52
ЗДРУЖЕНИЕ НА КЛУБОВИ НА ЛЕКУВАНИ АЛКОХОЛИЧАРИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗОШТО МЛАДИТЕ НЕ ТРЕБА ДА ПИЈАТ АЛКОХОЛ Скопје, 2010

Broshura Alkoholizam Kaj Mladite2

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Broshura Alkoholizam Kaj Mladite2

ЗДРУЖЕНИЕ НА КЛУБОВИ НА ЛЕКУВАНИ АЛКОХОЛИЧАРИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ЗОШТО МЛАДИТЕ НЕ ТРЕБАДА ПИЈАТ АЛКОХОЛ

Скопје, 2010

Page 2: Broshura Alkoholizam Kaj Mladite2

ЗОШТО МЛАДИТЕ НЕ ТРЕБАДА ПИЈАТ АЛКОХОЛ

Автори:

Др. Сашко Попоски - психијатарСветлана Стефанова - дипломирана мед. сестраЉиљана Димитровска - спец. по мед. психологијаПрим. Др. Вилма Лазарова - невропсихијатарДр. Кристина ВасилевскаЉубица Јаневска - спец. по социјална работаДр. Марина Владимирова - невропсихијатарБилјана Симеонова - социјален работникЛилјана Матевска - спец. по мед. психологијаВладимир Ивановски - Терапевт за физичка култура

Главен и одговорен уредник:

Прим. д-р Павлина Васкова - Мр. сци, невропсихијатар

Издавач:

Здружение на клубови на лекувани алкохоличари на РМ

Дизајн и компјутерска обработка на текст:

М-Ланд Про - Скопје

Печати:

Арт&Aрт - Скопје

Тираж: 1000 примероци

Page 3: Broshura Alkoholizam Kaj Mladite2

ДРАГИ МЛАДИ!

Оваа брошура Ви ја посветуваме на Вас и на Вашите родители, наставници, тренери и сите оние кои на некој начин влијаат на Вашиот развој, воспитување и стекнување на животни навики. Целта на брошурата е да ве едуцира и да делува да размислите пред да земете алкохол, па макар тоа да се случува и ретко во одредени свечености или други за вас значајни настани. Тоа Ви го препорачуваме следејќи ја нашата пракса, при што доаѓаме до сознанија дека пиењето и во многу мали и ретко користени количини алкохол, може да предизвика тешки последици во смисла на сообраќајни несреќи, изменето однесување, стесната свест и друго што може да допринесе да се случат непромислени постапки од кои ќе страдаат, ќе им се промени животот и ќе бидат несреќни недолжни лица, но и тие што го направиле лошото дело.

Значајно е да се напомене и променетиот стил на пиење. Со цел за достигнување на подобра забава на журки, матурски вечери, родендени, екскурзии и слично, се подготвуваат коктели на разновидни пијалоци, таблети, цигари и други дроги. Тоа се опасни комбинации кои не остануваат незабележани од организмот на младиот човек кој пиел. Последиците се секогаш придружен елемент на пиењето алкохол посебно кај младите луѓе, без оглед на количините. На проблемот на пиење треба да му се посвети големо внимание бидејќи постои тенденција на масовна, зачестена примена. Проблемот станува уште поголем поради новите сознанија кои тврдат дека пред триесет години, првата чашка се пиеше со стекнувањето на полнолетство, додека сега тоа се случува меѓу 12 и 14 годишна возраст. А, во однос на половата застапеност на пиењето, сега скоро и да нема разлики. Исто така, развивањето на зависност пред триесет години, беше меѓу 30-та и 40-та возраст, а сега зависноста се јавува кај многу млади

Page 4: Broshura Alkoholizam Kaj Mladite2

луѓе негде по 20-та година од нивниот млад живот.Здружението на клубовите на лекувани алкохоличари изразува

голема благодарност на Агенцијата на млади и спорт што ни овозможи да ја издадеме оваа брошура, која се надеваме дека ќе допринесе за превенирање на проблемот на употреба на алкохол кај младите.

Стручен тим на Здружението на клубовите на лекувани алкохоличари на РМ

Page 5: Broshura Alkoholizam Kaj Mladite2

СОДРЖИНА

Вовед .................................................................................................7

1. Физиологија на алкохолот ...........................................................10

2. Заблуди и факти за алкохолот ....................................................13

3. Причини кои ги предизвикуваатболестите на зависност кај маладатапопулација и потребата од комбиниранаупотреба на психоактивни супстанци .........................................20

4. Соматски (телесни) компликации кајмлади кои злоупотребуваат алкохол ..........................................23

5. Психички последици до кои водиалкохолизмот .................................................................................29

6. Алкохоличарското семејство какофактор за пореметување кај младите ........................................32

7. Алкохолизмот кај женската популација ................................38

8. Алкохолизирање и семејно насилство ...................................41

9. Мотивација за лекување на младите -зависници од алкохол ...................................................................45

10. Младите и спортувањето како превенцијаод употреба и злоупотреба од алкохол ......................................48

Page 6: Broshura Alkoholizam Kaj Mladite2
Page 7: Broshura Alkoholizam Kaj Mladite2

ВОВЕД

Потребата да се издаде оваа брошура произлегува од актуелноста на проблемот на употреба на акохол кај младите и поместувањето на границата на пиење уште во основното образование, развување на проблеми на однесувањето и развивање на зависност од алкохол. Злоупотребата на aлкохол во свeтот и кај нас е најраширена токсикоманија. Заради својата димензија и последици претставува се-. Заради својата димензија и последици претставува се-Заради својата димензија и последици претставува се-риозен медицински и социјален проблем. Негативните последици од злоупотребата на алкохол се одразуваат не само на лицето кое пие, туку и на неговото семејство, училиштата, работната средина и т.н. Всушност не постои сегмент од човековото живеење кој не е засегнат од оваа проблематика. Оттука, алкохолизмот не е само индивидуален, но е и тежок општествен проблем. Заради тоа, Светската здраствена организација го има ставено на врвот од своите приоритети, особено превенцијата кај младата популација.

Според општо прифатените светски проценти, застапеноста на ал-кохолизмот во однос на целокупната популација, се движи меѓу 2 и 3%. По својата зачестеност, во светот е прифатена како “трета болест” и е рангирана веднаш по срцевите и малигните заболувања.

Се цени дека во Република Македонија бројот на лица кои се за-висни од алкохол (алкохоличари) е околу 60 - 80 000, а само во градот Скопје ги има околу 20-25 000 граѓани. Бројот пак на жители кои консу-мираат алкохол во социјално прифатливи количини, или го злоупотре-буваат, а се извор на идни зависници, е значително поголем.

Соодносот помеѓу мажите и жените според разни извори е разли-чен, но прифатено е дека е некаде помеѓу 5-8:1 ( 5-8 мажи на 1 жена). Во последно време изразена е тенденцијата за намалување на овој со-однос. Освен тоа, бројот на млади кои уште во основните училишта започнуваат да консумираат алкохол е со тенденција на изедначување

7

Page 8: Broshura Alkoholizam Kaj Mladite2

помегу половите.Се повеќе млади пијат алкохол со што возраста при првите искуства

со алкохол се намалува, а количините на испиен алкохол се зголемува и се почести се случаеви на тешки пијанства и труења со алкохол кај младите лица. „Специјални поводи“ за конзумирање на алкохол не се бираат туку се пие при секое дружење и сл. Исто така младите лесно стануваат жртви на агресивните имплицитни реклами за „убавината“ на разновидни алкохолни пијалоци, кои за жал се промовирани од нив-ните идоли.

Во Македонија луѓето консумираат алкохол традиционално, како дел од секојдневниот живот и во разни пригоди. Пиењето впрочем е и дел од фолклорот. За дел од популацијата земањето на алкохол е поврзано со желбата за одбегнување или намалување на психичките и социјални тензии, но за жал, подоцна голем дел од нив стануваат зависници.

Алкохолот, покрај агресивното влијание врз психофизичкото здравје и заради хроничичноста, негативно делува и врз семејниот жи-вот водејќи кон потполно осиромашување, закочување во развојот, а на крај начесто завршува и со распад. Семејната атмосфера станува израз-ито лоша, мачна, оптоварена со постојани и бескрајни малтретирања и конфликти. Алкохолизираниот човек е со изменето однесување, а со тек на време ако тоа се повторува и членовите на неговото семејство се менуваат стануваат емоционално и физички истрошени, ”скршени” и не-способни адекватно да се грижат за семејството, постојано следејки го однесувањето на членот кој пие и се опива. Ваквата состојба најповеќе ги погодува децата кои често се занемарени и отфрлени од родителот кој пие, а неретко и од другиот. Основните потреби на детето за љубов, сигурност и подршка се незадоволени. Тие се длабоко несреќни, со пси-хосоматски потешкотии, со впечатливи проблеми на психички план во правец на изнаоѓање на личниот идентитет, емоционална лабилност, несигурност, пасивност па се до воспитна запуштеност и деликвенција.

Имајќи ги во предвид сите компликации кои ги прави ексцесивното алкохолизирање, се доаѓа до констатација дека тоа е болест на целото семејство, но и на целото општество со низа последици во локалните средини. Мора да се нагласи и криминогениот ефект на алкохолот врз општеството каде доминира асоцијалното однесување, повредите во училиштата, повредите на работа, сообраќајни незгоди и т.н.

Во соработка со Министерството за здравство на Р. Македонија и Светската здравствена организација, изготвена е СТРАТЕГИЈАТА ЗА

8

Page 9: Broshura Alkoholizam Kaj Mladite2

ПРЕВЕНЦИЈА НА ПРОБЛЕМИ ПРЕДИЗВИКАНИ ОД ЗЛОУПОТРЕБА НА АЛ-КОХОЛ (2008-2012). Првите две години приорирет е дадено на превен-тивните активности насочени кон младите и женската популација.Работата со младите – се планираат посебни програми за младите во основното и средното образование. Програмите својот акцент го стават на промоција на здрави модели на живење без (зло) употреба на алкохол. Работата со оваа особено вулнерабилна популација е од особсно значење. Ова произлегува од фактот што во последниве годи-ни кај нив е значитслно позачестено консумирањето на алкохол. Заради тоа, освен честите контакти и промовирањето на здрави стилови на живеење се создаде потреба од издавање соодветно прилагодено на возраста, популарен печатен материјал.

Здружението на Клубови на лекувани алкохоличари на Република Македонија (ЗЛКАМ) веке 40 години дава континуирана подршка на лицата кои имаат проблеми заради употреба или злоупотреба на алкохол кај член од семејството, на жртвите на семејното насилство, на извршителите на семејното насилство преку отворена СОС линија, советувалиште, патронажна служба и најповеке преку групите за помош и самопомош.

Во состав на ЗКЛАМ работи СОВЕТУВАЛИШТЕ И ОТВОРЕНА ТЕЛЕФОНСКА ЛИНИЈА (3165 542) за проблеми предизвикани од упо-треба и злоупотреба на алкохол. Секоја посета или јавување гарантира анонимност, не е потребна никаква документација ниту парична на-докнада.

Во својата работа ЗКЛАМ имаат воспоставено добра соработка со специјализирани установи за помош на потешко алкохолизирани лица, со специјализирани установи за лекување на алкохоличари и со Цен-трите за социјална работа што овозможува прифаќање на сите кои има-ат било каков проблем заради злоупотреба на алкохол.

Прим. д-р Павлина Васкова Мр. сци, невропсихијатар

9

Page 10: Broshura Alkoholizam Kaj Mladite2

1. ФИЗИОЛОГИЈА НА АЛКОХОЛОТДр. Сашко Попоски, психијатар

АЛКОХОЛ е безбојна, запаллива течност, со јак карактеристичен мирис. По хемиски состав во себе содржи атоми на јаглерод, кослород и водород. Спаѓа во поголема група на хемиски соединенија кои со едно име се наречени алкохоли, при што како една основна карактеристика на сите е дека се отровни за човечкиот организам. Од сите претставници на алкохолите Етил алкохолот (C2H5OH) е најблагиот отров и единствен кој луѓето можат да го консумираат, се разбира во разблажена форма.

Алкохол, спирт, чист алкохол, гроздов алкохол, се вообичаените имиња со кои се означува ЕТИЛ АЛКОХОЛ. Алкохолот е супстанца која може да се најде во природата, со оглед на фактот дека за нејзино настанување потребно е овошните шеќери да бидат подложени на процесот на ферментација, кој процес се одвива во природата и без човеково влијание. При ова се создаваат мали количини алкохол во овошјето кое скапува, кој алкохол е помешан со други течности кои ги има во овошјето во концентрации од 0-13 Вол%. За да се постигне поголема концентрираност на алкохол, неопходно е да се спроведе друг хемиски процес наречен дестилација, но истиот може да биде изведен само со човеково влијание.

Една од најбитните особини на алкохолот е дека тој е моќен растворувач. Со вода може да се раствори во било кој однос, а под негово дејство се разложуваат и мастите и протеините. Негова карактеристика е што во концентриран облик е хигроскопен, т.е. ја зема влагата од воздухот, при што и самиот се растворува. Етил алкохолот помешан со вода(растворен), при што во него има растворени мириси и вкусови од овошниот шекер од кој потекнува, а кој се консумира од луѓето како пијалок, се нарекува алкохолен пијалок. Според тоа во зависност од видот на шеќер се добива и количината на концентрација на алкохолот

10

Page 11: Broshura Alkoholizam Kaj Mladite2

во пијалокот и така пијалоците се поделени на:

пиво со концентрација на алкохол од 3-7 Вол%

вино со концентрација на алкохол од 7-15 Вол%

ликери со концентрација на алкохол од 15-40 Вол%

ракии со концентрација на алкохол од 40-55 Вол%

Вообичаено место за внесување на алкохолен пијалок е преку устата, хранопроводникот, желудникот се до цревата, каде истиот се ресорбира во потполност, преминува во крвта, а потоа се проширува низ целото тело и го остварува влијанието до сите органи. Битно е да се напомене дека навлегувањето на алкохолот во човековиот организам е можно преку сите слузници и преку кожата, заради тоа што тој е универзален растворувач и лесно ги минува клеточните бариери.

Алкохолот од организмот се отстранува на неколку начини, како непроменет преку плуќата и воздухот кој се издишува, преку бубрезите и мокрачата, преку потните жлезди и потта, а додека е сеуште во организмот се разградува од страна на клетките на црниот дроб, при што крајниот продукт на разградбата се јаглероден диоксид и вода.

Битна работа која мора да се знае е дека при хемиско разградување на алкохолот во клетките на црниот дроб, еден од пропратните продукти на разложувањето е Ацет-алдехид, супстанца која е многу јак отров за човечкиот организам, супстанца која се повеќе се обвинува за оштетувањата кои се предизвикуваат во органите при долготрајно и прекумерно консумирање на алкохолни пијалоци. Ацет-алдехидот е нестабилна супстанца и многу брзо и самата се разградува, но сепак и она малку време што е присутна во организмот е доволно за да направи незанемарливи оштетувања, посебно кај младите чии организми се нежни и во развој. Кога веќе станува збор за алкохолен пијалок, кој младите и возрасните го консумираат, мора да се наведат и другите особини на алкохолот, кој произлегуваат од неговото влијание врз човековиот организам:

на крвните ѕидови влијае со нивно проширување и задржување на поголема количина крв во истите (се приметува црвенило, присутно чувство на топлина)

11

Page 12: Broshura Alkoholizam Kaj Mladite2

на нервите делува како анестетик (намалува болка)

на мозокот влијае како психоактивна супстанца (намалување на активноста)на клетките влијае на оштетување на нивната мембрана

Токсичните ефекти на организмот се огледуваат и манифестираат во зависност од тоа во која концентрација алкохолот е присутен во крвта, при што видно е за колку мали концентрации се работи, па така:

при концентрации над 0.05% = еуфорија, зборливост, опуштеностпри концентрации над 0,1% = депресија на мозочното функционирање, гадење, можно повраќање, неадекватни моторни и сензорни функции, неадекватно осознавањепри концентрации над 0,14% = намален дотур на крв во мозокотпри концентрации над 0,3% = занесеност, можен губиток на свестпри концентрации над 0,4% = состојба на кома, можна смртпри концентрации над 0,55% = сигурна смрт

Етил алкохолот по своето дејство е депресор на централниот нервен систем и има значително психоактивно дејство ако се внесе во дози кои не предизвикуваат смрт, што се угледува и во погоре изнесеното. Базирајќи се на неговата способност да ја менува човековата свесност, Етил алкохолот се смета за психоактивна супстанца и најчесто употребувана “рекреативна дрога”.

Покрај сето ова, алкохолот има примена и во медицината и фармацевтската индустрија. Во медицината се користи за дезинфекција на површини во болнички установи и за дезинфекција на кожа при повредување на истата, но алкохолот е поконцентриран, раствотен во дестилирана вода и во концентрација околу 70%, во која концентрација му е најдобро изразено бактерицидното својство. Во фармацевтската индустрија се користи како разредувач на разни билни екстракти и хемиски елементи (Јод), при што се добиваат тинктури со својства за лекување и дезинфекција.

12

Page 13: Broshura Alkoholizam Kaj Mladite2

2. ЗАБЛУДИ И ФАКТИ ЗА АЛКОХОЛОТСветлана Стефанова - дипломирана мед. сестра

Заблудите за алкохолот се ставови, уверувања и сфаќања во кои цврсто веруваме дека се вистинити. Oсобено ако тие совети сме ги до-и. Oсобено ако тие совети сме ги до-. Oсобено ако тие совети сме ги до-Oсобено ако тие совети сме ги до-собено ако тие совети сме ги до-биле од постарите и ако се они дел од нашата традиција и обичаите. Штетните дејства на алкохолот се познати одамна, но тоа не ги спре-чувало младите и возрасните да го употребуваат алкохолот. Со време се формираат многубројни погрешни уверувања, врзани за неговото дејство, кои го оправдувале или дури и го препорачувале пиењето. Сето тоа резулира со намалена свесност за штетноста на алкохолот како и лоша услуга која најмногу ги погодува младите.

Пиењето не е болест!

Факт

На,никој, па често и на лекарот не му доаѓа на памет да каже дека е некој болен, ако се напил. А, тој е непобитно болен. Фактот дека ќе му биде подобро после неколку саати или ден-два ништо не менува. Значајно е да се подвлече, дека секоја пијана состојба е болна состојба на организмот. А колку личноста која е под дејство на алкохол е по-млада толку повеќе се зголемува ризикот за повреда од било кој тип. Пиењето е болест која не познава возрасни граници.

Алкохолот е лек!

Ова е едно од најпопуларните верувања меѓу народот. Се препора-чува да се пие коњак за срце, вино за подобрување на крвната слика, стомаклија за болки во стомакот, пиво за да го стимулира лачењето на млеко кај доилките, а мастиката дека лечи чир. Ама, не секоја туку

13

Page 14: Broshura Alkoholizam Kaj Mladite2

само онаа струмичката. На пациентите им се препорачува да се напијат чашка, две алкохол секој ден.

Факт

Јакиот алкохол, каква што е мастиката, (40%) алкохол врши анестезија на слузокожата на желудникот. После пиењето болниот не чувствува болка или таа му се ублажува.Бидејќи тој чувствува болки секој ден, секојдневно и пие по неколку чашки струмичка. Како се сми-руваат болките, така тој се залажува и наивно мисли дека чирот заздра-вува. Всушност, жестокиот алкохол ја разложува слузта на слузокожата и предизвикува проширување на крвните садови. Со тоа се овозможува желудечната киселина да ги нагризува крвните садови и може да се појават ситни, скриени или пак обилни, сериозни крварења опасни по живот. Чирот во стомакот напредува и неретко пациентот, завршува со алкохолизам како “додатен ќар “ со операција, карцином. Често се случува, лекарот да препорача да се пие чашка – две вињак за подобра циркулација на срцето, за ширење на крвните садови. Па верувајќи на својот лекар, се почнува со малку, па постепено се зголемува дозата, па на крај се достигнува до сериозната алкохолна болест. А, срцето, пропаѓа ли пропаѓа.

Факт

Многубројните испитувања докажале, дека алкохолот кој се сод-ржи во една чаша стандарден пијалок, предизвикува промени во ко-морната функција на срцето, во метаболизмот(исхраната) на срцето и во меѓукелиската структура. Со текот на годините, се јавува алкохол-на кардиомиопатија – оштетување на срцевиот мускул. Се јавува не-достаток на воздух, болки во пределот на срцето,кашлање, забрзана срцева работа, со повремени прескокнувања (екстрасистоли).Честа е и апсолутна аритмија. Алкохолот го смалува ударниот волумен на срце-то, крвната снабденост на срцевиот мускул и на тој начин ја влошува состојбата на болното срце. Ни еден алкохолен пијалок, во ниедна земја во светот не е признаен како лек.

14

Page 15: Broshura Alkoholizam Kaj Mladite2

Алкохолот е хранлив!

Иако е раширено мислењето меѓу народот дека алкохолот е хран-лив, тој не содржи никакви хранливи материи или витамини кои би мо-желе да заменат некој оброк.Освен тоа што ослободува извесна коли-чина калории (7 кал. – 1гр.алк.) тој е способен да ги оштети сите клетки во телото, особено клетките на централниот нервен систем. Се мисли дека пиењето пред јадење е добро за апетит и за варење на храната. Па се пие пред јадење ракија, а по јадење пиво или вино. Кај, нас тоа е подигнато на степен на фолклорна традиција.

Факт

Под влијание на алкохолот се зголемува лачењето на хлороводо-родната киселина, која додатно ја надразнува слузницата на желудни-кот. За да се заштити таа лачи повеќе слуз, која има улога да ја заштити самата слузница. Клетките оштетени и од алкохолот и од зголемената киселина, отпаѓаат од слузницата на желудникот, која останува неза-штитена. Со тоа алкохолот, наместо да помогне при варењето на хра-ната, прави голема штета. Храната во желудникот со оштетена слузни-ца, предизвикува тегоби, па човекот избегнува храна. Познато е дека повеќето алкохоличари додека пијат, многу малку јадат.

Недвосмислено е дека алкохолот се зима за да помогне, но напротив предизвикува нови и посериозни проблеми. Домашниот алкохол, ако е неправилно произведен поради, неисправни буриња во кои ферменти-ра овошјето, неисправни бакарни казани за варење, премачкување на садовите со мед, додавање на некои мирудии во комењeтo, доведува до онечистување на домашно произведен алкохол, кој станува помалку безбеден. Фалбите на мајсторите за најдобра ракија или вино се ле-гендарни. Постојат и натпревари за тоа, ракијади, пиво – фест ... Како резултат на сево ова, можно е да се јави т.н. Бета – алкохолизам кој се јавува кај ваквите пијачи на алкохол, и со тек на годините се развиваат одредени, лабораториски докажливи црнодробни и други здравствени оштетувања.

Факт

Алкохолот не е хранлив, напротив доведува до промени во органите

15

Page 16: Broshura Alkoholizam Kaj Mladite2

за варење, се пореметува искористеноста на хранливите материи од храната, се јавува неухранетост и бројни телесни проблеми врзани за тоа.

Алкохолот топли и загрева!

Поради оваа заблуда , многу луѓе во зима пијат алкохол со наме-ра да се затоплат, а тоа го платиле со глава. Популарна е греаната ракија.

Факт

Заради дејството на алкохолот, доаѓа до проширување на крвните садови, особено поситните и на периферијата на телото(во кожата). При тоа, рецепторите за топлина примаат повеќе топлински дразби од крвта и даваат осет на топлина по цело тело.Всушност, во проширените крвни садови, крвта поспоро тече и се оддава топлина во надворешна-та средина и на тој начин се забрзува ладењето на телото. Алкохолот делува негативно на хипоталамусот, кој ја регулира телесната темпера-тура и доведува до понатамошно смалување на температурата и побрзо ладење.Зашеметени од наркотичното дејство на алкохолот, дремливи, некритични, со успорени движења, седнуваат или легнуваат да се од-морат, после што лесно и длабоко заспиваат во сон од кој нема будење. Тоа е причина зошто зимно време се сретнуваат замрзнати луѓе по раз-ни места, скоро секогаш се работи за замрзнати пијани луѓе кои заспале незаштитени, но убедени дека им е топло, т.н. “бела смрт”.

Факт

Ако не е под дејство на алкохол, човекот во слична ситуација, го чувствува студот, кожата се наежува, почнува да трепери, чувствува потреба за движење и активност, заштита која е единствен спас во слична ситуација.Алкохолот баш тоа му го одзема.

Алкохолот помага при несоница!

Луѓето кои патат од несоница, често својот проблем го решаваат со

16

Page 17: Broshura Alkoholizam Kaj Mladite2

неколку чашки алкохол пред легнување. Меѓутоа има голема разлика помеѓу алкохоличарски и здрав мирен сон.

Една од најголемите грешки кои се среќаваат меѓу народот, е и давање алкохол на бебиња, за да не плачат или побргу да заспијат. За да не плаче бебето ноќе, ќе се потопи цуцлата или прстот во алкохол, наместо во млеко и бебето зашеметено ќе заспие. Треба да се знае дека детскиот организам е далеку поосетлив и на мали количини алкохол од организмот на возрасниот човек. Алкохолот ја зголемува самодовербата!

Земен во мали количини, алкохолот има особина да кај луѓето пре-дизвика психичка олабавеност, релаксираност. За алкохолот, луѓето сметаат дека е најдобро, најефикасно и најдостапно сретство за постигнување убаво и пријатно расположение. Ако човекот е тажен, напнат или се соочува со некој проблем кој треба да го реши, со чашка или две, алкохол ќе се почувствува подобро, ќе се расположи, полесно ќе комуницира, ќе е позборлив, похрабар, лесно ќе се дружи со другите. Тоа се забележува и кај младите, кога сакаат полесно да се приближат до своите симпатии од спротивниот пол. Но, тоа е само моментална така наречена привидна самодоверба и не го решава проблемот во мо-менталната ситуација.

Факт

Во ситуации, каде е потребна бистра глава, полагање на испит, возење автомобил, на работното место, алкохолот предизвикува лажна самодоверба и лажна сила, која може да доведе до брзоплети и погре-шни одлуки и постапки. Ако човекот пред секој проблем, бара утеха во чашката, може лесно да ја помине границата на општествено дозволено пиење и да постане алкохоличар. Тоа се случува затоа што се создава навика за посегнување по чашка алкохол пред секој значаен настан во животот, како гореспоменатите.

Алкохолот е извор на енергија при физичка работа!

Тоа е старо и вкоренето мислење на нашиве простори, дека ал-на нашиве простори, дека ал- нашиве простори, дека ал-

17

Page 18: Broshura Alkoholizam Kaj Mladite2

кохолот дава додатна енергија, која е неопходна во извршување на секојдневните активности. Оваа заблуда, во голема мерка може да биде погубна, за оние кои веруваат во тоа. За целодневна работа, физичкиот работник троши многу енергија.

Факт

Со разработка на алкохолот во организмот се добива на 1 грам, 7 калории. Неговата оксидација се одвива само во јетрата, а ослободени-ории. Неговата оксидација се одвива само во јетрата, а ослободени-. Неговата оксидација се одвива само во јетрата, а ослободени-те калории не можат да се користат за работа, бидејќи енергијата не се ослободува во мускулите. Ослободената енергија во вид на топлина се ослободува од организмот. Поради тоа, срцето мора забрзано да рабо-ти, се прошируваат капиларите на површината на телото, се зголемува потењето, се забрзува дишењето. Истовремено алкохолот ја смалува работната сила на мускулите, а уморот не се чувствува и човекот има илузија дека може повеќе да издржи во работата. Неповолните после-дици од долгогодишно пиење при работа се катастрофални, бидејќи до-ведуваат до многу сериозни оштетувања на срцевиот мускул, мозокот, јетрата и сите органи осетливи на алкохол.

Мамурлокот може успешно да се лекува!

За побрзо отрезнување се применуваат најразновидни домашни ре-цепти за да се сузбие мамурлокот, главоболката, повраќањето. Најчесто се препорачува, кафе, ладен туш, расолница, физички вежби, солена вода и што уште не.

Факт

Ниту една домашна терапија не може да направи ништо, за да се на-мали крвната алкохолна концентрација. Таа опаѓа со константна брзина од 0,1 % до 0,2% на 1 час и на тоа не може да се влијае од надвор. Тоа е количина од една стандардна пијачка на час. Разградбата на алкохо-лот е исклучиво врзана со неговата преработка во јетрата.Само 10% од алкохолот се елиминира преку урина, пот, дишење, додека останатите 90%, мораат да поминат низ процесот на метаболичка разградба во јетрата.

18

Page 19: Broshura Alkoholizam Kaj Mladite2

Газираните алкохоли помалку опиваат!

Тоа е стара приказна. И многу луѓе се апсолутно убедени дека пиејќи разреден алкохол, со кисела вода или со сода – вода на пр. шприцер, можат многу повеќе да испијат, без да ги фати. Често пати слушаме дека ако пијат чисто ќе ги боли глава.

Факт е спротивното.

Растворениот јаглен двооксид како составен дел на газираните и пенушавите пијалоци, шприцер, пиво, шампањско и др. се ослободува во желудникот и во вид на меурчиња се лепи и ја дразни стомачна-та слузокожа, а како последица имаме проширување на крвните са-дови во стомачниот ѕид (артериоли и капилари ), а со тоа и забрзана ресорпција на алкохолот. Со едноставни зборови, тоа значи забрзано опијанување.

Газираните алкохоли побрзо опиваат.

Ако се испие иста количина и вид алкохол и во исти услови, значи алкохолен пијалок без додаток на газирзн пијалок, а другата во гази-рана форма на алкохолен пијалок, побрзо ќе се опијани оној кој испил газиран алкохол.

Ова се само дел од заблудите, кои со децении егзистираат на нашите простори. Потребни ќе бидат години напорна работа на полето на здравствено просветување и едукација, за да се промени нешто на овој план.

19

Page 20: Broshura Alkoholizam Kaj Mladite2

3. ПРИЧИНИ КОИ ГИ ПРЕДИЗВИКУВААТ БОЛЕСТИТЕ НА ЗАВИСНОСТ КАЈ МЛАДАТА ПОПУЛАЦИЈА И ПОТРЕБАТА ОД КОМБИНИРАНА УПОТРЕБА НА

ПСИХОАКТИВНИ СУПСТАНЦИЉиљана Димитровска Спец. по мед. Психологија

Причините кои ги предизвикуваат болестите на зависност се мултифакторијални. Нив можеме да ги поделиме во три категории и тоа:

Личност 1. Средина2. Психоактивни супстанци3.

Кога е во прашање личноста на младиот човек кој има предиспозиција или веќе развил зависност од никотинизам, алкохол, дрога, таблети не може а да не се посвети внимание на биолошкиот и социјалниот аспект на сите можни фактори кои влијаат врз развојот на личноста. Проблематичното однесување во семејството директно е врзано за адикција (пиење во семејството, проблем со алкохолот, зависнички образец на функционирање, неконтролирано земање на таблети). Однесувањето во семејството на индиректен начин подготвува адекватна клима за развивање на зависност. Битни причинители се:

Емоционална дистанца помеѓу членовите во семејството;

Патолошкиот начин на комуникација најчесто низ агресија и отфрлање; Нарушена хиерархија и граници.

20

Page 21: Broshura Alkoholizam Kaj Mladite2

Родителите можат да влијаат во формирањето ставови за алкохолот и дрогата кај децата, посебно доколку се блиску до нив во фазата на пубертет, тинејџерски и адолесцентниот период. Адолесценцијата е најважен период во животот на човекот. Во овој период се формира личниот и полниот идентитет, се воспоставува хетеросексуална релација, изборот на професија, сепарација од родителите. Во овој период младите се уште чувствителни посебно кон своите врсници, тие се сугестибилни и често ги менуваат своите ставови. Кај дел од младите кај кои настанала конфузија на идентитетот овој период им е неподнослив. Во неможноста да се справат со притисоците посегнуваат најчесто кон алкохол, потоа дрога и други психоактивни супстанци а потоа развиваат и зависност.

Најчесто испитот на зрелоста не го положуваат младите кои имаат проблем со прифаќање на авторитет (родителите, професори). Оние млади кои експериментираат, кои ризикуваат, не сакаат да учат од искуството на постарите, тие сакаат сами да донесуваат заклучоци, да доживуваат силни емоции, имаат поголеми предиспозиции на патот кон зависностите, кон деликвенцијата и промискуитетот. Овој период не е лесно да се одживее. Иако желбите, мислите, чувствата на некој начин се исти како и тежнението кон оригиналност, важност, слобода, осетливо, пркосно и бунтовно однесување, сепак секој млад човек поминува на свој начин низ овој развоен период.

На зовриеното нежно, лесно ранливо суштество алкохолот, дрогата, никотинот, таблетите доаѓаат како “мелем за душа„. Овие супстанци имаат моќ да донесат лажна, привремена сигурност, храброст, слобода од досада и осаменост. Желбата да се остане во што е можно подолг период во вакво рамновесие ги поттикнува младите кон употреба на комбинирани алкохолни пијалаци.

Ако на младите им е оневозможен приодот кон главното средство кое тие го употребуваат многу често прифаќаат други психоактивно средство кое им е на дофат. Комбинацијата од различни средства може да биде поради:

Постигнување на појако дејство;

Намалување на напнатоста од недостаток на главното средство кое го употребуваат;Поради високата цена или недостапноста во моментот.

21

Page 22: Broshura Alkoholizam Kaj Mladite2

Со тек на време се развива зависност од сите користени супстанци. Користените комбинации може да задоволат повеќе потреби на пример, да се смират, да се разбудат или развеселат. Дел од младите кои се вовлечени во овој проблем се добро информирани односно им се познати индикации и контраиндикациите на супстанците кои ги примаат што им дава за право самите на своја рака да прават одредени комбинации на супстанци. Најчести комбинации кои ги прават младите се:

Алкохол и цигари;

Алкохол и канабис;

Алкохол и кокаин;

Опијати со кокаин за зголемување на еуфорија;

Седативи и барбитурати.

Во случај опијатите да бидат недостапни за нив, младите применуваат седативи, алкохол и психостимулативни средства. Ако постои комбинирана зависност од опијати, седативи и алкохол, апстиненцијалните кризи можат да бидат многу повеќе изразени, а интоксикацијата најчесто е смртоносна. Ваквата зависност доведува до поголемо оштетување на организмот, постои поголем ризик од предозирање и поголема тенденција кон самоубиство.

Кај младите алкохолот, дрогата, таблетите стануваат диктатор што од младиот човек прават марионета, роб, човек без личност, без морал и карактер.

22

Page 23: Broshura Alkoholizam Kaj Mladite2

4. СОМАТСКИ (ТЕЛЕСНИ) КОМПЛИКАЦИИ КАЈ МЛАДИ КОИ ЗЛОУПОТРЕБУВААТ АЛКОХОЛ

Прим.Др.Вилма Лазарова, невропсихијатар

Надворешен изглед - доста карактеристичен и сам по себе оддава дека се работи за алкохолизирано лице. Често пати постои неуредност, здив на алкохол (halitus), кој се обидува да го маскира со разни средства - парфеми, мастики за џвакање и сл. Посебно е упадливо лицето (facies alcoholicas) со нагласен капиларен цртеж на образите, подуеност, закрвавени очни белки, отечени долни капаци на очите. Кожата е сува, во некои случаи со карактеристични промени по лицето и екстремитетите кои настануваат поради недостаток на витамини од групата Б, т.н. пелагроидни промени. Тие се одликуваат со зголемена пигментација и ранливост на кожниот епидерм.

Дигестивен тракт - алкохолот се внесува во организмот преку дигестивниот систем, па природно е што тој е најмногу погоден. Забите се често пати запуштени, а слузокожата на устата, ждрелото и хранопроводот трпи последици од иритирачкото дејство на алкохолот и реагира со воспалителни промени. Тие се причина за утринските мачнини и повраќања кај алкохоличарите. Во долниот дел на хранопроводот, заради притисокот кој на крвните садови го врши зголемениот црн дроб, доаѓа до проширување на венските сплетови (varices oesophagi) и крварења кои се многу сериозни, дури и смртоносни, па се повод за итни хируршки интервенции.

Често пати се јавува воспаление на слузокожата на желудецот (gastritis), кое го објаснува отсуството на чувство на глад и губитокот на апетит, што допринесува да се забрза телесното пропаѓање. Со тек на време може да се развие чир на желудецот или на дванаесетпалечното црево. Слични воспалителни промени се јавуваат и на цревата. Поради тоа е отежната апсорпцијата на витамините и хранливите супстанци

23

Page 24: Broshura Alkoholizam Kaj Mladite2

и доаѓа до заболувања поврзани со недостаток на истите, особено на витамините од групата Б.

Сл.1. Оштетувања на органите предизвикани со пиење на алкохолни пијалаци

Црн дроб - по правило е оштетен кај лица кои подолг период злоупотребуваат алкохол. Црниот дроб поради својата важност во преработката на токсините е наречен “лабораторија на организмот”. Во тек на еволуцијата на алкохолизмот се разликуваат два стадиуми на оштетување на црниот дроб. Почетниот, полесен облик на оштетување е т.н. замастен црн дроб (steatosis hepatis, сл. 2), кој е минлив доколку се прекине се алкохолна конзумација.

24

Page 25: Broshura Alkoholizam Kaj Mladite2

Сл.2. Типичен хроничен хепатит со почетна цироза.

Во случај алкохоличарот да продолжи со пиење, доаѓа до трајно оштетување - цироза на црниот дроб (cirrhosis hepatis, сл. 3). Тоа е тешка и практично неизлечива болест кај која специфичните црнодробни клетки се заменети со сврзно и масно ткаење. Во завршната фаза на болеста доаѓа до собирање на слободна течност во стомачната празнина (ascites).Со апстиненција од алкохол и терапија циротичниот процес може да се успори.

Сл.З. Изразена активна цироза

Панкреас - е жлездест орган сместен крај дванаесетпалечното црево, одговорен за лачење на ензими за варење на храната, како и за одржување на нивото на шеќерот во крвта. Неговото оштетување

25

Page 26: Broshura Alkoholizam Kaj Mladite2

доведува до т.н. алкохоличарски дијабет како и до воспаленија кои можат да бидат проследени со напади на жестоки болки и тешки компликации.

Срце - се јавува оштетување на срцевиот мускул т.н. алкохолна кардиомиопатија ,за кое причина е директното токсично дејство на алкохолот и недостатокот на витамини од групата Б.

Крвни садови - забрзани се промените на крвните садови со артериосклероза, оштетување на венскиот систем и зголемен артериски крвен притисок.

Сл.4. Стеснувањето на крвните садови доведува до смален проток на крв во мозокот

Респираторен систем - чести се промени на дишните патишта со хроничен бронхитис. Исто така, туберкулозата е често здружена.

Ендокрини нарушувања - кај женската популација која злоупотребува алкохол се јавуваат пореметувања во менструалниот циклус. Опишан е т.н. Алкохолен фетален синдром, со ментална ретардација и многубројни деформитети кај детето чија мајка конзумирала алкохол во време на бременоста. Кај мажите се јавува импотенција, понекогаш и стерилитет.

Скелетен и мускулен систем - доаѓа до губиток на мускулна маса и губиток на калциум од коските, па зачестено доаѓа до разни трауми и скршеници, посебно до повреди на черепот, бидејќи постојат чести

26

Page 27: Broshura Alkoholizam Kaj Mladite2

падови во алкохолизирана состојба.Централен и периферен нервен систем - мозокот трпи

штетни последици од честото алкохолизирање. Поради директното токсично дејство на алкохолот и недостатокот на витамини, посебно на витамините од групата Б, доаѓа до пропаѓање на мозочните клетки, а бидејќи нервното ткиво нема способност да се обновува доаѓа до трајно мозочно оштетување - мозочна атрофија, која доведува до деменција т.е. до глобален пад на интелектуалните функции и помнењето. Заради нарушување на функциите на централниот нервен систем се јавува и падавица, односно Алкохолна епилепсија (Epilepsia alcoholica) со напади на губиток на свест и грчеви на мускулатурата, што е доста драматично. Ако овие напади зачестат, особено ако се јават последователно еден по друг може да биде загрозен и животот на алкохоличарот. Со успешна апстиненција нападите не се повторуваат.

Често се манифестираат и знаци за оштетување на периферниот нервен систем - Алкохолна полиневропатија (polyneuropathia alcoholi-ca), што претставува воспаление на периферните нерви со оштетување на миелинската обвивка на нервот. Ова заболување се манифестира со трнење, боцкање, болки и студенило долж екстремитетите, посебно нозете. Се јавува тремор на рацете, а во подоцнежните стадиуми доаѓа до пропаѓање на мускулната маса со слабост на долните и горните екстремитети.

Сл. 5. Патолошки промени на мозокот

27

Page 28: Broshura Alkoholizam Kaj Mladite2

Имунолошки систем - доаѓа до слабеење на одбранбените сили на организмот со подложност на инфекции, често заболуваат од респираторни и други воспалителни процеси, па и најбанален грип може да го загрози нивниот живот.

За алкохоличарите е карактеристично прерано стареење со значаен пад во интелектуалните функции, рана смртност и скратен животен век.

28

Page 29: Broshura Alkoholizam Kaj Mladite2

5. ПСИХИЧКИ ПОСЛЕДИЦИ ДО КОИ ВОДИ АЛКОХОЛИЗМОТ

Др. Кристина Василевска

Долгогодишната злоупотреба на алкохол води до низа промени односно бројни нарушувања на сите психички функции: се намалуваат концентранијата и помнењето, мислењето е отежани и забавено, се намалува интелектуалната ефикасност, карактеристични се емоционалните промени на расположението, често се присутни напнатост, страв, равнодушност, раздразливост или незаинтересираност. Волјата и нагоните исто така се смалуваат.Алкохолизмот води до промена на карактерот на личноста и појава на алкохоличарско однесување. Алкохоличарите најчесто го минимализираат или негираат проблемот, се обидуваат да најдат оправдување за себе и своето неодговорно однесување и многу често вината за сопствените проблеми ја префрлаат на другите.Најтешките психички компликации на алкохолизмот представуваат алкохолните психози, од нив најчест и најтежок е елкохолниот делириум.

Акутно патолошко напиена состојба.

Патолошкото пијанство се јавува поради неподносливост или преосетливост кон алкохолот. Вообичаено се јавува нагло, по испивање на мали количини алкохол. Се карактеризира со настап на стеснета свест, конфузност, страв, немир, променето однесување, а понекогаш се присутни илизии и халуцинации. Оваа состојба трае кратко време од неколку часа до неколку дена и завршува со длабок сон, по што се јавува несеќавање односно амнезија на предходно случените настани. Оваа состојба може да се јави и кај неалкохоличари.

29

Page 30: Broshura Alkoholizam Kaj Mladite2

Делириум тременс алкохолизмус (алкохолно лудило)

Представува најчеста компликација на алкохолната болест. Алкохолниот делириум настанува кај долгогодишни алкохоличари кои нагло прекинуваат со пиењето или значително ја намалуваат дневната доза на испиен алкохол. Најчесто на оваа состојба и предходи пределирантна состојба која се карактеризира со вознемиреност, несоница, тресење на рацете, повраќање, малаксаност, потење, забрзана срцева работа, зголемен крвен притисок, напнатост, нервоза, главоболка, понекогаш епилептични напади и креаткотрајни видни и слушни измами-халуцинации. Делириум тременс најчесто се јавува во вечерните и ноќните часови и се карактеризира со интензивен страв, немир, тремор, несоница, стеснета свест, халуцинаторни доживувања најчесто во облик на змии, гуштери, изобличени слики и сл. Оваа компликација на алкохолизмот се лекува во болнички услови, може да трае 7 до 10 дена, по што пациентот заспива во длабок сон, а потоа има амнезија за предходните доживувања. Смртноста на оваа компликација е до 15%.

Сл. 5. Халуцинации на алкохоличарот во алкохолен делириум

Алкохолна халуциноза

Алкохолната халуциноза е карактеристична за млади личности кои злоупотребуваат алкохол релативно кратко време ( 3-4) години). Основна карактеристика кај алкохолната халуциноза представуваат

30

Page 31: Broshura Alkoholizam Kaj Mladite2

слушните измами (аудитивни измами) кои во почетокот се јавуваат во форма на неодредени шумови како зуење, гребење, тропање, а потоа слушање на гласови кои имаат непријатна содржина како закани, наредби и сл. Во почетокот постои негирање на проблемот, а потоа под влијание на слушните измами се јавува страв, вознемиреност, депресивно расположение и настапи на агресивност.

Корсакова психоза

Корсакова алкохолна психоза се развива по повеќегодишна алкохолна злоупотреба. Основна карактеристика на оваа алкохолна компликација представува амнестички синдром со конфабулации, односно се создава празнина во сеќавањето за понови случувања кои се надоплнуваат со нереални и нелогични измислени од пациентот содржини.

Алкохолна параноја, алкохолна патолошка љубомора

Алкохолна патолошка љубомора се развива по долготрајна алкохолна злоупотреба, почесто кај мажите по четвртата деценија од животот. Се карактеризира со сомничавост, недоверба, љубомора, психичко и физичко малтретирање на брачниот партнер со цел да се изнуди признание за неверство. Карактеристично за алкохолната љубомора е што овие идеи се без реални основи и често се апсурдни. Со текот на времето овие љубоморни идеи се продлабочуваат до развивање на општа сомничавост и недоверба кај луѓето.

Деменција

Алкохолната деменција се јавува при долгогодишна алкохолна злоупотреба како резултат на долготрајна алкохолна интоксикација која води до оштетување на мозокот и пропаѓање на мозочните клетки. Карактеристично за алкохолната деменција е пропаѓање на интелектуалните и емоционалните капацитети и целосна социјална неефикасност.

31

Page 32: Broshura Alkoholizam Kaj Mladite2

6. АЛКОХОЛИЧАРСКОТО СЕМЕЈСТВО КАКО ФАКТОР ЗА ПОРЕМЕТУВАЊА КАЈ МЛАДИТЕ

Љубица Јаневска спец. Социјален работник

Функционалноста и дисфункционалноста на семејството

Семејството е основна општествена заедница на мажот, жената и нивните деца. Неговата цел е поврзана со создавање на младо, способно и стабилно поколение. Со исполнувањето на психолошките и социјалните функции семејството ги обогатува своите членови со социјални, етички, духовни и естетски квалитети. Семејството е единствена социјална група во која членовите во текот на целиот свој живот се емоционално поврзани. Целта на постоењето на семејството е на неговите членови да им се обезбедат услови за правилно растење и развој во текот на различните фази од животниот циклус. Емоционалната топлина, заштитата, подршката, совладувањето на социјални и комуникациски вештини, се стекнуваат во семејството со што им се овозможува на младите успешно вклучување во заедницата. Тоа функционира како жив систем кој е во постојани промени. Секој во системот има свое место и улога, сите членови влијаат едни на други и меѓусебе сочинуваат сложен систем. Системскиот приод на функционирањето на семејството овозможува да се разбере неговата дисфункционалност при појава на проблеми.

Дисфункционалноста во семејството се рефлектира на младите, создавајќи проблеми во процесот на нивното созревање и осамосталување. Може да се јават сериозни емоционални проблеми заради лошата семејна клима, запоставеноста, пореметените комуникации и насилствата. Исто така се јавуваат проблеми во функционирањето, проблеми во однесувањето, криза со идентитетот, појава на различни психосоматски заболувања и болестите на зависност.

32

Page 33: Broshura Alkoholizam Kaj Mladite2

Економската криза, малигните заболувања и смртта во семејството може да предизвикаат различни емоционални реакции како чувство на несигурност, напуштеност и страв при што семејството може да биде наполно дисфункционално и неадекватно да се постави кон младите членови.

Алкохолизмот во семејството како причина за пореметувања кај децата

Алкохолизмот во семејството е високо ризичен фактор за настанување проблеми кај младите. Неговото негативно делување се манифестира на повеќе начини. Во процесот на социјализација родителот алкохоличар е модел за идентификација, така што децата го прфаќаат пиењето и тој модел на однесување како реалност. Основни проблеми кои се јавуваат кај алкохоличарските семејства се потешкотиите во комуникација и насилното однесување.

Семејството во кое има алкохоличар се гледа на два начина:

Примарно, семејството е причина за пиење, што произлегува 1. од повеќе фактори како што се производство, складирање и честа употреба на алкохолот и негово лесно прифаќање во домот. Исто така и традидиционалните и културолошките делувања кај нас се такви што пиењето е прифатено како нормален образец на однесување во семејствата. Како резултат на сето тоа доаѓа до задоцнето препознавање на алкохоличарот во семејството. И секундарно, семејството како резултат на горенаведената 2. примарна причина, со развивање на алкохолизам кај некој од членовите, семејството станува жртва на алкохолизмот. Децата од мали учат дека во светот на возрасните се влегува со пијалок.

33

Page 34: Broshura Alkoholizam Kaj Mladite2

Најчести карактеристики кои се јавуваат кај алкохоличарите, а се одразуваат на децата и семејството:

Неспособност за превземање на сопствена одговорност во рамките на семејството. Се работи за секојдневни задолженија во домаќинството, кои постепено ги превзема другиот партнер;Нереалистичен и нездрав пристап кон живеењето, како и емоционална и социјална незрелост. Ограничени способности на зависникот за обезбедување на семејните потреби, неспособност да ја превземе очекуваната улога во семејниот систем, при што се поместуваат улогите во семејството;Неадекватност во одредени области во семејниот живот, што се однесува на искривување на родителските, брачните и семејните улоги;На алкохоличарот му недостасува самодисциплина, која се манифестира со неуравнотеженост, непостојаност, недоследно и импулсивно однесување;Преокупираност со себе си, егоцентричност, која често му оневозможува да ги прифати и согледа потребите и тешкотиите на другите членови на семејството, што допринесува кон незадоволство и нетрпеливост;Негативен и амбивалентен став кон авторитети, допринесува за неможност да ја задржи работата, па се јавуваат конфликти и проблеми. Воедно постои и проблем со прифаќање на авторитетот на глава на семејството. Тоа може да предизвика недостиг на дисциплина или претерана строгост па доаѓа до непријателство и конфузија;Површниот начин на однесување, допринесува алко-холичарот де е оневозможен во искажување на љубов и чувства кои се неопходни за развој на семејниот живот. На децата со тоа им се ограничени можностите да се развијат во здрави, емоционални и топли личности;Интересирањата на алкохоличарот се ограничени, што прети за самоизолирање, но и отфрленост од поширокото

34

Page 35: Broshura Alkoholizam Kaj Mladite2

семејстно и пријателите, а и децата се повлекуваат и имаат површни и ретки контакти со нивните врсници.

Опишаните карактеристики, реакциите и интеракциите во семејството предизвикуваат длабоки и сериозни пореметувања на виталните функции на семејството, кои напредуваат и завземаат патолошки размери. Алкохолното заболување во семејството, а особено на еден од сопружниците доведува до нарушување на семејната динамика и на сите семејни функции. Во цикличниот модел на алкохолизам, алкохоличарот во зависност од пиењето или апстиненцијата различно се однесува. Во периодот на апстиненција покажува голема заинтересираност за семејството, поготово за децата, а кога пие е груб, незаинтересиран и агресивен. Децата во овие семејствата се споредуваат со експериментални субјекти затоа што во контрадикторните услови во кои живеат доживуваат стрес и психички трауми. Тие се постојано меѓу надежта и разочарувањето и најчесто се занемарени и одфрлени од родителот кој пие, а и од оној кој не пие. Родителите се оптоварени со лични проблеми и потреби, а децата се запоставени бидејќи сета енергија родителите ја трошат меѓусебно. Родителството само по себе може да биде неподнослив терет за алкохоличарот. Тој или таа, се плаши од зголемена одговорност и можноста да биде лишен од вниманието на партнерот. Заради тоа доаѓа до одфрлување на децата. Или родителот кој не пие, претерано ги придобива и врзува децата со што доаѓа до табурирање во семејството. Основните потреби на младите за љубов и сигурност се незадоволени. Потребни им се и двајцата родители кои всушност ги нема. Родителскиот модел и стандард на однесување е искривен и несоодветен. Специфични се пореметени улоги и одлучувања, а присутна е и манипулација со децата. Од нив се бара да се определат за еден од родителите, а бидејќи „заради нив се оддржува бракот“ децата се чувствуваат одговорни за семејната клима. Не знаат како да се однесуваат, што се очекува од нив и што тие да очекуваат од другите. Синот има потешкотии во идентификацијата како иден маж, а ќерката формира искривена слика за својата женска улога.

Последиците кај децата зависат од староста и развојниот период. Помалите деца покажуваат психосоматски реакции со различни облици на однесување, навики, регресија и пореметување на личноста на детето.

35

Page 36: Broshura Alkoholizam Kaj Mladite2

Поголемите деца посебно адолесцентите може да имаат впечатливи пореметувања на психички план кои се манифестираат со тешкотии во пронаоѓање на сопствениот идентитет, емотивна лабилност, амбивалентност, пасивност, непристојност, несамостојност, агресивност, несигурност и сл. Успехот во училиште е важен индикатор за функционирање на детето. Забележан е висок степен на слаб училишен успех, бегање и напуштање на училиштето и неможност за стекнување на образование и квалификации.

Кај некои деца се јавуваат проблеми на социјално прилагодување кое може да оди до ектремно однесување, од агресивност и асоцијално однесување до мирно и изолирано однесување.

Проблемите кај децата не треба да се разберат генерализирано, бидејќи и покрај тешкотиите постојат и дел од децата кои добро се социјализирани и успеваат недостатоците во семејниот живот да ги компензираат со постигнување на високи резултати во образованието, ангажирање во различни активности и позитивно усмерување. Но за жал децата кои се жртви на семејно насилство, најчесто и самите се развиваат како насилници со различни облици на пореметувања во однесувањето. Зад нивната насилност се крие несигурност, одфрленост, емоционално студенило, недоверба во средината. Често се здружуваат во групи со деструктивно агресивно и насилно однесување. Присутна е злоупотреба на алкохол, дрога, цигари и други психотропни супстанци.

Превенција и третман на проблемите на децата во алкохоличарското семејство

Превенирањето на проблемите на младите бара систематско, континуирано работење со младите во семејствата, посебно во високо ризичните семејства, од страна на воспитно образовниот кадар и институциите, како и од страна на работниците на спортските клубови, кампови, невладини и други организации кој се бават со активности за млади. Заради тоа потребна е едукација на гореспоменатите за соодветно и лесно препознавање на симптомите на семејниот алкохолизам и последиците кај децата. Сето тоа вклучува работа за рано одкривање на пореметувањата и на проблемите кај децата и нивно насочување да се вклучат во специфични програми. Тие програми ќе им овозможат да ги препознаат причините за своите чувства и реакции

36

Page 37: Broshura Alkoholizam Kaj Mladite2

во одредени состојби. Работата со децата може да биде индивидуална (со помалите деца) и групна со поголеми деца - адолесценти. Специфични цели во третманот на децата се:

Да стекнат увид и перцепција за сопствената состојба.

Да станат свесни дека имаат можност состојбата во која живеат да ја променат и да имаат сопствен избор.Преку психосоцијални работилници да се работи на градење на самодоверба и самопочит што представува појдовна точка за понатамошна успешна работа во ресоцијализација и стекнување на социјални вештини.Да се поттикнат здрави животни стилови кои ќе помогнат за стекнување на одпорност и создавање на чувство на безбедност, прифатеност и нудење на адекватен модел за идентификација, редефинирање на семејните улоги како и завземање на сопствена улога во семејството и лично афирмирање.Да се работи индивидуално и групно на нестабилните емоционални состојби во семејството бидејќи запоста-вувањето и насилното однесување кај некои деца пре-дизвикуваат агресивност и деструктивност. Агресивноста не е само научено однесување, туку тоа укажува и на лична несигурност, недостаток на самодоверба и лична самопочит, емоционална глад, проблеми во адаптирање, незадоволство и страв.

Широка можност за превентивно делување преку своите специјални програми нудат невладините и хуманитарните организации. При што таа помош ја даваат тимови од стручњаци и волонтери кои работат во советувалишта, на терен, во структурите при локалната заедница и семејствата, како и преку постојано отворените сос телефонски линии за информации и помош во врска со алкохолизам, дроги и насилство.

37

Page 38: Broshura Alkoholizam Kaj Mladite2

7. АЛКОХОЛИЗМОТ КАЈ ЖЕНСКАТА ПОПУЛАЦИЈАДр. Марина Владимирова

Алкохолизмот кај жените долго време бил проценуван со едноставно генерализирање на сознанијата и податоците за алкохолизмот кај мажите. Ова е условено од фактот што на лекување се јавувале воглавно мажите. Алкохолизмот кај жените е социјално медицински проблем кој оди во нагорна линија. Во минатото алкохолизмот кај жените во однос на алкохолизмот кај мажите бил 1:10, но од пред триесетина години тој сооднос се намалува, така што сега е 1:3 во полза на мажите. Располагаме со податоци дека во САД и Англија овој сооднос е изедначен.

Општествените ставови кон алкохолизмот кај мажите и кај жените се различни. Според нив суштинската разлика помеѓу нив е далеку од декларираната. Традиционално сватено заради својот алкохолизам жената алкохоличар брзо доживува социјална деградација. Семејството, а особено партнерот не можат да ја прифатат поинаква одошто тоа го бара општествениот модел. Заради тоа алкохолизмот кај неа води кон брз и неодминлив семеен распад, сопругот нема разбирање за неа и недоволно учествува кај терапискиот процес. Од практична гледна точка, тоа претставува голем тераписки проблем. Од друга страна жената алкохоличар мошне тешко го доживува своето алкохоличарско однесување.

Современата жена исклучително ангажирана како на професионален, така и на семеен план. Наметнатите обврски ја прават напната, субдепресивна, хронично уморна. Ретките гратификации и признанија не се доволни да ја променат нејзината општа емотивна состојба. Еднаквоста за која се изборила ја обезбедила нејзината значајна улога во општеството, но од жената и понатаму се очекува да биде добра мајка, сопруга, беспрекорна во обавувањето на домашните обврски.Динамиката на ваквото живеење и потребата од растеретување од

38

Page 39: Broshura Alkoholizam Kaj Mladite2

обврските доведуваат жената да посегне по алкохолот. Алкохолизмот кај жената е најчесто симптоматски. Тоа би можело да биде објаснување за брзиот развој на зависност, физичко и психичко пропаѓање.Толеранцијата е пониска и често конбинирана со злоупотреба на психоактивни медикаменти, а тенденцијата кон суицид е нагласена.

Некои физиолошки карактеристики на женското пиењеСтудиите кои го проучуваат женскиот алкохолизам зборуваат за

тоа дека за настанувањето на алкохолизмот кај жената потребен е помал временски период на прекумерно пиење. Исто така е познато дека алкохолната интоксикација настанува многу побрзо отколку кај мажите.

Алкохолот во телото на жената се однесува поинаку од алкохолот во телото на мажот. Жените имаат помал процент на вода во целокупниот организам и поради тоа имаат поголема концентранија на алкохол во крфта од мажите по испивање на иста количина на алкохол. Кај нив постои евидентна намалена активност на алкохол на дехидрогенеза која е непосредно вклучена во метаболизмот на алкохолот која што може исто така да придонесе кон зголемената концентрација и осетливост на алкохол.

Флуктацијата на женските хормони и нивните вредности во тек на менструалниот циклус може да влијае врз метаболизмот на алкохолот, правејќи ја жената поосетлива на зголемувањето на количината на алкохол во крвта во различни фази од циклусот.

Женскиот алкохолизам и последиците од негоАлкохолизмот кај жената остава потешки последици одколку кај

мажот. Жените алкохоличарки имаат 50 – 100% поголема смртност, отколку мажите алкохоличари. Многу студии одат и до таму што говорат дека умереното до тешкото пиење го зголемува ризикот за настанувањето на ракот на дојката поради зголемување на нивото на естрогенот женски хормон при консумирање на поголеми количини на алкохол.

Во пследните дваесетина години бројните истражувања покажале дека жените кои консумираат алкохол во текот на бременоста имаат поголем ризик од прекинување на истата, а новороденчињата кај овие особи често имаат помала тежина и висина. Исто така откриен е и таканаречен фетален алкохолен синдром кај деца чии што мајки во

39

Page 40: Broshura Alkoholizam Kaj Mladite2

текот на бременоста консумирале алкохол. Таквите деца се раѓаат со редукција во интелектуалните функции.

Жените алкохоличарки почесто се жртви на насилство, особено на сексуална злоупотреба.

Предиспозиции кои влијаат врз развојот на алкохолизмот кај жената

1. Жените се рангираат во групата на секундарни алкохоличари, што значи дека кај нив алкохолизмот е последица на одредени психолошки проблеми.2. За развојот на алкохолизмот кај жената, освен социокултуролошки, важни се и индивидуалните и брачно-семејните фактори:

Индивидуални: осаменост, несигурност, стрес, намалена a) самодоверба и самопочит, пречувствителност, тензија, депресија ...Семејни незадоволство од бракот, губиток на сопруг, b) заминување на децата од домот, завршување на мајчинската улога и сл.

Клиничкото испитување на пациентки третирани во Дневната болница за алкохолизам го потврдија горе наведеното. Истражувањето особено беше насочено кон структуралните елементи присутни кај личноста како важни индикатори за развојот на зависноста од алкохол кај жените.

Кај најголем број од испитаничките се доби невротски профил на лишеноста со најизразени депресивни елементи, но со присуство на хипохондриски и хистероидни елементи.

Поради сѐ уште различниот став во однос на алкохолизмот кај жената и алкохолизмот кај мажот, жените ретко се обраќаат за помош и лекување поради што последиците и компликациите кај нив се посериозни. Доколку се обратат кај лекар поради одредени симптоми кои се последица од алкохолизмот, тие и несакаат истите да ги доведат во врска со него, не се искрени во своите интерпретации доведувајќи го лекарот во заблуда. Така тој препишувајќи им различни лекови, не сакајќи допринесува кон стварање на вкрстена зависност (таблетоманија).Подршката од партнерот кај овие жени е сосема мала или воопшто не постои, па така и разводот кај нив е најчесто решение.

40

Page 41: Broshura Alkoholizam Kaj Mladite2

8. АЛКОХОЛИЗИРАЊЕ И СЕМЕЈНО НАСИЛСТВОБилјана Симеонова, социјален работник

Алкохолизмот претставува тежок социјално - медицински проблем, чии последици негативно се рефлектираат не само на лицето кое боледува од алкохолизмот, туку и на неговото семејство, работната и пошироката општествена средина.

Со текот на развојот на алкохолната болест како што доаѓа до нарушување на телесното и психичкото здравје на алкохоличарот, така доаѓа и до низа социјални и семејни проблем кои се јавуваат како последица од алкохолизмот.

Алкохоличарот го менува своето однесување и од совесна и пристојна личност, се претвара во личност која ги жртвува своите децата, своето семејството, работата, сѐ само заради пиењето, бидејќи ништо друго освен алкохолот не постои во неговиот живот. Повеќето алкохоличари го губат чувството на пристојно однесување во својот дом и во средината во која живеат и работат. Обврските во семејството сосема ги занемаруваат, како и грижата околу подигањето и воспитувањето на своите деца, при тоа не водејќи сметка за нивните чувства и потреби. Единствена преокупација им претставува начинот како да дојдат до алкохол, а неконтролираното пиење и трошење на пари го доведува семејството во многу тешка материјална положба.

Значи алкохолизмот како болест го погодува целото семејство на алкохоличарот. Доаѓа до дисфункционалност во семејството, материјално осиромашување, изолација и губење на општествениот углед. Топлите емоционални односи исчезнуваат меѓу членовите на семејството, а сѐ поприсутен е стравот, несигурноста и неизвесноста од грубото агресивно однесување на алкохоличарот, кој често пати вербално и физички ги напаѓа сопругата, децата и родителите.

Поради сето ова алкохолизмот е сериозен проблем, кој треба

41

Page 42: Broshura Alkoholizam Kaj Mladite2

да се лекува. Некритичноста, несфаќањето и немањето увид на состојбата во која се наоѓаат се најчеста карактеристика на лицата кои злоупотребуваат алкохол. Затоа ретки се моментите кога лицата доброволно се јавуваат на лекување, а одлуката да дојдат на лекување е најчесто поради нивните многубројни здравствени компликации кои се резултат на пиењето на алкохол. Често помош за лекување на алкохоличарот бараат и членовите на неговото семејство, поради неговото насилно однесување. Алкохолизмот и насилството се поврзуваат поради дезинхибирачкото влијание на алкохолот врз нервните клетки, што допринесува за неможноста за ублажување или пренасочување на агресијата. Насилството во семејството долго време се прикрива, најчесто поради стравот, срамот и економската зависност.

Поради сето ова, новина во однос на семејното насилство кое се случува во семејствата се измените во Законот за семејство од 2004 година, со кој се забранува секаков вид на насилство во бракот и во семејството.

Под семејно насилство според Законот за семејство се смета однесување на член на семејството кој со примена на сила, закана и заплашување врши телесни повреди, емоционална или сексуална злоупотреба, и материјално, сексуално или работно искористување на друг член на семејството.

Жртва на семејното насилство може да биде кој било член на семејството, без оглед на полот и возраста.

Како семејно насилство се смета сторено однесување:

од едниот брачен другар врз другиот брачен другар, кои живеат или живееле во брачна или вонбрачна заедница или во кој било вид на заедница како семејство или ако имаат заедничко дете;меѓу браќа и сестри, полубраќа и полусестри;

над дете;

над постари членови на семејството;

над лица членови на семејството чија деловна способност е делумно или целосно одземена.

42

Page 43: Broshura Alkoholizam Kaj Mladite2

Значи со измените на Законот за семејство се забранува секаков вид на насилство во бракот и семејството, без оглед на полот и возраста.

Центарот за социјална работа секогаш кога има сознание дека над лицето е сторено семејно насилство, сам или на барање на лицето или на член на неговото семејство презема мерки за заштита на жртвата на семејно насилство.

Центарот за социјална работа секогаш кога има сознанија дека постои семејно насилство ги презема следниве мерки на заштита:

Обезбедува нужно сместување на лицето-жртва на насилство, кое може да трае најмногу шест месеци со можност за продолжување за уште шест месеци;Обезбедува соодветна здравствена заштита;

Обезбедува соодветна психо-социјална интервенција и третман;Ги упатува во соодветно советувалиште;

Доколку во семејството има дете кое е на редовно школување помага во продолжување на редовното образование;Го известува органот за прогон;

Дава секаков вид на правна помош и застапување;

Покренува постапки пред надлежниот суд и превзема мерки кои произлегуваат од односите помеѓу родители и деца;По потреба поднесува барање до судот за изречување на привремена мерка за заштита;Превзема други мерки за кои ќе оцени дека се неопходни за решавање на проблемот.

Жртвата на семејно насилство може да поднесе предлог за изрекување на привремена мерка на заштита до надлежниот суд непосредно или преку Центарот за социјална работа.

Надлежниот суд на сторителот на семејното насилство може да му ги изрече следниве привремени мерки на заштита:

Забрани да се заканува дека ќе стори семејно насилство;

Забрани да малтретира, вознемирува, телефонира,

43

Page 44: Broshura Alkoholizam Kaj Mladite2

контактира или на друг начин да комуницира со член на семејството, директно или индиректно;Забрани да се приближува до живеалиштето, училиштето, работното место или определено место кое редовно го посетува друг член на семејството;Одреди отстранување од домот без оглед на сопственоста, до донесување на конечна одлука од надлежниот суд;Забрани да поседува огнено или друго оружје или истото да му биде одземено;Го задолжи да ги врати предметите кои се потребни за задоволување на секојдневните потреби на семејството;Изрече задолжително издржување на семејството;

Нареди тужениот да посетува соодветно советувалиште;

Нареди задолжително лекување, доколку е корисник на алкохол или други психотропни супстанци или има некое заболување;Го задолжи да ги надомести медицинските и другите трошоци настанати од семејното насилство иИзрече која било друга мерка која судот ќе ја смета за неопходна за да се обезбеди сигурност и добросостојба на другите членови на семејството.

Привремената мерка за заштита од семејно насилство може да трае најмалку три месеци, а најмногу една година. Доколку семејното насилство продолжи и по истекот на мерката изречена од страна на надлежниот суд, Центарот за социјална работа може да поднесе барање за продолжување на некоја од мерките.

Центарот за социјална работа го следи извршувањето на изречената мерка и за текот на спроведувањето на мерката го известува судот на негово барање.

44

Page 45: Broshura Alkoholizam Kaj Mladite2

9. МОТИВАЦИЈА ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ - ЗАВИСНИЦИ ОД АЛКОХОЛ

Лилјана Матевска, кл.психолог

Во последно време се регистрира пораст на алкохолизмот кај младите, што ја наметнува потребата од посериозен пристап на раното дијагностицирање на алкохолизмот и поттикнување на младите да отпочнат со лекување. Развојниот период сам по себе има свои специфичности, кои сигурно имаат влијание на започнувањето со пиење и формирањето на зависност од алкохол. Не препознавањето на проблемот од страна на околината, овозможува развивање на комплетна зависност кај младите. Тоа е условено и од изразито толерантниот став на околината во однос на земањето на алкохол. Со консумирањето на алкохол во адолесцентниот период се нарушува нормалниот развој на личноста и однесуањето под дејство на алкохол и се усвојува како општ образец на однесување.

Мотивацијата на младите да се лекуваат е сериозен проблем, особено ако сѐ уште нема драстични социјални, професионални или други последици. Кај оваа категорија на пациенти од големо значење е примарно-превентивната работа преку организирање предавања од област на алкохолизам, а со цел младите да бидат што по информирани за алкохолот и неговите штетни дејства како и за алкохолизмот како зависност. Мотивацијата за лекување не можеме да ја опсервираме статично, по принцип на се или ништо, односно пациентите да се делат на мотивирани и немотивирани. Познато е дека доброволното лекување е многу ретко и дека младиот алкохоличар бара помош под притисок на натрупани проблеми. Поради тоа наместо да се прашуваме дали некој е мотивиран за лекување или не, треба да обрнеме внимание на тоа со што младиот човек е мотивиран и што недостасува во мотивацијата. Мотивацијата осцилира под влијание на голем број надворешни и

45

Page 46: Broshura Alkoholizam Kaj Mladite2

внатрешни фактори, таа е динамичен процес, се развива континуирано во сите фази од лекувањето и зависи од активноста и ангажираноста на сите учесници во терапискиот процес. Терапеутот мора постојано почетната, обично слаба, мотивација за лекување да ја зголемува пронаоѓајќи нови извори на мотивација специфични за секој случај посебно.

Во смисол на мотивација на младите и припрема за лекување битно е да се вклучи семејството како целина затоа што на младиот зависник, неопходна му е подршката од семејството за да воспостави апстиненција и успешно да ја оддржи. Семејството пред се треба да се конфронтира со проблемот, односно да ја прифати зависноста на младиот член, за да се отпочне со лекување. Покрај соочувањето со веќе настанатите последици терапеутот треба со едукација и други облици на делување да му овозможи на семејството согледување на можните последици доколку се продолжи со пиење. Ваквиот пристап на семејството, на кое што припаѓа младиот зависник од алкохол, се реализира преку советувалиштето за зависници од алкохол. Се инсистира на тоа во советувалиштето младите да доаѓаат со нивните семејства. Семејството се усмерува во наоѓање конкретни решенија преку одредени задачи и улоги на сите присутни и вклучени во терапискиот процес. Тоа значи промена на дотогашното реагирање на ситуациите кои ги диктира алкохоличарот. За секоја постапка која се препознава како поддршка на консумирањето на алкохол од страна на младите се наоѓа алтернативно решение.

Се очекува семејството да го поттикнува да го стимулира, а по потреба и да врши притисок врз младиот зависник за да отпочне со лекување.

Улогата на терапевтот во процесот на мотивацијата на младите секако дека е од огромно значење. Познато е дека теоретските знаења и искуството се неопходен предуслов за работа со алкохоличари, меѓутоа исто така битно е терапеутот да биде отворен за разбирање на индивидуалните карактеристики и потреби на секој поединец.

На крај можеме да истакнеме дека работата со младите зависници од алкохол е многу сложена, бидејќи и поред стручноста во работата мора да постои и ентузијазам. Терапеутот мора и емотивно да се ангажира, да биде позитивен пример за младиот човек и модел на ново однесување и нови односи. Начинот на разбирање и терминологијата на младите мора да му бидат блиски. Мотивацијата е најбитен елемент во терапискиот

46

Page 47: Broshura Alkoholizam Kaj Mladite2

процес, особено кај младите, затоа што крајната цел е да се научат да живеат без алкохол, полесно да се справуваат со развојните проблеми и да се изградат како интегрирани личности.

47

Page 48: Broshura Alkoholizam Kaj Mladite2

10. МЛАДИТЕ И СПОРТУВАЊЕТО КАКО ПРЕВЕНЦИЈА ЗА УПОТРЕБА И ЗЛОУПОТРЕБА НА АЛКОХОЛОТ

Владимир Ивановски - Терапевт за физичка култура

Употребата на алкохолни пијалоци е присутна уште пред неколку илјади години пред нашата ера. Пијат мажите и жените, а во поново време впечатлив е бројот и на млади кои пијат.

Раниот адолесцентен период го карактеризираат бурни промени во развојот како и изразената нестабилност. Во овој период младиот човек сѐ уште се однесува како дете, а бара да биде третиран како возрасен, додека истовремено се чувствува неспремен за обврските кои ги носи зрелоста.

Нерамномерноста и промените кои се чувствуваат во физичкиот, емоционалниот и социјалниот развој на адолесценцијата ја нарушуваат рамнотежата, која постои во периодот на латенција и тој е распнат помеѓу многуте противречности и конфликти. Ваквите состојби и превирања во кои се наоѓа адолесцентот го прават посебно наклонет кон алкохолот. Од една страна алкохолот му дава сила, моќ, самодоверба, сигурност, одлучност, а од друга страна уште повеќе ги потенцира сите потешкотии, така што тој не е во можност преку слободни креации, само изразување и нови избори да го пронајде правиот пат за решавање на конфликтите, а со тоа да порасне и созрее.

Сите досегашни истражувања укажуваат на некои од можните извори на алкохолизмот кај младите. Тоа се идентификацијата со возрасните во поглед на пиењето, лош однос со родителите и наставниците, групна идентификација помеѓу врсниците, незадоволство со изборот на професијата и не прифаќање на кодексот на однесување кој го нуди училиштето.

Од квалитетот на личноста ќе зависи дали ќе тргне по патот на трезвеноста или по патот на пијанството. Како ќе реагира

48

Page 49: Broshura Alkoholizam Kaj Mladite2

една личност зависи пред сѐ од нејзините интереси, а интересите се определуваат со воспитанието на човекот.

Ако при разгледување на предходно наведената анализа на побуда на младите да пијат, лесно може да се докаже дека физичката култура е можен природен начин и средство за превентива и лекување. Во современата формулација на физичката култура изразито се нагласени две компоненти од античко време: телесна и духовна „Во здраво тело, здрав дух“.

Современата дефиниција за здравје која ја има дадено Светската здраствена организација се темели на телесно, духовно и социјално, а тоа значи дека човекот не е здрав ако е здрав со духот и телото, важно е да се здрави и неговите односи во општеството. Тој за да е задоволен со својата положба во социјалната средина, да се чувствува корисен, да биде ценет и уважуван. Сите три елементи на телесно. душевно и социјално здравје се во меѓусебна зависност. Пореметувањето на една од нив предизвикива пореметување на другите сфери на здравјето.

Целта е да се утврди можното дејство на физичката култура во превенцијата на злоупотреба на алкохол. За алкохолот нема место таму каде се остварува големото начело на физичката култура: „Во здраво тело здрав дух“. Алкохолот и физичката култура взаемно во потполност се исклучуваат, бидејќи самото земање на алкохолни пијалоци води кон патот на заболување, а тоа укажува на болест на духот и телото. Физичката култура е симбол на здравје на духот и телото. Физичката култура е извонредно средство за превенција на алкохолизмот бидејќи има силно дејство на младите, посебно во периодот на создавање навики.

Физичката култура е општ поим кој ги опфаќа сите физички активности и вежбања заради стекнување на телесни и духовни вредности.

Спортот е оној дел од физичката култура кој е строго регулиран со правила и нужно вклучува надпреварување.

Рекреацијата е обнова на снагата, а релаксација е опуштање на духот и телото.

Човекот ги спроведува физичките активности заради здравје, забава и духовно освежување. Тежнението на младите за самопотврдување е условено со желбата за физичка афирмација. Младите пред и по адолесценцијата подеднакво сакаат да бидат силни, брзи, добри играчи,

49

Page 50: Broshura Alkoholizam Kaj Mladite2

пливачи, скијачи, врвни спортисти. Тие сакаат да бидат поубави и нивниот поим за убавина подразбира спортски здрав изглед, убавина на манифестна телесна снага.

Систематскиот спортски тренинг кај младите треба секогаш да содржи надпреварувачки елементи.Таква форма на тренинг овозможува самопотврдување, запознавање на своите особини, калење, корекција и компензација на недостатоците.

Часот по физичка култура на тренерот му дава увид во карактерот на младата личност. Во современата педагогија важи правилото; „За два часа спортско натпреварување ќе го запознаеш младиот човек подобро одошто за илјада часа математика“.

Мотивацијата за спортски тренинг и натпревар кај младите е најизразена помеѓу десеттата и двесет и четвртата година од животот, а тоа е периодот во кој се формира целокупната личност. Може да се смета дека млад човек кој по пат на спорт го стекнува физичкото здравје и спортската култура, како и хигиенските навики на животот, никогаш нема да стане роб на алкохолот, ниту пак негов умерен потрошувач. Младите кои нормално учат, ја работат својата редовна работа, при тоа три до четири пати неделно тренираат, водат здрав живот, живеат во поволна психолошка клима, ја исклучуваат дури и помислата за алкохол. Нивната друштвеност е природна и не е потребен никаков стимуланс за надминување на оттуѓеноста и модерните фрустрации. Меѓу спортистите се е природно.

Кај мотивот, имитација на возрасните од страна на младите, работата е многу по сложена. Прашањето суштински се сведува на тоа дали едно општество со демократски насочен напор ќе успее како пример за идентификација да ги исфрли од центарот на младинското внимание боемите, алкохоличарите, во животот поразени негативни јунаци, или ќе го истакне моделот на човек кој и покрај сите драматични дилеми и искушенија на своето време ќе ја однесе победата на хуманизам. Без тој хуманизам чие средство може и мора да биде физичката култура нема иднина во слободт и демократијата

50

Page 51: Broshura Alkoholizam Kaj Mladite2
Page 52: Broshura Alkoholizam Kaj Mladite2

АЛКОХОЛИЗМОТ Е БОЛЕСТ КОЈАМОЖЕ УСПЕШНО ДА СЕ ЛЕКУВА

ЗКЛАМ ОБЕЗБЕДУВА:

- АПСТИНЕНЦИЈА ОД АЛКОХОЛ- СРЕЌНО ЖИВЕЕЊЕ БЕЗ АЛКОХОЛ- ТРЕЗВЕНО РЕШАВАЊЕ НА СЕКОЈДНЕВНИТЕ ПРОБЛЕМИ

Советувалиште и инфо линијаЗКЛАМ - СкопјеДом на хуманитарните организации„Даре Џамбаз“ ул. 11 Октомври бр 42аСкопје (Соба бр.14)Тел.: 02 3165 542Од понеделник до четврток, од 14:00 до 17 часотemail: [email protected]: http://www.alkomak.comxa.com

Клубови на лекувани алкохоличариКЛА „Надеж“ - Скопје (понеделник)КЛА „Превртена чаша“ - Скопје (вторник)КЛА „Мост“ - Скопје (среда)КЛА „Трезвеност“ - Скопје (четврток)

во соба бр.45, од 18:00 - 20:00 часот

KATALOGIZACIJA