштита на природните и културните вредности во Паркот и дека тоа придонесува за развој на одржливиот туризам како значајна стопанска дејност во локалните заедници

ОЦ-VIII

Постојат податоци и сознанија во врска со ефектите од туристичките активности во Паркот

ПЦ-VIII.1 Спроведување на студии и научни истражувања за утврдување на ефектите од туристичките активности во Паркот

ОПЦ-VIII.1.1 С

Воспоставување на сеопфатен систем за прибирање и обработка на податоци во врска со ефектите од туристичките активности во Паркот

ОПЦ-VIII.1.2 С

Локалните заедници се информирани за придонесот на Паркот во развојот на одржливиот туризам

ПЦ-VIII.2 Изработка на Годишен извештај во врска со туристичките активности во Паркот

ОПЦ-VIII.2.1 С

Редовно информирање на локалното население за ефектите од туристичките активности во Паркот

ОПЦ-VIII.2.2 С

Page 52: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 48

Локалните заедници земаат активно учество во планирањето на развојот и управувањето со туризмот во Паркот

ПЦ-VIII.3 Ревизија и редовно ажурирање на Стратегијата за развој на одржлив туризам во Национален парк Галичица преку учество на локалните заедници и другите клучни заинтересирани страни

ОПЦ-VIII.3.1 С

ЈУНПГ има разновиден, мотивиран и професионален кадар кој придонесува таа да биде ефективна, ефикасна и одговорна установа

ОЦ-IX Внатрешната организација на ЈУНПГ овозможува успешно спроведување на Планот за управување

ПЦ-IX.1 Проценка на човечките ресурси неопходни за спроведување на Планот за управување

ОПЦ-IX.1.1 В

Изработка и усвојување на нов Правилник за внатрешна организација на ЈУНПГ

ОПЦ-IX.1.2 В

Изработка и спроведување на акциски план за воспоставување на новата внатрешна организација на ЈУНПГ

ОПЦ-IX.1.3 В

Постои капацитет и воспоставени се административни процедури за спроведување на релевантните закони и прописи

ПЦ-IX.2 Спроведување на обука за вработените во врска со законската рамка и постапките за вршење увид и пријавување на бесправни градби или узурпирање на државно земјиште

ОПЦ-IX.2.1 В

Спроведување на обука за вработените во врска со законската рамка и постапките за оценка на влијанието врз животната средина на одредени плански документи, проекти и активности

ОПЦ-IX.2.2 В

Спроведување на генерална обука за вработените во врска со законската рамка и постапување во случај на бесправни дејствија

ОПЦ-IX.2.3 В

Спроведување на обука за вработените во врска со Програмата за мониторинг во Паркот

ОПЦ-IX.2.4 В

Спроведување на обука за чуварите на Паркот согласно подзаконските акти од Законот за заштита на природата

ОПЦ-IX.2.5 С

Учество на вработените во обуките во врска со Европската еколошка мрежа НАТУРА 2000 во Македонија

ОПЦ-IX.2.6 С

ЈУНПГ е активен чинител во зачувувањето на природата во Македонија, регионот и Европа

ПЦ-IX.3 Активно учество на ЈУНПГ во домашни и меѓународни асоцијации, иницијативи, проекти и активности

ОПЦ-IX.3.1 С

Одржување на постојните и воспоставување на нови партнерства со релевантни домашни и странски институции

ОПЦ-IX.3.2 В

Page 53: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 49

и организации (заштитени подрачја, професионални здруженија и сл.)

ЈУНПГ поседува материјално–технички средства и инфраструктура за спроведување на Планот за управување

ПЦ-IX.4 Анализа на материјално-техничките средства неопходни за спроведување на Планот за управување

ОПЦ-IX.4.1 В

Изработка и спроведување на акциски план за обезбедување на потребните материјално-технички средства

ОПЦ-IX.4.2 В

Изработка на годишни програми за одржување на објектите и инфраструктурата на ЈУНПГ

ОПЦ-IX.4.3 В

Основната дејност на ЈУНПГ се финансира од јавни приходи, додека развојот на Паркот се финансира од јавни приходи или од приходи што ги остварува установата (влезници, изнајмување на објекти и земјиште итн.), донации и проекти

ОЦ-X ЈУНПГ активно се залага за воспоставување на правна рамка за финансирање на основната дејност од јавни приходи

ПЦ-X.1

Елаборирање на факти и аргументи во врска со потребата од финансирање на основната дејност на ЈУНПГ од јавни приходи и нивна презентација пред надлежните институции и јавноста

ОПЦ-X.1.1 В

ЈУНПГ обезбедува соодветни финансиски ресурси за спроведување на Планот за управување

ПЦ-X.2 Изработка на бизнис план за спроведување на Планот за управување

ОПЦ-X.2.1 В

Редовно поднесување на пријави за финансирање на проектите од Планот за управување преку Програмата за инвестирање во животната средина на Владата на Република Македонија

ОПЦ-X.2.2 В

Воспоставување на долгорочни партнерства и соработка со меѓународни фондации и организации заради заедничко спроведување на дел од активностите предвидени со Планот за управување

ОПЦ-X.2.3 С

Развој на дополнителни извори на приходи кои не се потпираат на директно користење на природните ресурси во Паркот

ОПЦ-X.2.4 В

Производство и продажба на огревно и техничко дрво во количини неопходни за покривање на трошоците за спроведување на Планот за управување согласно Планот за одржливо користење на дел од шумите во Паркот

ОПЦ-X.2.5 В

Продолжување на постојните и склучување на нови договори за издавање под закуп на објекти и земјиште од Паркот

ОПЦ-X.2.6 В-С

Page 54: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 50

Обезбедување на непрекината изработка и продажба на сувенири и други материјали произведени за ЈУНПГ

ОПЦ-X.2.7 В

Во извршувањето на своите функции ЈУНПГ ужива голема поддршка од локалните заедници, централната и локалните власти и пошироката јавност

ОЦ-XI Постои редовна комуникација и соработка меѓу ЈУНПГ и релевантните служби, агенции и јавни претпријатија на државно и локално ниво

ПЦ-XI.1 Вклучување на вработените од ЈУНПГ во активностите на МЖСПП и другите релевантни служби, агенции и јавни претпријатија на државно и локално ниво

ОПЦ-XI.1.1 В

Залагање од страна на ЈУНПГ за вклучување на претставници од МЖСПП и другите релевантни служби, агенции и јавни претпријатија на државно и локално ниво, во спроведувањето на активностите на установата

ОПЦ-XI.1.2 В

Учество на претставници од ЈУНПГ во релевантни државни, регионални и локални тела за управување, комисии и работни групи (Координативно тело на Паркот Преспа, Комисија за сливот на Охридско Езеро, Комитет за управување со сливот на Преспанско Езеро, работни тела за изработка на Локална Агенда 21 и сл.)

ОПЦ-XI.1.3 В

Соработка со Управата за животна средина, Управата за заштита на културното наследство и другите надлежни служби во спроведување на Планот за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот регион и други активности за заштита на културното наследство на преспанската страна од Паркот.

ОПЦ-XI.1.4 В

ЈУНПГ ужива поддршка и активно соработува со релевантните невладини организации

ПЦ-XI.2

Развивање на долгорочни партнерства со релевантните здруженија на граѓани на локално, државно и меѓународно ниво, особено на полето на развој на одржлив туризам, еколошка едукација и подигнување на јавната свест

ОПЦ-XI.2.1 В

Форумот за животна средина на Паркот игра активна улога во вклучување на локалните заедници во управувањето со Паркот

ПЦ-XI.3

Промоција и поддршка на редовното работење на Форумот за животна средина на Паркот

ОПЦ-XI.3.1 В

ЈУНПГ ужива поддршка од локалните и државните медиуми во промоција на Паркот во јавноста и спроведувањето на Планот за управување

ПЦ-XI.4

Изработка и спроведување на годишни програми за соработка со локалните и националните медиуми

ОПЦ-XI.4.1 В

Page 55: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 51

4.4. Изменето Поглавје 6.2.2. („Опис на зоните“)

Согласно ЗЗП и целите на управување утврдени со овој план за управување, во Паркот се воспоставуваат следните зони (види Слика 1 од ИПУ и Карта 7 од Книга 4 од ПУ (и Прилог 17 на овој ИПУ)):

1. Зона за строга заштита со вкупна површина од 2.117ha, што претставува8,8%од територијата на Паркот;

2. Зона за активно управување со вкупна површина од 12.525.ha, што претставува 51,8 % од територијата на Паркот;

3. Зона за одржливо користење со вкупна површина од 9.362 ha, што претставува 38,8 % од територијата на Паркот и

4. Заштитен појас со вкупна површина од 147 ha, што претставува 0,6 % од територијата на Паркот.

Според тоа, површината на природната зона или претежно неизменетото подрачје во Паркот ќе изнесува 14.642 ha што претставува 60,6% од неговата вкупна територија.Подетален опис на зоните и активностите и дејностите кои можат да се вршат во нив е даден во табелите 6-5, 6-6, 6-7, 6-8 и 6-9.

Табела 6.5: Зона за строга заштита

Зона за строга заштита (ЗСЗ)

Големина 2.117 ha,што претставува 8,8% вкупната територија на Паркот

Атрибути

Природна зона со незначително изменети живеалишта од примарно потекло и незначително човеково влијание после прогласувањето на Паркот. Присутни се голем број клучни живеалишта, видови и геоморфолошки појави. Отсуствуваат инфраструктурни објекти, со исклучок на (инертен) радио комуникациски панел.

Примарна цел на управувањето

Непречено одвивање на природните процеси со цел долгорочна заштита на карактеристичните екосистеми и придружните видови.

Секундарна цел на управувањето

Научно истражувачки истражувања. Во одделни делови од оваа зона се дозволени и посети под строго регулирани услови и тоа: прошетка по патеката на островот Голем Град, прошетка со кајче по извориштето Свети Наум во организација на ЈУНПГ и искачување на врвот Магаро по обележаната планинарска патека.

Опис на одделни делови од зоната

Зона за строга заштита - дел Клифови на Охридско Езеро

Зафаќа површина од 31 хектари. Се протега по карпите и клифовите јужно од селото Пештани се до автокампот Љубаништа. Настанати се со механичкото делување на брановите и претставуваат типичен абразивен рељеф. Покрај геоморфолошката вредност, клифовите се живеалиште на локалниот ендемит Centaurea soškae. Овој дел од зоната е дисконтинуиран, односно составен од 5 делови:

Оревче со површина од 4 хектари;

Вели Даб со површина од 3 хектари;

Чоколско со површина од 12 хектари;

Трпејца со површина од 1 хектар и

Осој со површина од 11 хектари.

Во овој дел од зоната за строга заштита не е присутна инфраструктура. Влијанието на човекот е минимално и се сведува на инцидентни посети.

Зона за строга заштита - дел Стара Галичица

Зафаќа површина од 2025 хектари. Се протега на голем дел од Стара Галичица. Во рамките на оваа зона се западно ориентираните падини над шумите од локалитетот Војтино, карпите и клифовите од раседот на Стара Галичица, локалитетот Зли Дол, буковата и буково-еловата шума над локалитетите Липона Ливада и Волко Легало, малиот и големиот цирк, тревните тераси и тревните заедници на и околу највисоките врвови. Овој дел од зоната за срога заштита е секако е највредниот дел од природата на Паркот кој вклучува геоморфолошки појави (фосилен глацијален рељеф и рецентен периглацијален рељеф) и значајни живеалишта и видови.

Во овој дел од зоната за строга заштита од инфраструктура присутен е инертн радио

Page 56: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 52

комуникациски панел. Во минатото дел од северните падини се користеле за алпско скијање заради што била исечена дел од буковата шума. Оформената патека не се користи за скијање во последниве 25 години па процесот на сукцесија значително ја обновил буковата шума. Бидејќи највисокиот врв на Галичица Магаро е во рамките на оваа зона обележана е планинарска патека која води до него. Со исклучок на значителното присуство на планинари во летниот период долж обележаната патека, присутвото на човекот во останатите делови од зоната е минимално.

Зона за строга заштита - дел Стењско Блато

Зафаќа површина од 18 хектари. Границите на овој дел од зоната за строга заштита се поклопуваат со границите на блатото. Во минатото во Стењско Блато се депонирани големи количини градежен шут и цврст комунален смет од село Стење со што еден дел од ова живеалиште е целосно изменет. Исто така, промените во водостојот на Преспанско Езеро, односно општите хидролошки услови во сливот на езерото имаат значително влијание врз блатото. Во последните неколку децении се бележи постојано намалување на неговата површина. Со повлекување на водата, околните обработливи површини се прошируваат на сметка на блатото.

Зона за строга заштита - дел Клифови на Преспанско Езеро

Зафаќа површина од 18 хектари. Се протега по карпите и клифовите на Пречна Планина. Настанати се со механичкото делување на брановите и претставуваат типичен абразивен рељеф. Покрај геоморфолошката вредност, на клифовите се развива приоритетното живеалиште Пеонски шуми со фоја и локалниот ендемит Centaurea galicicae. Овој дел од зоната е дисконтинуиран, односно составен од 2 делови:

Ќоше со површина од 10 хектари; и

Зандана со површина од 8 хектари

Во овој дел од зоната за строга заштита не е присутна инфраструктура. Влијанието на човекот е минимално и се сведува на инцидентни посети.

Зона за строга заштита - дел Извориште Св. Наум

Зафаќа површина од 4 хектари. Границите на овој дел од зоната за строга заштита се поклопуваат со границите на езерцето кое го формираат крајбрежните и подводните извори на карстниот вруток вклучувајќи го и големиот (јужниот) остров. Извориштето Св. Наум е исклучителна, ретка хидролошка и еколошка појава во Македонија. Тоа е живеалиште на голем број ендемични силикатни алги (може да се најдат само во водите на извориштето) како и дел од ендемичната ихтиофауна присутна во Охридското Езеро.

Во овој дел од зоната за строга заштита не е присутна инфраструктура. Влијанието на човекот е минимално и се сведува на организирани и од администрацијата на Паркот контролирани посети на дел од зоната со кајче исклучиво во летниот период.

Зона за строга заштита - дел Остров Голем Град

Зафаќа површина од 21 хектари. Дивиот несекојдневен пејзаж на островот е резултат на неговата геоморфологија и долготрајниот од човекот непопречуван развој на ретка растителност. На островот се развива приоритетното живеалиште Пеонски шуми со фоја, кое е омилено гнездилиште за големата популација на големиот корморан. На островот формирана е и пештера во која е населена голема популација на три видови лилјаци (Rhinolophus ferrumequinum (голем потковичар), Myotis capaccinii (долгопрст ноќник) и Miniopterus schreibersii (долгокрилест лилјак)).

Богатите со риба езерски води се омилено хранилиште за голем број на пеликани. Во овој дел од зоната за строга заштита присутни се неколку објекти (црквата Св. Петар со конак) како и неколку археолошки локалитети од различни историски периоди. Поради нивното присуството островот Голем Град во текот на летните месеци често е посетуван од туристи и локално население. За ограничување на движењето обележана е патека која води до најзначајните објекти (археолошки локалитети).

Табела 6.6: Зона за активно управување (ЗАУ)

Зона за активно управување (ЗАУ)

Големина 12.525 ha ,што претставува 51,8% од вкупната територија на Паркот

Атрибути

Природна зона во која најголем дел од живеалишта се од секундарно потекло. После прогласувањето на Паркот човековото влијание постепено се намалува до незначително ниво. Присутни се голем број клучни живеалишта и видови. Од инфраструктурата присутни се телекомуникациски кули со придружни објекти, асфалтни и земјени патишта и помали објекти во сопственост на ЈУНПГ.

Примарна цел на Непречено одвивање на природните процеси со цел долгорочна заштита на

Page 57: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 53

управувањето карактеристичните екосистеми и придружните видови.

Секундарна цел на управувањето

Еколошки сообразени духовни, научни, образовни и рекреативни активности.

Табела 6.7: Зона за одржливо користење

Зона за одржливо користење

Големина 9,362 ha, што претставува 38,8% од вкупната територија на Паркот

Атрибути Зона наменета за домување и стопански активности. Присутни се повеќе клучни живеалишта и видови кои исто така, во најголем дел, се опфатени со природната зона. Присутни се повеќе населби, туристички комплекси и значителна инфраструктура.

Примарна цел на управувањето

Еколошко поврзување на живеалиштата и контрола на човековото влијание врз природната зона.

Секундарни цели на управувањето

- Домување

- Туристички активности

- Производство на (огревно) дрво

- Собирање на лековити растенија и габи

- Земјоделско производство

Табела 6.8: Заштитен појас

Заштитен појас (ЗП)

Големина 147 ha, што претставува 0,6% од вкупната територијата на Паркот

Атрибути Природни или полуприродни живеалишта или урбанизирани површини со или без значителна инфраструктура и човеково влијание.

Примарна цел на управувањето

Контрола на човековото влијание од зоната за одржливо користење врз зоната за строга заштита.

Секундарни цели на управувањето

Еколошки сообразени духовни, научни, образовни и рекреативни активности.

Опис на одделни делови од зоната

Заштитен појас на зоната за строга заштита - дел Стара Галичица

Зафаќа површина од 105 хектари. Се протега на локалитетите Липона Ливада и Волко Легало каде доминира букова и буково-елова шума. Воспоставен е да ја одвои зоната за строга заштита од зоната за одржливо користење во која ЈУНПГ спроведува активности на користење на шумите. Со исклучок на овие активности присуство на човекот е минимално.

Заштитен појас на зоната за строга заштита - дел Стењско Блато

Зафаќа површина од 21 хектари. Дел од заштитниот појас на источната страна од блатото е опфатен со развојниот проект на ТРЗ „Стење“. ЈУНПГ ќе бара соработка со Агенцијата за планирање на просторот која е единствен овластен изработувач на вакви документи со цел да се идентификуваат ограничувања за заштитниот појас околу Стењско Блато со кои ќе се намалат влијанијата од ТРЗ „Стење“ и истите да бидат дел од идната урбанистичко планската документација за оваа ТРЗ.

Заштитен појас на зоната за строга заштита - дел Извориште Св. Наум

Зафаќа површина од 21 хектар. Во целост ја заобиколувазоната за строга заштита - дел Извориште Св. Наум. Воспоставен е да ја одвои зоната за строга заштита од зоната за одржливо користење во која во летниот период има интензивни туристички активности. Во рамките на овој заштитен појас се малиот (северниот) остров и делот од езерцето кое го формираат крајбрежните и подводните извори на карстниот вруток околу него како и копнен појас околу бреговата линија со широчина од 100 метри.

Page 58: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 54

Табела 6.9: Дозволени и забранети активности во зоните

Активности

Зони

строга заштита

активно управување

одржливо користење

заштитен појас

Научни истражувања, вклучително и археолошки (само со претходна дозвола) ДА ДА ДА ДА

Пешачење (по обележани патеки) ДА ДА ДА ДА

Пешачење (надвор од обележани патеки) НЕ НЕ ДА ДА

Скијачко трчање НЕ ДА ДА ДА

Поставување на инфо-табли НЕ ДА ДА ДА

Поставување на патокази ДА ДА ДА ДА

Уредени места за одмор (маси, клупи, настрешници) НЕ ДА ДА НЕ

Кампување во дивина на одредени локации НЕ ДА ДА НЕ

Набљудувачници и видиковци НЕ ДА ДА ДА

Палење оган на отворено НЕ НЕ НЕ НЕ

Собирање габи, плодови и растенија (пр. чај, смреклинки, печурки и др.) НЕ НЕ ДА НЕ

Собирање животни (пр. пеперутки, желки, и др.) НЕ НЕ НЕ НЕ

Напасување стока НЕ НЕ ДА ДА

Одгледување земјоделски култури на традиционален начин НЕ ДА ДА НЕ

Косење трева НЕ НЕ ДА ДА

Пчеларство – времено поставување кошници НЕ ДА ДА ДА

Пчеларство – придружни објекти НЕ НЕ ДА НЕ

Page 59: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 55

Комерцијално шумарство НЕ НЕ ДА НЕ

Интензивно земјоделско производство НЕ НЕ ДА НЕ

Собирање дрва и гранки НЕ НЕ ДА НЕ

Риболов НЕ НЕ НЕ НЕ

Лов НЕ НЕ НЕ НЕ

Алпско скијање (на неуредени места) НЕ НЕ ДА ДА

Алпинизам на уредени места НЕ ДА ДА НЕ

Планински велосипедизам по уредени патеки НЕ ДА ДА ДА

Полетувалиште за параглајдеристи НЕ ДА ДА НЕ

Моторни возила (теренски автомобили и мотоцикли) по постојни асфалтни и земјени патишта НЕ ДА ДА ДА

Јавање НЕ ДА ДА ДА

Уредување на неуредени извори НЕ НЕ НЕ НЕ

Уредување на постојни локви НЕ ДА ДА ДА

Уредување на бунари НЕ ДА ДА ДА

Нови објекти за зафаќање вода од извори и водотеци во Паркот НЕ НЕ НЕ НЕ

Нови објекти за домување НЕ НЕ ДА НЕ

Нови објекти за туристички намени (хотели, ресторани, кампови и сл.) НЕ НЕ ДА НЕ

Нови објекти за други намени (објекти за управување на ЈУНПГ) НЕ ДА ДА ДА

Нови објекти за земјоделски активности (магацини, бачила, котари, штали) НЕ НЕ ДА НЕ

Нова инфраструктура – цевководи за водоснабдување НЕ НЕ ДА НЕ

Page 60: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 56

Нова инфраструктура – туристички намени НЕ НЕ ДА ДА

Нова инфраструктура - електроенергетска НЕ НЕ ДА ДА

Нова инфраструктура – асфалтни патишта НЕ НЕ ДА ДА

Нова инфраструктура – земјени патишта НЕ НЕ ДА ДА

Нова инфраструктура – канализација НЕ НЕ ДА ДА

Нова инфраструктура – структури за контрола на ерозијата НЕ ДА ДА ДА

Нова инфраструктура во Заштитниот појас на Зоната за строга заштита – дел Стењско Блато согласно урбанистичко планската документација за Туристичко развојната зона „Стење“

НЕ НЕ НЕ ДА

Нова инфраструктура покрај таа што е презентирана во Мастер планот за Ски центарот Галичица и во Физибилити студијата (мај 2014 година) може да се развие во рамките на областа којашто е повторно зонирана од ЗАУ во ЗОК во ИПУ во врска со областа за нордиско скијање на Централното плато“

НЕ НЕ НЕ НЕ

Page 61: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 57

4.5. Изменети табели во Поглавје 6.4 („Програми на проекти и активности“)

Програмите на проекти и активности дадени подолу се од првичната верзија на измените на Планот за управување од 2014 година. Во табелата 5-1 Преглед на општите, посебните и оперативните цели за управување со Национален парк Галичица во рамките на посебната цел ПЦ-I.2 Клучните живеалишта во Паркот се наоѓаат во поволна состојба се додадени четири оперативни цели (ОПЦ-I.2.12, ОПЦ-I.2.13, ОПЦ-I.2.14 и ОПЦ-I.2.15). Во моментов нема доволно информации за да се подготват проекти или активности за постигнување на овие оперативни цели. Во случај да се спроведе некој од развојните проекти, ЈУНПГ има обврска да подготви соодветни проекти или активности.

НАСЛОВ НА ПРОЕКТОТ ИЛИ АКТИВНОСТА КОД

ДЕТАЛНО МАПИРАЊЕ НА ПОПУЛАЦИЈАТА НА ЦВИИЌЕВАТА КАЧУНКА (Crocus cvijicii) И ЖИВИНОВИОТ СМИЛ (Helichrysum zivojinii)

ПРГ- 1.6a

ВРСКА СО ОПШТА ЦЕЛ ВРСКА СО ПОСЕБНА ЦЕЛ ВРСКА СО ОПЕРАТИВНА ЦЕЛ

ОЦ-I и ОЦ-IV ПЦ-I.1 и ПЦ-IV.2 ОПЦ-I.1.6а и ОПЦ-IV.2.2

ЛОКАЦИЈА НПГ

ОДГОВОРНО ЛИЦЕ Раководителот на Програмата за зачувување на природата

ОПИС Видот Цвииќева качунка (Crocus cvijicii) e јужно балкански ендемит. Опишан е од Кошанин од примероци собрани на Галичица во 1926 година. Се развива на места каде што се топи снегот во текот на пролетните месеци, покрај варовнички камењари, во субалпскиот појас. За територијата на Република Македонија се наведува само за планината Галичица. Vangjeli (1995) го наведува за планините од источна Албанија и Papanicolaou & Zacharov (1980) за Грција. На Галичица регистриран е на неколку локалитети и тоа на Стара Галичица во рамките на малиот и големиот цирк како и околу врвот Магаро и во субалпскиот појас на потегот Лако Сигној – Бугарска Чука. Овој дел од поширокото живеалиште на видот е опфатено со проектот за изградба на ски центар во Паркот.

Цвииќевата качунка е на листата на строго заштитени видови во Република Македонија. Засега отсуствуваат податоци за наговата загрозеност. Се наоѓа и на списокот на Црвената книга на Република Албанија (Vangjeli, 1995) и има статус К (Insufficiently known) (недоволно познати).

Заради недоволните информации за присуството и распространувањето на видот на потегот Лако Сигној – Бугарска Чука, потребно е да се направи детално и прецизно мапирање на сите микролокалитети на овој вид во овој дел од Паркот.

Видот Живоинов смил (Helichrysum zivojinii) е локален ендемит со ограничено и изолирано распространување во Паркот. Според постојните податоци, главната популација на овој вид се наоѓа на топли, суви и каменести места помеѓу врвот Томорос, на исток и гребенот Лако Сигној – Бугарска чука. Покрај тоа, овој вид е регистриран и на Стара Галичица каде се чини дека таа популација е значително помалубројна од главната, а според Сошка овој вид се сретнува и на локалитетот Маргарина, југозападно од Сирханско Кале, во преспанскиот дел на Паркот, на надморска височина од околу 1000 м.н.в. Најголем број единки од овој вид се забележани на источните падини на Мала Галичица, помеѓу врвовите Лако Сигној и Бугарска чука, над буковата зона. Важно е да се спомне дека дистрибуција на видот е дисконтинуирана и тој најчесто се јавува во локални групи со поголем број единки. Дел од поширокото живеалиште на видот помеѓу врвовите Лако Сигној и Бугарска чука е опфатено со проектот за изградба на ски центар во Паркот.

Живоиновиот смил е на листата на строго заштитени видови во Република Македонија. Засега отсуствуваат податоци за наговата загрозеност.

Заради недоволните информации за присуството и

Page 62: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 58

распространувањето на видот на потегот Лако Сигној – Бугарска Чука, потребно е да се направи детално и прецизно мапирање на сите микролокалитети на овој вид во овој дел од Паркот.

Мапирањето на микролокалитетите од овие два вида ќе се спроведе во текот на 2014 година.

НАЧИН НА СПРОВЕДУВАЊЕ ЈУНПГ со сопствени ресурси (вработени и опрема)

ПОТРЕБНА ОПРЕМА Нема

РЕЗУЛТАТИ/ИНДИКАТОРИ Распространување, мапирани микролокалитети и големина на популацијата на двата видови

МЕТОД НА РЕВИЗИЈА Преку извешта за спроведувањето на годишните програми за спроведување на Планот за управување

ДОЗВОЛИ/СОГЛАСНОСТИ ОД ДРУГИ ИНСТИТУЦИИ ВРСКА СО ДРУГИ ПРГ

- -

ПЕРИОД НА СПРОВЕДУВАЊЕ 2014 ПРИОРИТЕТ ВИСОК

АНГАЖМАН НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈУНПГ ДИРЕКТНИ ТРОШОЦИ (ИЛЈАДИ МКД)

година 2010 2011 2012 2013 2014 година

висока ш.п. - - - - 24 2010 2011 2012 2013 2014

средна ш.п. - - - - -

- - - - 15000

неквалификувана - - - - -

НАСЛОВ НА ПРОЕКТОТ ИЛИ АКТИВНОСТА КОД

ДЕТАЛНО МАПИРАЊЕ НА ПОПУЛАЦИИТЕ НА СТРОГО ЗАШТИТЕНИТЕ ВИДОВИ ПЕПЕРУТКИ ВО ПЛАНСКИТЕ ОПФАТИ НА РАЗВОЈНИТЕ ПРОЕКТИ НА ВЛАДАТА НА РМ

ПРГ- 1.6б

ВРСКА СО ОПШТА ЦЕЛ ВРСКА СО ПОСЕБНА ЦЕЛ ВРСКА СО ОПЕРАТИВНА

ЦЕЛ

ОЦ-I ПЦ-I.1 ОПЦ-I.1.6а

ЛОКАЦИЈА НПГ

ОДГОВОРНО ЛИЦЕ Раководителот на Програмата за зачувување на природата

ОПИС Согласно Закон за заштита на природата, аполоновата пеперутка (Parnassius apollo), големиот бакарец (Lycaena dispar) и крупно-дамчестиот синец (Maculinea arion) се на листата на строго заштитени видови.

ЈУНПГ не располага со податоци за овие видови во живеалиштата опфатени со развојните проекти на Владата на РМ. Со оваа активност ќе се направи детално и прецизно мапирање на сите микролокалитети на овие видови во планските опфати и тоа и за фазата ларва и за фазата пеперутка

НАЧИН НА СПРОВЕДУВАЊЕ Надворешни извршители

ПОТРЕБНА ОПРЕМА Потребната опрема ќе ја обезбеди извршителот

РЕЗУЛТАТИ/ИНДИКАТОРИ Мапирани микролокалитети

Page 63: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 59

МЕТОД НА РЕВИЗИЈА Извештај

ДОЗВОЛИ/СОГЛАСНОСТИ ОД ДРУГИ ИНСТИТУЦИИ ВРСКА СО ДРУГИ ПРГ

- -

ПЕРИОД НА СПРОВЕДУВАЊЕ 2014, 2015 и 2016 ПРИОРИТЕТ ВИСОК

АНГАЖМАН НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈУНПГ ДИРЕКТНИ ТРОШОЦИ (ИЛЈАДИ МКД)

година 2013 2014 2015 2016 2017 година

висока ш.п. - - - - - 2013 2014 2015 2016 2017

средна ш.п. - - - - -

- 120 120 120 -

неквалификувана - - - - -

НАСЛОВ НА ПРОЕКТОТ ИЛИ АКТИВНОСТА КОД

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ДЕТАЛНИ ПОДАТОЦИ ЗА КОРИСТЕЊЕТО НА ЖИВЕАЛИШТАТА ВО ПЛАНСКИТЕ ОПФАТИ НА РАЗВОЈНИТЕ ПРОЕКТИ НА ВЛАДАТА НА РМ ОД СТРОГО

ЗАШТИТЕНИТЕ ВИДОВИ ПТИЦИ ПРГ- 1.6в

ВРСКА СО ОПШТА ЦЕЛ ВРСКА СО ПОСЕБНА ЦЕЛ ВРСКА СО ОПЕРАТИВНА

ЦЕЛ

ОЦ-I ПЦ-I.1 ОПЦ-I.1.6а

ЛОКАЦИЈА НПГ

ОДГОВОРНО ЛИЦЕ Раководителот на Програмата за зачувување на природата

ОПИС Согласно Закон за заштита на природата, краткопрстиот јастреб (Accipiter brevipes), обичниот јастреб глувчар (Buteo buteo), обичната ветрушка (Falco tinnunculus), сивиот сокол (Falco peregrinus), ќукот (Otus scops), домашната кукумјавка (Athene noctua), шумската ушеста утка (Asio otus), жолната (Oriolus oriolus) и сојката (Garrulus glandarius) се на листата на строго заштитени видови.

ЈУНПГ не располага со податоци за овие видови во живеалиштата опфатени со развојните проекти на Владата на РМ. Со оваа активност ќе се добијат детални податоци за користењето на живеалиштето особено за гнездење од страна на видовите во планските опфати на горе споменатите проекти.

НАЧИН НА СПРОВЕДУВАЊЕ Надворешни извршители

ПОТРЕБНА ОПРЕМА Потребната опрема ќе ја обезбеди извршителот

РЕЗУЛТАТИ/ИНДИКАТОРИ Детални податоци за користењето на живеалиштето особено за гнездење од страна на строго заштитените видови птици во планскиот опфатразвојните проекти на Владата на РМ врз

МЕТОД НА РЕВИЗИЈА Извештај

ДОЗВОЛИ/СОГЛАСНОСТИ ОД ДРУГИ ИНСТИТУЦИИ ВРСКА СО ДРУГИ ПРГ

- -

ПЕРИОД НА СПРОВЕДУВАЊЕ 2014, 2015, 2016 ПРИОРИТЕТ ВИСОК

АНГАЖМАН НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈУНПГ ДИРЕКТНИ ТРОШОЦИ (ИЛЈАДИ МКД)

Page 64: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 60

година 2013 2014 2015 2016 2017 година

висока ш.п. - - - - - 2013 2014 2015 2016 2017

средна ш.п. - - - - -

- 300 300 300 -

неквалификувана - - - - -

НАСЛОВ НА ПРОЕКТОТ ИЛИ АКТИВНОСТА КОД

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ДЕТАЛНИ ПОДАТОЦИ ЗА КОРИСТЕЊЕТО НА ЖИВЕАЛИШТАТА ВО ПЛАНСКИТЕ ОПФАТИ НА РАЗВОЈНИТЕ ПРОЕКТИ НА ВЛАДАТА НА РМ ОД СТРОГО

ЗАШТИТЕНИТЕ ВИДОВИ ЦИЦАЧИ ПРГ- 1.6г

ВРСКА СО ОПШТА ЦЕЛ ВРСКА СО ПОСЕБНА ЦЕЛ ВРСКА СО ОПЕРАТИВНА

ЦЕЛ

ОЦ-I ПЦ-I.1 ОПЦ-I.1.6а

ЛОКАЦИЈА НПГ

ОДГОВОРНО ЛИЦЕ Раководителот на Програмата за зачувување на природата

ОПИС Согласно Закон за заштита на природата, дивата мачка (Felis silvestris), кафеавата мечка (Ursus arctos) и балканскиот рис (Lynx lynx balcanicus) се на листата на строго заштитени видови.

ЈУНПГ не располага со податоци за овие видови во живеалиштата опфатени со развојните проекти на Владата на РМ. Со оваа активност ќе се добијат детални податоци за користењето на живеалиштето особено за размножување и хибернација од страна на видовите во планските опфати на горе споменатите проекти.

НАЧИН НА СПРОВЕДУВАЊЕ Надворешни извршители

ПОТРЕБНА ОПРЕМА Потребната опрема ќе ја обезбеди извршителот

РЕЗУЛТАТИ/ИНДИКАТОРИ

Детални податоци за користењето на живеалиштето особено за размножување и хибернација од страна на строго заштитените видови цицачи во планскиот опфатразвојните проекти на Владата на РМ врз

МЕТОД НА РЕВИЗИЈА Извештај

ДОЗВОЛИ/СОГЛАСНОСТИ ОД ДРУГИ ИНСТИТУЦИИ ВРСКА СО ДРУГИ ПРГ

- -

ПЕРИОД НА СПРОВЕДУВАЊЕ 2014, 2015 и 2016 ПРИОРИТЕТ ВИСОК

АНГАЖМАН НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈУНПГ ДИРЕКТНИ ТРОШОЦИ (ИЛЈАДИ МКД)

година 2013 2014 2015 2016 2017 година

висока ш.п. - - - - - 2013 2014 2015 2016 2017

средна ш.п. - - - - -

- 300 300 300 -

неквалификувана - - - - -

Page 65: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 61

НАСЛОВ НА ПРОЕКТОТ ИЛИ АКТИВНОСТА КОД

СОРАБОТКА СО НАДЛЕЖНИТЕ СЛУЖБИ ЗА ЗАШТИТА НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО ПРГ-4.6А

ВРСКА СО ОПШТА ЦЕЛ ВРСКА СО ПОСЕБНА ЦЕЛ ВРСКА СО ОПЕРАТИВНА ЦЕЛ

ОЦ-I, IV, XI ПЦ-XI.1 ОПЦ-XI.1.4

ЛОКАЦИЈА НПГ

ОДГОВОРНО ЛИЦЕ Директорот на ЈУНПГ

ОПИС Со оглед на фактот што најголем дел од територијата на Паркот е опфатена во границите на Светското природно и културно наследство на Охридскиот регион, Законот за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот регион обезбедува соодветна правна рамка за соработка помеѓу ЈУНПГ и службите кои се надлежни за заштита на културното наследство во Паркот, како што се Управата за заштита на културното наследство на Република Македонија, Националната установа - Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј –Охрид и Националната установа - Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Битола.

Учеството на ЈУНПГ во изработката на предлог Планот за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот регион претставува добар пример за соработка со надлежните институции за заштита на културното наследство. Согласно член 13 од Законот, Владата на Република Македонија донесува план за управување по претходно мислење на Националната комисија на УНЕСКО. До моментот на отпочнување на постапката за донесување на овој ПУ, Националната комисија на УНЕСКО сеуште го немаше доставено своето мислење за документот. Согласно член 16 од истиот закон, Планот го спроведуваат Управата за животна средина и Управата за заштита на културно наследство, градоначалникот на општината Охрид, имателите на природно и културно наследство и други субјекти, секој во рамките на своите надлежности и овластувања и согласно активностите утврдени си планот.

Согласно ваквата законска рамка, при изработката на годишните програми за заштита, во консултација со Управата за животна средина и надлежните институции од областа на заштита на културното наследство, ЈУНПГ ќе предвиди активности, во рамките на своите надлежности и овластувања, кои се однесуваат на заштита на културното наследство во границите на Паркот. Исто така, ЈУНПГ ќе се обрати до надлежните институции од областа на заштита на културното наследство за доставување на информација за планираните активности во границите на Паркот за тој временски период. Врз основа на информацијата, ЈУНПГ ќе предложи мерки и активности, доколку е неопходно, за намалување на влијанието врз животната средина и природата и истите ќе ги достави до надлежните институции.

Треба да се истакне и тоа дека дел од културното наследство во Паркот, како на пример археолошките локалитети на островот Голем Град и други локалитети на преспанската страна не се опфатени со Светското природно и културно наследство на Охридскиот регион. Во текот на јавната расправа по измените на Планот за управување, ЈУНПГ оствари соработка со Управата за заштита на културното наследство при Министерството за култура на Република Македонија. При тоа беа спроведени теренски активности за картирање на наколку археолошки локалитети на охридската страна во паркот. Во иднина се планира да се продолжи со картирање на ареолошките локалитети и на преспанската страна на паркот.

НАЧИН НА СПРОВЕДУВАЊЕ ЈУНПГ

ПОТРЕБНА ОПРЕМА Нема

РЕЗУЛТАТИ/ИНДИКАТОРИ Нема конфликти меѓу ПУ и Планот за управување со Светското

Page 66: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 62

природно и културно наследство на Охридскиот регион

МЕТОД НА РЕВИЗИЈА Преку годишните програми за спроведување на Планот за управување

ДОЗВОЛИ/СОГЛАСНОСТИ ОД ДРУГИ ИНСТИТУЦИИ ВРСКА СО ДРУГИ ПРГ

- -

ПЕРИОД НА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРИОРИТЕТ ВИСОК

АНГАЖМАН НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈУНПГ ДИРЕКТНИ ТРОШОЦИ (ИЛЈАДИ МКД)

година 2010 2011 2012 2013 2014 година

висока ш.п. 10 10 10 10 10 2010 2011 2012 2013 2014

средна ш.п. - - - - -

- - - -

неквалификувана - - - - -

4.6. Изменети табели од Прилог 2

Табела 8.2: Преглед на површини во државна сопственост во границите на Паркот според податоците од 1985 год. од државниот орган за статистика во Охрид и измените согласно решението ДН. бр. 19-620/03-2 од 20.03.2009 донесено од Министерот за финансии преку Комисијата за одлучување по барањата за денационализација поднесени од старешините на верските објекти на верските заедници во РМ

Катастарска општина Површина (ha)

Љубаништа 1226

Трпејца 1303

Пештани 652

Елшани 1687

Коњско-Шипокно 2012

Велестово 2977

Рамне 1919

Велгошти 1775

Вкупно во Општина Охрид 13551

Лескоец 2491

Стење 1743

Отешево 1321

Коњско 396

Вкупно во Општина Ресен 5.951

Вкупно во Паркот 19.502

Page 67: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 63

Табела 8.3: Преглед на површини во приватна сопственост во границите на Паркот според податоците од 1985 год. од државниот орган за статистика во Охриди измените согласно решението ДН. бр. 19-620/03-2 од 20.03.2009 донесено од Министерот за финансии преку Комисијата за одлучување по барањата за денационализација поднесени од старешините на верските објекти на верските заедници во РМ

Катастарска општина Површина (ha)

Љубаништа 2991

Трпејца 170

Пештани 186

Елшани 269

Коњско-Шипокно 362

Велестово 373

Рамне 114

Велгошти 326

Вкупно во Општина Охрид 4.791

Лескоец 111

Стење 241

Отешево 19

Коњско 18

Вкупно во Општина Ресен 389

Вкупно во Паркот 5.180

5. Управување, неутрализирање на влијанијата и мониторинг на

негативните влијанија

5.1. Принципи за компензација и неутрализирање на влијанијата на проектот

Со оглед на важноста на природните и културните ресурси на Националниот парк Галичица (НПГ), негативните влијанија на промените на овој План за управување, и на Проектите, треба да се решат и да се управуваат. Треба да се следи хиерархијата за ублажување на влијанијата, каде прво се преземаат мерки за избегнување на создавањето на влијанија врз животната средина или социјални влијанија уште од самиот почеток, а кога тоа не е можно, се спроведуваат дополнителни мерки кои ќе ги минимизираат, ќе ги ублажат и, како последно средство, ќе ги неутрализираат и/или ќе ги компензираат сите потенцијални преостанати негативни влијанија.

Нивото на заштита (зонирањето) на некои области на Паркот е ревидирано со цел да се намали статусот на заштита за да се дозволат активностите на Проектот. Во следната табела се сумирани зафаќањата на површини коишто се изменети со цел да се дозволи имплементација на Проектите.

Page 68: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 64

Табела 2: Проценето директно навлегување на предложените проекти во зоните на управување со паркот

Планиран развоен проект

Површина за планираните развојни проекти (хектари/ha)

Вкупна површина во Паркот

ЗСЗ ЗАУ ЗП ЗОК

ТРЗ Отешево 58,95 0 57,39 0 1,56

ТРЗ Стење 7,92 0 0 5,0 2,92

ТРЗ Љубаништа 293,96 0 0,69 0,22 293,05

Експресен пат A3 307,62 0 49,85 0 257,77

Ски центар (вклучувајќи го и Централното плато за центарот за нордиско скијање)

529,55 0 496,15 0 33,4

Вкупно 1,198 0 604,08 5,22 588,7

На 604,08 хектари од Зоната за активно управување им беше намален статусот во Зона за одржливо користење. Сепак, за делумно да се компензира ова, на површина од 854 хектари статусот на заштита и беше зголемен од ЗОК во ЗАУ. Ова е област со алпски и суб-алпски калциколни тревници во северниот дел на Паркот која ЈУНПГ сака да ја стави во активно управување, со цел да ја подобри нејзината состојба. Ова живеалиште е наведено во Анекс I од Директивата за живеалишта, под референтен број 6170.

Ревидираната карта за зонирање на Паркот е дадена на Слика 1 и во Прилог 17 на ИПУ (и преставува замена на Картата 7 во Книга 4 од ПУ).

5.2. Неутрализирање на влијанијата од проектот

Првична процена е дека одредени влијанија врз биолошката разновидност од некои од предложените проекти не можат соодветно да се ублажат и дека компензирањето на загубата на биолошката разновидност мора да се направи со преземање на конкретни активности за неутрализирање на загубата.

Следните мерки за неутрализирање на влијанијата врз биолошката разновидност мора да се имплементираат од страна на сите предлагачи на проекти - тие се детално опишани во Поглавјето 9 на СОЖС. Може да се случи во текот на развојот на проектот и во ОВЖСО на проектно ниво предлагачот на проектот да идентификува дополнителни мерки за неутрализирање на влијанијата кои се потребни за да се постигне принципот „Без нето загуба“ на живеалишта и видови во Паркот.

ТРЗ Отешево

Загубата на 60 хектари шума треба да се неутрализира. Треба да се идентификува површина од 540 хектари деградирана Quercetum frainetto шума и нејзината состојба да се подобри со активно управување, со степен поголем од нејзината природна прогресија. Таква област не може да се најде во рамките на Националниот парк Галичица без нејзино отстранување од програмата за сечење на дрва на ЈУНПГ. Од таа причина, предлагачот на проектот треба да работи со ЈУНПГ и со други заинтересирани страни, сопствениците на земјиште, локални власти, итн., за да се идентификува таков простор надвор од Националниот парк Галичица и да се договорат соодветни мерки за управување и показатели за мониторинг, со цел да се дојде до добивка во Quercetum frainetto живеалиштето. Овие активности мора да бидат планирани и буџетирани, а предлагачот на проектот да преземе цврста обврска за покривање на трошоците потребни за мерките за неутрализирање и за мониторинг.

ТРЗ Стење

Со оглед на уникатната биолошка разновидност на Стењското Блато, се смета дека загубите не можат да се неутрализираат.

Page 69: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 65

ТРЗ Љубаништа

Со оглед на уникатната биолошка разновидност на изворот Свети Наум, се смета дека загубите не можат да се неутрализираат.

Проект за Ски центар

6170 алпски и субалпски калциколни пасишта;

Загубата на 320 хектари алпски и субалпски калциколни тревници мора да се неутрализира. На област од 1.344 хектари со деградирани пасишта треба да и се подобри состојбата со активно управување со цел да се постигне тоа. Во северниот дел на Паркот е идентификувана област од 1.600 хектари, која иако е во рамките на ЗАУ, е деградирана или е изложена на ризик од деградација, и поради тоа е погодна за подобрување на нејзината состојба со активно управување. Оваа област е прикажана во Прилог 18. За да се неутрализира загубата од Проектот за Ски центарот, оваа област ќе се управува со овозможување на пасење за да се ограничи развојот на juniperus communis и други грмушки. ЈУНПГ ќе изврши демаркација на оваа област и или ќе поттикне пасење преку локалните заедници или активно ќе воведува животни што пасат во оваа област и ќе ги управува нивните активности за да ја одржи и да ја подобри состојбата на пасиштата. Во овој случај, иако пасењето реализирано преку заедниците не е дозволено во ЗАУ, тоа ќе се смета за мерка за управување под контрола на ЈУНПГ. Оваа активност мора да биде планирана и буџетирана, а предлагачот на проектот да преземе цврста обврска за покривање на трошоците за мерките и за мониторингот. Доколку ЈУНПГ смета дека нема да има доволна побарувачка за пасење во оваа област реализирана преку локалните заедници, во трошоците треба да се вклучи набавка и воведување на животни кои пасат, а нивното управување да биде под контрола на ЈУНПГ.

5130 Грмушки од смрека (Juniperus communis);

Загубата на 106 хектари вриштини со грмушки од смрека мора да се неутрализира. На област од 541 хектари со деградирани области со смрека треба да и се подобри состојбата со активно управување со цел да се постигне тоа. Во северниот дел од Паркот е идентификувана област од над 540 хектари којашто во моментот е во ЗОК и каде пасењето се спроведува под контрола на локалните заедници и каде комбинацијата од пожари во минатото и притисок од пасење довеле до деградирање на состојбата на смреката и од таа причина областа е погодна за подобрување на нејзината состојба со активно управување. Оваа област е прикажана во Прилог 19. За да се неутрализира загубата поради Проектот за ски центарот, оваа област ќе биде управувана со активно спречување на пасење во неа. ЈУНПГ ќе ги утврди активностите коишто се соодветни за постигнување на тоа, на пр. оградување, ставање знаци, патроли, итн. Оваа активност мора да биде планирана и буџетирана, а предлагачот на проектот да преземе цврста обврска за покривање на трошоците за мерките и за мониторингот.

91K0 Илирски шуми од Fagus sylvatica;

Загубата на 87 хектари шума од Fagus sylvatica треба да се неутрализира. На област од 783 хектари со деградирана шума со Fagus sylvatica треба да и се подобри состојбата со активно управување со цел да се постигне тоа. Оваа значително поголема област за неутрализирање е потребна за да се земе предвид подолгиот временски период потребен за созревање на буковите дрва. Во северниот дел на Паркот е идентификувана област од околу 300 хектари, која во моментот е деградирана како резултат на пожари во минатото и поради тоа е погодна за подобрување на нејзината состојба со активно управување. Оваа област е прикажана во Прилог 20. За да се неутрализира загубата поради Проектот за ски центарот, оваа област ќе биде ставена под активно управување од страна на ЈУНПГ со цел да се спречи нелегално собирање на дрва, пасење и други активности коишто го деградираат шумското живеалиште и со текот на времето да се подобри нејзината состојба. ЈУНПГ ќе утврди кои се активностите што се соодветни за да се постигне тоа. Оваа активност мора да биде планирана и буџетирана, а предлагачот на проектот да преземе цврста обврска за покривање на трошоците за мерките и за мониторингот.

Дополнителна област од 483 хектари со Fagus sylvatica коишто се соодветни за надградба не можат да се најдат во рамките на Националниот парк Галичица. Од таа причина, предлагачот на проектот треба да работи со ЈУНПГ и со други заинтересирани страни, сопствениците на земјиште, локални власти, итн., за да се идентификува таков простор надвор од Националниот парк Галичица и да се договорат соодветни мерки за управување и показатели за мониторинг, со цел да се дојде до добивка во живеалиштето Fagus sylvatica. Овие активности мора да

Page 70: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 66

бидат планирани и буџетирани, а предлагачот на проектот да преземе цврста обврска за покривање на трошоците потребни за мерките за неутрализирање и мониторинг.

Проект за експресен пат A3 (Делница од Пештани до државната граница)

Загубата на 84 хектари со шума со македонски даб (Quercetum trojanae macedonicum) мора да се неутрализира. Треба да се идентификува област од 504 хектари со деградирана шума со Quercetum trojanae macedonicum и нејзината состојба да се подобри со активно управување, над нејзината природна прогресија. Таква област не може да се најде во рамките на Националниот парк Галичица без да се отстрани од програмата на ЈУНПГ за сеча на дрва. Од таа причина, предлагачот на проектот треба да работи со ЈУНПГ и со други заинтересирани страни, сопствениците на земјиште, локални власти, итн., за да се идентификува таков простор надвор од Националниот парк Галичица и да се договорат соодветни мерки за управување и показатели за мониторинг, со цел да се дојде до добивка во живеалиштето Quercetum trojanae macedonicum. Овие активности мора да бидат планирани и буџетирани, а предлагачот на проектот да преземе цврста обврска за покривање на трошоците потребни за мерките за неутрализирање и мониторинг.

5.3. Дизајн и подготовка на Проект

За секој Проект што е предложен во рамките на Националниот парк Галичица, пред да се дојде до детален дизајн, предлагачот на проектот мора на дизајнерот да му достави одредена документација во врска со ресурсите на животната средина и културните ресурси на Паркот. Овие информации треба да вклучуваат:

Основни информации за почетната состојба на животната средина во Паркот, вклучувајќи ги и областите коишто се особено чувствителни, достапни од ЈУНПГ;

Овој План за управување со Паркот 2011– 2020 (ревидиран);

Стратешката оцена на животната средина (СОЖС) за Измените на Планот за управување со Паркот, во којашто се наведени клучните прашања што треба да се опфатат при дизајнот на Проектот, вклучувајќи и избегнување на мерки, препораки за измена на Проектот и барања за неутрализирање на влијанијата врз биолошката разновидност.

Предлагачот на Проектот мора да му даде насоки на дизајнерот да ги опфати препораките во СОЖС и да го ревидира дизајнот на Проектот со цел да се намали влијанието врз животната средина. Ревизиите можат да вклучуваат: релокација на дел или на целата инфраструктура на Проектот; измени на зафаќањето или распоредот на Проектот; измени на дизајнот на инфраструктурата; дизајн на објект за намалување на влијанието врз пределот; и/или други мерки поврзани со изградбата или работењето на Проектот. Кога ќе се земат предвид препораките во однос на конечниот дизајн, предлагачот на проектот може да ги анализира трошоците на Проектот од аспект на потребните мерки за ублажување на влијанијата врз животната средина, компензирање и неутрализирање за цели на подготовка на различни алтернативи за Проектот. Трошоците за мерки за ублажување на влијанијата врз животната средина, компензирање и неутрализирање можат да се намалат со релативно мали измени во дизајнот.

Предлагачот на проектот треба да осигури дека дизајнерот ќе се сретне со ЈУНПГ со цел да ги разбере нивните грижи во врска со ризиците по Паркот, уште на самиот почеток на процесот на дизајн.

5.4. Подготовка на ОВЖСО за Проектот

За секој Проект, мора да се спроведе сеопфатна Оценка на влијанијата на животната средина и општеството (ОВЖСО). ОВЖСО мора да ги ревидира и да ги земе предвид проценката и препораките од СОЖС и мора да ги исполни барањата утврдени во македонскиот Закон за заштита на природата и поврзаните уредби, како и барањата на Директивата за ОВЖС на ЕУ (2014/52/ЕУ).

Во текот на постапката за утврдување на делокругот, тимот на ОВЖСО мора да се сретне со ЈУНПГ за да ги разбере грижите на ЈУНПГ во врска со ризиците по Паркот, и да ги вклучи истите во рамките на делокругот на оценката.

Page 71: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 67

Во ОВЖСО мора јасно да бидат утврдени алтернативите на Проектот и да биде содржана дискусија за ризиците врз животната средина и општеството од секој од нив, вклучувајќи и образложение за оправданоста на изборот на одбраната алтернатива.

Во ОВЖСО мора да биде вклучен и План за управување со животната средина и социјалните прашања при изградба (ПУЖССППИ) и , Оперативен план за управување со животната средина и социјалните прашања (ОПУЖССП), коишто содржат јасни и практични активности за ублажување на ризиците по животната средина.

Во ОВЖСО мора да биде развиен План за управување со биолошката разновидност (ПУБР) во којшто ќе бидат утврдени конкретни мерки за намалување на влијанијата врз биолошката разновидност, а при подготовката на овој ПУБП мора да бидат вклучени македонски експерти за екологија.

Кога е потребно неутрализирање на влијанијата врз биолошката разновидност, ОВЖСО и тимовите за дизајнирање мораат да работат со предлагачот на проектот и ЈУНПГ со цел да се идентификуваат конечните области каде што е потребно неутрализирање на влијанијата и активности за неутрализирање на влијанијата, како и буџет и временска рамка за реализирање на мерките за неутрализирање на влијанијата. Кога нема да можат да се најдат области за неутрализирање во рамките на Паркот, носителот на проектот мора да идентификува алтернативни области и да преговара со засегнатите сопственици на земјиште, локални власти и други заинтересирани страни со цел да се воспостави цврст план, буџет и распоред на мерките.

Предлагачот на проектот мора да преземе недвосмислена обврска за имплементирање (и финансирање) на имплементацијата на ПУЖССППИ, ОПУЖССП, ПУБР и сите други мерки за неутрализирање на влијанијата врз биолошката разновидност.

ЈУНПГ ќе биде главна консултирана страна во постапката за ОВЖСО и ќе ги ревидира нацрт документот за ОВЖСО и ќе даде коментари во врска со влијанијата и предложените мерки за ублажување. Сите причини за загриженост на ЈУНПГ ќе му бидат пренесени на тимот на ОВЖСО, на носителот на проектот и на МЖСПП. Се претпоставува дека ОВЖСО нема да биде одобрена од страна на МЖСПП без ЈУНПГ да биде задоволна од предложените мерки за ублажување.

Покрај тоа, секој Проект мора да спроведе ICOMOS оценка на влијанието врз наследството (ОВН) во којашто ќе биде испитано како Проектот може да влијае врз Извонредната универзална вредност (ИУВ) од Светското наследство и ќе бидат предложени мерки за ублажување со цел да се заштити ИУВ на областа.

5.5. Управување и мониторинг на влијанијата од Проектот

Во текот на подготовката и дизајнот на Проектот

Во зависност од расположливите ресурси, ЈУНПГ ќе формира Служба за мониторинг во рамките на својот Сектор за заштита на природата. Дел од задачите на Службата за мониторинг ќе биде поврзувањето со Проектите, како што следува:

Да му ги даде на располагање на секој Носител/Спонзор на проектот во фазата на нацрт проект, сите релевантни информации за биолошките и еколошките ресурси на предметното подрачје, вклучувајќи ги локациите на ресурсите кои се од особена важност или чувствителност;

Да се сретне со проектните тимови и со тимовите за ОВЖСО за да ја пренесе загриженоста на ЈУНПГ во однос на влијанијата и да дискутира за предлозите на Проектот за да се избегнат и да се намалат негативните влијанија;

Да ги ревидира Планот за управување со животната средина и социјалните прашања при изградба (ПУЖССППИ) и Планот за управување со биолошката разновидност (ПУБР) и Проектната задача на Надзорниот инженер и да достави коментари и прашања кои предизвикуваат загриженост до Носителот на проектот.

Page 72: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 68

Во текот на изградбата на Проектот

Да се состанува редовно (месечно) со тимот на Проектот и со Надзорниот инженер во текот на изградбата, за да дискутира за имплементацијата на ПУЖССППИ и ПУБР, влијанијата од проектот врз биолошките ресурси и сите други проблеми;

По можност да биде вклучен во дизајнот и имплементацијата на надоместувањата на биолошката разновидност, во зависност од тоа како истите треба да се имплементираат.

Во текот на работењето на Проектот

ЈУНПГ ќе ги прошири своите тековни активности за мониторинг и ќе имплементира конкретни активности за следење на клучните ресурси коишто се загрозени од секој Проект.

Имплементација и обезбедување на ресурси

За да се реализира оваа нова функција за мониторинг на Проектите, се проценува дека на ЈУНПГ ќе му бидат потребни следниве ресурси:

Ски центар Галичица: На ниво на проектот за ски центарот, се препорачува да се утврди надоместок за да се обезбеди финансиска поддршка за 1-2 членови на персоналот со цело работно време и ресурси (на пр. 1 теренско возило) пред изградбата, при изградбата и во фазата на оперативен мониторинг на проектот.

A3 Експресен пат: На ниво на проект (за секоја делница на патот) се препорачува да се утврди надоместок од страна на ЈПДП за да се обезбедат ресурси за финансиска поддршка за 1 член на персоналот со цело работно време и ресурси (на пр. 1 теренско возило) пред изградбата, при изградбата и во фазата на оперативен мониторинг на проектот.

ТРЗи: На ниво на проект (за секоја ТРЗ) се препорачува да се утврди надоместок за да се обезбедат ресурси за финансиска поддршка пред изградбата, при изградбата и во фазата на оперативен мониторинг на проектот – оценето е дека има потреба од 1 член на персоналот со цело работно време за 3 ТРЗи.

Службеникот(-ците) треба да има соодветна квалификација на полето на биологијата или екологијата или слична тематика, и треба да има практично искуство во областа на биолошката разновидност и/или управување со Парк. Искуство со GIS ќе се смета за предност. Идеално, персоналот на Службата ќе се состои од двајца службеника со полно работно време коишто ќе бидат посветени на работата на службата и коишто ќе им овозможат на другите вработени на ЈУНПГ да ги извршуваат своите активности.

Службеникот(ците) треба да биде опремен со наменско возилото коешто ќе му/ѝ/им овозможи пристап до сите подрачја на Паркот во секое време. Со работното место(а) треба да има и наменски канцелариски простор, со наменски компјутер, телефонска линија, и GIS управување/мапирање за да се овозможи мапирање и снимање на ресурсите на паркот и влијанија врз нив.

Имајќи предвид дека Планот за управување со паркот е изменет заради притисокот за развој и дека дополнителниот притисок врз биолошката разновидност и ЈУНПГ директно резултира од овие измени, обезбедувањето на дополнителни ресурси за ЈУНПГ треба да биде составен дел од одлуката за измена на Планот за управување со паркот.

Треба да се побара обврска од страна на централната власт, за дополнување на буџетот на ЈУНПГ и/или за идентификација на други начини за финансирање на дополнителните обврски коишто ЈУНПГ мора да ги преземе, доколку целта е управување со притисоците врз биолошката разновидност на Паркот.

5.6. Независен мониторинг

Ако се земат предвид повеќето номинации поврзани со Националниот парк Галичица и прекуграничните договори во врска со оваа област, на некои аспекти на влијанијата врз биолошката разновидности и наследството од изменетиот План за управување и

Page 73: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 69

предложените Проекти треба да се врши независен мониторинг од надворешни, независни страни. Во клучните прашања на кои треба да се врши независен мониторинг спаѓаат:

Воспоставување и функционирање на мерките за неутрализирање на влијанијата врз биолошката разновидност;

Долгорочниот кумулативен ефект од предложените Проекти;

Соодветноста на ресурсите и поддршката обезбедени за ЈУНПГ за управување и мониторнг на Паркот.

Се препорачува:

Планот за неутрализирање на влијанијата врз биолошката разновидност да се ревидира од некоја независна страна во текот на фазата на ОВЖСО;

Независна ревизија се спроведува од некоја независна страна за влијанијата на Проектот врз Паркот, успехот на Проектот и можноста за мониторинг и управување со ризиците врз животната средина и управување и услови за мерки за неутрализирање на влијанијата врз биолошката разновидност.

Годишната ревизија треба да се спроведува најмалку пет години и треба да продолжи пет години по завршувањето на фазата на градба на секој финален Проект. После пет години, во зависност од резултатите на ревизијата, ЈУНПГ може да ја намали зачестеноста на ревизиите.

Овие ревизии треба да се ангажираат од страна на ЈУНПГ, но ресурсите за нив треба да се идентификуваат и во идеални услови да се исполнат со придонес од Проектите.

Page 74: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 70

6. Прилози

Page 75: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 71

Прилог 1 Извадок од Нацрт записникот на Сто четириесет и втората седница на Владата на РМ одржана на 24.06.2013 година

Page 76: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 72

Page 77: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 73

Page 78: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 74

Page 79: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 75

Прилог 2 Извадок од Нацрт записникот на Сто педесет и втората седница на Владата на РМ одржана на 03.09.2013 година

Page 80: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 76

Прилог 3 Толкување на законските одредби

Page 81: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 77

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

Во врска со заклучокот на Владата на Република Македонија

од 148 седница одржана на 30.07.2013 година со кој е задолженo

Министерството за економија во соработка со Министерството за

животна средина и просторно планирање во рок од 30 дена до

Владата на Република Македонија да достави Предлог – закон за

изменување и дополнување на Законот за заштита на природата

(во делот на членот 99 со што ќе се овозможи градба во границите

на Националниорт парк Галичица) следи следното образложение:

Во членот 99 од Законот за заштита на природата ("Сл.весник

на РМ" бр. 67/04, 14/06, 84/07, 35/10, 47/11, 148/11, 59/12 и 13/13)

се посочува дека плановите за управување со заштитените

подрачја се донесуваат за период од десет години, а најдоцна во

рок од две години од денот на прогласувањето на заштитено

подрачје. Воедно, во ставот 2 од истиот член е наведена обврската

за субјектите се задолжени да управуваат со заштитените подрачја,

да вршат оцена на резултатите постигнати со примената на планот

за управување по истекот на петтата година од неговото

спроведување. има право да изврши ревизија на Планот за

управување со заштитеното подрачје. Дополнително, со ставот 3

субјектот кој управува е должен да отпочнe изготвување на нови

планови за управување со заштитените подрачја, најдоцна една

година пред истекот на рокот за кој е донесен планот.

Во овој член не се уредува прашањето на промена на Планот

за управување со заштитеното подрачје. Воедно Законот за

заштита на природата не го уредува ова прашање освен во делот

дека промената на планот мора да се врши на ист начин како и што

е донесен планот. Согласно ова, субјектот кој управува со

заштитеното подрачје има право да го промени планот пред истекот

Page 82: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 78

на рокот на важење на исиот согласно потребите на самиот субјект

или поради други развојни планови и стратегии.

Оттука би сакале да напоменеме дека нема потреба да се

изготвува Предлог - закон за изменување и дополнување на

Законот за заштита на природата во врска со членот 99 бидејки

истиот се однесува на важноста на плановите за управување

со сите заштитените подрачја во Република Македонија.

Во насока на дефинирање на идните активности околу изградба

и спроведување на инфраструктурни проект/и во Националниот

парк Галичица потребно е да се спроведат следните активности:

- да се дефинираат опфатот на проeктот/тите со картографски прилог на карта со размер 1 : 25 000 и координати на опфатот во државен координатен систем,

- да се побара мислење од Јавната установа Национален парк Галичица, Охрид како надлежен субјект за управување со паркот во однос на опфатот на проектот/тите, со цел да се утврди дали истите ја опфаќаат зоната на активно управување или зоната на строга заштита,

- Јавната установа НП Галичица да отпочне со активности за презонирање односно промена на Планот за управување, во колку опфатот на проектот ја тангира зоната на активно управување или евентуално зоната на строга заштита,

- да се почитува уранистичко планската документиција (да се изготви ваква документација во колку не постои за предметната локација на опфатот на проектот)

Page 83: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 79

- Согласно Законот за животната средина да се спроведе Стратешка оцена на влијанието врз животната средина (SEA) на урбанистичко планската документација

- Извештајот од стратешката оцена на влијанието врз животната средина ќе служи како основа за изработка на Студијата за валоризација која треба да ја подготви Националниот парк заради промена на планот.

Page 84: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 80

Прилог 4 Одлука на Управниот одбор на Јавната установа Национален парк Галичица за пристапување кон постапка за измени на Планот за управување со Национален парк Галичица за периодот 2011-2020

Page 85: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 81

Прилог 5 Одлука на Управниот одбор на Јавната установа Национален парк Галичица за измена на Годишниот план за јавни набавки за 2013

Page 86: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 82

Прилог 6 Пресекување на Туристичко развојната зона „Отешево“, Катастарска општина Отешево, општина Ресен со зонирањето на Национален парк Галичица

Page 87: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 83

Прилог 7 Пресекување на Туристичко развојна зона „Стење“, Катастарска општина Стење, општина Ресен со зонирањето на Национален парк Галичица

Page 88: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 84

Прилог 8 Пресекување на Туристичко развојна зона „„Љубаништа“ (ТРЗ „Љубаништа 1“;ТРЗ „Љубаништа 2“;ТРЗ „Љубаништа 3“), Катастарска општина Љубаништа, Општина Охрид со зонирањето на Национален парк Галичица

Page 89: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 85

Прилог 9 Пресекување на Експресен пат А3, Косел – Охрид – Граница со Република Албанија, секција Врше-Рача со зонирањето во Национален парк Галичица

Page 90: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 86

Прилог 10 Пресекување на Експресен пат А3, Косел – Охрид – Граница со Република Албанија, јазол „Вршек“ со зонирањето во Национален парк Галичица

Page 91: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 87

Прилог 11 Пресекување на Експресен пат А3, Косел – Охрид – Граница со Република Албанија, јазол „Трпејца“ со зонирањето во Национален парк Галичица

Page 92: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 88

Прилог 12 Карта за опфат на ТРЗ „Љубанипшта“

Page 93: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 89

Прилог 13 Допис од МЕПСО (од 09.06.2014) во врска со конечната верзија на Физибилити студијата и Мастер планот за ски центар во Национален парк Галичица

Page 94: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 90

Прилог 14 Површини опфатени со дополнителните содржини опишани во конечната верзија на Физибилити студијата и Мастер планот за ски центар во Национален парк Галичица

(види jpg фајл „Прилог 14“ во папката „Прилози“ на CD)

Page 95: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 91

Прилог 15 Мислење по нацрт измените доставено од Јавното претпријатие за Државни патишта (допис бр. 03-773/1 од 19.12.2013)

Page 96: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 92

Page 97: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 93

Прилог 16 Мислење по нацрт измените доставено од Управата за заштита на културното наследство при Министерството за култура (допис бр. 17-440/2 од 31.12.2013 година)

Page 98: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 94

Page 99: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 95

Прилог 17 1онирање на Национален парк Галичица – Предлог измени 2015 година (Карта 7 (Зонирање))

Page 100: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 96

Прилог 18 Можна област за неутрализирање Живеалиште 6170 Алпски и субалпски калциколни пасишта

Page 101: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 97

Прилог 19 5 Можна област за неутрализирање за Живеалиште 5130 Смрека

Page 102: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 98

Прилог 19 Можна област за неутрализирање за Живеалиште 5130 Смрека

Page 103: Amendments to Park Management Plan 2015 MKD

J337/ Изменет План за управување на НП Галичица - СОЖС С т р а н а | 99

Прилог 20 Област на букова шума (Fagus Sylvatica) (Живеалиште 91K0)