81
- Subtitle Workshop - - Упатство на македонски јазик - Subtitle Workshop верзија: 2.50 Неопходна алатка за работење со титли! Copyright © 2001-2004 URUSoft. http://www.urusoft.net Превод на македонски јазик: prijatel-MKD Превод и титлување Translated to macedonian by: prijatel-MKD Translation & subtitling Контакт / Contact: [email protected] С О Д Р Ж И Н А (Сите кратенки со тастерите се однесуваат за основните подесувања.) Линк кон интернет верзијата од ова упатство. 1. Запознавање со Subtitle Workshop o 1.1. Основен преглед на програмата o 1.2. Модул за вчитување и пишување 1.2.1. Што претставува URUSoft Subtitle API?

MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

- Subtitle Workshop - - Упатство на македонски јазик -

Subtitle Workshop верзија: 2.50

Неопходна алатка за работење со титли!

Copyright © 2001-2004 URUSoft. http://www.urusoft.net

Превод на македонски јазик: prijatel-MKD Превод и титлување Translated to macedonian by: prijatel-MKD Translation & subtitling Контакт / Contact: [email protected]

С О Д Р Ж И Н А (Сите кратенки со тастерите се однесуваат за основните подесувања.)

Линк кон интернет верзијата од ова упатство.

• 1. Запознавање со Subtitle Workshop o 1.1. Основен преглед на програмата o 1.2. Модул за вчитување и пишување

1.2.1. Што претставува URUSoft Subtitle API?

Page 2: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

o 1.3. Распоред на работната површина o 1.4. Започнување со работа

1.4.1. Отворање (внесување) на титл фајл 1.4.2. Отворање (внесување) на видео фајл 1.4.3. Креирање на нов документ (фајл) 1.4.4. Додавање на титл 1.4.5. Бришење на титл 1.4.6. Рачно работење со титли 1.4.7. Стилови за изглед и боја - тагови 1.4.8. FPS (фрејмови или кадри по секунда) и влезни FPS

o 1.5. Параметри на командниот ред o 1.6. Јазични фајлови o 1.7. Сопствени формати

• 2. Карактеристики поврзани со временскиот код (тајминг)

o 2.1. Промена на FPS -(frames per second) o 2.2. Одложување на времето за прикажување на титлите o 2.3. Синхронизирање на титлите

2.3.1. Начин 1: Проста синхронизација, со првиот и последниот титл

2.3.2. Начин 2: Синхронизација со употреба на две точки 2.3.3. Начин 3: Прилагодување кон други, веке синхронизирани титли

2.3.4. Начин 4: Напредна синхронизација на титлите o 2.4. Граници на времетраење o 2.5. Временско продолжување/скратување на времетраењето титлите o 2.6. Превземи времиња од фајл o 2.7. Продолжување на времетраењето o 2.8. Автоматско времетраење o 2.9. Поместување на титлите (Shift subtitles)

• 3. Карактеристики поврзани со текстот и титлите

o 3.1. Напредно распоредување на текстот во редови o 3.2. Промена на Голема/мала буква o 3.3. Непрекршување на текстот во редови o 3.4. Делење на титлите (делење на еден титл во два или повеќе титли) o 3.5. Подесување за максимален број знаци (карактери) во еден ред o 3.6. Внесување (вчитување) на текст од фајл o 3.7. Спојување на титли (два или повеќе титли во еден) o 3.8. Од десно кон лево (обратно внесување на текст)

3.8.1. Превртен текст 3.8.2. Корегирање на интерпукција

o 3.9. Сортирање o 3.10. Бришење на непотребни линкови o 3.11. Побарај и промени (брза замена на еден знак со друг) o 3.12. Маркирање (обележување) на одредени титли

• 4. Подесување на програмата

o 4.1. Општо 4.1.1. Напредни подесувања 4.1.2. Знаци (енкодирање на азбука)

o 4.2. Формати o 4.3. Назначени формати на фајлови кон SW o 4.4. Зачувување на извршените промени o 4.5. Видео преглед (видео приказ)

4.5.1. Приказ за преглед на титлите o 4.6. Надворешен приказ за преглед на титлите (со вашиот омилен

плеер) 4.6.1. Општи подесувања 4.6.2. Напредни подесувања

o 4.7. Изглед 4.7.1. Изглед на програмата 4.7.2. Изглед на листата со титли

Page 3: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

4.7.3. Изглед на менијата

• 5. Алатница o 5.1. Грматичка проверка o 5.2. Групно конвертирање (Batch) o 5.3. Делење на титл фајл во два или повеќе титл фајлови o 5.4. Спојување на поголем број титл фајлови во еден титл фајл o 5.5. Информации и грешки

5.5.1. Грешки во текстот и титлите, и нивно корегирање 5.5.2. Подесувања за информациите и грешките 5.5.3. OCR скрипти (скрипти за оптичко препознавање на знаци)

5.5.4. Синтакса на повторливи изрази o 5.6. Превземи FPS од AVI фајл o 5.7. Надворешен преглед на титлите o 5.8. Внатрешен преглед на титлите со интегрираниот плеер o 5.9. Извлекување на јазик од мултијазичен SAMI формат

• Најчесто поставувани прашања [FAQ] • Контакт информации • Лиценца

------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Напомена за неколку често употребувани кратенки за работење со тастатурата во Subtitle Workshop: За преминување во следниот титл (следната линија од филмскиот превод): [Shift]+[Enter] За враќање во претходниот титл: [Ctrl]+[Enter] За двоен клик во некој ред (го поставува видеото на почетното времето од тој титл): [Alt]+[Enter] За поместување на листата со титли кон горе, задржувајки го селектираниот титл: [Ctrl]+[Arrow down] За поместување на листата со титли кон долу, задржувајки го селектираниот титл: [Ctrl]+[Arrow up] За селектирање на повеќе титли од листата: [Shift]+[Arrow down / up] За спојување (комбинирање) на два и повеќе последователно селектирани титли од листата во еден титл: [Ctrl]+[K] За делење (раздвојување) на еден титл од листата во два нови: [Ctrl]+[Shift + D] Времетраењето на приказот на титлите е неофицијално стандардизирано од 1980 година на 12 знаци во секунда при репродуцирањето на филмскиот превод. Состојбата е променета по масовната појава и употреба на DVD изданијата "односно со појавата на поквалитетни монитори и TV екрани" на 17 знаци во секунда времетраење на приказот при репродуцирањето.

Доколку при уредувањето на филмскиот превод се запази границата на прикажување од 12 до 17 знаци во секунда репродукција, во комбинација со минимално и максимално времетраење на прикажувањето за секој од титлите во граници од 1000 до 5500 милисекунди, ќе се постигнат најдобри резултати.

------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Поглавје 1: Запознавање со Subtitle Workshop.

1.1. Основен преглед на програмата.

Subtitle Workshop е една од најкомплетните, практично функционална и едноставна апликација за уредување на титли и работење со филмски преводи. Безмалку,

Page 4: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

подржува работење со сите титл формати кои практично се употребуваат а истовремено ги поседува и сите неопходни опции и карактеристики кои се очекуваат од една алатка за обработка и уредување на филмски преводи. Subtitle Workshop ги прави, креирањето нов филмски превод, обработката, доработката, уредувањето, конвертирањето, како на граница на задоволство при работата. Прегледниот распоред и изглед на работната површина, лесниот пристап кон менијата и неопходните алатки со напредни функции, брзината и стабилноста која е на завидно ниво, многукратно го намалува потребното време за обработка на филмските преводи. Вклучува функција за грматичка проверка и поседува напреден видео прегледник, со што максимално ја олеснува работата. SW е можеби најдобриот избор, и за почетници, и за експерти, и за аматерско уредување на филмски преводи. Пробајте ја, и ќе заборавите на останатите!. Subtitle Workshop, првично е замислен и создаден со цел да ја олесни обработката и уредувањето на филмските преводи, но сепак да ги содржи сите неопходни и не толку неопходни алатки за да ја олесни работата и животот на секој титл креатор и титл уредувач. Распоредот на работната површина и визуелниот изглед на интерфејсот е едно од многуте нешта со кои се карактеризира Subtitle Workshop. Повеќето опции се логични, самообјаснувачки за да може дури и дете да го употребува овој софтвер. Комплетна листа со карактеристики:

• Модул за вчитување и пишување o Базиран е врз URUSoft SubtitleAPI за да може да се додава подршка за

нови формати со превземање на надграден dll фајл.(downloading an updated dll file.)

o Во моментов (верзијата 1.13 на SubtitleAPI) подржува нешто повеќе од 56 титл формати.

o Може да работи со титли кои се базирани на време и на фрејмови. o Може да се внесуваат едноставни текстуални документи, и да се внесе

временскиот код во нив. o Подржува вчитување и пишување на тагови за стилот на изгледот

(задебелено, закосено, подвлечено) и тагови за боја во форматите кои го подржуваат тоа.

o Подржува внесување на излезни податоци за DVDSubtitle, SAMI, Sonic Scenarist, SubStation Alpha, SubViewer 1 & 2 и TMPlayer форматите.

o Подржува и зачувување на титл фајловите во сопствен формат. • Интерфејс (распоред на командите, алатките, и опциите во работната

површина). o Лесен преглед и брз пристап за корисникот. o Конфигурирање на кратенките. o Подржува мултијазичен интерфејс (во моментов се подржани повеќе од

35 јазици!). o Може да се вршат промени во поставеноста на работната површина

според потребата на корисникот, може да се активира или деактивира видео прегледникот и модулот за преведување од друг јазик.

o Лесен преглед при работа во модул за преведување од друг јазик. • Видео прегледник.

o Интегриран во основниот прозорец. o Истовремено прикажување на титлите врз видеото. o Приказ на одредени информации за видеото кое се прикажува (гледа). o Можност да се подесува основната боја на буквите, бојата за

позадината (транспарентноста), да прикажува или да не покажува гранични линии (надворешни рабови), приказ со или без засенченост, големина (спејсинг) на надворешните рабови околу буквите и засенченоста на титите.

o Не е базиран врз Windows Media Player, ова резултира со многу подобри перформанси и визуелен квалитет.

• Поправка и корекции на титлите. o Високо ефикасни функции кои се конкретно дизајнирани за да се

добие во брзина и висок степен на ефикасност. o Напредни и лесни за употреба текстуални скрипти за корекција на OCR

грешки, ја нуди можноста за употреба на стандардни изразувања.

Page 5: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

o Моќна, и со можност за комплетно корисничко подесување на алатката за корекција на грешки.

o Можност да се означат грешките во листа со титли употребувајки различен фонт или различна боја, за да може визуелно полесно да се разликуваат титлите со грешка од оние кои се во ред.

o Опционално активирање на автоматска проверка/поправка при самото отворање (внесување) на титл фајлот.

o Проверки и корекции (сите се опционални, можат да се конфигуриираат според потребата): Празни титлови, празни редови без текст, преклопување на времиња, лоши вредности, титли за наглуви, текст пред колона (":") (опционално - "само ако текстот е со големи букви"), непотребни точки, "-" тире во титли со еден текстуален ред, титли кои содржат повеќе од два редови текст, забранети знаци (карактери ) (знаците се одбираат и подесуваат), знаци кои се повторуваат (знаците се подесуваат), повторувачки титли (подесување на временската толеранција), OCR грешки, места пред кориснички знаци, места по кориснички знаци, непотребни празни места, премногу долго/кратко времетраење и премногу долги редови (само проверка).

• Основни карактеристики. o Екстремна слобода за подесувања. o Повеќекратно Undo-Redo. o Грматичка проверка со употреба на Microsoft Word's engine, со што е

подржан било кој инсталиран јазик. o Можност да се создаде нов титл фајл од празен лист. o Брзо додавање и бришење на титл со "Insert" и "Delete" тастерите на

тастатурата. o Можност за делење на титл фајл, на селектираното место, на зададено

место, на зададено време, на зададен фрејм, на крајот од видеото, или на потребниот број делови (еднакви по време, еднакви по број на титли или на крајот од мултикратно видео). Корисна опција кога се има видео на два дискови а преводот е во еден фајл.

o Можност за спојување на поголем број на титл-фајлови, и тие титл-фајлови можат да бидат во различни формати со различни FPS (може да одбере различен FPS за секој фајл).

o Две методи за добивање FPS од видео: Без употреба на DirectX (подржува само AVI видео формат), и со употреба на DirectX (ги подржува сите видео формати, но побавно е).

o Можност за корисникот да ја додели екстензијата на титл-фајловите кон SW.

o Подржува можност за повлечи и пушти (drag & drop), и за титл фајлови, и видео фајлови.

o Подршка на командна линија. o Листа со претходно работени проекти (Recent files), подесување на

бројот на претходни проекти од 0 до 20. • Операции за работење со временскиот код.

o Подесувања за одложување на почетното време на титлите, позитивно (+) или негативно (-) одложување, време или фрејмови.

o Подесување на гранични вредности за времетраење на титлите (максимално и минимално времетраење).

o Синхронизација на титлите кон видеото со примена на четири можни начини: 1 - прв и последен титл, 2 - синхронизација со употреба на две точки (линеарен алгоритам), 3 - превземање од друг фајл кој веќе е првилно синхронизиран, и 4 - напреден систем за синхронизација на титлите со употреба на поголем број точки.

o Алатка за продолжување/скратување на крајната временска точка на одреден/и титл/и под одредени услови.

o Алатка за автоматска пресметка на времетраењето на титлите со употреба на едноставна пресметка.

o Промена на зачестеноста на кадрите „FPS“ со само еден клик. o Алатка за продолжување на времетраењето (должината) на

селектираните титли до почетното време на следниот титл. o Поместување на титлите нанапред или наназад за соодветно време.

Page 6: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

o Можност за подесување на времињата на титлите преку превземање на времињата од друг, правилно синхронизиран титл фајл.

• Операции за работење со текст. o Алатката „Пребарај и замени со“ има дополнителни опции како што се

"споредба на цели зборови", "препознавање на големи и мали букви" и "замена на малите букви со мали, а големте со големи".

o Прилагодување на титлите со поголем број текстуални редови во два реда и одредување на бројот на знаци што може да се содржат во еден ред (должината на редовите).

o Конвертирање на букви со примена на шест различни начини. Додавање голема буква на почетокот од речениците.

o Непрекршени титли, во селектираните титли да се избришат редовите, т.е. целиот титл да има само еден текстуален ред.

o Делење на еден долг титл кој содржи премногу знаци во два помали титли, со соодветна поделба и на времетраењето.

o Превртување на текстот обратно (десно/лево). o Корекција на интерпукцијата, многу корисно кај јазиците со распоред

од десно на лево. o Бришење на непотребните "..." доколку се присутни на крајот од еден

титл и на почетокот во следниот титл. o Внесување и вчитување на текст од друг фајл.

• Операции за работење со титли (текст и време). o Сортирање на титлите според нивното почетно време. o Спојување (комбинирање) на два или повеќе титли во еден титл (на

Пр. "- Здр!" и "- Еј!!!" во "- Здр!|- Еј!!!"). o Визуелни ефекти со текстот и времето на титлите, како машина за

пишување или како трепкање. o Можност за обележување на титли за подоцнежно повторно

прегледување и проверка (и секако нивно деобележување) и читање на извешати за титл фајлови (*.srf) генерирани во „ViPlay“ плеерот.

Моментална листа на подржани титл формати:

• Adobe Encore DVD (*.txt) • Advanced SubStation Alpha (*.ass) • AQTitle (*.aqt) • Captions 32 (*.txt) • Captions DAT (*.dat) • Captions DAT Text (*.dat) • Captions Inc. (*.txt) • Cheetah (*.asc) • CPC-600 (*.txt) • DKS Subtitle Format (*.dks) • DVD Junior (*.txt) • DVD Subtitle System (*.txt) • DVDSubtitle (*.sub) • FAB Subtitler (*.txt) • IAuthor Script (*.txt) • Inscriber CG (*.txt) • JACOSub 2.7+ (*.jss; *.js) • Karaoke Lyrics LRC (*.lrc) • Karaoke Lyrics VKT (*.vkt) • KoalaPlayer (*.txt) (equal to one of the variations of TMPlayer) • MAC DVD Studio Pro (*.txt) • MacSUB (*.scr) • MicroDVD (*.sub) • MPlayer (*.mpl) • MPlayer2 (*.mpl) • MPSub (*.sub)

Page 7: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

• OVR Script (*.ovr) • Panimator (*.pan) • Philips SVCD Designer (*.sub) • Phoenix Japanimation Society (*.pjs) • Pinnacle Impression (*.txt) • PowerDivX (*.psb) • PowerPixel (*.txt) • QuickTime Text (*.txt) • RealTime (*.rt) • SAMI Captioning (*.smi) • Sasami Script (*.s2k) • SBT (*.sbt) • Sofni (*.sub) • Softitler RTF (*.rtf) • SonicDVD Creator (*.sub) • Sonic Scenarist (*.sst) • Spruce DVDMaestro (*.son) • Spruce Subtitle File (*.stl) • Stream SubText Player (*.sst) • Stream SubText Script (*.ssts) • SubCreator 1.x (*.txt) • SubRip (*.srt) • SubSonic (*.sub) • SubStation Alpha (*.ssa) • SubViewer 1.0 (*.sub) • SubViewer 2.0 (*.sub) • TMPlayer (*.txt) (five different variations) • Turbo Titler (*.txt) • Ulead DVD Workshop 2.0 (*.txt) • ViPlay Subtitle File (*.vsf) • ZeroG (*.zeg)

1.2. Модул за вчитување и пишување

Модулот за вчитување и впишување во Subtitle Workshop, сега е многу понапреден отколку на почетокот, и повеќекратно беше препишуван од почеток. Многу луѓе со задоволство ги пријавуваа грешките (bugs) и сите тие беа поправени во најкраток можен временски период. Како што минуваше времето, модулот стана многу по доверлив и стабилен. Поради се поголемата доверливост и стабилност одлучивме да го издадеме Subtitle API.

1.2.1. Што е URUSoft Subtitle API?

Тоа е динамичка линк библиотека (dynamic link library.DLL) која што го содржи модулот за вчитување и впишување во Subtitle Workshop. Овој DLL е така направен што надградбата (updates) на модулот за читање во Subtitle Workshop да може да се употребува без издавање нова верзија на SW, тој не ги содржи само поправките за грешки, туку содржи и подршка за нови титл формати. Поради овој DLL фајл, потребно е само да се превземат неколку kb, наместо повеќе од 800 kb во случај кога ќе пронајдете грешка во модулот. По превземањето на овој DLL фајл, потребно е да го сместите во инсталациониот директориум на Subtitle Workshop, во фолдерот со наслов "SubtitleAPI". Патот кон фолдрот е ( C:\Program Files\URUSoft\Subtitle Workshop\SubtitleAPI ). Следниот пат кога ќе биде отворена програмата Subtitle Workshop, новите формати и поправки за грешките ќе бидат во употреба.

Page 8: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

1.3. Распоред на работната површина

Едно од нештата кои го прават Subtitle Workshop да биде уникатен е распоредот на неговата работна површина и поставеноста на командите (интерфејс). Многу едноставен и прегледен распоред за корисникот, а истовремено ја задржува основната и напредна функционалност за работење со командите и лесен пристап кон менијата. Интерфејсот има идеално лесен пристап кон задавање на командите, со што се постигнува поголема производителност при работата со титлите, рачна корекција на времињата, преведување од друг јазик, и се разбира при употребата на сите вградени алатки.

1.4. Започнување со работа

Да ги запознаеме основните карактеристики на Subtitle Workshop.

1.4.1. Отворање (вчитување и внесување) на титл-фајл

Внесувањето на титл фајл се изршува преку мени "File/Load Subtitle" или со клик на [Ctrl]+[O] тастерите. Дополнително може да се внесе и со повлекување на фајлот и пуштање во основниот прозорец, или ако екстензиите се доделени кон програмата се отвора и само со двоен клик врз титл фајлот во windows прелистувачот.

Секогаш кога се внесува фајл, со било кој метод за внесување, фајлот ќе биде проверен за валидност и во кој формат е тој фајл. Повеќето од фајловите ќе бидат внесени без пречки, но и во случај да се појави порака за грешка ("The file is a bad subtitle or an unsupported format"), сеуште постои можност фајлот да биде внесен. Пред се, потребно е да бидете сигурни во каков формат е фајлот, и доколку го знаете точниот формат на титл фајлот, продолжете со следниов начин за внесување на фајл:

1. Одберете од мени "File/Load subtitle". 2. Ќе се отвори дијалог прозорец во кој е потребно да го одберете филтерот кој е

соодветен за тој титл формат. Во делот каде што пишува "All supported files", има листа со филтри од која треба да го одберете соодветниот формат во кој се наоѓа и проблематичниот титл фајл.

3. Откако ќе го одберете соодветниот филтер за тој формат, кликнете на копчето Open“ во дијалог прозорецот.

Page 9: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

При внесувањето на овој начин нема да се активира автоматското препознавање на форматот. Ако фајлот сеуште не може да биде внесен, повторно ќе се појави порака за грешка. Во овој случај, ако сте сигурни дека фајлот е титл формат базиран на текст, испратете го по електронска пошта до UruSoft и ќе биде поправен.

1.4.2. Отворање (вчитување и внесување) на видео фајл

Внесувањето на видео фајл се врши преку мени "Movie/Open" или со клик на [Ctrl]+[P] тастерите.

Page 10: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

Ако се појави порака за грешка "File is not a valid video file", проверете дали ги имате инсталирано потребните кодекси. Доколку ги немате, превземете го Coda Codec Pack или K-Lite codec pack, со нив би требало да се решат повеќето проблеми за репродукција на видеото.

1.4.3. Креирање на нов документ (фајл)

Со Subtitle Workshop може лесно да се креира нов документ од почеток (од празен бел лист), и да бидe зачуван во било кој од подржаните титл формати. За отворање на нов документ, одберете од мени "File/New subtitle..." или преку клик на [Ctrl]+[N] тастерите на тастатурата. Откако ќе го отворите новиот документ, можете веднаш да започнете со додавање на титли и потоа да го зачувате (снимите) документот во титл фајл формат преку мени "File/Save" или со клик на [Ctrl]+[S] тастерите.

1.4.4. Додавање на титл

Едноставно и брзо додавање на нов титл во листата може да се изврши преку клик на тастерот [Insert] или преку мени "Edit/Insert subtitle". Новиот титл секогаш ќе биде додаден веднаш по селектираниот титл. Основното почетно времетраење на ново додадениот титл е една секунда, а почетното време ќе биде „крајното време на претходниот титл + 1 мили секунда“. При додавање на прв нов титл во празен документ, неговото почетното време ќе биде нула.

Page 11: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

Доколку е потребно да се додаде нов титл пред селектираниот, тоа се прави со клик на [Shift]+[Insert] тастерите или преку мени "Edit/Insert before".

1.4.5. Бришење на титл

За бришење на одреден број титли од листата, потребно е тие претходно да бидат селектирани. Задржете го [Ctrl] тастерот и со кликање врз титлите ќе извршите селектирање на оние титли за кои е потребно да бидат избришани. По извршеното селектирање, за бришење едноставно се клика на тастерот [Delete] или преку мени одберете "Edit/Remove selected".

1.4.6. Рачно работење со титли

Секој титл се состои од три компоненти:

1. Почетно време – времето при кое ќе започне прикажувањето на титлот (појавување на титлот).

2. Крајно време – времето при кое ќе се прекине и ќе заврши прикажувањето на титлот (исчезнување на титлот).

3. Текст – текстуалната содржина од букви и знаци во самиот титл.

Subtitle Workshop овозможува лесен пристап за промена на секоја од претходно наведените компоненти. За подесување на почетното време кликнете во "Show" полето, внесете го времето (или фрејмовите) и кликнете на тастерот [Enter]. За подесување на крајното време кликннете во "Hide" полето, , внесете го времето (или фрејмовите) и кликнете на тастерот [Enter]. Забелешка: Крајното време на титлот може да се менува и со менување на времетраењето на титлот во "Duration" полето.

Page 12: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

Дополнително, вредностите за времињата можат да се подесуваат и преку нагоре/надоле стрелките кои се наоѓаат на десната страна при секое од полињата.

За внесување на текст, селектирајте го титлот, кликнете долу во полето наменето за внесување на текст и впишете го саканиот текст. Во листата на титлите, знакот (карактерот) "|" (pipe-цевка) претставува команда за нов ред.

1.4.7. Стилови за изглед и боја - тагови (tags)

Пред се, потребно е да се знае дека Subtitle Workshop подржува само тагови кои се однесуваат на целиот титл. Па, според тоа ако навистина ви е неопходно да внесете стил за фонт во само еден дел од реченицата, тоа ќе мора да се направи во notepad. Бидејќи SW подржува само тагови за целиот титл, таговите ќе може само да се отворат, а нивното затворање е невозможно. Подржаните тагови се:

• <b> за bold (задебелено) • <i> за italic (накосено) • <u> за underline (подвлечено) • <c:#RRGGBB> за боја, форматот на бојата е во HTML формат.

Додавањето на овие тагови може едноставно да се изврши со нивно впишување на почетокот од титлот, и дополнително можат да се додадат со десен клик врз селектираните титли при што се отвора дијалог прозорче преку кое може да се врши контрола врз сите тагови кои се однесуваат за селектираните титли. Забелешка: Во еден титл може да се употребат повеќе тагови (се разбира, само доколку тоа се различни тагови). Истовремено може да се зададат сите 4 подржани тагови во еден ист титл.

Page 13: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Задавањето на тагови за изглед и боја не е подржано во сите титл формати, и ако таквите титли бидат зачувани во титл формат кој не подржува тагови, таговите ќе бидат загубени.

1.4.8. FPS (фрејмови или кадри по секунда) и влезни „Input FPS“

Познавањето на разликата помеѓу овие две полиња е неопходно за работење со Subtitle Workshop. Влезни „Input FPS“ се FPS на видеото за кое титлите се оригинално направени. FPS (фрејмови по секунда) се FPS на видеото за кое е потребно да се синхронизираат титлите. Потребно е да се изврши промена (модификација) на ова поле со цел да се конвертираат FPS. При работење со титл фајлови кои се базирани на фрејмови нема потреба од „Input FPS“ (потребни ни се само FPS), што значи дека "Input FPS" ќе станат апсолутно неупотребливи по внесувањето на титл формат кој што е базиран на фрејмови (нема да имаат никакво влијание врз времињата).

Page 14: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

Прашање: Како да конвертирам еден титл фајл со 25 FPS во 23,976? Одговор: Едноставно, одбери вредност 25 за "Input FPS", внеси го титл фајлот и тогаш подеси ги "FPS" на 23,976. Со ова е направена промената на зачестеноста на кадрите во единица време (framerate) за фајлот.

1.5. Параметри на командниот ред

Препорака е секој од параметрите испратен кон Subtitle Workshop да биде сместен помеѓу " " за да се избегнат проблеми со празните места во name/path на фајловите. За да отворите фајл: SubtitleWorkshop.exe "/OPEN(File)" Пример: SubtitleWorkshop.exe "/OPEN(C:\Subtitle.srt)"

За конвертирање од еден формат во друг: SubtitleWorkshop.exe "/CONVERT(Влезен_фајл/Излезен_фајл/Излезен_формат/Влезни_FPS/Излезни_FPS)" Влезните FPS и излезните FPS е потребно да бидат подесени само ако се работи со титл фајлови кои се базирани на фрејмови. Доколку не се работи со титл фајлови кои се базирани на фрејмови, може да се внесе било која вредност. При внесување FPS, доколку не е заокружена вредност (цел број), децималните цифри мора да бидат оделени со употреба на децимален разделувач кој е одреден за персоналниот компјутер на кој што Subtitle Workshop е инсталиран (одредувањето се врши преку „Control panel/Regional and language settings“). Вообичаено тоа е "," или ".". Форматот

Page 15: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

на титлите мора да биде во форма на редица (ланец, поврзани), и доколку се употребува новата надградена верзија на SubtitleAPI, титл фајлот ќе може да се зачува во било кој од подржаните формати во употребената верзија на SubtitleAPI. За да ја видите листата на сите подржани формати и како точно треба да се впишуваат, стартувајте го Subtitle Workshop на следниов начин: SubtitleWorkshop.exe /GetSupportedFormats Откако ќе го направите ова, Subtitle Workshop ќе зачува листа со подржаните формати во инсталациониот фолдер во кој е инсталирана програмата, во текст фајл (TXT file) со наслов "SupportedFormats.txt". Неколку примери: SubtitleWorkshop.exe "/CONVERT(C:\Folder\Sub.smi/C:\Subtitle.pjs/Phoenix Japanimation Society/25/29,97)" SubtitleWorkshop.exe "/CONVERT(C:\Subtitle.vsf/C:\Subtitle.jss/JACOSub 2.7+/23,976/0)" SubtitleWorkshop.exe "/CONVERT(C:\Subtitle.srt/C:\Subtitle.sub/MicroDVD/29,97/29,97)" За промена на одложувањето на времињата: SubtitleWorkshop.exe "/DELAY(Влезен_фајл/Излезен_фајл/Влезни_FPS/Одложување_во_милисекунди)" Пример: SubtitleWorkshop.exe "/DELAY(C:\Subtitle.srt/C:\Subtitle.srt/0/-5000)" Наведениов пример се однесува на корекција за одложување од -5 секунди во Subtitle.srt и негово истовремено препишување (замена на постоечкиот фајл со новиот). Почетно е зададено 0 за FPS кога се внесува титл формат базиран на време. Исто како и кај параметарот при конвертирање на фајлот, доколку FPS не е заокружена вредност (цел број), децималните цифри мора да бидат оделени со употреба на децимален разделувач кој што е подесен за персоналниот компјутер на кој што Subtitle Workshop е инсталиран. Ако како корисник погрешно определиш FPS , а при тоа FPS е неопходно, тогаш автоматски ќе биде употребена зададената вредност за FPS според основните почетни подесувања на (25).

1.6. Јазични фајлови

Самиот корисник лесно може да си направи јазичен фајл за интерфејс на својот јазик и да го употреби во Subtitle Workshop. За да се направи ова потребно е да се преведе јазичниот фајл од англиски „English.lng“ (или било кој друг .lng) во јазикот за кој сакате да овозможите употреба за интерфејс, новиот јазичен фајл да се именува како „јазикот.lng“ и да биде внесен во фолдерот „Langs“ во инсталациониот директориум на SW. На пример: Macedonian.lng, English.lng, Français.lng. Јазичниот фајл (.lng) се отвора со Notepad или друга текст алатка. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Не го преведувајте текстот кои се наоѓа помеѓу "[ ]" и текстот кој е по знакот % (На пример: "%s" или "%d"). Доколку тие бидат променети, јазичниот фајл нема правилно да работи! Препорака:

• Ако јазикот на кој што го преведувате јазичниот фајл содржи карактери (знаци) различни од содржаните во „ANSI_CHARSET“, не заборавајте да го промените во [General] секцијата. Прочитајте го „charsets.txt“ како пример.

• Во пораките, карактерот (знакот) "|" (pipe-цевка) претставува нов ред.

Page 16: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

Откако ќе го направите јазичниот фајл, испратете го на UruSoft (за македонски јазик веке постои јазичен фајл направен од страна на Author: Grof Luigi ) за да го вклучат како составен дел во инсталациониот пакет. Името на преведувачот ќе биде претставено во About Subtitle Workshop прозорецот.

1.7. Сопствени формати

Овозможено е и зачувување на титл фајл во формат кој што не е подржан во Subtitle Workshop, или лесно создавање на сопствен личен формат, или пак текстуален фајл со титли. Оваа опција може да се примени само за зчувување на фајлови и доколку фајлот биде зачуван во формат кој што Subtitle Workshop не го подржува, вчитувањето на тој фајл ќе биде невозможно. За влез во дијалогот за сопствени формати, најпрвин е потребно да биде вчитан титл фајлот, потоа да се одбере од мени "File/Save as..." и во дијалог прозорецот се одбира "Custom format" опцијата.

Име на форматот (Format name) Ова е корисно за идентификација на форматот во кој треба да биде зачуван фајлот или проектот. Екстензија за означување (Extension) За одредување на означувањето за фајлот. Subtitle Workshop го употребува при зачувување на фајлот. Забелешка: Форматот на означувањето мора да биде како"*.CHARS" (знаци). Структура (Structure) За одредување на структурата на временскиот код, „h“ претставува часови, „m“ минути, „s“ секунди, „z“ милисекунди. Доколку внесувате повеќе од едно “h“ или "m" или "s" или "z", сите “h“ или "m" или "s" или "z", мора да бидат впишани едно до друго. Не може да се употреби нешто како ова "h:m:h:,zmzs". За временски код "00:00:00,0" треба да се внесе формат како "hh:mm:ss,z", а за временски код "0:00:00,000" треба да се внесе како "h:mm:ss,zzz". Ако сакате структурата на временскиот код да биде само во милисекунди, внесете само "MS" наместо временска структура. Време или фрејмови (Time or frames) Означете го полето "Time" доколку планирате да работите со времиња. Ако планирате да работите со фрејмови, означете го полето "frames" и во овој случај нема потреба да се одредува структура за временскиот код бидејќи фрејмовите секогаш ке бидат едноставен број. FPS Одберете FPS за титл фајлот кој ќе го зачувате. Во случај да зачувувате титл фајл со

Page 17: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

формат базиран на време во друг титл формат базиран на време, тогаш нема потреба да го менувате ова. Нов ред знаци (New line char) За одредување на знакот со кој се поделуваат редовите во титлот. Ако сакате да започнете нов ред во еден ист титл за формат каков што е SubRip се внесува "[Enter]" како знак за нов ред (без практично приказ на било кој знак, има функција само за поделба на редовите). Внесување на проект (Load project) Ова копче служи за внесување на проект за титл формат од претходно зачуван (*.cfp) фајл. Зачувување на проект (Save project) Преку ова копче се врши зачувување на проектот (титл форматот) во *.cfp фајл. Со ова ќе ги зачувате сите податоци и информации кои што сте ги одредиле и впишале во дијалог прозорецот за сопствени формати. Текст на скриптите за сопствен формат (Text of the custom format script) Ова е многу едноставно. Елементите кои што Subtitle Workshop ќе ги впише во титл фајлот можат да се поделат во три секции, и тоа по следниот редослед:

1. Дел кој е впишан само еднаш на почетокот од фајлот. 2. Дел кој што ќе биде повторен при секој нов титл. 3. Дел кој што е впишан само еднаш на крајот од фајлот.

Се што треба да се направи е да се впишат тие три секции во прозорецот за текст. Кога за прв пат ќе го отворите дијалог прозорецот за сопствени формати ќе можете да видите коментиран пример:

Коментарите започнуваат со ** и завршуваат со !*. Поради ова нема да можете да ги впишете знаците "**" во титл фајл бидејќи ќе бидат препознаени како коментар. Ако сакате да ги впишете овие знаци во фајл, ќе треба да употребите {asterisk} (ова ќе впише само една ѕвездичка). За да можете да впишете две ѕвездички, "{asterisk}*" или "{asterisk}{asterisk}", и двете имаат исто значење. Прво впишете ја првата секција (доколку ја има). Потоа започнете ја втората секција (делот кој ќе се повторува за секој титл) со впишување на {RepeatSub}. Повторувачка секција Во оваа секција е овозможено да се впишат 4 елементи.

Page 18: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

1. Почетно време на титлот. Потребно е да впишете {swStart} и Subtitle Workshop ќе го замени со почетното време на тековниот титл. Исто така може да се впише и {swFrameStart} и програмата ќе го замени со тековниот фрејм. На овој начин ќе може да се зачува времето, на пример во формаѕ hh:mm:ss,zzz:FRAMES. Ако сакте да поставите нули на почетокот се додека да се постигне саканата должина, потребно е да се впиште {swFrameStart,DesiredTotalLength}. Истово може да се примени и за крајниот фрејм.

2. Крајно време на титлот. Потребно е да впишете {swEnd} и Subtitle Workshop ќе го замени со крајното време на тековниот титл. Исто така може да се впише и {swFrameEnd} и ќе биде заменето со тековниот фрејм.

3. Текст на титлот. Потребно е да впишете {swText} и Subtitle Workshop ќе го замени со текстот од титлот, вкучително и знакот кој што е одреден за нов ред.

4. Реден број на титлот. Потребно е да впишете {SubCount}. Оваа варијабила го содржи редниот број на титлот. Кога сте во првиот титл, редниот број ќе биде "1", за вториот титл ќе биде "2", итн. Во некои од форматите каков што е и „SonicDVD“ има потреба од додавање на нули одлево се додека да се достигне должината на редниот број (Пример: Реден број на титлите од 0001 до 1234). За да го добиете ова, впишете {SubCount,DesiredTotalLength} и Subtitle Workshop автоматски ќе ги додаде нулите на почетокот.

Проверете во "CEF Examples" фолдерот, и внесете од неколкуте примероци кои се наоѓаат таму за да разберете како подобро да ја употребите оваа карактеристика.

Поглавје 2: Карактеристики поврзани со временскиот код

2.1. Промена на FPS (Framerate conversion)

За ова прочитајте во делот за FPS (фрејмови или кадри по секунда) и влезни FPS .

2.2. Одложување на времето за прикажување на титлите

Page 19: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

Subtitle Workshop може да изврши позитивно (нанапред) или негативно одложување (наназад), во време или фрејмови. Одложувањето е конкретно време или фрејмови (константно) кое ја претставува разликата помеѓу точките каде би требало да започне правилното прикажување на титлот, и неговиот вистински почеток. За да се изврши одложување, внесете го титл фајлот и потоа одберете од мени "Edit/Timings/Set delay...", или пак со клик на тастерите [Ctrl]+[D] со што се повикува истата команда. Со тоа ќе се отвори дијалог прозорецот за одложување.

Ако работите со време, потребно е да ја внесете вредноста на одложувањето во временски формат и ако работите со фрејмови, внесете вредноста на одложувањето во фрејмови. Subtitle Workshop автоматски ќе ги детектира и одложи сите титли за кои се врши одложувањето, при што има можност да се изврши одложување на сите титли во листата „For all the subtitles“ или пак одложувањето да се изврши само за селектираните титли „For selected subtitles“. Одложувањето само за селектираните титли е многу корисно кога само еден дел од преводот е десинхронизиран и се појавува порано/подоцна од она што треба.

2.3. Синхронизирање на титлите

Во Subtitle Workshop можете да ги синхронизирате титлите со видеото на четири начини. Било кој од начините да биде употребен, како прво е потребно да го внесете (отворите) титл фајлот за кој што треба да се изврши синхронизација и за начините 1,2,и 4, потребно е и внесување (отворање) на видео фајлот за кој што се однесува потребата од синхронизација.

Page 20: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

2.3.1. Начин 1: Проста синхронизација, со првиот и последниот титл

Овој начин нуди голема точност, и препорачан е за повеќето случаи. По внесувањето на титл фајлот и видеото, следете ја следнава постапка:

• Репродуцирајте (гледајте/слушајте) го видеото се до првата проговорена реченица или до првата точка во видеото каде што треба да се појави првиот титл, и запишете го времето од видеото (ќе биде потребно за подоцна).

• Префрлете се кон крајот од видеото и продолжете со репродукција на крајот, кога ќе ја слушнете последно проговорената реченица или последната точка во видеото каде што треба да се појави последниот титл, исто така запишете го времето од видеото.

• Вредноста за двете времиња може да се запише и од било кој видео плеер, не мора да биде преку интегрираниот видео прегледник.

• Откако ќе ги запишете времињата, одберете од паѓачкото мени "Edit/Timings/Adjust/Adjust subtitles...", или преку [Ctrl]+[B] тастерите со што ќе се отвори дијалог прозорец. Во дијалог прозорецот, префрлете се во "Simple" табелата и во полето за "First spoken line" впишете го почетното време а во полето за "Last spoken line" впишете го крајното време. Потоа

Page 21: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

кликнете врз копчето „Adjust!“.

2.3.2. Начин 2: Синхронизација со употреба на две точки

Овој начин би требало да функционира сосема добро во поголем број случаи. Се изведува со земање на две точки од титл фајлот и две точки од видеото, притоа SW ги пресметува (калкулира) времињата со употреба на линеарен алгоритам. Првиот пар точки се нарекува како први сихронизациони точки ("First sync points"), а вториот пар точки се нарекува последни синхонизациони точки ("Last sync points"). Секој пар соодветствува на една точка во преводот и една точка во видеото, точката во преводот има погрешно време а точката во видеото го има точното време. По селектирањето на првите и вторите синхонизациони точки, Subtitle Workshop соодветно ќе ги калкулира и одреди времињата за останатите титли. Колку првите синхронизациони точки се поблиску до почетокот и колку последните синхронизациони точки се поблиску до крајот, толку подобар резултат се добива. Забелешка: Ако првата синхронизациона точка од преводот одговара на првиот титл и ако последната синхронизациона точка одговара на последниот титл, тогаш практично ќе биде употребен првиот начин за синхронизација (со прв и последен титл). По запознавањето со овие основи за синхронизацијата, следува и објаснување за техничката изведба на вториот начин:

• Како прво, селектирајте го титлот кој што треба да биде означен како прва синхронизациона точка. За прва синхронизациона точка во преводот секогаш ќе биде земено почетното време на селектираниот титл.

• Репродуцирајте го видеото се додека да го пронајдете вистинското време кое одговара како почеток за прикажување на селектираниот титл (ова ќе биде првата синхронизациона точка за видеото). Кога ќе го пронајдете вистинското време, кликнете на копчето "Mark as first sync point" или преку тастатурата со [Ctrl]+[1] тастерите.

Page 22: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

• Сега, селектирајте го титлот во листата кој што треба да биде означен како последна синхронизациона точка. И за последна синхронизациона точка во преводот секогаш ќе биде земено почетното време на селектираниот титл.

• Репродуцирајте го видеото се додека да го пронајдете вистинското време кое одговара како почеток за прикажување на селектираниот титл (ова ќе претставува последна синхронизациона точка за видеото). Кога ќе го пронајдете вистинското време, кликнете на копчето "Mark as last sync point" или преку [Ctrl]+[2] тастерите.

Откако ќе завршите со претходно опишаната постапка, ќе добиете прозорче со порака за потврдување во кое треба да кликнете на копчето "Yes" и преводот ќе биде молскавично синхронизиран.

Page 23: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

2.3.3. Начин 3: Прилагодување кон други, веќе синхронизирани титли

Овој начин на синхонизација е применлив во случај кога имате десинхонизиран филмски превод на еден јазик и сакате набрзина да го синхронизирате кон друг, веќе синхронизиран филмски превод превод кој што е на некој друг јазик. Овој метод е применлив дури и во случаи кога двата преводи имаат различен број на титли, единствен услов за успешно да биде извршена синхронизација е првите и последните титли во двата преводи да кореспондираат еден со друг (да бидат исти). Овој начин за синхронизација е многу лесен, во SW го внесувате титл фајлот со неточна синхронизација (погрешен тајминг) и одбирате од мени "Edit/Timings/Adjust/Adjust to synchronized subtitles" или со со употреба на [Shift]+[Ctrl]+[B] тастерите. Во ново отворениот прозорец за пребарување ќе го пронајдете и ќе го селектирате синхронизираниот превод, по што ќе кликнете на копчето “open” кое што е дел од прозорецот за пребарување.

Забелешка: Овој начин за синхронизација не претставува исто со она што е алатката за превземање на времињата од фајл ("read times from file").

2.3.4. Начин 4: Напредна синхронизација на титлите

Напредниот начин за синхронизирање на титлите се применува кога синхронизацијата со употреба на две точки нема да биде успешна. Со примена на овој начин се овозможува синхронизација на титлите и во најлоши случаи, кога десинхронизацијата не е константна или се разликува во различни делови од преводот. Овој начин за напредно синхронизирање ви овозможува повеќекратно додавање на синхронизациони точки за преводот и видеото со што ќе може да се изврши синхронизирање по делови од преводот. Максималниот број на синхронизациони точки кои може да се додадат и внесат е еднаков со бројот на титли во преводот (ако преводот има 456 титли, тогаш максималниот број на синхронизациони точки кои можат да се внесат е 456). За да се изврши напредно синхронизирање за одреден филмски превод, најпрво треба да го внесете (отворите) тој титл фајл и содветниот видео фајл. Во контролите за видео преглед, забележете го последното копче "Add subtitle/video synchronization point" кое е наменето за додавање на титл/видео синхронизациони точки, ова копче подоцна ќе биде употребувано. Следува опис на чекорите кои треба да се следат за извршување на напредна синхронизација:

• Пред се, селектирајте го титлот кој што треба да го употребите како синхронизациона точка. Како синхронизациона точка секогаш ќе биде земено почетното време на титлот. Секој (било кој) титл во преводот може да биде селектиран.

• Репродуцирајте го видеото се до моментот кој што претставува вистинско време за прикажување на селектираниот титл. Кога ќе го пронајдете

Page 24: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

соодветното време во видеото (употребувајте паузирање на видеото за полесно работење и попрецизно подесување), кликнете на копчето "Add subtitle/video synchronization point" или преку тастатурата со употреба на [Ctrl]+[Alt]+[P] тастерите, по што ќе се отвори прозорец за подесување на титлите во напреден модул. Овој прозорец е засебно и самостојно функционален со што овозможува истовремена употреба и работење во основниот прозорец на Subtitle Workshop.

• Потребно е да се повторат првите два чекори за секоја синхронизациона точка која сакате да ја додадете. Дополнително можете да го употребувате копчето "Add" за рачно внесување на времето (се однесува за внесување на времето за преводот) или копчето "Add from media" за да додадете точки директно од листата на титлите и видеото (го додава како синхронизациона точка почетното време на селектираниот титл и моменталното време на репродукција од видео прегледникот) (има иста функција како копчето во контролите за видео преглед).

Page 25: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

Многу важно нешто кое треба за се знае кога вршите напредна синхронизација е употребата на опциите во делот "If time is outside the points scope". Следува обид за објаснување на трите можности:

• Extrapolate. Subtitle Workshop ќе употреби математичка рутина за калкулирање на новите времиња за секој титл во титл фајлот, дури и за титлите кои се надвор од подрачјето помеѓу зададените точки. Употребата на оваа опција има карактер на однесување како при синхронизација со употреба на две точки, но овде се употребуваат поголем број на синхронизациони точки.

• Return original time (no changes). Subtitle Workshop ќе изврши синхронизација само на титлите кои се наоѓаат во подрачјето помеѓу зададените точки, а сите останати титли кои се надвор од подрачјето ќе останат непроменети. Ова е многу корисно кога има потреба за синхронизија само на одреден број титли. На пример, кога треба само титлите од 100 до 200 да бидат подесени, а сите останати да останат непроменети.

• Return displacement of neighbour point. Ако посакуваното ново време се наоѓа пред првата синхронизациона точка, тогаш новото време ќе се калкулира според изместувањето на првата синхронизациона точка. Ако посакуваното ново време се наоѓа по последната синхронизациона точка, тогаш новото време ќе се калкулира според изместувањето на последната синхронизациона точка. Понекогаш во одредени случаи, и ова може да биде корисно за некому.

Откако ќе ги внесете сите потребни синхронизациони точки и подесувања, кликнете на копчето „Adjust!“.

2.4. Граници на времетраење

Ганиците на времетраење овозможуваат корекција на времетраењето за сите титли во листата кон одредените ограничувања. Титлите кои се прикажуваат пократко од 1.5 секунди се најчесто невозможни за читање, освен кога содржат кратки зборови како "Да" или "Еј". Понекогаш кога имаме титли со многу знаци и кратко времетраење или титли со времетраење поголемо и од 10 секунди, во таквите случаи може да се употреби оваа алатка. Може да се предодреди минималното и максималното времетраење кое ќе важи за сите титли. Времетраењето на секој титл чие што прикажување е пократко од предодреденото, ќе му биде продолжено (зголемено) кон минималната граница која што сте ја предодредиле без да предизвика преклопување со следниот титл во листата. Времетраењето на секој титл кое е подолго од максимално предодреденото, ќе биде скратено на максималната граница која што сте ја предодредиле.

Стартувањето на алатката и поставувањето на минимална и максимална граница на времетраење се врши преку мени "Edit/Timings/Set duration limits..." или преку

Page 26: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

тастерите [Ctrl]+[L]. Во дијалог прозорчето треба да ги внесете вредностите за минималното и максималното времетраење на титлите во милисекунди, а потоа да кликнете на копчето „Apply“.

2.5. Временско продолжување/скратување на времетраењето на титлите

Временско продолжување/скратување е многу корисна алатка кога имаме титл фајл кој содржи долги титли со кратко времетраење. Ова е слично како границите на времетраење, но многу покорисно кога имаме само долги титли со кратко времетраење (кратко прикажување) или пак само кратки титли со долго време на прикажување. Оваа алатка овозможува продолжување/скратување на времетраењето за сите титли или пак само за одредени титли под одредени услови. За пристап кон алатката одберете од мени "Edit/Timings/Time expander/reducer" или употребете ги тастерите [Shift]+[Ctrl]+[Y] преку тастатурата.

Времетраењето за кое сакате да го продолжите/скратите (Expand/Reduce) прикажувањето на титлите се подесува по потреба, притоа се внесува во секунди со прецизност до една милисекунда кога работиите со времиња, или во фрејмови со прецизност до еден фрејм кога работите со фрејмови. Има можност да се постават и одредени услови под кои ќе се изврши продолжување/скратување на времетраењето, само ако титлот содржи повеќе/помалку знаци од предодредениот број на знаци „Only if subtitle is longer than:“, и/или само ако прикажувањето е подолго/пократко од предодреденото времетраење „Only if duration is shorter than:“ во зависност од тоа дали ќе се продолжува или скратува времетраењето. Дополнително, „prevent overlapping“ опцијата треба да биде означена и со тоа активирана за да се избегне преклопување на титлите при продолжувањето на крајното време на титлите. На крајот со означување треба да одберете дали продолжувањето/скратувањето да се изврши за сите титли во листата “For all the subtitles” или само за селектираните титли “For selected subtitles”. На крај, за извршување на продолжувањето/скратувањето за одредените титли, кликнете на копчето “Apply“.

2.6. Превземи времиња од фајл

Page 27: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

Корисно кога имаме филмски превод во кој текстот е добар, но синхронизираноста не е, а истовремено имаме друг превод кој има ист број на титли со точни времиња. Потребно е да се внесе титл фајлот кој има точен текст и од мени да се одбере "Edit/Timings/Read timings from file" или пак преку [Shift]+[Ctrl]+[T] тастерите. Ќе се отвори дијалог прозорец преку кој треба да се пронајде и селектира титл фајлот на филмскиот превод со точни времиња, а потоа да се кликне на копчето “Open”.

2.7. Продолжување на времетраењето

Продолжувањето на времетраењето се применува само за селектирани титли и притоа нема да има ефект врз последниот титл во листата. Тоа што се случува е, продолжување на времетраењето на секој титл до една милисекунда пред почетното време на следниот титл. За да се изврши продолжување на времетраењето, првин треба да се селектираат титлите (за сесектирање на сите титли во листата [Ctrl]+[A]) и од мени да се одбере "Edit/Timings/Extend length" или преку тастатурата со употреба на [Shift]+[Ctrl]+[E] тастерите.

2.8. Автоматско времетраење

Употребата на алатката за автоматско времетраење е корисна кога имаме филмски превод во кој времетраењето на титлите (на сите или само на одредени титли) е сосема погрешено во однос на бројот на содржани знаци во нив. Со одредување на времетраење по знак, збор и ред во титлот (основно поставените вредности во програмата даваат задоволителни резултати), Subtitle Workshop ќе калкулира соодветно времетраење за титлите. Друга употреба на оваа алатка може да биде кога се креира сосема нов филмски превод (од бел лист) при аудио визуелно титлување, за побрзо работење можете рачно да ги поставите само почетните времиња за титлите а Subtitle Workshop со оваа алатка ќе ги калкулира крајните времиња според содржината во титлите. Алатката за автоматско времетраење се повикува преку мени "Edit/Timings/Automatic durations" или преку [Shift]+[Ctrl]+[R] тастерите.

Дополнителни опции со кои се одредуваат условите за извршување се: “Apply new durations in all cases” за извршување во секој случај, “only if new duration is greater than original” само кога новото времетраење е подолго од оригиналното, и “Only if new duration is smaller than original” само кога новото времетраење е пократко од оригиналното. Постои и опција за примена врз сите титли “Аll subtitles“

Page 28: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

или само врз селектираните “selected subtitles Only“. Употребата на оваа алатка во комбинација со алатката за граници на времетраење и опцијата за детекцијата на премногу долго/кратко времетраење во информации и грешки, може да даде многу добри резултати за пократко време.

2.9. Поместување на титлите (Shift subtitles)

Оваа алатка го поместува почетното време на сите селектирани титли за точно одреден број милисекунди нанапред/наназад, без промена на времетраењето за прикажување на титлите. Се употребува кога е потребно да се изврши брзо поместување на времињата за да се синхронизираат со видеото. За да извршите поместување нанапред, одберете преку мени "Edit/Timings/Shift +X milliseconds" или употребете ги [Shift]+[Ctrl]+[H] тастерите. За да извршите поместување наназад, одберете преку мени "Edit/Timings/Shift -X milliseconds" или со тастерите [Shift]+[Ctrl]+[N].

Поглавје 3: Карактеристики поврзани со текстот и титлите

Subtitle Workshop не е само обична алатка за работење со титли, таа нуди и многу функции поврзани за работа со текстот.

3.1. Напредно распоредување на текстот во редови

Напредното распоредување на текстот во редови е многу корисна алатка во случај кога имаме филмски превод во кој има многу титли кои содржат повеќе од два реда текст или прекршувањето на редовите не е соодветно извршено. Го распоредува текстот на титлите во еден или максимално во два реда, во зависност од должината на текстот. Оваа алатка има способност за препознавање (детектирање) на знакот тире "-". Постои и можност да се одреди по колку знаци во титлот да се изврши прекршување на текстот во два реда, одредувањето на бројот на знаци по кој ќе биде прекршен текстот се врши со опцијата "Два реда ако е подолго од" во подесувње на програмата. Напредното распоредување на текстот во редови се врши преку мени "Edit/Texts/Smart line adjust" или преку [Ctrl]+[E] тастерите. Напредното распоредување на текстот во редови ќе изврши промена во сите селектирани титли, притоа можте да селектирате повеќе титли одеднаш. Доколку се работи во модул за преведување од друг јазик, распоредувањето на текстот во редови ќе се изврши во двата филмски преводи истовремено (оригиналниот и преведениот).

Page 29: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

По извршеното распоредување во редови ќе биде прикажан како:

Забелешка: Распоредувањето на текстот во редови не е совршено и постои веројатност да се добијат катастрофални резултати во некои случаи, неговата употреба е само оленување кога има мал број титли на кои им е потребно распоредување при што во голем дел од случаите добро си ја извршува работата. Може да се добијат катастрофално погрешни резултати доколку во титлите е содржан знакот тире "-", бидејќи алатката е направена така што за знакот "-" да доделува почеток на нов ред. Доколку сакате да извршите напредно распоредување на текстот во редови за целиот филмски превод, тоа е возможно, но неопходно е по извршувањето да ги проверите сите титли бидејќи со сигурност ќе постојат грешки направени од страна на автоматското распоредување.

3.2. Промена на Голема/мала буква

Дали некогаш сте сретнале филмски превод кој целиот е напишан со големи букви, или пак само со мали букви? Во таквите случаи се употребува алатката за промена на голема/мала буква "Convert case". За отворање на дијалог прозорецот одберете од мени "Edit/Texts/Convert case..." или преку тастерите [Shift]+[Ctrl]+[C].

Овозможени се пет различни ситуации (опции) за промена на буквите:

1. "Sentence type" - Промената ќе биде извршена така што само првата буква од реченицата да биде голема. Пример: Реченцата „ЗДРАВО! овА е МнОгУ убаво. јАс НЕ САКАМ Да СЛУшам.“, ќе биде променета во „Здраво! Ова е многу убаво. Јас не сакам да слушам.". Доколку и „"..." detection“ опцијата е активирана, ќе биде извршена проверка на последните три знаци (карактери) во претходниот титл. Притоа,

Page 30: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

ако тоа се три точки "...", тогаш првата буква во следниот титл нема да биде променета во голема (тоа ќе се смета како продолжение на истата реченица од претходниот титл и ќе ја остави да биде мала буква).

Доколку е активирана опцијата "Only first letter of first word", Subtitle Workshop ќе ја промени само првата буква од првиот збор во реченицата и ќе ја промени во голема буква, притоа ќе ги остави останатите букви и зборови такви какви што се.

2. "Lowercase" - Мали букви во целиот текст. Пример: Реченицата "ЗДРАВО! овА е МнОгУ убаво. јАс НЕ САКАМ Да СЛУшам.", ќе биде променета во "здраво! ова е многу убаво. јас не сакам да слушам.".

3. "Uppercase" - Големи букви во целиот текст. Пример: Реченицата "ЗДРАВО! овА е МнОгУ убаво. јАс НЕ САКАМ Да СЛУшам.", ќе биде променета во "ЗДРАВО! ОВА Е МНОГУ УБАВО. ЈАС НЕ САКАМ ДА СЛУШАМ.".

4. "Title type" - Секоја прва буква во секој збор ќе биде променета во голема. Пример: Реченицата "ЗДРАВО! овА е МнОгУ убаво. јАс НЕ САКАМ Да СЛУшам.", ќе биде променета во "Здраво! Ова Е Многу Убаво. Јас Не Сакам Да Слушам.".

5. "Inverse type" Малите букви ги претвора во големи, а големите букви ги претвора во мали букви. Ги заменува големините. Пример: Реченицата "ЗДРАВО! овА е МнОгУ убаво. јАс НЕ САКАМ Да СЛУшам.", ќе биде променета во "здраво! ОВа Е мНоГу УБАВО. ЈаС на сакам дА слуШАМ.".

Забелешка: Кога се работи во модул за преведување од друг јазик, промената на голема/мала буква ќе се изврши само во оригиналниот текст. Ако е потребно да се примени промена на голема/мала буква за преводниот дел, претходно треба да се замени оригиналниот со преводниот дел преку мени "Edit/Translation/Swap".

3.3. Непрекршување на текстот во редови

Самиот наслов на оваа алатка, сам по себе објаснува сосема доволно. Се извршува врз селектираните титли и резултира така што текстот ќе биде во еден долг непрекршен ред. Кога се работи во модул за преведување, променате ќе се изврши истовремено во двата дела (и во оригиналниот, и во преводниот дел).

3.4. Делење на титлите (делење на еден титл во два или повеќе титли)

Го поделува титлот на два титли. Многу употребливо кога имаме филмски превод во кој има титли со по три или повеќе редови на текст, те. титли кои всушност содржат премногу знаци во себе (премногу долги титли) за да бидат распоредени во два реда со опцијата за "напредно распоредување на текстот во редови". Рачното делење на титлите кое е возможно со бришење на текст од еден титл и пишување на истиот текст во друг титл е начин кој одзема премногу време, значи по додавањето на нов титл (со insert) ќе треба рачно да се подесат времињата, а текстот да биде напишан во ново додадениот титл и да биде избришан во првиот титл. Со опцијата за делење на титлите, сево ова се извршува многу брзо.

Page 31: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

Најпрвин треба да се селектира титлот, и да се одбере од мени "Edit/Texts/Divide lines..." или преку [Shift]+[Ctrl]+[D] тастерите, со тоа ќе се отвори дијалог прозорецот за делење на селектираниот титл.

Збелешка: Ако титлот има само еден ред со текст кој е пократок од вредноста подесена за „Прекршување на редот по одреден број знаци“ во подесувањата за програмата / напредно подесување, опцијата во менито ќе биде оневозможена и тастерите нема да функционираат.

Во дијалог прозорецот за поделување на титлот се наоѓаат две табели за текст, првата табела со првата половина од текстот на титлот и втората со втората половина од текстот. Потребно е да одберете по кој ред (линија со знаци) да се изврши делењето „Divide after line number“, програмски одредената вредност би требало да биде соодветна во повеќето од случаите. Забелешка: Оваа опција ќе биде оневозможена во случај кога се дели титл кој има само два реда текст. Кога ќе ја измените оваа вредност, текстот во двете текст табели ќе биде соодветно променет. Ако забележите дека прекршувањето на редот исчезнува во некој дел, отворете го делот за подесување на програмата / напредно подесување и деактивирајте ја опцијата за напредно распоредување на текстот во редови "Smart line adjust automatically". Доколку опцијата "Smart line adjust automatically" е активирана, по извршената поделба на титлот, ттекстот ќе биде автоматски распореден во еден или два реда. Ако сакате рачно да го извршите распоредувањето во редови, фокусирајте го курсорот во соодветната текст табела и кликнете на

Page 32: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

тастерите [Ctrl]+[E]. Следно, потребно е да се фокусирате на времињата за титлите, најчесто вториот титл треба да биде прикажан веднаш по првиот и затоа препорака е да се остави активна опцијата за последователно продолжување "Continue directly". А доколку е потребно вториот титл да биде прикажан по некое временско растојание од првиот, тогаш треба да ја деактивирате опцијата "Continue directly" и да да го впишете почетното време за вториот титл. Дополнително можете да ги употребите и копчињата за временска пропорција кои се наоѓаат на горниот дел од дијалог прозорецот. "1:1" значи еднакво времетраење за двата нови титли, "2:1" значи дека првиот титл ќе има двапати подолго времетрањење од вториот титл, итн. Истотака можете да ги впишете и конкретните времиња за новите титли со употреба на соодветните копчиња за промена на времињата или да се изврши калкулација со употреба на алатката за автоматско времетраење за секој нов титл. Во вториот случај, Subtitle Workshop ќе го калкулира времетраењето на првиот нов титл врз основа на времетраење по знак (по број на карактери во текстот) во оригиналниот титл и ќе го употреби за калкулација на времетраењето на вториот титл. И за крај, кликнете на копчето "Divide!" за да ја извршите поделбата.

Кога се работи во модул на преведување од друг јазик, со делењето на титли во преводниот дел ќе биде внесен празен титл (-Untranslated line-), те. нема да да биде извршена поделба на титлот во преводниот дел бидејки алатката работи само со оригиналниот дел.

3.5. Подесување за максимален број знаци (карактери) во еден ред

Мени „Edit/Texts/Set maximum line length“ или тастерите [Shift]+[Ctrl]+[L].

Титлот се дели ХХ редови, така што секој ред ќе биде пократок од максимално одредениот број на знаци (од максималната должина за текст во еден ред). Максималниот број на знаци во еден ред се одредува во подесувањата за програмата / напредно подесување. Оваа алатка се применува врз селектираните титли и кога се работи во модул за преведување од друг јазик, истовремено извршува промена и во оригиналниот и во преводниот дел. Пример: Ако максималната должина на текст во еден ред е одредена да биде 45 знаци. „Ова е само екстремно долг текст кој ќе го употребиме за да го покажеме резултатот од употребата на оваа алатка“, а резултатот е прекршување на текстот во повеќе редови како што следува:

Редовите добиваат соодветно распределени 41, 42 и 26 знаци (карактери). Како што може да се види од примерот, ниту еден ред не ја надминува максимално одрдената должина на текстуалниот ред во линијата со превод. Вака поставениот текст во три реда нема да изгледа убаво на екранот, затоа во ваков случај треба дополнително да се употреби и алатката за делење на титли.

Page 33: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

3.6. Внесување (вчитување) на текст од фајл

„Edit/Texts/Read texts from file“ е сосема исто како алатката превземи времиња од фајл, но наместо внесување на времињата, се внесуваат текстовите.

3.7. Спојување на титли (два или повеќе титли во еден)

Многу корисна алатка, спојува (комбинира) поголем број последователно селектирани титли во еден титл.

Пример:

Почетно време Крајно време Текст

00:00:01,000 00:00:02,000 Зошто ти не го сториш тоа?

00:00:02,001 00:00:03,000 - Не знам!

Се претвора во:

Почетно време Крајно време Текст

00:00:01,000 00:00:03,000 Зошто ти не го сториш тоа? - Не знам!

За крајно време на новиот титл се превзема крајното време од последниот селектиран титл. За да се изврши спојување на два или повеќе титли, селектирајте ги и кликнете на [Ctrl]+[K] тастерите, или пак одбирете од мени "Edit/Subtitles/Combine subtitles".

3.8. Од десно кон лево (обратно внесување на текст)

Алаткава е употреблива само за јазици кои се пишуваат од десно кон лево, како што се Еврејскиот или Арапскиот јазик.

3.8.1. Превртен текст

Го превртува текстот во сите селектирани титли.

Пример: "Преврти го овој текст!" го променува во: "!тскет јово ог итрверП".

Page 34: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

Кога се работи во модул за преведување, со оваа алатка ќе се изврши промена само врз оригиналниот дел. За да може да извршите прпмена во преводниот дел, претходно употребете ја опцијата "Edit/Translation/Swap" која служи за замена на местата за оригиналниот дел со преводниот и обратно. Има можност, опција да одлучите дали да ги зачувате редовите во титлите такви какви што се или не, тоа подесување се врши во општите подесувања за програмата со активирање и деактивирање на опцијата "Keep order of lines when reverse text". За да извршите превртување на текстот, потребно е да селектирате одредени титли и да кликнете на [Ctrl]+[H] тастерите или да одберете од мени "Edit/Subtitles/Right to left/Reverse text".

3.8.2. Корегирање на интерпукција

Едноставно, корекција на интерпукцијата за јазиците кои се пишуваат од десно кон лево.

Пример: "Корегирај ја оваа интерпукција!..." се менува во: "...! Корегирај ја оваа интерпукција ". Кога се работи во модул за преведување, оваа алатка ќе изврши промена само во преводниот дел. За да се примени врз оригиналниот дел, потребно е да заменат оригиналниот и преводниот дел преку опцијата "Edit/Translation/Swap" со цел оригиналниот дел да се постави како преводен. За да извршите корекција на интерпукцијата, селектирајте ги одредените титли и кликнете на [Shift]+[Ctrl]+[F] тастерите или пак одберете од мени "Edit/Subtitles/Right to left/Fix punctuation".

3.9. Сортирање

Сортирање на титлите според нивното почетно време. Само кликнете на [Ctrl]+[Y] или одберете од мени "Edit/Subtitles/Sort".

3.10. Бришење на непотребни линкови

Се бришат "..." кога трите точки се наоѓаат на крајот од еден титл и на почетокот од следниот титл.

Пример:

Page 35: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

Почетно време Крајно време Текст

00:00:01,000 00:00:02,000 Но не е така бидејќи...

00:00:02,001 00:00:03,000 ...она што јас сакам е друго.

се менува во:

Почетно време

Крајно време Текст

00:00:01,000 00:00:02,000 Но не е така бидејќи.

00:00:02,001 00:00:03,000 она што јас сакам е друго.

На некои луѓе им се допаѓа вака, на други обратно. За да се избришат непотребните ликови ("..."), потребно е да се употребат тастерите [Shift]+[Ctrl]+[G] или да се одбере преку мени "Edit/Subtitles/Delete unnecessary links". Извршувањето ќе има влијание врз целиот филмски превод, не само за селектираните титли.

3.11. Побарај и Промени (брза замена на еден знак со друг)

Алатката „Search & Replace“ побарај и промени во Subtitle Workshop е многу брза во извршување на промената, за стартување на алатката се одбира од мени “Search/ Search & Replace”. Вклучува и неколку доплнителни опции до кои се доаѓа преку копчето "More >".

Објаснување за дополнителните опции: Case sensitive Го извршува пребарувањето/заменувањето со препознавање на ГОЛЕМИТЕ и малите букви. Доколку пребарувате со мала буква ќе ги пронајде само малите букви и ако пребарувате со голема буква ќе ги пронајде само големите букви.

Page 36: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

Match whole words Ќе го пронајде/замени текстот само доколку текстот претставува (формира) цел збор. Preserve case on replace Ја превзема, ја задржува големината на буквите од оригиналниот текст при заменувањето.

На пример: Текстот кој се бара е "Куче" и текстот со кој треба да биде заменет е "МАЧКА", Subtitle Workshop го пронаоѓа "Куче" и го заменува со "Мачка", а не со "МАЧКА". Текстот кој се бара или заменува може да содржи и прекршување на титли, но притоа причината за проблемот кој се јавува при ова е обемно објаснување за кое нема потреба. Знакот (карактерот) "|" (цевка-pipe) претставува нов ред во титлот и ако ви е потребно да побарате "|" тогаш употребете го знакот "||" (две цевки).

3.12. Маркирање (обележување) на одредени титли

Маркирањето на одредени титли може да биде од голема помош во повеќе случаи. На пример, кога се работи на преведување при што ќе можете да маркирате (обележите) одредени титли бидејќи не сте сигурни за нивниот точен превод, а подоцна кога ќе се навратите да извршите проверка полесно ќе ги пронајдете. За да ги маркирате сите селектирани титли, одберете од мени "Edit/Subtitles/Mark selected subtitles" или со тастерите [Shift]+[Ctrl]+[M]. За да ги демаркирање одберете од мени "Edit/Subtitles/Unmark selected subtitles" или преку тастерите [Shift]+[Ctrl]+[A].

Оваа алатка има и друга примена, те. нејзината основна намена е да работи во корелација со плеерот ViPlay. Објаснување: За време на репродуцирањето на видеото во ViPlay плеерот може да се употреби тастер по свој избор (пр. "M") за да се изврши маркирање на титлот кој во моментот се прикажува (или последниот титл кој што бил прикажан). Доколку при репродуцирањето на видеото во ViPlay забележите некој титл со грешка (погрешно напишан, несоодветно времетраење, повеќе од два реда, или било која друга грешка) и кликнете на тастерот "M", тој титл ќе биде маркиран (внатрешно). Кога ќе заврште со репродукцијата на видеото, ViPlay ќе ве праша дали да зачува (сними) извештај „Subtitle Report File“ (*.srf). Овој фајл подоцна може да се внесе во Subtitle Workshop при што автоматски ќе ги маркира истите титли за кои сте извршиле маркирање при репродукцијата во ViPlay, со што ќе можете лесно да ги препознаете и да извршите нивна поправка (корекција).

Поглавје 4: Подесување на програмата – објаснување

Page 37: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

Овде е направен обид за објаснување на значењето на сите опции кои се достапни во подесувањата.

Мени „Settings/Settings“ или преку тастерите [Alt]+[S].

4.1. Општо - General

Секогаш на врвот - Always on top Го одржува основниот прозорец на SW секогаш над сите други прозорци. Дозволи повеќекратно отворање на програмата - Allow more than one instance running Овозможува повеќекратно стартување на програмата, или само еднократно. Ако оваа опција не ви е активирана и притоа отворите повеќе фајлови преку windows прегледникот за фајлови, сите тие фајлови ќе бидат отворени во истиот прозорец. Доколку оваа опција ви е активирана, тогаш секој од фајловите ќе биде отворен во засебен (нов) прозорец. Потврда при бришење на титли - Confirm when deleting subtitles Ако оваа опција е активирана, при секој обид за бришење на титл во основната листа Subtitle Workshop ќе отвори дијалог со прашање за потврда на бришењето. Претстави ги инвалидните фајлови како чист текст - Interpret invalid files as plain text Ако оваа опција ви е активирана, никогаш нема да ја видите пораката за грешка од неподржан формат "The file is an invalid subtitle or an unsupported format". Наместо тоа, фајлот практично ќе биде вчитан без времињата како да е чист текст. По внесувањето на текстот ќе биде потребно самите да ги зададете времињата. Автоматско пребарување на видеото - Autosearch for movie

Page 38: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

При секое внесување на титл фајл Subtitle Workshop ќе изврши пребарување за соодветниот видео фајл, и автоматски ќе го вчита. Оваа алатка вклучува детекција на суфикси при што секој суфикс мора да биде оделен со точка ".". Пример: Ако именувањето на титл фајлот е “Scarlet Diva.mk.srt” или пак “Scarlet Diva.Macedonian.srt” и истовремено во истиот фолдер (директориум) се наоѓа видео кое е именувано како “Scarlet Diva.avi", тоа видео ќе биде автоматски вчитано во видео прегледникот.

Забелешка: Доколку во фолдерот има повеќе титл фајлови за различни јазици со истиот наслов како видеото, а различен суфикс за секој од јазиците може да се случи видеото да се вчита и притоа да не се репродуцира во видео прегледникот (тајмерот стои на нула и трепка, репродукцијата е со прекини, само аудиото се репродуцира, итн). Реименувајте го видеото (променете го името), или реименувајте ги титл фајловите додека работите со нив, по завршувањето со работата можете пак да го вратите оригиналното име. Преферирај работење со времиња - Force working in time mode Доколку оваа опција не е активна, секогаш кога ќе отворите титл фајл кој што е во формат базиран на фрејмови Subtitle Workshop автоматски ќе изврши промена за работење во модул со фрејмови. Ако ви е активирана, тогаш автоматки ќе биде преферирано (активирано) работење во модул со времиња. Потоа можете и рачно да го промените во модул со фрејмови. Задржи ја поставеноста на редовите при превртување на текстот - Keep order of lines when reverse text Корисно за десно кон лево јазиците какви што се еврејски или арапски. Овозможува при употребување на алатката за превртен текст да се задржи поставеноста на редовите или пак превртувањето на текстот да се изврши целосно. Селектирај текст при при преминување кон следен титл - Select text on jump to next line Одредува дали сакате да го селектирате текстот во оригиналниот или во преводниот дел при преминување кон следниот титл со кликање на тастерите [Shift]+[Enter]. Селектирај текст при при преминување кон претходен титл - Select text on jump to previous line Одредува дали сакате да го селектирате текстот во оригиналниот или во преводниот дел при преминување кон претходниот титл со кликање на тастерите [Ctrl]+[Enter]. Без интеракција со тагови - No interaction with tags Активирајте ја оваа опција ако сакате Subtitle Workshop едноставно да ги игнорира таговите при вчитувањето на фајловите во било кој титл формат, а игнорирањето значи да не ги брише. Корисно кога сакате да работите со целосна подршка за тагови, те. за одреден дел од титлот, но таговите треба рачно да ги впишувате. Ова ви овозможува целосна контрола при работењето со тагови бидејќи истата не е подржана во оваа верзија на Subtitle Workshop. Работење со стил тагови за изглед - Work with style tags Активирајте ја оваа опција доколку сакате Subtitle Workshop да вчитува и зачувува тагови за стил и тагови за боја. Бројот на формати кои што подржуваат тагови зависи од верзијата на Subtitle API. Оваа опција нема да има никаков ефект доколку истовремено е активна и опцијата за работа без интеракција со тагови "No interaction with tags". Претходно работени фајлови - Recent files limit Одредување на бројот на фајлови во листата на претходно работени фајлови. Доколку не сакате листа со претходно работени фајлови, подесете го бројот на 0. Максимално овожможениот број на фајлови во листата е 20.

Page 39: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

4.1.1. Напредни подесувања - Advanced

Два реда ако е подолго од - Two lines if longer than Бидејќи максималниот број на редови кои што може да се добие со напредното распоредување на текстот во редови е два реда, потребно е да го одредите бројот на знаци во првиот ред (должината на редот) по кој што титлот ќе биде прекршен во два реда. "Two lines if longer than" е вредноста со која се одредува по колку знаци титлот да се прикажува во два реда. Променлива точка за прекршување на редот - Toggle break point Одберете помеѓу две точки на прекршување, првото празно место (space) пред одредената должина или првото празно место (space) по одредената должина. Прекршување на редот по одреден број знаци - Break line after Препорака е да се употреби алатката за делење на титли во титлите кои се предолги, доколку временкиот простор го овозможува тоа. Употребата на оваа вредност овозможува распоредување на еден долг титл во редови кои ќе имаат максимален број знаци според одредената вредност за "Break line after". Автоматско напредно подесување на текстот во редови - Smart line adjust automatically Одредува дали сакате да се врши автоматско напредно распоредување на текстот во редови за секој нов титл што ќе се добие според табелите за текст при употреба на алатката за делење на титли (делење на еден титл во два титли). Време за поместување на титлите - Shift time Вредноста на времето за кое ќе се изврши поместување на титлите нанапред/наназад со алатката за поместување на титлите „shift subtitles“.

4.1.2. Знаци (енкодирање на азбука) – Charsets

Page 40: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

Прикажи во основниот прозорец - Show in main form Потребно при работење со филмски преводи на различни јазици кога се употребуваат различни азбуки. Кога оваа опција е активирана го покажува делот за енкодирањето за оригиналниот дел "Original charset" и енкодирањето за преводниот дел "Translation charset" во основниот прозорец на програмата за да можете да вршите брза промена на енкодирањето за знаците.

Знаци за оригиналниот дел - Original charset Избор за енкодирање на знаците (азбуката) за текстот во оригиналниот дел. Знаци за преводниот дел - Translation charset Избор за енкодирање на азбуката за текстот во преводниот дел. Се употребува само кога се работи во модул за преведување од друг јазик.

Page 41: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

4.2. Формати - Formats

Основен формат - Default format Се одредува основниот формат кој ќе се прикажува во сите прозорци каде што има листа со формати. На пример, при спојување или делење на титл фајлови, итн). Формати да се прикажуваат при “зачувај како“ - Formats to show when "Save as" Корисно кога имате потреба за работење со само неколку титл формати и притоа за да не трошите време барајќи ги само неколкуте потребни формати во листа со над 50 формати. Само означените формати во оваа листа ќе бидат прикажани во дијалог прозорецот при зачувување на титл фајл преку опцијата „зачувај како - Save as“. Прикажувај ги сопствените формати - Show custom formats Одредува дали да бидат прикажани и сопствените формати (сместени во "CustomFormats" фолдерот) во "Save as" дијалог прозорецот.

4.3. Назначени формати на фајлови кон SW – File types

Page 42: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

Регистрирај ја екстензијата при стартување - Register extensions on start Додели ја екстензијата на титл фајлот кон SW кога првпат ќе биде внесен фајлот во Subtitle Workshop. Додели ја екстензијата на сите подржани титл формати - Associate with most supported subtitle extensions Ако ја активирате оваа опција, ќе биде потребно само двоен клик врз титл фајлот во windows пребарувачот за да биде внесен во Subtitle Workshop, притоа иконите на титл фајловите ќе бидат заменети со основната икона на Subtitle Workshop's.

Забелешка: Ако титл фајловите се веќе доделени за отварање со друга програма (пр. Notepad; Wordpad; и др.), тие фајлови нама да бидат назначени кон Subtitle Workshop и нема да се отвараат во Subtitle Workshop со двоен клик, истовремено нема да им биде заменета ниту иконата во windows пребарувачот со икона за Subtitle Workshop. Листа на титл фајл екстензии - List of file extensions Листа на титл формати од која само означените ќе бидат внесени во Subtitle Workshop со двоен клик врз нивната икона.

4.4. Зачувување (снимање) - Save

Page 43: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

Прашај за зачувување при излез од програмата/затворање на титл фајлот - Ask to save on exit program/close subtitle Subtitle Workshop ќе покаже порака дека фајлот е променет и прашање дали сакате да ги зачувате промените "File has changed. Do you want to save the changes?") при обид за излез од програмата или при затворање на титл фајл. Дури и кога не е активирана опцијата за повеќекратно отворање на програмата "Allow more than one instance running" се обидете да внесете титл фајл преку windows пребарувачот (кога веќе имате отворен фајл во програмата), оваа порака ќе биде покажана. Зачувај ги промените (работата) автоматски на секои Х минути - Save work automatically every X minutes Subtitle Workshop притаено ќе ги зачувува промените во титл фајлот на онолку минути на колку ќе одредите со внесување на вредноста за ова подесување. Зачувај како резерва - Save as backup Го зачувува оригиналниот/преводниот фајл како резерва (backup – ИмеНаФајлот.ext.bak), наместо да врши препишување на оригиналните фајлови.

4.5. Видео преглед - Video preview

Page 44: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

Сите опции кои се излистани овде ќе функционираат само кога се наоѓате во модул/режим за видео преглед. Double click and shift-double click („двоен клик“ и „shift+двоен клик“) се командите за кои може да се одреди избор на акција. Значи може да се одбере што да следува како акција кога ќе се кликне двојно врз еден титл во листата, и што да следува како акција кога истовремено е задржан и тастерот [Shift] при двојниот клик врз титл. Има три достапни опции за избор:

1. Focus text box - ќе се фокусира на текстот во титлот, или ако се работи во модул на преведување ќе се фокусира на преводниот текст.

2. Go to subtitles time in video - ќе го позиционира видеото на почетното време од титлот.

3. Go N seconds before subtitle in video - ќе го позиционира видеото за одреден број секунди пред почетното време на титлот, при што бројот на секунди го одредувате во "Seconds to jump".

Време на брзо премотување наназад и нанапред - Rewind and forward time Време за кое ќе се врши брзо премотување наназад/нанапред со клик на копчињата "Rew" (наназад) и "Forward" (нанапред) во командната линија за контрола на видео прегледот. Основна промена на брзината на репродукција - Default altered playback rate Процентот за брзината на репродукција се менува преку копчето "Alter playback rate" во командната линија за контрола на видео прегледот..

4.5.1. Приказ за преглед на титлите - Subtitles

Page 45: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

Обид со транспатентна (проѕирна) позадина - Try transparent background Активирајте ја оваа опција доколку сакате титлите да бидат транспарентно прикажани врз видеото. Оваа опција ќе функционира сосема добро во повеќето случаи, но доколку видливоста и читливоста на титлите е слаба, можете да ја употребите и следната опција: Преферирај употреба на региони (може да биде бавно) - Force using regions (may be slow) Доколку оваа опција е активна, приказот на титлите ќе биде транспарентен и тоа би требало секогаш да успее. Употребете ја оваа опција само доколку не се добие транспарентен приказ на титлите со првата опција и доколку навистина многу ви е потребно да добиете транспарентен приказ. Во случај кога оваа опција ви е активирана, текстот на титлите неможе да има FUCHSIA боја (#FF00FF). Останатите опции за титлите се: Порабување со надворешна обиколна линија околу знаците “Draw border” и додавање на сенка за знаците “Draw shadow”. За овие две опции има можност да ја одредите нивната големина околу знаците и притоа разликата ви е моментално видлива во примерокот за титл "SAMPLE".

4.6. Надворешен приказ за преглед на титлите (со вашиот омилен плеер) - Еxternal preview

Оваа карактеристика ви овозможува преглед на титлите од филмскиот превод во вашиот омилен плеер.

4.6.1. Општи подесувања – General

Page 46: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

Стартниот фајл на видео плеерот - Exe of the video player Преку пребарувачот „Browse“ пронајдете го стартниот фајл на видео плеерот кој што сакате да го употребувате за надворешен преглед. Запомнете дека видео плеерот мора да подржува команден ред и репродукција на надворешни титли. Пронајди ја доделената програма - Detect associated program Кликнете на ова копче доколку сакате да го употребувате плеерот што веќе е доделен за .AVI фајлови, и во случај ако не знаете како и каде да го пронајдете стартниот фајл. Секогаш прашај за различно видео - Ask for a different video each time Subtitle Workshop ќе побара да одредите видео фајл при секое извршување на надворешен преглед. Секогаш тестирај со исто видео - Always test with same video Subtitle Workshop секогаш ќе го употребува истото видео за наворешен преглед, со тоа и директно ќе го стартува плеерот.

4.6.2. Напредни подесувања – Advanced

Page 47: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

Зачувај го привремениот фајл во оригиналниот формат - Save temporary file in original format Означете го ова ако сте сигурни дека плеерот кој ќе го употребувате за надворешен го подржува форматот со кој што работите. Зачувај го привремениот фајл во одреден формат - Save temporary file in custom format Доколку видео плеерот не го подржува титл форматот со кој што работите, но притоа подржува најмалку еден од форматите кои што Subtitle Workshop ги подржува, означете ја оваа опција и одберете го соодветниот формат од листата. Параметар кој се испраќа кон видео плеерот - Parameter to send the video player Ова е многу важно. Овде треба да дефинирате како ќе му кажете на плеерот кој титл фајл и кој видео фајл да ги репродуцира. VIDEO_FILE го претставува видео фајлот со кој ќе го извршите надворешниот преглед, а SUBT_FILE претставува во кој формат ќе биде испратен привремениот титл фајл во плеерот. Погледнете во упатството на видео плеерот за да ја видите спецификацијата за параметрите на командниот ред при што ќе можете да додадете и други параметри како, преглед на цел екран, итн. За повеќе детали прочитајте во делот за надворешен преглед на титлите.

4.7. Изглед - Look

4.7.1. Изглед на програмата – Program

Page 48: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

Фонт за употреба во програмата и негова големина - Font to use in the program & font size Од листата можете да одберете кој фонт да се употребува во програмата (фонт за интерфејс) и да ја одредите неговата големина. Позиционирање на текстот во оригиналниот и преводниот дел - "Text" and "Translation" fields align Од листата одберете позиционирање за текстот (лево, десно, центар). Одреденото позиционирање се однесува и за двата дела, оригиналниот и преводниот.

4.7.2. Изглед на листата со титли – List

Page 49: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

Покажувај во мрежа - Show grid lines Со активирање на оваа опција ќе добиете поделба налик на табеларен распоред во редови и колони за листата со титли во основнот прозорец.

Вклучи ги стиловите за изглед во титлите - Apply style to subtitles Ова ќе има ефект само доколку титлот содржи тагови (задебелено, закосено, подвлечено, боја). Ако оваа опција е активирана, Subtitle Workshop ќе го нацрта и ќе го прикажува титлот во листата со соодветниот стил/боја.

Означи ги непреведените титли во боја - Mark untranslated subtitles with color

Page 50: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

Со активирање на оваа опција се овозможува цртање на непреведените титли во одредена боја (бојата се менува по избор), со цел тие да може полесно да се препознаваат.

Покажувај хоризонтална лизгачка лента за преглед - Show horizontal scroll bar Деактивирајте ја оваа опција и никогаш повеќе нема да ви се појави хоризонтална лизгачка лента за преглед во листата.

4.7.3. Изглед на менијата – Menu

XP изглед на менијата - Use Office XP style menu Со означување на оваа опција, менијата и дијалог прозорците ќе бидат презентирани во основната форма. Со нејзино деактивирање, менијата и дијалог прозорците ќе бидат презентирани со изглед според одредениот изглед за windows менијата. Употреба на постепен премин во изгледот на менијата - Use gradient menu Менијата ќе бидат прикажувани со постепен премин во изгледот на левата страна.

Page 51: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

Поглавје 5: Алатница

Достапни за употреба преку паѓачко мени „Tools“. Карактеристики кои се потребни во секоја титл алатка.

5.1. Грматичка проверка - Spell check

Алатката за грматичка проверка го употребува модулот за граматичка проверка од Microsoft Office Word преку OLE технологија. Затоа, неопходно е да поседувате најмалку Microsoft Word 97. За да извршите грматичка проверка на преводот, внесете го во SW и кликнете на тастерот „F7“ или одберете од мени "Tools/Spell check". Сите грешки и препораки ќе ви бидат прикажани со употреба на Word основните прозорчиња. Грматичката проверка би требало успешно да го подржи било кој инсталиран речник. Забелешка: Употребата на оваа алатка понекогаш може да резултира со грешки (ЕOleExeption), ова не е генерирано од Subtitle Workshop, туку од Word.

Но, како и да е, солидно функционира во повеќето од случаите за англофонските јазици.

5.2. Групно конвертирање - Batch convert

Оваа алатка овозможува конвертирање на поголем број титл фајлови од било кој различен подржан формат во еден одреден формат и потоа да ги зачувате на место по свој избор, се изведува во само неколку чекори.

Page 52: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

Одберете од мени "Tools/Batch convert..." или преку тастерите [Ctrl]+[M], а потоа следете ги следниве чекори:

1. Означете во листата кој формат да биде пребаран “Extensions:“, сите подржани титл формати се прикажани на левата страна.

2. Одредете ја дестинацијата за пребарување “Search path“, те. фолдерот каде што се наоѓаат титл фајловите кои што сакате да ги конвертирате.

3. Доколку сакате во пребарувањето да бидат вклучени и подфолдерите, означете ја опцијата "Include subfolders".

4. Ако е потребно Subtitle Workshop да изврши детална проверка на форматот, означете ја опцијата "Exhaustive format check". Во случај кога оваа опција не ви е активирана, Subtitle Workshop само површински ќе провери дали фајлот е валиден и во кој формат се наоѓа. Површинската проверка најчесто фунционира сосема добро и овозможува голема брзина при работата. Во случај кога сакате да биде извршена комплетна детална проверка на фајлот со сигурност од 100%, тогаш употребете ја деталната проверка. Деталната проверка се извршува значително побавно од стандардната проверка.

5. Одберете дестинационен (излезен) фолдер “Output directory“ каде што ќе бидат зачувани конвертираните фајлови.

6. Одберте го излезниот формат од листата “Output format“, форматот во кој ќе се врши конвертирањето.

7. Одредете FPS „Default FPS“ за титл фајлови кои се базирани на фрејмови (доколку ги има).

8. Кликнете на копчето "Next" кое се наоѓа во долниот дел на дијалог прозорецот.

По кликот врз копчето "Next", Subtitle Workshop ќе изврши пребарување за постоечки валидни титл фајлови во дестинацијата која што сте ја одредиле за пребарување во вториот чекор. Кога ќе заврши пребарувањето, ќе добиете листа со сите пронајдени фајлови, формати, FPS за фрејм базираните формати (оваа вредност би требало да биде според

Page 53: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

основното подесување, иста како "Default FPS" која што сте ја одредиле), и големината (во Kb). Во листата може да се додаваат нови фајлови „Add“ или пак да се отстрануваат од истата „Remove“. Исто така може да извршите и промена на FPS за фрејм базиран фајл (или за повеќе фајлови одеднаш) со селектирање и менување на на вредноста на десната страна од копчето за бришење "Clear".

За крај, со клик врз копчето “Convert“, конвертирањето треба да започне. Кога ќе заврши конвертирањето, Subtitle Workshop ќе генерира извештај (*.log фајл) во кој ќе бидат вклучени сите можни грешки и сите успешно извршени конвертирања.

5.3. Делење на титл фајл во два или повеќе титл фајлови - Split subtitles

На располагање ви стојат два можни начини за делење:

1. Simple – Просто делење на филмскиот превод во два дела. 2. Advanced – Напредно делење на преводот во неограничен број делови.

Употребете го оној начин кој повеќе ви одговара според наговите опции. 5.3.1. Просто делење - Simple Најнапред треба да го определите местото каде да биде извршена поделбата на титл фајлот, притоа имате пет можни варијанти за избор:

1. Selected item (Подели на селектираниот титл) Преводот ќе биде поделен веднаш по селектираниот титл во листата.

Page 54: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

2. Item number (Подели на редниот број на титлот) Преводот ќе биде поделен на титлот кој ќе го одредите во впишување на неговиот реден број во соодветното поле.

3. Given time (Подели на зададеното време) Преводот ќе биде поделен на првиот титл чие што почетно време е поголемо од времето кое вие ќе го зададете.

4. Given frame (Подели на зададениот фрејм) Преводот ќе биде поделен на првиот титл чиј што почетен фрејм е поголем од фрјмот кој што вие ќе го зададете.

5. End of video (Подели на крајот од видеото) Преводот ќе биде поделен на првиот титл чие што почетно време е поголемо од времето кое претставува крај на видеото (Поделба според времетраењето на видеото).

Откако ќе одредите каде да биде поделен преводот, именувајте ги фаловите во делот „Naming“ не вклучувајки ја екстензијата, таа ќе биде автоматски додадена. Потоа во делот „Output Directory“ одредете го местото каде да бидат зачувани новодобиените два титл фајлови и нивниот излезен формат „Output Format“ во кој ќе бидат зачувани. На крај, за извршување на поделбата кликнете на копчето “Split“.

5.3.2. Напредно делење - Advanced Преминете во напредната страница „Advanced“ и одберете на колку делови сакате да ја извршите поделбата. Треба да одберете дали поделбата да биде извршена на

Page 55: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

делови кои се еднакви по времетраење „Parts equal in time“, еднаkви по број на титли „Parts equal in lines“ или поделбата да биде извршена на краевите од повеќекратно видео „At the ends of videos“. Доколку сакате поделбата да ја извршите на краевите од повеќекратно видео, треба да одредите видео фајл за секој од деловите, а одредувањето се врши преку двоен клик врз секој дел во листата започнувајки од првиот. За последниот дел не се одредува видео бидејќи тој ќе биде автоматски калкулиран.

Опцијата за автоматско именување на деловите "Auto-name the parts" треба да биде означена за да може Subtitle Workshop автоматски редоследно да ги именува деловите кои ќе се добијат или деактивирајте ја доколку сакате самите рачно да ги именувате со селектирање на соодветниот дел и употреба на тастерот „F2“ за да го впишете името. Активирајте ја опцијата рекалкулација на времињата "Recalculate time values" со цел Subtitle Workshop да изврши автоматско одложување на времињата во вториот, третиот дел, итн. (за секој дел да започнува соодветно од време нула). Ова е пожелно за да не мора по делењето самите рачно да го вршите одложувањето за секој дел поединечно. Одредете ја дестинацијата „Output Directory“ и форматот „Output Format“ во кој треба да бидат зачувани новодобиените поделени титл фајлови и кликнете на копчето „Split“.

5.4. Спојување на поголем број титл фајлови во еден титл фајл - Join subtitles

Page 56: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

Со Subtitle Workshop може да се врши спојување на два и повеќе титл фајлови при што филмските преводи можат да бидат во фазличен формат, време или фрејм базирани, и кога се фрејм базирани, тие можат да имаат и различен FPS! Одберете од мени "Tools/Join subtitles..." или преку тастерите [Ctrl]+[J].

Во дијалог прозорецот, преку копчето „Add“ додадете ги сите титл фајлови кои што е потребно да бидат споени по соодветно потребниот редослед. Доколку направите грешка во редоследот на фајловите, подоцна може да ги разместите и да ги подредите како сакате со нивно повлекување со маусот. Ако некој од фајловите е филмски превод базиран на фрејмови, можете да се извршите промена на вредноста за FPS со негово селектирање и менување на вредноста во делот лево од "Clear" копчето. Промената на FPS можете да ја извршите и одеднаш за сите селектирани фајлови. Опционално, може да се одреди фрагмент (дел) од видеото за секој дел (титл фајл) освен за последниот, за Subtitle Workshop автоматски да ги направи сите промени на времињата. На овој начин ќе нема потреба од дополнителни измени во крајно добиениот титл фајл. За одбирање на фрагмент (дел) од видеото за секој дел (титл фајл), селектирајте го соодветниот титл фајл во листата и одредете го видео фрагментот преку копчето „Set movie fragment“. Доколку направите грешка, селектирајте го тој дел и кликнете на копчето „Delete movie fragment“ за да го отстраните погрешниот видео фрагмент. Сега, потребно е да го изберете излезниот формат „output format“ и доколку е базиран на фрејмови, да го одредите излезниот FPS „output FPS“.

Ако сакате веднаш по спојувањето да го внесете новодобиениот излезен титл фајл во програмата, означете ја и опцијата "Load file after joining and saving". Активирајте ја опцијата "Recalculate time values" ако сакате Subtitle Workshop автоматски да го изврши одложувањето на времињата за сите преводи започнувајки од вториот титл фајл, инаку ќе морате рачно да го извршите одложувањето по спојувањето. Оваа опција нема да има влијание во случај кога за деловите се доделени фрагменти од видеото. За крај, кликнете на копчето „Join“ со што ќе биде извршено спојувањето.

5.5. Информации и грешки - Information and errors

Ова е една од карактеристиките кои го прават Subtitle Workshop уникатен во однос на останатите програми за уредување на титли кои се обидуваат да го имитираат.

Page 57: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

Алатката за информации и грешки во Subtitle Workshop сеуште ги поседува најдобрите перформаси, флексибилност, прилагодливост и опции. За пристап кон алатката за информации и грешки, кликнете на [Ctrl]+[I] тастерите или одберете преку мени "Tools/Information and errors/Information and errors..."

Check! – Проверка за грешки. При самото стартување на алатката се извршува проверка, но преку ова копче можете да извршите дополнителна проверка по извршената корекција. Fix errors! – Автоматска поправка (корекција) на регистрираните грешки. Confirm each deletion – Потврда во случај на бришење титли. Settings – Пристап кон подесувањата за информации и грешки.

5.5.1. Грешки во текстот и титлите, и нивна корекција - Errors & fixes

Алатката за информации и грешки може да изврши проверка и поправка (корекција) на многу од често присутните грешки во филмските преводи, следува преглед на сите можни грешки и начинот за нивна автоматска корекција. На почеток, запознавање со редоследот по приоритет со кој грешките се корегираат. Листата за приоритет изгледа вака:

1. Редови без букви - Lines without letters 2. Празни титли - Empty subtitles 3. Повторени титли - Repeated subtitles 4. Забранети знаци (карактери) - Prohibited characters 5. Текст пред колона (":") - Text before colon (":") 6. Титли за наглуви - Hearing impaired 7. Преклопување на титли - Overlapping 8. Лоши вредности - Bad values 9. Непотребни точки - Unnecessary dots 10. Повторени знаци (карактери) - Repeated characterѕ 11. OCR грешки (оптичко препознавање на знаците) - OCR Errors 12. Тире (цртичка) "- " во титли со еден ред - "- " in subtitles with one line 13. Празно место по одредени карактери - Space after custom characters 14. Празно место пред одредени карактери - Space before custom characters

Page 58: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

15. Непотребни празни места - Unnecessary spaces 16. Титли поголеми од два реда - Subtitle over two lines 17. Премногу долго времетраење (само проверка) - Too long duration (only

check) 18. Премногу кратко времетраење (само проверка) - Too short duration (only

check) 19. Премногу долги редови (само проверка) - Too long lines (only check)

Грешките од 1 до 6 имаат приоритет како први бидејќи при корекција на такви грешки, одредени титли би можеле да бидат и целосно избришани под одредени околности. На пример, ако корекцијата на времињата е прва, тоа првин ќе води кон поправка на времињата а потоа кон бришење на титли, што е бесцелно и може последователно пак да го остави преводот со некои грешки.

Page 59: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

Забелешка: Само за грешките кои ќе бидат означени со штиклирање, ќе се изврши проверка „Chech for“ или корекција „Fix“ (засебно се означуваат за проверка и за корекција). Редови без букви - Lines without letters Ги брише редовите во титлите кои не содржат букви (а - ш, a - z, á - í, итн.). Пример: Почетно време

Крајно време Текст

00:00:00,250 00:00:01,350 Ова е текстот 1 !!!!!!!

00:00:00,780 00:00:02,150 ¿?!¡ Ова е текстот 2

Во двата случаи, Subtitle Workshop соодветно ќе го избрише вториот и првиот ред, бидејќи тие не содржат букви (и без забуни, „букви“ не е исто со „карактери или знаци“). Празни титли - Empty subtitles Празен титл може да биде:

1. Титл кој не содржи апсолутно никаков текст (празен текст). 2. Титл кој не содржи ниту една буква или бројка. Пример: Текстот "- !!!!" не

содржи ниту буква, ниту бројка.

Page 60: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

Во двата случаи, Subtitle Workshop ќе го избрише титлот. Повторени титли - Repeated subtitles Ова се случува многу често при оптичко препознавање на знаците „OCR“, често применето при рипување на преводи.

Пример:

Почетно време Крајно време Текст

00:00:01,000 00:00:01,010 Ајде, тргнуваме.

00:00:01,010 00:00:03,000 Ајде, тргнуваме. Повторените титли се карактеризираат со две нешта:

1. Текстот е сосема ист. 2. Најчесто едниот титл има многу кратко времетраење, во повеќето случаи тоа е

првиот титл (како што е во примерот), но не е исклучена веројатноста понекогаш да биде и обратно.

Во горниот пример, почетното време на вториот титл е исто со крајното време на првиот титл и најчесто е така, многу ретко е поразлично. Затоа вредноста на толеранцијата за повторени титли "Tolerance for repeated subtitles" е променлива, при што тоа е максималната разлика помеѓу „крајното време 1“ и „почетното време 2“ одредена за да го препознае (детектира) титлот како повторен. По извршената корекција, крајниот титл ќе изгледа вака:

Почетно време Крајно време Текст

00:00:01,000 00:00:03,000 Ајде, тргнуваме. Почетно време на корегираниот титл ќе биде почетното време од првиот титл, а крајно време ќе биде крајното време од вториот титл. Забранети знаци (карактери) - Prohibited characters Ги пронаоѓа титлите кои содржат забранети знаци (карактери) и ги брише (ги брише целите титли – не само знаците). Знаците ги одредувате вие самите со нивно впишување во соодветното поле. Текст пред колона (":") - Text before colon (":") Текстот пред колона е најчесто наменет за глуви луѓе. Во најчест случај го претставува името на личноста која зборува во моментот. Пример:

Почетно време Крајно време Текст

00:00:01,000 00:00:02,000 ЧОВЕКОТ:|Таа го чувствува истото за тебе?

00:00:03,000 00:00:04,000 ГЛУВЧЕТО:|Не знам. Во 80% од случаите, текстот пред колона ќе биде со ГОЛЕМИ БУКВИ, затоа може (и треба) да ја активирате и опцијата за препознавање на текстот само доколку е со големи букви "Only if text is in capital letters". Ова овозможува да се одбегнат многу проблеми. На Пример: Со со титли како "Да ти кажам јас нешто:|Никогаш не прави го тоа.", за да не биде избришана првата реченица. По извршената корекција, текстот ќе изгледа вака:

Почетно време Крајно време Текст

Page 61: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

00:00:01,000 00:00:02,000 Таа го чувствува истото за тебе?

00:00:03,000 00:00:04,000 Не знам. Препознавањето (детекцијата) за текст пред колона нема да функционира ако се наоѓа помеѓу броеви. Пр. "12:30", ова овозможува да се одбегнат проблеми со часовниците. Титли за наглуви - Hearing impaired subtitles Титлите за наглуви се цели титли, или пак само дел од титлот наменет за глувите луѓе. Повеќето од луѓето не сакаат опишување на "бучава" и "звуци" во своите преводи, па затоа сакаат да ги избришат. Глувите луѓе, се разбира не треба да ја употребуваат оваа опција. Текстот во титлите за наглуви најчесто е затворен во загради: „("Кучето лае.")“ и/или „["Кучето лае."]“. Пример:

Почетно време

Крајно време

Текст

00:00:01,000 00:00:02,000 [Момчето] Сакаш јас да го средам во твое име?

00:00:03,000 00:00:04,000 Да. Би сакал ли?

00:00:05,000 00:00:06,000 [Чкрипење. Вратата се отвора]

Првиот титл содржи само еден дел наменет за глуви, а третиот титл е целосно наменет за глуви. По извршување на корекцијата ќе се добие следниот резултат:

Почетно време Крајно време Текст

00:00:01,000 00:00:02,000 Сакаш јас да го средам во твое име?

00:00:03,000 00:00:04,000 Да. Би сакал ли? Преклопување на титли - Overlapping subtitles Оваа грешка се појавува кога титлот се прикажува порано на екранот, пред да биде скриен претходниот титл. Значи, кога крајното време на еден титл е поголемо од почетното време на следниот титл. Во примерот кој следува тоа јасно се гледа:

Почетно време Крајно време Текст

00:00:00,250 00:00:01,350 Ова е текстот 1.

00:00:00,780 00:00:02,150 Ова е текстот 2. Вториот титл е прикажан на екранот пред првиот титл да биде скриен. Subtitle Workshop ќе изврши соодветна корекција во зависност од должината на текстот во титлите. Постојат три можни начини за решение:

1. Ако разликата помеѓу должината на текстот во двата титли е помала од пет знаци, времетраењето за секој титл ќе биде подеднакво распределено. Тоа значи, времетраењето на секој од титлите ќе биде: (Крајното време 2 – почетно време 1) / 2. Ова е случај со примерот презентиран погоре. Бидејќи должината на двата текстови е еднаква, решението за преклопувањето ќе на следниот начин. Subtitle Workshop ќе ги корегира титлите вака:

Почетно време Крајно време Текст

Page 62: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

00:00:00,250 00:00:01,200 Ова е текстот 1.

00:00:01,201 00:00:02,150 Ова е текстот 2.

Како што може да се забележи, (2150-250) / 2 = 950 милисекунди времетраење за секој титл, но практично е невозможно да му се додели 950 милисекунди и на вториот титл бидејќи пак ќе се јави преклопување. Ќе биде потребно една дополнителна милисекунда за да се избегне преклопувањето и поради тоа на вториот титл ќе му биде доделено една милисекунда помалку во однос на првиот, поточно 949 милисекунди.

2. Доколку текстот во првиот титл е подолг и содржи повеќе од четири дополнителни знаци во однос на вториот титл, тогаш времето на вториот титл ќе биде скратено. Subtitle Workshop ќе ги корегира титлите на следниов начин:

Почетно време

Крајно време

Текст

00:00:00,250 00:00:01,350 Ова е текстот 1. Повеќе од четири дополнителни катактери.

00:00:01,351 00:00:02,150 Ова е текстот 2.

Бидејќи е скратено почетното време на вториот титл, времетраењето на вториот титл ќе биде пократко од времетраењето на првиот титл. Во овој случај ќе се добие 1100 милисекунди за првиот титл, и 799 милисекунди за вториот титл.

3. Доколку текстот во првиот титл е подолг и содржи повеќе од четири дополнителни знаци во однос на првиот титл, тогаш времето на првиот титл ќе биде скратено. Subtitle Workshop ќе ги корегира титлите вака:

Почетно време

Крајно време

Текст

00:00:00,250 00:00:00,779 Ова е текстот 1.

00:00:00,780 00:00:02,150 Ова е текстот 2. Повеќе од четири дополнителни катактери.

Времетраењето на првиот титл ќе биде 529 милисекунди, а времетраењето на вториот титл ќе биде 1370 милисекунди.

Лоши вредности - Bad values Лоши вредности е случај кога почетното време на титлот е поголемо од крајното време на истиот тој титл. Пример:

Почетно време Крајно време Текст

00:00:02,000 00:00:01,000 Ова е текстот. Subtitle Workshop може да го корегира ова со преместување (размена) на временските вредности, со што титлот ќе биде:

Почетно време Крајно време Текст

00:00:01,000 00:00:02,000 Ова е текстот.

Page 63: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

Непотребни точки - Unnecessary dots Оваа опција ги заменува четирите или повеќе последователни точки ("....") во само три последователни точки, или било колку точки ги заменува со празно место кога тоа е потребно. Пример:

Почетно време Крајно време Текст

00:00:01,000 00:00:02,000 Аха.... Треба да пробаш..... Промената ќе резултира во:

Почетно време Крајно време Текст

00:00:01,000 00:00:02,000 Аха... Треба да пробаш... Повторени знаци - Repeated characters Ги пронаоѓа карактерите кога тие последователно се повторуваат. На пример: Доколку има "!" како знак кој се повторува, ќе биде пронајдено:

Почетно време Крајно време Текст

00:00:01,000 00:00:02,000 Стори го, веднаш!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! и ќе биде променето во:

00:00:01,000 00:00:02,000 Стори го, веднаш! Функционира сосема исто за секој знак кој се повторува. Почетно одредените знаци се „-¡!¿?",;\/_[]=“, вие можете да вршите додавање и отстранување на знаците по свој избор и потреба во подесувањата за информации и грешки преку мени "Tools/Information and errors/Settings...". OCR грешки - OCR Errors Бидејќи различните јазици имаат различни OCR грешки, затоа постојат и OCR скрипти. За повеќе информации околу скриптите, прочитајте овде. Тире "- " во титли со еден ред - "-" in subtitles with one line Нема логика, ниту причина да се има титл со само еден ред на текст кој ќе започнува со "-" (отворен дијалог) бидејќи само една личност зборува во нив. Затоа, доколку ја активирате оваа опција, Subtitle Workshop ќе ги избрише "-" доколку титлот содржи само еден ред со текст. Празно место по одредени карактери - Space after custom characters Додава празно место (доколку го нема) по секој од знаците (карактерите) одредени во полето "Space after characters" во напредните подесувањата за информации и грешки преку мени "Tools/Information and errors/Settings/Advanced". Пример: Корисно кога треба да се додаде празно место по знакот кој означува отворен дијалог: -Ова е тоа. -Навистина.

Page 64: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

Со промената следува празно место по цртичката: - Ова е тоа. - Навистина. Оваа карактеристика има сенс (чувство) за препознавање на композиција од зборови и нема да додаде празно место по знак во зборови како "multi-line". Празно место пред одредени карактери - Space before custom characters Додава празно место (доколку го нема) пред секој од знаците одредени во полето "Space before characters" во напредните подесувањата за информации и грешки преку мени "Tools/Information and errors/Settings/Advanced". Корисно е, на пример во францускиот јазик за додавање на празно место пред "?", "!" и ":". Непотребни празни места - Unnecessary spaces Ова е неопходно. Ги отстранува (елиминира) непотребните празни места од текстот или од титл фајлот според критериум кој вие самите ќе го одредите. Во моментов се овозможени следниве критериуми по кои може да се изврши проверка „Chech for:“ и отстранување „Fix:“:

1. Нов ред и празно место на почетокот и крајот - Enters and spaces at the beginning and end

2. Празно место помеѓу нов ред (лево и десно) - Spaces between enters (left and right)

3. Двојно празно место и двојно нов ред (двојно ентер = празен ред) - Double spaces and enters (double enter = blank line)

4. Празно место пред интерпукциски знаци - Spaces in front of punctuation marks 5. Празно место по "¿" и "¡" – Spaces after "¿" and "¡" 6. Празно место пред "?" и "!" - Spaces before "¿" and "¡" 7. Празно место помеѓу броеви - Spaces between numbers

Page 65: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

Бидејќи различните јазици можат да побаруваат различен пристап кон празните места, сите типови на празни места и критериумите за отстранување се подесуваат. Титли кои се поголеми од два реда - Subtitles over two lines Се врши само проверка дали титлите имаат три и повеќе редови. Доколку е потребно да се изврши корекција, се употребува напредно распоредување на текстот во редови. Премногу долго/кратко времетраење - Too long/short duration Subtitle Workshop може да идентификува кога времетраењето на титлите е пократко/подолго од предодредената вредност за минимум/максимум времетраење и да ве извести за таквата состојба. Титлите со премногу кратко времетраење се тешки за читање, а титлите со премногу долго времетраење се досадни. Ваквата грешка е потребно да се корегира рачно или со употреба на некои од другите алатки содржани во SW. Премногу долг ред - Too long lines Ги детектира титлите кои содржат редови со поголем број знаци од предодредениот максимум. Премногу долгите редови можат да ја надминат широчината на екранот, а со самото тоа да не бидат видливи и читливи.

5.5.2. Подесувања за информациите и грешките

Page 66: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

За пристап кон подесувањата за информации и грешки, кликнете на [Alt]+[I] тастерите или одберете преку мени "Tools/Information and errors/Settings...". Дополнително може да се пристапи кон подесувањата и преку прозорецот за информации и грешки, со клик врз копчето "Settings" кое се наоѓа во долниот дел. Следува преглед на сите опции кои се достапни во подесувањата.

Основни опции – General

Означи ги грешките во главната листа - Mark errors in main form's list Со активирањето на оваа опција се овозможува Subtitle Workshop да ги означи грешките во листата со титли (листата во основниот прозорец). Можете да одберете тагови (боја на фонтот/ стил за изглед (задебелено, закосено, подвлечено) - Set Color/Style (bold, italic, underline) во кои ќе се врши означувањето на титлите со грешки за полесно препознавање на истите во листата. Доколку грешките се означени во листата со титли, многу е полесно да се пронајдат за да се изврши рачно корегирање кое многу пати е неопходно. На пример, додолку имаме многу титли со повеќе од два реда, тие можат да бидат означени со одредена боја и потоа да бидат рачно корегирани (еден по еден) со употреба на алатката за делење на титли. Во случај кога означената грешка е тешко визуелно да се идентификува (тешко е да се разликува дали титлот со грешка има непотребно празно место или пак има непотребна точка), може да се постави и задржи курсорот во време од половина секунда врз тој титл по што ќе се појави порака во балон која содржи информација за видот на грешката во тој титл. Означи ги грешките при вчитување (внесување) на титл фајл - Mark errors on load subtitle

Page 67: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

Доколку оваа опција е активирана, автоматски ќе биде извршена проверка за грешки при секое внесување на титл фајл. Оваа опција ќе има влијание (ефект) само ако истовремено биде активна и опцијата за означување на грешките во листата со титли „Mark errors in main form's list“. Корегирај ги грешките при вчитување (внесување) на титл фајл - Fix errors on load subtitle Автоматски ги корегира сите грешки при внесување (вчитување и отворање) на титл фајл. Корегирај ги преклопувањата при внесување на титл фајл - Fix one unit overlap at load Ги корегира веќе познатите случаи со преклопување на времињата за титлите при вчитувањето на титл фајлот.

Пример:

Почетно време Крајно време Текст

00:00:01,000 00:00:02,000 Ова е титлот 1.

00:00:02,000 00:00:03,000 Ова е титлот 2. Ќе биде извршена корекција во:

Почетно време Крајно време Текст

00:00:01,000 00:00:02,000 Ова е титлот 1.

00:00:02,001 00:00:03,000 Ова е титлот 2. Активирањето на оваа опција е прилично поволна варијанта. OCR скрипта - OCR Script: Избор на скрипта за оптичко препознавање на знаците која што ја употребувате. Оваа скрипта мора да се наоѓа во "OCRScripts" фолдерот во програмскиот директориум на Subtitle Workshop. Сите скрипти излистани овде се ".ocr" фајлови пронајдени во погоре споменатиот фолдер. Преку копчето "Edit" ќе се стартува Notepad за да може рачно да вршите промена во фајлот, или да ги отстраните евентуалните OCR грешки.

Напредни опции – Advanced

Page 68: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

Повторливи знаци - Repeatable characters Поле за внесување, впишување на знаци кои што може да се повторуваат, и кои што ќе бидат корегирани доколку опцијата "Repeated characters" во табелата за поправки „Fix“ е означена (активирана). Забранети знаци - Prohibited characters Поле за внесување, впишување на знаци кои што не смее да ги има во ниту еден титл фајл. Доколку опцијата "Prohibited characters" во табелата за поправки „Fix“ е означена и притоа титл фајлот содржи некој од одредените забранети знаци, тие ќе бидат избришани. Толеранција за повторени титли - Tolerance for repeated subtitles Ја одредува максимално прифатливата разлика помеѓу крајното време на првиот титл и почетното време на вториот титл, со цел да препознае и евентуално да поправи повторен титл (повторен титл – сосема истиот текст се повторува едно по друго во два или повеќе последователни титли). Празно место по карактери - Space after characters Поле за внесување, впишување на знаци по кои ќе биде додадено празно место за одредените знаци кога истовремено е активирана и опцијата "Space after custom characters" во табелата за поправки „Fix“. Знаците (карактерите) треба да ги внесувате еден по друг (неразделени со запирка или друго). Празно место пред карактери - Space before characters Сосема исто како во предходниот пасус но овие знаци ќе бидат употребени за додавање на празно место пред одредените знаци кога истовремено е активирана и опцијата "Space before custom characters" во табелата за поправки „Fix“. Премногу долго времетраење - Too long duration

Page 69: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

За одредување на вредноста над која времетраењето на титлот ќе се смета како предолго. Премногу кратко времетраење - Too short duration За одредување на вредноста под која времетраењето на титлот ќе се смета како премногу кратко. Премногу долг ред (премногу знаци во еден ред) - Too long line За одредување на бројот на знаци, по колку знаци во редот тој ќе се смета за премногу долг.

Табели за „Проверка“, „Корекција (поправка)“, „Непотребни празни места“ – “Check for”, “Fix”, “Unnecessary spaces”

Овие табели служат за активирање и деактивирање на опциите за кои од грешките (Објаснети во делот „Грешки во текстот и титлите, и нивна корекција.“) да бидат подложени на проверка „Check for“, кои од грешките автоматски да бидат корегирани (поправени) „Fix“, и во табелата „Unnecessary spaces“ можете да одберете кои од непортебните празни места да подлежат на проверка „Check for:“ и кои од нив да бидат корегирани „Fix:“.

5.5.3. OCR скрипти (скрипти за оптичко препознавање на знаци) - OCR Scripts

OCR скриптите не се ништо друго, тие се само серија на „пронајди и замени со“ спецификации претставени во синтакса слична на HTML. Она што ги прави да бидат успешни во својата примена се командите кои се достапни. Можноста за употреба на повторливи изрази овозможува да се пронајде и замени безмалку се што е потребно и на било кој јазик. Една многу важна работа која што треба да ја знаете за OCR скриптите е тоа што сите команди се извршуваат последователно, поточно според редоследот со кој се напишани. Во продолжение следува едноставен пример за една OCR скрипта: <SWOCR WordChars="0123456789abcdefghijklmnopqrstuvwxyzABCDEFGHIJKLMNOPQRSTUVWXYZ_ñÑáéíóúÁÉÍÓÚäëïöü"> <!—- Коментарите се внесуваат исто како и во HTML --> <ERROR Find="[A-ZÁ-Ú](l)" ReplaceBy="I"> <ERROR Find="[a-zá-ú](I)" ReplaceBy="l"> <ERROR Find="\d( :)" ReplaceBy=":"> <ERROR UseREOnlyToFind="False" Find=",{2,}" ReplaceBy="..."> </SWOCR> True – Точно False – Погрешно Find - Пронајди ReplaceBy – Замени со WordChars - Ги претставува сите знаци со кои што може да се формираат зборови на одреден јазик. Погоре е претставена почетната низа „default“. Доколку нема додадено ниту еден параметар, ќе биде употребена почетно одредената „default“ низа. Најчестите OCR грешки кои се сретнуваат во англискиот јазик, исто така и во OCR двигателите се, "l" (мало "L") и "I" (големо "i") кои воопшто не се разликуваат и затоа многу често се случува грешка, друг чест случај е со вклучените празни места пред колона. Во погоре претставениот пример, Subtitle Workshop ќе употреби повторливи изрази при пребарувањето за грешки. А доколку не сакаме да употребува повторливи изрази, ќе треба да ги погледнеме параметрите со кои се дефинира на кој начин да биде извршено пребарувањето: UseRE - Употреба на повторливи изрази UseRE="True" или UseRE="False". Почетната вредност е „True“. Доколку се внесе

Page 70: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

„false“, повторливите изрази нема да бидат употребени во пребарувањето. Употребете го „False“ само доколку сакате да го поедноставите начинот на кој „пронајди и замени со“ командите се напишани, бидејќи кога употребата на повторливи изрази е оневозможена OCR скриптите немаат значаен успех. UseREOnlyToFind - Употреба на повторливи изрази само при пребарување UseREOnlyToFind="True" или UseREOnlyToFind="False". Почетната вредност е „True“. За да се објасни начинот на кој функционира ова, ќе го разгледаме примерот кој следува: <ERROR UseREOnlyToFind="True" Find="[a-z]at" ReplaceBy="dog"> Кога оваа команда се однесува за текстот "The name of my cat is Max", ќе резултира со "The name of my dog is Max". Но, при оневозможена употреба на повторливи знаци: <ERROR UseREOnlyToFind="False" Find="[a-z](at)" ReplaceBy="dog"> За истиот текст "The name of my cat is Max" ќе резултира со "The name of my cdog is Max". Во првиот случај, при замената истовремено го заменуваме и делот кој што претставува повторливи изрази (во овој случај "[a-z]", поточно знакот "c" во конкретниов пример). Во вториот случај, при замената го употребуваме делот со повторливи изрази ("[a-z]") за пребарување на текстот, но не го употребуваме во замената. Ние само ќе го замениме делот од пребарувањето "Find=" текстот кој што се наоѓа во заградите, што значи, вие треба да го впишете нормалниот повторувачки израз и делот кој што е „константен“ и нема да се менува во загради. Ова е особено значајно за OCR скриптите (разгледајте ја Default.ocr скриптата за подобро да разберете). Следниве параметри се применливи само кога употребата на повторливи знаци "UseRE" е оневозможена „false“: WholeWord – Цел збор WholeWord="True" или WholeWord="False". Внесувањето на „False“ е исто и како да не е вклучено. Доколку е „true“, ќе го пронајде "Find=" текстот само доколку тој формира збор. CaseSensitive – Разликување на големи/мали буква CaseSensitive="True" или CaseSensitive="False". Внесувањето на „False“ е исто и како да не е вклучено. Доколку е „true“, ќе врши разлика помеѓу големите и малите букви при пребарување на текстот. Ова се најчесто употребуваните команди со кои можете многу да сторите, но постојат уште: PreserveCase – Запазување на големи/мали букви Почетната вредност е „False“. Доколку е „true“, ќе ја запази големината на буквите за пронаоѓање "Find" на текстот при заменување со "ReplaceBy" текстот. На пример, ако ја имаме следнава грешка: <ERROR UseRE="False" Find="DOG" WholeWord="True" PreserveCase="True" ReplaceBy="CAT"> Бидејќи не е со разликување на голема/мала буква „case sensitive“, следува Subtitle Workshop да го пронајде и текстот "Dog", а не само "DOG". При неговата замена во "CAT", ќе ја запази големината на буквите од пронајдениот текст, при што зборот "Dog" ќе го замени со "Cat", а не со "CAT".

5.5.4. Синтакса на повторливи изрази

Вовед

Page 71: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

Овој документ е пренесен од упатството за TRegExpr, одлична библиотека за повторливи изрази за „Delphi“ од Andrey V. Sorokin. Повторливите изрази се нашироко употребуван метод за пребарување на текст со одреден редослед. Специјалните метазнаци ви овозможуваат да одредувате, на пример, кога одредена низа која ја пребарувате се наоѓа на почетокот од редот или на неговиот крај, или пак содржи N повторувања на одреден знак. Повторливите знаци изгледаат сложено за почетниците, но тие се навистина многу едноставни (сепак, најчесто едноставни ☺ ), корисна и успешно применлива алатка. Јас ви препорачувам повеќе вежбање со повторливите знаци.

Да започнеме со првата лекција!

Просто совпаѓање (сложување)

Секој единечен знак се совпаѓа самиот со себе, освен ако тој претставува метазнак со посебно значење кое е објаснето во продолжение. Една серија од знаци се совпаѓа со серијата знаци во целната низа, значи редоследот "bluh" ќе се совпадне со "bluh" во целната низа. Прилично едноставно, зарем не? Можете да ги промените знаците кои нормално имаат функција на метазнаци или да избегнете секвенците (последователноста) да бидат буквално интерпретирани со „избегнување“ преку претходење на обратна коса црта „\“. На пример: Метазнакот „^“ се совпаѓа со почетокот на низата, но „\^“ се совпаѓа со „^“, „\\“ се совпаѓа со „\“, итн. Примери: foobar Се совпаѓа со 'foobar'

\^FooBarPtr Се совпаѓа со '^FooBarPtr'

Избегнување на секвенците

Знаците можат да бидат одредени со синтакса за избегнување секвенци, исто како што се употребува во „C“ и во „Perl“: "\n'' се совпаѓа со нов ред, "\t'' со нова табела, итн. Општо, \xnn, каде што nn е низа од хексадецимални цифри, се совпаѓа со знакот чија што ASCII вредност е nn. Доколку ви е потребен насекаде прифатен (Unicode) знак, можете да употребите '\x{nnnn}', при што 'nnnn' – една или повеќе хексадецимални цифри.

\xnn Знак со хексадецимален код nn

\x{nnnn} Знак со хексадецимален код nnnn (еден бајт за основен текст и два бајти за Unicode)

\t Табела (HT/TAB), исто како и \x09

\n Нов ред (NL), исто како и \x0a

\r Враќање на курсорот (CR), исто како и \x0d

\f Дополнување „формирање“ (FF), исто како и \x0c

\a Аларм (ѕвоно) (BEL), исто како и \x07

\e Бегање „Escape“ (ESC), исто како и \x1b Примери: foo\x20bar Се совпаѓа со 'foo bar' (забележете го празното место во средината)

\tfoobar Се совпаѓа со 'foobar' преддефинирано од табела

Page 72: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

Групирање на знаци

Можете да одредите група на знаци преку заградување на листа со знаци во [], која што ќе се совпаѓа со секој од знаците вклучени во листата. Ако првиот знак по "['' е "^'', групата ќе се совпаѓа со било кој знак кој не е во листата. Примери: foob[aeiou]r Ги пронаоѓа низите 'foobar', 'foober' итн. Но, не и 'foobbr', 'foobcr' итн.

foob[^aeiou]r Ги пронаоѓа низите 'foobbr', 'foobcr' итн. Но, не и 'foobar', 'foober' итн. Во листата, знакот "-'' се употребува за одредување на опфат (опсег), така што „a-z“ ги претставува сите знаци кои се наоѓаат вклучени помеѓу „a“ и „z“. Доколку сакате самото тире "-'' да биде дел од групата, внесете го на почетокот или на крајот од листата, или избегнете го со обратна коса црта. Доколку сакате ']' можете да ја поставите на почетокот од листата или да ја избегнете со обратна коса црта. Примери: [-az] Се совпаѓа со 'a', 'z' и '-'

[az-] Се совпаѓа со 'a', 'z' и '-'

[a\-z] Се совпаѓа со 'a', 'z' и '-'

[a-z] Се совпаѓа со сите дваесет и шест мали знаци од 'a' до 'z'

[\n-\x0D] Се совпаѓа со секој од #10,#11,#12,#13.

[\d-t] Се совпаѓа со секоја цифра, '-' или 't'.

[]-a] Се совпаѓа со секој знак од ']'..'a'.

Метазнаци

Метазнаците се специјални знаци кои што се основа за повторливите изрази. Постојат повеќе типови на метазнаци, оделно опишани во продолжение. Метазнаци – разделувачи на редови ^ Почеток на ред

$ Крај на ред

\A Почеток на текст

\Z Крај на текст

. Било кој знак во редот Примери: ^foobar Се совпаѓа со низата 'foobar' само доколку е на почетокот на редот

foobar$ Се совпаѓа со низата 'foobar' само доколку е на крајот на редот

^foobar$ Се совпаѓа со низата 'foobar' само доколку е единствената низа во редот

foob.r Се совпаѓа со низата како 'foobar', 'foobbr', 'foob1r' итн. Метазнакот "^" во основа е предвиден да се совпаѓа на почетокот од внесената низа/текст, а метазнакот "$" само на крајот. Вгредените разделувачи на редови нема да бидат споредувани со "^'' или "$''. Доколку сакате да ја поставите низата како заштитиник за повеќе редови, така што "^'' ќе се совпаѓа со секој разделувач на редови во низата, а "$'' да се совпаѓа пред

Page 73: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

секој разделувач на редови, можете да го извршите ова со вклучување на изменувачот /m. \A и \Z се исти како и "^'' и "$'', освен тоа што тие нема да се совпаѓаат повеќекратно при употреба на изменувачот /m, додека истовремено "^'' и "$'' ќе се совпаѓаат со секој од вклучените разделувачи на редови. Метазнакот ".'' почетно се совпаѓа со секој знак, но доколку го исклучите изменувачот /s, тогаш '.' нема да се совпаѓа со разделувачите на редови. TRegExpr ги употребува разделувачите на редови онака како што е препорачано од www.unicode.org (http://www.unicode.org/unicode/reports/tr18/): "^" се наоѓа на почетокот од внесената низа, и ако изменувачот /m е вклучен, веднаш потоа да следува било кој од \x0D\x0A или \x0A или \x0D (Доколку ја употребувате Unicode верзијата на TRegExpr, истотака и \x2028 или \x2029 или \x0B или \x0C или \x85). Забележете дека нема празен ред во секвенцата \x0D\x0A. "$" се наоѓа на крајот од внесената низа, и ако изменувачот /m е вклучен, веднаш потоа да следува било кој од \x0D\x0A или \x0A или \x0D (Доколку ја употребувате Unicode верзијата на TRegExpr, истотака и \x2028 или \x2029 или \x0B или \x0C или \x85). Забележете дека нема празен ред во секвенцата \x0D\x0A. "." се совпаѓа со секој знак, но доколку го исклучите изменувачот /s тогаш "." нема да се совпаѓа со \x0D\x0A и \x0A и \x0D (Доколку ја употребувате Unicode верзијата на TRegExpr, истотака и со \x2028 and \x2029 and \x0B and \x0C and \x85). Забележете дека "^.*$" (комплетот за нов ред) не се совпаѓа со ниту една низа во секвенцата \x0D\x0A, но се совпаѓа со празна низа во секвенцата \x0A\x0D. Многу лесно можете да вклучите и работење во повеќе редови преку подесувањата за LineSeparators и LinePairedSeparator во TRegExpr, притоа ќе можете да употребите само Unix разделувачи \n или само DOS/Windows \r\n или да ги измешате заедно (како што е објаснето погоре и да бидат употребени како почетни), или пак да дефинирате ваши сопствени резделувачи на редови!

Метазнаци – преддефинирани групи

\w Алфанумерички знак (вклучувајки и "_")

\W Не алфанумерички

\d Нумерички знак

\D Не нумерички

\s Секое празно место (исто како [ \t\n\r\f])

\S Без празно место Можете, \w, \d и \s да ги употребувате и како сопствена групи на знаци. Примери:

foob\dr Се совпаѓа со низите 'foob1r', ''foob6r', итн. Но, не и со 'foobar', 'foobbr', итн.

foob[\w\s]r Се совпаѓа со низите 'foobar', 'foob r', 'foobbr', итн. Но, не и со 'foob1r', 'foob=r', итн.

TRegExpr ги употребува карактеристиките на SpaceChars и WordChars за да ги дефинира групите на знаци \w, \W, \s, \S, затоа вие можете лесно да ги редефинирате.

Метазнаци – сврзување на зборови

Page 74: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

\b Се совпаѓа со сврзан збор

\B Се совпаѓа со не-сврзан збор Сврзникот на зборови (\b) е точка помеѓу два знаци кои имаат \w на едната страна и \W на другата страна (или обратно), вклучувајки ги и имагинарните знаци на почетокот и на крајот од низата кои се совпаѓаат со \W.

Метазнаци - повторување

Секој повторлив израз може да биде проследен и со уште еден тип на метазнаци - повторувачи. Со употреба на овие метазнаци можете да одредите колку пати се појавува претходниот знак, метазнак или подизраз. * Нула или повеќе ("незаситено"), слично како {0,}

+ Еден или повеќе ("незаситено"), слично како {1,}

? Нула или еден ("незаситено"), слично како {0,1}

{n} Точно n пати ("незаситено")

{n,} Најмалку n пати ("незаситено")

{n,m} Најмалку n, но не повеќе од m пати ("незаситено")

*? Нула или повеќе ("заситено"), слично како {0,}?

+? Еден или повеќе ("заситено"), слично како {1,}?

?? Нула или еден ("заситено"), слично како {0,1}?

{n}? Точно n пати ("заситено")

{n,}? Најмалку n пати ("заситено")

{n,m}? Најмалку n, но не повеќе од m пати ("заситено") Значи, со цифрите во малите загради во формата {n,m}, со вредноста n се одредува минимум колку пати да се совпадне и максимум со m. Формата {n} е еквивалентна со {n,n} и одговара на точно n пати совпаѓање. Формата {n,} одговара на n или повеќе пати совпаѓање. Не постојат ограничувања за големината на вредностите за n и m, но поголемите броеви ќе изискуваат повеќе меморија и ќе го забават процесот на извршувањето за повторливите изрази. Ако малите загради се присутни во било кој друг контекст, тие ќе бидат третирани како едноставни знаци. Примери: foob.*r Се совпаѓа со низите 'foobar', 'foobalkjdflkj9r' и 'foobr'

foob.+r Се совпаѓа со низите 'foobar', 'foobalkjdflkj9r', но не и со 'foobr'

foob.?r Се совпаѓа со низите 'foobar', 'foobbr' и 'foobr', ноне и со 'foobalkj9r'

fooba{2}r Се совпаѓа со низата 'foobaar'

fooba{2,}r Се совпаѓа со низите 'foobaar', 'foobaaar', 'foobaaaar', итн.

fooba{2,3}r Се совпаѓа со низите 'foobaar', или 'foobaaar', но не и со 'foobaaaar' Мало објаснување за „ситоста“. "Незаситено" опфаќа што е можно повеќе, а "Заситено" опфаќа што е можно помалку. На пример, 'b+' и 'b*' применети за низата 'abbbbc' ќе резултираат со 'bbbb', 'b+?' ќе резултира со 'b', 'b*?' ќе резултира со празна низа, 'b{2,3}?' ќе резултира со 'bb', 'b{2,3}' ќе резултира со 'bbb'. Можете да ги промените и сите повторувачи да бидат како "Заситени" (прочитајте подолу за изменувачот /g).

Метазнаци - алтернативи

Page 75: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

Можете да одредите серија алтернативи за еден редослед употребувајки го знакот "|'' за нивно разделување, така што fee|fie|foe да се совпаѓаат со секое од "fee'', "fie'', или "foe'' во целната низа (како при f(e|i|o)e). Првата алтернатива вклучува се од последниот разграничувач на редоследот ("('', "['', или од почетокот на редоследот) се до првиот "|'' знак, и последната алтернатива содржи се од последниот "|'' знак до следниот разграничувач на редоследот. Поради ова, често се практикува вклучување на алтернативите во гнезда за да се намали нејаснотијата каде започнуваат, а каде завршуваат. Алтернативите се споредуваат од лево кон десно, па затоа првата пронајдена алтернатива со која целосно се совпаѓа изразот ќе биде избрана. Тоа значи дека алтернативите не се секогаш незаситени. На пример, при совпаѓање на foo|foot во "barefoot'', само делот "foo'' ќе се совпаѓа бидејќи тоа е првата споредена алтернатива која успешно се совпаѓа во целната низа. Сево ова можеби и не изгледа многу важно, но значајно е при пребарување на соодветен текст со употреба на гнезда. Исто така запаметете дека знакот "|'' претставува сосема исто како големи загради, па затоа кога ќе впишете [fee|fie|foe] практично се споредува само [feio|]. Пример: foo(bar|foo) Се совпаѓа со низите 'foobar' или 'foofoo'.

Метазнаци - подизрази

Поставувањето во загради ( ... ) може да се употреби и за дефинирање подизрази на повторливите изрази (по разделувањето на членовите во реченицата, можете да ја најдете позицијата, должината и вистинските вредности за подизразите во MatchPos, MatchLen и Match properties во TRegExpr, и да ги замените во примероци од низи со TRegExpr.Substitute). Подизразите имаат редни броеви редоследно од лево кон десно според отворањето на нивните гнезда. Првиот подизраз има реден број '1' (целосно совпаѓање на повторлив израз има реден број '0' – можете да го замените во TRegExpr.Substitute as '$0' или '$&'). Примери: (foobar){8,10} Се совпаѓа со низите кои содржат 8, 9 или 10 примери од 'foobar'

foob([0-9]|a+)r Се совпаѓа 'foob0r', 'foob1r' , 'foobar', 'foobaar', 'foobaar' итн.

Метазнаци – упатување

Метазнаците \1 до \9 се претставени како упатување. \<n> се совпаѓа со претходно совпаднатиот подизраз #<n>. Примери: (.)\1+ Се совпаѓа со 'aaaa' и 'cc'.

(.+)\1+ Истовремено се совпаѓа со 'abab' и '123123'

(['"]?)(\d+)\1 Се совпаѓа со '"13" (во двојни наводници), или '4' (во еднинечни наводници) или 77 (без наводници) итн.

Изменувачи

Изменувачите служат за промена на режимот на работа на TRegExpr. Постојат повеќе начини за поставување на изменувачи.

Page 76: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

Секој од изменувачите претставени подолу може да биде вграден во самите повторливи изрази преку поставување во (?...) редослед. Исто така, можете и да им одредите соодветни TRegExpr својства (На пример, изменувач за промена на /x, или ModifierStr за промена на сите изменувачи). Почетните вредности за нов примерок на TRegExpr објект се дефинирани во глобални варијабили, на пример, глобалната варијабила RegExprModifierX ја дефинира вредноста на почетните својства за новиот TRegExpr примерок, ModifierX.

i Резултира со режим без разликување за големината на буквите (ги употребува локално инсталираните подесувања во вашиот систем). Прочитајте и за InvertCase.

m Ја третира низата како повеќе редови. Тоа значи, промена на совпаѓањето за "^'' и "$'' на самиот почеток или крај на низата, во почеток и крај за секој ред било каде во низата. Прочитајте и за разделувачи на редови.

s Ја третира низата како еден ред. Тоа значи, промена на ".'' за да се совпаѓа со секој знак, било што и да е тој, дури и со разделувачите на редови кои што нормално не би се совпаднале. Прочитајте и за разделувачи на редови.

g Нестандарден изменувач. Со негово исклучување, ќе ги промените сите следни операции во заситен режим (почетно, овој изменувач е активен). Значи, ако изменувачот /g е исклучен, тогаш '+' функционира како '+?', '*' како '*?', итн.

x Зголемување на читливоста на редоследот преку дозволување на празно место и коментари. (Прочитајте го објаснувањето подолу.)

r

Нестандарден изменувач. Кога е вклучен, опфатот à-ÿ дополнително ги содржи руските букви '¸', À-ß доплнително содржи '¨', и à-ß ги содржи сите руски знаци. Почетно е вклучен, но доколку сакате почетно да биде исклучен - внесете false за глобалната варијабила RegExprModifierR.

Изменувачот /x му посочува на TRegExpr да го игнорира празното место кое што не е ниту обратна коса црта, ниту во групирани знаци. Ова можете да го употребите за расцепкување на повторливиот израз во почитливи делови. Знакот # исто така се третира како метазнак кој претставува коментар.

Пример:

( (abc) # коментар 1 | # Можете да употребите празни места за форматирање на п.и. - TRegExpr ги игнорира (efg) # коментар 2 ) Ова истовремено значи дека ако сакате вистинско празно место или # знак во редоследот (надвор од групираните знаци, врз кои што /x нема влијание), ќе треба или да ги избегнете, или да ги енкодирате со употреба на октални или хексални избегнувачи. Овие карактеристики овозможуваат голем напредок во зголемена читливост за текстот на повторливите изрази.

Perl екстензии

(?imsxr-imsxr) Можете да ги употребите во повторливите изрази за модификување на изменувачите. Доколку оваа шема е вметната во подизраз, тогаш ќе има влијание само врз тој подизраз. Examples: (?i)Saint-Petersburg Се совпаѓа со 'Saint-petersburg' и 'Saint-Petersburg'

(?i)Saint-(?-i)Petersburg Се совпаѓа со 'Saint-Petersburg', но не и со 'Saint-petersburg'

(?i)(Saint-)?Petersburg Се совпаѓа со 'Saint-petersburg' и 'saint-petersburg'

((?i)Saint-)?Petersburg Се совпаѓа со 'saint-Petersburg', но не и со 'saint-petersburg' (?#text) коментар, текстот е игнориран. Забележете дека TRegExpr го затвора

Page 77: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

коментарот веднаш штом ќе види ")", затоа не постои начин за практично внесување на ")" во кометарот.

5.6. Превземи FPS од AVI - Add FPS from AVI

Применливо само кога го имате видеото за соодветниот превод (само за титл фајлови кои се базирани на фрејмови). Во случај кога треба да извршите промена на FPS за филмскиот превод, но притоа не ви е позната вредноста на FPS за видеото (филмот), можете да ја употребите оваа алатка. Ви овозможува да ја откриете вредноста на FPS за видеото и да ја додадете во Subtitle Workshop листата со титли. Постојат два начини за употреба на оваа алатка:

1. Преку мени "Tools/Add FPS from AVI". Овој метод го вчитува хедерот од видео фајлот и практично функционира само со AVI фајлови (не функционира со MPEG, ASF, WMV, итн.). Превземањето е многу брзо кога видео фајлот е валиден AVI фајл, и притоа функционира многу успешно.

2. Вчитување на видеото преку мени "Movie/Open". Овој метод е со употреба на „DirectX“, па затоа функционира со сите видео фајлови. Понекогаш со AVI фајловите се случува DirectX да детектира 0 (нула) за FPS, во тој случај Subtitle Workshop алтернативно ќе изврши вчитување на хедерот од AVI фајлот.

Секогаш кога ќе биде употребена оваа алатка, вредноста на FPS од видеото ќе биде додадена на сите места каде што има опции за одредување на FPS.

5.7. Надворешен преглед на титлите - External preview

Надворешниот преглед е опција која ви овозможува директна проверка на титл фајлот на кој работите, во вашиот омилен софтверски плеер. Плеерот кој сакате да го употребувате, мора да подржува команден ред и најмалку еден од титл форматите кој што се подржани во Subtitle Workshop. Во прозорот за подесување на програмата, преминете во делот за општо подесување „General“ на надворешниот преглед „External preview“. Овде преку пребарувачот „Browse“ треба да го одберете *exe фајлот на видео плеерот кој што сакате да го упоребувате за надворешен преглед. Доколку имате инсталиран софтверски видео плеер кој веќе е одреден за репродукција на .AVI фајлови, кликнете на копчето „Detect associated program“ со што ќе се активира употребата на веќе доделениот плеер. Потоа одберете дали сакате да употребувате различно видео при секоја проверка на филмскиот преводот „Ask for a different video each time“, или пак при секоја проверка ќе го употребувате сосема истото видео „Always test with video“ и преку пребарувачот одредете го конкретното видео. Во напредната секција „Advanced“, има и други неопходни нешта кои е потребно да се конфигурираат. Одберете го титл форматот во кој што сакате да бидат зачувани привремените титл фајлови (ќе бидат зачувани во привремен фолдер „temp“). Одберете зачувување во оригиналниот формат „Original format“ само кога со сигурност знаете дека видео плеерот кој ќе го употребувате за надворешен преглед има подршка за титл форматот со кој што работите. За крај, мора да ги одредите параметрите кои ќе бидат испратени кон видео плеерот „Parameter to send to the video player:“. VIDEO_FILE го претставува видео фајлот со кој ќе го извршите надворешниот преглед, а SUBT_FILE претставува во кој формат ќе биде испратен привремениот титл фајл во плеерот. Дополнително може да се додадат други патаметри како што е преглед на цел екран (full screen), итн. Осигурајте се (во повеќето случаи) да ги додадете SUBT_FILE и VIDEO_FILE помеѓу " " за во случај ако

Page 78: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

еден од фајловите содржи едно (или повеќе) празно место, да биде испратен како еден ист параметар. Кога ќе завршите со конфигурирањето на овие подесувања, ќе може да го тестирате преводот преку тастерот „F8“ или од мени одберете "Tools/External preview". Тестирани видео плеери:

1. BSPlayer "VIDEO_FILE" "SUBT_FILE" -fs (Зачувајте го привремениот титл фајл во „SubRip“ формат)

2. ViPlay /MOVIE:"VIDEO_FILE" /SUBTITLE:"SUBT_FILE" /FS (Зачувајте го привремениот титл фајл во било кој формат)

5.8. Внатрешен преглед на титлите со интегрираниот видео плеер

Проследете како титлите ќе бидат прикажани во видео прегледникот.

Модулот за работа со видео преглед ќе функционира само ако истовремено отворите титл фајл и видео фајл (за начинот на внесување титл фајл прочитајте во делот „отворање (внесување) на титл фајл“ и за начинот на внесување видео фајл во делот „отворање (внесување) на видео фајл“). Кога ќе бидат вчитани двата фајлови, прозорецот на плеерот ќе биде позициониран во горниот дел на работната површина во основниот прозорец за работење. Големината на видео прегледникот може да се менува преку задржан лев клик на маусот врз граничната линија помеѓу делот за видеото и делот на листата со титли (ќе се појави нов симбол на курсорот), и со влечење ќе извршите поместување на граничната линија кон горе или кон долу. Со менување на големината на видео прегледникот, истовремено ќе изврши и соодветна промена на големината за приказот (resize) на самото видео. Забелешка: Доколку имате инсталирано филтер за автоматско прикажување на титли каков што е „VobSub“ или слично, се разбира дека тој ќе се активира и овде. Неговата активација може да резултира со истовремено прикажување на два сосема исти филмски преводи еден врз друг, или да доведе до неможност за репродуцирање на видеото, а понекогаш дури и до пад на SW. Во таков случај, реименувајте го титл фајлот кој што се отвора несакано или деинсталирајте го филтерот. Видео прозорецот е содржан од репродуцираното видео, лента за брзо премотување (scroll bar), комплет од копчиња за команди, комплет од податоци за моменталното време во прикажување и вкупното времетраење на видеото, и податок за FPS на видото. Титл фајлот кој што е отворен ќе се прикажува врз видеото, притоа соодветно ќе ги следи времињата. Фонт, боја, големина и други карактеристики за начинот на прикажување на титлите можете да одредите во подесувањето на програмата.

Page 79: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

Копчиња за видео команди (од лево кон десно):

• Play/Pause Репродукција/пауза. Со еден клик се стартува репродукцијата, а со повторен клик се паузира видеото.

• Stop Стоп. Ја запира репродукцијата и се враќа на почетното време од 00:00:00.000.

• Toggle scroll list Доколку е во употреба (ќе биде затемнето), Subtitle Workshop го обележува моментално прикажуваниот титл врз видеото и врши поместување кон долу во листата со титли.

• Jump to previous/next subtitle Поместување кон предходниот/следниот титл. Овие две копчиња ја поместуваат позицијата (репродуцирањето) на плеерот кон почетното време на предходниот/следниот титл во однос на титлот кој што во моментот се прикажува.

• Rewind & Forward Наназад и нанапред. Со еден клик врз овие копчиња се врши соодветно премотување (поместување на репродукцијата на видеото) нанапред или наназад за времетраење кое е одредено во подесувањата. Основно подесувањето е 0.5 секунди (500 милисекунди). Доколку се задржи кликот врз овие копчиња, тие ќе вршат забрзано континуирано премотување. Двата начини можат да се употребуваат и кога репродукцијата на видеото е паузирана или стопирана.

• Alter playback rate Алтернативна брзина за репродуцирање. Доколку е во употреба (копчето ќе биде затемнето), видео репродукцијата ќе се врши забавено/забрзано според процентот одреден во подесувањата. Основното подесување е 50% од вистинската брзина.

• Move subtitle Поместување на титлите. Ова копче извршува поместување на сите селектирани титли, така што почетното време на првиот селектиран титл ќе биде исто со моменталното време на репродукција во плеерот. Не се врши

Page 80: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

промена на времетраењето на титлите, туку се однесува како брза варијанта за "одложување на времето за прикажување на титлите".

• Set Start Time & Set Final Time Задавање на почетно време и крајно време. При употреба, двете копчиња ќе извршат промена врз моментално селектираниот титл во листата со титли. "Set start time" ќе изврши промена на почетното време на титлот и ќе го замени со моменталното време од репродукцијата на видеото, а "Set final time" ќе изврши исто таква промена за крајното време на титлот и притоа ќе се префрли кон следниот титл во листата.

• Start Subtitle & End Subtitle Започни нов титл и заврши титл. "Start subtitle" поставува внатрешна варијабила за времето на моменталната репродукција на видото, "End subtitle" создава (креира) нов титл чие што почетно време е еднакво со варијабилата а крајното време е моменталното време на репродукција. Многу употребливо при создавање на сосема нов титл фајл од бел лист.

• Mark as first synch point, Mark as last synch point, and Add subtitle/videо synchronization point Обележување на прва синхронизациона точка, обележување на последна синхронизациона точка, и додавање на титл/видео синхронизациона точка. Овие копчиња се подробно објанети во делот за синхронизација на титлите.

Лентата за брзо премотување се употребува на сосема ист начин како и онаа во Windows Media Player, ViPlay или во било кој друг софтверски плеер. Најмалиот возможен интервал на премотување зависи од должината на видео фајлот.

5.9. Извлекување на јазик од мултијазичен SAMI формат - SAMI Language Extractor

Оваа алатка има за цел да оддели (екстрактира) еден или повеќе јазици од титл фајлови кои што се во SAMI формат и содржат повеќе од еден јазик. Subtitle Workshop не подржува повеќејазичен SAMI формат, па затоа со оваа алатка можете да ги одделите посакуваните јазици и тие да бидат отворени како еднојазичен SAMI.

Најчесто поставувани прашања [FAQ]

Најчесто поставуваните прашања и одговори „FAQ“ поврзани со SW, официјалнo на англиски јазик, ќе ги пронајдете преку следнава интернет врска: http://www.urusoft.net/faq.php?cat=sw⟨=1.

Контакт информации

Сосема слободно испраќајте ги вашите коментари, идеи, предлози, јазични фајлови, извештаи за грешки, итн. Информација за контакт можете да пронајдете во секцијата "Contact us" на веб сајтот: http://www.urusoft.net/. Исто така можете да го употребите и форумот. Можете да не посетите на интернет на следнава веб страница: http://www.urusoft.net.

Превод на македонски јазик: prijatel-MKD Превод и титлување Translated to macedonian by: prijatel-MKD Translation & subtitling Контакт / Contact: [email protected]

Page 81: MKD Upatstvo Za Subtitle Workshop

Лиценца

Оваа програма е достапна онака каква што е, без било каков вид на гаранција. Целосниот ризик при употреба на оваа програма го сноси корисникот. Авторот не превзема никаква одговорност за било каква директна или индиректна, случајна или намерна штета, која евентуално настанала поради употреба или грешки на/во програмата. Програмата на Subtitle Workshop се дистрибуира како бесплатна. Не смее да биде продавана или препродавана, дистрибуирана како дел од било каков комерцијален пакет, да биде употребена во рекламни цели, да се употрбува за комерцијална или како подршка за дистрибутивна цел, употребена и/или дистрибуирана во било какви активности кои го нарушуваат авторското право без притоа претходно да биде обезбедена согласност (дозвола) од авторот, со единствен исклучок за дистрибуција преку списанија (прочитај подолу). Издавачите на списанија кои се заинтересирани за вклучување на URUSoft програмите на CD како дел од издание на нивното списание, мораат предходно да ни испратат порака преку Email со најава дека ќе извршат дистрибуирање на програмата, вклучувајки детали за името и верзијата како и за насловот и бројот на списанието. При секое следно повторено вклучување на програмата во пакет со списанието, потребно е погоре сопменатиот процес да биде повторен. Интегритетот на фајловите при дистрибуција на оваа програма треба да биде непроменет, онака како што ги дистрибуира самиот автор. Сите нејзини составни фајлови треба да бидат дистрибуирани заедно во оригинален формат. Доколку програмата претставува надградба (upgrade) за постара верзија, може да се употребува или да се пренесува само заедно со продуктот за кој е наменета надградбата. Сите пазарни имиња се авторско право на нивните сопственици. Авторот на оваа програма НЕ Е (не претставува) дел од ниту една фирма. ДОКОЛКУ НЕ ГИ ПРИФАЌАТЕ ОВИЕ УСЛОВИ, ОТКАЖЕТЕ СЕ ОД УПОТРЕБАТА НА ОВАА ПРОГРАМА.