24
Авантурите на Јана и Бојан

Авантурите на Јана и - REC Publicationsdocuments.rec.org/publications/EcoAdventures_MK_Jul2012_1.pdf · – Ене онаму, чедо, на бунарот! Викни

  • Upload
    others

  • View
    7

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Авантурите на Јана и - REC Publicationsdocuments.rec.org/publications/EcoAdventures_MK_Jul2012_1.pdf · – Ене онаму, чедо, на бунарот! Викни

Авантурите на Јана и Бојан

Page 2: Авантурите на Јана и - REC Publicationsdocuments.rec.org/publications/EcoAdventures_MK_Jul2012_1.pdf · – Ене онаму, чедо, на бунарот! Викни

2 Јана и Бојан — мали истражувачи

5 На големиот одмор

7 Засадив дрво

9 Кукла или книга

12 На излет

14 Викенд на село

Page 3: Авантурите на Јана и - REC Publicationsdocuments.rec.org/publications/EcoAdventures_MK_Jul2012_1.pdf · – Ене онаму, чедо, на бунарот! Викни

Авантурите на Јана и Бојан

Page 4: Авантурите на Јана и - REC Publicationsdocuments.rec.org/publications/EcoAdventures_MK_Jul2012_1.pdf · – Ене онаму, чедо, на бунарот! Викни
Page 5: Авантурите на Јана и - REC Publicationsdocuments.rec.org/publications/EcoAdventures_MK_Jul2012_1.pdf · – Ене онаму, чедо, на бунарот! Викни

Секоја книга во себе крие прекрасни нешта и возбудливи тајни,а овие неколку страници се испишани со содржини за коиверуваме дека ќе го привлечат вашето внимание и истовременоќе ја поттикнат вашата креативност.

Во оваа книга со поучни раскази сакаме да ви ги раскажемесекојдневните доживувања и случувања на братчето Бојани на сестричката Јана. Преку содржините од приказнитеќе дознаете како тие двајца умеат да ги искористат стекнатитезнаења од училиштето во секојдневниот живот за на крајотда почувствуваат дека и тие придонесуваат и прават нештокорисно за нашата планета Земја.

Исто така, со овие раскази сакаме да ве насочиме и да вепоттикнеме да размислувате и да донесувате свои заклучоци,да создавате, да откривате, да истражувате, да предлагате,да ги согледувате причините и последиците, да барате решенијаза проблемите...

Затоа бидете храбри и неуморни истражувачи и навлегувајтево длабочините на доживувањата на Јана и Бојан. Ви претстоипрекрасно патување исполнето со нови предизвици, а на крајотод секоја приказна ќе бидете побогати со нови искустваи знаења. Притоа, соработувајте со вашиот наставник и содругарчињата од одделението, а особено внимание посвететеим на прашањата што се наоѓаат на крајот од секој расказ, какои на оние зборови што се нови за вас или се помалку познати.

Навлезете во светот на Јана и Бојан,а потоа преку разговор споделетеги вашите размислувањасо останатите другарчиња,со наставниците, со родителите...

Од авторите

Почитувани читатели и корисницина оваа книга!

1

Page 6: Авантурите на Јана и - REC Publicationsdocuments.rec.org/publications/EcoAdventures_MK_Jul2012_1.pdf · – Ене онаму, чедо, на бунарот! Викни

Б ојан има подготвено план за денес, но, се разбира,не ќе може да го исполни без помошта од својатапомала сестра.–Да слушнам што смисли мојот брат за денес?– праша Јана.

– Еве вака... Оваа седмица во училиште зборувавме многу за водата,за нејзиното значење, користење, а секако, и за нејзината заштеда.Наставничката ни објасни дека доколку водата за пиење не се користиправилно и не се штеди, може да се случи да ја снема од планетатаЗемја. И сами знаеме дека без вода живиот свет не ќе може даопстане. Па, поради тоа помислив дека не е лошо да провериме какосе користи водата во нашиот дом. Затоа јас денеска ќе бидам со тато,а ти со мама. Јас ќе следам како тој ја користи водата при работатаво текот на денот, а ти ќе ја набљудуваш мама и ќе го сториш истото.

– Супер, ќе правиме истражување!!! – со задоволство се согласи Јана.

Двајцата влегоа во бањата да ги измијат забите.

– Бојан, внимавај и ти како ја користиш водата!!! Додека се мијатзабите, водата не треба да тече – го потсети Јана.

Истражувањето започна.

Јана и Бојан– мали истражувачи

2

Page 7: Авантурите на Јана и - REC Publicationsdocuments.rec.org/publications/EcoAdventures_MK_Jul2012_1.pdf · – Ене онаму, чедо, на бунарот! Викни

3

Авантурите на Јана и Бојан

Јана седна во трпезаријата и еве што забележа. Додека мајка ñ гимиеше садовите, водата непрекинато течеше од чешмата. Потоазапочнаа подготовките околу ручекот. Додека ја миеше зеленатасалата, мајка ñ отиде да ја погледне супата, да го провери месото штосе печеше, а водата постојано течеше. Јана се преправаше дека чита,а всушност добро гледаше сî. Одвај се воздржуваше да не јаопомене мајка си. Сепак, издржа. Мислите за миг ñ отидоа кај братот.Еве што се случуваше во дворот.

Бојан и татко му се договорија да завршат некои работи во семејниотдвор, кој беше многу убав и полн со зеленило. Таткото рече декаќе го измие автомобилот, а за да може да го набљудува, Бојан речедека ќе ја среди и ќе ја исчисти куќичката од кучето Шарко.Имаше и што да види. Татко му го пушти цревото, водата почнада тече, а тој со сунѓерот поминуваше преку автомобилот. Покрај нивпомина соседот Исмаил. Тие почнаа да разговараат. Таткото заборавина водата, а таа течеше ли течеше. Потоа почна да ја прска тревата.Кога заѕвони неговиот мобилен телефон, тој се јави и заборавина прскалката. Бојан будно го следеше сето тоа и добро го запомни.

Обврските во домот полека завршуваа. Мајката ги повика ситена ручек. Јана и Бојан ги измија рацете и седнаа на масата.Тие постојано си даваа знаци и нешто скришно си кажуваа.Родителите го забележаа тоа, па веднаш прашаа што се случува.Јана и Бојан се насмевнаа не знаејќи од каде да почнат.

– Ти, мамо, денес при работата во кујната неправилно ја користешеводата. Јас те следев цело време и додека го миеше зеленчукоти додека го приготвуваше ручекот.

Page 8: Авантурите на Јана и - REC Publicationsdocuments.rec.org/publications/EcoAdventures_MK_Jul2012_1.pdf · – Ене онаму, чедо, на бунарот! Викни

4

Авантурите на Јана и Бојан

– А што направив јас? – се замеша таткото.

– За тебе, тато, бев одговорен јас – со насмевка извика Бојан.– И ти се однесуваше со водата слично како мама. Водата од цревототечеше без потреба и додека го миеше автомобилот и додекаја полеваше тревата. На едно место се направи и мало вирче во коеШарко се извалка.

Родителите на Јана и Бојан се насмевнаа, а воедно им искажааи признание на своите деца.

– Браво за двајцата! – рече таткото. – Се гордеам затоа што моитедеца размислуваат и водат грижа за водата. Таа ни е неопходнана сите. Затоа во иднина нема да постапувам така.

– Така е !!! – се согласи целото семејство.

– Понекогаш не размислуваме за правилното користењена природните богатства и нивното одржување. Во домот требада се штеди сî, вклучувајќи ја и водата.

Сите беа среќни и задоволни. Децата затоа што ја разбудија свестана своите родители, а, пак, родителите затоа што нивните децаправилно размислуваат.

А како размислувате вие, драги наши читатели, проверете сами.Тоа ќе го сторите едноставно размислувајќи за можните одговорина ова прашање: што уште можеме да штедиме во домоти во непосредната околина?

Page 9: Авантурите на Јана и - REC Publicationsdocuments.rec.org/publications/EcoAdventures_MK_Jul2012_1.pdf · – Ене онаму, чедо, на бунарот! Викни

Д енес Јана и Селма се дежурни, па за време на големиотодмор останаа сами во училницата. Откако ја изедоасвојата ужинка, Јана ја избриша таблата, а Селма гостави приборот за цртање на соодветното место воликовно катче. Потоа и двете ги полеваа саксиитесо цвеќиња, за кои се грижеше целото одделение.

Додека вредно работеа, забележаа дека надвор е прекрасенсончев ден. Го отвориjа прозорецот за да се проветри училницатаи за да бидат на некој начин поблиску до своите другарчиња кои беанадвор. За Јана тоа беше најубавиот училиштен двор. Во него имашегрижливо уредени тревни и цветни површини и клупи на коисе одмораа учениците.

И додека Јана и Селма се обидуваа да откријат која игра ја играатнивните другарчиња на игралиштето, под прозорецот поминаа Анаи Виктор од VIII одделение. Целото училиште знаеше дека тиесе „заљубени“ и никому не му беше чудно кога ќе ги видеше какосе држат за рака и нешто си шепотат. Виктор и Ана се упатија конклупата, но наместо да седнат на неа, тие се качија и седнаа наместото што е за потпирање. Не размислија дека притоа со патикитего валкаат местото за седење. Виктор се потпре на дрвото шторастеше зад клупата и веднаш почна да пребарува по своите џебови.

– Што бараш? – љубопитно го праша Ана.

На големиот одмор

5

Page 10: Авантурите на Јана и - REC Publicationsdocuments.rec.org/publications/EcoAdventures_MK_Jul2012_1.pdf · – Ене онаму, чедо, на бунарот! Викни

– Туууу! Да имав некој остар предмет, сега во дрвово ќе си гиврежевме нашите иницијали – разочарано промрмори Виктор.

На ова Ана задоволно му возврати: – Не грижи се, и фломастеровќе заврши работа!

Таа се насмевна, се сврте кон дрвото и на неговата мазна коранацрта срце со иницијали А и В. Тоа многу му се допадна на Виктор.Јана и Селма изненадено гледаа и не можеа да поверуваат.Но, Ана и Виктор продолжија со своето неразумно однесување.Кога заѕвони училишното ѕвонче, сакајќи пред Ана да се направиважен, Виктор ја стутка конзервата од сокот. Наместо да ја фрливо контејнерот, ја шутна лименката кон фудбалското игралиште. Ана,пак, преку глава ја фрли кесичката од грицките, но не во кошницата,туку на тревата. Тогаш Виктор се наведна и Јана за миг помисли декаго прави тоа за да ја крене фрлената кесичка и да ја ставиво кошницата за отпадоци, која беше веднаш до клупата. Наместо тоа,тој само ја поттурна кесичката и откина еден цвет и ñ го подари на Ана.

Јана и Селма останаа зачудени. По долго размислување, Селмапроговори: – Како може некој да биде толку суров кон природата!?

– И што е најважно, Ана и Виктор воопшто не беа свесни за тоашто го направија! – заклучи Јана.

– Што ќе правиме сега!? – сериозно праша Селма.

– А што можеме да направиме!? – уште позагрижено додаде Јана.

А вие, драги ученици, како се однесувате во вашиот училиштендвор и дали доволно се грижите за него?За да им помогнете на Јана и на Селма разговарајте за постапкитена Ана и Виктор и откријте каде згрешиле тие?Како би постапиле вие доколку забележите такво однесување?

6

Авантурите на Јана и Бојан

Page 11: Авантурите на Јана и - REC Publicationsdocuments.rec.org/publications/EcoAdventures_MK_Jul2012_1.pdf · – Ене онаму, чедо, на бунарот! Викни

Т реба да засадам дрво! – размислуваше Јана додекасе враќаше од училиште. – Ќе можам ли да го сторамтоа? Но, не само да засадам дрво, потоа ќе требаи да се грижам за него!

Размислувајќи за утрешната обврска, таа не забележа дека нејзиниотбрат влезе дома. Тој се поздрави со домашните, раскажа за денотво училиштето и нагласи: – Расположен сум поради настанот штоме очекува утре. Утре е Денот на дрвото и одиме да садиме садници.Во таквите денови се чувствувам корисно. Знам дека правам добродело, подарувам нов живот, ќе има повеќе чист воздух, природата ќебиде поубава, позелена, а секако, ќе има и многу дружење. Најмногусе радувам за новата одговорност, за грижата кон растенијата.Оваа година и одделението на Јана ќе се вклучи во акцијата.

– А што размислуваш ти, Јана?

– Утре прв пат треба да засадам садница, па малку сум возбудена.Ќе можам ли успешно да го направам тоа?

– Наполно те разбирам. Но, веднаш ќе ти кажам дека нема од штода се плашиш. Нормална е возбудата што се јавува кај тебе,затоа што досега ти не си учествувала во ваква голема акција.Ќе добиеш мала садница. Дупките ќе бидат ископани. Ти ќе требада ја придржиш садницата, да ставиш земја на коренот и да го

Засадив дрво

7

Page 12: Авантурите на Јана и - REC Publicationsdocuments.rec.org/publications/EcoAdventures_MK_Jul2012_1.pdf · – Ене онаму, чедо, на бунарот! Викни

8

Авантурите на Јана и Бојан

полееш со вода. Сите вие што ќе садите во дворот понатамуќе имате обврска да го полевате секое засадено дрво.

Денот помина со секојдневните обврски и веќе следуваа подготовкитеза легнување. Бојан уште еднаш ñ кажа: – Не грижи се! Сî ќе биде такакако што треба! Ако има потреба, јас ќе бидам покрај тебе.

Јана и Бојан беа меѓу првите во училиштето, а веднаш потоапристигнаа нивните другари и наставниците. Јана потрча конРамадан, Севда, Игор, Кемал, Сенада и Ивана. Тие ја имаа истатазадача и беа во исчекување на активноста што следуваше. Акцијатапочна. Сите ги следеа дадените упатства за садење млади садници.Секој од нив се трудеше да го направи тоа колку што може подобро.

Јана и Бојан, а и останатите другари научија како се подарува новживот. Засадија нежни мали садници кои станаа дел од нивниотучилиштен двор. Знаеја дека тие ќе им подарат многу чист воздухи дебели сенки. Од тој миг со голема одговорност гледаа на сето онашто е зелено, што расте и се развива, а воедно, ја разубавува глеткатаи ја облагородува природата.

Стоејќи така радосно меѓу своите другари и новонасадените садници,Јана за миг се запраша како би изгледал нивниот училиштен двор понеколку години. Сликата што се појави во нејзините мисли бешепрекрасна: таа беше голема девојка, пораснати беа и нејзинитедругари, а заедно со нив пораснале и нивните дрвца. Покрај нејзинатасадница стоеше едно прваче кое се радуваше поради тоа штодо пораснатото дрвце ќе засади уште едно, па уште едно...

А вие, наши читатели, размислете и објаснете:која е користа од пошумувањето и како требада се грижиме за новонасадените дрвца.Како би изгледал вашиот училиштен двор по неколку години?

Page 13: Авантурите на Јана и - REC Publicationsdocuments.rec.org/publications/EcoAdventures_MK_Jul2012_1.pdf · – Ене онаму, чедо, на бунарот! Викни

П азарувањето е дел од секојдневните обврски на едносемејство. Така е и во семејството на Јана и Бојан.За да биде поинтересно, во пазарувањето се вклучении тие двајца, иако се деца. Заедно купуваат и учат какоправилно да ги изберат производите.

Денес ќе пазаруваат Јана и мајка ñ. Треба да купат и роденденскиподарок за Зинета, другарка на Јана. Се подготвија, зедоа платнениторби од дома и заминаа. Прво отидоа на пазар. Мајка ñ секогашпазаруваше свеж зеленчук и овошје. Како и обично, разгледуваа попазарските тезги. А таму што сî нема: свежо овошје, млад зеленчук,домашни јајца, сирење, мед, јаткести плодови и што ли уште не.Така беше и овој пат, но трпението на Јана попушти. Таа почна да јавлече мајка си за рака, велејќи дека ñ е здодевно. Купија сî штоим беше потребно и влегоа во супермаркет.

Лицето на Јана блесна од среќа, а нетрпението за миг исчезна.На осветлените полици имаше сî и сешто. Таа се растрча насекадеи постојано довикуваше: – Мамо, погледни ги боичките и гумите!Оооооо, немам ваква острилка! Сакам и нова тетратка! Не ми треба,но нека стои за резерва. Леле, какво моливче!!!

Кукла или книга

9

Page 14: Авантурите на Јана и - REC Publicationsdocuments.rec.org/publications/EcoAdventures_MK_Jul2012_1.pdf · – Ене онаму, чедо, на бунарот! Викни

Авантурите на Јана и Бојан

10

Мајката беше изненадена од однесувањето на Јана. Знаеше декатаа дома има сî. А и кога правеа план околу денешнотопазарување, Јана во списокот не ги спомена овие работи.Единствено нешто што ñ требаше беше подарок за другарката,на кој сосема заборави. Сепак, мајка ñ и дозволи да отрчадо полиците на кои имаше шноли и венчиња. Таму, исто така,се задржа неколку минути. Сакаше да земе од сî по нешто. Мајка ñја набљудуваше. Во еден миг само ја праша дали ñ е потребно сетотоа, а таа низ насмевка ñ одговори: – Сî, ама баш сî, мамичке!!!

Се наближуваа кон касата и пред нив се појавија кукли, на кои Јанане можеше да им одолее. Таа сака барбики, но дома имаседумнаесет. Еднаш, кога ја средуваа заедно собата на Јана,се договорија дека повеќе нема да купуваат кукли, туку книги,бидејќи Јана е веќе големо девојче и треба да чита. Јана изгледасосема заборави на тоа. Ја посака куклата што ја виде, ја симнаод полицата и не се оддели од неа.

Но, тогаш мајка ñ веќе не можеше да издржи, па тивко ñ дошепна:– Јана, требаше да купиш нешто и за Зинета, вечерва си народенден. Заборави ли?

– Оф, да, мамо. Ќе купам книга за планетата Земја. Зинета многусака да чита за природните богатства. Се надевам дека подарокотќе ја изненади и ќе ñ се допадне.

Така заврши нивното пазарување. Кога стигнаа дома, Јана веднашсе фати за куклата и за другите нешта што ги купи во супермаркетот.Сакаше да ја стави куклата до останатите, но на полицата веќе немашеместо. Ја намести некако, а потоа ја остави. Повеќе не ја ни погледна.

Page 15: Авантурите на Јана и - REC Publicationsdocuments.rec.org/publications/EcoAdventures_MK_Jul2012_1.pdf · – Ене онаму, чедо, на бунарот! Викни

11

Авантурите на Јана и Бојан

Замина на роденден. Книгата беше убаво спакувана, а Зинета многусе израдува кога ја виде Јана. Среќата и радоста беа поголеми,затоа што книгата што ја доби на подарок ја немаше прочитано,а сакаше да ја има. Во собата на Зинета имаше полица, но не сокукли, туку со книги. Јана пријде до книгите. Започна да гиразгледува. Остана без зборови, разгледуваше и читаше по малку.По роденденот, Јана замина дома. На полицата во нејзината собаја чекаа само куклите.

– Ех, да купев и за мене една книга, наместо сите оние непотребниработи, сега ќе можев да прочитам нешто - тивко прошепоти Јана.

– Ќе заштедев купувајќи го она што ми е потребно, а ќе научеви нешто за зачувувањето на природните богатства.

Од тој миг Јана сфати дека сî е поврзано. Колку повеќе купува толкуповеќе троши на непотребни нешта.

Човек учи од сопствените грешки.А каде згреши Јана денес – оставаме да процените сами!Можеби и вие некогаш сте го направиле истото тоа припазарувањето со своите родители?Разговарајте искрено и откријте ги постапките што не би сакаледа ги направите, но и оние што треба да ги применувате.

Page 16: Авантурите на Јана и - REC Publicationsdocuments.rec.org/publications/EcoAdventures_MK_Jul2012_1.pdf · – Ене онаму, чедо, на бунарот! Викни

У рааааааааа, утре одиме на излет! – извикаа децата.Со таа убава вест учениците го завршија училишниотден. По патот кон дома почнаа да се договараатза утрешниот еднодневен излет.

– Јас ќе купам многу чипсови и грицки – рече Бојан.

– Добро, а јас ќе купам газирани сокчиња – додаде Aфрим.

Сите се надоврзаа со своите планови кој и што ќе подготвиза утрешната екскурзија. Автобусите веќе беа пред училиштето когаучениците пристигнаа со полни ранци и весели насмевки. Времетобеше сончево и топло. Тргнаа. Бојан седеше со Ерол. Веднаш почнаада јадат. Секој вадеше по нешто: чипс, смоки, соленки, чоколада...Само Коста извади едно јаболко. Тоа беше пресечено на парчињауште од дома и тој како вистински другар ги понуди останатите.

– Оф, Коста, кој ќе ти јаде јаболко? – го праша Бојан.

– Секое утро појадувам малку овошје, па помислив дека можебинекој од вас ќе сака – тивко одговори Коста.

– Ма какво јаболко – дофрли Маја – покрај толку многу чипсовии грицки...

– Ајде не биди смешен - додаде уште некој.

На излет

12

Page 17: Авантурите на Јана и - REC Publicationsdocuments.rec.org/publications/EcoAdventures_MK_Jul2012_1.pdf · – Ене онаму, чедо, на бунарот! Викни

13

Авантурите на Јана и Бојан

Коста се почувствува засрамено. Не го очекуваше тоа од своитедругари. И наставникот забележа, но не проговори ништо.Тој беше изненаден од однесувањето на своите ученици.

Стигнаа на ливадата. Се сместија и ја разгледуваа околината.Јадеа, но не водеа сметка за отпадоците. Фрлаа насекаде.Наставникот ги опомена неколку пати, но тие како да не го слушаа.Откако завршија со јадењето, се поделија по паралелки и почнаада играат фудбал. Топката леташе на сите страни, а децата газеапо цвеќињата. Повторно беа опоменати. Тогаш Бојан извика:– Па нели сме на излет! Можеме да правиме сî што ќе посакаме!

Времето минуваше. Почнаа подготовките околу заминувањето.Никој од паралелката на Бојан не помисли да го собере ѓубрето.Неколку деца од другата паралелка почнаа да го собираат ѓубрето.Тие собираа сî, не прашувајќи кој го направил отпадот. Тогаш Бојаним дофрли шеговито: – Еј, другари, дојдете и кај нас! Кај менеи кај Ерол има уште малку отпадоци. Дојдете и соберете ги!

Тоа ги премина сите граници. Наставникот ги собра околу себеи им кажа дека не може да ги препознае. Тие сî уште не сфатија кадезгрешиле. – Утре ќе поразговараме за вашето однесување! – нагласинаставникот.

А децата во автобусот на заминување продолжија да се забавуваат,но, сепак, размислуваа што сакаше да им каже наставникот. Следнотоутро тој ги пречека учениците. Часот почна со прашањето: – Како сипоминавте на излетот? Тие во еден глас одговорија: – СУПЕЕЕЕЕЕЕР!!!!

А тогаш наставникот со сериозен глас продолжи да ги прашувасвоите ученици...

Размислете: Кои биле сериозните прашања што им ги поставилнаставникот на учениците и каде згрешиле тие?Завршете ја приказната, при што ќе изработите и правилникза однесување на излет.

Page 18: Авантурите на Јана и - REC Publicationsdocuments.rec.org/publications/EcoAdventures_MK_Jul2012_1.pdf · – Ене онаму, чедо, на бунарот! Викни

Ј ана и Бојан овој викенд ќе го поминат со својот другарАфрим. Отидоа на село кај неговите баба и дедо. Когапристигнаа, селската куќа стана пожива и не се знаешекој е порадосен — дали децата или баба Фикрие и дедоРафис. Вечерта помина многу брзо, низ разговор и смеа,

па децата, откако вечераа вкусен зелник, си легнаа. Сакаа да бидатодморени за авантурите што ги имаа испланирано за наредниот ден.

Осамна утрото. Децата, кои беа навикнати да ги буди будилникот илиродителите, овој пат се разбудија сами. Прво го слушнаа кукуригањетона петелот, а потоа беа примамени од прекрасната миризбашто доаѓаше од вршникот на баба Фикрие. Јана сонливо ги протриочињата, стана од постелата и внимателно слезе по дрвените скали.

– Добро утро, бабо!

– Добро утро, чедо, рано си станала! Како спиеше?

– Мислам дека досега не сум имала толку сладок сон, бабо. А, штое тоа? – срамежливо праша Јана и покажа кон непознатиот предмет.

– Тоа е вршник и тука се пече лебот! – и објасни бабата и ја прашадали е гладна.

– Да, да, гладна сум! Но, прво би сакала да се измијам.Каде да го направам тоа, бабо!?

Викенд на село

14

Page 19: Авантурите на Јана и - REC Publicationsdocuments.rec.org/publications/EcoAdventures_MK_Jul2012_1.pdf · – Ене онаму, чедо, на бунарот! Викни

15

Авантурите на Јана и Бојан

– Ене онаму, чедо, на бунарот! Викни го Африм да ти извади водасо кофата, но да не се изненадиш, бунарската вода е многу студена.По кратко време, децата влегоа во собата за да појадуваат, а тамуголемиот жолт мачор веќе си ги оближуваше мустаќите. Бојаншеговито го задевна: – Мачорче, остави малку млекце и за мене!

А на тоа дедо Рафис додаде: – Ееее, Бојан, сî додека ја чуваменашата крава Буша, доволно ќе имаме не само млекце тукуи матеница, и сиренце, и урда...

Јана со големо внимание го следеше разговорот, па праша: – А, иматели млеко купено од продавница? Ние дома само такво пиеме!На ова бабата малку се поднасмевна и ñ ја подаде чашата со млекона Јана: – Ајде, пробај го ова нашево, верувам дека ќе ти се допадне.

Јана со двете рачиња ја зеде чашата, но бидејќи млекото мирисашепоинаку, само прошепоти: – Денес не ми се пие млеко. Еве, ќекаснам од топлото лепче и од козјото сирење. За разлика од Јана,која изеде само едно парче леб затоа што беше „домашен“,момчињата убаво појадуваа, ги наполнија своите ранци со онашто им го имаше подготвено баба Фикрие и сите заедно тргнаа даја разгледаат околината. Пред поаѓање, дедо Рафис ги посоветува:– Деца, бидете претпазливи, одете само по шумските патеки,не палете оган и не оштетувајте ги растенијата. Запомнете декасега вие сте гости во шумата, па не е убаво да ги вознемируватенејзините жители. Особено внимавајте да не паднете по стрмнитепадини или во реката. И што е најважно – да не се изгубите!

– Е, дедо, не ми е прв пат да се шетам овде! – додаде Африм и тритедеца го напуштија селскиот двор. За кратко време стигнаа до едналивада што личеше на шарениот килим од баба порадимногубројните цвеќиња. Таа прекрасна глетка ја надополнуваапеперутките и пчеличките. Јана, понесена од таа убавина, потрча низшарените цвеќиња, но го слушна гласот на Бојан: – Внимавај кадегазиш, ова се лековити билки! Кога ќе ги береш, остави им гокоренчето за да може да пораснат и следната година!

– Но, јас само сакав да наберам букет за баба Фикрие... – возвратиЈана, а на тоа Африм додаде: – Цвеќињата се многу поубави когасе во природа отколку кога се во вазна.

Јана ги прифати советите и децата ја продолжија својата прошеткакон шумата. Почнаа да се шегуваат за тоа што би направиле ако преднив се појави некој страшен волк или можеби „баба меца“ заедносо „кума лиса“, но единствено што видоа беше едно стуткано ежеи една бавна желка. Децата посакуваа да сретнат и некоја срна,но уживаа и во песната на птиците и тивкото шумолење на лисјатаод високите дрвја. Се насладуваа со шумските јаготки и со ладнатаизворска вода. Африм и Бојан ја подучуваа Јана: ова дрво е бука,ова е даб, а овие се желади..., она високото е бор со шишарки,пониското ела, а најниското смрека...

Page 20: Авантурите на Јана и - REC Publicationsdocuments.rec.org/publications/EcoAdventures_MK_Jul2012_1.pdf · – Ене онаму, чедо, на бунарот! Викни

16

Авантурите на Јана и Бојан

Низ игра стигнаа до реката. Децата решија внимателно да се движатпо нејзиниот тек сî додека не најдат некое погодно место за одмор.Се спуштија до ливадите и се сместија под длабоката сенка од едностаро дрво. Беа гладни и веднаш почнаа да пребаруваат по своитеранци. Момчињата многу се израдуваа кога видоа дека баба Фикриеим спакувала вкусни печени компири и сочни црвени јаболчиња.Тие јадеа со голема сласт. На Јана не ñ се допадна тоа и решида го јаде својот кроасан што си го понесе од дома. Кога завршијасо ручекот, на момчињата им останаа само хартиените салфети,а во рацете на Јана остана амбалажата од кроасанот, па праша:– А, каде да го фрлам ова? Овде нема кошница за отпадоци!?

– Ќе го земеш во ранецот, па ќе го фрлиш во кошницатаза отпадоци кога ќе се вратиме дома! – ñ објасни Африм.Враќајќи се назад, децата видоа како луѓето вредно работатна полето. Африм горделиво раскажуваше како неговите бабаи дедо во бавчата одгледуваат речиси сî што им е потребноза јадење. Дел од она што го произведуваат во овоштарникоти на нивите го продаваат и така заработуваат. Кога се вратија,баба Фикрие ги хранеше кокошките во дворот. Дедо Рафис се упативо шталата за да се погрижи за другите домашни животни.Јана и Бојан веднаш почнаа љубопитно да прашуваат: колкукокошки имате, колку крави и телиња чувате, имате ли и овци,за што го користите коњот... Прашањата се редеа и за време навкусниот ручек: тавче-гравче, свежа салата, и десертот – печена тиква.Вечерта заврши со раскажувањето на дедо Рафис за убавинитена животот на село, што на децата од градот многу им се допадна.

А вие, драги дечиња, размислете: кои растенија се одгледуваво бавчите, овоштарниците и на нивите?Набројте неколку домашни животни и животни и кажете каквакорист има човекот од нив.Направете споредба за тоа што му дава селото на градот и обратно.

Page 21: Авантурите на Јана и - REC Publicationsdocuments.rec.org/publications/EcoAdventures_MK_Jul2012_1.pdf · – Ене онаму, чедо, на бунарот! Викни
Page 22: Авантурите на Јана и - REC Publicationsdocuments.rec.org/publications/EcoAdventures_MK_Jul2012_1.pdf · – Ене онаму, чедо, на бунарот! Викни
Page 23: Авантурите на Јана и - REC Publicationsdocuments.rec.org/publications/EcoAdventures_MK_Jul2012_1.pdf · – Ене онаму, чедо, на бунарот! Викни

„Зелен пакет јуниор“ е развиен од Регионалниот центар за животна срединаза Централна и Источна Европа со финансиска поддршка на Австриската соработказа развој (АДЦ), како и од Министерството за животна средина и просторно планирањеи Министерството за образование и наука на Република Македонија.

Оваа книга како дел од програмата натавникот може да ја реализира со помош на текст-метода, да користи извадоци како вовед во дискусија со учениците или како повод заучениците да смислуваат свои приказни на истите теми. Се препорачува на помалитеученици одделенскиот наставник да им го прочита расказот, а кај повозрасните ученици еденможе да чита на глас додека другите ученици го следат. Учениците можат и да го читааттекстот самостојно, а потоа да се разговара со целото одделение.

Книгата може да се користи при интегрирано планирање на зададена тема.

Книгата, исто така, може да се користи и самостојно, а не само како интегрален делод мултимедијалниот пакет.

Координација на проектот: Корнелија Радовановиќ

Автори: Анета Тренкоска � Велентина Неделкова � Ирена Панова � Роза Василевска

Дизајн: Силвија Маџар

Илустрации: Лазло Фалвај

Уредување на македонски јазик: Корнелија Радовановиќ

Jазична корекција на на македонски јазик: Оливера Јовеска

Печатење: Типонова, Кфт.

©2012 The Regional Environmental Center for Central and Eastern Europe

ISBN: 978-963-9638-59-4

За изработка на „Зелен пакет јуниор“ користени се два вида на рециклирана хартија100g Mohawk Via Felt Flax и 170g Dalum Cyclus Offset.

Page 24: Авантурите на Јана и - REC Publicationsdocuments.rec.org/publications/EcoAdventures_MK_Jul2012_1.pdf · – Ене онаму, чедо, на бунарот! Викни

Секојдневниот живот станува возбудлива авантура за братоти за сестрата Бојан и Јана додека учат како да го направатвистинскиот избор и да ја заштитат планетата. Придружи имсе во моментите кога си играат детективи во домот, поделија со нив возбудата кога садат дрво во училишниот двори откриј како погрешното однесување и неводењето грижаза околината можат да ја загрозат животната средина.Користи ја својата фантазија и претвори се во екоавантурист.