5
Каква е бизнис климата во Македонија? Изработил:

Biznis klima vo Makedonija

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Biznis klima vo Makedonija

Citation preview

Page 1: Biznis klima vo Makedonija

Каква е бизнис климата во

Македонија?

Изработил:

Петрова Кристина 52124

Page 2: Biznis klima vo Makedonija

Анализа на бизнис климата во Република Македонија

Македонија уште на почетокот се соочи со потешкии во нејзиниот развиток со

многу турбулентни движења проследени со доста успеси како и падови се со цел да

одржи некоја економска стабилност. Значи уште со нејзиното осамостојување и

стекнување на економска независност Македонија се соочи со многу проблеми односно

задачи меѓу кои формирањето на Народна Банка, воведувањето на нова стабилна валута,

приватизација на веќе постоечките компании, донесување на нови закони и ред други

работи со кои ќе може да одржува стабилна политика и економија. Меѓутоа решавањето

на овие проблеми повлекло со себе уште многу нови проблеми како на пример големата

невработеност која била со тенденција на раст. Со текот на годините дел од овие

проблеми почнаа да се стабилизираат, но проблемот со невработеноста ден денес

претставува голем предизвик на оваа земја.

Исто така голем проблем во развитокот на Македонија како земја односно во

развитокот на економијата е спорот со Грција кој што трае со години и го спречува

развитокот на македонскиот пазар на европското тло, бидејќи влезот на Македонија во

Европската Унија претставува отварање на нови хоризонти и нови можности кои

значително би помогнале во развитокот и подобрувањето на деловната клима.

Големата светска криза исто така играше голема улога во зголемувањето на

нестабилноста на македонската економија. Веќе подолго време Македонија ги трпи

последиците од кризата во многу области на економското работење. Како позначајни

проблеми со кои се соочува се сеуште високата стапка на невработеност, намалената

економска активност, намалена стапка на странски инвестиции итн...

Но, не е се така црно во нашата економија...Македонија како земја со отворен пазар

полека но сигурно превземајќи големи реформи тежнее кон развиток и подобрување на

бизнис климата, односно поголема политичка и економска стабилност со отворени врати

за поголем развој.

Page 3: Biznis klima vo Makedonija

Република Македонија се наоѓа на крстосницата на југоисточна Европа што ја

прави доста погодна за транспорт и дистрибуција на многу производи од европскиот

пазар. Поволната инфраструктура на патишта и други транспортни линии како и малиот

обем на самата земја овозможува брз и лесен пристап до секое населено место во државата

со што значително се олеснува дистрибуцијата.

Исто така Македонија има развиена телекомуникациска мрежа како и интернет

пристап кои придонесуваат во развитокот на бизнис климата односно го олеснуваат

начинот на комуникација со што се олеснува и самата размена на производи со странските

земји и се зголемува стапката на странски инвестиции.

Севкупно земено Македонија како земја уште на почетокот на нејзиното

формирање чекори по трлив пат на нејзин раст и развиток, при што процесот на

транзиција трае сеуште и треба да се превземат уште многу нови реформи и да се

разгледаат многу прашања се со цел да се подобри положбата односно да се подобри

бизнис климата, да се намали невработеноста, да се привлечат странски инвеститори и ред

други работи кон кои Македонија тежнее и кои и се потребни.